топлинска енергија Archives - Република https://republika.mk/tema/toplinska-energija/ За подобро да се разбереме Tue, 15 Oct 2024 11:35:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png топлинска енергија Archives - Република https://republika.mk/tema/toplinska-energija/ 32 32 ЕСМ: Во 96 објекти нема услови за испорака на топлинска енергија https://republika.mk/vesti/esm-vo-96-objekti-nema-uslovi-za-isporaka-na-toplinska-energija/ Tue, 15 Oct 2024 11:35:31 +0000 https://republika.mk/?p=827124

Од денеска почна грејната сезона 2024/2025 за потрошувачите приклучени на системот за централно греење во Скопје, управуван од АД ЕСМ. Минатата грејна сезона во 225 објекти не беа обезбедени потребните услови за испорака на топлинска енергија, сега тој број е двојно помал, односно во 96 објекти сè уште не се обезбедени услови за испорака, информираат попладнево од ЕСМ.

Од нив, во 57 објекти има дефекти во внатрешната инсталација, во 20 објекти нема пристап до топлинските станици, а во 19 објекти - топлинските станици немаат електрично напојување. Потрошувачите и заедниците на сопственици се замолуваат што побрзо да ги отстранат дефектите на внатрешните грејни инсталации и да обезбедат непречен пристап до топлинските станици, како и континуирано напојување со електрична енергија. Ова вклучува плаќање на сметките за електрична енергија за топлинските станици и одржување на функционална електрична инсталација, се истакнува во соопштението.

Потенцираат дека оваа година, првпат споредбено со претходните години, се бележи најнизок број затворени објекти на почетокот на грејната сезона.

Ова се должи, пред сè, на соработката од страна на потрошувачите и заедниците на сопственици, како и на заложбата на новите раководства на компаниите основани од АД ЕСМ, особено ЕСМ дистрибуција, што имаше клучна улога во продуктивната и постојана комуникација со корисниците, се додава во соопштението.

Се советува пред да се пријави дефект или рекламација во Центарот за грижа на потрошувачи, да се провери дали објектот е на списокот на моментално затворени објекти, што немаат услови за испорака на топлинска енергија. Листата, како што се посочува, е достапна на esm-snabduvanje.mk.

Соработката на потрошувачите и заедниците на сопственици е од клучно значење за навремена и квалитетна испорака на топлинската енергија и во интерес на сите засегнати страни. За информации, пријави на дефекти или известувања за завршени интервенции, потрошувачите може да се јават во Центарот за грижа на потрошувачи на телефонските броеви 02 3076 200 и 075 400 100, велат од АД ЕСМ.

Испораката на топлинска енергија до потрошувачите ќе се врши во периодот од шест до 22 часот, „следејќи строго утврдени правила и дијаграми во зависност од атмосферските услови и надворешните температури“.

Според овие правила, во октомври и првата половина од ноември, кога временските услови се променливи, снабдувањето со топлинска енергија ќе зависи од температурата на воздухот и атмосферските услови во различни периоди од денот. Притоа, доколку надворешните температури се пониски, се испорачува поголемо количество топлинска енергија и обратно, така што корисниците имаат обезбеден комфор и загреани домови согласно стандардите, односно температури во домовите не пониски од 20 односно 21 степен Целзиусов. Во исто време, со овие правила и дијаграми на испорака се обезбедува оптимална потрошувачка на топлинска енергија и минимални можни трошоци за греење на корисниците. При точно дефинирани одредени атмосферски услови, кога надворешните дневни температури ќе достигнат одредени гранични вредности, се врши прекин на испораката на топлинската енергија, односно системот за централното греење се исклучува, а веднаш по намалувањето на надворешните температури под определените вредности по направениот дневен прекин на испорака на топлинска енергија, кога надворешните дневни температури ќе се под одредени гранични вредности, се стартува со испорака на топлинска енергија, т.е. централното греење повторно се вклучува, посочуваат од АД ЕСМ.

Од вкупно 62.579 активни потрошувачи приклучени на централното греење преку ЕСМ, 61.486 се домаќинства, а 1.093 се деловни објекти и институции, додека околу 1.980 потрошувачи се снабдуваат преку подружницата ЕСМ-Енергетика.

The post ЕСМ: Во 96 објекти нема услови за испорака на топлинска енергија appeared first on Република.

]]>

Од денеска почна грејната сезона 2024/2025 за потрошувачите приклучени на системот за централно греење во Скопје, управуван од АД ЕСМ. Минатата грејна сезона во 225 објекти не беа обезбедени потребните услови за испорака на топлинска енергија, сега тој број е двојно помал, односно во 96 објекти сè уште не се обезбедени услови за испорака, информираат попладнево од ЕСМ. Од нив, во 57 објекти има дефекти во внатрешната инсталација, во 20 објекти нема пристап до топлинските станици, а во 19 објекти - топлинските станици немаат електрично напојување. Потрошувачите и заедниците на сопственици се замолуваат што побрзо да ги отстранат дефектите на внатрешните грејни инсталации и да обезбедат непречен пристап до топлинските станици, како и континуирано напојување со електрична енергија. Ова вклучува плаќање на сметките за електрична енергија за топлинските станици и одржување на функционална електрична инсталација, се истакнува во соопштението. Потенцираат дека оваа година, првпат споредбено со претходните години, се бележи најнизок број затворени објекти на почетокот на грејната сезона. Ова се должи, пред сè, на соработката од страна на потрошувачите и заедниците на сопственици, како и на заложбата на новите раководства на компаниите основани од АД ЕСМ, особено ЕСМ дистрибуција, што имаше клучна улога во продуктивната и постојана комуникација со корисниците, се додава во соопштението. Се советува пред да се пријави дефект или рекламација во Центарот за грижа на потрошувачи, да се провери дали објектот е на списокот на моментално затворени објекти, што немаат услови за испорака на топлинска енергија. Листата, како што се посочува, е достапна на esm-snabduvanje.mk. Соработката на потрошувачите и заедниците на сопственици е од клучно значење за навремена и квалитетна испорака на топлинската енергија и во интерес на сите засегнати страни. За информации, пријави на дефекти или известувања за завршени интервенции, потрошувачите може да се јават во Центарот за грижа на потрошувачи на телефонските броеви 02 3076 200 и 075 400 100, велат од АД ЕСМ. Испораката на топлинска енергија до потрошувачите ќе се врши во периодот од шест до 22 часот, „следејќи строго утврдени правила и дијаграми во зависност од атмосферските услови и надворешните температури“. Според овие правила, во октомври и првата половина од ноември, кога временските услови се променливи, снабдувањето со топлинска енергија ќе зависи од температурата на воздухот и атмосферските услови во различни периоди од денот. Притоа, доколку надворешните температури се пониски, се испорачува поголемо количество топлинска енергија и обратно, така што корисниците имаат обезбеден комфор и загреани домови согласно стандардите, односно температури во домовите не пониски од 20 односно 21 степен Целзиусов. Во исто време, со овие правила и дијаграми на испорака се обезбедува оптимална потрошувачка на топлинска енергија и минимални можни трошоци за греење на корисниците. При точно дефинирани одредени атмосферски услови, кога надворешните дневни температури ќе достигнат одредени гранични вредности, се врши прекин на испораката на топлинската енергија, односно системот за централното греење се исклучува, а веднаш по намалувањето на надворешните температури под определените вредности по направениот дневен прекин на испорака на топлинска енергија, кога надворешните дневни температури ќе се под одредени гранични вредности, се стартува со испорака на топлинска енергија, т.е. централното греење повторно се вклучува, посочуваат од АД ЕСМ. Од вкупно 62.579 активни потрошувачи приклучени на централното греење преку ЕСМ, 61.486 се домаќинства, а 1.093 се деловни објекти и институции, додека околу 1.980 потрошувачи се снабдуваат преку подружницата ЕСМ-Енергетика.

The post ЕСМ: Во 96 објекти нема услови за испорака на топлинска енергија appeared first on Република.

]]>
ЕСМ Снабдување со топлина: Потрошувачите и заедниците на сопственици да проверат дали објектите се подготвени за грејната сезона https://republika.mk/vesti/ekonomija/esm-snabduvanje-so-toplina-potroshuvachite-i-zaednicite-na-sopstvenici-da-proverat-dali-objektite-se-podgotveni-za-grejnata-sezona/ Tue, 11 Oct 2022 16:00:25 +0000 https://republika.mk/?p=559754

ЕСМ Снабдување со топлина, во пресрет на новата грејна сезона 2022/2023 која почнува на 15 октомври преку соопштение ги повикува потрошувачите да ги завршат интервенциите на внатрешната грејна инсталација, да овозможат пристап на екипите на компанијата до топлинската станица и да обезбедат довод на електрична енергија во потстаницата со цел испораката на топлинска енергија во објектите кои се приклучени на системот за централно греење да се одвива непречено по почетокот на грејната сезона.

За да може грејната сезона во објектите кои се приклучени на системот за централно греење да стартува навремено и испораката на топлинска енергија да се одвива непречено, потребно е потрошувачите да ги завршат интервенциите на внатрешната инсталација и истото веднаш да го пријават во Центарот за грижа за потрошувачи на ЕСМ Снабдување. Истовремено Заедниците на сопственици или Управителите на објектите потребно е да овозможат непречен пристап на службените лица до топлинската станица како и да обезбедат постојано напојување на топлинската станица со електрична енергија (платени сметки за електрична енергија за топлинската станица и функционална електрична инсталација). Соработката од страна на потрошувачите и заедниците на сопственици е во интерес на сите страни за да се обезбеди навремена и квалитетна испорака на топлинската енергија - посочуваат од ЕСМ Снабдување ДООЕЛ Скопје.

За сите неопходни информации или пријави за одредени интервенции, потрошувачите може да се јават во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви 02 3076 200 и 075 400 100.

Владата донесе одлука за избор на вршител на енергетска дејност снабдување со топлинска енергија бр.41-8304/3 од 20.09.2022 Сл. весник на РСМ бр.206/2022 од 23.09.2022 година со која за вршител на енергетска дејност снабдување со топлинска енергија се избира „Друштвото за снабдување со топлинска енергија ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје“.

Согласно одлуката, друштвото до Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги поднесе „Барање за издавање на лиценца за вршење енергетска дејност снабдување со топлинска енергија” како јавна услуга за потребите на потрошувачите на подрачјето на дел од градот Скопје и тоа: Општина Аеродром, дел од Општина Гази Баба, Општина Ѓорче Петров, Општина Карпош, Општина Кисела Вода, Општина Центар и Општина Чаир.

Апелот е дел од активностите на ЕСМ Снабдување ДООЕЛ Скопје кои произлегуваат како обврска на вршителот на јавна услуга во следниот период, бидејќи редовното одржување на внатрешната грејна инсталација е одговорност исклучиво на потрошувачите кои се грижат за функционалноста и исправноста на внатрешната грејна инсталација што е од суштинско значење за квалитетот на греење кај потрошувачите - стои во соопштението.

The post ЕСМ Снабдување со топлина: Потрошувачите и заедниците на сопственици да проверат дали објектите се подготвени за грејната сезона appeared first on Република.

]]>

ЕСМ Снабдување со топлина, во пресрет на новата грејна сезона 2022/2023 која почнува на 15 октомври преку соопштение ги повикува потрошувачите да ги завршат интервенциите на внатрешната грејна инсталација, да овозможат пристап на екипите на компанијата до топлинската станица и да обезбедат довод на електрична енергија во потстаницата со цел испораката на топлинска енергија во објектите кои се приклучени на системот за централно греење да се одвива непречено по почетокот на грејната сезона.
За да може грејната сезона во објектите кои се приклучени на системот за централно греење да стартува навремено и испораката на топлинска енергија да се одвива непречено, потребно е потрошувачите да ги завршат интервенциите на внатрешната инсталација и истото веднаш да го пријават во Центарот за грижа за потрошувачи на ЕСМ Снабдување. Истовремено Заедниците на сопственици или Управителите на објектите потребно е да овозможат непречен пристап на службените лица до топлинската станица како и да обезбедат постојано напојување на топлинската станица со електрична енергија (платени сметки за електрична енергија за топлинската станица и функционална електрична инсталација). Соработката од страна на потрошувачите и заедниците на сопственици е во интерес на сите страни за да се обезбеди навремена и квалитетна испорака на топлинската енергија - посочуваат од ЕСМ Снабдување ДООЕЛ Скопје.
За сите неопходни информации или пријави за одредени интервенции, потрошувачите може да се јават во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви 02 3076 200 и 075 400 100. Владата донесе одлука за избор на вршител на енергетска дејност снабдување со топлинска енергија бр.41-8304/3 од 20.09.2022 Сл. весник на РСМ бр.206/2022 од 23.09.2022 година со која за вршител на енергетска дејност снабдување со топлинска енергија се избира „Друштвото за снабдување со топлинска енергија ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје“. Согласно одлуката, друштвото до Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги поднесе „Барање за издавање на лиценца за вршење енергетска дејност снабдување со топлинска енергија” како јавна услуга за потребите на потрошувачите на подрачјето на дел од градот Скопје и тоа: Општина Аеродром, дел од Општина Гази Баба, Општина Ѓорче Петров, Општина Карпош, Општина Кисела Вода, Општина Центар и Општина Чаир.
Апелот е дел од активностите на ЕСМ Снабдување ДООЕЛ Скопје кои произлегуваат како обврска на вршителот на јавна услуга во следниот период, бидејќи редовното одржување на внатрешната грејна инсталација е одговорност исклучиво на потрошувачите кои се грижат за функционалноста и исправноста на внатрешната грејна инсталација што е од суштинско значење за квалитетот на греење кај потрошувачите - стои во соопштението.

The post ЕСМ Снабдување со топлина: Потрошувачите и заедниците на сопственици да проверат дали објектите се подготвени за грејната сезона appeared first on Република.

]]>
Владата ја продолжи кризната состојба со топлинска енергија до 30 април https://republika.mk/vesti/skopje/vladata-ja-prodolzi-kriznata-sostojba-so-toplinska-energija-do-30-april/ Thu, 10 Feb 2022 17:49:21 +0000 https://republika.mk/?p=456907

Владата на 13-та седница донесе Одлука за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на подрачјето на град Скопје заради недостиг на топлинска енергија, можноста за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија.

Како што информира владината прес-служба, на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи и на Министерството за економија, со оваа одлука се продолжува рокот за постоење на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија до 30 април 2022 година.

Одлуката, која ќе биде испратена на усвојување во Собранието, ќе отпочне да се применува од 17 февруари 2022 година.

The post Владата ја продолжи кризната состојба со топлинска енергија до 30 април appeared first on Република.

]]>

Владата на 13-та седница донесе Одлука за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на подрачјето на град Скопје заради недостиг на топлинска енергија, можноста за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија. Како што информира владината прес-служба, на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи и на Министерството за економија, со оваа одлука се продолжува рокот за постоење на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија до 30 април 2022 година. Одлуката, која ќе биде испратена на усвојување во Собранието, ќе отпочне да се применува од 17 февруари 2022 година.

The post Владата ја продолжи кризната состојба со топлинска енергија до 30 април appeared first on Република.

]]>
АД ЕСМ се огласи со соопштение: Одлуките на Владата и РКЕ ќе го стабилизира снабдувањето со топлинска и електрична енергија https://republika.mk/vesti/ekonomija/ad-esm-se-oglasi-so-soopshtenie-odlukite-na-vladata-i-rke-kje-go-stabilizira-snabduvanjeto-so-toplinska-i-elektrichna-energija/ Sat, 15 Jan 2022 13:03:44 +0000 https://republika.mk/?p=444960

АД ЕСМ ги поздравува мерките кои ги преземаат Владата на Р. Македонија и РКЕ за надминување на кризата со снабдување со електрична енергија и на кризата со снабдување со топлинска енергија, стои во соопштението на ЕСМ до медиумите.

АД ЕСМ континуирано искажува подготвеност и соработка со институциите и во изминатиот период е ставен на располагање за свој дополнителен ангажман и вклученост во просеците за надминување на кризните состојби.

Согласно Уредбата донесена на вчерашната седница на Владата во врска со кризата настаната во снабдувањето со топлинска енергија и дополнителните одлуки кои ќе следуваат, АД ЕСМ ќе го преземе раководењето со БЕГ до завршувањето на кризата со снабдување со топлинска енергија.

Преземањето на управувањето со трите субјекти на БЕГ, (Производство, Дистрибуција и Снабдување ) и со топлификација АД Скопје Север се очекува во текот на претстојната недела, откако АД ЕСМ ќе ги добие од страна на Владата потребните одлуки и задолженија за спроведување на преземањето.

Во меѓувреме, АД ЕСМ потпиша договор со Друштвото за производство на електрична и топлинска енергија ТЕ-ТО АД Скопје. Со тој договор ТЕ-ТО ќе го зголеми обемот на производство на електрична и на топлинска енергија, односно ќе работи со максимален капацитет, седум дена во неделата наместо пет дена како досега, во периодот од 05:00 часот наутро до 01:00 часот по полноќ со полна моќност, односно ќе го исполнува максимално инсталираниот капацитет од 227 мегавати. Електричната енергија ќе ја презема АД ЕСМ, додека зголеменото количество топлинска енергија кое произлегува од процесот ќе се испорачува кон БЕГ и Скопје Север, односно во топлинската мрежа во градот Скопје. Греењето во градот Скопје нема да се исклучува во вечерниот термин до 22.00ч. како што беше утврдено досега, туку топлинска енергија за корисниците ќе се испорачува до 01.00ч. До денот на преземањето на БЕГ од страна на АД ЕСМ, сите трошоци за испораката на греењето во Скопје ќе ги сноси ТЕ-ТО.

АД ЕСМ стои на ставот дека одлуките кои ги носат Владата на Р. Македонија и РКЕ , и преземањето на обврските од страна на АД ЕСМ, ќе го стабилизира снабдувањето со топлинска, но и електрична енергија кон граѓаните, со оглед на тоа што постои енергетска криза во глобални рамки.

The post АД ЕСМ се огласи со соопштение: Одлуките на Владата и РКЕ ќе го стабилизира снабдувањето со топлинска и електрична енергија appeared first on Република.

]]>

АД ЕСМ ги поздравува мерките кои ги преземаат Владата на Р. Македонија и РКЕ за надминување на кризата со снабдување со електрична енергија и на кризата со снабдување со топлинска енергија, стои во соопштението на ЕСМ до медиумите.
АД ЕСМ континуирано искажува подготвеност и соработка со институциите и во изминатиот период е ставен на располагање за свој дополнителен ангажман и вклученост во просеците за надминување на кризните состојби. Согласно Уредбата донесена на вчерашната седница на Владата во врска со кризата настаната во снабдувањето со топлинска енергија и дополнителните одлуки кои ќе следуваат, АД ЕСМ ќе го преземе раководењето со БЕГ до завршувањето на кризата со снабдување со топлинска енергија. Преземањето на управувањето со трите субјекти на БЕГ, (Производство, Дистрибуција и Снабдување ) и со топлификација АД Скопје Север се очекува во текот на претстојната недела, откако АД ЕСМ ќе ги добие од страна на Владата потребните одлуки и задолженија за спроведување на преземањето. Во меѓувреме, АД ЕСМ потпиша договор со Друштвото за производство на електрична и топлинска енергија ТЕ-ТО АД Скопје. Со тој договор ТЕ-ТО ќе го зголеми обемот на производство на електрична и на топлинска енергија, односно ќе работи со максимален капацитет, седум дена во неделата наместо пет дена како досега, во периодот од 05:00 часот наутро до 01:00 часот по полноќ со полна моќност, односно ќе го исполнува максимално инсталираниот капацитет од 227 мегавати. Електричната енергија ќе ја презема АД ЕСМ, додека зголеменото количество топлинска енергија кое произлегува од процесот ќе се испорачува кон БЕГ и Скопје Север, односно во топлинската мрежа во градот Скопје. Греењето во градот Скопје нема да се исклучува во вечерниот термин до 22.00ч. како што беше утврдено досега, туку топлинска енергија за корисниците ќе се испорачува до 01.00ч. До денот на преземањето на БЕГ од страна на АД ЕСМ, сите трошоци за испораката на греењето во Скопје ќе ги сноси ТЕ-ТО. АД ЕСМ стои на ставот дека одлуките кои ги носат Владата на Р. Македонија и РКЕ , и преземањето на обврските од страна на АД ЕСМ, ќе го стабилизира снабдувањето со топлинска, но и електрична енергија кон граѓаните, со оглед на тоа што постои енергетска криза во глобални рамки.

The post АД ЕСМ се огласи со соопштение: Одлуките на Владата и РКЕ ќе го стабилизира снабдувањето со топлинска и електрична енергија appeared first on Република.

]]>
Владата донесе Уредба за прогласување кризна состојба заради нарушување на снабдувањето со топлинска енергија https://republika.mk/vesti/ekonomija/vladata-donese-uredba-za-proglasuvanje-krizna-sostojba-zaradi-narushuvanje-na-snabduvanjeto-so-toplinska-energija/ Fri, 14 Jan 2022 18:39:38 +0000 https://republika.mk/?p=444722

Владата на Република Македонија на денешната 134 седница донесе Уредба за критериумите и условите за прогласување на кризна состојба во случаи на временски и природни непогоди, хаварии и нарушувања на пазарот на топлинска енергија, начинот на снабдување со топлинска енергија во кризна состојба, мерките што се преземаат во случај на кризна состојба.

Според оваа Уредба, постојаното следење, анализирање и проценување на состојбата на пазарот на топлинска енергија во Република Македонија ќе го врши Комисија за следење на состојбите со снабдување со топлинска енергија која ќе ја формира министерот за економија.

Комисијата е предвидено да биде составена од осум члена и тоа по еден претставник од редот на високи раководни функции во Министерството за економија, од Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија, еден претставник од Заедницата на единиците на локалната самоуправа и пет претставници од носителите на лиценци на пазарот на топлинска енергија.

Мандатот на членовите на Комисијата изнесува четири години и таа треба да донесе проценка за кризната состојба во снабдувањето со топлинска енергија врз основа на анализите за настанување на целосно или делумно нефункционирање на дистрибутивниот систем на топлинска енергија предизвикано од временски или природни непогоди или хаварии, настанување на траен испад на производствени капацитети за топлинска енергија поради хаварија или недостиг на енергенси за производство на топлинска енергија, можност за користење на алтернативно гориво за производство на топлинска енергија, недостиг на топлинска енергија и состојба на пазарот на топлинска енергија.

Со Уредбата е утврдено во случај на кризна состојба, во зависност од проценките, да се преземат мерки за постапување во кризна состојба изготвени од операторите на дистрибутивните системи, може да се спроведе ограничување на снабдувањето со топлинска енергија, како и да обезбедат дополнителни количини на топлинска енергија.

Финансиските средства потребни за реализација на мерките се обезбедуваат од сопствени извори на носителите на лиценци за вршење на енергетските дејности и / или од Буџетот на Република Македонија во согласност со Законот за управување со кризи и на начин определен во одлуката за прогласување на кризна состојба.

Мерките што ќе бидат донесени врз основа на Уредбата, треба да бидат од привремен карактер и да траат до завршувањето на кризната состојба, да не го надминуваат обемот и интензитетот што е неопходен за отстранување на последиците од кризната состојба, и во најмала можна мера го ограничат или нарушат конкурентното работење на пазарите на енергија во Република Македонија и во Енергетската заедница.

The post Владата донесе Уредба за прогласување кризна состојба заради нарушување на снабдувањето со топлинска енергија appeared first on Република.

]]>

Владата на Република Македонија на денешната 134 седница донесе Уредба за критериумите и условите за прогласување на кризна состојба во случаи на временски и природни непогоди, хаварии и нарушувања на пазарот на топлинска енергија, начинот на снабдување со топлинска енергија во кризна состојба, мерките што се преземаат во случај на кризна состојба. Според оваа Уредба, постојаното следење, анализирање и проценување на состојбата на пазарот на топлинска енергија во Република Македонија ќе го врши Комисија за следење на состојбите со снабдување со топлинска енергија која ќе ја формира министерот за економија. Комисијата е предвидено да биде составена од осум члена и тоа по еден претставник од редот на високи раководни функции во Министерството за економија, од Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија, еден претставник од Заедницата на единиците на локалната самоуправа и пет претставници од носителите на лиценци на пазарот на топлинска енергија. Мандатот на членовите на Комисијата изнесува четири години и таа треба да донесе проценка за кризната состојба во снабдувањето со топлинска енергија врз основа на анализите за настанување на целосно или делумно нефункционирање на дистрибутивниот систем на топлинска енергија предизвикано од временски или природни непогоди или хаварии, настанување на траен испад на производствени капацитети за топлинска енергија поради хаварија или недостиг на енергенси за производство на топлинска енергија, можност за користење на алтернативно гориво за производство на топлинска енергија, недостиг на топлинска енергија и состојба на пазарот на топлинска енергија. Со Уредбата е утврдено во случај на кризна состојба, во зависност од проценките, да се преземат мерки за постапување во кризна состојба изготвени од операторите на дистрибутивните системи, може да се спроведе ограничување на снабдувањето со топлинска енергија, како и да обезбедат дополнителни количини на топлинска енергија. Финансиските средства потребни за реализација на мерките се обезбедуваат од сопствени извори на носителите на лиценци за вршење на енергетските дејности и / или од Буџетот на Република Македонија во согласност со Законот за управување со кризи и на начин определен во одлуката за прогласување на кризна состојба. Мерките што ќе бидат донесени врз основа на Уредбата, треба да бидат од привремен карактер и да траат до завршувањето на кризната состојба, да не го надминуваат обемот и интензитетот што е неопходен за отстранување на последиците од кризната состојба, и во најмала можна мера го ограничат или нарушат конкурентното работење на пазарите на енергија во Република Македонија и во Енергетската заедница.

The post Владата донесе Уредба за прогласување кризна состојба заради нарушување на снабдувањето со топлинска енергија appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Скопјани да бидат спокојни, парно ќе имаат и денеска, и овој викенд и во текот на цела грејна сезона https://republika.mk/vesti/skopje/kovachevski-skopjani-da-bidat-spokojni-parno-kje-imaat-i-deneska-i-ovoj-vikend-i-vo-tekot-na-cela-grejna-sezona/ Fri, 14 Jan 2022 17:44:27 +0000 https://republika.mk/?p=444704

Скопјани да бидат спокојни, парно ќе имаат и денеска, и овој викенд и во текот на цела грејна сезона со соодветна температура, соопшти на својот фејсбук профил Димитар Ковачевски.

Како што најавив, Владата ги активираше сите механизми, ги презеде чекорите за да обезбеди топли домови и проблемот е надминат. Владините претставници детално ќе информираат за решението на вечерашната прес конференција. Грижата за нашите сограѓани не е предизборен памфлет, туку преземање одговорност кога е најпотребно.

The post Ковачевски: Скопјани да бидат спокојни, парно ќе имаат и денеска, и овој викенд и во текот на цела грејна сезона appeared first on Република.

]]>

Скопјани да бидат спокојни, парно ќе имаат и денеска, и овој викенд и во текот на цела грејна сезона со соодветна температура, соопшти на својот фејсбук профил Димитар Ковачевски.
Како што најавив, Владата ги активираше сите механизми, ги презеде чекорите за да обезбеди топли домови и проблемот е надминат. Владините претставници детално ќе информираат за решението на вечерашната прес конференција. Грижата за нашите сограѓани не е предизборен памфлет, туку преземање одговорност кога е најпотребно.

The post Ковачевски: Скопјани да бидат спокојни, парно ќе имаат и денеска, и овој викенд и во текот на цела грејна сезона appeared first on Република.

]]>
Скопјани нема да останат без греење https://republika.mk/vesti/ekonomija/skopjani-nema-da-ostanat-bez-greenje/ Fri, 14 Jan 2022 15:09:33 +0000 https://republika.mk/?p=444661

Граѓаните на Скопје утре ќе имаат парно, лиценцата на компанијата Балкан Енерџи нема да биде одземена, тврдат владини извори за Алсат.

Деталите Владата ќе ги соопшти по 19 часот. Од БЕГ за Алсат велат дека траат преговорите во Владата. Според нив, не станува збор за одземање на лиценцата, бидејќи се повикале на Законот за кризи, според кој, државата е должна да обезбеди топлинска енергија во време на криза.

БЕГ се повикува на член 33 од Законот за кризи за да ѝ даде на Владата на РСМ легална можност да обезбеди финансирање за потрошувачите на топлинска енергија. Ова не подразбира одземање на лиценците. Сè уште се во тек преговори помеѓу БЕГ и Владата“, велат од Балкан Енерџи Груп.

Во овој член според Законот за кризи, стои дека во случај на кризи може да се употребуваат ресурсите на државата за надминување на кризата.

                                                  Закон за кризи, Член 33

„Во случај на кризна состојба можат да се употребат и ресурсите на јавните претпријатија, установи и служби, како и на трговските друштва кои се од посебно значење за работа во кризна состојба, во согласност со закон“.

БЕГ се повикува на официјално прогласената кризна состојба во енергетиката во земјава. Владата во изминативе денови понуди БЕГ да даде банкарска гаранција за да може преку Развојната банка да добие кредит од 8 милиони евра. Втора опција е на сметката да ѝ бидат префрлени 6 милиони евра за граѓаните да добиваат сметки со стара цена. Двете понуди БЕГ ги одби.

The post Скопјани нема да останат без греење appeared first on Република.

]]>

Граѓаните на Скопје утре ќе имаат парно, лиценцата на компанијата Балкан Енерџи нема да биде одземена, тврдат владини извори за Алсат. Деталите Владата ќе ги соопшти по 19 часот. Од БЕГ за Алсат велат дека траат преговорите во Владата. Според нив, не станува збор за одземање на лиценцата, бидејќи се повикале на Законот за кризи, според кој, државата е должна да обезбеди топлинска енергија во време на криза.
БЕГ се повикува на член 33 од Законот за кризи за да ѝ даде на Владата на РСМ легална можност да обезбеди финансирање за потрошувачите на топлинска енергија. Ова не подразбира одземање на лиценците. Сè уште се во тек преговори помеѓу БЕГ и Владата“, велат од Балкан Енерџи Груп.
Во овој член според Законот за кризи, стои дека во случај на кризи може да се употребуваат ресурсите на државата за надминување на кризата.                                                   Закон за кризи, Член 33 „Во случај на кризна состојба можат да се употребат и ресурсите на јавните претпријатија, установи и служби, како и на трговските друштва кои се од посебно значење за работа во кризна состојба, во согласност со закон“. БЕГ се повикува на официјално прогласената кризна состојба во енергетиката во земјава. Владата во изминативе денови понуди БЕГ да даде банкарска гаранција за да може преку Развојната банка да добие кредит од 8 милиони евра. Втора опција е на сметката да ѝ бидат префрлени 6 милиони евра за граѓаните да добиваат сметки со стара цена. Двете понуди БЕГ ги одби.

The post Скопјани нема да останат без греење appeared first on Република.

]]>
Дали уште денеска ќе имаме топли радијатори? https://republika.mk/vesti/skopje/dali-ushte-deneska-kje-imame-topli-radijatori/ Fri, 14 Jan 2022 07:20:12 +0000 https://republika.mk/?p=444400

Скопјани денеска се разбудија со топли радијатори, но и со страв и неизвесност што ќе донесе утрешниот ден откако БЕГ најви дека од утре нема да може да испорачува топлинска енергија. Компанијата побараВладата да ја превземе во времено управување компанијата почнувајќи од 14.01.2022 се до завршување на кризната состојба во оваа грејна сезона.

Претходно граѓаните добија покачување на сметките за парно за 14 проценти. Владата се обиде  одговорноста да ја префрли кон Градот Скопје, кој нема никакви законски ингеренции да финансира приватни компании. Таква законска можност во Македонија има само Владата.

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, изјави дека БЕГ ќе остане без лиценца во моментот кога ќе престане да испорачува топлинска енергија.

The post Дали уште денеска ќе имаме топли радијатори? appeared first on Република.

]]>

Скопјани денеска се разбудија со топли радијатори, но и со страв и неизвесност што ќе донесе утрешниот ден откако БЕГ најви дека од утре нема да може да испорачува топлинска енергија. Компанијата побараВладата да ја превземе во времено управување компанијата почнувајќи од 14.01.2022 се до завршување на кризната состојба во оваа грејна сезона. Претходно граѓаните добија покачување на сметките за парно за 14 проценти. Владата се обиде  одговорноста да ја префрли кон Градот Скопје, кој нема никакви законски ингеренции да финансира приватни компании. Таква законска можност во Македонија има само Владата. Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, изјави дека БЕГ ќе остане без лиценца во моментот кога ќе престане да испорачува топлинска енергија.

The post Дали уште денеска ќе имаме топли радијатори? appeared first on Република.

]]>
Владата обезбеди дополнителни количини електрична и топлинска енергија од АД ТЕ-ТО Скопје https://republika.mk/vesti/makedonija/vladata-obezbedi-dopolnitelni-kolichini-elektrichna-i-toplinska-energija-od-ad-te-to-skopje/ Thu, 13 Jan 2022 14:36:08 +0000 https://republika.mk/?p=444220

На денешната 133-та седница, Владата донесе Одлука за преземање на мерка за обезбедување на дополнителни количини на електрична енергија во услови на постоење на кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија, соопштија од Владата.

Со оваа одлука се предвидува дополнителните количини на електрична енергија да се обезбедат од домашно производство, односно од Друштвото за производство на електрична и топлинска енергија ТЕ-ТО АД Скопје, кое ќе работи седум дена во неделата во периодот од 05:00 часот наутро до 01:00 часот по полноќ со полна моќност, односно ќе го исполнува максимално инсталираниот капацитет од 227 мегавати.

Оваа дополнително произведена количина електрична енергија ќе ја откупува АД „Електрани на Македонија” Скопје со сопствени средства.

Одлуката стапува во сила денеска и ќе важи до 31.01.2022 година.

Со преземањето на дополнителните количини електрична енергија ќе се обезбеди производство и на топлинска енергија за регулираниот дистрибутер на топлинска енергија со што ќе се овозможи континуирано, квалитетно и економски исплатливо снабдување со парно греење на потрошувачите во Град Скопје и, во исто време, при постоење на кризна состојба во снабдување со електрична енергија, ќе се овозможи да се заштедат природните ресурси кои АД ЕСМ ги користи за производство на електрична енергија, стои во соопштението.

The post Владата обезбеди дополнителни количини електрична и топлинска енергија од АД ТЕ-ТО Скопје appeared first on Република.

]]>

На денешната 133-та седница, Владата донесе Одлука за преземање на мерка за обезбедување на дополнителни количини на електрична енергија во услови на постоење на кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија, соопштија од Владата.
Со оваа одлука се предвидува дополнителните количини на електрична енергија да се обезбедат од домашно производство, односно од Друштвото за производство на електрична и топлинска енергија ТЕ-ТО АД Скопје, кое ќе работи седум дена во неделата во периодот од 05:00 часот наутро до 01:00 часот по полноќ со полна моќност, односно ќе го исполнува максимално инсталираниот капацитет од 227 мегавати. Оваа дополнително произведена количина електрична енергија ќе ја откупува АД „Електрани на Македонија” Скопје со сопствени средства. Одлуката стапува во сила денеска и ќе важи до 31.01.2022 година. Со преземањето на дополнителните количини електрична енергија ќе се обезбеди производство и на топлинска енергија за регулираниот дистрибутер на топлинска енергија со што ќе се овозможи континуирано, квалитетно и економски исплатливо снабдување со парно греење на потрошувачите во Град Скопје и, во исто време, при постоење на кризна состојба во снабдување со електрична енергија, ќе се овозможи да се заштедат природните ресурси кои АД ЕСМ ги користи за производство на електрична енергија, стои во соопштението.

The post Владата обезбеди дополнителни количини електрична и топлинска енергија од АД ТЕ-ТО Скопје appeared first on Република.

]]>
Битиќи: Топлинска енергија ќе биде испорачана до крајот на грејната сезона https://republika.mk/vesti/ekonomija/bitikji-toplinska-energija-kje-bide-isporachana-do-krajot-na-grejnata-sezona-2/ Tue, 11 Jan 2022 16:54:11 +0000 https://republika.mk/?p=443286

Топлинска енергија ќе биде испорачана до крајот на грејната сезона, уверува потпретседателот на СДСМ и кандидат за вицепремиер за економски прашања Фатмир Битиќи, кој и досега ја извршуваше оваа функција.

– Владата помага со креирање на нова кредитна линија, но не може да се прават исклучоци за приватна компанија од целиот систем. Тие треба да ги обезбедат сите гаранции, а ако не можат, Владата има на располагање други мерки кои по закон може да ги преземе, истакна Битиќи за „Утрински брифинг“.

Во врска со енергетската криза, Битиќи нагласува дека како никогаш досега се обезбедува електрична енергија од домашни ресурси. Ставени се на располагање сите капацитети, вклучени се ТЕЦ Неготино со два котли, ТЕЦ Осломеј, Когел, а деновиве, како што најави, ќе биде пуштен и третиот блок на РЕК Битола.

The post Битиќи: Топлинска енергија ќе биде испорачана до крајот на грејната сезона appeared first on Република.

]]>

Топлинска енергија ќе биде испорачана до крајот на грејната сезона, уверува потпретседателот на СДСМ и кандидат за вицепремиер за економски прашања Фатмир Битиќи, кој и досега ја извршуваше оваа функција.
– Владата помага со креирање на нова кредитна линија, но не може да се прават исклучоци за приватна компанија од целиот систем. Тие треба да ги обезбедат сите гаранции, а ако не можат, Владата има на располагање други мерки кои по закон може да ги преземе, истакна Битиќи за „Утрински брифинг“.
Во врска со енергетската криза, Битиќи нагласува дека како никогаш досега се обезбедува електрична енергија од домашни ресурси. Ставени се на располагање сите капацитети, вклучени се ТЕЦ Неготино со два котли, ТЕЦ Осломеј, Когел, а деновиве, како што најави, ќе биде пуштен и третиот блок на РЕК Битола.

The post Битиќи: Топлинска енергија ќе биде испорачана до крајот на грејната сезона appeared first on Република.

]]>
Владата бара од компаниите да им овозможат топлинска енергија на граѓаните https://republika.mk/vesti/skopje/vladata-bara-od-kompaniite-da-im-ovozmozat-toplinska-energija-na-gragjanite/ Fri, 07 Jan 2022 16:32:32 +0000 https://republika.mk/?p=441728

Владата ги повикува надлежните компании, градските и општинските власти итно да постапуваат по своите надлежности и да обезбедат топлинска енергија во домовите на граѓаните на Град Скопје.

Владата ги помага и граѓаните, и општините, и Градот Скопје, но, како што наведуваат, кога се во прашање финансиски обврски кон давателите на јавни услуги, први повикани се надлежните локални власти.

Од Владата велат дека во текот на следната недела ќе се разгледуваат можности за дополнителна помош, но едностран раскин на договорните обврски и прекин на греењето на штета на граѓаните и домаќинствата во зимски услови не може да биде ниту оправдано ниту прифатливо.

Граѓани на Скопје, пред се од Скопје Север и Топанско Поле, деновиве со реакции до медимите се пожалија дека се без парно или греењето е многу слабо.

Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, цената парното греење во Скопје од овој месец е зголемена за 14 отсто.

The post Владата бара од компаниите да им овозможат топлинска енергија на граѓаните appeared first on Република.

]]>

Владата ги повикува надлежните компании, градските и општинските власти итно да постапуваат по своите надлежности и да обезбедат топлинска енергија во домовите на граѓаните на Град Скопје. Владата ги помага и граѓаните, и општините, и Градот Скопје, но, како што наведуваат, кога се во прашање финансиски обврски кон давателите на јавни услуги, први повикани се надлежните локални власти. Од Владата велат дека во текот на следната недела ќе се разгледуваат можности за дополнителна помош, но едностран раскин на договорните обврски и прекин на греењето на штета на граѓаните и домаќинствата во зимски услови не може да биде ниту оправдано ниту прифатливо. Граѓани на Скопје, пред се од Скопје Север и Топанско Поле, деновиве со реакции до медимите се пожалија дека се без парно или греењето е многу слабо. Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, цената парното греење во Скопје од овој месец е зголемена за 14 отсто.

The post Владата бара од компаниите да им овозможат топлинска енергија на граѓаните appeared first on Република.

]]>