трајан ангелоски Archives - Република https://republika.mk/tema/trajan-angeloski/ За подобро да се разбереме Mon, 07 Nov 2022 17:28:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png трајан ангелоски Archives - Република https://republika.mk/tema/trajan-angeloski/ 32 32 Претседателот на ССК, Ангелоски на годишен самит на Светската коморска федерација https://republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatelot-na-ssk-angeloski-na-godishen-samit-na-svetskata-komorska-federacija/ Mon, 07 Nov 2022 17:41:40 +0000 https://republika.mk/?p=571067

Претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Трајан Ангелоски зеде учество на годишниот самит на Генералниот Совет на Светската коморска федерација кој се одржува во Париз со фокус на утврдување на стратегијата за дејствување на коморите во наредните години втемелена на реалните потреби на бизнисите и глобалните економски предизвици.

На настанот свои презентации имаа највисоките претставници на истакнати комори организации како Џон Дентон, генерален секретар на Интернационалната стопанска комора и Николас Урибе претседател на Светската коморска федерација.

Дејствувањето на стопанските комори ќе биде во насока на градење на политики со пет приоритети на дејствување. Овозможување на функционирање на глобалната трговија е еден од приоритетите кон им е потребен на бизнисите. Акцент се става и на промовирање на пристап до правдата и владеење на правото, преку проширување на пристап до доверливо и непристрасно избегнување и решавање на спорови, подобрување на ефикасноста на арбитражатa и другите услуги за алтернативно решавање спорови. Како трет приоритет се акцентира исполнување на целите за глобална одржливост и климатска акција преку подобра хармонизација на националните политики. Приоритет треба да биде и обликување на дигитална економија преку олеснување на користењето на конзистентни интернационални стандарди и алатки, поставување на правна рамка за трговија со помалку документи, имплементација на инструменти за заштита од сајбер криминал. Петти приоритет на делувањето е зајакнување на мултилатералната соработка, преку обликување а ефикасен меѓународен одговор за големите економски предизвици.

На маргините на годишниот самит Ангелоски како единствен претставник на деловна мрежа од нашиот регион, оствари повеќе средби и состаноци со претставници на други комори, како и со Џон Дентон, генерален секретар на Интернационалната стопанска комора на кои се дискутираше за продлабочување и зајакнување на соработка.

Светската коморска федерација како тело на Интернационалната стопанска комора е единствен глобален форум кој ги обединува стопанските комори од целиот свет, делува на зајакнување на врските меѓу коморите, но го претставува и гласот на бизнис заедницата во најрелевантните светски организации како Организацијата на Обединети Нации ООН, Г20, Светската трговска организација, како и Европската банка за обнова и развој. Интернационалната стопанска комора е институционален претставник на повеќе од 45 милиони компании во над 100 земји со главна мисија  да се направи бизнисот да функционира непречено за секој деловен субјект, насекаде во светот.

The post Претседателот на ССК, Ангелоски на годишен самит на Светската коморска федерација appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Трајан Ангелоски зеде учество на годишниот самит на Генералниот Совет на Светската коморска федерација кој се одржува во Париз со фокус на утврдување на стратегијата за дејствување на коморите во наредните години втемелена на реалните потреби на бизнисите и глобалните економски предизвици. На настанот свои презентации имаа највисоките претставници на истакнати комори организации како Џон Дентон, генерален секретар на Интернационалната стопанска комора и Николас Урибе претседател на Светската коморска федерација. Дејствувањето на стопанските комори ќе биде во насока на градење на политики со пет приоритети на дејствување. Овозможување на функционирање на глобалната трговија е еден од приоритетите кон им е потребен на бизнисите. Акцент се става и на промовирање на пристап до правдата и владеење на правото, преку проширување на пристап до доверливо и непристрасно избегнување и решавање на спорови, подобрување на ефикасноста на арбитражатa и другите услуги за алтернативно решавање спорови. Како трет приоритет се акцентира исполнување на целите за глобална одржливост и климатска акција преку подобра хармонизација на националните политики. Приоритет треба да биде и обликување на дигитална економија преку олеснување на користењето на конзистентни интернационални стандарди и алатки, поставување на правна рамка за трговија со помалку документи, имплементација на инструменти за заштита од сајбер криминал. Петти приоритет на делувањето е зајакнување на мултилатералната соработка, преку обликување а ефикасен меѓународен одговор за големите економски предизвици.
На маргините на годишниот самит Ангелоски како единствен претставник на деловна мрежа од нашиот регион, оствари повеќе средби и состаноци со претставници на други комори, како и со Џон Дентон, генерален секретар на Интернационалната стопанска комора на кои се дискутираше за продлабочување и зајакнување на соработка. Светската коморска федерација како тело на Интернационалната стопанска комора е единствен глобален форум кој ги обединува стопанските комори од целиот свет, делува на зајакнување на врските меѓу коморите, но го претставува и гласот на бизнис заедницата во најрелевантните светски организации како Организацијата на Обединети Нации ООН, Г20, Светската трговска организација, како и Европската банка за обнова и развој. Интернационалната стопанска комора е институционален претставник на повеќе од 45 милиони компании во над 100 земји со главна мисија  да се направи бизнисот да функционира непречено за секој деловен субјект, насекаде во светот.

The post Претседателот на ССК, Ангелоски на годишен самит на Светската коморска федерација appeared first on Република.

]]>
Ангелоски: Излезот од кризата е во нови инвестиции, иновации и претприемништво https://republika.mk/vesti/ekonomija/angeloski-izlezot-od-krizata-e-vo-novi-investicii-inovacii-i-pretpriemnishtvo/ Sat, 05 Nov 2022 10:56:28 +0000 https://republika.mk/?p=569818

Во нашата земја се уште треба да се инвестира во развој на претприемништвото бидејќи тоа ќе да придонесе во развој на економијата и ќе креира решенија за надминување на предизвиците со кои се соочуваме меѓу кои и актуелните поврзани со енергетската криза, истакна претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија Трајан Ангелоски во дискусијата на настанот „Менаџерски муабети 5“ кој се одржува во рамки на седмата Меѓународна научна конференција со тематски фокус „Академиски и менаџерски предизвици, остварувања и научени лекции од земјите во транзиција кон пазарно стопанство“ што се одржа во Битола во организација на Бизнис Академија Смилевски и БАС Институтот за менаџмент Битола.

Процесот на создавање на претприемничка култура е започнат но се уште недостасува временски период за да се достигне посакуваното ниво. Македонските менаџери имаат мало или скромно интернационално искуство што негативно влијае врз нивниот професионален развој и раст, споредено со нивните колеги во странство. За развој на претприемништвото и подигнување на неговото ниво неопходно е да се посвети поголеми внимание на воспоставување на интернационални релации, истакна Ангелоски.

Тој потенцираше дека претприемништвото претставува склоп од две карактеристики, поседување на лични квалитети и стекнување на соодветни вештини.

Важно е да се препознае потенцијалот на овие луѓе кои поседуваат лични карактеристики важни за развој на претприемништвото и да се насочат и охрабрат да стекнат и потребни вештини и да зачекорат по патот кон развој на сопствен бизнис. Сојузот тука игра важна улога од една страна преку промоција на успешни примери кои треба да охрабрат и да поттикнат нови претприемачи, и од друга како техничка поддршка, поврзување и вмрежување на домашниот и меѓународниот пазар, потенцираше Ангелоски.

Вo дискусијата тој се осврна и на важноста на инвестициите во обновливи извори на енергија, енергетски менаџмент и производство на храна како важни предуслови на полесно надминување на актуелната криза со глобални димензии.

Овие три аспекти се најважни за намалување на последиците и полесно понатамошно заздравување на економијата и општеството во целина. Затоа и мерките и политики кои Сојузот ги препознава како најсоодветни се поврзани со инвестиции во енергетиката, храната, соодветното менаџирање. Сојузот како активен чините во креирање на политики во континуитет доставуваат предлози и мерки до надлежните институции. Излезот од кризата треба да го бараме во нови инвестиции, осовременување, иновации и се тоа гледано низ призмата на претприемништвото кое во некој нов проблем, гледа нова шанса и можност, порача Ангелоски.

Со претседателот на Сојузот дебатираа и Наташа Несторовска, член на Управен одбор на АД Стопанска банка Битола, Христина Фуна сосопственик и финансиски менаџер на Синпекс Битола и Благоја Стојчевски, сосопственик и менаџер на Тримод Тим ДОО.

Оваа години како соорганизатори на Меѓународната конференција се и Факултетот за бизнис студии и право и Факултетот за информатички технологии и инженеринг, двата во состав на Универзитетот Унион Никола Тесла од Белград, Универзитетот Милтон Фридман од Будимпешта, Унгарија, МНД Битола, Albanian University од Тирана и Белградската академија бизниси уметнички стручни студии.

За дводневната конференција беа презентирани 44 трудови, од кои 3 во пленарниот дел од останатите 41 труд во 4 тематски форуми, кои опфаќаат минати, сегашни и идни предизвици. Во текот на седумте конференциски настани одржани во изминатите години се презентирани 545 научно – истражувачки труд, како плод на досегашната работа на програмскиот и организацискиот одбор, како и на сите соорганизатори оваа година и наназад.

The post Ангелоски: Излезот од кризата е во нови инвестиции, иновации и претприемништво appeared first on Република.

]]>

Во нашата земја се уште треба да се инвестира во развој на претприемништвото бидејќи тоа ќе да придонесе во развој на економијата и ќе креира решенија за надминување на предизвиците со кои се соочуваме меѓу кои и актуелните поврзани со енергетската криза, истакна претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија Трајан Ангелоски во дискусијата на настанот „Менаџерски муабети 5“ кој се одржува во рамки на седмата Меѓународна научна конференција со тематски фокус „Академиски и менаџерски предизвици, остварувања и научени лекции од земјите во транзиција кон пазарно стопанство“ што се одржа во Битола во организација на Бизнис Академија Смилевски и БАС Институтот за менаџмент Битола.
Процесот на создавање на претприемничка култура е започнат но се уште недостасува временски период за да се достигне посакуваното ниво. Македонските менаџери имаат мало или скромно интернационално искуство што негативно влијае врз нивниот професионален развој и раст, споредено со нивните колеги во странство. За развој на претприемништвото и подигнување на неговото ниво неопходно е да се посвети поголеми внимание на воспоставување на интернационални релации, истакна Ангелоски.
Тој потенцираше дека претприемништвото претставува склоп од две карактеристики, поседување на лични квалитети и стекнување на соодветни вештини.
Важно е да се препознае потенцијалот на овие луѓе кои поседуваат лични карактеристики важни за развој на претприемништвото и да се насочат и охрабрат да стекнат и потребни вештини и да зачекорат по патот кон развој на сопствен бизнис. Сојузот тука игра важна улога од една страна преку промоција на успешни примери кои треба да охрабрат и да поттикнат нови претприемачи, и од друга како техничка поддршка, поврзување и вмрежување на домашниот и меѓународниот пазар, потенцираше Ангелоски.
Вo дискусијата тој се осврна и на важноста на инвестициите во обновливи извори на енергија, енергетски менаџмент и производство на храна како важни предуслови на полесно надминување на актуелната криза со глобални димензии.
Овие три аспекти се најважни за намалување на последиците и полесно понатамошно заздравување на економијата и општеството во целина. Затоа и мерките и политики кои Сојузот ги препознава како најсоодветни се поврзани со инвестиции во енергетиката, храната, соодветното менаџирање. Сојузот како активен чините во креирање на политики во континуитет доставуваат предлози и мерки до надлежните институции. Излезот од кризата треба да го бараме во нови инвестиции, осовременување, иновации и се тоа гледано низ призмата на претприемништвото кое во некој нов проблем, гледа нова шанса и можност, порача Ангелоски.
Со претседателот на Сојузот дебатираа и Наташа Несторовска, член на Управен одбор на АД Стопанска банка Битола, Христина Фуна сосопственик и финансиски менаџер на Синпекс Битола и Благоја Стојчевски, сосопственик и менаџер на Тримод Тим ДОО. Оваа години како соорганизатори на Меѓународната конференција се и Факултетот за бизнис студии и право и Факултетот за информатички технологии и инженеринг, двата во состав на Универзитетот Унион Никола Тесла од Белград, Универзитетот Милтон Фридман од Будимпешта, Унгарија, МНД Битола, Albanian University од Тирана и Белградската академија бизниси уметнички стручни студии. За дводневната конференција беа презентирани 44 трудови, од кои 3 во пленарниот дел од останатите 41 труд во 4 тематски форуми, кои опфаќаат минати, сегашни и идни предизвици. Во текот на седумте конференциски настани одржани во изминатите години се презентирани 545 научно – истражувачки труд, како плод на досегашната работа на програмскиот и организацискиот одбор, како и на сите соорганизатори оваа година и наназад.

The post Ангелоски: Излезот од кризата е во нови инвестиции, иновации и претприемништво appeared first on Република.

]]>
Ангелоски: На економијата ѝ се заканува енергетско цунами, цената на струјата да се ограничи https://republika.mk/vesti/ekonomija/angeloski-na-ekonomijata-se-zakanuva-energetsko-cunami-cenata-na-strujata-da-se-ogranichi/ Fri, 26 Aug 2022 11:37:16 +0000 https://republika.mk/?p=544447

Цената на струјата мора да се ограничи и компаниите да ја плаќаат до одредено ниво, а над одредено кое ќе го дефинира државата од своите фондови да му излезе во пресрет на стопанството, порача денеска Трајан Ангелоски, претседател на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК).

Тој ги претстави предлозите на ССК за помош на стопанството поради енергетската криза и предупреди дека поради превисоките цени на струјата се заканува затворање на економијата и банкрот.

Во овој момент на македонската економија и се заканува енергетско цунами од кое постои опасност да ја уништи. Енергетскиот отворен пазар е надвор од контрола, не постои услуга или производ кој може да поднесе цена на енергентите од 600 до 700 евра по мегават час, посочи Ангелоски.

ССК смета дека ЕЛЕМ мора да обезбеди дополнителни количини на енергија од домашно производство за слободниот пазар и на овој начин да изврши одреден позитивен притисок за намалување на енормно високите цени. Исто така и да не се дискриминираат компаниите кои се наоѓаат на слободниот пазар во однос на оние на регулираниот.

ЕЛЕМ мора да го зголеми производството, во овој момент не сме убедени дека го има достигнати максимумот и да почне да продава струја на пазарот што позитивно ќе делува за намалување на цената, наведе Ангелоски.

Треба, посочи, да се овозможат побрзи процедури за поставување фотоволтаици, односно ЕВН да дава енергетска согаласност во рок од седум до десет дена, а останатата документација да се обезбедува во период од 120 дена.

Од ССК оценија дека енергетската криза ќе трае и побараа државата ако треба и да се задолжи за да помогне, а како што потенцираа, бизнисот тоа ќе го врати.

The post Ангелоски: На економијата ѝ се заканува енергетско цунами, цената на струјата да се ограничи appeared first on Република.

]]>

Цената на струјата мора да се ограничи и компаниите да ја плаќаат до одредено ниво, а над одредено кое ќе го дефинира државата од своите фондови да му излезе во пресрет на стопанството, порача денеска Трајан Ангелоски, претседател на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК). Тој ги претстави предлозите на ССК за помош на стопанството поради енергетската криза и предупреди дека поради превисоките цени на струјата се заканува затворање на економијата и банкрот.
Во овој момент на македонската економија и се заканува енергетско цунами од кое постои опасност да ја уништи. Енергетскиот отворен пазар е надвор од контрола, не постои услуга или производ кој може да поднесе цена на енергентите од 600 до 700 евра по мегават час, посочи Ангелоски.
ССК смета дека ЕЛЕМ мора да обезбеди дополнителни количини на енергија од домашно производство за слободниот пазар и на овој начин да изврши одреден позитивен притисок за намалување на енормно високите цени. Исто така и да не се дискриминираат компаниите кои се наоѓаат на слободниот пазар во однос на оние на регулираниот.
ЕЛЕМ мора да го зголеми производството, во овој момент не сме убедени дека го има достигнати максимумот и да почне да продава струја на пазарот што позитивно ќе делува за намалување на цената, наведе Ангелоски.
Треба, посочи, да се овозможат побрзи процедури за поставување фотоволтаици, односно ЕВН да дава енергетска согаласност во рок од седум до десет дена, а останатата документација да се обезбедува во период од 120 дена. Од ССК оценија дека енергетската криза ќе трае и побараа државата ако треба и да се задолжи за да помогне, а како што потенцираа, бизнисот тоа ќе го врати.

The post Ангелоски: На економијата ѝ се заканува енергетско цунами, цената на струјата да се ограничи appeared first on Република.

]]>