светски ден на поезијата Archives - Република https://republika.mk/tema/svetski-den-na-poezijata/ За подобро да се разбереме Thu, 21 Mar 2024 17:28:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png светски ден на поезијата Archives - Република https://republika.mk/tema/svetski-den-na-poezijata/ 32 32 Бројни настани низ земјава по повод Светскиот ден на поезијата https://republika.mk/vesti/kultura/brojni-nastani-niz-zemjava-po-povod-svetskiot-den-na-poezijata/ Thu, 21 Mar 2024 20:39:48 +0000 https://republika.mk/?p=757147

Светскиот ден на поезијата се одбележува на 21 март, а по тој повод во земјава се организираат бројни поетски, книжевни и културни настани за сите генерации поети.

Дирекцијата на Струшките вечери на поезијата подоцна организираат поетско читање во Спомен-домот на браќата Миладиновци во Струга на кое ќе настапат истакнати поети од Струга, Вевчани, Охрид, Кичево и од
Скопје, а ќе бидат прочитани и песни од добитниците на наградите „Златен венец“ и „Мостови на Струга“ за 2024 година. Читањето ќе биде од 18:30 часот.

Во просториите на Европската куќа во Струга (Europe House Struga) ќе се случува поетско читање за млади – „Пулсот на поезијата“ на кое ќе читаат млади поети од различни градови. По тоа ќе има концерт на Пијан Славеј.

Книжевниот клуб Куманово на 23 март (сабота) го организира настанот „Во друштво на поетите“ во кафе-книжарницата „Букси“ во Куманово. На настанот кој ќе започне во 12 часот свои стихови ќе читаат Христина Кочовска, Христијан Илиевски, Александра Илиева, Розе Укоска, Кристина Ставревска, Магдалена Петровска, Марија Колевски, Софија Величковска, Анастасија Анѓеловска, Даниела Ефтимова, Јована Лазаревска, Андреј Трајковски, Кристијан Блажевски, Бојан Димовски, Христијан Мурџески, Соња Милошоска и Рената Пусоска.

„Напиши стих – купи кафе“ е настанот што ќе се случува утре (21 март) од 10 до 12 часот во Прличевата одаја во Градската библиотека „Григор Прличев“ во Охрид.

„Тоа е наш обид да ги натераме луѓето да бидат креативни, да размислуваат не само локално туку и глобално и за себе и за другите, на еден посебен начин. Оваа иницијатива е почната во 1999-та година, кога УНЕСКО во Париз го прогласи 21 Март за Светски ден на поезијата, а ние веќе петта година како Установа го организираме настанот, во Охрид“, велат од библиотеката.

Оттаму додаваат дека сите се добредојдени да учествуваат, а во библиотеката ги чека топло кафе и парче хартија на кое може да се напише своја или да се цитира нечија мисла.

Во Скопје Сити мол е отворањето на настанот „Денови на поезијата“ кој ќе трае до недела (24 март). Настанот ќе го отвори актерот Никола Ристановски со интерпретација на стихови Кочо Рацин, Ацо Шопов, Гане Тодоровски, Матеја Матевски, Петре М. Андреевски и Влада Урошевиќ во 18 часот.

Потоа за нив ќе говори професорката Весна Мојсова Чепишевска, а тоа ќе го проследат препеви на поезијата на Ацо Шопов на повеќе јазици.

The post Бројни настани низ земјава по повод Светскиот ден на поезијата appeared first on Република.

]]>

Светскиот ден на поезијата се одбележува на 21 март, а по тој повод во земјава се организираат бројни поетски, книжевни и културни настани за сите генерации поети. Дирекцијата на Струшките вечери на поезијата подоцна организираат поетско читање во Спомен-домот на браќата Миладиновци во Струга на кое ќе настапат истакнати поети од Струга, Вевчани, Охрид, Кичево и од Скопје, а ќе бидат прочитани и песни од добитниците на наградите „Златен венец“ и „Мостови на Струга“ за 2024 година. Читањето ќе биде од 18:30 часот. Во просториите на Европската куќа во Струга (Europe House Struga) ќе се случува поетско читање за млади – „Пулсот на поезијата“ на кое ќе читаат млади поети од различни градови. По тоа ќе има концерт на Пијан Славеј. Книжевниот клуб Куманово на 23 март (сабота) го организира настанот „Во друштво на поетите“ во кафе-книжарницата „Букси“ во Куманово. На настанот кој ќе започне во 12 часот свои стихови ќе читаат Христина Кочовска, Христијан Илиевски, Александра Илиева, Розе Укоска, Кристина Ставревска, Магдалена Петровска, Марија Колевски, Софија Величковска, Анастасија Анѓеловска, Даниела Ефтимова, Јована Лазаревска, Андреј Трајковски, Кристијан Блажевски, Бојан Димовски, Христијан Мурџески, Соња Милошоска и Рената Пусоска. „Напиши стих – купи кафе“ е настанот што ќе се случува утре (21 март) од 10 до 12 часот во Прличевата одаја во Градската библиотека „Григор Прличев“ во Охрид. „Тоа е наш обид да ги натераме луѓето да бидат креативни, да размислуваат не само локално туку и глобално и за себе и за другите, на еден посебен начин. Оваа иницијатива е почната во 1999-та година, кога УНЕСКО во Париз го прогласи 21 Март за Светски ден на поезијата, а ние веќе петта година како Установа го организираме настанот, во Охрид“, велат од библиотеката. Оттаму додаваат дека сите се добредојдени да учествуваат, а во библиотеката ги чека топло кафе и парче хартија на кое може да се напише своја или да се цитира нечија мисла. Во Скопје Сити мол е отворањето на настанот „Денови на поезијата“ кој ќе трае до недела (24 март). Настанот ќе го отвори актерот Никола Ристановски со интерпретација на стихови Кочо Рацин, Ацо Шопов, Гане Тодоровски, Матеја Матевски, Петре М. Андреевски и Влада Урошевиќ во 18 часот. Потоа за нив ќе говори професорката Весна Мојсова Чепишевска, а тоа ќе го проследат препеви на поезијата на Ацо Шопов на повеќе јазици.

The post Бројни настани низ земјава по повод Светскиот ден на поезијата appeared first on Република.

]]>
На Светскиот ден на поезијата во Струмица ќе се одржат 16. Роднокрајни поетски средби https://republika.mk/vesti/kultura/na-svetskiot-den-na-poezijata-vo-strumitsa-ke-se-odrzhat-16-rodnokrajni-poetski-sredbi/ Thu, 21 Mar 2024 07:59:47 +0000 https://republika.mk/?p=756871

По повод Светскиот ден на поезијата, Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст-Струмица“ во соработка со Европската куќа во Струмица (Europe House Strumica) денеска со почеток во 19 часот го организира 16-то издание на „Роднокрајни поетски средби“.

Станува збор за поетска манифестација која редовно се одржува на различни локации во Струмица и струмичко и има за цел да ги промовира домашните автори по еден сосема уникатен и неформален начин, со помош на интеракција и слободен пристап.

Овој настан има за цел да ги зближи роднокрајните автори и да креира јадро за запознавање, презентација и промоција на истите, истовремено да и понуди на публиката автори од Македонија и странство кои досега не настапувале во градот, да го сторат тоа.

Роднокрајни поетски средби досега биле домаќини на повеќе од 50 локални автори и десетици етаблирани поети од Македонија и странство.

Светскиот ден на поезијата се одбележува на 21 март и бил прогласен од УНЕСКО (Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации) во 1999 година, „со цел да се поддржи јазичната разновидност преку поетско изразување и да се зголеми можноста да се чујат загрозените јазици“.

Негова цел е да го промовира читањето, пишувањето, објавувањето и предавањето поезија низ целиот свет и, како што се вели во оригиналната декларација на УНЕСКО, „да им даде свежо признание и поттик на националните, регионалните и меѓународните поетски движења“.

 

The post На Светскиот ден на поезијата во Струмица ќе се одржат 16. Роднокрајни поетски средби appeared first on Република.

]]>

По повод Светскиот ден на поезијата, Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст-Струмица“ во соработка со Европската куќа во Струмица (Europe House Strumica) денеска со почеток во 19 часот го организира 16-то издание на „Роднокрајни поетски средби“. Станува збор за поетска манифестација која редовно се одржува на различни локации во Струмица и струмичко и има за цел да ги промовира домашните автори по еден сосема уникатен и неформален начин, со помош на интеракција и слободен пристап. Овој настан има за цел да ги зближи роднокрајните автори и да креира јадро за запознавање, презентација и промоција на истите, истовремено да и понуди на публиката автори од Македонија и странство кои досега не настапувале во градот, да го сторат тоа. Роднокрајни поетски средби досега биле домаќини на повеќе од 50 локални автори и десетици етаблирани поети од Македонија и странство. Светскиот ден на поезијата се одбележува на 21 март и бил прогласен од УНЕСКО (Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации) во 1999 година, „со цел да се поддржи јазичната разновидност преку поетско изразување и да се зголеми можноста да се чујат загрозените јазици“. Негова цел е да го промовира читањето, пишувањето, објавувањето и предавањето поезија низ целиот свет и, како што се вели во оригиналната декларација на УНЕСКО, „да им даде свежо признание и поттик на националните, регионалните и меѓународните поетски движења“.  

The post На Светскиот ден на поезијата во Струмица ќе се одржат 16. Роднокрајни поетски средби appeared first on Република.

]]>
Прогласување на добитникот на наградата „Златен венец“ на СВП и добитникот на наградата „Мостови на Струга“ за 2023 https://republika.mk/vesti/kultura/proglasuvane-na-dobitnikot-na-nagradata-zlaten-venets-na-svp-i-dobitnikot-na-nagradata-mostovi-na-struga-za-2023/ Tue, 21 Mar 2023 08:01:09 +0000 https://republika.mk/?p=621858

НУМ „Струшки вечери на поезијата“, Македонскиот П.ЕН Центар, Друштвото на писатели на Македонија и  Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ заеднички организират  свечен настан по повод 21 март, Светскиот ден на поезијата и одбележување на јубилејот 100 години од раѓањето на Ацо Шопов. Настанот ќе се одржи во НУБ „Св. Климент Охридски“- Скопје на 21 март (вторник) со почеток во 11 ч.

Во рамки на Програмата на настанот, ќе бидат прогласени добитникот на наградата „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата за 2023 година, добитникот на наградата „Мостови на Струга“ за 2023 година, истовремено со свеченото прогласување на лаураетите на СВП во седиштето на УНЕСКО во Париз, во рамки на програмата на меѓународниот симпозиум во чест на јубилејот 100 години од раѓањето на Ацо Шопов

По прогласувањето на лауреатите на СВП ќе бидат прочитани поетските посланија по повод Светскиот ден на поезијата од претставници на Македонскиот ПЕН центар и Друштвото на писатели на Македонија, по кои следува поетско читање од истакнати поети-членови на Македонскиот П.Е.Н Центар и на Друштвото на писатели на Македонија. Во чест на јубилејот 100 години од раѓањето на Ацо Шопов, кој се одбележува во текот на целата 2023 година,како Година на Ацо Шопов, ќе бидат прочитани песни од Ацо Шопов.

The post Прогласување на добитникот на наградата „Златен венец“ на СВП и добитникот на наградата „Мостови на Струга“ за 2023 appeared first on Република.

]]>

НУМ „Струшки вечери на поезијата“, Македонскиот П.ЕН Центар, Друштвото на писатели на Македонија и  Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ заеднички организират  свечен настан по повод 21 март, Светскиот ден на поезијата и одбележување на јубилејот 100 години од раѓањето на Ацо Шопов. Настанот ќе се одржи во НУБ „Св. Климент Охридски“- Скопје на 21 март (вторник) со почеток во 11 ч. Во рамки на Програмата на настанот, ќе бидат прогласени добитникот на наградата „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата за 2023 година, добитникот на наградата „Мостови на Струга“ за 2023 година, истовремено со свеченото прогласување на лаураетите на СВП во седиштето на УНЕСКО во Париз, во рамки на програмата на меѓународниот симпозиум во чест на јубилејот 100 години од раѓањето на Ацо Шопов По прогласувањето на лауреатите на СВП ќе бидат прочитани поетските посланија по повод Светскиот ден на поезијата од претставници на Македонскиот ПЕН центар и Друштвото на писатели на Македонија, по кои следува поетско читање од истакнати поети-членови на Македонскиот П.Е.Н Центар и на Друштвото на писатели на Македонија. Во чест на јубилејот 100 години од раѓањето на Ацо Шопов, кој се одбележува во текот на целата 2023 година,како Година на Ацо Шопов, ќе бидат прочитани песни од Ацо Шопов.

The post Прогласување на добитникот на наградата „Златен венец“ на СВП и добитникот на наградата „Мостови на Струга“ за 2023 appeared first on Република.

]]>
Светскиот ден на поезијата ќе се одбележи на археолошкиот локалитет Билазора https://republika.mk/vesti/kultura/svetskiot-den-na-poezijata-ke-se-odbelezhi-na-arheoloshkiot-lokalitet-bilazora/ Mon, 20 Mar 2023 07:47:50 +0000 https://republika.mk/?p=621385

Светскиот ден на поезијата денеска ќе биде одбележан со поетско читање на археолошкиот локалитет Билазора кај Свети Николе, со почеток во 12 часот. Организатори на настанот се Друштвото на писателите на Македонија, Филозофскиот факултет при УКИМ, Интернационалниот универзитет Еуропа Прима, Општината Свети Николе и Меѓународниот славјански универзитет.

„На манифестацијата „Билазорски видувања 2023“ ќе настапат поети - членови на ДПМ и автори од Свети Николе и соседните градови. А, со свои поздравни обраќања ќе земат учество: Христо Петрески, претседател на Друштвото на писателите на Македонија, Ратко Дуев, декан на Филозофскиот факултет – Скопје, Јордан Плевнеш, основач на Интернационалниот универзитет Еуропа Прима, Дејан Владев, градоначалник на Општина Свети Николе и Јордан Ѓорчев, основач и директор на Меѓународниот славјански универзитет“, информираат организаторите.

Тие планираат манифестацијата „Билазорски видувања“ во иднина да биде традиционална и секоја година да се распишува Конкурс за најдобра песна од ученици во основните и средните училишта во земјата на тема „Билазора“.

 

The post Светскиот ден на поезијата ќе се одбележи на археолошкиот локалитет Билазора appeared first on Република.

]]>

Светскиот ден на поезијата денеска ќе биде одбележан со поетско читање на археолошкиот локалитет Билазора кај Свети Николе, со почеток во 12 часот. Организатори на настанот се Друштвото на писателите на Македонија, Филозофскиот факултет при УКИМ, Интернационалниот универзитет Еуропа Прима, Општината Свети Николе и Меѓународниот славјански универзитет.
„На манифестацијата „Билазорски видувања 2023“ ќе настапат поети - членови на ДПМ и автори од Свети Николе и соседните градови. А, со свои поздравни обраќања ќе земат учество: Христо Петрески, претседател на Друштвото на писателите на Македонија, Ратко Дуев, декан на Филозофскиот факултет – Скопје, Јордан Плевнеш, основач на Интернационалниот универзитет Еуропа Прима, Дејан Владев, градоначалник на Општина Свети Николе и Јордан Ѓорчев, основач и директор на Меѓународниот славјански универзитет“, информираат организаторите.
Тие планираат манифестацијата „Билазорски видувања“ во иднина да биде традиционална и секоја година да се распишува Конкурс за најдобра песна од ученици во основните и средните училишта во земјата на тема „Билазора“.  

The post Светскиот ден на поезијата ќе се одбележи на археолошкиот локалитет Билазора appeared first on Република.

]]>
ДПМ ќе го одбележи Светскиот ден на поезијата со поетско читање на археолошкиот локалитет Билазора https://republika.mk/vesti/kultura/dpm-ke-go-odbelezhi-svetskiot-den-na-poezijata-so-poetsko-chitane-na-arheoloshkiot-lokalitet-bilazora/ Sat, 25 Feb 2023 17:56:31 +0000 https://republika.mk/?p=613160

На 20 март 2023 година во 12 часот ќе се одржи поетско читање на археолошкиот локалитет Билазора кај Свети Николе.

Со поетското читање ќе се одбележи Светскиот ден на поезијата, а организатори на настанот се: Друштвото на писателите на Македонија, Филозофскиот факултет при УКИМ, Општината Свети Николе и Меѓународниот Славјански универзитет од Свети Николе.

На манифестацијата ќе настапат поети – членови на ДПМ и автори од Свети Николе и соседните градови.

The post ДПМ ќе го одбележи Светскиот ден на поезијата со поетско читање на археолошкиот локалитет Билазора appeared first on Република.

]]>

На 20 март 2023 година во 12 часот ќе се одржи поетско читање на археолошкиот локалитет Билазора кај Свети Николе.

Со поетското читање ќе се одбележи Светскиот ден на поезијата, а организатори на настанот се: Друштвото на писателите на Македонија, Филозофскиот факултет при УКИМ, Општината Свети Николе и Меѓународниот Славјански универзитет од Свети Николе.

На манифестацијата ќе настапат поети – членови на ДПМ и автори од Свети Николе и соседните градови.

The post ДПМ ќе го одбележи Светскиот ден на поезијата со поетско читање на археолошкиот локалитет Билазора appeared first on Република.

]]>