СЗО Archives - Република https://republika.mk/tema/szo/ За подобро да се разбереме Fri, 18 Oct 2024 08:26:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png СЗО Archives - Република https://republika.mk/tema/szo/ 32 32 Прв случај на колера во Либан, СЗО вознемирена https://republika.mk/vesti/svet/prv-sluchaj-na-kolera-vo-liban-szo-voznemirena/ Fri, 18 Oct 2024 08:26:56 +0000 https://republika.mk/?p=828330

Светската здравствена организација (СЗО) е вознемирена од првиот потврден случај на колера во Либан по избувнувањето на актуелната криза и соопшти дека итно работи на спречување на поголема епидемија.

Либанските здравствени власти неделава го потврдија првиот случај на колера во услови на ескалација на конфликтот меѓу Израел и Хезболах, поддржан од Иран.

Колерата е заразна болест придружена со дијареа и повраќање и се шири преку контаминација на вода, на пример кога залихите на вода се загадени со измет. Ризикот од појава секогаш постои кога многу луѓе мора да живеат заедно во недоволно хигиенски услови.

Во Либан повеќе од милион луѓе се раселени поради израелските напади во борбата против Хезболах. Многумина живеат во несоодветни услови во засолништата или на отворено и немаат пристап до чиста вода.

По повеќе од 30 години колера во Либан повторно се појави во октомври 2022 година, кога беа регистрирани над 8.000 сомнителни случаи, а до јуни 2023 година, кога беше крајот на епидемијата, починаа 23 лица. Болеста е особено опасна за малите деца .

Во моментов се во терк тестирања на луѓе и преглед на примероци од вода. Во соработка со партнерските организации, СЗО се обидува да обезбеди повеќе чиста вода за пиење и да го подобри отстранувањето на отпадните води. Дополнително, во земјава веќе се донесени медицински материјали за лекување на болни од колера.

Кампањата за вакцинација против колера траеше од почетокот на август, но беше прекината поради ескалацијата на конфликтот меѓу Хезболах и Израел.

 

The post Прв случај на колера во Либан, СЗО вознемирена appeared first on Република.

]]>

Светската здравствена организација (СЗО) е вознемирена од првиот потврден случај на колера во Либан по избувнувањето на актуелната криза и соопшти дека итно работи на спречување на поголема епидемија. Либанските здравствени власти неделава го потврдија првиот случај на колера во услови на ескалација на конфликтот меѓу Израел и Хезболах, поддржан од Иран. Колерата е заразна болест придружена со дијареа и повраќање и се шири преку контаминација на вода, на пример кога залихите на вода се загадени со измет. Ризикот од појава секогаш постои кога многу луѓе мора да живеат заедно во недоволно хигиенски услови. Во Либан повеќе од милион луѓе се раселени поради израелските напади во борбата против Хезболах. Многумина живеат во несоодветни услови во засолништата или на отворено и немаат пристап до чиста вода. По повеќе од 30 години колера во Либан повторно се појави во октомври 2022 година, кога беа регистрирани над 8.000 сомнителни случаи, а до јуни 2023 година, кога беше крајот на епидемијата, починаа 23 лица. Болеста е особено опасна за малите деца . Во моментов се во терк тестирања на луѓе и преглед на примероци од вода. Во соработка со партнерските организации, СЗО се обидува да обезбеди повеќе чиста вода за пиење и да го подобри отстранувањето на отпадните води. Дополнително, во земјава веќе се донесени медицински материјали за лекување на болни од колера. Кампањата за вакцинација против колера траеше од почетокот на август, но беше прекината поради ескалацијата на конфликтот меѓу Хезболах и Израел.  

The post Прв случај на колера во Либан, СЗО вознемирена appeared first on Република.

]]>
СЗО предупредува на појави на болести во Либан https://republika.mk/vesti/svet/szo-predupreduva-na-pojavi-na-bolesti-vo-liban/ Tue, 08 Oct 2024 12:03:44 +0000 https://republika.mk/?p=824209

Ијан Кларк од Светска здравствена организација (СЗО) денеска предупреди на појава на болести во Либан поради лошите услови во засолништата за раселените лица и затворањето на болниците.

-Се соочуваме со ситуација каде што постои многу поголем ризик од појава на болести, како што се акутна дијареја, хепатитис А и голем број болести, што можат да се спречат со вакцини, истакна Кларк на прес-конференција во Женева преку видеоповик од Бејрут.

Здравствената агенција на ОН веќе предупреди дека здравствениот систем во Либан е преоптоварен и оти досега се затворени пет болници во земјава, а само четири се делумно функционални.

Кларк додаде дека болниците се затворени бидејќи медицинскиот персонал или побегнал од борбите или бил принуден да се евакуира.

Тој на конференцијата се осврна и на недостигот на храна во Либан, посочувајќи оти илјадници хектари земјоделско земјиште во јужниот дел на земјата се изгорени или напуштени поради конфликтот.

The post СЗО предупредува на појави на болести во Либан appeared first on Република.

]]>

Ијан Кларк од Светска здравствена организација (СЗО) денеска предупреди на појава на болести во Либан поради лошите услови во засолништата за раселените лица и затворањето на болниците. -Се соочуваме со ситуација каде што постои многу поголем ризик од појава на болести, како што се акутна дијареја, хепатитис А и голем број болести, што можат да се спречат со вакцини, истакна Кларк на прес-конференција во Женева преку видеоповик од Бејрут. Здравствената агенција на ОН веќе предупреди дека здравствениот систем во Либан е преоптоварен и оти досега се затворени пет болници во земјава, а само четири се делумно функционални. Кларк додаде дека болниците се затворени бидејќи медицинскиот персонал или побегнал од борбите или бил принуден да се евакуира. Тој на конференцијата се осврна и на недостигот на храна во Либан, посочувајќи оти илјадници хектари земјоделско земјиште во јужниот дел на земјата се изгорени или напуштени поради конфликтот.

The post СЗО предупредува на појави на болести во Либан appeared first on Република.

]]>
СЗО ги повикаа светските лидери да се справат со критичните глобални здравствени предизвици https://republika.mk/vesti/svet/szo-gi-povikaa-svetskite-lideri-da-se-spravat-so-kritichnite-globalni-zdravstveni-predizvitsi/ Thu, 26 Sep 2024 08:34:59 +0000 https://republika.mk/?p=819737

Во текот на неделата на 79-та сесија на Генералното собрание на Обединетите нации (ГСОН79), од 20 до 30 септември 2024, во Њу Јорк, Светската здравствена организација (СЗО) и партнерите ги повикаа светските лидери да се справат со критичните глобални здравствени предизвици и да инвестираат во глобалното јавно здравје.

На 26 септември 2024, на вториот состанок на високо ниво на тема антимикробна резистенција (АМР), главниот официјален здравствен настан во текот на неделата на 79-тото заседание на Генералното собрание на Обединетите нации, СЗО потсетува дека без решителна акција, како онаа наведена во текстот на нацрт-политичката декларација за состанокот, АМР ќе предизвика уште повеќе глобално страдање, особено во земјите со низок и среден приход. Антимикробната отпорност се јавува кога бактериите, вирусите, габите и паразитите повеќе не реагираат на лекови, што го зголемува ширењето на инфекции кои тешко се лекуваат, доведувајќи до болести и загуба на животи.

„Антимикробната резистенција му се заканува на цел век медицински напредок и може да нè врати во предантибиотската ера, во којашто инфекциите кои денес се лекуваат, би можеле да станат смртна казна“, рече д-р Тедрос Аданом Гебрејесус, генерален директор на СЗО, кој се обрати на состанокот на високо ниво за АМР. „Ова е закана за сите земји на сите нивоа на приходи, поради што итно е потребен силен, забрзан и добро координиран глобален одговор“.

ГСОН79 се одвива во клучен момент кога светот, продолжувајќи да закрепнува од пандемијата КOВИД-19, ги забрзува напорите за исполнување на Целите за одржлив развој за 2030 година. Тековните хуманитарни, социјални и климатски кризи го загрозуваат значителниот глобален напредок кон здравствените цели. Милиони луѓе во светот сè уште немаат пристап до здравствени услуги кои спасуваат животи, што ја нагласува врската помеѓу здравјето и одржливиот развој. 

Самитот на иднината, што се одржа порано неделава, на 22 и 23 септември, ги обедини светските лидери во намерата да создадат нов меѓународен консензус дека донесувањето одлуки на глобално ниво треба да се води од науката, да се постигнат Целите за одржлив развој на ОН и да се зачува иднината. За време на Самитот на иднината, шефовите на држави и високи владини претставници го поддржаа „Пактот за иднината“, кој ги вклучува Глобалниот дигитален договор и Декларацијата за идните генерации. Здравствените приоритети се рефлектираат во резултатите на самитот, вклучително и важноста на пристапот до здравствените услуги и постигнувањето универзална здравствена покриеност.

Во текот на неделата на ГСОН, претставниците на СЗО учествуваат на повеќе официјални и неформални здравствени настани фокусирани на дигиталното здравје, здравјето на мајките, децата и адолесцентите, заразните и незаразните болести и менталното здравје, како и акцијата за климатските промени, унапредувањето на напредокот кон универзално здравствена покриеност и подготвеноста и одговорот на пандемии.

„Силните здравствени системи, правичниот пристап до здравствените услуги и силната подготвеност за пандемии се од витално значење за побезбеден и поздрав свет“, рече д-р Тедрос Аданом Гебрејесус. „Мора да ја искористиме моќта на дигиталните технологии за да ги премостиме празнините во пристапот до здравствените услуги и да изградиме отпорни системи кои можат да одговорат на повеќекратните симултани здравствени предизвици во светот, како што се епидемиите, пандемиите, климатските промени и товарот од незаразните болести.“

Генералното собрание на ОН коинцидира и со инвестицискиот циклус на СЗО, што претставува низа ангажмани и тековни напори за обезбедување одржливо финансирање за основната работа на СЗО за периодот 2025 – 2028 година. Д-р Тедрос и претставниците на СЗО ја пренесоа важноста од инвестирање во глобалното здравје и од силна и целосно финансиски поддржана Светска здравствена организација која ќе работи со земјите за унапредување на здравјето за сите.

Д-р Тедрос и претседателката на Европската инвестициска банка, Надjа Калвињо, одржаа средба, модерирана од Сузан Линч од Политико, на која одговорија зошто инвестирањето во примарната здравствена заштитита е од критично значење во време на зголемени шокови предизвикани од појава на болести како што е „мпокс“ (мајмунски сипаници). Оваа средба беше проследена со дискусија на тркалезна маса на високо ниво чии домаќини беа Европската инвестициска банка и СЗО, во рамките на новата Инвестициска платформа за влијание врз здравјето. Оваа нова платформа ги нагласува активностите на ниво на земји за зајакнување на вакцинацијата и на здравјето засновано врз заедницата.

СЗО беше домаќин и на Третиот годишен собир на шефовите на држави и влади за превенција и контрола на незаразните болести. На тој состанок се катализираше посветеноста на највисоките нивоа на владите и се зајакна ангажманот на партнерите пред претстојниот состанок на високо ниво на ГСОН за незаразните болести и менталното здравје во 2025 година. 

Од 22 до 29 септември 2024 година, СЗО учествува и на клучни настани, панели и иницијативи на Климатската недела во Њујорк. Обединувајќи ги светските лидери, бизнисите, креаторите на политики и активистите, на овие настани се разгледуваат решенијата за итните климатски предизвици.

Во текот на глобалните дискусии, експертите на СЗО го обезбедуваат здравствениот аргумент за централното значење на преземањето климатска акција. Експертите нагласуваат дека климатските промени не се само еколошки проблем, туку и итна здравствена криза, која директно влијае на милиони луѓе ширум светот.

Зголемените температури, нискиот квалитет на воздухот и нарушените екосистеми придонесуваат кон ширењето на заразни болести, респираторни заболувања и потхранетост.

За време на ГСОН, СЗО се вклучи и во голем број настани и дискусии што се фокусираа на подготвеноста и одговорот на пандемии, додека земјите-членки продолжуваат со преговорите за нова конвенција, договор или меѓународен инструмент.

The post СЗО ги повикаа светските лидери да се справат со критичните глобални здравствени предизвици appeared first on Република.

]]>

Во текот на неделата на 79-та сесија на Генералното собрание на Обединетите нации (ГСОН79), од 20 до 30 септември 2024, во Њу Јорк, Светската здравствена организација (СЗО) и партнерите ги повикаа светските лидери да се справат со критичните глобални здравствени предизвици и да инвестираат во глобалното јавно здравје. На 26 септември 2024, на вториот состанок на високо ниво на тема антимикробна резистенција (АМР), главниот официјален здравствен настан во текот на неделата на 79-тото заседание на Генералното собрание на Обединетите нации, СЗО потсетува дека без решителна акција, како онаа наведена во текстот на нацрт-политичката декларација за состанокот, АМР ќе предизвика уште повеќе глобално страдање, особено во земјите со низок и среден приход. Антимикробната отпорност се јавува кога бактериите, вирусите, габите и паразитите повеќе не реагираат на лекови, што го зголемува ширењето на инфекции кои тешко се лекуваат, доведувајќи до болести и загуба на животи. „Антимикробната резистенција му се заканува на цел век медицински напредок и може да нè врати во предантибиотската ера, во којашто инфекциите кои денес се лекуваат, би можеле да станат смртна казна“, рече д-р Тедрос Аданом Гебрејесус, генерален директор на СЗО, кој се обрати на состанокот на високо ниво за АМР. „Ова е закана за сите земји на сите нивоа на приходи, поради што итно е потребен силен, забрзан и добро координиран глобален одговор“. ГСОН79 се одвива во клучен момент кога светот, продолжувајќи да закрепнува од пандемијата КOВИД-19, ги забрзува напорите за исполнување на Целите за одржлив развој за 2030 година. Тековните хуманитарни, социјални и климатски кризи го загрозуваат значителниот глобален напредок кон здравствените цели. Милиони луѓе во светот сè уште немаат пристап до здравствени услуги кои спасуваат животи, што ја нагласува врската помеѓу здравјето и одржливиот развој.  Самитот на иднината, што се одржа порано неделава, на 22 и 23 септември, ги обедини светските лидери во намерата да создадат нов меѓународен консензус дека донесувањето одлуки на глобално ниво треба да се води од науката, да се постигнат Целите за одржлив развој на ОН и да се зачува иднината. За време на Самитот на иднината, шефовите на држави и високи владини претставници го поддржаа „Пактот за иднината“, кој ги вклучува Глобалниот дигитален договор и Декларацијата за идните генерации. Здравствените приоритети се рефлектираат во резултатите на самитот, вклучително и важноста на пристапот до здравствените услуги и постигнувањето универзална здравствена покриеност. Во текот на неделата на ГСОН, претставниците на СЗО учествуваат на повеќе официјални и неформални здравствени настани фокусирани на дигиталното здравје, здравјето на мајките, децата и адолесцентите, заразните и незаразните болести и менталното здравје, како и акцијата за климатските промени, унапредувањето на напредокот кон универзално здравствена покриеност и подготвеноста и одговорот на пандемии. „Силните здравствени системи, правичниот пристап до здравствените услуги и силната подготвеност за пандемии се од витално значење за побезбеден и поздрав свет“, рече д-р Тедрос Аданом Гебрејесус. „Мора да ја искористиме моќта на дигиталните технологии за да ги премостиме празнините во пристапот до здравствените услуги и да изградиме отпорни системи кои можат да одговорат на повеќекратните симултани здравствени предизвици во светот, како што се епидемиите, пандемиите, климатските промени и товарот од незаразните болести.“ Генералното собрание на ОН коинцидира и со инвестицискиот циклус на СЗО, што претставува низа ангажмани и тековни напори за обезбедување одржливо финансирање за основната работа на СЗО за периодот 2025 – 2028 година. Д-р Тедрос и претставниците на СЗО ја пренесоа важноста од инвестирање во глобалното здравје и од силна и целосно финансиски поддржана Светска здравствена организација која ќе работи со земјите за унапредување на здравјето за сите. Д-р Тедрос и претседателката на Европската инвестициска банка, Надjа Калвињо, одржаа средба, модерирана од Сузан Линч од Политико, на која одговорија зошто инвестирањето во примарната здравствена заштитита е од критично значење во време на зголемени шокови предизвикани од појава на болести како што е „мпокс“ (мајмунски сипаници). Оваа средба беше проследена со дискусија на тркалезна маса на високо ниво чии домаќини беа Европската инвестициска банка и СЗО, во рамките на новата Инвестициска платформа за влијание врз здравјето. Оваа нова платформа ги нагласува активностите на ниво на земји за зајакнување на вакцинацијата и на здравјето засновано врз заедницата. СЗО беше домаќин и на Третиот годишен собир на шефовите на држави и влади за превенција и контрола на незаразните болести. На тој состанок се катализираше посветеноста на највисоките нивоа на владите и се зајакна ангажманот на партнерите пред претстојниот состанок на високо ниво на ГСОН за незаразните болести и менталното здравје во 2025 година.  Од 22 до 29 септември 2024 година, СЗО учествува и на клучни настани, панели и иницијативи на Климатската недела во Њујорк. Обединувајќи ги светските лидери, бизнисите, креаторите на политики и активистите, на овие настани се разгледуваат решенијата за итните климатски предизвици. Во текот на глобалните дискусии, експертите на СЗО го обезбедуваат здравствениот аргумент за централното значење на преземањето климатска акција. Експертите нагласуваат дека климатските промени не се само еколошки проблем, туку и итна здравствена криза, која директно влијае на милиони луѓе ширум светот. Зголемените температури, нискиот квалитет на воздухот и нарушените екосистеми придонесуваат кон ширењето на заразни болести, респираторни заболувања и потхранетост. За време на ГСОН, СЗО се вклучи и во голем број настани и дискусии што се фокусираа на подготвеноста и одговорот на пандемии, додека земјите-членки продолжуваат со преговорите за нова конвенција, договор или меѓународен инструмент.

The post СЗО ги повикаа светските лидери да се справат со критичните глобални здравствени предизвици appeared first on Република.

]]>
СЗО е загрижено: Една третина од адолесцентите во Европа играат онлајн секој ден, а 22 отсто од нив играат најмалку четири часа https://republika.mk/zivot/zdravje/szo-e-zagrizheno-edna-tretina-od-adolestsentite-vo-evropa-igraat-onlajn-sekoj-den-a-22-otsto-od-niv-igraat-najmalku-chetiri-chasa/ Wed, 25 Sep 2024 10:34:28 +0000 https://republika.mk/?p=819522

Светската здравствена организација (СЗО) денеска предупреди дека проблематичното користење на социјалните мрежи е во пораст меѓу децата во Европа и дека постои ризик тие да развијат зависност од онлајн играње.

Потребна ни е итна и одржлива акција за да им помогнеме на адолесцентите да престанат со потенцијално штетната употреба на социјалните мрежи, за кои се покажа дека доведуваат до депресија, малтретирање, анксиозност и слаби училишни резултати“, рече директорот на СЗО за Европа, Ханс Клуге.

Во 2022 година, 11 проценти од адолесцентите (13 проценти од девојчињата и 9 проценти од момчињата) имале знаци на проблематично користење на социјалните мрежи, додека четири години претходно тоа било седум проценти.

Податоците се добиени во истражување кое опфатило 280.000 деца на возраст од 11, 13 и 15 години од 44 земји во Европа, Централна Азија и Канада.

Кај нив се забележани симптоми слични на оние на зависност, а тоа се неможноста да се контролира прекумерната употреба, чувството на повлекување и напуштање на другите активности во корист на социјалните мрежи и негативните последици од прекумерната употреба во секојдневниот живот.

Оваа појава е најраспространета кај романските адолесценти на возраст од 13 и 15 години, 28 отсто од нив, а најмалку е кај холандските адолесценти (три отсто).

Причината за загриженост е тоа што една третина од адолесцентите играат онлајн секој ден, а 22 отсто од нив играат најмалку четири часа, покажуваат податоците на СЗО.

Околу 12 проценти од адолесцентите имаат проблематично однесување поврзано со онлајн игрите, од кои 16 проценти се момчиња, а 7 проценти се девојчиња.

 

The post СЗО е загрижено: Една третина од адолесцентите во Европа играат онлајн секој ден, а 22 отсто од нив играат најмалку четири часа appeared first on Република.

]]>

Светската здравствена организација (СЗО) денеска предупреди дека проблематичното користење на социјалните мрежи е во пораст меѓу децата во Европа и дека постои ризик тие да развијат зависност од онлајн играње.
Потребна ни е итна и одржлива акција за да им помогнеме на адолесцентите да престанат со потенцијално штетната употреба на социјалните мрежи, за кои се покажа дека доведуваат до депресија, малтретирање, анксиозност и слаби училишни резултати“, рече директорот на СЗО за Европа, Ханс Клуге.
Во 2022 година, 11 проценти од адолесцентите (13 проценти од девојчињата и 9 проценти од момчињата) имале знаци на проблематично користење на социјалните мрежи, додека четири години претходно тоа било седум проценти. Податоците се добиени во истражување кое опфатило 280.000 деца на возраст од 11, 13 и 15 години од 44 земји во Европа, Централна Азија и Канада. Кај нив се забележани симптоми слични на оние на зависност, а тоа се неможноста да се контролира прекумерната употреба, чувството на повлекување и напуштање на другите активности во корист на социјалните мрежи и негативните последици од прекумерната употреба во секојдневниот живот. Оваа појава е најраспространета кај романските адолесценти на возраст од 13 и 15 години, 28 отсто од нив, а најмалку е кај холандските адолесценти (три отсто). Причината за загриженост е тоа што една третина од адолесцентите играат онлајн секој ден, а 22 отсто од нив играат најмалку четири часа, покажуваат податоците на СЗО. Околу 12 проценти од адолесцентите имаат проблематично однесување поврзано со онлајн игрите, од кои 16 проценти се момчиња, а 7 проценти се девојчиња.  

The post СЗО е загрижено: Една третина од адолесцентите во Европа играат онлајн секој ден, а 22 отсто од нив играат најмалку четири часа appeared first on Република.

]]>
СЗО ја одобри првата вакцина против мајмунски сипаници https://republika.mk/zivot/zdravje/szo-ja-odobri-prvata-vaktsina-protiv-majmunski-sipanitsi/ Fri, 13 Sep 2024 17:54:28 +0000 https://republika.mk/?p=816103

Светската здравствена организација (СЗО) денеска објави дека ја одобрила првата вакцина против мајмунски сипаници произведена од Баварски Нордик.

Првата претквалификација на вакцината против мајмунски сипаници е важен чекор во нашата борба против оваа болест, како во контекст на моменталната појава на болеста во Африка, така и во иднина, изјави генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

Мајмунските сипаници се вирусно заболување предизвикано од вирус кој е сличен на вирусот на сипаници, но не се шири меѓу луѓето толку ефикасно и има помала стапка на смртност од малите сипаници.

Минатиот месец, СЗО ги прогласи мајмунските сипаници за глобална јавно-здравствена криза по втор пат во две години откако болеста се прошири од ДР Конго во соседните земји.

Прогласувањето на јавна здравствена криза од меѓународен интерес, највисокото ниво на тревога на СЗО, може да го забрза истражувањето, финансирањето и мерките за јавно здравје и меѓународната соработка за контрола на болеста.

Болеста почна да се шири во ДР Конго во форма на ендемичен вид познат како „клад I“. Изгледа дека новата варијанта „клад Iб“ полесно се шири преку близок контакт, вклучително и сексуален контакт. Болеста се прошири од Конго во соседните земји, вклучувајќи ги Бурунди, Кенија, Руанда и Уганда, што предизвика одговор на СЗО.

Повеќе од 17.000 сомнителни случаи на мајмунски сипаници и 517 смртни случаи се пријавени во Африка од почетокот на оваа година, што е зголемување од 160 отсто во споредба со истиот период минатата година, соопшти Африканскиот центар за контрола и превенција на болести. Инфекцијата ја пријавија 13 земји.

Друга варијанта на вирусот, „клад IIб“, се рашири низ светот во 2022 година, главно преку сексуален контакт меѓу мажи, што предизвика СЗО потоа да прогласи јавно здравствена криза која траеше 10 месеци.

The post СЗО ја одобри првата вакцина против мајмунски сипаници appeared first on Република.

]]>

Светската здравствена организација (СЗО) денеска објави дека ја одобрила првата вакцина против мајмунски сипаници произведена од Баварски Нордик.
Првата претквалификација на вакцината против мајмунски сипаници е важен чекор во нашата борба против оваа болест, како во контекст на моменталната појава на болеста во Африка, така и во иднина, изјави генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.
Мајмунските сипаници се вирусно заболување предизвикано од вирус кој е сличен на вирусот на сипаници, но не се шири меѓу луѓето толку ефикасно и има помала стапка на смртност од малите сипаници. Минатиот месец, СЗО ги прогласи мајмунските сипаници за глобална јавно-здравствена криза по втор пат во две години откако болеста се прошири од ДР Конго во соседните земји. Прогласувањето на јавна здравствена криза од меѓународен интерес, највисокото ниво на тревога на СЗО, може да го забрза истражувањето, финансирањето и мерките за јавно здравје и меѓународната соработка за контрола на болеста. Болеста почна да се шири во ДР Конго во форма на ендемичен вид познат како „клад I“. Изгледа дека новата варијанта „клад Iб“ полесно се шири преку близок контакт, вклучително и сексуален контакт. Болеста се прошири од Конго во соседните земји, вклучувајќи ги Бурунди, Кенија, Руанда и Уганда, што предизвика одговор на СЗО. Повеќе од 17.000 сомнителни случаи на мајмунски сипаници и 517 смртни случаи се пријавени во Африка од почетокот на оваа година, што е зголемување од 160 отсто во споредба со истиот период минатата година, соопшти Африканскиот центар за контрола и превенција на болести. Инфекцијата ја пријавија 13 земји. Друга варијанта на вирусот, „клад IIб“, се рашири низ светот во 2022 година, главно преку сексуален контакт меѓу мажи, што предизвика СЗО потоа да прогласи јавно здравствена криза која траеше 10 месеци.

The post СЗО ја одобри првата вакцина против мајмунски сипаници appeared first on Република.

]]>
Светската здравствена организација одржува итен состанок-се појави нов сој мајмунски сипаници https://republika.mk/zivot/zdravje/svetskata-zdravstvena-organizatsija-odrzhuva-iten-sostanok-se-pojavi-nov-soj-majmunski-sipanitsi/ Wed, 14 Aug 2024 19:01:14 +0000 https://republika.mk/?p=806610

Светската здравствена организација (СЗО) денеска одржува итен состанок за да разгледа загрижувачко жариште на нов сој на мпокс(т.н. мајмунски сипаници). На состанокот учествуваат 16 експерти, кои ќе одлучат дали да прогласат вонредна состојба за јавно здравје од меѓународно значење – највисокото ниво на предупредување што СЗО може да го издаде.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејесус, на почетокот на состанокот изјави дека оваа година во Африка се регистрирани над 14.000 случаи на новиот сој, при што досега починале најмалку 500 лица. Епицентарот е во Демократската Република Конго, но во последните недели се регистрирани 90 случаи и во соседните држави, што создава ризик од понатамошно ширење на епидемијата.

Мпокс се вирусно заболување кое предизвикува осип со меурчиња. Се пренесува преку физички контакт со заразени лица или животни, како и преку контакт со контаминирани материјали. Иако повеќето пациенти целосно се опоравуваат, болеста може да биде опасна за деца, бремени жени и лица со ослабен имунитет.

The post Светската здравствена организација одржува итен состанок-се појави нов сој мајмунски сипаници appeared first on Република.

]]>

Светската здравствена организација (СЗО) денеска одржува итен состанок за да разгледа загрижувачко жариште на нов сој на мпокс(т.н. мајмунски сипаници). На состанокот учествуваат 16 експерти, кои ќе одлучат дали да прогласат вонредна состојба за јавно здравје од меѓународно значење – највисокото ниво на предупредување што СЗО може да го издаде. Генералниот директор на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејесус, на почетокот на состанокот изјави дека оваа година во Африка се регистрирани над 14.000 случаи на новиот сој, при што досега починале најмалку 500 лица. Епицентарот е во Демократската Република Конго, но во последните недели се регистрирани 90 случаи и во соседните држави, што создава ризик од понатамошно ширење на епидемијата. Мпокс се вирусно заболување кое предизвикува осип со меурчиња. Се пренесува преку физички контакт со заразени лица или животни, како и преку контакт со контаминирани материјали. Иако повеќето пациенти целосно се опоравуваат, болеста може да биде опасна за деца, бремени жени и лица со ослабен имунитет.

The post Светската здравствена организација одржува итен состанок-се појави нов сој мајмунски сипаници appeared first on Република.

]]>
СЗО задутре ќе одлучи дали епидемијата на вирусот на мајмунски сипаници е глобална вонредна состојба https://republika.mk/zivot/zdravje/szo-zadutre-ke-odluchi-dali-epidemijata-na-virusot-na-majmunski-sipanitsi-e-globalna-vonredna-sostojba/ Mon, 12 Aug 2024 12:43:04 +0000 https://republika.mk/?p=805860

Независни експерти назначени од Светската здравствена организација (СЗО) задутре ќе одржат виртуелен состанок за да одлучат дали избувнувањето на вирусот мпокс (мајмунски сипаници) во Африка претставува глобална вонредна состојба.

Експертскиот комитет ќе му даде мислење на генералниот директор на СЗО, Тедрос Гебрејесус, дали мпокс претставува вонредна здравствена состојба на меѓународно ниво, како и какви препораки треба да се дадат за да се спречи ширењето на вирусот, пренесува денеска „Политико“.

Мпокс е вирусна инфекција која е типична за делови од Африка и се шири преку контакт со заразени животни, како и меѓу членовите на семејството, а се карактеризира со висока температура и појава на гнојни плускавци

 

The post СЗО задутре ќе одлучи дали епидемијата на вирусот на мајмунски сипаници е глобална вонредна состојба appeared first on Република.

]]>

Независни експерти назначени од Светската здравствена организација (СЗО) задутре ќе одржат виртуелен состанок за да одлучат дали избувнувањето на вирусот мпокс (мајмунски сипаници) во Африка претставува глобална вонредна состојба. Експертскиот комитет ќе му даде мислење на генералниот директор на СЗО, Тедрос Гебрејесус, дали мпокс претставува вонредна здравствена состојба на меѓународно ниво, како и какви препораки треба да се дадат за да се спречи ширењето на вирусот, пренесува денеска „Политико“. Мпокс е вирусна инфекција која е типична за делови од Африка и се шири преку контакт со заразени животни, како и меѓу членовите на семејството, а се карактеризира со висока температура и појава на гнојни плускавци  

The post СЗО задутре ќе одлучи дали епидемијата на вирусот на мајмунски сипаници е глобална вонредна состојба appeared first on Република.

]]>
СЗО: Бројот на заразени со Ковид во светот се зголемува и нема наскоро да се намали https://republika.mk/zivot/zdravje/szo-brojot-na-zarazeni-so-kovid-vo-svetot-se-zgolemuva-i-nema-naskoro-da-se-namali-2/ Wed, 07 Aug 2024 19:51:28 +0000 https://republika.mk/?p=804338

Бројот на заразени со Ковид-19 се зголемува ширум светот и веројатно нема да се намали наскоро, а постои и ризик од појава на нови мутации, предупреди денеска Светската здравствена организација (СЗО).

„Податоците од нашиот систем за надзор врз основа на анализи во 84 земји покажуваат дека процентот на позитивни тестови за САРС-КоВ-2 се зголемил во текот на неколку недели. Севкупно, позитивноста на тестот е над 10 проценти, но тоа варира во зависност од регионот. Во Европа, процентот на позитивност е над 20 проценти“, рече Марија Ван Керхове од СЗО.

Нови бранови на инфекција се регистрирани во Америка, Европа и Западен Пацифик, се наведува на веб-страницата на СЗО.

The post СЗО: Бројот на заразени со Ковид во светот се зголемува и нема наскоро да се намали appeared first on Република.

]]>

Бројот на заразени со Ковид-19 се зголемува ширум светот и веројатно нема да се намали наскоро, а постои и ризик од појава на нови мутации, предупреди денеска Светската здравствена организација (СЗО). „Податоците од нашиот систем за надзор врз основа на анализи во 84 земји покажуваат дека процентот на позитивни тестови за САРС-КоВ-2 се зголемил во текот на неколку недели. Севкупно, позитивноста на тестот е над 10 проценти, но тоа варира во зависност од регионот. Во Европа, процентот на позитивност е над 20 проценти“, рече Марија Ван Керхове од СЗО. Нови бранови на инфекција се регистрирани во Америка, Европа и Западен Пацифик, се наведува на веб-страницата на СЗО.

The post СЗО: Бројот на заразени со Ковид во светот се зголемува и нема наскоро да се намали appeared first on Република.

]]>
СЗО: Бројот на заразени со Ковид во светот се зголемува и нема наскоро да се намали https://republika.mk/vesti/svet/szo-brojot-na-zarazeni-so-kovid-vo-svetot-se-zgolemuva-i-nema-naskoro-da-se-namali/ Tue, 06 Aug 2024 17:22:46 +0000 https://republika.mk/?p=804006

Бројот на заразени со Ковид-19 се зголемува ширум светот и веројатно нема да се намали наскоро, а постои и ризик од појава на нови мутации, предупреди денеска Светската здравствена организација (СЗО).

„Податоците од нашиот систем за надзор врз основа на анализи во 84 земји покажуваат дека процентот на позитивни тестови за САРС-КоВ-2 се зголемил во текот на неколку недели. Севкупно, позитивноста на тестот е над 10 проценти, но тоа варира во зависност од регионот. Во Европа, процентот на позитивност е над 20 проценти“, рече Марија Ван Керхове од СЗО.

Нови бранови на инфекција се регистрирани во Америка, Европа и Западен Пацифик, се наведува на веб-страницата на СЗО.

The post СЗО: Бројот на заразени со Ковид во светот се зголемува и нема наскоро да се намали appeared first on Република.

]]>

Бројот на заразени со Ковид-19 се зголемува ширум светот и веројатно нема да се намали наскоро, а постои и ризик од појава на нови мутации, предупреди денеска Светската здравствена организација (СЗО).
„Податоците од нашиот систем за надзор врз основа на анализи во 84 земји покажуваат дека процентот на позитивни тестови за САРС-КоВ-2 се зголемил во текот на неколку недели. Севкупно, позитивноста на тестот е над 10 проценти, но тоа варира во зависност од регионот. Во Европа, процентот на позитивност е над 20 проценти“, рече Марија Ван Керхове од СЗО.
Нови бранови на инфекција се регистрирани во Америка, Европа и Западен Пацифик, се наведува на веб-страницата на СЗО.

The post СЗО: Бројот на заразени со Ковид во светот се зголемува и нема наскоро да се намали appeared first on Република.

]]>
Светот пред прогласување нова вонредна состојба https://republika.mk/zivot/zdravje/svetot-pred-proglasuvane-nova-vonredna-sostojba/ Mon, 05 Aug 2024 06:26:45 +0000 https://republika.mk/?p=803352

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус изјави дека размислува за свикување на комитет на експерти кој би утврдил дали епидемијата на мајмунски сипаници (мпокс) во неколку африкански земји треба да се квалификува како меѓународна вонредна состојба. Тедрос рече дека СЗО и Африканските центри за контрола и превенција на болести ги зголемуваат напорите за прекин на преносот на вирусот.

Сепак, потребни се повеќе финансиски средства и поддршка за сеопфатен одговор. Размислувам за свикување на комитет за итни случаи за меѓународни здравствени регулативи за да ме советува дали епидемијата на мајмунски сипаници треба да биде прогласена за вонредна состојба за јавно здравје од меѓународно значење, напиша Тедрос на социјалната мрежа Икс (поранешен Твитер).

Таквата квалификација е највисока алармантна состојба која СЗО може да ја подигне, а шефот на СЗО може да ја покрене врз основа на советите на комитетот.

СЗО на 11 јули предупреди на глобална здравствена закана по луѓето од мајмунски сипаници, изразувајќи загриженост поради избивање на нов, посмртоносен сој на вирусот во Демократската Република Конго. Од тогаш, Бурунди, Брегот на Слоновата Коска, Кенија, Руанда и Уганда пријавија неколку случаи на т.н. мајмунски сипаници. Конго пријави повеќе од 11.000 случаи на зараза, вклучувајќи 450 смртни случаи. Вирусот е првпат откриен кај луѓе во 1970 година во сегашната Демократска Република Конго.

The post Светот пред прогласување нова вонредна состојба appeared first on Република.

]]>

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус изјави дека размислува за свикување на комитет на експерти кој би утврдил дали епидемијата на мајмунски сипаници (мпокс) во неколку африкански земји треба да се квалификува како меѓународна вонредна состојба. Тедрос рече дека СЗО и Африканските центри за контрола и превенција на болести ги зголемуваат напорите за прекин на преносот на вирусот.
Сепак, потребни се повеќе финансиски средства и поддршка за сеопфатен одговор. Размислувам за свикување на комитет за итни случаи за меѓународни здравствени регулативи за да ме советува дали епидемијата на мајмунски сипаници треба да биде прогласена за вонредна состојба за јавно здравје од меѓународно значење, напиша Тедрос на социјалната мрежа Икс (поранешен Твитер).
Таквата квалификација е највисока алармантна состојба која СЗО може да ја подигне, а шефот на СЗО може да ја покрене врз основа на советите на комитетот. СЗО на 11 јули предупреди на глобална здравствена закана по луѓето од мајмунски сипаници, изразувајќи загриженост поради избивање на нов, посмртоносен сој на вирусот во Демократската Република Конго. Од тогаш, Бурунди, Брегот на Слоновата Коска, Кенија, Руанда и Уганда пријавија неколку случаи на т.н. мајмунски сипаници. Конго пријави повеќе од 11.000 случаи на зараза, вклучувајќи 450 смртни случаи. Вирусот е првпат откриен кај луѓе во 1970 година во сегашната Демократска Република Конго.

The post Светот пред прогласување нова вонредна состојба appeared first on Република.

]]>
СЗО предупредува дека постои висок ризик од ширење на полио во Газа https://republika.mk/vesti/svet/szo-predupreduva-deka-postoi-visok-rizik-od-shirene-na-polio-vo-gaza/ Tue, 23 Jul 2024 17:50:47 +0000 https://republika.mk/?p=799647

Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека постои голем ризик вирусот на детска парализа, кој предизвикува детска парализа, да се прошири низ Појасот Газа и пошироко, поради тешката здравствена и санитарна состојба во енклавата.

„Постои висок ризик од ширење на вирусот на детска парализа. Може да се прелее и на меѓународно ниво“, им рече на новинарите во Женева преку видео-врска од Ерусалим, шефот на здравствениот тим на СЗО во Газа, Ајадил Сапарбеков.

Тој рече дека проценката, која се надева дека ќе биде завршена до крајот на неделата, ќе им овозможи на здравствените власти да дадат препораки, „вклучувајќи ја и потребата од масовна вакцинација“.

Полиомиелитисот е многу заразен вирус кој може да го нападне нервниот систем и да предизвика парализа, а главно ги погодува децата на возраст под пет години.

– Исклучително сум загрижен поради избувнувањето на епидемијата во Газа. И ова не е само полиомиелитис, туку различни епидемии на заразни болести – рече Шапарбеков.

Израелската војска соопшти дека со соработка на меѓународните групи се донесени доволно вакцини за да се опфатат повеќе од еден милион луѓе во Газа, која има вкупно население од околу 2,3 милиони.

The post СЗО предупредува дека постои висок ризик од ширење на полио во Газа appeared first on Република.

]]>

Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека постои голем ризик вирусот на детска парализа, кој предизвикува детска парализа, да се прошири низ Појасот Газа и пошироко, поради тешката здравствена и санитарна состојба во енклавата. „Постои висок ризик од ширење на вирусот на детска парализа. Може да се прелее и на меѓународно ниво“, им рече на новинарите во Женева преку видео-врска од Ерусалим, шефот на здравствениот тим на СЗО во Газа, Ајадил Сапарбеков. Тој рече дека проценката, која се надева дека ќе биде завршена до крајот на неделата, ќе им овозможи на здравствените власти да дадат препораки, „вклучувајќи ја и потребата од масовна вакцинација“. Полиомиелитисот е многу заразен вирус кој може да го нападне нервниот систем и да предизвика парализа, а главно ги погодува децата на возраст под пет години. – Исклучително сум загрижен поради избувнувањето на епидемијата во Газа. И ова не е само полиомиелитис, туку различни епидемии на заразни болести – рече Шапарбеков. Израелската војска соопшти дека со соработка на меѓународните групи се донесени доволно вакцини за да се опфатат повеќе од еден милион луѓе во Газа, која има вкупно население од околу 2,3 милиони.

The post СЗО предупредува дека постои висок ризик од ширење на полио во Газа appeared first on Република.

]]>
СЗО го класифицираше талкот како „веројатно канцероген“ за луѓето https://republika.mk/zivot/zdravje/szo-go-klasifitsirashe-talkot-kako-verojatno-kantserogen-za-lugeto/ Mon, 08 Jul 2024 12:02:36 +0000 https://republika.mk/?p=794590

Меѓународната агенција за рак и истражување (ИАРЦ) при Светската здравствена организација го класифицираше талкот како „веројатно канцероген“ за луѓето, пренесува „Сајенс алерт“ (Science Alert). Талк или талциум е природен минерал којшто се ископува во многу делови од светот, а потоа се користи како состојка во бебешката пудра или во некои видови козметика.

„Одлуката на СЗО е заснована на ограничени докази дека талкот може да предизвика рак на јајниците кај жените, доволно докази дека е поврзан со рак кај стаорци и силни механички докази дека покажува канцерогени знаци во човековите клетки“, соопшти ИАРЦ.

Сепак, најважната изложеност на талк се случува при ископувањата на пинералот, преработката или во фабричката изработка на производите.

Агенцијата додава дека постојат и бројни други истражувања коишто покажуваат зголемување на стапката на рак на јајниците кај жените кои користат талк во прав, особено во пределот на гениталиите. Но, ИАРЦ нагласува дека не може да се исклучи дека талкот во некои прочучвања бил контаминиран со азбест, што исто така, предизвикува рак.

„Причинската улога на талкот не може целосно да се утврди“, според наодите објавени во „Лансет онколоџи“ (The Lancet Oncology).

Треба да се има на ум дека студиите биле набљудувачки и затоа не можат да ја докажат причинско-последичната поврзаност.

Најавата доаѓа само неколку недели откако американскиот фармацевтски и козметички гигант „Џонсон и Џонсон“ се согласи да плати 700 милиони долари за да ги реши обвинувањата дека ги доведувал корисниците во заблуда околу безбедноста на производите со талк во прав. „Џонсон и Џонсон“ не призна дека прописите се прекршени, иако ги повлече своите производи од северноамериканскиот пазар во 2020 година.

ИАРЦ, исто така, го класифицира акрилонитрилот – хемиско соединение што се користи за производство на текстилни полимери, како канцероген за луѓето, со највисоко ниво на предупредување. Полимерите направени од акрилонитрил се користат во широка палета производи – од конците во облеката до теписи, пластика и други производи за широка потрошувачка.

The post СЗО го класифицираше талкот како „веројатно канцероген“ за луѓето appeared first on Република.

]]>

Меѓународната агенција за рак и истражување (ИАРЦ) при Светската здравствена организација го класифицираше талкот како „веројатно канцероген“ за луѓето, пренесува „Сајенс алерт“ (Science Alert). Талк или талциум е природен минерал којшто се ископува во многу делови од светот, а потоа се користи како состојка во бебешката пудра или во некои видови козметика. „Одлуката на СЗО е заснована на ограничени докази дека талкот може да предизвика рак на јајниците кај жените, доволно докази дека е поврзан со рак кај стаорци и силни механички докази дека покажува канцерогени знаци во човековите клетки“, соопшти ИАРЦ. Сепак, најважната изложеност на талк се случува при ископувањата на пинералот, преработката или во фабричката изработка на производите. Агенцијата додава дека постојат и бројни други истражувања коишто покажуваат зголемување на стапката на рак на јајниците кај жените кои користат талк во прав, особено во пределот на гениталиите. Но, ИАРЦ нагласува дека не може да се исклучи дека талкот во некои прочучвања бил контаминиран со азбест, што исто така, предизвикува рак. „Причинската улога на талкот не може целосно да се утврди“, според наодите објавени во „Лансет онколоџи“ (The Lancet Oncology). Треба да се има на ум дека студиите биле набљудувачки и затоа не можат да ја докажат причинско-последичната поврзаност. Најавата доаѓа само неколку недели откако американскиот фармацевтски и козметички гигант „Џонсон и Џонсон“ се согласи да плати 700 милиони долари за да ги реши обвинувањата дека ги доведувал корисниците во заблуда околу безбедноста на производите со талк во прав. „Џонсон и Џонсон“ не призна дека прописите се прекршени, иако ги повлече своите производи од северноамериканскиот пазар во 2020 година. ИАРЦ, исто така, го класифицира акрилонитрилот – хемиско соединение што се користи за производство на текстилни полимери, како канцероген за луѓето, со највисоко ниво на предупредување. Полимерите направени од акрилонитрил се користат во широка палета производи – од конците во облеката до теписи, пластика и други производи за широка потрошувачка.

The post СЗО го класифицираше талкот како „веројатно канцероген“ за луѓето appeared first on Република.

]]>
СЗО: Потврдена инфекција со нов вид на птичји грип кај луѓето https://republika.mk/zivot/zdravje/szo-potvrdena-infektsija-so-nov-vid-na-ptichji-grip-kaj-lugeto/ Thu, 06 Jun 2024 07:15:23 +0000 https://republika.mk/?p=785119

Светската здравствена организација (СЗО) вчера објави дека еден пациент починал по првата лабораториски потврдена инфекција од подтип на птичји грип.

СЗО соопшти дека на 24 април починал 59-годишен Мексиканец откако развил симптоми на треска, отежнато дишење, дијареа, гадење и општа непријатност, пренесуваат британските меидуми.

Ова е прв лабораториски потврден случај кај луѓе на инфекцијата со птичји грип А(H5N2) пријавен на глобално ниво и прва инфекција со вирусот H5 кај пациент во Мексико. Жртвата немала историја на изложеност на живина или други животни, се наведува во соопштението на СЗО.

Случаи на подтип на птичји грип А(Х5Н2) претходно биле пријавени кај живина во Мексико.

The post СЗО: Потврдена инфекција со нов вид на птичји грип кај луѓето appeared first on Република.

]]>

Светската здравствена организација (СЗО) вчера објави дека еден пациент починал по првата лабораториски потврдена инфекција од подтип на птичји грип. СЗО соопшти дека на 24 април починал 59-годишен Мексиканец откако развил симптоми на треска, отежнато дишење, дијареа, гадење и општа непријатност, пренесуваат британските меидуми.
Ова е прв лабораториски потврден случај кај луѓе на инфекцијата со птичји грип А(H5N2) пријавен на глобално ниво и прва инфекција со вирусот H5 кај пациент во Мексико. Жртвата немала историја на изложеност на живина или други животни, се наведува во соопштението на СЗО.
Случаи на подтип на птичји грип А(Х5Н2) претходно биле пријавени кај живина во Мексико.

The post СЗО: Потврдена инфекција со нов вид на птичји грип кај луѓето appeared first on Република.

]]>
Тедрос: Членките на СЗО до 2025 година ќе склучат глобален договор за пандемиите https://republika.mk/zivot/zdravje/tedros-chlenkite-na-szo-do-2025-godina-ke-skluchat-globalen-dogovor-za-pandemiite/ Sun, 02 Jun 2024 18:46:30 +0000 https://republika.mk/?p=784086

Разговорите за постигнување глобален договор за подобра борба против пандемиите ќе бидат завршени до 2025 година или порано, доколку тоа биде можно, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).

Договорот, што треба да ја подобри соработката пред и за време на пандемиите, по признаените неуспеси за време на пандемијата на Ковид-19, цели две години го преговараа 194 земји-членки на СЗО.

Организацијата првично имаше намера да постигне договор оваа недела, но разговорите беа одложени поради длабоките поделби меѓу богатите и посиромашните земји околу прашања како што се споделувањето вакцини и подготвеноста.

Но, земјите успеаја да се договорат за паралелен договор со кој се ажурираат постојните законски обврзувачки здравствени правила, познати како Меѓународни здравствени регулативи (IHR), кои вклучуваат нова категорија на „пандемични итни случаи“ за најважните и глобално загрозувачки здравствени кризи.

-Историските одлуки донесени денес ја покажуваат заедничката желба на земјите-членки да го заштитат своето и светското население од заедничкиот ризик од кризи во јавното здравје и идни пандемии, рече генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

Промените на глобалните здравствени правила се насочени кон зајакнување на светската одбрана од новите патогени откако Ковид-19 уби повеќе од седум милиони луѓе, според податоците на СЗО.

The post Тедрос: Членките на СЗО до 2025 година ќе склучат глобален договор за пандемиите appeared first on Република.

]]>

Разговорите за постигнување глобален договор за подобра борба против пандемиите ќе бидат завршени до 2025 година или порано, доколку тоа биде можно, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО). Договорот, што треба да ја подобри соработката пред и за време на пандемиите, по признаените неуспеси за време на пандемијата на Ковид-19, цели две години го преговараа 194 земји-членки на СЗО. Организацијата првично имаше намера да постигне договор оваа недела, но разговорите беа одложени поради длабоките поделби меѓу богатите и посиромашните земји околу прашања како што се споделувањето вакцини и подготвеноста. Но, земјите успеаја да се договорат за паралелен договор со кој се ажурираат постојните законски обврзувачки здравствени правила, познати како Меѓународни здравствени регулативи (IHR), кои вклучуваат нова категорија на „пандемични итни случаи“ за најважните и глобално загрозувачки здравствени кризи. -Историските одлуки донесени денес ја покажуваат заедничката желба на земјите-членки да го заштитат своето и светското население од заедничкиот ризик од кризи во јавното здравје и идни пандемии, рече генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус. Промените на глобалните здравствени правила се насочени кон зајакнување на светската одбрана од новите патогени откако Ковид-19 уби повеќе од седум милиони луѓе, според податоците на СЗО.

The post Тедрос: Членките на СЗО до 2025 година ќе склучат глобален договор за пандемиите appeared first on Република.

]]>
СЗО: Кардиоваскуларните болести се одговорни за 40 отсто од смртните случаи во Европа https://republika.mk/zivot/zdravje/szo-kardiovaskularnite-bolesti-se-odgovorni-za-40-otsto-od-smrtnite-sluchai-vo-evropa/ Wed, 15 May 2024 08:01:40 +0000 https://republika.mk/?p=778172

Кардиоваскуларните болести се одговорни за 40 отсто од смртните случаи во Европа, соопшти денеска Светската здравствена организација(СЗО), апелирајќи до Европејците да го намалат внесот на сол.

Тоа изнесува 10.000 смртни случаи дневно, или четири милиони годишно.

„Спроведувањето насочени политики за намалување на внесот на сол за 25 отсто би можело да спаси околу 900.000 животи од кардиоваскуларни болести до 2030 година“, посочува Ханс Клуге, директор на европската филијала на СЗО.

Во Европа, секој трет возрасен човек на возраст од 30 до 79 години страда од хипертензија, често поради големо консумирање сол.

Педесет и една од 53 земји во европскиот регион на СЗО имаат просечен дневен внес на сол над препорачаниот максимум на СЗО од пет грама, или една кафена лажичка, главно поради преработената храна и грицките.

„Високиот внес на сол го зголемува крвниот притисок, кој е водечки фактор на ризик за кардиоваскуларни болести како што се срцев удар и мозочен удар“, соопшти СЗО.

Европа има највисока преваленца на крвен притисок во светот, се вели во извештајот.

The post СЗО: Кардиоваскуларните болести се одговорни за 40 отсто од смртните случаи во Европа appeared first on Република.

]]>

Кардиоваскуларните болести се одговорни за 40 отсто од смртните случаи во Европа, соопшти денеска Светската здравствена организација(СЗО), апелирајќи до Европејците да го намалат внесот на сол. Тоа изнесува 10.000 смртни случаи дневно, или четири милиони годишно. „Спроведувањето насочени политики за намалување на внесот на сол за 25 отсто би можело да спаси околу 900.000 животи од кардиоваскуларни болести до 2030 година“, посочува Ханс Клуге, директор на европската филијала на СЗО. Во Европа, секој трет возрасен човек на возраст од 30 до 79 години страда од хипертензија, често поради големо консумирање сол. Педесет и една од 53 земји во европскиот регион на СЗО имаат просечен дневен внес на сол над препорачаниот максимум на СЗО од пет грама, или една кафена лажичка, главно поради преработената храна и грицките. „Високиот внес на сол го зголемува крвниот притисок, кој е водечки фактор на ризик за кардиоваскуларни болести како што се срцев удар и мозочен удар“, соопшти СЗО. Европа има највисока преваленца на крвен притисок во светот, се вели во извештајот.

The post СЗО: Кардиоваскуларните болести се одговорни за 40 отсто од смртните случаи во Европа appeared first on Република.

]]>
Преминот Рафа блокиран, нема гориво и медицински материјали https://republika.mk/vesti/svet/preminot-rafa-blokiran-nema-gorivo-i-meditsinski-materijali/ Thu, 09 May 2024 14:26:02 +0000 https://republika.mk/?p=776422

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека на југот на Појасот Газа има резерви со гориво само за во наредните три дена, поради што една болница е веќе затворена поради недостиг од гориво и медицински материјали.

Граничниот премин Рафа со Египет е затворен откако израелската армија ја презеде контролата врз палестинската страна на границата во вторникот наутро, блокирајќи го влезот на очајно потребната хуманитарна помош. ОН соопштија дека северниот дел на Газа веќе е во состојба на „целосна глад“.

Израел објави дека преминот Керем Шалом – втората рута за дистрибуција на помош – е повторно отворен во средата. Сепак, Светската програма за храна посочува дека преку тој премин не поминала никаква помош.

Војната во Газа принуди околу 80 отсто од населението од 2,3 милиони да ги напуштат своите домови и предизвика огромно уништување на станови, болници, џамии и училишта низ неколку градови. Бројот на загинати во Газа се искачи на повеќе од 34.500 луѓе, според локалните здравствени власти.

Војната започна на 7 октомври кога Хамас го нападна јужен Израел, убивајќи околу 1.200 луѓе, главно цивили, а киднапирајќи околу 250 други. Израел вели дека милитантите сè уште држат околу 100 заложници и останките на повеќе од 30 други.

The post Преминот Рафа блокиран, нема гориво и медицински материјали appeared first on Република.

]]>

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека на југот на Појасот Газа има резерви со гориво само за во наредните три дена, поради што една болница е веќе затворена поради недостиг од гориво и медицински материјали. Граничниот премин Рафа со Египет е затворен откако израелската армија ја презеде контролата врз палестинската страна на границата во вторникот наутро, блокирајќи го влезот на очајно потребната хуманитарна помош. ОН соопштија дека северниот дел на Газа веќе е во состојба на „целосна глад“. Израел објави дека преминот Керем Шалом – втората рута за дистрибуција на помош – е повторно отворен во средата. Сепак, Светската програма за храна посочува дека преку тој премин не поминала никаква помош. Војната во Газа принуди околу 80 отсто од населението од 2,3 милиони да ги напуштат своите домови и предизвика огромно уништување на станови, болници, џамии и училишта низ неколку градови. Бројот на загинати во Газа се искачи на повеќе од 34.500 луѓе, според локалните здравствени власти. Војната започна на 7 октомври кога Хамас го нападна јужен Израел, убивајќи околу 1.200 луѓе, главно цивили, а киднапирајќи околу 250 други. Израел вели дека милитантите сè уште држат околу 100 заложници и останките на повеќе од 30 други.

The post Преминот Рафа блокиран, нема гориво и медицински материјали appeared first on Република.

]]>
СЗО: Зголемен е ризикот за пренос на птичји грип врз луѓе, многу сме загрижени https://republika.mk/zivot/zdravje/szo-zgolemen-e-rizikot-za-prenos-na-ptichji-grip-vrz-luge-mnogu-sme-zagrizheni/ Thu, 18 Apr 2024 18:51:36 +0000 https://republika.mk/?p=767710

Светската здравствена организација изрази загриженост поради ширењето на птичјиот грип Х5Н1, кој има „исклучително висока“ стапка на смртност кај луѓето.
Избувнувањето што започнало во 2020 година досега уби десетици милиони живина, а неодамнешното ширење на вирусот кај неколку видови цицачи, вклучително и домашни говеда во САД, го зголеми ризикот од пренесување на луѓето, соопшти СЗО.

„Мислам дека ова останува огромен проблем“, им рече на новинарите во Женева главниот научник на агенцијата за здравство на ОН, Џереми Фарар. Минатиот месец на листата на заразени видови се приклучија и кравите и козите, што е неочекуван развој за експертите бидејќи се сметаше дека тие не се подложни на овој тип на грип.

Американските власти овој месец објавија дека едно лице во Тексас се опоравува од птичји грип по изложување на говеда, при што 16 крда во шест држави се заразени по изложување на диви птици.

Варијантата A(H5N1) стана „глобална пандемија на зоонозни животни“, рече Фарар. „Се разбира, постои голема загриженост за инфицирање на патки и кокошки, а потоа сè повеќе и на цицачи. Тој вирус сега се развива и развива способност да зарази луѓе, а потоа и критична способност да премине од човек на човек“, додаде тој.

Засега нема докази дека Х5Н1 се шири меѓу луѓето. Но, во стотиците случаи кога луѓето биле заразени од контакт со животни во изминатите 20 години, „стапката на смртност е исклучително висока“, рече Фарар, бидејќи луѓето немаат природен имунитет на вирусот.

Од 2003 до 2024 година, ширум светот се пријавени 889 случаи и 463 смртни случаи предизвикани од Х5Н1 во 23 земји, со стапка на смртност од 52%.

Неодамнешниот случај на човечка инфекција во САД по контакт со заразен цицач го нагласува зголемениот ризик.

Кога ќе „влезете во популација на цицачи, тогаш ќе се приближите до луѓето“, рече Фарар, предупредувајќи дека „овој вирус само бара нови, понови домаќини“.

Фарар повика на зголемен мониторинг, велејќи дека „многу е важно да се разбере колку човечки инфекции се случуваат бидејќи таму ќе се случи адаптацијата на вирусот“. „Трагично е да се каже ова, но ако заболам од Х5Н1 и умрам, тоа е крајот на тоа.“

Тој исто така рече дека во тек се напори за развој на вакцина и терапија за Х5Н1 и ја истакна потребата да се осигура дека регионалните и националните здравствени власти ширум светот имаат капацитет да го дијагностицираат вирусот. На тој начин, вели тој, „ако H5N1 дојде до луѓето, со пренос од човек на човек“, светот би бил „во позиција веднаш да реагира“.

The post СЗО: Зголемен е ризикот за пренос на птичји грип врз луѓе, многу сме загрижени appeared first on Република.

]]>

Светската здравствена организација изрази загриженост поради ширењето на птичјиот грип Х5Н1, кој има „исклучително висока“ стапка на смртност кај луѓето. Избувнувањето што започнало во 2020 година досега уби десетици милиони живина, а неодамнешното ширење на вирусот кај неколку видови цицачи, вклучително и домашни говеда во САД, го зголеми ризикот од пренесување на луѓето, соопшти СЗО.
„Мислам дека ова останува огромен проблем“, им рече на новинарите во Женева главниот научник на агенцијата за здравство на ОН, Џереми Фарар. Минатиот месец на листата на заразени видови се приклучија и кравите и козите, што е неочекуван развој за експертите бидејќи се сметаше дека тие не се подложни на овој тип на грип.
Американските власти овој месец објавија дека едно лице во Тексас се опоравува од птичји грип по изложување на говеда, при што 16 крда во шест држави се заразени по изложување на диви птици. Варијантата A(H5N1) стана „глобална пандемија на зоонозни животни“, рече Фарар. „Се разбира, постои голема загриженост за инфицирање на патки и кокошки, а потоа сè повеќе и на цицачи. Тој вирус сега се развива и развива способност да зарази луѓе, а потоа и критична способност да премине од човек на човек“, додаде тој. Засега нема докази дека Х5Н1 се шири меѓу луѓето. Но, во стотиците случаи кога луѓето биле заразени од контакт со животни во изминатите 20 години, „стапката на смртност е исклучително висока“, рече Фарар, бидејќи луѓето немаат природен имунитет на вирусот. Од 2003 до 2024 година, ширум светот се пријавени 889 случаи и 463 смртни случаи предизвикани од Х5Н1 во 23 земји, со стапка на смртност од 52%. Неодамнешниот случај на човечка инфекција во САД по контакт со заразен цицач го нагласува зголемениот ризик.
Кога ќе „влезете во популација на цицачи, тогаш ќе се приближите до луѓето“, рече Фарар, предупредувајќи дека „овој вирус само бара нови, понови домаќини“.
Фарар повика на зголемен мониторинг, велејќи дека „многу е важно да се разбере колку човечки инфекции се случуваат бидејќи таму ќе се случи адаптацијата на вирусот“. „Трагично е да се каже ова, но ако заболам од Х5Н1 и умрам, тоа е крајот на тоа.“ Тој исто така рече дека во тек се напори за развој на вакцина и терапија за Х5Н1 и ја истакна потребата да се осигура дека регионалните и националните здравствени власти ширум светот имаат капацитет да го дијагностицираат вирусот. На тој начин, вели тој, „ако H5N1 дојде до луѓето, со пренос од човек на човек“, светот би бил „во позиција веднаш да реагира“.

The post СЗО: Зголемен е ризикот за пренос на птичји грип врз луѓе, многу сме загрижени appeared first on Република.

]]>
СЗО: Секој шести ученик бил жртва на кибер малтретирање https://republika.mk/zivot/zdravje/szo-sekoj-shesti-uchenik-bil-zhrtva-na-kiber-maltretirane/ Wed, 27 Mar 2024 13:44:40 +0000 https://republika.mk/?p=759376

Секој шести ученик бил жртва на кибер малтретирање, се вели во извештајот на Светската здравствена организација (СЗО) за здравствените однесувања на децата на училишна возраст, објавен во Копенхаген.

Насилството преку Интернет значително се зголеми откако извештајот беше објавен во 2018 година. Овој извештај опфаќа податоци од 2018 до 2022 година.

Околу 15 отсто од учениците веќе се соочиле со кибер-малтретирање. Од пријавените 12 отсто во извештајот за 2018 година, процентот на жртви кај момчињата се искачи на 15 отсто, а кај девојчињата од 13 на 16 отсто. Еден од осум ученици на возраст од 11 до 15 години вели дека малтретирал некого преку Интернет.

Извештајот се фокусира на моделите на малтретирање и насилство меѓу децата и младите. Во него се анализирани податоци од над 279.000 млади луѓе. За целите на истражувањето, децата на возраст од 11 до 15 години се испитуваат на секои четири години. Последното истражување во 2021 и 2022 година беше спроведено во 44 земји и региони во Европа, Централна Азија и Канада.

Според извештајот, бројот на случаи на малтретирање во училиштата остана релативно стабилен. Околу 11 отсто од учениците рекле дека биле малтретирани на училиште, а 6 отсто дека малтретирале некого на училиште. Ова однесување е почесто кај момчињата (8 отсто) отколку кај девојчињата (6 отсто).

 

The post СЗО: Секој шести ученик бил жртва на кибер малтретирање appeared first on Република.

]]>

Секој шести ученик бил жртва на кибер малтретирање, се вели во извештајот на Светската здравствена организација (СЗО) за здравствените однесувања на децата на училишна возраст, објавен во Копенхаген. Насилството преку Интернет значително се зголеми откако извештајот беше објавен во 2018 година. Овој извештај опфаќа податоци од 2018 до 2022 година. Околу 15 отсто од учениците веќе се соочиле со кибер-малтретирање. Од пријавените 12 отсто во извештајот за 2018 година, процентот на жртви кај момчињата се искачи на 15 отсто, а кај девојчињата од 13 на 16 отсто. Еден од осум ученици на возраст од 11 до 15 години вели дека малтретирал некого преку Интернет. Извештајот се фокусира на моделите на малтретирање и насилство меѓу децата и младите. Во него се анализирани податоци од над 279.000 млади луѓе. За целите на истражувањето, децата на возраст од 11 до 15 години се испитуваат на секои четири години. Последното истражување во 2021 и 2022 година беше спроведено во 44 земји и региони во Европа, Централна Азија и Канада. Според извештајот, бројот на случаи на малтретирање во училиштата остана релативно стабилен. Околу 11 отсто од учениците рекле дека биле малтретирани на училиште, а 6 отсто дека малтретирале некого на училиште. Ова однесување е почесто кај момчињата (8 отсто) отколку кај девојчињата (6 отсто).  

The post СЗО: Секој шести ученик бил жртва на кибер малтретирање appeared first on Република.

]]>
Само 7 држави ги задоволуваат стандардите за квалитет на воздухот на СЗО https://republika.mk/zivot/zdravje/samo-7-drzhavi-gi-zadovoluvaat-standardite-za-kvalitet-na-vozduhot-na-szo/ Tue, 19 Mar 2024 13:52:56 +0000 https://republika.mk/?p=756355

Само седум земји го исполнуваат меѓународниот стандард за квалитет на воздухот, при што смртоносното загадување на воздухот на места се влошува поради враќањето на економската активност и токсичното влијание на чадот од шумските пожари, покажа нов извештај.

Од 134 земји и региони опфатени во извештајот, само 7 - Австралија, Естонија, Финска, Гренада, Исланд, Маврициус и Нов Зеланд - го исполнуваат упатството на Светската здравствена организација (СЗО) за ограничување на ситните честички во воздухот исфрлени од автомобилите, камионите и индустриските процеси.

Огромното мнозинство земји не го исполнуваат овој стандард за ПМ2,5, вид на микроскопска дамка саѓи помала од широчината на човечко влакно, која кога се вдишува може да предизвика огромен број здравствени проблеми и смртни случаи, ризикувајќи сериозни последици за луѓето. според извештајот на IQAir, швајцарска организација за квалитет на воздухот, која црпи податоци од повеќе од 30.000 мониторинг станици ширум светот.

Додека воздухот во светот е генерално многу почист отколку што беше во поголемиот дел од минатиот век, сè уште има места каде што нивото на загадување е особено опасно. Најзагадената земја, Пакистан, има нивоа на ПМ2,5 повеќе од 14 пати повисоки од стандардот на СЗО, покажа извештајот на IQAir, а следните најзагадени земји се Индија, Таџикистан и Буркина Фасо.

Но, дури и во богатите и брзоразвивачките земји, напредокот во намалувањето на загадувањето на воздухот е под закана. Канада, која долго време се сметаше за земја која го има еден од најчистиот воздух во западниот свет, стана најлоша за ПМ2,5 минатата година поради рекордните шумски пожари што ја опустошија земјата, испраќајќи токсичен чад низ целата земја и во САД.

Во меѓувреме, во Кина, подобрувањата во квалитетот на воздухот беа комплицирани минатата година со закрепнувањето на економската активност во екот на ковид пандемијата, при што извештајот откри зголемување од 6,5% на нивоата на ПМ2,5.

„За жал, работите тргнаа наназад“, рече Глори Делфин Хејмс, извршна директорка на IQAir во Северна Америка. „Науката е прилично јасна за влијанијата на загадувањето на воздухот, а сепак ние сме толку навикнати да имаме позадинско ниво на загадување кое е превисоко за да бидеме здрави. Не правиме прилагодувања доволно брзо“.

Загадувањето на воздухот убива околу 7 милиони луѓе годишно ширум светот - повеќе од сидата и маларијата заедно - и овој товар најмногу се чувствува во земјите во развој кои се потпираат на особено валкани горива за греење, осветлување и готвење во затворени простории.

Најзагадена урбана област во светот минатата година беше Бегусараи во Индија, покажа шестиот годишен извештај на IQAir, каде што Индија е дом на четирите најзагадени градови во светот. Сепак, голем дел од светот во развој, особено земјите во Африка, немаат сигурни мерења за квалитетот на воздухот.

СЗО го намали своето упатство за „безбедни“ нивоа на ПМ2,5 во 2021 година на 5 микрограми на кубен метар и со оваа мерка многу земји, како оние во Европа кои значително го исчистија воздухот во изминатите 20 години, не задоволуваат.

Но, дури и ова построго упатство можеби нема целосно да го опфати ризикот од подмолно загадување на воздухот. Истражувањето објавено од американските научници минатиот месец покажа дека не постои безбедно ниво на ПМ2,5, при што дури и најмалата изложеност е поврзана со зголемување на хоспитализацијата за состојби како што се срцеви заболувања и астма, пишува The Guardian.

Хејмс рече дека земјите треба да дејствуваат за да ги направат нивните градови попогодни за пешачење и помалку зависни од автомобили, да ги изменат практиките на шумарството за да помогнат да се намали влијанието на чадот од шумските пожари и побрзо да се прифатат чистата енергија наместо фосилните горива. „Го делиме атмосферскиот плик со сите останати во светот и треба да се погрижиме да не правиме работи што им штетат на оние на друго место“, рече таа.

Ејдан Фароу, виш научник за квалитетот на воздухот во Greenpeace International, вели дека потребно е и подобро следење на квалитетот на воздухот.

„Во 2023 година, загадувањето на воздухот остана глобална здравствена катастрофа, глобалниот сет на податоци на IQAir обезбедува важен потсетник за неправдите што произлегуваат и потребата да се имплементираат многуте решенија што постојат за овој проблем“, рече тој.

The post Само 7 држави ги задоволуваат стандардите за квалитет на воздухот на СЗО appeared first on Република.

]]>

Само седум земји го исполнуваат меѓународниот стандард за квалитет на воздухот, при што смртоносното загадување на воздухот на места се влошува поради враќањето на економската активност и токсичното влијание на чадот од шумските пожари, покажа нов извештај. Од 134 земји и региони опфатени во извештајот, само 7 - Австралија, Естонија, Финска, Гренада, Исланд, Маврициус и Нов Зеланд - го исполнуваат упатството на Светската здравствена организација (СЗО) за ограничување на ситните честички во воздухот исфрлени од автомобилите, камионите и индустриските процеси. Огромното мнозинство земји не го исполнуваат овој стандард за ПМ2,5, вид на микроскопска дамка саѓи помала од широчината на човечко влакно, која кога се вдишува може да предизвика огромен број здравствени проблеми и смртни случаи, ризикувајќи сериозни последици за луѓето. според извештајот на IQAir, швајцарска организација за квалитет на воздухот, која црпи податоци од повеќе од 30.000 мониторинг станици ширум светот. Додека воздухот во светот е генерално многу почист отколку што беше во поголемиот дел од минатиот век, сè уште има места каде што нивото на загадување е особено опасно. Најзагадената земја, Пакистан, има нивоа на ПМ2,5 повеќе од 14 пати повисоки од стандардот на СЗО, покажа извештајот на IQAir, а следните најзагадени земји се Индија, Таџикистан и Буркина Фасо. Но, дури и во богатите и брзоразвивачките земји, напредокот во намалувањето на загадувањето на воздухот е под закана. Канада, која долго време се сметаше за земја која го има еден од најчистиот воздух во западниот свет, стана најлоша за ПМ2,5 минатата година поради рекордните шумски пожари што ја опустошија земјата, испраќајќи токсичен чад низ целата земја и во САД. Во меѓувреме, во Кина, подобрувањата во квалитетот на воздухот беа комплицирани минатата година со закрепнувањето на економската активност во екот на ковид пандемијата, при што извештајот откри зголемување од 6,5% на нивоата на ПМ2,5. „За жал, работите тргнаа наназад“, рече Глори Делфин Хејмс, извршна директорка на IQAir во Северна Америка. „Науката е прилично јасна за влијанијата на загадувањето на воздухот, а сепак ние сме толку навикнати да имаме позадинско ниво на загадување кое е превисоко за да бидеме здрави. Не правиме прилагодувања доволно брзо“. Загадувањето на воздухот убива околу 7 милиони луѓе годишно ширум светот - повеќе од сидата и маларијата заедно - и овој товар најмногу се чувствува во земјите во развој кои се потпираат на особено валкани горива за греење, осветлување и готвење во затворени простории. Најзагадена урбана област во светот минатата година беше Бегусараи во Индија, покажа шестиот годишен извештај на IQAir, каде што Индија е дом на четирите најзагадени градови во светот. Сепак, голем дел од светот во развој, особено земјите во Африка, немаат сигурни мерења за квалитетот на воздухот. СЗО го намали своето упатство за „безбедни“ нивоа на ПМ2,5 во 2021 година на 5 микрограми на кубен метар и со оваа мерка многу земји, како оние во Европа кои значително го исчистија воздухот во изминатите 20 години, не задоволуваат. Но, дури и ова построго упатство можеби нема целосно да го опфати ризикот од подмолно загадување на воздухот. Истражувањето објавено од американските научници минатиот месец покажа дека не постои безбедно ниво на ПМ2,5, при што дури и најмалата изложеност е поврзана со зголемување на хоспитализацијата за состојби како што се срцеви заболувања и астма, пишува The Guardian. Хејмс рече дека земјите треба да дејствуваат за да ги направат нивните градови попогодни за пешачење и помалку зависни од автомобили, да ги изменат практиките на шумарството за да помогнат да се намали влијанието на чадот од шумските пожари и побрзо да се прифатат чистата енергија наместо фосилните горива. „Го делиме атмосферскиот плик со сите останати во светот и треба да се погрижиме да не правиме работи што им штетат на оние на друго место“, рече таа. Ејдан Фароу, виш научник за квалитетот на воздухот во Greenpeace International, вели дека потребно е и подобро следење на квалитетот на воздухот. „Во 2023 година, загадувањето на воздухот остана глобална здравствена катастрофа, глобалниот сет на податоци на IQAir обезбедува важен потсетник за неправдите што произлегуваат и потребата да се имплементираат многуте решенија што постојат за овој проблем“, рече тој.

The post Само 7 држави ги задоволуваат стандардите за квалитет на воздухот на СЗО appeared first on Република.

]]>
СЗО: Жените имаат повеќе здравствени проблеми поради алкохолот, дури и кога пијат помалку https://republika.mk/zivot/zdravje/szo-zhenite-imaat-poveke-zdravstveni-problemi-poradi-alkoholot-duri-i-koga-pijat-pomalku/ Fri, 08 Mar 2024 08:21:47 +0000 https://republika.mk/?p=752512

Светската здравствена организација (СЗО) денеска ги повика националните влади во светот да го земат предвид полот кога развиваат политики за консумирање алкохол, предупредувајќи дека маркетингот во индустријата сè повеќе ги таргетира жените кои се соочуваат со поголеми здравствени ризици од мажите и од помалку алкохол.

Агенцијата на ОН со седиште во Женева соопшти дека има докази дека мажите, жените и малцинските групи се различно погодени од штетата поврзана со алкохолот и дека индустријата го прилагодила својот маркетинг за да таргетира различни полови. „Политиките за контрола на алкохолот во голема мера остануваат слепи за половите“, вели СЗО, повикувајќи ги владите да го земат предвид полот при дизајнирање контролни мерки.

Индустријата се повеќе користи родови пристапи за привлекување потрошувачи, истакнува СЗО, додавајќи дека е од клучно значење да се остане во чекор со овие променливи маркетинг тактики. По успехот во борбата против влијанието на другите производи, како што се цигарите, врз јавното здравје, СЗО сè повеќе го насочува вниманието кон решавање на прашањето за штетното дејство на алкохолот.

Светската здравствена организација ги нагласува студиите кои откриле дека индустријата сè повеќе ги таргетира жените - од пакувања до реклами кои ги нагласуваат аспектите на феминизмот или женското пријателство. Мажите се исто така цел на маркетинг кој ги нагласува традиционалните поими за мажественост и се изложени на поголем ризик од прекумерно пиење, развој на проблеми со алкохолот и вклучување во агресивно или ризично однесување, забележа СЗО. Но, жените претрпуваат поголема штета при пониски нивоа на консумирање алкохол.

ЛГБТК+ заедницата, исто така, се соочува со различни штети, често консумирајќи повеќе алкохол и има повеќе проблеми со зависност од хетеросексуалните луѓе, додека наследството на колонијализмот и економската маргинализација, исто така, ги ставија домородните народи во зголемен ризик, наведува СЗО.

Оваа организација посочува дека консумирањето алкохол е причински фактор за повеќе од 200 болести и повреди, меѓу кои и некои видови на рак, цироза на црниот дроб и кардиоваскуларни заболувања.

The post СЗО: Жените имаат повеќе здравствени проблеми поради алкохолот, дури и кога пијат помалку appeared first on Република.

]]>

Светската здравствена организација (СЗО) денеска ги повика националните влади во светот да го земат предвид полот кога развиваат политики за консумирање алкохол, предупредувајќи дека маркетингот во индустријата сè повеќе ги таргетира жените кои се соочуваат со поголеми здравствени ризици од мажите и од помалку алкохол. Агенцијата на ОН со седиште во Женева соопшти дека има докази дека мажите, жените и малцинските групи се различно погодени од штетата поврзана со алкохолот и дека индустријата го прилагодила својот маркетинг за да таргетира различни полови. „Политиките за контрола на алкохолот во голема мера остануваат слепи за половите“, вели СЗО, повикувајќи ги владите да го земат предвид полот при дизајнирање контролни мерки. Индустријата се повеќе користи родови пристапи за привлекување потрошувачи, истакнува СЗО, додавајќи дека е од клучно значење да се остане во чекор со овие променливи маркетинг тактики. По успехот во борбата против влијанието на другите производи, како што се цигарите, врз јавното здравје, СЗО сè повеќе го насочува вниманието кон решавање на прашањето за штетното дејство на алкохолот. Светската здравствена организација ги нагласува студиите кои откриле дека индустријата сè повеќе ги таргетира жените - од пакувања до реклами кои ги нагласуваат аспектите на феминизмот или женското пријателство. Мажите се исто така цел на маркетинг кој ги нагласува традиционалните поими за мажественост и се изложени на поголем ризик од прекумерно пиење, развој на проблеми со алкохолот и вклучување во агресивно или ризично однесување, забележа СЗО. Но, жените претрпуваат поголема штета при пониски нивоа на консумирање алкохол. ЛГБТК+ заедницата, исто така, се соочува со различни штети, често консумирајќи повеќе алкохол и има повеќе проблеми со зависност од хетеросексуалните луѓе, додека наследството на колонијализмот и економската маргинализација, исто така, ги ставија домородните народи во зголемен ризик, наведува СЗО. Оваа организација посочува дека консумирањето алкохол е причински фактор за повеќе од 200 болести и повреди, меѓу кои и некои видови на рак, цироза на црниот дроб и кардиоваскуларни заболувања.

The post СЗО: Жените имаат повеќе здравствени проблеми поради алкохолот, дури и кога пијат помалку appeared first on Република.

]]>