судијка Archives - Република https://republika.mk/tema/sudijka/ За подобро да се разбереме Wed, 30 Aug 2023 15:23:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png судијка Archives - Република https://republika.mk/tema/sudijka/ 32 32 Судијка со неположен психолошки тест ги раскара Лога и Судски совет https://republika.mk/vesti/makedonija/sudijka-so-nepolozhen-psiholoshki-test-gi-raskara-loga-i-sudski-sovet/ Wed, 30 Aug 2023 15:55:15 +0000 https://republika.mk/?p=677349

Судскиот совет реагира на изјавата на министерот за правда, Кренар Лога, во врска со кандидатката за претседател на Основниот суд во Куманово, Снежана Манева, дека „судија што не положил психолошки тест за личност и тест за интегритет, не може веднаш повторно да полага“.

Советот ја информира јавноста дека на 13.07.2023 година доби допис од Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, со кој ова тело се известува дека споменатата кандидатка на 04.07.2023 година не била во можност до крај самостојно да го пополнува психолошкиот тест на личност и тестот за интегритет. Од тие причини, стручните лица од Институтот препорачуваат канидидатката „повторно да го пополни тестирањето целосно самостојно во времетраење од два часа на 14.07 во 11 часот, стои во соопштението од Судски совет.

Дополнуваат дека Советот, расправајќи по дописот, на работен состанок оценил дека ова прашање е во надлежност на Институтот и, како што наведуваат, смета дека е потребно до Советот да доставите известување за исходот од целокупната постапка по спроведениот психолошки тест на личност и тест на интегритет.

За ваквиот став на 13.07 2023 година со допис е известен Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, наведуваат од Судски совет.

Оттамму велат дека зачудува барањето на министерот Лога, Советот да постапи согласно законските надлежности во врска со мислењето на Институтот за судијата Манев повторно да има право да полага.

Судскиот совет ниту дал одобрение да се спроведе повторен тест, ниту, пак, има официјална информација дали кандидатката повторно полагала, бидејќи тоа не е нејзина надлежност, дополнуваат оттаму, потенцирајќи дека во оној момент кога ќе добијат известување од надлежната институција што ги спроведува тестовите, ќе може да знаат кој од кандидатите ги исполнил сите законски услови за избор на претседател на суд или судија.

Реакцијата следува по дописот до Судскиот советод министерот за правда, Кренар Лога, во кој се бара Советот да постапи согласно законските надлежности во врска со мислењето дадено од страна на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања-Скопје, за судијата Снежана Манев повторно да има право да полага психолошки тест за личност и тест за интегритет.

Од Министерството за правда претходно соопштија дека во мислењето на Институтот е наведено дека Снежана Манев, кандидатка за Претседател на суд, била тестирана на 04.07.2023 година, но, поради замор манифестиран во тестовна ситуација не била во можност до крај самостојно да го пополнува психолошкиот тест на личност и тестот за интегритет поради што стручните лица препорачуваат таа повторно да полага на 14.07.2023 год.

Укажуваме дека со ваквото постапување се создава нова незаконита пракса за лице што веќе еднаш не го положила тестот да добие можност повторно да го полага истиот. Воедно, со ваквата постапка од субјективни причини се отвора прашањето, дали на судијата Манев ѝ е овозможено да полага тест за интегритет спротивно на законските одредби, посочија од Министерството за правда.

The post Судијка со неположен психолошки тест ги раскара Лога и Судски совет appeared first on Република.

]]>

Судскиот совет реагира на изјавата на министерот за правда, Кренар Лога, во врска со кандидатката за претседател на Основниот суд во Куманово, Снежана Манева, дека „судија што не положил психолошки тест за личност и тест за интегритет, не може веднаш повторно да полага“.
Советот ја информира јавноста дека на 13.07.2023 година доби допис од Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, со кој ова тело се известува дека споменатата кандидатка на 04.07.2023 година не била во можност до крај самостојно да го пополнува психолошкиот тест на личност и тестот за интегритет. Од тие причини, стручните лица од Институтот препорачуваат канидидатката „повторно да го пополни тестирањето целосно самостојно во времетраење од два часа на 14.07 во 11 часот, стои во соопштението од Судски совет.
Дополнуваат дека Советот, расправајќи по дописот, на работен состанок оценил дека ова прашање е во надлежност на Институтот и, како што наведуваат, смета дека е потребно до Советот да доставите известување за исходот од целокупната постапка по спроведениот психолошки тест на личност и тест на интегритет.
За ваквиот став на 13.07 2023 година со допис е известен Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, наведуваат од Судски совет.
Оттамму велат дека зачудува барањето на министерот Лога, Советот да постапи согласно законските надлежности во врска со мислењето на Институтот за судијата Манев повторно да има право да полага.
Судскиот совет ниту дал одобрение да се спроведе повторен тест, ниту, пак, има официјална информација дали кандидатката повторно полагала, бидејќи тоа не е нејзина надлежност, дополнуваат оттаму, потенцирајќи дека во оној момент кога ќе добијат известување од надлежната институција што ги спроведува тестовите, ќе може да знаат кој од кандидатите ги исполнил сите законски услови за избор на претседател на суд или судија.
Реакцијата следува по дописот до Судскиот советод министерот за правда, Кренар Лога, во кој се бара Советот да постапи согласно законските надлежности во врска со мислењето дадено од страна на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања-Скопје, за судијата Снежана Манев повторно да има право да полага психолошки тест за личност и тест за интегритет. Од Министерството за правда претходно соопштија дека во мислењето на Институтот е наведено дека Снежана Манев, кандидатка за Претседател на суд, била тестирана на 04.07.2023 година, но, поради замор манифестиран во тестовна ситуација не била во можност до крај самостојно да го пополнува психолошкиот тест на личност и тестот за интегритет поради што стручните лица препорачуваат таа повторно да полага на 14.07.2023 год.
Укажуваме дека со ваквото постапување се создава нова незаконита пракса за лице што веќе еднаш не го положила тестот да добие можност повторно да го полага истиот. Воедно, со ваквата постапка од субјективни причини се отвора прашањето, дали на судијата Манев ѝ е овозможено да полага тест за интегритет спротивно на законските одредби, посочија од Министерството за правда.

The post Судијка со неположен психолошки тест ги раскара Лога и Судски совет appeared first on Република.

]]>
Судијката од Градачац: „Не знаев дека Нермин е насилник, полицијата требаше да има докази“ https://republika.mk/vesti/balkan/sudijkata-od-gradachats-ne-znaev-deka-nermin-e-nasilnik-politsijata-trebashe-da-ima-dokazi/ Fri, 18 Aug 2023 08:20:50 +0000 https://republika.mk/?p=673247

Грозоморното убиство во Градачац во кое Нермин Сулејмановиќ уби три лица, меѓу кои и неговата невенчана сопруга Низама Хеќимовиќ, секој ден добива нов пресврт.

Судијката Лејла Нумановиќ не донела решение за изрекување мерки против Сулејмановиќ врз основа на пријавата од полициската управа Градачац.

Аваз.ба вчера објави дека судијката поднел жалба до Федералната полициска управа против МУП на кантонот Тузла и службеникот на полициската станица во Градачац. Во меѓувреме е на боледување поради, како што рече, хајката против неа.

Аваз.бa го доби исказот на судијката и причините поради кои таа не можеше да му определи мерки за забранет пристап до Низама.

Таа беше дежурен судија на 7 август кога полицаец од полициската управа Градачац и поднел барање за определување мерки за ограничување против Сулејмановиќ поради семејно насилство.

- Набрзо пристигна до мене споменатото барање, а поради итноста веднаш почнав да работам на него. Со барањето за изрекување мерки, колку што се сеќавам, беа доставени само службени белешки, во кои е наведено дека Низама Хеќимовиќ пријавила семејно насилство од нејзиниот невенчан сопруг Нермин. За да може Судот по барање на полицијата да изрече одредена заштитна мерка, во согласност со закон, кон барањето мора да се приложат докази - медицинска документација, изјава на оштетениот, доколку не ги користи придобивките од законот, изјава на пријавениот, потоа изјави на други сведоци, членови на семејството, роднини, како и сите други сведоци кои би можеле да ги потврдат наводите од полициското барање, како и секој друг доказ што би можел да го потврди - изјави таа.

Како што наведе таа, доколку има закани по телефон, тогаш и тоа мора да се приложи кон барањето на полицијата.

- Пред да го донесам решението по барање на полицијата, во 14 часот и 30 минути го повикав претставникот на ПУ Градачац во мојата канцеларија. Откако тој дошол во канцеларија, постапката за изрекување заштитни мерки била спроведена на начин што во записникот на 07.08.2023 година е евидентирано, односно дека ПУ Градачац останува на своето барање за изрекување на бараната мерка. Во недостиг на потребни докази за усвојување на мерките за заштита кои беа побарани, донесов решение со кое го одбив барањето на МВР, ТК ПУ Градачац, кое го напишав – истакна таа.

Таа посочи дека со барањето не е доставен ниту еден доказ. Таа очекувала дека полицијата ќе ги прибави потребните докази за изрекување мерки, но тоа не се случи.

- Во петокот на 11 август Специјалната полиција ја блокираше зградата на Судот во Градачац кога дознав дека Нермин Сулејмановиќ наводно ја убил својата невенчана сопруга Низама и уште две лица. Веднаш разбрав дека се работи за човекот за кого од полициската управа Градачац било побарано да му изрече заштитни мерки без приложување на законски пропишаните докази, а дека една од жртвите е неговата невенчана сопруга Низама, која пријавила семејно насилство. На крајот, би сакала да наведам дека мојата одлука ја донесов врз основа на законот, односно достапните докази, кои не беа опфатени со барањето, ниту пак полицијата по моето одбивање презеде мерки за прибавување на доказите. Името Нермин Сулејмановиќ не ми значеше ништо за да ме натера да се посомневам дека се работи за насилник - заклучил Нумановиќ.

The post Судијката од Градачац: „Не знаев дека Нермин е насилник, полицијата требаше да има докази“ appeared first on Република.

]]>

Грозоморното убиство во Градачац во кое Нермин Сулејмановиќ уби три лица, меѓу кои и неговата невенчана сопруга Низама Хеќимовиќ, секој ден добива нов пресврт. Судијката Лејла Нумановиќ не донела решение за изрекување мерки против Сулејмановиќ врз основа на пријавата од полициската управа Градачац. Аваз.ба вчера објави дека судијката поднел жалба до Федералната полициска управа против МУП на кантонот Тузла и службеникот на полициската станица во Градачац. Во меѓувреме е на боледување поради, како што рече, хајката против неа. Аваз.бa го доби исказот на судијката и причините поради кои таа не можеше да му определи мерки за забранет пристап до Низама. Таа беше дежурен судија на 7 август кога полицаец од полициската управа Градачац и поднел барање за определување мерки за ограничување против Сулејмановиќ поради семејно насилство.
- Набрзо пристигна до мене споменатото барање, а поради итноста веднаш почнав да работам на него. Со барањето за изрекување мерки, колку што се сеќавам, беа доставени само службени белешки, во кои е наведено дека Низама Хеќимовиќ пријавила семејно насилство од нејзиниот невенчан сопруг Нермин. За да може Судот по барање на полицијата да изрече одредена заштитна мерка, во согласност со закон, кон барањето мора да се приложат докази - медицинска документација, изјава на оштетениот, доколку не ги користи придобивките од законот, изјава на пријавениот, потоа изјави на други сведоци, членови на семејството, роднини, како и сите други сведоци кои би можеле да ги потврдат наводите од полициското барање, како и секој друг доказ што би можел да го потврди - изјави таа.
Како што наведе таа, доколку има закани по телефон, тогаш и тоа мора да се приложи кон барањето на полицијата.
- Пред да го донесам решението по барање на полицијата, во 14 часот и 30 минути го повикав претставникот на ПУ Градачац во мојата канцеларија. Откако тој дошол во канцеларија, постапката за изрекување заштитни мерки била спроведена на начин што во записникот на 07.08.2023 година е евидентирано, односно дека ПУ Градачац останува на своето барање за изрекување на бараната мерка. Во недостиг на потребни докази за усвојување на мерките за заштита кои беа побарани, донесов решение со кое го одбив барањето на МВР, ТК ПУ Градачац, кое го напишав – истакна таа.
Таа посочи дека со барањето не е доставен ниту еден доказ. Таа очекувала дека полицијата ќе ги прибави потребните докази за изрекување мерки, но тоа не се случи.
- Во петокот на 11 август Специјалната полиција ја блокираше зградата на Судот во Градачац кога дознав дека Нермин Сулејмановиќ наводно ја убил својата невенчана сопруга Низама и уште две лица. Веднаш разбрав дека се работи за човекот за кого од полициската управа Градачац било побарано да му изрече заштитни мерки без приложување на законски пропишаните докази, а дека една од жртвите е неговата невенчана сопруга Низама, која пријавила семејно насилство. На крајот, би сакала да наведам дека мојата одлука ја донесов врз основа на законот, односно достапните докази, кои не беа опфатени со барањето, ниту пак полицијата по моето одбивање презеде мерки за прибавување на доказите. Името Нермин Сулејмановиќ не ми значеше ништо за да ме натера да се посомневам дека се работи за насилник - заклучил Нумановиќ.
 
The post Судијката од Градачац: „Не знаев дека Нермин е насилник, полицијата требаше да има докази“ appeared first on Република.

]]>
Отворен предмет против судијката која не изрекла забрана за приоѓање на монструмот од Градачац https://republika.mk/vesti/balkan/otvoren-predmet-protiv-sudijkata-koja-ne-izrekla-zabrana-za-priogane-na-monstrumot-od-gradachats/ Mon, 14 Aug 2023 09:54:47 +0000 https://republika.mk/?p=671924

Канцеларијата на дисциплинскиот обвинител на Високиот судски и обвинителски совет на Босна и Херцеговина покрена предмет против судијката Лејла Нумановиќ од Градачац, која одби да изрече забрана за приоѓање на убиената Низама Хеќимовиќ, по предлог на полициската управа Градачац, објави порталот „Аваз“.

„Во врска со вашето барање, би сакале да ве информираме дека Канцеларијата на дисциплинскиот обвинител на Високиот судски и обвинителски совет на Босна и Херцеговина формираше случај по службена должност врз основа на написи објавени во медиумите за дејствијата на судија на Општинскиот суд во Градачац. Канцеларијата преку истрага ќе ги утврди релевантните факти за случајот, за да ги испита наводите за повреда на службената должност на судијата во одлучувањето“.

Тројниот убиец Нермин Сулејмановиќ пред неколку дена брутално ја ликвидираше својата невенчана сопруга Низама Хеќимовиќ, уби уште две лица, рани тројца, а потоа се самоуби.

Само четири дена пред убиството на судија на Општинскиот суд во Градачац, Лејла Нумановиќ донесе одлука со која го отфрли предлогот на полициската управа Градачац да му се изрече мерка забрана на Нермин Сулејмановиќ за вознемирување, следење и приближување кон жртвата, пишува „Аваз“.

Судот одлучувал за тоа откако Низама го пријавила партнерот од кој побегнала, за насилство.

The post Отворен предмет против судијката која не изрекла забрана за приоѓање на монструмот од Градачац appeared first on Република.

]]>

Канцеларијата на дисциплинскиот обвинител на Високиот судски и обвинителски совет на Босна и Херцеговина покрена предмет против судијката Лејла Нумановиќ од Градачац, која одби да изрече забрана за приоѓање на убиената Низама Хеќимовиќ, по предлог на полициската управа Градачац, објави порталот „Аваз“.
„Во врска со вашето барање, би сакале да ве информираме дека Канцеларијата на дисциплинскиот обвинител на Високиот судски и обвинителски совет на Босна и Херцеговина формираше случај по службена должност врз основа на написи објавени во медиумите за дејствијата на судија на Општинскиот суд во Градачац. Канцеларијата преку истрага ќе ги утврди релевантните факти за случајот, за да ги испита наводите за повреда на службената должност на судијата во одлучувањето“.
Тројниот убиец Нермин Сулејмановиќ пред неколку дена брутално ја ликвидираше својата невенчана сопруга Низама Хеќимовиќ, уби уште две лица, рани тројца, а потоа се самоуби. Само четири дена пред убиството на судија на Општинскиот суд во Градачац, Лејла Нумановиќ донесе одлука со која го отфрли предлогот на полициската управа Градачац да му се изрече мерка забрана на Нермин Сулејмановиќ за вознемирување, следење и приближување кон жртвата, пишува „Аваз“. Судот одлучувал за тоа откако Низама го пријавила партнерот од кој побегнала, за насилство.

The post Отворен предмет против судијката која не изрекла забрана за приоѓање на монструмот од Градачац appeared first on Република.

]]>
Елизабета Дуковска избрана за уставна судијка https://republika.mk/vesti/makedonija/elizabeta-dukovska-izbrana-za-ustavna-sudijka/ Mon, 10 Apr 2023 12:29:46 +0000 https://republika.mk/?p=629484

Досегашната судијка на Апелацискиот суд од Скопје, Елизабета Дуковска, денеска беше избрана за судија во Уставниот суд. За неа гласаа 64 пратеници во Собранието. Дуковска ќе ја замени Валентина Маркудова чиј деветгодишен мандат истече во декември 2022 година.

Елизабета Дуковска беше предлог на Судскиот совет. Таа а е судијка од 2004 година и работела во двата основни суда во Скопје како стечаен судија. Во скопскиот Апелациски суд работи како граѓански судија во трговски оддел од 2009 година.

Уставниот суд досега функционираше со шест од предвидени девет судии. Во октомври 2022 година беа избрани двајца судии: Татјана Васиќ-Бозаџиева и Фатмир Скендер, кои беа предлог на владејачкото мнозинство. Дебатата за третиот предлог, државниот обвинител Љубомир Јовески, со месеци е заглавена во Собранието.

The post Елизабета Дуковска избрана за уставна судијка appeared first on Република.

]]>

Досегашната судијка на Апелацискиот суд од Скопје, Елизабета Дуковска, денеска беше избрана за судија во Уставниот суд. За неа гласаа 64 пратеници во Собранието. Дуковска ќе ја замени Валентина Маркудова чиј деветгодишен мандат истече во декември 2022 година. Елизабета Дуковска беше предлог на Судскиот совет. Таа а е судијка од 2004 година и работела во двата основни суда во Скопје како стечаен судија. Во скопскиот Апелациски суд работи како граѓански судија во трговски оддел од 2009 година. Уставниот суд досега функционираше со шест од предвидени девет судии. Во октомври 2022 година беа избрани двајца судии: Татјана Васиќ-Бозаџиева и Фатмир Скендер, кои беа предлог на владејачкото мнозинство. Дебатата за третиот предлог, државниот обвинител Љубомир Јовески, со месеци е заглавена во Собранието.

The post Елизабета Дуковска избрана за уставна судијка appeared first on Република.

]]>
На Зеќири му се падна истата судијка како на Рашковски https://republika.mk/vesti/makedonija/na-zekjiri-mu-se-padna-istata-sudijka-kako-na-rashkovski/ Fri, 04 Nov 2022 11:51:36 +0000 https://republika.mk/?p=569544

Фанка Јанчулева Михаиловска е судијката која е назначена за водење на судскиот процес во кој поранешниот генерален секретар на владата, Мухамед Зеќири е обвинет за злоупотреба на службената положба.

Судењето за случајот во кој Зеќири се товари дека го оштетил државниот буџет за 89.385.255,00 денари, започнува на 15 декември 2022 година.

Според обвинението, обвинетиот како службено лице генерален секретар на Владата, со умисла извршил две временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело.

Тој, во периодот од месец април 2021 година до месец март 2022 година, искористувајќи ја својата службена положба и овластување постапил спротивно на одредбите од Законот за јавни набавки и во два наврати, без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка во која на конкурентен начин би се одбрало правно лице за спроведување на потребните активности, склучил два договора со две правни лица како даватели на услуги, стои во обвнителниот акт.

Судијката Фанка Јанчулева – Михаиловска го води и процесот „Софтвери“, во кој првобвинет е Драги Рашковски, исто така, поранешен генерален секретар на Владата.

The post На Зеќири му се падна истата судијка како на Рашковски appeared first on Република.

]]>

Фанка Јанчулева Михаиловска е судијката која е назначена за водење на судскиот процес во кој поранешниот генерален секретар на владата, Мухамед Зеќири е обвинет за злоупотреба на службената положба. Судењето за случајот во кој Зеќири се товари дека го оштетил државниот буџет за 89.385.255,00 денари, започнува на 15 декември 2022 година. Според обвинението, обвинетиот како службено лице генерален секретар на Владата, со умисла извршил две временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело.