топ тема Archives - Република https://republika.mk/tema/top-tema/ За подобро да се разбереме Mon, 11 Sep 2023 18:09:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png топ тема Archives - Република https://republika.mk/tema/top-tema/ 32 32 Измените на Кривичниот законик нè оставија без зборови, направени се буквално преку ноќ, вели Пејовска од ДКСК https://republika.mk/vesti/makedonija/izmenite-na-krivichniot-zakonik-ne-ostavija-bez-zborovi-napraveni-se-bukvalno-preku-nok-veli-pejovska-od-dksk/ Mon, 11 Sep 2023 18:11:54 +0000 https://republika.mk/?p=681033

Измените на Кривичниот законик нè остави без зборови, а еден од ризичните моменти во политичкиот систем е носењето на закони по скратена постапка, изјави Софка Пејовска Дојчиновска, заменик претседателка на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), во вечерашната „Топ тема“ на ТВ Телма, во која за овие измени дебатираше заедно со адвокатот Еленко Миланов и новинарот Саше Димовски.

Нешто што нас нè остави без зборови е тоа што сите овие години една од ризичните работи е скратената постапка на носење на закони. За 24 часа може да се донесе толку значајна измена на Кривичниот закон којшто е столб на правосудниот систем, истакна Пејовска Дојчиновска.

Таа појани дека за скратената постапка во Деловникот стои дека може да се применува само ако не е во прашање сложен и обемен закон.

Па, дали е ова прост закон?, праша Дојчиновска.

Таа појаснува дека три дена пред да се случи ова, Антикорупциска добила барање од Министерството за правда за предлог на закон во кој беа содржани сите промени за усогласување со европското законодавство.

Го отвораме документот, официјален допис со барање за мислење до 20 септември, сосема ги немаше трите промени. Па, експресно на маил ни беше пратен текст кој ги содржи и тие промени кои поминаа во Собранието, откри Пејовска Дојчиновска.

Димовски прашува како е можно ова да било ургентно, а паралелно оди постапка за измени на Кривичниот закон, постапка која започна од министерувањето на Маричиќ, па Тупанчевски.

Имаме ситуација каде во Собранието преку ноќ влегоа измени со европско знаме, се донесоа со 48 гласа „за“, системски и двотретински треба да биде Кривичниот закон, а беше донесен со ниту половина гласови од Собранието, нотираше тој.

Димовски праша кој ги напиша овие измени?

Треба да се земе в предвид и меѓукоалицискиот пазар, министерот Лога е од малата Алтернатива и тој не го потпиша решението, а чесно беше да каже дека ова е упад во системот. Распродажба на правдата како на пазар 5 за 100, рече Димовски.

Според Миланов ова е закон којшто е донесен и нема потреба да бараме ништо.

Извршната власт проценила дека треба да го донесе и го предложила, законодавната го донела и судот мора по него да постапува, смета Миланов.

Тој вели нема потреба од барање бидејќи измените влегуваат во сила од 15 септември и според тоа обвинителствата мора да одлучат и да ги повлечат предметите по закон во спротивно предизвикува непотребни трошоци.

Миланов објасни дека ова важи и за предметите кои се сега пред Апелација, само за правосилните не може да се применува.

Можеби ова ќе биде поттик обвинителствата и МВР да ги забрзаат постапките и побрзо да се решаваат проблемите. Предметите на СЈО се неквалитетни и преоптоварени се со непотребни докази, рече Миланов.

The post Измените на Кривичниот законик нè оставија без зборови, направени се буквално преку ноќ, вели Пејовска од ДКСК appeared first on Република.

]]>

Измените на Кривичниот законик нè остави без зборови, а еден од ризичните моменти во политичкиот систем е носењето на закони по скратена постапка, изјави Софка Пејовска Дојчиновска, заменик претседателка на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), во вечерашната „Топ тема“ на ТВ Телма, во која за овие измени дебатираше заедно со адвокатот Еленко Миланов и новинарот Саше Димовски.
Нешто што нас нè остави без зборови е тоа што сите овие години една од ризичните работи е скратената постапка на носење на закони. За 24 часа може да се донесе толку значајна измена на Кривичниот закон којшто е столб на правосудниот систем, истакна Пејовска Дојчиновска.
Таа појани дека за скратената постапка во Деловникот стои дека може да се применува само ако не е во прашање сложен и обемен закон.
Па, дали е ова прост закон?, праша Дојчиновска.
Таа појаснува дека три дена пред да се случи ова, Антикорупциска добила барање од Министерството за правда за предлог на закон во кој беа содржани сите промени за усогласување со европското законодавство. Го отвораме документот, официјален допис со барање за мислење до 20 септември, сосема ги немаше трите промени. Па, експресно на маил ни беше пратен текст кој ги содржи и тие промени кои поминаа во Собранието, откри Пејовска Дојчиновска. Димовски прашува како е можно ова да било ургентно, а паралелно оди постапка за измени на Кривичниот закон, постапка која започна од министерувањето на Маричиќ, па Тупанчевски.
Имаме ситуација каде во Собранието преку ноќ влегоа измени со европско знаме, се донесоа со 48 гласа „за“, системски и двотретински треба да биде Кривичниот закон, а беше донесен со ниту половина гласови од Собранието, нотираше тој.
Димовски праша кој ги напиша овие измени?
Треба да се земе в предвид и меѓукоалицискиот пазар, министерот Лога е од малата Алтернатива и тој не го потпиша решението, а чесно беше да каже дека ова е упад во системот. Распродажба на правдата како на пазар 5 за 100, рече Димовски.
Според Миланов ова е закон којшто е донесен и нема потреба да бараме ништо.
Извршната власт проценила дека треба да го донесе и го предложила, законодавната го донела и судот мора по него да постапува, смета Миланов.
Тој вели нема потреба од барање бидејќи измените влегуваат во сила од 15 септември и според тоа обвинителствата мора да одлучат и да ги повлечат предметите по закон во спротивно предизвикува непотребни трошоци. Миланов објасни дека ова важи и за предметите кои се сега пред Апелација, само за правосилните не може да се применува.
Можеби ова ќе биде поттик обвинителствата и МВР да ги забрзаат постапките и побрзо да се решаваат проблемите. Предметите на СЈО се неквалитетни и преоптоварени се со непотребни докази, рече Миланов.

The post Измените на Кривичниот законик нè оставија без зборови, направени се буквално преку ноќ, вели Пејовска од ДКСК appeared first on Република.

]]>
Кадиев: Во законите нема можност за предвремено полагање правосуден, ниту дипломи се издаваат поради техничка грешка https://republika.mk/vesti/makedonija/kadiev-vo-zakonite-nema-moznost-za-predvremeno-polaganje-pravosuden-nitu-diplomi-se-izdavaat-poradi-tehnichka-greshka/ Thu, 01 Dec 2022 07:27:03 +0000 https://republika.mk/?p=580276

Во 2013 година важел еден закон, сега има нов закон кој што, очигледно, воведува нова одредба, нов став кој вели дека предвременото полагање на правосуден испит е забрането, посочи адвокатот Дељо Кадиев во вечерашната дебата во „Топ тема“ на Телма ТВ во однос на „жешката“ тема што деновиве е актуелна во јавноста во врска со предвременото полагање на правосуден испит.

Меѓутоа, ако го гледате стариот закон, никаде не пишува дека е дозволено. И јас не можам да се сложам дека во законот од 2013 година, министерот имал дискреционо право да дозволи предвремено полагање. Тоа никаде во законот го нема. Останува да се замислиме како е дојдено до полагање, доколку е предвремено, а очигледно е предвремено од она што го слушаме во изјавите на сите чинители“, потенцира Кадиев.

Тој ја нагласи и „наводната техничка грешка“, верзија што се провлекува во јавноста, во што тој не верува.

Намерно ја потенцирам „наводна техничка грешка“, бидејќи не може некого да измешате по некој стар систем кој што имаше диплома 7/1, 7/2, магистерски 7/3, докторски студии и Болоњскиот систем кој што воведува ЕКТС кредити. Законот е јасен и во едниот и во другиот случај. Не можете да ги помешате тие два случаја. Законот за високо образование вели „да, ќе биде дипломиран и би се стекнал со звање дипломиран правник и со 180 ЕКТС, меѓутоа не може никако да ставите дека имал 7/1 ако студирал по Болоњски систем“, вели Кадиев.

Тој истакна дека настапената неможност за правење на проверки е она што најмногу го загрижува, затоа што тогашниот функционер издал наредба за чување на материјалот само една година.

Јас го отворив и Законот за архивско работење и такви рокови за чување на материјал не постојат. Еве, и ние адвокатите кои работиме и како агенти за регистрација, мораме да чуваме најмалку пет години, па да предадеме документација од регистрација на една фирма во Архивот на Македонија. А, замислете која дискрепанца има од полагање на правосуден испит и регистрација на една фирма“, истакна Кадиев.

The post Кадиев: Во законите нема можност за предвремено полагање правосуден, ниту дипломи се издаваат поради техничка грешка appeared first on Република.

Поддршката за ВМРО-ДПМНЕ во скопските општини некаде е и тројно зголемена во однос на СДСМ, вели Мицкоски https://republika.mk/vesti/skopje/poddrshkata-za-vmro-dpmne-vo-skopskite-opshtini-nekade-e-i-trojno-zgolemena-vo-odnos-na-sdsm-veli-mickoski/ Wed, 11 May 2022 20:46:42 +0000 https://republika.mk/?p=501221

На прашањето дали смета дека обвинувањата од страна на советниците на СДСМ во Советот на Град Скопје дека градоначалничката Данела Арсовска не сака да ги слушне нивните прашања и покрај закажаните седници, би можеле да ѝ наштетат на ВМРО-ДПМНЕ и евентуалните предвремени парламентарни избори, лидерот Христијан Мицкоски во вечерашната „Топ тема“ одговори дека напротив, поддршката за ВМРО-ДПМНЕ во скопските општини е двојно зголемена.

Еве јас како лидер на опозиција би кажувам дека во оние општини во Скопје каде што ВМРО-ДПМНЕ има градоначалници пред изборите и сега е некаде двојно зголемена разликата во однос на СДСМ, а некаде и тројно, рече Мицкоски.

The post Поддршката за ВМРО-ДПМНЕ во скопските општини некаде е и тројно зголемена во однос на СДСМ, вели Мицкоски appeared first on Република.

Mицкоски: Нема веќе наши-ваши, секој криминал мора да се санкционира https://republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-nema-vekje-nashi-vashi-sekoj-kriminal-mora-da-se-sankcionira/ Wed, 11 May 2022 20:25:15 +0000 https://republika.mk/?p=501213

Нема веќе ваши, наши...Сè што е спротивно на закон да се санкционира, порача вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во емисијата „Топ тема“ на Телма.

Мицкоски беше дециден и дека ќе се дистанцира од секој кој сторил криминал.

The post Mицкоски: Нема веќе наши-ваши, секој криминал мора да се санкционира appeared first on Република.

]]>

Нема веќе ваши, наши...Сè што е спротивно на закон да се санкционира, порача вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во емисијата „Топ тема“ на Телма. Мицкоски беше дециден и дека ќе се дистанцира од секој кој сторил криминал.

The post Mицкоски: Нема веќе наши-ваши, секој криминал мора да се санкционира appeared first on Република.

]]>
Преку фиктивни фактури и фирми се правел криминал со поврат на ДДВ во УЈП https://republika.mk/vesti/ekonomija/preku-fiktivni-fakturi-i-firmi-se-pravel-kriminal-so-povrat-na-ddv-vo-ujp/ Wed, 11 May 2022 20:03:35 +0000 https://republika.mk/?p=501203

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашната „Топ тема“ најави избивање на уште една афера, тешка 20 до 30 милиони евра, поврзана со повратот на ДДВ за компаниите.

Потенцијална афера, како е можно преку фиктивни фактури да се правеле цесии со УЈП на фирми кои што се должници и фиктивни фирми кои што се побарувачи на поврат на ДДВ, преку 20-30 милиони евра тежок скандал, но времето ќе покаже дали сум бил во право, рече Мицкоски.

Лидерот на опозицијата тврди дека партијата им стои на располагање, како на Антикорупциската комисија, така и на обвинителството, и ќе ги сподели со нив сите податоци кои ги имаат за овој и останатите скандали кои ги откри во емисијата.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/pratenik-na-dui-kupil-kompanija-koja-raboti-na-koridorot-8/

The post Преку фиктивни фактури и фирми се правел криминал со поврат на ДДВ во УЈП appeared first on Република.

]]>

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашната „Топ тема“ најави избивање на уште една афера, тешка 20 до 30 милиони евра, поврзана со повратот на ДДВ за компаниите.
Потенцијална афера, како е можно преку фиктивни фактури да се правеле цесии со УЈП на фирми кои што се должници и фиктивни фирми кои што се побарувачи на поврат на ДДВ, преку 20-30 милиони евра тежок скандал, но времето ќе покаже дали сум бил во право, рече Мицкоски.
Лидерот на опозицијата тврди дека партијата им стои на располагање, како на Антикорупциската комисија, така и на обвинителството, и ќе ги сподели со нив сите податоци кои ги имаат за овој и останатите скандали кои ги откри во емисијата. https://republika.mk/vesti/ekonomija/pratenik-na-dui-kupil-kompanija-koja-raboti-na-koridorot-8/

The post Преку фиктивни фактури и фирми се правел криминал со поврат на ДДВ во УЈП appeared first on Република.

]]>
Пратеник на ДУИ купил компанија која работи на Коридорот 8? https://republika.mk/vesti/ekonomija/pratenik-na-dui-kupil-kompanija-koja-raboti-na-koridorot-8/ Wed, 11 May 2022 19:19:18 +0000 https://republika.mk/?p=501184

Проектот од 900 милиони евра е епски криминал на ДУИ и власта, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашната „Топ тема“ на Телма.

Јас појаснив и претходно дека проектот Коридорот 8 или како го викаат не знам од 900 милиони евра кој извесно време се рекламира, тука имаме промена на сопственичкиот удел на една градежна компанија и јас оставам на вас вие како медиум да истражите дали таа компанија ја купи пратеник на ДУИ. Рамката која што ја бараат тие од ММФ е 900 милиони евра. Сега слушам тука имаат некои проблеми, турбуленции со каматната стапка, очекуваа да биде ниска, претходно не добија пари од еврообврзница па сега се свртеа кон ММФ, рече Мицкоски.

Тој ги повика ДКСК и другите надлежни институции да отворат предмет по допрен глас.

Инаку Антикорупциска комисија слуша што зборуваме па може како индиција да го искористи тоа, допрен глас и уште утре може да почне постапка како што може да постапува за многу други предмети каде што немало потреба да постапува. Еве како што кажав ова е обид за епски криминал, а можат и сите други институции да постапат, ние стоиме на располагање за сите затоа што за нас правдата и борбата со корупција и криминалот е неприкосновена, рече Мицкоски.

The post Пратеник на ДУИ купил компанија која работи на Коридорот 8? appeared first on Република.

Ајде да изгласаме една изборна единица и Тупанчевски уште следниот ден ќе добие работни групи, повика Мицкоски https://republika.mk/vesti/makedonija/ajde-da-izglasame-edna-izborna-edinica-i-tupanchevski-ushte-sledniot-den-kje-dobie-rabotni-grupi-povika-mickoski/ Wed, 11 May 2022 18:23:54 +0000 https://republika.mk/?p=501160

Ајде утре, еве привремено ќе ја тргнеме блокадата да изгласаме сите заедно во парламентот една изборна единица, да не бидат шест, другиот ден веќе ќе ги добие Тупанчевски тимовите кои ќе работат на измените на изборниот законик согласно препораките ОБСЕ, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва во гостувањето во емисијата „Топ тема” на телевизија Телма.

Мицкоски додаде дека веќе се обиделе и со мнозински систем претходно, но не наишле на поддршка од останатите политички партии. Запрашан дали тоа било некако флерт со помалите политички партии, Мицкоски рече дека во политиката може да се флертува со разни целни групи, но ова е принципиелен став кој трае неколку месеци. Рече дека тогаш се обиделе и не наишле на поддршка, но сега треба да се направи една изборна единица. Во однос на прашањето дека тоа не им одговара на ДУИ, Мицкоски рече дека тоа треба да ги прашаат во ДУИ бидејќи тие не се коалиционен партнер.

Видете сега една чудна ситуација, СДСМ е коалиционен партнер и со ДОМ на Морачанин, ЛДП на Милевски, Народна на Ѓеорѓиевски, ДС на Павле Трајанов кои што се обединети во барањето за една изборна единица. Но, истовремено е партнер и со ДУИ кој вели никако една изборна единица, сега не сме ние тие кои треба кај нив да ги решаваат недоразбирањата. Но еве, јас ја фрлам ракавицата бидејќи Тупанчевски бара тимови преку медиуми бидејќи официјално никој од нас ништо не побарал, еве јас велам утре во парламентот да изгласаме една изборна единица и потоа, веќе задутре да ги номираме тимовите,  додаде Мицкоски

The post Ајде да изгласаме една изборна единица и Тупанчевски уште следниот ден ќе добие работни групи, повика Мицкоски appeared first on Република.

]]>

Ајде утре, еве привремено ќе ја тргнеме блокадата да изгласаме сите заедно во парламентот една изборна единица, да не бидат шест, другиот ден веќе ќе ги добие Тупанчевски тимовите кои ќе работат на измените на изборниот законик согласно препораките ОБСЕ, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва во гостувањето во емисијата „Топ тема” на телевизија Телма. Мицкоски додаде дека веќе се обиделе и со мнозински систем претходно, но не наишле на поддршка од останатите политички партии. Запрашан дали тоа било некако флерт со помалите политички партии, Мицкоски рече дека во политиката може да се флертува со разни целни групи, но ова е принципиелен став кој трае неколку месеци. Рече дека тогаш се обиделе и не наишле на поддршка, но сега треба да се направи една изборна единица. Во однос на прашањето дека тоа не им одговара на ДУИ, Мицкоски рече дека тоа треба да ги прашаат во ДУИ бидејќи тие не се коалиционен партнер.
Видете сега една чудна ситуација, СДСМ е коалиционен партнер и со ДОМ на Морачанин, ЛДП на Милевски, Народна на Ѓеорѓиевски, ДС на Павле Трајанов кои што се обединети во барањето за една изборна единица. Но, истовремено е партнер и со ДУИ кој вели никако една изборна единица, сега не сме ние тие кои треба кај нив да ги решаваат недоразбирањата. Но еве, јас ја фрлам ракавицата бидејќи Тупанчевски бара тимови преку медиуми бидејќи официјално никој од нас ништо не побарал, еве јас велам утре во парламентот да изгласаме една изборна единица и потоа, веќе задутре да ги номираме тимовите,  додаде Мицкоски

The post Ајде да изгласаме една изборна единица и Тупанчевски уште следниот ден ќе добие работни групи, повика Мицкоски appeared first on Република.

]]>
Мицкоски за следните чекори: Нема да се страшни за граѓаните, туку за власта на СДСМ и ДУИ https://republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-za-slednite-chekori-nema-da-se-strashni-za-gragjanite-tuku-za-vlasta-na-sdsm-i-dui/ Wed, 11 May 2022 18:11:32 +0000 https://republika.mk/?p=501148

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостување во емисијата „Топ тема“ на  Телма, потенцираше дека следите чекори на ВМРО-ДПМНЕ во однос на најавената активна блокада ќе биде во интерес на граѓаните бидејќи не се сите исти, но лоша за криминалната коалиција на власт СДСМ и ДУИ, порачувајќи дека ќе треба да одговорат за многу прашања.

Да одиме чекор по чекор. За граѓаните нема да биде страшно, за овие политичари од власта и коалицијата СДСМ и ДУИ мислам дека ќе биде страшно и ќе треба да одговорат на многу прашања. Ние бевме многу внимателни и чекавме долго време после локалните избори, поминаа неколку месеци, чекавме 100 дена да поминат, излеговме заедно со народот во една кампања, каде што велевме промените продолжуваат и разговаравме со илјадници граѓани, тимови од партијата разговараа и безусловно 90 проценти од граѓаните и тука нема етничка припадност ни велеа зошто сте толку мирни, дури имаше и некои фини господа кои што влеат да ве разбираме зошто сте толку мирни сега ги добивте општините, овие ја имаат владата, значи сите сте среќни, си го крадете народот здружно и немате никаков проблем, сите сте исти. Но, не е така не сме сите исти, порача Мицкоски.

The post Мицкоски за следните чекори: Нема да се страшни за граѓаните, туку за власта на СДСМ и ДУИ appeared first on Република.

ВО ЖИВО: Мицкоски на „Топ тема“ https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-zivo-mickoski-na-top-tema/ Wed, 11 May 2022 17:32:44 +0000 https://republika.mk/?p=501131

Следете го во живо гостувањето на „Телма“ на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во емисијата „Топ тема“ со Снежана Лупевска Созен:

The post ВО ЖИВО: Мицкоски на „Топ тема“ appeared first on Република.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва во „Топ тема“ https://republika.mk/vesti/makedonija/liderot-na-vmro-dpmne-hristijan-mickoski-vecherva-vo-top-tema/ Wed, 11 May 2022 09:04:36 +0000 https://republika.mk/?p=500945

Вечерва во „Топ тема“, интервју со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Топ тема“ со Снежана Лупевска Созен почнува во 19,15 часот.

The post Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва во „Топ тема“ appeared first on Република.

]]>

Вечерва во „Топ тема“, интервју со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. „Топ тема“ со Снежана Лупевска Созен почнува во 19,15 часот.

The post Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва во „Топ тема“ appeared first on Република.

]]>
Ковачевски го понижи Димитров: Маричиќ ќе биде подобар евроинтегративец! https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-go-ponizi-dimitrov-marichikj-kje-bide-podobar-evrointegrativec/ Wed, 12 Jan 2022 21:08:53 +0000 https://republika.mk/?p=443942

Во однос на преговорите со Бугарија, можам да кажам дека тоа што е водено, Димитров учествувал и на крајот прашањето би било со што со тој не се сложува и од кога не се сложува. Во однос на ставот дека не сум експерт за надворешна политика, ќе кажам дека не постои универзален експерт за сите прашања. Премиерот е тој што треба да координира со ресорите, одговори мандатарот Димитар Ковачевски на денешната изјава на вицепремиерот за економски прашања во заминување, Никола Димитров.

На прашањето зошто Димитров не добил нов мандат во ресорот, Ковачевски смета дека во секторот за европски прашања, главниот фокус треба да биде на подготвеноста на реформските закони, на координација на други ресори и хармонизација на законските регулативи.

Маричиќ има доволно искуство во делот на европските интеграции и дека оперативно многу подобро ќе одговори на таа функција. Димитров е дипломат од кариера. Не би ја намалил неговата важност, но сметам дека сепак треба да се биде коректен во однос на бившите колеги, рече Ковачевски во гостувањето на „Топ тема“.

The post Ковачевски го понижи Димитров: Маричиќ ќе биде подобар евроинтегративец! appeared first on Република.

]]>

Во однос на преговорите со Бугарија, можам да кажам дека тоа што е водено, Димитров учествувал и на крајот прашањето би било со што со тој не се сложува и од кога не се сложува. Во однос на ставот дека не сум експерт за надворешна политика, ќе кажам дека не постои универзален експерт за сите прашања. Премиерот е тој што треба да координира со ресорите, одговори мандатарот Димитар Ковачевски на денешната изјава на вицепремиерот за економски прашања во заминување, Никола Димитров. На прашањето зошто Димитров не добил нов мандат во ресорот, Ковачевски смета дека во секторот за европски прашања, главниот фокус треба да биде на подготвеноста на реформските закони, на координација на други ресори и хармонизација на законските регулативи.