свадба Archives - Република https://republika.mk/tema/svadba/ За подобро да се разбереме Mon, 04 Nov 2024 13:04:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png свадба Archives - Република https://republika.mk/tema/svadba/ 32 32 Човек паднал во Зоолошка по масовна тепачка на свадба на Калемегдан https://republika.mk/vesti/balkan/chovek-padnal-vo-zooloshka-po-masovna-tepachka-na-svadba-na-kalemegdan/ Mon, 04 Nov 2024 12:13:39 +0000 https://republika.mk/?p=833994

Свадбена веселба на белградската тврдина Калемегдан заврши со масовна тепачка и тешко повреден маж кој падна од голема висина, ни помалку ни повеќе - во Зоолошката градина.

Триесет и двегодишниот Е.К.  имал среќа да го преживее падот од таква височина (10 метри), а дополнителна среќа за него е што не паднал во кафез со животни.

Како што дознава српски „Блиц“, тој паднал во просторот на Зоолошката градина каде што нема животни, односно надвор од кафез.

Мажот се здобил со тешки физички повреди во вид на крварење на мозокот и скршеница на бутната коска и е во тешка состојба во болница. Наводно, на полицијата ѝ кажал дека не се сеќава на ништо и дека бил поднапиен.

Се започнало синоќа околу 21 часот и 30 минути кога 33-годишната А.С. и 33-годишниот Г.Д. (33) се скарале. Таа го удрила мажот со чаша по лицето, по што тој ѝ удрил шлаканица.

Тогаш настана општ хаос. Интервенираа и други гости, по што мораше да реагира и полицијата. Во текот на истрагата, полицијата забележала маж на просторот на Зоолошката градина, вели изворот на „Блиц“.

Мажот и жената кои се степале на свадбата се приведени и ќе одговараат за нарушување на јавниот ред и мир.

The post Човек паднал во Зоолошка по масовна тепачка на свадба на Калемегдан appeared first on Република.

]]>

Свадбена веселба на белградската тврдина Калемегдан заврши со масовна тепачка и тешко повреден маж кој падна од голема висина, ни помалку ни повеќе - во Зоолошката градина. Триесет и двегодишниот Е.К.  имал среќа да го преживее падот од таква височина (10 метри), а дополнителна среќа за него е што не паднал во кафез со животни. Како што дознава српски „Блиц“, тој паднал во просторот на Зоолошката градина каде што нема животни, односно надвор од кафез. Мажот се здобил со тешки физички повреди во вид на крварење на мозокот и скршеница на бутната коска и е во тешка состојба во болница. Наводно, на полицијата ѝ кажал дека не се сеќава на ништо и дека бил поднапиен. Се започнало синоќа околу 21 часот и 30 минути кога 33-годишната А.С. и 33-годишниот Г.Д. (33) се скарале. Таа го удрила мажот со чаша по лицето, по што тој ѝ удрил шлаканица.
Тогаш настана општ хаос. Интервенираа и други гости, по што мораше да реагира и полицијата. Во текот на истрагата, полицијата забележала маж на просторот на Зоолошката градина, вели изворот на „Блиц“.
Мажот и жената кои се степале на свадбата се приведени и ќе одговараат за нарушување на јавниот ред и мир.  

The post Човек паднал во Зоолошка по масовна тепачка на свадба на Калемегдан appeared first on Република.

]]>
Македонска свадба во Измир https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/makedonska-svadba-vo-izmir/ Fri, 13 Sep 2024 17:11:40 +0000 https://republika.mk/?p=816096

Македонска свадба во Измир, Турција

The post Македонска свадба во Измир appeared first on Република.

]]>

Македонска свадба во Измир, Турција

The post Македонска свадба во Измир appeared first on Република.

]]>
МВР со детали како поминувале свадбарските возила на „Блаце“, дисциплинска постапка за шест полициски службеници https://republika.mk/vesti/mvr-so-detali-kako-pominuvale-svadbarskite-vozila-na-blatse-distsiplinska-postapka-za-shest-politsiski-sluzhbenitsi/ Wed, 11 Sep 2024 11:37:44 +0000 https://republika.mk/?p=815358

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР го расчисти случајот од 17.08.2024 на граничниот премин „Долно Блаце“ при обезбедување на делегација на претседателот на Собранието, Африм Гаши, и по извршен увид во службените материјали, анализа на видео надзорот и извршени разговори со полициски службеници, поради сторена повреда на работниот ред и дисциплина утврдено во член 187 став 1 алинеја 10 од Законот за внатрешни работи, и член 210 став 1 алинеја 10 од Колективниот договор на МВР, од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе бидат изготвени предлози за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност против полициските службеници Н.Р., М.С., А.Б., Б.А, Н.Б. и Б.С., соопштија денеска од МВР.

ОВККИПС констатира дека, откако делегацијата, во која како носител се јавува претседателот на Собранието, ја поминува државната граница на граничниот премин Долно Блаце на лентата за Излез бр. 1, по неа поминуваат шест цивилни возила, кои во меѓу просторот на граничните премини се приклучуваат на делегацијата, без да се изврши контрола на патниците и возилата, а во одреден временски интервал сите ленти за излез од државата се затворени, при што во тој период од страна на Н.Б. (полициски службеник од обезбедувањето на претседателот на Собранието) и Б.А. (полициски службеник од ПС за ГП Долно Блаце), се извлекува возило кое е заглавено во лентата за Излез бр.3 и истото се насочува кон Излез бр.1 и возилото ја поминува граничната линија без да се изврши контрола на патниците и возилото. Утврдено е дека Н.Б. наместо да врши непосредно физичко обезбедување на претседателот на Собранието, врши дејствија на граничниот премин кај кабините за излез и царинските кабини, со кои овозможува цивилни возила да се приклучат кон делегацијата, како и да се даде приоритет цивилно возило да ја помине државната граница, соопштува МВР.

Потенцираат дека со наведените дејствија Н.Б. сторил потешко кршење на работниот ред и дисциплина предвидена во член 187 став 1 алинеја 3 и 4 од Законот за внатрешни работи и член 210 став 1 алинеја 3 и 4 од Колективниот договор на МВР. Исто така и Б.А. сторил потешко кршење на работниот ред и дисциплина предвидена во член 187 став 1 алинеја 3 и 4 од Законот за внатрешни работи и член 210 став 1 алинеја 3 и 4 од Колективниот договор на МВР.

Во однос на утврдување на неправилности во конкретниот настан, наместо да бидат преземени соодветни мерки од страна на главен инспектор М.С. во содејство со началникот на РЦ за ГР Север Н.Р., согласно дотогашните констатирани пропусти, не се преземени соодветни мерки туку е испратен акт со кој се задолжува командирот на ПС за ГП Долно Блаце да го доиспита целосно случајот и да преземе соодветни мерки. Со наведените дејствија М.С. сторила потешко кршење на работниот ред и дисциплина предвидена во член 187 став 1 алинеја 3 од Законот за внатрешни работи и член 210 став 1 алинеја 3 од Колективниот договор на МВР. Исто така, Н.Р., началник на РЦ за ГР Север сторил потешко кршење на работниот ред и дисциплина предвидена во член 187 став 1 алинеја 3 од Законот за внатрешни работи и член 210 став 1 алинеја 3 од Колективниот договор на МВР. Согласно описот и пописот на работните места, началникот на РЦ за ГР покрај другото, раководи, планира, ја организира и контролира работата на Регионалниот центар, велат од МВР.

Се потенцира дека патните исправи на претседателот на Собранието и членовите на неговото семејство, како и другите припадници на МВР кои требало да патуваат во странство, биле навремено доставени до раководителот на смена А.Б. заради соодветно евидентирање, но тоа не е сторено, односно лицата не се евидентирани.

Согласно описот и пописот на работни места, меѓу другото, раководителот на смена во Регионален центар за гранични работи, ја организира работата на службите по време и место, ги одредува приоритетите во работењето, се грижи за вршењето на квалитетна пасошка и друг вид контрола, врши контрола во работењето на полициските службеници и дежурната служба во полициската станица и непосредно е одговорен за нивната работа, координира и учествува во извршувањето на мерките и задачите кои се однесуваат на оперативното работење. Во конкретниот случај А.Б. постапил спротивно на чл. 8 (на граничниот премин, сите сервисни информации и секоја друга особено важна информација се регистрираат рачно или електронски во дневникот за настани) с.2 (Информацијата од став 1 на овој член ги содржи следните податоци) т.2 (секое пропуштање во режимот на гранични проверки) од Правилникот за начинот на извршување на граничните проверки и граничен надзор со што сторил потешка повреда на работниот ред и дисциплина утврдена со член 187 став 1 алинеја 3 и 10 од Законот за внатрешни работи и член 210 став 1 алинеја 3 и 10 од Колективниот договор на МВР, велат од македонската полиција.

За Б.С. е утврдено дека тој, како одговорен за обезбедување во планот за зајакнати мерки и активности од втор степен по повод делегација предводена од претседателот на Собранието, согласно планот, кој тој го изготвил и од истиот има обврска да презема мерки, не е на работа и не бил предвиден да биде на работа за време на поминувањето на делегацијата, при што од самото тоа произлегува дека планот е изготвен површно и несовесно. Со наведените дејствија сторил потешко кршење на работниот ред и дисциплина предвидена во член 187 став 1 алинеја 3 од Законот за внатрешни работи и член 210 став 1 алинеја 3 од Колективниот договор на МВР.

The post МВР со детали како поминувале свадбарските возила на „Блаце“, дисциплинска постапка за шест полициски службеници appeared first on Република.

50 години од последната свадба во село Гари https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/50-godini-od-poslednata-svadba-vo-selo-gari/ Wed, 28 Aug 2024 12:48:37 +0000 https://republika.mk/?p=810871

За некого може 50 години се многу, но за Љупчо и Софка  Стефановски половината век, како што велат самите минал со брзина на трепкање на окото.

Не пречекуваат во дворот на нивната куќа во Гари, двајцата насмеани и гостопримливи.. опкружени со петте внучиња од двата сина Мартин, Андреа, Павел, Марија, додека  Софка ја држи во рака најмалата  Бисера…

По 50 години заеднички живот Љупчо и Софка не  само  што си ги надополнуваат речениците што другиот ги кажува, туку на моменти во исто време исти зборови употребуваат.

Свадбата во Гари ја направивме најмногу на инсистирање на родителите на Љупчо. Ним им беше посебен мерак и ние прифативме, а демек бевме модерни во 1974 па како млади велевме во Скопје сакаме повеќе да се одржи веселбата. Но тоа што го доживеавме во Гари никогаш неможе да се заборави – вели Софка.

И по 15 години неодржување на ниту една, таа 1974 година на празникот Голема Богородица во Гари повторно свадба. Повторно голема, со над 700 сватови; А Таа традиционално започнува со канење на мртвите со Езгија, продолжува со бричење на зетот па одење по невестата и одржување на сите  мијачки обичаи како што е редот.

Свечената венчавка се одржала во гарскиот храм Црквата Пресвета Богоровица, а  чинот го водел  Протоереј Ефтим.

И  топнале мајовци со своите топани, се слушнал пискотот на зурлите. Гари е живо и радосно, му се случуват свадба. И во тоа време некој донел камера за снимање која работела на струја, па морало да се влече и да се продолжува струен кабел долг безмалку 600 метри. Е зошто толку долг? За да се долови моментот на пречекување на гости на влезот во селото, на Клаенец, на изворот кој до ден дене на гарци и на добронамерниците прв им посакува добредојде. Снимениот филм од камерата... Е тој се развивал во Венеција, со помош на роднини и пријатели.

Знаеш дека од многу луѓе, вели Љупчо со некои дури и неможевме да се поздравиме на свадбата. Ама беше преубаво, беше гордо, јас бев горд. Се женам со онаа што ја сакам, а на гости, на свадба ни дошло цело село. И уште сум горд, на моите два сина, на снаите, на внуците кои знаат да почитуваат вредности и семејство.

Сеуште во куќата на Стефановски постои еден долап со старини, а меѓу нив и стомна со која невестата Софка била на вода на Клаенец како дел од свадбарскиот гарски адет, но и мало бокалче со шест чаши поклон од свадбата. Забележувам во долапот хартии грижливо ставени во фолија.  Ми кажуваат дека тоа се телеграми испратени од  Америка, Канада  и од Белград. Роднини им честитаат на младенците.

Поради младите генерации ги прашуваме „златните“ Софка и Љупчо дали се поткарувале, дали било критично?? Двајцата велат во ист глас НЕ!! Се погледнуваат и велат повторно во ист глас и сега се поткаруваме, ама па еден без друг неможеме. „галиба и тоа се велит љубов“ – во смеење вели Софка.

На муабетите им нема крај.. двајцата разговорливи „младоженци“ со 50 годишен стаж ги оставаме онака како што ги најдовме, насмеани и весели, рекоа 50 – та ќе ја слават дома, со поколенијата. Дома во Гари, бидејќи секој гарец кога доаѓа во селото макар и на викенд вели „одам до дома“.

И да се зноет! За последната гарска свадба во тоа време 1974 –та  на насловна страна објавил големиот „Вечер“, а пишувало и во „Нова Македонија“.

The post 50 години од последната свадба во село Гари appeared first on Република.

]]>

За некого може 50 години се многу, но за Љупчо и Софка  Стефановски половината век, како што велат самите минал со брзина на трепкање на окото. Не пречекуваат во дворот на нивната куќа во Гари, двајцата насмеани и гостопримливи.. опкружени со петте внучиња од двата сина Мартин, Андреа, Павел, Марија, додека  Софка ја држи во рака најмалата  Бисера… По 50 години заеднички живот Љупчо и Софка не  само  што си ги надополнуваат речениците што другиот ги кажува, туку на моменти во исто време исти зборови употребуваат.
Свадбата во Гари ја направивме најмногу на инсистирање на родителите на Љупчо. Ним им беше посебен мерак и ние прифативме, а демек бевме модерни во 1974 па како млади велевме во Скопје сакаме повеќе да се одржи веселбата. Но тоа што го доживеавме во Гари никогаш неможе да се заборави – вели Софка.
И по 15 години неодржување на ниту една, таа 1974 година на празникот Голема Богородица во Гари повторно свадба. Повторно голема, со над 700 сватови; А Таа традиционално започнува со канење на мртвите со Езгија, продолжува со бричење на зетот па одење по невестата и одржување на сите  мијачки обичаи како што е редот. Свечената венчавка се одржала во гарскиот храм Црквата Пресвета Богоровица, а  чинот го водел  Протоереј Ефтим. И  топнале мајовци со своите топани, се слушнал пискотот на зурлите. Гари е живо и радосно, му се случуват свадба. И во тоа време некој донел камера за снимање која работела на струја, па морало да се влече и да се продолжува струен кабел долг безмалку 600 метри. Е зошто толку долг? За да се долови моментот на пречекување на гости на влезот во селото, на Клаенец, на изворот кој до ден дене на гарци и на добронамерниците прв им посакува добредојде. Снимениот филм од камерата... Е тој се развивал во Венеција, со помош на роднини и пријатели.
Знаеш дека од многу луѓе, вели Љупчо со некои дури и неможевме да се поздравиме на свадбата. Ама беше преубаво, беше гордо, јас бев горд. Се женам со онаа што ја сакам, а на гости, на свадба ни дошло цело село. И уште сум горд, на моите два сина, на снаите, на внуците кои знаат да почитуваат вредности и семејство.
Сеуште во куќата на Стефановски постои еден долап со старини, а меѓу нив и стомна со која невестата Софка била на вода на Клаенец како дел од свадбарскиот гарски адет, но и мало бокалче со шест чаши поклон од свадбата. Забележувам во долапот хартии грижливо ставени во фолија.  Ми кажуваат дека тоа се телеграми испратени од  Америка, Канада  и од Белград. Роднини им честитаат на младенците. Поради младите генерации ги прашуваме „златните“ Софка и Љупчо дали се поткарувале, дали било критично?? Двајцата велат во ист глас НЕ!! Се погледнуваат и велат повторно во ист глас и сега се поткаруваме, ама па еден без друг неможеме. „галиба и тоа се велит љубов“ – во смеење вели Софка. На муабетите им нема крај.. двајцата разговорливи „младоженци“ со 50 годишен стаж ги оставаме онака како што ги најдовме, насмеани и весели, рекоа 50 – та ќе ја слават дома, со поколенијата. Дома во Гари, бидејќи секој гарец кога доаѓа во селото макар и на викенд вели „одам до дома“. И да се зноет! За последната гарска свадба во тоа време 1974 –та  на насловна страна објавил големиот „Вечер“, а пишувало и во „Нова Македонија“.  

The post 50 години од последната свадба во село Гари appeared first on Република.

]]>
Тошковски: Раководителот на смена ќе одговара за сите пропусти утврдени при поминувањето на границата на Гаши и придружбата https://republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-rakovoditelot-na-smena-ke-odgovara-za-site-propusti-utvrdeni-pri-pominuvaneto-na-granitsata-na-gashi-i-pridruzhbata/ Tue, 20 Aug 2024 12:11:44 +0000 https://republika.mk/?p=808301

Во врска со настанот поврзан со патувањето во Косово на претседателот на Собранието Африм Гаши, Министерството за внатрешни работи во последните три дена изврши интензивни проверки кои вклучуваат преглед на камерите на граничниот премин Блаце, увид во евиденција на системот за контрола на патници и возила и евиденција во книгите на настани и процедури на граничниот премин, соопшти предмалку министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Како што објавува тој, утврдено е дека планот за патување на претседателот Гаши е уредно најавен и заведен во евидентните книги по претходно известување од Министерството за надворешни работи од 16.08.2024 година.

Во известувањето покрај претседателот на Собрание, опфатени се и членовите на неговото семејство, членови на обезбедувањето и три полициски службени возила.

Граничниот премин на 18.08.2024г. во период од 18:40 часот до 18:42 часот го поминале шест возила под полициска придружба од кои три полициски и едно ВИП возило.

Праксата на работењето на граничниот премин во поглед на преземање на зајакнати мерки и активности за обезбедување на делегација, поради недоволен број на сообраќајни ленти, значи во моментот на поминување на делегацијата со цел обезбедување на простор без други возила, гранични проверки да се вршат со попуштен режим согласно со член 17 од Законот за гранична контрола, како што се одвивало и во овој случај и траело многу кратко време.
Со извршените контроли во Системот за контрола на патници и возила утврдено е дека носителот на делегацијата, како и членовите на неговото семејство кои биле најавени дека ќе остварат излез, не евидентираат во системот за контрола на патници и возила.
Исто така констатирано е дека не е целосно запазена процедурата на евидентирање на сите лица и патници кои поминуваат на граничниот премин во системот за контрола на патници и возила.
За утврдените пропусти во работењето од страна на Регионалниот центар за гранични работи Север кон раководителот на смена на граничниот премин ќе бидат преземени соодветни мерки за утврдување на одговорност согласно Колективниот договор на МВР.
Она што е важно и кон што се стреми Министерството за внатрешни работи е законите да важат за сите исто. За секоја активност која не е во рамки на пропишаните законски и работни процедури мора да има конкретна индивидуална одговорност. Навистина поминаа времињата кога беше нормално полициски службеник заштитен од корумпирана власт да се впушта во активности кои ги надминуваат неговите законски овластувања и обврски. Никој не е, и не може да биде над законот.
Уште еднаш апелирам до сите полициски службеници да работат согласно законите и правилата и да ја одбијат секоја незаконска наредба или непринципиелно барање од било кого, соопшти Тошковски.

The post Тошковски: Раководителот на смена ќе одговара за сите пропусти утврдени при поминувањето на границата на Гаши и придружбата appeared first on Република.

]]>

Во врска со настанот поврзан со патувањето во Косово на претседателот на Собранието Африм Гаши, Министерството за внатрешни работи во последните три дена изврши интензивни проверки кои вклучуваат преглед на камерите на граничниот премин Блаце, увид во евиденција на системот за контрола на патници и возила и евиденција во книгите на настани и процедури на граничниот премин, соопшти предмалку министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Како што објавува тој, утврдено е дека планот за патување на претседателот Гаши е уредно најавен и заведен во евидентните книги по претходно известување од Министерството за надворешни работи од 16.08.2024 година. Во известувањето покрај претседателот на Собрание, опфатени се и членовите на неговото семејство, членови на обезбедувањето и три полициски службени возила. Граничниот премин на 18.08.2024г. во период од 18:40 часот до 18:42 часот го поминале шест возила под полициска придружба од кои три полициски и едно ВИП возило.
Праксата на работењето на граничниот премин во поглед на преземање на зајакнати мерки и активности за обезбедување на делегација, поради недоволен број на сообраќајни ленти, значи во моментот на поминување на делегацијата со цел обезбедување на простор без други возила, гранични проверки да се вршат со попуштен режим согласно со член 17 од Законот за гранична контрола, како што се одвивало и во овој случај и траело многу кратко време. Со извршените контроли во Системот за контрола на патници и возила утврдено е дека носителот на делегацијата, како и членовите на неговото семејство кои биле најавени дека ќе остварат излез, не евидентираат во системот за контрола на патници и возила. Исто така констатирано е дека не е целосно запазена процедурата на евидентирање на сите лица и патници кои поминуваат на граничниот премин во системот за контрола на патници и возила. За утврдените пропусти во работењето од страна на Регионалниот центар за гранични работи Север кон раководителот на смена на граничниот премин ќе бидат преземени соодветни мерки за утврдување на одговорност согласно Колективниот договор на МВР. Она што е важно и кон што се стреми Министерството за внатрешни работи е законите да важат за сите исто. За секоја активност која не е во рамки на пропишаните законски и работни процедури мора да има конкретна индивидуална одговорност. Навистина поминаа времињата кога беше нормално полициски службеник заштитен од корумпирана власт да се впушта во активности кои ги надминуваат неговите законски овластувања и обврски. Никој не е, и не може да биде над законот. Уште еднаш апелирам до сите полициски службеници да работат согласно законите и правилата и да ја одбијат секоја незаконска наредба или непринципиелно барање од било кого, соопшти Тошковски.

The post Тошковски: Раководителот на смена ќе одговара за сите пропусти утврдени при поминувањето на границата на Гаши и придружбата appeared first on Република.

]]>
Гаши го води орото: Весело на косовската свадба каде што беше собранискиот спикер https://republika.mk/vesti/makedonija/gashi-go-vodi-oroto-veselo-na-kosovskata-svadba-kade-shto-beshe-sobraniskiot-spiker/ Tue, 20 Aug 2024 11:55:55 +0000 https://republika.mk/?p=808242

ТВ Клан објави видео од свадбата на која присуствуваше собранискиот спикер Африм Гаши во Косово.

Снимката е објавена на социјалните мрежи, а може да се забележи дека Гаши доби посебна покана за да го поведе орото.

Претходно, објавена беше снимка на која се гледа дека тој на свадбата е со службено возило и обезбедување. Токму тие снимки беа причина опозицијата деновиве да го критикува Гаши. За владејачкото мнозинство, самата позиција на Гаши е проследена со задолжителен протокол и постојана придружба.

The post Гаши го води орото: Весело на косовската свадба каде што беше собранискиот спикер appeared first on Република.

]]>

ТВ Клан објави видео од свадбата на која присуствуваше собранискиот спикер Африм Гаши во Косово. Снимката е објавена на социјалните мрежи, а може да се забележи дека Гаши доби посебна покана за да го поведе орото. Претходно, објавена беше снимка на која се гледа дека тој на свадбата е со службено возило и обезбедување. Токму тие снимки беа причина опозицијата деновиве да го критикува Гаши. За владејачкото мнозинство, самата позиција на Гаши е проследена со задолжителен протокол и постојана придружба.

The post Гаши го води орото: Весело на косовската свадба каде што беше собранискиот спикер appeared first on Република.

]]>
Го понела атмосферата: Жител на Синѓелиќ пукал на семејна веселба https://republika.mk/vesti/crna-hronika/go-ponela-atmosferata-zhitel-na-singelik-pukal-na-semejna-veselba/ Wed, 31 Jul 2024 18:29:45 +0000 https://republika.mk/?p=802085

По добиени информации дека вработен во Полициското одделение Петровец при СВР Скопје извршил кривично дело „предизвикување општа опасност“, пукајќи на веселба во дворот од својот дом, полицијата денеска извршила претрес во домот на полицискиот службеник В. И. во скопското село Синѓелиќ.

При претресот, како што соопшти МВР, е пронајдена пушка „хуглу“ модел ХР 7, користена при кривичното дело и пиштол за светлосно звучна сигнализација „екол“, кои ги поседува со дозвола и потврда за поседување на овој вид оружје.

- Известен е јавен обвинител од ОЈО Скопје, а В.И. е лишен од слобода. По насоки од јавен обвинител, против В.И. ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, се наведува во соопштението

The post Го понела атмосферата: Жител на Синѓелиќ пукал на семејна веселба appeared first on Република.

]]>

По добиени информации дека вработен во Полициското одделение Петровец при СВР Скопје извршил кривично дело „предизвикување општа опасност“, пукајќи на веселба во дворот од својот дом, полицијата денеска извршила претрес во домот на полицискиот службеник В. И. во скопското село Синѓелиќ. При претресот, како што соопшти МВР, е пронајдена пушка „хуглу“ модел ХР 7, користена при кривичното дело и пиштол за светлосно звучна сигнализација „екол“, кои ги поседува со дозвола и потврда за поседување на овој вид оружје. - Известен е јавен обвинител од ОЈО Скопје, а В.И. е лишен од слобода. По насоки од јавен обвинител, против В.И. ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, се наведува во соопштението

The post Го понела атмосферата: Жител на Синѓелиќ пукал на семејна веселба appeared first on Република.

]]>
Малолетничка и уште две лица тешко повредени од пукање на свадба во Зајас https://republika.mk/vesti/crna-hronika/maloletnichka-i-ushte-dve-litsa-teshko-povredeni-od-pukane-na-svadba-vo-zajas/ Sun, 28 Jul 2024 16:02:30 +0000 https://republika.mk/?p=801109

Малолетничка и уште две други лица биле тешко повредени во пукање што се случило во кичевското село Зајас на семејна веселба. Пукањето се случило ноќеска во три часот по полноќ, кога четириесет и шестгодишниот Б.У. од кичевското село Бачишта, кој бил на привремена работа во Австрија, од огнено оружје истрелал повеќе кушуми во воздух. Дел од нив завршиле во телата на девојчето и други две лица.

-Тој, претходно, на семејна веселба во истото село неовластено испукал повеќе куршуми од пиштол „Смит и Весон“, сопственост на неговиот татко Р.У.(64) од истото село, кој го поседувал со дозвола. Притоа, Е.Е.(33), М.Р.(57) и една малолетничка, сите од селото Бачишта, кои биле на веселбата, се здобиле со повреди и биле пренесени во Итната медицинска помош во Кичево, каде им биле констатирани тешки телесни повреди. Од Р.У. бил одземен пиштолот и 300 куршуми, кои ги поседувал со дозвола, соопшти МВР.

Пукачот е проведен и по целосно документирање на случајот, кичевската полиција ќе поднесе пријави.

The post Малолетничка и уште две лица тешко повредени од пукање на свадба во Зајас appeared first on Република.

Инцидент во Зајас: Пукал со пиштол на семејна веселба, ранил три лица, меѓу кои и дете https://republika.mk/vesti/crna-hronika/intsident-vo-zajas-pukal-so-pishtol-na-semejna-veselba-ranil-tri-litsa-megu-koi-i-dete/ Sun, 28 Jul 2024 14:17:25 +0000 https://republika.mk/?p=801050

На 28.07.2024 во 03.00 часот, полициски службеници од полициското одделение во кичевското село Зајас го лишија од слобода Б.У.(46) од кичевското село Бачишта, на привремена работа во Австрија. Тој, претходно, на семејна веселба во истото село неовластено испукал повеќе куршуми од пиштол „Смит и Весон“, сопственост на неговиот татко Р.У.(64) од истото село, кој го поседувал со дозвола. Притоа, Е.Е.(33), М.Р.(57) и една малолетничка, сите од селото Бачишта, кои биле на веселбата, се здобиле со повреди и биле пренесени во Итната медицинска помош во Кичево, каде им биле констатирани тешки телесни повреди. Од Р.У. бил одземен пиштолот и 300 куршуми, кои ги поседувал со дозвола. По целосно документирање на настанот, ОВР Кичево ќе поднесе соодветни пријави.

The post Инцидент во Зајас: Пукал со пиштол на семејна веселба, ранил три лица, меѓу кои и дете appeared first on Република.

Младоженци им испратиле сметка на сите гости кои не им дошле на свадба https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/mladozhentsi-im-ispratile-smetka-na-site-gosti-koi-ne-im-doshle-na-svadba/ Sun, 07 Jul 2024 15:30:35 +0000 https://republika.mk/?p=793348

Младоженци им испратиле сметка на сите гости кои кажале дека ќе присуствуваат, но на крај не дошле на свадбената веселба. Овој потег на Даг Симонс и Дедра Мекги, споделен на социјалните мрежи, верувале или не, наиде на позитивни коментари.

Сите гости кои не дошле на свадбата добиле мејл во кој имало сметка со сума од 120 долари по човек во која се објаснува дека тоа е „казна“ за местото што го платиле, а гостите не се појавиле, ниту пак однапред известиле дека не би дошле.

Го потврдивте присуството на свадбата, а потоа не се појавивте. Ние ги плативме вашите порции однапред. Кажете ни кој начин на плаќање ви одговара, ви благодариме, пишува во нивниот мејл.

The post Младоженци им испратиле сметка на сите гости кои не им дошле на свадба appeared first on Република.

]]>

Младоженци им испратиле сметка на сите гости кои кажале дека ќе присуствуваат, но на крај не дошле на свадбената веселба. Овој потег на Даг Симонс и Дедра Мекги, споделен на социјалните мрежи, верувале или не, наиде на позитивни коментари. Сите гости кои не дошле на свадбата добиле мејл во кој имало сметка со сума од 120 долари по човек во која се објаснува дека тоа е „казна“ за местото што го платиле, а гостите не се појавиле, ниту пак однапред известиле дека не би дошле.
Го потврдивте присуството на свадбата, а потоа не се појавивте. Ние ги плативме вашите порции однапред. Кажете ни кој начин на плаќање ви одговара, ви благодариме, пишува во нивниот мејл.

The post Младоженци им испратиле сметка на сите гости кои не им дошле на свадба appeared first on Република.

]]>
Крвава свадба во Франција, маскирани напаѓачи убиле момче https://republika.mk/vesti/svet/krvava-svadba-vo-frantsija-maskirani-napagachi-ubile-momche/ Sun, 30 Jun 2024 19:05:52 +0000 https://republika.mk/?p=792221

Пукање на свадба рано утрово ја потресе Франција.

Едно лице загина, а пет се повредени, јави телевизијата Франс инфо, повикувајќи се на истражителите.

Еден млад човек загина, а петмина се повредени, од кои некои се во критична состојба. Бремената жена била полесно повредена и била во шок, објави локалниот весник Le Républicain Lorrain.

Кога пристигнала брзата помош, напаѓачите веќе побегнале.

Околу 100 луѓе славеле во свадбена сала во градот Тионвил, во регионот на Лорен, во близина на германско-луксембуршката граница, кога тројца маскирани напаѓачи отвориле оган со две автоматски пушки и сачмарка, пишува France Info.

Напаѓачите пристигнале со теренско возило околу 1 часот по полноќ и прво застрелале три лица пред салата за танцување, каде припадниците на турската заедница славеле свадба, се вели во соопштението.

Мотивот за нападот не е јасен.

The post Крвава свадба во Франција, маскирани напаѓачи убиле момче appeared first on Република.

]]>

Пукање на свадба рано утрово ја потресе Франција. Едно лице загина, а пет се повредени, јави телевизијата Франс инфо, повикувајќи се на истражителите. Еден млад човек загина, а петмина се повредени, од кои некои се во критична состојба. Бремената жена била полесно повредена и била во шок, објави локалниот весник Le Républicain Lorrain. Кога пристигнала брзата помош, напаѓачите веќе побегнале. Околу 100 луѓе славеле во свадбена сала во градот Тионвил, во регионот на Лорен, во близина на германско-луксембуршката граница, кога тројца маскирани напаѓачи отвориле оган со две автоматски пушки и сачмарка, пишува France Info. Напаѓачите пристигнале со теренско возило околу 1 часот по полноќ и прво застрелале три лица пред салата за танцување, каде припадниците на турската заедница славеле свадба, се вели во соопштението. Мотивот за нападот не е јасен.  

The post Крвава свадба во Франција, маскирани напаѓачи убиле момче appeared first on Република.

]]>
Пукна брука: Младоженец на сред свадба пушти експлицитна снимка од невестата https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/pukna-bruka-mladozhenets-na-sred-svadba-pushti-eksplitsitna-snimka-od-nevestata/ Tue, 18 Jun 2024 09:12:40 +0000 https://republika.mk/?p=788648

Иако да се биде изневерен не е убаво чувство, еден младоженец успеал да и се одмазди на неверната партнерка на најлош можен начин.
Пред венчавката дознал дека свршеницата го изневерувала со својот зет, сопруг на сестра и, која тогаш била бремена, и добил експлицитна снимка од нив, на која се гледа како водат љубов.
Изневерениот младоженец ја чекал венчавката да го пушти видеото пред сите и така ја осрамотил.
Шокантната снимка е од 2019 година, но неодамна повторно се појави на Тикток, откако еден корисник повторно ја поставил.

@koolprince33 Cheating bride #chinese #chinestiktok #usa #worldtiktok #vira ♬ original sound - Kool Prince

The post Пукна брука: Младоженец на сред свадба пушти експлицитна снимка од невестата appeared first on Република.

]]>

Иако да се биде изневерен не е убаво чувство, еден младоженец успеал да и се одмазди на неверната партнерка на најлош можен начин. Пред венчавката дознал дека свршеницата го изневерувала со својот зет, сопруг на сестра и, која тогаш била бремена, и добил експлицитна снимка од нив, на која се гледа како водат љубов. Изневерениот младоженец ја чекал венчавката да го пушти видеото пред сите и така ја осрамотил. Шокантната снимка е од 2019 година, но неодамна повторно се појави на Тикток, откако еден корисник повторно ја поставил.
@koolprince33 Cheating bride #chinese #chinestiktok #usa #worldtiktok #vira ♬ original sound - Kool Prince

The post Пукна брука: Младоженец на сред свадба пушти експлицитна снимка од невестата appeared first on Република.

]]>
На Мајски оперски вечери гостува словенечкиот камерен музички театар со „Свадба“ https://republika.mk/vesti/kultura/na-majski-operski-vecheri-gostuva-slovenechkiot-kameren-muzichki-teatar-so-svadba/ Tue, 28 May 2024 08:39:45 +0000 https://republika.mk/?p=782279

На сцената на НОБ вечер во рамките на 52. издание на „Мајски оперски вечери“ ќе гостува Словенечкиот камерен музички театар од Љубљана со камерната опера „Свадба“ од Ана Соколовиќ под диригентската палка на Јелена Шасник, во режија на Андреј Јус.

Сценографијата е на Јаро Јеше, костимографијата на Маја Сотошек, а во главните улоги настапуваат: сопраните Штефица Грасели, Тереза Плут и Катја Конвалинка, и мецосопраните Ирена Јебуах Тиран, Барбара Јернејчиќ и Ања Земљариќ.

„Свадба“ е камерна опера на српски јазик за шест женски гласови, А капела и повремена придружба на ударни инструменти во изведба на самите пејачи. Музиката и либретото се напишани од Ана Соколовиќ, српска композиторка која живее во Канада. Дејството на операта се случува вечерта пред свадбата на Милица, млада девојка која со другарките го слави заминувањето во брачниот дом. Делото, премиерно беше прикажано во 2011 година во Торонто, а оттогаш редовно се изведува на многу сцени ширум светот.

The post На Мајски оперски вечери гостува словенечкиот камерен музички театар со „Свадба“ appeared first on Република.

]]>

На сцената на НОБ вечер во рамките на 52. издание на „Мајски оперски вечери“ ќе гостува Словенечкиот камерен музички театар од Љубљана со камерната опера „Свадба“ од Ана Соколовиќ под диригентската палка на Јелена Шасник, во режија на Андреј Јус. Сценографијата е на Јаро Јеше, костимографијата на Маја Сотошек, а во главните улоги настапуваат: сопраните Штефица Грасели, Тереза Плут и Катја Конвалинка, и мецосопраните Ирена Јебуах Тиран, Барбара Јернејчиќ и Ања Земљариќ. „Свадба“ е камерна опера на српски јазик за шест женски гласови, А капела и повремена придружба на ударни инструменти во изведба на самите пејачи. Музиката и либретото се напишани од Ана Соколовиќ, српска композиторка која живее во Канада. Дејството на операта се случува вечерта пред свадбата на Милица, млада девојка која со другарките го слави заминувањето во брачниот дом. Делото, премиерно беше прикажано во 2011 година во Торонто, а оттогаш редовно се изведува на многу сцени ширум светот.

The post На Мајски оперски вечери гостува словенечкиот камерен музички театар со „Свадба“ appeared first on Република.

]]>
Фановите во шок: На годишнината од венчавката на Кејт и Вилијам, објавена црно-бела фотографија од свадбата https://republika.mk/zivot/semejstvo/fanovite-vo-shok-na-godishninata-od-venchavkata-na-kejt-i-vilijam-objavena-tsrno-bela-fotografija-od-svadbata/ Mon, 29 Apr 2024 16:44:55 +0000 https://republika.mk/?p=772308

Принцезата и принцот од Велс Кејт Мидлтон и Вилијам денеска ја слават 13-годишнината од бракот. Оваа убава пригода дојде во тежок момент за целото семејство. Љубовта на славните сопружници е особено на испит откако беше откриено дека принцезата има рак и влезе во процес на лекување.

И со оваа тажна симболика на бројот 13, Кејт и Вилијам покажаа дека нивниот брак е силен. Имено, тие на својот официјален профил на социјалните мрежи објавија досега невидена фотографија од нивната гламурозна венчавка која ја следеше цел свет.

Младенците се смешкаат на оваа објава, полни со ентузијазам за се што им носи иднината. Обожавателите се воодушевени од оваа објава бидејќи со недели ја чекаат судбината на саканата принцеза.

Но, имаше и такви кои во коментар велат дека фотографијата е црно-бела и дека симболиката е мрачна знаејќи дека Кејт се бори за закрепнување.

– Зошто црно-бела фотографија?

– Се шокирав кога ја видов црната боја, таа навестува лоши работи.

– Зарем не можеше да има посреќна фотографија?

– Црно-белите фотографии не се објавуваат освен ако некој не умрел – ова се само дел од бројните коментари.

The post Фановите во шок: На годишнината од венчавката на Кејт и Вилијам, објавена црно-бела фотографија од свадбата appeared first on Република.

]]>

Принцезата и принцот од Велс Кејт Мидлтон и Вилијам денеска ја слават 13-годишнината од бракот. Оваа убава пригода дојде во тежок момент за целото семејство. Љубовта на славните сопружници е особено на испит откако беше откриено дека принцезата има рак и влезе во процес на лекување. И со оваа тажна симболика на бројот 13, Кејт и Вилијам покажаа дека нивниот брак е силен. Имено, тие на својот официјален профил на социјалните мрежи објавија досега невидена фотографија од нивната гламурозна венчавка која ја следеше цел свет. Младенците се смешкаат на оваа објава, полни со ентузијазам за се што им носи иднината. Обожавателите се воодушевени од оваа објава бидејќи со недели ја чекаат судбината на саканата принцеза. Но, имаше и такви кои во коментар велат дека фотографијата е црно-бела и дека симболиката е мрачна знаејќи дека Кејт се бори за закрепнување. – Зошто црно-бела фотографија? – Се шокирав кога ја видов црната боја, таа навестува лоши работи. – Зарем не можеше да има посреќна фотографија? – Црно-белите фотографии не се објавуваат освен ако некој не умрел – ова се само дел од бројните коментари.  

The post Фановите во шок: На годишнината од венчавката на Кејт и Вилијам, објавена црно-бела фотографија од свадбата appeared first on Република.

]]>
Лидерот на Сириза подготвува грчка свадба со партнерот https://republika.mk/vesti/balkan/liderot-na-siriza-podgotvuva-grchka-svadba-so-partnerot/ Fri, 01 Mar 2024 17:36:03 +0000 https://republika.mk/?p=750171

По изгласувањето на законот за истополовите бракови, лидерот на грчката опозициска партија СИРИЗА Стефанос Каселакис и неговиот сопруг Тајлер Макбет на лето ќе склучат брак и во Грција, откако претходно, во октомври минатата година тоа го сторија во САД, јави дописничката на МИА од Атина.

Во интервју за грчката телевизија „Стар“, Макбет истакна дека легализацијата на истополовите бракови во Грција е „одличен чекор во вистинската насока за земјата“.

Секако, има уште работи што треба да се покријат, односно законот не беше особено опфатен, како на пример, за правата на трансродовите лица. Но, во однос на напредокот во смисла на еднаквоста мислам дека е одлична можност. Во однос на сценариото за стапување во брак на лето, одговорот е да. Размислуваме за тоа, ќе го сториме тоа овде, во Грција, следново лето, откри Макбет.

За идните планови со Каселакис објасни дека нивната цел е да имаме постојан дом во Грција на долг рок.

Парот е во брак од средината на октомври склучен во САД каде што и живееја Каселакис и Макбет пред лидерот на СИРИЗА да ја достави кандидатурата за претседател на најголемата грчка опозициска партија, по што се преселија во Атина.

Грција минатиот месец со широко мнозинство во Парламентот го легализираше бракот на истополови парови.

Лидерот на СИРИЗА отворено говори за неговата сексуална ориентација, нешто што го спомена и во видеото кога ја објави кандидатурата за претседател на партијата, додека пак неговиот партнер Тајлер е постојано со него.

The post Лидерот на Сириза подготвува грчка свадба со партнерот appeared first on Република.

]]>

По изгласувањето на законот за истополовите бракови, лидерот на грчката опозициска партија СИРИЗА Стефанос Каселакис и неговиот сопруг Тајлер Макбет на лето ќе склучат брак и во Грција, откако претходно, во октомври минатата година тоа го сторија во САД, јави дописничката на МИА од Атина. Во интервју за грчката телевизија „Стар“, Макбет истакна дека легализацијата на истополовите бракови во Грција е „одличен чекор во вистинската насока за земјата“.
Секако, има уште работи што треба да се покријат, односно законот не беше особено опфатен, како на пример, за правата на трансродовите лица. Но, во однос на напредокот во смисла на еднаквоста мислам дека е одлична можност. Во однос на сценариото за стапување во брак на лето, одговорот е да. Размислуваме за тоа, ќе го сториме тоа овде, во Грција, следново лето, откри Макбет.
За идните планови со Каселакис објасни дека нивната цел е да имаме постојан дом во Грција на долг рок. Парот е во брак од средината на октомври склучен во САД каде што и живееја Каселакис и Макбет пред лидерот на СИРИЗА да ја достави кандидатурата за претседател на најголемата грчка опозициска партија, по што се преселија во Атина. Грција минатиот месец со широко мнозинство во Парламентот го легализираше бракот на истополови парови. Лидерот на СИРИЗА отворено говори за неговата сексуална ориентација, нешто што го спомена и во видеото кога ја објави кандидатурата за претседател на партијата, додека пак неговиот партнер Тајлер е постојано со него.

The post Лидерот на Сириза подготвува грчка свадба со партнерот appeared first on Република.

]]>
Се верува дека ова е најлошиот датум за свадба во 2024 година! https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/se-veruva-deka-ova-e-najloshiot-datum-za-svadba-vo-2024-godina/ Tue, 13 Feb 2024 10:04:30 +0000 https://republika.mk/?p=743544

Еден датум во 2024 година е особено лош за свадба, според астролозите.

Поволните денови за брак може да се изберат според различни критериуми, дали е тоа одлична шанса за убаво време, убав датум, годишнина од запознавање… Сепак, многумина тој датум го избираат и според астролошките случувања.

Но, има денови во кои строго не се препорачува стапување во брак, за да се избегне развод.

Ако сакате успешна свадба, тогаш прво погледнете го лунарниот календар. Луѓето од различни култури во секое време ги почитувале лунарните циклуси и живееле во согласност со нив. Се верува дека затемнувањето на Сонцето или Месечината е најнеповолното време за брак. Во некои култури, на бремените жени им било забрането да излегуваат надвор за време на затемнувањето, бидејќи се верувало дека тоа има негативно влијание врз нејзиното здравје. Во грчката митологија, затемнувањето на Сонцето е симбол на гневот на боговите.

Најдобро е да не планирате свадба на 8 април 2024 година.

Свадбата може да се чувствува како неочекувано губење на независноста и може да доведе до насилни изливи на гнев. На 8 април нè очекуваат неколку астролошки настани одеднаш: младата месечина во Овен, првото затемнување на Сонцето во годината, кое исто така ќе биде целосно, спојувањето на Венера со Нептун, како и транзитот на Сонцето, Месечината, Меркур и Венера преку хороскопскиот знак Овен.

Младата месечина обично се смета за почетна точка на лунарниот циклус. Месечината сè уште не е видлива на небото, само што почнува да ја „добива својата сила“. И иако овој период е одлично време за „сеење“ на вашите идни плодови, подобро е да се венчате во втората фаза од лунарниот циклус. Се верува дека енергијата на младата месечина не е доволна за долг и силен брак. Згора на тоа, младата месечина во Овен на 8 април ќе предизвика внатрешни конфликти: желбата за независност ќе дојде до израз. Целосното затемнување на Сонцето во Овен исто така се смета дека не е најдобар почеток за брак.

Спојот на Венера со Нептун ја прави сликата на светот заматена: постои голема шанса за прекумерна идеализација на партнерот, што ќе доведе до конфликт за време на бракот. На тој ден во 2024 година, подобро е да не се венчате, бидејќи ќе привлечете развод, пишува wday.ru. Импулсивноста на Овенот во овој период негативно ќе влијае на сферата на комуникацијата: зборовите ќе летаат од јазикот, нема да има можност правилно да ги размислите.

The post Се верува дека ова е најлошиот датум за свадба во 2024 година! appeared first on Република.

]]>

Еден датум во 2024 година е особено лош за свадба, според астролозите. Поволните денови за брак може да се изберат според различни критериуми, дали е тоа одлична шанса за убаво време, убав датум, годишнина од запознавање… Сепак, многумина тој датум го избираат и според астролошките случувања. Но, има денови во кои строго не се препорачува стапување во брак, за да се избегне развод. Ако сакате успешна свадба, тогаш прво погледнете го лунарниот календар. Луѓето од различни култури во секое време ги почитувале лунарните циклуси и живееле во согласност со нив. Се верува дека затемнувањето на Сонцето или Месечината е најнеповолното време за брак. Во некои култури, на бремените жени им било забрането да излегуваат надвор за време на затемнувањето, бидејќи се верувало дека тоа има негативно влијание врз нејзиното здравје. Во грчката митологија, затемнувањето на Сонцето е симбол на гневот на боговите. Најдобро е да не планирате свадба на 8 април 2024 година. Свадбата може да се чувствува како неочекувано губење на независноста и може да доведе до насилни изливи на гнев. На 8 април нè очекуваат неколку астролошки настани одеднаш: младата месечина во Овен, првото затемнување на Сонцето во годината, кое исто така ќе биде целосно, спојувањето на Венера со Нептун, како и транзитот на Сонцето, Месечината, Меркур и Венера преку хороскопскиот знак Овен. Младата месечина обично се смета за почетна точка на лунарниот циклус. Месечината сè уште не е видлива на небото, само што почнува да ја „добива својата сила“. И иако овој период е одлично време за „сеење“ на вашите идни плодови, подобро е да се венчате во втората фаза од лунарниот циклус. Се верува дека енергијата на младата месечина не е доволна за долг и силен брак. Згора на тоа, младата месечина во Овен на 8 април ќе предизвика внатрешни конфликти: желбата за независност ќе дојде до израз. Целосното затемнување на Сонцето во Овен исто така се смета дека не е најдобар почеток за брак. Спојот на Венера со Нептун ја прави сликата на светот заматена: постои голема шанса за прекумерна идеализација на партнерот, што ќе доведе до конфликт за време на бракот. На тој ден во 2024 година, подобро е да не се венчате, бидејќи ќе привлечете развод, пишува wday.ru. Импулсивноста на Овенот во овој период негативно ќе влијае на сферата на комуникацијата: зборовите ќе летаат од јазикот, нема да има можност правилно да ги размислите.

The post Се верува дека ова е најлошиот датум за свадба во 2024 година! appeared first on Република.

]]>
Драган заминал по жена во Албанија, вакво изненадување не очекувал од соселаните кога се вратил со неа https://republika.mk/vesti/balkan/dragan-zaminal-po-zhena-vo-albanija-vakvo-iznenaduvane-ne-ochekuval-od-soselanite-koga-se-vratil-so-nea/ Wed, 07 Feb 2024 19:13:52 +0000 https://republika.mk/?p=741491

Четириесет и осумгодишни Драган Николиќ (48) од Врбовац, Србија ја пронашол жената на својот живот во Албанија, а кога стигнал дома со саканата Ханија (44), ги дочекало изненадување - свадбена веселба организирана од неговите соселани!

Претседателката на месната заедница Врбовац, Латинка Павловиќ, за српските медиуми рече вели дека на прославата во селското училиште младенците биле пречекани на нозе со громогласен аплауз, а потоа следел и богат ручек со музика.

Драган заслужи вака да го израдуваме! Во селото нема никој свој. Родителите му умреа рано, а потоа неговиот брат почина релативно млад. Дечкото е чесен и вреден. Тој работи од утро до вечер за да ја обезбеди својата егзистенција. Не чека ништо да му падне од небо. Има трактор, си ја работи земјата, сади во градината, бере печурки, прави се, вели Павловиќ.

https://youtu.be/NTEqAP819PA?si=kGoRY089zoOxe9CM

Врбовац е мало село, со 60 домаќинства и 120 жители, но секој како и колку што можел учествувал во организацијата.

Со една жена одевме од куќа до куќа во селото и собиравме пари за да купиме сè што ни треба. Жените од селото сите сами подготвија по нешто, погачи, кифлички, пити, сè убаво уредивме и беше вистинска прослава, со музика... Сите бевме среќни за Драган, опишува таа.

Таа на мештаните им ветила дека во селото вака ќе се пречекува секоја идна снаа, а во јуни сите заедно ќе прослават 60 години брак на најстариот брачен пар во селото.

The post Драган заминал по жена во Албанија, вакво изненадување не очекувал од соселаните кога се вратил со неа appeared first on Република.

]]>

Четириесет и осумгодишни Драган Николиќ (48) од Врбовац, Србија ја пронашол жената на својот живот во Албанија, а кога стигнал дома со саканата Ханија (44), ги дочекало изненадување - свадбена веселба организирана од неговите соселани! Претседателката на месната заедница Врбовац, Латинка Павловиќ, за српските медиуми рече вели дека на прославата во селското училиште младенците биле пречекани на нозе со громогласен аплауз, а потоа следел и богат ручек со музика.
Драган заслужи вака да го израдуваме! Во селото нема никој свој. Родителите му умреа рано, а потоа неговиот брат почина релативно млад. Дечкото е чесен и вреден. Тој работи од утро до вечер за да ја обезбеди својата егзистенција. Не чека ништо да му падне од небо. Има трактор, си ја работи земјата, сади во градината, бере печурки, прави се, вели Павловиќ.
https://youtu.be/NTEqAP819PA?si=kGoRY089zoOxe9CM Врбовац е мало село, со 60 домаќинства и 120 жители, но секој како и колку што можел учествувал во организацијата.
Со една жена одевме од куќа до куќа во селото и собиравме пари за да купиме сè што ни треба. Жените од селото сите сами подготвија по нешто, погачи, кифлички, пити, сè убаво уредивме и беше вистинска прослава, со музика... Сите бевме среќни за Драган, опишува таа.
Таа на мештаните им ветила дека во селото вака ќе се пречекува секоја идна снаа, а во јуни сите заедно ќе прослават 60 години брак на најстариот брачен пар во селото.    

The post Драган заминал по жена во Албанија, вакво изненадување не очекувал од соселаните кога се вратил со неа appeared first on Република.

]]>
Се урна таванот среде свадба, повредени најмалку 35 луѓе https://republika.mk/vesti/svet/se-urna-tavanot-srede-svadba-povredeni-najmalku-35-luge/ Sun, 14 Jan 2024 09:32:37 +0000 https://republika.mk/?p=732796

Триесет и пет лица се повредени, од кои пет се здобиле со тешки телесни повреди, при уривање на таванот на свадбена прослава во поранешен манастир во градот Пистоја, во регионот на Тоскана, јавуваат италијанските медиуми.

На свадбената веселба имало повеќе од 60 луѓе, а таванот се урнал во доцните часови додека гостите играле, јавува АНСА.

Централната здравствена управа на Тоскана потврди дека 12 повредени се пренесени во болницата Сан Јакопо во Пистоја, а другите во болниците Лука, Пеша, Прато, Кареги и Торегали.

The post Се урна таванот среде свадба, повредени најмалку 35 луѓе appeared first on Република.

Крвава свадба: Младоженец ја убил невестата, мајка и и сестра и, па себеси https://republika.mk/vesti/svet/krvava-svadba-mladozhenets-ja-ubil-nevestata-majka-i-i-sestra-i-pa-sebesi/ Mon, 27 Nov 2023 14:33:13 +0000 https://republika.mk/?p=716835

Поранешен тајландски војник пукал во својата невеста и уште три лица пред да изврши самоубиство на својата свадба, соопшти полицијата.

Чатуронг Суксук (29) и Канчана Пачунтхуек (44) се венчаа во саботата во североисточниот дел на Тајланд.

Според извештаите, тој нагло ја напуштил свадбената веселба и се вратил со пиштол, пукајќи во сопругата, нејзината 62-годишна мајка и 38-годишна сестра.

Залутани куршуми погодиле двајца гости, кои биле пренесени во болница. Еден од нив починал.

Полицијата за Би-Би-Си изјавила дека Чатуронг „во тоа време бил доста пијан“, но неговиот мотив останува нејасен. Пиштолот и муницијата ги купил легално минатата година.

Тајландските медиуми, повикувајќи се на тоа што гостите на забавата и го кажале на полицијата, велат дека двојката се скарала за време на забавата. Исто така, беше објавено дека Чатуронг се чувствувал несигурен поради разликата во годините меѓу него и Канчана.

Сепак, полицијата соопшти дека тоа се уште се шпекулации, додавајќи дека собрале докази и очекуваат „наскоро“ да го затворат случајот.

Чатуронг и Канчана живееле заедно три години пред да се венчаат, пишуваат тајландските медиуми.

Тој ја изгубил десната нога додека бил на должност со паравоените лесни пешадиски сили, кои патролираат по границите на Тајланд.

The post Крвава свадба: Младоженец ја убил невестата, мајка и и сестра и, па себеси appeared first on Република.

]]>

Поранешен тајландски војник пукал во својата невеста и уште три лица пред да изврши самоубиство на својата свадба, соопшти полицијата. Чатуронг Суксук (29) и Канчана Пачунтхуек (44) се венчаа во саботата во североисточниот дел на Тајланд. Според извештаите, тој нагло ја напуштил свадбената веселба и се вратил со пиштол, пукајќи во сопругата, нејзината 62-годишна мајка и 38-годишна сестра. Залутани куршуми погодиле двајца гости, кои биле пренесени во болница. Еден од нив починал. Полицијата за Би-Би-Си изјавила дека Чатуронг „во тоа време бил доста пијан“, но неговиот мотив останува нејасен. Пиштолот и муницијата ги купил легално минатата година. Тајландските медиуми, повикувајќи се на тоа што гостите на забавата и го кажале на полицијата, велат дека двојката се скарала за време на забавата. Исто така, беше објавено дека Чатуронг се чувствувал несигурен поради разликата во годините меѓу него и Канчана. Сепак, полицијата соопшти дека тоа се уште се шпекулации, додавајќи дека собрале докази и очекуваат „наскоро“ да го затворат случајот. Чатуронг и Канчана живееле заедно три години пред да се венчаат, пишуваат тајландските медиуми. Тој ја изгубил десната нога додека бил на должност со паравоените лесни пешадиски сили, кои патролираат по границите на Тајланд.

The post Крвава свадба: Младоженец ја убил невестата, мајка и и сестра и, па себеси appeared first on Република.

]]>
На својата свадба во Тајланд уби 4 лица, меѓу кои и сопругата https://republika.mk/vesti/svet/na-svojata-svadba-vo-tajland-ubi-4-litsa-megu-koi-i-soprugata/ Mon, 27 Nov 2023 09:32:13 +0000 https://republika.mk/?p=716622

Чатуронг Суксук (29) и Канчана Пачунтхуек (44) се венчаа во саботата во североисточниот дел на Тајланд, пренесува Yahoo News. Тајландски параспортист и поранешен војник на денот на својата венчавка ја убил невестата и три лица, а потоа си го одзел животот.

Според сведоците, младоженецот ненадејно ја напуштил свадбената веселба и се вратил со пиштол и ги застрелал сопругата, нејзината мајка (62) и нејзината сестра (38). Залутани куршуми погодиле двајца гости кои итно биле пренесени во болница. Еден од нив починал.

Полицијата соопшти дека Чатуронг во тоа време бил доста пијан, но точниот мотив за убиствата засега не е познат. Тој додава дека младоженецот минатата година легално купил оружје и муниција. Тајландските медиуми јавуваат дека парот се скарал за време на забавата, а младоженецот исто така бил несигурен поради разликата во годините.

Двојката живееше заедно три години пред да се венчаат. Чатуронг освои сребрен медал во пливање на Асеанските пара игри во Индонезија минатата година. Тој ја загубил десната нога додека бил на должност со паравоените пешадиски сили кои патролираат по границите на Тајланд.

The post На својата свадба во Тајланд уби 4 лица, меѓу кои и сопругата appeared first on Република.

]]>

Чатуронг Суксук (29) и Канчана Пачунтхуек (44) се венчаа во саботата во североисточниот дел на Тајланд, пренесува Yahoo News. Тајландски параспортист и поранешен војник на денот на својата венчавка ја убил невестата и три лица, а потоа си го одзел животот. Според сведоците, младоженецот ненадејно ја напуштил свадбената веселба и се вратил со пиштол и ги застрелал сопругата, нејзината мајка (62) и нејзината сестра (38). Залутани куршуми погодиле двајца гости кои итно биле пренесени во болница. Еден од нив починал. Полицијата соопшти дека Чатуронг во тоа време бил доста пијан, но точниот мотив за убиствата засега не е познат. Тој додава дека младоженецот минатата година легално купил оружје и муниција. Тајландските медиуми јавуваат дека парот се скарал за време на забавата, а младоженецот исто така бил несигурен поради разликата во годините. Двојката живееше заедно три години пред да се венчаат. Чатуронг освои сребрен медал во пливање на Асеанските пара игри во Индонезија минатата година. Тој ја загубил десната нога додека бил на должност со паравоените пешадиски сили кои патролираат по границите на Тајланд.

The post На својата свадба во Тајланд уби 4 лица, меѓу кои и сопругата appeared first on Република.

]]>