свети николе Archives - Република https://republika.mk/tema/sveti-nikole/ За подобро да се разбереме Sun, 06 Oct 2024 13:55:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png свети николе Archives - Република https://republika.mk/tema/sveti-nikole/ 32 32 Во Свети Николе свечена академија за егзодусот на Македонците и граѓанската војна во Грција https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-sveti-nikole-svechena-akademija-za-egzodusot-na-makedontsite-i-graganskata-vojna-vo-grtsija/ Sun, 06 Oct 2024 13:55:29 +0000 https://republika.mk/?p=823502

Грчката агресија врз Македонија почнува од 1844 година и оттогаш се уште водиме борба за самодокажување. Тоа се покажа и во поновата историја, со потпишувањето на Преспанскиот договор во 2018 година, рече професор Виолета Ачковска денеска на свечената академија во Свети Николе, по повод егзодусот на Македонците и граѓанската војна во Грција. Таа посочи дека со потпишувањето Преспанскиот договор, тогашните политичари го одзедоа правото на самоопределување.

Договорот во Преспа 2018 е еден од најголемите порази и капитулација која сопствената држава и народ ги потпиша за себеукинување. Тоа е еден таков самоубиствен чин на македонскиот народ со многу долгорочни последици и јас не гледам како, многу тешко, но мора да се извлечеме од тоа наметнато откажување од самите себе, изјави Ачковска.

Универзитетската професорка Елка Јачева-Улчар посочи дека виновни за состојбата во која се наоѓа државата, не ни се соседите, туку нашата политика, а потпишувањето на Преспанскиот договор, само ги зголемил апетите на Бугарија. Таа смета дека Преспанскиот договор е избрзан, бидејќи во тој момент Македонија под уставното име беше признаена од 130 држави

Ова го потврдува и еден неодамнешен исказ на Ципрас, кој вели дека треба да бидеме задоволни, што сепак дозволил да постои во нашето име терминот Македонија, правдајќи се пред својата, грчката јавност, вели дека тоа било и најмногу што можеле да добијат тие, затоа што од како што биле позициите во тоа време, многу лесно можело да се случи да пропадне целата работа во врска со промената на нашето име, вели Јачева-Улчар.

На Свечената седница во Свети Николе се говореше за значењето на Абецедарот за Македонците во Егејска Македонија, испечатен и објавен пред речиси сто години.

The post Во Свети Николе свечена академија за егзодусот на Македонците и граѓанската војна во Грција appeared first on Република.

]]>

Чад го покри Свети Николе https://republika.mk/vesti/makedonija/chad-go-pokri-sveti-nikole/ Tue, 30 Jul 2024 12:48:17 +0000 https://republika.mk/?p=801721

Голем облак од чад надвисна над Свети Николе поради големите пожари кои беснеат во целиот регион околу градот. Според последните информации, активни пожари со голем замав моментално има во светиниколските села Строиманци, Горно Ѓуганце и Ерџелија, предупредуваат жителите од светиниколскиот регион.

Тие апелираат дека е потребна механизација кај Градиште, а моментално пламените јазици се на Говедар камен и во атарот на селото Строиманци!

Секој што сака да помогне нека се упати во ТППЕ Свети Николе. Потребни се вода, млеко, јогурт, храна во поголеми количини, бидејќи на терен се ТППЕ, ДПД , ДЗС, волонтери, армијата, стои во апелот!

Има информација за запалени куќи во селото Горно Ѓуганце. Граѓаните предупредуваат дека пожарот оди и кон селото Ранченци, каде може да настрада и стариот манастир Света Недела.

Претходно директорот на Центарот за управување Стојанче Ангелов извести дека фронтот на огнот во Светиниколско е многу широк, но во овој момент населени места не се во опасност, известува

На терен работат пожарникари а во приправност има доволно припадници на Армијата кои се вклучуваат по барање на локалните командири. Од воздух ќе делува еден армиски хеликоптер Ми 17 и три ер трактори на ДЗС, соопшти тој.

https://republika.mk/zivot/servisi/izgorea-okolu-40-kuki-videa-od-peplosaniot-svetinikolski-region/

The post Чад го покри Свети Николе appeared first on Република.

]]>

Голем облак од чад надвисна над Свети Николе поради големите пожари кои беснеат во целиот регион околу градот. Според последните информации, активни пожари со голем замав моментално има во светиниколските села Строиманци, Горно Ѓуганце и Ерџелија, предупредуваат жителите од светиниколскиот регион. Тие апелираат дека е потребна механизација кај Градиште, а моментално пламените јазици се на Говедар камен и во атарот на селото Строиманци!
Секој што сака да помогне нека се упати во ТППЕ Свети Николе. Потребни се вода, млеко, јогурт, храна во поголеми количини, бидејќи на терен се ТППЕ, ДПД , ДЗС, волонтери, армијата, стои во апелот!
Има информација за запалени куќи во селото Горно Ѓуганце. Граѓаните предупредуваат дека пожарот оди и кон селото Ранченци, каде може да настрада и стариот манастир Света Недела. Претходно директорот на Центарот за управување Стојанче Ангелов извести дека фронтот на огнот во Светиниколско е многу широк, но во овој момент населени места не се во опасност, известува
На терен работат пожарникари а во приправност има доволно припадници на Армијата кои се вклучуваат по барање на локалните командири. Од воздух ќе делува еден армиски хеликоптер Ми 17 и три ер трактори на ДЗС, соопшти тој.
https://republika.mk/zivot/servisi/izgorea-okolu-40-kuki-videa-od-peplosaniot-svetinikolski-region/

The post Чад го покри Свети Николе appeared first on Република.

]]>
Светиниколско сѐ уште гори – пламени јазици во атарот на селото Строиманци! https://republika.mk/zivot/servisi/svetinikolsko-s-ushte-gori-plameni-jazitsi-vo-atarot-na-seloto-stroimantsi/ Tue, 30 Jul 2024 11:07:02 +0000 https://republika.mk/?p=801652

Активни пожари со голем замав моментално во светиниколските села Строиманци, Горно Ѓуганце и Ерџелија, предупредуваат жителите од светиниколскиот регион.

Тие апелираат дека е потребна механизација кај Градиште, а моментално пламените јазици се на Говедар камен и во атарот на селото Строиманци!

-Секој што сака да помогне нека се упати во ТППЕ Свети Николе. Потребни се вода, млеко, јогурт, храна во поголеми количини, бидејчи на терен се ТППЕ, ДПД , ДЗС, волонтери, армијата - стои во апелот!

Има информација за запалени куќи во селото Горно Ѓуганце. Граѓаните предупредуваат дека пожарот оди и кон селото Ранченци, каде може да настрада и стариот манастир Света Недела.

The post Светиниколско сѐ уште гори – пламени јазици во атарот на селото Строиманци! appeared first on Република.

]]>

Активни пожари со голем замав моментално во светиниколските села Строиманци, Горно Ѓуганце и Ерџелија, предупредуваат жителите од светиниколскиот регион. Тие апелираат дека е потребна механизација кај Градиште, а моментално пламените јазици се на Говедар камен и во атарот на селото Строиманци!
-Секој што сака да помогне нека се упати во ТППЕ Свети Николе. Потребни се вода, млеко, јогурт, храна во поголеми количини, бидејчи на терен се ТППЕ, ДПД , ДЗС, волонтери, армијата - стои во апелот!
Има информација за запалени куќи во селото Горно Ѓуганце. Граѓаните предупредуваат дека пожарот оди и кон селото Ранченци, каде може да настрада и стариот манастир Света Недела.

The post Светиниколско сѐ уште гори – пламени јазици во атарот на селото Строиманци! appeared first on Република.

]]>
Изгореа околу 40 куќи – видеа од пеплосаниот светиниколски регион https://republika.mk/zivot/servisi/izgorea-okolu-40-kuki-videa-od-peplosaniot-svetinikolski-region/ Tue, 30 Jul 2024 10:50:47 +0000 https://republika.mk/?p=801633

Околу 40 куќи, од кои поголем дел се стари, но и нови, кои се живеалишта на жителите во селата Малино, Немањици и Орел вчера доцна попладнето беа пеплосани од огнените јазици, кои брзо се ширеа поради ветерот, се првичните проценки на штетети според градоначалникот на Општина Свети Николе, Дејан Владев.

Тој за МИА вели дека претпладнево нема опасност огнот да влезе во населени места, но горат површини со земјоделски култури.

Посочува дека во текот на ноќта брзо е интервенирано од страна на сите сили и огнот од селото Ерџелија е држен на растојание од околу еден и пол километар.

Во Светиниколскиот регион денеска на пожарите се интервенира и од земја и од воздух.

The post Изгореа околу 40 куќи – видеа од пеплосаниот светиниколски регион appeared first on Република.

]]>

Околу 40 куќи, од кои поголем дел се стари, но и нови, кои се живеалишта на жителите во селата Малино, Немањици и Орел вчера доцна попладнето беа пеплосани од огнените јазици, кои брзо се ширеа поради ветерот, се првичните проценки на штетети според градоначалникот на Општина Свети Николе, Дејан Владев. Тој за МИА вели дека претпладнево нема опасност огнот да влезе во населени места, но горат површини со земјоделски култури. Посочува дека во текот на ноќта брзо е интервенирано од страна на сите сили и огнот од селото Ерџелија е држен на растојание од околу еден и пол километар. Во Светиниколскиот регион денеска на пожарите се интервенира и од земја и од воздух.

The post Изгореа околу 40 куќи – видеа од пеплосаниот светиниколски регион appeared first on Република.

]]>
Огнот кај Свети Николе беснее и утрово, во Прилеп спасен манастирот https://republika.mk/vesti/makedonija/ognot-kaj-sveti-nikole-besnee-i-utrovo-vo-prilep-spasen-manastirot/ Tue, 30 Jul 2024 05:58:09 +0000 https://republika.mk/?p=801479

Фронтот на огнот во Светиниколско е многу широк, но во овој момент населени места не се во опасност, известува утрово директорот на Центарот за управување Стојанче Ангелов.

На терен работат пожарникари а во приправност има доволно припадници на Армијата кои се вклучуваат по барање на локалните командири. Од воздух ќе делува еден армиски хеликоптер Ми 17 и три ер трактори на ДЗС, соопшти тој.

Ангелов додава дека пожарот над Прилеп во голем дел е ставен под контрола.

Доцна во ноќта е спасен и манастирот, во комуникација со командирот на ТППЕ Прилеп известени сме дека во моментот позади сртот на Маркови кули пожарот е поделен во два крака, ќе направат напори да го стават под контрола и изгаснат. Има доволен број на луѓе на терен а воздушна подршка во моментот не е потребна, соопшти тој.

Градоначалникот на Општина Свети Николе, Дејан Владев вчеравечер на социјалните мрежи информираше дека пожарите направиле голема штета на куќите и имотите во неколку села.

Во текот на денот беснееја повеќе пожари во атарот на селата Орел, Немањици, Малино, Ерџелија, Делисенци и други места. Пожарите направија голема штета по имотот на луѓето од тие места. Во гаснењето учестваа пожарникарите од ТППЕ Свети Николе, ДПД Свети Николе, пожарникари од Велес, Штип, Неготино, Кавадарци, АРМ, хеликоптери и многу доброволци кои несебично цел ден гасеа пожари за кој им се од срце заблагодарувам, вели Владев.

Во селото Немањици, според првичните проценки, изгорени се и една четвртина од домовите. Опожарени куќи има и во селата Орел и Малино.

Еден апел до сите наши сограѓани...Ве замолувам да не коментирате без потреба и да не дозволиме непотребно да им ја потценуваме работата и маката на луѓето кои цел ден гинеа на терен, вели Владев.

Од Министерството за внатрешни работи вечерва информираа дека нивните два хеликоптера исфрлиле над 50 тони вода на пожарите во Малино и Немањици.

Хеликоптерот Бел 412 исфрли 10 тони вода врз пожарот во с.Малино, а потоа продолжи да дејствува врз пожарот кај с.Немањица. Хеликоптерот Ми 171 исфрли над 40 тони вода во 18 налети врз пожарот во с. Немањица, се наведува во соопштението.

The post Огнот кај Свети Николе беснее и утрово, во Прилеп спасен манастирот appeared first on Република.

Маж загина во пожарите кои беснеат кај Свети Николе и Кумановско https://republika.mk/vesti/balkan/mazh-zagina-vo-pozharite-koi-besneat-kaj-sveti-nikole-i-kumanovsko/ Mon, 29 Jul 2024 17:44:08 +0000 https://republika.mk/?p=801402

Едно повозрасно лице загина во кумановското село Кокошиње, најверојатно задушено од чад, во пожарот што го зафати денеска ова село, информира попладнево директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов. Додаде дека сопругата на загинатиот била успешно евакуирана.

Во  видеоизјава Ангелов информира дека во текот на денешниот ден имало над 30 пожари на отворено.

Покрај оние пожари, кои во текот на вчерашниот ден продолжија да горат и денеска, околу пладне се појавија повеќе од 15 пожари на отворено, коишто поради ветрот со голема брзина почнаа да се шират и зафатија повеќе села, кои се безмалку напуштени, со малку жители или без жители. Меѓутоа, 15 села беа зафатени од пожарите на отворено, рече Ангелов.

Информира дека на територија на Општина Куманово биле зафатени три села од пожарите - Кшање, Кокошиње и Мургаш, каде што има претежно викендички.

Во овие села се изгорени по неколку куќи, претежно стари куќи. На територија на Старо Нагоричане од пожарите се зафатени три села - Малотино, Руѓенце и село Коњук во коишто исто така има малку жители, и немам информација колку од куќите се стари и напуштени, а колку се населени, рече Ангелов.

Информацијата за МИА ја потврдија и од екипата на Итна Помош Куманово, чија екипа е на терен, посочувајќи дека станува збор за машко лице.

Командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски информираше дека на потегот Кокошиње, Кшање има пожар од поголеми размери.

На таа локација имаме четири противпожарни возила со 15-тина пожарникари и екипа на Црвен крст, изјави Илиевски.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/izgorea-nekolku-kuki-vo-svetinikolsko-nemanitsi/

Екипи на противпожарните единици на Старо Нагоричане и на Куманово гасат пожар и во Руѓинце, општина Старо Нагоричане.

На територија на општина Куманово како што информираше Ангелов има пожари на три локации, три села Кшање, Кокошиње и Мургаш каде што има претежно викендици.

Во овие села се изгорени по неколку куќи претежно стари куќи, рече Ангелов.

Во Старо Нагоричане,  зафатени се три села Малотино, Руѓинце и Коњух села со мал број жители и стари куќи.

The post Маж загина во пожарите кои беснеат кај Свети Николе и Кумановско appeared first on Република.

]]>

Едно повозрасно лице загина во кумановското село Кокошиње, најверојатно задушено од чад, во пожарот што го зафати денеска ова село, информира попладнево директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов. Додаде дека сопругата на загинатиот била успешно евакуирана. Во  видеоизјава Ангелов информира дека во текот на денешниот ден имало над 30 пожари на отворено.
Покрај оние пожари, кои во текот на вчерашниот ден продолжија да горат и денеска, околу пладне се појавија повеќе од 15 пожари на отворено, коишто поради ветрот со голема брзина почнаа да се шират и зафатија повеќе села, кои се безмалку напуштени, со малку жители или без жители. Меѓутоа, 15 села беа зафатени од пожарите на отворено, рече Ангелов.
Информира дека на територија на Општина Куманово биле зафатени три села од пожарите - Кшање, Кокошиње и Мургаш, каде што има претежно викендички.
Во овие села се изгорени по неколку куќи, претежно стари куќи. На територија на Старо Нагоричане од пожарите се зафатени три села - Малотино, Руѓенце и село Коњук во коишто исто така има малку жители, и немам информација колку од куќите се стари и напуштени, а колку се населени, рече Ангелов.
Информацијата за МИА ја потврдија и од екипата на Итна Помош Куманово, чија екипа е на терен, посочувајќи дека станува збор за машко лице. Командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски информираше дека на потегот Кокошиње, Кшање има пожар од поголеми размери.
На таа локација имаме четири противпожарни возила со 15-тина пожарникари и екипа на Црвен крст, изјави Илиевски.
https://republika.mk/vesti/crna-hronika/izgorea-nekolku-kuki-vo-svetinikolsko-nemanitsi/ Екипи на противпожарните единици на Старо Нагоричане и на Куманово гасат пожар и во Руѓинце, општина Старо Нагоричане. На територија на општина Куманово како што информираше Ангелов има пожари на три локации, три села Кшање, Кокошиње и Мургаш каде што има претежно викендици.
Во овие села се изгорени по неколку куќи претежно стари куќи, рече Ангелов.
Во Старо Нагоричане,  зафатени се три села Малотино, Руѓинце и Коњух села со мал број жители и стари куќи.

The post Маж загина во пожарите кои беснеат кај Свети Николе и Кумановско appeared first on Република.

]]>
Изгореа неколку куќи во светиниколско Немањици https://republika.mk/vesti/crna-hronika/izgorea-nekolku-kuki-vo-svetinikolsko-nemanitsi/ Mon, 29 Jul 2024 16:45:23 +0000 https://republika.mk/?p=801383

Изгорени се неколку куќи во Светиниколското село Немањици, во пожарот што почнал попладнево меѓу селата Орел и Немањици, информира градоначалникот на Општина Свети Николе, Дејан Владев.

Во оваа село куќите од огнените јазици ги спасуваат пожарникари од ТППЕ, Свети Николе и соседните општини, доброволци, мештаните, а се дејствува и од воздух.

Владев вели дека во селото Немањици има околу 50 жители, но во него има и викендици.

Ветерот прави сериозен проблем и го отежнува гаснењето на пожарот.

The post Изгореа неколку куќи во светиниколско Немањици appeared first on Република.

]]>

Изгорени се неколку куќи во Светиниколското село Немањици, во пожарот што почнал попладнево меѓу селата Орел и Немањици, информира градоначалникот на Општина Свети Николе, Дејан Владев. Во оваа село куќите од огнените јазици ги спасуваат пожарникари од ТППЕ, Свети Николе и соседните општини, доброволци, мештаните, а се дејствува и од воздух. Владев вели дека во селото Немањици има околу 50 жители, но во него има и викендици. Ветерот прави сериозен проблем и го отежнува гаснењето на пожарот.

The post Изгореа неколку куќи во светиниколско Немањици appeared first on Република.

]]>
Во Германија ненадејно почина Зоран, потребни се средства за телото да биде донесено во Свети Николе https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vo-germanija-nenadejno-pochina-zoran-potrebni-se-sredstva-za-teloto-da-bide-doneseno-vo-sveti-nikole/ Wed, 24 Jul 2024 08:56:07 +0000 https://republika.mk/?p=799766

Вчера ненадејно починал светиниколчанецот Зоран Ангеловски во Германија, објавено е на социјалните мрежи од Македонци кои живеат таму.

– Почитувани, сакаме да ве известиме дека вчера, на 22.07.2024, ненадејно почина наш сограѓанин Зоран Ангеловски, роден 25.10.1974.
Бидејќи човекот живеел сам во Карлсфелд, С.Р Германија и немал фамилија овде потребни се средства во висина од 3.000 € за превоз на покојниот за Свети Николе, Македонија, за да биде таму погребан. Ќе ве замолиме, доколку сте во можност, да помогнеме покојниот да се врати доле, објавено е на страната МPC Sv.Troica – Мinhen.

Zhivko Mitev
DE68 7004 0045 0542 1052 00
Verwendungszweck: Transport Verstorbener Zoran Angelovski

– Се работи за сметка на неговиот другар тука во Минхен кој ќе се погрижи за целата работа околу транспортот. Слободно контактирајте го човекот на следниот број: 0152 22740665 Благодариме! Бог да го прости и нека го прими во Царството Небесно, Амин!, стои во објавата.

The post Во Германија ненадејно почина Зоран, потребни се средства за телото да биде донесено во Свети Николе appeared first on Република.

]]>

Вчера ненадејно починал светиниколчанецот Зоран Ангеловски во Германија, објавено е на социјалните мрежи од Македонци кои живеат таму. – Почитувани, сакаме да ве известиме дека вчера, на 22.07.2024, ненадејно почина наш сограѓанин Зоран Ангеловски, роден 25.10.1974. Бидејќи човекот живеел сам во Карлсфелд, С.Р Германија и немал фамилија овде потребни се средства во висина од 3.000 € за превоз на покојниот за Свети Николе, Македонија, за да биде таму погребан. Ќе ве замолиме, доколку сте во можност, да помогнеме покојниот да се врати доле, објавено е на страната МPC Sv.Troica – Мinhen. Zhivko Mitev DE68 7004 0045 0542 1052 00 Verwendungszweck: Transport Verstorbener Zoran Angelovski – Се работи за сметка на неговиот другар тука во Минхен кој ќе се погрижи за целата работа околу транспортот. Слободно контактирајте го човекот на следниот број: 0152 22740665 Благодариме! Бог да го прости и нека го прими во Царството Небесно, Амин!, стои во објавата.

The post Во Германија ненадејно почина Зоран, потребни се средства за телото да биде донесено во Свети Николе appeared first on Република.

]]>
Светиниколец приведен – агресивно се однесувал кон мајка си, нападнал и полицаец https://republika.mk/vesti/crna-hronika/svetinikolets-priveden-agresivno-se-odnesuval-kon-majka-si-napadnal-i-politsaets/ Sun, 14 Jul 2024 15:39:50 +0000 https://republika.mk/?p=796733

На 13.07.2024 во 12:20 часот во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишиле од слобода Д.З.(41) од Свети Николе, поради тоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.

Полицаецот стигнал на местото по претходна пријава од 69-годишната мајка на Д.З. дека во семејниот дом Д.З. агресивно се однесувал кон неа и и упатувал закани.

По целосно расчистување на случајот ќе следува соодветен поднесок.

The post Светиниколец приведен – агресивно се однесувал кон мајка си, нападнал и полицаец appeared first on Република.

]]>

На 13.07.2024 во 12:20 часот во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишиле од слобода Д.З.(41) од Свети Николе, поради тоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. Полицаецот стигнал на местото по претходна пријава од 69-годишната мајка на Д.З. дека во семејниот дом Д.З. агресивно се однесувал кон неа и и упатувал закани. По целосно расчистување на случајот ќе следува соодветен поднесок.

The post Светиниколец приведен – агресивно се однесувал кон мајка си, нападнал и полицаец appeared first on Република.

]]>
Тргнала да си оди со такси, не стигнала дома: Се трага по 45-годишна жена од Свети Николе! https://republika.mk/zivot/trgnala-da-si-odi-so-taksi-ne-stignala-doma-se-traga-po-45-godishna-zhena-od-sveti-nikole/ Tue, 18 Jun 2024 15:24:30 +0000 https://republika.mk/?p=788834

Веќе втор ден се трага по Злата Јанкова (45) од Свети Николе, која во неделата околу 15 часот тргнала да си оди дома, во Свети Николе, од селото Орел, каде со сопругот имале викендичка и каде тој се занимавал со земјоделие, пренесува „Фокус“.

Како што за ,,Фокус” раскажува нејзиниот сопруг Дејан, целото семејство е вознемирено и веќе два дена тргаат по било каква информација за Злата, која била сериозна семејна жена, без здравствени проблеми, и ништо не навестувало дека вакво нешто може да се случи.

-Со сопругата имаме две деца, јас овде во Орел одгледувам земјоделски култури, таа за викенд доаѓа и ми помага. Тој ден, во неделата, таа си тргна дома, требаше да оди со такси. Јас останав овде бидејќи имам многу работа. Се беше во ред, вообичаено…

Но, откако Злата не стигнала дома, веднаш сите се загриживме. Пријавивме и во полиција, започна потрагата, се пребарува околината и со дронови. Не знаеме што да мислиме, не знаеме што можело да и се случи. Молиме за помош од сите страни, било кој ако има некаква информација нека ни се јави, вели сопругот.

Додава дека Злата била облечена во плави тренерки, маица со бела и розова боја и сиви патики. Не носела ташна со себе. Не носела ниту пасош или било каков личен документ. Со себе го носела мобилниот телефон, кој од вчера веќе бил исклучен, претпоставува дека најверојатно му се потрошила батеријата.

-Таа е висока околу метар и половина, со нормална градба, доставената фотографија е понова, значи изгледа исто како на фотографијата. Замолувам доколку некој ја забележал, веднаш да ме контактира на 078 828 477 или пак да пријави во полиција, вели загрижено сопругот.

The post Тргнала да си оди со такси, не стигнала дома: Се трага по 45-годишна жена од Свети Николе! appeared first on Република.

]]>

Веќе втор ден се трага по Злата Јанкова (45) од Свети Николе, која во неделата околу 15 часот тргнала да си оди дома, во Свети Николе, од селото Орел, каде со сопругот имале викендичка и каде тој се занимавал со земјоделие, пренесува „Фокус“. Како што за ,,Фокус” раскажува нејзиниот сопруг Дејан, целото семејство е вознемирено и веќе два дена тргаат по било каква информација за Злата, која била сериозна семејна жена, без здравствени проблеми, и ништо не навестувало дека вакво нешто може да се случи.
-Со сопругата имаме две деца, јас овде во Орел одгледувам земјоделски култури, таа за викенд доаѓа и ми помага. Тој ден, во неделата, таа си тргна дома, требаше да оди со такси. Јас останав овде бидејќи имам многу работа. Се беше во ред, вообичаено…
Но, откако Злата не стигнала дома, веднаш сите се загриживме. Пријавивме и во полиција, започна потрагата, се пребарува околината и со дронови. Не знаеме што да мислиме, не знаеме што можело да и се случи. Молиме за помош од сите страни, било кој ако има некаква информација нека ни се јави, вели сопругот. Додава дека Злата била облечена во плави тренерки, маица со бела и розова боја и сиви патики. Не носела ташна со себе. Не носела ниту пасош или било каков личен документ. Со себе го носела мобилниот телефон, кој од вчера веќе бил исклучен, претпоставува дека најверојатно му се потрошила батеријата.
-Таа е висока околу метар и половина, со нормална градба, доставената фотографија е понова, значи изгледа исто како на фотографијата. Замолувам доколку некој ја забележал, веднаш да ме контактира на 078 828 477 или пак да пријави во полиција, вели загрижено сопругот.

The post Тргнала да си оди со такси, не стигнала дома: Се трага по 45-годишна жена од Свети Николе! appeared first on Република.

]]>
Мотоциклист тешко повреден по судир во Свети Николе https://republika.mk/vesti/crna-hronika/mototsiklist-teshko-povreden-po-sudir-vo-sveti-nikole/ Sat, 25 May 2024 09:38:50 +0000 https://republika.mk/?p=781603

Вчеравечер во 20.40 часот во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека на ул.„Септемвриска“ во Свети Николе се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „митсубиши“ со светиниколски регистарски ознаки, управувано од Т.П.(58), и мотоцикл „сузуки“, управуван од С.А.(26), двајцата од Свети Николе.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во здравствена установа.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Свети Николе.

The post Мотоциклист тешко повреден по судир во Свети Николе appeared first on Република.

]]>

Вчеравечер во 20.40 часот во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека на ул.„Септемвриска“ во Свети Николе се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „митсубиши“ со светиниколски регистарски ознаки, управувано од Т.П.(58), и мотоцикл „сузуки“, управуван од С.А.(26), двајцата од Свети Николе. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во здравствена установа. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Свети Николе.  

The post Мотоциклист тешко повреден по судир во Свети Николе appeared first on Република.

]]>
На Велигден Мицкоски во Свети Николе: Народот бара промени https://republika.mk/vesti/makedonija/na-veligden-mitskoski-vo-sveti-nikole-narodot-bara-promeni/ Sun, 05 May 2024 17:25:49 +0000 https://republika.mk/?p=774582

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска, на големиот христијански празник Велигден беше во посета на Свети Николе.

Во посета на Свети Николе на големиот празник Велигден. За многу години. Народот бара промени, објави Мицкоски на Фејсбук.

The post На Велигден Мицкоски во Свети Николе: Народот бара промени appeared first on Република.

Следете во живо: Народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Свети Николе- Македонија повторно горда! https://republika.mk/vesti/makedonija/sledete-vo-zhivo-naroden-miting-na-vmro-dpmne-vo-sveti-nikole-makedonija-povtorno-gorda/ Wed, 17 Apr 2024 17:08:23 +0000 https://republika.mk/?p=767279

The post Следете во живо: Народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Свети Николе- Македонија повторно горда! appeared first on Република.

]]>

The post Следете во живо: Народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Свети Николе- Македонија повторно горда! appeared first on Република.

]]>
Кривична пријава против поранешен градоначалник на Свети Николе https://republika.mk/vesti/crna-hronika/krivichna-prijava-protiv-poraneshen-gradonachalnik-na-sveti-nikole/ Fri, 22 Mar 2024 14:59:06 +0000 https://republika.mk/?p=757483

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на Свети Николе, С.В.(53), осомничен за кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Како што соопшти МВР, тој во 2021 година за реализација на проектот за изградба на фекална канализација во населеното место Рудина, спротивно на законските одредби и со пречекорување на своите овластувања, спровел јавна набавка и склучил договор со приватна фирма во вредност од 1.649.400 денари, а во текот на градбата бил склучен и анекс договор во вредност од 329.806 денари за непредвидени и дополнителни работи.

Во исто време, во 2021 година, повторно спровел јавна набавка за тампонирање и чистење на улиците во Свети Николе со градежна механизација во вредност од 2.500.000 денари со друго правно лице, кое по негово одобрение, спротивно на одредбите од договорот, го ископало ровот за фекалната канализација. По преземените мерки било утврдено дека за проектирана вредност на фекалната канализација од 1.996.082 денари, биле платени вкупно 4.761.957 денари, наведува Министерството за внатрешни работи.

The post Кривична пријава против поранешен градоначалник на Свети Николе appeared first on Република.

]]>

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на Свети Николе, С.В.(53), осомничен за кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Како што соопшти МВР, тој во 2021 година за реализација на проектот за изградба на фекална канализација во населеното место Рудина, спротивно на законските одредби и со пречекорување на своите овластувања, спровел јавна набавка и склучил договор со приватна фирма во вредност од 1.649.400 денари, а во текот на градбата бил склучен и анекс договор во вредност од 329.806 денари за непредвидени и дополнителни работи.
Во исто време, во 2021 година, повторно спровел јавна набавка за тампонирање и чистење на улиците во Свети Николе со градежна механизација во вредност од 2.500.000 денари со друго правно лице, кое по негово одобрение, спротивно на одредбите од договорот, го ископало ровот за фекалната канализација. По преземените мерки било утврдено дека за проектирана вредност на фекалната канализација од 1.996.082 денари, биле платени вкупно 4.761.957 денари, наведува Министерството за внатрешни работи.

The post Кривична пријава против поранешен градоначалник на Свети Николе appeared first on Република.

]]>
Светиниколчанка касната од куче паднала и тешко се повредила https://republika.mk/vesti/crna-hronika/svetinikolchanka-kasnata-od-kuche-padnala-i-teshko-se-povredila/ Sat, 09 Mar 2024 18:46:16 +0000 https://republika.mk/?p=753101

Вчера во 16:30 часот во ОВР Свети Николе, Г.В.(28) од село Црнилиште, светиниколско, пријавила дека била нападната од куче по што завршила со тешки телесни повреди, соопшти МВР.

„На 8 март 2024 година во 16:30 часот во ОВР Свети Николе, Г.В.(28) од Црнилиште, светиниколско, пријавила дека во истото село, била нападната од куче, при што паднала и се здобила со тешки телесни повреди“, информираа од МВР.

The post Светиниколчанка касната од куче паднала и тешко се повредила appeared first on Република.

Вработена во продавница во Свети Николе си пазарела со заборавена банкарска картичка https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vrabotena-vo-prodavnitsa-vo-sveti-nikole-si-pazarela-so-zaboravena-bankarska-kartichka/ Thu, 15 Feb 2024 16:45:04 +0000 https://republika.mk/?p=744505

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против М.П.(20) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

На работното место во продажен објект во Свети Николе, пријавената задржала банкарска картичка која ја заборавило лице од Свети Николе.

Таа во периодот од 11.01.2024 до 16.01.2024 извршила повеќе плаќања, стекнувајќи се со противправна имотна корист од 5.235 денари.

The post Вработена во продавница во Свети Николе си пазарела со заборавена банкарска картичка appeared first on Република.

]]>

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против М.П.(20) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. На работното место во продажен објект во Свети Николе, пријавената задржала банкарска картичка која ја заборавило лице од Свети Николе.
Таа во периодот од 11.01.2024 до 16.01.2024 извршила повеќе плаќања, стекнувајќи се со противправна имотна корист од 5.235 денари.

The post Вработена во продавница во Свети Николе си пазарела со заборавена банкарска картичка appeared first on Република.

]]>
Државата им затвори врата на жртвите на семејно насилство во Свети Николе, останаа без засолништето https://republika.mk/vesti/makedonija/drzhavata-im-zatvori-vrata-na-zhrtvite-na-semejno-nasilstvo-vo-sveti-nikole-ostanaa-bez-zasolnishteto/ Thu, 15 Feb 2024 12:07:59 +0000 https://republika.mk/?p=744367

По остри реакции на граѓани од источниот регион за затвореното засолниште за жртви на семејно насилство во Свети Николе, министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски денеска го посети овој објект и наиде на затворени врати.

Во услови кога бројките на жртви на семејно насилство растат, да се затвори објект кој е од клучно значење за заштита на жени жртви на насилство е крајно нехумано и нечовечки од страна на власта која 7 години ја води државата, се вели во соопштението од МТСП.

Вработените во Центарот за социјална работа Свети Николе биле немоќни да ја санираат состојбата и не наишле на слух во министерството.

Откако пред единаесет години е отворен центарот, во последните седум години не е вложено ниту еден денар. Ниеден претходен министер, дури ни стручните служби во министерството задолжени за оваа област, немале заинтересираност за овој објект. Шелтерот за жени не функционира повеќе од една година. Кога немате поддршка од централната власт не можете да направите ништо. Единствено градоначалникот на Општина Свети Николе ни помогна во санирање на поплавата која ни се случи, велат вработените.

Според Велковски токму ваквите состојби на рушење и негрижа за жените жртви доведува до фемициди каде жени страдаат од убиства.

Инаку, Шелтер центарот е граден со поддршка на УНДП во време на владеењето на Владата на ВМРО ДПМНЕ.

Истамбулската конвенција чиј потписник е државата точно пропишува стандарди за сервиси и услуги за жени жртви на насилство и семејно насилство и недозволиво е да се запоставуваат вакви капитални инвестиции, велат од МТСП.

The post Државата им затвори врата на жртвите на семејно насилство во Свети Николе, останаа без засолништето appeared first on Република.

]]>

По остри реакции на граѓани од источниот регион за затвореното засолниште за жртви на семејно насилство во Свети Николе, министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски денеска го посети овој објект и наиде на затворени врати.
Во услови кога бројките на жртви на семејно насилство растат, да се затвори објект кој е од клучно значење за заштита на жени жртви на насилство е крајно нехумано и нечовечки од страна на власта која 7 години ја води државата, се вели во соопштението од МТСП.
Вработените во Центарот за социјална работа Свети Николе биле немоќни да ја санираат состојбата и не наишле на слух во министерството.
Откако пред единаесет години е отворен центарот, во последните седум години не е вложено ниту еден денар. Ниеден претходен министер, дури ни стручните служби во министерството задолжени за оваа област, немале заинтересираност за овој објект. Шелтерот за жени не функционира повеќе од една година. Кога немате поддршка од централната власт не можете да направите ништо. Единствено градоначалникот на Општина Свети Николе ни помогна во санирање на поплавата која ни се случи, велат вработените.
Според Велковски токму ваквите состојби на рушење и негрижа за жените жртви доведува до фемициди каде жени страдаат од убиства. Инаку, Шелтер центарот е граден со поддршка на УНДП во време на владеењето на Владата на ВМРО ДПМНЕ. Истамбулската конвенција чиј потписник е државата точно пропишува стандарди за сервиси и услуги за жени жртви на насилство и семејно насилство и недозволиво е да се запоставуваат вакви капитални инвестиции, велат од МТСП.

The post Државата им затвори врата на жртвите на семејно насилство во Свети Николе, останаа без засолништето appeared first on Република.

]]>
Дедо Мразовци на мотори возеа низ Свети Николе https://republika.mk/vesti/makedonija/dedo-mrazovtsi-na-motori-vozea-niz-sveti-nikole/ Mon, 01 Jan 2024 17:44:06 +0000 https://republika.mk/?p=728701

Викендов се одржа настанот „Дедо Мраз на мотор“ кој традиционално секоја година го одбележува празничниот период во Свети Николе.

Притоа, десетици моторџии облечени како Дедо Мраз возеа низ улиците во градот.

Најважни ни беа насмевките, а истите ги добивме од огромниот број на деца кои не пречекаа“, велат од Мото клуб „Свети Николе“, кои се организатори на ова празнино случување.

The post Дедо Мразовци на мотори возеа низ Свети Николе appeared first on Република.

]]>

Викендов се одржа настанот „Дедо Мраз на мотор“ кој традиционално секоја година го одбележува празничниот период во Свети Николе. Притоа, десетици моторџии облечени како Дедо Мраз возеа низ улиците во градот.
Најважни ни беа насмевките, а истите ги добивме од огромниот број на деца кои не пречекаа“, велат од Мото клуб „Свети Николе“, кои се организатори на ова празнино случување.

The post Дедо Мразовци на мотори возеа низ Свети Николе appeared first on Република.

]]>
Мицкоски во посета на општина Свети Николе https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-vo-poseta-na-opshtina-sveti-nikole-2/ Tue, 19 Dec 2023 09:29:22 +0000 https://republika.mk/?p=724468

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во рамки на активноста „Важно е! Од тебе зависат промените!“ денеска ќе ја посети општина Свети Николе.

Денес (19.12.2023) во 11:15 часот на градскиот плоштад во општина Свети Николе, ќе биде дадена изјава за медиуми при што ќе се обрати Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, информираат од партијата.

https://www.youtube.com/live/4ewATCmlRKA?si=IsN0TDusnGFqFs5E

The post Мицкоски во посета на општина Свети Николе appeared first on Република.

Мицкоски во посета на општина Свети Николе https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-vo-poseta-na-opshtina-sveti-nikole/ Tue, 19 Dec 2023 08:42:09 +0000 https://republika.mk/?p=724436

-Денес (19.12.2023) во 11:15 часот на градскиот плоштад во општина Свети Николе, ќе биде дадена изјава за медиуми при што ќе се обрати Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, информираат од партијата.

https://www.youtube.com/watch?v=4ewATCmlRKA&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fkurir.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post Мицкоски во посета на општина Свети Николе appeared first on Република.

]]>

-Денес (19.12.2023) во 11:15 часот на градскиот плоштад во општина Свети Николе, ќе биде дадена изјава за медиуми при што ќе се обрати Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, информираат од партијата. https://www.youtube.com/watch?v=4ewATCmlRKA&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fkurir.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post Мицкоски во посета на општина Свети Николе appeared first on Република.

]]>