телохранител Archives - Република https://republika.mk/tema/telohranitel/ За подобро да се разбереме Tue, 13 Aug 2024 14:19:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png телохранител Archives - Република https://republika.mk/tema/telohranitel/ 32 32 Путин го назначи својот поранешен телохранител за командант на одбраната на Курск https://republika.mk/vesti/svet/putin-go-naznachi-svojot-poraneshen-telohranitel-za-komandant-na-odbranata-na-kursk/ Tue, 13 Aug 2024 14:15:31 +0000 https://republika.mk/?p=806222

Рускиот претседател Владимир Путин назначил еден од своите поранешни телохранители за раководител на операцијата против украинското навлегување на руска територија, пишува британскиот весник „Дејли Телеграф“.

Алексеј Дјумин, кој лично го обезбедувал Путин за време на првите два мандата, се смета за најверојатен наследник на лидерот на Кремљ. Тој е именуван за „куратор на операцијата за ослободување на областа Курск“, информираат руски воени блогери, цитирани од „Дејли Телеграф“.

„Назначувањето на Алексеј Дјумин како висок претставник со целосни овластувања за справување со оперативната криза во Курската област е знак дека безбедносните структури не се способни да ги решат проблемите и сами да се координирааат без интервенција од Москва“, пишува познатиот руски воен блогер со прекар „Рибар“ на апликацијата Телеграм.

Дјумин стана познат откако го спаси Путин од мечка во првата деценија на овој век. Во интервју за рускиот весник „Комерсант“ во 2016 година, Дјумин раскажа дека мечката се приближила до стаклената врата на вилата каде што спиел Путин.

„Се гледавме очи в очи со животното, кое малку се повлече. Тогаш ја отворив вратата и го испразнив скоро целиот шаржер од пиштолот во нејзините нозе. Ми беше жал за мечката“, изјави Дјумин. Мечката си заминала, а Путин го засипал телохранителот со пофалби.

Дјумин бил и заменик-директор на Главното разузнавачко управување (ГРУ), а се смета дека во 2014 година ги предводел специјалните сили при анексијата на Кримскиот полуостров. Во 2016 година Путин го назначува за гувернер на Тулската област. Во мај годинава, тој повторно е повикан во Москва за да го предводи Советот за безбедност.

Веста за неговото назначување на чело на одбраната на Курската област беше потврдена за англиското интернет издание „Москоу Тајмс“ од страна на пратеникот во руската Дума, Николај Иванов.

„Алексеј Генадиевич Дјумин вчера беше повикан и овластен да ја води контратерористичката операција“, изјави Иванов за приватната рускојазична телевизија RTVI, пренесува „Москоу Тајмс“.

The post Путин го назначи својот поранешен телохранител за командант на одбраната на Курск appeared first on Република.

]]>

Рускиот претседател Владимир Путин назначил еден од своите поранешни телохранители за раководител на операцијата против украинското навлегување на руска територија, пишува британскиот весник „Дејли Телеграф“. Алексеј Дјумин, кој лично го обезбедувал Путин за време на првите два мандата, се смета за најверојатен наследник на лидерот на Кремљ. Тој е именуван за „куратор на операцијата за ослободување на областа Курск“, информираат руски воени блогери, цитирани од „Дејли Телеграф“. „Назначувањето на Алексеј Дјумин како висок претставник со целосни овластувања за справување со оперативната криза во Курската област е знак дека безбедносните структури не се способни да ги решат проблемите и сами да се координирааат без интервенција од Москва“, пишува познатиот руски воен блогер со прекар „Рибар“ на апликацијата Телеграм. Дјумин стана познат откако го спаси Путин од мечка во првата деценија на овој век. Во интервју за рускиот весник „Комерсант“ во 2016 година, Дјумин раскажа дека мечката се приближила до стаклената врата на вилата каде што спиел Путин. „Се гледавме очи в очи со животното, кое малку се повлече. Тогаш ја отворив вратата и го испразнив скоро целиот шаржер од пиштолот во нејзините нозе. Ми беше жал за мечката“, изјави Дјумин. Мечката си заминала, а Путин го засипал телохранителот со пофалби. Дјумин бил и заменик-директор на Главното разузнавачко управување (ГРУ), а се смета дека во 2014 година ги предводел специјалните сили при анексијата на Кримскиот полуостров. Во 2016 година Путин го назначува за гувернер на Тулската област. Во мај годинава, тој повторно е повикан во Москва за да го предводи Советот за безбедност. Веста за неговото назначување на чело на одбраната на Курската област беше потврдена за англиското интернет издание „Москоу Тајмс“ од страна на пратеникот во руската Дума, Николај Иванов. „Алексеј Генадиевич Дјумин вчера беше повикан и овластен да ја води контратерористичката операција“, изјави Иванов за приватната рускојазична телевизија RTVI, пренесува „Москоу Тајмс“.

The post Путин го назначи својот поранешен телохранител за командант на одбраната на Курск appeared first on Република.

]]>
Приштина тврди дека еден од убиените во северно Косово е телохранител на шефот на српските разузнавачи, Вулин https://republika.mk/vesti/balkan/prishtina-tvrdi-deka-eden-od-ubienite-vo-severno-kosovo-e-telohranitel-na-shefot-na-srpskite-razuznavachi-vulin/ Wed, 27 Sep 2023 12:45:08 +0000 https://republika.mk/?p=685668

Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља, објави дека еден од тројцата вооружени српски напаѓачи, убиени во неделата во акцијата на косовската полиција во Бањска кај Звечанe, е телохранител на шефот на Агенцијата за разузнавање во Србија (БИА), Александар Вулин, јави дописникот на МИА од Приштина.

На неговата страница на Фејсбук, Свечља објави слика од убиениот Бојан Мијаиловиќ, за кого тврди дека како телохранител го придружувал Вулин за време на неговата посета на Косово во 2013 година, како тогашен министер за внатрешни работи.

Вчера преку видео снимки го докажавме присуството на веле-криминалецот и водач на терористичката акција, Милан Радојичиќ. Во меѓувреме, денеска е потврдено дека еден од убиените, кој исто така бил учесник во тој чин, е Бојан Мијаиловиќ, телохранителот на шефот на српската БИА, Александар Вулин, при неговата посета на Република Косово во 2013 година, напиша Свечља.

Според косовскиот министер за внатрешни, Србија како држава е целосно вклучена во нападот против Косово.

За оваа работа, веќе постои формална и структурна поврзаност на вмешаноста на (претседателот на Србија) Александар Вучиќ во нападот на 24 септември во Бањска кај Звечане: Милан Радојичиќ, како потпретседател на (партијата на косовските мСрби) Српска листа и телохранителот на Александар Вулин, шеф на БИА. Обајцата се исто така санкционирани на црната листа на САД. И двајцата се меѓу најблиските луѓе на претседателот на Србија, напиша Свечља.

Тој вели дека фактите за неделниот напад во северно Косово, во кој беше убиен припадникот на косовската полиција, Африм Буњаку, се доказ оти намерите на Србија кон Косово не се сменети од времето на поранешниот српски лидер, Слободан Милошевиќ, кој почина во притворот на Трибуналот во Хаг 2006 година, додека му се судеше за воени злосторства во поранешна Југославија.

Дури и најголемите оптимисти кои до сега се лажеа себеси за промените во оваа држава, верувам дека деновиве се уверија во спротивното. Сакам уште еднаш да изразам благодарност за издржливоста на косовската полиција тој ден и за нивната неспоредлива професионалност, акција во која нема повредени цивили, порача Свечља.

The post Приштина тврди дека еден од убиените во северно Косово е телохранител на шефот на српските разузнавачи, Вулин appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља, објави дека еден од тројцата вооружени српски напаѓачи, убиени во неделата во акцијата на косовската полиција во Бањска кај Звечанe, е телохранител на шефот на Агенцијата за разузнавање во Србија (БИА), Александар Вулин, јави дописникот на МИА од Приштина. На неговата страница на Фејсбук, Свечља објави слика од убиениот Бојан Мијаиловиќ, за кого тврди дека како телохранител го придружувал Вулин за време на неговата посета на Косово во 2013 година, како тогашен министер за внатрешни работи. Вчера преку видео снимки го докажавме присуството на веле-криминалецот и водач на терористичката акција, Милан Радојичиќ. Во меѓувреме, денеска е потврдено дека еден од убиените, кој исто така бил учесник во тој чин, е Бојан Мијаиловиќ, телохранителот на шефот на српската БИА, Александар Вулин, при неговата посета на Република Косово во 2013 година, напиша Свечља. Според косовскиот министер за внатрешни, Србија како држава е целосно вклучена во нападот против Косово. За оваа работа, веќе постои формална и структурна поврзаност на вмешаноста на (претседателот на Србија) Александар Вучиќ во нападот на 24 септември во Бањска кај Звечане: Милан Радојичиќ, како потпретседател на (партијата на косовските мСрби) Српска листа и телохранителот на Александар Вулин, шеф на БИА. Обајцата се исто така санкционирани на црната листа на САД. И двајцата се меѓу најблиските луѓе на претседателот на Србија, напиша Свечља. Тој вели дека фактите за неделниот напад во северно Косово, во кој беше убиен припадникот на косовската полиција, Африм Буњаку, се доказ оти намерите на Србија кон Косово не се сменети од времето на поранешниот српски лидер, Слободан Милошевиќ, кој почина во притворот на Трибуналот во Хаг 2006 година, додека му се судеше за воени злосторства во поранешна Југославија. Дури и најголемите оптимисти кои до сега се лажеа себеси за промените во оваа држава, верувам дека деновиве се уверија во спротивното. Сакам уште еднаш да изразам благодарност за издржливоста на косовската полиција тој ден и за нивната неспоредлива професионалност, акција во која нема повредени цивили, порача Свечља.

The post Приштина тврди дека еден од убиените во северно Косово е телохранител на шефот на српските разузнавачи, Вулин appeared first on Република.

]]>
Телохранителот на Анџелина Џоли и Бред Пит откри зошто дал отказ по 17 месеци https://republika.mk/zivot/semejstvo/telohranitelot-na-andzelina-dzoli-i-bred-pit-otkri-zoshto-dal-otkaz-po-17-meseci/ Mon, 17 Oct 2022 16:29:31 +0000 https://republika.mk/?p=562182

Поранешниот телохранител на Анџелина Џоли и Бред Пит, Марк Билингем, се откажал по 17 месеци работа. Неодамна откри зошто.

Кога ја напуштив армијата во 2007 година, завршив како телохранител на познати личности како Анџелина Џоли, Бред Пит, Расел Кроу и Мајкл Кејн. Заработував многу добри пари – три пати повеќе од она што заработував во армијата. Мислам дека беа повеќе од 10.000 фунти месечно, вели Билингам за „Daily Mail“.

Тој период го памети како добар период од животот, но работното време не му дозволувало да помине доволно време со семејството.

Зад затворени врати, познатите личности се само нормални луѓе. Тие се смеат и се шегуваат… Тие секогаш ме почитуваа. Ако речев дека има безбедносна причина зошто не можам да сторам нешто, тие тоа никогаш не го доведуваа во прашање – ми веруваа 100 отсто, вели тој.

Сепак, тој го избрал своето семејство.

Станав како татковска фигура за нивните деца, рече тој за работата со Џоли - Пит.

Немав приватен живот. Бев исцрпен, повеќе не можев да издржам.. Немав семеен живот. За 17 месеци дома бев само шест недели. Едноставно беше премногу, открива тој.

The post Телохранителот на Анџелина Џоли и Бред Пит откри зошто дал отказ по 17 месеци appeared first on Република.

]]>

Поранешниот телохранител на Анџелина Џоли и Бред Пит, Марк Билингем, се откажал по 17 месеци работа. Неодамна откри зошто.
Кога ја напуштив армијата во 2007 година, завршив како телохранител на познати личности како Анџелина Џоли, Бред Пит, Расел Кроу и Мајкл Кејн. Заработував многу добри пари – три пати повеќе од она што заработував во армијата. Мислам дека беа повеќе од 10.000 фунти месечно, вели Билингам за „Daily Mail“.
Тој период го памети како добар период од животот, но работното време не му дозволувало да помине доволно време со семејството.
Зад затворени врати, познатите личности се само нормални луѓе. Тие се смеат и се шегуваат… Тие секогаш ме почитуваа. Ако речев дека има безбедносна причина зошто не можам да сторам нешто, тие тоа никогаш не го доведуваа во прашање – ми веруваа 100 отсто, вели тој.
Сепак, тој го избрал своето семејство.
Станав како татковска фигура за нивните деца, рече тој за работата со Џоли - Пит. Немав приватен живот. Бев исцрпен, повеќе не можев да издржам.. Немав семеен живот. За 17 месеци дома бев само шест недели. Едноставно беше премногу, открива тој.

The post Телохранителот на Анџелина Џоли и Бред Пит откри зошто дал отказ по 17 месеци appeared first on Република.

]]>
Телохранителот на принцезата Дајана, кој единствен преживеа во несреќата работи во АстраЗенека https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/telohranitelot-na-princezata-dajana-koj-edinstven-prezivea-vo-nesrekjata-raboti-vo-astrazeneka/ Wed, 24 Aug 2022 21:21:01 +0000 https://republika.mk/?p=543757

Единствената личност која ја преживеа несреќата со голема брзина во која загина принцезата Дајана, е фотографирана за прв пат по пет години кога се наближува 25-годишнината од нејзината смрт.

Телохранителот на Дајана, Тревор Рис-Џонс (54), кој сега себеси се нарекува Тревор Рис, беше „фатен“од британскиот таблоид Сан додека го чекаше своето семејство на паркинг во супермаркет во Шропшир, Англија, додека тие купуваа.

На неговото лице на фотографиите јасно се гледаат лузни.

Сепак, тој ги обновил својот живот и кариера, а сега живее со сопругата и двете деца, откако наводно „заработил богатство како директор за безбедност“ на нафтената компанија Халибартон, а сега е шеф на обезбедувањето на компанијата за лекови AstraZeneca, вели Сан.

Тревор живее мирен живот. Она што се случи таа ноќ се уште е со него и лузните се видливи. Неговиот живот сега е тивок и без настани. Тој сигурно не се додворува на публицитетот или зборува многу за тоа. Тој се обиде да продолжи понатаму и да продолжи со својот живот, пишува „Сан“.

 

The post Телохранителот на принцезата Дајана, кој единствен преживеа во несреќата работи во АстраЗенека appeared first on Република.

]]>

Единствената личност која ја преживеа несреќата со голема брзина во која загина принцезата Дајана, е фотографирана за прв пат по пет години кога се наближува 25-годишнината од нејзината смрт. Телохранителот на Дајана, Тревор Рис-Џонс (54), кој сега себеси се нарекува Тревор Рис, беше „фатен“од британскиот таблоид Сан додека го чекаше своето семејство на паркинг во супермаркет во Шропшир, Англија, додека тие купуваа. На неговото лице на фотографиите јасно се гледаат лузни. Сепак, тој ги обновил својот живот и кариера, а сега живее со сопругата и двете деца, откако наводно „заработил богатство како директор за безбедност“ на нафтената компанија Халибартон, а сега е шеф на обезбедувањето на компанијата за лекови AstraZeneca, вели Сан.
Тревор живее мирен живот. Она што се случи таа ноќ се уште е со него и лузните се видливи. Неговиот живот сега е тивок и без настани. Тој сигурно не се додворува на публицитетот или зборува многу за тоа. Тој се обиде да продолжи понатаму и да продолжи со својот живот, пишува „Сан“.
 

The post Телохранителот на принцезата Дајана, кој единствен преживеа во несреќата работи во АстраЗенека appeared first on Република.

]]>