технички премиер Archives - Република https://republika.mk/tema/tehnichki-premier/ За подобро да се разбереме Sun, 21 Jan 2024 11:11:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png технички премиер Archives - Република https://republika.mk/tema/tehnichki-premier/ 32 32 Дојде крајот на владеењето на Ковачевски без никој да го избере: До крајот на неделата мора да поднесе оставка https://republika.mk/vesti/makedonija/dojde-krajot-na-vladeeneto-na-kovachevski-bez-nikoj-da-go-izbere-do-krajot-na-nedelata-mora-da-podnese-ostavka/ Sun, 21 Jan 2024 11:11:56 +0000 https://republika.mk/?p=735121

Во неделава што следува ќе се одвиваат подготовките за техничката влада што треба да финишираат со гласање најдоцна во недела на 28 јануари. Тоа подразбира оставки на претседателот на Собранието Талат Џафери и премиерот Димитар Ковачевски, избор на нов претседател на Собранието - Јован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ, како и верификација на нов мандат на пратеник на местото на Џафери и евентуално на други пратеници доколку некои од министрите или дополнителните заменици министри од ВМРО-ДПМНЕ дојдат од редовите во Собранието. Какви ќе бидат активностите, ќе се знае по утрешната редовната понеделничка координативна средба во Собранието, на која не присуствуваат ВМРО-ДПМНЕ и пратениците од Европскиот сојуз за промени.

Џафери, според објавеното на веб страната на Собранието, на 23 јануари има закажано последна активност - официјална средба со Едуардс Борисовас, амбасадор на Република Литванија. На 24 и на 25 јануари во Собранието засега нема закажано никакви активности, додека за петок (26 јануари) е закажана новата 139. седница која до сега има само една точка на дневен ред и тоа Дополнет предлог на закон за употреба на македонскиот јазик - второ читање.

До крајот на неделата би се очекувала и оставката на Ковачевски.

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, денеска имаше координативна средба со потпретседателот на Собранието Горан Мисовски, координаторите на пратеничките

На 9 јануари, по одржаната прва координативна средба во Собранието, Кабинетот на Џафери соопшти дека од 22 до 28 јануари ќе се одвиваат формалните подготовки за техничката Влада во Собранието.

-Во периодот од 22 до 28 јануари на пленарна седници ќе се реализираат следниве процедури: констатирање на оставка на претседател на Влада и претседател на Собрание, избор на нов претседател на Собрание, информирање на претседателот на државата за доделување на мандат на нов претседател на Влада, избор на Влада, министри, заменици министри и дополнителни заменици министри, како и констатирање на престанок на мандат на пратеник и верификација на мандат на нов пратеник во Изборна единица 5. За сите активности и прецизни рокови ќе информираме навремено, посочија тогаш од Собранието.

Од Кабинетот на Џафери тогаш исто така информираа дека седница за пратенички прашања нема да има до крајот на овој мандат на Собранието.

-Првата седница за пратенички прашања ќе се одржи по 100-те дена мандат на влада избрана на парламентарните избори, се наведува во информацијата од координативната средба.

На координациите со Џафери редовно не присуствуваат претставници на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, но тогаш не беа ни претставници на албанската опозиција, која најави бојкот на Собранието поради тоа што не е прифатен нивниот кандидат за член на Државната изборна комисија.

Премиерот Ковачевски во изјава за медиумите на 16 јануари прашан кога ќе поднесе оставка рече дека на крајот на идната недела, согласно законските рокови, ќе се одвива процедурата за избор на техничката влада. Соопшти дека за законските рокови за поднесување оставки, избор на нов претседател на Собранието и за избор на техничката влада дента имал состанок и разговарал со претседателот на Собранието Талат Џафери, кој треба 100 дена пред изборите да биде технички премиер, и со координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски, кој е кандидат за претседател на Собранието додека трае техничката влада.

Се уште не се знае како кадровски ќе изгледа техничката Влада по изјавите на премиерот Ковачевски од викендов и најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе гласа воздржано за техничката влада.

-Местата кои со закон и следуваат на опозицијата во техничката влада треба да останат празни се додека ВМРО-ДПМНЕ не даде глас за таа влада, рече Ковачевски.

Од ВМРО-ДПМНЕ и вчера информираа дека остануваат на ставот да не гласаат за техничкиот премиер. Најавија дека имињата на министрите и замениците министри ќе ги објават оваа недела.

И од Демократската унија за интеграција, според најавите, нема да ги поддржат предлозите за министри во техничката влада кои доаѓаат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Вчера и Либерално-демократската партија излезе со сличен став.

Техничката влада нема да биде поддржана и од Демократскиот сојуз според кој парламентарното мнозинство треба да си обезбеди 61 пратеник и да ја изгласа техничката влада. Тоа, не е обврска на другите партии, уште помалку на опозицијата задолжително да гласа, вели лидерот на ДС, Павле Трајанов кој очекува да не се избере техничка влада, туку Владата во оставка да продолжи до крајот на својот мандат, односно до прогласување на изборните резултати.

Техничката Влада се формира 100 дена пред одржување на парламентарните избори, што треба да се одржат на 8 мај. Претходно, на 24 април ќе се одржат претседателските избори. Мандатот на оваа Влада завршува со изборот на нова Влада

The post Дојде крајот на владеењето на Ковачевски без никој да го избере: До крајот на неделата мора да поднесе оставка appeared first on Република.

]]>

Во неделава што следува ќе се одвиваат подготовките за техничката влада што треба да финишираат со гласање најдоцна во недела на 28 јануари. Тоа подразбира оставки на претседателот на Собранието Талат Џафери и премиерот Димитар Ковачевски, избор на нов претседател на Собранието - Јован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ, како и верификација на нов мандат на пратеник на местото на Џафери и евентуално на други пратеници доколку некои од министрите или дополнителните заменици министри од ВМРО-ДПМНЕ дојдат од редовите во Собранието. Какви ќе бидат активностите, ќе се знае по утрешната редовната понеделничка координативна средба во Собранието, на која не присуствуваат ВМРО-ДПМНЕ и пратениците од Европскиот сојуз за промени. Џафери, според објавеното на веб страната на Собранието, на 23 јануари има закажано последна активност - официјална средба со Едуардс Борисовас, амбасадор на Република Литванија. На 24 и на 25 јануари во Собранието засега нема закажано никакви активности, додека за петок (26 јануари) е закажана новата 139. седница која до сега има само една точка на дневен ред и тоа Дополнет предлог на закон за употреба на македонскиот јазик - второ читање. До крајот на неделата би се очекувала и оставката на Ковачевски. Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, денеска имаше координативна средба со потпретседателот на Собранието Горан Мисовски, координаторите на пратеничките На 9 јануари, по одржаната прва координативна средба во Собранието, Кабинетот на Џафери соопшти дека од 22 до 28 јануари ќе се одвиваат формалните подготовки за техничката Влада во Собранието.
-Во периодот од 22 до 28 јануари на пленарна седници ќе се реализираат следниве процедури: констатирање на оставка на претседател на Влада и претседател на Собрание, избор на нов претседател на Собрание, информирање на претседателот на државата за доделување на мандат на нов претседател на Влада, избор на Влада, министри, заменици министри и дополнителни заменици министри, како и констатирање на престанок на мандат на пратеник и верификација на мандат на нов пратеник во Изборна единица 5. За сите активности и прецизни рокови ќе информираме навремено, посочија тогаш од Собранието.
Од Кабинетот на Џафери тогаш исто така информираа дека седница за пратенички прашања нема да има до крајот на овој мандат на Собранието.
-Првата седница за пратенички прашања ќе се одржи по 100-те дена мандат на влада избрана на парламентарните избори, се наведува во информацијата од координативната средба.
На координациите со Џафери редовно не присуствуваат претставници на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, но тогаш не беа ни претставници на албанската опозиција, која најави бојкот на Собранието поради тоа што не е прифатен нивниот кандидат за член на Државната изборна комисија. Премиерот Ковачевски во изјава за медиумите на 16 јануари прашан кога ќе поднесе оставка рече дека на крајот на идната недела, согласно законските рокови, ќе се одвива процедурата за избор на техничката влада. Соопшти дека за законските рокови за поднесување оставки, избор на нов претседател на Собранието и за избор на техничката влада дента имал состанок и разговарал со претседателот на Собранието Талат Џафери, кој треба 100 дена пред изборите да биде технички премиер, и со координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски, кој е кандидат за претседател на Собранието додека трае техничката влада. Се уште не се знае како кадровски ќе изгледа техничката Влада по изјавите на премиерот Ковачевски од викендов и најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе гласа воздржано за техничката влада.
-Местата кои со закон и следуваат на опозицијата во техничката влада треба да останат празни се додека ВМРО-ДПМНЕ не даде глас за таа влада, рече Ковачевски.
Од ВМРО-ДПМНЕ и вчера информираа дека остануваат на ставот да не гласаат за техничкиот премиер. Најавија дека имињата на министрите и замениците министри ќе ги објават оваа недела. И од Демократската унија за интеграција, според најавите, нема да ги поддржат предлозите за министри во техничката влада кои доаѓаат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Вчера и Либерално-демократската партија излезе со сличен став. Техничката влада нема да биде поддржана и од Демократскиот сојуз според кој парламентарното мнозинство треба да си обезбеди 61 пратеник и да ја изгласа техничката влада. Тоа, не е обврска на другите партии, уште помалку на опозицијата задолжително да гласа, вели лидерот на ДС, Павле Трајанов кој очекува да не се избере техничка влада, туку Владата во оставка да продолжи до крајот на својот мандат, односно до прогласување на изборните резултати. Техничката Влада се формира 100 дена пред одржување на парламентарните избори, што треба да се одржат на 8 мај. Претходно, на 24 април ќе се одржат претседателските избори. Мандатот на оваа Влада завршува со изборот на нова Влада

The post Дојде крајот на владеењето на Ковачевски без никој да го избере: До крајот на неделата мора да поднесе оставка appeared first on Република.

]]>
Штом се работи за моќ, се обединуваат: Таравари порачува дека сите треба да ја поддржат одлуката Џафери да биде технички премиер https://republika.mk/vesti/makedonija/shtom-se-raboti-za-mok-se-obedinuvaat-taravari-porachuva-deka-site-treba-da-ja-poddrzhat-odlukata-dhaferi-da-bide-tehnichki-premier/ Sat, 09 Dec 2023 13:14:50 +0000 https://republika.mk/?p=721261

Ова е договор меѓу ДУИ и СДСМ од почетокот на мандатот. За нас тоа е симболика, секако ќе го поддржиме. Мислам дека секоја албанска партија, па и сите, треба да покажеме широкоградост во овие моменти и да продолжиме понатаму да имаме успешни избори, изјави Арбен Таравари, претседател на Алијанса за Албанците, прашан дали е прифатлива за неговата партија одлуката Талат Џафери да биде технички премиер сто дена пред изборите во 2024.

Одговарајќи на новинарски прашања, Таравари одговори дека начелно имаат одлука од Централното претседателство на Алијанса за Албанците на парламентарните избори да настапат самостојно.

Но, овие прашања не се затворени. Централното претседателство на партијата е најзначајниот орган меѓу двата конгреса, таму ќе се одлучи дефинитивно, рече Таравари пред почетокот на панел-дискусијата „Активирај се против насилство врз жените и девојките“ што денеска во Скопје ја организираше неговата партија.

За претседателските избори, пак, рече, не дискутирале дали да имаат свој кандидат за претседател на државата и дека и оваа дискусија треба да ја отворат во рамки на партијата.

Сите комбинации се можни – и да имаме, и да поддржиме некој друг, ќе видиме. Немаме дефинитивна одлука, додаде лидерот на Алијанса за Албанците.

На прашањето дали е точно дека го условуваат гласањето за техничката влада поради член во Државната изборна комисија (ДИК), Таравари одговори дека никого не условуваат.

Никогаш никого не сме условиле како политичка партија. Сме имале наши ставови, мислам дека не вреди да се зборува. Кој ќе биде член на ДИК одлучува народот на избори. Последните парламентарни избори беа во 2020 година, тогаш народот одлучи Алијанса да има член во Државната изборна комисија. И имаше, но нашиот член во ДИК сега е министер за правда. Наместо него ќе назначиме друга личност. За пет месеци пак ќе има избори и тогаш народот повторно ќе одлучи кој ќе има член во Државната изборна комисија, додаде Таравари.

The post Штом се работи за моќ, се обединуваат: Таравари порачува дека сите треба да ја поддржат одлуката Џафери да биде технички премиер appeared first on Република.

]]>

Ова е договор меѓу ДУИ и СДСМ од почетокот на мандатот. За нас тоа е симболика, секако ќе го поддржиме. Мислам дека секоја албанска партија, па и сите, треба да покажеме широкоградост во овие моменти и да продолжиме понатаму да имаме успешни избори, изјави Арбен Таравари, претседател на Алијанса за Албанците, прашан дали е прифатлива за неговата партија одлуката Талат Џафери да биде технички премиер сто дена пред изборите во 2024. Одговарајќи на новинарски прашања, Таравари одговори дека начелно имаат одлука од Централното претседателство на Алијанса за Албанците на парламентарните избори да настапат самостојно. Но, овие прашања не се затворени. Централното претседателство на партијата е најзначајниот орган меѓу двата конгреса, таму ќе се одлучи дефинитивно, рече Таравари пред почетокот на панел-дискусијата „Активирај се против насилство врз жените и девојките“ што денеска во Скопје ја организираше неговата партија. За претседателските избори, пак, рече, не дискутирале дали да имаат свој кандидат за претседател на државата и дека и оваа дискусија треба да ја отворат во рамки на партијата. Сите комбинации се можни – и да имаме, и да поддржиме некој друг, ќе видиме. Немаме дефинитивна одлука, додаде лидерот на Алијанса за Албанците. На прашањето дали е точно дека го условуваат гласањето за техничката влада поради член во Државната изборна комисија (ДИК), Таравари одговори дека никого не условуваат. Никогаш никого не сме условиле како политичка партија. Сме имале наши ставови, мислам дека не вреди да се зборува. Кој ќе биде член на ДИК одлучува народот на избори. Последните парламентарни избори беа во 2020 година, тогаш народот одлучи Алијанса да има член во Државната изборна комисија. И имаше, но нашиот член во ДИК сега е министер за правда. Наместо него ќе назначиме друга личност. За пет месеци пак ќе има избори и тогаш народот повторно ќе одлучи кој ќе има член во Државната изборна комисија, додаде Таравари.

The post Штом се работи за моќ, се обединуваат: Таравари порачува дека сите треба да ја поддржат одлуката Џафери да биде технички премиер appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Уште не се сме разговарале со ДУИ за името на техничкиот премиер https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-ushte-ne-se-sme-razgovarale-so-dui-za-imeto-na-tehnichkiot-premier/ Thu, 07 Dec 2023 12:33:09 +0000 https://republika.mk/?p=720725

Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека за името на техничкиот премиер се уште не разговарале со раководството на Демократската унија за интеграција (ДУИ).

Во однос на името на техничкиот премиер не сме разговарале, рече премиерот одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Фармацевтскиот факултет во Скопје.

За изборниот настап, Ковачевски вели дека СДСМ има веќе одлука на Извршниот комитет и дека ги повикуваат сите политички партии без разлика на нивната идеолошка и етничка припадност да им се придружат во широк Европски фронт што ќе се залага за Македонија до 2030 година да стане членка на Европската унија. Тој повтори дека во СДСМ е почната внатрепартиската процедура за избор на кандидат за претседател.

Претседателските и парламентарните избори веќе се знае кога ќе бидат, рече Ковачевски, изразувајќи уверување дека претседател на државата ќе биде кандидатот на СДСМ и коалициските партнери и дека тој повторно ќе формира Влада.

Тоа ќе биде кандидат кој ќе се грижи за стратешките цели на државата, претседател на сите граѓани, кој ќе се грижи за остварување визијата за просперитетна Македонија и ќе стане - земја членка на ЕУ. Истовремено на парламентарните избори, со оглед на тоа дека СДСМ ќе настапи со европска коалиција, и ќе ја добие довербата од граѓаните и на тие парламентарни избори јас повторно ќе го добијам мандатот за формирање на следната влада со која ќе влеземе во полноправно члленство во ЕУ, рече Ковачевски.

 

The post Ковачевски: Уште не се сме разговарале со ДУИ за името на техничкиот премиер appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека за името на техничкиот премиер се уште не разговарале со раководството на Демократската унија за интеграција (ДУИ).
Во однос на името на техничкиот премиер не сме разговарале, рече премиерот одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Фармацевтскиот факултет во Скопје.
За изборниот настап, Ковачевски вели дека СДСМ има веќе одлука на Извршниот комитет и дека ги повикуваат сите политички партии без разлика на нивната идеолошка и етничка припадност да им се придружат во широк Европски фронт што ќе се залага за Македонија до 2030 година да стане членка на Европската унија. Тој повтори дека во СДСМ е почната внатрепартиската процедура за избор на кандидат за претседател. Претседателските и парламентарните избори веќе се знае кога ќе бидат, рече Ковачевски, изразувајќи уверување дека претседател на државата ќе биде кандидатот на СДСМ и коалициските партнери и дека тој повторно ќе формира Влада.
Тоа ќе биде кандидат кој ќе се грижи за стратешките цели на државата, претседател на сите граѓани, кој ќе се грижи за остварување визијата за просперитетна Македонија и ќе стане - земја членка на ЕУ. Истовремено на парламентарните избори, со оглед на тоа дека СДСМ ќе настапи со европска коалиција, и ќе ја добие довербата од граѓаните и на тие парламентарни избори јас повторно ќе го добијам мандатот за формирање на следната влада со која ќе влеземе во полноправно члленство во ЕУ, рече Ковачевски.
 

The post Ковачевски: Уште не се сме разговарале со ДУИ за името на техничкиот премиер appeared first on Република.

]]>
Абдулменаф Беџети ќе биде техничкиот премиер од ДУИ? https://republika.mk/vesti/makedonija/abdulmenaf-bedheti-ke-bide-tehnichkiot-premier-od-dui/ Tue, 28 Nov 2023 11:56:45 +0000 https://republika.mk/?p=717146

Професорот Абдулменаф Беџети е најсериозен кандидат да биде технички премиер предложен од ДУИ, дознава „Република“ од партиски извори.

Неговото име подолго време фигурира меѓу раководството на ДУИ како прв избор за прв премиер Албанец како дел од договорот меѓу Али Ахмети и Зоран Заев.

Причина зошто би се одлучиле за Беџети е што за него има добро мислење меѓу Македонците кои не би имале против економски ексерт, но и од скоро академик да биде на чело на Владата.

Беџети има 63 години и е редовен професор на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово.Покрај економијата и политиката, голема љубов на Беџети е и фудбалот па беше дел и од раководството на Шкендија од Тетово.

Ако стане премиер, Беџети ќе ја преземе функцијата на крајот на јануари и ќе остане до изборот на новата Влада после изборите во мај.

The post Абдулменаф Беџети ќе биде техничкиот премиер од ДУИ? appeared first on Република.

]]>

Професорот Абдулменаф Беџети е најсериозен кандидат да биде технички премиер предложен од ДУИ, дознава „Република“ од партиски извори. Неговото име подолго време фигурира меѓу раководството на ДУИ како прв избор за прв премиер Албанец како дел од договорот меѓу Али Ахмети и Зоран Заев. Причина зошто би се одлучиле за Беџети е што за него има добро мислење меѓу Македонците кои не би имале против економски ексерт, но и од скоро академик да биде на чело на Владата. Беџети има 63 години и е редовен професор на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово.Покрај економијата и политиката, голема љубов на Беџети е и фудбалот па беше дел и од раководството на Шкендија од Тетово. Ако стане премиер, Беџети ќе ја преземе функцијата на крајот на јануари и ќе остане до изборот на новата Влада после изборите во мај.

The post Абдулменаф Беџети ќе биде техничкиот премиер од ДУИ? appeared first on Република.

]]>