токсикологија Archives - Република https://republika.mk/tema/toksikologija/ За подобро да се разбереме Wed, 02 Oct 2024 13:01:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png токсикологија Archives - Република https://republika.mk/tema/toksikologija/ 32 32 Стабилна состојбата на сите 43 пациенти хоспитализирани по пожарот во Чаир https://republika.mk/zivot/zdravje/stabilna-sostojbata-na-site-43-patsienti-hospitalizirani-po-pozharot-vo-chair/ Wed, 02 Oct 2024 13:01:23 +0000 https://republika.mk/?p=821814

Вкупно 43 лица се хоспитализирани по пожарот во зграда во Чаир што избувна утрово. На Клиниката за токсикологија биле примени 31 пациент, од кои пет се задржани на болничко лекување. На Детската клиника биле примени 12 деца, од кои две се задржани на лекување. Сите пациенти се во стабилна состојба.

Како што информира за МИА директорот на Клиниката за токсикологија, Андон Чибишев, таму денеска имало 31 пациент од кои пет се задржани на болничко лекување.

– Од 3:30 по полноќ, до 14 часот, низ нашата клиника се поминати 31 пациент од кои пет се задржани на болничко лекување. Ја примија соодветната терапија, сите се стабилни, рече тој.

На Детската клиника, според информациите на директорот, Реџеп Мемеди, денеска биле примени 12 деца на возраст од 5 месеци до 11 години.

– Вкупно 12 деца дојдоа кај нас на возраст од 5 месеци до 11 години. На прием кај нас беа во релативно стабилна состојба. Само 4-5 од нив ги ставивме на кислородна поддршка. Тие се мониторирани и направени анализи, сите беа во стабилна состојба во однос на виталните функции. Од нив 10 деца на барање на родителите се испишани, наша препорака беше да ги задржиме. Само две се задржани, информираше тој.

Помеѓу хоспитализираните лице, како што претходно информираа од Министерството за внатрешни работи и Центарот за управување со кризи, имало и еден полицаец и еден пожарникар.

Од МВР денеска информираа дека во 01:55 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во подрумски простории во зграда на улица „Серава“ во Скопје. На лице место била упатена екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје и полициски службеници од СВР Скопје. Додека, Центарот за управување со кризи информираше дека интервенцијата се извршувала со седум возила и 20 пожарника

The post Стабилна состојбата на сите 43 пациенти хоспитализирани по пожарот во Чаир appeared first on Република.

]]>

Вкупно 43 лица се хоспитализирани по пожарот во зграда во Чаир што избувна утрово. На Клиниката за токсикологија биле примени 31 пациент, од кои пет се задржани на болничко лекување. На Детската клиника биле примени 12 деца, од кои две се задржани на лекување. Сите пациенти се во стабилна состојба. Како што информира за МИА директорот на Клиниката за токсикологија, Андон Чибишев, таму денеска имало 31 пациент од кои пет се задржани на болничко лекување. – Од 3:30 по полноќ, до 14 часот, низ нашата клиника се поминати 31 пациент од кои пет се задржани на болничко лекување. Ја примија соодветната терапија, сите се стабилни, рече тој. На Детската клиника, според информациите на директорот, Реџеп Мемеди, денеска биле примени 12 деца на возраст од 5 месеци до 11 години. – Вкупно 12 деца дојдоа кај нас на возраст од 5 месеци до 11 години. На прием кај нас беа во релативно стабилна состојба. Само 4-5 од нив ги ставивме на кислородна поддршка. Тие се мониторирани и направени анализи, сите беа во стабилна состојба во однос на виталните функции. Од нив 10 деца на барање на родителите се испишани, наша препорака беше да ги задржиме. Само две се задржани, информираше тој. Помеѓу хоспитализираните лице, како што претходно информираа од Министерството за внатрешни работи и Центарот за управување со кризи, имало и еден полицаец и еден пожарникар. Од МВР денеска информираа дека во 01:55 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во подрумски простории во зграда на улица „Серава“ во Скопје. На лице место била упатена екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје и полициски службеници од СВР Скопје. Додека, Центарот за управување со кризи информираше дека интервенцијата се извршувала со седум возила и 20 пожарника

The post Стабилна состојбата на сите 43 пациенти хоспитализирани по пожарот во Чаир appeared first on Република.

]]>
Тројца од малолетниците ќе бидат пуштени од Токискологија, еден ќе остане за дополнителни прегледи https://republika.mk/zivot/zdravje/trojtsa-od-maloletnitsite-ke-bidat-pushteni-od-tokiskologija-eden-ke-ostane-za-dopolnitelni-pregledi/ Mon, 15 Jul 2024 12:32:23 +0000 https://republika.mk/?p=797071

Тројца од четворицата малолетници кои во петокот беа хоспитализирани на Клиниката за токсикологија откако беа пронајдени во тешка состојба по конзумирање психотропни супстанци, денеска ќе бидат пуштени на домашно лекување. Четвртото лице ќе биде задржан на Клиниката за токсикологија на дополнителни иследувања.

Директорот на Клиниката, Андон Чибишев вели дека кај малолетниците што ќе бидат пуштени дома параметрите биле задоволителни.

Кај тројца малолетници, параметрите се задоволителни и ќе бидат пуштени. Еден од пациентите ќе остане заради дополнителни иследувања“, вели Чибишев во изјава за МИА.

Директорот вчера рече дека одлуката за нивно пуштање од Клиниката ќе биде донесена по денешната утринска визита.

Состојбата на малолетниците е стабилна уште од саботата, кога Чибишев рече дека тие се свесни и контактибилни и без посериозни повреди на главата или телото.

Анализите што биле направени, како што рече директорот на Токсикологија Андон Чибишев, докажале дека кај малолетниците имало присуство на психотропни супстанци, но не и алкохол.

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) вчера информираа дека е приведен 40-годишениот скопјанец Д.Ѓ., во чиј двор од куќа беа пронајдени четворица малолетници од кои двајца во бессознание.

Од Основното јавно обвинителство (ОЈО) рекоа дека до Основниот кривичен суд е доставен предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Во описот на случајот од ОЈО е наведено дека осомничениот со децата почнал да консумира алкохол и во текот на вечерта извадил лекови, што ги користел за одвикнување од зависност од алкохол и кои им ги понудил да ги испијат за подобро расположение. Тој им дал да испијат поголемо количество од лековите во комбинација со алкохол, иако бил свесен за штетната последица. Осомничениот ги затекнал децата во сериозно влошена здравствена состојба што самиот ја предизвикал, но и покрај тоа, ги оставил без помош.

https://republika.mk/zivot/zdravje/maloletnitsite-primeni-na-toksikologija-vo-bezsoznanie-se-vo-stabilna-sostojba/

The post Тројца од малолетниците ќе бидат пуштени од Токискологија, еден ќе остане за дополнителни прегледи appeared first on Република.

]]>

Тројца од четворицата малолетници кои во петокот беа хоспитализирани на Клиниката за токсикологија откако беа пронајдени во тешка состојба по конзумирање психотропни супстанци, денеска ќе бидат пуштени на домашно лекување. Четвртото лице ќе биде задржан на Клиниката за токсикологија на дополнителни иследувања. Директорот на Клиниката, Андон Чибишев вели дека кај малолетниците што ќе бидат пуштени дома параметрите биле задоволителни.
Кај тројца малолетници, параметрите се задоволителни и ќе бидат пуштени. Еден од пациентите ќе остане заради дополнителни иследувања“, вели Чибишев во изјава за МИА.
Директорот вчера рече дека одлуката за нивно пуштање од Клиниката ќе биде донесена по денешната утринска визита. Состојбата на малолетниците е стабилна уште од саботата, кога Чибишев рече дека тие се свесни и контактибилни и без посериозни повреди на главата или телото. Анализите што биле направени, како што рече директорот на Токсикологија Андон Чибишев, докажале дека кај малолетниците имало присуство на психотропни супстанци, но не и алкохол. Од Министерството за внатрешни работи (МВР) вчера информираа дека е приведен 40-годишениот скопјанец Д.Ѓ., во чиј двор од куќа беа пронајдени четворица малолетници од кои двајца во бессознание. Од Основното јавно обвинителство (ОЈО) рекоа дека до Основниот кривичен суд е доставен предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Во описот на случајот од ОЈО е наведено дека осомничениот со децата почнал да консумира алкохол и во текот на вечерта извадил лекови, што ги користел за одвикнување од зависност од алкохол и кои им ги понудил да ги испијат за подобро расположение. Тој им дал да испијат поголемо количество од лековите во комбинација со алкохол, иако бил свесен за штетната последица. Осомничениот ги затекнал децата во сериозно влошена здравствена состојба што самиот ја предизвикал, но и покрај тоа, ги оставил без помош. https://republika.mk/zivot/zdravje/maloletnitsite-primeni-na-toksikologija-vo-bezsoznanie-se-vo-stabilna-sostojba/

The post Тројца од малолетниците ќе бидат пуштени од Токискологија, еден ќе остане за дополнителни прегледи appeared first on Република.

]]>
30 дневен притвор за скопјанецот кој им давал психотропни супстанци на четворицата малолетници кои завршија на Токсикологија https://republika.mk/vesti/crna-hronika/30-dneven-pritvor-za-skopjanetsot-koj-im-daval-psihotropni-supstantsi-na-chetvoritsata-maloletnitsi-koi-zavrshija-na-toksikologija/ Sun, 14 Jul 2024 17:49:37 +0000 https://republika.mk/?p=796765

Судот му одреди мерка притвор од 30 дена на 40-годишниот скопјанец, осомничен за инцидентот со 4-те малолетници кои беа пронајдени во неговата куќа во бессознание, алкохолизирана состојба и под дејство на психотропни супстанци.

Против него Јавното обвинителство покрена истражна постапка поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „тешки дела против здравјето“, „производство и тргување со штетни лековити средства“ и „опасно изложување“.

Состојбата создадена по консумирање алкохол и лекови предизвикала губење на контролата кај малолетниците, при што ја искршиле покуќнина и добиле телесни повреди.

Состојбата на децата кои се лекуваат на Клиниката за токсикологија се подобрува и ќе останат под лекарска грижа до понеделник наутро. Полицијата соопшти дека малолетниците консумирале алкохол и лекови.

Од Клиниката за токсикологија пред неколку дена информираа дека во примерокот од крвта нема присуство на алкохол, додека Јавното обвинителство пред неколку дена во најавата за отворање на истрагата соопшти дека осомничениот им нудел лекови на малолетници за да ги забавува додека конзумирање алкохол, додека тој лично ги користел за да се осамостои од алкохолот. За трите кривични дела поради кои е приведен 40-годишниот скопјанец ризикува затворска казна од можни 16 години.

 

The post 30 дневен притвор за скопјанецот кој им давал психотропни супстанци на четворицата малолетници кои завршија на Токсикологија appeared first on Република.

]]>

Судот му одреди мерка притвор од 30 дена на 40-годишниот скопјанец, осомничен за инцидентот со 4-те малолетници кои беа пронајдени во неговата куќа во бессознание, алкохолизирана состојба и под дејство на психотропни супстанци. Против него Јавното обвинителство покрена истражна постапка поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „тешки дела против здравјето“, „производство и тргување со штетни лековити средства“ и „опасно изложување“. Состојбата создадена по консумирање алкохол и лекови предизвикала губење на контролата кај малолетниците, при што ја искршиле покуќнина и добиле телесни повреди. Состојбата на децата кои се лекуваат на Клиниката за токсикологија се подобрува и ќе останат под лекарска грижа до понеделник наутро. Полицијата соопшти дека малолетниците консумирале алкохол и лекови. Од Клиниката за токсикологија пред неколку дена информираа дека во примерокот од крвта нема присуство на алкохол, додека Јавното обвинителство пред неколку дена во најавата за отворање на истрагата соопшти дека осомничениот им нудел лекови на малолетници за да ги забавува додека конзумирање алкохол, додека тој лично ги користел за да се осамостои од алкохолот. За трите кривични дела поради кои е приведен 40-годишниот скопјанец ризикува затворска казна од можни 16 години.  

The post 30 дневен притвор за скопјанецот кој им давал психотропни супстанци на четворицата малолетници кои завршија на Токсикологија appeared first on Република.

]]>
Малолетниците примени на Токсикологија во безсознание се во стабилна состојба https://republika.mk/zivot/zdravje/maloletnitsite-primeni-na-toksikologija-vo-bezsoznanie-se-vo-stabilna-sostojba/ Sat, 13 Jul 2024 08:33:05 +0000 https://republika.mk/?p=796334

Сите четворица малолетници, кои вчера беа примени на Клиниката за токсикологија со тешка здравствена состојба, се во свесна состојба и со стабилни витални параметри, изјави директорот на Клиниката, Андон Чибишев.

Докажано е присуство на психоактивни супстанци кај децата, но нема присуство на алкохол или посериозни повреди.

Малолетниците остануваат на Клиниката за токсикологија за понатамошно лекување и надзор, додека истрагата за расчистување на случајот продолжува. Тие беа пронајдени во безсознание во куќа во Скопје.

The post Малолетниците примени на Токсикологија во безсознание се во стабилна состојба appeared first on Република.

]]>

Сите четворица малолетници, кои вчера беа примени на Клиниката за токсикологија со тешка здравствена состојба, се во свесна состојба и со стабилни витални параметри, изјави директорот на Клиниката, Андон Чибишев. Докажано е присуство на психоактивни супстанци кај децата, но нема присуство на алкохол или посериозни повреди. Малолетниците остануваат на Клиниката за токсикологија за понатамошно лекување и надзор, додека истрагата за расчистување на случајот продолжува. Тие беа пронајдени во безсознание во куќа во Скопје.

The post Малолетниците примени на Токсикологија во безсознание се во стабилна состојба appeared first on Република.

]]>
Завршиле на токсикологија: Деца од 14 и 17 гoдини се изнапиле алкохол и конзумрале дрога https://republika.mk/vesti/crna-hronika/zavrshile-na-toksikologija-detsa-od-14-i-17-godini-se-iznapile-alkohol-i-konzumrale-droga/ Fri, 12 Jul 2024 19:22:42 +0000 https://republika.mk/?p=796277

Четири малолетни лица кои конзумирале алкохол и психотропни супстанци денеска се пренесени на Клиниката за токсикологија. Директорот на Клиниката за токсикологија Андон Чибишев за МИА потврди дека малолетниците се на возраст од 14 до 17 години, и се примени со пореметена свест.

Чибишев посочи дека малолетниците се примени на Одделот за интензивна нега и во моментот трае третманот и клиничките испитувања.

Како што рече, две деца се стабилизирани и се во подобрена општа состојба, а две се на дополнителни клинички испитувања.

-Малолетниците се примени во тешка здравствена состојба, на возраст од 14 до 17 години, две машки и две женски лица, со пореметена свест. Двете од деца се стабилизирани и се во подобрена општа состојба, а две се на дополнителни клинички испитувања, изјави Чибишев.

Во исто време и од МВР за МИА потврдија дека во куќата на Д.Г. (40) имало четири малолетни лица, од кои две биле во безсознание и истите консумирале алкохол и психотропни супстанци.

-Денеска полициски службеници од СВР Скопје постапиле по пријава за нарушен јавен ред и мир и при тоа е утврдено дека во куќата на Д.Г. (40) имало четири малолетни лица, од кои две биле во безсознание и истите консумирале алкохол и психотропни супстанци, потенцираат од МВР.

Како што појаснуваат, лицата веднаш биле пренесени на Клиниката за токсикологија и во координација со јавен обвинител, кој излегол на лице место, се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Чибишев посочи дека за утре е можно да има подетални информации во врска со случајот.

The post Завршиле на токсикологија: Деца од 14 и 17 гoдини се изнапиле алкохол и конзумрале дрога appeared first on Република.

]]>

Четири малолетни лица кои конзумирале алкохол и психотропни супстанци денеска се пренесени на Клиниката за токсикологија. Директорот на Клиниката за токсикологија Андон Чибишев за МИА потврди дека малолетниците се на возраст од 14 до 17 години, и се примени со пореметена свест. Чибишев посочи дека малолетниците се примени на Одделот за интензивна нега и во моментот трае третманот и клиничките испитувања. Како што рече, две деца се стабилизирани и се во подобрена општа состојба, а две се на дополнителни клинички испитувања.
-Малолетниците се примени во тешка здравствена состојба, на возраст од 14 до 17 години, две машки и две женски лица, со пореметена свест. Двете од деца се стабилизирани и се во подобрена општа состојба, а две се на дополнителни клинички испитувања, изјави Чибишев.
Во исто време и од МВР за МИА потврдија дека во куќата на Д.Г. (40) имало четири малолетни лица, од кои две биле во безсознание и истите консумирале алкохол и психотропни супстанци. -Денеска полициски службеници од СВР Скопје постапиле по пријава за нарушен јавен ред и мир и при тоа е утврдено дека во куќата на Д.Г. (40) имало четири малолетни лица, од кои две биле во безсознание и истите консумирале алкохол и психотропни супстанци, потенцираат од МВР. Како што појаснуваат, лицата веднаш биле пренесени на Клиниката за токсикологија и во координација со јавен обвинител, кој излегол на лице место, се преземаат мерки за расчистување на случајот. Чибишев посочи дека за утре е можно да има подетални информации во врска со случајот.

The post Завршиле на токсикологија: Деца од 14 и 17 гoдини се изнапиле алкохол и конзумрале дрога appeared first on Република.

]]>
Повеќе нема да има „каубојски“ вработувања на Токсикологија, најави новиот директор на Клиниката проф. д-р Андон Чибишев https://republika.mk/vesti/makedonija/poveke-nema-da-ima-kaubojski-vrabotuvana-na-toksikologija-najavi-noviot-direktor-na-klinikata-prof-d-r-andon-chibishev/ Wed, 03 Jul 2024 10:17:22 +0000 https://republika.mk/?p=793034

Новиот директор на Клиниката за токсикологија, Андон Чибишев денеска информира дека новото раководство на Клиниката нема да се занимава со реваншизам, прогон на неистомисленици и со правење опструкции. Најави дека нивен приоритет ќе биде подобрување на условите на Клиниката за работа, набавка на нова медицинска опрема, воведување нови протоколи на лекување и подобрување на комуникацијата со медиумите и останатите здравствени институции.

За 18-те вработени кои повторно добија договори за ангажман додека траеше драмата на Токсикологија, Чибишев вели дека работеле со незаконски договори и со тоа се внесувало немир и конфликти меѓу вработените. Од денес тие повеќе не работат на Клиниката. Истакна дека лицата незаконски престојувале во институцијата со невалидни договор и добивале плата.

Со тоа Буџетот на Клиниката е оштетен за околу 650 илјади денари. Секој денар ни е важен. Целиот случај го документирав и ќе биде процесуиран пред надлежните институции, кажа новиот директор на прес-конференција со медиумите, додавајќи дека повеќе нема да има „каубојски“ вработувања и ќе се вработуваат сите според законите на државата, односно преку конкурс.

Чибишев информира и дека претходната економска директорка Бесија Иљази „не му оставила големи проблеми“.

Добро е што е сменета и си отишла дома. Не сакам веќе да мислам и да се занимавам со минатото затоа што ќе ми помине мандатот во занимавање со тоа што се случувало седум години, рече д-р Чибишев.

 

The post Повеќе нема да има „каубојски“ вработувања на Токсикологија, најави новиот директор на Клиниката проф. д-р Андон Чибишев appeared first on Република.

]]>

Новиот директор на Клиниката за токсикологија, Андон Чибишев денеска информира дека новото раководство на Клиниката нема да се занимава со реваншизам, прогон на неистомисленици и со правење опструкции. Најави дека нивен приоритет ќе биде подобрување на условите на Клиниката за работа, набавка на нова медицинска опрема, воведување нови протоколи на лекување и подобрување на комуникацијата со медиумите и останатите здравствени институции. За 18-те вработени кои повторно добија договори за ангажман додека траеше драмата на Токсикологија, Чибишев вели дека работеле со незаконски договори и со тоа се внесувало немир и конфликти меѓу вработените. Од денес тие повеќе не работат на Клиниката. Истакна дека лицата незаконски престојувале во институцијата со невалидни договор и добивале плата.
Со тоа Буџетот на Клиниката е оштетен за околу 650 илјади денари. Секој денар ни е важен. Целиот случај го документирав и ќе биде процесуиран пред надлежните институции, кажа новиот директор на прес-конференција со медиумите, додавајќи дека повеќе нема да има „каубојски“ вработувања и ќе се вработуваат сите според законите на државата, односно преку конкурс.
Чибишев информира и дека претходната економска директорка Бесија Иљази „не му оставила големи проблеми“.
Добро е што е сменета и си отишла дома. Не сакам веќе да мислам и да се занимавам со минатото затоа што ќе ми помине мандатот во занимавање со тоа што се случувало седум години, рече д-р Чибишев.
 

The post Повеќе нема да има „каубојски“ вработувања на Токсикологија, најави новиот директор на Клиниката проф. д-р Андон Чибишев appeared first on Република.

]]>
Демири незаконски ги разрешил директорите на Токсикологија и Кардиохирургија https://republika.mk/vesti/makedonija/demiri-nezakonski-go-razreshil-meditsinskiot-direktor-na-toksikologija/ Mon, 10 Jun 2024 11:17:41 +0000 https://republika.mk/?p=786206

Антикорупциска комисија ги прифати пријавите дека се неосновани разрешувањата на медицинскиот директор на Токсикологија и на директорот на државната Кардиохирургија од страна на министерот за здравство Илир Демири, констатирајќи дека со двете одлуки на министерот се прекршени Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси и Законот за здравствена заштита. Повреден е и Изборниот законик со оглед на тоа што во двата случаја директорите биле разрешени со решенија донесени (од 14 мај односно 27 мај) пред усвојувањето на заклучокот за завршување на изборите за пратеници во Собранието од 30 мај 2024.

ДКСК на денешната шеста седница соопшти и дека до надлежните органи ќе покрене иницијатива за одговорност на министерот за здравство.

За двете разрешувања – и за медицинскиот директор на Токсикологија, д-р Данил Петровски, и за директорот на државната Кардиохирургија, Марјан Шокаровски, не биле почитувани процедурите за разрешување од функцијата односно требало да има предлози за разрешување од управните одбори до здравствените совети на овие установи.

Оформениот предмет по пријавата за Токсикологија го образложи Цвета Ристовска, член на ДКСК, која посочи дека причина за разрешување на медицинскиот директор била „несовесно постапување“ и заради непродолжување на договорите на дело за 18 лица на Клиниката.

Притоа посочи дека иако на 30 април била изречена забрана на оваа ЈЗУ за пристап на лица без договори за вработување, единаесет здравствени работници продолжиле да се евидентираат во електронски систем без склучени договори.

На 23 мај при вонреден инспекциски надзор било утврдено дека се склучени договори на дело со 11 лица кои биле потпишани само од организацискиот директор, иако според Законот за здравствена заштита должноста ја извршуваат и медицинскиот и организацискиот директор.

Договорите за дело со 11-темина, како што посочи Ристовска, се склучени спротивно на член 109 став 2 од Законот за здравствена заштита, каде е наведено дека актите и финансиските документи се во заедничка надлежност на двајцата директори и тие заедно ги потпишуваат.

-Од целокупната фактичка состојба, ДКСК утврди дека наводите се основани и донесе одлука која се однесува на двете состојби – дека од министерот е донесено решение за разрешување на директор кога се уште не е завршен избор за пратеници, како и дека од страна на организацискиот директор за потпишани договори со лица здравствени работници спротивно на член 109 став 2 од Законот за здравствена заштита, истакна Ристовска.

Антикорупциската комисија одлучи и дека е незаконски и неосновано разрешувањето на директорот на државната Кардиохирургија Марјан Шокаровски на 27 мај 2024, постапувајќи по пријава што до нив била поднесена ден подоцна.

Претседателката на ДКСК Татјана Димитровска соопшти дека пријавата е поднесена врз основа на повреда од Законот за спречување корупција и судир на интереси и на Изборен законик затоа што и во овој случај министерот го разрешил директорот пред 30 мај, кога е усвоен заклучокот за завршени Парламентарни избори.

-Од фактичката состојба ДКДК утврди дека наводите се основани, дека со дејствијата на министерот за разрешување не се испочитувани забраните односно решението е донесено во период кога се уште не бил завршен изборот на пратеници, рече Димитровска.

И за овој предмет Антикорупциска констатира дека постапката за разрешување не била спроведена согласно Законот за здравствена заштита бидејќи, рече таа, со здравствената установа управува Управен одбор кој доколку утврди некоја од основи за разрешување, за тоа го известува Здравствениот совет кој врз основа на тоа ја донесува иницијативата за разрешување на именуваниот пред истекот на неговиот мандат.

The post Демири незаконски ги разрешил директорите на Токсикологија и Кардиохирургија appeared first on Република.

]]>

Антикорупциска комисија ги прифати пријавите дека се неосновани разрешувањата на медицинскиот директор на Токсикологија и на директорот на државната Кардиохирургија од страна на министерот за здравство Илир Демири, констатирајќи дека со двете одлуки на министерот се прекршени Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси и Законот за здравствена заштита. Повреден е и Изборниот законик со оглед на тоа што во двата случаја директорите биле разрешени со решенија донесени (од 14 мај односно 27 мај) пред усвојувањето на заклучокот за завршување на изборите за пратеници во Собранието од 30 мај 2024. ДКСК на денешната шеста седница соопшти и дека до надлежните органи ќе покрене иницијатива за одговорност на министерот за здравство. За двете разрешувања – и за медицинскиот директор на Токсикологија, д-р Данил Петровски, и за директорот на државната Кардиохирургија, Марјан Шокаровски, не биле почитувани процедурите за разрешување од функцијата односно требало да има предлози за разрешување од управните одбори до здравствените совети на овие установи. Оформениот предмет по пријавата за Токсикологија го образложи Цвета Ристовска, член на ДКСК, која посочи дека причина за разрешување на медицинскиот директор била „несовесно постапување“ и заради непродолжување на договорите на дело за 18 лица на Клиниката. Притоа посочи дека иако на 30 април била изречена забрана на оваа ЈЗУ за пристап на лица без договори за вработување, единаесет здравствени работници продолжиле да се евидентираат во електронски систем без склучени договори. На 23 мај при вонреден инспекциски надзор било утврдено дека се склучени договори на дело со 11 лица кои биле потпишани само од организацискиот директор, иако според Законот за здравствена заштита должноста ја извршуваат и медицинскиот и организацискиот директор. Договорите за дело со 11-темина, како што посочи Ристовска, се склучени спротивно на член 109 став 2 од Законот за здравствена заштита, каде е наведено дека актите и финансиските документи се во заедничка надлежност на двајцата директори и тие заедно ги потпишуваат. -Од целокупната фактичка состојба, ДКСК утврди дека наводите се основани и донесе одлука која се однесува на двете состојби – дека од министерот е донесено решение за разрешување на директор кога се уште не е завршен избор за пратеници, како и дека од страна на организацискиот директор за потпишани договори со лица здравствени работници спротивно на член 109 став 2 од Законот за здравствена заштита, истакна Ристовска. Антикорупциската комисија одлучи и дека е незаконски и неосновано разрешувањето на директорот на државната Кардиохирургија Марјан Шокаровски на 27 мај 2024, постапувајќи по пријава што до нив била поднесена ден подоцна. Претседателката на ДКСК Татјана Димитровска соопшти дека пријавата е поднесена врз основа на повреда од Законот за спречување корупција и судир на интереси и на Изборен законик затоа што и во овој случај министерот го разрешил директорот пред 30 мај, кога е усвоен заклучокот за завршени Парламентарни избори. -Од фактичката состојба ДКДК утврди дека наводите се основани, дека со дејствијата на министерот за разрешување не се испочитувани забраните односно решението е донесено во период кога се уште не бил завршен изборот на пратеници, рече Димитровска. И за овој предмет Антикорупциска констатира дека постапката за разрешување не била спроведена согласно Законот за здравствена заштита бидејќи, рече таа, со здравствената установа управува Управен одбор кој доколку утврди некоја од основи за разрешување, за тоа го известува Здравствениот совет кој врз основа на тоа ја донесува иницијативата за разрешување на именуваниот пред истекот на неговиот мандат.

The post Демири незаконски ги разрешил директорите на Токсикологија и Кардиохирургија appeared first on Република.

]]>
Демири: Ако го суспендирав директорот на Токсикологија пред избори, ќе го сфатевте тоа како политичка кампања https://republika.mk/vesti/makedonija/demiri-ako-go-suspendirav-direktorot-na-toksikologija-pred-izbori-ke-go-sfatevte-toa-kako-politichka-kampana/ Thu, 16 May 2024 15:22:15 +0000 https://republika.mk/?p=778922

Министерот за здравство во техничката влада, Илир Демири, изјави дека разрешувањето на директорот на Клиниката за токсикологија, Данил Петровски, не е политичка кампања. Како што истакна Демири, доколку го разрешел директорот пред изборите тогаш ќе било сватено како политичка кампања.

Зошто не е порано суспендиран директорот, јас кажав дека станав министер во техничка влада, бев многу свесен каква позиција земам, земав со единствена причина да има континуитет здравствениот систем оти луѓево имаат право да се разболуваат пред избори, за време на избори и по избори. Доколку ја направев оваа постапка да се суспендира директорот пред изборите, сите ќе го сфатевте тоа како политичка кампања. Значи, не се работи за политичка кампања - изборите се завршени. Се работи за грешки, професионални и за професионализам што е обврска како министер за здравство да има ова правда и да има квалитетна здравствена услуга, изјави министерот.

Според министерот, да било политички инструирано, тој ќе ги разрешел другите директори на клиниките во Клинички центар во Скопје, кои биле политички опоненти.

Вие јасно го знаете тоа и можете да ги следите нивните изјавувања и објави на „Фејсбук“. Јас сум загрижен за 18-те семејства кои не добиле плата, а тоа е обврска наша. Исто сум загрижен за 20-те семејства кои работат во оваа болница, специјалната болница во Лешок, каде имаме сериозни проблеми ако не се земе под покровителство на тетовската болница, таму ќе останат 20 луѓе без плата. Ако земете да ја анализирате структурата на вработените, направете калкулација и ќе видите дека не е инструирано од политичка желба, туку е инструирано баш од желба да има континуитет во здравствениот систем, па и во специјална болница Лешок и тие вработени кои се таму да немаат прекин ни во стаж ни во плати, оти се дел од здравствениот систем, изјави Демири.

На прашање околу тврдења во јавноста дека 18-те лица од Токсикологија не исполнуваат критериуми, тој одговори дека тоа прашање требало да се постави во 2023 година.

Тие луѓе работеле 12 месеци на Клиника за токсикологија и имаат договор 12 месеци. После биле дел од здравствените услуги до еден месец пред изборите кога почнаа овие превирања. Да беше целта позитивна, зошто ги оставиле да работат 12 месеци, па зошто ги ставиле на смени првите три месеци од годинава? Тоа требало да го поставите 2023 година. Јас коментирам дека ако некој има договор и е дел од здравствениот систем една година, кој сум јас да го прекратам договорот на тој? Ние имаме 1.390 здравствени работници кои работат по договор на дело, што би се случило кога би се прекинале таквите договори? Јас бев и менаџер на тетовската болница, сте слушнале дека сум прекратил некаков договор?, одговори министерот на новинарско прашање.

Според Демири, независно од тоа која политичка структура ги носи вработените, тие се на здравствениот систем и треба да добиваат трајно решение и трајно вработување. Министерот рече дека ќе се ангажира овие луѓе, кои се со договор на дело, да бидат приоритет при вработување на конкурсот што веќе ќе почне по изборите, а средствата биле обезбедени.

Ваше како новинари ви останува како долг во иднина да ги следите и дали ќе има примања на нови кадри место овие кои работеле со години во здравствениот систем, им рече тој на новинарите во Тетово.

Прашан дали им се продолжени договорите на засегнатите лица од Клиниката за токсикологија, Демири рече дека сега ќе се продолжат договорите.

Не може да се продолжат кога има врзан потпис, оти јас директорот го замолив пред изборите, го замолив, беше на разговор кај мене, го замолив да постапува според законски обврски. Директорот одби тоа да го направи, бевме пред избори. Јас чекав да заврши тоа, секој постапува според свои принципи и базирани на право. Јас се трудам секоја моја одлука да биде правно воздржана. Можат да се продолжат одма договорите, потенцира Демири.

За организациската директорка на Клиниката за токсикологија во Скопје, Бесија Иљази, министерот изјави дека таа ќе остане на својата позиција сѐ додека не го прекрши законот.

Медицинскиот директор на Токсикологија во Скопје, Петровски бил разрешен од вршител на должност директор поради неправилности во работата. Тој и по разрешувањето ќе продолжи да работи на Клиниката, појаснија претходно од Министерството за здравство.

Вработени на Клиниката за токсикологија минатиот месец на прес-конференција се пожалија дека немаат соработка со организациската директорка Иљази, назначена на 12 февруари годинава и дека се инсистирало да се примат 18 лица со договор на дело што според лекарскиот колегиум, непотребен бил толкав број нови вработувања.

Демири при престојот во Тетово се осврна и на случајот со специјализантите кои протестираа изминатиот период со барања да им се реши статусот.

Каде се младиве деца кои до 2018 не добиваа никаква надокнада за специлизацијата, а една недела пред изборите, правеа притисок? Па кога им реков дека Македонија има потреба за здравствени работници во сите градови, ги снема, изјави Демири.

The post Демири: Ако го суспендирав директорот на Токсикологија пред избори, ќе го сфатевте тоа како политичка кампања appeared first on Република.

]]>

Министерот за здравство во техничката влада, Илир Демири, изјави дека разрешувањето на директорот на Клиниката за токсикологија, Данил Петровски, не е политичка кампања. Како што истакна Демири, доколку го разрешел директорот пред изборите тогаш ќе било сватено како политичка кампања.
Зошто не е порано суспендиран директорот, јас кажав дека станав министер во техничка влада, бев многу свесен каква позиција земам, земав со единствена причина да има континуитет здравствениот систем оти луѓево имаат право да се разболуваат пред избори, за време на избори и по избори. Доколку ја направев оваа постапка да се суспендира директорот пред изборите, сите ќе го сфатевте тоа како политичка кампања. Значи, не се работи за политичка кампања - изборите се завршени. Се работи за грешки, професионални и за професионализам што е обврска како министер за здравство да има ова правда и да има квалитетна здравствена услуга, изјави министерот.
Според министерот, да било политички инструирано, тој ќе ги разрешел другите директори на клиниките во Клинички центар во Скопје, кои биле политички опоненти.
Вие јасно го знаете тоа и можете да ги следите нивните изјавувања и објави на „Фејсбук“. Јас сум загрижен за 18-те семејства кои не добиле плата, а тоа е обврска наша. Исто сум загрижен за 20-те семејства кои работат во оваа болница, специјалната болница во Лешок, каде имаме сериозни проблеми ако не се земе под покровителство на тетовската болница, таму ќе останат 20 луѓе без плата. Ако земете да ја анализирате структурата на вработените, направете калкулација и ќе видите дека не е инструирано од политичка желба, туку е инструирано баш од желба да има континуитет во здравствениот систем, па и во специјална болница Лешок и тие вработени кои се таму да немаат прекин ни во стаж ни во плати, оти се дел од здравствениот систем, изјави Демири.
На прашање околу тврдења во јавноста дека 18-те лица од Токсикологија не исполнуваат критериуми, тој одговори дека тоа прашање требало да се постави во 2023 година.
Тие луѓе работеле 12 месеци на Клиника за токсикологија и имаат договор 12 месеци. После биле дел од здравствените услуги до еден месец пред изборите кога почнаа овие превирања. Да беше целта позитивна, зошто ги оставиле да работат 12 месеци, па зошто ги ставиле на смени првите три месеци од годинава? Тоа требало да го поставите 2023 година. Јас коментирам дека ако некој има договор и е дел од здравствениот систем една година, кој сум јас да го прекратам договорот на тој? Ние имаме 1.390 здравствени работници кои работат по договор на дело, што би се случило кога би се прекинале таквите договори? Јас бев и менаџер на тетовската болница, сте слушнале дека сум прекратил некаков договор?, одговори министерот на новинарско прашање.
Според Демири, независно од тоа која политичка структура ги носи вработените, тие се на здравствениот систем и треба да добиваат трајно решение и трајно вработување. Министерот рече дека ќе се ангажира овие луѓе, кои се со договор на дело, да бидат приоритет при вработување на конкурсот што веќе ќе почне по изборите, а средствата биле обезбедени.
Ваше како новинари ви останува како долг во иднина да ги следите и дали ќе има примања на нови кадри место овие кои работеле со години во здравствениот систем, им рече тој на новинарите во Тетово.
Прашан дали им се продолжени договорите на засегнатите лица од Клиниката за токсикологија, Демири рече дека сега ќе се продолжат договорите.
Не може да се продолжат кога има врзан потпис, оти јас директорот го замолив пред изборите, го замолив, беше на разговор кај мене, го замолив да постапува според законски обврски. Директорот одби тоа да го направи, бевме пред избори. Јас чекав да заврши тоа, секој постапува според свои принципи и базирани на право. Јас се трудам секоја моја одлука да биде правно воздржана. Можат да се продолжат одма договорите, потенцира Демири.
За организациската директорка на Клиниката за токсикологија во Скопје, Бесија Иљази, министерот изјави дека таа ќе остане на својата позиција сѐ додека не го прекрши законот.
Медицинскиот директор на Токсикологија во Скопје, Петровски бил разрешен од вршител на должност директор поради неправилности во работата. Тој и по разрешувањето ќе продолжи да работи на Клиниката, појаснија претходно од Министерството за здравство.
Вработени на Клиниката за токсикологија минатиот месец на прес-конференција се пожалија дека немаат соработка со организациската директорка Иљази, назначена на 12 февруари годинава и дека се инсистирало да се примат 18 лица со договор на дело што според лекарскиот колегиум, непотребен бил толкав број нови вработувања. Демири при престојот во Тетово се осврна и на случајот со специјализантите кои протестираа изминатиот период со барања да им се реши статусот.
Каде се младиве деца кои до 2018 не добиваа никаква надокнада за специлизацијата, а една недела пред изборите, правеа притисок? Па кога им реков дека Македонија има потреба за здравствени работници во сите градови, ги снема, изјави Демири.

The post Демири: Ако го суспендирав директорот на Токсикологија пред избори, ќе го сфатевте тоа како политичка кампања appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Целосна дуизација на здравството додека владата е во оставка https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-tselosna-duizatsija-na-zdravstvoto-dodeka-vladata-e-vo-ostavka/ Thu, 16 May 2024 13:56:36 +0000 https://republika.mk/?p=778902

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека вчера попладнето се изготвени решенијата на сите 18 лица со договор на дело на Клиниката за токсикологија, иако формирањето на влада не е завршено, вклучувајќи го договорот за работа на болничарот што барал урина со дрога да се замени за чиста урина.

Ја прашуваме организациската директорка на Клиниката за токсикологија, Бесија Иљази:

 

1. Дали ги има испочитувано законските прописи, односно дали има побарано мислење од Државната комисија за спречување корупција во однос на ангажирање на овој кадар?

 

2. Дали се точни информациите дека на Клиниката за токсикологија нема антидоти за тешки метали, цијаниди, парентерални форми за печурки и токсични алхохоли, Hyperpirexia, реактиватори на холинеатераза и други антидоти за поретки труења?

 

3. Зошто не е постапено од стрна на директорката и покрај тоа што поднесени се неколку барања за набавка на антидоти?

 

4. Зошто не е акредитирана лабораторијата по ИСО стандарди?

 

5. Зошто на оваа Клиника,како и во сите останати не се водеше грижа за кадарот, па заради недостиг на кадар се прекина сменската работа и работата за викенди на штета на пациентите?

 

Ваквото самоволие завршува, граѓаните се одлучни за промени.

 

На дуализмот и незаконието,како и владеењето со уцени и закани ќе ставиме крај, а квалитетот и знаењето во здравството за нас ќе бидат императив, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Целосна дуизација на здравството додека владата е во оставка appeared first on Република.

]]>

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека вчера попладнето се изготвени решенијата на сите 18 лица со договор на дело на Клиниката за токсикологија, иако формирањето на влада не е завршено, вклучувајќи го договорот за работа на болничарот што барал урина со дрога да се замени за чиста урина.
Ја прашуваме организациската директорка на Клиниката за токсикологија, Бесија Иљази:   1. Дали ги има испочитувано законските прописи, односно дали има побарано мислење од Државната комисија за спречување корупција во однос на ангажирање на овој кадар?   2. Дали се точни информациите дека на Клиниката за токсикологија нема антидоти за тешки метали, цијаниди, парентерални форми за печурки и токсични алхохоли, Hyperpirexia, реактиватори на холинеатераза и други антидоти за поретки труења?   3. Зошто не е постапено од стрна на директорката и покрај тоа што поднесени се неколку барања за набавка на антидоти?   4. Зошто не е акредитирана лабораторијата по ИСО стандарди?   5. Зошто на оваа Клиника,како и во сите останати не се водеше грижа за кадарот, па заради недостиг на кадар се прекина сменската работа и работата за викенди на штета на пациентите?   Ваквото самоволие завршува, граѓаните се одлучни за промени.   На дуализмот и незаконието,како и владеењето со уцени и закани ќе ставиме крај, а квалитетот и знаењето во здравството за нас ќе бидат императив, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Целосна дуизација на здравството додека владата е во оставка appeared first on Република.

]]>
Министерството за здравство крахираше и во случајот Токсикологија https://republika.mk/vesti/makedonija/ministerstvoto-za-zdravstvo-krahirashe-i-vo-sluchajot-toksikologija/ Wed, 15 May 2024 14:04:20 +0000 https://republika.mk/?p=778401

Од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, реагираат дека негативната селекција и непрофесионализмот како на Клиниката за токсикологија, така и на ниво на целокупното јавно здравство во Македонија продолжуваат на штета на пациентите.

Од партијата рењагираат за тоа што здравствените власти селектирано постапуваат по извештаи од надлежни институции, па така наместо да се разреши организациската директорка на Клиника за токсикологија за чија работа има низа забелешки, Демири го разрешува медицинскиот директор без конкретни образложенија.

Прашуваме

 

1. Дали организациската директорка на оваа Клиника го има ангажирано својот татко како преведувач и доколку е тоа точно, дали за овој ангажман добива надоместок и која е сумата на истиот?

 

2.Што презема организациската директорка Иљази за фактот што за два месеци го зголемила долгот за два милиони денари?

 

3.Дали воопшто доаѓа на работа организациската директорка Иљази и со кои компетенции и работно искуство доаѓа на оваа позизија?

 

4.Дали се точни информациите дека организациската директорка одбива да го потпише осигурувањето на опремата на Клиника за токсикологија и со самото тоа го загрозува функционирањето на клиниката како и го става на ризик животот на хоспитализираните пациенти и на вработените

 

Ваквото незаконие за среќа завршува.

 

ВМРО -ДПМНЕ во Платформата 1198 се обрзува дека ќе стави крај на ваквиот дуализам и укинување на организациските директори на клиниките. Ќе воведеме мерит систем и избор по комепетнтност и способност, се наведува во рекацијата на ВМРО-ДПМНЕ.

https://republika.mk/zivot/zdravje/ministerot-za-zdravstvo-go-razreshi-meditsinskiot-direktor-na-toksikologija-d-r-danil-petrovski/

The post Министерството за здравство крахираше и во случајот Токсикологија appeared first on Република.

]]>

Од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, реагираат дека негативната селекција и непрофесионализмот како на Клиниката за токсикологија, така и на ниво на целокупното јавно здравство во Македонија продолжуваат на штета на пациентите. Од партијата рењагираат за тоа што здравствените власти селектирано постапуваат по извештаи од надлежни институции, па така наместо да се разреши организациската директорка на Клиника за токсикологија за чија работа има низа забелешки, Демири го разрешува медицинскиот директор без конкретни образложенија.
Прашуваме   1. Дали организациската директорка на оваа Клиника го има ангажирано својот татко како преведувач и доколку е тоа точно, дали за овој ангажман добива надоместок и која е сумата на истиот?   2.Што презема организациската директорка Иљази за фактот што за два месеци го зголемила долгот за два милиони денари?   3.Дали воопшто доаѓа на работа организациската директорка Иљази и со кои компетенции и работно искуство доаѓа на оваа позизија?   4.Дали се точни информациите дека организациската директорка одбива да го потпише осигурувањето на опремата на Клиника за токсикологија и со самото тоа го загрозува функционирањето на клиниката како и го става на ризик животот на хоспитализираните пациенти и на вработените   Ваквото незаконие за среќа завршува.   ВМРО -ДПМНЕ во Платформата 1198 се обрзува дека ќе стави крај на ваквиот дуализам и укинување на организациските директори на клиниките. Ќе воведеме мерит систем и избор по комепетнтност и способност, се наведува во рекацијата на ВМРО-ДПМНЕ.
https://republika.mk/zivot/zdravje/ministerot-za-zdravstvo-go-razreshi-meditsinskiot-direktor-na-toksikologija-d-r-danil-petrovski/

The post Министерството за здравство крахираше и во случајот Токсикологија appeared first on Република.

]]>
Д-р Беќаровски чека извинување од министерот Демири: Се надевам дека објавата е без Ваше знаење и одобрение https://republika.mk/vesti/makedonija/d-r-bekarovski-cheka-izvinuvane-od-ministerot-demiri-se-nadevam-deka-objavata-e-bez-vashe-znaene-i-odobrenie/ Wed, 15 May 2024 08:24:25 +0000 https://republika.mk/?p=778182

Откако на фејсбук страната на Министерството за здравство беше објавено дека разрешувањето на медицинскиот директор на клиниката д-р Данил Петровски е разрешен од позицијата медицински директор на Клиниката за токсикологија поради „несовесно работење во целиот овој изминат период“, а беше објавен и документ во кој имаше сериозни обвинувања до Нико Беќаровски, дека наводно ги навредувал вработените по национална основа, докторот директно му се обрати на министерот за здравство, Илир Демири.

https://republika.mk/vesti/makedonija/bekarovski-si-odi-vonredna-inspektsija-pokazha-deka-11-litsa-rabotele-bez-vazhechki-dogovor-i-bez-soodvetno-obrazovanie-na-toksikologija/

ПОЧИТУВАН МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО, г-дин ИЛИР ДЕМИРИ

Искрено се надевам дека објавата е без Ваше знаење и одобрение, бидејќи со истата ми нанесовте несогледлива штета на мојот углед, базирана на лажни изјави, на незаконски архивиран документ, на кој не стои ниту едно име, за која ќе следува соодветна судска тужба кон инволвираните. Инпутирање на било какви национални навреди е најблаго речено дегутантно. И јас, впрочем како и Вие, секогаш сум бил исклучиво поборник за максимален професионализам, базиран на квалитет и мерит систем, без никакви други предрасуди. Најколегијално, Ве замолувам во следните 24 часа јавно да се оградите од оваа несреќна објава на сајтот и да ми се извините за нанесената повреда на мојата чест и углед. Воедно Ве поканувам во текот на идната недела да ја посетите УК токсикологија и да остварите состанок со Стручниот колегиум на Клиниката, за заедно да ги продискутираме наталожените проблеми кои сериозно влијаат на квалитетот на здравствените услуги. Со должна почит и колегијален поздрав Проф. д-р.сци Нико Беќаровски, се вели во коментарот на Беќаровски.

Беќаровски додава дека за вакви ЛАГИ И КЛЕВЕТИ, инструирани од само еден лекар, ќе биде покрената кривична пријава против сите потписници. Ви благодарам што го објавите писмото, кое ќе може да биде релевантен судски документ, порача тој.

The post Д-р Беќаровски чека извинување од министерот Демири: Се надевам дека објавата е без Ваше знаење и одобрение appeared first on Република.

]]>

Откако на фејсбук страната на Министерството за здравство беше објавено дека разрешувањето на медицинскиот директор на клиниката д-р Данил Петровски е разрешен од позицијата медицински директор на Клиниката за токсикологија поради „несовесно работење во целиот овој изминат период“, а беше објавен и документ во кој имаше сериозни обвинувања до Нико Беќаровски, дека наводно ги навредувал вработените по национална основа, докторот директно му се обрати на министерот за здравство, Илир Демири. https://republika.mk/vesti/makedonija/bekarovski-si-odi-vonredna-inspektsija-pokazha-deka-11-litsa-rabotele-bez-vazhechki-dogovor-i-bez-soodvetno-obrazovanie-na-toksikologija/
ПОЧИТУВАН МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО, г-дин ИЛИР ДЕМИРИ Искрено се надевам дека објавата е без Ваше знаење и одобрение, бидејќи со истата ми нанесовте несогледлива штета на мојот углед, базирана на лажни изјави, на незаконски архивиран документ, на кој не стои ниту едно име, за која ќе следува соодветна судска тужба кон инволвираните. Инпутирање на било какви национални навреди е најблаго речено дегутантно. И јас, впрочем како и Вие, секогаш сум бил исклучиво поборник за максимален професионализам, базиран на квалитет и мерит систем, без никакви други предрасуди. Најколегијално, Ве замолувам во следните 24 часа јавно да се оградите од оваа несреќна објава на сајтот и да ми се извините за нанесената повреда на мојата чест и углед. Воедно Ве поканувам во текот на идната недела да ја посетите УК токсикологија и да остварите состанок со Стручниот колегиум на Клиниката, за заедно да ги продискутираме наталожените проблеми кои сериозно влијаат на квалитетот на здравствените услуги. Со должна почит и колегијален поздрав Проф. д-р.сци Нико Беќаровски, се вели во коментарот на Беќаровски.
Беќаровски додава дека за вакви ЛАГИ И КЛЕВЕТИ, инструирани од само еден лекар, ќе биде покрената кривична пријава против сите потписници. Ви благодарам што го објавите писмото, кое ќе може да биде релевантен судски документ, порача тој.

The post Д-р Беќаровски чека извинување од министерот Демири: Се надевам дека објавата е без Ваше знаење и одобрение appeared first on Република.

]]>
Министерот за здравство не знае дали Токсикологија, која се поплави, е осигурана, ама е сигурен дека организациската директорка оди на работа и не се паркира пред влезот на Клиниката https://republika.mk/zivot/zdravje/ministerot-za-zdravstvo-ne-znae-dali-toksikologija-koja-se-poplavi-e-osigurana-ama-e-siguren-deka-organizatsiskata-direktorka-odi-na-rabota-i-ne-se-parkira-pred-vlezot-na-klinikata/ Fri, 26 Apr 2024 14:18:24 +0000 https://republika.mk/?p=771456

Министерот за здравство Илир Демири не знае дали Клиниката за Токсикологија која синоќа се поплавила е осигурана, но според него, не е законски ако Клиниката не е осигурана и менаџментот треба да преземе одговорност.

Ако зборувате за хаваријата со цевката од парно таа е санирана уште вчера од страна на Заеднички служби. А пропо вашата изјава дали е потпишан договор или не, тоа се интерни договори на клиниките со кои не располагам. Морам да ги проверам, па после да ви кажам дали е така или не, изјави поладнево Демири, кој присустваше на одбележувањето 100 години од формирањето на Инстутот за јавно здравје.

https://republika.mk/zivot/zdravje/na-toksikologija-poplaveni-lekarski-kantselarii-bolnichki-sobi-smetkovodstvo-ambulanta-na-orl-shtetata-dopolnitelno-ke-se-utvrduva/

Синоќа на Клиниката за токсикологија пукнала цевка од парно и поплавени се речиси сите лекарски канцеларии на вториот кат, болнички соби на првиот кат, Одделението и сметководство, ходниците на приземјето, чекалната се до амбулантата на ОРЛ и дел од подрумските простории. Дежурната екипа веднаш ја повикала техничката служба за одржување на парно, но не успеале да го допрат истекот на водата во следните четириесетина минути.

Одговарајќи на новинарски прашања, Демири рече дека треба да се провери дали имало договор за осигурување или не.

Викендов, вработени од Токсикологија преку писмо до медиумите реагираа за односот на в. д. организациската директорка Бесија Иљази, која меѓудругото не потпишува клучни документи. Во писмото пишуваше дека Клиниката веќе два месеца не е осигурана иако тоа е законска обврска. На прес-конфренцијата, лекари од стручниот колегиум на Токсикологија кажаа дека Иљази не дозволува да се вработат двајца дипломирани биолози и еден болничар. Но, затоа е упорна да се вработат 18 лица на кои им се истечени договорите за дело на 31 декември 2023. Тие кажаа дека Иљази не знае македонски јазик и не може да се разберат со неа и доаѓа на работа во 10 часот, а си оди во 14,30.

Според моите сознанија, економската директорка оди на работа и не се паркира на влезот на Клиниката. Проверено е, рече Демири.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ekonomskata-direktorka-na-toksikologija-besija-ilazi-go-zgolemi-dolgot-na-klinikata-raboti-po-4-5-chasa-ne-potpishuva-kluchni-dokumenti-i-ne-znae-makedonski/

Прашан за болничарот кој требаше да биде суспендиран, Демири рече дека голема неправда е направена на Токсикологија, затоа што не е обезбедена согласност од страна на менаџментот за обезбедување на договорите за работа за 18-те вработени кои четири месеци работат во Клиниката, а не добиваат економски надомест.

Јас кажав тоа што имам забележано и за што имам факти и тоа е изјава дадена во јавноста, меѓутоа сме во предизборие, во тек е изборна кампања, не сакам да се прекрши ниедна законска процедура. Чекам да дојде извештајот на инспекцискиот надзор кој ги има обврзано во тек на пет дена менаџментот на институцијава да најде решение за 18-те луѓе кои се вработени таму, кои работат, а не добиваат економски надомест, изјави Демири.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ministerot-za-zdravstvo-deneska-ke-go-razreshi-meditsinskiot-direktor-na-toksikologija-d-r-petrovski-a-za-ekonomskata-direktorka-ilazi-veli-nema-nitu-edno-prekrshuvane/

The post Министерот за здравство не знае дали Токсикологија, која се поплави, е осигурана, ама е сигурен дека организациската директорка оди на работа и не се паркира пред влезот на Клиниката appeared first on Република.

]]>

Министерот за здравство Илир Демири не знае дали Клиниката за Токсикологија која синоќа се поплавила е осигурана, но според него, не е законски ако Клиниката не е осигурана и менаџментот треба да преземе одговорност.
Ако зборувате за хаваријата со цевката од парно таа е санирана уште вчера од страна на Заеднички служби. А пропо вашата изјава дали е потпишан договор или не, тоа се интерни договори на клиниките со кои не располагам. Морам да ги проверам, па после да ви кажам дали е така или не, изјави поладнево Демири, кој присустваше на одбележувањето 100 години од формирањето на Инстутот за јавно здравје.
https://republika.mk/zivot/zdravje/na-toksikologija-poplaveni-lekarski-kantselarii-bolnichki-sobi-smetkovodstvo-ambulanta-na-orl-shtetata-dopolnitelno-ke-se-utvrduva/ Синоќа на Клиниката за токсикологија пукнала цевка од парно и поплавени се речиси сите лекарски канцеларии на вториот кат, болнички соби на првиот кат, Одделението и сметководство, ходниците на приземјето, чекалната се до амбулантата на ОРЛ и дел од подрумските простории. Дежурната екипа веднаш ја повикала техничката служба за одржување на парно, но не успеале да го допрат истекот на водата во следните четириесетина минути. Одговарајќи на новинарски прашања, Демири рече дека треба да се провери дали имало договор за осигурување или не. Викендов, вработени од Токсикологија преку писмо до медиумите реагираа за односот на в. д. организациската директорка Бесија Иљази, која меѓудругото не потпишува клучни документи. Во писмото пишуваше дека Клиниката веќе два месеца не е осигурана иако тоа е законска обврска. На прес-конфренцијата, лекари од стручниот колегиум на Токсикологија кажаа дека Иљази не дозволува да се вработат двајца дипломирани биолози и еден болничар. Но, затоа е упорна да се вработат 18 лица на кои им се истечени договорите за дело на 31 декември 2023. Тие кажаа дека Иљази не знае македонски јазик и не може да се разберат со неа и доаѓа на работа во 10 часот, а си оди во 14,30.
Според моите сознанија, економската директорка оди на работа и не се паркира на влезот на Клиниката. Проверено е, рече Демири.
https://republika.mk/vesti/makedonija/ekonomskata-direktorka-na-toksikologija-besija-ilazi-go-zgolemi-dolgot-na-klinikata-raboti-po-4-5-chasa-ne-potpishuva-kluchni-dokumenti-i-ne-znae-makedonski/ Прашан за болничарот кој требаше да биде суспендиран, Демири рече дека голема неправда е направена на Токсикологија, затоа што не е обезбедена согласност од страна на менаџментот за обезбедување на договорите за работа за 18-те вработени кои четири месеци работат во Клиниката, а не добиваат економски надомест.
Јас кажав тоа што имам забележано и за што имам факти и тоа е изјава дадена во јавноста, меѓутоа сме во предизборие, во тек е изборна кампања, не сакам да се прекрши ниедна законска процедура. Чекам да дојде извештајот на инспекцискиот надзор кој ги има обврзано во тек на пет дена менаџментот на институцијава да најде решение за 18-те луѓе кои се вработени таму, кои работат, а не добиваат економски надомест, изјави Демири.
https://republika.mk/vesti/makedonija/ministerot-za-zdravstvo-deneska-ke-go-razreshi-meditsinskiot-direktor-na-toksikologija-d-r-petrovski-a-za-ekonomskata-direktorka-ilazi-veli-nema-nitu-edno-prekrshuvane/

The post Министерот за здравство не знае дали Токсикологија, која се поплави, е осигурана, ама е сигурен дека организациската директорка оди на работа и не се паркира пред влезот на Клиниката appeared first on Република.

]]>
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност https://republika.mk/vesti/makedonija/demiri-ako-klinikata-za-toksikologija-ne-bila-osigurena-menadhmentot-treba-da-prezeme-odgovornost/ Fri, 26 Apr 2024 14:09:11 +0000 https://republika.mk/?p=771460

Хаваријата со цевката од парно на Токсикологија е санирана. Не е законски ако Клиниката не е осигурена и менаџментот на институцијата треба да преземе одговорност, изјави попладнево министерот за здравство Илир Демири.

- Ако зборувате за хаваријата со цевката од парно таа е санирана уште вчера од страна на Заеднички служби. А пропо вашата изјава дали е потпишан договор или не, тоа се интерни договори на клиниките со кои не располагам. Морам да ги проверам, па после да ви кажам дали е така или не, изјави денеска Демири.

Одговарајќи на новинарки прашања, Демири рече дека треба да се провери дали имало договор за осигурување или не.

Прашан за болничарот кој требаше да биде суспендиран, Демири рече дека голема неправда е направена на Токсикологија, затоа што не е обезбедена согласност од страна на менаџментот за обезбедување на договорите за работа за 18-те вработени кои четири месеци работат во Клиниката, а не добиваат економски надомест.

- Јас кажав тоа што имам забележано и за што имам факти и тоа е изјава дадена во јавноста, меѓутоа сме во предизборие, во тек е изборна кампања, не сакам да се прекрши ниедна законска процедура. Чекам да дојде извештајот на инспекцискиот надзор кој ги има обврзано во тек на пет дена менаџментот на институцијава да најде решение за 18-те луѓе кои се вработени таму, кои работат, а не добиваат економски надомест, изјави Демири.

Рече дека не се точни наводите дека економската директорка доаѓала на работа четири часа.

- Според моите сознанија, економската директорка оди на работа и не се паркира на влезот на Клиниката. Проверено е, рече Демири.

The post Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност appeared first on Република.

]]>

Хаваријата со цевката од парно на Токсикологија е санирана. Не е законски ако Клиниката не е осигурена и менаџментот на институцијата треба да преземе одговорност, изјави попладнево министерот за здравство Илир Демири.
- Ако зборувате за хаваријата со цевката од парно таа е санирана уште вчера од страна на Заеднички служби. А пропо вашата изјава дали е потпишан договор или не, тоа се интерни договори на клиниките со кои не располагам. Морам да ги проверам, па после да ви кажам дали е така или не, изјави денеска Демири.
Одговарајќи на новинарки прашања, Демири рече дека треба да се провери дали имало договор за осигурување или не. Прашан за болничарот кој требаше да биде суспендиран, Демири рече дека голема неправда е направена на Токсикологија, затоа што не е обезбедена согласност од страна на менаџментот за обезбедување на договорите за работа за 18-те вработени кои четири месеци работат во Клиниката, а не добиваат економски надомест.
- Јас кажав тоа што имам забележано и за што имам факти и тоа е изјава дадена во јавноста, меѓутоа сме во предизборие, во тек е изборна кампања, не сакам да се прекрши ниедна законска процедура. Чекам да дојде извештајот на инспекцискиот надзор кој ги има обврзано во тек на пет дена менаџментот на институцијава да најде решение за 18-те луѓе кои се вработени таму, кои работат, а не добиваат економски надомест, изјави Демири.
Рече дека не се точни наводите дека економската директорка доаѓала на работа четири часа.
- Според моите сознанија, економската директорка оди на работа и не се паркира на влезот на Клиниката. Проверено е, рече Демири.

The post Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност appeared first on Република.

]]>
Самоволитето на организациската директорка на Токсикологија нема крај https://republika.mk/vesti/makedonija/samovoliteto-na-organizatsiskata-direktorka-na-toksikologija-nema-kraj/ Fri, 26 Apr 2024 13:33:19 +0000 https://republika.mk/?p=771443

Самоволитето на организацискиот директор и низата неправилности на Клиниката за токсикологија нема крај. Изминатата ноќ пукнала цевка од парното на оваа Клиника односно повторно се потврдува дека воопшто не се инвестира во постојната инфраструктура на Клинички центар, додека во исто време оваа Клиника не е осигурана“, објавија на фејсбук Комисија за здравство на ВМРО – ДПМНЕ.

https://republika.mk/zivot/zdravje/na-toksikologija-poplaveni-lekarski-kantselarii-bolnichki-sobi-smetkovodstvo-ambulanta-na-orl-shtetata-dopolnitelno-ke-se-utvrduva/

Од Комисијата за здравство прашуваат:
Дали се точни информациите дека економската директорка Иљази за два месеци го зголемила долгот за два милиони денари?

Дали воопшто доаѓа на работа економската директорка и со кои компетенции и работно искуство доаѓа на оваа позизија?

Дали се точни информациите дека поради одбивање да потпише согласност за договор на дело за двајца дипломирани биолози, токсиколошката лабараторија веќе два месеци не врши валидација на издадените резултати?

Дали се точни информациите дека организациската директорка одбива да го потпише осигурувањето на опремата на на клиника за Токсикологија и со самото тоа го загрозува функционирањето на клиниката како и го става на ризик животот на хоспитализираните пациенти и на вработените?

Крајот се приближува на ваквото незаконие. ВМРО -ДПМНЕ во Платформата 1198 се обрзува дека ќе стави крај на ваквиот дуализам и укинување на организациските директори на клиниките. Ќе воведеме мерит систем и избор по комепетнтност и способност. Со оваа мерка и укинување на управните одбори ќе заштедиме средства кои вистински ќе се пренасочат за потребите на здравствениот систем, наведуваат во денешната објава од Комисија за здравство на ВМРО – ДПМНЕ.

 

The post Самоволитето на организациската директорка на Токсикологија нема крај appeared first on Република.

]]>

Самоволитето на организацискиот директор и низата неправилности на Клиниката за токсикологија нема крај. Изминатата ноќ пукнала цевка од парното на оваа Клиника односно повторно се потврдува дека воопшто не се инвестира во постојната инфраструктура на Клинички центар, додека во исто време оваа Клиника не е осигурана“, објавија на фејсбук Комисија за здравство на ВМРО – ДПМНЕ.
https://republika.mk/zivot/zdravje/na-toksikologija-poplaveni-lekarski-kantselarii-bolnichki-sobi-smetkovodstvo-ambulanta-na-orl-shtetata-dopolnitelno-ke-se-utvrduva/ Од Комисијата за здравство прашуваат: Дали се точни информациите дека економската директорка Иљази за два месеци го зголемила долгот за два милиони денари? Дали воопшто доаѓа на работа економската директорка и со кои компетенции и работно искуство доаѓа на оваа позизија? Дали се точни информациите дека поради одбивање да потпише согласност за договор на дело за двајца дипломирани биолози, токсиколошката лабараторија веќе два месеци не врши валидација на издадените резултати? Дали се точни информациите дека организациската директорка одбива да го потпише осигурувањето на опремата на на клиника за Токсикологија и со самото тоа го загрозува функционирањето на клиниката како и го става на ризик животот на хоспитализираните пациенти и на вработените?
Крајот се приближува на ваквото незаконие. ВМРО -ДПМНЕ во Платформата 1198 се обрзува дека ќе стави крај на ваквиот дуализам и укинување на организациските директори на клиниките. Ќе воведеме мерит систем и избор по комепетнтност и способност. Со оваа мерка и укинување на управните одбори ќе заштедиме средства кои вистински ќе се пренасочат за потребите на здравствениот систем, наведуваат во денешната објава од Комисија за здравство на ВМРО – ДПМНЕ.
 

The post Самоволитето на организациската директорка на Токсикологија нема крај appeared first on Република.

]]>
Министерот за здравство денеска ќе го разреши медицинскиот директор на Токсикологија д-р Петровски, а за економската директорка Иљази вели нема ниту едно прекршување https://republika.mk/vesti/makedonija/ministerot-za-zdravstvo-deneska-ke-go-razreshi-meditsinskiot-direktor-na-toksikologija-d-r-petrovski-a-za-ekonomskata-direktorka-ilazi-veli-nema-nitu-edno-prekrshuvane/ Mon, 22 Apr 2024 15:05:13 +0000 https://republika.mk/?p=769344

Министерот за здравство Илир Демири денеска најави дека ќе го разреши медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија д-р Данил Петровски, а за економската директорка Бесија Иљази, вели дека нема констатирано ниту едно прекршување.

Медицинскиот директор и одредени лекари денеска и на Фејсбук имаат објавено навреди, не сакам да бидам нивни портпарол. Тврдам дека не може доктор да мисли така и да се служи со таков речник. Јас ќе преземам сериозни мерки. Медицинскиот директор денеска ќе го разрешам иако сме влезени во изборите, рече Демири одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција која беше свикана по повод Европската недела на имунизација.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ekonomskata-direktorka-na-klinikata-za-toksikologija-odbi-da-zboruva-na-makedonki-jazik-novinarite-ja-napushtija-salata/

Вработените на Токликологија вчера испратија писмо до медиумите во кое велат дека со назначување на в.д. организациската директорка Бесија Иљази на Клиниката за токсикологија, на само еден ден пред формирањето на техничката влада се случува деорганизација, а не организација во оваа здравствена установа, Демири рече дека лекарите се служат со навреди.

Стручниот колегиум комуницира со медиумите, лекарите што се служат со навреди комуницираат со навреди и денеска повикале на прес-конференција. Јас сум министер за здравство, сите неусогласувања треба да дојдат тука, а не да се искористат за дневни политички цели“, рече тој.

Според Демири, директорката Иљази е легално назначена и ги исполнувала критериумите за да биде на чело на таа Клиника, но не знаеше да каже точно какво високо образование поседува таа.

Во писмото испратено до медиумите се вели дека од назначување на Иљази за помалку од два месеца долгот на клиниката го зголеми за приближно два милиона денари, со дневно работно време од 4 часа и 30 минути, поточно на работа доаѓа во 10 часот, а работното време ѝ завршува во 14:30. Исто така, клиниката нема спроведено постапка за осигурување на имот, осигурување на скапата медицинска опрема и осигурување од лекарска грешка, бидејќи в. д. директорката не сака да потпише затоа што не е прифатен нејзиниот брокер за осигурување и моментално Клиниката два месеца не е осигурана иако за тоа сме со закон обврзани. Поради одбивање да потпише согласност за договор на дело за двајца дипломирани биолози, токсиколошката лабораторија веќе два месеца не врши валидација на издадените резултати.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ekonomskata-direktorka-na-toksikologija-besija-ilazi-go-zgolemi-dolgot-na-klinikata-raboti-po-4-5-chasa-ne-potpishuva-kluchni-dokumenti-i-ne-znae-makedonski/

Испратив Трудов инспекторат и Државен санитарен и здравствен инспекторат да ги проверат вчерашните наводи од писмото на вработените од Токсикологија“, рече Демири.

На прашањето зошто директорката Иљази денеска на прес-конференција давала изјави само на албански јазик, Демири рече дека ако има потреба со преведувач ќе даде и друга изјава.

Економската директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Иљази не дозволува да се вработат двајца дипломирани биолози и еден болничар, а упорно инсистира да се вработат 18 лица на кои им се истечени договорите за дело на 31.12.2023.

 

The post Министерот за здравство денеска ќе го разреши медицинскиот директор на Токсикологија д-р Петровски, а за економската директорка Иљази вели нема ниту едно прекршување appeared first on Република.

]]>

Министерот за здравство Илир Демири денеска најави дека ќе го разреши медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија д-р Данил Петровски, а за економската директорка Бесија Иљази, вели дека нема констатирано ниту едно прекршување. Медицинскиот директор и одредени лекари денеска и на Фејсбук имаат објавено навреди, не сакам да бидам нивни портпарол. Тврдам дека не може доктор да мисли така и да се служи со таков речник. Јас ќе преземам сериозни мерки. Медицинскиот директор денеска ќе го разрешам иако сме влезени во изборите, рече Демири одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција која беше свикана по повод Европската недела на имунизација. https://republika.mk/vesti/makedonija/ekonomskata-direktorka-na-klinikata-za-toksikologija-odbi-da-zboruva-na-makedonki-jazik-novinarite-ja-napushtija-salata/ Вработените на Токликологија вчера испратија писмо до медиумите во кое велат дека со назначување на в.д. организациската директорка Бесија Иљази на Клиниката за токсикологија, на само еден ден пред формирањето на техничката влада се случува деорганизација, а не организација во оваа здравствена установа, Демири рече дека лекарите се служат со навреди.
Стручниот колегиум комуницира со медиумите, лекарите што се служат со навреди комуницираат со навреди и денеска повикале на прес-конференција. Јас сум министер за здравство, сите неусогласувања треба да дојдат тука, а не да се искористат за дневни политички цели“, рече тој.
Според Демири, директорката Иљази е легално назначена и ги исполнувала критериумите за да биде на чело на таа Клиника, но не знаеше да каже точно какво високо образование поседува таа. Во писмото испратено до медиумите се вели дека од назначување на Иљази за помалку од два месеца долгот на клиниката го зголеми за приближно два милиона денари, со дневно работно време од 4 часа и 30 минути, поточно на работа доаѓа во 10 часот, а работното време ѝ завршува во 14:30. Исто така, клиниката нема спроведено постапка за осигурување на имот, осигурување на скапата медицинска опрема и осигурување од лекарска грешка, бидејќи в. д. директорката не сака да потпише затоа што не е прифатен нејзиниот брокер за осигурување и моментално Клиниката два месеца не е осигурана иако за тоа сме со закон обврзани. Поради одбивање да потпише согласност за договор на дело за двајца дипломирани биолози, токсиколошката лабораторија веќе два месеца не врши валидација на издадените резултати. https://republika.mk/vesti/makedonija/ekonomskata-direktorka-na-toksikologija-besija-ilazi-go-zgolemi-dolgot-na-klinikata-raboti-po-4-5-chasa-ne-potpishuva-kluchni-dokumenti-i-ne-znae-makedonski/
Испратив Трудов инспекторат и Државен санитарен и здравствен инспекторат да ги проверат вчерашните наводи од писмото на вработените од Токсикологија“, рече Демири.
На прашањето зошто директорката Иљази денеска на прес-конференција давала изјави само на албански јазик, Демири рече дека ако има потреба со преведувач ќе даде и друга изјава. Економската директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Иљази не дозволува да се вработат двајца дипломирани биолози и еден болничар, а упорно инсистира да се вработат 18 лица на кои им се истечени договорите за дело на 31.12.2023.  

The post Министерот за здравство денеска ќе го разреши медицинскиот директор на Токсикологија д-р Петровски, а за економската директорка Иљази вели нема ниту едно прекршување appeared first on Република.

]]>
Кој што сака си прави: Лекари од Токсикологија алармираат за хаос на Клиниката https://republika.mk/vesti/makedonija/koj-shto-saka-si-pravi-lekari-od-toksikologija-alarmiraat-za-haos-na-klinikata/ Mon, 22 Apr 2024 14:05:16 +0000 https://republika.mk/?p=769336

Директорот на Клиниката за токсикологија Нико Беќаровски на денешната прес-конференција, којашто ја држеше заедно со останатите лекари на Клиниката, рече дека главен проблем со којшто во моментов се соочува клиниката е доекипирањето на лабораторијата, поради што пациентите трпат. Лекарите алармираа за хаосот што се случува на Клиниката, особено, како што велат, откако била назначена економската директорка.

Секој кој малку разбира токсикологија, знае дека токсиколошка клиника без токсиколошка лабораторија не може да функционира. Во моментов таму функционира само еден лаборант, а за минимум да работи оваа лабораторија, потребни се барем двајца дипломирани биолози и уште еден техничар со средна медицинска спрема - појасни тој.

Истакна дека Клиниката веќе неколку години е на маргините, во рок за шест години се сменети пет директори, додавајќи дека од 12 февруари, клиниката има нова организациона директорка, дипломиран економист, со која се соочувале со отпор и несоработка.

Во неколку наврати, додаде, било барано да се вработат двајца лаборанти и еден болничар, за да може да се функционира.

Од директорката се инсистира да бидат примени сите 18, кои претходно беа примени со договор на дело, а на кои им истече договорот. Ставот на лекарскиот колегиум, е, дека немаме потреба од толкав број нови примања - рече тој.

Дополнително, медицинскиот директор Данил Петровски одбива да ги потпише вработувањата бидејќи е предизборен период.

На новинарско прашање, тој одговори дека меѓу 18-те лица за кои директорката Бесија Иљази бара да се вработат со договор на дело, имало и болничар кој пред неполн месец вршел притисок кај лаборантот да замени урина во која имало наркотици, со чиста урина.

Беќаровски подвлече дека немаат комуникација со директорката, бидејќи, како што рече, таа не го знаела македонскиот јазик.

Тој рече дека имал обиди со неа да разговара на англиски. Комуникацијата, додаде Беќаровски, била преку преведувач, кој бил дел од тие 18 лица, па докторот рече дека не знаат дали точно се пренесувало тоа што го зборувале и обратно, дали точно им се преведува нејзиното говорење.

Беќаровски се осврна и на резултатите од работењето во изминатиот период, рече дека државата нема акредитирана токсиколошка лабораторија, иако на сите министри им се укажувало тоа.

Нагласи дека ниту едно од присутните медицински лица на пресот, истакнати во својата професија, не е активен член на политичка партија, а сите се со долги години стаж.

По прес-конференцијата, надвор од клиниката, новинарите имаа можност да поразговараат и со дел од тие кои останале без работа по истекот на договорот на дело, меѓу кои и болничарот за кој претходно беше кажано дека правел притисок за замена на урина. Тој ги негираше обвинувањата, нагласувајќи дека само бил прашан, дали може да помогне и одговорил дека не може и не смее, бидејќи е тоа кривично дело.

Изјава даде и организационата директорка на клиниката, но, само на албански јазик.

The post Кој што сака си прави: Лекари од Токсикологија алармираат за хаос на Клиниката appeared first on Република.

]]>

Директорот на Клиниката за токсикологија Нико Беќаровски на денешната прес-конференција, којашто ја држеше заедно со останатите лекари на Клиниката, рече дека главен проблем со којшто во моментов се соочува клиниката е доекипирањето на лабораторијата, поради што пациентите трпат. Лекарите алармираа за хаосот што се случува на Клиниката, особено, како што велат, откако била назначена економската директорка.
Секој кој малку разбира токсикологија, знае дека токсиколошка клиника без токсиколошка лабораторија не може да функционира. Во моментов таму функционира само еден лаборант, а за минимум да работи оваа лабораторија, потребни се барем двајца дипломирани биолози и уште еден техничар со средна медицинска спрема - појасни тој.
Истакна дека Клиниката веќе неколку години е на маргините, во рок за шест години се сменети пет директори, додавајќи дека од 12 февруари, клиниката има нова организациона директорка, дипломиран економист, со која се соочувале со отпор и несоработка. Во неколку наврати, додаде, било барано да се вработат двајца лаборанти и еден болничар, за да може да се функционира.
Од директорката се инсистира да бидат примени сите 18, кои претходно беа примени со договор на дело, а на кои им истече договорот. Ставот на лекарскиот колегиум, е, дека немаме потреба од толкав број нови примања - рече тој.
Дополнително, медицинскиот директор Данил Петровски одбива да ги потпише вработувањата бидејќи е предизборен период. На новинарско прашање, тој одговори дека меѓу 18-те лица за кои директорката Бесија Иљази бара да се вработат со договор на дело, имало и болничар кој пред неполн месец вршел притисок кај лаборантот да замени урина во која имало наркотици, со чиста урина. Беќаровски подвлече дека немаат комуникација со директорката, бидејќи, како што рече, таа не го знаела македонскиот јазик. Тој рече дека имал обиди со неа да разговара на англиски. Комуникацијата, додаде Беќаровски, била преку преведувач, кој бил дел од тие 18 лица, па докторот рече дека не знаат дали точно се пренесувало тоа што го зборувале и обратно, дали точно им се преведува нејзиното говорење. Беќаровски се осврна и на резултатите од работењето во изминатиот период, рече дека државата нема акредитирана токсиколошка лабораторија, иако на сите министри им се укажувало тоа. Нагласи дека ниту едно од присутните медицински лица на пресот, истакнати во својата професија, не е активен член на политичка партија, а сите се со долги години стаж. По прес-конференцијата, надвор од клиниката, новинарите имаа можност да поразговараат и со дел од тие кои останале без работа по истекот на договорот на дело, меѓу кои и болничарот за кој претходно беше кажано дека правел притисок за замена на урина. Тој ги негираше обвинувањата, нагласувајќи дека само бил прашан, дали може да помогне и одговорил дека не може и не смее, бидејќи е тоа кривично дело. Изјава даде и организационата директорка на клиниката, но, само на албански јазик.

The post Кој што сака си прави: Лекари од Токсикологија алармираат за хаос на Клиниката appeared first on Република.

]]>
Економската директорка на Токсикологија, Бесија Иљази, го зголеми долгот на Клиниката, работи по 4,5 часа, не потпишува клучни документи и не знае македонски https://republika.mk/vesti/makedonija/ekonomskata-direktorka-na-toksikologija-besija-ilazi-go-zgolemi-dolgot-na-klinikata-raboti-po-4-5-chasa-ne-potpishuva-kluchni-dokumenti-i-ne-znae-makedonski/ Sun, 21 Apr 2024 13:26:53 +0000 https://republika.mk/?p=768881

В.Д. организациската директорка на Клиниката за токсикологија, Бесија Иљази, го зголеми долгот на инстутуцијата, не доаѓа на работа и не потпишува клучни документи, се дел од проблемите за кои преку писмо до медиумите реагираа вработени од оваа Клиника.

Иљази беше назначена на 14 февруари, на ден пред формирање техничка влада, а вработените реагираат дека била поставена иако не ги исполнува условите пропишани со закон за директори, и оттогаш се случува дезорганизација, а не организација.

Поточно, од нејзиното назначување за помалку од два месеца долгот на клиниката го зголеми за приближно два милиона денари, со дневно работно време од 4 часа и 30 минути, поточно на работа доаѓа во 10 часот, а работното време ѝ завршува во 14:30. Исто така, клиниката нема спроведено постапка за осигурување на имот, осигурување на скапата медицинска опрема и осигурување од лекарска грешка, бидејќи в. д. директорката не сака да потпише затоа што не е прифатен нејзиниот брокер за осигурување и моментално Клиниката два месеца не е осигурана иако за тоа сме со закон обврзани. Поради одбивање да потпише согласност за договор на дело за двајца дипломирани биолози, токсиколошката лабораторија веќе два месеца не врши валидација на издадените резултати“, се вели во писмото.

Минатиот месец медиумите објавија дека новоназначената економска директорка на Клиниката за токсикологија, Иљази не знае македонски јазик, па кога мора да соработува со колегите, преведувачи ѝ се двете секретарки вработени во оваа клиника.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ekonomskata-direktorka-na-toksikologija-ne-znae-makedonski-na-rabota-doaga-so-tatko/

Како што неофицијално дознава „СДК.мк“ од извори на Клиниката, медицинскиот директор, д-р Данил Петровски трпи големи притисоци од министерот за здравство Илир Демири да потпише вработување на 18 лица на кои им истекле договорите на дело на 31.12.2023. Директорот одбивал да потпише, согласно насоките од Министерството за финансии, дека Македонија е во изборен период и дека треба да се почитуваат забраните утврдени во член 8-а и 8-б од Изборниот законик и член 34 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси. Сите спроведени или неспроведени активности за време на предизборниот период се одговорност на одговорните лица во соодветните институции.

The post Економската директорка на Токсикологија, Бесија Иљази, го зголеми долгот на Клиниката, работи по 4,5 часа, не потпишува клучни документи и не знае македонски appeared first on Република.

]]>

В.Д. организациската директорка на Клиниката за токсикологија, Бесија Иљази, го зголеми долгот на инстутуцијата, не доаѓа на работа и не потпишува клучни документи, се дел од проблемите за кои преку писмо до медиумите реагираа вработени од оваа Клиника. Иљази беше назначена на 14 февруари, на ден пред формирање техничка влада, а вработените реагираат дека била поставена иако не ги исполнува условите пропишани со закон за директори, и оттогаш се случува дезорганизација, а не организација.
Поточно, од нејзиното назначување за помалку од два месеца долгот на клиниката го зголеми за приближно два милиона денари, со дневно работно време од 4 часа и 30 минути, поточно на работа доаѓа во 10 часот, а работното време ѝ завршува во 14:30. Исто така, клиниката нема спроведено постапка за осигурување на имот, осигурување на скапата медицинска опрема и осигурување од лекарска грешка, бидејќи в. д. директорката не сака да потпише затоа што не е прифатен нејзиниот брокер за осигурување и моментално Клиниката два месеца не е осигурана иако за тоа сме со закон обврзани. Поради одбивање да потпише согласност за договор на дело за двајца дипломирани биолози, токсиколошката лабораторија веќе два месеца не врши валидација на издадените резултати“, се вели во писмото.
Минатиот месец медиумите објавија дека новоназначената економска директорка на Клиниката за токсикологија, Иљази не знае македонски јазик, па кога мора да соработува со колегите, преведувачи ѝ се двете секретарки вработени во оваа клиника. https://republika.mk/vesti/makedonija/ekonomskata-direktorka-na-toksikologija-ne-znae-makedonski-na-rabota-doaga-so-tatko/ Како што неофицијално дознава „СДК.мк“ од извори на Клиниката, медицинскиот директор, д-р Данил Петровски трпи големи притисоци од министерот за здравство Илир Демири да потпише вработување на 18 лица на кои им истекле договорите на дело на 31.12.2023. Директорот одбивал да потпише, согласно насоките од Министерството за финансии, дека Македонија е во изборен период и дека треба да се почитуваат забраните утврдени во член 8-а и 8-б од Изборниот законик и член 34 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси. Сите спроведени или неспроведени активности за време на предизборниот период се одговорност на одговорните лица во соодветните институции.

The post Економската директорка на Токсикологија, Бесија Иљази, го зголеми долгот на Клиниката, работи по 4,5 часа, не потпишува клучни документи и не знае македонски appeared first on Република.

]]>
Две жени се пренесени на Токсикологија откако вдишале чад по пожарот во Универзална сала во Скопје https://republika.mk/vesti/crna-hronika/dve-zheni-se-preneseni-na-toksikologija-otkako-vdishale-chad-po-pozharot-vo-univerzalna-sala-vo-skopje/ Tue, 09 Apr 2024 09:55:57 +0000 https://republika.mk/?p=764185

Две жени побарале лекарска помош откако вдишале чад по пожарот што избувна во Универзалната сала во Скопје. Тие живееле во некоја од соседните згради на којашто пукнале прозорци, по што внатре влегол чад. Жените со Брза помош биле пренесени на скопската Клиника за токсикологија.

Од Центарот за управување со кризи велат дека „на бројот 112 во ЦУК немало повик за Итна медицинска помош заради пожарот на Универзална. Но, ако директно некој вртел од таму на 194 (тој број си функционира уште), немаме податок…“.

Пожарот сега е локализиран.

 

The post Две жени се пренесени на Токсикологија откако вдишале чад по пожарот во Универзална сала во Скопје appeared first on Република.

]]>

Две жени побарале лекарска помош откако вдишале чад по пожарот што избувна во Универзалната сала во Скопје. Тие живееле во некоја од соседните згради на којашто пукнале прозорци, по што внатре влегол чад. Жените со Брза помош биле пренесени на скопската Клиника за токсикологија. Од Центарот за управување со кризи велат дека „на бројот 112 во ЦУК немало повик за Итна медицинска помош заради пожарот на Универзална. Но, ако директно некој вртел од таму на 194 (тој број си функционира уште), немаме податок…“. Пожарот сега е локализиран.  

The post Две жени се пренесени на Токсикологија откако вдишале чад по пожарот во Универзална сала во Скопје appeared first on Република.

]]>
Економската директорка на Токсикологија не знае македонски, на работа доаѓа со татко ѝ https://republika.mk/vesti/makedonija/ekonomskata-direktorka-na-toksikologija-ne-znae-makedonski-na-rabota-doaga-so-tatko/ Mon, 18 Mar 2024 12:05:56 +0000 https://republika.mk/?p=755862

Новоназначената економската директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Иљази не знае македонски јазик, па кога мора да соработува со колегите, преведувачи ѝ се двете секретарки врботени во оваа клиника, дознава МКД.мк од извори во клиниката. Дополнително, велат тие, таа не ретко на работа доаѓа со својот татко кој постојано е со неа како да е нејзино обезбедување.

Ја видовме само еднаш кога дојде да се претстави. Тоа што го кажуваше го читаше од ливче на исклучително лош македонски јазик. Неколку пати ја видовме како низ ходниците оди со татко ѝ кој личи како да е нејзино обезбедување, велат извори за порталот.

Од Министерството за здравство за МКД.мк велат дека Иљази е назначена за директорка на Клиниката за токсикологија на 14 -ти февруари годинава.

Бесија Иљази е назначена за организациски директор на Клиниката за токсикологија на 14 февруари оваа година, секоја универзитетска клиника според законот за здравствена заштита треба да има по двајца директори, еден медицински и еден организациски директор. Таа има завршено економски факултет, со претходно работно искуство во струката, пишува во одговорот од Минстерството за здравство.

Оттаму не одговорија на прашањата дали до Министерството за здравство стигнале поплаки за нејзината работа и од која работна позиција Иљази доаѓа како економски директор на Клиниката за токсикологија.

Целата сторија на МКД.мк

The post Економската директорка на Токсикологија не знае македонски, на работа доаѓа со татко ѝ appeared first on Република.

]]>

Новоназначената економската директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Иљази не знае македонски јазик, па кога мора да соработува со колегите, преведувачи ѝ се двете секретарки врботени во оваа клиника, дознава МКД.мк од извори во клиниката. Дополнително, велат тие, таа не ретко на работа доаѓа со својот татко кој постојано е со неа како да е нејзино обезбедување.
Ја видовме само еднаш кога дојде да се претстави. Тоа што го кажуваше го читаше од ливче на исклучително лош македонски јазик. Неколку пати ја видовме како низ ходниците оди со татко ѝ кој личи како да е нејзино обезбедување, велат извори за порталот.
Од Министерството за здравство за МКД.мк велат дека Иљази е назначена за директорка на Клиниката за токсикологија на 14 -ти февруари годинава.
Бесија Иљази е назначена за организациски директор на Клиниката за токсикологија на 14 февруари оваа година, секоја универзитетска клиника според законот за здравствена заштита треба да има по двајца директори, еден медицински и еден организациски директор. Таа има завршено економски факултет, со претходно работно искуство во струката, пишува во одговорот од Минстерството за здравство.
Оттаму не одговорија на прашањата дали до Министерството за здравство стигнале поплаки за нејзината работа и од која работна позиција Иљази доаѓа како економски директор на Клиниката за токсикологија. Целата сторија на МКД.мк

The post Економската директорка на Токсикологија не знае македонски, на работа доаѓа со татко ѝ appeared first on Република.

]]>
Комисија за здравство на ВМРО ДПМНЕ: И на Токсикологија се вработува дете на директор https://republika.mk/vesti/makedonija/komisija-za-zdravstvo-na-vmro-dpmne-i-na-toksikologija-se-vrabotuva-dete-na-direktor/ Mon, 25 Dec 2023 12:16:33 +0000 https://republika.mk/?p=726467

И на Клиниката за токсикологија се вработува дете на директор, стана пракса директори да си вработуваат децата на клиниките кои се претвоини во партиски дувла или вработувања без критериуми, реагира во соопштение Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.

Продолжува праксата за вработувања на цели семејни стебла во клиниките, а тоа станува се поизразено како што станува се поизвесен падот на оваа ненародна власт. Кога станува збор за децата на актуелни и претходни директори и функционери на оваа Влада инстантно се вработуваат што е можно повеќе свои партиски кадри и децата на функционери и директори.
По вработувањето на ќерката на Мира Дизел, преземањето на синот на директорот на Клиниката за урологија на истата клиника и вработувањето на ќерката на директорот на Офталмологија во ГОБ „8 Септември", последниве денови и на Клиниката за токсикологија илма се случува слична ситуација со изразени непотистички елементи.

Директорот на Клиниката за токсикологија кој е матичен лекар. по струка општ лекар распишува конкурс за прием на лекар. Потоа дава отказ од директор и конкурира на конкурсот што самиот тој го распишал, иако нема просек за на Клиника.

Согласно информациите од компексот клиники, актуелниот директор кој прифаќа да биде преоден директор очекува за возврат вработување на својот син, исто така доктор и исто така без просек, односно не испочнува услови.

Оттука треба да се даде одговор на неколку прашања.
Прво, ова ли се тие натпартиско - експертски кадри чие омилено хоби им се партиски вработувања и вработувања на цели фамилијарни стебла?
Второ, ова ли се истите што наводно беа згрозени и „се бореа" против партизација која сега на големи врати грубо ја спроведуваат притоа затворајќи цели оддели по болниците низ државата токму заради недостиг на специјалисти и неводење сметка за медицинскиот кадар континуирано во еден подолг период.
Владата на СДС-ДУИ е учесник во егзодусот на медицински кадар кој продолжува да си заминува од јавното здравство токму поради ваквите случаи на вработување на партиски кадри.
Поради овие огромни штети кои ги нанесуваат на здравствениот систем ќе бидат казнети на изборите и здравствениот систем итно ќе биде рестартиран како највисоко рангиран приоритет на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението на Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.

The post Комисија за здравство на ВМРО ДПМНЕ: И на Токсикологија се вработува дете на директор appeared first on Република.

]]>

И на Клиниката за токсикологија се вработува дете на директор, стана пракса директори да си вработуваат децата на клиниките кои се претвоини во партиски дувла или вработувања без критериуми, реагира во соопштение Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.
Продолжува праксата за вработувања на цели семејни стебла во клиниките, а тоа станува се поизразено како што станува се поизвесен падот на оваа ненародна власт. Кога станува збор за децата на актуелни и претходни директори и функционери на оваа Влада инстантно се вработуваат што е можно повеќе свои партиски кадри и децата на функционери и директори. По вработувањето на ќерката на Мира Дизел, преземањето на синот на директорот на Клиниката за урологија на истата клиника и вработувањето на ќерката на директорот на Офталмологија во ГОБ „8 Септември", последниве денови и на Клиниката за токсикологија илма се случува слична ситуација со изразени непотистички елементи.
Директорот на Клиниката за токсикологија кој е матичен лекар. по струка општ лекар распишува конкурс за прием на лекар. Потоа дава отказ од директор и конкурира на конкурсот што самиот тој го распишал, иако нема просек за на Клиника. Согласно информациите од компексот клиники, актуелниот директор кој прифаќа да биде преоден директор очекува за возврат вработување на својот син, исто така доктор и исто така без просек, односно не испочнува услови.
Оттука треба да се даде одговор на неколку прашања. Прво, ова ли се тие натпартиско - експертски кадри чие омилено хоби им се партиски вработувања и вработувања на цели фамилијарни стебла? Второ, ова ли се истите што наводно беа згрозени и „се бореа" против партизација која сега на големи врати грубо ја спроведуваат притоа затворајќи цели оддели по болниците низ државата токму заради недостиг на специјалисти и неводење сметка за медицинскиот кадар континуирано во еден подолг период. Владата на СДС-ДУИ е учесник во егзодусот на медицински кадар кој продолжува да си заминува од јавното здравство токму поради ваквите случаи на вработување на партиски кадри. Поради овие огромни штети кои ги нанесуваат на здравствениот систем ќе бидат казнети на изборите и здравствениот систем итно ќе биде рестартиран како највисоко рангиран приоритет на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението на Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.

The post Комисија за здравство на ВМРО ДПМНЕ: И на Токсикологија се вработува дете на директор appeared first on Република.

]]>