трговија со луѓе Archives - Република https://republika.mk/tema/trgovija-so-lugje/ За подобро да се разбереме Wed, 06 Nov 2024 13:57:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png трговија со луѓе Archives - Република https://republika.mk/tema/trgovija-so-lugje/ 32 32 Признание од ИНТЕРПОЛ за македонската полиција за учество во глобалната акција LIBERTERRA II https://republika.mk/vesti/makedonija/priznanie-od-interpol-za-makedonskata-politsija-za-uchestvo-vo-globalnata-aktsija-liberterra-ii/ Wed, 06 Nov 2024 13:57:58 +0000 https://republika.mk/?p=834809

Огромно признание за македонската полиција која рамо до рамо со полициите од преку 116 земји низ светот, успешно, професионално и посветено преземаа мерки во рамки на операцијата LIBERTERRA II на ИНТЕРПОЛ, која беше промовирана во текот на Генералното собрание во Глазгов, Обединетото Кралство, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

На почетокот на октомври 2024 година, МВР беше домаќин на Европскиот оперативен штаб, воспоставен во рамки на меѓународната операција LIBERTERRA II, координирана од страна на ИНТЕРПОЛ, со учество на 116 држави од светот.

Глобалната операција беше насочена кон идентификување, откривање и сузбивање на криминалните групи кои се инволвирани во криумчарење мигранти, трговија со луѓе и други поврзани криминални активности.

Во текот на оперативните активности на LIBERTERRA II, покрај присуство на државите од Европскиот регион, од особено значење беше и присуството на обвинители од регионот, со цел координирање на заедничките оперативни случаи на трговија со луѓе и илегална миграција. Преку координиран пристап на сите релевантни служби на национално ниво пред се, а потоа и на регионално и меѓународно ниво, оваа операција забележа значителни успеси и доведе до реализација на зацртаните цели, велат од МВР.

Во рамки на сите фази, пред-оперативната, оперативната и пост-оперативната фаза, спроведени биле акциски контроли и извршени детални проверки на лица, возила и документи, како и HOTSPOT операција со присуство на претставници од Генералниот Секретаријат на ИНТЕРПОЛ во прифатните центри за илегални мигранти.

Откриени се значителен број на мигранти, најмногу со потекло од Сирија, Палестина и Египет, а за одбележување се успешно реализираните случаи на криумчарење мигранти и трговија со луѓе, меѓу кои се вбројуваат разбивањето на една од позначајните мрежи за криумчарење мигранти во државата, полициска операција под кодно име „Кипер“, при што од слобода беа лишени седум осомничени лица, членови на организирана криминална група за криумчарење мигранти од Сирија, Конго, Ирак, Нигерија, преку територијата на Македонија во Србија, како полициската операција „Шипка”, при што разбиена е организирана криминална група за посредување во вршење проституција и илегална трговија со дрога, при што беа лишени 13 лица, а откриени 35 странски државјанки од Украина, Русија, Србија, Молдавија, Албанија, Колумбија и Македонија, соопштува МВР.

Потенцираат дека во нашиот регион, сè уште се активни предизвиците поврзани со мигрантската криза, а криумчарењето мигранти останува еден од најатрактивните криминални пазари.

И покрај фактот што обидите за илегално транзитирање низ нашата држава се со намален тренд, транзитната западно балканска рута и понатаму останува активна, чија флексибилност се користи од криумчарите за креирање нови модуси, со употреба на софистицирани технолошки средства. Меѓународната соработка и учеството на нашата држава во оперативните активности координирани од страна на ИНТЕРПОЛ говори за нашата целосна посветеност за соработка, спроведување меѓународни истраги, како и развивање на механизми за брза размена на информации. Нашите секојдневни заложби за позиционирање на македонската полиција во релевантен фактор во борбата против меѓународниот криминал се видливи и препознаени од страна на нашите партнери, велат од МВР.

The post Признание од ИНТЕРПОЛ за македонската полиција за учество во глобалната акција LIBERTERRA II appeared first on Република.

]]>

Огромно признание за македонската полиција која рамо до рамо со полициите од преку 116 земји низ светот, успешно, професионално и посветено преземаа мерки во рамки на операцијата LIBERTERRA II на ИНТЕРПОЛ, која беше промовирана во текот на Генералното собрание во Глазгов, Обединетото Кралство, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи. На почетокот на октомври 2024 година, МВР беше домаќин на Европскиот оперативен штаб, воспоставен во рамки на меѓународната операција LIBERTERRA II, координирана од страна на ИНТЕРПОЛ, со учество на 116 држави од светот. Глобалната операција беше насочена кон идентификување, откривање и сузбивање на криминалните групи кои се инволвирани во криумчарење мигранти, трговија со луѓе и други поврзани криминални активности.
Во текот на оперативните активности на LIBERTERRA II, покрај присуство на државите од Европскиот регион, од особено значење беше и присуството на обвинители од регионот, со цел координирање на заедничките оперативни случаи на трговија со луѓе и илегална миграција. Преку координиран пристап на сите релевантни служби на национално ниво пред се, а потоа и на регионално и меѓународно ниво, оваа операција забележа значителни успеси и доведе до реализација на зацртаните цели, велат од МВР.
Во рамки на сите фази, пред-оперативната, оперативната и пост-оперативната фаза, спроведени биле акциски контроли и извршени детални проверки на лица, возила и документи, како и HOTSPOT операција со присуство на претставници од Генералниот Секретаријат на ИНТЕРПОЛ во прифатните центри за илегални мигранти.
Откриени се значителен број на мигранти, најмногу со потекло од Сирија, Палестина и Египет, а за одбележување се успешно реализираните случаи на криумчарење мигранти и трговија со луѓе, меѓу кои се вбројуваат разбивањето на една од позначајните мрежи за криумчарење мигранти во државата, полициска операција под кодно име „Кипер“, при што од слобода беа лишени седум осомничени лица, членови на организирана криминална група за криумчарење мигранти од Сирија, Конго, Ирак, Нигерија, преку територијата на Македонија во Србија, како полициската операција „Шипка”, при што разбиена е организирана криминална група за посредување во вршење проституција и илегална трговија со дрога, при што беа лишени 13 лица, а откриени 35 странски државјанки од Украина, Русија, Србија, Молдавија, Албанија, Колумбија и Македонија, соопштува МВР.
Потенцираат дека во нашиот регион, сè уште се активни предизвиците поврзани со мигрантската криза, а криумчарењето мигранти останува еден од најатрактивните криминални пазари.
И покрај фактот што обидите за илегално транзитирање низ нашата држава се со намален тренд, транзитната западно балканска рута и понатаму останува активна, чија флексибилност се користи од криумчарите за креирање нови модуси, со употреба на софистицирани технолошки средства. Меѓународната соработка и учеството на нашата држава во оперативните активности координирани од страна на ИНТЕРПОЛ говори за нашата целосна посветеност за соработка, спроведување меѓународни истраги, како и развивање на механизми за брза размена на информации. Нашите секојдневни заложби за позиционирање на македонската полиција во релевантен фактор во борбата против меѓународниот криминал се видливи и препознаени од страна на нашите партнери, велат од МВР.
 
The post Признание од ИНТЕРПОЛ за македонската полиција за учество во глобалната акција LIBERTERRA II appeared first on Република.

]]>
УНИЦЕФ: Децата сочинуваат 70 отсто од сите идентификувани жртви на трговија со луѓе во Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/unitsef-detsata-sochinuvaat-70-otsto-od-site-identifikuvani-zhrtvi-na-trgovija-so-luge-vo-severna-makedonija/ Tue, 30 Jul 2024 09:45:00 +0000 https://republika.mk/?p=801587

И покрај тоа што децата-жртви на трговија со луѓе често остануваат неоткриени и непријавени ширум светот, достапните податоци од Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција, што опфаќаат две децении (2001-2021), покажуваат дека децата сочинуваат 70 отсто од жртвите во Македонија, се наведува во соопштението од од Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје, по повод Светскиот ден на борба против трговија со луѓе, кој оваа година е посветен на децата жртви на трговија со луѓе.

Оваа бројка значително го надминува глобалниот просек, според кој речиси една третина од сите идентификувани жртви на трговија со луѓе се деца. Просечната возраст на децатажртви во земјата е 15 години, при што девојчињата страдаат несразмерно повеќе и се подложени на двојна експлоатација: и сексуална и трудова. Ваквата алармантна распространетост која особено ги погодува младите девојки, го нагласува загрижувачкиот тренд што се влошува во дигиталната ера, се посочува во соопштението и се додава дека УНИЦЕФ повикува на поголеми инвестиции во превенција, заштита, прогон на сторителите и склучување партнерства за да се стави крај на трговијата со деца.

Трговијата со деца на Западен Балкан и понатаму е во пораст и покрај бројните законодавни и практични мерки преземени во претходните години, потенцирано е во Белград на регионалната конференцiиa.

Трговците со луѓе во светот, се вели, го искористија технолошкиот напредок за да оперираат во поголема тајност и да ја зголемат својата профитабилност. Националната подгрупа за борба против трговија со деца известува дека трговците со луѓе сè повеќе ги намамуваат децата со помош на технологијата, преку меѓународно организирани криминални групи и онлајн предатори.

Иако националните партнери постојано вложуваат напори за заштита на децата од трговија со луѓе, состојбата налага поголема заложба и повеќе инвестиции за подобрување на превенцијата, заштитата, прогонот на сторителите и склучувањето партнерства, порачуваат од Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје.

Се препорачува да се зголемат инвестициите во службите за детска заштита и во зајакнување на системот за детска заштита за подобро справување со основните причини за трговија со деца. Сиромаштијата, дисфункционалните семејства и дискриминацијата, се вели во соопштението, ги ставаат децата во поголем ризик да станат жртви на трговија со луѓе. Ситуацијата дополнително се усложнува со слабото спроведување на законите за работни односи и за детска заштита. Поддршката и услугите за превенција, сметаат, мора да опфатат пристап до социјална заштита, здравство и образование за децата и нивните семејства.

Судот во Ндола, Замбија денеска го отфрли обвинението против хрватските државјани за трговија со деца и тие мора да ја напуштат земјата во рок од 48 часа, потврди хрватското Министерство за н

Да се зајакнат капацитетите за откривање и заштита на децата-жртви на трговија со луѓе, меѓу кои спаѓаат и децата „во ризик“ од трговија. Отсуството на долгорочна помош и рехабилитација, како и преголемата зависност од сместување на децата во неадекватни шелтер-центри го зголемува ризикот од натамошна трауматизација и ревиктимизација. Итно се потребни подобри механизми за идентификација и одржливи решенија за ранливите деца, како и дополнителни инвестиции со кои ќе се гарантира дека системот за детска заштита нуди соодветно старателство и други алтернативни форми на згрижување, се наведува во соопштението.

Се препорачува и да се зголемат капацитетите за децата да добијат пристап до правда, а сторителите кривично да се гонат. Потребни се, се посочува во соопштението, инвестиции за спроведување на постоечките закони, каде што спаѓаат и постапките за истрага, складирање и зачувување на електронските докази. Ова налага континуирани инвестиции во градење капацитети на обвинителите, обвинителските одделенија, судството, специјалните полициски единици и другите релевантни стручни лица и практичари кои треба да се справат со новите предизвици што технологијата ги носи во експлоатацијата и злоупотребата на деца.

Во соопштението од Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје се додава дека треба да се поттикнат мултисекторски партнерства во борбата за искоренување на трговијата со деца. Соработката со граѓанскиот сектор, со децата кои преживеале злоупотреба и со групите предводени од поранешни жртви на трговија со луѓе преживеани, е клучна за градење превентивни стратегии и системи за реагирање по мерка на децата и врз основа на информации за доживеаната траума.

Потребна е прекугранична соработка и соработка со технолошки компании за да се осигура дека напорите се исто така насочени кон справување со новите ризици. За подигање на свеста околу опасностите од трговијата со луѓе, од суштинско значење е да се работи со заедниците и децата и адолесцентите во ризик, како на пример, да се споделат практични информации за тоа како да се пријават инциденти и да се побара помош. Трговијата со деца може да се спречи, а на децата што преживеале злоупотреба мора да им се понуди заштита и пристап до правда. Децата жртви на трговија со луѓе доживуваат незамисливи ситуации и често се изложени на тешка експлоатација и злоупотреба. Неоткриени и незаштитени, тие се невидливи, лишени од грижа и поддршка, обесправени и пречесто заробени во мачен циклус на злоупотреба и експлоатација што продолжува дури и кога ќе станат возрасни, наведуваат во соопштението од Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје .

УНИЦЕФ, се додава, ќе продолжи да ги поддржува властите во нивните напори да ги забрзаат мултисекторските активности за зајакнување на законодавно-политичките рамки, одговорот на кривичното правосудство, поддршката на жртвите и едукативните програми. Преку обучување на стручните лица на теми од областа на детската заштита и правосудниот систем, УНИЦЕФ има за цел да обезбеди грижа за децата кои биле жртви на трговија со луѓе што ќе се раководи од нивната доживеана траума и дополнително ќе го подобри управувањето со податоците за случаите на трговија со деца.

Само преку заеднички и засилени напори земјата може да ги заштити сите деца и да не изостави ниедно дете во борбата против трговијата со луѓе. На овогодинешниот Светски ден на борба против трговијата со луѓе, глобалната заедница се обединува зад пораката „Ниедно дете да не се изостави во борбата против трговијата со луѓе“ и УНИЦЕФ повикува на поголеми инвестиции во заложбите за спречување на експлоатација и злоупотреба на децата и за почитување на нивните права на заштита, се вели меѓу другото во соопштението.

The post УНИЦЕФ: Децата сочинуваат 70 отсто од сите идентификувани жртви на трговија со луѓе во Македонија appeared first on Република.

]]>

И покрај тоа што децата-жртви на трговија со луѓе често остануваат неоткриени и непријавени ширум светот, достапните податоци од Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција, што опфаќаат две децении (2001-2021), покажуваат дека децата сочинуваат 70 отсто од жртвите во Македонија, се наведува во соопштението од од Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје, по повод Светскиот ден на борба против трговија со луѓе, кој оваа година е посветен на децата жртви на трговија со луѓе.
Оваа бројка значително го надминува глобалниот просек, според кој речиси една третина од сите идентификувани жртви на трговија со луѓе се деца. Просечната возраст на децатажртви во земјата е 15 години, при што девојчињата страдаат несразмерно повеќе и се подложени на двојна експлоатација: и сексуална и трудова. Ваквата алармантна распространетост која особено ги погодува младите девојки, го нагласува загрижувачкиот тренд што се влошува во дигиталната ера, се посочува во соопштението и се додава дека УНИЦЕФ повикува на поголеми инвестиции во превенција, заштита, прогон на сторителите и склучување партнерства за да се стави крај на трговијата со деца. Трговијата со деца на Западен Балкан и понатаму е во пораст и покрај бројните законодавни и практични мерки преземени во претходните години, потенцирано е во Белград на регионалната конференцiиa.
Трговците со луѓе во светот, се вели, го искористија технолошкиот напредок за да оперираат во поголема тајност и да ја зголемат својата профитабилност. Националната подгрупа за борба против трговија со деца известува дека трговците со луѓе сè повеќе ги намамуваат децата со помош на технологијата, преку меѓународно организирани криминални групи и онлајн предатори.
Иако националните партнери постојано вложуваат напори за заштита на децата од трговија со луѓе, состојбата налага поголема заложба и повеќе инвестиции за подобрување на превенцијата, заштитата, прогонот на сторителите и склучувањето партнерства, порачуваат од Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје.
Се препорачува да се зголемат инвестициите во службите за детска заштита и во зајакнување на системот за детска заштита за подобро справување со основните причини за трговија со деца. Сиромаштијата, дисфункционалните семејства и дискриминацијата, се вели во соопштението, ги ставаат децата во поголем ризик да станат жртви на трговија со луѓе. Ситуацијата дополнително се усложнува со слабото спроведување на законите за работни односи и за детска заштита. Поддршката и услугите за превенција, сметаат, мора да опфатат пристап до социјална заштита, здравство и образование за децата и нивните семејства. Судот во Ндола, Замбија денеска го отфрли обвинението против хрватските државјани за трговија со деца и тие мора да ја напуштат земјата во рок од 48 часа, потврди хрватското Министерство за н
Да се зајакнат капацитетите за откривање и заштита на децата-жртви на трговија со луѓе, меѓу кои спаѓаат и децата „во ризик“ од трговија. Отсуството на долгорочна помош и рехабилитација, како и преголемата зависност од сместување на децата во неадекватни шелтер-центри го зголемува ризикот од натамошна трауматизација и ревиктимизација. Итно се потребни подобри механизми за идентификација и одржливи решенија за ранливите деца, како и дополнителни инвестиции со кои ќе се гарантира дека системот за детска заштита нуди соодветно старателство и други алтернативни форми на згрижување, се наведува во соопштението.
Се препорачува и да се зголемат капацитетите за децата да добијат пристап до правда, а сторителите кривично да се гонат. Потребни се, се посочува во соопштението, инвестиции за спроведување на постоечките закони, каде што спаѓаат и постапките за истрага, складирање и зачувување на електронските докази. Ова налага континуирани инвестиции во градење капацитети на обвинителите, обвинителските одделенија, судството, специјалните полициски единици и другите релевантни стручни лица и практичари кои треба да се справат со новите предизвици што технологијата ги носи во експлоатацијата и злоупотребата на деца. Во соопштението од Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје се додава дека треба да се поттикнат мултисекторски партнерства во борбата за искоренување на трговијата со деца. Соработката со граѓанскиот сектор, со децата кои преживеале злоупотреба и со групите предводени од поранешни жртви на трговија со луѓе преживеани, е клучна за градење превентивни стратегии и системи за реагирање по мерка на децата и врз основа на информации за доживеаната траума.
Потребна е прекугранична соработка и соработка со технолошки компании за да се осигура дека напорите се исто така насочени кон справување со новите ризици. За подигање на свеста околу опасностите од трговијата со луѓе, од суштинско значење е да се работи со заедниците и децата и адолесцентите во ризик, како на пример, да се споделат практични информации за тоа како да се пријават инциденти и да се побара помош. Трговијата со деца може да се спречи, а на децата што преживеале злоупотреба мора да им се понуди заштита и пристап до правда. Децата жртви на трговија со луѓе доживуваат незамисливи ситуации и често се изложени на тешка експлоатација и злоупотреба. Неоткриени и незаштитени, тие се невидливи, лишени од грижа и поддршка, обесправени и пречесто заробени во мачен циклус на злоупотреба и експлоатација што продолжува дури и кога ќе станат возрасни, наведуваат во соопштението од Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје .
УНИЦЕФ, се додава, ќе продолжи да ги поддржува властите во нивните напори да ги забрзаат мултисекторските активности за зајакнување на законодавно-политичките рамки, одговорот на кривичното правосудство, поддршката на жртвите и едукативните програми. Преку обучување на стручните лица на теми од областа на детската заштита и правосудниот систем, УНИЦЕФ има за цел да обезбеди грижа за децата кои биле жртви на трговија со луѓе што ќе се раководи од нивната доживеана траума и дополнително ќе го подобри управувањето со податоците за случаите на трговија со деца.
Само преку заеднички и засилени напори земјата може да ги заштити сите деца и да не изостави ниедно дете во борбата против трговијата со луѓе. На овогодинешниот Светски ден на борба против трговијата со луѓе, глобалната заедница се обединува зад пораката „Ниедно дете да не се изостави во борбата против трговијата со луѓе“ и УНИЦЕФ повикува на поголеми инвестиции во заложбите за спречување на експлоатација и злоупотреба на децата и за почитување на нивните права на заштита, се вели меѓу другото во соопштението.

The post УНИЦЕФ: Децата сочинуваат 70 отсто од сите идентификувани жртви на трговија со луѓе во Македонија appeared first on Република.

]]>
Гостиварец осуден за трговија со луѓе со полиција спроведен во Идризово https://republika.mk/vesti/crna-hronika/gostivarets-osuden-za-trgovija-so-luge-so-politsija-sproveden-vo-idrizovo/ Fri, 26 Jul 2024 13:50:36 +0000 https://republika.mk/?p=800465

Вчера во 14.40 часот на улица „Живко Брајковски“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле Ф.Т.(55) од Гостивар.

Тој бил баран со потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор од три години, за сторено кривично дело „трговија со луѓе“ по член 418 - а став 3 од Кривичниот законик.

Ф.Т. е спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Идризово-Скопје за издржување на затворската казна.

The post Гостиварец осуден за трговија со луѓе со полиција спроведен во Идризово appeared first on Република.

]]>

Вчера во 14.40 часот на улица „Живко Брајковски“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле Ф.Т.(55) од Гостивар. Тој бил баран со потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор од три години, за сторено кривично дело „трговија со луѓе“ по член 418 - а став 3 од Кривичниот законик. Ф.Т. е спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Идризово-Скопје за издржување на затворската казна.

The post Гостиварец осуден за трговија со луѓе со полиција спроведен во Идризово appeared first on Република.

]]>
Рано утрово уапсен липковец баран со потерница, осуден е за трговија со луѓе https://republika.mk/vesti/crna-hronika/rano-utrovo-uapsen-lipkovets-baran-so-poternitsa-osuden-e-za-trgovija-so-luge/ Mon, 22 Jul 2024 09:44:27 +0000 https://republika.mk/?p=799134

Полициски службеници од СВР Куманово, вчера во 04:00 часот, го лишиле од слобода А.И.(35) од село Никуштак, општина Липково.

Како што соопшти денеска МВР, тој бил осуден на пет години и седум месеци затворска казна за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215, „трговија со луѓе“ по член 418 - а и „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик, а бил баран по потерница за доиздржување на три години од казната.

Лицето било спроведено во Казнено-поправна установа Затвор Идризово за доиздржување на затворската казна.

The post Рано утрово уапсен липковец баран со потерница, осуден е за трговија со луѓе appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од СВР Куманово, вчера во 04:00 часот, го лишиле од слобода А.И.(35) од село Никуштак, општина Липково. Како што соопшти денеска МВР, тој бил осуден на пет години и седум месеци затворска казна за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215, „трговија со луѓе“ по член 418 - а и „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик, а бил баран по потерница за доиздржување на три години од казната. Лицето било спроведено во Казнено-поправна установа Затвор Идризово за доиздржување на затворската казна.

The post Рано утрово уапсен липковец баран со потерница, осуден е за трговија со луѓе appeared first on Република.

]]>
Владата ќе соработува со Италија во борбата против трговија со луѓе и злоупотреба на деца https://republika.mk/vesti/makedonija/vladata-ke-sorabotuva-so-italija-vo-borbata-protiv-trgovija-so-luge-i-zloupotreba-na-detsa/ Wed, 03 Apr 2024 20:02:39 +0000 https://republika.mk/?p=761886

Владата, на денешната 13. седница, го разгледа и усвои Предлогот за поведување постапка за водење преговори за склучување на Протокол со Владата на Италијанска Република, за соработка во областа на борбата против трговија со луѓе и злоупотреба на деца кои се жртви на трговија со луѓе и го разгледа и прифати Нацрт-текстот на Протоколот, предложен од Министерството за внатрешни работи.

Склучувањето на Протоколот, според Информацијата од МВР, има за цел да придонесе во унапредувањето на безбедносната соработка помеѓу министерствата за внатрешни работи на двете држави, особено во спречувањето и борбата против сите форми на трговија со луѓе и злоупотреба на деца жртви на трговија со луѓе, посочуваат од владината прес-служба.

The post Владата ќе соработува со Италија во борбата против трговија со луѓе и злоупотреба на деца appeared first on Република.

Жена судена за трговија со луѓе доби висока функција во украинското министерство за одбрана https://republika.mk/vesti/svet/zhena-sudena-za-trgovija-so-luge-dobi-visoka-funktsija-vo-ukrainskoto-ministerstvo-za-odbrana/ Wed, 03 Apr 2024 18:12:58 +0000 https://republika.mk/?p=761086

Жена, која била обвинета за организирање проституција доби функција во украинското Министерство за одбрана.

Како што пишуваат украинските медиуми, станува збор за Наталија Куровскаја, која е назначена на функцијата заменик-раководител на секторот за политики за набавки. Како што реагираат медиумите, во 2022 година, таа била обвинета за трговија со луѓе и сексуална експлоатација, што, очигледно, не било пречлки за Куровскаја да добие солидна позиција во државната служба.

Заедно со нејзиниот поранешен сопруг, Куровскаја организирала мрежа за давање сексуални услуги, која работела во Украина, Русија, Казахстан, Белорусија и Европа. Таа беше судена затоа што се обидела да регрутира проститутки за понатамошна продажба на макроа во Мароко.

Украинските медиуми објавуваат дека нејзиниот татко, офицер на Одделот во Черкаси на Воената служба за спроведување на законот, и помогнал да добие функција во Министерството за одбрана.

The post Жена судена за трговија со луѓе доби висока функција во украинското министерство за одбрана appeared first on Република.

]]>

Жена, која била обвинета за организирање проституција доби функција во украинското Министерство за одбрана. Како што пишуваат украинските медиуми, станува збор за Наталија Куровскаја, која е назначена на функцијата заменик-раководител на секторот за политики за набавки. Како што реагираат медиумите, во 2022 година, таа била обвинета за трговија со луѓе и сексуална експлоатација, што, очигледно, не било пречлки за Куровскаја да добие солидна позиција во државната служба. Заедно со нејзиниот поранешен сопруг, Куровскаја организирала мрежа за давање сексуални услуги, која работела во Украина, Русија, Казахстан, Белорусија и Европа. Таа беше судена затоа што се обидела да регрутира проститутки за понатамошна продажба на макроа во Мароко. Украинските медиуми објавуваат дека нејзиниот татко, офицер на Одделот во Черкаси на Воената служба за спроведување на законот, и помогнал да добие функција во Министерството за одбрана.

The post Жена судена за трговија со луѓе доби висока функција во украинското министерство за одбрана appeared first on Република.

]]>
Беше близок со Курти: Директорот на „Водовод“ на Косово уапсен во Бугарија за трговија со луѓе https://republika.mk/vesti/balkan/beshe-blizok-so-kurti-direktorot-na-vodovod-na-kosovo-uapsen-vo-bugarija-za-trgovija-so-luge/ Sat, 02 Mar 2024 20:20:19 +0000 https://republika.mk/?p=750612

Директорот на Водовод „Ѓаковица“ Хасан Красниќи е уапсен во Бугарија по потерница на Интерпол, потврдија од Министерството за надворешни работи на Косово.

Хасан Красниќи е уапсен во Бугарија, врз основа на меѓународна потерница распишана од италијанската полиција поради сомнение за трговија со луѓе,

Апсењето е извршено на 19 февруари 2024 година, пишува онлајн весникот Reporteri.net.

Бугарските власти го фатиле при влегувањето во Бугарија, каде сакал да оди на одмор со семејството, но бил на меѓународна потерница од Италија поради трговија со луѓе.

The post Беше близок со Курти: Директорот на „Водовод“ на Косово уапсен во Бугарија за трговија со луѓе appeared first on Република.

]]>

Директорот на Водовод „Ѓаковица“ Хасан Красниќи е уапсен во Бугарија по потерница на Интерпол, потврдија од Министерството за надворешни работи на Косово. Хасан Красниќи е уапсен во Бугарија, врз основа на меѓународна потерница распишана од италијанската полиција поради сомнение за трговија со луѓе, Апсењето е извршено на 19 февруари 2024 година, пишува онлајн весникот Reporteri.net. Бугарските власти го фатиле при влегувањето во Бугарија, каде сакал да оди на одмор со семејството, но бил на меѓународна потерница од Италија поради трговија со луѓе.    

The post Беше близок со Курти: Директорот на „Водовод“ на Косово уапсен во Бугарија за трговија со луѓе appeared first on Република.

]]>
Европол: Прекинат синџир на криумчари на луѓе, 5000 Кубанци префрлени преку Србија и Грција https://republika.mk/vesti/svet/evropol-prekinat-sindhir-na-kriumchari-na-luge-5000-kubantsi-prefrleni-preku-srbija-i-grtsija/ Mon, 24 Jul 2023 09:18:34 +0000 https://republika.mk/?p=664655

Полицијата на пет европски земји го прекина синџирот на шверцери на луѓе кои по цена од 9.000 по човек префрлиле 5.000 кубански мигранти во Европа, преку Србија и Грција. Како што наведува Европол во денешното соопштение, крајната дестинација на тие луѓе била Шпанија.

Шверцерите го искористија фактот дека на кубанските граѓани не им е потребна виза за Србија. Уапсени се 62 осомничени. Истрагата откри обемна криминална мрежа која до апсењето оперирала во Србија, Шпанија и Грција.

Кај осомничените била пронајдена поголема количина фалсификувани документи што ги користеле мигрантите. Тие влегле легално во Србија, а потоа шверцерите ги префрлиле во Грција, а потоа во Шпанија преку илегални патишта низ Македонија.

The post Европол: Прекинат синџир на криумчари на луѓе, 5000 Кубанци префрлени преку Србија и Грција appeared first on Република.

]]>

Полицијата на пет европски земји го прекина синџирот на шверцери на луѓе кои по цена од 9.000 по човек префрлиле 5.000 кубански мигранти во Европа, преку Србија и Грција. Како што наведува Европол во денешното соопштение, крајната дестинација на тие луѓе била Шпанија. Шверцерите го искористија фактот дека на кубанските граѓани не им е потребна виза за Србија. Уапсени се 62 осомничени. Истрагата откри обемна криминална мрежа која до апсењето оперирала во Србија, Шпанија и Грција. Кај осомничените била пронајдена поголема количина фалсификувани документи што ги користеле мигрантите. Тие влегле легално во Србија, а потоа шверцерите ги префрлиле во Грција, а потоа во Шпанија преку илегални патишта низ Македонија.

The post Европол: Прекинат синџир на криумчари на луѓе, 5000 Кубанци префрлени преку Србија и Грција appeared first on Република.

]]>
За Тренчевска Македонија е пример во регионот за борбата со трговија со луѓе иако САД не мислат така https://republika.mk/vesti/makedonija/za-trenchevska-makedonija-e-primer-vo-regionot-za-borbata-so-trgovija-so-luge-iako-sad-ne-mislat-taka/ Fri, 16 Jun 2023 17:22:56 +0000 https://republika.mk/?p=652218

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска се сретна со новоизбраната генерална директорка на Меѓународната организација за миграција (ИОМ) Ејми Е. Поуп, која е првата жена директорка на ИОМ.

Како што информира МТСП, Меѓународната организација за миграција е водечка меѓународна организација во областа на миграцијата и е посветена на принципот дека хуманата и уредна миграција е од корист за мигрантите и општеството.

На средбата, како што се наведува во соопштението, се разговараше за областите во кои соработува Министерството за труд и социјална политика и Меѓународната организација за миграција со фокус на внатрешна и надворешна миграција, трговија со луѓе и родова еднаквост.

https://republika.mk/vesti/makedonija/stejt-depratment-makedonija-prezema-napori-no-ne-gi-ispolnuva-tselosno-standardite-za-eliminirane-na-trgovijata-so-luge/

Тренчевска истакна дека од неодамна е објавен извештајот за трговија со луѓе на Стејт Департментот, каде се истакнува доброто справување на државата со предизвикот со трговија со луѓе. Министерката ја посочи соработката меѓу институциите и креирањето на Оперативни тимови во состав со претставници на ИОМ, Министерството за внатрешни работи, Министерството за труд и социјална политика и невладиниот сектор кои работат на заштита и превенција од трговија со луѓе. Тренчевска исто така го истакна и зајакнувањето на капацитетите на вработените во институциите во однос на предизвикот.

- Отворена беше и темата за работната сила на пазарот на трудот во државата, како и за тоа на кој начин може да се оствари соработка за насочување на регуларните мигранти кон приклучување на пазарот на трудот, се вели во соопштението.

Според директорката на ИОМ, ваквото насочување на мигрантите со прилагодување на законските регулативи може да ги задоволи потребите од побарувачката на пазарот на трудот, а при тоа да се почитуваат основните човекови и работнички права.

На крајот од состанокот директорката на ИОМ Поуп се осврна и на прашањето за родовата еднаквост и ја нарече министерката Тренчевска, како што се наведува, шампион во регионот во борба за родовата еднаквост. Разговорот беше со фокус на спроведената кампања во март „Гласна и храбра“ за промовирање на родовата еднаквост, ментално здравје и економско зајакнување на жените, но и потребата за продолжување на ваквите активности.

The post За Тренчевска Македонија е пример во регионот за борбата со трговија со луѓе иако САД не мислат така appeared first on Република.

]]>

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска се сретна со новоизбраната генерална директорка на Меѓународната организација за миграција (ИОМ) Ејми Е. Поуп, која е првата жена директорка на ИОМ. Како што информира МТСП, Меѓународната организација за миграција е водечка меѓународна организација во областа на миграцијата и е посветена на принципот дека хуманата и уредна миграција е од корист за мигрантите и општеството. На средбата, како што се наведува во соопштението, се разговараше за областите во кои соработува Министерството за труд и социјална политика и Меѓународната организација за миграција со фокус на внатрешна и надворешна миграција, трговија со луѓе и родова еднаквост. https://republika.mk/vesti/makedonija/stejt-depratment-makedonija-prezema-napori-no-ne-gi-ispolnuva-tselosno-standardite-za-eliminirane-na-trgovijata-so-luge/ Тренчевска истакна дека од неодамна е објавен извештајот за трговија со луѓе на Стејт Департментот, каде се истакнува доброто справување на државата со предизвикот со трговија со луѓе. Министерката ја посочи соработката меѓу институциите и креирањето на Оперативни тимови во состав со претставници на ИОМ, Министерството за внатрешни работи, Министерството за труд и социјална политика и невладиниот сектор кои работат на заштита и превенција од трговија со луѓе. Тренчевска исто така го истакна и зајакнувањето на капацитетите на вработените во институциите во однос на предизвикот. - Отворена беше и темата за работната сила на пазарот на трудот во државата, како и за тоа на кој начин може да се оствари соработка за насочување на регуларните мигранти кон приклучување на пазарот на трудот, се вели во соопштението. Според директорката на ИОМ, ваквото насочување на мигрантите со прилагодување на законските регулативи може да ги задоволи потребите од побарувачката на пазарот на трудот, а при тоа да се почитуваат основните човекови и работнички права. На крајот од состанокот директорката на ИОМ Поуп се осврна и на прашањето за родовата еднаквост и ја нарече министерката Тренчевска, како што се наведува, шампион во регионот во борба за родовата еднаквост. Разговорот беше со фокус на спроведената кампања во март „Гласна и храбра“ за промовирање на родовата еднаквост, ментално здравје и економско зајакнување на жените, но и потребата за продолжување на ваквите активности.

The post За Тренчевска Македонија е пример во регионот за борбата со трговија со луѓе иако САД не мислат така appeared first on Република.

]]>
Стејт департмент: Србија не ги исполнува минималните стандарди за борба против трговијата со луѓе https://republika.mk/vesti/svet/stejt-department-srbija-ne-gi-ispolnuva-minimalnite-standardi-za-borba-protiv-trgovijata-so-luge/ Fri, 16 Jun 2023 11:16:05 +0000 https://republika.mk/?p=652107

Српските власти не ги исполнуваат целосно минималните стандарди за елиминирање на трговијата со луѓе, но вложуваат значителни напори да го сторат тоа, се вели во новиот годишен извештај за трговија со луѓе на американскиот Стејт департмент.

Србија во извештајот ја задржа истата позиција како лани и се најде во категоријата 2, но е во поткатегорија меѓу земјите каде дополнително треба да се следи состојбата во борбата против трговијата со луѓе.

Освен Србија, во таа поткатегорија европски земји се само Бугарија и Црна Гора.

Во делот од извештајот кој се однесува на Србија, се наведува дека и покрај вложените напори, мал број обвинети трговци со луѓе биле истражени и кривично гонети, а намалени се и финансиските средства за Центарот за помош на жртви на насилство, кој и онака нема персонал и пари.

The post Стејт департмент: Србија не ги исполнува минималните стандарди за борба против трговијата со луѓе appeared first on Република.

]]>

Српските власти не ги исполнуваат целосно минималните стандарди за елиминирање на трговијата со луѓе, но вложуваат значителни напори да го сторат тоа, се вели во новиот годишен извештај за трговија со луѓе на американскиот Стејт департмент. Србија во извештајот ја задржа истата позиција како лани и се најде во категоријата 2, но е во поткатегорија меѓу земјите каде дополнително треба да се следи состојбата во борбата против трговијата со луѓе. Освен Србија, во таа поткатегорија европски земји се само Бугарија и Црна Гора. Во делот од извештајот кој се однесува на Србија, се наведува дека и покрај вложените напори, мал број обвинети трговци со луѓе биле истражени и кривично гонети, а намалени се и финансиските средства за Центарот за помош на жртви на насилство, кој и онака нема персонал и пари.

The post Стејт департмент: Србија не ги исполнува минималните стандарди за борба против трговијата со луѓе appeared first on Република.

]]>
Стејт депратмент: Македонија презема напори, но не ги исполнува целосно стандардите за елиминирање на трговијата со луѓе https://republika.mk/vesti/makedonija/stejt-depratment-makedonija-prezema-napori-no-ne-gi-ispolnuva-tselosno-standardite-za-eliminirane-na-trgovijata-so-luge/ Fri, 16 Jun 2023 07:00:51 +0000 https://republika.mk/?p=651938

Македонија не ги исполнува целосно стандардите за елиминирање на трговијата со луѓе, но прави значителни напори да го стори тоа. Владата покажа зголемени напори во споредба со претходниот период, имајќи го предвид влијанието на пандемијата COVID-19 врз нејзиниот капацитет, се истакнува во Извештајот на американскиот Стејт департмент за трговијата за луѓе за 2023 година.

Како што се наведува, презмени се мерки за спроведување на законот, вклучително и истраги, гонење и осудување на повеќе трговци со луѓе.

Владата формираше Оперативен тим за идентификација на жртви на трговија со луѓе (OTITV) за полесно да ги препознае потенцијалните жртви и да помогне во координирањето на грижата за жртвите. Владата го усвои Законот за компензација на жртвите на насилен криминал, со кој на жртвите на трговија со луѓе им се обезбеди право на компензација и ги зголеми ресурсите на прифатилиштето за жртви на трговија со луѓе (засолништето) управувано од НВО. Сепак, владата не ги исполни минималните стандарди во неколку клучни области. Владата идентификуваше значително помалку жртви, а Обвинителството за организиран криминал и корупција немаше доволно ресурси за да се справи со сите случаи под нејзина јурисдикција, пишува во извештајот.

Некои окружни обвинители не пријавиле потенцијални случаи на трговија со луѓе до Обвинителството и применувале мерки како за полесни кривични дела во гонење на трговците со луѓе.

Владата го зголеми финансирањето на засолништето, но тоа покрива само мал процент од оперативните трошоци на засолништето. Слично на тоа, владата не додели средства за мобилни тимови кои ги идентификуваат повеќето потенцијални жртви секоја година, и покрај преземените обврски да го сторат тоа. Локалната полиција и некои гранични службеници не ги проверуваа индикациите за трговија со луѓе и, како резултат на тоа, властите веројатно депортираа некои неидентификувани жртви на трговија со луѓе без упатување до соодветни служби или заштитни мерки за да се спречи повторната трговија со луѓе. Националниот известувач немаше овластување, ресурси и законски мандат систематски да ги следи и оценува напорите за борба против трговијата со луѓе, оценува Стејт департментот.

Во извештајот се наведени и препораки за земјата за засилување на борбрата против трговијата со луѓе.

Енергично истражувајте, гонете и осудувајте трговци со луѓе, вклучително и службеници соучесници, и барајте соодветни казни, вклучувајќи, доколку е соодветно, значителни затворски казни. Доделете доволно ресурси за заштита на жртвите, вклучително и за мобилните тимови за идентификација, засолништето за жртви на трговија со луѓе и за поддршка на специјализирани услуги за возрасни машки жртви. Зголемете ги проактивните напори за идентификација на жртвите на трговија со луѓе и постојано проверувајте за трговија со луѓе меѓу поединци во активности поврзани со проституција, мигранти, бегалци и други ризични популации. Неопходни се повеќе ресурси на полицијата и обвинителството за проактивна истрага на трговијата со луѓе и навремено гонење на случаите, се вели во препораките.

Стерјт департментот препорачува и да се обезбеди сместување за потенцијалните странски жртви на трговија со луѓе во безбедни и соодветни услови и да им се дозволи на жртвите да ги напуштат засолништата по желба. Да се овозможи алтернативно домување за жртвите кога засолништето е полно, да се организира напредна обука за судии, обвинители за спроведување на законот за истраги и гонење на трговија со луѓе, да се подобрат механизмите за компензација на жртвите, а националниот известувач да се овласти успешно да ги следи и оценува напорите за борба против трговијата со луѓе.

The post Стејт депратмент: Македонија презема напори, но не ги исполнува целосно стандардите за елиминирање на трговијата со луѓе appeared first on Република.

]]>

Македонија не ги исполнува целосно стандардите за елиминирање на трговијата со луѓе, но прави значителни напори да го стори тоа. Владата покажа зголемени напори во споредба со претходниот период, имајќи го предвид влијанието на пандемијата COVID-19 врз нејзиниот капацитет, се истакнува во Извештајот на американскиот Стејт департмент за трговијата за луѓе за 2023 година. Како што се наведува, презмени се мерки за спроведување на законот, вклучително и истраги, гонење и осудување на повеќе трговци со луѓе.
Владата формираше Оперативен тим за идентификација на жртви на трговија со луѓе (OTITV) за полесно да ги препознае потенцијалните жртви и да помогне во координирањето на грижата за жртвите. Владата го усвои Законот за компензација на жртвите на насилен криминал, со кој на жртвите на трговија со луѓе им се обезбеди право на компензација и ги зголеми ресурсите на прифатилиштето за жртви на трговија со луѓе (засолништето) управувано од НВО. Сепак, владата не ги исполни минималните стандарди во неколку клучни области. Владата идентификуваше значително помалку жртви, а Обвинителството за организиран криминал и корупција немаше доволно ресурси за да се справи со сите случаи под нејзина јурисдикција, пишува во извештајот.
Некои окружни обвинители не пријавиле потенцијални случаи на трговија со луѓе до Обвинителството и применувале мерки како за полесни кривични дела во гонење на трговците со луѓе.
Владата го зголеми финансирањето на засолништето, но тоа покрива само мал процент од оперативните трошоци на засолништето. Слично на тоа, владата не додели средства за мобилни тимови кои ги идентификуваат повеќето потенцијални жртви секоја година, и покрај преземените обврски да го сторат тоа. Локалната полиција и некои гранични службеници не ги проверуваа индикациите за трговија со луѓе и, како резултат на тоа, властите веројатно депортираа некои неидентификувани жртви на трговија со луѓе без упатување до соодветни служби или заштитни мерки за да се спречи повторната трговија со луѓе. Националниот известувач немаше овластување, ресурси и законски мандат систематски да ги следи и оценува напорите за борба против трговијата со луѓе, оценува Стејт департментот.
Во извештајот се наведени и препораки за земјата за засилување на борбрата против трговијата со луѓе.
Енергично истражувајте, гонете и осудувајте трговци со луѓе, вклучително и службеници соучесници, и барајте соодветни казни, вклучувајќи, доколку е соодветно, значителни затворски казни. Доделете доволно ресурси за заштита на жртвите, вклучително и за мобилните тимови за идентификација, засолништето за жртви на трговија со луѓе и за поддршка на специјализирани услуги за возрасни машки жртви. Зголемете ги проактивните напори за идентификација на жртвите на трговија со луѓе и постојано проверувајте за трговија со луѓе меѓу поединци во активности поврзани со проституција, мигранти, бегалци и други ризични популации. Неопходни се повеќе ресурси на полицијата и обвинителството за проактивна истрага на трговијата со луѓе и навремено гонење на случаите, се вели во препораките.
Стерјт департментот препорачува и да се обезбеди сместување за потенцијалните странски жртви на трговија со луѓе во безбедни и соодветни услови и да им се дозволи на жртвите да ги напуштат засолништата по желба. Да се овозможи алтернативно домување за жртвите кога засолништето е полно, да се организира напредна обука за судии, обвинители за спроведување на законот за истраги и гонење на трговија со луѓе, да се подобрат механизмите за компензација на жртвите, а националниот известувач да се овласти успешно да ги следи и оценува напорите за борба против трговијата со луѓе.

The post Стејт депратмент: Македонија презема напори, но не ги исполнува целосно стандардите за елиминирање на трговијата со луѓе appeared first on Република.

]]>
Унгарија ослободи 777 странци осудени за трговија со луѓе https://republika.mk/vesti/svet/ungarija-oslobodi-777-strantsi-osudeni-za-trgovija-so-luge/ Thu, 01 Jun 2023 06:50:38 +0000 https://republika.mk/?p=646662

Во последните недели Унгарија ослободи 777 странци, главно српски, романски и украински државјани, осудени за трговија со луѓе, соопштија властите.

Според нив, зад решетки има 2.636 лица, осудени за трговија со луѓе, од кои 808 се странски државјани кои подлежат на ослободување.

Одржувањето на странските државјани кои отслужуваат казни во унгарските затвори чини милијарди форинти секоја година, соопшти канцеларијата за издржување казни .

Оттаму додаваат дека ослободените имаат 72 часа да ја напуштат територијата на Унгарија од моментот кога ќе бидат ослободени, во спротивно доколку бидат фатени од унгарската полиција, ќе бидат вратени во затвор и ќе ја отслужат целата казна.

The post Унгарија ослободи 777 странци осудени за трговија со луѓе appeared first on Република.

]]>

Во последните недели Унгарија ослободи 777 странци, главно српски, романски и украински државјани, осудени за трговија со луѓе, соопштија властите. Според нив, зад решетки има 2.636 лица, осудени за трговија со луѓе, од кои 808 се странски државјани кои подлежат на ослободување.
Одржувањето на странските државјани кои отслужуваат казни во унгарските затвори чини милијарди форинти секоја година, соопшти канцеларијата за издржување казни .
Оттаму додаваат дека ослободените имаат 72 часа да ја напуштат територијата на Унгарија од моментот кога ќе бидат ослободени, во спротивно доколку бидат фатени од унгарската полиција, ќе бидат вратени во затвор и ќе ја отслужат целата казна.

The post Унгарија ослободи 777 странци осудени за трговија со луѓе appeared first on Република.

]]>
Тренчевска: Посветено работиме на развивање и подобрување на националните политики за превенција и подигање на јавната свест за појавата на трговијата со луѓе https://republika.mk/vesti/makedonija/trenchevska-posveteno-rabotime-na-razvivane-i-podobruvane-na-natsionalnite-politiki-za-preventsija-i-podigane-na-javnata-svest-za-pojavata-na-trgovijata-so-luge/ Tue, 30 May 2023 09:32:19 +0000 https://republika.mk/?p=646066

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска заедно со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, заменикот амбасадор на Сојузна Република Германија, Ото Граф, директорот на ГИЗ во Република Македонија Давид Оберхубер и директорот на MARRI, Сашко Коцев со своите поздравни обраќања ја отворија регионалната конференција: „Успешни заедно! Регионални увиди и пристапи за спречување и борба против трговијата со луѓе“ организирана во рамките на проектот на Германско друштво за интернационална соработка „Спречување и борба против трговијата со луѓе во Западен Балкан“.

„Трговијата со луѓе претставува сериозна повреда на човековите права и претставува закана за слободата и безбедноста на секое општество. Нашата држава како и земјите во регионот често играат улога во секоја од фазите на трговија со луѓе - како земја на потекло, транзит или дестинација. Би сакала да ги изразам искрените поздрави до земјите од регионот - да ја истакнам потребата од заедничка, обединета акција против трговијата со луѓе, која е транснационален организиран криминал“ рече Тренчевска.

Таа истакна дека Министерството за труд и социјална политика преку секторот за еднакви можности има улога на координатор на Националниот механизам за упатување на жртви на трговија со луѓе (НМУ) којшто претставува рамка за соработка и координиран пристап помеѓу социјалните служби, полицијата, трудовите инспектори и невладиниот сектор. Министерката исто така ги објасни и чекорите кои министерството ги презема со цел справување со овој предизвик.

„Воспоставивме 5 мобилни тимови во Скопје, Битола, Куманово, Гевгелија и Тетово за идентификација на ранливи категории граѓани вклучително и жртви на трговија со луѓе. Во составот на мобилните тимови има претставници на Центрите за социјална работа,  претставници на Министерството за внатрешни работи националната единица за борба против трговија со луѓе и здруженија на граѓани. Овие тимови во текот на нивната работа постигнаа извонредни резултати и се познати како добар пример, не само во нашата држава туку и во регионот“ истакна министерката.

Таа исто така се осврна и на статистиката од минатата година и посочи дека во  2022 година во Република Македонија идентификувани се 9 жртви од кои 8 женски и 1 машко лице. Министерката рече дека најголем број од лицата се на возраст од 14 до 17 годишна возраст. Министерката информираше и за случаеви и за оваа година и рече дека во 2023 година, три девојчиња биле цел на сексуална експлоатација.

На крајот од своето обраќање министерката се заблагодари за поддршката на меѓународните организации, граѓанскиот сектор и на сите вклучени актери за нивниот активен придонес во борбата против трговијата со луѓе.

The post Тренчевска: Посветено работиме на развивање и подобрување на националните политики за превенција и подигање на јавната свест за појавата на трговијата со луѓе appeared first on Република.

]]>

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска заедно со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, заменикот амбасадор на Сојузна Република Германија, Ото Граф, директорот на ГИЗ во Република Македонија Давид Оберхубер и директорот на MARRI, Сашко Коцев со своите поздравни обраќања ја отворија регионалната конференција: „Успешни заедно! Регионални увиди и пристапи за спречување и борба против трговијата со луѓе“ организирана во рамките на проектот на Германско друштво за интернационална соработка „Спречување и борба против трговијата со луѓе во Западен Балкан“. „Трговијата со луѓе претставува сериозна повреда на човековите права и претставува закана за слободата и безбедноста на секое општество. Нашата држава како и земјите во регионот често играат улога во секоја од фазите на трговија со луѓе - како земја на потекло, транзит или дестинација. Би сакала да ги изразам искрените поздрави до земјите од регионот - да ја истакнам потребата од заедничка, обединета акција против трговијата со луѓе, која е транснационален организиран криминал“ рече Тренчевска. Таа истакна дека Министерството за труд и социјална политика преку секторот за еднакви можности има улога на координатор на Националниот механизам за упатување на жртви на трговија со луѓе (НМУ) којшто претставува рамка за соработка и координиран пристап помеѓу социјалните служби, полицијата, трудовите инспектори и невладиниот сектор. Министерката исто така ги објасни и чекорите кои министерството ги презема со цел справување со овој предизвик. „Воспоставивме 5 мобилни тимови во Скопје, Битола, Куманово, Гевгелија и Тетово за идентификација на ранливи категории граѓани вклучително и жртви на трговија со луѓе. Во составот на мобилните тимови има претставници на Центрите за социјална работа,  претставници на Министерството за внатрешни работи националната единица за борба против трговија со луѓе и здруженија на граѓани. Овие тимови во текот на нивната работа постигнаа извонредни резултати и се познати како добар пример, не само во нашата држава туку и во регионот“ истакна министерката. Таа исто така се осврна и на статистиката од минатата година и посочи дека во  2022 година во Република Македонија идентификувани се 9 жртви од кои 8 женски и 1 машко лице. Министерката рече дека најголем број од лицата се на возраст од 14 до 17 годишна возраст. Министерката информираше и за случаеви и за оваа година и рече дека во 2023 година, три девојчиња биле цел на сексуална експлоатација. На крајот од своето обраќање министерката се заблагодари за поддршката на меѓународните организации, граѓанскиот сектор и на сите вклучени актери за нивниот активен придонес во борбата против трговијата со луѓе.

The post Тренчевска: Посветено работиме на развивање и подобрување на националните политики за превенција и подигање на јавната свест за појавата на трговијата со луѓе appeared first on Република.

]]>
Годинава осум жртви на трговија со луѓе, од кои седум се деца https://republika.mk/vesti/crna-hronika/godinava-osum-zrtvi-na-trgovija-so-lugje-od-koi-sedum-se-deca/ Tue, 01 Nov 2022 13:27:49 +0000 https://republika.mk/?p=568325

Последниве години се зголемува бројот на домашни жртви на трговија со луѓе, кои се главно сексуално експлоатирани, а идентификувани се и присилни бракови со малолетни лица, рече денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на средбата со амбасадорите од земјите-членки на ЕУ.

Според Спасовски, факт што особено загрижува и што ја алармира потребата од енергична акција на сите, е континуираниот пораст на деца – жртви при трговијата со луѓе.

Годинава се идентификувани осум жртви на трговија со луѓе, од кои седум се деца, потенцира министерот.

Сите анализи и извештаи, како што напомена, укажуваат дека трговијата со луѓе е еден од најпрофитабилните бизниси, често поврзана со криумчарење мигранти, трговија со дрога, тероризам.

Спасовски се осврна на мобилните тимови составени од претставници од МВР, МТСП и невладините организации, како успешен концепт, со цел идентификување на ранливи категории, меѓу кои и жртви на трговија со луѓе.

Во насока на исполнување на препораките на експертскиот тим на ГРЕТА, министерот Спасовски истакна дека неодамна беше формиран и Оперативниот тим за координација, следење, управување на случаи со трговија со луѓе, во кој, покрај претставници од државните органи (ЈО, МВР, МТСП) учествува и претставник од здружение на граѓани.

Сите анализи и извештаи укажуваат дека трговијата со луѓе е еден од најпрофитабилните бизниси, често поврзана со криумчарење мигранти, трговија со дрога, тероризам. Од тие причини, во сетот мерки кои ги преземаме, би го споменал значењето на водењето на финансиски истраги кои ги преземаме паралелно со истрагите за кривичното дело. Единствено со одземање на главниот мотив поради кои трговците влегуваат во овој бизнис, а тоа се најчесто парите, можеме да креираме ефикасен одговор на овој криминал. За таа цел, во Министерството за внатрешни работи формиравме посебна Единица за водење на финансиски истраги, која е исклучиво надлежна за идентификување и пронаоѓање на незаконски стекнатиот имот, рече министерот.

Тој ги истакна активностите во овој домен кои се водат на национално ниво: Националната стратегија за јакнење на капацитетите за водење на финансиски истраги и конфискацијата со имот, која содржи конкретни акциски планови за развој на сите институции кои се вклучени во водењето на финансиските истраги, привременото замрзнување и подоцнежна конфискација на нелегално стекнатиот имот. Почнувањето на пристапните преговори, оцени Спасовски, е силен поттик за забрзување на нивното имплементирање и спроведувањето на реформските процеси кои ќе придонесат за посилна и подемократска држава, но и за подобро живеење на граѓаните.

Спасовски подвлече и дека приоритет на државата е да ги имплементира европските стандарди во секојдневното работење.

Во овој период во нашата држава се спроведуваат интензивни подготовки за билатералниот состанок за Поглавјето 24 кој ќе се одржи на 21 ноември во Брисел. Преку анализа на сите релевантни ЕУ прописи за Поглавјето 24, во корелација со нивното досегашно имплементирање во нашата држава, заеднички ќе утврдиме насоки  за понатамошен развој на сите сегменти на нашето работење, рече министерот Спасовски. 

The post Годинава осум жртви на трговија со луѓе, од кои седум се деца appeared first on Република.

]]>

Последниве години се зголемува бројот на домашни жртви на трговија со луѓе, кои се главно сексуално експлоатирани, а идентификувани се и присилни бракови со малолетни лица, рече денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на средбата со амбасадорите од земјите-членки на ЕУ. Според Спасовски, факт што особено загрижува и што ја алармира потребата од енергична акција на сите, е континуираниот пораст на деца – жртви при трговијата со луѓе.
Годинава се идентификувани осум жртви на трговија со луѓе, од кои седум се деца, потенцира министерот.
Сите анализи и извештаи, како што напомена, укажуваат дека трговијата со луѓе е еден од најпрофитабилните бизниси, често поврзана со криумчарење мигранти, трговија со дрога, тероризам. Спасовски се осврна на мобилните тимови составени од претставници од МВР, МТСП и невладините организации, како успешен концепт, со цел идентификување на ранливи категории, меѓу кои и жртви на трговија со луѓе. Во насока на исполнување на препораките на експертскиот тим на ГРЕТА, министерот Спасовски истакна дека неодамна беше формиран и Оперативниот тим за координација, следење, управување на случаи со трговија со луѓе, во кој, покрај претставници од државните органи (ЈО, МВР, МТСП) учествува и претставник од здружение на граѓани.
Сите анализи и извештаи укажуваат дека трговијата со луѓе е еден од најпрофитабилните бизниси, често поврзана со криумчарење мигранти, трговија со дрога, тероризам. Од тие причини, во сетот мерки кои ги преземаме, би го споменал значењето на водењето на финансиски истраги кои ги преземаме паралелно со истрагите за кривичното дело. Единствено со одземање на главниот мотив поради кои трговците влегуваат во овој бизнис, а тоа се најчесто парите, можеме да креираме ефикасен одговор на овој криминал. За таа цел, во Министерството за внатрешни работи формиравме посебна Единица за водење на финансиски истраги, која е исклучиво надлежна за идентификување и пронаоѓање на незаконски стекнатиот имот, рече министерот.
Тој ги истакна активностите во овој домен кои се водат на национално ниво: Националната стратегија за јакнење на капацитетите за водење на финансиски истраги и конфискацијата со имот, која содржи конкретни акциски планови за развој на сите институции кои се вклучени во водењето на финансиските истраги, привременото замрзнување и подоцнежна конфискација на нелегално стекнатиот имот. Почнувањето на пристапните преговори, оцени Спасовски, е силен поттик за забрзување на нивното имплементирање и спроведувањето на реформските процеси кои ќе придонесат за посилна и подемократска држава, но и за подобро живеење на граѓаните. Спасовски подвлече и дека приоритет на државата е да ги имплементира европските стандарди во секојдневното работење.
Во овој период во нашата држава се спроведуваат интензивни подготовки за билатералниот состанок за Поглавјето 24 кој ќе се одржи на 21 ноември во Брисел. Преку анализа на сите релевантни ЕУ прописи за Поглавјето 24, во корелација со нивното досегашно имплементирање во нашата држава, заеднички ќе утврдиме насоки  за понатамошен развој на сите сегменти на нашето работење, рече министерот Спасовски. 

The post Годинава осум жртви на трговија со луѓе, од кои седум се деца appeared first on Република.

]]>
Од осум жртви на трговија со луѓе годинава, седум се малолетни, предаторите се повеќе го користат интернетот https://republika.mk/vesti/makedonija/od-osum-zrtvi-na-trgovija-so-lugje-godinava-sedum-se-maloletni-predatorite-se-povekje-go-koristat-internetot/ Tue, 18 Oct 2022 11:01:04 +0000 https://republika.mk/?p=562498

Од осум жртви на трговија со луѓе годинава, седум се малолетни. Генерално, трговијата со луѓе како кривично дело се повеќе се прави преку Интернет, а загрижува и фактот што возрасната граница се намалува и доколку жртвите пред десетина години биле од 16 години нагоре, сега жрвтите се од 10 до 17 години. Криминалците се повеќе ја таргетираат онаа група што најмногу го користи интернетот, а најмалку се информирани за опасносните.

Во рамки на одбележувањето на Европскиот ден за борба против трговија со луѓе – 18 октомрви, МВР заедно со партнерите од ОН, Советот на Европа и Отворена порта ќе поделат брошури за подигање на свеста на учениците за опасноста од злоупотреба на компјутерската технологија низ 33 училишта во земјава.

Државната секретарка на МВР и национална координаторка за борба против трговија со луѓе Магдалена Несторовска посочи дека генерално самата трговија со луѓе како кривично дело се повеќе се прави преку злоупотреба на информатичката технологија.

Користењето на онлајн комуникацијата за криминалците овозможува поголема анонимност и поголема профитабилносот и заради тоа се повеќе се ориентираат на регрутирање и контрола на жртвите преку интернет комуникација, изјави Несторовска.

Несторовска посочи дека од осум жртви на трговија со луѓе годинава, една е конкретно жртва преку онлајн комуникација.

Според извршната директорка на „Отворена порта“ Јасмина Димишковска Рајковска, модерното време и употребата на интернет и технологија ги изложува децата се повеќе на ризик, посочувајќи дека резултатите од нивните истражувања покажуваат дека децата ги користат социјалните платформи „Снепчат“, „Твитер“, „Инстаграм“ и т.н. стапуваат во контакт со лица кои ги познаваат и не ги познаваат.

Загрижува делот што открива дека најголем дел од нив стапиле во контакт со лице што не го познаваат, а подоцна дел од нив оствариле и физички контакт со такви лица, изјави Рајковска.

Родителите, порача Рајковска, треба да внимаваат на кои платформи се децата и да водат малку повеќе контрола за тоа што прават децата и со кого комуницираат на интернет. Истовремено, според неа, треба да се разработат и стратегии за подигање на свеста кај децата за ризикот од интернет и како безбедно да се користи.

The post Од осум жртви на трговија со луѓе годинава, седум се малолетни, предаторите се повеќе го користат интернетот appeared first on Република.

]]>

Од осум жртви на трговија со луѓе годинава, седум се малолетни. Генерално, трговијата со луѓе како кривично дело се повеќе се прави преку Интернет, а загрижува и фактот што возрасната граница се намалува и доколку жртвите пред десетина години биле од 16 години нагоре, сега жрвтите се од 10 до 17 години. Криминалците се повеќе ја таргетираат онаа група што најмногу го користи интернетот, а најмалку се информирани за опасносните. Во рамки на одбележувањето на Европскиот ден за борба против трговија со луѓе – 18 октомрви, МВР заедно со партнерите од ОН, Советот на Европа и Отворена порта ќе поделат брошури за подигање на свеста на учениците за опасноста од злоупотреба на компјутерската технологија низ 33 училишта во земјава. Државната секретарка на МВР и национална координаторка за борба против трговија со луѓе Магдалена Несторовска посочи дека генерално самата трговија со луѓе како кривично дело се повеќе се прави преку злоупотреба на информатичката технологија.
Користењето на онлајн комуникацијата за криминалците овозможува поголема анонимност и поголема профитабилносот и заради тоа се повеќе се ориентираат на регрутирање и контрола на жртвите преку интернет комуникација, изјави Несторовска.
Несторовска посочи дека од осум жртви на трговија со луѓе годинава, една е конкретно жртва преку онлајн комуникација. Според извршната директорка на „Отворена порта“ Јасмина Димишковска Рајковска, модерното време и употребата на интернет и технологија ги изложува децата се повеќе на ризик, посочувајќи дека резултатите од нивните истражувања покажуваат дека децата ги користат социјалните платформи „Снепчат“, „Твитер“, „Инстаграм“ и т.н. стапуваат во контакт со лица кои ги познаваат и не ги познаваат.
Загрижува делот што открива дека најголем дел од нив стапиле во контакт со лице што не го познаваат, а подоцна дел од нив оствариле и физички контакт со такви лица, изјави Рајковска.
Родителите, порача Рајковска, треба да внимаваат на кои платформи се децата и да водат малку повеќе контрола за тоа што прават децата и со кого комуницираат на интернет. Истовремено, според неа, треба да се разработат и стратегии за подигање на свеста кај децата за ризикот од интернет и како безбедно да се користи.

The post Од осум жртви на трговија со луѓе годинава, седум се малолетни, предаторите се повеќе го користат интернетот appeared first on Република.

]]>
Одбележување на Европскиот ден за борба против трговија со луѓе https://republika.mk/vesti/crna-hronika/odbelezuvanje-na-evropskiot-den-za-borba-protiv-trgovija-so-lugje/ Tue, 18 Oct 2022 06:53:53 +0000 https://republika.mk/?p=562345

Во основното училиште „Димитар Миладинов“  во Скопје денеска преку презентација на совети како да се заштитиме себеси и најблиските од трговијата со луѓе ќе се одржи настан со цел да се подигне јавната свест за оваа појава.

За таа цел, како што информираат од МВР, изготвени се информативни материјали со поддршка на Европската Унија и Советот на Европа, а кампањата ја спроведува Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција во соработка со СВР Скопје, секторите за превенција и Здружението на граѓани Отворена Порта-Ла Страда.

По повод одбележувањето на Европскиот ден за борба против трговија со луѓе, изјава за медиуми ќе даде државната секретарка на МВР и национална координаторка за борба против трговија со луѓе Магдалена Несторовска. 

The post Одбележување на Европскиот ден за борба против трговија со луѓе appeared first on Република.

]]>

Во основното училиште „Димитар Миладинов“  во Скопје денеска преку презентација на совети како да се заштитиме себеси и најблиските од трговијата со луѓе ќе се одржи настан со цел да се подигне јавната свест за оваа појава. За таа цел, како што информираат од МВР, изготвени се информативни материјали со поддршка на Европската Унија и Советот на Европа, а кампањата ја спроведува Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција во соработка со СВР Скопје, секторите за превенција и Здружението на граѓани Отворена Порта-Ла Страда. По повод одбележувањето на Европскиот ден за борба против трговија со луѓе, изјава за медиуми ќе даде државната секретарка на МВР и национална координаторка за борба против трговија со луѓе Магдалена Несторовска. 

The post Одбележување на Европскиот ден за борба против трговија со луѓе appeared first on Република.

]]>
Стејт департмент: Македонските влaсти повеќе да се ангажираат во спречување на трговијата со луѓе https://republika.mk/vesti/makedonija/stejt-department-makedonskite-vlasti-povekje-da-se-angaziraat-vo-sprechuvanje-na-trgovijata-so-lugje/ Wed, 20 Jul 2022 20:00:35 +0000 https://republika.mk/?p=531583

На властите во Македонија, САД им препорачуваат спроведување построги истраги, за гонење и осуда на осомничените трговци со луѓе, како и да не се изземаат и официјални лица за кои има сомнежи за соучество.

Владата на Македонија не ги исполнува до крај минималните стандарди за елиминација на трговијата со луѓе, но прави значајни напори во таа насока, се вели во годинашниот Извештај за спречување на трговијата со луѓе, што синоќа го објави американскиот Стејт департмент.

Според тој извештај, Македонија се наоѓа на второ ниво заедно со осумдесетина земји од светот, меѓу кои се и Албанија, Хрватска, Грција, Унгарија, Италија. За споредба, во погорното, ниво број 1, се наоѓаат САД, Канада, Франција, САД, Финска, каде напорите за спречување на трговијата со луѓе се значајно повисоки.

Во извештајот за 2021 година, се наведува дека македонските власти презеле напори за судска разрешница на повеќе случаи и развиле пристап што е ориентиран кон посттрауматска заштита на жртвите и децата од трговијата со луѓе. Сепак, се додава дека стандардите во повеќе клучни области не се исполнети.

-Намален е бројот на обвиненија против трговци со луѓе, додека полицијата и натаму се соочува со недостиг од доволно финансии и опрема за да спроведе проактивни истраги, стои во дел од извештајот.

Во текстот се додава дека Јавното обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, немало доволно ресурси, персонал и дигитални можности за менаџирање за да се справи со сите случаи во негова надлежност.

Критика се упатува и за недоволното финансирање за потребните полициски тимови.

Во документот, на македонските власти им се препорачува да спроведат построги истраги, да ги гонат и осудат осомничените трговци со луѓе, како и да не се заобиколуваат и официјалните лица за кои има сомнежи за соучество. Стејт департментот препорачува и построги и подолги затворски казни.

Во дел од препораките стои и потребата од издвојување повеќе пари за обезбедување на потребните ресурси за полицијата и за истражителите, а со цел за да се овозможи поефикасно детектирање и спречување на трговијата со луѓе.

Стејт департментот, меѓу другото, препорачува и повеќе средства за помош на жртвите од трговија со луѓе, обуки на специјализирани тимови од социјални работници, поефикасни законски легислативи, обезбедување центри за заштита, како и правна помош за жртвите.

Во однос на регистрираните случаи, во 2021 биле идентификувани 48 жртви на трговија со луѓе, што многу повеќе во однос на претходната, 2020 година, кога биле регистрирани седум жртви. Од тие 48 лица, четириесет биле изложени на принудна работа, две лица биле принудувани на сексуални услуги, две за сексуални услуги и за принудна работа. Четири од откриените случаи, пак, биле жртви на принудна работа преку брак од изнуда. Од нив, 36 биле жени.

Според анализите од изминатите пет години, жени и девојки кои се жртви на трговијата со луѓе, биле присилени на сексуални услуги и принудна работа во ресторани, барови и ноќни клубови во земјава. Дел од овие жени и девојки биле транспортирани и во земјите на Западна Европа, каде се присилени на физичка работа и сексуални услуги.

Во извештајот се наведуваат и случаи од ромската заедница. Притоа се вели дека трговците, кои се најчесто роднини или блиски познаници на семејствата, ги експлоатираат децата преку нивно присилување да питачат, но и да даваат сексуални услуги преку принудни бракови.

The post Стејт департмент: Македонските влaсти повеќе да се ангажираат во спречување на трговијата со луѓе appeared first on Република.

]]>

На властите во Македонија, САД им препорачуваат спроведување построги истраги, за гонење и осуда на осомничените трговци со луѓе, како и да не се изземаат и официјални лица за кои има сомнежи за соучество. Владата на Македонија не ги исполнува до крај минималните стандарди за елиминација на трговијата со луѓе, но прави значајни напори во таа насока, се вели во годинашниот Извештај за спречување на трговијата со луѓе, што синоќа го објави американскиот Стејт департмент. Според тој извештај, Македонија се наоѓа на второ ниво заедно со осумдесетина земји од светот, меѓу кои се и Албанија, Хрватска, Грција, Унгарија, Италија. За споредба, во погорното, ниво број 1, се наоѓаат САД, Канада, Франција, САД, Финска, каде напорите за спречување на трговијата со луѓе се значајно повисоки. Во извештајот за 2021 година, се наведува дека македонските власти презеле напори за судска разрешница на повеќе случаи и развиле пристап што е ориентиран кон посттрауматска заштита на жртвите и децата од трговијата со луѓе. Сепак, се додава дека стандардите во повеќе клучни области не се исполнети.
-Намален е бројот на обвиненија против трговци со луѓе, додека полицијата и натаму се соочува со недостиг од доволно финансии и опрема за да спроведе проактивни истраги, стои во дел од извештајот.
Во текстот се додава дека Јавното обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, немало доволно ресурси, персонал и дигитални можности за менаџирање за да се справи со сите случаи во негова надлежност. Критика се упатува и за недоволното финансирање за потребните полициски тимови. Во документот, на македонските власти им се препорачува да спроведат построги истраги, да ги гонат и осудат осомничените трговци со луѓе, како и да не се заобиколуваат и официјалните лица за кои има сомнежи за соучество. Стејт департментот препорачува и построги и подолги затворски казни. Во дел од препораките стои и потребата од издвојување повеќе пари за обезбедување на потребните ресурси за полицијата и за истражителите, а со цел за да се овозможи поефикасно детектирање и спречување на трговијата со луѓе. Стејт департментот, меѓу другото, препорачува и повеќе средства за помош на жртвите од трговија со луѓе, обуки на специјализирани тимови од социјални работници, поефикасни законски легислативи, обезбедување центри за заштита, како и правна помош за жртвите. Во однос на регистрираните случаи, во 2021 биле идентификувани 48 жртви на трговија со луѓе, што многу повеќе во однос на претходната, 2020 година, кога биле регистрирани седум жртви. Од тие 48 лица, четириесет биле изложени на принудна работа, две лица биле принудувани на сексуални услуги, две за сексуални услуги и за принудна работа. Четири од откриените случаи, пак, биле жртви на принудна работа преку брак од изнуда. Од нив, 36 биле жени. Според анализите од изминатите пет години, жени и девојки кои се жртви на трговијата со луѓе, биле присилени на сексуални услуги и принудна работа во ресторани, барови и ноќни клубови во земјава. Дел од овие жени и девојки биле транспортирани и во земјите на Западна Европа, каде се присилени на физичка работа и сексуални услуги. Во извештајот се наведуваат и случаи од ромската заедница. Притоа се вели дека трговците, кои се најчесто роднини или блиски познаници на семејствата, ги експлоатираат децата преку нивно присилување да питачат, но и да даваат сексуални услуги преку принудни бракови.

The post Стејт департмент: Македонските влaсти повеќе да се ангажираат во спречување на трговијата со луѓе appeared first on Република.

]]>
Не сум тој кој мислите дека сум: Мо Фарах го открива својот вистински идентитет, бил жртва на трговија со луѓе и ропство во Обединетото Кралство https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/ne-sum-toj-koj-mislite-deka-sum-mo-farah-go-otkriva-svojot-vistinski-identitet-bil-zrtva-na-trgovija-so-lugje-i-ropstvo-vo-obedinetoto-kralstvo/ Tue, 12 Jul 2022 11:21:02 +0000 https://republika.mk/?p=527465

Британскиот атлетичар Мо Фарах, кој неодамна објави дека се повлекува од атлетиката на 39-годишна возраст, во документарниот филм на Би-Би-Си „Вистинскиот Мо Фарах“ откри дека бил жртва на трговија со луѓе и модерно ропство (бил принуден да работи како домашен работник). во Британија.

Вистината е дека јас не сум тој кој мислите дека сум - вели Мо Фара, откривајќи го својот вистински идентитет во документарецот.

Британецот, кој беше олимписки, светски и европски шампион на 5.000 и 10.000 метри, открива дека неговото вистинско име е Хусеин Абди Кахин, а жената која го натерала да лета од Џибути за Велика Британија кога имал само девет години го принудила да преземе име на друго момче по име Мохамед Фарах.

Вистинската приказна е дека сум роден во Сомалиленд, северно од Сомалија, како Хусеин Абди Кахин. И покрај она што беше кажано во минатото, моите родители никогаш не живееле во Обединетото Кралство. Кога имав четири години, татко ми беше убиен во граѓанската војна и моето семејство беше поделено. Ме одвоија од мајка ми и илегално ме доведоа во Обединетото Кралство под името на друго момче - вели Фарах.

Често помислувам на другиот Мохамед Фарах, момчето коешто „го симнав“ од седиштето во тој авион. Навистина се надевам дека е добро - додава наградуваниот спортист.

По пристигнувањето во Велика Британија, малиот Мо Фарах, кој мислел дека ќе живее со роднините, видел како жената со која патувал во авионот му ги земала документите и ги искинала.

Имав контакти од моите роднини, но кога стигнавме до нејзината куќа во Хаунслоу (Западен Лондон), госпоѓата ми ги зеде, ги искина пред мене и ги фрли во канта. Тогаш сфатив дека сум во неволја - вели атлетичарот.

Фарах, под присила од жената, бил принуден да се грижи за другите деца и да врши домашна работа доколку „сака да има храна во устата“.

Ми велеше дека ако некогаш сакам повторно да го видам семејството, не кажувај ништо. Честопати се заклучував во бањата и плачев - вели Фарах.

https://www.youtube.com/watch?v=EzXNe-QX8k4&feature=emb_title

Семејството кое го експлоатирало, не му дозволило да оди на училиште до 12-годишна возраст, а Фарах успеал да се извлече од тој кошмар откако му ја раскажал својата реалност на својот учител на јавниот колеџ Фелтам, Алан Воткинсон, кој му нашол дом и помогнал тој да добие британско државјанство по „долг процес“ и „добиено со измама или лажно претставување“.

Долго го чував сето ова за себе, но тешко е кога си очи во очи со своите деца и често ме прашуваат „Тато, како беше тоа? Секогаш имаш одговори за се, но за тоа не кажуваш ништо...“ Тоа е главната причина зошто ја објаснувам мојата приказна. Сакам да се чувствувам како некој нормален, а не како некој што крие нешто - објаснува Фарах во документарецот.

The post Не сум тој кој мислите дека сум: Мо Фарах го открива својот вистински идентитет, бил жртва на трговија со луѓе и ропство во Обединетото Кралство appeared first on Република.

]]>

Британскиот атлетичар Мо Фарах, кој неодамна објави дека се повлекува од атлетиката на 39-годишна возраст, во документарниот филм на Би-Би-Си „Вистинскиот Мо Фарах“ откри дека бил жртва на трговија со луѓе и модерно ропство (бил принуден да работи како домашен работник). во Британија.
Вистината е дека јас не сум тој кој мислите дека сум - вели Мо Фара, откривајќи го својот вистински идентитет во документарецот.
Британецот, кој беше олимписки, светски и европски шампион на 5.000 и 10.000 метри, открива дека неговото вистинско име е Хусеин Абди Кахин, а жената која го натерала да лета од Џибути за Велика Британија кога имал само девет години го принудила да преземе име на друго момче по име Мохамед Фарах.
Вистинската приказна е дека сум роден во Сомалиленд, северно од Сомалија, како Хусеин Абди Кахин. И покрај она што беше кажано во минатото, моите родители никогаш не живееле во Обединетото Кралство. Кога имав четири години, татко ми беше убиен во граѓанската војна и моето семејство беше поделено. Ме одвоија од мајка ми и илегално ме доведоа во Обединетото Кралство под името на друго момче - вели Фарах.
Често помислувам на другиот Мохамед Фарах, момчето коешто „го симнав“ од седиштето во тој авион. Навистина се надевам дека е добро - додава наградуваниот спортист.
По пристигнувањето во Велика Британија, малиот Мо Фарах, кој мислел дека ќе живее со роднините, видел како жената со која патувал во авионот му ги земала документите и ги искинала.
Имав контакти од моите роднини, но кога стигнавме до нејзината куќа во Хаунслоу (Западен Лондон), госпоѓата ми ги зеде, ги искина пред мене и ги фрли во канта. Тогаш сфатив дека сум во неволја - вели атлетичарот.
Фарах, под присила од жената, бил принуден да се грижи за другите деца и да врши домашна работа доколку „сака да има храна во устата“.
Ми велеше дека ако некогаш сакам повторно да го видам семејството, не кажувај ништо. Честопати се заклучував во бањата и плачев - вели Фарах.
https://www.youtube.com/watch?v=EzXNe-QX8k4&feature=emb_title Семејството кое го експлоатирало, не му дозволило да оди на училиште до 12-годишна возраст, а Фарах успеал да се извлече од тој кошмар откако му ја раскажал својата реалност на својот учител на јавниот колеџ Фелтам, Алан Воткинсон, кој му нашол дом и помогнал тој да добие британско државјанство по „долг процес“ и „добиено со измама или лажно претставување“.
Долго го чував сето ова за себе, но тешко е кога си очи во очи со своите деца и често ме прашуваат „Тато, како беше тоа? Секогаш имаш одговори за се, но за тоа не кажуваш ништо...“ Тоа е главната причина зошто ја објаснувам мојата приказна. Сакам да се чувствувам како некој нормален, а не како некој што крие нешто - објаснува Фарах во документарецот.

The post Не сум тој кој мислите дека сум: Мо Фарах го открива својот вистински идентитет, бил жртва на трговија со луѓе и ропство во Обединетото Кралство appeared first on Република.

]]>
За секс ја продавале нејзините мајка и сестра: Шест лица ќе се гонат за трговија со луѓе https://republika.mk/vesti/crna-hronika/za-seks-ja-prodavale-nejzinite-majka-i-sestra-shest-lica-kje-se-gonat-za-trgovija-so-lugje/ Thu, 02 Jun 2022 13:02:21 +0000 https://republika.mk/?p=510214

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, по преземените предистражни дејствија, денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против шест лица. Четворица од осомничените заедно, со умисла извршиле повеќе временски поврзани дејства што претставуваат повеќекратно остварување на кривичното дело Трговија со луѓе, а останатите двајца се товарат дека го сториле истото кривично дело.

Како што информира Јавното обвинителство, од декември 2021 година до април 2022., трето и четвртоосомничените – мајка и сестра на посебно чувствителната жртва, ја врбувале девојката​ злоупотребувајќи ја својата положба како најблиски роднини на жртвата врз која имаат контрола, како и нејзината ментална неспособност. Потоа ја предавале на прво и второосомничените кои ја прифаќале и засолнувале во нивните домови заради сексуална експлоатација со нив и со други НН лица, за што на осомничените мајка и сестра на жртвата им давале надомест во пари или друга корист.

Жртвата е пронајдена од страна на полициските службеници од МВР во домот на шестоосомничениот кој ја прифатил со цел сексуално и трудово да ја искористува за надомест од 5.000 денари.

Надлежниот обвинител, ценејќи дека постојат услови кои укажуваат на неопходноста од определувањето на мерката притвор, односно дека осомничените ќе се дадат во бегство, ќе ја попречуваат истрагата со сокривање или уништување на трагите на кривичните дела, особено земајќи го предвид фактот што од страна на обвинителството сѐ уште се преземаат дејствија за собирање и обезбедување на докази важни за правилно утврдување на фактичката состојба. Воедно, постои основано сомневање доколку осомничените бидат на слобода можат да влијаат и да се закануваат на потенцијалните сведоци, како и да го повторат делото. Поради сите овие околности, обвинителството му предложи на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје да им биде определена мерка притвор на сите осомничени.​

The post За секс ја продавале нејзините мајка и сестра: Шест лица ќе се гонат за трговија со луѓе appeared first on Република.

]]>

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, по преземените предистражни дејствија, денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против шест лица. Четворица од осомничените заедно, со умисла извршиле повеќе временски поврзани дејства што претставуваат повеќекратно остварување на кривичното дело Трговија со луѓе, а останатите двајца се товарат дека го сториле истото кривично дело. Како што информира Јавното обвинителство, од декември 2021 година до април 2022., трето и четвртоосомничените – мајка и сестра на посебно чувствителната жртва, ја врбувале девојката​ злоупотребувајќи ја својата положба како најблиски роднини на жртвата врз која имаат контрола, како и нејзината ментална неспособност. Потоа ја предавале на прво и второосомничените кои ја прифаќале и засолнувале во нивните домови заради сексуална експлоатација со нив и со други НН лица, за што на осомничените мајка и сестра на жртвата им давале надомест во пари или друга корист. Жртвата е пронајдена од страна на полициските службеници од МВР во домот на шестоосомничениот кој ја прифатил со цел сексуално и трудово да ја искористува за надомест од 5.000 денари. Надлежниот обвинител, ценејќи дека постојат услови кои укажуваат на неопходноста од определувањето на мерката притвор, односно дека осомничените ќе се дадат во бегство, ќе ја попречуваат истрагата со сокривање или уништување на трагите на кривичните дела, особено земајќи го предвид фактот што од страна на обвинителството сѐ уште се преземаат дејствија за собирање и обезбедување на докази важни за правилно утврдување на фактичката состојба. Воедно, постои основано сомневање доколку осомничените бидат на слобода можат да влијаат и да се закануваат на потенцијалните сведоци, како и да го повторат делото. Поради сите овие околности, обвинителството му предложи на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје да им биде определена мерка притвор на сите осомничени.​

The post За секс ја продавале нејзините мајка и сестра: Шест лица ќе се гонат за трговија со луѓе appeared first on Република.

]]>
Интерпол во Молдавија ќе испитува дали навистина има трговија со украински бегалци https://republika.mk/vesti/svet/interpol-vo-moldavija-kje-ispituva-dali-navistina-ima-trgovija-so-ukrainski-begalci/ Fri, 25 Mar 2022 22:44:26 +0000 https://republika.mk/?p=478704

Интерпол испрати свој тим во Молдавија поради загриженост од опасноста за трговија со луѓе, откако во земјата пристигнаа голем број бегалци од Украина. Инспекторите на Интерпол се испратени во главниот град Кишињев и во неколку бегалски кампови.

Интерпол добил неколку извештаи кои сугерираат дека во земјата се одвива трговија со украинските бегалци.

Од почетокот на руската воена акција во Украина, речиси 380.000 Украинци избегаа во соседна Молдавија, земја со 2,6 милиони жители, која е една од најсиромашните земји во Европа.

Меѓународната полициска агенција примила неколку пријави за трговци и за криумчари на луѓе кои ги следат ранливите Украинци. Децата и малолетниците без придружба се посебно ранливи групи, се наведува во соопштението на Интерпол.

The post Интерпол во Молдавија ќе испитува дали навистина има трговија со украински бегалци appeared first on Република.

]]>

Интерпол испрати свој тим во Молдавија поради загриженост од опасноста за трговија со луѓе, откако во земјата пристигнаа голем број бегалци од Украина. Инспекторите на Интерпол се испратени во главниот град Кишињев и во неколку бегалски кампови. Интерпол добил неколку извештаи кои сугерираат дека во земјата се одвива трговија со украинските бегалци. Од почетокот на руската воена акција во Украина, речиси 380.000 Украинци избегаа во соседна Молдавија, земја со 2,6 милиони жители, која е една од најсиромашните земји во Европа. Меѓународната полициска агенција примила неколку пријави за трговци и за криумчари на луѓе кои ги следат ранливите Украинци. Децата и малолетниците без придружба се посебно ранливи групи, се наведува во соопштението на Интерпол.

The post Интерпол во Молдавија ќе испитува дали навистина има трговија со украински бегалци appeared first on Република.

]]>