торлак Archives - Република https://republika.mk/tema/torlak/ За подобро да се разбереме Wed, 22 Mar 2023 16:29:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png торлак Archives - Република https://republika.mk/tema/torlak/ 32 32 Србија ја повлекува вакцината BCG – Институтот „Торлак“ забележал отстапувања од бараната спецификација https://republika.mk/vesti/balkan/srbija-ja-povlekuva-vaktsinata-bcg-institutot-torlak-zabelezhal-otstapuvana-od-baranata-spetsifikatsija/ Wed, 22 Mar 2023 16:29:46 +0000 https://republika.mk/?p=622547

Институтот за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак“ од Србија ја повлекува вакцината BCG, како национален, одговорен производител и носител на лиценца за лекот, поради минимално отстапување од строгите барања на спецификацијата на лекот.  Станува збор за доброволно повлекување на серијата со број 2710822 од прометна територија на цела Србија, соопшти Министерството за здравство.

Согласно доставените информации од здравствените установи во Србија, Институтот „Торлак“ на 16.03.2023 година ги повлекол пронајдените количини од вкупно 834 ампули со вакцината.

– Ве известуваме и дека, со цел да се задржи континуитетот на задолжителната имунизација на пациентите и да се елиминира можноста за недостиг на предметниот лек, Институтот за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак“ истовремено ги снабди сите здравствени установи со соодветна количина БЦГ вакцина – се наведува во соопштението.

Споменатата серија е повлечена во рок од 24 часа и заменета со нова серија, и поради брзата реакција на надлежните органи, немало недостиг од споменатата вакцина, односно ниту едно породилиште не било загрозено.

The post Србија ја повлекува вакцината BCG – Институтот „Торлак“ забележал отстапувања од бараната спецификација appeared first on Република.

]]>

Институтот за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак“ од Србија ја повлекува вакцината BCG, како национален, одговорен производител и носител на лиценца за лекот, поради минимално отстапување од строгите барања на спецификацијата на лекот.  Станува збор за доброволно повлекување на серијата со број 2710822 од прометна територија на цела Србија, соопшти Министерството за здравство. Согласно доставените информации од здравствените установи во Србија, Институтот „Торлак“ на 16.03.2023 година ги повлекол пронајдените количини од вкупно 834 ампули со вакцината. – Ве известуваме и дека, со цел да се задржи континуитетот на задолжителната имунизација на пациентите и да се елиминира можноста за недостиг на предметниот лек, Институтот за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак“ истовремено ги снабди сите здравствени установи со соодветна количина БЦГ вакцина – се наведува во соопштението. Споменатата серија е повлечена во рок од 24 часа и заменета со нова серија, и поради брзата реакција на надлежните органи, немало недостиг од споменатата вакцина, односно ниту едно породилиште не било загрозено.

The post Србија ја повлекува вакцината BCG – Институтот „Торлак“ забележал отстапувања од бараната спецификација appeared first on Република.

]]>
Итно повлечена вакцината БСЖ за бебиња произведена на Институтот „Торлак“ https://republika.mk/vesti/balkan/itno-povlechena-vaktsinata-bszh-za-bebina-proizvedena-na-institutot-torlak/ Wed, 22 Mar 2023 12:27:40 +0000 https://republika.mk/?p=622420

Српскиот Институт за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак“ нареди итно повлекување од употреба на БСЖ вакцината против туберкулоза, што се дава на бебиња веднаш по раѓањето, поради сомневање за нејзиниот квалитет и очекуваниот имунолошки одговор, што може да биде нецелосен, објави Нова.рс.

Во документот што го објави тој портал, може да се види дека на 15 март, координаторот за отповикување на Институтот побарал итно повлекување на таа вакцина поради „сомнежи во квалитетот на производот“.

Во документот се додава дека треба да се прекине снабдувањето и користењето на тој производ.

Во октомври 2022 година, повеќе од 600 бебиња добиле физиолошки раствор наместо таа вакцина поради неточни упатства за употреба, а како што пишува Нова.рс, бебињата потоа добиле увезена вакцина затоа што „Торлак“ во одреден момент престанал да ги произведува.

Порталот наведува дека „Торлак“ во меѓувреме го обновил производството, но се уште не се знае дали и колку бебиња ја примиле вакцината, чие повлекување е побарано.

 

The post Итно повлечена вакцината БСЖ за бебиња произведена на Институтот „Торлак“ appeared first on Република.

]]>

Српскиот Институт за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак“ нареди итно повлекување од употреба на БСЖ вакцината против туберкулоза, што се дава на бебиња веднаш по раѓањето, поради сомневање за нејзиниот квалитет и очекуваниот имунолошки одговор, што може да биде нецелосен, објави Нова.рс. Во документот што го објави тој портал, може да се види дека на 15 март, координаторот за отповикување на Институтот побарал итно повлекување на таа вакцина поради „сомнежи во квалитетот на производот“. Во документот се додава дека треба да се прекине снабдувањето и користењето на тој производ. Во октомври 2022 година, повеќе од 600 бебиња добиле физиолошки раствор наместо таа вакцина поради неточни упатства за употреба, а како што пишува Нова.рс, бебињата потоа добиле увезена вакцина затоа што „Торлак“ во одреден момент престанал да ги произведува. Порталот наведува дека „Торлак“ во меѓувреме го обновил производството, но се уште не се знае дали и колку бебиња ја примиле вакцината, чие повлекување е побарано.  

The post Итно повлечена вакцината БСЖ за бебиња произведена на Институтот „Торлак“ appeared first on Република.

]]>
Бебињата во Србија добиваат бугарска БСЖ вакцина, Торлак не ги прoизведува https://republika.mk/zivot/zdravje/bebinjata-vo-srbija-dobivaat-bugarska-bsz-vakcina-torlak-ne-gi-proizveduva/ Fri, 04 Nov 2022 07:06:16 +0000 https://republika.mk/?p=569374

Поранешниот раководител на Одделот за производство во српскиот Институтот „Торлак“, Мирослав Стајиќ, тврди дека новородените бебиња во Србија во изминатите три месеци примаат бугарски БСЖ вакцини, против туберкулоза, пренесе Бета.

Како што изјави за порталот Нова.рс, „целосно исправниот“ погон во Институтот за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак“ за производство на тие вакцини е „неупотреблив“, бидејќи сите стручњаци го напуштиле одделението за туберкулоза, а младите кои неодамна се вработиле не знаат да работат.

„Кога сфатија дека немаат стручњаци кои ќе ја произведуваат вакцината БСЖ, раководството на Торлак под итно поднесе барање за увоз на вакцини против туберкулоза од Бугарија. Имено, целиот регион, Црна Гора, Република Српска, се снабдува со вакцини од Торлак. Но, на почетокот на годината и на пролетта имаше недостиг од таа вакцина во породилиштата во регионот, бидејќи производството беше прекинато во Торлак“, рече Стајиќ.

Тој изјави дека биолошкото производство на тие вакцини е ризично и дека бара експерти кои ќе го надгледуваат.

„Очигледно е дека Торлак поради некоја причина не успеал да направи доволно количества вакцини, па во јули нарачале БСЖ од Бугарија. Торлак директно тоа го платил. За жал, во текот на изминатите 20 години, многу лекари, биолози и речиси сите искусни техничари ја напуштиле таа установа. Се надевам дека Торлак повторно ќе може да ја произведе вакцината против туберкулоза, но некој мора да го научи подмладениот тим што го донесоа. Таму нема повеќе експерти и нема од кого да учат“, истакна Стајиќ.

Тој оцени дека ако има проблем со погоните, тогаш јавноста мора да знае за тоа, нагласувајќи дека Торлак не е приватна компанија.

Министерката за здравство на Србија, Даница Грујичиќ, минатата недела изјави дека на Гинеколошко-акушерската клиника во Белград 600 бебиња добиле физиолошки раствор наместо БСЖ вакцина.

The post Бебињата во Србија добиваат бугарска БСЖ вакцина, Торлак не ги прoизведува appeared first on Република.

]]>

Поранешниот раководител на Одделот за производство во српскиот Институтот „Торлак“, Мирослав Стајиќ, тврди дека новородените бебиња во Србија во изминатите три месеци примаат бугарски БСЖ вакцини, против туберкулоза, пренесе Бета. Како што изјави за порталот Нова.рс, „целосно исправниот“ погон во Институтот за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак“ за производство на тие вакцини е „неупотреблив“, бидејќи сите стручњаци го напуштиле одделението за туберкулоза, а младите кои неодамна се вработиле не знаат да работат.
„Кога сфатија дека немаат стручњаци кои ќе ја произведуваат вакцината БСЖ, раководството на Торлак под итно поднесе барање за увоз на вакцини против туберкулоза од Бугарија. Имено, целиот регион, Црна Гора, Република Српска, се снабдува со вакцини од Торлак. Но, на почетокот на годината и на пролетта имаше недостиг од таа вакцина во породилиштата во регионот, бидејќи производството беше прекинато во Торлак“, рече Стајиќ.
Тој изјави дека биолошкото производство на тие вакцини е ризично и дека бара експерти кои ќе го надгледуваат.
„Очигледно е дека Торлак поради некоја причина не успеал да направи доволно количества вакцини, па во јули нарачале БСЖ од Бугарија. Торлак директно тоа го платил. За жал, во текот на изминатите 20 години, многу лекари, биолози и речиси сите искусни техничари ја напуштиле таа установа. Се надевам дека Торлак повторно ќе може да ја произведе вакцината против туберкулоза, но некој мора да го научи подмладениот тим што го донесоа. Таму нема повеќе експерти и нема од кого да учат“, истакна Стајиќ.
Тој оцени дека ако има проблем со погоните, тогаш јавноста мора да знае за тоа, нагласувајќи дека Торлак не е приватна компанија. Министерката за здравство на Србија, Даница Грујичиќ, минатата недела изјави дека на Гинеколошко-акушерската клиника во Белград 600 бебиња добиле физиолошки раствор наместо БСЖ вакцина.

The post Бебињата во Србија добиваат бугарска БСЖ вакцина, Торлак не ги прoизведува appeared first on Република.

]]>