тигри Archives - Република https://republika.mk/tema/tigri/ За подобро да се разбереме Thu, 01 Aug 2024 06:49:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png тигри Archives - Република https://republika.mk/tema/tigri/ 32 32 Со помош на „Тигрите“ уапсен криминалец од Страчинци https://republika.mk/vesti/crna-hronika/so-pomosh-na-tigrite-uapsen-kriminalets-od-strachintsi/ Thu, 01 Aug 2024 06:49:49 +0000 https://republika.mk/?p=802143

Во с.Страчинци, скопско, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при Одделот за криминалистичка полиција заедно со Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје и Специјалната антитерористичка единица Тигар го лишија од слобода Т.Ф.(33) од с.Страчинци, кој бил баран по распис, а од Основен кривичен суд Скопје е донесено решение со кое му е одредена мерка притвор.

Притоа, кај него бил пронајден и одземен кокаин.

После тоа, со наредба од Основен кривичен суд Скопје, беше извршен претрес во неговиот дом, при што беа пронајдени предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

Лицето е предадено во Полициската станица Гази Баба, од каде е спроведено во Казнено– поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката притвор.

По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 215 од Кривичниот законик.

The post Со помош на „Тигрите“ уапсен криминалец од Страчинци appeared first on Република.

]]>

Во с.Страчинци, скопско, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при Одделот за криминалистичка полиција заедно со Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје и Специјалната антитерористичка единица Тигар го лишија од слобода Т.Ф.(33) од с.Страчинци, кој бил баран по распис, а од Основен кривичен суд Скопје е донесено решение со кое му е одредена мерка притвор. Притоа, кај него бил пронајден и одземен кокаин. После тоа, со наредба од Основен кривичен суд Скопје, беше извршен претрес во неговиот дом, при што беа пронајдени предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Лицето е предадено во Полициската станица Гази Баба, од каде е спроведено во Казнено– поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката притвор. По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 215 од Кривичниот законик.  

The post Со помош на „Тигрите“ уапсен криминалец од Страчинци appeared first on Република.

]]>
Загина планинар, паднал во провалија, го извлекле „тигрите“ и со хеликоптер бил пренесен во ГОБ „8 Септември“ https://republika.mk/vesti/crna-hronika/zagina-planinar-padnal-vo-provalija-go-izvlekle-tigrite-i-so-helikopter-bil-prenesen-vo-gob-8-septemvri/ Sat, 29 Jun 2024 16:23:30 +0000 https://republika.mk/?p=791911

Центарот за управување со кризи (ЦУК) попладнево информира дека планинар кој паднал во провалија се здобил со тешки повреди на главата, тим „тигри“ го извлекле од местото на несреќата, со хеликоптер бил пренесен до ГОБ “8-ми Септември” каде е констатирана смрт.

Денеска околу 12.30 часот на бројот за итни повици 112 во ЦУК вознемирен планинар пријавил дека едно лице од седумчлената планинарска група паднало во провалија длабока педесетина метри.

При падот се здобило со сериозни повреди на главата, крвари од главата и е во несвесна состојба.

Несреќата се случила на територијата на Општина Маврово-Ростуше, пред изворот на Тресонечка Река во близина на месноста „Раскрсницата“. Теренот е непристапен за возила поради што Итната медицинска помош не била во можност да се упати кон местото на настанот.

Од страна на ЦУК веднаш е упатено барање за ангажман на хеликоптер на МВР, а од нивна страна дополнително е ангажиран тим од Специјалната антитерористичка единица (САЕ) „Тигар“, за извлекување на настраданото лице, качување во хеликоптер како и транспорт до болница.

Повреденото лице кое не давало знаци на живот, во многу тешки услови за лебдење на хеликоптерот, со силен ветер, високи дрвја и стрмни падини на местото на несреќата, со придружба на специјалец од “САЕ Тигар”, е качено во полицискиот хеликоптер и пренесено до ГОБ “8-ми Септември” во Скопје, каде од страна на докторите е констатирана смрт, информираат од ЦУК.

The post Загина планинар, паднал во провалија, го извлекле „тигрите“ и со хеликоптер бил пренесен во ГОБ „8 Септември“ appeared first on Република.

]]>

Центарот за управување со кризи (ЦУК) попладнево информира дека планинар кој паднал во провалија се здобил со тешки повреди на главата, тим „тигри“ го извлекле од местото на несреќата, со хеликоптер бил пренесен до ГОБ “8-ми Септември” каде е констатирана смрт. Денеска околу 12.30 часот на бројот за итни повици 112 во ЦУК вознемирен планинар пријавил дека едно лице од седумчлената планинарска група паднало во провалија длабока педесетина метри. При падот се здобило со сериозни повреди на главата, крвари од главата и е во несвесна состојба. Несреќата се случила на територијата на Општина Маврово-Ростуше, пред изворот на Тресонечка Река во близина на месноста „Раскрсницата“. Теренот е непристапен за возила поради што Итната медицинска помош не била во можност да се упати кон местото на настанот. Од страна на ЦУК веднаш е упатено барање за ангажман на хеликоптер на МВР, а од нивна страна дополнително е ангажиран тим од Специјалната антитерористичка единица (САЕ) „Тигар“, за извлекување на настраданото лице, качување во хеликоптер како и транспорт до болница.
Повреденото лице кое не давало знаци на живот, во многу тешки услови за лебдење на хеликоптерот, со силен ветер, високи дрвја и стрмни падини на местото на несреќата, со придружба на специјалец од “САЕ Тигар”, е качено во полицискиот хеликоптер и пренесено до ГОБ “8-ми Септември” во Скопје, каде од страна на докторите е констатирана смрт, информираат од ЦУК.
 
The post Загина планинар, паднал во провалија, го извлекле „тигрите“ и со хеликоптер бил пренесен во ГОБ „8 Септември“ appeared first on Република.

]]>
„Тигри“ влегоа во „Идризово“, се подготвувала војна меѓу две банди https://republika.mk/vesti/crna-hronika/tigri-vlegoa-vo-idrizovo-se-podgotvuvala-vojna-megu-dve-bandi/ Thu, 11 Apr 2024 10:15:33 +0000 https://republika.mk/?p=764901

Припадници на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ утрово влегоа во најголемиот затвор во државава. Како што потврдуваат од Основното јавно обвинителство Скопје се прават претреси поради сомневање за извршени кривично-правни дејствија.

Во акција координирана од Основното јавно обвинителство Скопје, поради сомневања за кривично-правни дејствија, утрово се извршени претреси во КПУ Идризово – Скопје со цел обезбедување доказен материјал, соопштија кусо од ОЈО Скопје.

Според информации на дел од медиумите, акцијата следувала по сознанија дека се подготвувала пресметка помеѓу две групи во затворот.

The post „Тигри“ влегоа во „Идризово“, се подготвувала војна меѓу две банди appeared first on Република.

Лани се пријавил еден, ама не знаел да плива: Реакции зошто во 43 години немало вработен ниеден Албанец во „Тигрите“ https://republika.mk/vesti/makedonija/lani-se-prijavil-eden-ama-ne-znael-da-pliva-reaktsii-zoshto-vo-43-godini-nemalo-vraboten-nieden-albanets-vo-tigrite/ Wed, 13 Mar 2024 20:19:45 +0000 https://republika.mk/?p=754542

Специјалната антитерористичка единица „Тигри“ ја одбележа 43-годишнината од формирањето.

Од ТВ21 реагираат што текот на овие 43 години таму не бил вработен ниту еден Албанец, па го прашале и техничкиот премиер Талат Џафери кога ќе се вработат.

Ќе ве упатам до Министерството поради тоа што тоа е надлежност на ресорното министерство. Не е надлежност на Владата за да кажам кога ќе се вработат или не. Тоа е прашање на министерството, кога ќе имате можност поставете го тоа прашање, одговорил тој.

На истото прашање дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев, рекол дека при вработување во оваа единица, при селекција не се зема предвид етничката припадност, туку преку интерен конкурс и има специјална селекција.

Поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски пред една година изјави дека на последниот интерен конкурс за вработување во оваа единица имало само еден кандидат Албанец, но тој не поминал бидејќи не знаел да плива.

The post Лани се пријавил еден, ама не знаел да плива: Реакции зошто во 43 години немало вработен ниеден Албанец во „Тигрите“ appeared first on Република.

]]>

Специјалната антитерористичка единица „Тигри“ ја одбележа 43-годишнината од формирањето. Од ТВ21 реагираат што текот на овие 43 години таму не бил вработен ниту еден Албанец, па го прашале и техничкиот премиер Талат Џафери кога ќе се вработат. Ќе ве упатам до Министерството поради тоа што тоа е надлежност на ресорното министерство. Не е надлежност на Владата за да кажам кога ќе се вработат или не. Тоа е прашање на министерството, кога ќе имате можност поставете го тоа прашање, одговорил тој. На истото прашање дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев, рекол дека при вработување во оваа единица, при селекција не се зема предвид етничката припадност, туку преку интерен конкурс и има специјална селекција. Поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски пред една година изјави дека на последниот интерен конкурс за вработување во оваа единица имало само еден кандидат Албанец, но тој не поминал бидејќи не знаел да плива.  

The post Лани се пријавил еден, ама не знаел да плива: Реакции зошто во 43 години немало вработен ниеден Албанец во „Тигрите“ appeared first on Република.

]]>
Стоилковски: Полициските Тигри вадат пиштоли по кафеани – каква полиција, таква држава https://republika.mk/vesti/makedonija/stoilkovski-politsiskite-tigri-vadat-pishtoli-po-kafeani-kakva-politsija-takva-drzhava/ Sun, 24 Dec 2023 12:16:38 +0000 https://republika.mk/?p=726144

Инцидентот што го предизвикале пропадници на Тигрите во кафеана во Белимбегово беше повод за прес-конференција на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски. Според него, силите на Оливер Спасовски го валкаат угледот на македонската полиција. Наместо да се насочат на потрага по исчезнатиот син ка Командант Баци, тие вадат пиштоли во кафеани и учествуваат во тепачки.

Срамно и недостоинствено, припадници на полициските специјалци Тигри, во кафеана во скопско Белимбегово, ваделе оружје, според медиумите, кон бремени жени, започнале тепачка со сопругот на бремената, а во инцидентот има и последици и сето ова е пријавено и за сето има записник во полициска станица! Наместо да го бара избеганиот притвореник, синот на Командантот Баци од УЧК, полицијата вади пиштоли по кафани, реагира Стоилковски.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/netpres-tigrite-na-oliver-spasovski-vperile-pishtol-vo-bremena-zhena/

Тој потсетува дека ова е сликата за МВР со Оливер Спасовски, кој веќе осум години е министер за полиција.

Ниедно решено пукање низ Скопје, редици криминални пресметки, киднапирање и убиство, бегства од притвори и затвори, а полицијата ако не е дел од акциите, тогаш вади пиштоли по кафеаните! Оливер Спасовски, доколку е доблесен, веднаш мора да одговори за бегството на синот на Командантот Баци од УЧК, и за однесувањето на Тигрите по кафеаните.

П

The post Стоилковски: Полициските Тигри вадат пиштоли по кафеани – каква полиција, таква држава appeared first on Република.

Нетпрес: „Тигрите“ на Оливер Спасовски впериле пиштол во бремена жена https://republika.mk/vesti/crna-hronika/netpres-tigrite-na-oliver-spasovski-vperile-pishtol-vo-bremena-zhena/ Sat, 23 Dec 2023 17:33:17 +0000 https://republika.mk/?p=725992

Припадник на полициските специјалци на МВР вперил пиштол кон бремена жена, со што предизвикал физичка пресметка во која има и повредени, во кафеана во скопската населба Белимбегово, изминатата ноќ.

Како што дознава „Нетпрес“ од извори во МВР, полициски службеник, припадник на специјалната единица „Тигар“, во угостителски објект вперил пиштол кон бремена жена и кон нејзина пријателка – кумашинка. Неофицијално, извесен Иван М. е припадникот на полициските специјалци, кој го вперил пиштолот во бремената жена. На ова реагирал сопругот по што настанал инцидент, а според полицискиот извештај до кој дојде НетПрес, имало и неколку повредени лица. Заедно со нив во кафеаната бил присутен и извесен Кире К. полицаец од полициската станица во Драчево и токму тој ги препознал Иван М. и другите лица со него, дека се припадници на единицата „Тигар“, кои исто така учествувале во инцидентот.

Случајот во полициската станица Гази Баба го пријавил анонимен граѓанин кој при тепачката бил повреден, а воедно доставил лекарска документација и снимки од настанот.

На 23.12.2023 година од страна на анонимен граѓанин пријавено е дека во угостителски објект во населба Белимбегово, полициски службеник од САЕ Тигар вперил пиштол кон бремена жена и кон нејзината кумашинка, по што дошло до нарушен ЈРМ, и има и повредени лица, а дополнително на пријавителот му се јавувале и од различни броеви да го прашаат зошто пријавувал за настанот. ПријавитеЛот со сопругата се упатени во ПС Гази Баба да го пријават настанот со лекарска документација и снимки, се вели во полициската информација до која дојде НетПрес.

Неофицијално во тепачката учествувале Кире К. полицаец од ПС Драчево кој ги познал напаѓачите дека се од САЕ „Тигар“ и уште едно лице, наводно викано Стивен, кое било со него заедно, и со двете жени.

Од другата страна учествувале припадници на „Тигрите“, од кои еден од нив бил Иван М.

The post Нетпрес: „Тигрите“ на Оливер Спасовски впериле пиштол во бремена жена appeared first on Република.

]]>

Припадник на полициските специјалци на МВР вперил пиштол кон бремена жена, со што предизвикал физичка пресметка во која има и повредени, во кафеана во скопската населба Белимбегово, изминатата ноќ. Како што дознава „Нетпрес“ од извори во МВР, полициски службеник, припадник на специјалната единица „Тигар“, во угостителски објект вперил пиштол кон бремена жена и кон нејзина пријателка – кумашинка. Неофицијално, извесен Иван М. е припадникот на полициските специјалци, кој го вперил пиштолот во бремената жена. На ова реагирал сопругот по што настанал инцидент, а според полицискиот извештај до кој дојде НетПрес, имало и неколку повредени лица. Заедно со нив во кафеаната бил присутен и извесен Кире К. полицаец од полициската станица во Драчево и токму тој ги препознал Иван М. и другите лица со него, дека се припадници на единицата „Тигар“, кои исто така учествувале во инцидентот. Случајот во полициската станица Гази Баба го пријавил анонимен граѓанин кој при тепачката бил повреден, а воедно доставил лекарска документација и снимки од настанот.
На 23.12.2023 година од страна на анонимен граѓанин пријавено е дека во угостителски објект во населба Белимбегово, полициски службеник од САЕ Тигар вперил пиштол кон бремена жена и кон нејзината кумашинка, по што дошло до нарушен ЈРМ, и има и повредени лица, а дополнително на пријавителот му се јавувале и од различни броеви да го прашаат зошто пријавувал за настанот. ПријавитеЛот со сопругата се упатени во ПС Гази Баба да го пријават настанот со лекарска документација и снимки, се вели во полициската информација до која дојде НетПрес.
Неофицијално во тепачката учествувале Кире К. полицаец од ПС Драчево кој ги познал напаѓачите дека се од САЕ „Тигар“ и уште едно лице, наводно викано Стивен, кое било со него заедно, и со двете жени. Од другата страна учествувале припадници на „Тигрите“, од кои еден од нив бил Иван М.

The post Нетпрес: „Тигрите“ на Оливер Спасовски впериле пиштол во бремена жена appeared first on Република.

]]>
Пожарникарот кој беше спасен од „Тигрите“ е во добра здравствена состојба https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pozharnikarot-koj-beshe-spasen-od-tigrite-e-vo-dobra-zdravstvena-sostojba/ Sun, 08 Oct 2023 16:22:22 +0000 https://republika.mk/?p=689275

Пожарникарот на ТППЕ- Штип, кој исчезна утринава додека гаснеше пожар на планината Серта е извлечен од непристапниот терен, здравствената состојба му е добра и веќе го прегледуваат лекари од Брзата помош, вели за МИА командирот на ТППЕ- Штип, Дарко Коцев.

Тој посочи дека утринава околу 9.30 му се губи трагата на пожарникорот, кој има искуство од над 20 години, а во потрагата се вклучиле 15 негови колеги, полициски хеликоптер и ловци.

– Сѐ уште сме на планината Серта, каде што имаме пожар на шума, нискостеблести растенија на површина од околу 50 хектари. За кратко ќе се повлечеме, бидејќи овде имаме непристапен терен – вели Коцев.

Пожарот е под контрола, но со неговото гаснење ќе се продолжи утре.

The post Пожарникарот кој беше спасен од „Тигрите“ е во добра здравствена состојба appeared first on Република.

]]>

Пожарникарот на ТППЕ- Штип, кој исчезна утринава додека гаснеше пожар на планината Серта е извлечен од непристапниот терен, здравствената состојба му е добра и веќе го прегледуваат лекари од Брзата помош, вели за МИА командирот на ТППЕ- Штип, Дарко Коцев. Тој посочи дека утринава околу 9.30 му се губи трагата на пожарникорот, кој има искуство од над 20 години, а во потрагата се вклучиле 15 негови колеги, полициски хеликоптер и ловци. – Сѐ уште сме на планината Серта, каде што имаме пожар на шума, нискостеблести растенија на површина од околу 50 хектари. За кратко ќе се повлечеме, бидејќи овде имаме непристапен терен – вели Коцев. Пожарот е под контрола, но со неговото гаснење ќе се продолжи утре.  

The post Пожарникарот кој беше спасен од „Тигрите“ е во добра здравствена состојба appeared first on Република.

]]>
Спомен биста во Брвеница на загинатиот „Тигар” Жарко Кузмановски https://republika.mk/vesti/crna-hronika/spomen-bista-vo-brvenica-na-zaginatiot-tigar-zarko-kuzmanovski/ Mon, 09 May 2022 14:42:53 +0000 https://republika.mk/?p=500019

Денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Сашо Тасевски и државнaта секретарка Магдалена Несторовска присуствуваа на комеморативен собир во дворот на црквата „Св. Атанасиј” во Брвеница, а по повод откривање на спомен биста во чест и вечен помен на загинатиот припадник на Специјалната антитерористичка единица „Тигар” при Министерството за внатрешни работи, Жарко Кузмановски, кој на 9 мај 2015 година, пред точно 7 години, како лидер на тим, извршувајќи службени задачи, заедно со уште 7 колеги, прерано го загуби својот живот во полициската операција за неутрализирање на терористичката група во кумановската населба Диво насеље, а во одбрана на Уставот и суверенитетот на својата држава.

На настанот присуствуваа и членови на семејството на Кузмановски, градоначалникот на Општина Брвеница, Јовица Илиевски, претставници на Сојузот на воени инвалиди, претставници на Одборот на бранители, како и митрополитот Тетовско-гостиварски г-н Јосиф и претставници од Црковниот одбор на црквата „Св.Атанасиј”.

На комеморативниот собир обраќања имаа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, припадникот на САЕ Тигар – Стефан Соколов, како и портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Министерот Спасовски во своето обраќање истакна дека Жарко Кузмановски со неговата трагична смрт како наш бранител, припадник на македонската полиција, го заслужи своето место меѓу бесмртните, меѓу сите наши херои кои оставија вечна трага во историјата на нашава татковина, но и  аманет за иднината на генерациите што доаѓаат, бидејќи не постои држава во чии темели  не се вградени живототите на нејзините најхрабри синови.

„Така и нашата татковина Република Македонија е создадена и постои благодарение на безрезервната жртва дадена од многу нејзини херои, а наши браќа, синови, татковци, другари, пријатели… Ова спомен обележје во чест и вечен помен на незаборавот кон Жарко, не е никаква отплата на долгот кон него, оти она со што тој, како и другите неговите колеги и соборци нѐ задолжиле, се враќа само со хумани, професионални, благородни дела, со сѐ она добро, чисто и честито. А загубата е ненадоместлива и речиси е невозможно да се исполни празнината што како колеги, пријатели, блиски ја споделуваме во изминативе седум години од неговото трагично загинување”, рече министерот Спасовски во обраќањето пред присутните.

The post Спомен биста во Брвеница на загинатиот „Тигар” Жарко Кузмановски appeared first on Република.

]]>

Денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Сашо Тасевски и државнaта секретарка Магдалена Несторовска присуствуваа на комеморативен собир во дворот на црквата „Св. Атанасиј” во Брвеница, а по повод откривање на спомен биста во чест и вечен помен на загинатиот припадник на Специјалната антитерористичка единица „Тигар” при Министерството за внатрешни работи, Жарко Кузмановски, кој на 9 мај 2015 година, пред точно 7 години, како лидер на тим, извршувајќи службени задачи, заедно со уште 7 колеги, прерано го загуби својот живот во полициската операција за неутрализирање на терористичката група во кумановската населба Диво насеље, а во одбрана на Уставот и суверенитетот на својата држава. На настанот присуствуваа и членови на семејството на Кузмановски, градоначалникот на Општина Брвеница, Јовица Илиевски, претставници на Сојузот на воени инвалиди, претставници на Одборот на бранители, како и митрополитот Тетовско-гостиварски г-н Јосиф и претставници од Црковниот одбор на црквата „Св.Атанасиј”. На комеморативниот собир обраќања имаа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, припадникот на САЕ Тигар – Стефан Соколов, како и портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски. Министерот Спасовски во своето обраќање истакна дека Жарко Кузмановски со неговата трагична смрт како наш бранител, припадник на македонската полиција, го заслужи своето место меѓу бесмртните, меѓу сите наши херои кои оставија вечна трага во историјата на нашава татковина, но и  аманет за иднината на генерациите што доаѓаат, бидејќи не постои држава во чии темели  не се вградени живототите на нејзините најхрабри синови.
„Така и нашата татковина Република Македонија е создадена и постои благодарение на безрезервната жртва дадена од многу нејзини херои, а наши браќа, синови, татковци, другари, пријатели… Ова спомен обележје во чест и вечен помен на незаборавот кон Жарко, не е никаква отплата на долгот кон него, оти она со што тој, како и другите неговите колеги и соборци нѐ задолжиле, се враќа само со хумани, професионални, благородни дела, со сѐ она добро, чисто и честито. А загубата е ненадоместлива и речиси е невозможно да се исполни празнината што како колеги, пријатели, блиски ја споделуваме во изминативе седум години од неговото трагично загинување”, рече министерот Спасовски во обраќањето пред присутните.

The post Спомен биста во Брвеница на загинатиот „Тигар” Жарко Кузмановски appeared first on Република.

]]>
Бајрами: Зошто нема Албанци меѓу „Тигрите“, дали се терористи? https://republika.mk/vesti/makedonija/bajrami-zoshto-nema-albanci-megju-tigrite-dali-se-teroristi/ Tue, 15 Mar 2022 08:47:48 +0000 https://republika.mk/?p=472989

Алијанса за Албанците на вчерашната прес-конференција побара одговорност од Владата и МВР затоа што нема Албанци во полициската единица „Тигар“. Албанската опозиција сака да ги дознае причините за етничката дискриминација на Албанците во оваа единица, обвинувајќи ја ДУИ дека е виновна зашто нема полицајци Албанци.

Наим Бајрами од партијата рече дека со тоа што не се примаат Албанци, „Владата автоматски ги третира Албанците како терористи“.

Бидејќи „Тигрите“ се нарекуваат антитерористички единици, ја прашуваме Владата и ресорното министерство дали Албанците на кои им забранувате учество се третираат како терористи или неспособни и несакани за оваа земја?, рече Бајрами од Алијанса за Албанците.

The post Бајрами: Зошто нема Албанци меѓу „Тигрите“, дали се терористи? appeared first on Република.

]]>

Алијанса за Албанците на вчерашната прес-конференција побара одговорност од Владата и МВР затоа што нема Албанци во полициската единица „Тигар“. Албанската опозиција сака да ги дознае причините за етничката дискриминација на Албанците во оваа единица, обвинувајќи ја ДУИ дека е виновна зашто нема полицајци Албанци. Наим Бајрами од партијата рече дека со тоа што не се примаат Албанци, „Владата автоматски ги третира Албанците како терористи“.
Бидејќи „Тигрите“ се нарекуваат антитерористички единици, ја прашуваме Владата и ресорното министерство дали Албанците на кои им забранувате учество се третираат како терористи или неспособни и несакани за оваа земја?, рече Бајрами од Алијанса за Албанците.

The post Бајрами: Зошто нема Албанци меѓу „Тигрите“, дали се терористи? appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Со единицата Тигар нашата земја има подготвен и функционален систем за национална безбедност https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-so-edinicata-tigar-nashata-zemja-ima-podgotven-i-funkcionalen-sistem-za-nacionalna-bezbednost/ Sun, 13 Mar 2022 14:30:35 +0000 https://republika.mk/?p=472134

Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски денеска се обрати на свеченоста по повод одбележување на денот на формирањето на Специјалната антитерористичка единица - „САЕ - ТИГАР“.

На свеченоста присуствуваа и Оливер Спасовски – министер за внатрешни работи, Славјанка Петровска – министерка за одбрана, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски – началник на Генералштаб на Армијата на Република Македонија, Виктор Димовски – директор на Агенцијата за национална безбедност, Еролд Муслиу - директор на Агенцијата за разузнавање, и други високи претставници на Министерството за внатрешни работи и на останатите министерства, како и во присуство на високи гости од дипломатскиот кор во земјата.

Премиерот Ковачевски во своето обраќање истакна дека оваа свеченост е во чест на значаен ден од историјата на нашите безбедносни единици, и дека Специјалната антитерористичка единица денес е синоним за обученост според највисоки стандарди кои ги налага борбата против тероризмот и високиот насилен криминал.

Припадниците на оваа единица се олицетворение на професионалност. Единицата Тигар, како колектив е збир на максимално посветени, врвно обучени поединци, со максимална храброст и подготвени да се спротивстават на секој предизвик кој може да биде закана за безбедноста на земјата и граѓаните“, нагласи претседателот на Владата Ковачевски.

Тој дополни дека со нашето членство во НАТО и на глобалната коалиција за борба против тероризмот, Македонија го адаптираше воено-безбедносниот систем според стандардите на НАТО и дека во таков систем според највисоките стандарди на алијансата, свое значајно место има и Специјалната антитерористичка единица која е оспособена во борбата со насилниот екстремизам и тероризам да спроведува највисоките борбено-технички вештини.

Специјалната антитерористичка единица е гарант на еден од приоритетите на нашата држава како што е борбата против тероризмот, радикализацијата и насилниот екстремизам. Тој приоритет ја вклучува заштитата на националната безбедност и безбедноста на сите граѓани на нашата земја“, посочи премиерот Ковачевски.

Во текот на изминатите 41 година, од основањето на единицата до денес, таа постојани ги следеше современите безбедносни предизвици.

Претседателот на Владата Ковачевски потенцираше дека е уверен дека Специјална антитерористичка единица – Тигар ќе го продолжи да биде високо мотивирана, врвно организирана и подготвена служба за заштита на мирот и безбедноста на граѓаните и за заштитата на уставниот поредок на нашата земја.

Вие и вашата едница испраќаат силна порака дека Република Македонија има добро подготвен и функционален систем за национална безбедност за борба против сите облици на криминал, а особено за борба против тероризмот“, истакна премиерот Ковачевски во своето обраќање на свеченоста по повод денот на формирањето на Специјалната антитерористичка единица - „САЕ - ТИГАР“, со честитките во име на Владата и на граѓаните на нашата земја им посака успеси во извршување на задачите на припадниците на оваа формација.

Министерот Оливер Спасовски во неговото обраќање укажа дека Специјалната антитерористичка единица ТИГАР, од аспект на професионализмот и стручноста на нејзините припадници, претставува вистинска гордост не само на МВР, туку генерално на Република Македонија, како еден од есенцијалните сегменти на елитните структури на министерството.

Не само декларативно, туку и конкретно тежнееме кон динамична модернизација на безбедносниот сектор, а сите наши заложби, безусловно, се свртени кон негово сеопфатно реформско развивање. Како една од најсложените во безбедносната структура на Министерството се грижиме секогаш да биде целосно подготвена, крајно ефикасна и остручена, технички и кадровски опремена до перфекција, а сето тоа во име на Специфичните, сложени задачи и динамични предизвици што пред неа се поставуваат во секојдневното работење“, нагласи Спасовски.

Министерот Спасовски уште додаде дека „САЕ - ТИГАР“, како високопрофесионална единица, стандардизирана на ниво на стручни перформанси, на оперативна моќ и ефикасност, е на исто рамниште како и останатите истородни полициски единици во Европа и во светот, а нејзините припадници, човечкиот капитал на оваа единица.

Во своето обраќање на свеченоста, командантот на „САЕ - ТИГАР“, Митко Даневски упати порака, дека Специјалната антитерористичка единица, во изминатиот период беше и продолжува да биде чувар на уставниот поредок на државата, во борбата против тероризмот и организираниот криминал, гарантирајќи го мирот, слободата и безбедноста на сите граѓани на нашата земја.

The post Ковачевски: Со единицата Тигар нашата земја има подготвен и функционален систем за национална безбедност appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски денеска се обрати на свеченоста по повод одбележување на денот на формирањето на Специјалната антитерористичка единица - „САЕ - ТИГАР“. На свеченоста присуствуваа и Оливер Спасовски – министер за внатрешни работи, Славјанка Петровска – министерка за одбрана, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски – началник на Генералштаб на Армијата на Република Македонија, Виктор Димовски – директор на Агенцијата за национална безбедност, Еролд Муслиу - директор на Агенцијата за разузнавање, и други високи претставници на Министерството за внатрешни работи и на останатите министерства, како и во присуство на високи гости од дипломатскиот кор во земјата. Премиерот Ковачевски во своето обраќање истакна дека оваа свеченост е во чест на значаен ден од историјата на нашите безбедносни единици, и дека Специјалната антитерористичка единица денес е синоним за обученост според највисоки стандарди кои ги налага борбата против тероризмот и високиот насилен криминал.
Припадниците на оваа единица се олицетворение на професионалност. Единицата Тигар, како колектив е збир на максимално посветени, врвно обучени поединци, со максимална храброст и подготвени да се спротивстават на секој предизвик кој може да биде закана за безбедноста на земјата и граѓаните“, нагласи претседателот на Владата Ковачевски.
Тој дополни дека со нашето членство во НАТО и на глобалната коалиција за борба против тероризмот, Македонија го адаптираше воено-безбедносниот систем според стандардите на НАТО и дека во таков систем според највисоките стандарди на алијансата, свое значајно место има и Специјалната антитерористичка единица која е оспособена во борбата со насилниот екстремизам и тероризам да спроведува највисоките борбено-технички вештини.
Специјалната антитерористичка единица е гарант на еден од приоритетите на нашата држава како што е борбата против тероризмот, радикализацијата и насилниот екстремизам. Тој приоритет ја вклучува заштитата на националната безбедност и безбедноста на сите граѓани на нашата земја“, посочи премиерот Ковачевски.
Во текот на изминатите 41 година, од основањето на единицата до денес, таа постојани ги следеше современите безбедносни предизвици. Претседателот на Владата Ковачевски потенцираше дека е уверен дека Специјална антитерористичка единица – Тигар ќе го продолжи да биде високо мотивирана, врвно организирана и подготвена служба за заштита на мирот и безбедноста на граѓаните и за заштитата на уставниот поредок на нашата земја.
Вие и вашата едница испраќаат силна порака дека Република Македонија има добро подготвен и функционален систем за национална безбедност за борба против сите облици на криминал, а особено за борба против тероризмот“, истакна премиерот Ковачевски во своето обраќање на свеченоста по повод денот на формирањето на Специјалната антитерористичка единица - „САЕ - ТИГАР“, со честитките во име на Владата и на граѓаните на нашата земја им посака успеси во извршување на задачите на припадниците на оваа формација.
Министерот Оливер Спасовски во неговото обраќање укажа дека Специјалната антитерористичка единица ТИГАР, од аспект на професионализмот и стручноста на нејзините припадници, претставува вистинска гордост не само на МВР, туку генерално на Република Македонија, како еден од есенцијалните сегменти на елитните структури на министерството.
Не само декларативно, туку и конкретно тежнееме кон динамична модернизација на безбедносниот сектор, а сите наши заложби, безусловно, се свртени кон негово сеопфатно реформско развивање. Како една од најсложените во безбедносната структура на Министерството се грижиме секогаш да биде целосно подготвена, крајно ефикасна и остручена, технички и кадровски опремена до перфекција, а сето тоа во име на Специфичните, сложени задачи и динамични предизвици што пред неа се поставуваат во секојдневното работење“, нагласи Спасовски.
Министерот Спасовски уште додаде дека „САЕ - ТИГАР“, како високопрофесионална единица, стандардизирана на ниво на стручни перформанси, на оперативна моќ и ефикасност, е на исто рамниште како и останатите истородни полициски единици во Европа и во светот, а нејзините припадници, човечкиот капитал на оваа единица. Во своето обраќање на свеченоста, командантот на „САЕ - ТИГАР“, Митко Даневски упати порака, дека Специјалната антитерористичка единица, во изминатиот период беше и продолжува да биде чувар на уставниот поредок на државата, во борбата против тероризмот и организираниот криминал, гарантирајќи го мирот, слободата и безбедноста на сите граѓани на нашата земја.

The post Ковачевски: Со единицата Тигар нашата земја има подготвен и функционален систем за национална безбедност appeared first on Република.

]]>
„Тигрите“ фатија 32-годишен штипјанец кој избегал од затвор https://republika.mk/vesti/crna-hronika/tigrite-fatija-32-godishen-shtipjanec-koj-izbegal-od-zatvor/ Thu, 10 Feb 2022 09:21:11 +0000 https://republika.mk/?p=456627

На ул.„Черења“ во Штип, синоќа во 19.25 часот полициски службеници од Оперативен тим потраги во содејство со Специјална антитерористичка единица „Тигар” го лишиле од слобода Е.М.(32) од Штип, кој бил баран по Централна потерница од Казнено-поправната установа Затвор Штип заради бегство од установата.

Од МВР денеска информираа дека тој e осуден на вкупна казна затвор од 12 години и пет месеци за повеќе сторени кривични дела, а имал за доиздржување уште пет години и два месеца.

Лицето било предадено во Казнено-поправната установа Затвор Штип за издржување на казната.

The post „Тигрите“ фатија 32-годишен штипјанец кој избегал од затвор appeared first on Република.

]]>

На ул.„Черења“ во Штип, синоќа во 19.25 часот полициски службеници од Оперативен тим потраги во содејство со Специјална антитерористичка единица „Тигар” го лишиле од слобода Е.М.(32) од Штип, кој бил баран по Централна потерница од Казнено-поправната установа Затвор Штип заради бегство од установата. Од МВР денеска информираа дека тој e осуден на вкупна казна затвор од 12 години и пет месеци за повеќе сторени кривични дела, а имал за доиздржување уште пет години и два месеца. Лицето било предадено во Казнено-поправната установа Затвор Штип за издржување на казната.

The post „Тигрите“ фатија 32-годишен штипјанец кој избегал од затвор appeared first on Република.

]]>