Том Хенкс Archives - Република https://republika.mk/tema/tom-henks/ За подобро да се разбереме Mon, 08 Jul 2024 18:52:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Том Хенкс Archives - Република https://republika.mk/tema/tom-henks/ 32 32 Дигиталното подмладување е сѐ пореалистично и поприсутно во модерните филмови https://republika.mk/scena/film/digitalnoto-podmladuvane-e-s-porealistichno-i-poprisutno-vo-modernite-filmovi/ Mon, 08 Jul 2024 18:52:37 +0000 https://republika.mk/?p=794713

Новиот филм со Том Хенкс, „Овде“ (Here) е сместен меѓу далечната иднина и далечното минато... Во режија на Роберт Земекис, филмот - адаптација на истоимениот графички роман на Ричард Мекгваер, скокнува низ историјата на една точка на Земјата, гледано низ илјадници години, а се сосредоточува на оние десетлетија кога областа била дом во сопственост на американската двојка којашто ја глумат Хенкс и Робин Рајт.

Филмот „Овде“, патем, ќе се прикажува во кината ширум светот - од ноември, оваа 2024 година, и на интернет-стрим во Франција од 24 јули.

Обожавателите на „Форест Гамп“, веќе знаат дека се работи за повторно обединување на двете холивудски ѕвезди од „оскаровскиот“ филм со добро познатиот режисер. Но, подеднакво забележливо е и дигиталното подмладување што им овозможи на Хенкс и Рајт да ги глумат своите ликови од нивните тинејџерски години до доцната зрелост.

Што се однесува до Хенкс (67), тој е задоволен што - со помош на вештаката интелигенција и современите ефекти, ќе може повторно да глуми млади момци. На една интернет-емисија, Хенкс рече дека предминатото десетлетие, кога тој и Земекис заедно го работеле „Поларен експрес“, сфатиле дека нема крај на таквите на компјутерски можности.

Сега секој може да се пресоздаде себеси на која било возраст со помош на ВИ или „Дипфејк“-технологија. Утре можеби ќе ме удри автобус и тоа е тоа, но изведбите ќе може да продолжат. И ништо нема да ви каже дека тоа навистина не сум јас, вели Хенкс.

Според многумина, вознемирувачки е да се помисли дека, на долг рок, холивудските ѕвезди од реалниот живот би можеле да бидат заменети со вештачкоинтелигентни ликови и оти на краток рок, дигиталното подмладување ќе им овозможи на ветераните пред пензија, како Хенкс повторно да се гледаат во улоги на помлади момчиња. Но, се чини, тоа е многу реално да се случи.

Пред 20-на години, уметниците за визуелни ефекти ја намалија возраста на Патрик Стјуарт и Ијан Меккелен - „пиксел по пиксел“, во „Икс-мен 3: Последното упориште“ (X-Men: The Last Stand), а најчестиот коментар беше дека тие изгледаат „вештачки“ и како „роботи“. Следеа и „Необичниот случај на Бенџамин Батон“ (2008), „Престол: Наследство“ (2010), па и „Ирецот“ од 2019., номиниран за 10 „Оскари“, меѓу коишто и за најдобар филм, монтажа и за визуелни ефекти.

Меѓутоа, емотивното влијание од „лажно младиот“ Том Хенкс во „Овде“, велат стручњаците, е поттикнато од сеќавањата на луѓето и носталгијатата по 80-тите, кога Хенкс ја почнуваше својата глумечка кариера... Слично како што дигитално подмладениот Харисон Форд во најновиот „Индијана Џонс“ филм од лани потсетува колку Инди бил убав и згоден во првите делови од сагата. Во меѓувреме, и концертната атракција на „АББА“ - „Voyage“ којашто почна во Лондон во мај 2022., содржи виртуелни „Абатари“ кои личат на четворицата музичари од 1979 година.

Затоа, познавачите велат дека во повеќето случаи, дигиталното подмладување се користи, не заради продолжување на кариерата на филмските и музичките ѕвезди или поради филмска хронологија, туку за поттикнување носталгија. Можеби е иронично, но се чини, технологијата што изгледа толку футуристичка и револуционерна сè уште е насочена и сосредоточена на минатото.

The post Дигиталното подмладување е сѐ пореалистично и поприсутно во модерните филмови appeared first on Република.

]]>

Новиот филм со Том Хенкс, „Овде“ (Here) е сместен меѓу далечната иднина и далечното минато... Во режија на Роберт Земекис, филмот - адаптација на истоимениот графички роман на Ричард Мекгваер, скокнува низ историјата на една точка на Земјата, гледано низ илјадници години, а се сосредоточува на оние десетлетија кога областа била дом во сопственост на американската двојка којашто ја глумат Хенкс и Робин Рајт. Филмот „Овде“, патем, ќе се прикажува во кината ширум светот - од ноември, оваа 2024 година, и на интернет-стрим во Франција од 24 јули. Обожавателите на „Форест Гамп“, веќе знаат дека се работи за повторно обединување на двете холивудски ѕвезди од „оскаровскиот“ филм со добро познатиот режисер. Но, подеднакво забележливо е и дигиталното подмладување што им овозможи на Хенкс и Рајт да ги глумат своите ликови од нивните тинејџерски години до доцната зрелост. Што се однесува до Хенкс (67), тој е задоволен што - со помош на вештаката интелигенција и современите ефекти, ќе може повторно да глуми млади момци. На една интернет-емисија, Хенкс рече дека предминатото десетлетие, кога тој и Земекис заедно го работеле „Поларен експрес“, сфатиле дека нема крај на таквите на компјутерски можности.
Сега секој може да се пресоздаде себеси на која било возраст со помош на ВИ или „Дипфејк“-технологија. Утре можеби ќе ме удри автобус и тоа е тоа, но изведбите ќе може да продолжат. И ништо нема да ви каже дека тоа навистина не сум јас, вели Хенкс.
Според многумина, вознемирувачки е да се помисли дека, на долг рок, холивудските ѕвезди од реалниот живот би можеле да бидат заменети со вештачкоинтелигентни ликови и оти на краток рок, дигиталното подмладување ќе им овозможи на ветераните пред пензија, како Хенкс повторно да се гледаат во улоги на помлади момчиња. Но, се чини, тоа е многу реално да се случи. Пред 20-на години, уметниците за визуелни ефекти ја намалија возраста на Патрик Стјуарт и Ијан Меккелен - „пиксел по пиксел“, во „Икс-мен 3: Последното упориште“ (X-Men: The Last Stand), а најчестиот коментар беше дека тие изгледаат „вештачки“ и како „роботи“. Следеа и „Необичниот случај на Бенџамин Батон“ (2008), „Престол: Наследство“ (2010), па и „Ирецот“ од 2019., номиниран за 10 „Оскари“, меѓу коишто и за најдобар филм, монтажа и за визуелни ефекти. Меѓутоа, емотивното влијание од „лажно младиот“ Том Хенкс во „Овде“, велат стручњаците, е поттикнато од сеќавањата на луѓето и носталгијатата по 80-тите, кога Хенкс ја почнуваше својата глумечка кариера... Слично како што дигитално подмладениот Харисон Форд во најновиот „Индијана Џонс“ филм од лани потсетува колку Инди бил убав и згоден во првите делови од сагата. Во меѓувреме, и концертната атракција на „АББА“ - „Voyage“ којашто почна во Лондон во мај 2022., содржи виртуелни „Абатари“ кои личат на четворицата музичари од 1979 година. Затоа, познавачите велат дека во повеќето случаи, дигиталното подмладување се користи, не заради продолжување на кариерата на филмските и музичките ѕвезди или поради филмска хронологија, туку за поттикнување носталгија. Можеби е иронично, но се чини, технологијата што изгледа толку футуристичка и револуционерна сè уште е насочена и сосредоточена на минатото.

The post Дигиталното подмладување е сѐ пореалистично и поприсутно во модерните филмови appeared first on Република.

]]>
Том Хенкс призна дека за малку ќе умрел додека го снимал овој филм https://republika.mk/scena/film/tom-henks-prizna-deka-za-malku-ke-umrel-dodeka-go-snimal-ovoj-film/ Tue, 11 Jul 2023 11:05:04 +0000 https://republika.mk/?p=660018

Том Хенкс откри дека за малку ќе умрел додека го снимал еден од неговите најпознати филмови, култниот класик Бродолом од 2000 година.

Хенкс го играше Чак Ноланд во една од неговите најпрепознатливи улоги, човек кој мора да преживее на пуст остров откако авионот со кој патуваше се урна и преживеа. Но, Хенкс речиси со својот живот го плати снимањето на тој филм. Тој за Би-Би-Си изјави дека исекотина на ногата му се заразила, поради што итно бил префрлен во болница.

„Завршив во болница поради филмот. Бев таму три дена поради нешто што, верувале или не, за малку ќе ме убиеше“, рекол тој.

„Мислев дека тоа е обична рана, но докторот само погледна и рече дека треба да одам во болница веднаш пред инфекцијата да ми ја отруе крвта и пред да умрам“, додаде тој.

За среќа, Хенкс успешно се опорави и е еден од најуспешните и најсакани актери на денешницата.

The post Том Хенкс призна дека за малку ќе умрел додека го снимал овој филм appeared first on Република.

]]>

Том Хенкс откри дека за малку ќе умрел додека го снимал еден од неговите најпознати филмови, култниот класик Бродолом од 2000 година. Хенкс го играше Чак Ноланд во една од неговите најпрепознатливи улоги, човек кој мора да преживее на пуст остров откако авионот со кој патуваше се урна и преживеа. Но, Хенкс речиси со својот живот го плати снимањето на тој филм. Тој за Би-Би-Си изјави дека исекотина на ногата му се заразила, поради што итно бил префрлен во болница.
„Завршив во болница поради филмот. Бев таму три дена поради нешто што, верувале или не, за малку ќе ме убиеше“, рекол тој. „Мислев дека тоа е обична рана, но докторот само погледна и рече дека треба да одам во болница веднаш пред инфекцијата да ми ја отруе крвта и пред да умрам“, додаде тој.
За среќа, Хенкс успешно се опорави и е еден од најуспешните и најсакани актери на денешницата.

The post Том Хенкс призна дека за малку ќе умрел додека го снимал овој филм appeared first on Република.

]]>
Новиот филм со Том Хенкс „Човекот по име Ото“ на врвот на Нетфликс https://republika.mk/scena/film/noviot-film-so-tom-henks-chovekot-po-ime-oto-na-vrvot-na-netfliks/ Thu, 11 May 2023 08:04:04 +0000 https://republika.mk/?p=639545

Филмот со Том Хенкс од 2022 година - „Човекот по име Ото“ (A Man Called Otto), во мигов е број 1 на стрим-платформата Нетфликс во САД.

Том Хенкс го глуми насловниот лик кој е намќор, но и доста несреќен, а сепак, топол лик Ото, во втората филмска обработка на романот „Човек по име Уве“ од Фредрик Бакман. Претходниот филм заснован на книгата е снимен во Шведска, 2015 година и го задржа оригиналниот наслов. Оваа верзија ја режираше Марк Форстер, по сценарио на Дејвид Маги. Во „Човек по име Ото“ се Рејчел Келер, Мануел Гарсија-Рулфо и Маријана Тревињо како сосетката со која Ото почнува необично пријателство.

На Семрежната филмска база на податоци - ИМДБ, филмот има просечна оценка од 7,5 / 10, од над 71.000 гледачи кои го оцениле.

Овој филм е и втора соработка меѓу Маги и Форстер. Отварувањето првпат се појави во кино, почнувајќи со ограничени прикажувања во декември 2022 година, но изгледа дека својот врв го достигна на стрим-платформата.

The post Новиот филм со Том Хенкс „Човекот по име Ото“ на врвот на Нетфликс appeared first on Република.

]]>

Филмот со Том Хенкс од 2022 година - „Човекот по име Ото“ (A Man Called Otto), во мигов е број 1 на стрим-платформата Нетфликс во САД. Том Хенкс го глуми насловниот лик кој е намќор, но и доста несреќен, а сепак, топол лик Ото, во втората филмска обработка на романот „Човек по име Уве“ од Фредрик Бакман. Претходниот филм заснован на книгата е снимен во Шведска, 2015 година и го задржа оригиналниот наслов. Оваа верзија ја режираше Марк Форстер, по сценарио на Дејвид Маги. Во „Човек по име Ото“ се Рејчел Келер, Мануел Гарсија-Рулфо и Маријана Тревињо како сосетката со која Ото почнува необично пријателство. На Семрежната филмска база на податоци - ИМДБ, филмот има просечна оценка од 7,5 / 10, од над 71.000 гледачи кои го оцениле. Овој филм е и втора соработка меѓу Маги и Форстер. Отварувањето првпат се појави во кино, почнувајќи со ограничени прикажувања во декември 2022 година, но изгледа дека својот врв го достигна на стрим-платформата.

The post Новиот филм со Том Хенкс „Човекот по име Ото“ на врвот на Нетфликс appeared first on Република.

]]>
Том Хенкс доби „Златна малина“ за лошата изведба во филмот „Елвис“ https://republika.mk/scena/film/tom-henks-dobi-zlatna-malina-za-loshata-izvedba-vo-filmot-elvis/ Sat, 11 Mar 2023 17:51:12 +0000 https://republika.mk/?p=618567

Том Хенкс е актерско име кое нешто повеќе од четириесет години е синоним за неверојатен талент за глума.

Сепак, организаторите на пародичните филмски награди Златна малина, коишто им „оддаваат почит“ на најлошите филмски остварувања во изминатата година, одлучија да му доделат дури две вакви статуетки на Хенкс.

Имено, легендарниот актер е „награден“ со Златна малина за најлош актер во споредна улога, за неговото појавување во филмот „Elvis“, каде го игра менаџерот на Елвис Присли – полковникот Том Паркер, и за најлоша филмска двојка, за него и неговото „латексно лице“.

Во останатите поважни категории на годинашното 43 издание на Златна малина, биографскиот филм за Мерилин Монро, „Blonde“ е прогласен за најлош филм на годината, а режисерот и сценарист Ендру Доминик ја доби статуетката за најлошо сценарио.

Актерот Џаред Лето е прогласен за најлош актер во главна улога поради неговата актерска изведба во филмот „Morbius“, а неговата колешка од истиот филм Адрија Арџона ја доби наградата за најлоша актерка во споредна улога.

Наградата за „искупување“ отиде во рацете на Колин Фарел, кој во 2004 година беше номиниран за Златна малина за , а годинава е во трка за најпрестижната филмска награда Оскар за улогата во филмот „The Banshees of Inisherin“.

 

The post Том Хенкс доби „Златна малина“ за лошата изведба во филмот „Елвис“ appeared first on Република.

]]>

Том Хенкс е актерско име кое нешто повеќе од четириесет години е синоним за неверојатен талент за глума. Сепак, организаторите на пародичните филмски награди Златна малина, коишто им „оддаваат почит“ на најлошите филмски остварувања во изминатата година, одлучија да му доделат дури две вакви статуетки на Хенкс. Имено, легендарниот актер е „награден“ со Златна малина за најлош актер во споредна улога, за неговото појавување во филмот „Elvis“, каде го игра менаџерот на Елвис Присли – полковникот Том Паркер, и за најлоша филмска двојка, за него и неговото „латексно лице“. Во останатите поважни категории на годинашното 43 издание на Златна малина, биографскиот филм за Мерилин Монро, „Blonde“ е прогласен за најлош филм на годината, а режисерот и сценарист Ендру Доминик ја доби статуетката за најлошо сценарио. Актерот Џаред Лето е прогласен за најлош актер во главна улога поради неговата актерска изведба во филмот „Morbius“, а неговата колешка од истиот филм Адрија Арџона ја доби наградата за најлоша актерка во споредна улога. Наградата за „искупување“ отиде во рацете на Колин Фарел, кој во 2004 година беше номиниран за Златна малина за , а годинава е во трка за најпрестижната филмска награда Оскар за улогата во филмот „The Banshees of Inisherin“.  

The post Том Хенкс доби „Златна малина“ за лошата изведба во филмот „Елвис“ appeared first on Република.

]]>
Том Хенкс номиниран за три Златни малини https://republika.mk/scena/film/tom-henks-nominiran-za-tri-zlatni-malini/ Mon, 23 Jan 2023 12:13:28 +0000 https://republika.mk/?p=599983

Иако неговиот последен филм „Елвис“, во кој го толкува ликот на Том Паркер менаџерот на славниот пејач Елвис Присли, кој важи за фаворит во категоријата најдобар филм на годинешните Оскари, актерот Том Хенкс во понеделникот беше силно изненаден кога дозна дека добил три номинации за Златна малина, наградата којашто се доделува за најлошите филмски остварувања.

За Златната малина Хенск е номиниран за две улоги, за биографскиот филм „Елвис“ и за улогата на столарот Џепето во римејкот на филмот „Пинокио“ на студијата Disney.

Во објавата за медиумите организаторите на доделување на Златните малини се наведува дека улогата на Хенкс во „Елвис“ е „најмногу исмејуваната изведба во 2022 година“.

Дополнително е номиниран и во категоријата „најлош филмски спој“, а тоа е „Том Хенкс и неговото лице полно со латекс (со смешен акцент)“.

И додека филмот „Елвис“ и неговата ѕвезда Остин Батлер се фалени од критичарите, улогата на Хенск на менаџерот на пејачот, „полковникот“ Том Паркер многумина жестоко ја критикуваа.

Филмот „Пинокио“, пак, е меѓу петте номинирани за „најлош филм“ за годинешната Златна малина, покрај контроверзниот биографски филм за Мерилин Монро под насловот „Русокоса“.

Во критиката во The New York Times се наведува дека Хенкс во филмот „Пинокио“ се појавува со куп латекс на лицето и има бизарен акцент.

Номинациите за Златните малини вообичаено се објавуваат ден пред објавувањето на номинациите на престижните Оскари.

Хенкс, инаку, е и во потесниот избор за Оскарот за најдобар актер во филмот „A Man Called Otto”.

 

The post Том Хенкс номиниран за три Златни малини appeared first on Република.

]]>

Иако неговиот последен филм „Елвис“, во кој го толкува ликот на Том Паркер менаџерот на славниот пејач Елвис Присли, кој важи за фаворит во категоријата најдобар филм на годинешните Оскари, актерот Том Хенкс во понеделникот беше силно изненаден кога дозна дека добил три номинации за Златна малина, наградата којашто се доделува за најлошите филмски остварувања. За Златната малина Хенск е номиниран за две улоги, за биографскиот филм „Елвис“ и за улогата на столарот Џепето во римејкот на филмот „Пинокио“ на студијата Disney. Во објавата за медиумите организаторите на доделување на Златните малини се наведува дека улогата на Хенкс во „Елвис“ е „најмногу исмејуваната изведба во 2022 година“. Дополнително е номиниран и во категоријата „најлош филмски спој“, а тоа е „Том Хенкс и неговото лице полно со латекс (со смешен акцент)“. И додека филмот „Елвис“ и неговата ѕвезда Остин Батлер се фалени од критичарите, улогата на Хенск на менаџерот на пејачот, „полковникот“ Том Паркер многумина жестоко ја критикуваа. Филмот „Пинокио“, пак, е меѓу петте номинирани за „најлош филм“ за годинешната Златна малина, покрај контроверзниот биографски филм за Мерилин Монро под насловот „Русокоса“. Во критиката во The New York Times се наведува дека Хенкс во филмот „Пинокио“ се појавува со куп латекс на лицето и има бизарен акцент. Номинациите за Златните малини вообичаено се објавуваат ден пред објавувањето на номинациите на престижните Оскари. Хенкс, инаку, е и во потесниот избор за Оскарот за најдобар актер во филмот „A Man Called Otto”.  

The post Том Хенкс номиниран за три Златни малини appeared first on Република.

]]>
Том Хенкс: Овој забавен лов на богатство ја покажува историјата исто толку колку што филмовите за Џејмс Бонд прецизно ја прикажуваат шпионажата https://republika.mk/scena/film/tom-henks-ovoj-zabaven-lov-na-bogatstvo-ja-pokazuva-istorijata-isto-tolku-kolku-shto-filmovite-za-dzejms-bond-precizno-ja-prikazuvaat-shpionazata/ Wed, 15 Jun 2022 11:01:52 +0000 https://republika.mk/?p=515477

Том Хенкс даде големо интервју за Њујорк Тајмс во кое, меѓу другото, се осврна и на мегапопуларната трилогија за Роберт Лангдон.

Филмовите „Кодот на Да Винчи“ „Ангели и демони“ и „Инферно“ се во режија на Рон Хауард врз основа на книгите на Ден Браун, а Хенкс го игра главниот лик во сите три филма.

Иако ја играше најважната улога во трилогијата, славниот актер нема ништо убаво да каже за овие филмови.

„Кодот на Да Винчи“ е измама. Целата трилогија е измама. Да речеме дека Ден Браун напиша „Еве една скулптура во Париз ! Не, сè е таму. Гледате како изгледа овој крст на мапата? Па, тоа е повеќе или помалку крст, рече Хенкс за адаптацијата.

Овој забавен лов на богатство ја покажува историјата исто толку колку што филмовите за Џејмс Бонд прецизно ја прикажуваат шпионажата, заклучил тој.

Тој се присетил и на една анегдота од познатиот париски музеј.

Снимавме таа вечер во Лувр. Ги пресоблеков панталоните пред Мона Лиза. Ми ја донесоа роденденската торта во Големиот салон! Кој друг може да се пофали со тоа?

The post Том Хенкс: Овој забавен лов на богатство ја покажува историјата исто толку колку што филмовите за Џејмс Бонд прецизно ја прикажуваат шпионажата appeared first on Република.

]]>

Том Хенкс даде големо интервју за Њујорк Тајмс во кое, меѓу другото, се осврна и на мегапопуларната трилогија за Роберт Лангдон.

Филмовите „Кодот на Да Винчи“ „Ангели и демони“ и „Инферно“ се во режија на Рон Хауард врз основа на книгите на Ден Браун, а Хенкс го игра главниот лик во сите три филма. Иако ја играше најважната улога во трилогијата, славниот актер нема ништо убаво да каже за овие филмови.
„Кодот на Да Винчи“ е измама. Целата трилогија е измама. Да речеме дека Ден Браун напиша „Еве една скулптура во Париз ! Не, сè е таму. Гледате како изгледа овој крст на мапата? Па, тоа е повеќе или помалку крст, рече Хенкс за адаптацијата. Овој забавен лов на богатство ја покажува историјата исто толку колку што филмовите за Џејмс Бонд прецизно ја прикажуваат шпионажата, заклучил тој.
Тој се присетил и на една анегдота од познатиот париски музеј.
Снимавме таа вечер во Лувр. Ги пресоблеков панталоните пред Мона Лиза. Ми ја донесоа роденденската торта во Големиот салон! Кој друг може да се пофали со тоа?

The post Том Хенкс: Овој забавен лов на богатство ја покажува историјата исто толку колку што филмовите за Џејмс Бонд прецизно ја прикажуваат шпионажата appeared first on Република.

]]>
Оскаровецот Том Хенкс во улогата на Ѓепето во „Пинокио“ https://republika.mk/scena/film/oskarovecot-tom-henks-vo-ulogata-na-gjepeto-vo-pinokio/ Wed, 01 Jun 2022 10:33:28 +0000 https://republika.mk/?p=509706

„Дизни“ објави нов трејлер за филмот „Пинокио“, а Том Хенкс изгледа непрепознатливо во улогата на мајсторот Ѓепето.

https://www.youtube.com/watch?v=yf9zZGNkYA8

Холивудскиот актер изгледа сосем поинаку додека го глуми италијански столар, создавајќи го Пинокио од дрво, а потоа посакувајќи куклата да оживее во вистинско момче.

Филмот е во режија на Роберт Земекис и ја следи оригиналната класична приказна за дрвената кукла која е во мисија да стане човек, обидувајќи се да докаже дека е храбар, искрен и несебичен.

Во останатите улоги, покрај Хенкс, се појавуваат Лук Еванс, Џозеф Гордон-Левит и други. Филмот ќе биде достапен на Disney Plus на 8 септември.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Disney+ (@disneyplus)

 

The post Оскаровецот Том Хенкс во улогата на Ѓепето во „Пинокио“ appeared first on Република.

]]>

„Дизни“ објави нов трејлер за филмот „Пинокио“, а Том Хенкс изгледа непрепознатливо во улогата на мајсторот Ѓепето. https://www.youtube.com/watch?v=yf9zZGNkYA8 Холивудскиот актер изгледа сосем поинаку додека го глуми италијански столар, создавајќи го Пинокио од дрво, а потоа посакувајќи куклата да оживее во вистинско момче. Филмот е во режија на Роберт Земекис и ја следи оригиналната класична приказна за дрвената кукла која е во мисија да стане човек, обидувајќи се да докаже дека е храбар, искрен и несебичен. Во останатите улоги, покрај Хенкс, се појавуваат Лук Еванс, Џозеф Гордон-Левит и други. Филмот ќе биде достапен на Disney Plus на 8 септември.
 
View this post on Instagram
 

A post shared by Disney+ (@disneyplus)

 

The post Оскаровецот Том Хенкс во улогата на Ѓепето во „Пинокио“ appeared first on Република.

]]>
Том Хенкс има дијабетес https://republika.mk/scena/film/tom-henks-ima-dijabetes/ Tue, 15 Mar 2022 13:15:04 +0000 https://republika.mk/?p=473197

На американскиот глумец Том Хенкс му е дијагностициран дијабетес тип 2. Како што тој вели, причината за болеста е што бил „голем идиот“ и не внимавал на исхраната и својата тежина. Актерот веста ја објави во „Шоуто на Дејвид Летерман“.

Веќе некое време сум „тешкаш. Ме гледате и во филмовите – знаете како изгледам. Бев голем идиот. Мислев дека можам да го избегнам тоа со отстранување на лебот од моите чизбургери – изјавил Том Хенкс (65).

Наградуваниот глумец, можеби најпознат по филмовите „Бродоломец“, „Филаделфија“ и „Форест Гамп“, додаде дека добрата работа кај дијабетесот 2 е што несаканите појави може да се контролираат.

The post Том Хенкс има дијабетес appeared first on Република.

]]>

На американскиот глумец Том Хенкс му е дијагностициран дијабетес тип 2. Како што тој вели, причината за болеста е што бил „голем идиот“ и не внимавал на исхраната и својата тежина. Актерот веста ја објави во „Шоуто на Дејвид Летерман“.
Веќе некое време сум „тешкаш. Ме гледате и во филмовите – знаете како изгледам. Бев голем идиот. Мислев дека можам да го избегнам тоа со отстранување на лебот од моите чизбургери – изјавил Том Хенкс (65).
Наградуваниот глумец, можеби најпознат по филмовите „Бродоломец“, „Филаделфија“ и „Форест Гамп“, додаде дека добрата работа кај дијабетесот 2 е што несаканите појави може да се контролираат.

The post Том Хенкс има дијабетес appeared first on Република.

]]>
„Пегличката“ на Том Хенкс на аукција достигна неверојатни 87,2 илјади долари https://republika.mk/scena/film/peglichkata-na-tom-henks-na-aukcija-dostigna-neverojatni-87-2-iljadi-dolari/ Fri, 11 Mar 2022 09:53:45 +0000 https://republika.mk/?p=471196

Во 2017 година Том Хенкс, патувајќи низ Европа случајно се сретнал со полски Fiat 126p, кај нас попознат како „Пегличка“. Тоа беше љубов на прв поглед, а Хенкс се` почесто објавувал фотографии од автомобилот на социјалните мрежи со опис „Добив нов автомобил“.

Граѓаните на Биелско-Бјала, градот од кој потекнува полскиот Fiat 126p, решија да му се заблагодарат на Хенкс за промовирањето на автомобилот, и да му донираат еден примерок. И не каков било, туку навистина посебен. Моника Јасколска организирала акција за собирање средства, а откако биле собрани околу 8.500 полски злоти, купен е половен автомобил. Тука во приказната влегува Carlex Design, кој наводно целосно бесплатно го преуредил автомобилот.

Пегличката е лакирана во бела боја, а по реновирањето, внатрешноста добила зеленикаво-жолта кожа и посвета на познатиот актер преку етикетите на уникатниот модел „Биелско-Биала за Том Хенкс“ и „Еден од еден“. Бидејќи Хенкс е голем љубител на машините за пишување, Carlex одлучиле да ги заменат прекинувачите со нови што изгледаат како оние од машина за пишување.

Актерот лично се потпишал и на внатрешната страна на возачката врата, а дополнителен детал е црвеното куче под задното стакло кое кимнува со главата на свиоците. Автомобилот го задржал оригиналниот, двоцилиндричен мотор со зафатнина од 594 кубика и 23 КС.

Автомобилот е пренесен во Лос Анџелес и предаден на актерот, кој сега решил да го продаде по пет години и помалку од 500 поминати километри. Се нудел преку платформата Bring A Trailer, а целата сума е донирана на фондацијата Елизабет Дол и нејзината кампања Скриени херои. И тоа е огромна сума бидејќи автомобилот на аукција достигнал неверојатни 87,2 илјади долари.

https://www.youtube.com/watch?v=i7bmsiA-QhE&feature=emb_logo

The post „Пегличката“ на Том Хенкс на аукција достигна неверојатни 87,2 илјади долари appeared first on Република.

]]>

Во 2017 година Том Хенкс, патувајќи низ Европа случајно се сретнал со полски Fiat 126p, кај нас попознат како „Пегличка“. Тоа беше љубов на прв поглед, а Хенкс се` почесто објавувал фотографии од автомобилот на социјалните мрежи со опис „Добив нов автомобил“. Граѓаните на Биелско-Бјала, градот од кој потекнува полскиот Fiat 126p, решија да му се заблагодарат на Хенкс за промовирањето на автомобилот, и да му донираат еден примерок. И не каков било, туку навистина посебен. Моника Јасколска организирала акција за собирање средства, а откако биле собрани околу 8.500 полски злоти, купен е половен автомобил. Тука во приказната влегува Carlex Design, кој наводно целосно бесплатно го преуредил автомобилот. Пегличката е лакирана во бела боја, а по реновирањето, внатрешноста добила зеленикаво-жолта кожа и посвета на познатиот актер преку етикетите на уникатниот модел „Биелско-Биала за Том Хенкс“ и „Еден од еден“. Бидејќи Хенкс е голем љубител на машините за пишување, Carlex одлучиле да ги заменат прекинувачите со нови што изгледаат како оние од машина за пишување. Актерот лично се потпишал и на внатрешната страна на возачката врата, а дополнителен детал е црвеното куче под задното стакло кое кимнува со главата на свиоците. Автомобилот го задржал оригиналниот, двоцилиндричен мотор со зафатнина од 594 кубика и 23 КС. Автомобилот е пренесен во Лос Анџелес и предаден на актерот, кој сега решил да го продаде по пет години и помалку од 500 поминати километри. Се нудел преку платформата Bring A Trailer, а целата сума е донирана на фондацијата Елизабет Дол и нејзината кампања Скриени херои. И тоа е огромна сума бидејќи автомобилот на аукција достигнал неверојатни 87,2 илјади долари. https://www.youtube.com/watch?v=i7bmsiA-QhE&feature=emb_logo

The post „Пегличката“ на Том Хенкс на аукција достигна неверојатни 87,2 илјади долари appeared first on Република.

]]>
Том Хенкс ја продава својата „пегличка“, почетната цена е 57.000 долари https://republika.mk/scena/film/tom-henks-ja-prodava-svojata-peglichka-pochetnata-cena-e-57-000-dolari/ Mon, 07 Mar 2022 17:21:44 +0000 https://republika.mk/?p=469171

Холивудскиот актер Том Хенкс открил дека го продава својот „Fiat 126p“, популарен кај нас како „пегличка“, а целиот приход од продажбата оди во добротворни цели.

Хенкс својот автомобил го добил пред 6 години на подарок додека работел во Будимпешта.

Додека престојувал во тој град, актерот не криел колку е воодушевен од „Fiat 126p“, па жителите на полскиот град Бјелско-Бјала, поттикнати од акцијата на сограѓанката Моника Јасколска, за роденден му подариле еден реставриран примерок од ова возило од 1974 година.

За возврат, Хенкс донирал пари во болницата во која работела Јасколска.

 

https://www.youtube.com/watch?v=i7bmsiA-QhE

The post Том Хенкс ја продава својата „пегличка“, почетната цена е 57.000 долари appeared first on Република.

]]>

Холивудскиот актер Том Хенкс открил дека го продава својот „Fiat 126p“, популарен кај нас како „пегличка“, а целиот приход од продажбата оди во добротворни цели.
Хенкс својот автомобил го добил пред 6 години на подарок додека работел во Будимпешта. Додека престојувал во тој град, актерот не криел колку е воодушевен од „Fiat 126p“, па жителите на полскиот град Бјелско-Бјала, поттикнати од акцијата на сограѓанката Моника Јасколска, за роденден му подариле еден реставриран примерок од ова возило од 1974 година. За возврат, Хенкс донирал пари во болницата во која работела Јасколска.   https://www.youtube.com/watch?v=i7bmsiA-QhE

The post Том Хенкс ја продава својата „пегличка“, почетната цена е 57.000 долари appeared first on Република.

]]>