Свети Јован Крстител Archives - Република https://republika.mk/tema/sveti-jovan-krstitel/ За подобро да се разбереме Sat, 20 Jan 2024 07:21:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Свети Јован Крстител Archives - Република https://republika.mk/tema/sveti-jovan-krstitel/ 32 32 Свети Јован Крстител: Денес не се зема нож во рака, се избегнува јадење во црвена боја https://republika.mk/zivot/servisi/sveti-jovan-krstitel-denes-ne-se-zema-nozh-vo-raka-se-izbegnuva-jadene-vo-tsrvena-boja/ Sat, 20 Jan 2024 07:53:17 +0000 https://republika.mk/?p=734841

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 7 јануари, Собор на св. Јован Крстител. Според тоа што неговата улога била најважна на вчерашниот ден, односно Богојавление, црквата го има доделено наредниот ден во чест на крстителот на Исус.

Се верува дека на овој ден Св Јован Крстител на реката Јордан го крстел Исус Христос.

Јован Крстител се смета за светец-заштитник на пејачите, музичарите, кројачите, кожарите, крзнарите, траперите, гостилничарите, ножџиите, брусниците, затворениците, осудените на смрт, одгледувачите на птици, епилептичарите, крштевките.

Нашите предци верувале дека на денот на Свети Јован со помош на овој светител се случуваат разни чуда, па оттаму потекнуваат многу народни обичаи.

На Свети Јован верниците не се веселат, а по можност и во раце не треба да се зема нож, во знак на сеќавање на страдањето на Јован. Не се јаде и не се пие ништо што е црвено, бидејќи бојата ја симболизира невино пролеаната крв на светителот. Ни јаболко, ни домат, ни праска, ниту црвено грозје. На овој ден треба да се собираат лековити тревки: кантарион, нане, коњска чубура, линцура…

Кај народот постои обичај луѓето да се збратимуваат на Свети Јован, бидејќи Јован се смета за пример за карактер и чесност. Верниците често им го даваат името Јован на своите деца. Се слави славата Св. Јован, но и именден. Се смета дека Св Јован е трета по ред слава која се празнува меѓу семејствата, веднаш по Св. Никола и Архангел Михаил.

The post Свети Јован Крстител: Денес не се зема нож во рака, се избегнува јадење во црвена боја appeared first on Република.

]]>

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 7 јануари, Собор на св. Јован Крстител. Според тоа што неговата улога била најважна на вчерашниот ден, односно Богојавление, црквата го има доделено наредниот ден во чест на крстителот на Исус. Се верува дека на овој ден Св Јован Крстител на реката Јордан го крстел Исус Христос. Јован Крстител се смета за светец-заштитник на пејачите, музичарите, кројачите, кожарите, крзнарите, траперите, гостилничарите, ножџиите, брусниците, затворениците, осудените на смрт, одгледувачите на птици, епилептичарите, крштевките. Нашите предци верувале дека на денот на Свети Јован со помош на овој светител се случуваат разни чуда, па оттаму потекнуваат многу народни обичаи. На Свети Јован верниците не се веселат, а по можност и во раце не треба да се зема нож, во знак на сеќавање на страдањето на Јован. Не се јаде и не се пие ништо што е црвено, бидејќи бојата ја симболизира невино пролеаната крв на светителот. Ни јаболко, ни домат, ни праска, ниту црвено грозје. На овој ден треба да се собираат лековити тревки: кантарион, нане, коњска чубура, линцура… Кај народот постои обичај луѓето да се збратимуваат на Свети Јован, бидејќи Јован се смета за пример за карактер и чесност. Верниците често им го даваат името Јован на своите деца. Се слави славата Св. Јован, но и именден. Се смета дека Св Јован е трета по ред слава која се празнува меѓу семејствата, веднаш по Св. Никола и Архангел Михаил.

The post Свети Јован Крстител: Денес не се зема нож во рака, се избегнува јадење во црвена боја appeared first on Република.

]]>
На полноќ небото се отвора, замислените три желби се остваруваат https://republika.mk/zivot/servisi/na-polnok-neboto-se-otvora-zamislenite-tri-zhelbi-se-ostvaruvaat/ Tue, 06 Jun 2023 10:15:37 +0000 https://republika.mk/?p=648333

Православната црква и нејзините верници утре го одбележуваат денот кога главата на Свети Јован Крстител беше пронајдена, а потоа повторно погребана во земја.

Овој празник се нарекува Трето наоѓање на чесната глава на Свети Јован Крстител и не е единствениот посветен на еден од најпочитуваните светци, чиј дело и лик се слави неколку пати годишно. Свети Јован Крстител е познат како голем проповедник кој го најавил доаѓањето на Исус Христос и кој умрел со маченичка смрт за својата вера.

Со овој празник се поврзани и многу верувања. Се верува дека на тој ден небото се отвора и дека душите на мртвите лесно одат во рајот. Исто така, постои верување слично на она на Богојавление, дека небото се отвора на полноќ и дека треба да се замислат три желби и тие сигурно ќе се остварат.

Се верува дека не треба да се работи тешка работа, особено ништо што бара работа со остри предмети како ножеви. Народот смета дека е погоден ден за берење лековити растенија, особено кантарион, нане, линкура и слично. Исто така, се верува дека Сонцето се враќа од север кон југ, застанува три пати и заигрува.

The post На полноќ небото се отвора, замислените три желби се остваруваат appeared first on Република.

]]>

Православната црква и нејзините верници утре го одбележуваат денот кога главата на Свети Јован Крстител беше пронајдена, а потоа повторно погребана во земја. Овој празник се нарекува Трето наоѓање на чесната глава на Свети Јован Крстител и не е единствениот посветен на еден од најпочитуваните светци, чиј дело и лик се слави неколку пати годишно. Свети Јован Крстител е познат како голем проповедник кој го најавил доаѓањето на Исус Христос и кој умрел со маченичка смрт за својата вера. Со овој празник се поврзани и многу верувања. Се верува дека на тој ден небото се отвора и дека душите на мртвите лесно одат во рајот. Исто така, постои верување слично на она на Богојавление, дека небото се отвора на полноќ и дека треба да се замислат три желби и тие сигурно ќе се остварат. Се верува дека не треба да се работи тешка работа, особено ништо што бара работа со остри предмети како ножеви. Народот смета дека е погоден ден за берење лековити растенија, особено кантарион, нане, линкура и слично. Исто така, се верува дека Сонцето се враќа од север кон југ, застанува три пати и заигрува.  

The post На полноќ небото се отвора, замислените три желби се остваруваат appeared first on Република.

]]>
Денеска е тежок празник: Aдет е да не се јадат јадења во оваа боја https://republika.mk/zivot/servisi/deneska-e-tezhok-praznik-adet-e-da-ne-se-jadat-jadena-vo-ovaa-boja/ Thu, 09 Mar 2023 10:21:51 +0000 https://republika.mk/?p=617635

Денеска се одбележува празник посветен на погубувањето на св. Јован Крстител што секоја година се празнува на 11 септември во народниот говор се среќава под различни имиња: Св. Јован Сечиглав, Св. Јован Отсечен, Св. Јован Опсечен итн. Поради значењето на овој светец црквата овој ден го прогласила за строг пост.

Денот на погубувањето на Св. Јован Крстител со строг пост црквата го празнува на 11 септември под името Отсекување или Отсечение на главата на Свети Јован Крстител. Иако Свети Јован е погубен пред Пасха празникот е поместен на овој ден зашто на овој ден е осветена црквата што над неговиот гроб во Севастија ја подигнале светите цареви, како што ги викал народот царот Константин и неговата мајка, царицата Елена.

Значењето на Свети Јован Крстител неговиот голем култ воопшто во христијанскиот свет оставил значајни траги и во традицијата на македонскиот народ. Па така како и другите празници посветени на овој светител и овој ден се празнува со многу внимание, со домашни, селски или поголеми свечености, со заеднички гозби (ортии) и сл. Народот на овој пост држи строг пост, не јаде не само мрсно, туку и риба и зејтин. Останало забележано дека на овој ден луѓето не јаделе ни лубеница, домати, црвено грозје и други продукти со црвена боја што потсетувале на крвта на светителот.

Последниот старозаветен пророк Свети Јован е наречен Крстител затоа што го крстил Исус Христос во реката Јордан. Тој е наречен и Претеча што значи претходник, зашто со своето учење навистина му претходел на Исус, одел пред него, го повикувал народот на покајание и го најавувал доаѓањето на Спасителот. „Јас ве крштевам со вода, а тој што ќе дојде по мене ќе ве крсти со Дух Свети”, говорел Свети Јован додека го покрстувал народот. Многумина Јудејци доаѓале кај него за да бидат крстени, а многумина го почитувале како вистинскиот Спасител.

Јован сведочел дека Исус е синот Божји. „Он треба да расте, а јас да се смалувам! Кој доаѓа одозгора, тој е над сите, а кој доаѓа од земјата, земен е и како земен зборува. Кој доаѓа од небото над сите е”. (Јован, 3/30-31)

Почитувајќи го како најголем пророк, Црквата му посветила неколку празници во годината. Во христијанскиот календар се празнува денот на неговото раѓање (Иванден, 7.VII/24.VI) денот на неговото погубување наречен Отсечение главата на Свети Јован, потоа за голем празник се смета и денот кога Св. Јован го крстил Исуса во реката Јордан, Собор на св. Јован Крстител (денот по Богојавление 20/7.I.) на 24 февруари (с.с.) се празнува Првото и Второто, а на 15 мај (с.с.) и Третото наоѓање главата на Св. Јован кога таа е пренесена во Цариград итн. Така во христијанската вера Св. Јован е една од ретките личности покрај Исус и Пресвета Богородица кому Светата црква му посветила повеќе празници. Празникот Отсечение главата на Св. Јован Крстител е еден од петнаесетте големи христијански празници, а за подостоинствено празнување и за сочувство со страдањата на Св. Јован од страна на Светата црква одреден е строг пост.

The post Денеска е тежок празник: Aдет е да не се јадат јадења во оваа боја appeared first on Република.

]]>

Денеска се одбележува празник посветен на погубувањето на св. Јован Крстител што секоја година се празнува на 11 септември во народниот говор се среќава под различни имиња: Св. Јован Сечиглав, Св. Јован Отсечен, Св. Јован Опсечен итн. Поради значењето на овој светец црквата овој ден го прогласила за строг пост. Денот на погубувањето на Св. Јован Крстител со строг пост црквата го празнува на 11 септември под името Отсекување или Отсечение на главата на Свети Јован Крстител. Иако Свети Јован е погубен пред Пасха празникот е поместен на овој ден зашто на овој ден е осветена црквата што над неговиот гроб во Севастија ја подигнале светите цареви, како што ги викал народот царот Константин и неговата мајка, царицата Елена. Значењето на Свети Јован Крстител неговиот голем култ воопшто во христијанскиот свет оставил значајни траги и во традицијата на македонскиот народ. Па така како и другите празници посветени на овој светител и овој ден се празнува со многу внимание, со домашни, селски или поголеми свечености, со заеднички гозби (ортии) и сл. Народот на овој пост држи строг пост, не јаде не само мрсно, туку и риба и зејтин. Останало забележано дека на овој ден луѓето не јаделе ни лубеница, домати, црвено грозје и други продукти со црвена боја што потсетувале на крвта на светителот. Последниот старозаветен пророк Свети Јован е наречен Крстител затоа што го крстил Исус Христос во реката Јордан. Тој е наречен и Претеча што значи претходник, зашто со своето учење навистина му претходел на Исус, одел пред него, го повикувал народот на покајание и го најавувал доаѓањето на Спасителот. „Јас ве крштевам со вода, а тој што ќе дојде по мене ќе ве крсти со Дух Свети”, говорел Свети Јован додека го покрстувал народот. Многумина Јудејци доаѓале кај него за да бидат крстени, а многумина го почитувале како вистинскиот Спасител. Јован сведочел дека Исус е синот Божји. „Он треба да расте, а јас да се смалувам! Кој доаѓа одозгора, тој е над сите, а кој доаѓа од земјата, земен е и како земен зборува. Кој доаѓа од небото над сите е”. (Јован, 3/30-31) Почитувајќи го како најголем пророк, Црквата му посветила неколку празници во годината. Во христијанскиот календар се празнува денот на неговото раѓање (Иванден, 7.VII/24.VI) денот на неговото погубување наречен Отсечение главата на Свети Јован, потоа за голем празник се смета и денот кога Св. Јован го крстил Исуса во реката Јордан, Собор на св. Јован Крстител (денот по Богојавление 20/7.I.) на 24 февруари (с.с.) се празнува Првото и Второто, а на 15 мај (с.с.) и Третото наоѓање главата на Св. Јован кога таа е пренесена во Цариград итн. Така во христијанската вера Св. Јован е една од ретките личности покрај Исус и Пресвета Богородица кому Светата црква му посветила повеќе празници. Празникот Отсечение главата на Св. Јован Крстител е еден од петнаесетте големи христијански празници, а за подостоинствено празнување и за сочувство со страдањата на Св. Јован од страна на Светата црква одреден е строг пост.

The post Денеска е тежок празник: Aдет е да не се јадат јадења во оваа боја appeared first on Република.

]]>
Најновата велешка црква „Св Јован Крстител“ за првпат го прославува својот патрон https://republika.mk/vesti/makedonija/najnovata-veleshka-tsrkva-sv-jovan-krstitel-za-prvpat-go-proslavuva-svojot-patron/ Fri, 20 Jan 2023 07:52:33 +0000 https://republika.mk/?p=598882

Повардарската Епархија денеска, на 20 јануари, на денот на Св.Јован Крстител за првпат го прославува својот патрон на најновата велешка црква „Св Јован Крстител“ во месноста Багремче во најновиот дел на Велес.

По тој повод утрово во 8:15 часот со Света Златоустова Литургија ќе чиноначалствува Неговото Високопреостештенство Митрополитот Повардарски Агатангел.

Во пресрет на празникот синоќа свештеници од оваа црква и Епархијата Повардарска отслужија Вечерна Богослужба и потоа поделија Славски Колач на присутните православни верници кои дојдоа на Богослужбата.

Инаку Црквата „Св Јован Крстител“ беше осветена на 23 октомври минатата година.

Изградбата на црквата „Св Јован Крстител“ заврши во јануари 2020 години, а се градеше четири години и пет месеци, почнувајќи од 30 август 2015 година кога беше осветен камен-темелник.

Новата црква се градеше според архитектонското решение на Благој Здравев архитект од Штип, а техничката изведба ја изврши градежната фирма „Тргоцемент“ од Велес.

За скоро три години со извесни прекини, црквата беше фреско – живописана од двајцата велешки зографи Велко Свеќаров и Гоце Василески. Иконостасот го изработи Љубомир Бисинов.

Во рамки на црковниот комплекс изградена е и камбанарија, на која на 17 септември 2019 година беа  поставени три камбани, како и црковно-административни простории, а  изграден е и  параклис  посветен на „Свети Агатангел Битолски“.

Оваа најнова црква во Велес се изгради со средства на Повардарската  Епархија како и со доброволни прилози на православните верници.

The post Најновата велешка црква „Св Јован Крстител“ за првпат го прославува својот патрон appeared first on Република.

]]>

Повардарската Епархија денеска, на 20 јануари, на денот на Св.Јован Крстител за првпат го прославува својот патрон на најновата велешка црква „Св Јован Крстител“ во месноста Багремче во најновиот дел на Велес. По тој повод утрово во 8:15 часот со Света Златоустова Литургија ќе чиноначалствува Неговото Високопреостештенство Митрополитот Повардарски Агатангел. Во пресрет на празникот синоќа свештеници од оваа црква и Епархијата Повардарска отслужија Вечерна Богослужба и потоа поделија Славски Колач на присутните православни верници кои дојдоа на Богослужбата. Инаку Црквата „Св Јован Крстител“ беше осветена на 23 октомври минатата година. Изградбата на црквата „Св Јован Крстител“ заврши во јануари 2020 години, а се градеше четири години и пет месеци, почнувајќи од 30 август 2015 година кога беше осветен камен-темелник. Новата црква се градеше според архитектонското решение на Благој Здравев архитект од Штип, а техничката изведба ја изврши градежната фирма „Тргоцемент“ од Велес. За скоро три години со извесни прекини, црквата беше фреско – живописана од двајцата велешки зографи Велко Свеќаров и Гоце Василески. Иконостасот го изработи Љубомир Бисинов. Во рамки на црковниот комплекс изградена е и камбанарија, на која на 17 септември 2019 година беа  поставени три камбани, како и црковно-административни простории, а  изграден е и  параклис  посветен на „Свети Агатангел Битолски“. Оваа најнова црква во Велес се изгради со средства на Повардарската  Епархија како и со доброволни прилози на православните верници.

The post Најновата велешка црква „Св Јован Крстител“ за првпат го прославува својот патрон appeared first on Република.

]]>
Бигорскиот манастир ги објави 10-те најзначајни настани во 2021 година https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/bigorskiot-manastir-gi-objavi-10-te-najznachajni-nastani-vo-2021-godina/ Mon, 17 Jan 2022 10:21:33 +0000 https://republika.mk/?p=445685

Познатото македонско дрвено светилиште манастирот „Свети Јован Крстител“ попознат како Бигорски манастир, традиционално ги објави десетте најзначајни настани во 2021 година.

Првиот е монашката посета кај Вселенскиот патријарх Вартоломеј, во Фанар седиштето на Вселенската Патријаршија на епископ г. Антаниски, игумен на бигорската Обител и монашко братство и сестринствата, од четирите манастири Бигорски, Рајчица, Пречиста и Кнежино, кои се под негово духовно раководство.

16 декември 2021 лето Господово. Ова е денот што го сотвори Господ за да се зарадуваме и да се развеселиме во него. Пс. 117,24). (Средбата во Фанар беше вистински духовен празник, исполнет со радоста на Воскресението. Посетата на вселенската патријаршија ја исползувавме и за поклонение на големите светињи во Цариград. Си заминавме од царицата на градовите исполнети со голема благодат и уверение во татковската закрила на Сесветиот Патријарх г. г. Вартоломеј - вели сестра Ефимија.

Значаен настан е настапот на Бигорскиот хор во Атина на трети декември, што се оствари по покана на Министерството за култура и спорт на Република Грција и на здружението на псалти од Атика „Св. Роман Слаткопевец и Јован Дамаскин“.

Со благослов на архиепископот Атински и на цела Грција, г. Јероним, хорот на братството на Свештената бигорска Обител настапи на Првиот меѓународен фестивал на византиска музика во Атина. Ова е за првпат хор од нашата црква да настапува на настан од ваков вид во Грција, така што самото тоа претставува голем исчекор во зближувањето на двата православни братски народи - додава таа.

Вечерна во храмот Живоносен Источник во Атина

Во рамки на Првиот меѓународен фестивал за византиско пеење во Атина, на 4 декември хорот на Свештената Бигорска Обител учествуваше на празничната и воскресенска вечерна богослужба во прекрасниот храм на Мајката Божја, посветен нa нејзиниот Живоносен Источник. Браќата пееја на црковнословенски јазик на левата храмова певница, антифоно со грчката десна певница, предводена од многу познатиот протопсалт и учител г. Спирос Павлакис.

Друг настан се големите достоинства за Бигорски на празникот Иванден, втората слава на манастирот, кога на торжеството по повод неговото Рождество, вели сестра Ефимија, нашиот славен патрон ја закити својата илјадагодишна Обител со уште две големи достоинства.

На Божествена Литургија, на 7 јули, чиноначалствувана од нашиот надлежен Дебарско-кичевски митрополит г. Тимотеј, во сослужение со митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, со нашиот игумен, епископот Антаниски г. Партениј, со игуменот на беровскиот манастир г. Фотиј и со бројно духовенство од нашата, но и од други епархии, со почесно архимандритско достоинство беше удостоен манастирскиот економ и верниот соподвижник на нашиот старец уште од почетокот, јеромонахот Доситеј, а нашиот собрат Анатолиј, духовно роден и со голема љубов израснат од старецот, беше ракоположен во возвишениот свештенички чин, станувајќи јеромонах на нашата Света Обител - додава сестрата.

По трагите на Светите Кирил и Методиј

По повод споменот на нашите првоучители и гродоначалници, сесловенските Просветители, Светите солунски Браќа Кирил и Методиј, на 20 мај во Скопје, во Културно-информативниот центар се одржа пригоден културно-научен настан со отворање на изложба и промоција на книга, насловен како „По трагите на Светите Кирил и Методиј“. Настанот беше организиран и помогнат од македонската и словачката влада, претставена кај нас од амбасадорот на Република Словачка, Хенрик Маркуш. На покана на главните организатори, словачкиот амбасадор Маркуш и господин Стојан Лекоски, а со благослов на нашиот старец и игумен, неговото преосвештенство г. Партениј, на настанот посебен украс му даде настапот на хорот на Бигорскиот Манастир, кој изведе неколку црковни песнопенија.

Според сестра Ефимија одбележувањето на патронот на манастирот, пак, 11 септември, денот на отсекувањето на чесната глава на неговиот славен патрон и небесен застапник, великиот пророк, претеча и крстител Господов Јован, беше збогатено со промоција на книгата „Иконата на Бистра: Закрилник на Православието“ на новинарот Киро Кипроски, која претставува своевиден летопис за поновата историја на Бигорскиот Манастир.

Всушност, станува збор за книга, своевиден летопис за поновата историја на Бигорскиот Манастир – имено, за времето во кое дејствува возобновеното монаштво во него, почнувајќи од 1995 година, со доаѓањето на сегашниот игумен, епископот г. Партениј. Професионалниот и овенчан со големо искуство, новинар Киро Кипроски, со своето летописно перо, трпеливо и истрајно ги бележел сите позначајни настани во Бигорски и случувања поврзани со него и истите ги објавувал по разни пишани и говорни медиуми. Така, тој создал еден исклучително богат фонд со над 200 написи за Бигорски во изминативе тукуречи три децении. Сега, сите тие собрани во еден зборник, претставуваат значајно новинарско, историографско, етнографско и црковно дело – писмено богатство не само за Бигорската Обител, туку и за сето наше општество - дообјаснува таа.

Прославен големиот јубилеј 40 години архијерејска служба и 70 години од раѓањето Неговото Високопреосвештенство митрополитот плаошко-струшки и дебарско-кичевски и администратор австралиско-сиднејски г. Тимотеј.

Овој јубилеј само официјално го потврди она што ние многу години наназад секојдневно го препознаваме и го посведочуваме во ликот на нашиот духовен водач митрополитот Тимотеј, а тоа е неговото неуморно духовно и материјално надградување на нашата света црква, епископската мудрост, несебичната пожртвуваност, љубов, трпение кон сите нас и, секако, тој жив апостолски залог - вели сестра Ефимија.

Пасхална радост на Струшката еордија е уште еден значаен настан во 2021 лето Господово, што 11 години се одржува на 8 мај

Струшката еордија ги восхити побожните Стружани, кои оддавајќи им почит на големите светињи – моштите на Светиот Георгиј Победоносец, неговата чудотворна икона, како и Крнинскиот образ на Мајката Божја, стоеја на тротоарите и поклонувајќи им се со благоговејност, ги исполнуваа своите срца со обилен благослов. Струшка Еордија е благовесничка на радост и насекаде низ нашата земја го испраќа, во вид на зраци, благословот на св. Георгиј и на верниците им го дава одново блесокот на Пасхалната радост - вели сестра Ефимија.

Одново заблеска и со благодат нè озари божествената литургија на Голем Крчин

Oнаму каде што земјата и небото се допираат, каде чекорејќи ги пречекуваш првите сончеви зраци што душата ти ја милуваат, каде тивкиот ветер чиниш ти шепоти таинствени нешта и ретките растенија во различни бои мислата ти ја разигруваат, каде сетилата ти ги храни утринската песна што птиците ја пеат и целото твое битие бива разбудено од говорот на тишината, каде умилната молитва тече и срцето ти го загрева, таму горе на македонскиот Тавор, на врвот Голем Крчин (2341 мнв), некогаш одамна нашите неуморни предци подигнале храм, посветувајќи го на Преображението Христово - вели сестрата.

Таа посочува дека по Божја милост и со благослов на саканиот ни Старец и владика Партениј, на овој прекрасен планински врв кој се извишува спроти Бигорскиот манастир, дел од монашкото братство и сестринство отслужија Божествена Литургија заблагодарувајќи му се на предобриот Бог што и оваа година нè удостои да го прославиме Неговото славно Преображение, просејќи благослов за сите луѓе.

Воскресение Христово – Света Пасха во Бигорски

Секое човечко срце нека се радува и торжествува за големиот Ден на Христовата Пасха, за победата на животот над смртта! Адот е сотрен, смртта е победена, вечните врати се пробиени и ширум отворени! Колкава светлина и благодат ни блесна од гробот на Христа, вечната светлина и веселие! Бигорската Обител облеана со воскресенската светлина и благодат, радосно го воспева Христовото сеславно и сесветло Воскресение, излевајќи ни нови животни сили - порачува сестра Ефимија.

The post Бигорскиот манастир ги објави 10-те најзначајни настани во 2021 година appeared first on Република.

]]>

Познатото македонско дрвено светилиште манастирот „Свети Јован Крстител“ попознат како Бигорски манастир, традиционално ги објави десетте најзначајни настани во 2021 година. Првиот е монашката посета кај Вселенскиот патријарх Вартоломеј, во Фанар седиштето на Вселенската Патријаршија на епископ г. Антаниски, игумен на бигорската Обител и монашко братство и сестринствата, од четирите манастири Бигорски, Рајчица, Пречиста и Кнежино, кои се под негово духовно раководство.
16 декември 2021 лето Господово. Ова е денот што го сотвори Господ за да се зарадуваме и да се развеселиме во него. Пс. 117,24). (Средбата во Фанар беше вистински духовен празник, исполнет со радоста на Воскресението. Посетата на вселенската патријаршија ја исползувавме и за поклонение на големите светињи во Цариград. Си заминавме од царицата на градовите исполнети со голема благодат и уверение во татковската закрила на Сесветиот Патријарх г. г. Вартоломеј - вели сестра Ефимија.
Значаен настан е настапот на Бигорскиот хор во Атина на трети декември, што се оствари по покана на Министерството за култура и спорт на Република Грција и на здружението на псалти од Атика „Св. Роман Слаткопевец и Јован Дамаскин“.
Со благослов на архиепископот Атински и на цела Грција, г. Јероним, хорот на братството на Свештената бигорска Обител настапи на Првиот меѓународен фестивал на византиска музика во Атина. Ова е за првпат хор од нашата црква да настапува на настан од ваков вид во Грција, така што самото тоа претставува голем исчекор во зближувањето на двата православни братски народи - додава таа.
Вечерна во храмот Живоносен Источник во Атина Во рамки на Првиот меѓународен фестивал за византиско пеење во Атина, на 4 декември хорот на Свештената Бигорска Обител учествуваше на празничната и воскресенска вечерна богослужба во прекрасниот храм на Мајката Божја, посветен нa нејзиниот Живоносен Источник. Браќата пееја на црковнословенски јазик на левата храмова певница, антифоно со грчката десна певница, предводена од многу познатиот протопсалт и учител г. Спирос Павлакис. Друг настан се големите достоинства за Бигорски на празникот Иванден, втората слава на манастирот, кога на торжеството по повод неговото Рождество, вели сестра Ефимија, нашиот славен патрон ја закити својата илјадагодишна Обител со уште две големи достоинства.
На Божествена Литургија, на 7 јули, чиноначалствувана од нашиот надлежен Дебарско-кичевски митрополит г. Тимотеј, во сослужение со митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, со нашиот игумен, епископот Антаниски г. Партениј, со игуменот на беровскиот манастир г. Фотиј и со бројно духовенство од нашата, но и од други епархии, со почесно архимандритско достоинство беше удостоен манастирскиот економ и верниот соподвижник на нашиот старец уште од почетокот, јеромонахот Доситеј, а нашиот собрат Анатолиј, духовно роден и со голема љубов израснат од старецот, беше ракоположен во возвишениот свештенички чин, станувајќи јеромонах на нашата Света Обител - додава сестрата.
По трагите на Светите Кирил и Методиј По повод споменот на нашите првоучители и гродоначалници, сесловенските Просветители, Светите солунски Браќа Кирил и Методиј, на 20 мај во Скопје, во Културно-информативниот центар се одржа пригоден културно-научен настан со отворање на изложба и промоција на книга, насловен како „По трагите на Светите Кирил и Методиј“. Настанот беше организиран и помогнат од македонската и словачката влада, претставена кај нас од амбасадорот на Република Словачка, Хенрик Маркуш. На покана на главните организатори, словачкиот амбасадор Маркуш и господин Стојан Лекоски, а со благослов на нашиот старец и игумен, неговото преосвештенство г. Партениј, на настанот посебен украс му даде настапот на хорот на Бигорскиот Манастир, кој изведе неколку црковни песнопенија. Според сестра Ефимија одбележувањето на патронот на манастирот, пак, 11 септември, денот на отсекувањето на чесната глава на неговиот славен патрон и небесен застапник, великиот пророк, претеча и крстител Господов Јован, беше збогатено со промоција на книгата „Иконата на Бистра: Закрилник на Православието“ на новинарот Киро Кипроски, која претставува своевиден летопис за поновата историја на Бигорскиот Манастир.
Всушност, станува збор за книга, своевиден летопис за поновата историја на Бигорскиот Манастир – имено, за времето во кое дејствува возобновеното монаштво во него, почнувајќи од 1995 година, со доаѓањето на сегашниот игумен, епископот г. Партениј. Професионалниот и овенчан со големо искуство, новинар Киро Кипроски, со своето летописно перо, трпеливо и истрајно ги бележел сите позначајни настани во Бигорски и случувања поврзани со него и истите ги објавувал по разни пишани и говорни медиуми. Така, тој создал еден исклучително богат фонд со над 200 написи за Бигорски во изминативе тукуречи три децении. Сега, сите тие собрани во еден зборник, претставуваат значајно новинарско, историографско, етнографско и црковно дело – писмено богатство не само за Бигорската Обител, туку и за сето наше општество - дообјаснува таа.
Прославен големиот јубилеј 40 години архијерејска служба и 70 години од раѓањето Неговото Високопреосвештенство митрополитот плаошко-струшки и дебарско-кичевски и администратор австралиско-сиднејски г. Тимотеј.
Овој јубилеј само официјално го потврди она што ние многу години наназад секојдневно го препознаваме и го посведочуваме во ликот на нашиот духовен водач митрополитот Тимотеј, а тоа е неговото неуморно духовно и материјално надградување на нашата света црква, епископската мудрост, несебичната пожртвуваност, љубов, трпение кон сите нас и, секако, тој жив апостолски залог - вели сестра Ефимија.
Пасхална радост на Струшката еордија е уште еден значаен настан во 2021 лето Господово, што 11 години се одржува на 8 мај
Струшката еордија ги восхити побожните Стружани, кои оддавајќи им почит на големите светињи – моштите на Светиот Георгиј Победоносец, неговата чудотворна икона, како и Крнинскиот образ на Мајката Божја, стоеја на тротоарите и поклонувајќи им се со благоговејност, ги исполнуваа своите срца со обилен благослов. Струшка Еордија е благовесничка на радост и насекаде низ нашата земја го испраќа, во вид на зраци, благословот на св. Георгиј и на верниците им го дава одново блесокот на Пасхалната радост - вели сестра Ефимија.
Одново заблеска и со благодат нè озари божествената литургија на Голем Крчин
Oнаму каде што земјата и небото се допираат, каде чекорејќи ги пречекуваш првите сончеви зраци што душата ти ја милуваат, каде тивкиот ветер чиниш ти шепоти таинствени нешта и ретките растенија во различни бои мислата ти ја разигруваат, каде сетилата ти ги храни утринската песна што птиците ја пеат и целото твое битие бива разбудено од говорот на тишината, каде умилната молитва тече и срцето ти го загрева, таму горе на македонскиот Тавор, на врвот Голем Крчин (2341 мнв), некогаш одамна нашите неуморни предци подигнале храм, посветувајќи го на Преображението Христово - вели сестрата.
Таа посочува дека по Божја милост и со благослов на саканиот ни Старец и владика Партениј, на овој прекрасен планински врв кој се извишува спроти Бигорскиот манастир, дел од монашкото братство и сестринство отслужија Божествена Литургија заблагодарувајќи му се на предобриот Бог што и оваа година нè удостои да го прославиме Неговото славно Преображение, просејќи благослов за сите луѓе. Воскресение Христово – Света Пасха во Бигорски