Судот за човековите права во Стразбур Archives - Република https://republika.mk/tema/sudot-za-chovekovite-prava-vo-strazbur/ За подобро да се разбереме Tue, 16 Jan 2024 11:21:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Судот за човековите права во Стразбур Archives - Република https://republika.mk/tema/sudot-za-chovekovite-prava-vo-strazbur/ 32 32 Адвокатот на Спиро Ристовски: Стразбур пресуди дека неосновано долго е држен во притвор за случајот „27 април“ https://republika.mk/vesti/makedonija/advokatot-na-spiro-ristovski-strazbur-presudi-deka-neosnovano-dolgo-e-drzhen-vo-pritvor-za-sluchajot-27-april/ Tue, 16 Jan 2024 11:15:39 +0000 https://republika.mk/?p=733558

Судот за човекови права во Стразбур денеска донесе пресуда дека Спиро Ристовски и Митко Пешов неосновано долго и недоволно аргументирано биле држени во притвор.Ристовски помина 21 месец во притвор за случајот „27 април“. Стразбур пресуди дека домашните судови се повикувале на политички причии што не е според начелата на Судот во Стразбур.

Коста Богданов, адвокатот на Ристовски вели дека е повредено правото на слобода за притворот чии причини за продолжување не биле релевантни.

Ристовски немал фер постапка и не била запазена контрадикторноста бидејќи не му било овозможено да се произнесе за предлозите на Вишото јавно обвинителство за продложување на притворот, односно предлогот зошто треба да се одбие жалбената постапка не бил доставуван до обвинетиот.Од материјален аспект не се доволни причините да го оправдаат долгото држење во притвор-објаснува Богданов за „Република.“

Стразбур пресуди дека државата ќе мора на Ристовски да му плати оштета од 750 евра и 1500 евра судски трошоци а со оваа пресуда според македонското законодавство не е доволна да се бара ретроактивна финансиска надокнда од државата за држење во притвор.

Ристовски беше обвинет за случајот организатори на „27 април“ а овој случај е вратен на повторно судење.

The post Адвокатот на Спиро Ристовски: Стразбур пресуди дека неосновано долго е држен во притвор за случајот „27 април“ appeared first on Република.

]]>

Судот за човекови права во Стразбур денеска донесе пресуда дека Спиро Ристовски и Митко Пешов неосновано долго и недоволно аргументирано биле држени во притвор.Ристовски помина 21 месец во притвор за случајот „27 април“. Стразбур пресуди дека домашните судови се повикувале на политички причии што не е според начелата на Судот во Стразбур. Коста Богданов, адвокатот на Ристовски вели дека е повредено правото на слобода за притворот чии причини за продолжување не биле релевантни.
Ристовски немал фер постапка и не била запазена контрадикторноста бидејќи не му било овозможено да се произнесе за предлозите на Вишото јавно обвинителство за продложување на притворот, односно предлогот зошто треба да се одбие жалбената постапка не бил доставуван до обвинетиот.Од материјален аспект не се доволни причините да го оправдаат долгото држење во притвор-објаснува Богданов за „Република.“
Стразбур пресуди дека државата ќе мора на Ристовски да му плати оштета од 750 евра и 1500 евра судски трошоци а со оваа пресуда според македонското законодавство не е доволна да се бара ретроактивна финансиска надокнда од државата за држење во притвор. Ристовски беше обвинет за случајот организатори на „27 април“ а овој случај е вратен на повторно судење.    

The post Адвокатот на Спиро Ристовски: Стразбур пресуди дека неосновано долго е држен во притвор за случајот „27 април“ appeared first on Република.

]]>
Василевска од Стразбур: Според ЗНМ, Владата покажала недостиг на капацитет ефективно да го санкционира прекршувањето на правата на новинарите и да ја заштити нивната безбедност https://republika.mk/vesti/makedonija/vasilevska-od-strazbur-spored-znm-vladata-pokazhala-nedostig-na-kapatsitet-efektivno-da-go-sanktsionira-prekrshuvaneto-na-pravata-na-novinarite-i-da-ja-zashtiti-nivnata-bezbednost/ Thu, 23 Nov 2023 13:28:57 +0000 https://republika.mk/?p=715540

„Имам исклучителна можност и на оваа сесија на Мешовитиот парламентарен комитет да дискутирам со вас на особено значајна тема како што се медиумите и граѓанското општество. На почетокот сакам да истакнам дека Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги беше изменет со цел да се транспонира директивата на ЕУ за аудиовизуелни медиумски услуги од 2018-тата година и како да се имплементираат релевантните европски стандарди овозможувајќи на земјата да продолжи со учеството во програмата „Креативна Европа“ т.е. нејзината потпрограма за медиуми. Воедно во однос со финансиската независност на јавниот сервис со последните измени и дополнувања на Законот е предвидено финансирање на јавниот сервис со 1% од реализираните даночни приходи утврдени во последната донесена завршна сметка наменета за финансирање радиодифузната дејност од кои 80% се за Македонската радио телевизија, зошто се поддржува законското решение за обезбедување на независноста на јавниот медиумски сервис“, истакна пратеничката Иванка Василевска како известител за „Медиумите и граѓанско општество“ на 22 седница на Мешовитиот парламентарен комитет во Европскиот Парламент во Стразбур.

https://www.youtube.com/watch?v=NDxpzln4Bfo&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

Василевска додаде дека што се однесува на слободата на изразување и медиумите, македонскиот Устав предвидува слобода на изразување вклучително и за медиумите. Според Здружението на новинари на Македонија сепак Владата покажала недостиг на капацитет ефективно да го санкционира прекршувањето на правата на новинарите и да ја заштити нивната безбедност.

„Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и граѓанските организации регистрираат значителен пораст на говорот на омраза вклучително и на социјалните, и на некои традиционални медиуми. Исто така здруженијата на новинари посочуваат и на случаи на наводни закани и малтретирања на новинари. Во оваа смисла Јавното обвинителство – Скопје потврди дека назначило обвинител да служи како лице за контакт во врска со случаи во кои се вклучени новинари и да следи случаи во кои новинарите се појавуваат како оштетени страни, сведоци или престапници“, појасни Василевска.

Таа посочи дека на 17-ти ноември минатата година Парламентот едногласно го усвои Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, со кој се воведе значително намалување казните за медиумите и за новинарите во тужбите за клевета.

„Во изминатиов период беа направени измени на Кривичниот законик така што кривично дело сторено против новинар или друг медиумски работник при вршење на нивните професионални задачи се смета за попречување на службено лице во вршење на неговата должност. Овие кривични дела се гонат по службена должност од страна на Јавното обвинителство“, рече таа.

„Овие напори во реалноста не до крај ги заштитуваат медиумите и новинарите за што сведочи парадоксалното самоволие на судот од 10-ти ноември оваа година, што претставува правен преседан кој сериозно ја загрозува слободата на говорот во Македонија. Имено, посочувам во делот на пресудата која што беше изречена во врска со судската пресуда донесена од судијката Јованка Спировска Панева во случајот „Фероинвест против ИРЛ“ за сторијата „Заговор против воздухот“. Во образложението на пресудата на судијката Јованка Спировска Панева посочува дека истражувањата на ИРЛ не смеат да се публикуваат пред граѓаните туку треба исклучиво да се користат внатрешна едукација на вработените. Односно според судијката уредничката Сашка Цветковска и тимот на ИРЛ не се новинари и не се медиум. Судијката оцени дека морала да го заштити приватниот интерес, а не колективниот и го повика министерството за правда да забрани ИРЛ да врши дејност односно да ја укине“, појасни пратеничката.

Таа укажа дека таквата самоволна пресуда предизвика големи реакции во македонската јавност, особено помеѓу новинарската фела и активистите, експертите што се залагаат за слобода на говор и изразување.

„Според Здружението на новинари во Македонија пресудата може да се толкува како повик на судијката до извршната власт за институционална пресметка со критичните медиуми. Цитирам – „овој опасен судски преседан штети на независноста на медиумите и истиот е во колизија со Советот на Европа конкретно е во спротивност со препораката CM/Rec(2011)7 според која се смета дека заради посебната природа на интернетот обврските и одговорностите кои треба да се доделат на информативен интернет портал за потребите од членот 10 на ЕСЧП и истите можат да се разликуваат до одредено ниво од оние на традиционален издавач“ – потенцираат од Здружението на новинари. Исто така и самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници потенцираше дека квалификациите во пресудата со заклучок дека ИРЛ воопшто не смеела да го објави истражувањето претставува тежок преседан и удар на слободата на изразување и слободата на медиумите“, нагласи Василевска.

The post Василевска од Стразбур: Според ЗНМ, Владата покажала недостиг на капацитет ефективно да го санкционира прекршувањето на правата на новинарите и да ја заштити нивната безбедност appeared first on Република.

]]>

„Имам исклучителна можност и на оваа сесија на Мешовитиот парламентарен комитет да дискутирам со вас на особено значајна тема како што се медиумите и граѓанското општество. На почетокот сакам да истакнам дека Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги беше изменет со цел да се транспонира директивата на ЕУ за аудиовизуелни медиумски услуги од 2018-тата година и како да се имплементираат релевантните европски стандарди овозможувајќи на земјата да продолжи со учеството во програмата „Креативна Европа“ т.е. нејзината потпрограма за медиуми. Воедно во однос со финансиската независност на јавниот сервис со последните измени и дополнувања на Законот е предвидено финансирање на јавниот сервис со 1% од реализираните даночни приходи утврдени во последната донесена завршна сметка наменета за финансирање радиодифузната дејност од кои 80% се за Македонската радио телевизија, зошто се поддржува законското решение за обезбедување на независноста на јавниот медиумски сервис“, истакна пратеничката Иванка Василевска како известител за „Медиумите и граѓанско општество“ на 22 седница на Мешовитиот парламентарен комитет во Европскиот Парламент во Стразбур. https://www.youtube.com/watch?v=NDxpzln4Bfo&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title Василевска додаде дека што се однесува на слободата на изразување и медиумите, македонскиот Устав предвидува слобода на изразување вклучително и за медиумите. Според Здружението на новинари на Македонија сепак Владата покажала недостиг на капацитет ефективно да го санкционира прекршувањето на правата на новинарите и да ја заштити нивната безбедност.
„Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и граѓанските организации регистрираат значителен пораст на говорот на омраза вклучително и на социјалните, и на некои традиционални медиуми. Исто така здруженијата на новинари посочуваат и на случаи на наводни закани и малтретирања на новинари. Во оваа смисла Јавното обвинителство – Скопје потврди дека назначило обвинител да служи како лице за контакт во врска со случаи во кои се вклучени новинари и да следи случаи во кои новинарите се појавуваат како оштетени страни, сведоци или престапници“, појасни Василевска.
Таа посочи дека на 17-ти ноември минатата година Парламентот едногласно го усвои Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, со кој се воведе значително намалување казните за медиумите и за новинарите во тужбите за клевета. „Во изминатиов период беа направени измени на Кривичниот законик така што кривично дело сторено против новинар или друг медиумски работник при вршење на нивните професионални задачи се смета за попречување на службено лице во вршење на неговата должност. Овие кривични дела се гонат по службена должност од страна на Јавното обвинителство“, рече таа. „Овие напори во реалноста не до крај ги заштитуваат медиумите и новинарите за што сведочи парадоксалното самоволие на судот од 10-ти ноември оваа година, што претставува правен преседан кој сериозно ја загрозува слободата на говорот во Македонија. Имено, посочувам во делот на пресудата која што беше изречена во врска со судската пресуда донесена од судијката Јованка Спировска Панева во случајот „Фероинвест против ИРЛ“ за сторијата „Заговор против воздухот“. Во образложението на пресудата на судијката Јованка Спировска Панева посочува дека истражувањата на ИРЛ не смеат да се публикуваат пред граѓаните туку треба исклучиво да се користат внатрешна едукација на вработените. Односно според судијката уредничката Сашка Цветковска и тимот на ИРЛ не се новинари и не се медиум. Судијката оцени дека морала да го заштити приватниот интерес, а не колективниот и го повика министерството за правда да забрани ИРЛ да врши дејност односно да ја укине“, појасни пратеничката. Таа укажа дека таквата самоволна пресуда предизвика големи реакции во македонската јавност, особено помеѓу новинарската фела и активистите, експертите што се залагаат за слобода на говор и изразување.
„Според Здружението на новинари во Македонија пресудата може да се толкува како повик на судијката до извршната власт за институционална пресметка со критичните медиуми. Цитирам – „овој опасен судски преседан штети на независноста на медиумите и истиот е во колизија со Советот на Европа конкретно е во спротивност со препораката CM/Rec(2011)7 според која се смета дека заради посебната природа на интернетот обврските и одговорностите кои треба да се доделат на информативен интернет портал за потребите од членот 10 на ЕСЧП и истите можат да се разликуваат до одредено ниво од оние на традиционален издавач“ – потенцираат од Здружението на новинари. Исто така и самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници потенцираше дека квалификациите во пресудата со заклучок дека ИРЛ воопшто не смеела да го објави истражувањето претставува тежок преседан и удар на слободата на изразување и слободата на медиумите“, нагласи Василевска.

The post Василевска од Стразбур: Според ЗНМ, Владата покажала недостиг на капацитет ефективно да го санкционира прекршувањето на правата на новинарите и да ја заштити нивната безбедност appeared first on Република.

]]>
Адвокатите денеска ќе соопштат што понатаму: Јанакиески незаконски бил држен во притвор, пресуди судот во Стразбур https://republika.mk/vesti/makedonija/advokatite-deneska-ke-soopshtat-shto-ponatamu-janakieski-nezakonski-bil-drzhen-vo-pritvor-presudi-sudot-vo-strazbur/ Tue, 14 Nov 2023 10:21:12 +0000 https://republika.mk/?p=701359

Европскиот суд за човекови права утврдил дека поранешниот министер за транспорт, Миле Јанакиески незаконски му бил продолжуван домашниот притвор.

„Судот смета дека постои повреда на правото на слбоода на Миле Јанакиески (член 5.3 од ЕКСП) поради непостоење на доволни причини за негово лишување од слобода“, стои во пресудата на ЕСЧП.

Јанакиески речиси пет години беше во домашен, па ефективен притвор кој го издржуваше во затворот „Скопје“ во Шутка. Сега, Европскиот суд носи заклучок дека има повреда на два членови кои се однесуваат на човековите права.

Неговите адвокати денеска ќе соопштат што понатаму по оваа пресуда. Јанакиески беше држен во притвор за случаите „27 април“ и „шпански скали“. „27 април“ е вратен на повторно судење а „шпански скали“ застаре.

The post Адвокатите денеска ќе соопштат што понатаму: Јанакиески незаконски бил држен во притвор, пресуди судот во Стразбур appeared first on Република.

]]>

Европскиот суд за човекови права утврдил дека поранешниот министер за транспорт, Миле Јанакиески незаконски му бил продолжуван домашниот притвор. „Судот смета дека постои повреда на правото на слбоода на Миле Јанакиески (член 5.3 од ЕКСП) поради непостоење на доволни причини за негово лишување од слобода“, стои во пресудата на ЕСЧП. Јанакиески речиси пет години беше во домашен, па ефективен притвор кој го издржуваше во затворот „Скопје“ во Шутка. Сега, Европскиот суд носи заклучок дека има повреда на два членови кои се однесуваат на човековите права. Неговите адвокати денеска ќе соопштат што понатаму по оваа пресуда. Јанакиески беше држен во притвор за случаите „27 април“ и „шпански скали“. „27 април“ е вратен на повторно судење а „шпански скали“ застаре.

The post Адвокатите денеска ќе соопштат што понатаму: Јанакиески незаконски бил држен во притвор, пресуди судот во Стразбур appeared first on Република.

]]>
Ако Врховен за „Транспортер“ одлучи дека важи аболицијата од Иванов, ќе важи и за сите други случаи https://republika.mk/vesti/makedonija/ako-vrhoven-za-transporter-odluchi-deka-vazhi-abolitsijata-od-ivanov-ke-vazhi-i-za-site-drugi-sluchai/ Mon, 05 Jun 2023 07:16:37 +0000 https://republika.mk/?p=647803

Доколку одлуката на Врховниот суд за случајот „Транспортер“ биде дека е важечка аболицијата дадена од поранешниот претседател Ѓорге Иванов тоа ќе биде јасен показтел во кој правец ќе се движат и одлуките на Судот за човекови права во Стразбур.

Она што е важно дека одлуката на Врховниот суд за овој случај, ќе важат и за останатите судски предмети во кои се вклучени лица што добија аболиција од Иванов.

Ова доаѓа откако на средината на февруари Стразбур се изјасни дека барањето дали важат аболициите е преурането и оти апликантите прерано се жалеле, односно ги „прескокнале“ повисоките македонски судови.

Обвинетите од СЈО мора да ги поминат сите домашни редовни и вонредни правни лекови што им стојат на располагање, односно Апелацискиот и Врховниот суд, па дури тогаш да ја тужат државата.

Зад тужбата стојат Никола Груевски, Тони Јакимовски, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Сашо Мијалков, Кирил Божиновски и други, коишто беа опфатени со аболицијата на експретседателот Ѓорге Иванов, а се обвинети во предметите кои ги отвори поранешното СЈО.

Тие доставија жалба во 2017 година, во која се повикуваат на одлука во Стразбур за сличен случај кога било одлучено дека доделена аболиција не може да биде поништена.

Со аболицијата на Иванов од април 2016 година беа опфатени 54 лица од предметите на СЈО. Но, таквиот потег на бившиот претседател предизвика бурни реакции во јавноста и протести, па по месец и половина и по направени законски измени во Законот за помилување тој ги повлече аболициите.

The post Ако Врховен за „Транспортер“ одлучи дека важи аболицијата од Иванов, ќе важи и за сите други случаи appeared first on Република.

]]>

Доколку одлуката на Врховниот суд за случајот „Транспортер“ биде дека е важечка аболицијата дадена од поранешниот претседател Ѓорге Иванов тоа ќе биде јасен показтел во кој правец ќе се движат и одлуките на Судот за човекови права во Стразбур. Она што е важно дека одлуката на Врховниот суд за овој случај, ќе важат и за останатите судски предмети во кои се вклучени лица што добија аболиција од Иванов. Ова доаѓа откако на средината на февруари Стразбур се изјасни дека барањето дали важат аболициите е преурането и оти апликантите прерано се жалеле, односно ги „прескокнале“ повисоките македонски судови. Обвинетите од СЈО мора да ги поминат сите домашни редовни и вонредни правни лекови што им стојат на располагање, односно Апелацискиот и Врховниот суд, па дури тогаш да ја тужат државата. Зад тужбата стојат Никола Груевски, Тони Јакимовски, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Сашо Мијалков, Кирил Божиновски и други, коишто беа опфатени со аболицијата на експретседателот Ѓорге Иванов, а се обвинети во предметите кои ги отвори поранешното СЈО. Тие доставија жалба во 2017 година, во која се повикуваат на одлука во Стразбур за сличен случај кога било одлучено дека доделена аболиција не може да биде поништена. Со аболицијата на Иванов од април 2016 година беа опфатени 54 лица од предметите на СЈО. Но, таквиот потег на бившиот претседател предизвика бурни реакции во јавноста и протести, па по месец и половина и по направени законски измени во Законот за помилување тој ги повлече аболициите.

The post Ако Врховен за „Транспортер“ одлучи дека важи аболицијата од Иванов, ќе важи и за сите други случаи appeared first on Република.

]]>
Мисајловски: Одлуката од Стразбур за Елена Доцевска Божиновска е победа на правда, а пораз за власта https://republika.mk/vesti/makedonija/misajlovski-odlukata-od-strazbur-za-elena-dotsevska-bozhinovska-e-pobeda-na-pravda-a-poraz-za-vlasta/ Sat, 20 May 2023 11:07:27 +0000 https://republika.mk/?p=642954

„Денеска имаме една убава можност повторно да бидеме тука во Гази Баба, ќе имаме повеќе средби, ќе имаме во Брњарци, Инџиково, Трубарево. Насекаде во Гази Баба ќе бидеме присутни во наредниот период. Убаво е што се повеќе народ доаѓа на овие средби кои што постојано на терен се случуваат под мотото „Ова е Македонија за сите“. И разговараме со граѓаните за сите теми“, истакна Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на денешната теренска активност на ВМРО-ДПМНЕ насловена „Ова е Македонија за сите“.

https://republika.mk/vesti/makedonija/drzhavata-ke-i-plati-1-600-evra-otshteta-na-dotsevska-bozhinovska-zatoa-shto-i-bile-prekrsheni-pravata-pri-izrekuvaneto-pritvor-za-27-april/

Мисајловски додаде дека со граѓаните се разговара на актуелни теми, како што е економијата, политички теми, образованието, здравството.

„Но денеска еве една тема што сакам  јас дополнително да ја разговараме секако со граѓаните да им објасниме сето она што се случувало во минатото иако сите добро знаат, а тоа е онаа пресуда што вчера беше актуелна од Стразбур“, рече Мисајловски.

„Вчера слушнавме дека за Елена Доцевска Божиновска се доби пресуда во Стразбур, односно Елена ја доби правдата. Елена после многу години виде правда иако беше угнетувана, иако и беа прекршени и нејзините човекови права, никој од власта тоа не сакаше тоа да го спомене и бегаа и се криеја и само гледаа како да направат уставни измени. Но, еве дојде денот, знаете правдата е спора, но еден ден ќе дојде. Елена Доцевска Божиновска и беше одземено човековото право да поднесе жалба, да се брани пред судот, но и многу пострашно беше тоа што ја апсеа пред своите дечиња“, појасни тој.

Мисајловски рече дека во оваа прилика би ја споменал и пратеничката Жаклина Пешевска што доаѓа од Гази Баба и што истото и се случуваше во минатото. Истото тоа се случуваше пред нејзините дечиња кога беше апсена.

Мисајловски порача на граѓаните да го кренат својот глас и да си ги бараат своите права.

„Кога се менуваше името, кога се формираше СЈО, кога се правеа тие уставни измени, кога силата ја добиваше СДСМ и ДУИ од многу институции, од нивните обвинителства, од нивните судови, тоа го правеа со една цел да го угнетат македонскиот народ, да тргнат против ВМРО-ДПМНЕ, да го тргнат раководството на ВМРО-ДПМНЕ и на крајот да се смени името“, појасни тој.

Мисајловски рече дека сега пак продолжува исто СДСМ, продолжува со уставни измени но нема да им успее.

„Затоа го повикувам целиот македонски народ, го повикувам да ни се приклучи, бидејќи во ВМРО-ДПМНЕ има храбри луѓе, има луѓе кои што ја сакаат Република Македонија и ќе направат се за Македонија. Жаклина Пешевска беше пратеник кој што беше угнетуван, Елена Доцевска Божиновска беше личност која што работеше во Собранието и таа беше угнетува и и беа одземени човековите права. Има и многу луѓе кои што се во занданите и ним им беа одземени нивните права. Сите тие сакаат правда, не бараат ништо друго“, нагласи Мисајловски.

Тој укажа дека невини луѓе лежат по затвори додека криминалците на власта слободно се шетаат. Оливер Спасовски е заштитник на криминалот на власта.

The post Мисајловски: Одлуката од Стразбур за Елена Доцевска Божиновска е победа на правда, а пораз за власта appeared first on Република.

Осудените за „27 април“ ќе се жалат до Европскиот суд за човекови права во Стразбур https://republika.mk/vesti/crna-hronika/osudenite-za-27-april-ke-se-zhalat-do-evropskiot-sud-za-chovekovi-prava-vo-strazbur/ Thu, 04 May 2023 16:17:31 +0000 https://republika.mk/?p=636913

Откако Врховниот суд го одби барањето на 16 осудени лица за случајот „27 април“, одбраната сигурно ќе поднесе апликации до Европскиот суд за човекови права во Стразбур, најавија бранители на осудениците.

– Морам да ви кажам дека одбраната со сигурност ќе поднесе апликации до Стразбур. Дали тоа ќе биде колективна, дали за секого поединечно, тоа ќе видиме. Сѐ уште не сме контактирале, се уште ја немаме добиено одлуката. Кога ќе ја добиеме, ќе одлучиме, но можам да ви гарантирам дека предметот оди кон надворешни судови затоа што доверба веќе во овие внатрешните нема – вели адвокатот Драган Пешевски за ТВ Алфа.

За политички монтиран предмет не може ништо друго да се очекува освен повторување на вообичаената судска пракса на Врховниот суд за одбивање на сите жалби и барања, вели адвокатот Сашо Дуковски и додава:

Од крем во судството, Врховниот суд се претвори во чорба. Сега, по старата добра пракса, ќе се чека уште најмалку два до три месеци Судот на писмено да ја достави таа одлука. И немојте да очекувате многу правни образложенија, туку едно генерално објаснување дека сѐ што направиле Кривичниот суд и Апелација е засновано на закон, а се што е напишано во барањето за вонредно преиспитување е неосновано.

Законодавниот дом не ја поддржаа иницијативата за закон за амнестија на осудените од настаните на 27 април 2017 година во Собранието.

Невладините организации и институции нека се позанимаваат со фактот колкав е процентот на успех на правните лекови кои што се доставени до Врховниот суд на Македонија. Јас ви гарантирам дека не е повеќе од 1 отсто. Тоа е една пракса на постојано одбивање, што е срамно за највисоката институција во судската власт – коментира Дуковски.

Одбраната во Стразбур најверојатно ќе се повика на членовите 5 и 6 од Европската конвенција за човекови права, односно ќе се жали на прекршување на правото на фер судење пред непристрасен суд.

The post Осудените за „27 април“ ќе се жалат до Европскиот суд за човекови права во Стразбур appeared first on Република.

]]>

Откако Врховниот суд го одби барањето на 16 осудени лица за случајот „27 април“, одбраната сигурно ќе поднесе апликации до Европскиот суд за човекови права во Стразбур, најавија бранители на осудениците. – Морам да ви кажам дека одбраната со сигурност ќе поднесе апликации до Стразбур. Дали тоа ќе биде колективна, дали за секого поединечно, тоа ќе видиме. Сѐ уште не сме контактирале, се уште ја немаме добиено одлуката. Кога ќе ја добиеме, ќе одлучиме, но можам да ви гарантирам дека предметот оди кон надворешни судови затоа што доверба веќе во овие внатрешните нема – вели адвокатот Драган Пешевски за ТВ Алфа. За политички монтиран предмет не може ништо друго да се очекува освен повторување на вообичаената судска пракса на Врховниот суд за одбивање на сите жалби и барања, вели адвокатот Сашо Дуковски и додава:
Од крем во судството, Врховниот суд се претвори во чорба. Сега, по старата добра пракса, ќе се чека уште најмалку два до три месеци Судот на писмено да ја достави таа одлука. И немојте да очекувате многу правни образложенија, туку едно генерално објаснување дека сѐ што направиле Кривичниот суд и Апелација е засновано на закон, а се што е напишано во барањето за вонредно преиспитување е неосновано.
Законодавниот дом не ја поддржаа иницијативата за закон за амнестија на осудените од настаните на 27 април 2017 година во Собранието.
Невладините организации и институции нека се позанимаваат со фактот колкав е процентот на успех на правните лекови кои што се доставени до Врховниот суд на Македонија. Јас ви гарантирам дека не е повеќе од 1 отсто. Тоа е една пракса на постојано одбивање, што е срамно за највисоката институција во судската власт – коментира Дуковски.
Одбраната во Стразбур најверојатно ќе се повика на членовите 5 и 6 од Европската конвенција за човекови права, односно ќе се жали на прекршување на правото на фер судење пред непристрасен суд.

The post Осудените за „27 април“ ќе се жалат до Европскиот суд за човекови права во Стразбур appeared first on Република.

]]>
Маричиќ: Одлуката на Судот во Стразбур е шанса за домашните судови да ја вратат довербата кај граѓаните за правда https://republika.mk/vesti/makedonija/marichik-odlukata-na-sudot-vo-strazbur-e-shansa-za-domashnite-sudovi-da-ja-vratat-doverbata-kaj-graganite-za-pravda/ Fri, 17 Feb 2023 08:54:28 +0000 https://republika.mk/?p=610034

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ во гостувањето на емисијата „Вин-Вин“ на Телма рече дека одлуката на Европскиот суд за човекови права се враќа кај македонските судови и се упатува дека нашите судови и институции треба да се изнесат за сите аспекти, пред да се оди на мериторно одлучување во Стразбур, што според него е нова шанса за судовите да ја подигнат ниската доверба која ја имаат кај граѓаните.

„Комплексен е случајот со аболицијата на Иванов, затоа беа внимателни и нашите судови и Судот во Стразбур. Не може да избегаме од одговорноста сами да ги решиме нашите проблеми и тоа е главната порака од решението. Редно е сите случаи на висока корупција да добијат институционална разврска, за јавноста да стекне доверба во правосудниот систем“ изјави вицепремиерот и поранешен министер за правда, Бојан Маричиќ.

Според Маричиќ клучната добиена битка со одлуката на Судот е дека случаите од СЈО се валидни и продолжуваат пред судовите, а тоа како што вели тој беше примарна и клучна битка на државата во борба за владеење на правото и правна држава.

„Клучната битка која денес е добиена е што случаите од поранешното СЈО, кои ги коментира и Европската комисија во нивните извештаи, остануваат валидни и продолжуваат да бидат предмет на судовите и обвинителствата во државава“, рече Маричиќ.

Маричиќ, кој како министер за правда беше одговорен за подготвување на одбраната на државата пред Судот во Стразбур, кажа дека ова од првиот ден кога беше поднесена жалбата во Стразбур, во земјава започна кампања дека случајот е завршена работа и дека Судот во Стразбур ја валидира аболицијата на Иванов.

„Тоа беше стратешка определба на адвокатскиот тим за да се создаде слика дека ова е завршена работа како порака кон судовите и обвинителствата во земјава. Веројатно поради тоа случаите споро се движеа, чекајќи ја одлуката од Стразбур, дека тој суд ќе ја заврши работата на нашите судови“, објасни Маричиќ.

За случувањата во Собранието и актуелната реконструкција на Владата, вицепремиерот Маричиќ рече дека опозицијата ја користи секоја прилика за да го испразни Собранието од содржина и суштина и дека повторуваат еден ист говор цело време за да се купи време, со цел да се наведе власта на непристојност и нервоза.

„Опозицијата со ова што го прави, не пропушта прилика да го испразни Собранието од содржина и суштина. И пратеничките прашања се такви, а и овие бескрајни дискусии кои немаат никаква поента и се повторуваат“ објасни Маричиќ, посочувајќи дека после две и пол години блокирање од страна на ВМРО-ДПМНЕ се поставува прашањето дали целосната блокада на Собранието е легитимна политичка стратегија.

Вицепремиерот во гостувањето на Телма рече дека целта на реконструкцијата е стабилизирање на Владата и зајакнување на мнозинството, кое треба да го комплетира скринингот, да направи простор за понатамошната фаза од преговорите и да создаде услови за двотретинско мнозинство за уставните измени.

„Зајакнување на Владата за да може да влеземе оваа година во реформи, стабилизација по тешките кризи кои траат една по друга веќе три години и обезбедување на еден блок за европска иднина, Европска Македонија, која ќе ги донесе реформите“ истакна вицепремиерот за европски прашања.

Во оваа насока вицепремиерот додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ги пропушти шансите минатото лето да предложат и да ги дополнат заклучоците на државата наспроти Францускиот предлог и Бугарија и пет години одбиваат да бидат дел од решенијата кои се носат, иако Владата не ја затвора вратата за разговор.

„За жал ВМРО-ДПМНЕ ја има затворено вратата за соработка веќе подолго време. Јас сум се обидувал да разговарам со нив за заживување на Националниот совет за евроинтеграции, да се отвори дијалог таму, каде што опозицијата има претседавач и може да ја наметне агендата и дискусијата. Имавме и лидерска средба, каде се отворија теми и можности за соработка“ рече Маричиќ.

На темата Бугарија и односите кои ги имаат двете земји, вицепремиерот за европски прашања кажа дека имале сериозни резултати кои ја сменија перцепцијата за Бугарија во Македонија и обратно, ги зближија и народите и владите за да можат да решат проблеми од животно значење, но Маричиќ смета дека крупна и клучна грешка била посетата на Петров на отворањето на културниот клуб Ванчо Михајлов во Битола, после која работите тргнале во погрешен правец.

Тој суштинскиот проблем со Бугарија го гледа во политичарите од двете страни на границата, иако според Маричиќ нашите политичари во најголема мера се коректни особено официјалните лица во Владата и државата, укажувајќи на тоа дека македонската страна никогаш досега не била причина за провокации, меѓутоа изјавите на Џамбаски и други политичари кои во Бугарија, не се толку популарни колку што се кај нас, ја прават штетата и влијаат на добрососедските односи.

„Ниту еден Протокол не може да ги направи или наруши односите. Впрочем добрата волја и меѓусебно почитување е основа на сè. Ние ако го земеме сега и Преспанскиот договор сигурно ќе најдеме елементи што не се применуваат доследно или навремено. Меѓутоа во духот на тој договор живее дека ние градиме пријателство. И дека меѓусебно се почитуваме“, истакна Маричиќ во гостувањето на „Вин-вин“ на Телма.

The post Маричиќ: Одлуката на Судот во Стразбур е шанса за домашните судови да ја вратат довербата кај граѓаните за правда appeared first on Република.

АА за решението на ЕСЧП: Ќе победи правдата откако го презедовме секторот правда https://republika.mk/vesti/makedonija/aa-za-reshenieto-na-eschp-ke-pobedi-pravdata-otkako-go-prezedovme-sektorot-pravda/ Thu, 16 Feb 2023 19:49:52 +0000 https://republika.mk/?p=609935

Според Алијанса за Албанците, одлуката на Судот од Стразбур силно удира врз оние кои се надевале и се обидувале да се пазарат со правдата во интерес на криминалот и корупцијата.

Преземањето одговорност во секторот за правда од страна на АА, без хипотеки на ВМРО, предупредувањето за спроведување на ветингот, формирањето на Бирото за конфискација на криминален имот и генерализацијата на заплената на криминалните имоти, со право создаде паника во редовите на криминализираните партии. Структурите блиски до експремиерот Никола Груевски и опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе го зголемат интензитетот на навреди, клевети и манипулации кон нас во последните обиди за спас, но, како и овој, како и многу други обиди, ќе пропаднат, а на крајот ќе победи правдата, велат од Алијанса за Албанците.

The post АА за решението на ЕСЧП: Ќе победи правдата откако го презедовме секторот правда appeared first on Република.

Алтернатива: Одлуката на ЕСЧП е доказ дека правдата треба овде да се гради https://republika.mk/vesti/makedonija/alternativa-odlukata-na-eschp-e-dokaz-deka-pravdata-treba-ovde-da-se-gradi/ Thu, 16 Feb 2023 19:17:40 +0000 https://republika.mk/?p=609925

Наместо дневно политички препукувања меѓу двете најголеми македонски партии, кои намерно, од свој агол ја толкуваат пресудата на ЕСЧП, конечно треба да ѝ погледнеме на вистината во очи, а тоа е дека главната порака од Стразбур е „правдата пред се' ја делат домашните правосудни органи, ние не можеме да ја преземеме нивната улога", реагира Алтернатива во врска со одлуката на Европскиот суд за човекови права. „„СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ кои 32 години се менуваат на власта, заедно со ДУИ кои 22 години се власт, треба да замолчат на оваа тема“, нагласува партијата.

Тие партии, велат од Алтернатива, треба да замолчат бидејќи имаат подеднакво одговорност за катастрофалните состојби со владеењето на правото, еднаквоста пред законите и правната сигурност.

„Благодарение токму на овие три партии Македонија наликува на 'Ел Дорадо' во кое партиите се најголем извор на корупција во државата. Времето за декларативни заложби одамна заврши. Сега е време за акција. Алтернатива има конкретен, издржан и правно формулиран предлог за директно соочување со политичката корупција на партиските кадри во власта. Најодговорните партии треба да престанат да избегнуваат да се произнесат за нашиот предлог. Со висок степен на консензус уставниот амандман на Алтернатива за спречување на застарувањето на кривични дела сторени од носители на функции во законодавната, извршната и судската власт, веднаш ќе стане реалност. Да не ја бараме Европската правда во Брисел, Стразбур, Париз, Берлин.., да ја донесеме дома! Секогаш има Алтернатива!“, соопшти партијата.

The post Алтернатива: Одлуката на ЕСЧП е доказ дека правдата треба овде да се гради appeared first on Република.

]]>

Наместо дневно политички препукувања меѓу двете најголеми македонски партии, кои намерно, од свој агол ја толкуваат пресудата на ЕСЧП, конечно треба да ѝ погледнеме на вистината во очи, а тоа е дека главната порака од Стразбур е „правдата пред се' ја делат домашните правосудни органи, ние не можеме да ја преземеме нивната улога", реагира Алтернатива во врска со одлуката на Европскиот суд за човекови права. „„СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ кои 32 години се менуваат на власта, заедно со ДУИ кои 22 години се власт, треба да замолчат на оваа тема“, нагласува партијата. Тие партии, велат од Алтернатива, треба да замолчат бидејќи имаат подеднакво одговорност за катастрофалните состојби со владеењето на правото, еднаквоста пред законите и правната сигурност.
„Благодарение токму на овие три партии Македонија наликува на 'Ел Дорадо' во кое партиите се најголем извор на корупција во државата. Времето за декларативни заложби одамна заврши. Сега е време за акција. Алтернатива има конкретен, издржан и правно формулиран предлог за директно соочување со политичката корупција на партиските кадри во власта. Најодговорните партии треба да престанат да избегнуваат да се произнесат за нашиот предлог. Со висок степен на консензус уставниот амандман на Алтернатива за спречување на застарувањето на кривични дела сторени од носители на функции во законодавната, извршната и судската власт, веднаш ќе стане реалност. Да не ја бараме Европската правда во Брисел, Стразбур, Париз, Берлин.., да ја донесеме дома! Секогаш има Алтернатива!“, соопшти партијата.

The post Алтернатива: Одлуката на ЕСЧП е доказ дека правдата треба овде да се гради appeared first on Република.

]]>
Соопштение на Министерството за правда за одлуката на Европскиот суд за човекови права во Стразбур https://republika.mk/vesti/makedonija/soopshtenie-na-ministerstvoto-za-pravda-za-odlukata-na-evropskiot-sud-za-chovekovi-prava-vo-strazbur/ Thu, 16 Feb 2023 17:40:29 +0000 https://republika.mk/?p=609894

Во својата одлука во предметот Талески и други против Македонија [Taleski and Others v. North Macedonia] (апликации бр. 77796/17, 80003/17, 81848/17, 81862/17, 11583/18 и 30884/18) Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) едногласно ги прогласи апликациите за недозволени. Одлуката на ЕСЧП е конечна.

Одлуката на ЕСЧП беше донесена од совет во состав од следниве седум судии: Arnfinn Bårdsen / Арнфин Бардсен (Норвешка), Претседател, Pauliine Koskelo / Паулин Коскело (Финска), Tim Eicke / Тим Ајке (Обединетото Кралство), Saadet Yüksel / Садет Јуксел (Турција), Lorraine Schembri Orland / Лорен Шембри Орланд (Малта), Frédéric Krenc / Фредерик Кренк (Белгија), Diana Sârcu / Диана Сарку (Република Молдавија), и исто така Hasan Bakırcı / Хасан Бакирчи, секретар.

Апликантите се седум државјани на Република Македонија (Никола Груевски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Тони Јакимовски, Сашо Мијалков, Владимир Талески и Тони Трајковски) и еден државјанин на Република Македонија кој, исто така, е државјанин на Република Албанија (Едмонд Темелко).

Повикувајќи се на член 6 став 1 од ЕКЧП (право на правично судење), апликантите (освен г. Темелко) се жалеа дека тоа што се кривично гонети откако биле помилувани го повредило владеењето на правото и дека одлуките за поништување на поранешниот Претседател на државата биле спротивни на принципот на правна сигурност поради нивното ретроактивно дејство.

Понатаму, г. Талески и г. Темелко се жалеа врз основа на член 5 став 1(в) од ЕКЧП (право на слобода и безбедност) дека нивниот притвор бил арбитрарен.

ЕСЧП констатираше дека во 2015 година откако станува извесно дека се одвивало тајно снимање на телефонски разговори во Македонија, и по предавање на датотеки кои произлегуваат од овие снимки на обвинителите, апликантите биле осомничени за разни кривични дела; дека на 12 април 2016 година г. Иванов, во својство на тогашен Претседател на државата ги носи одлуките кои се однесуваат на 56 лица, вклучувајќи ги и апликантите, што предизвика масовни улични протести познати како Шарена револуција; дека по измените на Законот за помилување, во мај и јуни 2016 година Претседателот ги поништи сопствените одлуки, по што започнуваат или продолжуваат судењата против апликантите за наводните кривични дела во рамките на домашните кривични постапки против апликантите (во однос на: г. Талески, предметот познат како „Транспортер“; г-а Јанкулоска и г. Јанакиески, предметот познат како „Титаник 1“; г. Груевски, г. Јанакиески и г. Трајковски, предметот познат како „ТНТ“; г. Мијалков предметот познат како „Тортура“; г. Јакимовски и г-а Јанкулоска, предметот познат како „Тврдина“; г. Темелко, предметот познат како „Титаник 1“).

Во однос на жалбените наводи по основ на член 6, Владата меѓу другото тврдеше дека тие се преуранети бидејќи жалбените постапки во предметите пред судовите на Македонија се сè уште во тек. Владата, повикувајќи се на релевантните одредби од Законот за кривичната постапка, тврдеше дека жалбената постапка во Македонија ќе им обезбеди можност на апликантите да ги изнесат своите аргументи во однос на одлуките на г. Иванов. Покрај тоа, Законот за кривична постапка овозможува вонредно преиспитување од страна на Врховниот суд, а ЕСЧП го имаше во предвид и ставот изграден во својата претходна судска практика во однос на Македонија, дека таквото барање за вонредно преиспитување под одредени
околности би бил ефикасен правен лек, на кој апликантите би можеле да се потпрат во однос на своите жалбени наводи истакнати и пред ЕСЧП и доколку се успешни во постапката, во посебна постапка да бараат паричен надомест.

Оттука, ЕСЧП утврди дека апликантите пропуштиле да ги исцрпат домашните правни лекови и дека затоа жалбените наводи по основ на член 6 од ЕКЧП (право на правично судење) се преуранети бидејќи домашните органи имаат можност да се произнесат за тие наводи во тековните кривични постапки, односно дека домашниот судски систем, кој може директно да ја примени Конвенцијата, треба да добие шанса да се произнесе во врска со жалбените наводи и да ги исправи сите повреди на Конвенцијата кои евентуално би ги утврдил.

Во однос на жалбените наводи на г. Талески по основ на член 5, ЕСЧП утврди отсуство на потреба да ја испитува постапката во врска со неговиот домашен притвор по одлуката на поранешниот Претседател на државата од 12 април 2016, бидејќи тој бил пуштен на слобода повеќе од шест месеци пред тој да ја поднесе апликацијата до ЕСЧП. Од друга страна, во однос на неговите наводи дека истрагата требало да биде запрена, ЕСЧП истакна особено дека правниот лек кој г. Талески го искористил и за кој тој тврдеше дека бил ефективен, бил отфрлен како ненавремен, со одлуки на домашните судови кои не се чинат неразумни и арбитрарни.

Во врска со жалбените наводи на г. Темелко според член 5, ЕСЧП утврди дека тој бил или во притвор или во домашен притвор помеѓу 26 септември 2017 година и 16 мај 2018 година. Решенијата со кои му биле определени мерките за обезбедување на присуство биле предмет на судско преиспитување од страна на домашните судови. Сепак, тој тврдеше дека домашните судови требало по сопствена иницијатива да испитаат дали постоеле некакви основи (помилување од претседателот) што го исклучуваат кривичното гонење, кои притворот би го направиле незаконски. ЕСЧП зазеде став дека дури и да било така, сè уште постоела обврска за апликантот, пред домашните судови да ги изнесе своите жалбени наводи според Конвенцијата. ЕСЧП заклучи дека тој не го сторил тоа и не изложил никаков аргумент зошто тој правен лек би бил неефикасен, односно дека г. Темелко, не ги изнел неговите жалбени наводи
според Конвенцијата пред домашните судови.

Со оглед на горенаведеното, ЕСЧП одлучи дека жалбените наводи по основ на член 5 и член 6 од ЕКЧП се недозволени односно недопуштени поради неисцрпување на домашните правни лекови.

The post Соопштение на Министерството за правда за одлуката на Европскиот суд за човекови права во Стразбур appeared first on Република.

]]>

Во својата одлука во предметот Талески и други против Македонија [Taleski and Others v. North Macedonia] (апликации бр. 77796/17, 80003/17, 81848/17, 81862/17, 11583/18 и 30884/18) Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) едногласно ги прогласи апликациите за недозволени. Одлуката на ЕСЧП е конечна. Одлуката на ЕСЧП беше донесена од совет во состав од следниве седум судии: Arnfinn Bårdsen / Арнфин Бардсен (Норвешка), Претседател, Pauliine Koskelo / Паулин Коскело (Финска), Tim Eicke / Тим Ајке (Обединетото Кралство), Saadet Yüksel / Садет Јуксел (Турција), Lorraine Schembri Orland / Лорен Шембри Орланд (Малта), Frédéric Krenc / Фредерик Кренк (Белгија), Diana Sârcu / Диана Сарку (Република Молдавија), и исто така Hasan Bakırcı / Хасан Бакирчи, секретар. Апликантите се седум државјани на Република Македонија (Никола Груевски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Тони Јакимовски, Сашо Мијалков, Владимир Талески и Тони Трајковски) и еден државјанин на Република Македонија кој, исто така, е државјанин на Република Албанија (Едмонд Темелко). Повикувајќи се на член 6 став 1 од ЕКЧП (право на правично судење), апликантите (освен г. Темелко) се жалеа дека тоа што се кривично гонети откако биле помилувани го повредило владеењето на правото и дека одлуките за поништување на поранешниот Претседател на државата биле спротивни на принципот на правна сигурност поради нивното ретроактивно дејство. Понатаму, г. Талески и г. Темелко се жалеа врз основа на член 5 став 1(в) од ЕКЧП (право на слобода и безбедност) дека нивниот притвор бил арбитрарен. ЕСЧП констатираше дека во 2015 година откако станува извесно дека се одвивало тајно снимање на телефонски разговори во Македонија, и по предавање на датотеки кои произлегуваат од овие снимки на обвинителите, апликантите биле осомничени за разни кривични дела; дека на 12 април 2016 година г. Иванов, во својство на тогашен Претседател на државата ги носи одлуките кои се однесуваат на 56 лица, вклучувајќи ги и апликантите, што предизвика масовни улични протести познати како Шарена револуција; дека по измените на Законот за помилување, во мај и јуни 2016 година Претседателот ги поништи сопствените одлуки, по што започнуваат или продолжуваат судењата против апликантите за наводните кривични дела во рамките на домашните кривични постапки против апликантите (во однос на: г. Талески, предметот познат како „Транспортер“; г-а Јанкулоска и г. Јанакиески, предметот познат како „Титаник 1“; г. Груевски, г. Јанакиески и г. Трајковски, предметот познат како „ТНТ“; г. Мијалков предметот познат како „Тортура“; г. Јакимовски и г-а Јанкулоска, предметот познат како „Тврдина“; г. Темелко, предметот познат како „Титаник 1“). Во однос на жалбените наводи по основ на член 6, Владата меѓу другото тврдеше дека тие се преуранети бидејќи жалбените постапки во предметите пред судовите на Македонија се сè уште во тек. Владата, повикувајќи се на релевантните одредби од Законот за кривичната постапка, тврдеше дека жалбената постапка во Македонија ќе им обезбеди можност на апликантите да ги изнесат своите аргументи во однос на одлуките на г. Иванов. Покрај тоа, Законот за кривична постапка овозможува вонредно преиспитување од страна на Врховниот суд, а ЕСЧП го имаше во предвид и ставот изграден во својата претходна судска практика во однос на Македонија, дека таквото барање за вонредно преиспитување под одредени околности би бил ефикасен правен лек, на кој апликантите би можеле да се потпрат во однос на своите жалбени наводи истакнати и пред ЕСЧП и доколку се успешни во постапката, во посебна постапка да бараат паричен надомест. Оттука, ЕСЧП утврди дека апликантите пропуштиле да ги исцрпат домашните правни лекови и дека затоа жалбените наводи по основ на член 6 од ЕКЧП (право на правично судење) се преуранети бидејќи домашните органи имаат можност да се произнесат за тие наводи во тековните кривични постапки, односно дека домашниот судски систем, кој може директно да ја примени Конвенцијата, треба да добие шанса да се произнесе во врска со жалбените наводи и да ги исправи сите повреди на Конвенцијата кои евентуално би ги утврдил. Во однос на жалбените наводи на г. Талески по основ на член 5, ЕСЧП утврди отсуство на потреба да ја испитува постапката во врска со неговиот домашен притвор по одлуката на поранешниот Претседател на државата од 12 април 2016, бидејќи тој бил пуштен на слобода повеќе од шест месеци пред тој да ја поднесе апликацијата до ЕСЧП. Од друга страна, во однос на неговите наводи дека истрагата требало да биде запрена, ЕСЧП истакна особено дека правниот лек кој г. Талески го искористил и за кој тој тврдеше дека бил ефективен, бил отфрлен како ненавремен, со одлуки на домашните судови кои не се чинат неразумни и арбитрарни. Во врска со жалбените наводи на г. Темелко според член 5, ЕСЧП утврди дека тој бил или во притвор или во домашен притвор помеѓу 26 септември 2017 година и 16 мај 2018 година. Решенијата со кои му биле определени мерките за обезбедување на присуство биле предмет на судско преиспитување од страна на домашните судови. Сепак, тој тврдеше дека домашните судови требало по сопствена иницијатива да испитаат дали постоеле некакви основи (помилување од претседателот) што го исклучуваат кривичното гонење, кои притворот би го направиле незаконски. ЕСЧП зазеде став дека дури и да било така, сè уште постоела обврска за апликантот, пред домашните судови да ги изнесе своите жалбени наводи според Конвенцијата. ЕСЧП заклучи дека тој не го сторил тоа и не изложил никаков аргумент зошто тој правен лек би бил неефикасен, односно дека г. Темелко, не ги изнел неговите жалбени наводи според Конвенцијата пред домашните судови. Со оглед на горенаведеното, ЕСЧП одлучи дека жалбените наводи по основ на член 5 и член 6 од ЕКЧП се недозволени односно недопуштени поради неисцрпување на домашните правни лекови.

The post Соопштение на Министерството за правда за одлуката на Европскиот суд за човекови права во Стразбур appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Одлуката на Судот во Стразбур е огромна победа и огромен успех на нашата држава https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-odlukata-na-sudot-vo-strazbur-e-ogromna-pobeda-i-ogromen-uspeh-na-nashata-drzhava/ Thu, 16 Feb 2023 16:48:40 +0000 https://republika.mk/?p=609878

Премиерот Димитар Ковачевски истакна дека решението што денеска го донесе Судот во Стразбур е огромна победа и огромен успех на нашата држава.

Прво, ова е огромна победа и огромен успех на нашата држава. Македонскиот тим навистина даде се од себе и извојува победа во исклучително комплексен случај. Би сакал да изразам огромна благодарност за нивната посветена работа во текот на изминатиот период. Со одлуката на Судот во Стразбур која во случајов е во корист на државата, жалбите на апликантите во целост се прогласени за недозволени вклучително и во делот за наводните помилувања.

Аргументите на Владата во однос на недозволеноста на апликациите се целосно уважени од страна на Судот во Стразбур.

Особено е важно да се исткане дека спротивно на тврдењата на апликантите, Судот не утврди прекршување на Европската Конвенција за заштита на човековите права.

Ова е победа и на државата и на правдата и на правосудниот систем. Со одлуката, Судот смета дека жалбите на апликантите се недозволени во принцип поради неискористување на домашните правни лекови.

Ние сме држава членка на Советот на Европа, нашата посветеност на владеењето на правото и на Европската конвенција за човекови права и вредностите кои ја поткрепуваат се неспорни во голем број други случаи.

Дополнително, како држава која води преговори со ЕУ со крајна цел полноправно членство на Македонија во Унијата, факт е дека владеењето на правото е еден од највисоките приоритети за нас.

Со оглед на фактот што кривичните постапки на кои се однесуваат апликациите и оваа одлука, се сѐ уште во тек пред домашните судови, би се воздржал од дополнителни коментари, за да нема недоразбирања или можеби да се протолкува како влијание на понатамошните процеси, изјави Ковачевски на денешниот настан на отворањето на новата градинка во Волково.

The post Ковачевски: Одлуката на Судот во Стразбур е огромна победа и огромен успех на нашата држава appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски истакна дека решението што денеска го донесе Судот во Стразбур е огромна победа и огромен успех на нашата држава.
Прво, ова е огромна победа и огромен успех на нашата држава. Македонскиот тим навистина даде се од себе и извојува победа во исклучително комплексен случај. Би сакал да изразам огромна благодарност за нивната посветена работа во текот на изминатиот период. Со одлуката на Судот во Стразбур која во случајов е во корист на државата, жалбите на апликантите во целост се прогласени за недозволени вклучително и во делот за наводните помилувања. Аргументите на Владата во однос на недозволеноста на апликациите се целосно уважени од страна на Судот во Стразбур. Особено е важно да се исткане дека спротивно на тврдењата на апликантите, Судот не утврди прекршување на Европската Конвенција за заштита на човековите права. Ова е победа и на државата и на правдата и на правосудниот систем. Со одлуката, Судот смета дека жалбите на апликантите се недозволени во принцип поради неискористување на домашните правни лекови. Ние сме држава членка на Советот на Европа, нашата посветеност на владеењето на правото и на Европската конвенција за човекови права и вредностите кои ја поткрепуваат се неспорни во голем број други случаи. Дополнително, како држава која води преговори со ЕУ со крајна цел полноправно членство на Македонија во Унијата, факт е дека владеењето на правото е еден од највисоките приоритети за нас. Со оглед на фактот што кривичните постапки на кои се однесуваат апликациите и оваа одлука, се сѐ уште во тек пред домашните судови, би се воздржал од дополнителни коментари, за да нема недоразбирања или можеби да се протолкува како влијание на понатамошните процеси, изјави Ковачевски на денешниот настан на отворањето на новата градинка во Волково.

The post Ковачевски: Одлуката на Судот во Стразбур е огромна победа и огромен успех на нашата држава appeared first on Република.

]]>
Богданов: Реално и објективно, Судот во Стразбур нема донесено ништо мериторно https://republika.mk/vesti/makedonija/bogdanov-ealno-i-objektivno-sudot-vo-strazbur-nema-doneseno-nishto-meritorno/ Thu, 16 Feb 2023 11:40:09 +0000 https://republika.mk/?p=609723

Костадин Богданов, адвокат, и поранешен владин агент пред Европскиот суд за човекови права во Старзбур, за Фактор попрецизно го објаснува значењето на денешната одлука на Европскиот суд.

„Реално и објективно, Судот во Стразбур нема донесено ништо мериторно, во смисла дали жалбените наводи се прифатливи или не, односно дали има повреда на Конвенцијата за човекови права или не, туку едноставно, остава време да го слушне и мислењето на нашиот Врховен суд, во контекст на предметите и помилувањата, како би можел евентуално подоцна да решава и мериторно. Практично, Судот сега само ја отфрла апликацијата во моментов, бидејќи не се исцрпени сите домашни правни средства“, објаснува Богданов во разговор за Фактор.

Повеќе на „Фактор.мк“

The post Богданов: Реално и објективно, Судот во Стразбур нема донесено ништо мериторно appeared first on Република.

Владата наместо да слави за одлуката во Стразбур, треба да се загрижи,, судот само констатира дека апликациите се преуранети https://republika.mk/vesti/makedonija/vladata-namesto-da-slavi-za-odlukata-vo-strazbur-treba-da-se-zagrizhi-sudot-samo-konstatira-deka-aplikatsiite-se-preuraneti/ Thu, 16 Feb 2023 11:04:29 +0000 https://republika.mk/?p=609699

Европскиот суд за човекови права донесе одлука во која вели дека поднесените апликации од апликантите се преуранети и не навлегува во суштината на апликациите. Во одлуката се вели дека не се исцрпени сите правни механизми во Македонија.

Владата наместо да слави за дефокус треба оваа одлука да ја загрижи, бидејќи суштината и правдата еден ден ќе излезат на виделина. Исто како што во јавноста излегува на виделина високата инфлација, криминалните тендери, корупцијата, предавствата, неспособноста како што е последниот случај со повлекувањето на евро обврзницата, со што СДС и ДУИ ја посрамотија државата и го нарушија нејзиниот углед-велат од ВМРО-ДПМНЕ.

https://republika.mk/vesti/makedonija/advokatot-ilievski-nema-prostor-za-triumfalizam-kaj-vladata-ova-ne-znachi-deka-abolitsiite-se-nevazhechki-i-nishtovni-tuku-deka-se-ushte-ne-e-dojdeno-vreme-da-se-odluchuva/

The post Владата наместо да слави за одлуката во Стразбур, треба да се загрижи,, судот само констатира дека апликациите се преуранети appeared first on Република.

Лазарова-Трајковска: ЕСЧП оцени дека жалителите не ги искористиле сите правни лекови пред националните судови https://republika.mk/vesti/makedonija/lazarova-trajkovska-eschp-otseni-deka-zhalitelite-ne-gi-iskoristile-site-pravni-lekovi-pred-natsionalnite-sudovi/ Thu, 16 Feb 2023 10:32:30 +0000 https://republika.mk/?p=609671

Европскиот суд за човекови права со одлуката да ги отфрли жалбите за поништената аболиција од поранашнит претседател Ѓорге Иванов, оценил дека жалителите не ги искористиле сите редовни и вонредни правни лекови кои им ги нуди националното право, а за кои во предходни пресуди и одлуки судот прифатил дека се ефективни правни лекови, вели за МИА поранешната судијка во Судот во Стразбур и актуелна судијка во Врховниот суд, Мирјана Лазарова-Трајковска.

Денеска ЕСЧП одлучи со одлука да ги отфрли жалбите во врска со можни повреди на правото на правично судење на жалителите кои се повикаа на дадените па повлечени помилувања. Ова од причина што, Судот може да прифати случај само откако ќе бидат исцрпени сите домашни правни средства, и во рок кој во време на поднесувањето бил шест месеци сметано од датумот на кој е донесена конечната одлука од страна на националните власти, изјави Лазарова-Трајковска.

Ваквата одлука на Судот, како што посочува, може да влијае само во однос на преиспитување од страна на жалителите дали се уште останале можности за покренување на правни лекови пред националните судови или во некои постапки тие рокови се поминати.

Таа појаснува дека во секој степен од постапката, Судот може да одлучи да отфрли определена жалба од списокот на предмети.

Во конкретниот случај, иако жалбата, по оценка на Судот била дека жалбите треба да се отфрлат поради неисцрпеност на домашните правни лекови и можел да ги отфрли жалбите и во рана фаза на поднесување во фoрмација од Комитет од тројца судии, тој сепак предметот го одлучил во совет од седум судии заради неговата комплексност и важност за подносителите на жалбите но и за националните власти, нагласува судијката Лазарова-Трајковска.

https://republika.mk/vesti/makedonija/advokatot-ilievski-nema-prostor-za-triufalizam-kaj-vladata-ova-ne-znachi-deka-abolitsiite-se-nevazhechki-i-nishtovni-tuku-deka-se-ushte-ne-e-dojdeno-no-vreme-da-se-odluchuva/

The post Лазарова-Трајковска: ЕСЧП оцени дека жалителите не ги искористиле сите правни лекови пред националните судови appeared first on Република.

]]>

Европскиот суд за човекови права со одлуката да ги отфрли жалбите за поништената аболиција од поранашнит претседател Ѓорге Иванов, оценил дека жалителите не ги искористиле сите редовни и вонредни правни лекови кои им ги нуди националното право, а за кои во предходни пресуди и одлуки судот прифатил дека се ефективни правни лекови, вели за МИА поранешната судијка во Судот во Стразбур и актуелна судијка во Врховниот суд, Мирјана Лазарова-Трајковска.
Денеска ЕСЧП одлучи со одлука да ги отфрли жалбите во врска со можни повреди на правото на правично судење на жалителите кои се повикаа на дадените па повлечени помилувања. Ова од причина што, Судот може да прифати случај само откако ќе бидат исцрпени сите домашни правни средства, и во рок кој во време на поднесувањето бил шест месеци сметано од датумот на кој е донесена конечната одлука од страна на националните власти, изјави Лазарова-Трајковска.
Ваквата одлука на Судот, како што посочува, може да влијае само во однос на преиспитување од страна на жалителите дали се уште останале можности за покренување на правни лекови пред националните судови или во некои постапки тие рокови се поминати. Таа појаснува дека во секој степен од постапката, Судот може да одлучи да отфрли определена жалба од списокот на предмети.
Во конкретниот случај, иако жалбата, по оценка на Судот била дека жалбите треба да се отфрлат поради неисцрпеност на домашните правни лекови и можел да ги отфрли жалбите и во рана фаза на поднесување во фoрмација од Комитет од тројца судии, тој сепак предметот го одлучил во совет од седум судии заради неговата комплексност и важност за подносителите на жалбите но и за националните власти, нагласува судијката Лазарова-Трајковска.
https://republika.mk/vesti/makedonija/advokatot-ilievski-nema-prostor-za-triufalizam-kaj-vladata-ova-ne-znachi-deka-abolitsiite-se-nevazhechki-i-nishtovni-tuku-deka-se-ushte-ne-e-dojdeno-no-vreme-da-se-odluchuva/  

The post Лазарова-Трајковска: ЕСЧП оцени дека жалителите не ги искористиле сите правни лекови пред националните судови appeared first on Република.

]]>
СДСМ: Судот во Стразбур потврди, победа правдата и правната држава https://republika.mk/vesti/makedonija/sdsm-sudot-vo-strazbur-potvrdi-pobeda-pravdata-i-pravnata-drzhava/ Thu, 16 Feb 2023 10:26:32 +0000 https://republika.mk/?p=609656

СДСМ ја поздравува одлуката на Европскиот суд за човекови права, која, како што велат од партијата, „потврдува дека апликациите на поранешните функционери на ВМРО-ДМПНЕ, на кои поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов се обиде да им даде незаконски помилувања, се недозволени“.

Оваа одлука е важна, бидејќи Судот во Стразбур не констатира прекршување на човековите права во кривичниот прогон на членовите на поранешниот политички естаблишмент од ВМРО-ДПМНЕ, кој ја доведе Република Cеверна Македонија во состојба на заробена држава. Напротив, Судот смета дека нивните наводи се недозволени. Аргументите на државата во однос на недозволеноста на апликациите победија и се уважени. ВМРО-ДПМНЕ изгуби во Стразбур, и нивниот обид за ништење на правната држава, уште еднаш, се покажа неуспешен. Оттука натаму, независната судска власт има одговорност и обврска пред граѓаните и законите да ги доведе до крај кривичните постапки кои се предмет на пресудата. Владеењето на правото и правната држава во која одговорност пред законите е еднаква за сите без разлика на политичка, верска, национална или било каква припадност се врвни приоритети на СДСМ во градењето праведно и правично оштество, велат од СДСМ.

The post СДСМ: Судот во Стразбур потврди, победа правдата и правната држава appeared first on Република.

Адвокатот Илиевски: Нема простор за триумфализам кај Владата, ова не значи дека аболициите се неважечки и ништовни туку дека се уште не е дојдено време да се одлучува https://republika.mk/vesti/makedonija/advokatot-ilievski-nema-prostor-za-triumfalizam-kaj-vladata-ova-ne-znachi-deka-abolitsiite-se-nevazhechki-i-nishtovni-tuku-deka-se-ushte-ne-e-dojdeno-vreme-da-se-odluchuva/ Thu, 16 Feb 2023 10:25:58 +0000 https://republika.mk/?p=609655

Адвокатот Влатко Илиевски коментирајќи го денешното решение на Судот во Стразбур нагласува дека станува збор за решение а не пресуда и оти тоа значи дека судот не одлчувал мериторно по наодите во апликацијата туку дека таа е преуранета.

Тој прашува зошто на судот му требало пет и пол години да одлучи дека е преуранета?

Нема простор за триумфализам кај Владата. Ова не значи дека аболициите се неважечки и ништовни туку дека се уште не е дојдено  време да се одлучува и дека судот оства протор на судовите во Македонија прво тие да се прознесат во однос на валидноста на аргугументите-објаснива Илиевски за „Република“.

Ова во суштина значи дека во оној момент кога Врховниот суд ќе се произнесе за пресудите, осудените би можеле повторно да се обратат во Стразбур.

The post Адвокатот Илиевски: Нема простор за триумфализам кај Владата, ова не значи дека аболициите се неважечки и ништовни туку дека се уште не е дојдено време да се одлучува appeared first on Република.

]]>

Адвокатот Влатко Илиевски коментирајќи го денешното решение на Судот во Стразбур нагласува дека станува збор за решение а не пресуда и оти тоа значи дека судот не одлчувал мериторно по наодите во апликацијата туку дека таа е преуранета. Тој прашува зошто на судот му требало пет и пол години да одлучи дека е преуранета?
Нема простор за триумфализам кај Владата. Ова не значи дека аболициите се неважечки и ништовни туку дека се уште не е дојдено  време да се одлучува и дека судот оства протор на судовите во Македонија прво тие да се прознесат во однос на валидноста на аргугументите-објаснива Илиевски за „Република“.
Ова во суштина значи дека во оној момент кога Врховниот суд ќе се произнесе за пресудите, осудените би можеле повторно да се обратат во Стразбур.  

The post Адвокатот Илиевски: Нема простор за триумфализам кај Владата, ова не значи дека аболициите се неважечки и ништовни туку дека се уште не е дојдено време да се одлучува appeared first on Република.

]]>
Маричиќ: Правната држава победи, помилувањата немаат законска основа https://republika.mk/vesti/makedonija/marichik-pravnata-drzhava-pobedi-pomiluvanata-nemaat-zakonska-osnova/ Thu, 16 Feb 2023 10:18:02 +0000 https://republika.mk/?p=609652

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ ја поздрави денешната одлука на Европскиот суд за човекови права која, како што вели, е во полза на државата, според која жалбите на апликантите во целост со наводните помилувања се недозволени.

Со одлуката, Судот смета дека жалбите се недозволени во принцип поради неискористување на домашните правни лекови и дека нема прекршување на човековите права.
Постапките продолжуваат пред домашните судови, бидејќи е нелегитимно да се прескокнуваат македонските судови. Можеби Европскиот суд е искористен во овој случај како алатка за одолговлекување на постапките, но сепак владеење на правото е неприкосновен принцип.
Исклучително важно е да има спроведена правда која граѓаните ја очекуваат, а која ќе се нотира позитивно во извештаите на Европската Комисија во делот почитување на владеење на правото во Македонија.
Благодарност до стручноста и посветеноста на правниот тим за успехот во застапувањето пред Европскиот суд за човекови права, вели Маричиќ.

The post Маричиќ: Правната држава победи, помилувањата немаат законска основа appeared first on Република.

]]>

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ ја поздрави денешната одлука на Европскиот суд за човекови права која, како што вели, е во полза на државата, според која жалбите на апликантите во целост со наводните помилувања се недозволени.
Со одлуката, Судот смета дека жалбите се недозволени во принцип поради неискористување на домашните правни лекови и дека нема прекршување на човековите права. Постапките продолжуваат пред домашните судови, бидејќи е нелегитимно да се прескокнуваат македонските судови. Можеби Европскиот суд е искористен во овој случај како алатка за одолговлекување на постапките, но сепак владеење на правото е неприкосновен принцип. Исклучително важно е да има спроведена правда која граѓаните ја очекуваат, а која ќе се нотира позитивно во извештаите на Европската Комисија во делот почитување на владеење на правото во Македонија. Благодарност до стручноста и посветеноста на правниот тим за успехот во застапувањето пред Европскиот суд за човекови права, вели Маричиќ.

The post Маричиќ: Правната држава победи, помилувањата немаат законска основа appeared first on Република.

]]>
Влада: Одлуката од Стразбур е во полза на државата и потврдува дека жалбите на апликантите во целост се прогласени за недозволени https://republika.mk/vesti/makedonija/vlada-odlukata-od-strazbur-e-vo-polza-na-drzhavata-i-potvrduva-deka-zhalbite-na-aplikantite-vo-tselost-se-proglaseni-za-nedozvoleni/ Thu, 16 Feb 2023 10:11:45 +0000 https://republika.mk/?p=609644

Владата ја поздрави денешната одлука на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) која, како што велат, е во полза на државата и потврдува дека жалбите на апликантите во целост се прогласени за недозволени вклучително и во делот за наводните помилувања.

Аргументите на Владата во однос на недозволеноста на апликациите се целосно уважени од страна на ЕСЧП. Спротивно на тврдењата на апликантите, ЕСЧП не утврдува прекршување на Европската Конвенција за заштита на човековите права (ЕКЧП). Одлуката која денес ја донесе ЕСЧП се однесува на шест случаи кои пред Судот во Стразбур ја тужеа Република Cеверна Македонија со наводи за повреда на ЕКЧП по член 5 и член 6. Со одлуката, Судот смета дека жалбите на апликантите се недозволени во принцип поради неискористување на домашните правни лекови, се наведува во соопштението од владината прес-служба.

https://republika.mk/vesti/makedonija/sudot-vo-strazbur-ja-otfrli-zhalbata-za-ponishtenata-abolitsija-na-ivanov/

Како држава членка на Советот на Европа, Владата ја користи оваа прилика „да ја повтори својата посветеност и кон владеењето на правото и на Европската конвенција за човекови права и вредностите кои ја поткрепуваат“.

Како држава која води преговори со ЕУ со крајна цел полноправно членство нa Cеверна Македонија во Унијата, посочуваме дека владеењето на правото е еден од највисоките приоритети. Воедно, Владата на Република Cеверна Македонија посочува дека во рамките на своите надлежности обезбедува поддршка за самостојно и независно функционирање на правосудниот систем. Во таа насока, би сакале да ја информираме јавноста дека со оглед на фактот што кривичните постапки на кои се однесуваат апликациите и оваа одлука на Судот во Стразбур, се сѐ уште во тек пред домашните судови, Владата во овој момент нема да дава дополнителни коментари, како не би влијаела на понатамошните процеси, се додава во соопштението.

Од Владата информираат дека официјален превод на сижето од одлуката ќе биде доставено до јавноста во форма на соопштение од страна на Бирото за застапување на Македонија пред ЕСЧП, а ќе биде и прикачено на веб страницата на Владата во најбрз можен рок.

The post Влада: Одлуката од Стразбур е во полза на државата и потврдува дека жалбите на апликантите во целост се прогласени за недозволени appeared first on Република.

]]>

Владата ја поздрави денешната одлука на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) која, како што велат, е во полза на државата и потврдува дека жалбите на апликантите во целост се прогласени за недозволени вклучително и во делот за наводните помилувања.
Аргументите на Владата во однос на недозволеноста на апликациите се целосно уважени од страна на ЕСЧП. Спротивно на тврдењата на апликантите, ЕСЧП не утврдува прекршување на Европската Конвенција за заштита на човековите права (ЕКЧП). Одлуката која денес ја донесе ЕСЧП се однесува на шест случаи кои пред Судот во Стразбур ја тужеа Република Cеверна Македонија со наводи за повреда на ЕКЧП по член 5 и член 6. Со одлуката, Судот смета дека жалбите на апликантите се недозволени во принцип поради неискористување на домашните правни лекови, се наведува во соопштението од владината прес-служба.
https://republika.mk/vesti/makedonija/sudot-vo-strazbur-ja-otfrli-zhalbata-za-ponishtenata-abolitsija-na-ivanov/ Како држава членка на Советот на Европа, Владата ја користи оваа прилика „да ја повтори својата посветеност и кон владеењето на правото и на Европската конвенција за човекови права и вредностите кои ја поткрепуваат“.
Како држава која води преговори со ЕУ со крајна цел полноправно членство нa Cеверна Македонија во Унијата, посочуваме дека владеењето на правото е еден од највисоките приоритети. Воедно, Владата на Република Cеверна Македонија посочува дека во рамките на своите надлежности обезбедува поддршка за самостојно и независно функционирање на правосудниот систем. Во таа насока, би сакале да ја информираме јавноста дека со оглед на фактот што кривичните постапки на кои се однесуваат апликациите и оваа одлука на Судот во Стразбур, се сѐ уште во тек пред домашните судови, Владата во овој момент нема да дава дополнителни коментари, како не би влијаела на понатамошните процеси, се додава во соопштението.
Од Владата информираат дека официјален превод на сижето од одлуката ќе биде доставено до јавноста во форма на соопштение од страна на Бирото за застапување на Македонија пред ЕСЧП, а ќе биде и прикачено на веб страницата на Владата во најбрз можен рок.

The post Влада: Одлуката од Стразбур е во полза на државата и потврдува дека жалбите на апликантите во целост се прогласени за недозволени appeared first on Република.

]]>
Пендаровски ја поздравува одлуката на Европскиот суд за човекови права во Стразбур https://republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-ja-pozdravuva-odlukata-na-evropskiot-sud-za-chovekovi-prava-vo-strazbur/ Thu, 16 Feb 2023 10:04:16 +0000 https://republika.mk/?p=609641

Претседателот Стево Пендаровски ја поздравува одлуката на Европскиот суд за човекови права во Стразбур донесена утрово, соопштија од неговиот Кабинет.

https://republika.mk/vesti/makedonija/sudot-vo-strazbur-ja-otfrli-zhalbata-za-ponishtenata-abolitsija-na-ivanov/

По објавувањето на одлуката од страна на Европскиот суд за човекови права, претседателот ја разгледа со советничкиот тим и смета дека сите засегнати со постапките поведени од страна на обвинителството и судовите во државата, треба своите права да си ги остваруваат пред домашните институции, како што е наведено и во одлуката на Судот во Стразбур. Во оваа смисла, сите постапки пред домашните судови продолжуваат до нивно конечно завршување, односно исцрпување на сите правни средства согласно правните прописи на нашата држава, велат оттаму.

The post Пендаровски ја поздравува одлуката на Европскиот суд за човекови права во Стразбур appeared first on Република.

]]>

Претседателот Стево Пендаровски ја поздравува одлуката на Европскиот суд за човекови права во Стразбур донесена утрово, соопштија од неговиот Кабинет. https://republika.mk/vesti/makedonija/sudot-vo-strazbur-ja-otfrli-zhalbata-za-ponishtenata-abolitsija-na-ivanov/
По објавувањето на одлуката од страна на Европскиот суд за човекови права, претседателот ја разгледа со советничкиот тим и смета дека сите засегнати со постапките поведени од страна на обвинителството и судовите во државата, треба своите права да си ги остваруваат пред домашните институции, како што е наведено и во одлуката на Судот во Стразбур. Во оваа смисла, сите постапки пред домашните судови продолжуваат до нивно конечно завршување, односно исцрпување на сите правни средства согласно правните прописи на нашата држава, велат оттаму.

The post Пендаровски ја поздравува одлуката на Европскиот суд за човекови права во Стразбур appeared first on Република.

]]>
Судот во Стразбур не пресуди: Преуранета е жалбата за аболициите https://republika.mk/vesti/makedonija/sudot-vo-strazbur-ne-presudi-preuraneta-e-zhalbata-za-abolitsiite/ Thu, 16 Feb 2023 09:50:49 +0000 https://republika.mk/?p=609623

Европскиот суд за човекови права во Стразбур ја отфрли како недопуштена, жалбата за поништената аболиција на поранешниот претседател Ѓорге Иванов од 2016 година со која беа помилувани 56 лица осомничени и осудени во повеќе предмети што ги водеше Специјално јавно обвинителство, меѓу кои и поранешниот премиер Никола Груевски, министерот за транспорт и врски во неговата влада Миле Јанакиески, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот директор на УЈП Сашо Мијалков и други тогашни државни функционери.

ЕСЧП одлучуваше по жалбата поднесена од осумина граѓани на Република Македонија од 2020 година. Одлуката на Судот е достапна на следниот линк.

Станува збор за аболицијата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов од април 2016 година. Во 2016 година Уставниот суд ги укина законските измени од 2009 година во кои се избриша член 11, што му даде можност на претседателот да дава аболиција и без спроведување на постапката за помилување.

Веднаш по одлуката на Уставниот суд, Иванов одлучи да ги помилува тогашните функционери од ВМРО-ДПМНЕ, што доведе до масовни протести. По реакциите во јавноста, беа донесени измени на Законот за помилување со што се отвори простор за повлекување на аболициите

The post Судот во Стразбур не пресуди: Преуранета е жалбата за аболициите appeared first on Република.

]]>

Европскиот суд за човекови права во Стразбур ја отфрли како недопуштена, жалбата за поништената аболиција на поранешниот претседател Ѓорге Иванов од 2016 година со која беа помилувани 56 лица осомничени и осудени во повеќе предмети што ги водеше Специјално јавно обвинителство, меѓу кои и поранешниот премиер Никола Груевски, министерот за транспорт и врски во неговата влада Миле Јанакиески, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот директор на УЈП Сашо Мијалков и други тогашни државни функционери. ЕСЧП одлучуваше по жалбата поднесена од осумина граѓани на Република Македонија од 2020 година. Одлуката на Судот е достапна на следниот линк. Станува збор за аболицијата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов од април 2016 година. Во 2016 година Уставниот суд ги укина законските измени од 2009 година во кои се избриша член 11, што му даде можност на претседателот да дава аболиција и без спроведување на постапката за помилување. Веднаш по одлуката на Уставниот суд, Иванов одлучи да ги помилува тогашните функционери од ВМРО-ДПМНЕ, што доведе до масовни протести. По реакциите во јавноста, беа донесени измени на Законот за помилување со што се отвори простор за повлекување на аболициите

The post Судот во Стразбур не пресуди: Преуранета е жалбата за аболициите appeared first on Република.

]]>