такси Archives - Република https://republika.mk/tema/taksi/ За подобро да се разбереме Mon, 09 Sep 2024 07:11:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png такси Archives - Република https://republika.mk/tema/taksi/ 32 32 Штрајкуваат таксистите во Атина https://republika.mk/vesti/balkan/shtrajkuvaat-taksistite-vo-atina/ Mon, 09 Sep 2024 07:11:19 +0000 https://republika.mk/?p=814528

Од пет часот утрово таксистие во Атина, организирани од нивниот Синдикат, започнаа 24-часовен штрајк поради, како што велат,„низа владини одлуки и важни законодавни пропусти што се однесуваат на нивниот сектор“, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Синдикатот потенцираа дека новите даночни и осигурителни закони ќе ги доведат до финансиска пропаст, а планираната транзиција кон електрични возила од 2026 година ќе ја загрози нивната професија.

Паралелно, за претпладнево закажаа Генерално собрание на кое ќе разговараат за проблемите со кои се соочуваат.

Грчката метропола до утре наутро ќе биде без такси превоз. ср/

 

The post Штрајкуваат таксистите во Атина appeared first on Република.

]]>

Од пет часот утрово таксистие во Атина, организирани од нивниот Синдикат, започнаа 24-часовен штрајк поради, како што велат,„низа владини одлуки и важни законодавни пропусти што се однесуваат на нивниот сектор“, јави дописничката на МИА од Атина. Од Синдикатот потенцираа дека новите даночни и осигурителни закони ќе ги доведат до финансиска пропаст, а планираната транзиција кон електрични возила од 2026 година ќе ја загрози нивната професија. Паралелно, за претпладнево закажаа Генерално собрание на кое ќе разговараат за проблемите со кои се соочуваат. Грчката метропола до утре наутро ќе биде без такси превоз. ср/  

The post Штрајкуваат таксистите во Атина appeared first on Република.

]]>
Taкси дроновите нема да летаат над Париз додека траат ОИ https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/taksi-dronovite-nema-da-letaat-nad-pariz-dodeka-traat-oi/ Thu, 08 Aug 2024 06:28:32 +0000 https://republika.mk/?p=804404

Пробните летови на таканаречените летечки такси - футуристички дронови способни да превезуваат луѓе – се прекинати во Париз за време на Олимпијадата бидејќи не е доставен сертификат за моторите, изјавија нивните промотори.

Германскиот производител Volocopter веќе неколку години спроведува пробни летови во регионот на Париз и напорно лобираше за овластување од европските власти навреме за Олимпијадата.

Компанијата соработува со францускиот аеродромски оператор ADP, метрото и автобускиот оператор во главниот град RATP и регионалната влада на Париз.

Сертификацијата за VoloCity, моторот замислен и направен од Volocopter, е одложен за неколку недели, рече заменик-извршниот директор на ADP, Едвард Аркрајт.

Првично пробните летови требаше да се извршат за време на ОИ, слетувајќи на пловка на Сена  во југоисточен дел на Париз.

Промоторите се надеваа дека ќе ги искористат ОИ за да покажат дека технологијата може ефикасно да ги поврзе местата за полетување и слетување. Сепак, пробните летови без патници ќе се одржат на аеродром западно од Париз, в четврток и в недела.

The post Taкси дроновите нема да летаат над Париз додека траат ОИ appeared first on Република.

]]>

Пробните летови на таканаречените летечки такси - футуристички дронови способни да превезуваат луѓе – се прекинати во Париз за време на Олимпијадата бидејќи не е доставен сертификат за моторите, изјавија нивните промотори. Германскиот производител Volocopter веќе неколку години спроведува пробни летови во регионот на Париз и напорно лобираше за овластување од европските власти навреме за Олимпијадата. Компанијата соработува со францускиот аеродромски оператор ADP, метрото и автобускиот оператор во главниот град RATP и регионалната влада на Париз. Сертификацијата за VoloCity, моторот замислен и направен од Volocopter, е одложен за неколку недели, рече заменик-извршниот директор на ADP, Едвард Аркрајт. Првично пробните летови требаше да се извршат за време на ОИ, слетувајќи на пловка на Сена  во југоисточен дел на Париз. Промоторите се надеваа дека ќе ги искористат ОИ за да покажат дека технологијата може ефикасно да ги поврзе местата за полетување и слетување. Сепак, пробните летови без патници ќе се одржат на аеродром западно од Париз, в четврток и в недела.

The post Taкси дроновите нема да летаат над Париз додека траат ОИ appeared first on Република.

]]>
Атина денеска и утре без такси превоз https://republika.mk/vesti/balkan/atina-deneska-i-utre-bez-taksi-prevoz/ Tue, 27 Feb 2024 09:00:03 +0000 https://republika.mk/?p=748802

Таксистите во Атина, организирани од нивниот Синдикат утрово започнаа 48-часовен штрајк поради проблемите со кои се соочуваат во нивниот сектор, со што грчката метропола денеска и утре ќе биде без такси превоз, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Синдикатот велат дека „економскиот модел на управување што го избра Владата го става на мета секој вид на индивидуален бизнис во земјата“ и бараат низа мерки, меѓу кои и задржување на ДДВ-то на 13 отсто.

Таксистите со 48-часовниот штрајк учествуваат во утрешниот штрајк што го закажа Синдикатот на вработени во јавниот сектор по повод годишнината од железничката несреќа во која загинаа 57 лица.

Атина, утре освен без такси превоз, ќе биде и без метро и трамвај, а во штрајкот со прекини во работното време учествуваат и автобусите и тролејбусите, додека пак цела Грција утре ќе биде без бродски и железнички превоз, а се очекуваат проблеми и во авионскиот, со оглед на тоа дека во штрајкот веројатно ќе учествуваат и контролите на летање.

The post Атина денеска и утре без такси превоз appeared first on Република.

]]>

Таксистите во Атина, организирани од нивниот Синдикат утрово започнаа 48-часовен штрајк поради проблемите со кои се соочуваат во нивниот сектор, со што грчката метропола денеска и утре ќе биде без такси превоз, јави дописничката на МИА од Атина. Од Синдикатот велат дека „економскиот модел на управување што го избра Владата го става на мета секој вид на индивидуален бизнис во земјата“ и бараат низа мерки, меѓу кои и задржување на ДДВ-то на 13 отсто. Таксистите со 48-часовниот штрајк учествуваат во утрешниот штрајк што го закажа Синдикатот на вработени во јавниот сектор по повод годишнината од железничката несреќа во која загинаа 57 лица. Атина, утре освен без такси превоз, ќе биде и без метро и трамвај, а во штрајкот со прекини во работното време учествуваат и автобусите и тролејбусите, додека пак цела Грција утре ќе биде без бродски и железнички превоз, а се очекуваат проблеми и во авионскиот, со оглед на тоа дека во штрајкот веројатно ќе учествуваат и контролите на летање.

The post Атина денеска и утре без такси превоз appeared first on Република.

]]>
Поскапува одморот во Грција: Цената на туристичките такси трикратно се зголемува https://republika.mk/vesti/balkan/poskapuva-odmorot-vo-grtsija-tsenata-na-turistichkite-taksi-trikratno-se-zgolemuva/ Thu, 21 Sep 2023 07:28:30 +0000 https://republika.mk/?p=683660

Грција планира значително да ја зголеми цената на таксата за престој за престој во приватно сместување и хотели, а парите од овие давачки ќе бидат насочени кон фонд за борба против последиците од климатските промени. Тоа всушност значи дека летувањето во Грција ќе биде поскапо следната сезона.

Според грчката телевизија ЕРТ, таксите ќе се движат од 1,5 до 10 евра по соба, во зависност од категоријата за сместување.

Премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис изјави дека фондот за санација на елементарни непогоди ќе се зголеми на 600 милиони евра и поради оваа причина ќе се зголеми и данокот за престој.

Тој оцени дека Грција во текот на летото е погодена од најсериозните пожари и поплави во нејзината историја и дека поради климатските промени се соочува со војна во мирно време.

Нови и претходни цени на данок по сместувачка единица на ден:

1,5 евра на ден за приватни соби, студија и апартмани како и хотели со 1-2 ѕвезди (стара цена 0,5 евра)
3 евра по соба на ден за хотели со три ѕвезди (стара цена 1,5 евра)
7 евра по соба за хотели со четири ѕвезди (стара цена 3 евра)
10 евра по соба за хотели со пет ѕвезди (стара цена 4 евра)
Од зголемувањето на дневната туристичка такса ќе се обезбедат дополнителни 300 милиони евра“, рече Мицотакис.

Исто така, оние што ќе изнајмат повеќе од три објекти ќе имаат обврска да плаќаат ДДВ и данок на добивка.

The post Поскапува одморот во Грција: Цената на туристичките такси трикратно се зголемува appeared first on Република.

]]>

Грција планира значително да ја зголеми цената на таксата за престој за престој во приватно сместување и хотели, а парите од овие давачки ќе бидат насочени кон фонд за борба против последиците од климатските промени. Тоа всушност значи дека летувањето во Грција ќе биде поскапо следната сезона. Според грчката телевизија ЕРТ, таксите ќе се движат од 1,5 до 10 евра по соба, во зависност од категоријата за сместување. Премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис изјави дека фондот за санација на елементарни непогоди ќе се зголеми на 600 милиони евра и поради оваа причина ќе се зголеми и данокот за престој. Тој оцени дека Грција во текот на летото е погодена од најсериозните пожари и поплави во нејзината историја и дека поради климатските промени се соочува со војна во мирно време. Нови и претходни цени на данок по сместувачка единица на ден: 1,5 евра на ден за приватни соби, студија и апартмани како и хотели со 1-2 ѕвезди (стара цена 0,5 евра) 3 евра по соба на ден за хотели со три ѕвезди (стара цена 1,5 евра) 7 евра по соба за хотели со четири ѕвезди (стара цена 3 евра) 10 евра по соба за хотели со пет ѕвезди (стара цена 4 евра) Од зголемувањето на дневната туристичка такса ќе се обезбедат дополнителни 300 милиони евра“, рече Мицотакис. Исто така, оние што ќе изнајмат повеќе од три објекти ќе имаат обврска да плаќаат ДДВ и данок на добивка.

The post Поскапува одморот во Грција: Цената на туристичките такси трикратно се зголемува appeared first on Република.

]]>
Нема такси денеска во Атина поради штрајк https://republika.mk/vesti/balkan/nema-taksi-deneska-vo-atina-poradi-shtrajk/ Thu, 23 Mar 2023 08:04:47 +0000 https://republika.mk/?p=622678

Атина денеска е без такси превоз поради 24-часовниот штрајк на таксистите организиран од нивниот синдикат за проблемите во конкретниот сектор.

Од синдикатот на такси возачите велат дека Владата ги игнорира нивните барања и е рамнодушна кон главните проблеми со кои се соочуваат.

Штрајкот започна во 6 часот утрово и ќе заврши утре, исто така во 6 часот.

 

The post Нема такси денеска во Атина поради штрајк appeared first on Република.

]]>

Атина денеска е без такси превоз поради 24-часовниот штрајк на таксистите организиран од нивниот синдикат за проблемите во конкретниот сектор. Од синдикатот на такси возачите велат дека Владата ги игнорира нивните барања и е рамнодушна кон главните проблеми со кои се соочуваат. Штрајкот започна во 6 часот утрово и ќе заврши утре, исто така во 6 часот.  

The post Нема такси денеска во Атина поради штрајк appeared first on Република.

]]>
Таксист во Аеродром допирал 19-годишна патничка https://republika.mk/vesti/crna-hronika/taksist-vo-aerodrom-dopiral-19-godishna-patnichka/ Sat, 28 Jan 2023 16:21:03 +0000 https://republika.mk/?p=602018

Синоќа во 04.33 часот во Полициска станица Аеродром, 19-годишна кичевчанка пријавила дека околу 04.20 часот додека со такси возило се враќала кон нејзиниот дом на подрачјето на скопски Аеродром, такси возачот започнал да се однесува недолично и да ја допира по телото.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштуваат од МВР.

 

The post Таксист во Аеродром допирал 19-годишна патничка appeared first on Република.

]]>

Синоќа во 04.33 часот во Полициска станица Аеродром, 19-годишна кичевчанка пријавила дека околу 04.20 часот додека со такси возило се враќала кон нејзиниот дом на подрачјето на скопски Аеродром, такси возачот започнал да се однесува недолично и да ја допира по телото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштуваат од МВР.  

The post Таксист во Аеродром допирал 19-годишна патничка appeared first on Република.

]]>
Додека излегувал од такси, автомобилот тргнал и го повлекол: Струмичанец тешко повреден https://republika.mk/vesti/crna-hronika/dodeka-izleguval-od-taksi-avtomobilot-trgnal-i-go-povlekol-strumichanets-teshko-povreden/ Sat, 28 Jan 2023 13:56:39 +0000 https://republika.mk/?p=601975

Во Струмица, на бул.„Маршал Тито“, вчера, во 15.50 часот, патничко такси возило „цитроен Ц“ со струмички регистарски ознаки, управувано од П.Г.(46) од с.Дабиле, го повлекло патникот П.А.(78) од с.Босилово, додека излегувал од такси возилото, по што П.А. паднал на коловозот.

Во несреќата П.А. се здобил со тешка телесна повреда, констатирана во Медицински центар Струмица. Увид извршила екипа од СВР Струмица, соопшти МВР.

The post Додека излегувал од такси, автомобилот тргнал и го повлекол: Струмичанец тешко повреден appeared first on Република.

]]>

Во Струмица, на бул.„Маршал Тито“, вчера, во 15.50 часот, патничко такси возило „цитроен Ц“ со струмички регистарски ознаки, управувано од П.Г.(46) од с.Дабиле, го повлекло патникот П.А.(78) од с.Босилово, додека излегувал од такси возилото, по што П.А. паднал на коловозот.
Во несреќата П.А. се здобил со тешка телесна повреда, констатирана во Медицински центар Струмица. Увид извршила екипа од СВР Струмица, соопшти МВР.

The post Додека излегувал од такси, автомобилот тргнал и го повлекол: Струмичанец тешко повреден appeared first on Република.

]]>
Велешанка набавувала дрога за сопругот во затвор, ангажирала таксист да и помогне, ја чека притвор https://republika.mk/vesti/crna-hronika/veleshanka-nabavuvala-droga-za-soprugot-vo-zatvor-angazirala-taksist-da-i-pomogne-ja-cheka-pritvor/ Mon, 31 Oct 2022 13:08:30 +0000 https://republika.mk/?p=567814

Велешанка на 30-годишна возраст е уапсена под сомнение дека набавувала хероин и марихуана за својот сопруг кој издржувал затворска казна, а за да ѝ помогне во тоа ангажирала таксист од Велес. Против сите тројца се покренати кривични пријави, а за жената и таксистот е побаран притвор, соопшти велешкото Основно јавно обвинителство.

Против трите лица е покрената истражна постапка за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 од Кривичниот законик, наведува ОЈО Велес.

На 29 октомври, 30-годишна жена неовластено заради продажба држела наркотична дрога – марихуана во количина од 978,6 грама и хероин во количина од 0,31 грама. На тоа со умисла ја поттикнал второосомничениот – нејзиниот сопруг кој се наоѓал на издржување на казна затвор, а за да ја набави дрогата и помогнал третоосомничениот, ставајќи ѝ на располагање средства за извршување на кривичното дело“ – се вели во информацијата од ОЈО Велес.

Сопругот телефонски ја известил осомничената дека треба да оди во Скопје за од таму да ја преземе дрогата која потоа требало да му ја предаде нему во затворот. Таа го ангажирала третоосомничениот со неговото такси-возило да ја превезе. Во близина на Катланово, оштетената излегла од такси-возилото, па ја купила дрогата од непознато лице за сума од 1.800 евра и се вратила во возилото, каде му кажала на таксистот дека ја набавила дрогата. Со автомобилот се упатиле кон Велес, но на наплатната станица Сопот, полициски службеници од СВР Велес извршиле контрола, ја пронашле и ја одзеле наркотичната дрога.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка на Основен суд Велес достави предлог за определување мерка притвор против првоосомничената и третоосомничениот.

The post Велешанка набавувала дрога за сопругот во затвор, ангажирала таксист да и помогне, ја чека притвор appeared first on Република.

]]>

Велешанка на 30-годишна возраст е уапсена под сомнение дека набавувала хероин и марихуана за својот сопруг кој издржувал затворска казна, а за да ѝ помогне во тоа ангажирала таксист од Велес. Против сите тројца се покренати кривични пријави, а за жената и таксистот е побаран притвор, соопшти велешкото Основно јавно обвинителство. Против трите лица е покрената истражна постапка за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 од Кривичниот законик, наведува ОЈО Велес.
На 29 октомври, 30-годишна жена неовластено заради продажба држела наркотична дрога – марихуана во количина од 978,6 грама и хероин во количина од 0,31 грама. На тоа со умисла ја поттикнал второосомничениот – нејзиниот сопруг кој се наоѓал на издржување на казна затвор, а за да ја набави дрогата и помогнал третоосомничениот, ставајќи ѝ на располагање средства за извршување на кривичното дело“ – се вели во информацијата од ОЈО Велес.
Сопругот телефонски ја известил осомничената дека треба да оди во Скопје за од таму да ја преземе дрогата која потоа требало да му ја предаде нему во затворот. Таа го ангажирала третоосомничениот со неговото такси-возило да ја превезе. Во близина на Катланово, оштетената излегла од такси-возилото, па ја купила дрогата од непознато лице за сума од 1.800 евра и се вратила во возилото, каде му кажала на таксистот дека ја набавила дрогата. Со автомобилот се упатиле кон Велес, но на наплатната станица Сопот, полициски службеници од СВР Велес извршиле контрола, ја пронашле и ја одзеле наркотичната дрога. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка на Основен суд Велес достави предлог за определување мерка притвор против првоосомничената и третоосомничениот.

The post Велешанка набавувала дрога за сопругот во затвор, ангажирала таксист да и помогне, ја чека притвор appeared first on Република.

]]>
Лондонските таксисти на традиционален начин ѝ оддадоа почит на кралицата Елизабета II https://republika.mk/vesti/svet/londonskite-taksisti-na-tradicionalen-nachin-oddadoa-pochit-na-kralicata-elizabeta-ii/ Fri, 09 Sep 2022 18:59:25 +0000 https://republika.mk/?p=549245

Познатите црни такси во Лондон ѝ оддадоа почит на покојната кралица со тоа што се построија на улицата пред Бакингемската палата. Десетици таксија се наредија на дождот околу Бакингемската палата пред да бидат затворени улиците за да ја задржат контролата над толпата што се собра таму да ја оплакува смртта на кралицата.

„Неверојатно трогателна почит додека црните такси се редат во тишина за да ѝ оддадат почит на кралицата Елизабета. Еден таксист низ солзи ми рече дека сака да му оддаде почит на монархот кој е „сè што некогаш сме знаеле“, напиша новинарот. Пол Бренд на Твитер.

Ова не е прв пат лондонските таксисти да оддадат почит за член на кралското семејство на ваков начин. Кога принцот Филип, војводата од Единбург, почина во април 2021 година, десетици црни лондонски такси се наредија на истата улица.

Појавата на црните такси возила може да изгледа малку чудно, но има причина за тоа. Почнувајќи од 1999 година, принцот Филип често се возел (или имал кралски возач) со Метрокаб на гас за незабележителни патувања низ Лондон. Еколошкото црно такси го возело принцот и на официјални и на приватни настани - тој дури и самиот го возел за да ги однесе Барак и Мишел Обама во палатата кога го посетиле Лондон во 2016 година, пишува People.

Војводата од Единбург често користел црно такси, а и на кралицата не ѝ било непознато. Во 2012 година, таа ги изненади гледачите во театарот кога се појави со својот сопруг во театарот Ројал Хејмаркет за да гледа претстава, но не дојде во кралската лимузина, туку во саканото црно такси на војводата, со униформиран кралски возач зад воланот, пишува Daily Mail.

The post Лондонските таксисти на традиционален начин ѝ оддадоа почит на кралицата Елизабета II appeared first on Република.

]]>

Познатите црни такси во Лондон ѝ оддадоа почит на покојната кралица со тоа што се построија на улицата пред Бакингемската палата. Десетици таксија се наредија на дождот околу Бакингемската палата пред да бидат затворени улиците за да ја задржат контролата над толпата што се собра таму да ја оплакува смртта на кралицата. „Неверојатно трогателна почит додека црните такси се редат во тишина за да ѝ оддадат почит на кралицата Елизабета. Еден таксист низ солзи ми рече дека сака да му оддаде почит на монархот кој е „сè што некогаш сме знаеле“, напиша новинарот. Пол Бренд на Твитер. Ова не е прв пат лондонските таксисти да оддадат почит за член на кралското семејство на ваков начин. Кога принцот Филип, војводата од Единбург, почина во април 2021 година, десетици црни лондонски такси се наредија на истата улица. Појавата на црните такси возила може да изгледа малку чудно, но има причина за тоа. Почнувајќи од 1999 година, принцот Филип често се возел (или имал кралски возач) со Метрокаб на гас за незабележителни патувања низ Лондон. Еколошкото црно такси го возело принцот и на официјални и на приватни настани - тој дури и самиот го возел за да ги однесе Барак и Мишел Обама во палатата кога го посетиле Лондон во 2016 година, пишува People. Војводата од Единбург често користел црно такси, а и на кралицата не ѝ било непознато. Во 2012 година, таа ги изненади гледачите во театарот кога се појави со својот сопруг во театарот Ројал Хејмаркет за да гледа претстава, но не дојде во кралската лимузина, туку во саканото црно такси на војводата, со униформиран кралски возач зад воланот, пишува Daily Mail.

The post Лондонските таксисти на традиционален начин ѝ оддадоа почит на кралицата Елизабета II appeared first on Република.

]]>
Тетовец украл такси https://republika.mk/vesti/tetovec-ukral-taksi/ Thu, 25 Aug 2022 10:43:28 +0000 https://republika.mk/?p=543954

Полициски службеници на СВР Tетово, синоќа во 21:30 часот во Тетово, го лишиле од слобода 45-годишниот тетовец З.Д. поради сомнение дека околу 19:30 часот на улица „Гостиварска“ во Тетово, противправно одзел патничко моторно возило „фолксваген поло класик“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на 64-годишниот тетовец И.Ш.

Taкси возилото, кое било паркирано незаклучено со клучевите во брава, нешто подоцна било пронајдено на улица „146“ во Тетово и вратено му е на сопственикот И.Ш., додека З.Д. е задржан во Полициската станица Тетово за натамошна постапка, соопшти МВР.

The post Тетовец украл такси appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници на СВР Tетово, синоќа во 21:30 часот во Тетово, го лишиле од слобода 45-годишниот тетовец З.Д. поради сомнение дека околу 19:30 часот на улица „Гостиварска“ во Тетово, противправно одзел патничко моторно возило „фолксваген поло класик“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на 64-годишниот тетовец И.Ш.
Taкси возилото, кое било паркирано незаклучено со клучевите во брава, нешто подоцна било пронајдено на улица „146“ во Тетово и вратено му е на сопственикот И.Ш., додека З.Д. е задржан во Полициската станица Тетово за натамошна постапка, соопшти МВР.

The post Тетовец украл такси appeared first on Република.

]]>
Живеат во Скопје и не се програмери или банкари, а заработуваат и до 1500 евра месечно https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/ziveat-vo-skopje-i-ne-se-programeri-ili-bankari-a-zarabotuvaat-i-do-1500-evra-mesechno-2/ Sun, 14 Aug 2022 12:09:35 +0000 https://republika.mk/?p=540190

Не мора да си програмер или банкар за твојата плата да е поголема од 1000 евра

Ова го потврдуваат двајца скопјани кои за Скопје Инфо раскажуваат дека работат по 12 часови на денот, но платата на месечно ниво им достигнува и до 1500 евра. Велат дека имаат висока стручна подготовка, но за конкретната работа, таа воопшто не е потребна.

За предизвиците и спецификите на работните професии и разговараме со еден бербер и таксист од Скопје. Тие се потврда за онаа реченица која често ја слушаме во последно време, дека веројатно работа има, но нема кој да ја работи.

Марио дипломирал на факултет за физичка култура, скоро цел живот се занимава со спорт и работи како бербер во познат скопски салон.

Берберот Марио вели дека веќе скоро една година е во овој бизнис кој брзо го научил и усовршил. Низ неговите вешти раце дневно поминуваат и повеќе од 20 луѓе. Кога ќе го одбиеш редовните трошоци, платата на месечно ниво изнесува околу 1500 евра.

- Напорно е и тешко во текот на целиот ден, по 12 часови да стоиш на нозе. Но, трудот и маката се исплатат. Уживам во ова што го работам, а платата е важна мотивација за  мене. Спортот може да биде хоби, но треба премногу да бидеш успешен за добро да заработуваш од него, вели тој.

Додава дека клучно е да го научиш односот со луѓето со кои секојдневно комуницираш, односно луѓето кои ги подстрижуваш. Сите брзаат и имаат ограничено време, треба да бидеш точен и одговорен во тој поглед, додава тој.

Драган има поинаква професија. Тој е дипломиран инженер по металгургија, но неговиот работен ден речиси цел го поминува во автомобил. Драган е таксист во една од скопските компании.  Работи по 12 часови на ден и неговите месечни приходи исто така достигнуваат до 1500 евра.

The post Живеат во Скопје и не се програмери или банкари, а заработуваат и до 1500 евра месечно appeared first on Република.

]]>

Не мора да си програмер или банкар за твојата плата да е поголема од 1000 евра

Ова го потврдуваат двајца скопјани кои за Скопје Инфо раскажуваат дека работат по 12 часови на денот, но платата на месечно ниво им достигнува и до 1500 евра. Велат дека имаат висока стручна подготовка, но за конкретната работа, таа воопшто не е потребна. За предизвиците и спецификите на работните професии и разговараме со еден бербер и таксист од Скопје. Тие се потврда за онаа реченица која често ја слушаме во последно време, дека веројатно работа има, но нема кој да ја работи. Марио дипломирал на факултет за физичка култура, скоро цел живот се занимава со спорт и работи како бербер во познат скопски салон. Берберот Марио вели дека веќе скоро една година е во овој бизнис кој брзо го научил и усовршил. Низ неговите вешти раце дневно поминуваат и повеќе од 20 луѓе. Кога ќе го одбиеш редовните трошоци, платата на месечно ниво изнесува околу 1500 евра. - Напорно е и тешко во текот на целиот ден, по 12 часови да стоиш на нозе. Но, трудот и маката се исплатат. Уживам во ова што го работам, а платата е важна мотивација за  мене. Спортот може да биде хоби, но треба премногу да бидеш успешен за добро да заработуваш од него, вели тој. Додава дека клучно е да го научиш односот со луѓето со кои секојдневно комуницираш, односно луѓето кои ги подстрижуваш. Сите брзаат и имаат ограничено време, треба да бидеш точен и одговорен во тој поглед, додава тој. Драган има поинаква професија. Тој е дипломиран инженер по металгургија, но неговиот работен ден речиси цел го поминува во автомобил. Драган е таксист во една од скопските компании.  Работи по 12 часови на ден и неговите месечни приходи исто така достигнуваат до 1500 евра.

The post Живеат во Скопје и не се програмери или банкари, а заработуваат и до 1500 евра месечно appeared first on Република.

]]>
Поскапува такси превозот во Скопје https://republika.mk/vesti/skopje/poskapuva-taksi-prevozot-vo-skopje/ Mon, 25 Jul 2022 17:52:39 +0000 https://republika.mk/?p=533070

Такси- превозот во Скопје поскапува. За петнаесетина дена такси- превозниците ќе возат по повисоки цени и тоа: наместо 40 денари старт и 25 денари секој нареден километар, ќе возат по тарифата 50 денари старт и 30 денари секој нареден километар.

На денешнатаа седница на Советот на Град Скопје, во втор обид беше изгласана одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за авто-такси превоз на патници на подрачјето на градот Скопје, откако на претходната таа не помина.

Во рок од осум дена откако ќе биде објавена во Службен весник, веќе ќе можат да се штелуваат таксиметрите, а за 15 дена веќе влегува во сила новата цена.

Инаку, во одлуката Советот за сообраќај предложи три тарифи , а по која ќе се наплатува, ќе зависи од тоа дали цената на бензинот ќе расте или ќе се намалува. Првата тарифа е старата по која таксистите возат веќе 11 години и е 40 денари старт и 25 денари за секој изминат километар, како и чекање во место за еден час 300 денари. Втората тарифа е 50 денари старт и 30 денари за секој изминат километар, како и 420 денари чекање во место за еден час, што ќе биде, всушност, и новата цена по која ќе возат таксистите и третата тарифа е 60 денари старт и 35 денари за секој изминат километар, како и 480 денари чекање во место за еден час.

Овие три тарифи веќе се усогласени и прифатени од Асоцијацијата на легални таксисти, Синдикатот на таксисти и Групацијата на автотакси-превозници заради вртоглавиот раст на цената на горивата.

The post Поскапува такси превозот во Скопје appeared first on Република.

]]>

Такси- превозот во Скопје поскапува. За петнаесетина дена такси- превозниците ќе возат по повисоки цени и тоа: наместо 40 денари старт и 25 денари секој нареден километар, ќе возат по тарифата 50 денари старт и 30 денари секој нареден километар. На денешнатаа седница на Советот на Град Скопје, во втор обид беше изгласана одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за авто-такси превоз на патници на подрачјето на градот Скопје, откако на претходната таа не помина. Во рок од осум дена откако ќе биде објавена во Службен весник, веќе ќе можат да се штелуваат таксиметрите, а за 15 дена веќе влегува во сила новата цена. Инаку, во одлуката Советот за сообраќај предложи три тарифи , а по која ќе се наплатува, ќе зависи од тоа дали цената на бензинот ќе расте или ќе се намалува. Првата тарифа е старата по која таксистите возат веќе 11 години и е 40 денари старт и 25 денари за секој изминат километар, како и чекање во место за еден час 300 денари. Втората тарифа е 50 денари старт и 30 денари за секој изминат километар, како и 420 денари чекање во место за еден час, што ќе биде, всушност, и новата цена по која ќе возат таксистите и третата тарифа е 60 денари старт и 35 денари за секој изминат километар, како и 480 денари чекање во место за еден час. Овие три тарифи веќе се усогласени и прифатени од Асоцијацијата на легални таксисти, Синдикатот на таксисти и Групацијата на автотакси-превозници заради вртоглавиот раст на цената на горивата.

The post Поскапува такси превозот во Скопје appeared first on Република.

]]>
Поскапе и такси превозот во Скопје https://republika.mk/vesti/skopje/poskape-i-taksi-prevozot-vo-skopje/ Mon, 25 Jul 2022 11:32:08 +0000 https://republika.mk/?p=532947

Поради зголемувањето на цената на горивата и упатените барања до Град Скопје од страна на такси-компаниите, предложени беа измени на цените на такси-услугите, а денеска 35 советници во градот гласаа за поскапување.

Советот за сообраќај на Град Скопје изготви три тарифни модели по кои таксистите требаше да ги наплаќаат услугите за граѓаните на главниот град.

Тарифа 1: Старт на превоз – 40 денари, за секој изминат километар – 25 денари и за чекање во место 1 час – 300 денари;
Тарифа 2: Старт на превоз – 50 денари, за секој изминат километар – 30 денари и за чекање во место 1 час – 420 денари;
Тарифа 3: Старт на превоз – 60 денари, за секој изминат километар – 35 денари и за чекање во место 1 час – 480 денари.

Трите тарифи беа усогласени и прифатени од Асоцијацијата на легални таксисти, Синдикатот на таксисти и Групацијата на такси превозници. При формирањето на новите цени на такси- превозот биле земени предвид цените на горивата, но и други фактори.

На претходната седница советниците не се согласија со одлуката за поскапување на такси-превозот. Во моментот таксистите во Скопје возат по цени кои се на сила веќе 11 години.

The post Поскапе и такси превозот во Скопје appeared first on Република.

]]>

Поради зголемувањето на цената на горивата и упатените барања до Град Скопје од страна на такси-компаниите, предложени беа измени на цените на такси-услугите, а денеска 35 советници во градот гласаа за поскапување. Советот за сообраќај на Град Скопје изготви три тарифни модели по кои таксистите требаше да ги наплаќаат услугите за граѓаните на главниот град. Тарифа 1: Старт на превоз – 40 денари, за секој изминат километар – 25 денари и за чекање во место 1 час – 300 денари; Тарифа 2: Старт на превоз – 50 денари, за секој изминат километар – 30 денари и за чекање во место 1 час – 420 денари; Тарифа 3: Старт на превоз – 60 денари, за секој изминат километар – 35 денари и за чекање во место 1 час – 480 денари. Трите тарифи беа усогласени и прифатени од Асоцијацијата на легални таксисти, Синдикатот на таксисти и Групацијата на такси превозници. При формирањето на новите цени на такси- превозот биле земени предвид цените на горивата, но и други фактори. На претходната седница советниците не се согласија со одлуката за поскапување на такси-превозот. Во моментот таксистите во Скопје возат по цени кои се на сила веќе 11 години.

The post Поскапе и такси превозот во Скопје appeared first on Република.

]]>
Таксито нема да поскапи, Советот не ги прифати новите цени https://republika.mk/vesti/skopje/taksito-nema-da-poskapi-sovetot-ne-gi-prifati-novite-ceni/ Mon, 11 Jul 2022 11:31:00 +0000 https://republika.mk/?p=526980

Нема да има промени на цената на такси-превозот во Скопје. Советот на Град Скопје не го прифати предлогот за изменување и дополнување на Одлуката за авто-такси превоз на патници на подрачјето на градот Скопје.

Советот за сообраќај на Град Скопје предлагаше три тарифи за наплата на услугите во скопските такси – возила, кои веќе биле усогласени и прифатени од Асоцијацијата на легални таксисти, Синдикатот на таксисти и Групацијата на автотакси-превозници.

Првата предложена тарифа беше онаа која сега се применува, по која таксистите возат веќе 11 години и е 40 денари старт и 25 денари за секој изминат километар, како и чекање во место за еден час 300 денари. Втората предложена тарифа беше 50 денари старт и 30 денари за секој изминат километар, како и 420 денари чекање во место за еден час, што всушност требаше да биде новата цена по која ќе возат таксистите. Третата тарифа беше 60 денари старт и 35 денари за секој изминат километар, како и 480 денари чекање во место за еден час.

Сепак, советниците и покрај тоа што претседателот на Советот, Трајко Славески побара и поединечно изјаснување, не ги прифатија новите цени на такси превозот.

The post Таксито нема да поскапи, Советот не ги прифати новите цени appeared first on Република.

]]>

Нема да има промени на цената на такси-превозот во Скопје. Советот на Град Скопје не го прифати предлогот за изменување и дополнување на Одлуката за авто-такси превоз на патници на подрачјето на градот Скопје. Советот за сообраќај на Град Скопје предлагаше три тарифи за наплата на услугите во скопските такси – возила, кои веќе биле усогласени и прифатени од Асоцијацијата на легални таксисти, Синдикатот на таксисти и Групацијата на автотакси-превозници. Првата предложена тарифа беше онаа која сега се применува, по која таксистите возат веќе 11 години и е 40 денари старт и 25 денари за секој изминат километар, како и чекање во место за еден час 300 денари. Втората предложена тарифа беше 50 денари старт и 30 денари за секој изминат километар, како и 420 денари чекање во место за еден час, што всушност требаше да биде новата цена по која ќе возат таксистите. Третата тарифа беше 60 денари старт и 35 денари за секој изминат километар, како и 480 денари чекање во место за еден час. Сепак, советниците и покрај тоа што претседателот на Советот, Трајко Славески побара и поединечно изјаснување, не ги прифатија новите цени на такси превозот.

The post Таксито нема да поскапи, Советот не ги прифати новите цени appeared first on Република.

]]>
Ќе поскапи такси-превозот во Скопје? https://republika.mk/vesti/ekonomija/kje-poskapi-taksi-prevozot-vo-skopje/ Tue, 15 Mar 2022 10:53:06 +0000 https://republika.mk/?p=473081

Преставниците на такси-компаниите од Скопје велат дека засега цената на нивните услуги е иста, но од надлежните бараат да преземат мерки кон нелојалната конкуренција, за услугите да не поскапат, објави Алсат.

-Има решение цената да остане иста за граѓаните од институциите да бидат задоволни и да не ги чини ниту денар. Тоа значи дека инспекторите ќе излезат и ќе расчистат со нелојална конкуренција. Тоа се таксисти кои немаат лиценци, такси без фискални таксиметри и таксисти кои не се пријавени во Агенцијата за вработување, или пензионери. Тоа значи дека пензионерите работат како таксисти, вели Сашо Рајчановски од Скопје Такси Груп.

Од Јавното сообраќајно претпријатие Скопје велат дека цените на билетите нема да се менуваат.

Цената на билетите ќе остане иста, сметаме дека со оваа мерка НКП Скопје ќе им помогне на граѓаните за време на економската криза во која се наоѓаме, изјави портпаролката на ЈСП, Деспина Трајковска Димова.

The post Ќе поскапи такси-превозот во Скопје? appeared first on Република.

]]>

Преставниците на такси-компаниите од Скопје велат дека засега цената на нивните услуги е иста, но од надлежните бараат да преземат мерки кон нелојалната конкуренција, за услугите да не поскапат, објави Алсат.
-Има решение цената да остане иста за граѓаните од институциите да бидат задоволни и да не ги чини ниту денар. Тоа значи дека инспекторите ќе излезат и ќе расчистат со нелојална конкуренција. Тоа се таксисти кои немаат лиценци, такси без фискални таксиметри и таксисти кои не се пријавени во Агенцијата за вработување, или пензионери. Тоа значи дека пензионерите работат како таксисти, вели Сашо Рајчановски од Скопје Такси Груп.
Од Јавното сообраќајно претпријатие Скопје велат дека цените на билетите нема да се менуваат.
Цената на билетите ќе остане иста, сметаме дека со оваа мерка НКП Скопје ќе им помогне на граѓаните за време на економската криза во која се наоѓаме, изјави портпаролката на ЈСП, Деспина Трајковска Димова.

The post Ќе поскапи такси-превозот во Скопје? appeared first on Република.

]]>
Возеле диво такси низ Кичево, уапсени газдата на фирмата и шоферот на таксито https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vozele-divo-taksi-niz-kichevo-uapseni-gazdata-na-firmata-i-shoferot-na-taksito/ Mon, 24 Jan 2022 15:33:35 +0000 https://republika.mk/?p=448840

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Ф.М.(41) и Д.С.(47) двајцата од Кичево, како и против правно лице од Кичево, сопственост на Д.С., поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“.

На 09.11.2021 во 21.50 часот, на магистралниот пат во с.Трапчин дол oд страна на полициски службеници од НККР Кичево при вршење контрола на превоз на лица од страна на такси превозници, било затекнато такси возило „рено меган“, управувано од Ф.М., како врши јавен превоз на патници – такси служба, сопственост на правно лице од Кичево, при што било констатирано дека не поседувал извод од лиценца за вршење на општински превоз на патници во внатрешниот патен сообраќај за такси возилото - информираат од МВР.

The post Возеле диво такси низ Кичево, уапсени газдата на фирмата и шоферот на таксито appeared first on Република.

]]>

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Ф.М.(41) и Д.С.(47) двајцата од Кичево, како и против правно лице од Кичево, сопственост на Д.С., поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“.
На 09.11.2021 во 21.50 часот, на магистралниот пат во с.Трапчин дол oд страна на полициски службеници од НККР Кичево при вршење контрола на превоз на лица од страна на такси превозници, било затекнато такси возило „рено меган“, управувано од Ф.М., како врши јавен превоз на патници – такси служба, сопственост на правно лице од Кичево, при што било констатирано дека не поседувал извод од лиценца за вршење на општински превоз на патници во внатрешниот патен сообраќај за такси возилото - информираат од МВР.

The post Возеле диво такси низ Кичево, уапсени газдата на фирмата и шоферот на таксито appeared first on Република.

]]>