трајко вељаноски Archives - Република https://republika.mk/tema/trajko-veljanoski/ За подобро да се разбереме Sun, 25 Feb 2024 10:37:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png трајко вељаноски Archives - Република https://republika.mk/tema/trajko-veljanoski/ 32 32 Вељаноски: ДИК мора да им овозможи на сите државјани на Република Македонија да го остварат уставното право на гласање https://republika.mk/vesti/makedonija/velanoski-dik-mora-da-im-ovozmozhi-na-site-drzhavjani-na-republika-makedonija-da-go-ostvarat-ustavnoto-pravo-na-glasane/ Sun, 25 Feb 2024 10:37:22 +0000 https://republika.mk/?p=748066

Поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски реагира дека Државната Изборна Комисија (ДИК) мора да им овозможи на државјаните на Република Македонија да го остварат уставното право на гласање.

Согласно чл. 22 од Уставот на РМ единствени услови за да бидеш избран и да избираш е да си државјанин на Република Македонија и да си полнолетен.

 

Сите документи (лични карти, пасоши) служат само за индетификација на личноста, а правото на гласање е утврдено во чл.22 од Уставот на РМ, затоа сметам дека личните карти и пасошите (наспроти измените на законите) каде рокот за важење е утврден подолго од денот на гласање се валидни документи за идентификација на личноста која сака да го оствари правото на гласање.

 

Само како пример во 1998 година тогашната Државна Изборна Комисија донесе правилник и упатство за гласање дека и старите лични карти и пасоши од бивша СФР Југославија каде рокот за важење е утврден подолгот од денот на гласање се важечки документи за идентификација на личноста која сака да го оствари правото на гласање дадено со Уставот, истакнува Вељаноски.

The post Вељаноски: ДИК мора да им овозможи на сите државјани на Република Македонија да го остварат уставното право на гласање appeared first on Република.

]]>

Поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски реагира дека Државната Изборна Комисија (ДИК) мора да им овозможи на државјаните на Република Македонија да го остварат уставното право на гласање.
Согласно чл. 22 од Уставот на РМ единствени услови за да бидеш избран и да избираш е да си државјанин на Република Македонија и да си полнолетен.   Сите документи (лични карти, пасоши) служат само за индетификација на личноста, а правото на гласање е утврдено во чл.22 од Уставот на РМ, затоа сметам дека личните карти и пасошите (наспроти измените на законите) каде рокот за важење е утврден подолго од денот на гласање се валидни документи за идентификација на личноста која сака да го оствари правото на гласање.   Само како пример во 1998 година тогашната Државна Изборна Комисија донесе правилник и упатство за гласање дека и старите лични карти и пасоши од бивша СФР Југославија каде рокот за важење е утврден подолгот од денот на гласање се важечки документи за идентификација на личноста која сака да го оствари правото на гласање дадено со Уставот, истакнува Вељаноски.

The post Вељаноски: ДИК мора да им овозможи на сите државјани на Република Македонија да го остварат уставното право на гласање appeared first on Република.

]]>
Вељаноски: Три месеци го замајуваа народот, сега два месеци ќе го малтретираат https://republika.mk/vesti/makedonija/velanoski-tri-mesetsi-go-zamajuvaa-narodot-sega-dva-mesetsi-ke-go-maltretiraat/ Sat, 20 Jan 2024 10:02:00 +0000 https://republika.mk/?p=734870

Додека власта го малтретира и замајува народот и владее беззаконие, граѓаните се сè посиромашни, вели поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски.

Три месеци го замајуваа и малтретираа народот кога ќе бидат изборите и испадна единствениот можен термин 8 мај да бидат двојните избори претседателски и парламентарни избори. Сега два месеци ќе го малтретираат народот со техничка влада дали може без предлозите од опозицијата. За сето ова време народот осиромашува се повеќе, владее беззаконие. Секое хибридно решение е на штета на државата и обичниот граѓанин, смета Вељаноски.

The post Вељаноски: Три месеци го замајуваа народот, сега два месеци ќе го малтретираат appeared first on Република.

]]>

Додека власта го малтретира и замајува народот и владее беззаконие, граѓаните се сè посиромашни, вели поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски.
Три месеци го замајуваа и малтретираа народот кога ќе бидат изборите и испадна единствениот можен термин 8 мај да бидат двојните избори претседателски и парламентарни избори. Сега два месеци ќе го малтретираат народот со техничка влада дали може без предлозите од опозицијата. За сето ова време народот осиромашува се повеќе, владее беззаконие. Секое хибридно решение е на штета на државата и обичниот граѓанин, смета Вељаноски.

The post Вељаноски: Три месеци го замајуваа народот, сега два месеци ќе го малтретираат appeared first on Република.

]]>
Вељаноски: Вака беше за време на „режимот“, а ова доведе до најлошиот извештај досега! https://republika.mk/vesti/makedonija/velanoski-vaka-beshe-za-vreme-na-rezhimot-a-ova-dovede-do-najloshiot-izveshtaj-dosega/ Sat, 11 Nov 2023 14:47:07 +0000 https://republika.mk/?p=700556

Поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски направи споредба во извештаите за Македонија во времето на таканаречениот режим, и последниот кој Европската комисија го објави пред неколку дена, а во кој се забележани најлоши резултати досега.

Сето нотирано погоре, меѓу останатото, резултираше со, за жал, најлошиот и најнегативниот Извештај на ЕУ за напредокот на Република Македонија во историјата, во делот на функционирањето на законодавната власт и работењето на Собранието на Република Македонија!, потенцира Вељаноски.

 

 

The post Вељаноски: Вака беше за време на „режимот“, а ова доведе до најлошиот извештај досега! appeared first on Република.

]]>

Поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски направи споредба во извештаите за Македонија во времето на таканаречениот режим, и последниот кој Европската комисија го објави пред неколку дена, а во кој се забележани најлоши резултати досега.
Сето нотирано погоре, меѓу останатото, резултираше со, за жал, најлошиот и најнегативниот Извештај на ЕУ за напредокот на Република Македонија во историјата, во делот на функционирањето на законодавната власт и работењето на Собранието на Република Македонија!, потенцира Вељаноски.
   

The post Вељаноски: Вака беше за време на „режимот“, а ова доведе до најлошиот извештај досега! appeared first on Република.

]]>
Трајко Вељаноски: Собранието го доби најлошиот и најнегативниот Извештај од ЕУ https://republika.mk/vesti/makedonija/trajko-velanoski-sobranieto-go-dobi-najloshiot-i-najnegativniot-izveshtaj-od-eu/ Sat, 11 Nov 2023 10:58:18 +0000 https://republika.mk/?p=700504

Поранешниот претседател на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски вели дека Собранието го добило најлошиот и најнегативниот Извештај од ЕУ. Тој прави споредба на времето на „режимот“ до 2027 година и за време на „животот“ од 2027 до денес.

За време на “режимот“ до 2017 година:

За време на “режимот“ законите со ЕВРОПСКО ЗНАМЕНЦЕ беа закони со кореспондентни табели и никогаш Комисијата за европски прашања не беше матично тело, туку заинтерсирано тело и даваше само мислење.

Никому му нема паднато на ум, а камо ли да се дрзне и да го злоупотреби европското знаменце, да го девалвира и да го прави предмет на потсмев.

ИЗВЕШТАИ на НЕЗАВИСНИТЕ РЕГУЛАТОРНИ ТЕЛА беа разгледувани на пленарна седница веднаш откако ќе беа добиени и беа гласани со соодветни заклучоци.

ЗАКОНИ ПРЕДЛОЖЕНИ од ОПОЗИЦИЈАТА беа разгледувани на пленарна седница, во деловничкиот рок, најдоцна до месец дена.

ИНФОРМАЦИИ ПРЕДЛОЖЕНИ од ОПОЗИЦИЈАТА беа ставани на Дневен ред, дискутирани и разгледувани на секоја втора седница.

На редовната понеделничка КООРДИНАЦИЈА се договараше неделен распоред за пленарни седници и комисии, како придобивка од Вестминстер проектот.

ИЗВЕШТАЈОТ на ЕУ за НАПРЕДОКОТ на РЕПБЛИКА МАКЕДОНИЈА беше дочекуван со најголема сериозност, разгледуван на пленарна седница и со консензус гласани Заклучоци предложени од Националниот Совет.

Е-Парламентот, за пример на светско ниво, целосно функционален, со стенографски белешки од пленарните седници од 1990 година, со видео записи од пленарните седници од 2002 година.

За време на мандатните периоди од 2008-2016 НЕЗАВРШЕНИ СЕДНИЦИ - 12 и НЕЗАВРШЕНИ ТОЧКИ - 20.

За време на хибридниот режим од 2017 година до денес
Злоупотребата на закони со европско знаменце е измислица на оваа власт.

Злоупотребата на европското знаменце започна од почетокот на 2018 година со вонделовничко донесување на Законот за употреба на јазиците.

По што на секој проблематичен закон му лепеа европско знаменце и Комисијата за европски прашања противуставно ја направија втор законодавен дом.

Извештаите на независните регулаторни тела или воопшто не се разгледуваат или се ставаат а разгледување после две години кога истите се беспредметни за расправа.

Закони предложени од опозицијата (колку и да беа) воопшто не се разгледани, вонделовнички стојат ’замрзнати’ во собранискиот фрижидер.
Колку ИНТЕРПЕЛАЦИИ доживеаја прекршување на деловничките рокови и процеури!?

Информации предложени од опозиција (колку и да беа) воопшто не се разгледувани.

Нема никаков договор на понеделничката Координација.

Извештајот на ЕУ за напредок на РМ или не е разгледуван или со година дена задоцнување и без усогласени Заклучоци од Националниот Совет.
Е-парламент нефукционален, со стенографски белешки и видео записи од 2008 година, со неприфатливо и неиздржано оправдување за процес на мигрирање на податоци кој необјасниво трае повеќе од година дена.
За време на мандатниот период 2017-2023 незавршени седници - 58 и незавршени точки  - 479.
Сето нотирано погоре, меѓу останатото, резултираше со, за жал, НАЈЛОШИОТ, НАЈНЕГАТИВНИОТ Извештај на ЕУ за напредокот на Република Македонија во историјата, во делот на функционирањето на законодавната власт и работењето на Собранието на Република Македонија!

The post Трајко Вељаноски: Собранието го доби најлошиот и најнегативниот Извештај од ЕУ appeared first on Република.

]]>

Поранешниот претседател на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски вели дека Собранието го добило најлошиот и најнегативниот Извештај од ЕУ. Тој прави споредба на времето на „режимот“ до 2027 година и за време на „животот“ од 2027 до денес. За време на “режимот“ до 2017 година: За време на “режимот“ законите со ЕВРОПСКО ЗНАМЕНЦЕ беа закони со кореспондентни табели и никогаш Комисијата за европски прашања не беше матично тело, туку заинтерсирано тело и даваше само мислење. Никому му нема паднато на ум, а камо ли да се дрзне и да го злоупотреби европското знаменце, да го девалвира и да го прави предмет на потсмев. ИЗВЕШТАИ на НЕЗАВИСНИТЕ РЕГУЛАТОРНИ ТЕЛА беа разгледувани на пленарна седница веднаш откако ќе беа добиени и беа гласани со соодветни заклучоци. ЗАКОНИ ПРЕДЛОЖЕНИ од ОПОЗИЦИЈАТА беа разгледувани на пленарна седница, во деловничкиот рок, најдоцна до месец дена. ИНФОРМАЦИИ ПРЕДЛОЖЕНИ од ОПОЗИЦИЈАТА беа ставани на Дневен ред, дискутирани и разгледувани на секоја втора седница. На редовната понеделничка КООРДИНАЦИЈА се договараше неделен распоред за пленарни седници и комисии, како придобивка од Вестминстер проектот. ИЗВЕШТАЈОТ на ЕУ за НАПРЕДОКОТ на РЕПБЛИКА МАКЕДОНИЈА беше дочекуван со најголема сериозност, разгледуван на пленарна седница и со консензус гласани Заклучоци предложени од Националниот Совет. Е-Парламентот, за пример на светско ниво, целосно функционален, со стенографски белешки од пленарните седници од 1990 година, со видео записи од пленарните седници од 2002 година. За време на мандатните периоди од 2008-2016 НЕЗАВРШЕНИ СЕДНИЦИ - 12 и НЕЗАВРШЕНИ ТОЧКИ - 20. За време на хибридниот режим од 2017 година до денес Злоупотребата на закони со европско знаменце е измислица на оваа власт. Злоупотребата на европското знаменце започна од почетокот на 2018 година со вонделовничко донесување на Законот за употреба на јазиците. По што на секој проблематичен закон му лепеа европско знаменце и Комисијата за европски прашања противуставно ја направија втор законодавен дом. Извештаите на независните регулаторни тела или воопшто не се разгледуваат или се ставаат а разгледување после две години кога истите се беспредметни за расправа. Закони предложени од опозицијата (колку и да беа) воопшто не се разгледани, вонделовнички стојат ’замрзнати’ во собранискиот фрижидер. Колку ИНТЕРПЕЛАЦИИ доживеаја прекршување на деловничките рокови и процеури!? Информации предложени од опозиција (колку и да беа) воопшто не се разгледувани. Нема никаков договор на понеделничката Координација. Извештајот на ЕУ за напредок на РМ или не е разгледуван или со година дена задоцнување и без усогласени Заклучоци од Националниот Совет. Е-парламент нефукционален, со стенографски белешки и видео записи од 2008 година, со неприфатливо и неиздржано оправдување за процес на мигрирање на податоци кој необјасниво трае повеќе од година дена. За време на мандатниот период 2017-2023 незавршени седници - 58 и незавршени точки  - 479. Сето нотирано погоре, меѓу останатото, резултираше со, за жал, НАЈЛОШИОТ, НАЈНЕГАТИВНИОТ Извештај на ЕУ за напредокот на Република Македонија во историјата, во делот на функционирањето на законодавната власт и работењето на Собранието на Република Македонија!

The post Трајко Вељаноски: Собранието го доби најлошиот и најнегативниот Извештај од ЕУ appeared first on Република.

]]>
Вељаноски: За сè има ден, па и за повторно воспоставување на добрите македонско-бугарски односи засновани на меѓусебното взаемно почитување https://republika.mk/vesti/makedonija/velanoski-za-se-ima-den-pa-i-za-povtorno-vospostavuvane-na-dobrite-makedonsko-bugarski-odnosi-zasnovani-na-megusebnoto-vzaemno-pochituvane/ Mon, 06 Nov 2023 07:45:06 +0000 https://republika.mk/?p=698612

Во контекст на актуелните македонско-бугарски односи, ценам дека треба да се напомене дека во март 2009 година, прв и единствен пат од АСНОМ-ска Македонија до денес, претседател на македонското Собрание се обратил во Народното собрание на Бугарија, вели поранешниот парламентарен спикер Трајко Вељаноски, споделувајќи фотографии од неговиот говор пред бугарските пратеници во Софија.

Во таа прилика од бугарските пратеници побарав да го искористиме моментот, оти од историја не се живее. Претходно и претседателот на Народното собрание на Бугарија, Ѓорѓи Пирински во говорот во македонското Собрание март 2008та порача дека треба да се прекине со стереотипите од минатото. Ова беше период на многу добри билатерални односи. Во таа смисла, за сè има ден па и за повторно воспоставување на добрите македонско-бугарски односи засновани на меѓусебното взаемно почитување, а во корист на двете држави и двата народи, вели Вељаноски.

The post Вељаноски: За сè има ден, па и за повторно воспоставување на добрите македонско-бугарски односи засновани на меѓусебното взаемно почитување appeared first on Република.

]]>

Во контекст на актуелните македонско-бугарски односи, ценам дека треба да се напомене дека во март 2009 година, прв и единствен пат од АСНОМ-ска Македонија до денес, претседател на македонското Собрание се обратил во Народното собрание на Бугарија, вели поранешниот парламентарен спикер Трајко Вељаноски, споделувајќи фотографии од неговиот говор пред бугарските пратеници во Софија.
Во таа прилика од бугарските пратеници побарав да го искористиме моментот, оти од историја не се живее. Претходно и претседателот на Народното собрание на Бугарија, Ѓорѓи Пирински во говорот во македонското Собрание март 2008та порача дека треба да се прекине со стереотипите од минатото. Ова беше период на многу добри билатерални односи. Во таа смисла, за сè има ден па и за повторно воспоставување на добрите македонско-бугарски односи засновани на меѓусебното взаемно почитување, а во корист на двете држави и двата народи, вели Вељаноски.

The post Вељаноски: За сè има ден, па и за повторно воспоставување на добрите македонско-бугарски односи засновани на меѓусебното взаемно почитување appeared first on Република.

]]>
Вељаноски: Единствен датум кога може да имаме претседателски и парламентатни избори заедно 8 мај https://republika.mk/vesti/makedonija/velanoski-edinstven-datum-koga-mozhe-da-imame-pretsedatelski-i-parlamentatni-izbori-zaedno-8-maj/ Fri, 27 Oct 2023 13:13:03 +0000 https://republika.mk/?p=695609

Поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски во изјава за „Плусинфо“ потсетува декаединствениот датум кога вториот круг на редовните претседателски избори може да се одржи заедно со редовните парламентарни избори, а тоа да не биде на ден Велигден (5 мај 2024 година) е 8 мај 2024 година.

– Kога веќе сите се помирија со фактот дека претседателските и парламентарните избори ќе бидат во редовниот термин, сметам дека не треба да се прави од готово вересија и уште веднаш да се избере 8 мај 2024 година како најпогоден термин. Тоа е најдобрата можност да се намали ризикот од неуспешни претседателски избори, што би било вовед во политичка криза – вели Вељаноски.

Повеќе на „Плусинфо.мк

The post Вељаноски: Единствен датум кога може да имаме претседателски и парламентатни избори заедно 8 мај appeared first on Република.

]]>

Поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски во изјава за „Плусинфо“ потсетува декаединствениот датум кога вториот круг на редовните претседателски избори може да се одржи заедно со редовните парламентарни избори, а тоа да не биде на ден Велигден (5 мај 2024 година) е 8 мај 2024 година.
– Kога веќе сите се помирија со фактот дека претседателските и парламентарните избори ќе бидат во редовниот термин, сметам дека не треба да се прави од готово вересија и уште веднаш да се избере 8 мај 2024 година како најпогоден термин. Тоа е најдобрата можност да се намали ризикот од неуспешни претседателски избори, што би било вовед во политичка криза – вели Вељаноски.
Повеќе на „Плусинфо.мк

The post Вељаноски: Единствен датум кога може да имаме претседателски и парламентатни избори заедно 8 мај appeared first on Република.

]]>
Вељаноски: Нема никакви причини да се одвојат претседателските и парламентарните избори, освен заради партиските калкулации на власта! https://republika.mk/vesti/makedonija/velanoski-nema-nikakvi-prichini-da-se-odvojat-pretsedatelskite-i-parlamentarnite-izbori-osven-zaradi-partiskite-kalkulatsii-na-vlasta/ Mon, 09 Oct 2023 08:05:09 +0000 https://republika.mk/?p=689410

Поранешниот претседател на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, порачува дека не постојат никакви финансиски, економски и/или безбедносно-политички причини да имаме одвоени претседателски и парламентарни избори, освен заради партиските калкулации на власта.

Тој потсети на минатите изборни циклуси во Македонија и заклучи дека дури во три наврати (односно во 1994, 2009 и 2014 година) се одржале два изборни процеси истовремено.

Неговиот Фејсбук статус го пренесуваме во продолжение:

ИЗБОРИ ВО МАКЕДОНИЈА

1990 год.- парламентарни избори на 11 ноември
1994 год.- парламентарни избори и претседателски избори на 16 октомври
1996 год.- локални избори на 17 ноември
1998 год.- парламентарни избори на 18 октомври
1999 год.- претседателски избори на 14 ноември
2000 год.- локални избори на 10 септември
2002 год.- парламентарни избори на 15 септември
2004 год.- предвремени претседателски избори на 14 април
2005 год.- локални избори на 13 март
2006 год.- парламентарни избори на 5 јули
2008 год.- предвремени парламентарни избори на 1 јуни
2009 год.- претседателски избори и локални избори на 22март
2011 год.- предвремени парламентарни избори на 5 јуни
2013 год.- локални избори на 22 март
2014 год.- претседателски избори и предвремени парламентарни избори на 13 април
2016 год.- предвремени парламентарни избори на 11 декември
2017 год.- локални избори на 15 октомври
2019 год.- претседателски избори на 21 април
2020 год.- предвремени парламентарни избори на 15 јули
2021 год.- локални избори на 17 октомври

Од прегледот на изборните процеси во Република Македонија во изминативе 33 години може да се забележи дека дури во три наврати (односно во 1994, 2009 и 2014 година) се одржале два изборни процеси истовремено.

Отаму, кога станува збор за следните парламентарни и претседателски избори, апсолутно јасно е дека не постојат никакви финансиски, економски и/или безбедносно-политички причини да имаме оддвоени претседателски и парламентарни избори, освен заради партиските калкулации на власта.

 

The post Вељаноски: Нема никакви причини да се одвојат претседателските и парламентарните избори, освен заради партиските калкулации на власта! appeared first on Република.

]]>

Поранешниот претседател на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, порачува дека не постојат никакви финансиски, економски и/или безбедносно-политички причини да имаме одвоени претседателски и парламентарни избори, освен заради партиските калкулации на власта. Тој потсети на минатите изборни циклуси во Македонија и заклучи дека дури во три наврати (односно во 1994, 2009 и 2014 година) се одржале два изборни процеси истовремено. Неговиот Фејсбук статус го пренесуваме во продолжение: ИЗБОРИ ВО МАКЕДОНИЈА 1990 год.- парламентарни избори на 11 ноември 1994 год.- парламентарни избори и претседателски избори на 16 октомври 1996 год.- локални избори на 17 ноември 1998 год.- парламентарни избори на 18 октомври 1999 год.- претседателски избори на 14 ноември 2000 год.- локални избори на 10 септември 2002 год.- парламентарни избори на 15 септември 2004 год.- предвремени претседателски избори на 14 април 2005 год.- локални избори на 13 март 2006 год.- парламентарни избори на 5 јули 2008 год.- предвремени парламентарни избори на 1 јуни 2009 год.- претседателски избори и локални избори на 22март 2011 год.- предвремени парламентарни избори на 5 јуни 2013 год.- локални избори на 22 март 2014 год.- претседателски избори и предвремени парламентарни избори на 13 април 2016 год.- предвремени парламентарни избори на 11 декември 2017 год.- локални избори на 15 октомври 2019 год.- претседателски избори на 21 април 2020 год.- предвремени парламентарни избори на 15 јули 2021 год.- локални избори на 17 октомври Од прегледот на изборните процеси во Република Македонија во изминативе 33 години може да се забележи дека дури во три наврати (односно во 1994, 2009 и 2014 година) се одржале два изборни процеси истовремено. Отаму, кога станува збор за следните парламентарни и претседателски избори, апсолутно јасно е дека не постојат никакви финансиски, економски и/или безбедносно-политички причини да имаме оддвоени претседателски и парламентарни избори, освен заради партиските калкулации на власта.  

The post Вељаноски: Нема никакви причини да се одвојат претседателските и парламентарните избори, освен заради партиските калкулации на власта! appeared first on Република.

]]>
Вељаноски: Итно е потребен закон за вонредна состојба https://republika.mk/vesti/makedonija/velanoski-itno-e-potreben-zakon-za-vonredna-sostojba/ Tue, 03 Oct 2023 07:42:18 +0000 https://republika.mk/?p=687310

Поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски во Фејсбук статус вели дека е повеќе од јасно дека следната година ќе имаме параментарни и претседателски избори но оти немаме закон за вонредна состојба.

Според него,не ги научивме лекциите од 2020 година кога Претседателот на РМ воведе вонредна состојба, во услови кога Собранието беше распуштено, а немавме закон за вонредна состојба во кој е прецизирани уставните обврски на институциите и се пополнети правните празнини во непредвидени ситуации.

Тогаш сите политички фактори тоа го сметаа за најголем недостаток и си земаа за задача во новиот парламентарен и владин состав тоа прашање под итно да го решат за да има јасна законска процедура за идни случаи-потсетува Вељаноски.

 

 

The post Вељаноски: Итно е потребен закон за вонредна состојба appeared first on Република.

]]>

Поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски во Фејсбук статус вели дека е повеќе од јасно дека следната година ќе имаме параментарни и претседателски избори но оти немаме закон за вонредна состојба. Според него,не ги научивме лекциите од 2020 година кога Претседателот на РМ воведе вонредна состојба, во услови кога Собранието беше распуштено, а немавме закон за вонредна состојба во кој е прецизирани уставните обврски на институциите и се пополнети правните празнини во непредвидени ситуации.
Тогаш сите политички фактори тоа го сметаа за најголем недостаток и си земаа за задача во новиот парламентарен и владин состав тоа прашање под итно да го решат за да има јасна законска процедура за идни случаи-потсетува Вељаноски.
   

The post Вељаноски: Итно е потребен закон за вонредна состојба appeared first on Република.

]]>
Вељаноски: Oпозициски пратеник да биде претседател на Комисијата за европски прашања https://republika.mk/vesti/makedonija/velanoski-opozitsiski-pratenik-da-bide-pretsedatel-na-komisijata-za-evropski-prashana/ Mon, 11 Sep 2023 09:20:08 +0000 https://republika.mk/?p=680814

КАКО КОМИСИЈАТА ЗА ЕВРОПСКИ ПРАШАЊА СТАНА ВТОР ЗАКОНОДАВЕН ДОМ !?

Во мандатот 1998/2002 комисијата се викаше Комисија за европски и евро-атлантски интеграции.

Подоцна, во следните мандати, поточно од 2003 година до денеска се вика Комисија за европски прашања.

Комисијата за европски прашања е основана со Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за основање на постојани работни тела на Собранието на Република Македонија (Службен весник број 30/2003 година), што ја донесе Собранието на Република Македонија на седницата одржана на 18 април 2003 година, пишува Трајко Вељаноски, поранешен претседател на Собранието на Македонија.

Со Одлуката за изменување на Одлуката за основање на постојани работни тела на Собранието на Република Македонија ("Службен весник на Република Македонија број 86/2005"), што ја донесе Собранието на Република Македонија на седницата оддржана на 6 октомври 2005 година извршена е измена на надлежностите на Комисијата.

Согласно член 60 став 1 алинеја 4 од Деловникот на Собранието на Република Македонија претседателот на Собранието определува работно тело надлежно за разгледување на одделни прашања поднесени до Собранието (матично работно тело). Во долгогодишната собраниска пракса сите предлог-закони со европско знаменце СЕКОГАШ биле разгледувани на Комисијата за европски прашањак како заинтересирано работно тело а не како матично работно тело , НО, СЕКОГАШ, БЕЗ ИСКЛУЧОК тие предлози содржеле коресподентни табели (неизбежно составен дел од предлог закон со кој се врши усогласување со европското законодавство) и НИКОГАШ, НИТУ ЕДНАШ, не било злоупотребено европското знаменце.

За матично тело се определува работното тело во чијшто делокруг, во целост или во поголем дел, спаѓаат прашањата кои се уредуваат со предложениот закон.

Собранието на Република Македонија на седницата одржана на 12 февруари 2013 година донесе Деловник за изменување и дополнување на Деловникот на Собранието на Република Македонија ("Службен весник на Република Македонија" број 23/2013). Овие измени и дополни се однесуваат на разгледувањето на предлог-законите од надлежност на матичното работно тело за финансиите и буџетот, од надлежност на матичното работно тело за економските прашања и на предлог-законите со кои се врши усогласување со правото на Европската унија. Исто така, допрецизирана е постапката за донесување на Буџетот на Републиката и на постапката за измена на Уставот на Република Македонија.

Користејќи односно злоупотребувајќи ги измените на Деловникот во изминатиов период од 2017 година до 2023 година во Собранието се донесоа преку 100-на Закони со европско знаменце па би издвоил некои

- Закон за употреба на јазиците

- Ратификацијата на договорот за пријателство и соработка со Бугарија

- Ратификацијата на Преспанскиот договор

- Ратификацијата на договорот со Бехтел и Енка

- Измена на Кривичниот Законик

Во изминативе 6 години во секој извештај на Европската Комисија за напредок на Република Македонија стои дека е злоупотребено европското знаменце за да се скрати односно избегне дебатата во Собранието за поважни закони .

За надминување на ваквата ситуација со злоупотреба на европското знаменце и бламирање на процесот на усогласување на нашето законодавство со европското законодавство потребно е под итна постапка и со кратка измена на Деловникот во кое ќе се напише дека Комисија за европски пражања ќе ја води пратеник од опозицијата, на тој начин сите партии ќе учествуваат во усогласувањето со европското законодавство, и нема да се протнуваат решенија кои не се европски.

Во таков случај ниедна влада нема да се осмелува да предлага закони без кореспондентна табела и на шверцерски начин ќе внесува решенија кои се неприфатливи кај граѓаните и нема да се бламира процесот на усогласување на нашето законодавство со европско законодавство.

Врз основа на истакнатото, можеме да заклучиме дека е крајно време да се најде начин да се прекине со оваа пракса на злоупотреба на надлежностите на Комисијата за европски прашања бидејќи на тој начин системски се поткопува воспоставената рамнотежа на помеѓу законодавната и извршната власт. Истовремено, пак, во рамките на самиот парламент се девалвира и законодавната и контролната функција на оваа гранка од државната власт. Оттаму, одговорно политичко мнозинство треба да размислува во насока да изнајде начин да ги издигне демократските стандарди во земјата, антиципирајќи ги оправданите критики на јавноста. Еден од тие начини можеби е секогаш кога постојат сомнежи дека ваквата надлежност на ова работно тело се злоупотребува, задолжително да се отвори процес на разговори со опозицијата за да се неутрализираат критиките и да се постигне консензус. Доколку ваков чекор направи актуелното политичко мнозинство во Собранието во однос на актуелната опозиција, веќе утре, кога улогите ќе бидат сменети, овој неформален механизам или пак формалниот механизам кога пратеник од опозицијата ќе ја води Комисијата за европски прашања, ќе биде од голема полза и на таа опозиција. На тој начин, демократски ќе созреваме, а ползата ќе биде само за Македонија пишува Вељаноски.

The post Вељаноски: Oпозициски пратеник да биде претседател на Комисијата за европски прашања appeared first on Република.

]]>

КАКО КОМИСИЈАТА ЗА ЕВРОПСКИ ПРАШАЊА СТАНА ВТОР ЗАКОНОДАВЕН ДОМ !? Во мандатот 1998/2002 комисијата се викаше Комисија за европски и евро-атлантски интеграции. Подоцна, во следните мандати, поточно од 2003 година до денеска се вика Комисија за европски прашања. Комисијата за европски прашања е основана со Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за основање на постојани работни тела на Собранието на Република Македонија (Службен весник број 30/2003 година), што ја донесе Собранието на Република Македонија на седницата одржана на 18 април 2003 година, пишува Трајко Вељаноски, поранешен претседател на Собранието на Македонија. Со Одлуката за изменување на Одлуката за основање на постојани работни тела на Собранието на Република Македонија ("Службен весник на Република Македонија број 86/2005"), што ја донесе Собранието на Република Македонија на седницата оддржана на 6 октомври 2005 година извршена е измена на надлежностите на Комисијата. Согласно член 60 став 1 алинеја 4 од Деловникот на Собранието на Република Македонија претседателот на Собранието определува работно тело надлежно за разгледување на одделни прашања поднесени до Собранието (матично работно тело). Во долгогодишната собраниска пракса сите предлог-закони со европско знаменце СЕКОГАШ биле разгледувани на Комисијата за европски прашањак како заинтересирано работно тело а не како матично работно тело , НО, СЕКОГАШ, БЕЗ ИСКЛУЧОК тие предлози содржеле коресподентни табели (неизбежно составен дел од предлог закон со кој се врши усогласување со европското законодавство) и НИКОГАШ, НИТУ ЕДНАШ, не било злоупотребено европското знаменце. За матично тело се определува работното тело во чијшто делокруг, во целост или во поголем дел, спаѓаат прашањата кои се уредуваат со предложениот закон. Собранието на Република Македонија на седницата одржана на 12 февруари 2013 година донесе Деловник за изменување и дополнување на Деловникот на Собранието на Република Македонија ("Службен весник на Република Македонија" број 23/2013). Овие измени и дополни се однесуваат на разгледувањето на предлог-законите од надлежност на матичното работно тело за финансиите и буџетот, од надлежност на матичното работно тело за економските прашања и на предлог-законите со кои се врши усогласување со правото на Европската унија. Исто така, допрецизирана е постапката за донесување на Буџетот на Републиката и на постапката за измена на Уставот на Република Македонија. Користејќи односно злоупотребувајќи ги измените на Деловникот во изминатиов период од 2017 година до 2023 година во Собранието се донесоа преку 100-на Закони со европско знаменце па би издвоил некои - Закон за употреба на јазиците - Ратификацијата на договорот за пријателство и соработка со Бугарија - Ратификацијата на Преспанскиот договор - Ратификацијата на договорот со Бехтел и Енка - Измена на Кривичниот Законик Во изминативе 6 години во секој извештај на Европската Комисија за напредок на Република Македонија стои дека е злоупотребено европското знаменце за да се скрати односно избегне дебатата во Собранието за поважни закони . За надминување на ваквата ситуација со злоупотреба на европското знаменце и бламирање на процесот на усогласување на нашето законодавство со европското законодавство потребно е под итна постапка и со кратка измена на Деловникот во кое ќе се напише дека Комисија за европски пражања ќе ја води пратеник од опозицијата, на тој начин сите партии ќе учествуваат во усогласувањето со европското законодавство, и нема да се протнуваат решенија кои не се европски. Во таков случај ниедна влада нема да се осмелува да предлага закони без кореспондентна табела и на шверцерски начин ќе внесува решенија кои се неприфатливи кај граѓаните и нема да се бламира процесот на усогласување на нашето законодавство со европско законодавство. Врз основа на истакнатото, можеме да заклучиме дека е крајно време да се најде начин да се прекине со оваа пракса на злоупотреба на надлежностите на Комисијата за европски прашања бидејќи на тој начин системски се поткопува воспоставената рамнотежа на помеѓу законодавната и извршната власт. Истовремено, пак, во рамките на самиот парламент се девалвира и законодавната и контролната функција на оваа гранка од државната власт. Оттаму, одговорно политичко мнозинство треба да размислува во насока да изнајде начин да ги издигне демократските стандарди во земјата, антиципирајќи ги оправданите критики на јавноста. Еден од тие начини можеби е секогаш кога постојат сомнежи дека ваквата надлежност на ова работно тело се злоупотребува, задолжително да се отвори процес на разговори со опозицијата за да се неутрализираат критиките и да се постигне консензус. Доколку ваков чекор направи актуелното политичко мнозинство во Собранието во однос на актуелната опозиција, веќе утре, кога улогите ќе бидат сменети, овој неформален механизам или пак формалниот механизам кога пратеник од опозицијата ќе ја води Комисијата за европски прашања, ќе биде од голема полза и на таа опозиција. На тој начин, демократски ќе созреваме, а ползата ќе биде само за Македонија пишува Вељаноски.

The post Вељаноски: Oпозициски пратеник да биде претседател на Комисијата за европски прашања appeared first on Република.

]]>
Вељаноски: Согласно Деловникот гласањето за промена на Устав мора да се случи најдоцна денеска https://republika.mk/vesti/makedonija/velanoski-soglasno-delovnikot-glasaneto-za-promena-na-ustav-mora-da-se-sluchi-najdotsna-deneska/ Fri, 01 Sep 2023 07:31:43 +0000 https://republika.mk/?p=677753

Во врска со дебатата во медиумите, а во која се вклучени експерти, новинари, политичари, а на тема текот на 123 седница на Собранието на Република Македонија на чиј дневен ред е иницијативата за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија, дозволете ми да го истакнам следново: Основно правило, но и правило од праксата, за пристапување кон измена на Уставот е веќе обезбедно 2/3 мнозинство пратеници, oбјаснува поранешниот претседате на Собранието, Трајко Вељаноски.

Потенцира дека предлагачот на иницијативата кон измена на Уставот, во овој случај Владата, воопшто не требаше да си дозволи да покрене ваква постапка без предходно обезбедено 2/3 мнозинство.

Во досегашната пракса на Собранието на Република Македонија никогаш не се случило да се покрене постапка за измена на Уставот без претходно обезбедена политичка согласност од најмалку 2/3 од пратениците. Единствен исклучок е оваа постапка и насилната постапка за измена на Уставот по Преспанскиот договор, пишува Вељаноски.

Додава дека согласно член 196 став 1 од Деловникот за работа на Собранието на Република Македонија претресот за измена на Устав трае 10 работни денови и по завршување на претресот се пристапува кон гласање.

Денес, на 1 септември завршуваат десетте работни денови откако беше отворена постапката и завршена расправата за измена на Уставот на собраниската седница број 123, закажана и одржана на 18 август. Гласањето мора да се случи најдоцна денес. Секое спротивно постапување не е во согласност со Деловникот, вели Вељаноски.

Деловникот за работа на Собранието на Република Македонија не дозволува неизвесност со постапката од толку високо значење, потенцира поранешниот спикер додавајќи дека во согласност со Уставот на Република Македонија односно неговиот член 67 и во согласност со Деловникот за работа на Собранието, односно неговите член 6 и член 60, Претседателот на Собранието единствено го претставува Собранието и се грижи за примената на Деловникот и за остварување на правата на сите пратеници подеднакво.

Политичките одлуки ги носи Собранието, а не Претседателот на Собранието, дециден е Вељаноски.

За излез од оваа ситуација, според Вељаноски, потребно е согласно член 67 став 2 од Деловникот за работа на Собранието минимум 20 пратеници да бараат продолжување на 123 седница а Претседателот на Собранието согласно член 24 став 2 од Законот за Собрание да постапи и свика ad hoc кординација на која би се договорил датумот на продолжување на 123 седница на Собранието, кога ќе треба да се гласаат уставните измени.

Доколку Претседателот на Собранието на Република Македонија и покрај барањето на минимум 20 пратеници не закаже продолжение на седницата ја презема на себе целата одговорност, прави лоша практика. се става над сите пратеници и конечно го изместува целосно политичкиот систем на институционалната поставеност на уставното уредување на Република Македонија, вели поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски.

The post Вељаноски: Согласно Деловникот гласањето за промена на Устав мора да се случи најдоцна денеска appeared first on Република.

]]>

Во врска со дебатата во медиумите, а во која се вклучени експерти, новинари, политичари, а на тема текот на 123 седница на Собранието на Република Македонија на чиј дневен ред е иницијативата за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија, дозволете ми да го истакнам следново: Основно правило, но и правило од праксата, за пристапување кон измена на Уставот е веќе обезбедно 2/3 мнозинство пратеници, oбјаснува поранешниот претседате на Собранието, Трајко Вељаноски. Потенцира дека предлагачот на иницијативата кон измена на Уставот, во овој случај Владата, воопшто не требаше да си дозволи да покрене ваква постапка без предходно обезбедено 2/3 мнозинство.
Во досегашната пракса на Собранието на Република Македонија никогаш не се случило да се покрене постапка за измена на Уставот без претходно обезбедена политичка согласност од најмалку 2/3 од пратениците. Единствен исклучок е оваа постапка и насилната постапка за измена на Уставот по Преспанскиот договор, пишува Вељаноски.
Додава дека согласно член 196 став 1 од Деловникот за работа на Собранието на Република Македонија претресот за измена на Устав трае 10 работни денови и по завршување на претресот се пристапува кон гласање.
Денес, на 1 септември завршуваат десетте работни денови откако беше отворена постапката и завршена расправата за измена на Уставот на собраниската седница број 123, закажана и одржана на 18 август. Гласањето мора да се случи најдоцна денес. Секое спротивно постапување не е во согласност со Деловникот, вели Вељаноски.
Деловникот за работа на Собранието на Република Македонија не дозволува неизвесност со постапката од толку високо значење, потенцира поранешниот спикер додавајќи дека во согласност со Уставот на Република Македонија односно неговиот член 67 и во согласност со Деловникот за работа на Собранието, односно неговите член 6 и член 60, Претседателот на Собранието единствено го претставува Собранието и се грижи за примената на Деловникот и за остварување на правата на сите пратеници подеднакво.
Политичките одлуки ги носи Собранието, а не Претседателот на Собранието, дециден е Вељаноски.
За излез од оваа ситуација, според Вељаноски, потребно е согласно член 67 став 2 од Деловникот за работа на Собранието минимум 20 пратеници да бараат продолжување на 123 седница а Претседателот на Собранието согласно член 24 став 2 од Законот за Собрание да постапи и свика ad hoc кординација на која би се договорил датумот на продолжување на 123 седница на Собранието, кога ќе треба да се гласаат уставните измени.
Доколку Претседателот на Собранието на Република Македонија и покрај барањето на минимум 20 пратеници не закаже продолжение на седницата ја презема на себе целата одговорност, прави лоша практика. се става над сите пратеници и конечно го изместува целосно политичкиот систем на институционалната поставеност на уставното уредување на Република Македонија, вели поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски.

The post Вељаноски: Согласно Деловникот гласањето за промена на Устав мора да се случи најдоцна денеска appeared first on Република.

]]>
Дали е избришана целата архива: Вељаноски прашува каде е целата база на податоци во Собранието? https://republika.mk/vesti/makedonija/dali-e-izbrishana-tselata-arhiva-velanoski-prashuva-kade-e-tselata-baza-na-podatotsi-vo-sobranieto/ Mon, 15 May 2023 07:30:43 +0000 https://republika.mk/?p=640828

Поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељановски прашува кој го и зошто го враќа Законодавниот дом 20 години назад? Тој во писмото до јавноста прашува каде е целата база на податои,  дневни редови на седници од 1991 година, стенограми на сите тие седници од 1991, видео записи од седниците од  2002 година наваму, гласања по точки, податоци за сите пратеници и нивни биографии почнувајќи од првиот собраниски состав од 1991 година,..?

КАДЕ СЕ ЦЕЛИОТ ТРУД, ВРЕМЕ И ЕНЕРГИЈА ВЛОЖЕНИ ОД СОБРАНИСКАТА СЛУЖБА СО ЦЕЛ СОБРАНИСКИОТ САЈТ И е-ПАРЛАМЕНТ СИСТЕМ ДА БИДАТ ЕДНИ ОД НАЈДОБРИТЕ ВО СВЕТОТ, ДА БИДАТ ПРИМЕР и ДА ИМ КОРИСТАТ НА ГРАЃАНИТИ, ПРАТЕНИЦИТЕ и СЛУЖБАТА??

КОЈ ТОА СЕ ПОИГРУВА СО ДВА ИЗГРАДЕНИ, ИМПЛЕМЕНТИРАНИ и ФУНКЦИОНАЛНИ СИСТЕМИ? И ЗОШТО?

ТРЕБАШЕ САМО СОВЕСНО И ОДГОВОРНО ДА СЕ ОДРЖУВААТ  И КОРИСТАТ!

Ретроспектива на воведувањето на е-Парламент системот:

Согласно преземените обврски, а врз основа на член 68, став 2 од Уставот на Република Македонија, од:

1.     Декларацијата прифатени од земјите членки на Пактот за стабилност за Југоисточна Европа, потпишана на 4 јуни 2002 година;

2.     Агендата за развој на информатичкото општество за земјите од Југоисточна Европа донесена на 20 октомври 2002 година;

3.     Акциониот план на Европската комисија E-Europe 2005;

4.     Заклучоците од Министерската конференција за електронска управа, во 2003 година;

5.     Завршната декларацијана светскиот самит за информатичко општество (WSIS) усвоена во 2003 година во Женева;

6.     Други договори и конвенции ратификувани од страна на Република Македонија;

7.     Усвоена Декларација за забрзан развој на информатичкото општество и дигитална економија во Реппублика Македонија како национален приоритет од 2002 година;

8.     Усвоена Национална стратегија за развој на информатичкото општетсво од 21 септември 2005 година.

Собранието на Република Македонија на седница одржана на 15 декември 2005 година донесе ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА ВОВЕДУВЊЕ НА е-ПАРЛАМЕНТ ВО СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.

Откако станав Претседател на Собранието на Република Македонија (21.06.2008 година) оваа обврска ми беше високо на агендата на приоритети и заедно со тогашните колеги пратеници, координатори на пратеничките групи, потпретседателите на Собранието, но пред се благодарение на стручната, професионална и силно посветена собраниска служба успеавме да го реализираме/воведеме системот е-Парламент кој овозможи огромни придобиви од многу аспекти.

Повеќе месечни консултации, часови и часови работа на службата на Собранието, работа со имплементаторот на системот компанијата Некст Сенс допринесоа Собранието во 2009 година го има е-Парламент системот како еден од најдобрите во светот.

Проектот го реализиравме заедно со компанијата „Некстсенс“, која беше автор на софтверот. Ова особено го истакнувам бидејќи станува збор за домашна фирма, односно за домашен производ и вградено знаење за кое сметав дека може, но и кое се покажа како конкурентно на сите пазари, а нашиот е-Парламент систем пример и репер кој го земаа и вградија повеќе држави во регионот.

Со воведувањето на Е-парламентот, во суштина, целиот законодавен процес во Собранието се направи да се одвива по електронски пат. Во пракса тоа значи дека од влегувањето на законот во парламентот, сите фази во законодавната постапка предвидени со Деловникот, се одвиваат по електронски пат.

Идејата беше секој пратеник, како и вработените во Собранието, да можат многу ефикасно да го следат движењето на секој закон, или друг документ, или акт кој е во собраниска процедура. Сето ова, од една страна ја зајакнува ефикасноста и квалитетот на самиот законодавен процес, а во исто време има и економски ефекти.

Втора, исто толку значајна димензија, која произлегува од воведувањето на Е-парламентот, е јакнењето на транспарентноста на законодавниот дом. Oсновна алатка за постигнување на оваа цел е собраниската веб-страница која беше поврзана со Е-парламент-системот од каде ги црпи податоците во врска со материјалите од законодавната постапка и која секојдневно, покрај на македонски, се ажурираше на албански, англиски и француски јазик. Со тоа е овозможено на истата, освен дневната агенда, како за пленарни седници, така и за сите собраниски комисии и други работни тела, да може да го најдете и секој закон кој влегува во собраниската процедура, како и сите други документи, акти и извештаи кои се тема на расправа во Собранието. Исто така, идеја беше да можат да се следат сите предложени амандмани од страна на пратениците, расправите преку стенограмите во собраниските комисии, како и заклучоците, па сè до усвојувањето на законот на пленарна седница. Односно, секој заинтересиран да може преку нашата веб-страница да го следи целокупниот законодавен процес.

Понатаму, на веб-страницата можеше да ги најдете пратеничките состави на сите досегашни мандатни периоди, со основни биографски податоци за секој актуелен, но и поранешен пратеник.

Огромна работа, време и енергија службата на Собранието вложи во дигитализацијата на стенограмите од сите пленарни седници од првиот парламентарен состав (од 1991 година), па се до актуелниот, што претставува огромна и значајна база на податоци за која верував и верувам дека ќе има примена и во научно-истражувачката дејност за оние кои сакаат да го истражуваат парламентаризмот во Република Македонија, но беше од огромна полза и за самото работење на пратениците и службата.

Имавме намера преку собраниската веб-страница секој граѓанин може да се обрати до својот пратеник со свои размислувања и предлози.
Воведовме и стриминг преку кој можат во живо да ја следите работата на пленарните седници.

Фактот дека според истражувањата на јавното мислење, токму интернетот, односно нашата веб-страница во тој период се проби во врвот на медиумите преку кои граѓаните добиваат информации за работењето на парламентот, беше показател дека замислата успешно ја реализиравме во рамките на Е-парламент системот, со постојано настојување за унапредување и надоградување.

Овие наши резултати во релативно краток временски период добија високи оцени и од страна на меѓународната заедница.

По воведувањето на системот и отпочнување на негово функционирање во ноември 2009 година следеше Светската е-Парламент конференција во Вашингтон, на која учествуваат највисоките претставници на парламенти од целиот свет. Конференцијата ја отвори тогашниот спикер на Претставничкиот дом на САД, г-ѓа Ненси Пелоси.

Како позитивно искуство на Конференцијата беше претставен проектот Е-парламент на Собранието на Република Македонија од страна на тогашниот потпретседател на Собранието, г. Јани Мaкрадули, кој исто така беше активно вклучен во целиот просец на воведување на е-Парламент системот.

Во септември 2010 година следеше дводневна Конференција за е-Демократија во Охрид на која учествуваа повеќе од 35 делегации од 15 земји.

„Македонскиот парламент е еден од најдобрите во регионот кога станува збор за користење на информатичките технологии. Македонија е пример за останатите земји“, оцени на Конференцијата Блаж Голаб, директор на ЦЕЕ центар за развој на е-Влада на отварањето на конференција за е-Демократија: „Информатичко-комуникационата технологија - двигател на демократијата и транспарентноста“.

Во мај 2012 година на покана од г-ѓа Ева Копаз претседател на Сејмот на Република Полска и г. Богдан Боришевич, претседател на Сенатот на Република Полска, учествував на Конференција на претседатели на парламенти од земјите на Европската унија во Варшава, Република Полска на која учествуваа 28 претседатели и потпретседатели на парламенти, како и претседателот и потпретседателот на Европскиот парламент г. Мартин Шулц и г. Мигуел Ангел Мартинез, една точка од расправата беше посветена токму на оваа тема „Парламентот, мислење на јавноста и медиуми“:

„Воведувањето и функционирањето на Е-парламентот е неминовност која е во функција на зголемување на ефикасноста на парламентарната демократија, на поголемата транспарентност во работењето на парламентите, а со тоа и на вистинска и ефикасна интеракција меѓу парламентот како законодавен дом и граѓаните и невладиниот сектор. Во суштина, тоа е и основата на демократијата“, истакнав во обраќањето.

Потпретседателот на Собранието на Република Македонија и член на Делегацијата во Интерпарламентарната унија (ИПУ), г Јани Макрадули, учествуваше на Светската конференција за е-парламент, што се одржа во септември 2012 година во Рим, Италија на која учествуваа високи претставници од парламентите, меѓународните организации и експерти од областа на информатичките и комуникациските технологии во парламентите и повторно македонскиот систем е-Парламент беше презентирани и ценет како одлично решение.

За жал, од една ваква ситуација наместо веб страницата на Собранието на РМ да се развива натаму имаме нејзино целосно уништување и замена со нова која има податоци од 2020 година. За жал собраниската страница на мрежата е денес илустрација за неодговорното владење на актуелниве власти. Сепак светот не почна од 2020 година и Македонија не е самостојна држава од 2020 година, напротив од тогаш започна нaјнеодговорниот период на владење во нашата историја.

Со  вакво неодговорно однесување :

-        Се губи транспарентноста на Собранието;

-        Се губи отчетноста на пратениците пред своите гласачи;

-        Се губи најсилната алатка на медиумите за прибирање на многу податоци за работата на Собранието, сега и во минатото;

-        Пратениците губат можност за црпење на искуства од меморијата на работа и пракса на Собранието;

-        Фрлени во сенка се можностите за проверка на ставовите на партиите и пратениците за значајни теми во сегашноста и минатото;

-        Пратениците не можат да црпат искуство од воспоставените практики за работа на Собранието;

-        Академската и стручна јавност губи сериозен извор на информации и податоци за своите научни потреби.

Со почит,

Скопје, 15.04.2023 година

Трајко Вељаноски,

Поранешен претседател на Собранието на Република Македонија

The post Дали е избришана целата архива: Вељаноски прашува каде е целата база на податоци во Собранието? appeared first on Република.

]]>

Поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељановски прашува кој го и зошто го враќа Законодавниот дом 20 години назад? Тој во писмото до јавноста прашува каде е целата база на податои,  дневни редови на седници од 1991 година, стенограми на сите тие седници од 1991, видео записи од седниците од  2002 година наваму, гласања по точки, податоци за сите пратеници и нивни биографии почнувајќи од првиот собраниски состав од 1991 година,..? КАДЕ СЕ ЦЕЛИОТ ТРУД, ВРЕМЕ И ЕНЕРГИЈА ВЛОЖЕНИ ОД СОБРАНИСКАТА СЛУЖБА СО ЦЕЛ СОБРАНИСКИОТ САЈТ И е-ПАРЛАМЕНТ СИСТЕМ ДА БИДАТ ЕДНИ ОД НАЈДОБРИТЕ ВО СВЕТОТ, ДА БИДАТ ПРИМЕР и ДА ИМ КОРИСТАТ НА ГРАЃАНИТИ, ПРАТЕНИЦИТЕ и СЛУЖБАТА?? КОЈ ТОА СЕ ПОИГРУВА СО ДВА ИЗГРАДЕНИ, ИМПЛЕМЕНТИРАНИ и ФУНКЦИОНАЛНИ СИСТЕМИ? И ЗОШТО? ТРЕБАШЕ САМО СОВЕСНО И ОДГОВОРНО ДА СЕ ОДРЖУВААТ  И КОРИСТАТ! Ретроспектива на воведувањето на е-Парламент системот: Согласно преземените обврски, а врз основа на член 68, став 2 од Уставот на Република Македонија, од: 1.     Декларацијата прифатени од земјите членки на Пактот за стабилност за Југоисточна Европа, потпишана на 4 јуни 2002 година; 2.     Агендата за развој на информатичкото општество за земјите од Југоисточна Европа донесена на 20 октомври 2002 година; 3.     Акциониот план на Европската комисија E-Europe 2005; 4.     Заклучоците од Министерската конференција за електронска управа, во 2003 година; 5.     Завршната декларацијана светскиот самит за информатичко општество (WSIS) усвоена во 2003 година во Женева; 6.     Други договори и конвенции ратификувани од страна на Република Македонија; 7.     Усвоена Декларација за забрзан развој на информатичкото општество и дигитална економија во Реппублика Македонија како национален приоритет од 2002 година; 8.     Усвоена Национална стратегија за развој на информатичкото општетсво од 21 септември 2005 година. Собранието на Република Македонија на седница одржана на 15 декември 2005 година донесе ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА ВОВЕДУВЊЕ НА е-ПАРЛАМЕНТ ВО СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. Откако станав Претседател на Собранието на Република Македонија (21.06.2008 година) оваа обврска ми беше високо на агендата на приоритети и заедно со тогашните колеги пратеници, координатори на пратеничките групи, потпретседателите на Собранието, но пред се благодарение на стручната, професионална и силно посветена собраниска служба успеавме да го реализираме/воведеме системот е-Парламент кој овозможи огромни придобиви од многу аспекти. Повеќе месечни консултации, часови и часови работа на службата на Собранието, работа со имплементаторот на системот компанијата Некст Сенс допринесоа Собранието во 2009 година го има е-Парламент системот како еден од најдобрите во светот. Проектот го реализиравме заедно со компанијата „Некстсенс“, која беше автор на софтверот. Ова особено го истакнувам бидејќи станува збор за домашна фирма, односно за домашен производ и вградено знаење за кое сметав дека може, но и кое се покажа како конкурентно на сите пазари, а нашиот е-Парламент систем пример и репер кој го земаа и вградија повеќе држави во регионот. Со воведувањето на Е-парламентот, во суштина, целиот законодавен процес во Собранието се направи да се одвива по електронски пат. Во пракса тоа значи дека од влегувањето на законот во парламентот, сите фази во законодавната постапка предвидени со Деловникот, се одвиваат по електронски пат. Идејата беше секој пратеник, како и вработените во Собранието, да можат многу ефикасно да го следат движењето на секој закон, или друг документ, или акт кој е во собраниска процедура. Сето ова, од една страна ја зајакнува ефикасноста и квалитетот на самиот законодавен процес, а во исто време има и економски ефекти. Втора, исто толку значајна димензија, која произлегува од воведувањето на Е-парламентот, е јакнењето на транспарентноста на законодавниот дом. Oсновна алатка за постигнување на оваа цел е собраниската веб-страница која беше поврзана со Е-парламент-системот од каде ги црпи податоците во врска со материјалите од законодавната постапка и која секојдневно, покрај на македонски, се ажурираше на албански, англиски и француски јазик. Со тоа е овозможено на истата, освен дневната агенда, како за пленарни седници, така и за сите собраниски комисии и други работни тела, да може да го најдете и секој закон кој влегува во собраниската процедура, како и сите други документи, акти и извештаи кои се тема на расправа во Собранието. Исто така, идеја беше да можат да се следат сите предложени амандмани од страна на пратениците, расправите преку стенограмите во собраниските комисии, како и заклучоците, па сè до усвојувањето на законот на пленарна седница. Односно, секој заинтересиран да може преку нашата веб-страница да го следи целокупниот законодавен процес. Понатаму, на веб-страницата можеше да ги најдете пратеничките состави на сите досегашни мандатни периоди, со основни биографски податоци за секој актуелен, но и поранешен пратеник. Огромна работа, време и енергија службата на Собранието вложи во дигитализацијата на стенограмите од сите пленарни седници од првиот парламентарен состав (од 1991 година), па се до актуелниот, што претставува огромна и значајна база на податоци за која верував и верувам дека ќе има примена и во научно-истражувачката дејност за оние кои сакаат да го истражуваат парламентаризмот во Република Македонија, но беше од огромна полза и за самото работење на пратениците и службата. Имавме намера преку собраниската веб-страница секој граѓанин може да се обрати до својот пратеник со свои размислувања и предлози. Воведовме и стриминг преку кој можат во живо да ја следите работата на пленарните седници. Фактот дека според истражувањата на јавното мислење, токму интернетот, односно нашата веб-страница во тој период се проби во врвот на медиумите преку кои граѓаните добиваат информации за работењето на парламентот, беше показател дека замислата успешно ја реализиравме во рамките на Е-парламент системот, со постојано настојување за унапредување и надоградување. Овие наши резултати во релативно краток временски период добија високи оцени и од страна на меѓународната заедница. По воведувањето на системот и отпочнување на негово функционирање во ноември 2009 година следеше Светската е-Парламент конференција во Вашингтон, на која учествуваат највисоките претставници на парламенти од целиот свет. Конференцијата ја отвори тогашниот спикер на Претставничкиот дом на САД, г-ѓа Ненси Пелоси. Како позитивно искуство на Конференцијата беше претставен проектот Е-парламент на Собранието на Република Македонија од страна на тогашниот потпретседател на Собранието, г. Јани Мaкрадули, кој исто така беше активно вклучен во целиот просец на воведување на е-Парламент системот. Во септември 2010 година следеше дводневна Конференција за е-Демократија во Охрид на која учествуваа повеќе од 35 делегации од 15 земји. „Македонскиот парламент е еден од најдобрите во регионот кога станува збор за користење на информатичките технологии. Македонија е пример за останатите земји“, оцени на Конференцијата Блаж Голаб, директор на ЦЕЕ центар за развој на е-Влада на отварањето на конференција за е-Демократија: „Информатичко-комуникационата технологија - двигател на демократијата и транспарентноста“. Во мај 2012 година на покана од г-ѓа Ева Копаз претседател на Сејмот на Република Полска и г. Богдан Боришевич, претседател на Сенатот на Република Полска, учествував на Конференција на претседатели на парламенти од земјите на Европската унија во Варшава, Република Полска на која учествуваа 28 претседатели и потпретседатели на парламенти, како и претседателот и потпретседателот на Европскиот парламент г. Мартин Шулц и г. Мигуел Ангел Мартинез, една точка од расправата беше посветена токму на оваа тема „Парламентот, мислење на јавноста и медиуми“: „Воведувањето и функционирањето на Е-парламентот е неминовност која е во функција на зголемување на ефикасноста на парламентарната демократија, на поголемата транспарентност во работењето на парламентите, а со тоа и на вистинска и ефикасна интеракција меѓу парламентот како законодавен дом и граѓаните и невладиниот сектор. Во суштина, тоа е и основата на демократијата“, истакнав во обраќањето. Потпретседателот на Собранието на Република Македонија и член на Делегацијата во Интерпарламентарната унија (ИПУ), г Јани Макрадули, учествуваше на Светската конференција за е-парламент, што се одржа во септември 2012 година во Рим, Италија на која учествуваа високи претставници од парламентите, меѓународните организации и експерти од областа на информатичките и комуникациските технологии во парламентите и повторно македонскиот систем е-Парламент беше презентирани и ценет како одлично решение. За жал, од една ваква ситуација наместо веб страницата на Собранието на РМ да се развива натаму имаме нејзино целосно уништување и замена со нова која има податоци од 2020 година. За жал собраниската страница на мрежата е денес илустрација за неодговорното владење на актуелниве власти. Сепак светот не почна од 2020 година и Македонија не е самостојна држава од 2020 година, напротив од тогаш започна нaјнеодговорниот период на владење во нашата историја. Со  вакво неодговорно однесување : -        Се губи транспарентноста на Собранието; -        Се губи отчетноста на пратениците пред своите гласачи; -        Се губи најсилната алатка на медиумите за прибирање на многу податоци за работата на Собранието, сега и во минатото; -        Пратениците губат можност за црпење на искуства од меморијата на работа и пракса на Собранието; -        Фрлени во сенка се можностите за проверка на ставовите на партиите и пратениците за значајни теми во сегашноста и минатото; -        Пратениците не можат да црпат искуство од воспоставените практики за работа на Собранието; -        Академската и стручна јавност губи сериозен извор на информации и податоци за своите научни потреби. Со почит, Скопје, 15.04.2023 година Трајко Вељаноски, Поранешен претседател на Собранието на Република Македонија

The post Дали е избришана целата архива: Вељаноски прашува каде е целата база на податоци во Собранието? appeared first on Република.

]]>
Трајко Вељаноски објасни како пратениците можат да си ја намалат платата и покрај одлуката на Уставниот суд https://republika.mk/vesti/makedonija/trajko-velanoski-objasni-kako-pratenitsite-mozhat-da-si-ja-namalat-platata-i-pokraj-odlukata-na-ustavniot-sud/ Fri, 07 Apr 2023 07:38:59 +0000 https://republika.mk/?p=628211

Поранешниот претседател на законодавниот дом Трајко Вељаноски преку отворено писмо им се обрати на претседателот на Собранието Талат Џафери, координаторите на пратеничките групи на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, Алијанса, Алтернатива, Беса, Левица и другите учесници на координативните средби.

Вељаноски вели дека почувствувал потреба, како долгогодишен претседател на Собранието, да им укаже на неколку елементарни аспекти поврзани со одлуката на Уставниот суд од 21 март 2023 година, а во вррска со зголемувањето на платите на избраните и именувани функционери.

-Имајќи го во предвид истакнатото, дозволете да ве потсетам дека првото замрзнување на платите на фукционерите беше направено во 2009 година (Службен весник бр.92/09) за време на моето претседавање со Собранието, со измена и дополнување на Законот за плата и други надоместоци на избраните и именувани лица. Имено, заради последиците од светската економска криза од тогаш имаше само минимално годишно покачување, и тоа 5% во 2012 година, 5% во 2013 година и 4% во 2014 година, и секогаш покачувањата беа во согласност со покачувањата на пензиите, односно на стандардот на граѓаните.

Оттаму, сакам да ви порачам дека ако чекате Владата да ви достави текст на Закон, ќе се изначекате водејќи се според односот на Владата во однос на ветувањето дека ќе бидат намалени високите примања на функционерите од регулаторните тела.

Наспроти тоа, наместо да молчите, свикајте ад-хок координација согласно член 24 став 2 од Законот за Собрание и донесете Заклучок да се изготви Закон за измена и дополнување на законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија, а службите во Собранието професионално ќе си ја извршат задачата и за неполн час ќе го изготват Законот. Ова законско решение потоа, по итна постапка можете да го донесете уште истиот ден на итна седница и тоа ќе стапи во сила уште веднаш.

Овој предлог сфатете го како добронамерна идеја која има за цел да оневозможи да се прекрши гневот на граѓаните кон пратениците и кон Собранието како носител на закони бидејќи во минатото имало многу примери кога владата и министерствата ја префрлале одговорноста за некои непопуларни и погрешни потези кон пратениците и кон Собранието.

Предлагам со Законот за измена и дополнување на законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија да предвидите бришење на членот 11 со кој се предвидува основицата за пресметка на плата да биде просечната месечна плата. Наместо тоа, предлагам да додадете нов член во Законот со кој ќе се утврди фиксен износ кој соодветствува на сегашните примања и на тој начин ќе се постапи по одлуката на Уставниот суд и нема да има двојство во нормирањето.

На Уставниот суд, пак, му “честитам“ за експресното постапување по иницијатива за укинување на законските одредби од Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија, секако свесен од минатото дека мотивот и нарачетелот на такво експресно постапување може лесно да се лоцира надвор од оваа институција, се вели во отвореното писмо на Вељаноски.

The post Трајко Вељаноски објасни како пратениците можат да си ја намалат платата и покрај одлуката на Уставниот суд appeared first on Република.

]]>

Поранешниот претседател на законодавниот дом Трајко Вељаноски преку отворено писмо им се обрати на претседателот на Собранието Талат Џафери, координаторите на пратеничките групи на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, Алијанса, Алтернатива, Беса, Левица и другите учесници на координативните средби. Вељаноски вели дека почувствувал потреба, како долгогодишен претседател на Собранието, да им укаже на неколку елементарни аспекти поврзани со одлуката на Уставниот суд од 21 март 2023 година, а во вррска со зголемувањето на платите на избраните и именувани функционери.
-Имајќи го во предвид истакнатото, дозволете да ве потсетам дека првото замрзнување на платите на фукционерите беше направено во 2009 година (Службен весник бр.92/09) за време на моето претседавање со Собранието, со измена и дополнување на Законот за плата и други надоместоци на избраните и именувани лица. Имено, заради последиците од светската економска криза од тогаш имаше само минимално годишно покачување, и тоа 5% во 2012 година, 5% во 2013 година и 4% во 2014 година, и секогаш покачувањата беа во согласност со покачувањата на пензиите, односно на стандардот на граѓаните.
Оттаму, сакам да ви порачам дека ако чекате Владата да ви достави текст на Закон, ќе се изначекате водејќи се според односот на Владата во однос на ветувањето дека ќе бидат намалени високите примања на функционерите од регулаторните тела. Наспроти тоа, наместо да молчите, свикајте ад-хок координација согласно член 24 став 2 од Законот за Собрание и донесете Заклучок да се изготви Закон за измена и дополнување на законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија, а службите во Собранието професионално ќе си ја извршат задачата и за неполн час ќе го изготват Законот. Ова законско решение потоа, по итна постапка можете да го донесете уште истиот ден на итна седница и тоа ќе стапи во сила уште веднаш. Овој предлог сфатете го како добронамерна идеја која има за цел да оневозможи да се прекрши гневот на граѓаните кон пратениците и кон Собранието како носител на закони бидејќи во минатото имало многу примери кога владата и министерствата ја префрлале одговорноста за некои непопуларни и погрешни потези кон пратениците и кон Собранието.
Предлагам со Законот за измена и дополнување на законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија да предвидите бришење на членот 11 со кој се предвидува основицата за пресметка на плата да биде просечната месечна плата. Наместо тоа, предлагам да додадете нов член во Законот со кој ќе се утврди фиксен износ кој соодветствува на сегашните примања и на тој начин ќе се постапи по одлуката на Уставниот суд и нема да има двојство во нормирањето.
На Уставниот суд, пак, му “честитам“ за експресното постапување по иницијатива за укинување на законските одредби од Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија, секако свесен од минатото дека мотивот и нарачетелот на такво експресно постапување може лесно да се лоцира надвор од оваа институција, се вели во отвореното писмо на Вељаноски.

The post Трајко Вељаноски објасни како пратениците можат да си ја намалат платата и покрај одлуката на Уставниот суд appeared first on Република.

]]>
Трајко Вељаноски тврди дека иницијативата за референдум на ВМРО ДПМНЕ е чиста како солза https://republika.mk/vesti/makedonija/trajko-veljanoski-tvrdi-deka-inicijativata-za-referendum-na-vmro-dpmne-e-chista-kako-solza/ Sat, 10 Sep 2022 09:33:36 +0000 https://republika.mk/?p=549368

Дали е дома или е во странство, собранискиот спикер Талат Џафери најдоцна до среда следнава недела мора да го прими мислењето за иницијативата за референдум поднесена од ВМРО-ДПМНЕ, тврди поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски.

Тој во разговор за Плусинфо објаснува дека Законодавно-правната комисија и Комисијата за политички систем се должни во рок од два работни дена да се произнесат дали иницијативата е уредна или е неуредна, а со оглед на тоа што иницијативата беше вчера поднесена во Собранието, крајниот рок кога треба да пристигне мислењето кај собранискиот спикер истекува во првите два дена по викендот, односно во вторник на полноќ.

– Воопшто не држи вода оправдувањето дека иницијативата за референдум сѐ уште не стасала кај собранискиот спикер, оти тој бил во странство. Тој, доколку сака, може да биде и цел месец отсутен од земјава, но тоа не значи дека собраниските служби не работат и дека не можат да ја достават иницијативата до комисиите. Член 191 став 1 од собранискиот Деловник вели дека иницијативата треба веднаш да се достави до собраниските комисии. А тој термин „веднаш“ всушност значи „сега“, или уште попрецизно: „денеска“. Но со оглед на тоа што иницијативата беше поднесена во петокот, тоа значи таа уште истиот ден треба да биде доставена до комисиите. Значи, претседателот на Собранието сега не се произнесува дали иницијативата е исправна или не е исправна, туку само ја доставува. Член 191 став 2 од Деловникот, пак, ги обврзува Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија во рок од два работни дена да му достават мислење на претседателот на Собранието, односно да се произнесат дали иницијативата е уредна или не е уредна. А штом иницијативата беше поднесена во текот на вчерашниот ден, тоа значи дека комисиите најдоцна до среда имаат време да му достават мислење на спикерот. И откако претседателот на Собранието најдоцна до среда ќе го добие мислењето, ако тоа мислење е позитивно, тогаш тој согласно член 192 од Деловникот ги известува предлагачите дека е иницијативата е уредна. Ако мислењето е негативно, тогаш согласно член 67 став 5 Законот за референдум во рок од 15 дена закажува пленарна седница на која Собранието се произнесува за неуредноста на иницијативата, објаснува Вељаноски.

Тој смета дека ако се почитува Деловникот на Собранието, мислењето на собраниските комисии во поглед на иницијативата за референдум со сигурност ќе биде позитивно, оти, како посочува, сите услови се исполнети.

Нема што овде да е негативно. Сѐ е чисто и сите услови се исполнети. Прво, собрани се минимум 100 потписи и референдумското прашање е формулирано согласно Законот за референдум и не е спротивно на Член 28 став 3 од Законот за референдум, кој вели дека не може да се распише референдум за прашања кои се гласаат со Бадентерово мнозинство. Овој закон за ратификација на Договорот за добрососедство со Бугарија, согласно стенограмите, изгласан на седницата број 30 одржана на 15 јануари 2018 година, не се гласал со Бадентерово мнозинство. Тоа значи дека иницијативата за референдум е чиста како солза. Затоа, доколку се почитува Деловникот, најдоцна до среда следнава недела треба да има позитивно мислење во Собранието – објаснува Вељаноски.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ вчера официјално ја поднесе иницијативата до Собранието, а координаторот Никола Мицевски изјави дека успеале да соберат повеќе од 650 потписи за помалку од половина час.

Сепак, собраниските служби вчера ги информираа новинарите дека претседателот на Собранието, Талат Џафери, сѐ уште ја нема примено иницијативата, оти се наоѓал надвор од државата.

Џафери е надвор од државата. Во моментот кога ќе ја прими ќе бидете информирани на време – посочија оттаму.

 

The post Трајко Вељаноски тврди дека иницијативата за референдум на ВМРО ДПМНЕ е чиста како солза appeared first on Република.

]]>

Дали е дома или е во странство, собранискиот спикер Талат Џафери најдоцна до среда следнава недела мора да го прими мислењето за иницијативата за референдум поднесена од ВМРО-ДПМНЕ, тврди поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски. Тој во разговор за Плусинфо објаснува дека Законодавно-правната комисија и Комисијата за политички систем се должни во рок од два работни дена да се произнесат дали иницијативата е уредна или е неуредна, а со оглед на тоа што иницијативата беше вчера поднесена во Собранието, крајниот рок кога треба да пристигне мислењето кај собранискиот спикер истекува во првите два дена по викендот, односно во вторник на полноќ.
– Воопшто не држи вода оправдувањето дека иницијативата за референдум сѐ уште не стасала кај собранискиот спикер, оти тој бил во странство. Тој, доколку сака, може да биде и цел месец отсутен од земјава, но тоа не значи дека собраниските служби не работат и дека не можат да ја достават иницијативата до комисиите. Член 191 став 1 од собранискиот Деловник вели дека иницијативата треба веднаш да се достави до собраниските комисии. А тој термин „веднаш“ всушност значи „сега“, или уште попрецизно: „денеска“. Но со оглед на тоа што иницијативата беше поднесена во петокот, тоа значи таа уште истиот ден треба да биде доставена до комисиите. Значи, претседателот на Собранието сега не се произнесува дали иницијативата е исправна или не е исправна, туку само ја доставува. Член 191 став 2 од Деловникот, пак, ги обврзува Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија во рок од два работни дена да му достават мислење на претседателот на Собранието, односно да се произнесат дали иницијативата е уредна или не е уредна. А штом иницијативата беше поднесена во текот на вчерашниот ден, тоа значи дека комисиите најдоцна до среда имаат време да му достават мислење на спикерот. И откако претседателот на Собранието најдоцна до среда ќе го добие мислењето, ако тоа мислење е позитивно, тогаш тој согласно член 192 од Деловникот ги известува предлагачите дека е иницијативата е уредна. Ако мислењето е негативно, тогаш согласно член 67 став 5 Законот за референдум во рок од 15 дена закажува пленарна седница на која Собранието се произнесува за неуредноста на иницијативата, објаснува Вељаноски.
Тој смета дека ако се почитува Деловникот на Собранието, мислењето на собраниските комисии во поглед на иницијативата за референдум со сигурност ќе биде позитивно, оти, како посочува, сите услови се исполнети.
Нема што овде да е негативно. Сѐ е чисто и сите услови се исполнети. Прво, собрани се минимум 100 потписи и референдумското прашање е формулирано согласно Законот за референдум и не е спротивно на Член 28 став 3 од Законот за референдум, кој вели дека не може да се распише референдум за прашања кои се гласаат со Бадентерово мнозинство. Овој закон за ратификација на Договорот за добрососедство со Бугарија, согласно стенограмите, изгласан на седницата број 30 одржана на 15 јануари 2018 година, не се гласал со Бадентерово мнозинство. Тоа значи дека иницијативата за референдум е чиста како солза. Затоа, доколку се почитува Деловникот, најдоцна до среда следнава недела треба да има позитивно мислење во Собранието – објаснува Вељаноски.
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ вчера официјално ја поднесе иницијативата до Собранието, а координаторот Никола Мицевски изјави дека успеале да соберат повеќе од 650 потписи за помалку од половина час. Сепак, собраниските служби вчера ги информираа новинарите дека претседателот на Собранието, Талат Џафери, сѐ уште ја нема примено иницијативата, оти се наоѓал надвор од државата.
Џафери е надвор од државата. Во моментот кога ќе ја прими ќе бидете информирани на време – посочија оттаму.
 

The post Трајко Вељаноски тврди дека иницијативата за референдум на ВМРО ДПМНЕ е чиста како солза appeared first on Република.

]]>
Апелацискиот суд ги укина притворите за Драги Рашковски и Трајко Вељаноски https://republika.mk/vesti/makedonija/apelaciskiot-sud-gi-ukina-pritvorite-za-dragi-rashkovski-i-trajko-veljanoski/ Thu, 03 Feb 2022 08:05:25 +0000 https://republika.mk/?p=453331

Апелацискиот суд Скопје вчера ги укина мерките куќен притвор за Драги Рашковски и за Трајко Вељаноски, објави МКД.мк.

Во случајот со поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски судот ја прифати понудената гаранција од 192.980 евра во недвижен имот. На Рашковски определени му се мерки на претпазливост и тој секој понеделник ќе мора да се јавува во Основниот кривичен суд Скопје и провремено му е одземен пасошот се до правосилноста на пресудата во случајот во кој тој е обвинет за злоупотреба на службената положба и овластување и перење пари.

Трајко Вељаноски, поранешниот претседател на Собранието, е во куќен притвор за случајот Организатори на 27 апприл за кој од првостепениот суд е осуден на шест години и шест месеци затвор.

The post Апелацискиот суд ги укина притворите за Драги Рашковски и Трајко Вељаноски appeared first on Република.

]]>

Апелацискиот суд Скопје вчера ги укина мерките куќен притвор за Драги Рашковски и за Трајко Вељаноски, објави МКД.мк. Во случајот со поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски судот ја прифати понудената гаранција од 192.980 евра во недвижен имот. На Рашковски определени му се мерки на претпазливост и тој секој понеделник ќе мора да се јавува во Основниот кривичен суд Скопје и провремено му е одземен пасошот се до правосилноста на пресудата во случајот во кој тој е обвинет за злоупотреба на службената положба и овластување и перење пари. Трајко Вељаноски, поранешниот претседател на Собранието, е во куќен притвор за случајот Организатори на 27 апприл за кој од првостепениот суд е осуден на шест години и шест месеци затвор.

The post Апелацискиот суд ги укина притворите за Драги Рашковски и Трајко Вељаноски appeared first on Република.

]]>