трчање Archives - Република https://republika.mk/tema/trchanje/ За подобро да се разбереме Tue, 17 Sep 2024 15:51:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png трчање Archives - Република https://republika.mk/tema/trchanje/ 32 32 Во тек е пријавувањето за маратонот „11 Октомври“ Лозово 2024 https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/vo-tek-e-prijavuvaneto-za-maratonot-11-oktomvri-lozovo-2024/ Tue, 17 Sep 2024 15:48:03 +0000 https://republika.mk/?p=817176

Трета година по ред во Општина Лозово се организира атлетска трка насловена маратон „11 Октомври“, која се организира во чест на празникот. Се работи за четири различни трки., на кои покрај возрасните мажи и жени можат да учествуваат и деца и млади од седум до 18 години. Главната трка, за возрасните на 15 километри ќе изнесува 120 минути од стартот на трката.

Градоначалникот на Општина Лозово Бошко Цветковски информира дека за разлика од другите трки во земјава и оваа трета година за оваа трка не се плаќа котизација, туку трката е бесплатна за сите учесници. Заинтересираните може да се пријават на телефонот на 032/ 458-458 или во порака на официјалната ФБ страна на организаторот.

Патеката за трката маратон „11-ти Октомври“ Лозово 2024 е кружна, при што учесниците на трката на 15 километри трчаат еден круг. Стартот и целта на патеката е на ул. „Маршал Тито“ бб Лозово, пред поштата и патеката опфаќа локални асфалтирани и земјени патишта кои поминуваат низ населени места по следниот редослед: Лозово, Милино, Каратманово, Дорфулија, Лозово. Со оглед на тоа што патеката е со должина од 15 километри, освежителни станици ќе има поставено на повеќе локации долж патеката.

Оваа година ќе бидат опфатени четири различни трки и тоа на 15.000 метри, на 100 метри, на 200 и на 400 метри.

Првата, односно главната трка на 15.000 метри ќе започне во 10:00 часот и ќе биде за возрасни учесници, трката на 100 метри ќе започне пет минути подоцна и на неа учество ќе можат да земат деца од седум до 10 години, потоа на 200 метри ќе се натпреваруваат деца од 11 до 14 година и нивниот старт ќе биде во 10:20 часот и на 400 метри за тинејџерите од 15 до 18 години со старт во 10:40 часот.

Организаторите појаснуваат дека при евентуални промени во термините за старт сите учесници ќе бидат известени преку официјалниот фејсбук профил на организаторот. На крајот од трката предвидени се и награди за најбрзите тројца учесници во трката на 15 километри во две категории, мажи и жени.

The post Во тек е пријавувањето за маратонот „11 Октомври“ Лозово 2024 appeared first on Република.

]]>

Трета година по ред во Општина Лозово се организира атлетска трка насловена маратон „11 Октомври“, која се организира во чест на празникот. Се работи за четири различни трки., на кои покрај возрасните мажи и жени можат да учествуваат и деца и млади од седум до 18 години. Главната трка, за возрасните на 15 километри ќе изнесува 120 минути од стартот на трката. Градоначалникот на Општина Лозово Бошко Цветковски информира дека за разлика од другите трки во земјава и оваа трета година за оваа трка не се плаќа котизација, туку трката е бесплатна за сите учесници. Заинтересираните може да се пријават на телефонот на 032/ 458-458 или во порака на официјалната ФБ страна на организаторот. Патеката за трката маратон „11-ти Октомври“ Лозово 2024 е кружна, при што учесниците на трката на 15 километри трчаат еден круг. Стартот и целта на патеката е на ул. „Маршал Тито“ бб Лозово, пред поштата и патеката опфаќа локални асфалтирани и земјени патишта кои поминуваат низ населени места по следниот редослед: Лозово, Милино, Каратманово, Дорфулија, Лозово. Со оглед на тоа што патеката е со должина од 15 километри, освежителни станици ќе има поставено на повеќе локации долж патеката. Оваа година ќе бидат опфатени четири различни трки и тоа на 15.000 метри, на 100 метри, на 200 и на 400 метри. Првата, односно главната трка на 15.000 метри ќе започне во 10:00 часот и ќе биде за возрасни учесници, трката на 100 метри ќе започне пет минути подоцна и на неа учество ќе можат да земат деца од седум до 10 години, потоа на 200 метри ќе се натпреваруваат деца од 11 до 14 година и нивниот старт ќе биде во 10:20 часот и на 400 метри за тинејџерите од 15 до 18 години со старт во 10:40 часот. Организаторите појаснуваат дека при евентуални промени во термините за старт сите учесници ќе бидат известени преку официјалниот фејсбук профил на организаторот. На крајот од трката предвидени се и награди за најбрзите тројца учесници во трката на 15 километри во две категории, мажи и жени.

The post Во тек е пријавувањето за маратонот „11 Октомври“ Лозово 2024 appeared first on Република.

]]>
Ќе се трча од Прилеп до Трескавец и Камена Баба: Планинска трка „Крали Марко Треилс“ во Прилеп https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/ke-se-trcha-od-prilep-do-treskavets-i-kamena-baba-planinska-trka-krali-marko-treils-vo-prilep/ Sun, 10 Mar 2024 08:00:44 +0000 https://republika.mk/?p=753188

Во Прилеп денеска ќе се одржи 11. трка во планинско трчање „Крали Марко Треилс“. Од 250 пријавени учесници, 78 отсто се од земјава, а останатите 50-тина се од други 12 држави, најмногу од регионот: Србија, Косово, Грција, Албанија,... На трката ќе учествуваат повеќето од најбрзите македонски планински тркачи, репрезентацијата во планинско трчање на Србија, како и поранешната шампионка на Шведска во 100 километарски ултра маратон, Лиса Ринг.

„Крали Марко Треилс“ предвидува две трки со различни должини. Пократката, долга 18 километри, е најстарата и најпопуларна планинска трка во државава, наречена „Трескавец Треил“. Почнува од Варош во Прилеп и преку Марковите Кули и пејсажните ритчиња ги води 160-те натпреварувачи кон манастирот Трескавец, а потоа назад во Прилеп. Подолгата трка, „Камена Баба Треил“, долга 35 километри, исто така почнува од Варош и ја следи патеката до манастирот Трескавец, но оттаму продолжува низ карпести предели преку Камена Баба. За неа се пријавени 80-тина планински тркачи.

Настанот е во организација на здружението ТРЕКС од Скопје и е наменет за рекреативни, аматерски и професионални спортисти со различно ниво на физичка подготвеност.

„Крали Марко Треилс“ се одржува од 2011 година. Ги поттикнува учесниците да вложат во својот психо-физички развој и да ги надминат личните граници. Преку грижливо одбраните рути, им нуди единствена можност да ги поминат живописните предели на прилепскиот регион со уникатното природно опкружување. Настанот е вид платформа за промоција на туризмот, привлекува посетители да го искусат од прва рака неспоредливиот шарм и гостопримство што го дефинираат прилепскиот регион, а преку прикажувањето на неспоредливата убавина на прилепските патеки и пејзажи, не само што ја зајакнува локалната економија, туку и поттикнува чувство на глобално другарство меѓу учесниците, волонтерите и публиката.

 

Покрај рекреативната привлечност, трката има и културно значење. И оддава почит на легендарната фигура на Крали Марко - симбол на издржливост, храброст и издржлив дух кои се длабоко вкоренети во фолклорот на нашето поднебје. Настанот служи и како катализатор за поттикнување чувство на гордост и припадност меѓу членовите на нашата заедница, инспирирајќи ја новата генерација да го прифати наследството со страст и почит, наведуваат организаторите.

The post Ќе се трча од Прилеп до Трескавец и Камена Баба: Планинска трка „Крали Марко Треилс“ во Прилеп appeared first on Република.

]]>

Во Прилеп денеска ќе се одржи 11. трка во планинско трчање „Крали Марко Треилс“. Од 250 пријавени учесници, 78 отсто се од земјава, а останатите 50-тина се од други 12 држави, најмногу од регионот: Србија, Косово, Грција, Албанија,... На трката ќе учествуваат повеќето од најбрзите македонски планински тркачи, репрезентацијата во планинско трчање на Србија, како и поранешната шампионка на Шведска во 100 километарски ултра маратон, Лиса Ринг. „Крали Марко Треилс“ предвидува две трки со различни должини. Пократката, долга 18 километри, е најстарата и најпопуларна планинска трка во државава, наречена „Трескавец Треил“. Почнува од Варош во Прилеп и преку Марковите Кули и пејсажните ритчиња ги води 160-те натпреварувачи кон манастирот Трескавец, а потоа назад во Прилеп. Подолгата трка, „Камена Баба Треил“, долга 35 километри, исто така почнува од Варош и ја следи патеката до манастирот Трескавец, но оттаму продолжува низ карпести предели преку Камена Баба. За неа се пријавени 80-тина планински тркачи. Настанот е во организација на здружението ТРЕКС од Скопје и е наменет за рекреативни, аматерски и професионални спортисти со различно ниво на физичка подготвеност.
„Крали Марко Треилс“ се одржува од 2011 година. Ги поттикнува учесниците да вложат во својот психо-физички развој и да ги надминат личните граници. Преку грижливо одбраните рути, им нуди единствена можност да ги поминат живописните предели на прилепскиот регион со уникатното природно опкружување. Настанот е вид платформа за промоција на туризмот, привлекува посетители да го искусат од прва рака неспоредливиот шарм и гостопримство што го дефинираат прилепскиот регион, а преку прикажувањето на неспоредливата убавина на прилепските патеки и пејзажи, не само што ја зајакнува локалната економија, туку и поттикнува чувство на глобално другарство меѓу учесниците, волонтерите и публиката.   Покрај рекреативната привлечност, трката има и културно значење. И оддава почит на легендарната фигура на Крали Марко - симбол на издржливост, храброст и издржлив дух кои се длабоко вкоренети во фолклорот на нашето поднебје. Настанот служи и како катализатор за поттикнување чувство на гордост и припадност меѓу членовите на нашата заедница, инспирирајќи ја новата генерација да го прифати наследството со страст и почит, наведуваат организаторите.

The post Ќе се трча од Прилеп до Трескавец и Камена Баба: Планинска трка „Крали Марко Треилс“ во Прилеп appeared first on Република.

]]>
Вежбате за да го одложите стареењето, но хирурзите имаат лоши вести за вас кои трчате https://republika.mk/zivot/moda-i-ubavina/vezhbate-za-da-go-odlozhite-stareeneto-no-hirurzite-imaat-loshi-vesti-za-vas-koi-trchate/ Tue, 07 Mar 2023 17:41:06 +0000 https://republika.mk/?p=616429

Пластичен хирург предупредува дека постои физичка активност која често се практикува, а предизвикува побрзо стареење.

Половина од моите пациенти ме сакаат поради тоа што им го кажувам, а половина ме мразат“, вели д-р Џералд Имбер во видеото објавено на ТикТок, пренесува „Индекс Фит“.

Д-р Имбер, кој е специјализиран за процедури за лице и тело, тврди дека во прашање е – трчањето.

Притоа, тој објаснува дека повремено трчање е добро, но сè повеќе од неколку километри секој втор ден е премногу.

Дали некогаш сте виделе долгогодишен тркач кој немал слабо, виснато лице? Тоа се случува“, додава тој.

Според докторот, трчањето не влијае само на цртите на лицето, туку и на другите делови од телото.

Колената, зглобовите и грбот се трошат“, тврди тој.

И покрај сите негативни ефекти кои трчањето може да ги има врз телото, овој доктор призна дека вежбањето има придобивки и го повтори своето тврдење дека сѐ е во ред доколку трчањето се практикува умерено.

Инаку, триатлонецот д-р Кија Мовасаги тврди дека изгледот на лицето на тркачите е предизвикана од слабата фигура и постојаното изложување на сонце.

Овие карактеристики ги имаат и градинарите, скијачите, градежните работници, сурферите, морнарите, тенисерите, велосипедистите и голферите. Како што старееме, нашата кожа произведува помалку колаген и еластин, а изложеноста на УВ зраците го забрзува тој процес“, вели таа.

The post Вежбате за да го одложите стареењето, но хирурзите имаат лоши вести за вас кои трчате appeared first on Република.

]]>

Пластичен хирург предупредува дека постои физичка активност која често се практикува, а предизвикува побрзо стареење.
Половина од моите пациенти ме сакаат поради тоа што им го кажувам, а половина ме мразат“, вели д-р Џералд Имбер во видеото објавено на ТикТок, пренесува „Индекс Фит“.
Д-р Имбер, кој е специјализиран за процедури за лице и тело, тврди дека во прашање е – трчањето. Притоа, тој објаснува дека повремено трчање е добро, но сè повеќе од неколку километри секој втор ден е премногу.
Дали некогаш сте виделе долгогодишен тркач кој немал слабо, виснато лице? Тоа се случува“, додава тој.
Според докторот, трчањето не влијае само на цртите на лицето, туку и на другите делови од телото.
Колената, зглобовите и грбот се трошат“, тврди тој.
И покрај сите негативни ефекти кои трчањето може да ги има врз телото, овој доктор призна дека вежбањето има придобивки и го повтори своето тврдење дека сѐ е во ред доколку трчањето се практикува умерено. Инаку, триатлонецот д-р Кија Мовасаги тврди дека изгледот на лицето на тркачите е предизвикана од слабата фигура и постојаното изложување на сонце.
Овие карактеристики ги имаат и градинарите, скијачите, градежните работници, сурферите, морнарите, тенисерите, велосипедистите и голферите. Како што старееме, нашата кожа произведува помалку колаген и еластин, а изложеноста на УВ зраците го забрзува тој процес“, вели таа.

The post Вежбате за да го одложите стареењето, но хирурзите имаат лоши вести за вас кои трчате appeared first on Република.

]]>
Трчајте, предизвикувајте се себе си, човекот не е скроен само за комфорна зона https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/trchajte-predizvikuvajte-se-sebe-si-chovekot-ne-e-skroen-samo-za-komforna-zona/ Mon, 05 Sep 2022 14:15:29 +0000 https://republika.mk/?p=547688

Тамара Јолевска Попов (35) вчера во Битола, на атлетскиот настан Трчај бе победи на Државното првенство во полумаратон во категорија жени и го освои второто место во апсолутна категорија на Трчај бе. Почнала да трча рекреативно за време на пандемијата, а во меѓувреме стана сериозна натпреварувачка која освојува пиедестали.

Јолевска Попов му го препорачува трчањето секому кој нема нема здравствена индикација да не трча.

Трачањето е здрава и многу убава активност. Чувството по тренингот, она кога ги собираш плодовите од својата напорна физичка работа, е бесценето. Трчајте, предизвикајте се себе си. Не сте свесни за можностите на своето тело, вели Јолевска Попов во разговор за „Република“.

На 18 септември во Скопје ќе се одржи Колор ран 2022 трка, со која ќе се одбележи вториот роденден на клубот ателтскиот клуб Корраннерс. Јолевска Попов е директор на трката на која ќе се одвива долж реката Вардар. Колор ран 2022 ќе биде атлетско уживање на професионална патека од 10 километри, рекреативна од 2,5км како и детска трка од 500 метри која е новитет.

[caption id="attachment_547689" align="alignnone" width="960"] Прво место на Државното првенство во полумаратон во категорија жени во Битола, на Трчај бе[/caption]

Тамара, како од балелрина, танчерка, професорка на факултет и писателка стана тркачка-маратонка, полумаратнока?

ЈОЛЕВСКА ПОПОВ: Како? Лесно. Откако знам за себе повеќе сум на нозе отколку што седам. Моите почетоци со каква било физичка активност се во далечната 1991. Од тогаш до сега беше балет, балет и само балет. Не ни знаев дека тој херкулес допинг што го добиле моите нозе еден ден ќе ме однесе кон еден од најубавите спортови, атлетиката. Трчав мрзливо на почетокот, со брзина на желка. Не од немукает, туку од незнаење. За време на здравствената криза тоа ми беше аутлет од секојдневието. На Трчаме кон целта ги сретнав Корраннерс, каде што створив многу вредни пријателства. Е, тука дојде структурата во тренинзите на ред. Му благодарам на Бојан што ми објаснуваше трпеливо како да тренирам кога виде потенцијал за да постигнам многу повеќе отколку што мислам дека можам. Лани на Скопски маратон, официјално станав маратонка. И не каква било, туку третопласирана на Националното првенство во маратон во женска категорија.

[caption id="attachment_547692" align="alignnone" width="720"] Трето место на скопскиот маратон[/caption]

Кога почна да трчаш? Што те мотивираше?

ЈОЛЕВСКА ПОПОВ: Не се сеќавам точно кога почнав да трчам. Само се сеќавам дека кога официјално бев балерина, трчањето го сметав за нешто многу здодевно. А, тоа да ти било одлична активност за беспрекорна ментална хигиена. Мене ме мотивира упорноста да се постигне нешто и каков-таков успех по вложениот труд. Почнав да тренирам сериозно во 2021 и кога видов резултати, се навлеков. Немаше назад. Прво беа полумаратоните и како круна на минатогодишниот труд, мојот прв прилично успешен маратон.

Ако средовчени луѓе почнуваат да трчаат бидејќи сметаат дека треба да бидат активни и да направат нешто добро за себе, ти освен што почна да тренираш, сериозно си ја сфати работата и почна да освојуваш пиедестали.

ЈОЛЕВСКА ПОПОВ: Токму така. Ама и јас се сметам за средновечна, барем во атлетиката. Почнав на 34 сериозно, а на 35 во атлетиката си веќе ветеран. Како што претходно споменав, ме мотивира напорна работа и позитивен резултат. Е, кога ќе забележам дека има резултат, тука се засилуваат упорноста и тврдоглавоста. Минатата сезона навистина сериозно се посветив на тренинзите, не занемарувајќи ниту еден друг аспект од мојот живот и успеав повеќе пати да се кажам на пиедестал, а и да скинам една лента на Кавадаречкиот полумаратон. Убавината во упорноста во мојата ситуација е дека имав огромна поддршка од сопругот Бодин кој го трпеше секој мој аларм во 3.50 наутро затоа што знаеше колку тоа ме прави среќна.
Моите дома имаат еден прекар за мене, Атомска мравка. Откако си го отпечатив тоа на дресот, цел клуб ме вика така. Тоа ја отсликува мојата упорност.

[caption id="attachment_547694" align="alignnone" width="1080"] Атомската мравка[/caption]

Каков е твојот ритуал, трчаш сама, во друштво...?

ЈОЛЕВСКА ПОПОВ: Скопје е интересен град каде што и да сакаш никогаш не можеш да трчаш сам. Само излези на кеј, или за мене и на локалната трим патека, секогаш има некој да те поздрави, да ти поправи друштво и муабет 4-5км, така што мојот ритуал е да трчам, а друштвото е најпријатниот бенефит од оваа активност.

Кому ќе му го препорачаш трчањето и зошто?

ЈОЛЕВСКА ПОПОВ: Секому. Освен ако нема здравствена индикација да не трча, секако да посвети бар 30 минути, тоа се некои 5км на оваа репетитивна, здрава и многу убава активност. Може нема да ужива во секоја секунда, но чувството по тренингот, она кога ги собираш плодовите од својата напорна физичка работа, е бесценето. Трчајте, прееизвикајте се себе си. Не сте свесни за можностите на своето тело. Не е човекот скроен само за комфорна зона. Вистинските предизвици можат да направат да се чувствуваме како супер-луѓе.

Дали во Скопје и во Македонија има сериозна критична маса на која трчањето им е влезено во крвта?

ЈОЛЕВСКА ПОПОВ: И тоа како. Како што споменав, кејот, трим патеките, сѐ е полно во секое време од денот. Тоа се истите тие луѓе со кои утре по трчањето ќе си наздравите со пиво и ќе си раскажувате за патики, часовници, пејсови, трчачки повреди и болки и уште ред други работи. Убавината е што оваа критична маса како да се зголемува од ден во ден. И тоа навистина многу ме радува.

Каде сè имаш учестувавано и кои се твоите најдобри резултати?

ЈОЛЕВСКА ПОПОВ: Имам учествувано на многу трки. Главно низ Македонија, а најдалечната трка ми е во Белград. Би сакаа еден ден да имам шанса да учествувам и на некој од светските маратонски мејџори, но тоа е подвиг за понатаму.

Како мои најдобри резултати би ги издвоила мојата прва трка што заврши со пиедестал, а тоа е Харткор трката организирана од мојот клуб Корраннерс каде што освоив трето место, победата на Кавадаречкиот полумаратон оваа пролет, третото место на полумаратонот Трчај бе во Битола лани и секако, мојот најуспешен настап на Скопски маратон, исто лани, каде што освоив трето место на Национално првенство во маратон во женска конкуренција. Токму овој настап ми овозможи и покана да настапам на Балканско првенство во полумаратон во Ќустендил, Бугарија оваа есен како дел од македонската репрезентација.

Ти си директор на трката Колор ран 2022 која на 18 септември ќе се трча во Скопје. Можеш ли да ни кажеш нешто повеќе за трката? Кој може да се пријави, каде ќе се трча?

ЈОЛЕВСКА ПОПОВ: Трката ќе биде еден невиден спектакл. Го одбележува вториот роденден на клубот Корраннерс, но овој пат со партнер, ребрендирана и приближно 5 пати поголема од првиот роденден, првата трка.

Започнуваме пред Ист гејт мол, на платото пред трговскиот центар и по приближно 2 км кон Мавровка и МАНУ, слегуваме на кеј од десната, онаа помалку позната на трчачите, страна. Трчаме кон Систина и вртиме пред болницата за да се вратиме назад и финишираме зад молот, во нивниот амфитеатар на огромна забава и прогласување на победниците. Трките на 2,5км тимска и детската трка исто така финишираат во амфитеатарот на забавата.

На Колорран може да трча секој. Дистанците не се премногу долги, дури и 10км не е предолго доколку тренирате 2-3 пати во неделата. Трките се често фокусирани само на трчачката заедница, но покрај неа, овој пат ги мотивираме компаниите да пријават своите тимови на тимската трка и да работат заедно кон заедничка победа. Децата, пак, за нас се најсветлата точка на овој настан. Имаме пријавени дечиња што се дури и на двегодишна возраст. Тие имаат само една година искуство со одење/чекорење, а веќе добиваат шанса да учествуваат на еден ваков настан и да ја почувствуваат сета еуфорија што таа со себе ја носи.

Зошто го одбравте тој дел на градот за трка?

ЈОЛЕВСКА ПОПОВ: Кејот е нашето природно „живеалиште". Трчачите најубаво и најудобно таму се чувствуваат. Делот од трката што се случува по скопските булевари е додаден, за да може да стасаме на неверојатната роденденска забава што Ист гејт ни ја овозможува. Овој пат се обидуваме да ја популаризираме и спротивната страна на кејот и да ги прикажеме и искористиме неговите можности во целост. И таму се трча. И тоа многу убаво.

[caption id="attachment_547690" align="alignnone" width="1080"] Прво место на кавадаречки полумаратон[/caption]

Кои се твоите следни трки на кои ќе учествуваш и на кои места „пукаш“?

ЈОЛЕВСКА ПОПОВ: Трки се појавуваат на разни интересни места често. Мојот тренинг план е стриктно фокусиран на Скопски маратон, како капитална трка секоја година. Освен тоа, една од поголемите цели ми е да го истрчам и Белградскиот маратон со посакуваното време, а тоа е една навистина тешка трка.

Но, секако прва трка и еден посериозен тест на формата во оваа речиси равршна фаза на тренинг планот е Колорран, а таму „пукам" на одлично организиран ден со позитивен фидбек од учесниците.

Разговараше: Александра М. Бундалевска

фото: Приватна архива

The post Трчајте, предизвикувајте се себе си, човекот не е скроен само за комфорна зона appeared first on Република.

]]>

Тамара Јолевска Попов (35) вчера во Битола, на атлетскиот настан Трчај бе победи на Државното првенство во полумаратон во категорија жени и го освои второто место во апсолутна категорија на Трчај бе. Почнала да трча рекреативно за време на пандемијата, а во меѓувреме стана сериозна натпреварувачка која освојува пиедестали. Јолевска Попов му го препорачува трчањето секому кој нема нема здравствена индикација да не трча.
Трачањето е здрава и многу убава активност. Чувството по тренингот, она кога ги собираш плодовите од својата напорна физичка работа, е бесценето. Трчајте, предизвикајте се себе си. Не сте свесни за можностите на своето тело, вели Јолевска Попов во разговор за „Република“.
На 18 септември во Скопје ќе се одржи Колор ран 2022 трка, со која ќе се одбележи вториот роденден на клубот ателтскиот клуб Корраннерс. Јолевска Попов е директор на трката на која ќе се одвива долж реката Вардар. Колор ран 2022 ќе биде атлетско уживање на професионална патека од 10 километри, рекреативна од 2,5км како и детска трка од 500 метри која е новитет. [caption id="attachment_547689" align="alignnone" width="960"] Прво место на Државното првенство во полумаратон во категорија жени во Битола, на Трчај бе[/caption] Тамара, како од балелрина, танчерка, професорка на факултет и писателка стана тркачка-маратонка, полумаратнока? ЈОЛЕВСКА ПОПОВ: Како? Лесно. Откако знам за себе повеќе сум на нозе отколку што седам. Моите почетоци со каква било физичка активност се во далечната 1991. Од тогаш до сега беше балет, балет и само балет. Не ни знаев дека тој херкулес допинг што го добиле моите нозе еден ден ќе ме однесе кон еден од најубавите спортови, атлетиката. Трчав мрзливо на почетокот, со брзина на желка. Не од немукает, туку од незнаење. За време на здравствената криза тоа ми беше аутлет од секојдневието. На Трчаме кон целта ги сретнав Корраннерс, каде што створив многу вредни пријателства. Е, тука дојде структурата во тренинзите на ред. Му благодарам на Бојан што ми објаснуваше трпеливо како да тренирам кога виде потенцијал за да постигнам многу повеќе отколку што мислам дека можам. Лани на Скопски маратон, официјално станав маратонка. И не каква било, туку третопласирана на Националното првенство во маратон во женска категорија. [caption id="attachment_547692" align="alignnone" width="720"] Трето место на скопскиот маратон[/caption] Кога почна да трчаш? Што те мотивираше? ЈОЛЕВСКА ПОПОВ: Не се сеќавам точно кога почнав да трчам. Само се сеќавам дека кога официјално бев балерина, трчањето го сметав за нешто многу здодевно. А, тоа да ти било одлична активност за беспрекорна ментална хигиена. Мене ме мотивира упорноста да се постигне нешто и каков-таков успех по вложениот труд. Почнав да тренирам сериозно во 2021 и кога видов резултати, се навлеков. Немаше назад. Прво беа полумаратоните и како круна на минатогодишниот труд, мојот прв прилично успешен маратон. Ако средовчени луѓе почнуваат да трчаат бидејќи сметаат дека треба да бидат активни и да направат нешто добро за себе, ти освен што почна да тренираш, сериозно си ја сфати работата и почна да освојуваш пиедестали. ЈОЛЕВСКА ПОПОВ: Токму така. Ама и јас се сметам за средновечна, барем во атлетиката. Почнав на 34 сериозно, а на 35 во атлетиката си веќе ветеран. Како што претходно споменав, ме мотивира напорна работа и позитивен резултат. Е, кога ќе забележам дека има резултат, тука се засилуваат упорноста и тврдоглавоста. Минатата сезона навистина сериозно се посветив на тренинзите, не занемарувајќи ниту еден друг аспект од мојот живот и успеав повеќе пати да се кажам на пиедестал, а и да скинам една лента на Кавадаречкиот полумаратон. Убавината во упорноста во мојата ситуација е дека имав огромна поддршка од сопругот Бодин кој го трпеше секој мој аларм во 3.50 наутро затоа што знаеше колку тоа ме прави среќна. Моите дома имаат еден прекар за мене, Атомска мравка. Откако си го отпечатив тоа на дресот, цел клуб ме вика така. Тоа ја отсликува мојата упорност. [caption id="attachment_547694" align="alignnone" width="1080"] Атомската мравка[/caption] Каков е твојот ритуал, трчаш сама, во друштво...? ЈОЛЕВСКА ПОПОВ: Скопје е интересен град каде што и да сакаш никогаш не можеш да трчаш сам. Само излези на кеј, или за мене и на локалната трим патека, секогаш има некој да те поздрави, да ти поправи друштво и муабет 4-5км, така што мојот ритуал е да трчам, а друштвото е најпријатниот бенефит од оваа активност. Кому ќе му го препорачаш трчањето и зошто? ЈОЛЕВСКА ПОПОВ: Секому. Освен ако нема здравствена индикација да не трча, секако да посвети бар 30 минути, тоа се некои 5км на оваа репетитивна, здрава и многу убава активност. Може нема да ужива во секоја секунда, но чувството по тренингот, она кога ги собираш плодовите од својата напорна физичка работа, е бесценето. Трчајте, прееизвикајте се себе си. Не сте свесни за можностите на своето тело. Не е човекот скроен само за комфорна зона. Вистинските предизвици можат да направат да се чувствуваме како супер-луѓе. Дали во Скопје и во Македонија има сериозна критична маса на која трчањето им е влезено во крвта? ЈОЛЕВСКА ПОПОВ: И тоа како. Како што споменав, кејот, трим патеките, сѐ е полно во секое време од денот. Тоа се истите тие луѓе со кои утре по трчањето ќе си наздравите со пиво и ќе си раскажувате за патики, часовници, пејсови, трчачки повреди и болки и уште ред други работи. Убавината е што оваа критична маса како да се зголемува од ден во ден. И тоа навистина многу ме радува. Каде сè имаш учестувавано и кои се твоите најдобри резултати? ЈОЛЕВСКА ПОПОВ: Имам учествувано на многу трки. Главно низ Македонија, а најдалечната трка ми е во Белград. Би сакаа еден ден да имам шанса да учествувам и на некој од светските маратонски мејџори, но тоа е подвиг за понатаму. Како мои најдобри резултати би ги издвоила мојата прва трка што заврши со пиедестал, а тоа е Харткор трката организирана од мојот клуб Корраннерс каде што освоив трето место, победата на Кавадаречкиот полумаратон оваа пролет, третото место на полумаратонот Трчај бе во Битола лани и секако, мојот најуспешен настап на Скопски маратон, исто лани, каде што освоив трето место на Национално првенство во маратон во женска конкуренција. Токму овој настап ми овозможи и покана да настапам на Балканско првенство во полумаратон во Ќустендил, Бугарија оваа есен како дел од македонската репрезентација. Ти си директор на трката Колор ран 2022 која на 18 септември ќе се трча во Скопје. Можеш ли да ни кажеш нешто повеќе за трката? Кој може да се пријави, каде ќе се трча? ЈОЛЕВСКА ПОПОВ: Трката ќе биде еден невиден спектакл. Го одбележува вториот роденден на клубот Корраннерс, но овој пат со партнер, ребрендирана и приближно 5 пати поголема од првиот роденден, првата трка. Започнуваме пред Ист гејт мол, на платото пред трговскиот центар и по приближно 2 км кон Мавровка и МАНУ, слегуваме на кеј од десната, онаа помалку позната на трчачите, страна. Трчаме кон Систина и вртиме пред болницата за да се вратиме назад и финишираме зад молот, во нивниот амфитеатар на огромна забава и прогласување на победниците. Трките на 2,5км тимска и детската трка исто така финишираат во амфитеатарот на забавата. На Колорран може да трча секој. Дистанците не се премногу долги, дури и 10км не е предолго доколку тренирате 2-3 пати во неделата. Трките се често фокусирани само на трчачката заедница, но покрај неа, овој пат ги мотивираме компаниите да пријават своите тимови на тимската трка и да работат заедно кон заедничка победа. Децата, пак, за нас се најсветлата точка на овој настан. Имаме пријавени дечиња што се дури и на двегодишна возраст. Тие имаат само една година искуство со одење/чекорење, а веќе добиваат шанса да учествуваат на еден ваков настан и да ја почувствуваат сета еуфорија што таа со себе ја носи. Зошто го одбравте тој дел на градот за трка? ЈОЛЕВСКА ПОПОВ: Кејот е нашето природно „живеалиште". Трчачите најубаво и најудобно таму се чувствуваат. Делот од трката што се случува по скопските булевари е додаден, за да може да стасаме на неверојатната роденденска забава што Ист гејт ни ја овозможува. Овој пат се обидуваме да ја популаризираме и спротивната страна на кејот и да ги прикажеме и искористиме неговите можности во целост. И таму се трча. И тоа многу убаво. [caption id="attachment_547690" align="alignnone" width="1080"] Прво место на кавадаречки полумаратон[/caption] Кои се твоите следни трки на кои ќе учествуваш и на кои места „пукаш“? ЈОЛЕВСКА ПОПОВ: Трки се појавуваат на разни интересни места често. Мојот тренинг план е стриктно фокусиран на Скопски маратон, како капитална трка секоја година. Освен тоа, една од поголемите цели ми е да го истрчам и Белградскиот маратон со посакуваното време, а тоа е една навистина тешка трка. Но, секако прва трка и еден посериозен тест на формата во оваа речиси равршна фаза на тренинг планот е Колорран, а таму „пукам" на одлично организиран ден со позитивен фидбек од учесниците. Разговараше: Александра М. Бундалевска фото: Приватна архива

The post Трчајте, предизвикувајте се себе си, човекот не е скроен само за комфорна зона appeared first on Република.

]]>
Улична трка низ улиците на Скопје https://republika.mk/vesti/skopje/ulichna-trka-niz-ulicite-na-skopje/ Sun, 08 May 2022 06:50:09 +0000 https://republika.mk/?p=499315

Во Скопје денеска ќе се одржи уличната трка „HalkEcoСкопје“ 10КМ. Организатор на трката е Сојузот на спортови на Скопје, во соработка со А.К.Работнички.

На трката ќе учествуваат 1.300 лица.

Патеката на движење ќе биде следната: Стартот на трката е во 09.00 часот пред фонтана „Лотос“, се трча во правец кон Карпош 4 до крај на Бул. Илинден и се врти лево за да се излезе на улицата „Никола Парапунов“. Потоа се трча до крај на улицата каде на семфорите се врти десно и се излегува на Бул. Партизански Одреди.

Од тука се трча до мостот „Влајко“ каде се врти полукружно и во истата коловозна лента се трча до семафорите пред „Сити Мол“. Се продолжува полукружно во истата коловозна лента и се трча по Бул. Партизански Одреди до вкрстувањето со улицата „Никола Парапунов“, каде се врти десно. Од улицата „Никола Парапунов“, се трча до крај, па се врти десно на Бул. Илинден сѐ до целта кај фонтаната „Лотос“.

Насловен спонзор трката е „Халк“ банка, а покровители Агенцијата за Млади и спорт и Град Скопје.

https://republika.mk/zivot/servisi/vo-nedela-kje-bidat-zatvoreni-ulici-i-bulevari-vo-skopje-ova-e-rezimot-na-soobrakjaj/

 

The post Улична трка низ улиците на Скопје appeared first on Република.

]]>

Во Скопје денеска ќе се одржи уличната трка „HalkEcoСкопје“ 10КМ. Организатор на трката е Сојузот на спортови на Скопје, во соработка со А.К.Работнички. На трката ќе учествуваат 1.300 лица. Патеката на движење ќе биде следната: Стартот на трката е во 09.00 часот пред фонтана „Лотос“, се трча во правец кон Карпош 4 до крај на Бул. Илинден и се врти лево за да се излезе на улицата „Никола Парапунов“. Потоа се трча до крај на улицата каде на семфорите се врти десно и се излегува на Бул. Партизански Одреди. Од тука се трча до мостот „Влајко“ каде се врти полукружно и во истата коловозна лента се трча до семафорите пред „Сити Мол“. Се продолжува полукружно во истата коловозна лента и се трча по Бул. Партизански Одреди до вкрстувањето со улицата „Никола Парапунов“, каде се врти десно. Од улицата „Никола Парапунов“, се трча до крај, па се врти десно на Бул. Илинден сѐ до целта кај фонтаната „Лотос“. Насловен спонзор трката е „Халк“ банка, а покровители Агенцијата за Млади и спорт и Град Скопје. https://republika.mk/zivot/servisi/vo-nedela-kje-bidat-zatvoreni-ulici-i-bulevari-vo-skopje-ova-e-rezimot-na-soobrakjaj/  

The post Улична трка низ улиците на Скопје appeared first on Република.

]]>