свеќи Archives - Република https://republika.mk/tema/svekji/ За подобро да се разбереме Sat, 02 Nov 2024 17:44:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png свеќи Archives - Република https://republika.mk/tema/svekji/ 32 32 Илјадници граѓани на местото на трагедијата во Нови Сад палат свеќи, тројца повредени се уште во критична состојба https://republika.mk/vesti/balkan/iljadnitsi-gragani-na-mestoto-na-tragedijata-vo-novi-sad-palat-sveki-trojtsa-povredeni-se-ushte-vo-kritichna-sostojba/ Sat, 02 Nov 2024 17:44:29 +0000 https://republika.mk/?p=833593

Во Нови Сад почна тридневна жалост поради несреќата во која загинаа четиринаесет лица, а тројца се тешко повредени кога врз нив се урна бетонската настрешница на Железничката станица. Тројца од повредените кои се во УКЦ Војводина се уште се во критична состојба, јави дописникот на МИА од Белград.

Спроти Железничката станица во Нови Сад илјадници граѓани палат свеќи и оставаат цвеќиња и играчки, како и во текот на целиот ден. Насобраните држат транспаренти со имињата на 14-те загинати во несреќата. Свеќи беа запалени и на плоштадот Слобода.

Директорката на Клиничкиот центар на Војводина, Весна Туркулов, денеска изјави дека тројцата повредени во несреќата пред зградата на железничката станица во Нови Сад, според последните информации, се во тешка состојба, дека се во бессознание, сите се на машини за вештачко дишење и се витално загрозени.

Туркулов изјави дека денеска се направени нови операции на тројцата спасени пациенти и дека во тек е дополнителна дијагностика.

Сите се во многу тешка состојба и се хируршки третирани. Неблагодарно е да се даваат предвидувања. Станува збор за сериозни повреди опасни по живот, така што исходот е навистина неизвесен. Сите се млади луѓе, изјави директорката на Клиничкиот центар во Војводина.

Туркулов повтори дека станува збор за сериозни повреди со нагмечувања на внатрешните органи.

- Постојано се праќаат на дополнителна дијагностика, на скенери, каде се забележува некое ново внатрешно крварење, за дополнително да се лекуваат внатрешните повреди, нагласи таа.

Во несреќата спасени се три лица, две жени на возраст од 23 и 21 година, кои неколку часа по уривањето на конструкцијата беа извлечени од под урнатините и 18-годишно момче на кое му беше ампутирана ногата.

The post Илјадници граѓани на местото на трагедијата во Нови Сад палат свеќи, тројца повредени се уште во критична состојба appeared first on Република.

]]>

Во Нови Сад почна тридневна жалост поради несреќата во која загинаа четиринаесет лица, а тројца се тешко повредени кога врз нив се урна бетонската настрешница на Железничката станица. Тројца од повредените кои се во УКЦ Војводина се уште се во критична состојба, јави дописникот на МИА од Белград. Спроти Железничката станица во Нови Сад илјадници граѓани палат свеќи и оставаат цвеќиња и играчки, како и во текот на целиот ден. Насобраните држат транспаренти со имињата на 14-те загинати во несреќата. Свеќи беа запалени и на плоштадот Слобода. Директорката на Клиничкиот центар на Војводина, Весна Туркулов, денеска изјави дека тројцата повредени во несреќата пред зградата на железничката станица во Нови Сад, според последните информации, се во тешка состојба, дека се во бессознание, сите се на машини за вештачко дишење и се витално загрозени. Туркулов изјави дека денеска се направени нови операции на тројцата спасени пациенти и дека во тек е дополнителна дијагностика.
Сите се во многу тешка состојба и се хируршки третирани. Неблагодарно е да се даваат предвидувања. Станува збор за сериозни повреди опасни по живот, така што исходот е навистина неизвесен. Сите се млади луѓе, изјави директорката на Клиничкиот центар во Војводина.
Туркулов повтори дека станува збор за сериозни повреди со нагмечувања на внатрешните органи. - Постојано се праќаат на дополнителна дијагностика, на скенери, каде се забележува некое ново внатрешно крварење, за дополнително да се лекуваат внатрешните повреди, нагласи таа. Во несреќата спасени се три лица, две жени на возраст од 23 и 21 година, кои неколку часа по уривањето на конструкцијата беа извлечени од под урнатините и 18-годишно момче на кое му беше ампутирана ногата.

The post Илјадници граѓани на местото на трагедијата во Нови Сад палат свеќи, тројца повредени се уште во критична состојба appeared first on Република.

]]>
Илјадници свеќи вечерва на сцената на Филхармонија за премиерното издание на „Candlelight“ – концертот под свеќи! https://republika.mk/vesti/kultura/iljadnitsi-sveki-vecherva-na-stsenata-na-filharmonija-za-premiernoto-izdanie-na-candlelight-kontsertot-pod-sveki/ Fri, 12 Apr 2024 07:51:48 +0000 https://republika.mk/?p=765235

Овој петок илјадници свеќи ќе ја осветлат сцената на Македонската филхармонија на премиерното издание на првиот „Candlelight“ - концерт под свеќи на камерниот оркестар Профундис, кој ќе се одржи на 12 април со почеток во 20 часот.
Концептот на „Candlelight“ - концерт под свеќи е светски познат тренд кој за првпат ќе биде поставен на сцена пред македонската публика. Музичките критичари го опишуваат како уникатно искуство каде традиционалниот концертен амбиент се трансформира во хипнотизирачка музичка симбиоза облеана во топлиот сјај на свеќите. Интимниот амбиент овозможува подлабока врска помеѓу публиката и изведувачите, создавајќи извонредно концертно искуство.
На концертот како солист ќе настапи светски познатиот виолинист Марио Хосен, чија виртуозност и волшебно сценско присуство му носат признание на престижните сцени ширум светот. Хосен и „Профундис“, под диригентската палка на маестра Ѓурѓица Дашиќ, ќе ѝ претстават на публиката музичко патување низ делата на реномираните композитори како Вивалди, Паганини, Холст и Глас.

„Продолжуваме со идејата дека камерниот оркестар „Профундис“ ќе биде иновативен, креативен и модерен. Овој пат со концерт под свеќи којшто во моментот е вистинска атракција во 173 града ширум светот, а премиерно со овој концерт списокот се проширува и со Скопје. На наше големо задоволство како солист ќе настапи светски познатиот виолинист Марио Хосен, кој ќе ги изведе четирите годишни времиња од Антонио Вивалди, како и виртуозното дело од Никола Паганини – „I Palpiti“ кое многу ретко се изведува поради специфичната техничка виртуозност и спаѓа во топ 10 најтешки дела за изведба на виолина. Дополнително на концертот ќе има и праизведба на дело од Филип Глас. Овој концерт е повеќе од обична изведба - тоа е извонредно искуство на уникатноста на нашите сетила и универзалниот јазик на музиката!“, изјави маестра Дашиќ.
Марио Хосен, познат по својата неспоредлива виртуозност и волшебно сценско присуство, ги краси престижните сцени ширум светот заедно со врвните оркестри, вклучувајќи ги Лондонската филхармонија, Виенскиот симфониски оркестар и многу други. Со голема страст за светското музичко наследство, стручноста на Марио се фокусира на Николо Паганини, правејќи го како еден од најистакнатите толкувачи и авторитети за изведување на музиката на Паганини.

Камерниот оркестар „Профундис“ е уметнички состав кој постои веќе три години и чии цели се промоција на квалитетот и особеноста на изразот со посебен акцент на оригиналноста на сите концертни изведувања. Во него членуваат едни од најистакнатите македонски инструменталисти што се дел од двата професионални оркестри во РСМ, Националната опера и балет и Националната филхармонија.
Марио Хосен е меѓународно признат виолинист познат по својата виртуозност и сценско присуство. Со кариера која опфаќа престижни сцени ширум светот, страста на Хосен за музика ги надминува границите, плени публиката со секоја изведба.

The post Илјадници свеќи вечерва на сцената на Филхармонија за премиерното издание на „Candlelight“ – концертот под свеќи! appeared first on Република.

]]>

Овој петок илјадници свеќи ќе ја осветлат сцената на Македонската филхармонија на премиерното издание на првиот „Candlelight“ - концерт под свеќи на камерниот оркестар Профундис, кој ќе се одржи на 12 април со почеток во 20 часот. Концептот на „Candlelight“ - концерт под свеќи е светски познат тренд кој за првпат ќе биде поставен на сцена пред македонската публика. Музичките критичари го опишуваат како уникатно искуство каде традиционалниот концертен амбиент се трансформира во хипнотизирачка музичка симбиоза облеана во топлиот сјај на свеќите. Интимниот амбиент овозможува подлабока врска помеѓу публиката и изведувачите, создавајќи извонредно концертно искуство. На концертот како солист ќе настапи светски познатиот виолинист Марио Хосен, чија виртуозност и волшебно сценско присуство му носат признание на престижните сцени ширум светот. Хосен и „Профундис“, под диригентската палка на маестра Ѓурѓица Дашиќ, ќе ѝ претстават на публиката музичко патување низ делата на реномираните композитори како Вивалди, Паганини, Холст и Глас.
„Продолжуваме со идејата дека камерниот оркестар „Профундис“ ќе биде иновативен, креативен и модерен. Овој пат со концерт под свеќи којшто во моментот е вистинска атракција во 173 града ширум светот, а премиерно со овој концерт списокот се проширува и со Скопје. На наше големо задоволство како солист ќе настапи светски познатиот виолинист Марио Хосен, кој ќе ги изведе четирите годишни времиња од Антонио Вивалди, како и виртуозното дело од Никола Паганини – „I Palpiti“ кое многу ретко се изведува поради специфичната техничка виртуозност и спаѓа во топ 10 најтешки дела за изведба на виолина. Дополнително на концертот ќе има и праизведба на дело од Филип Глас. Овој концерт е повеќе од обична изведба - тоа е извонредно искуство на уникатноста на нашите сетила и универзалниот јазик на музиката!“, изјави маестра Дашиќ. Марио Хосен, познат по својата неспоредлива виртуозност и волшебно сценско присуство, ги краси престижните сцени ширум светот заедно со врвните оркестри, вклучувајќи ги Лондонската филхармонија, Виенскиот симфониски оркестар и многу други. Со голема страст за светското музичко наследство, стручноста на Марио се фокусира на Николо Паганини, правејќи го како еден од најистакнатите толкувачи и авторитети за изведување на музиката на Паганини.
Камерниот оркестар „Профундис“ е уметнички состав кој постои веќе три години и чии цели се промоција на квалитетот и особеноста на изразот со посебен акцент на оригиналноста на сите концертни изведувања. Во него членуваат едни од најистакнатите македонски инструменталисти што се дел од двата професионални оркестри во РСМ, Националната опера и балет и Националната филхармонија. Марио Хосен е меѓународно признат виолинист познат по својата виртуозност и сценско присуство. Со кариера која опфаќа престижни сцени ширум светот, страста на Хосен за музика ги надминува границите, плени публиката со секоја изведба.

The post Илјадници свеќи вечерва на сцената на Филхармонија за премиерното издание на „Candlelight“ – концертот под свеќи! appeared first on Република.

]]>
Ни доаѓаат Младенци: Никако не смеете да заборавите на свеќите од венчавката https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/ni-doagaat-mladentsi-nikako-ne-smeete-da-zaboravite-na-svekite-od-venchavkata/ Wed, 20 Mar 2024 12:53:04 +0000 https://republika.mk/?p=756732

Во петок на 22 март се празнува празникот Четириесет Севастиски маченици – Младенци.

Христијански обичај е во првата година од својот брак на 22 март младите да слават Младенци. На тој ден, во црква се носат свеќите од венчавката за да се догорат.

Навечер обично доаѓаат најблиските за да честитаат. Во некои краишта на тој ден се оди на гости и во семејствата кои имаат новороденче.

Празникот на пролетта 22 март младите брачни парови го празнуваат како свој ден, како ден на младоста, љубовта и убавината. Истиот ден Светата православна црква го празнува споменот на четириесетте војници од Севастија кои маченички загинале за христовата вера.

Житијата за Светите четириесет маченици како и повеќето народни преданија за нив меѓусебно малку се разликуват, но во сите се зборува дека четириесетте војници од Севастија маченички загинале не откажувајќи се од христијанската вера. Во 320 година четириесет војници од еден полк во Севастија је одбиле наредбата да се поклонат пред римските идоли и да им принесат жртви. Кога изјавиле дека тоа го прават бидејќи веруваат во Исуса Христа најпрвин биле повикани кај градоначалникот и биле убедувани да се откажат од христијанството и да му се вратат на идолопоклонството, а кога тоа го одбиле биле затворени, мачени и изведени пред суд. Биле осудени цела ноќ да стојат во вода што смрзнува. Во близината имало бања со топла вода, а на војниците им било речено дека ако некој се предомисли и се откаже од Исуса Христа да појде во бањата каде што го чекаат топла вода и вкусни гозби. Но момчињата храбро ги издржувале страдањата, молејќи се на Исуса и меѓусебно храбрејќи се. Само еден од нив не можејќи да издржи во водата што смрзнувала тајно го напуштил базенот и се упатил кон бањата, но на самиот влез во неа починал.

Ноќта сите стражари заспале, само еден останал буден. Во еден момент тој забележал светли венци над главите на војниците и бидејќи бил христијанин веднаш влегол во водата молејќи го Бога и нему да му даде таков венец. И навистина набргу над сопствената глава забележал ист таков венец. Утрото измрзнатите војници ги натовариле на кола и ги одвеле надвор од градот каде што ги запалиле.

The post Ни доаѓаат Младенци: Никако не смеете да заборавите на свеќите од венчавката appeared first on Република.

]]>

Во петок на 22 март се празнува празникот Четириесет Севастиски маченици – Младенци. Христијански обичај е во првата година од својот брак на 22 март младите да слават Младенци. На тој ден, во црква се носат свеќите од венчавката за да се догорат. Навечер обично доаѓаат најблиските за да честитаат. Во некои краишта на тој ден се оди на гости и во семејствата кои имаат новороденче. Празникот на пролетта 22 март младите брачни парови го празнуваат како свој ден, како ден на младоста, љубовта и убавината. Истиот ден Светата православна црква го празнува споменот на четириесетте војници од Севастија кои маченички загинале за христовата вера. Житијата за Светите четириесет маченици како и повеќето народни преданија за нив меѓусебно малку се разликуват, но во сите се зборува дека четириесетте војници од Севастија маченички загинале не откажувајќи се од христијанската вера. Во 320 година четириесет војници од еден полк во Севастија је одбиле наредбата да се поклонат пред римските идоли и да им принесат жртви. Кога изјавиле дека тоа го прават бидејќи веруваат во Исуса Христа најпрвин биле повикани кај градоначалникот и биле убедувани да се откажат од христијанството и да му се вратат на идолопоклонството, а кога тоа го одбиле биле затворени, мачени и изведени пред суд. Биле осудени цела ноќ да стојат во вода што смрзнува. Во близината имало бања со топла вода, а на војниците им било речено дека ако некој се предомисли и се откаже од Исуса Христа да појде во бањата каде што го чекаат топла вода и вкусни гозби. Но момчињата храбро ги издржувале страдањата, молејќи се на Исуса и меѓусебно храбрејќи се. Само еден од нив не можејќи да издржи во водата што смрзнувала тајно го напуштил базенот и се упатил кон бањата, но на самиот влез во неа починал. Ноќта сите стражари заспале, само еден останал буден. Во еден момент тој забележал светли венци над главите на војниците и бидејќи бил христијанин веднаш влегол во водата молејќи го Бога и нему да му даде таков венец. И навистина набргу над сопствената глава забележал ист таков венец. Утрото измрзнатите војници ги натовариле на кола и ги одвеле надвор од градот каде што ги запалиле.

The post Ни доаѓаат Младенци: Никако не смеете да заборавите на свеќите од венчавката appeared first on Република.

]]>
Нов тренд или измама: Онлајн палење свеќи на Света Гора за 100 евра https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/nov-trend-ili-izmama-onlajn-palene-sveki-na-sveta-gora-za-100-evra/ Sun, 23 Jul 2023 16:06:15 +0000 https://republika.mk/?p=664283

Дали знаете дека сега можете „онлајн“ да запалите свеќа на Света Гора? Ако од која било причина не можете да го посетите ова свето место, можете да го направите тоа преку виртуелниот свет.

Веб-страницата ATHOS.GUIDE, која припаѓа на непрофитната организација МЕТАМОРФОЗИС НПО, се појави на интернет со цел, како што велат, да го шири Божјото слово и да го промовира духовното и културното наследство на Света Гора.

Што всушност нуди оваа страница?

Преку онлајн формуларот можете да го изберете посакуваниот манастир и опцијата – палење свеќа за здравје (за живите) и спокој на душата (за покојникот). На ист начин, можете да завршите со испраќање белешка, односно список со имињата на вашите најблиски, живи и починати, на кои потоа им се читаат молитви во црквата по ваш избор, за здравје или упокојување.
Цената ситница-100 евра

The post Нов тренд или измама: Онлајн палење свеќи на Света Гора за 100 евра appeared first on Република.

]]>

Дали знаете дека сега можете „онлајн“ да запалите свеќа на Света Гора? Ако од која било причина не можете да го посетите ова свето место, можете да го направите тоа преку виртуелниот свет. Веб-страницата ATHOS.GUIDE, која припаѓа на непрофитната организација МЕТАМОРФОЗИС НПО, се појави на интернет со цел, како што велат, да го шири Божјото слово и да го промовира духовното и културното наследство на Света Гора.

Што всушност нуди оваа страница?

Преку онлајн формуларот можете да го изберете посакуваниот манастир и опцијата – палење свеќа за здравје (за живите) и спокој на душата (за покојникот). На ист начин, можете да завршите со испраќање белешка, односно список со имињата на вашите најблиски, живи и починати, на кои потоа им се читаат молитви во црквата по ваш избор, за здравје или упокојување. Цената ситница-100 евра

The post Нов тренд или измама: Онлајн палење свеќи на Света Гора за 100 евра appeared first on Република.

]]>
Швајцарските власти: Купете си свеќи и дрва https://republika.mk/vesti/svet/shvajcarskite-vlasti-kupete-si-svekji-i-drva/ Mon, 08 Aug 2022 20:26:33 +0000 https://republika.mk/?p=538123

Граѓаните на Швајцарија би требало да размислат за тоa дома да имаат свеќи за случај на повеќечасовен прекин на струјата.

Ова го порачува шефот на енергетскиот регулатор (Елком) Вернер Лугинбил за НЗЗ.

Во Швајцарија се подгортуваат за хаос во врска со струјата од есен, па на граѓаните им порачува дека в зима, мора да сметаат во најлош случај, дека струјата ќе биде исклучена.

Советувам да имате доволно свеќи во куќата. кој има печка на дрва, треба да има доволно дрва“, рече тој.

Укажа на тоа дека политиката на предупредувања „Елком“ последните години ја сфаќа несериозно.

Доколку дојде до недостаток на струја, швајцарските власти подготвија мерки, како што се намалување на уличното осветлување, гасење на осветлувањето во излозите, но и светлечките реклами.

Се разгледува и воведување забрана за користење уреди за правење снег, како и продажба на греалки на струја.

The post Швајцарските власти: Купете си свеќи и дрва appeared first on Република.

]]>

Граѓаните на Швајцарија би требало да размислат за тоa дома да имаат свеќи за случај на повеќечасовен прекин на струјата.
Ова го порачува шефот на енергетскиот регулатор (Елком) Вернер Лугинбил за НЗЗ. Во Швајцарија се подгортуваат за хаос во врска со струјата од есен, па на граѓаните им порачува дека в зима, мора да сметаат во најлош случај, дека струјата ќе биде исклучена. Советувам да имате доволно свеќи во куќата. кој има печка на дрва, треба да има доволно дрва“, рече тој. Укажа на тоа дека политиката на предупредувања „Елком“ последните години ја сфаќа несериозно. Доколку дојде до недостаток на струја, швајцарските власти подготвија мерки, како што се намалување на уличното осветлување, гасење на осветлувањето во излозите, но и светлечките реклами. Се разгледува и воведување забрана за користење уреди за правење снег, како и продажба на греалки на струја.

The post Швајцарските власти: Купете си свеќи и дрва appeared first on Република.

]]>
Да си набават свеќи: Швајцарскиот регулатор со порака го граѓаните https://republika.mk/vesti/svet/da-si-nabavat-svekji-shvajcarskiot-regulator-so-poraka-go-gragjanite/ Mon, 08 Aug 2022 13:01:40 +0000 https://republika.mk/?p=538015

Граѓаните на Швајцарија треба да набават свеќи за своите домови за случај на повеќечасовни прекини во испораката на електрична енергија, ја пренесува весникот „Noe Züricher Zeitung” изјавата на Вернер Лугинбил, шефот на националниот енергетскиот регулатор (Елком).

Во Швајцарија веќе за на есен се подготвуваат за проблеми во електроснабдувањето, а на граѓаните им се порачува да бидат подготвени за прекини во испораката во зимските денови.

„Ве советувам да имате доволно свеќи во куќата. Кој има шпорет на дрва, треба да има доволно дрва”, рече тој, посочувајќи дека предупредувањата на „Елком” изминатите години не биле примани доволно сериозно.

Доколку дојде до недостиг од струја, швајцарските власти подготвија мерки, како што се намалување на уличното осветлување, исклучување на осветлувањето на излозите и осветлените реклами.

Се размислува и за воведување забрана за употреба на уреди за правење снег, како и за продажба на електрични греалки.

The post Да си набават свеќи: Швајцарскиот регулатор со порака го граѓаните appeared first on Република.

]]>

Граѓаните на Швајцарија треба да набават свеќи за своите домови за случај на повеќечасовни прекини во испораката на електрична енергија, ја пренесува весникот „Noe Züricher Zeitung” изјавата на Вернер Лугинбил, шефот на националниот енергетскиот регулатор (Елком). Во Швајцарија веќе за на есен се подготвуваат за проблеми во електроснабдувањето, а на граѓаните им се порачува да бидат подготвени за прекини во испораката во зимските денови. „Ве советувам да имате доволно свеќи во куќата. Кој има шпорет на дрва, треба да има доволно дрва”, рече тој, посочувајќи дека предупредувањата на „Елком” изминатите години не биле примани доволно сериозно. Доколку дојде до недостиг од струја, швајцарските власти подготвија мерки, како што се намалување на уличното осветлување, исклучување на осветлувањето на излозите и осветлените реклами. Се размислува и за воведување забрана за употреба на уреди за правење снег, како и за продажба на електрични греалки.

The post Да си набават свеќи: Швајцарскиот регулатор со порака го граѓаните appeared first on Република.

]]>