Танц фест Archives - Република https://republika.mk/tema/tanc-fest/ За подобро да се разбереме Sat, 18 May 2024 15:04:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Танц фест Archives - Република https://republika.mk/tema/tanc-fest/ 32 32 Рисима Рисимкин: Моето дете, „Танц фест“ наполни 20 години, време е да оди во рацете на младите сили https://republika.mk/vesti/kultura/risima-risimkin-moeto-dete-tants-fest-napolni-20-godini-vreme-e-da-odi-vo-ratsete-na-mladite-sili/ Sat, 18 May 2024 14:59:20 +0000 https://republika.mk/?p=779549

Рисима Рисимкин, уметничка директорка на „Танц фест“ најави повлекување од функцијата велејќи дека по 20 години е време „Танц фест“ да оди во рацете на младите сили.

Францускиот институт во Скопје и „Танц фест“, по повод отворањето на прославата на 50 години постоење на Францускиот институт во Скопје и затворањето на јубилејното 20-то издание на „Танц фест“, синоќа организираа ексклузивно гостување на француската театарска група „Кафиг“ со танцовиот перформанс „Мозаик“.

Салонот во Македонскиот народен театар (МНТ) каде што се одржа танцовиот перформанс „Мозаик“ беше полн, а публиката уживаше во кореографиите на Мерзуки, еден од најзначајните кореографи со светско реноме денес, кому француската влада му ја довери кореографијата на официјалната церемонија на отворање на Олимписките игри 2024, насловена „Танцот на игрите“.

Ова беше совршено финале на јубилејното издание на „Танц фест“ коментираше публиката.

Со петмина изведувачи на сцена, кои танцуваа на електронска, ориентална и хип-хоп музија, ова кореографско „универзално“ парче е „дизајнирано“ да му се приспособи на каков било тип на сцена, како на затворено, така и на отворено, но и да се изведува во простории што не се исклучително танцови сали.

Моето дете 'Танц фест' пред две години наполни 18 години, годинава 20, и сметам дека е време да оди во рацете на млади сили. Ова е крај на 20. Танц фест Скопје, но почеток на следното издание во рацете на Матеа Мијановиќ, Адријана Данчевска, Дејан Битровски и Анастасија Данчевска. Се надевам дека и следните 20 години ќе ги следите, рече Рисимкин, чие обраќање беше наградено со долг аплауз.

На публиката во салата ѝ се обратија и директорот на Францускиот институт Иго Бештел и францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер. Тие говореа за основањето на Институтот и за сите гостувања на француски уметници во земјава. Тие му се заблагодарија на Бранко Чобанов, кој, како што кажаа, за нив и за диплометскиот свет е многу повеќе од официјален преведувач. Чобанов, едно од најпрепознатливите лица на Францускиот културен центар заминува во пензија, а публиката во салата го Чобанов со долг аплауз.

Во фоајето на МНТ беше поставена и ретроспективната изложба „50 години Француски институт во Скопје“, која го прикажува дејствувањето на Францускиот институт во текот на изминатите педесет години.

 

 

The post Рисима Рисимкин: Моето дете, „Танц фест“ наполни 20 години, време е да оди во рацете на младите сили appeared first on Република.

]]>

Рисима Рисимкин, уметничка директорка на „Танц фест“ најави повлекување од функцијата велејќи дека по 20 години е време „Танц фест“ да оди во рацете на младите сили. Францускиот институт во Скопје и „Танц фест“, по повод отворањето на прославата на 50 години постоење на Францускиот институт во Скопје и затворањето на јубилејното 20-то издание на „Танц фест“, синоќа организираа ексклузивно гостување на француската театарска група „Кафиг“ со танцовиот перформанс „Мозаик“. Салонот во Македонскиот народен театар (МНТ) каде што се одржа танцовиот перформанс „Мозаик“ беше полн, а публиката уживаше во кореографиите на Мерзуки, еден од најзначајните кореографи со светско реноме денес, кому француската влада му ја довери кореографијата на официјалната церемонија на отворање на Олимписките игри 2024, насловена „Танцот на игрите“.
Ова беше совршено финале на јубилејното издание на „Танц фест“ коментираше публиката.
Со петмина изведувачи на сцена, кои танцуваа на електронска, ориентална и хип-хоп музија, ова кореографско „универзално“ парче е „дизајнирано“ да му се приспособи на каков било тип на сцена, како на затворено, така и на отворено, но и да се изведува во простории што не се исклучително танцови сали.
Моето дете 'Танц фест' пред две години наполни 18 години, годинава 20, и сметам дека е време да оди во рацете на млади сили. Ова е крај на 20. Танц фест Скопје, но почеток на следното издание во рацете на Матеа Мијановиќ, Адријана Данчевска, Дејан Битровски и Анастасија Данчевска. Се надевам дека и следните 20 години ќе ги следите, рече Рисимкин, чие обраќање беше наградено со долг аплауз.
На публиката во салата ѝ се обратија и директорот на Францускиот институт Иго Бештел и францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер. Тие говореа за основањето на Институтот и за сите гостувања на француски уметници во земјава. Тие му се заблагодарија на Бранко Чобанов, кој, како што кажаа, за нив и за диплометскиот свет е многу повеќе од официјален преведувач. Чобанов, едно од најпрепознатливите лица на Францускиот културен центар заминува во пензија, а публиката во салата го Чобанов со долг аплауз. Во фоајето на МНТ беше поставена и ретроспективната изложба „50 години Француски институт во Скопје“, која го прикажува дејствувањето на Францускиот институт во текот на изминатите педесет години.    

The post Рисима Рисимкин: Моето дете, „Танц фест“ наполни 20 години, време е да оди во рацете на младите сили appeared first on Република.

]]>
„Танц Фест“ заврушува вечерва со „Мозаик“ на Мурад Мерзуки https://republika.mk/vesti/kultura/tants-fest-zavrushuva-vecherva-so-mozaik-na-murad-merzuki/ Fri, 17 May 2024 10:36:54 +0000 https://republika.mk/?p=779136

Со претставата „Мозаик“ вечерва, на 17 мај, во Македонскиот народен театар (МНТ) на големата сцена завршува јубилејното, 20. издание на Фестивалот „Танц-фест“ Скопје 2024 кој се одржуваше под мотото „Сирово: од движење до виртуозност – 20 години Извонредност во современиот танц“.

Воедно со оваа претстава ќе се означи почетокот на серија настани за прославата на 50 години постоење на Францускиот институт во Скопје.

„Мозаик“ на светската кореографска ѕвезда и официјален кореограф на претстојните летни олимписки игри во Париз, Франција, Мурад Мерзуки, донесува пресек на неговите најдобри остварувања и е програма која ќе биде премиерно изведена во Скопје, за завршницата на фестивалската програма.

Кореографијата ја потпишува Мерзуки, асистент е Кадер Белмоктар, костимограф Надин Чабаниер, а продукцијата на претставата е на „Pôle en Scènes“ – Кафиг танцова компанија Франција. Публиката ќе може да ужива во виртуозноста на изведувачите и кореографско и режиско мајсторство на Мурад, со оваа извонредна танцова компанија, која е актуелна на сцените низ светот. Мурад Мерзуки и е познат на нашата публика, по неговото гостување на Танц Фест Скопје во 2017 со претставата „Пиксел“.

Со оглед на тоа дека Интерарт културниот центар, од оформувањето во 1996 година има тесна соработка со Францускиот институт, ова е прекрасна прилика да се спојат во еден миг двата значајни јубилеја. Интерарт културниот центар во 1996 година ја започна програмата „Недела на модерен балет“ во рамки на фестивалот Охридско лето, од кога и започнува соработката со Францускиот институт. Тоа е првата организирана презентација на европски современи танцови претстави во Македонија. Се радувам на двата јубилеја, многу ни значи соработката со Францускиот институт низ годиниве наназад, и му го честитаме овој голем јубилеј.“ – вели уметничката директорка Рисима Рисимкин.

Јубилејното издание на фестивалот е поддржано од Министерството за култура, Францускиот институт, Австриската амбасада во Скопје, а програмата се изведува во соработка со НОБ, МНТ, МКЦ.

The post „Танц Фест“ заврушува вечерва со „Мозаик“ на Мурад Мерзуки appeared first on Република.

]]>

Со претставата „Мозаик“ вечерва, на 17 мај, во Македонскиот народен театар (МНТ) на големата сцена завршува јубилејното, 20. издание на Фестивалот „Танц-фест“ Скопје 2024 кој се одржуваше под мотото „Сирово: од движење до виртуозност – 20 години Извонредност во современиот танц“. Воедно со оваа претстава ќе се означи почетокот на серија настани за прославата на 50 години постоење на Францускиот институт во Скопје. „Мозаик“ на светската кореографска ѕвезда и официјален кореограф на претстојните летни олимписки игри во Париз, Франција, Мурад Мерзуки, донесува пресек на неговите најдобри остварувања и е програма која ќе биде премиерно изведена во Скопје, за завршницата на фестивалската програма. Кореографијата ја потпишува Мерзуки, асистент е Кадер Белмоктар, костимограф Надин Чабаниер, а продукцијата на претставата е на „Pôle en Scènes“ – Кафиг танцова компанија Франција. Публиката ќе може да ужива во виртуозноста на изведувачите и кореографско и режиско мајсторство на Мурад, со оваа извонредна танцова компанија, која е актуелна на сцените низ светот. Мурад Мерзуки и е познат на нашата публика, по неговото гостување на Танц Фест Скопје во 2017 со претставата „Пиксел“.
Со оглед на тоа дека Интерарт културниот центар, од оформувањето во 1996 година има тесна соработка со Францускиот институт, ова е прекрасна прилика да се спојат во еден миг двата значајни јубилеја. Интерарт културниот центар во 1996 година ја започна програмата „Недела на модерен балет“ во рамки на фестивалот Охридско лето, од кога и започнува соработката со Францускиот институт. Тоа е првата организирана презентација на европски современи танцови претстави во Македонија. Се радувам на двата јубилеја, многу ни значи соработката со Францускиот институт низ годиниве наназад, и му го честитаме овој голем јубилеј.“ – вели уметничката директорка Рисима Рисимкин.
Јубилејното издание на фестивалот е поддржано од Министерството за култура, Францускиот институт, Австриската амбасада во Скопје, а програмата се изведува во соработка со НОБ, МНТ, МКЦ.

The post „Танц Фест“ заврушува вечерва со „Мозаик“ на Мурад Мерзуки appeared first on Република.

]]>
Отворање на прославата за 50-годишнината на Францускиот институт и затворање на 20. „Танц Фест“ со танчерската претстава „Мозаик“ на светски познатиот кореограф Мурад Мерзуки https://republika.mk/vesti/kultura/otvorane-na-proslavata-za-50-godishninata-na-frantsuskiot-institut-i-zatvorane-na-20-tants-fest-so-tancherskata-pretstava-mozaik-na-svetski-poznatiot-koreograf-murad-merzuki/ Wed, 15 May 2024 14:16:29 +0000 https://republika.mk/?p=778279

Францускиот институт во Скопје и „Танц фест“, по повод отворањето на прославата на 50 години постоење на Францускиот институт во Скопје и затворањето на јубиленото 20. издание на „Танц фест“, oрганизираат ексклузивно гостување на француската театарска група „Кафиг“ со танцовиот перформанс „Мозаик“, в петок, 17 мај 2024, со почеток во 20 часот, во Македонскиот народен театар.

Кореограф на претставата е Мурад Мерзуки, еден од најзначајните кореографи со светско реноме денес, кому француската влада му ја довери кореографијата на официјалната церемонија на отворање на Олимписките игри 2024.

Во текот на изминатите триесетина години, Мурад Мерзуки вистински придонесе
кон развојот на хип-хопот и го зацврсти местотот на овој танц во светот на современата
кореографија.
Низ бокс, циркуски точки, класична музика и воздушни танци, патувајќи од една
креација кон друга, публиката е принесена во нов универзум, кој сам по себе е единствен,
поетски и визуелен.
Секоја танцова точка е производ на навидум неочекувани танцови средби. Секој на
свој начин се движи по патеките, ги заобиколува клишеата, ги надминува естетските
граници и ги открива новите перспективни на хип-хопот.
Во 2022 година, откако го завршува мандатот на раководител на Националниот
кореографски центар во Кретеј и Вал-де-Марн, Мерзуки предлага танцов приказ на
неговата уметничка кариера, поканувајќи триесетина танчери од групата „Кафиг“ за да
изведат извадоци од неговите танцови претстави, кои на ваков начин слеани во едно дело,
и кои за првпат ќе бидат изведени на сцена. Насловот на ова дело е „Мозаик“.
Уметничкиот преплет, насловен „Мозаик“, во суштина ги содржи најдобрите точки
од неговиот репертоар, а во истиот Мерзуки се појавува како како содавач-алхемичар.

Всушност, тој поведен од желбата ште повеќе да ѝ се доближи на публиката, го овој
единствен танчерски перформанс. Со петмина изведувачи на сцена, ова кореографско
„универзално“ парче е „дизајнирано“ да му се прилагоди на било каков тип на сцена, како
на затворено, така и на отворено, но и да се изведува во простории кои не се исклучително
танцови сали.
По огромниот успех на танцовиот перформанс „Пиксел“ во Скопје во 2017 година,
Мурад Мерзуки и групата „Кафиг“ / „Käfig“ се враќаат во Скопје со „Мозаик“. Од „Кафиг“
(1996) па се до „Бојата на калинката“ (2024), Мурад Мерзуки ве поканува да ги (до)живеете
најважните моменти од неговиот танцов репертоар, кои воодушевија неколку генерации и
останаа верни фанови на неговата уметност

На настанот ќе се обратат Н.Е. г-дин Сирил Бомгартнер, Амбасадор на Франција, г-дин Иго Бештел, Директор на Францускиот институт во Скопје, и г-ѓа Рисима Рисимкин, Директорка на „Танц фест“.

Во фоајето на МНТ, исто така, ќе биде поставена ретроспективната изложба „50 години Француски институт во Скопје“, која го прикажува делувањето на Францускиот институт во текот на изминатите педесет години. 

 

The post Отворање на прославата за 50-годишнината на Францускиот институт и затворање на 20. „Танц Фест“ со танчерската претстава „Мозаик“ на светски познатиот кореограф Мурад Мерзуки appeared first on Република.

]]>

Францускиот институт во Скопје и „Танц фест“, по повод отворањето на прославата на 50 години постоење на Францускиот институт во Скопје и затворањето на јубиленото 20. издание на „Танц фест“, oрганизираат ексклузивно гостување на француската театарска група „Кафиг“ со танцовиот перформанс „Мозаик“, в петок, 17 мај 2024, со почеток во 20 часот, во Македонскиот народен театар.

Кореограф на претставата е Мурад Мерзуки, еден од најзначајните кореографи со светско реноме денес, кому француската влада му ја довери кореографијата на официјалната церемонија на отворање на Олимписките игри 2024.

Во текот на изминатите триесетина години, Мурад Мерзуки вистински придонесе кон развојот на хип-хопот и го зацврсти местотот на овој танц во светот на современата кореографија. Низ бокс, циркуски точки, класична музика и воздушни танци, патувајќи од една креација кон друга, публиката е принесена во нов универзум, кој сам по себе е единствен, поетски и визуелен. Секоја танцова точка е производ на навидум неочекувани танцови средби. Секој на свој начин се движи по патеките, ги заобиколува клишеата, ги надминува естетските граници и ги открива новите перспективни на хип-хопот. Во 2022 година, откако го завршува мандатот на раководител на Националниот кореографски центар во Кретеј и Вал-де-Марн, Мерзуки предлага танцов приказ на неговата уметничка кариера, поканувајќи триесетина танчери од групата „Кафиг“ за да изведат извадоци од неговите танцови претстави, кои на ваков начин слеани во едно дело, и кои за првпат ќе бидат изведени на сцена. Насловот на ова дело е „Мозаик“. Уметничкиот преплет, насловен „Мозаик“, во суштина ги содржи најдобрите точки од неговиот репертоар, а во истиот Мерзуки се појавува како како содавач-алхемичар.

Всушност, тој поведен од желбата ште повеќе да ѝ се доближи на публиката, го овој единствен танчерски перформанс. Со петмина изведувачи на сцена, ова кореографско „универзално“ парче е „дизајнирано“ да му се прилагоди на било каков тип на сцена, како на затворено, така и на отворено, но и да се изведува во простории кои не се исклучително танцови сали. По огромниот успех на танцовиот перформанс „Пиксел“ во Скопје во 2017 година, Мурад Мерзуки и групата „Кафиг“ / „Käfig“ се враќаат во Скопје со „Мозаик“. Од „Кафиг“ (1996) па се до „Бојата на калинката“ (2024), Мурад Мерзуки ве поканува да ги (до)живеете најважните моменти од неговиот танцов репертоар, кои воодушевија неколку генерации и останаа верни фанови на неговата уметност На настанот ќе се обратат Н.Е. г-дин Сирил Бомгартнер, Амбасадор на Франција, г-дин Иго Бештел, Директор на Францускиот институт во Скопје, и г-ѓа Рисима Рисимкин, Директорка на „Танц фест“.

Во фоајето на МНТ, исто така, ќе биде поставена ретроспективната изложба „50 години Француски институт во Скопје“, која го прикажува делувањето на Францускиот институт во текот на изминатите педесет години. 

 

The post Отворање на прославата за 50-годишнината на Францускиот институт и затворање на 20. „Танц Фест“ со танчерската претстава „Мозаик“ на светски познатиот кореограф Мурад Мерзуки appeared first on Република.

]]>
„Болеро“, „Котел“ и „Квартет“ вечерва на Танц Фест https://republika.mk/vesti/kultura/bolero-kotel-i-kvartet-vecherva-na-tants-fest/ Mon, 13 May 2024 11:04:59 +0000 https://republika.mk/?p=777575

Во рамките на јубилејното 20-то издание на Танц Фест Скопје 2024, вечерва во Младинскиот Културен Центар во Скопје, ќе може да погледнете три танцови перформански, продукции на Скопје танцовиот театар 2 со студентите на Катедрата за современ танц при Универзитетот Гоце Делчев.

„Болеро“ е во кореографија и режија на Адријана Данчевска Ровчанин, на музика на Морис Равел, за која сценографијата ја осмислија Ивана Мојсовска и Матеа Мијановиќ. Настапуваат Елена Терзиева, Теона Ѓуровска, Михаела Колцунова, Надја Луканивска, Ивона Маневска, Миа Петровиќ, Марија Андовска, Елена Стојкоска.

Потоа ќе биде изведена „Квартет“ – дипломска кореографија за студентите од трета година, во кореографија и режија на Дејан Битровски. Настапуваат дипломците Сара Димовска, Јоана Благадуша, Клара Христова и Микаела-Анџела Глигорова.

– Студентите на трета година на Катедрата за современ танц при УГД, во ноември 2023 претстојуваа на престижната Ротердамска акдемија за современ танц, при КОДАРТС универзитетот во Холандија, каде што четири недели посетуваа настава и имаа прилика да го усовршуваат своето знаење, се вели во соопштението.

Вечерта завршува со „Котел“ во кореографија и режија на Рисима Рисимкин, на музика на Тони Китановски, костими на Благој Мицевски, асистент на кореографот е Анастасија Данчевска. Настапуваат: Сара Димовска, Јоана Благадуша, Клара Христова, Микаела Анџела Глигорова, Илина Костовска, Теона Ѓуровска, Миа Петровиќ, Елена Стојковска, Михаела Колцункова, Сара Крковиќ и Марија Андеовска.

 

The post „Болеро“, „Котел“ и „Квартет“ вечерва на Танц Фест appeared first on Република.

]]>

Во рамките на јубилејното 20-то издание на Танц Фест Скопје 2024, вечерва во Младинскиот Културен Центар во Скопје, ќе може да погледнете три танцови перформански, продукции на Скопје танцовиот театар 2 со студентите на Катедрата за современ танц при Универзитетот Гоце Делчев.
„Болеро“ е во кореографија и режија на Адријана Данчевска Ровчанин, на музика на Морис Равел, за која сценографијата ја осмислија Ивана Мојсовска и Матеа Мијановиќ. Настапуваат Елена Терзиева, Теона Ѓуровска, Михаела Колцунова, Надја Луканивска, Ивона Маневска, Миа Петровиќ, Марија Андовска, Елена Стојкоска. Потоа ќе биде изведена „Квартет“ – дипломска кореографија за студентите од трета година, во кореографија и режија на Дејан Битровски. Настапуваат дипломците Сара Димовска, Јоана Благадуша, Клара Христова и Микаела-Анџела Глигорова. – Студентите на трета година на Катедрата за современ танц при УГД, во ноември 2023 претстојуваа на престижната Ротердамска акдемија за современ танц, при КОДАРТС универзитетот во Холандија, каде што четири недели посетуваа настава и имаа прилика да го усовршуваат своето знаење, се вели во соопштението. Вечерта завршува со „Котел“ во кореографија и режија на Рисима Рисимкин, на музика на Тони Китановски, костими на Благој Мицевски, асистент на кореографот е Анастасија Данчевска. Настапуваат: Сара Димовска, Јоана Благадуша, Клара Христова, Микаела Анџела Глигорова, Илина Костовска, Теона Ѓуровска, Миа Петровиќ, Елена Стојковска, Михаела Колцункова, Сара Крковиќ и Марија Андеовска.
 

The post „Болеро“, „Котел“ и „Квартет“ вечерва на Танц Фест appeared first on Република.

]]>
„Табу република“ на Русески и „Напуштена иднина“ на Битровски на 20. издание на Танц Фест https://republika.mk/vesti/kultura/tabu-republika-na-ruseski-i-napushtena-idnina-na-bitrovski-na-20-izdanie-na-tants-fest/ Thu, 09 May 2024 08:42:08 +0000 https://republika.mk/?p=776189

Фестивалот Танц-Фест Скопје 2024, годинава, кој под мотото „Сирово: од движење до виртуозност – 20 години Извонредност во современиот танц“ го прославува јубилејот 20 години постоење, ја продолжува својата програма на сцената на Македонскиот народен театар на 11 мај во 20 часот. Публиката ќе има можност да ги проследи извонредните кореографски остварувања „Напуштена иднина“ на Дејан Битровски и „Табу република“ на Бобан Русески, во изведба на Скопје танцовиот театар.

„Напуштена иднина е современ танцов перформанс кој црпи инспирација од темите на футуризмот и нашите дискусии за напредокот, издржливоста и човечкото искуство. Преку движење, музика и визуелно раскажување приказни, претставата ја истражува цикличната природа на иновациите и последиците од занемарувањето на нашата колективна судбина“ – вели кореографот Битровски, кој се јавува, како комплетен автор и ги потпишува костимите и сценското обликување. Настапуваат Сара Димовска, Клара Христова, Јоана Благадуша, Илина Костовска, Надја Лукановска, Нина Петрушевска, Михаела Колцунова, Елена Терзиева, Викторија Коцева и Стефани Шаршмит.

„Табу република нема цензура. Претставата се бави со тематиките на лицата од женскиот род, лица со оштетен вид и слух, лицата со инвалидитет, жената како родилка/носител на живот, стапката на смртноста на жените при породување, честите абортуси. Ставен е фокус на абортусот, за кој причинител е недоволното сексуално образование кај младите лица, стишување на нивниот глас поради општествените предрасуди и погледи кон самиот чин. Често наидував на млади девојки, познанички, кои се соочуваа со тој проблем и тоа ме поттикна повеќе да истражувам на оваа тема. Една од многуте табу теми во нашите краишта, која најмногу ме инспирира да го создадам ова дело, сè со цел да ја кренам свеста во нашето општество, да се доближам поблиску до младите, медиумите и институциите со цел заедно да говориме гласно и јасно на оваа тема.“ – истакнува кореографот Русески. Музиката за претставата е на Александар Бошков, а музичкото обликување го заокружуваат и Ема Ананиевска со пијано изведба во живо и Ива Дамјановски која настапува на терамин. Исто така во живо. Костимите се на Благој Мицевски, визуелен уметник е Кристијан, а ќе настапи и актерката Наталија Ристеска. Изведувачи се танчерите на Скопје танцовиот театар Стефи Шааршмит, Викторија Коцева, Клара Христовска, Јоана Благадуша, Нина Петрушевска, Илина Костовска, Микаела Анџела Глигорова, Надја Лукановска, Елена Стојкоска, Елена Терзиева, Миа Петровиќ, Михаела Колчунова, Сара Крковиќ, Теоа Ѓуровска, и Марија Андовскa.

Многу сум среќна дека фестивалот дочека Јубилејно издание од 20 години постоење на културната сцена кај нас, но и дека успеа да се наметне на европската и светската современа танцова сцена, како фестивал со извонредни квалитети и престижно е да се настапи во неговата програма. Мисијата која ја остваруваме овие дваесет години, се остварува, па така во една двонасочна улица презентираме најдобри светски компании, но градиме и домашни автори кои се пласираат кај нас и во странство преку учество во фестивалската програма. Посебно ме радуваат новите кореографски остварувања на младите кореографи Дејан Битровски и Бобан Русески, кои публиката ќе има можност да ги види во сабота на 11 мај, на сцената на Македонскиот народен театар. Современата танцова сцена кај нас зајакнува и се шири и фестивалот има голема улога во тоа, изјави Рисима Рисимкин, уметнички директор на Танц Фест Скопје.

 

The post „Табу република“ на Русески и „Напуштена иднина“ на Битровски на 20. издание на Танц Фест appeared first on Република.

]]>

Фестивалот Танц-Фест Скопје 2024, годинава, кој под мотото „Сирово: од движење до виртуозност – 20 години Извонредност во современиот танц“ го прославува јубилејот 20 години постоење, ја продолжува својата програма на сцената на Македонскиот народен театар на 11 мај во 20 часот. Публиката ќе има можност да ги проследи извонредните кореографски остварувања „Напуштена иднина“ на Дејан Битровски и „Табу република“ на Бобан Русески, во изведба на Скопје танцовиот театар. „Напуштена иднина е современ танцов перформанс кој црпи инспирација од темите на футуризмот и нашите дискусии за напредокот, издржливоста и човечкото искуство. Преку движење, музика и визуелно раскажување приказни, претставата ја истражува цикличната природа на иновациите и последиците од занемарувањето на нашата колективна судбина“ – вели кореографот Битровски, кој се јавува, како комплетен автор и ги потпишува костимите и сценското обликување. Настапуваат Сара Димовска, Клара Христова, Јоана Благадуша, Илина Костовска, Надја Лукановска, Нина Петрушевска, Михаела Колцунова, Елена Терзиева, Викторија Коцева и Стефани Шаршмит. „Табу република нема цензура. Претставата се бави со тематиките на лицата од женскиот род, лица со оштетен вид и слух, лицата со инвалидитет, жената како родилка/носител на живот, стапката на смртноста на жените при породување, честите абортуси. Ставен е фокус на абортусот, за кој причинител е недоволното сексуално образование кај младите лица, стишување на нивниот глас поради општествените предрасуди и погледи кон самиот чин. Често наидував на млади девојки, познанички, кои се соочуваа со тој проблем и тоа ме поттикна повеќе да истражувам на оваа тема. Една од многуте табу теми во нашите краишта, која најмногу ме инспирира да го создадам ова дело, сè со цел да ја кренам свеста во нашето општество, да се доближам поблиску до младите, медиумите и институциите со цел заедно да говориме гласно и јасно на оваа тема.“ – истакнува кореографот Русески. Музиката за претставата е на Александар Бошков, а музичкото обликување го заокружуваат и Ема Ананиевска со пијано изведба во живо и Ива Дамјановски која настапува на терамин. Исто така во живо. Костимите се на Благој Мицевски, визуелен уметник е Кристијан, а ќе настапи и актерката Наталија Ристеска. Изведувачи се танчерите на Скопје танцовиот театар Стефи Шааршмит, Викторија Коцева, Клара Христовска, Јоана Благадуша, Нина Петрушевска, Илина Костовска, Микаела Анџела Глигорова, Надја Лукановска, Елена Стојкоска, Елена Терзиева, Миа Петровиќ, Михаела Колчунова, Сара Крковиќ, Теоа Ѓуровска, и Марија Андовскa.
Многу сум среќна дека фестивалот дочека Јубилејно издание од 20 години постоење на културната сцена кај нас, но и дека успеа да се наметне на европската и светската современа танцова сцена, како фестивал со извонредни квалитети и престижно е да се настапи во неговата програма. Мисијата која ја остваруваме овие дваесет години, се остварува, па така во една двонасочна улица презентираме најдобри светски компании, но градиме и домашни автори кои се пласираат кај нас и во странство преку учество во фестивалската програма. Посебно ме радуваат новите кореографски остварувања на младите кореографи Дејан Битровски и Бобан Русески, кои публиката ќе има можност да ги види во сабота на 11 мај, на сцената на Македонскиот народен театар. Современата танцова сцена кај нас зајакнува и се шири и фестивалот има голема улога во тоа, изјави Рисима Рисимкин, уметнички директор на Танц Фест Скопје.
 

The post „Табу република“ на Русески и „Напуштена иднина“ на Битровски на 20. издание на Танц Фест appeared first on Република.

]]>
50. години Француски институт и затворање на 20. „Танц Фест“ со танчерската претстава „Мозаик“ на светски познатиот кореограф Мурад Мерзуки https://republika.mk/vesti/kultura/50-godini-frantsuski-institut-i-zatvorane-na-20-tants-fest-so-tancherskata-pretstava-mozaik-na-svetski-poznatiot-koreograf-murad-merzuki/ Wed, 08 May 2024 15:50:57 +0000 https://republika.mk/?p=775631

Францускиот институт во Скопје и „Танц фест”, по повод отворањето на прославата на 50 години постоење на Францускиот институт во Скопје и затворањето на јубиленото 20. издание на „Танц фест”, имаат чест да ве поканат на ексклузивното гостување на француската театарска група „Кафиг” со танцовиот перформанс „Мозаик”, в петок, 17 мај 2024, со почеток во 20 часот, во Македонскиот народен театар.

Кореограф на претставата е Мурад Мерзуки, еден од најзначајните кореографи со светско реноме денес, кому француската влада му ја довери кореографијата на официјалната церемонија на отворање на Олимписките игри 2024, насловена „Танцот на игрите”.

 

Всушност, по огромниот успех на танцовиот перформанс „Пиксел” во 2017 година во рамките на „Танц фест”, Мурад Мерзуки и групата „Кафиг” / „Käfig” се враќаат во Скопје со нивниот најнов танцов спектакл „Мозаик”.

На настанот збор ќе земат:

 

– г-дин Иго Бештел, Директор на Францускиот институт во Скопје, и

– г-ѓа Рисима Рисимкин, Директорка на „Танц фест”.

 

Билети за претставата се достапни на веб-страницата на Македонскиот народен театар.

Во фоајето на МНТ, исто така, ќе биде поставена ретроспективната изложба „50 години Француски институт во Скопје”, која го прикажува делувањето на Францускиот институт во текот на изминатите педесет години.

The post 50. години Француски институт и затворање на 20. „Танц Фест“ со танчерската претстава „Мозаик“ на светски познатиот кореограф Мурад Мерзуки appeared first on Република.

]]>

Францускиот институт во Скопје и „Танц фест”, по повод отворањето на прославата на 50 години постоење на Францускиот институт во Скопје и затворањето на јубиленото 20. издание на „Танц фест”, имаат чест да ве поканат на ексклузивното гостување на француската театарска група „Кафиг” со танцовиот перформанс „Мозаик”, в петок, 17 мај 2024, со почеток во 20 часот, во Македонскиот народен театар. Кореограф на претставата е Мурад Мерзуки, еден од најзначајните кореографи со светско реноме денес, кому француската влада му ја довери кореографијата на официјалната церемонија на отворање на Олимписките игри 2024, насловена „Танцот на игрите”.   Всушност, по огромниот успех на танцовиот перформанс „Пиксел” во 2017 година во рамките на „Танц фест”, Мурад Мерзуки и групата „Кафиг” / „Käfig” се враќаат во Скопје со нивниот најнов танцов спектакл „Мозаик”. На настанот збор ќе земат:   – г-дин Иго Бештел, Директор на Францускиот институт во Скопје, и – г-ѓа Рисима Рисимкин, Директорка на „Танц фест”.   Билети за претставата се достапни на веб-страницата на Македонскиот народен театар. Во фоајето на МНТ, исто така, ќе биде поставена ретроспективната изложба „50 години Француски институт во Скопје”, која го прикажува делувањето на Францускиот институт во текот на изминатите педесет години.

The post 50. години Француски институт и затворање на 20. „Танц Фест“ со танчерската претстава „Мозаик“ на светски познатиот кореограф Мурад Мерзуки appeared first on Република.

]]>
„Болеро“, „Квартет“ и „Коктел“ на Танц Фест 2024 https://republika.mk/vesti/kultura/bolero-kvartet-i-koktel-na-tants-fest-2024/ Sun, 05 May 2024 09:47:01 +0000 https://republika.mk/?p=774500

Продукции на Скопје танцовиот театар 2 со студентите на Катедрата за современ танц при Универзитетот Гоце Делчев ќе настапат на овогодинешниот Танц Фест 2024 со две претстави на 13- ти мај во Младинскиот Културен Центар во Скопје.

Претставата „Болеро“ во кореографија и режија на Адријана Данчевска Ровчанин на музика на Морис Равел и сценографија на Ивана Мојсовска и Матеа Мијановиќ. Настапуваат: Нина Петрушевска, Елена Терзиева, Теона Ѓуровска, Михаела Колцунова, Надја Луканивска,Ивона Маневска, Миа Петровиќ, Марија Андовска, Елена Стојкоска

Потоа „Квартет“ во кореографија и режија на Дејан Битровски и костими на Скопје танцов театар, а настапуваат: Сара Димовска, Јоана Благадуша, Клара Христова, Микаела Анџела Глигорова

И последната претстава е „КОТЕЛ“ во кореографија и режија на Рисима Рисимкин, на музика на Тони Китановски и костими Благој Мицевски. Настапуваат: Нина Петрушевска, Надја Луканова, Теона Ѓуровска, Елена Терзиева, Ивона Маневска, Миа Петровиќ, Елена Стојковска, Михаела Колцункова, Сара Крковиќ, Марија Андеовска

The post „Болеро“, „Квартет“ и „Коктел“ на Танц Фест 2024 appeared first on Република.

]]>

Продукции на Скопје танцовиот театар 2 со студентите на Катедрата за современ танц при Универзитетот Гоце Делчев ќе настапат на овогодинешниот Танц Фест 2024 со две претстави на 13- ти мај во Младинскиот Културен Центар во Скопје. Претставата „Болеро“ во кореографија и режија на Адријана Данчевска Ровчанин на музика на Морис Равел и сценографија на Ивана Мојсовска и Матеа Мијановиќ. Настапуваат: Нина Петрушевска, Елена Терзиева, Теона Ѓуровска, Михаела Колцунова, Надја Луканивска,Ивона Маневска, Миа Петровиќ, Марија Андовска, Елена Стојкоска Потоа „Квартет“ во кореографија и режија на Дејан Битровски и костими на Скопје танцов театар, а настапуваат: Сара Димовска, Јоана Благадуша, Клара Христова, Микаела Анџела Глигорова И последната претстава е „КОТЕЛ“ во кореографија и режија на Рисима Рисимкин, на музика на Тони Китановски и костими Благој Мицевски. Настапуваат: Нина Петрушевска, Надја Луканова, Теона Ѓуровска, Елена Терзиева, Ивона Маневска, Миа Петровиќ, Елена Стојковска, Михаела Колцункова, Сара Крковиќ, Марија Андеовска

The post „Болеро“, „Квартет“ и „Коктел“ на Танц Фест 2024 appeared first on Република.

]]>
Наградата „Менада“ на јубилејното издание на „Танц фест“ за Марин Црвенов, доајен на македонскиот балет https://republika.mk/vesti/kultura/jubilejno-izdanie-na-tants-fest-nagradata-menada-za-marin-tsrvenov-doajen-na-makedonskiot-balet/ Tue, 30 Apr 2024 08:02:06 +0000 https://republika.mk/?p=762591

Фестивалот Танц-Фест Скопје 2024, годинава, под мотото „Сирово: од движење до виртуозност – 20 години Извонредност во современиот танц“ го прославува јубилејот 20 години постоење. Во својата програма, за ова јубилејно издание, фестивалот презентираше повеќе домашни и странски кореографи на повеќе сцени низ градот, кои ќе беа дел од повеќеслојната програма, која дава осврт на современата танцова сцена.

Јубилејната прослава на фестивалот ќе се одржи на 30 април, на сцената на Македонскиот народен театар, со претстава на Скопје танцовиот театар и кореографии на Рисима Рисимкин и Адријана Данчевска. Воедно, вечерта ќе се додели Наградата МЕНАДА за врвни достигнувања во областа на танцовата уметност  на балетскио уметник Марин Црвенов, доајен на македонскиот балет.

На 11 мај на сцената на Македонскиот театар ќе се прикажат две кореографии, „Блокови“ на Дејан Битровски и „Табу република“ на Бобан Русески.

Танц Фест Скопје 2024 во склоп на јубилејната програма, од 13 до 17 мај ја вклучува програмата Moving Balkans, во која учество ќе земат уметници од 11 земји: Словенија, Хрватска, Бугарија, Романија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово, Турција и Македонија, со кореографи и професори од Холандија и Италија.

На 13 мај во Младинскиот културен центар ќе имаме можност да ја видиме претставата „Импулс“ на Скопје танцов театар 2, во која ќе настапат студентите при Катедрата за современ танц и Балетска педагогија при Универзитетот „Гоце Делчев“.

Годинешното издание ќе заврши со претставата „Мозаик“ на светската кореографска ѕвезда и официјален кореограф на претстојните Олимписки игри во Париз, Мурад Мерзуки, кој нашата публика го памти по претставата „Пиксел“. Фестивалот, гостувањето на Мурад Мерзуки го остварува преку соработка со Францускиот институт во Скопје, кој со претставата ќе ја започне програмата за прослава и одбележување 50 години постоење во Скопје, со што ќе се одбележи и соработката која Францускиот институт ја има со Интерарт културниот центар во изминативе триесет години.

 

The post Наградата „Менада“ на јубилејното издание на „Танц фест“ за Марин Црвенов, доајен на македонскиот балет appeared first on Република.

]]>

Фестивалот Танц-Фест Скопје 2024, годинава, под мотото „Сирово: од движење до виртуозност – 20 години Извонредност во современиот танц“ го прославува јубилејот 20 години постоење. Во својата програма, за ова јубилејно издание, фестивалот презентираше повеќе домашни и странски кореографи на повеќе сцени низ градот, кои ќе беа дел од повеќеслојната програма, која дава осврт на современата танцова сцена.
Јубилејната прослава на фестивалот ќе се одржи на 30 април, на сцената на Македонскиот народен театар, со претстава на Скопје танцовиот театар и кореографии на Рисима Рисимкин и Адријана Данчевска. Воедно, вечерта ќе се додели Наградата МЕНАДА за врвни достигнувања во областа на танцовата уметност  на балетскио уметник Марин Црвенов, доајен на македонскиот балет.
На 11 мај на сцената на Македонскиот театар ќе се прикажат две кореографии, „Блокови“ на Дејан Битровски и „Табу република“ на Бобан Русески.
Танц Фест Скопје 2024 во склоп на јубилејната програма, од 13 до 17 мај ја вклучува програмата Moving Balkans, во која учество ќе земат уметници од 11 земји: Словенија, Хрватска, Бугарија, Романија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово, Турција и Македонија, со кореографи и професори од Холандија и Италија. На 13 мај во Младинскиот културен центар ќе имаме можност да ја видиме претставата „Импулс“ на Скопје танцов театар 2, во која ќе настапат студентите при Катедрата за современ танц и Балетска педагогија при Универзитетот „Гоце Делчев“. Годинешното издание ќе заврши со претставата „Мозаик“ на светската кореографска ѕвезда и официјален кореограф на претстојните Олимписки игри во Париз, Мурад Мерзуки, кој нашата публика го памти по претставата „Пиксел“. Фестивалот, гостувањето на Мурад Мерзуки го остварува преку соработка со Францускиот институт во Скопје, кој со претставата ќе ја започне програмата за прослава и одбележување 50 години постоење во Скопје, со што ќе се одбележи и соработката која Францускиот институт ја има со Интерарт културниот центар во изминативе триесет години.  

The post Наградата „Менада“ на јубилејното издание на „Танц фест“ за Марин Црвенов, доајен на македонскиот балет appeared first on Република.

]]>
Јубилејната претстава на Танц Фест Скопје ќе се изведе утре по повод Светскиот ден на танцот https://republika.mk/vesti/kultura/jubilejnata-pretstava-na-tants-fest-skopje-ke-se-izvede-utre-po-povod-svetskiot-den-na-tantsot/ Mon, 29 Apr 2024 11:28:16 +0000 https://republika.mk/?p=772173

Утревечер со почеток во 20 часот, ќе се одржи Јубилејната претстава на фестивалот Танц Фест Скопје, кој годинава се одржува под мотото „Сирово: од движење до виртуозност – 20 години Извонредност во современиот танц“, која се изведува во чест на 29 април Светскиот ден на танцот.

Утре, ќе се прочита и македонската порака, чиј потписник годинава е примабалерината на Националната опера и балет Сандра Мијалкова. Во пораката, меѓудругото, таа нагласува: „се обединуваме да ја прославиме длабоката убавина и трансформативната моќ на танцот како уметничка форма која преку своето изразување ги надминува јазикот, културата и границите допирајќи ги срцата и душите на луѓето ширум светот. Се обединуваме да оддадеме почит на извонредната уметност на движење на телото како длабок израз на човечката креативност, различност и единство“.

Вечерта ќе настапат младите танчери од студиото за танц „Бах“ од Струга, предводено од Тања Мојсовска – Бах, кое годинава прославува 30 години постоење.

На сцената на Македонскиот театар ќе биде доделена Наградата „Менада“ за врвни достигнувања во областа на танцовата уметност на балетскиот уметник Марин Црвенов, доајен на македонскиот балет и кој активно делуваше на сцената во периодот од 1961 до 1990 година, како долгогодишен првенец.

По доделувањето на наградата, публиката ќе ги проследи кореографиите на Рисима Рисимкин, насловени како „The Best Of“, кои го обиколија светот, со голем успех и беа изведувани на сцените во Њујорк, Париз, Пекинг и др.

Ќе има фрагменти од претставите „СМС (Сите мои слики)“, на музика на Дуке Бојаџиев, во изведба на првенката на Скопје танцовиот театар Анастасија Данчевска, „Идентитети – Историја на еден растегнат сон“ на музика на Тони Китановски, во изведба на првенците на Скопје танцовиот театар Адријана Данчевска, Бобан Русески, прима балерината на Националната опера и балет Мими Попалексова-Атанасова, со танчерките Стефани Шаршмит, Викторија Коцева и Марија Андова.

Овој дел на програмата ќе заврши со изведба на кореографијата „Котел“, на музика на Тони Китановски, а ќе настапат танчерите на Скопје танцовиот театар Сара Димовска, Јоана Благадуша, Клара Христова, Микаела-Анџела Глигорова, Илина Костовска, Моника Шолевска, Нина Петрушевска, Надја Луканова, Теона Ѓуровска, Елена Терзиева и Михаела Колцункова, млади сили на Катедрата за современ танц при Универзитето „Гоце Делчев“. За сите претстави костимите се на Благој Мицевски, а сценографијата на Матеа Мијановиќ.

Во вториот дел на вечерта, следи претставата „Место. Многу посебно за неа“ на кореографката Адријана Данчевска.

Во кореографијата е користена музиката од „Болеро“ на Морис Равел, а во живо ќе настапи и музичарот Гоце Наумов. Настапуваат танчерите на Скопје танцовиот театар Анастасија Данчевска, Стефани Шааршмит, Викторија Коцева, Нина Петрушевска, Сара Димовска и гостите од Националната опера и балет Илиана Данилова и Наташа Трендафилова Гицев.

The post Јубилејната претстава на Танц Фест Скопје ќе се изведе утре по повод Светскиот ден на танцот appeared first on Република.

]]>

Утревечер со почеток во 20 часот, ќе се одржи Јубилејната претстава на фестивалот Танц Фест Скопје, кој годинава се одржува под мотото „Сирово: од движење до виртуозност – 20 години Извонредност во современиот танц“, која се изведува во чест на 29 април Светскиот ден на танцот. Утре, ќе се прочита и македонската порака, чиј потписник годинава е примабалерината на Националната опера и балет Сандра Мијалкова. Во пораката, меѓудругото, таа нагласува: „се обединуваме да ја прославиме длабоката убавина и трансформативната моќ на танцот како уметничка форма која преку своето изразување ги надминува јазикот, културата и границите допирајќи ги срцата и душите на луѓето ширум светот. Се обединуваме да оддадеме почит на извонредната уметност на движење на телото како длабок израз на човечката креативност, различност и единство“. Вечерта ќе настапат младите танчери од студиото за танц „Бах“ од Струга, предводено од Тања Мојсовска – Бах, кое годинава прославува 30 години постоење. На сцената на Македонскиот театар ќе биде доделена Наградата „Менада“ за врвни достигнувања во областа на танцовата уметност на балетскиот уметник Марин Црвенов, доајен на македонскиот балет и кој активно делуваше на сцената во периодот од 1961 до 1990 година, како долгогодишен првенец. По доделувањето на наградата, публиката ќе ги проследи кореографиите на Рисима Рисимкин, насловени како „The Best Of“, кои го обиколија светот, со голем успех и беа изведувани на сцените во Њујорк, Париз, Пекинг и др. Ќе има фрагменти од претставите „СМС (Сите мои слики)“, на музика на Дуке Бојаџиев, во изведба на првенката на Скопје танцовиот театар Анастасија Данчевска, „Идентитети – Историја на еден растегнат сон“ на музика на Тони Китановски, во изведба на првенците на Скопје танцовиот театар Адријана Данчевска, Бобан Русески, прима балерината на Националната опера и балет Мими Попалексова-Атанасова, со танчерките Стефани Шаршмит, Викторија Коцева и Марија Андова. Овој дел на програмата ќе заврши со изведба на кореографијата „Котел“, на музика на Тони Китановски, а ќе настапат танчерите на Скопје танцовиот театар Сара Димовска, Јоана Благадуша, Клара Христова, Микаела-Анџела Глигорова, Илина Костовска, Моника Шолевска, Нина Петрушевска, Надја Луканова, Теона Ѓуровска, Елена Терзиева и Михаела Колцункова, млади сили на Катедрата за современ танц при Универзитето „Гоце Делчев“. За сите претстави костимите се на Благој Мицевски, а сценографијата на Матеа Мијановиќ. Во вториот дел на вечерта, следи претставата „Место. Многу посебно за неа“ на кореографката Адријана Данчевска. Во кореографијата е користена музиката од „Болеро“ на Морис Равел, а во живо ќе настапи и музичарот Гоце Наумов. Настапуваат танчерите на Скопје танцовиот театар Анастасија Данчевска, Стефани Шааршмит, Викторија Коцева, Нина Петрушевска, Сара Димовска и гостите од Националната опера и балет Илиана Данилова и Наташа Трендафилова Гицев.

The post Јубилејната претстава на Танц Фест Скопје ќе се изведе утре по повод Светскиот ден на танцот appeared first on Република.

]]>
Отварање на изложбата „Рефлексии“ во Мала Станица https://republika.mk/vesti/kultura/otvarane-na-izlozhbata-refleksii-vo-mala-stanitsa/ Fri, 26 Apr 2024 07:02:35 +0000 https://republika.mk/?p=771196

Вечерва, во 20 часот во објектот на Националната галерија, Мала станица, јубилејното издание на Танц Фест Скопје, под мотото „Сирово: од движење до виртуозност – 20 години Извонредност во современиот танц“, ја започнува централната прослава со изложбата под наслов „Рефлексии“.

Со оваа изложба, Танц Фест внесува новина во својот програмски дел, со цел да долови моменти од етеричноста на изведбените уметности, како и секојдневноста на мигот, низ призма на повеќе автори, блиски до уметничкиот современ израз.

Изложбата е составена од три дела: посетителите ќе имаат можност да видат дел од програмските материјали од почетоците на Танц Фест, на кои ќе се застапени дел од дизајните направени за фестивалот низ годините, на Лидија Божиќ и Јовица Јовановски, Горјан Донев, Русе Арсовски; како и фотографии од Сашо Димовски и Драган Перковски, кои во одредени периоди на фестивалот ги документираа настаните. Во вториот дел ќе бидат претставени фотографии од претстави, кои се дел од творештовото на истакнатиот костимограф Благој Мицевски, кои ги потпишуваат Јозеф Баринка, Дарја Штравис Тису, Павел Бреинер, Дејвид Базимор, Петар Ухан и Драган Перковски. Третиот дел е посветен на истакнатата холандска фотографка Карла Шу, која се претставува со серија портретни фотографии, во кои ја изразува суштината на фотографскиот портрет, каде што се заматуваат границите меѓу внатрешниот и надворешниот свет.

Изложбата ќе ја отвори публицистот, новинар и документарист Диме Ратајковски.

Карла Шу студирала фотографија во Холандија, во моментов живее и работи во Амстердам и Франција. Во својот опус има огромен број на портрети од уметници, автори и музичари. Соработува со голем број на списанија, а има повеќе самостојни изложби во Холандија и во странство.

Сашо Димоски е роден во 1965 година во Охрид. Се занимава со fотографија и компјутерска графика. Дипломирал и магистрирал фотографија на Универзитетот ЕСРА, а работел во Македонската телевизија и пишувал за културните рубрики на „Утрински весник“ и магазинот „Глобус“. Од 2007 година бил и фотограф на археолошки истражувања, а свои фотографии и текстови објавувал и во електронското списание „Блесок“. Бил уредник на Галерија Блесок.

Драган Перковски професионално се бави со фотографија од 2006 година, започнува во дневниот весник „Утрински“, потоа во весникот „Време“, од 2007 до 2009, а потоа во весникот „Вест“, се до неговото затворање. Преку соработка со колеги, објавува фотографии во светските новински агенции Ројтер и АП.

Прославувањето на јубилејот, ќе продолжи на 30 април, во 20 часот, на сцената на Македонскиот народен театар, со „Гала вечер“ на Скопје танцовиот театар, во која ќе се изведат делови од кореографии на Рисима Рисимкин, кои го обиколија светот од Њујорк и Париз до Пекинг, како и кореографијата „Место. Многу посебно за неа“ на Адријана Данчевска. На прославата ќе се додели и Наградата МЕНАДА за врвни достигнувања во областа на танцовата уметност на балетскио уметник Марин Црвенов, доајен на македонскиот балет.

 

The post Отварање на изложбата „Рефлексии“ во Мала Станица appeared first on Република.

]]>

Вечерва, во 20 часот во објектот на Националната галерија, Мала станица, јубилејното издание на Танц Фест Скопје, под мотото „Сирово: од движење до виртуозност – 20 години Извонредност во современиот танц“, ја започнува централната прослава со изложбата под наслов „Рефлексии“. Со оваа изложба, Танц Фест внесува новина во својот програмски дел, со цел да долови моменти од етеричноста на изведбените уметности, како и секојдневноста на мигот, низ призма на повеќе автори, блиски до уметничкиот современ израз. Изложбата е составена од три дела: посетителите ќе имаат можност да видат дел од програмските материјали од почетоците на Танц Фест, на кои ќе се застапени дел од дизајните направени за фестивалот низ годините, на Лидија Божиќ и Јовица Јовановски, Горјан Донев, Русе Арсовски; како и фотографии од Сашо Димовски и Драган Перковски, кои во одредени периоди на фестивалот ги документираа настаните. Во вториот дел ќе бидат претставени фотографии од претстави, кои се дел од творештовото на истакнатиот костимограф Благој Мицевски, кои ги потпишуваат Јозеф Баринка, Дарја Штравис Тису, Павел Бреинер, Дејвид Базимор, Петар Ухан и Драган Перковски. Третиот дел е посветен на истакнатата холандска фотографка Карла Шу, која се претставува со серија портретни фотографии, во кои ја изразува суштината на фотографскиот портрет, каде што се заматуваат границите меѓу внатрешниот и надворешниот свет. Изложбата ќе ја отвори публицистот, новинар и документарист Диме Ратајковски. Карла Шу студирала фотографија во Холандија, во моментов живее и работи во Амстердам и Франција. Во својот опус има огромен број на портрети од уметници, автори и музичари. Соработува со голем број на списанија, а има повеќе самостојни изложби во Холандија и во странство. Сашо Димоски е роден во 1965 година во Охрид. Се занимава со fотографија и компјутерска графика. Дипломирал и магистрирал фотографија на Универзитетот ЕСРА, а работел во Македонската телевизија и пишувал за културните рубрики на „Утрински весник“ и магазинот „Глобус“. Од 2007 година бил и фотограф на археолошки истражувања, а свои фотографии и текстови објавувал и во електронското списание „Блесок“. Бил уредник на Галерија Блесок. Драган Перковски професионално се бави со фотографија од 2006 година, започнува во дневниот весник „Утрински“, потоа во весникот „Време“, од 2007 до 2009, а потоа во весникот „Вест“, се до неговото затворање. Преку соработка со колеги, објавува фотографии во светските новински агенции Ројтер и АП. Прославувањето на јубилејот, ќе продолжи на 30 април, во 20 часот, на сцената на Македонскиот народен театар, со „Гала вечер“ на Скопје танцовиот театар, во која ќе се изведат делови од кореографии на Рисима Рисимкин, кои го обиколија светот од Њујорк и Париз до Пекинг, како и кореографијата „Место. Многу посебно за неа“ на Адријана Данчевска. На прославата ќе се додели и Наградата МЕНАДА за врвни достигнувања во областа на танцовата уметност на балетскио уметник Марин Црвенов, доајен на македонскиот балет.  

The post Отварање на изложбата „Рефлексии“ во Мала Станица appeared first on Република.

]]>
Балетскиот триптих „Молитви на моето тело“ вечерва на „Танц Фест Скопје“ 2024 https://republika.mk/vesti/kultura/baletskiot-triptih-molitvi-na-moeto-telo-vecherva-na-tants-fest-skopje-2024/ Tue, 23 Apr 2024 09:11:45 +0000 https://republika.mk/?p=768558

На 23 април со почеток во 20.00 часот, ќе се изведе балетскиот триптих „Молитви на моето тело“ инспириран од циклусот поезија со истоимениот наслов од поетот Ацо Шопов. Балетскиот триптих ќе се изведе во рамките на јубилејното 20. издание на интернационалниот фестивал Танц Фест Скопје 2024.Креативниот мозаик е составен од авторите: идејата за проектот и костимографијата се на Александар Ношпал, драматург е Соња Здравкова-Џепароска, кореографи се: Ивана Коцевска, Адријана Данчевска, Саша Евтимова, музиката е на Дарија Андовска, Александар Гроздановски и Александар Пејовски (изведба: диригент Сашо Татарчевски со Женскиот младински хор при МКЦ) , сценограф е Михајло Стојановски, визуелен уметник, Флоријан Чанга од Албанија, камера и видеомонтажа на филм: Доријан Миловановиќ, мултимедија и графички дизајн, Лазе Трипков.Поезијата на Шопов односно истоимениот циклус поезија на сцената на Националната опера и балет ќе биде „прочитана“ со јазикот на танцот создаден од тројца македонски кореографи на музика на тројца македонски композитори и останатите уметници. Во формат на триптих, балетската претстава „Молитви на моето тело“ претставува 90-минутно креативно „сплотување“ на тим од тринаесет уметници, сценски пренесено од првенците, солистите и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет

The post Балетскиот триптих „Молитви на моето тело“ вечерва на „Танц Фест Скопје“ 2024 appeared first on Република.

]]>

На 23 април со почеток во 20.00 часот, ќе се изведе балетскиот триптих „Молитви на моето тело“ инспириран од циклусот поезија со истоимениот наслов од поетот Ацо Шопов. Балетскиот триптих ќе се изведе во рамките на јубилејното 20. издание на интернационалниот фестивал Танц Фест Скопје 2024.Креативниот мозаик е составен од авторите: идејата за проектот и костимографијата се на Александар Ношпал, драматург е Соња Здравкова-Џепароска, кореографи се: Ивана Коцевска, Адријана Данчевска, Саша Евтимова, музиката е на Дарија Андовска, Александар Гроздановски и Александар Пејовски (изведба: диригент Сашо Татарчевски со Женскиот младински хор при МКЦ) , сценограф е Михајло Стојановски, визуелен уметник, Флоријан Чанга од Албанија, камера и видеомонтажа на филм: Доријан Миловановиќ, мултимедија и графички дизајн, Лазе Трипков.Поезијата на Шопов односно истоимениот циклус поезија на сцената на Националната опера и балет ќе биде „прочитана“ со јазикот на танцот создаден од тројца македонски кореографи на музика на тројца македонски композитори и останатите уметници. Во формат на триптих, балетската претстава „Молитви на моето тело“ претставува 90-минутно креативно „сплотување“ на тим од тринаесет уметници, сценски пренесено од првенците, солистите и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет

The post Балетскиот триптих „Молитви на моето тело“ вечерва на „Танц Фест Скопје“ 2024 appeared first on Република.

]]>
„Молитви на моето тело“ вечерва на Танц Фест Скопје https://republika.mk/vesti/kultura/molitvi-na-moeto-telo-vecherva-na-tants-fest-skopje/ Tue, 23 Apr 2024 07:41:07 +0000 https://republika.mk/?p=769524

Со претставата „Молитви на моето тело“ вечерва, во 20 часот во Националната опера и балет, во рамки на јубилејното, 20-то издание на фестивалот „Танц Фест Скопје 2024“, завршува програмата насловена „Паралели”.

Претставата е балетски триптих, инспирирана од циклусот поезија со истоимениот наслов на Ацо Шопов. Потписници на кореографиите се Ивана Коцевска, на музика на Дарија Андовска за првиот дел под наслов „Раѓање”; Адријана Данчевска Ровчанин, на музика на Александар Гроздановски на вториот дел „Преплетување”; Саша Евтимова, на музика на Александар Пејовски на третиот дел „Вознес”. Идејата за проектот е на Александар Ношпал, кој е воедно е и костимограф, а драматург е Соња Здравкова-Џепаровска. Сценографијата е на Михалјо Стојановски, визуелен уметник е Флоријан Чанга (Р. Албанија). Видео анимациите во циклусот „Вознес” се на Доријан Миловановиќ, мултимедија и графички дизајн на Лазе Трипков, стиховите ги чита Никола Ристановски.

Фестивалската програма продолжува во петок, 26 април, во 20 часот, со отварање на изложбата „Рефлексии” на која ќе се претстави холандската фотографка Карла Шу, со едицијата „Да се забележи моментот”; дел од авторството за танцови претстави на костимографот Благој Мицевски и ретроспектива на фотографии од Танц Фест во изминативе 20 години, низ објективот на фотографите Сашо Димовски и Драган Перковски.

Јубилејната прослава е планирана за 30 април, во 20 часот во Македонскиот народен театар со кореографиите „The best of” на Рисима Рисимкин и „Место. Многу посебно за неа” на Адријана Данчевска Ровчанин, во изведба на Скопје танцовиот театар. Вечерта ќе биде доделена и Наградата МЕНАДА за врвни достигнуваеа во танцот”, постхумно на балетскиот уметник Марин Црвенов.

 

The post „Молитви на моето тело“ вечерва на Танц Фест Скопје appeared first on Република.

]]>

Со претставата „Молитви на моето тело“ вечерва, во 20 часот во Националната опера и балет, во рамки на јубилејното, 20-то издание на фестивалот „Танц Фест Скопје 2024“, завршува програмата насловена „Паралели”. Претставата е балетски триптих, инспирирана од циклусот поезија со истоимениот наслов на Ацо Шопов. Потписници на кореографиите се Ивана Коцевска, на музика на Дарија Андовска за првиот дел под наслов „Раѓање”; Адријана Данчевска Ровчанин, на музика на Александар Гроздановски на вториот дел „Преплетување”; Саша Евтимова, на музика на Александар Пејовски на третиот дел „Вознес”. Идејата за проектот е на Александар Ношпал, кој е воедно е и костимограф, а драматург е Соња Здравкова-Џепаровска. Сценографијата е на Михалјо Стојановски, визуелен уметник е Флоријан Чанга (Р. Албанија). Видео анимациите во циклусот „Вознес” се на Доријан Миловановиќ, мултимедија и графички дизајн на Лазе Трипков, стиховите ги чита Никола Ристановски. Фестивалската програма продолжува во петок, 26 април, во 20 часот, со отварање на изложбата „Рефлексии” на која ќе се претстави холандската фотографка Карла Шу, со едицијата „Да се забележи моментот”; дел од авторството за танцови претстави на костимографот Благој Мицевски и ретроспектива на фотографии од Танц Фест во изминативе 20 години, низ објективот на фотографите Сашо Димовски и Драган Перковски. Јубилејната прослава е планирана за 30 април, во 20 часот во Македонскиот народен театар со кореографиите „The best of” на Рисима Рисимкин и „Место. Многу посебно за неа” на Адријана Данчевска Ровчанин, во изведба на Скопје танцовиот театар. Вечерта ќе биде доделена и Наградата МЕНАДА за врвни достигнуваеа во танцот”, постхумно на балетскиот уметник Марин Црвенов.  

The post „Молитви на моето тело“ вечерва на Танц Фест Скопје appeared first on Република.

]]>
Балетскиот триптих „Молитви на моето тело“ инспириран од поезијата на Ацо Шопов на јубилејното издание на „Танц фест“ https://republika.mk/vesti/kultura/baletskiot-triptih-molitvi-na-moeto-telo-inspiriran-od-poezijata-na-atso-shopov-na-jubilejnoto-izdanie-na-tants-fest/ Wed, 17 Apr 2024 14:49:50 +0000 https://republika.mk/?p=767197

На 23 април со почеток во 20.00 часот, ќе се изведе балетскиот триптих „Молитви на моето тело“ инспириран од циклусот поезија со истоимениот наслов од поетот Ацо Шопов. Балетскиот триптих ќе се изведе во рамките на  јубилејното 20. издание на интернационалниот фестивал Танц Фест Скопје 2024.

Креативниот мозаик е составен од авторите: идејата за проектот и костимографијата се на Александар Ношпал, драматург е Соња Здравкова-Џепароска, кореографи се: Ивана Коцевска, Адријана Данчевска, Саша Евтимова, музиката е на Дарија Андовска, Александар Гроздановски и Александар Пејовскизведба: диригент Сашо Татарчевски со Женскиот младински хор при МКЦ) , сценограф е Михајло Стојановски, визуелен уметник, Флоријан Чанга од Албанија, камера и видеомонтажа на филм: Доријан Миловановиќ, мултимедија и графички дизајн, Лазе Трипков.

Поезијата на Шопов односно истоимениот циклус поезија на сцената на Националната опера и балет ќе биде „прочитана“ со јазикот на танцот создаден од тројца македонски кореографи на музика на тројца македонски композитори и останатите уметници. Во формат на  триптих, балетската претстава „Молитви на моето тело“ претставува 90-минутно креативно „сплотување“ на тим од тринаесет уметници, сценски пренесено од првенците, солистите и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.

The post Балетскиот триптих „Молитви на моето тело“ инспириран од поезијата на Ацо Шопов на јубилејното издание на „Танц фест“ appeared first on Република.

]]>

На 23 април со почеток во 20.00 часот, ќе се изведе балетскиот триптих „Молитви на моето тело“ инспириран од циклусот поезија со истоимениот наслов од поетот Ацо Шопов. Балетскиот триптих ќе се изведе во рамките на  јубилејното 20. издание на интернационалниот фестивал Танц Фест Скопје 2024. Креативниот мозаик е составен од авторите: идејата за проектот и костимографијата се на Александар Ношпал, драматург е Соња Здравкова-Џепароска, кореографи се: Ивана Коцевска, Адријана Данчевска, Саша Евтимова, музиката е на Дарија Андовска, Александар Гроздановски и Александар Пејовскизведба: диригент Сашо Татарчевски со Женскиот младински хор при МКЦ) , сценограф е Михајло Стојановски, визуелен уметник, Флоријан Чанга од Албанија, камера и видеомонтажа на филм: Доријан Миловановиќ, мултимедија и графички дизајн, Лазе Трипков. Поезијата на Шопов односно истоимениот циклус поезија на сцената на Националната опера и балет ќе биде „прочитана“ со јазикот на танцот создаден од тројца македонски кореографи на музика на тројца македонски композитори и останатите уметници. Во формат на  триптих, балетската претстава „Молитви на моето тело“ претставува 90-минутно креативно „сплотување“ на тим од тринаесет уметници, сценски пренесено од првенците, солистите и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.

The post Балетскиот триптих „Молитви на моето тело“ инспириран од поезијата на Ацо Шопов на јубилејното издание на „Танц фест“ appeared first on Република.

]]>
Вечерва во МКЦ на „Танц фест“ гостува австриската „Вертикалити танцова компанија“ https://republika.mk/vesti/kultura/vecherva-vo-mkts-na-tants-fest-gostuva-avstriskata-vertikaliti-tantsova-kompanija/ Wed, 17 Apr 2024 07:56:24 +0000 https://republika.mk/?p=767015

Фестивалската програма на јубилејното, 20. издание на „Танц фест“ Скопје продолжува вечерва во 20 часот, во Младинскиот културен центар (МКЦ), со настап на гостите од Австрија, Каи Чунг Чуанг и Марија Шуркал од „Вертикалити танцова компанија“, предводена од Роуз Брус, чие гостување е поддржано од австриската амбасада во Скопје.

Воедно, публиката ќе може да ги проследи кореографиите „Гризење“ на Тереза Лазарев, танчерка и кореографка и „Језгро“ на кореографките и танчерки Бисера Димчева и Наталија Трифуновиќ.

Вчера вечер, во салонот на НОБ, се изведе претставата „Сага“ на Рисима Рисимкин, на музика на Тони Китановски, во рамки на јубилејното, 20-то издание на Танц Фест Скопје, претстава која публиката ја поздрави со одушевување.

Комплетниот балетски ансамбл, предводен од примабалерините Марија Кичевска и Мими Попалексова-Атансова, како и истакнатата солистка Саша Ефтимова, во еден здив ја доловија поезијата на великанот Блаже Конески, проткаена со извонредни емоции, кои предезвикаа бура од аплаузи.

Исклучителна атмосфера, несекојдневна, флуидност која плени, низ која можеше да се насети историјата, преплетена со современоста, како сведоштво на стоицизмот и непокорноста. Прекрасните костими на Благој Мицевски и сценографијата на Матеа Мијановиќ, во потполност ја одсликаа идејата на кореографката Рисимкин и создадоа магија која се чувствуваше во воздухот со секој дамар на звукот, на секогаш посебниот композитор Китановски.

Програмата „Паралели“ во НОБ ќе заврши на 23 април со изведба на балетскиот триптих „Молитви за моето тело“ со кореографиите на Ивана Коцева, Адријана Данчевска и Саша Ефтимова.

Јубилејното издание на фестивалот е поддржано од Министерството за култура, Францускиот институт, Виталија, Бовин, Австриската амбасада во Скопје, а програмата се изведува во соработка со НОБ, МНТ, МКЦ. Медиумски покровители се МРТВ, Радијата Антена5, Бубамара, Метрополис, Сити радио, Урбан ФМ.

The post Вечерва во МКЦ на „Танц фест“ гостува австриската „Вертикалити танцова компанија“ appeared first on Република.

]]>

Фестивалската програма на јубилејното, 20. издание на „Танц фест“ Скопје продолжува вечерва во 20 часот, во Младинскиот културен центар (МКЦ), со настап на гостите од Австрија, Каи Чунг Чуанг и Марија Шуркал од „Вертикалити танцова компанија“, предводена од Роуз Брус, чие гостување е поддржано од австриската амбасада во Скопје. Воедно, публиката ќе може да ги проследи кореографиите „Гризење“ на Тереза Лазарев, танчерка и кореографка и „Језгро“ на кореографките и танчерки Бисера Димчева и Наталија Трифуновиќ. Вчера вечер, во салонот на НОБ, се изведе претставата „Сага“ на Рисима Рисимкин, на музика на Тони Китановски, во рамки на јубилејното, 20-то издание на Танц Фест Скопје, претстава која публиката ја поздрави со одушевување. Комплетниот балетски ансамбл, предводен од примабалерините Марија Кичевска и Мими Попалексова-Атансова, како и истакнатата солистка Саша Ефтимова, во еден здив ја доловија поезијата на великанот Блаже Конески, проткаена со извонредни емоции, кои предезвикаа бура од аплаузи. Исклучителна атмосфера, несекојдневна, флуидност која плени, низ која можеше да се насети историјата, преплетена со современоста, како сведоштво на стоицизмот и непокорноста. Прекрасните костими на Благој Мицевски и сценографијата на Матеа Мијановиќ, во потполност ја одсликаа идејата на кореографката Рисимкин и создадоа магија која се чувствуваше во воздухот со секој дамар на звукот, на секогаш посебниот композитор Китановски. Програмата „Паралели“ во НОБ ќе заврши на 23 април со изведба на балетскиот триптих „Молитви за моето тело“ со кореографиите на Ивана Коцева, Адријана Данчевска и Саша Ефтимова. Јубилејното издание на фестивалот е поддржано од Министерството за култура, Францускиот институт, Виталија, Бовин, Австриската амбасада во Скопје, а програмата се изведува во соработка со НОБ, МНТ, МКЦ. Медиумски покровители се МРТВ, Радијата Антена5, Бубамара, Метрополис, Сити радио, Урбан ФМ.

The post Вечерва во МКЦ на „Танц фест“ гостува австриската „Вертикалити танцова компанија“ appeared first on Република.

]]>
Современиот балет „Сага” на Рисима Рисимкин вечерва на „Танц фест“ https://republika.mk/vesti/kultura/sovremeniot-balet-saga-na-risima-risimkin-vecherva-na-tants-fest/ Tue, 16 Apr 2024 08:02:53 +0000 https://republika.mk/?p=766554

Современиот балет „Сага“ на Рисима Рисимкин ќе биде изведено вечерва во 20 часот на големата сцена на Националната опера и балет, на јубилејното 20. издание на Танц-Фест Скопје, што се одржува под мотото „Сирово: од движење до виртуозност – 20 години извонредност во современиот танц“. Претставата е дел од програмата „Паралели“, која фестивалот ја остварува во соработка со Националната опера и балет.

„Сага” е возбудливо патување низ ритамот на седмата осмина. Низ заедничка креација со Националниот балет, кореографката Рисима Рисимкин, на извонредната музика на композиторот Тони Китановски, сценографијата на Матеа Мијановиќ и костимите на Благој Мицевски, ги открива идентитетите на Црвената и Црната нишка, кои ги толкуваат примабалерините Марија Кичевска Шокаровска и Мими Поп-Алексова Атанасовска, Пиреј со првенецот Балаж Лочеи, (Унгарија), Везилката со Саша Евтимова, Копнеж со Франциско Хименез Руиз, Прелист со Наташа Трендафилова-Гицева, Трепетлика со Илијана Данилов, Ѓул со Христина Наќевска.

Извонредните танчери на Националниот балет и авторскиот тим, создаваат претстава за луѓето, поминуваат низ историјата и се задржуваат на сегашноста. Либретото се базира врз народни преданија и современа поезија на македонски автори, во кое централно место зазема песната “Везилка” на великанот Блаже Конески.

Јубилејното издание на фестивалот е поддржано од Министерството за култура, Францускиот институт, Виталија, Бовин, Австриската амбасада во Скопје, а програмата се изведува во соработка со НОБ, МНТ, МКЦ. Медиумски покровители се МРТВ, Радијата Антена5, Бубамара, Метрополис, Сити радио, Урбан ФМ.

 

The post Современиот балет „Сага” на Рисима Рисимкин вечерва на „Танц фест“ appeared first on Република.

]]>

Современиот балет „Сага“ на Рисима Рисимкин ќе биде изведено вечерва во 20 часот на големата сцена на Националната опера и балет, на јубилејното 20. издание на Танц-Фест Скопје, што се одржува под мотото „Сирово: од движење до виртуозност – 20 години извонредност во современиот танц“. Претставата е дел од програмата „Паралели“, која фестивалот ја остварува во соработка со Националната опера и балет. „Сага” е возбудливо патување низ ритамот на седмата осмина. Низ заедничка креација со Националниот балет, кореографката Рисима Рисимкин, на извонредната музика на композиторот Тони Китановски, сценографијата на Матеа Мијановиќ и костимите на Благој Мицевски, ги открива идентитетите на Црвената и Црната нишка, кои ги толкуваат примабалерините Марија Кичевска Шокаровска и Мими Поп-Алексова Атанасовска, Пиреј со првенецот Балаж Лочеи, (Унгарија), Везилката со Саша Евтимова, Копнеж со Франциско Хименез Руиз, Прелист со Наташа Трендафилова-Гицева, Трепетлика со Илијана Данилов, Ѓул со Христина Наќевска. Извонредните танчери на Националниот балет и авторскиот тим, создаваат претстава за луѓето, поминуваат низ историјата и се задржуваат на сегашноста. Либретото се базира врз народни преданија и современа поезија на македонски автори, во кое централно место зазема песната “Везилка” на великанот Блаже Конески. Јубилејното издание на фестивалот е поддржано од Министерството за култура, Францускиот институт, Виталија, Бовин, Австриската амбасада во Скопје, а програмата се изведува во соработка со НОБ, МНТ, МКЦ. Медиумски покровители се МРТВ, Радијата Антена5, Бубамара, Метрополис, Сити радио, Урбан ФМ.  

The post Современиот балет „Сага” на Рисима Рисимкин вечерва на „Танц фест“ appeared first on Република.

]]>
Современиот балет „Сага“ (идентитети) на Танц Фест https://republika.mk/vesti/kultura/sovremeniot-balet-saga-identiteti-na-tants-fest/ Mon, 15 Apr 2024 09:47:18 +0000 https://republika.mk/?p=766230

На сцената на Националната опера и балет на 16 април со почеток во 20.00 часот ќе се изведе современиот балет „Сага“ (идентитети), во рамките на jубилејното 20. издание на Танц Фест Скопје.

„Сага” (идентитети) е возбудливо патување низ ритамот на седмата осмина. Низ заедничка креација со Националниот балет, кореографката Рисима Рисимкин, на извонредната музика на композиторот Тони Китановски, сценографијата на Матеа Мијановиќ и костимите на Благој Мицевски, ги открива идентитетите на Црвената и Црната нишка, кои ги толкуваат примабалерините Марија Кичевска Шокаровска и Мими Поп-Алексова Атанасовска, Пиреј со првенецот Бобан Ковачевски и гостинот Балаж Лочеи (Унгарија), Везилката со Саша Евтимова, Прелист со Наташа Трендафилова-Гицев, Трепетлика со Илијана Данилов, Ѓул со Христина Наќевска.

Со еден збор обединети со комплетниот ансамбл на Националниот балет создаваат претстава за луѓето, поминуваат низ историјата и се задржуваат на сегашноста. Либретото се базира врз народни преданија и современа поезија на македонски автори, во кое централно место зазема песната „Везилка” на великанот Блаже Конески.

Современиот балет „Сага“ (идентитети) е во рамките на 20. издание на интернационалниот фестивал Танц Фест Скопје 2024, кое има нов концепт и повеќе различни програми, меѓу кои и програмата насловена „Паралели“ во која ќе се прикажат три претстави од репертоарот на Националната опера и балет, со цел да се прикажат современите текови на Националниот балет и да се претстават повеќе домашни кореографи.

 

The post Современиот балет „Сага“ (идентитети) на Танц Фест appeared first on Република.

]]>

На сцената на Националната опера и балет на 16 април со почеток во 20.00 часот ќе се изведе современиот балет „Сага“ (идентитети), во рамките на jубилејното 20. издание на Танц Фест Скопје. „Сага” (идентитети) е возбудливо патување низ ритамот на седмата осмина. Низ заедничка креација со Националниот балет, кореографката Рисима Рисимкин, на извонредната музика на композиторот Тони Китановски, сценографијата на Матеа Мијановиќ и костимите на Благој Мицевски, ги открива идентитетите на Црвената и Црната нишка, кои ги толкуваат примабалерините Марија Кичевска Шокаровска и Мими Поп-Алексова Атанасовска, Пиреј со првенецот Бобан Ковачевски и гостинот Балаж Лочеи (Унгарија), Везилката со Саша Евтимова, Прелист со Наташа Трендафилова-Гицев, Трепетлика со Илијана Данилов, Ѓул со Христина Наќевска. Со еден збор обединети со комплетниот ансамбл на Националниот балет создаваат претстава за луѓето, поминуваат низ историјата и се задржуваат на сегашноста. Либретото се базира врз народни преданија и современа поезија на македонски автори, во кое централно место зазема песната „Везилка” на великанот Блаже Конески. Современиот балет „Сага“ (идентитети) е во рамките на 20. издание на интернационалниот фестивал Танц Фест Скопје 2024, кое има нов концепт и повеќе различни програми, меѓу кои и програмата насловена „Паралели“ во која ќе се прикажат три претстави од репертоарот на Националната опера и балет, со цел да се прикажат современите текови на Националниот балет и да се претстават повеќе домашни кореографи.  

The post Современиот балет „Сага“ (идентитети) на Танц Фест appeared first on Република.

]]>
„Госпоѓиците од Авињон“ утре на jубилејното 20. издание на Танц Фест Скопје https://republika.mk/vesti/kultura/gospogitsite-od-avinon-utre-na-jubilejnoto-20-izdanie-na-tants-fest-skopje/ Wed, 10 Apr 2024 14:42:06 +0000 https://republika.mk/?p=764616

На сцената на Националната опера и балет на 11 април со почеток во 20.00 часот ќе се изведе атрактивната балетска претстава во 9 слики „Госпоѓиците од Авињон“. Со оваа претстава започнува jубилејното 20. издание на интернационалниот фестивал Танц Фест Скопје 2024, кое ќе има нов концепт и повеќе различни програми, меѓу кои и програмата насловена „Паралели“ во која ќе се прикажат три претстави од репертоарот на Националната опера и балет, со цел да се прикажат современите текови на Националниот балет и да се претстават повеќе домашни кореографи.

Балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон“ е инспирирана од истоимената слика на уметникот Пабло Пикасо, зборува за пет жени и нивниот живот, нивната потрага по љубовта, смртта и слободата.

Музиката во претставата е на Калиопи Букле, за кореографијата и режијата задолжена е Олга Панго. Либретото и драматургијата се на Сашо Димоски, костимограф е Раде Василев, а на мултимедија и дизајн работеше Емил Петров, дизајн на светло - Милчо Александров, а дизајн на шминкa - Златица Поповска. Асистенти на кореографот се Горан Божинов и Саша Евтимова Користени се сценографски елементи од операта „Змејовата невеста“ - сценограф Валентин Светозарев.

Настапуваат: Александра Мијалкова, Мими Поп-Алексова Атанасовска, Ивана Коцевска, Саша Евтимова, Христина Наќевска, Мирослав Митрашиновиќ, Балаж Лочеи, Агим Бафтии, Ендру Кук.

 

The post „Госпоѓиците од Авињон“ утре на jубилејното 20. издание на Танц Фест Скопје appeared first on Република.

]]>

На сцената на Националната опера и балет на 11 април со почеток во 20.00 часот ќе се изведе атрактивната балетска претстава во 9 слики „Госпоѓиците од Авињон“. Со оваа претстава започнува jубилејното 20. издание на интернационалниот фестивал Танц Фест Скопје 2024, кое ќе има нов концепт и повеќе различни програми, меѓу кои и програмата насловена „Паралели“ во која ќе се прикажат три претстави од репертоарот на Националната опера и балет, со цел да се прикажат современите текови на Националниот балет и да се претстават повеќе домашни кореографи. Балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон“ е инспирирана од истоимената слика на уметникот Пабло Пикасо, зборува за пет жени и нивниот живот, нивната потрага по љубовта, смртта и слободата. Музиката во претставата е на Калиопи Букле, за кореографијата и режијата задолжена е Олга Панго. Либретото и драматургијата се на Сашо Димоски, костимограф е Раде Василев, а на мултимедија и дизајн работеше Емил Петров, дизајн на светло - Милчо Александров, а дизајн на шминкa - Златица Поповска. Асистенти на кореографот се Горан Божинов и Саша Евтимова Користени се сценографски елементи од операта „Змејовата невеста“ - сценограф Валентин Светозарев. Настапуваат: Александра Мијалкова, Мими Поп-Алексова Атанасовска, Ивана Коцевска, Саша Евтимова, Христина Наќевска, Мирослав Митрашиновиќ, Балаж Лочеи, Агим Бафтии, Ендру Кук.  

The post „Госпоѓиците од Авињон“ утре на jубилејното 20. издание на Танц Фест Скопје appeared first on Република.

]]>
Танц Фест се затвора со „Мозаик“ на светската ѕвезда и официјален кореограф на претстојните ЛОИ во Париз, Мурад Мерзуки https://republika.mk/vesti/kultura/tants-fest-se-zatvora-so-mozaik-na-svetskata-zvezda-i-ofitsijalen-koreograf-na-pretstojnite-loi-vo-pariz-murad-merzuki/ Fri, 05 Apr 2024 14:17:54 +0000 https://republika.mk/?p=762689

Фестивалот Танц-Фест Скопје 2024, годинава, под мотото „Сирово: од движење до виртуозност – 20 години Извонредност во современиот танц“ го прославува јубилејот 20 години постоење. Во својата програма, за ова јубилејно издание, фестивалот ќе презентира повеќе домашни и странски кореографи на повеќе сцени низ градот, кои ќе бидат дел од повеќеслојната програма, која дава осврт на современата танцова сцена.

Јубилејното издание на фестивалот започнува со програмата „Паралели“, која фестивалот ја остварува во соработка со Националната опера и балет. Фестивалот ќе се отвори на 11 април со претставата „Госпоѓиците од Авињон“ во кореографија на Олга Панго, на музика на Калиопи Букле; на 16 април ќе се изведе современата претстава „Сага“ во кореографија на Рисима Рисимкин, на музика на Тони Китановски и на 23 април, балетскиот триптих „Молитви на моето тело“, чиј креативен тим го сочинуваат костимографот Александар Ношпал и драматургот Соња Здравкова-Џепароска, а кореографиите се: „Раѓање“ на Ивана Коцевска, на музика на Дарија Андоновска, „Преплетување“ на Адријана Данчевска, на музика на Александар Гроздановски и „Вознес“ на Саша Ефтимова, на музика на Александар Пејовски.

На 17 април во Младинскиот културен центар, ќе се претстават повеќе современи кореографи, претстава во која ќе видиме кореографии на Каи Чун Чуанг и Марија Шуркал, во продукција на „Вертикалити танцова компанија“ на Роуз Брус од Линц, Австрија, како и кореографиите „Гризење“ на Тереза Лазарев и „Језгро“ на Бисера Димчевска со Наталија Трифуновиќ.

Јубилејната прослава на фестивалот ќе се одржи на 30 април, на сцената на Македонскиот народен театар, со претстава на Скопје танцовиот театар и кореографии на Рисима Рисимкин и Адријана Данчевска. Воедно, вечерта ќе се додели Наградата МЕНАДА за врвни достигнувања во областа на танцовата уметност на балетскио уметник Марин Црвенов, доајен на македонскиот балет.

На 11 мај на сцената на Македонскиот театар ќе се прикажат две кореографии, „Блокови“ на Дејан Битровски и „Табу република“ на Бобан Русески.

Танц Фест Скопје 2024 во склоп на јубилејната програма, од 13 до 17 мај ја вклучува програмата Moving Balkans, во која учество ќе земат уметници од 11 земји: Словенија, Хрватска, Бугарија, Романија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово, Турција и Македонија, со кореографи и професори од Холандија и Италија.

На 13 мај во Младинскиот културен центар ќе имаме можност да ја видиме претставата „Импулс“ на Скопје танцов театар 2, во која ќе настапат студентите при Катедрата за современ танц и Балетска педагогија при Универзитетот „Гоце Делчев“.

Овогодинешното издание ќе заврши со претставата „Мозаик“ на светската кореографска ѕвезда и официјален кореограф на претстојните Олимписки игри во Париз, Мурад Мерзуки, кој нашата публика го памти по претставата „Пиксел“. Фестивалот, гостувањето на Мурад Мерзуки го остварува преку соработка со Францускиот институт во Скопје, кој со претставата ќе ја започне програмата за прослава и одбележување 50 години постоење во Скопје, со што ќе се одбележи и соработката која Францускиот институт ја има со Интерарт културниот центар во изминативе триесет години. Во рамки на фестивалот е и Отворената програм „Танцуваме со Виталија“, како и изложбата на фотографии под наслов „Рефлексии“, во која ќе бидат застапени холандски и домашни фотографи, а која ќе се одржи во Мала станица, во соработка со Националната галерија.

 

 

The post Танц Фест се затвора со „Мозаик“ на светската ѕвезда и официјален кореограф на претстојните ЛОИ во Париз, Мурад Мерзуки appeared first on Република.

]]>

Фестивалот Танц-Фест Скопје 2024, годинава, под мотото „Сирово: од движење до виртуозност – 20 години Извонредност во современиот танц“ го прославува јубилејот 20 години постоење. Во својата програма, за ова јубилејно издание, фестивалот ќе презентира повеќе домашни и странски кореографи на повеќе сцени низ градот, кои ќе бидат дел од повеќеслојната програма, која дава осврт на современата танцова сцена. Јубилејното издание на фестивалот започнува со програмата „Паралели“, која фестивалот ја остварува во соработка со Националната опера и балет. Фестивалот ќе се отвори на 11 април со претставата „Госпоѓиците од Авињон“ во кореографија на Олга Панго, на музика на Калиопи Букле; на 16 април ќе се изведе современата претстава „Сага“ во кореографија на Рисима Рисимкин, на музика на Тони Китановски и на 23 април, балетскиот триптих „Молитви на моето тело“, чиј креативен тим го сочинуваат костимографот Александар Ношпал и драматургот Соња Здравкова-Џепароска, а кореографиите се: „Раѓање“ на Ивана Коцевска, на музика на Дарија Андоновска, „Преплетување“ на Адријана Данчевска, на музика на Александар Гроздановски и „Вознес“ на Саша Ефтимова, на музика на Александар Пејовски. На 17 април во Младинскиот културен центар, ќе се претстават повеќе современи кореографи, претстава во која ќе видиме кореографии на Каи Чун Чуанг и Марија Шуркал, во продукција на „Вертикалити танцова компанија“ на Роуз Брус од Линц, Австрија, како и кореографиите „Гризење“ на Тереза Лазарев и „Језгро“ на Бисера Димчевска со Наталија Трифуновиќ. Јубилејната прослава на фестивалот ќе се одржи на 30 април, на сцената на Македонскиот народен театар, со претстава на Скопје танцовиот театар и кореографии на Рисима Рисимкин и Адријана Данчевска. Воедно, вечерта ќе се додели Наградата МЕНАДА за врвни достигнувања во областа на танцовата уметност на балетскио уметник Марин Црвенов, доајен на македонскиот балет. На 11 мај на сцената на Македонскиот театар ќе се прикажат две кореографии, „Блокови“ на Дејан Битровски и „Табу република“ на Бобан Русески. Танц Фест Скопје 2024 во склоп на јубилејната програма, од 13 до 17 мај ја вклучува програмата Moving Balkans, во која учество ќе земат уметници од 11 земји: Словенија, Хрватска, Бугарија, Романија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово, Турција и Македонија, со кореографи и професори од Холандија и Италија. На 13 мај во Младинскиот културен центар ќе имаме можност да ја видиме претставата „Импулс“ на Скопје танцов театар 2, во која ќе настапат студентите при Катедрата за современ танц и Балетска педагогија при Универзитетот „Гоце Делчев“. Овогодинешното издание ќе заврши со претставата „Мозаик“ на светската кореографска ѕвезда и официјален кореограф на претстојните Олимписки игри во Париз, Мурад Мерзуки, кој нашата публика го памти по претставата „Пиксел“. Фестивалот, гостувањето на Мурад Мерзуки го остварува преку соработка со Францускиот институт во Скопје, кој со претставата ќе ја започне програмата за прослава и одбележување 50 години постоење во Скопје, со што ќе се одбележи и соработката која Францускиот институт ја има со Интерарт културниот центар во изминативе триесет години. Во рамки на фестивалот е и Отворената програм „Танцуваме со Виталија“, како и изложбата на фотографии под наслов „Рефлексии“, во која ќе бидат застапени холандски и домашни фотографи, а која ќе се одржи во Мала станица, во соработка со Националната галерија.    

The post Танц Фест се затвора со „Мозаик“ на светската ѕвезда и официјален кореограф на претстојните ЛОИ во Париз, Мурад Мерзуки appeared first on Република.

]]>
Вечерва на Танц Фест „Табу република“ https://republika.mk/vesti/kultura/vecherva-na-tants-fest-tabu-republika/ Mon, 10 Apr 2023 07:55:38 +0000 https://republika.mk/?p=629287

Вечерва во рамки на фестивалот Танц Фест 2023, во 20 часот во Младинскиот културен центар  (МКЦ) ќе се изведе претставата „Табу република“ на кореографот Бобан Русески, во продукција и изведба на Скопје танцовиот театар.

Покрај Русески, кој е потписник на кореографијата и режијата, во претставата учествуваат: со пијано изведба Ема Ананиевска, на теремин Кети Танчева, а визуелен уметник е Кристијан Јованоски. Костимите се на Благој Мицевски, плакатот за претставата го подготви Кристијан Јованоски, а настапуваат танчерите на Скопје танцовиот театар Анастасија Данчевска и Сара Цветковска и студентите на Катедрата за современ танц при универзитетот „Гоце Делчев“: Стефи Шааршмит, Клара Христовска, Илина Костовска, Моника Шолевска, Михаела-Анџела Глигорова, Ангела Петровска, Јоана Благадуша, како и актерката Наталија Ристеска.

„Табу република“ нема цензура. Таа се бави со тематики на лицата од женскиот род, жената како родилка и носител на живот. Како кореограф во подоготовките правев истражувања колкава е стапката на смртноста на жените при пораѓај. Фокусот е ставен на абортусот, кој најчесто се случува заради недоволното сексуално образование кај младите лица. Претставата ги истражува состојбите во кои се стишува гласот на младите, поради општествените предрасуди и погледи кон самиот чин. Често наидував на млади девојки, познанички, кој се соочуваат со тие проблеми и тоа ме поттикна повеќе да истажувам на оваа тема. По неколку интервјуа со гениколози, психолози и дефектолози, сватив дека проблемите со кои се соочува младината, се многу подлабоки, а со дел од овие проблеми се соочуваат и повозрасни лица. Воедно, делото разработува сензитивна тематика и ги опфаќа лицата од ранливи категории, лица со оштетен вид и слух, лица со инавалидитет, кои се најмногу обесправени од самите институции. Една од многуте табу теми во нашите краишта, кои ме инспирираа да го создадам ова дело, се со цел да се слушне за овие проблеми и да се зборува отворено за нив во нашето општество, вели Русески.

Претставата се препорачува за +16 години.

Танц Фест Скопје е поддржан од Министерството за култура, Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје, Амбасадата на САД во Скопје, УГД, Виталија, Бовин и мeдиумските партнери.

 

The post Вечерва на Танц Фест „Табу република“ appeared first on Република.

]]>

Вечерва во рамки на фестивалот Танц Фест 2023, во 20 часот во Младинскиот културен центар  (МКЦ) ќе се изведе претставата „Табу република“ на кореографот Бобан Русески, во продукција и изведба на Скопје танцовиот театар. Покрај Русески, кој е потписник на кореографијата и режијата, во претставата учествуваат: со пијано изведба Ема Ананиевска, на теремин Кети Танчева, а визуелен уметник е Кристијан Јованоски. Костимите се на Благој Мицевски, плакатот за претставата го подготви Кристијан Јованоски, а настапуваат танчерите на Скопје танцовиот театар Анастасија Данчевска и Сара Цветковска и студентите на Катедрата за современ танц при универзитетот „Гоце Делчев“: Стефи Шааршмит, Клара Христовска, Илина Костовска, Моника Шолевска, Михаела-Анџела Глигорова, Ангела Петровска, Јоана Благадуша, како и актерката Наталија Ристеска.
„Табу република“ нема цензура. Таа се бави со тематики на лицата од женскиот род, жената како родилка и носител на живот. Како кореограф во подоготовките правев истражувања колкава е стапката на смртноста на жените при пораѓај. Фокусот е ставен на абортусот, кој најчесто се случува заради недоволното сексуално образование кај младите лица. Претставата ги истражува состојбите во кои се стишува гласот на младите, поради општествените предрасуди и погледи кон самиот чин. Често наидував на млади девојки, познанички, кој се соочуваат со тие проблеми и тоа ме поттикна повеќе да истажувам на оваа тема. По неколку интервјуа со гениколози, психолози и дефектолози, сватив дека проблемите со кои се соочува младината, се многу подлабоки, а со дел од овие проблеми се соочуваат и повозрасни лица. Воедно, делото разработува сензитивна тематика и ги опфаќа лицата од ранливи категории, лица со оштетен вид и слух, лица со инавалидитет, кои се најмногу обесправени од самите институции. Една од многуте табу теми во нашите краишта, кои ме инспирираа да го создадам ова дело, се со цел да се слушне за овие проблеми и да се зборува отворено за нив во нашето општество, вели Русески.
Претставата се препорачува за +16 години. Танц Фест Скопје е поддржан од Министерството за култура, Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје, Амбасадата на САД во Скопје, УГД, Виталија, Бовин и мeдиумските партнери.  

The post Вечерва на Танц Фест „Табу република“ appeared first on Република.

]]>
Танц Фест 2023 ќе се одржи под мотото „Танцувајќи создаваме иднина“ https://republika.mk/vesti/kultura/tants-fest-2023-ke-se-odrzhi-pod-mototo-tantsuvajki-sozdavame-idnina/ Tue, 21 Mar 2023 11:45:31 +0000 https://republika.mk/?p=622007

Со претставување на 19 кореографи од земјава, но и Холандија, САД, Полска, Чешка, Израел, Италија, Грција, Словачка, Романија, Шпанија и Кина, „Танц Фест“ Скопје 2023 ќе се оддржи под мотото „Танцувајќи создаваме иднина“.

На 4 април, вторник, на сцената на Македонскиот народен театар, фестивалот ќе започне со премиера на претставата „Таленти во движење“, на ротердамската танцова компанија „Кодартс“.

На 12 април, среда, на сцената на МНТ ќе се претстави американската танцова компанија „Далас Блек“, преку проектот „Dance communications“ – работилници за млади танчери, кои ќе подготват кратка кореографија под менторство на танчерите и професорите од САД и Скопје танцовиот театар, а истата ќе ја изведат на 12 април на сцената на МНТ, пред настапот на компанијата од САД.

На сцената на Младинскиот културен центар ќе бидат претставени современи кореографии на Јакуб Черулик од Словачка, Сандра Махвама од Романија, Гилда Цесарио од Италија, „А приори“ компанијата од Грција.

На 10 април, петок, во МКЦ ќе се изведе новата кореографија на Бобан Русески, под наслов „Табу република“, во продукција на Скопје танцовиот театар.

Скопје танцовиот театар на 11 април, сабота, во МНТ, ќе ги претстави новите продукции „Место, многу посебно за неа“ на Адријана Данчевска и „Блокови“ на Дејан Битровски, во кои учествуваат танчерите на компанијата и студентите на Катедрата за современ танц при Универзитетот „Гоце Делчев“.

Македонската танцова сцена ќе биде претставена со кореографиите „Одење и слични кореографски решенија“ на Филип Петковски, на 28 април, вторник,  на Малата сцена на НОБ и „КОД #9“ на Ивана Балабанова и Алесандро Ола, која ќе се изведе на 24 април, понеделник,  на сцената на Кино Фросина во МКЦ.

На 26 април, недела, на сцената на Македонскиот народен театар ќе се изведе премиерата на најновата кореографија на Рисима Рисимкин, „Лејди Магбет“, која годинава е поканета да гостува на италијанскиот фестивал „Шекспир фринге“ фестивалот во Верона.

The post Танц Фест 2023 ќе се одржи под мотото „Танцувајќи создаваме иднина“ appeared first on Република.

]]>

Со претставување на 19 кореографи од земјава, но и Холандија, САД, Полска, Чешка, Израел, Италија, Грција, Словачка, Романија, Шпанија и Кина, „Танц Фест“ Скопје 2023 ќе се оддржи под мотото „Танцувајќи создаваме иднина“. На 4 април, вторник, на сцената на Македонскиот народен театар, фестивалот ќе започне со премиера на претставата „Таленти во движење“, на ротердамската танцова компанија „Кодартс“. На 12 април, среда, на сцената на МНТ ќе се претстави американската танцова компанија „Далас Блек“, преку проектот „Dance communications“ – работилници за млади танчери, кои ќе подготват кратка кореографија под менторство на танчерите и професорите од САД и Скопје танцовиот театар, а истата ќе ја изведат на 12 април на сцената на МНТ, пред настапот на компанијата од САД. На сцената на Младинскиот културен центар ќе бидат претставени современи кореографии на Јакуб Черулик од Словачка, Сандра Махвама од Романија, Гилда Цесарио од Италија, „А приори“ компанијата од Грција. На 10 април, петок, во МКЦ ќе се изведе новата кореографија на Бобан Русески, под наслов „Табу република“, во продукција на Скопје танцовиот театар. Скопје танцовиот театар на 11 април, сабота, во МНТ, ќе ги претстави новите продукции „Место, многу посебно за неа“ на Адријана Данчевска и „Блокови“ на Дејан Битровски, во кои учествуваат танчерите на компанијата и студентите на Катедрата за современ танц при Универзитетот „Гоце Делчев“. Македонската танцова сцена ќе биде претставена со кореографиите „Одење и слични кореографски решенија“ на Филип Петковски, на 28 април, вторник,  на Малата сцена на НОБ и „КОД #9“ на Ивана Балабанова и Алесандро Ола, која ќе се изведе на 24 април, понеделник,  на сцената на Кино Фросина во МКЦ. На 26 април, недела, на сцената на Македонскиот народен театар ќе се изведе премиерата на најновата кореографија на Рисима Рисимкин, „Лејди Магбет“, која годинава е поканета да гостува на италијанскиот фестивал „Шекспир фринге“ фестивалот во Верона.

The post Танц Фест 2023 ќе се одржи под мотото „Танцувајќи создаваме иднина“ appeared first on Република.

]]>