Трајко Славески Archives - Република https://republika.mk/tema/trajko-slaveski/ За подобро да се разбереме Tue, 17 Sep 2024 08:05:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Трајко Славески Archives - Република https://republika.mk/tema/trajko-slaveski/ 32 32 Славески: Ценовни контроли – четириесет века јалова работа https://republika.mk/vesti/ekonomija/slaveski-tsenovni-kontroli-chetirieset-veka-jalova-rabota/ Tue, 17 Sep 2024 08:05:43 +0000 https://republika.mk/?p=816982

Повикот на јавноста за контрола врз цените како одговор на високата инфлација по пандемијата со Ковид 19 им даде одврзани раце на политичарите за нови експерименти. Верувам дека искуствата им се познати на читателите. Мерките за контрола врз цените се напуштаа по неколку месеци од нивното воведување, пишува Трајко Славески во последната колумна на „Плусинфо“ за историјата на ценовните контроли, нивниот ефект и инфлацијата.

И покрај долгата историја на неуспех при примената на ценовни контроли, ентузијазмот за интервенција на пазарот и во услови кога за такво нешто нема потреба, не спласнува. Историските лекции остануваат ненаучени. Контролата врз цените и платите е насочена кон симптомите, а не кон фундаменталните причини кои доведуваат до висока инфлација. Напротив, резултатот се недостаток од производите со контролирани цени, црн пазар, неправилна алокација на ресурсите и кршење на законите и другите прописи.

До раст на цените на одделни производи доаѓа како резултат на елементарни непогоди, или како резултат на човечка активност, како војни, протекционизам и сл. На ова се надоврзува неодговорна фискална политика која изгубила контрола врз јавните расходи. Ако монетарната политика е акомодативна, т.е. лабава во такви услови, неминовна е инфлација која не можат да ја спречат никакви ценовни контроли.

Уште повеќе, доколку од популистички побуди власта истовремено форсира раст на платите, рецептот за катастрофа е на маса!

Целата колумна тука

The post Славески: Ценовни контроли – четириесет века јалова работа appeared first on Република.

]]>

Повикот на јавноста за контрола врз цените како одговор на високата инфлација по пандемијата со Ковид 19 им даде одврзани раце на политичарите за нови експерименти. Верувам дека искуствата им се познати на читателите. Мерките за контрола врз цените се напуштаа по неколку месеци од нивното воведување, пишува Трајко Славески во последната колумна на „Плусинфо“ за историјата на ценовните контроли, нивниот ефект и инфлацијата.
И покрај долгата историја на неуспех при примената на ценовни контроли, ентузијазмот за интервенција на пазарот и во услови кога за такво нешто нема потреба, не спласнува. Историските лекции остануваат ненаучени. Контролата врз цените и платите е насочена кон симптомите, а не кон фундаменталните причини кои доведуваат до висока инфлација. Напротив, резултатот се недостаток од производите со контролирани цени, црн пазар, неправилна алокација на ресурсите и кршење на законите и другите прописи. До раст на цените на одделни производи доаѓа како резултат на елементарни непогоди, или како резултат на човечка активност, како војни, протекционизам и сл. На ова се надоврзува неодговорна фискална политика која изгубила контрола врз јавните расходи. Ако монетарната политика е акомодативна, т.е. лабава во такви услови, неминовна е инфлација која не можат да ја спречат никакви ценовни контроли. Уште повеќе, доколку од популистички побуди власта истовремено форсира раст на платите, рецептот за катастрофа е на маса!
Целата колумна тука

The post Славески: Ценовни контроли – четириесет века јалова работа appeared first on Република.

]]>
Славески: Лиценците за нотар биле продавани за суми до стотина илјади евра https://republika.mk/vesti/skopje/slaveski-litsentsite-za-notar-bile-prodavani-za-sumi-do-stotina-iljadi-evra/ Wed, 31 Jul 2024 20:53:15 +0000 https://republika.mk/?p=802112

Еден правник, кој на поодминато доба стана професор на еден факултет надвор од Скопје, пред повеќе години ми ги отвори очите за функционирање на еден разработен модел на корупција во високото образование во Македонија. Човекот со претходно искуство од неколку децении во практиката, за да биде примен на факултетот, дал позамашна сума поткуп на факултететслите власти, веројатно на тогашниот декан пишува Трајко Слевески.

За да си ја поврати оваа своја „инвестиција“, новопечениот професор бил „принуден“ да зема мито за полагање на испити од студентите.Имам сознанија дека ваквата шема функционирала и на други високообразовни институции во земјата.

Како и многумина, со неверување ја примив веста, лиферувана веднаш по завршувањето на парламентарните избори, дека со потпис на поранешниот министер за правда, господинот Кренер Лога, тогаш во заминување, била објавена одлука за десеткратно зголемување на цените на нотарските услуги во Македонија.

Некако истовремено, до мене допре информацијата дека лиценците за нотар, преку посредници, биле продавани за суми кои достигнуваат стотина илјади евра!

Бог знае каде завршувале тие „црни“ пари, но секој мирјанин може да го посочи одговорот на ова прашање.

Интересно е што одлуката за десеткрстно зголемување на цените на нотарските услуги била донесена во февруари, но објавена веднаш по парламентарните избори, со одложено дејство за стапување во сила во септември оваа година.

Навидум, звучи многу паметно! На потенцијалните апликанти за лиценца за нотар уште во февруари им се дало до знаење дека нивните услуги ќе може да ги нудат по десеткратно повисоки цени. Вака, за релативно кратко време, ќе можат да си ја повратат „инвестицијата“ од околу стотина илјади евра во форма на поткуп што ќе ги дадат „на рака“ за лиценцата.

Се разбира, истата „бенфиција“ важи и за имателите на лиценци кои претходно платиле за можноста за отворање нотарска канцеларија, а се уште не си ја повратиле „инвестицијата“ (поткупот).

Значи, кајмакот ќе го собере давателот на лиценцата, а „стапот“ ќе го јаде новиот министер за правда, т.е. новата влада, поради револтот од високите цени на нотарските услуги со стапувањето во сила на новиот ценовник од септември.

Што треба да направи новиот министер за правда, г-динот Филков, со поддршка на Владата?

Постои начин да бидеме попаметни од претходните креатори на корупциската шема.

Нема сомнение дека одлуката за безобразното зголемување на цените на нотарските услуги треба веднаш да се укине. Но, со овој чин не се постигнува многу, тврди Славески

Мојот предлог е следен: цените на нотарските услуги се намалуваат за најмалку 50% со важност до крајот на годината. Се носи законски пропис со кој се амнестираат сите нотари кои ќе потврдат дека лиценцата ја купиле на „црно“ и ќе посочат кому ги дале парите.

Креаторите на оваа срамна корупциска шема се изведуваат пред суд. Од средствата прибрани со конфискација на нивниот имот, се обесштетуваат нотарите кои помогнале за откривање на корупцијата во случајот со издавање нотарски лиценци.

The post Славески: Лиценците за нотар биле продавани за суми до стотина илјади евра appeared first on Република.

]]>

Еден правник, кој на поодминато доба стана професор на еден факултет надвор од Скопје, пред повеќе години ми ги отвори очите за функционирање на еден разработен модел на корупција во високото образование во Македонија. Човекот со претходно искуство од неколку децении во практиката, за да биде примен на факултетот, дал позамашна сума поткуп на факултететслите власти, веројатно на тогашниот декан пишува Трајко Слевески.
За да си ја поврати оваа своја „инвестиција“, новопечениот професор бил „принуден“ да зема мито за полагање на испити од студентите.Имам сознанија дека ваквата шема функционирала и на други високообразовни институции во земјата. Како и многумина, со неверување ја примив веста, лиферувана веднаш по завршувањето на парламентарните избори, дека со потпис на поранешниот министер за правда, господинот Кренер Лога, тогаш во заминување, била објавена одлука за десеткратно зголемување на цените на нотарските услуги во Македонија. Некако истовремено, до мене допре информацијата дека лиценците за нотар, преку посредници, биле продавани за суми кои достигнуваат стотина илјади евра! Бог знае каде завршувале тие „црни“ пари, но секој мирјанин може да го посочи одговорот на ова прашање. Интересно е што одлуката за десеткрстно зголемување на цените на нотарските услуги била донесена во февруари, но објавена веднаш по парламентарните избори, со одложено дејство за стапување во сила во септември оваа година.   Навидум, звучи многу паметно! На потенцијалните апликанти за лиценца за нотар уште во февруари им се дало до знаење дека нивните услуги ќе може да ги нудат по десеткратно повисоки цени. Вака, за релативно кратко време, ќе можат да си ја повратат „инвестицијата“ од околу стотина илјади евра во форма на поткуп што ќе ги дадат „на рака“ за лиценцата. Се разбира, истата „бенфиција“ важи и за имателите на лиценци кои претходно платиле за можноста за отворање нотарска канцеларија, а се уште не си ја повратиле „инвестицијата“ (поткупот). Значи, кајмакот ќе го собере давателот на лиценцата, а „стапот“ ќе го јаде новиот министер за правда, т.е. новата влада, поради револтот од високите цени на нотарските услуги со стапувањето во сила на новиот ценовник од септември. Што треба да направи новиот министер за правда, г-динот Филков, со поддршка на Владата? Постои начин да бидеме попаметни од претходните креатори на корупциската шема.
Нема сомнение дека одлуката за безобразното зголемување на цените на нотарските услуги треба веднаш да се укине. Но, со овој чин не се постигнува многу, тврди Славески
Мојот предлог е следен: цените на нотарските услуги се намалуваат за најмалку 50% со важност до крајот на годината. Се носи законски пропис со кој се амнестираат сите нотари кои ќе потврдат дека лиценцата ја купиле на „црно“ и ќе посочат кому ги дале парите. Креаторите на оваа срамна корупциска шема се изведуваат пред суд. Од средствата прибрани со конфискација на нивниот имот, се обесштетуваат нотарите кои помогнале за откривање на корупцијата во случајот со издавање нотарски лиценци.
 
The post Славески: Лиценците за нотар биле продавани за суми до стотина илјади евра appeared first on Република.

]]>
Славески: Која им е „нашата репрезентација“ на Таравари и Касами? https://republika.mk/vesti/makedonija/slaveski-koja-im-e-nashata-reprezentatsija-na-taravari-i-kasami/ Mon, 17 Jun 2024 12:20:15 +0000 https://republika.mk/?p=788422

Ако матична држава на нашите сограѓани етнички Албанци е Македонија, а не Албанија, според која логика фудбалската репрезентација на Албанија може да биде национален тим?

https://republika.mk/sport/fudbal/ohrid-vo-sostav-na-golema-albanija-kaj-albanskite-navivachi-vo-germanija/

Вака во објава на Икс реагира претседателот на Советот на Град Скопје и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески, откако дел од лидерите на коалицијата „Вреди“, коментирајќи го мечот меѓу Албанија и Италија на Европското првенство од пред два дена, го ословија тимот на Албанија со „нашата репрезентација“.

https://republika.mk/sport/fudbal/grubi-i-sela-vo-germanija-navivaat-za-svojata-albanska-reprezentatsija/

Национален тим? Зошто кога консензуално се договоривме и прифативме дека нашите сограѓани етнички Албанци не се малцинство во Република Македонија, некои нивни лидери самите ги промовираат во малцинство?! Разбирливо е за едно малцинство да се поистоветува со институции во матичната држава. Но, ако матична држава на нашите сограѓани етнички Албанци е Македонија, а не Албанија, според која логика фудбалската репрезентација на Албанија може да биде нивен национален тим“,пишува Славески во објавата на Икс.

The post Славески: Која им е „нашата репрезентација“ на Таравари и Касами? appeared first on Република.

]]>

Ако матична држава на нашите сограѓани етнички Албанци е Македонија, а не Албанија, според која логика фудбалската репрезентација на Албанија може да биде национален тим? https://republika.mk/sport/fudbal/ohrid-vo-sostav-na-golema-albanija-kaj-albanskite-navivachi-vo-germanija/ Вака во објава на Икс реагира претседателот на Советот на Град Скопје и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески, откако дел од лидерите на коалицијата „Вреди“, коментирајќи го мечот меѓу Албанија и Италија на Европското првенство од пред два дена, го ословија тимот на Албанија со „нашата репрезентација“. https://republika.mk/sport/fudbal/grubi-i-sela-vo-germanija-navivaat-za-svojata-albanska-reprezentatsija/
Национален тим? Зошто кога консензуално се договоривме и прифативме дека нашите сограѓани етнички Албанци не се малцинство во Република Македонија, некои нивни лидери самите ги промовираат во малцинство?! Разбирливо е за едно малцинство да се поистоветува со институции во матичната држава. Но, ако матична држава на нашите сограѓани етнички Албанци е Македонија, а не Албанија, според која логика фудбалската репрезентација на Албанија може да биде нивен национален тим“,пишува Славески во објавата на Икс.

The post Славески: Која им е „нашата репрезентација“ на Таравари и Касами? appeared first on Република.

]]>
Честитки за одлуката да не учествуваме на Евровизија: Ова не е мојата Европа https://republika.mk/tvitovi/chestitki-za-odlukata-da-ne-uchestvuvame-na-evrovizija-ova-ne-e-mojata-evropa/ Sun, 12 May 2024 10:19:45 +0000 https://republika.mk/?p=777217

The post Честитки за одлуката да не учествуваме на Евровизија: Ова не е мојата Европа appeared first on Република.

]]>

The post Честитки за одлуката да не учествуваме на Евровизија: Ова не е мојата Европа appeared first on Република.

]]>
Славески: Зошто немаше вакви прашања на Локалните избори во 2021 година? https://republika.mk/vesti/makedonija/slaveski-zoshto-nemashe-vakvi-prashana-na-lokalnite-izbori-vo-2021-godina/ Wed, 08 May 2024 15:33:03 +0000 https://republika.mk/?p=775613

Заговарачите за бојкот, со намера да предизвикаат неуспех на изборите за претседател на Република Македонија и да ја втурнат земјата во хаос, очигледно знаеле нешто од областа на бихејвиористичката економија, анализира Трајко Славески, според кого на одлуката на луѓето при изборот во голема мера влијае начинот на презентација на алтернативите. Во науката овој ефект е познат како „врамување” (framing effect).

Во случајов секој гласач што дошол на избирачко место да го оствари своето право на глас требаше да биде понуден да гласа за претседател и за членови на Парламентот. При тоа, до колку сака, може да земе само едно од понудените две гласачки ливчиња, како сопствен избор. 

Наместо ова, мнозинството во ДИК, што го сочинуваат претставници од партиите на сѐ уште постојното владеачко мнозинство, манипулативно и со намера да ја намалат излезноста на изборите за претседател, дале насоки избирачките одбори да ги прашуваат гласачите за кои избори сакаат да гласаат, вели Славески.

Тој прашува „Зошто немаше вакви прашања на Локалните избори во 2021 година?“.

Никој не нѐ праша дали сакаме да гласаме само за градоначалник или и за листите на советници! Секој гласач под default ги добива сите гласачки ливчиња, а негово/нејзино право е да одлучи за што ќе гласа, или ќе врати некое од ливчињата назад непополнето. Направен е преседан за кој е потребно објаснување. За среќа, судејќи според излезноста до 15:00 часот, бојкотот нема да успее и Република Македонија ќе добие компетентен претседател. Заговорниците на бојкотот ќе бидат посрамени и дефакторизирани!, порача тој.

The post Славески: Зошто немаше вакви прашања на Локалните избори во 2021 година? appeared first on Република.

]]>

Заговарачите за бојкот, со намера да предизвикаат неуспех на изборите за претседател на Република Македонија и да ја втурнат земјата во хаос, очигледно знаеле нешто од областа на бихејвиористичката економија, анализира Трајко Славески, според кого на одлуката на луѓето при изборот во голема мера влијае начинот на презентација на алтернативите. Во науката овој ефект е познат како „врамување” (framing effect).
Во случајов секој гласач што дошол на избирачко место да го оствари своето право на глас требаше да биде понуден да гласа за претседател и за членови на Парламентот. При тоа, до колку сака, може да земе само едно од понудените две гласачки ливчиња, како сопствен избор.  Наместо ова, мнозинството во ДИК, што го сочинуваат претставници од партиите на сѐ уште постојното владеачко мнозинство, манипулативно и со намера да ја намалат излезноста на изборите за претседател, дале насоки избирачките одбори да ги прашуваат гласачите за кои избори сакаат да гласаат, вели Славески.
Тој прашува „Зошто немаше вакви прашања на Локалните избори во 2021 година?“.
Никој не нѐ праша дали сакаме да гласаме само за градоначалник или и за листите на советници! Секој гласач под default ги добива сите гласачки ливчиња, а негово/нејзино право е да одлучи за што ќе гласа, или ќе врати некое од ливчињата назад непополнето. Направен е преседан за кој е потребно објаснување. За среќа, судејќи според излезноста до 15:00 часот, бојкотот нема да успее и Република Македонија ќе добие компетентен претседател. Заговорниците на бојкотот ќе бидат посрамени и дефакторизирани!, порача тој.

The post Славески: Зошто немаше вакви прашања на Локалните избори во 2021 година? appeared first on Република.

]]>
Славески: Кекси, кули од камен и јадење гурабии https://republika.mk/vesti/makedonija/slaveski-keksi-kuli-od-kamen-i-jadene-gurabii/ Mon, 22 Apr 2024 18:16:45 +0000 https://republika.mk/?p=769420

Минатата година, не се сеќавам точно кој месец беше, пазарував во еден од големите маркети во Скопје, кога случајно сум застанал на каса позади млад брачен пар етнички Албанци, за кои претпоставив дека се од Косово. Не сум сигурен дека можеле да бидат и наши сограѓани, но со оглед на тоа што не проговорија ниту збор на македонски јазик со касиерката, а се задржаа на касата повеќе од 5 минути, да се согласиме дека биле Косовари, пишува за Плусинфо, Трајко Славески.

Веројатно се прашувате зошто толку долго траеше процесот на наплата на нивните покупки во преполната количка, од оние големите. Количката беше полна со – кекси (бисквити) од брендот „Плазма“, производ на А.Д. „Бамби“ од Пожаревац, Србија.

До некаде запознат со регионалните случувања во моментот, веднаш сфатив во што е работата. Косово беше вовело времена забрана за увоз на производи од Србија, а брачниот пар со преполната количка со „Плазма“ веројатно имале мало детенце што го раснеле со тој вид бисквити, а одвреме-навреме и со по некоја гурабија.

Можеби имале и нарачки од роднини и пријатели чиишто дечиња раснеле со српските „кекси“. Претпоставувам дека уште многу косовски дечиња раснеле со овие српски бисквити. Квалитетот не познава граници и национална омраза, особено не кога немате избор.

И јас понекогаш користам „Плазма“, за со кафе. Не сум раснел во луксуз, за родителите да можат да купат таков деликатес. Ионака кога фабриката „Бамби“ почна да ги произведува нашироко во регионот познатите бисквити во 1967 година, како бејби-бумер, роден пред граничната за оваа генерација 1964 година, веќе бев на возраст кога ми паѓаат, а не ми растат млечните заби.

Ако е за утеха, не сум бил единствен. Деновиве слушам дека и некои мои врсници од Кичевската околија, исто така, раснеле без кекси. Но, ете, и ние сме пораснале. Сме ги напуштиле родните огништа по образование, егзистенција и идеали. Кој за што!

Затоа, не треба да ги обвинуваме помладите генерации кои раснеле со кекси (бисквити). Тоа не ги прави ниту послаби, ниту посилни од нас. Родителите давале сѐ од себе да ни овозможат што подобри услови за живот, во согласност со времето и сопствените можности.

Некои оделе на печалба, за да може семејството да обезбеди леб и по некоја бисквита за децата, а некои преминуваат граници за да купат бисквити за своите деца, чија продажба локалните власти ја имале забрането на сопствената територија.

Тоа дали сме раснеле или не со бисквити и гурабии не го детерминира нашиот став и лојалност кон сопствената држава. Не влијае на тоа дали, не дај Боже, некогаш ќе посегнеме по животите на нашите сограѓани, правдајќи го тоа со борба за човекови права. Затоа што сме раснеле во кули од камен, или како во мојот случај, во недовршени дивоградби.

Нема оправдување кога, понесени од толпата во една априлска вечер, ќе упатиме закани и ќе повикаме сеништа од минатото кои потсетуваат на терор, удар врз државата, разурнати домови и загуба на човечки животи.

Нервозата може да се смири со чаша топло млеко и бисквити, макар биле и српски. Можат да ги конзумираат и возрасните. Смиреноста и мудроста во овие моменти се неопходни, за да можат нашите дечиња, меѓу другито, да раснат и со бисквити, во топли и безбедни домови.

А за возрасните, побелени бејби-бумери, е најдобро да престанат да јадат гурабии, пишува Славески.

The post Славески: Кекси, кули од камен и јадење гурабии appeared first on Република.

]]>

Минатата година, не се сеќавам точно кој месец беше, пазарував во еден од големите маркети во Скопје, кога случајно сум застанал на каса позади млад брачен пар етнички Албанци, за кои претпоставив дека се од Косово. Не сум сигурен дека можеле да бидат и наши сограѓани, но со оглед на тоа што не проговорија ниту збор на македонски јазик со касиерката, а се задржаа на касата повеќе од 5 минути, да се согласиме дека биле Косовари, пишува за Плусинфо, Трајко Славески. Веројатно се прашувате зошто толку долго траеше процесот на наплата на нивните покупки во преполната количка, од оние големите. Количката беше полна со – кекси (бисквити) од брендот „Плазма“, производ на А.Д. „Бамби“ од Пожаревац, Србија. До некаде запознат со регионалните случувања во моментот, веднаш сфатив во што е работата. Косово беше вовело времена забрана за увоз на производи од Србија, а брачниот пар со преполната количка со „Плазма“ веројатно имале мало детенце што го раснеле со тој вид бисквити, а одвреме-навреме и со по некоја гурабија. Можеби имале и нарачки од роднини и пријатели чиишто дечиња раснеле со српските „кекси“. Претпоставувам дека уште многу косовски дечиња раснеле со овие српски бисквити. Квалитетот не познава граници и национална омраза, особено не кога немате избор. И јас понекогаш користам „Плазма“, за со кафе. Не сум раснел во луксуз, за родителите да можат да купат таков деликатес. Ионака кога фабриката „Бамби“ почна да ги произведува нашироко во регионот познатите бисквити во 1967 година, како бејби-бумер, роден пред граничната за оваа генерација 1964 година, веќе бев на возраст кога ми паѓаат, а не ми растат млечните заби. Ако е за утеха, не сум бил единствен. Деновиве слушам дека и некои мои врсници од Кичевската околија, исто така, раснеле без кекси. Но, ете, и ние сме пораснале. Сме ги напуштиле родните огништа по образование, егзистенција и идеали. Кој за што! Затоа, не треба да ги обвинуваме помладите генерации кои раснеле со кекси (бисквити). Тоа не ги прави ниту послаби, ниту посилни од нас. Родителите давале сѐ од себе да ни овозможат што подобри услови за живот, во согласност со времето и сопствените можности. Некои оделе на печалба, за да може семејството да обезбеди леб и по некоја бисквита за децата, а некои преминуваат граници за да купат бисквити за своите деца, чија продажба локалните власти ја имале забрането на сопствената територија. Тоа дали сме раснеле или не со бисквити и гурабии не го детерминира нашиот став и лојалност кон сопствената држава. Не влијае на тоа дали, не дај Боже, некогаш ќе посегнеме по животите на нашите сограѓани, правдајќи го тоа со борба за човекови права. Затоа што сме раснеле во кули од камен, или како во мојот случај, во недовршени дивоградби. Нема оправдување кога, понесени од толпата во една априлска вечер, ќе упатиме закани и ќе повикаме сеништа од минатото кои потсетуваат на терор, удар врз државата, разурнати домови и загуба на човечки животи. Нервозата може да се смири со чаша топло млеко и бисквити, макар биле и српски. Можат да ги конзумираат и возрасните. Смиреноста и мудроста во овие моменти се неопходни, за да можат нашите дечиња, меѓу другито, да раснат и со бисквити, во топли и безбедни домови. А за возрасните, побелени бејби-бумери, е најдобро да престанат да јадат гурабии, пишува Славески.

The post Славески: Кекси, кули од камен и јадење гурабии appeared first on Република.

]]>
Славески: Корупцијата е рак рана на македонското општество тоа го констатираа и експерти од државава и меѓународниот фактор, владата на ВМРО-ДПМНЕ жестоко ќе се бори против корупцијата https://republika.mk/vesti/makedonija/slaveski-koruptsijata-e-rak-rana-na-makedonskoto-opshtestvo-toa-go-konstatiraa-i-eksperti-od-drzhavava-i-megunarodniot-faktor-vladata-na-vmro-dpmne-zhestoko-ke-se-bori-protiv-koruptsijata/ Fri, 12 Apr 2024 21:11:57 +0000 https://republika.mk/?p=765579

„Корупцијата е рак рана на македонското општество, сите гледаат што се случува во државава,. Ова е констатирано не само од обичните граѓани, туку од експерти и надворешни набљудувачи и оттука таа зазема една од централните позиции во програмата на овие избори на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Трајко Славески, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување на МРТ.

„Фискалниот простор е стеснет драматично во Република Македонија заради високиот јавен долг, високите буџетски дефицити кои ги практикува владата во заминување и некои преземени обврски, пред се тука е договорот за коридорот 8 и 10 со Бехтел и Енка кои зафаќаат голем простор во буџетот, а не знаеме со која динамика и износи ќе се реализира“, вели Славески.

Славески посочи дека задача број еден на наредната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ е да обезбеди макроекономска стабилизација во државава.

„Задача број еден на наредната влада е да обезбеди макроекономска стабилизација. Стабилност за цените односно да ја прекине оваа спирала плати – цени. Кај инфлацијата исто така, тоа го укажа Светска банка, и има една друга категорија која се нарекува вградена инфлација која ги вклучува цените на одредени променливи категории како што се берзански производи, храната и енергијата и она што станува тоа се домашни фактори. Сега кај нас ако е 4% нешто што треба да загрижува, ние за еден месец имавме инфлација од скоро 1% односно 0,9% и ако продолжи тој тренд инфлацијата на годишно ниво ќе биде над 13-14%“, истакна Славески.

The post Славески: Корупцијата е рак рана на македонското општество тоа го констатираа и експерти од државава и меѓународниот фактор, владата на ВМРО-ДПМНЕ жестоко ќе се бори против корупцијата appeared first on Република.

Со СДСМ на власт целокупниот раст на платите го „изеде“ инфлацијата https://republika.mk/vesti/ekonomija/so-sdsm-na-vlast-tselokupniot-rast-na-platite-go-izede-inflatsijata/ Fri, 05 Apr 2024 07:35:33 +0000 https://republika.mk/?p=762519

Да се сведе главното предизборно ветување од страна на СДСМ на зголемување на просечната и на минималната плата на 1.100 и 600 евра, соодветно, до 2028 година, е индикација за целосна безидејност во квалитетна понуда кон граѓаните за наредните парламентарни избори, пишува Трајко Славески во колумна на Плусинфо.

Среќна околност е што СДСМ ќе нема шанса и понатаму да ги залажува македонските граѓани со нереални ветувања, затоа што се предодредени за опозиција по 8. мај оваа година.

Нивното очајничко ветување е неодржливо и претставува гол популизам од следниве причини:

Прво, ретко кој политички субјект пред граѓаните настапува со ветување за зголемување на платите во номинален износ. Тоа е ексклузивна одлика на СДСМ, а од неодамна и на српскиот претседател Вучиќ, што наликува на некоја „Отворен Балкан“ стратегија.

Сериозни политички субјекти ветуваат издржан економски модел, базиран на зголемување на приватните и јавни инвестиции и пораст на продуктивноста; владеење на правото; сериозна борба против корупцијата; јакнење на институциите на пазарната економија; поддршка на ранливите категории граѓани и достоинствен животен стандард за пензионерите и сл.

Второ, оперирањето со просечен износ на нето-платата е погрешно. Многу порелевантен показател за куповната моќ на вработените е медијалната (средна) плата. Кај нас околу 3/4 од вработените примаат плата пониска од просечната. Час поскоро нашите институции, пред сè Државниот завод за статистика, треба да почнат да го објавуваат износот на медијалната (средна) плата, што претставува стандардна практика во меѓународната статистика на пазарот на труд.

Трето, за куповната моќ на доходите релевантна е реалната плата, односно номиналната плата коригирана со стапката на инфлација. Во изминатиот период на владеење на владата предводена од ДУИ/СДСМ поради високата стапка на инфлација (25% кумулативно за 2023 и 2024 година) целокупниот номинален пораст на платите го „изеде“ инфлацијата. Тоа го чувствуваат и граѓаните кои се екстремно незадоволни и покрај номиналниот раст на платите.

Четврто, секое зголемување на платите со политички притисок, преку пораст на минималната плата, ќе води истовремено до повисока стапка на инфлација. Трошоците за труд во голем број сектори и претпријатија се значителна ставка и на работодавачите не им преостанува ништо друго освен таквиот пораст кој го надминува растот на продуктивноста да го префрлат врз цените, што само по себе ја подгрева инфлацијата.

Платите реално може да се зголемуваат само со реален раст на економијата и на продуктивноста на трудот. Во спротивно и понатаму ќе бидеме сведоци на спиралата цени-плати.

Петто, секое зголемување на минималната плата не може а да не биде вкалкулирано во зголемување и на останатите плати во економијата, во приватниот и во јавниот сектор. Во изминатиот период бевме сведоци на бројни протести и штрајкови на вработени во јавниот сектор поради неусогласувањето на нивните плати со зголемувањето на минималната плата, а некои протести, како тој во здравството се најавени за во скоро време. Не може владата да се фали со зголемување на минималната плата, и одредено усогласување кај некои дејности или установи кои преку разни форми на притисок издејствувале повисоки плати за своите вработени, а да им го ускратува правото на усогласување на платите на илјадници други вработени на кои таа самата им е работодавач.

Шесто, секое зголемување на платите што не е резултат на реален раст на додадената вредност на економијата и на продуктивноста води до сериозни макроекономски нерамнотежи. На ова во своите извештаи укажуваат и меѓународните финансиски институции, пред сè ММФ.

Не треба да чуди фактот што во услови на раст на платите кај нас домашната инфлација во изминатите неколку години беше двојно повисока од стапката на инфлација во Еврозоната. Овој сооднос е битен поради фактот што де факто фиксниот курс на денарот е врзан со еврото. Заради оваа разлика во стапките на инфлација во периодот 2015-2023 година, реалниот ефективен курс на денарот, што е најрелевантен показател за конкурентноста на домашната економија, има апрецирано за околу 11-12%, односно за толку е ослабната надворешната конкурентност на домашната економија.

Кога сме кај конкурентноста, илустративна е споредбата со соседна Бугарија, земја-членка на ЕУ. Република Македонија има двојно понизок БДП по глава на жител од Бугарија, а во јануари оваа (2024) година просечната исплатена бруто-плата по вработен беше речиси идентична во двете земји, нешто на 1.000 евра.

Минималната плата во бруто износ, изразена во евра, во моментов во Македонија достигна 540 евра и се изедначи со таа во Србија, го надмина износот што се исплаќа во Црна Гора и е далеку повисока од минималната бруто-плата во Бугарија каде од почетокот на 2024 година изнесува 477 евра.

Седмо, минатата 2023 година македонската економија стагнираше и оствари најниска стапка на раст во регионот од само околу 1%. Во истиот период просечната плата номинално порасна за над 16% и не треба да чуди високата инфлација истата година од над 9% и вградениот потенцијал за висок раст на цените во иднина.

The post Со СДСМ на власт целокупниот раст на платите го „изеде“ инфлацијата appeared first on Република.

]]>

Да се сведе главното предизборно ветување од страна на СДСМ на зголемување на просечната и на минималната плата на 1.100 и 600 евра, соодветно, до 2028 година, е индикација за целосна безидејност во квалитетна понуда кон граѓаните за наредните парламентарни избори, пишува Трајко Славески во колумна на Плусинфо. Среќна околност е што СДСМ ќе нема шанса и понатаму да ги залажува македонските граѓани со нереални ветувања, затоа што се предодредени за опозиција по 8. мај оваа година. Нивното очајничко ветување е неодржливо и претставува гол популизам од следниве причини: Прво, ретко кој политички субјект пред граѓаните настапува со ветување за зголемување на платите во номинален износ. Тоа е ексклузивна одлика на СДСМ, а од неодамна и на српскиот претседател Вучиќ, што наликува на некоја „Отворен Балкан“ стратегија. Сериозни политички субјекти ветуваат издржан економски модел, базиран на зголемување на приватните и јавни инвестиции и пораст на продуктивноста; владеење на правото; сериозна борба против корупцијата; јакнење на институциите на пазарната економија; поддршка на ранливите категории граѓани и достоинствен животен стандард за пензионерите и сл. Второ, оперирањето со просечен износ на нето-платата е погрешно. Многу порелевантен показател за куповната моќ на вработените е медијалната (средна) плата. Кај нас околу 3/4 од вработените примаат плата пониска од просечната. Час поскоро нашите институции, пред сè Државниот завод за статистика, треба да почнат да го објавуваат износот на медијалната (средна) плата, што претставува стандардна практика во меѓународната статистика на пазарот на труд. Трето, за куповната моќ на доходите релевантна е реалната плата, односно номиналната плата коригирана со стапката на инфлација. Во изминатиот период на владеење на владата предводена од ДУИ/СДСМ поради високата стапка на инфлација (25% кумулативно за 2023 и 2024 година) целокупниот номинален пораст на платите го „изеде“ инфлацијата. Тоа го чувствуваат и граѓаните кои се екстремно незадоволни и покрај номиналниот раст на платите. Четврто, секое зголемување на платите со политички притисок, преку пораст на минималната плата, ќе води истовремено до повисока стапка на инфлација. Трошоците за труд во голем број сектори и претпријатија се значителна ставка и на работодавачите не им преостанува ништо друго освен таквиот пораст кој го надминува растот на продуктивноста да го префрлат врз цените, што само по себе ја подгрева инфлацијата. Платите реално може да се зголемуваат само со реален раст на економијата и на продуктивноста на трудот. Во спротивно и понатаму ќе бидеме сведоци на спиралата цени-плати. Петто, секое зголемување на минималната плата не може а да не биде вкалкулирано во зголемување и на останатите плати во економијата, во приватниот и во јавниот сектор. Во изминатиот период бевме сведоци на бројни протести и штрајкови на вработени во јавниот сектор поради неусогласувањето на нивните плати со зголемувањето на минималната плата, а некои протести, како тој во здравството се најавени за во скоро време. Не може владата да се фали со зголемување на минималната плата, и одредено усогласување кај некои дејности или установи кои преку разни форми на притисок издејствувале повисоки плати за своите вработени, а да им го ускратува правото на усогласување на платите на илјадници други вработени на кои таа самата им е работодавач. Шесто, секое зголемување на платите што не е резултат на реален раст на додадената вредност на економијата и на продуктивноста води до сериозни макроекономски нерамнотежи. На ова во своите извештаи укажуваат и меѓународните финансиски институции, пред сè ММФ. Не треба да чуди фактот што во услови на раст на платите кај нас домашната инфлација во изминатите неколку години беше двојно повисока од стапката на инфлација во Еврозоната. Овој сооднос е битен поради фактот што де факто фиксниот курс на денарот е врзан со еврото. Заради оваа разлика во стапките на инфлација во периодот 2015-2023 година, реалниот ефективен курс на денарот, што е најрелевантен показател за конкурентноста на домашната економија, има апрецирано за околу 11-12%, односно за толку е ослабната надворешната конкурентност на домашната економија. Кога сме кај конкурентноста, илустративна е споредбата со соседна Бугарија, земја-членка на ЕУ. Република Македонија има двојно понизок БДП по глава на жител од Бугарија, а во јануари оваа (2024) година просечната исплатена бруто-плата по вработен беше речиси идентична во двете земји, нешто на 1.000 евра. Минималната плата во бруто износ, изразена во евра, во моментов во Македонија достигна 540 евра и се изедначи со таа во Србија, го надмина износот што се исплаќа во Црна Гора и е далеку повисока од минималната бруто-плата во Бугарија каде од почетокот на 2024 година изнесува 477 евра. Седмо, минатата 2023 година македонската економија стагнираше и оствари најниска стапка на раст во регионот од само околу 1%. Во истиот период просечната плата номинално порасна за над 16% и не треба да чуди високата инфлација истата година од над 9% и вградениот потенцијал за висок раст на цените во иднина.

The post Со СДСМ на власт целокупниот раст на платите го „изеде“ инфлацијата appeared first on Република.

]]>
Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за зголемување на пензиите е супериорен! https://republika.mk/vesti/ekonomija/predlogot-na-vmro-dpmne-za-zgolemuvane-na-penziite-e-superioren/ Wed, 03 Apr 2024 07:21:01 +0000 https://republika.mk/?p=761522

Од СДСМ повторно сеат страв, сега кај пензионерите, тврди Трајко Славески.

Со предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за линеарно зголемување за пензиите за 5.000 денари во текот на оваа и наредната година, според нивниот економски фронтмен Фатмир Битиќи, наводно за неколку години пензионерите ќе останеле без пензии!

Според Славески поновата економска историја покажува дека за да бидат пензионерите релативно задоволни, просечната пензија треба да изнесува околу 60% од просечната плата.

Како по правило, во сите периоди на владеење на СДСМ по осамостојувањето, овој сооднос се менува на штета на пензионерите. Каков било модел за усогласување да применат, при што сдсмовците се склони кон често експериментирање, пензиите стагнираат во однос на зголемувањето на платите.

Во тие периоди, односот просечна пензија – просечна плата паѓа на околу 50%.

Во 1990-тите години од минатиот век, во „Бранково време“, односот беше нарушен поради закинувањето на фамозните „8 отсто“ нереализирано зголемување на пензиите, затоа што ако тоа се случело, „ќе потонел чамецот“, т.е. ФПИОМ.

Во наредната декада, прва од новиот век и милениум, се случи нешто слично за време на владата предводена од СДСМ, во периодот 2002-2006 година.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, не само што им ги надомести закинатите 8 отсто на пензионерите, туку спроведе и линеарно зголемување на пензиите, со што повторно беше воспоставен соодносот од околу 60% помеѓу просечната пензија и просечната плата во Република Македонија.

И не само што не пропадна Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, како што и тогаш тврдеше опозицискиот СДСМ, туку пензиите, кои претходно се исплаќаа во три групи од први до петнаесетти во месецот, започнаа да се исплаќаат истовремено за сите корисници на првиот ден од секој месец.

Проклетството што редовно го следи СДСМ во однос на пензиите се повтори уште еднаш за време на владеењето на ДУИ и СДСМ. Така, ако во 2016 година просечната пензија беше достигнала 64% од просечната плата, во 2024 година овој сооднос се сведе на само 54%.

Оттаму, предлогот за линеарно зголемување на пензиите за по 5.000 денари во текот на оваа и наредната година, презентиран во изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ, е супериорен во однос на каква било понуда од страна на СДСМ, заклучува Славески.

The post Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за зголемување на пензиите е супериорен! appeared first on Република.

]]>

Од СДСМ повторно сеат страв, сега кај пензионерите, тврди Трајко Славески. Со предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за линеарно зголемување за пензиите за 5.000 денари во текот на оваа и наредната година, според нивниот економски фронтмен Фатмир Битиќи, наводно за неколку години пензионерите ќе останеле без пензии! Според Славески поновата економска историја покажува дека за да бидат пензионерите релативно задоволни, просечната пензија треба да изнесува околу 60% од просечната плата. Како по правило, во сите периоди на владеење на СДСМ по осамостојувањето, овој сооднос се менува на штета на пензионерите. Каков било модел за усогласување да применат, при што сдсмовците се склони кон често експериментирање, пензиите стагнираат во однос на зголемувањето на платите. Во тие периоди, односот просечна пензија – просечна плата паѓа на околу 50%. Во 1990-тите години од минатиот век, во „Бранково време“, односот беше нарушен поради закинувањето на фамозните „8 отсто“ нереализирано зголемување на пензиите, затоа што ако тоа се случело, „ќе потонел чамецот“, т.е. ФПИОМ. Во наредната декада, прва од новиот век и милениум, се случи нешто слично за време на владата предводена од СДСМ, во периодот 2002-2006 година. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, не само што им ги надомести закинатите 8 отсто на пензионерите, туку спроведе и линеарно зголемување на пензиите, со што повторно беше воспоставен соодносот од околу 60% помеѓу просечната пензија и просечната плата во Република Македонија. И не само што не пропадна Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, како што и тогаш тврдеше опозицискиот СДСМ, туку пензиите, кои претходно се исплаќаа во три групи од први до петнаесетти во месецот, започнаа да се исплаќаат истовремено за сите корисници на првиот ден од секој месец. Проклетството што редовно го следи СДСМ во однос на пензиите се повтори уште еднаш за време на владеењето на ДУИ и СДСМ. Така, ако во 2016 година просечната пензија беше достигнала 64% од просечната плата, во 2024 година овој сооднос се сведе на само 54%. Оттаму, предлогот за линеарно зголемување на пензиите за по 5.000 денари во текот на оваа и наредната година, презентиран во изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ, е супериорен во однос на каква било понуда од страна на СДСМ, заклучува Славески.

The post Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за зголемување на пензиите е супериорен! appeared first on Република.

]]>
Славески: Силјановска Давкова е една од најистакнатите членови на парламентот која ги застапува политиките на ВМРО-ДПМНЕ https://republika.mk/vesti/makedonija/slaveski-siljanovska-davkova-e-edna-od-najistaknatite-chlenovi-na-parlamentot-koja-gi-zastapuva-politikite-na-vmro-dpmne/ Mon, 26 Feb 2024 18:08:03 +0000 https://republika.mk/?p=748640

„Ние имаме парламентарен систем каде претседателот е со релативно ограничени ингеренции во надворешната политика, безбедносната политика, а многу малце ингеренции има во економијата и слично“, истакна членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Трајко Славески во вечерашното гостување во емисијата „Аргумент плус“ на телевизија 24.

Во однос Гордана Силјановска Давкова, тој кажа дека таа е една од најистакнатите членови на парламентот.

„Професорката Гордана Силјановска Давкова е член на парламентарната група на ВМРО-ДПМНЕ, ги застапува политиките на ВМРО-ДПМНЕ. Ние ја сметаме за член на големото јато на ВМРО-ДПМНЕ. Таа со ништо не покажала дека има нешто генерално спротивно од она што е генерално политика на ВМРО-ДПМНЕ во текот на изминатите 4 години во својство на член на парламентот, еден од најистакнатите членови на парламентот, рече Славески.

Тој истакна дека за ВМРО-ДПМНЕ посакуван коалициски партнер се партиите од албанската опозиција.

„Јасно е дека наш посакуван природен коалициски партнер се партиите од албанската опозиција минус делот од Алијанса за Албанците кои се определија да одат со СДС и ДУИ“, кажа Славески.

Тој очекува албанската опозиција да го победи ДУИ на изборите.

„Позади Таравари од она што гледам позади себе има една армија гласачи, ние сметаме на нив кои секако ќе придонесат да т.н Европски фронт на партии од албанската опозиција да го победат ДУИ на овие избори“, вели Славески.

The post Славески: Силјановска Давкова е една од најистакнатите членови на парламентот која ги застапува политиките на ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>

„Ние имаме парламентарен систем каде претседателот е со релативно ограничени ингеренции во надворешната политика, безбедносната политика, а многу малце ингеренции има во економијата и слично“, истакна членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Трајко Славески во вечерашното гостување во емисијата „Аргумент плус“ на телевизија 24. Во однос Гордана Силјановска Давкова, тој кажа дека таа е една од најистакнатите членови на парламентот.
„Професорката Гордана Силјановска Давкова е член на парламентарната група на ВМРО-ДПМНЕ, ги застапува политиките на ВМРО-ДПМНЕ. Ние ја сметаме за член на големото јато на ВМРО-ДПМНЕ. Таа со ништо не покажала дека има нешто генерално спротивно од она што е генерално политика на ВМРО-ДПМНЕ во текот на изминатите 4 години во својство на член на парламентот, еден од најистакнатите членови на парламентот, рече Славески.
Тој истакна дека за ВМРО-ДПМНЕ посакуван коалициски партнер се партиите од албанската опозиција.
„Јасно е дека наш посакуван природен коалициски партнер се партиите од албанската опозиција минус делот од Алијанса за Албанците кои се определија да одат со СДС и ДУИ“, кажа Славески.
Тој очекува албанската опозиција да го победи ДУИ на изборите.
„Позади Таравари од она што гледам позади себе има една армија гласачи, ние сметаме на нив кои секако ќе придонесат да т.н Европски фронт на партии од албанската опозиција да го победат ДУИ на овие избори“, вели Славески.

The post Славески: Силјановска Давкова е една од најистакнатите членови на парламентот која ги застапува политиките на ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>
Славески: ВМРО-ДПМНЕ креира поинаков пристап и ќе ги поддржи бизнисот и сите производни сектори со цел подобар животен стандард https://republika.mk/vesti/ekonomija/slaveski-vmro-dpmne-kreira-poinakov-pristap-i-ke-gi-poddrzhi-biznisot-i-site-proizvodni-sektori-so-tsel-podobar-zhivoten-standard/ Thu, 08 Feb 2024 16:52:26 +0000 https://republika.mk/?p=741949

Денес во Општина Велес се одржа дебата економска платформа за иднина на тема „Нов концепт за економски развој“, на која свое обраќање имаше Трајко Славески, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, кој што истакна дека важно е животниот стандард и економијата да растат, дека со СДСМ и ДУИ економијата стагнира а македонскиот денар за само две години е обезвреднат за 25%, и посочи дека ВМРО-ДПМНЕ има поинаков пристап и ќе ги поддржи бизнисмените, ќе се идентификуваат и ќе се поддржат сите производни сектори, особено извозните со цел подобар животен стандард на граѓаните.

Во последните 15 години светот помина низ две големи глобални кризи, 2008/9 и оваа со пандемијата, во време на првата финансиска и економска криза на власт беше ВМРО-ДПМНЕ и според сите меѓународни институции Македонија помина најдобро и најбезболно во текот на таа криза. Сега сме најлоши од аспект на справување со кризата по пандемијата која што многу пократко траеше од онаа претходната. Тоа зборува за пристапот за капацитетот што може една влада предводена од ВМРО -ДПМНЕ да го испорача, да ги поттикне сите потенцијали во земјата и да ги заштити македонските граѓани. Најважно за животниот стандард е економијата да расте. Производството и на стоки и на услуги.

Славески посочи и дека економијата изминатиот период стагнира а за само две години 2022, 2023 година денарот бил обезвреднет за 25 %.

„Најважната работа за оваа стагнација е еден психолошки фактор. Во 2006, 2007, 2008 година подемот на економијата, кога имавме стапки на раст над 5%, 6 %, буџетот пливаше во пари, приходите беа високи тоа се должеше на тоа што влеавме верба кај граѓаните. Ни веруваа луѓето кога ќе се подигне духот и на бизнисмените и на домаќинствата на граѓаните тие и од економска гледна точка ќе бидат многу продуктивни. Тоа ќе се случи и со промената на власта и ќе придонесе за развој на продуктивноста. Кога сме кај предусловите за раст ние мораме да се справиме со инфлацијата. За само две години 2022, 2023 година нашиот ценет денар беше обезвреднет за 25 %. Тоа значи 25 проценти помалку сите што штеделе, сите пензии, сите плати што не биле доволно покачени инфлацијата ги изеде. Не растеше економијата“ нагласи Славески.

Славески посочи и дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи бизнисмените да се идентификуваат и ќе ги поддржат сите производни сектори, особено извозните а за тоа има и стандардни мерки а ќе се воведат и нови.

Под влијание на ултра левичарски ориентирани економисти уште 2014-2015 година СДСМ не убедуваше дека економијата ќе расте ако расте потрошувачката ако се троши од буџетот од секаде и еве го видовме резултатот. Ние имаме сосема друг пристап. Пристапот е да се поддржат бизнисмените да се идентификуваат и да се поддржат сите производни сектори, особено извозните а за тоа има и стандардни мерки а ќе воведеме и некои нови. Треба целосна ревизија на некои политики од претходната влада и некои институции на пример фондот за иновации каде се делени пари без никаков ефект дури и за смешни проекти. Докапитализација или оспособување на банката за поддршка за извозот односно на развојот, со линии достапни од европска инвестициска банка за да дојдеме до прифатливи услови за кредитирање на бизнисот. ВМРО-ДПМНЕ ќе работи и на заштита на конкуренцијата која што е многу важна во пазарната економија“ истакна Славески.

The post Славески: ВМРО-ДПМНЕ креира поинаков пристап и ќе ги поддржи бизнисот и сите производни сектори со цел подобар животен стандард appeared first on Република.

Славески: Дали сте нормални, ќе го затварате ТЕ-ТО, само затоа што е руска инвестиција? https://republika.mk/vesti/makedonija/slaveski-dali-ste-normalni-ke-go-zatvarate-te-to-samo-zatoa-shto-e-ruska-investitsija/ Tue, 06 Feb 2024 14:33:03 +0000 https://republika.mk/?p=741098

Дали сте нормални??!! Ќе го затварале ТЕ-ТО, затоа што бил руска инвестиција, и ќе го заменеле со грчки Митилинеос, кој нашите енергетски експерти го окарактеризираа како “втор Чебрен)!, реагира Трајко Славески, на социјалната мрежа X.

Зошто не ѝ кажете на македонската јавност дека според Euractiv во Унгарија работат околу 700 руски компании, од кои стотина биле основани по започнувањето на руско-украинската војна? Исто така, во Германија при крајот на 2022 година, работеле 1713 компании во руска сопственост.

Задача на државните функционери е првенствено да се грижат за заштита на интересите на сопствената држава (доколку како таква ја чувствуваат), а не да спроведуваат туѓи агенди на штета на виталните интереси на нашите граѓани.

The post Славески: Дали сте нормални, ќе го затварате ТЕ-ТО, само затоа што е руска инвестиција? appeared first on Република.

]]>

Дали сте нормални??!! Ќе го затварале ТЕ-ТО, затоа што бил руска инвестиција, и ќе го заменеле со грчки Митилинеос, кој нашите енергетски експерти го окарактеризираа како “втор Чебрен)!, реагира Трајко Славески, на социјалната мрежа X. Зошто не ѝ кажете на македонската јавност дека според Euractiv во Унгарија работат околу 700 руски компании, од кои стотина биле основани по започнувањето на руско-украинската војна? Исто така, во Германија при крајот на 2022 година, работеле 1713 компании во руска сопственост. Задача на државните функционери е првенствено да се грижат за заштита на интересите на сопствената држава (доколку како таква ја чувствуваат), а не да спроведуваат туѓи агенди на штета на виталните интереси на нашите граѓани.

The post Славески: Дали сте нормални, ќе го затварате ТЕ-ТО, само затоа што е руска инвестиција? appeared first on Република.

]]>
„Зомби партија“ вели Славески за новата партија и гостите на Данела https://republika.mk/vesti/makedonija/zombi-partija-veli-slaveski-za-novata-partija-i-gostite-na-danela/ Thu, 18 Jan 2024 09:49:49 +0000 https://republika.mk/?p=734257

𝐙𝐨𝐦𝐛𝐢𝐞𝐬 𝐏𝐚𝐫𝐭𝐲
(превод: Зомби партија; алтернативно: Забава на зомбите)

𝐀 𝐳𝐨𝐦𝐛𝐢𝐞 𝐢𝐬 𝐚 𝐦𝐲𝐭𝐡𝐢𝐜𝐚𝐥 𝐝𝐞𝐚𝐝 𝐩𝐞𝐫𝐬𝐨𝐧 𝐰𝐡𝐨 𝐡𝐚𝐬 𝐫𝐞𝐭𝐮𝐫𝐧𝐞𝐝 𝐭𝐨 𝐥𝐢𝐟𝐞 𝐚𝐬 𝐚 𝐰𝐚𝐥𝐤𝐢𝐧𝐠 𝐜𝐨𝐫𝐩𝐬𝐞.

„Зомбите се оживеани мртовци. Можат да одат, да мислат (понекогаш) и да напаѓаат живи луѓе. Повеќето од нив ги јадат мозоците на живи човечки суштества. Кај зомбите срцето, плуќата и мал дел од нивниот мозок сеуште функционираат”.(Wikipedia, Encyclopedia Brittanica и сл.)

https://republika.mk/vesti/makedonija/zechevik-i-mechka-vo-prvi-redovi-na-promotsijata-na-novata-partija-na-danela-arsovska/

Вака претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески, ја коментира синоќешната промоција на градоначалничката Данела Арсовска како нов лидер на партијата Нова Алтернатива. Покрај нејзиното семејство, главна поддршка на настанот во скопскиот хотел „Континентал“, Арсовска доби од генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, сопственикот на порталот „Инфомакс“, Александар Митовски – Мечка и неговата сопруга Наталија, од неодамна поставена Наталија Митовска за нов генерален секретар на Град Скопје.

The post „Зомби партија“ вели Славески за новата партија и гостите на Данела appeared first on Република.

]]>

𝐙𝐨𝐦𝐛𝐢𝐞𝐬 𝐏𝐚𝐫𝐭𝐲 (превод: Зомби партија; алтернативно: Забава на зомбите) 𝐀 𝐳𝐨𝐦𝐛𝐢𝐞 𝐢𝐬 𝐚 𝐦𝐲𝐭𝐡𝐢𝐜𝐚𝐥 𝐝𝐞𝐚𝐝 𝐩𝐞𝐫𝐬𝐨𝐧 𝐰𝐡𝐨 𝐡𝐚𝐬 𝐫𝐞𝐭𝐮𝐫𝐧𝐞𝐝 𝐭𝐨 𝐥𝐢𝐟𝐞 𝐚𝐬 𝐚 𝐰𝐚𝐥𝐤𝐢𝐧𝐠 𝐜𝐨𝐫𝐩𝐬𝐞. „Зомбите се оживеани мртовци. Можат да одат, да мислат (понекогаш) и да напаѓаат живи луѓе. Повеќето од нив ги јадат мозоците на живи човечки суштества. Кај зомбите срцето, плуќата и мал дел од нивниот мозок сеуште функционираат”.(Wikipedia, Encyclopedia Brittanica и сл.) https://republika.mk/vesti/makedonija/zechevik-i-mechka-vo-prvi-redovi-na-promotsijata-na-novata-partija-na-danela-arsovska/ Вака претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески, ја коментира синоќешната промоција на градоначалничката Данела Арсовска како нов лидер на партијата Нова Алтернатива. Покрај нејзиното семејство, главна поддршка на настанот во скопскиот хотел „Континентал“, Арсовска доби од генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, сопственикот на порталот „Инфомакс“, Александар Митовски – Мечка и неговата сопруга Наталија, од неодамна поставена Наталија Митовска за нов генерален секретар на Град Скопје.

The post „Зомби партија“ вели Славески за новата партија и гостите на Данела appeared first on Република.

]]>
Славески: Арсовска не се појавува на седници на советнички прашања, очигледно решила до крајот на мандатот да не одговара на советниците https://republika.mk/vesti/skopje/slaveski-arsovska-ne-se-pojavuva-na-sednitsi-na-sovetnichki-prashana-ochigledno-reshila-do-krajot-na-mandatot-da-ne-odgovara-na-sovetnitsite/ Fri, 15 Dec 2023 19:06:48 +0000 https://republika.mk/?p=723439

Можеби ќе беше подобро да беше недела - две претходно почнато украсување на градот, но еве како Совет немаме никаква надлежност во врска со тие оперативни активности на Град Скопје. Тоа е целосно во рамките на надлежностите на градоначалникот и на секторите на Градот Скопје“, истакна Трајко Славески, претседател на Советот на Град Скопје и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Аргумент плус“ на ТВ24.

Славески додаде дека нема информација колку чини украсувањето на градот.

Причините зошто и вчера градоначалничката не се појави на седница на Советот не ги знаеме. Очигледно госпоѓата градоначалник Арсовска решила до крајот на мандатот да не одговара на прашања од членовите на Советот. Ова го тврдам затоа што веќе 8-9 месеци немаме седница за советнички прашања успешна, но ние ги закажуваме. Затоа што во Деловникот за работа на Советот стои обврска да на секој втор месец, на почетокот на месецот се закажува таа седница“, појасни Славески.

Тој посочи дека практиката е да претседателот на Совет писмено се обрати кога се планира таква седница и да понуди неколку датуми. Тоа тој го направил на 20 ноември, понудени биле датумите 6.12 и 14.12. Но, на тоа тој не добил одговор. И кога поминал рокот за закажување на седница на 6-ти, тогаш поради деловничката обврска седницата била закажана на 14 декември.

Седницата не се одржа затоа што најголемиот број од советниците и од двете поголеми коалиции, едната предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а другата од СДСМ имаат став кој што го искажуваат на почетокот на секоја седница, а тоа е дека кога отсуствува градоначалникот Арсовска не постојат услови за да се одржи една седница“, изјави Славески.

Тој појасни дека ги охрабрува советниците писмено да поставуваат прашања бидејќи Арсовска и службите се должни да одговорат во рок од 30 дена.

Ние досега имаме одржано 39 редовни седници, 9-10 вонредни седници, сите се завршени и затворени“, укажа Славески.

The post Славески: Арсовска не се појавува на седници на советнички прашања, очигледно решила до крајот на мандатот да не одговара на советниците appeared first on Република.

Пендаровски не го потпиша законот за игри на среќа – дали веќе обезбеди пари за финансирање на кампања?! https://republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-ne-go-potpisha-zakonot-za-igri-na-sreka-dali-veke-obezbedi-pari-za-finansirane-na-kampana/ Tue, 12 Dec 2023 16:18:47 +0000 https://republika.mk/?p=722267

Дали ќе се кандидира актуелниот претседател Стево Пендаровски за втор мандат? Професорот Трајко Славески вели дека Пендаровски ќе влезе во кампања за втор круг. Тој ова го поткрепува со информацијата дека Пендаровски нема да го потпише законот за игри на среќа кој не оди во прилог на обложувалниците и казината.

Славески на твитер напиша:

Дали ќе се кандидира? Секако!

Дали веќе обезбедил пари за финансирање на кампањата? Многу веројатно!

The post Пендаровски не го потпиша законот за игри на среќа – дали веќе обезбеди пари за финансирање на кампања?! appeared first on Република.

]]>

Дали ќе се кандидира актуелниот претседател Стево Пендаровски за втор мандат? Професорот Трајко Славески вели дека Пендаровски ќе влезе во кампања за втор круг. Тој ова го поткрепува со информацијата дека Пендаровски нема да го потпише законот за игри на среќа кој не оди во прилог на обложувалниците и казината. Славески на твитер напиша:
Дали ќе се кандидира? Секако! Дали веќе обезбедил пари за финансирање на кампањата? Многу веројатно!

The post Пендаровски не го потпиша законот за игри на среќа – дали веќе обезбеди пари за финансирање на кампања?! appeared first on Република.

]]>
Инфлацијата е штетна затоа што ги погодува сиромашните, но ѝ користи на власта, објаснува Славески https://republika.mk/vesti/ekonomija/inflatsijata-e-shtetna-zatoa-shto-gi-pogoduva-siromashnite-no-koristi-na-vlasta-objasnuva-slaveski/ Sun, 26 Nov 2023 15:21:34 +0000 https://republika.mk/?p=716410

Ќе почнам со она што СДСМ и ДУИ ни го оставаат во наследство, односно нивната Влада која повеќе од 6 години управува со земјава и македонската економија. Во наследство ни оставаат состојба на стагнација. Стагнацијата значи многу ниски и анемични стапки на раст, некогаш и негативен на БДП истовремено проследена со високи стапки на инфлација. Ние економистите за ваквата состојба имаме еден грд назив, една кованица од двата збора, тоа е стагфлација, изјави членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески на денешната дебата на тема „Економски принципи“ која е во рамки на настанот „Важно е! Платформа за иднина“ која е дел од кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“.

Славески посочи дека претставници на СДСМ односно на Владата зборуваат за криза, дека македонската економија била во криза и тоа го повторуваат повеќе години. По негова оценка тоа го прават за да се оправдаат од нивната неспособност да ги решаваат проблемите.

„Во моментов македонската економија не е во криза, кризата не може да трае предолго како во медицината што е познато дека организмот во криза може да биде релативно краток временски период и оди во два правци или се влошува состојбата и колабира или заздравува“, рече Славески.

Славески продолжи и додаде дека инфлацијата во Република Македонија е на рак рана, една болка која е предизвикана од популистичките мерки на владите предводени од СДСМ и ДУИ.

„Инфлацијата е штетна затоа што ги погодува сиромашните, оние што се фиксни доходи и примања, пензионерите чиј пензии се индексираат и усогласуваат во многу долги временски периоди. Инфлацијата единствено и користи на власта, односно на Владата, како? Па ја тера што повеќе и повеќе да се задолжува затоа што кога ќе дојде да го враќа долгот, тој е веќе обезвреднет како што се обезвреднети заштедите на оние наши сограѓани кои штедат за разни намени. Имаме едно неправедно прелевање преку еден невидлив и подмолен инфлациски данок, како ние ќе ја сопреме инфлацијата, СДСМ и ДУИ предизвикаа состојба во која секојдневно имаме штрајкови, ја пригушија инфлацијата со непазарни мерки кои не можат долго да опстојат и траат како што се ограничувањето на цените и маржите и состојбата во нашата економија е нешто слично на онаа природна состојба на Исланд во моментов каде вулканите се подготвуваат за ерупција, пука земјата а и кај нас доколку продолжи ваквата политика најверојатно ќе дојде до социјален излив чие незадоволство го гледаме во моментов“, кажа Славески.

Славески истакна дека мора да се постигне нов општествен договор со синдикатите и здруженијата на пензионери.

„Што треба да се направи, кој е првиот чекор? Ние мораме да постигнеме еден нов општествен договор во соработка со синдикатите и здруженијата на пензионерите. Власта да се обврзе дека ќе води сметка за секој денар дека ќе ја сведе корупцијата на нула, дека расходите ќе бидат ефикасни и ефективни а синдикатите и здруженијата на пензионерите ќе бидат умерени во нивните барања за зголемување на платите и пензиите затоа што мораме да ја скршиме оваа спирала, борба меѓу платите и цените. Во таа битка помеѓу платите и цените, платите и пензиите се оние што ја губат таа трка и вториот предизвик е како да го умножуваме богатството, како да создаваме поголема вредност затоа што само на тој начин може да го подобриме животниот стандард и никако поинаку“, заклучи Славески.

The post Инфлацијата е штетна затоа што ги погодува сиромашните, но ѝ користи на власта, објаснува Славески appeared first on Република.

]]>

Ќе почнам со она што СДСМ и ДУИ ни го оставаат во наследство, односно нивната Влада која повеќе од 6 години управува со земјава и македонската економија. Во наследство ни оставаат состојба на стагнација. Стагнацијата значи многу ниски и анемични стапки на раст, некогаш и негативен на БДП истовремено проследена со високи стапки на инфлација. Ние економистите за ваквата состојба имаме еден грд назив, една кованица од двата збора, тоа е стагфлација, изјави членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески на денешната дебата на тема „Економски принципи“ која е во рамки на настанот „Важно е! Платформа за иднина“ која е дел од кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“. Славески посочи дека претставници на СДСМ односно на Владата зборуваат за криза, дека македонската економија била во криза и тоа го повторуваат повеќе години. По негова оценка тоа го прават за да се оправдаат од нивната неспособност да ги решаваат проблемите. „Во моментов македонската економија не е во криза, кризата не може да трае предолго како во медицината што е познато дека организмот во криза може да биде релативно краток временски период и оди во два правци или се влошува состојбата и колабира или заздравува“, рече Славески. Славески продолжи и додаде дека инфлацијата во Република Македонија е на рак рана, една болка која е предизвикана од популистичките мерки на владите предводени од СДСМ и ДУИ.
„Инфлацијата е штетна затоа што ги погодува сиромашните, оние што се фиксни доходи и примања, пензионерите чиј пензии се индексираат и усогласуваат во многу долги временски периоди. Инфлацијата единствено и користи на власта, односно на Владата, како? Па ја тера што повеќе и повеќе да се задолжува затоа што кога ќе дојде да го враќа долгот, тој е веќе обезвреднет како што се обезвреднети заштедите на оние наши сограѓани кои штедат за разни намени. Имаме едно неправедно прелевање преку еден невидлив и подмолен инфлациски данок, како ние ќе ја сопреме инфлацијата, СДСМ и ДУИ предизвикаа состојба во која секојдневно имаме штрајкови, ја пригушија инфлацијата со непазарни мерки кои не можат долго да опстојат и траат како што се ограничувањето на цените и маржите и состојбата во нашата економија е нешто слично на онаа природна состојба на Исланд во моментов каде вулканите се подготвуваат за ерупција, пука земјата а и кај нас доколку продолжи ваквата политика најверојатно ќе дојде до социјален излив чие незадоволство го гледаме во моментов“, кажа Славески.
Славески истакна дека мора да се постигне нов општествен договор со синдикатите и здруженијата на пензионери.
„Што треба да се направи, кој е првиот чекор? Ние мораме да постигнеме еден нов општествен договор во соработка со синдикатите и здруженијата на пензионерите. Власта да се обврзе дека ќе води сметка за секој денар дека ќе ја сведе корупцијата на нула, дека расходите ќе бидат ефикасни и ефективни а синдикатите и здруженијата на пензионерите ќе бидат умерени во нивните барања за зголемување на платите и пензиите затоа што мораме да ја скршиме оваа спирала, борба меѓу платите и цените. Во таа битка помеѓу платите и цените, платите и пензиите се оние што ја губат таа трка и вториот предизвик е како да го умножуваме богатството, како да создаваме поголема вредност затоа што само на тој начин може да го подобриме животниот стандард и никако поинаку“, заклучи Славески.

The post Инфлацијата е штетна затоа што ги погодува сиромашните, но ѝ користи на власта, објаснува Славески appeared first on Република.

]]>
Славески: Црномурестите млади мажи на градилиштата засега се тивки и нечујни – нема да остане така во иднина https://republika.mk/vesti/skopje/slaveski-tsrnomurestite-mladi-mazhi-na-gradilishtata-zasega-se-tivki-i-nechujni-nema-da-ostane-taka-vo-idnina/ Thu, 23 Nov 2023 08:34:53 +0000 https://republika.mk/?p=715386

Претседателот на Советот на Град Скопје пишува за македонскиот парадокс кој го забележал по улиците на главниот град:

На секој агол од градските крстосници, од утро до мрак, црномурести млади мажи (и јас сум црномурест, но не млад :( ) агресивно, со шише вода и со валкан сунѓер, се нудат да ни ги исчистат стаклата од автомобилите за 10 денари. Притоа ја загрозуваат безбедноста во сообраќајот, а најмногу својата безбедност.

Во исто време, особено наутро и навечер, гледаме црномурести млади мажи, дојдени од странство, во жолти елеци, како во групи одат и се враќаат од градилиштата во главниот град. Засега се тивки и нечујни. Нема да остане така во иднина.

Првите, т.е. нашите, добиваат социјална помош од државата Република Македонија и кажуваат дека им било “неисплатливо” да работат. Вторите, веројатно бегалци или мигранти од сопствените земји, дошле во потрага по парче леб и подобар живот. Исто како и илјадниците наши млади мажи и жени, кои заради погрешните политики ја напуштаат сопствената држава за парче леб и подобар живот во туѓина. Ова мора да се промени!

The post Славески: Црномурестите млади мажи на градилиштата засега се тивки и нечујни – нема да остане така во иднина appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Советот на Град Скопје пишува за македонскиот парадокс кој го забележал по улиците на главниот град: На секој агол од градските крстосници, од утро до мрак, црномурести млади мажи (и јас сум црномурест, но не млад :( ) агресивно, со шише вода и со валкан сунѓер, се нудат да ни ги исчистат стаклата од автомобилите за 10 денари. Притоа ја загрозуваат безбедноста во сообраќајот, а најмногу својата безбедност. Во исто време, особено наутро и навечер, гледаме црномурести млади мажи, дојдени од странство, во жолти елеци, како во групи одат и се враќаат од градилиштата во главниот град. Засега се тивки и нечујни. Нема да остане така во иднина. Првите, т.е. нашите, добиваат социјална помош од државата Република Македонија и кажуваат дека им било “неисплатливо” да работат. Вторите, веројатно бегалци или мигранти од сопствените земји, дошле во потрага по парче леб и подобар живот. Исто како и илјадниците наши млади мажи и жени, кои заради погрешните политики ја напуштаат сопствената држава за парче леб и подобар живот во туѓина. Ова мора да се промени!

The post Славески: Црномурестите млади мажи на градилиштата засега се тивки и нечујни – нема да остане така во иднина appeared first on Република.

]]>
Во мртвата трка кон ЕУ со нашиот западен сосед Албанија се изедначивме по уште една работа – останавме без меѓународен железнички сообраќај https://republika.mk/vesti/ekonomija/vo-mrtvata-trka-kon-eu-so-nashiot-zapaden-sosed-albanija-se-izednachivme-po-ushte-edna-rabota-ostanavme-bez-megunaroden-zheleznichki-soobrakaj/ Thu, 16 Nov 2023 13:04:00 +0000 https://republika.mk/?p=702178

Во мртвата трка кон ЕУ со нашиот западен сосед Албанија се изедначивме по уште една работа - останавме без меѓународен железнички сообраќај. Во време кога светот инвестира во брзи пруги, ние спаѓаме во ретките европски држави без железничко поврзување со соседните држави и остатокот од светот.

Албанија немала што да загуби - никогаш немала меѓународен железнички транспорт. Ние го загубивме тоа што го наследивме од претходните генерации, напиша Трајко Славески на социјалната мрежа X.

The post Во мртвата трка кон ЕУ со нашиот западен сосед Албанија се изедначивме по уште една работа – останавме без меѓународен железнички сообраќај appeared first on Република.

]]>

Во мртвата трка кон ЕУ со нашиот западен сосед Албанија се изедначивме по уште една работа - останавме без меѓународен железнички сообраќај. Во време кога светот инвестира во брзи пруги, ние спаѓаме во ретките европски држави без железничко поврзување со соседните држави и остатокот од светот. Албанија немала што да загуби - никогаш немала меѓународен железнички транспорт. Ние го загубивме тоа што го наследивме од претходните генерации, напиша Трајко Славески на социјалната мрежа X.

The post Во мртвата трка кон ЕУ со нашиот западен сосед Албанија се изедначивме по уште една работа – останавме без меѓународен железнички сообраќај appeared first on Република.

]]>
Славески: Арсовска ќе добие тужба за клевета затоа што ме обвини за фалсификување потписи https://republika.mk/vesti/skopje/slaveski-arsovska-ke-dobie-tuzhba-za-kleveta-zatoa-shto-me-obvini-za-falsifikuvane-potpisi/ Tue, 14 Nov 2023 14:22:11 +0000 https://republika.mk/?p=701483

Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески најави тужба за клевета против градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

Арсовска за време на денешната итна на седница на Советот на Град Скопје го обвини Славески за фалсификување на потписи.

Таа ќе добие тужба за клевета затоа што јас не сум фалсификувал потписи, јас не можам да фалсификувам мој потпис. Мој потпис е ставен на гласање ЗА за две советнички кои ги вклучивме онлајн на седница на Советот, едната поради патолошка бременост, другата поради лекување од рак. Тоа е тешко обвинение за фалсификат. Јас ги имам списоците, имам копија со знаење на сите тука, на службите јас имам потпишано со ЗА до нивните имиња, јас не можам да го фалсификувам мојот потпис - рече Славески.

Славески заклучи дека градоначалничката Арсовска не придонела во работата на Советот, туку држела политички говор.

Ја отрувте атмосферата со политички говор, подобро да не дојдевте, тука се работеше - рече Славески.

The post Славески: Арсовска ќе добие тужба за клевета затоа што ме обвини за фалсификување потписи appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески најави тужба за клевета против градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Арсовска за време на денешната итна на седница на Советот на Град Скопје го обвини Славески за фалсификување на потписи.
Таа ќе добие тужба за клевета затоа што јас не сум фалсификувал потписи, јас не можам да фалсификувам мој потпис. Мој потпис е ставен на гласање ЗА за две советнички кои ги вклучивме онлајн на седница на Советот, едната поради патолошка бременост, другата поради лекување од рак. Тоа е тешко обвинение за фалсификат. Јас ги имам списоците, имам копија со знаење на сите тука, на службите јас имам потпишано со ЗА до нивните имиња, јас не можам да го фалсификувам мојот потпис - рече Славески.
Славески заклучи дека градоначалничката Арсовска не придонела во работата на Советот, туку држела политички говор.
Ја отрувте атмосферата со политички говор, подобро да не дојдевте, тука се работеше - рече Славески.

The post Славески: Арсовска ќе добие тужба за клевета затоа што ме обвини за фалсификување потписи appeared first on Република.

]]>
Славески: Две недели нема реакција од Арсовска за седница за советнички прашања https://republika.mk/vesti/skopje/slaveski-dve-nedeli-nema-reaktsija-od-arsovska-za-sednitsa-za-sovetnichki-prashana/ Thu, 05 Oct 2023 14:15:46 +0000 https://republika.mk/?p=688271

Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески, на седница на советот, по исцрпениот дневен ред, ја информираше јавноста дека иако пред две недели до градоначалничката Данела Арсовска испратил писмо со кое ја известува оти планира да закаже редовна седница за советнички прашања во месец октомври и самата таа да одбере термин, се уште нема одговор.

Само една информација, на 19 септември, пред точно 2 недели, како што спомнав испратив писмо до градоначалникот на Град Скопје со следната содржина: Почитувана, ве известувам дека планирам да закажам редовна седница на Советот на Град Скопје посветена на поставување на советнички прашања во текот на месец октомври. Како можни термини за одржување на седницата се 12 и 19 октомври 2023 година. Ве молиме да ни посочите еден од наведените термини и денови за одржување на седницата на Советот на Град Скопје за поставување на советнички прашања, на која ќе биде во можност да присуствува и градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. До овој момент немам одговор на ова барање што мислам дека не е коректно. Може да се одговори со ДА или НЕ, или да се посочи некој друг термин, изјави Славески.

Тој посочи дека според статутот и деловникот за работа на Град Скопје мора да се одржи седница за советнички прашања.

Ова не е коректно, и 2 недели немам одговор на она кое што е предвидено и во статут и деловник за закажување на седница за поставување на советнички прашања, истакна Славески.

The post Славески: Две недели нема реакција од Арсовска за седница за советнички прашања appeared first on Република.