свиња Archives - Република https://republika.mk/tema/svinja/ За подобро да се разбереме Fri, 22 Mar 2024 15:29:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png свиња Archives - Република https://republika.mk/tema/svinja/ 32 32 На Американец му е пресаден генетски модифициран бубрег од свиња – прв ваков случај во историјата https://republika.mk/vesti/svet/na-amerikanets-mu-e-presaden-genetski-modifitsiran-bubreg-od-svina-prv-vakov-sluchaj-vo-istorijata/ Fri, 22 Mar 2024 15:24:16 +0000 https://republika.mk/?p=757496

Свински бубрег првпат е успешно пресаден на жив човек, во американската Општа болница во Масачусетс. Според соопштението, генетски преуредениот орган од свиња бил трансплантиран на 62-годишен маж од САД кој живеел со бубрежна болест во краен стадиум.

Во случајов се работи за ксенотрансплантацијата - пресадување органи или ткива од еден вид на друг. На тоа науката гледа како на можно решение во случај на недостиг на органи.

Хирурзи од Центарот за општа трансплантација ја спроведоа операцијата во саботата и таа траела четири часа. Извршната директорка на установата, Ен Клибански изјави дека истражувачите и лекарите со ова ги поместуваат границите на медицината и науката.

Минаа речиси 70 години по првата успешна трансплантација на бубрег, а нашите лекари уште еднаш си ја покажаа посветеноста да обезбедиме иновативни третмани и да помогнеме во олеснување на товарот на болеста за нашите, но и другите пациенти во светот, нагласи Клибански.

Свинскиот бубрег бил генетски преуреден за да се отстранат штетните свински гени и да се додадат човечки гени за да се подобри неговата компатибилност со човекот.

Пациентот добро закрепнува и се очекува наскоро да биде пуштен дома, соопштија од болницата.

The post На Американец му е пресаден генетски модифициран бубрег од свиња – прв ваков случај во историјата appeared first on Република.

]]>

Свински бубрег првпат е успешно пресаден на жив човек, во американската Општа болница во Масачусетс. Според соопштението, генетски преуредениот орган од свиња бил трансплантиран на 62-годишен маж од САД кој живеел со бубрежна болест во краен стадиум. Во случајов се работи за ксенотрансплантацијата - пресадување органи или ткива од еден вид на друг. На тоа науката гледа како на можно решение во случај на недостиг на органи. Хирурзи од Центарот за општа трансплантација ја спроведоа операцијата во саботата и таа траела четири часа. Извршната директорка на установата, Ен Клибански изјави дека истражувачите и лекарите со ова ги поместуваат границите на медицината и науката.
Минаа речиси 70 години по првата успешна трансплантација на бубрег, а нашите лекари уште еднаш си ја покажаа посветеноста да обезбедиме иновативни третмани и да помогнеме во олеснување на товарот на болеста за нашите, но и другите пациенти во светот, нагласи Клибански.
Свинскиот бубрег бил генетски преуреден за да се отстранат штетните свински гени и да се додадат човечки гени за да се подобри неговата компатибилност со човекот. Пациентот добро закрепнува и се очекува наскоро да биде пуштен дома, соопштија од болницата.

The post На Американец му е пресаден генетски модифициран бубрег од свиња – прв ваков случај во историјата appeared first on Република.

]]>
Бубрег од свиња функционира 32 дена во клинички мртов човек https://republika.mk/zivot/zdravje/bubreg-od-svina-funktsionira-32-dena-vo-klinichki-mrtov-chovek/ Thu, 17 Aug 2023 07:54:54 +0000 https://republika.mk/?p=672893

На 14 јули, тим доктори во Њујорк извршија операција на клинички мртов 57-годишен маж и успеале да го одржат во живот повеќе од еден месец, откако му ги извадиле бубрезите и еден од нив му го замениле со бубрег од свиња. Овој експеримент покажа дека органот од животинско потекло е сè уште функционален во човечкото тело, дури и кога мозокот е мртов.

Животински орган работи во телото на клинички мртов човек… Свинскиот бубрег сè уште функционира 32 дена по трансплантацијата на човекот чиј мозок беше мртов, без можност да се разбуди. Ова е најдолгиот период во којшто човечко тело не отфрлило орган од животинско потекло по таква операција“, соопштија американските научници кои ја извршија операцијата.

Лекарите користеле бубрег на генетски модифицирана свиња за да го спречат човекот да го препознае како туѓо тело и да го отфрли.

Респиратор го одржува срцето на 57-годишниот Морис Милер, како и работата на другите органи, додека бубрегот на свињата произведува урина и други вообичаени отпадни материи.

The post Бубрег од свиња функционира 32 дена во клинички мртов човек appeared first on Република.

]]>

На 14 јули, тим доктори во Њујорк извршија операција на клинички мртов 57-годишен маж и успеале да го одржат во живот повеќе од еден месец, откако му ги извадиле бубрезите и еден од нив му го замениле со бубрег од свиња. Овој експеримент покажа дека органот од животинско потекло е сè уште функционален во човечкото тело, дури и кога мозокот е мртов.
Животински орган работи во телото на клинички мртов човек… Свинскиот бубрег сè уште функционира 32 дена по трансплантацијата на човекот чиј мозок беше мртов, без можност да се разбуди. Ова е најдолгиот период во којшто човечко тело не отфрлило орган од животинско потекло по таква операција“, соопштија американските научници кои ја извршија операцијата.
Лекарите користеле бубрег на генетски модифицирана свиња за да го спречат човекот да го препознае како туѓо тело и да го отфрли. Респиратор го одржува срцето на 57-годишниот Морис Милер, како и работата на другите органи, додека бубрегот на свињата произведува урина и други вообичаени отпадни материи.

The post Бубрег од свиња функционира 32 дена во клинички мртов човек appeared first on Република.

]]>
Свиња убила месар во кланица https://republika.mk/vesti/svet/svina-ubila-mesar-vo-klanitsa/ Sun, 22 Jan 2023 20:56:27 +0000 https://republika.mk/?p=599714

Касап во Хонг Конг загинал при обид да убие свиња, извести локалната полиција, пишува Си-Ен-Ен.

Месарот (61), кој работел во кланицата Шеунг Шуи на северот од градот, пукал во свињата со електричен пиштол.

Животното требало да се онесвести, но наеднаш ги отворило очите, станало и го соборило месарот, кој на крајот добил смртоносна повреда.

Доживеа фатална повреда

Свиња го соборила на под во кланицата, а тој се повредил со нож за месо. Се здобил со рана длабока 15 сантиметри.

Колега кој го пронашол месарот во несвест и со нож за месо во раката рекол дека 61-годишникот се здобил со повреда во пределот на ногата. Од здобиените повреди тој починал во болница.

Истрагата е во тек.

The post Свиња убила месар во кланица appeared first on Република.

]]>

Касап во Хонг Конг загинал при обид да убие свиња, извести локалната полиција, пишува Си-Ен-Ен. Месарот (61), кој работел во кланицата Шеунг Шуи на северот од градот, пукал во свињата со електричен пиштол. Животното требало да се онесвести, но наеднаш ги отворило очите, станало и го соборило месарот, кој на крајот добил смртоносна повреда. Доживеа фатална повреда Свиња го соборила на под во кланицата, а тој се повредил со нож за месо. Се здобил со рана длабока 15 сантиметри. Колега кој го пронашол месарот во несвест и со нож за месо во раката рекол дека 61-годишникот се здобил со повреда во пределот на ногата. Од здобиените повреди тој починал во болница. Истрагата е во тек.

The post Свиња убила месар во кланица appeared first on Република.

]]>
Јовановски: Да се заштитиме од „свинската чума“, секоја сличност со свињолики човекоиди, кои одлучуваат за нашата иднина е случајна https://republika.mk/vesti/makedonija/jovanovski-da-se-zashtitime-od-svinskata-chuma-sekoja-slichnost-so-svinjoliki-chovekoidi-koi-odluchuvaat-za-nashata-idnina-e-sluchajna/ Wed, 19 Jan 2022 19:10:16 +0000 https://republika.mk/?p=446811

Другарки и другари, можеби е време да се заштитиме од „свинската чума“!

Секоја сличност со свињолики човекоиди, кои одлучуваат за нашата иднина (како колектив), е случајна!, коментира актерот, Владо Јовановски.

Македонија...

Македонците, македонскиот јазик,

култура,

историја,

меморија,

преданија,

писанија,

посланија,

...
...
...

кои се длабоко втемелени во светското, цивилизациско наследство, не стравуваат од „Африканската чума“.!

П.С.

Не бидете свињи...!

Да бидеме Човеци!

Да живее Македонија!

Македонија, со чист макеоднски идентитет и суверенитет!!! - пишува Јовановски.

The post Јовановски: Да се заштитиме од „свинската чума“, секоја сличност со свињолики човекоиди, кои одлучуваат за нашата иднина е случајна appeared first on Република.

]]>

Другарки и другари, можеби е време да се заштитиме од „свинската чума“! Секоја сличност со свињолики човекоиди, кои одлучуваат за нашата иднина (како колектив), е случајна!, коментира актерот, Владо Јовановски.
Македонија...   Македонците, македонскиот јазик,   култура,   историја,   меморија,   преданија,   писанија,   посланија, ... ... ...   кои се длабоко втемелени во светското, цивилизациско наследство, не стравуваат од „Африканската чума“.!   П.С.   Не бидете свињи...!   Да бидеме Човеци!   Да живее Македонија!   Македонија, со чист макеоднски идентитет и суверенитет!!! - пишува Јовановски.

The post Јовановски: Да се заштитиме од „свинската чума“, секоја сличност со свињолики човекоиди, кои одлучуваат за нашата иднина е случајна appeared first on Република.

]]>
Првпат во историјата срце од свиња пресадено на маж https://republika.mk/zivot/zdravje/prvpat-vo-istorijata-srce-od-svinja-presadeno-na-maz/ Tue, 11 Jan 2022 09:49:57 +0000 https://republika.mk/?p=443004

За првпат во историјата на маж му е пресадено свинско срце! Операцијата се случила во болница во Балтимор, Мериленд. Пациентот кој доби трансплантација на срце од генетски модифицирана свиња засега се чувствува добро, но според хирурзите е рано да се даваат долгорочни прогнози.

Дејвид Бенет (57) влегува во историјата како првиот човек кому му била пресадено свинско срце, а бил на работ на смртта во времето кога лекарите се решиле на овој чекор.

Бенет бил на апаратите со месеци и неговото срце било толку оштетено што мислел дека нема да ја преживее операцијата. Исто така, во претходниот период не го послушал лекарскиот совет, не земал терапија и не доаѓал на прегледи.

Знаев дека ова е мојата последна шанса и сакам да живеам. Шансите се мали, но ова е мојата последна шанса. Или ќе умрам или ќе ме оперираат, рекол Бенет пред да биде ставен под анестезија.

Операцијата е направена во петокот, а Бенет засега закрепнува, се чувствува добро и дише без респиратор.

Операцијата покажа дека трансплантацијата на срцето на генетски модифицирано животно не предизвикува итно отфрлање на органите, рекоа неговите лекари, свесни за ризикот од умирање на Бенет бидејќи вакво нешто никогаш не е направено и неблагодарно е да се даваат предвидувања.

Сепак, постои надеж дека доколку овој случај успее, во иднина ќе се реши хроничниот недостиг на органи за трансплантација.

The post Првпат во историјата срце од свиња пресадено на маж appeared first on Република.

]]>

За првпат во историјата на маж му е пресадено свинско срце! Операцијата се случила во болница во Балтимор, Мериленд. Пациентот кој доби трансплантација на срце од генетски модифицирана свиња засега се чувствува добро, но според хирурзите е рано да се даваат долгорочни прогнози. Дејвид Бенет (57) влегува во историјата како првиот човек кому му била пресадено свинско срце, а бил на работ на смртта во времето кога лекарите се решиле на овој чекор. Бенет бил на апаратите со месеци и неговото срце било толку оштетено што мислел дека нема да ја преживее операцијата. Исто така, во претходниот период не го послушал лекарскиот совет, не земал терапија и не доаѓал на прегледи.