танзанија Archives - Република https://republika.mk/tema/tanzanija/ За подобро да се разбереме Wed, 15 Mar 2023 19:05:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png танзанија Archives - Република https://republika.mk/tema/tanzanija/ 32 32 Вознемирувачко: Загинаа браќата кралеви лавови од Танзанија https://republika.mk/vesti/voznemiruvachko-zaginaa-brakata-kralevi-lavovi-od-tanzanija/ Wed, 15 Mar 2023 19:50:49 +0000 https://republika.mk/?p=620019

Ренџерите и туристичките водичи на Националниот парк Серенгети му оддаваат почит на легендарниот лав Боб Јуниор.

Боб Јуниор, познат и како Снигве, владееше со танзанските рамнини со помош на неговиот брат Тригве седум години.

Сепак глутницата им пресуди на познатите браќа лавови.

- Сакаа да го соборат Боб Јуниор. Ваквите инциденти обично се случуваат кога водачот на глутницата старее или кога другите мажјаци не се задоволни од неговата контрола на голема територија - вели еден од водачите на националниот парк Фреди Ширима.

The post Вознемирувачко: Загинаа браќата кралеви лавови од Танзанија appeared first on Република.

]]>

Ренџерите и туристичките водичи на Националниот парк Серенгети му оддаваат почит на легендарниот лав Боб Јуниор. Боб Јуниор, познат и како Снигве, владееше со танзанските рамнини со помош на неговиот брат Тригве седум години. Сепак глутницата им пресуди на познатите браќа лавови.
- Сакаа да го соборат Боб Јуниор. Ваквите инциденти обично се случуваат кога водачот на глутницата старее или кога другите мажјаци не се задоволни од неговата контрола на голема територија - вели еден од водачите на националниот парк Фреди Ширима.

The post Вознемирувачко: Загинаа браќата кралеви лавови од Танзанија appeared first on Република.

]]>
Koја беше охридската инфлуенсерка: Живот на висока нога со приватни авиони и камиони https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/koja-beshe-ohridskata-influenserka-zivot-na-visoka-noga-so-privatni-avioni-i-kamioni/ Mon, 05 Dec 2022 14:10:50 +0000 https://republika.mk/?p=582246

Главна тема во муабетите на социјалните мрежи е смртта на Маја Јанеска (Маја Миа) од Охрид,

Таа пред неколку дена беше во Македонија а повеќе од  две децении  живееше во Танзанија и Јужна Африка.

Која е Јанеска

Според информациите кои за нејзе можат да се најдат на нејзините профили на социјалните мрежи, на интернет и тие што ги сподели Универзитетот АУЕ-ФОН, каде пред неколку дена пред студентите држеше мотивациски говор, од Македонија во Африка заминала на 19-годишна возраст.

 

 

 

Најпрво живеела во Танзанија, каде се вработила во хотел. За полесно да се прилагоди во Африка, за само три месеци го научила јазикот свахили, еден од 14. официјални јазици во Африка, а зборувавала седум јазици.

За брзо таму започнала бизнис во текстилната индустрија, а подоцна влегла и во уметничкиот бизнис и стајлинг, и го отворила своето прво училиште за make up, кое било прво и единствено училиште од таков вид во земјата.

 

Освен познати личности од Африка, таа соработувала и со светски познати ѕвезди, како Кајли Џенер и Ким Кардашијан.

Продолжува со едукативни видеа за шмикање и стајлинг на нејзините профили на Инстаграм, Фејсбук и Јутјуб, на кои ја следат повеќе од 1,2 милиони следбеници.

Имаше и своја линија за шминка во соработка со светскиот бренд Анастасија Беверли Хилс.

 

 

Имала и сопствена компанија за бизнис со руда, нафта, гас, лотарија, пакување тутун и трговија со други стоки.

Зошто беше во Македонија

Таа пред неколку денови беше во Македонија заедно со бизнисмени од Јужна Африка за воспоставување дипломатска, образовна и економска соработка меѓу Македонија и африканските земји, а на Универзитетот АУЕ – ФОН одржа мотивациски говор пред студентите.

На социјалните мрежи објави и фотографии со актуелни и поранешни македонски политичари.

The post Koја беше охридската инфлуенсерка: Живот на висока нога со приватни авиони и камиони appeared first on Република.

]]>

Главна тема во муабетите на социјалните мрежи е смртта на Маја Јанеска (Маја Миа) од Охрид, Таа пред неколку дена беше во Македонија а повеќе од  две децении  живееше во Танзанија и Јужна Африка. Која е Јанеска Според информациите кои за нејзе можат да се најдат на нејзините профили на социјалните мрежи, на интернет и тие што ги сподели Универзитетот АУЕ-ФОН, каде пред неколку дена пред студентите држеше мотивациски говор, од Македонија во Африка заминала на 19-годишна возраст.       Најпрво живеела во Танзанија, каде се вработила во хотел. За полесно да се прилагоди во Африка, за само три месеци го научила јазикот свахили, еден од 14. официјални јазици во Африка, а зборувавала седум јазици. За брзо таму започнала бизнис во текстилната индустрија, а подоцна влегла и во уметничкиот бизнис и стајлинг, и го отворила своето прво училиште за make up, кое било прво и единствено училиште од таков вид во земјата.   Освен познати личности од Африка, таа соработувала и со светски познати ѕвезди, како Кајли Џенер и Ким Кардашијан. Продолжува со едукативни видеа за шмикање и стајлинг на нејзините профили на Инстаграм, Фејсбук и Јутјуб, на кои ја следат повеќе од 1,2 милиони следбеници. Имаше и своја линија за шминка во соработка со светскиот бренд Анастасија Беверли Хилс.     Имала и сопствена компанија за бизнис со руда, нафта, гас, лотарија, пакување тутун и трговија со други стоки. Зошто беше во Македонија Таа пред неколку денови беше во Македонија заедно со бизнисмени од Јужна Африка за воспоставување дипломатска, образовна и економска соработка меѓу Македонија и африканските земји, а на Универзитетот АУЕ – ФОН одржа мотивациски говор пред студентите. На социјалните мрежи објави и фотографии со актуелни и поранешни македонски политичари.

The post Koја беше охридската инфлуенсерка: Живот на висока нога со приватни авиони и камиони appeared first on Република.

]]>
Девет луѓе загинаа, а десетици се исчезнати при бродолом во Индискиот Океан https://republika.mk/vesti/svet/devet-lugje-zaginaa-a-desetici-se-ischeznati-pri-brodolom-vo-indiskiot-okean/ Wed, 05 Jan 2022 11:51:19 +0000 https://republika.mk/?p=440917

Девет лица загинале, а десетици се водат за исчезнати во бродска несреќа во Индискиот Океан, кај островот Панца, во јужна Танзанија.

До несреќата дошло кога бродот пловел од Пембе кон островот Панца, каде патниците требало да присуствуваат на погреб, јави Би-Би-Си.

Спасени се само шест патници и на нив веднаш им била укажана лекарска помош.

Командантот на регионалната полиција во Пемба, Ричард Тадеј Мчомву, изјави дека засега не е позната причината за несреќата и потврди дека на бродот имало околу 40 лица.

Спасувачките операции беа прекинати синоќа и продолжуваат од раните утрински часови.

The post Девет луѓе загинаа, а десетици се исчезнати при бродолом во Индискиот Океан appeared first on Република.

]]>

Девет лица загинале, а десетици се водат за исчезнати во бродска несреќа во Индискиот Океан, кај островот Панца, во јужна Танзанија. До несреќата дошло кога бродот пловел од Пембе кон островот Панца, каде патниците требало да присуствуваат на погреб, јави Би-Би-Си. Спасени се само шест патници и на нив веднаш им била укажана лекарска помош. Командантот на регионалната полиција во Пемба, Ричард Тадеј Мчомву, изјави дека засега не е позната причината за несреќата и потврди дека на бродот имало околу 40 лица. Спасувачките операции беа прекинати синоќа и продолжуваат од раните утрински часови.

The post Девет луѓе загинаа, а десетици се исчезнати при бродолом во Индискиот Океан appeared first on Република.

]]>