Судење Archives - Република https://republika.mk/tema/sudenje/ За подобро да се разбереме Thu, 21 Nov 2024 10:06:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Судење Archives - Република https://republika.mk/tema/sudenje/ 32 32 Поранешен полицаец тврди: На полициски функционери им кажав дека знам каде е Палчо, никој не ми се јави туку само ме следеа https://republika.mk/vesti/crna-hronika/poraneshen-politsaets-tvrdi-na-politsiski-funktsioneri-im-kazhav-deka-znam-kade-e-palcho-nikoj-ne-mi-se-javi-tuku-samo-me-sledea/ Wed, 20 Nov 2024 11:21:59 +0000 https://republika.mk/?p=839881

Љупчо Палевски бараше од мене да го прашам мојот другар, кој е имотен, да инвестира, да се заврши зградата „Тифани", изјави Ламбе Вучков, сведок на обвинителството, кој е поранешен полицаец, на рочиштето за убиствата на Вања и Панче.

Вучков се присети дека во тој период Палевски бил слаб со пари. Затоа, Палчо на другарот на Вучков му ги понудил локациите за згради во Центар за кој тврдел дека имал добиено одобрение за градба, но подоцна се покажало дека не постојат како локации.

15.000 евра кои познаник требало да ги однесе кај Палчо, 3.000 си ги ставил во џеб. Парите до ден денеска не се вратени. Му кажав подоцна дека парите што се дадени треба да бидат вратени бидејќи од локациите нема ништо, објасни сведокот.

Секогаш кога ќе се виделе Палчо го убедувал дека и тој чека некои пари и оти сигурно ќе му ги врати.

Му се јавил потоа и од Белград и му рекол оти Влатко Кешишев го информирал оти во партијата го барала полиција и дека дошле да земат некое возило пикап.

На почетокот на декември Палевски му се јавил и од Турција.

Ми кажал дека заминал во Турција по работа, се присети Вучков.

Вучков потврди дека Палевски се уште должи пари бидејќи тој морал да земе кредит да му ги даде на другарот бидејќи тој бил еден вид гарант.

Вучков на полициски функционери им кажал дека има контакт со Палевски и да му се обратат за да им каже каде е.

Но, никој не ми се јави мислејќи дека ќе направат којзнае каков случај. Јас сум следен шест месеци по базни станици, откри сведокот.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/den-po-grabnuvaneto-na-vana-palcho-popraval-parno-kaj-prijatel/

The post Поранешен полицаец тврди: На полициски функционери им кажав дека знам каде е Палчо, никој не ми се јави туку само ме следеа appeared first on Република.

]]>

Љупчо Палевски бараше од мене да го прашам мојот другар, кој е имотен, да инвестира, да се заврши зградата „Тифани", изјави Ламбе Вучков, сведок на обвинителството, кој е поранешен полицаец, на рочиштето за убиствата на Вања и Панче.
Вучков се присети дека во тој период Палевски бил слаб со пари. Затоа, Палчо на другарот на Вучков му ги понудил локациите за згради во Центар за кој тврдел дека имал добиено одобрение за градба, но подоцна се покажало дека не постојат како локации.
15.000 евра кои познаник требало да ги однесе кај Палчо, 3.000 си ги ставил во џеб. Парите до ден денеска не се вратени. Му кажав подоцна дека парите што се дадени треба да бидат вратени бидејќи од локациите нема ништо, објасни сведокот.
Секогаш кога ќе се виделе Палчо го убедувал дека и тој чека некои пари и оти сигурно ќе му ги врати. Му се јавил потоа и од Белград и му рекол оти Влатко Кешишев го информирал оти во партијата го барала полиција и дека дошле да земат некое возило пикап. На почетокот на декември Палевски му се јавил и од Турција.
Ми кажал дека заминал во Турција по работа, се присети Вучков.
Вучков потврди дека Палевски се уште должи пари бидејќи тој морал да земе кредит да му ги даде на другарот бидејќи тој бил еден вид гарант. Вучков на полициски функционери им кажал дека има контакт со Палевски и да му се обратат за да им каже каде е.
Но, никој не ми се јави мислејќи дека ќе направат којзнае каков случај. Јас сум следен шест месеци по базни станици, откри сведокот.
https://republika.mk/vesti/crna-hronika/den-po-grabnuvaneto-na-vana-palcho-popraval-parno-kaj-prijatel/

The post Поранешен полицаец тврди: На полициски функционери им кажав дека знам каде е Палчо, никој не ми се јави туку само ме следеа appeared first on Република.

]]>
Нови недоследности на обвинителката на рочиште во случајот против Жан Митрев https://republika.mk/vesti/makedonija/novi-nedoslednosti-na-obvinitelkata-na-rochishte-vo-sluchajot-protiv-zhan-mitrev/ Wed, 13 Nov 2024 17:02:11 +0000 https://republika.mk/?p=837308

И на денешното судење обвинителката Искра Хаџи Василева продолжи со веќе редовните навреди на одбраната истовремено барајќи од судот да воведе ред. На ова судијаката Лидија Петровска одговори дека токму заради неа не е можно да се воспостави ред во судницата, пишува „МКД.мк“.

И на ова рочиште обвинителката наведе дека било дозволено групно да се испитуваат сведоци. Ова, за познавачите на правото, е признание на сериозна повреда на Законот за кривичната постапка. Обвинителката изјави дека таа им укажувала на оштетените што реално можат да очекуваат како оштетно побарување.

Дали со тоа обвинителката признава дека уште пред да почне судењето таа знае каква пресуда ќе биде донесена и им кажува на оштетените што да очекуваат, прашуваат од одбраната.

Од одбраната во изјава за „МКД.мк“ велат дека се работи за „агресивно попречување на нашата работа да ја вршиме својата законска функција не само на денешното судење, туку и во сите претходни”.

The post Нови недоследности на обвинителката на рочиште во случајот против Жан Митрев appeared first on Република.

]]>

И на денешното судење обвинителката Искра Хаџи Василева продолжи со веќе редовните навреди на одбраната истовремено барајќи од судот да воведе ред. На ова судијаката Лидија Петровска одговори дека токму заради неа не е можно да се воспостави ред во судницата, пишува „МКД.мк“. И на ова рочиште обвинителката наведе дека било дозволено групно да се испитуваат сведоци. Ова, за познавачите на правото, е признание на сериозна повреда на Законот за кривичната постапка. Обвинителката изјави дека таа им укажувала на оштетените што реално можат да очекуваат како оштетно побарување.
Дали со тоа обвинителката признава дека уште пред да почне судењето таа знае каква пресуда ќе биде донесена и им кажува на оштетените што да очекуваат, прашуваат од одбраната.
Од одбраната во изјава за „МКД.мк“ велат дека се работи за „агресивно попречување на нашата работа да ја вршиме својата законска функција не само на денешното судење, туку и во сите претходни”.

The post Нови недоследности на обвинителката на рочиште во случајот против Жан Митрев appeared first on Република.

]]>
Трето одложување на повтореното судење за пожарот модуларната болница во Тетово https://republika.mk/vesti/crna-hronika/treto-odlozhuvane-na-povtorenoto-sudene-za-pozharot-modularnata-bolnitsa-vo-tetovo/ Tue, 05 Nov 2024 10:44:14 +0000 https://republika.mk/?p=834314

По трет пат е одложено повторното судење по пожарот во тетовската модуларна болница откако на повторно судење го врати Апелацискиот суд Гостивар по јавната седница во април 2024 година, а по првичната пресуда од 5 јуни 2023 година. Денеска рочиштето се одложи поради отсуство на судијата Јордан Велковски, а судијка која го заменуваше го закажа за 15 јануари 2025 година во 10 часот.

Првиот обид за повторенот судење беше на 26 јуни година 2024 година, па се одложи за 25 септември кога исто така не се одржи јавна расправа.

Апелацискиот суд во април годинава донесе решение со кое наложи да има повторно судење за поранешните директори на тетовската болница Флорин Бесими и Артан Етеми, како и Јавната здравствена установа Клиничка болница Тетово како правен субјект. За докторот Бобан Вучевски, Апелацискиот суд во април 2024 година ја одби жалбата на Обвинителството и ја потврди првостепената ослободителна пресуда за него.

На 5 јуни 2023 година Основен суд Тетово одреди условна осуда за обвинетите директори Флорин Бесими и Артан Етеми за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“, додека правното лице ЈЗУ Клиничка болница беше прогласено за виновно за делото „предизвикување општа опасност“ во судскиот процес по пожарот во модуларната болница во Тетово во 2021 година кога животите ги загубија 14 луѓе. Судот тогаш одлучи да има ослободителна пресуда за докторот Бобан Вучевски и Клиничка болница за делото „непостапување по здравствени прописи“.

Според пресудата, на обвинетите Флорин Бесими и Артан Етеми им беше утврдена казна затвор од по една година и шест месеци, условна осуда и утврдената казна затвор нема да се изврши доколку обвинетите секој за себе во време од по три години не сторат ново кривично дело. Правно лице требаше да плати парична казна во висина од еден милион денари, 30 дена по правосилност на пресудата.

Првиот судски процес се водеше откако на 8 септември 2021 година 14 луѓе ги загубија животите во пожарот во модуларната болница во рамки на Клиничка болница Тетово.

The post Трето одложување на повтореното судење за пожарот модуларната болница во Тетово appeared first on Република.

Ден денес не чувствува делови од телото – потресно сведочење на ранетата наставничка од „Рибникар“ https://republika.mk/vesti/balkan/den-denes-ne-chuvstvuva-delovi-od-teloto-potresno-svedochene-na-ranetata-nastavnichka-od-ribnikar/ Fri, 01 Nov 2024 11:45:13 +0000 https://republika.mk/?p=833076

Во Палатата на правдата во Белград денеска се одржуваат две рочишта против родителите на детето масовен убиец, Владимир и Миљана Кецмановиќ, јави дописникот на МИА од Белград.

Првото рочиште се одржува по приватна тужба поднесена од наставничката по историја, Татјана С., за надомест на нематеријална штета, додека второто рочиште се одржува врз основа на обвинението на Вишото јавно обвинителство во Белград поради сомнение дека тие сториле кривични дела за кои им се закануваат затворски казни.

На 25 октомври, Вишото јавно обвинителство во Белград до Вишиот суд во Белград поднесе проширување на обвинението против Владимир и Миљана Кецмановиќ поради сомнение дека извршиле запуштање и злоупотреба на малолетно лице. Адвокатите на Кецмановиќ за ова рочиште побараа и добија одложување, заради запознавање на одбраната на родителите за проширување на обвинението, со кое малолетниот убиец К. К добива статус на оштетен.

На првото рочиште наставничката по историја, Татјана С. сведочеше дека тој ден кога го слушнала пукањето мислела дека се петарди и палави деца, но следниот момент слушнала крици и сфатила дека е многу посериозно.

Како што објасни, некој ја отворил вратата од училницата, а таа немала време ниту да се сврти, туку веднаш била погодена во стомакот, поради што паднала на земја.

- Слушнав пукотници на местото на злосторството, во училницата, лежев таму и не видов ништо. Рацете ми беа крвави. Мислев дека тогаш не ја изгубив свеста, но ја изгубив, изјави Стевановиќ.

Таа додаде дека на подот видела уште едно дете кое било повредено и бледо, а кај неа дошла девојка да се скрие и дека ја прегрнала.

Стевановиќ објасни дека тогаш слушнала дека наставник по географија влегол во училницата, дека едно дете и кажало дека К.К. пукал, што не можела да поверува.

Полицијата ја извадила на носилки и додека минувале низ ходникот ги видела како лежат мртви девојчињата.

На прашањето од судот за раните што ги добила, Стевановиќ рече дека еден куршум и влегол во стомакот и застанал кај колкот, додека имала прострелни рани во двете раце, кои, како што изјави, не знае како ги добила.

Во болница поминала осум месеци, од кои шест била неподвижна, бидејќи колкот и бил повреден од едната страна, а од другата страна отокот и го притискал нервот и не можела да се движи.

Таа прецизираше дека денес и пречат работи како огномет, ненадејни ситуации и оружје во филмовите.

Следното судење е закажано за 10 јануари кога се повикани обвинетите Миљана и Владимир Кецмановиќ.

Ова е петта тужба во граѓанска постапка против родителите на малолетникот К.К., кој на 3 мај минатата година уби девет негови врсници и еден чувар во основното училиште „Владислав Рибникар“.

Повеќе фото тука

The post Ден денес не чувствува делови од телото – потресно сведочење на ранетата наставничка од „Рибникар“ appeared first on Република.

]]>

Во Палатата на правдата во Белград денеска се одржуваат две рочишта против родителите на детето масовен убиец, Владимир и Миљана Кецмановиќ, јави дописникот на МИА од Белград. Првото рочиште се одржува по приватна тужба поднесена од наставничката по историја, Татјана С., за надомест на нематеријална штета, додека второто рочиште се одржува врз основа на обвинението на Вишото јавно обвинителство во Белград поради сомнение дека тие сториле кривични дела за кои им се закануваат затворски казни. На 25 октомври, Вишото јавно обвинителство во Белград до Вишиот суд во Белград поднесе проширување на обвинението против Владимир и Миљана Кецмановиќ поради сомнение дека извршиле запуштање и злоупотреба на малолетно лице. Адвокатите на Кецмановиќ за ова рочиште побараа и добија одложување, заради запознавање на одбраната на родителите за проширување на обвинението, со кое малолетниот убиец К. К добива статус на оштетен. На првото рочиште наставничката по историја, Татјана С. сведочеше дека тој ден кога го слушнала пукањето мислела дека се петарди и палави деца, но следниот момент слушнала крици и сфатила дека е многу посериозно. Како што објасни, некој ја отворил вратата од училницата, а таа немала време ниту да се сврти, туку веднаш била погодена во стомакот, поради што паднала на земја. - Слушнав пукотници на местото на злосторството, во училницата, лежев таму и не видов ништо. Рацете ми беа крвави. Мислев дека тогаш не ја изгубив свеста, но ја изгубив, изјави Стевановиќ. Таа додаде дека на подот видела уште едно дете кое било повредено и бледо, а кај неа дошла девојка да се скрие и дека ја прегрнала. Стевановиќ објасни дека тогаш слушнала дека наставник по географија влегол во училницата, дека едно дете и кажало дека К.К. пукал, што не можела да поверува. Полицијата ја извадила на носилки и додека минувале низ ходникот ги видела како лежат мртви девојчињата. На прашањето од судот за раните што ги добила, Стевановиќ рече дека еден куршум и влегол во стомакот и застанал кај колкот, додека имала прострелни рани во двете раце, кои, како што изјави, не знае како ги добила. Во болница поминала осум месеци, од кои шест била неподвижна, бидејќи колкот и бил повреден од едната страна, а од другата страна отокот и го притискал нервот и не можела да се движи. Таа прецизираше дека денес и пречат работи како огномет, ненадејни ситуации и оружје во филмовите. Следното судење е закажано за 10 јануари кога се повикани обвинетите Миљана и Владимир Кецмановиќ. Ова е петта тужба во граѓанска постапка против родителите на малолетникот К.К., кој на 3 мај минатата година уби девет негови врсници и еден чувар во основното училиште „Владислав Рибникар“. Повеќе фото тука

The post Ден денес не чувствува делови од телото – потресно сведочење на ранетата наставничка од „Рибникар“ appeared first on Република.

]]>
Имам едно интересно возило, да го проверите, им рекол на полицајците таткото на Вања кој го предочил возилото на Панче, сведочеше началник во СВР Скопје https://republika.mk/vesti/crna-hronika/imam-edno-interesno-vozilo-da-go-proverite-im-rekol-na-politsajtsite-tatkoto-na-vana-koj-go-predochil-voziloto-na-panche-svedocheshe-nachalnik-vo-svr-skopje/ Fri, 18 Oct 2024 09:57:38 +0000 https://republika.mk/?p=828384

Двете истраги одеа паралелно. Цело време од Александар бевме брифирани, види ова, она. На 1 декември дури ми се јави, ми вика „имам едно возило интересно, да го проверите“. Тоа беа слики од камери кои ние веќе ги имавме, но го посочи како сомнително. Колегите го проверија, немаше ништо посебно, но се јавија во „Сејф сити“ и излезе дека е запалениот „цитроен“. И тогаш се јавив кај колегите што го водеа тој случај, изјави началник на единица за насилен криминал во СВР Скопје, кој сведочеше на денешното рочиште за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, во Основниот кривичен суд Скопје.

Сведокот Дејан Димовски, кој во тоа време работел како началник на единица за насилен криминал во СВР Скопје, за настанот бил известен на 27 ноември 2023 година, што како што вели било невообичаено, иако надлежноста за постапување по исчезнатото девојче било под ПС Центар.

Во однос на запаленото возило на 27 ноември во село Бразда, сведокот рече дека тогаш работеле други колеги, бидејќи немало никакви индиции за поврзаност.

Она што беше интересно, посочи сведокот, дека тоа што Александар во разговор посочил дека може девојчето е во странство, Охрид, Велес... што, како што рече, било нагласено, а тие веќе лоцирале дека запаленото возило е од Велес. Така било најдено и пик-ап возилото, кое било лоцирано паркирано пред Политичка партија „Десна“, на Љупчо Палевски.

- Баравме налог за претрес, но бидејќи се работи за политичка партија, доста доцна влеговме. Внатре беа тројца, меѓу кои Кешишов, кој кога прашавме каде е претседателот на партијата ни рече дека е во Турција поради проблеми со кичмата. Тука беше и адвокатот Васко, кој рече дека тој го возел до Белград, изјави сведокот. Во тој момент, нагласи сведокот уште немавме никаква поврзаност и мислеле дека се на трага за запаленото возило.

За денешното рочиште се повикани уште четворица сведоци, предложени од Обвинителството.

Обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски на првото рочиште се произнесоа дека не се чувствуваат за виновни.

Според обвинението, тие се сомничат дека испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. На 22 ноември минатата година, обвинетиот заедно со уште тројца претходно обвинети заеднички извршиле грабнување на оштетениот Панче Жежовски во Велес, со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.

Во врска со овој случај е осомничено уште едно лице за помагање по извршување на кривичното дело против кого постапката ќе се води одвоено.

Судењето го води судијата Ивица Стефановски, а застапник на обвинението е обвинителката Жаклина Крстевска.

The post Имам едно интересно возило, да го проверите, им рекол на полицајците таткото на Вања кој го предочил возилото на Панче, сведочеше началник во СВР Скопје appeared first on Република.

]]>

Двете истраги одеа паралелно. Цело време од Александар бевме брифирани, види ова, она. На 1 декември дури ми се јави, ми вика „имам едно возило интересно, да го проверите“. Тоа беа слики од камери кои ние веќе ги имавме, но го посочи како сомнително. Колегите го проверија, немаше ништо посебно, но се јавија во „Сејф сити“ и излезе дека е запалениот „цитроен“. И тогаш се јавив кај колегите што го водеа тој случај, изјави началник на единица за насилен криминал во СВР Скопје, кој сведочеше на денешното рочиште за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, во Основниот кривичен суд Скопје. Сведокот Дејан Димовски, кој во тоа време работел како началник на единица за насилен криминал во СВР Скопје, за настанот бил известен на 27 ноември 2023 година, што како што вели било невообичаено, иако надлежноста за постапување по исчезнатото девојче било под ПС Центар. Во однос на запаленото возило на 27 ноември во село Бразда, сведокот рече дека тогаш работеле други колеги, бидејќи немало никакви индиции за поврзаност. Она што беше интересно, посочи сведокот, дека тоа што Александар во разговор посочил дека може девојчето е во странство, Охрид, Велес... што, како што рече, било нагласено, а тие веќе лоцирале дека запаленото возило е од Велес. Така било најдено и пик-ап возилото, кое било лоцирано паркирано пред Политичка партија „Десна“, на Љупчо Палевски.
- Баравме налог за претрес, но бидејќи се работи за политичка партија, доста доцна влеговме. Внатре беа тројца, меѓу кои Кешишов, кој кога прашавме каде е претседателот на партијата ни рече дека е во Турција поради проблеми со кичмата. Тука беше и адвокатот Васко, кој рече дека тој го возел до Белград, изјави сведокот. Во тој момент, нагласи сведокот уште немавме никаква поврзаност и мислеле дека се на трага за запаленото возило.
За денешното рочиште се повикани уште четворица сведоци, предложени од Обвинителството. Обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски на првото рочиште се произнесоа дека не се чувствуваат за виновни. Според обвинението, тие се сомничат дека испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. На 22 ноември минатата година, обвинетиот заедно со уште тројца претходно обвинети заеднички извршиле грабнување на оштетениот Панче Жежовски во Велес, со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје. Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година. Во врска со овој случај е осомничено уште едно лице за помагање по извршување на кривичното дело против кого постапката ќе се води одвоено. Судењето го води судијата Ивица Стефановски, а застапник на обвинението е обвинителката Жаклина Крстевска.

The post Имам едно интересно возило, да го проверите, им рекол на полицајците таткото на Вања кој го предочил возилото на Панче, сведочеше началник во СВР Скопје appeared first on Република.

]]>
Јавноста требаше да биде исклучена од судењето за убиствата на Вања и Панче, смета министерот за внатрешни работи https://republika.mk/vesti/crna-hronika/javnosta-trebashe-da-bide-iskluchena-od-sudeneto-za-ubistvata-na-vana-i-panche-smeta-ministerot-za-vnatreshni-raboti/ Fri, 18 Oct 2024 08:51:51 +0000 https://republika.mk/?p=828346

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски смета дека требаше да биде исклучена јавноста и судење зад затворени врати на случајот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Замислете како е чувството на секој еден член од семејството на Вања кога ги гледа сите овие информации. Како се чувствува? Некогаш јавноста треба да биде заштитена во повисок интерес од одредени информации. Овој тип на предмет не требаше да има јавност заради грозните информации кои што ќе излегуваат. Заради тоа и постојат основи за исклучување на јавност во рамки на еден ваков тип на постапка. Прво нешто ме допира е колку страшно е чувството на блиските - рече синоќа Тошковски во емисија на ТВ Алфа.

На почетокот од судењето, обвинителката во овој предмет Жаклина Крстевска-Јосифовска посочи дека мајката на Вања, Зорица Ѓорчевска побарала исклучување на јавноста и судење зад затворени врати. Според неа, мајката на Вања сакала да го заштити нејзиниот приватен живот, но и животот на втората ќерка, а притоа, и здравјето оти медиумските известувања за овој случај и влијаеле.

Сепак, Судот не го прифати ова барање и судењето продолжи.

The post Јавноста требаше да биде исклучена од судењето за убиствата на Вања и Панче, смета министерот за внатрешни работи appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски смета дека требаше да биде исклучена јавноста и судење зад затворени врати на случајот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.
Замислете како е чувството на секој еден член од семејството на Вања кога ги гледа сите овие информации. Како се чувствува? Некогаш јавноста треба да биде заштитена во повисок интерес од одредени информации. Овој тип на предмет не требаше да има јавност заради грозните информации кои што ќе излегуваат. Заради тоа и постојат основи за исклучување на јавност во рамки на еден ваков тип на постапка. Прво нешто ме допира е колку страшно е чувството на блиските - рече синоќа Тошковски во емисија на ТВ Алфа.
На почетокот од судењето, обвинителката во овој предмет Жаклина Крстевска-Јосифовска посочи дека мајката на Вања, Зорица Ѓорчевска побарала исклучување на јавноста и судење зад затворени врати. Според неа, мајката на Вања сакала да го заштити нејзиниот приватен живот, но и животот на втората ќерка, а притоа, и здравјето оти медиумските известувања за овој случај и влијаеле. Сепак, Судот не го прифати ова барање и судењето продолжи.

The post Јавноста требаше да биде исклучена од судењето за убиствата на Вања и Панче, смета министерот за внатрешни работи appeared first on Република.

]]>
Неговиот исказ предизвика хаос на судењето: Коста првпат откри зошто ги уби соучениците во „Рибникар“ https://republika.mk/vesti/balkan/negoviot-iskaz-predizvika-haos-na-sudeneto-kosta-prvpat-otkri-zoshto-gi-ubi-souchenitsite-vo-ribnikar/ Tue, 08 Oct 2024 11:07:53 +0000 https://republika.mk/?p=824176

Коста Кецмановиќ, момчето обвинето за масакрот во „Рибникар“ денеска сведочеше во Специјалниот суд во Белград, а во судницата беше и неговата мајка Милјана Кецмановиќ, како и родителите на убиените деца. Како што јавуваат дел од медиумите, Коста Кецмановиќ на прашањата одговарал со пауза од една до две минути.

Во пресрет на судењето беше одлучено Коста да сведочи од говорница во судницата, а не од посебна просторија како што првично беше планирано.

Коста денеска за првпат одговорил на прашањето кое година ипол ги мачи сите родители на убиени деца и кажа една реченица која предизвикала хаос во судницата.

Се чувствував отфрлено од децата и затоа го направив тоа. На 3 мај донесов пиштол за да го направам тоа намерно, но не бев сигурен дека ќе пукам, изјавил Коста пренесуваат српските медиуми.

Прашања можат да поставуваат оштетените, судијата, обвинителот, обвинетиот и неговите адвокати. Според пишувањата, за Коста подготвени се 250 прашања.

Пред обвинителството прашања треба да му поставуваат двајца јавни обвинители и главниот јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство во Белград, Ненад Стефановиќ, кои во овој случај се инволвирани од почетокот на постапката.

Мајката на момчето, која беше обвинета во овој случај, во судот дошла од слобода, додека таткото е донесен од притвор.

Малолетникот денеска за првпат е изнесен од установата во која се наоѓа по делото.

Во овој случај им се суди на родителите на момчето Владимир и Милјана Кецмановиќ и на инструкторот на стрелиште Немања Маринковиќ кој е обвинет за кривично дело давање лажен исказ.

The post Неговиот исказ предизвика хаос на судењето: Коста првпат откри зошто ги уби соучениците во „Рибникар“ appeared first on Република.

]]>

Коста Кецмановиќ, момчето обвинето за масакрот во „Рибникар“ денеска сведочеше во Специјалниот суд во Белград, а во судницата беше и неговата мајка Милјана Кецмановиќ, како и родителите на убиените деца. Како што јавуваат дел од медиумите, Коста Кецмановиќ на прашањата одговарал со пауза од една до две минути. Во пресрет на судењето беше одлучено Коста да сведочи од говорница во судницата, а не од посебна просторија како што првично беше планирано. Коста денеска за првпат одговорил на прашањето кое година ипол ги мачи сите родители на убиени деца и кажа една реченица која предизвикала хаос во судницата. Се чувствував отфрлено од децата и затоа го направив тоа. На 3 мај донесов пиштол за да го направам тоа намерно, но не бев сигурен дека ќе пукам, изјавил Коста пренесуваат српските медиуми. Прашања можат да поставуваат оштетените, судијата, обвинителот, обвинетиот и неговите адвокати. Според пишувањата, за Коста подготвени се 250 прашања. Пред обвинителството прашања треба да му поставуваат двајца јавни обвинители и главниот јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство во Белград, Ненад Стефановиќ, кои во овој случај се инволвирани од почетокот на постапката. Мајката на момчето, која беше обвинета во овој случај, во судот дошла од слобода, додека таткото е донесен од притвор. Малолетникот денеска за првпат е изнесен од установата во која се наоѓа по делото. Во овој случај им се суди на родителите на момчето Владимир и Милјана Кецмановиќ и на инструкторот на стрелиште Немања Маринковиќ кој е обвинет за кривично дело давање лажен исказ.

The post Неговиот исказ предизвика хаос на судењето: Коста првпат откри зошто ги уби соучениците во „Рибникар“ appeared first on Република.

]]>
Почнува судењето на Ле Пен поради проневера на средства од ЕУ https://republika.mk/vesti/svet/pochnuva-sudeneto-na-le-pen-poradi-pronevera-na-sredstva-od-eu/ Mon, 30 Sep 2024 08:17:00 +0000 https://republika.mk/?p=820905

Марин Ле Пен и другите десничарски француски националисти денеска се појавуваат пред судот на воведниот процес против нив под обвинение дека примале средства од Европскиот парламент за непостоечки функционери, јави ДПА.

Покрај долгогодишната лидерка на партијата Национален митинг, Ле Пен, обвинет е и нејзиниот татко и основач на партијата Жан-Мари Ле Пен. Обвиненија за малверзации со јавни средства се поднесени против вкупно 28 лица, појаснуваат од ДПА.

Марин Ле Пен постојано ги отфрла обвинувањата, кои се однесуваат на периодот од 2004 до 2016 година. Обвинувањата се насочени и кон партијата „Народно собрание“ и кон одделни нејзини вработени и соработници.

Станува збор за фиктивно ангажирање на соработници на неколку француски европратеници, објаснува ДПА. Главното обвинување е дека партијата на Ле Пен добила пари од Европскиот парламент за персонал за луѓе кои всушност веќе работат за партијата.

Целната сума изнесува речиси седум милиони евра, забележува ДПА, додавајќи дека Марин Ле Пен пред една година вратила 330.000 евра на законодавниот дом на ЕУ. Сепак, од нејзината партија соопштија дека исплатата на овие пари не е доказ за прекршок.

Доколку бидат прогласени за виновни, обвинетите може да добијат затвор до десет години, соопшти ДПА. Тие, исто така, би можеле да добијат забрана за учество во политиката на пет години, што ќе ја спречи Ле Пен да се кандидира на претседателските избори во Франција во 2027 година.

The post Почнува судењето на Ле Пен поради проневера на средства од ЕУ appeared first on Република.

]]>

Марин Ле Пен и другите десничарски француски националисти денеска се појавуваат пред судот на воведниот процес против нив под обвинение дека примале средства од Европскиот парламент за непостоечки функционери, јави ДПА. Покрај долгогодишната лидерка на партијата Национален митинг, Ле Пен, обвинет е и нејзиниот татко и основач на партијата Жан-Мари Ле Пен. Обвиненија за малверзации со јавни средства се поднесени против вкупно 28 лица, појаснуваат од ДПА. Марин Ле Пен постојано ги отфрла обвинувањата, кои се однесуваат на периодот од 2004 до 2016 година. Обвинувањата се насочени и кон партијата „Народно собрание“ и кон одделни нејзини вработени и соработници. Станува збор за фиктивно ангажирање на соработници на неколку француски европратеници, објаснува ДПА. Главното обвинување е дека партијата на Ле Пен добила пари од Европскиот парламент за персонал за луѓе кои всушност веќе работат за партијата. Целната сума изнесува речиси седум милиони евра, забележува ДПА, додавајќи дека Марин Ле Пен пред една година вратила 330.000 евра на законодавниот дом на ЕУ. Сепак, од нејзината партија соопштија дека исплатата на овие пари не е доказ за прекршок. Доколку бидат прогласени за виновни, обвинетите може да добијат затвор до десет години, соопшти ДПА. Тие, исто така, би можеле да добијат забрана за учество во политиката на пет години, што ќе ја спречи Ле Пен да се кандидира на претседателските избори во Франција во 2027 година.

The post Почнува судењето на Ле Пен поради проневера на средства од ЕУ appeared first on Република.

]]>
Според Палевски обвинителството извршува политичка наредба, според ЈО мотивот е изнудување пари https://republika.mk/vesti/makedonija/spored-palevski-obvinitelstvoto-izvrshuva-politichka-naredba-spored-jo-motivot-e-iznuduvane-pari/ Fri, 20 Sep 2024 16:38:10 +0000 https://republika.mk/?p=818261

Обвинетите за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, денеска, во Основниот кривичен суд седнаа на обвинителна клупа, каде пред Судот рекоа дека не чувствуваат вина за двата кривични настани.

Ова беше прво рочиште по одлуката на Судечкиот совет за спојување на постапките на обвинетите, откако Основното јавно обвинителство најпрво поднесе обвинение против Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски, а потоа и за првоосомничениот Љупчо Палевски за кого се чекаше екстрадиција од Турција.

Според обвинителката Жаклина Крстевска, грабнувањето на Вања било извршено со намера да присилат некој член на нејзиното потесно семејство даде пари на обвинетите за нејзин откуп, посочувајќи дека обвинетите добро се познавале меѓу себе и затоа се договориле да сковаат и реализираат детален и разработен план.

Крстевска истакна дека обвинетите биле известени дека Вања секој петок оди сама на училиште и затоа во петокот планирале да го реализираат грабнувањето, но како што рече, тие тргнале на локацијата, но не успеале да стигнат навреме поради метежот во сообраќајот.

Според Крстевска, обвинетите знаеле дека во понеделник на 27 ноември 2023 година, Вања нема да оди на училиште заедно со својата сестра Миња, која во неделата навечер добила порака дека утредента треба да оди од вториот час на училиште, а за тоа бил известен само обвинетиот Александар Ѓорчевски.

Насилно ја отвориле влезната врата од зградата за да ја грабнат Вања. Откако претходно го обезбедиле „Цитроенот“ обвинетите по дадените инструкции од Љупчо Палевски, дошле пред влезот на зградата, каде живее Вања. Влатко Кешишев чекал во возилото и внимавал да не наиде некој. Велибор Манев со шрафцигер ја отворил влезната врата од зградата, па заедно со Боре Видевски кој носел вреќа за спиење, влегле во зградата и ја чекале Вања. 

Кога Вања излегла од лифтот, појасни обвинителката, била ставена во вреќа за спиење со подотворен патент и ѝ биле ставени пластични стеги на рацете и нозете, по што била изнесена надвор од зградата, каде Кешишов ги чекал со „Цитроенот“, по што била ставена во гепекот. 

На „Партизански одреди“ Боре го скршил мобилниот телефон „Ајфон 8“ на Вања за да нема сигнал. По претходно дадените инструкции од Љупчо Палевски, продолжиле да се движат по Качанички пат и кај надвозникот кај село Визбегово, се сретнале со Палевски, кој ги чекал со возило Рено Кангу, во близина на местото викано „дупки“ во атарот на село Бразда, рече Крстевска.

Обвинителката додаде дека обвинетите на свиреп начин и со умисла, околу 9 часот и 30 минути, Љупчо, Велибор, Боре и Влатко ја лишиле од живот малолетната Вања, изложувајќи ја на тешко психичко страдање со силен интензитет.

Обвинителката Крстевска, во своето воведно обраќање претходно, по барање на оштетените Жаклина Ѓорчевска и нејзината ќерка, побара од Судот да биде исклучена јавноста од целата расправа, поради како што рече, интензивното известување на медиумите за настанот кое придонесло за продлабочување на болката, по што Судот не го прифати ваквиот предлог на Обвинителството.

Од страна на полномошникот и оштетената Зорица Мирчевска и од сестрата на Вања Ѓорчевска поднесен е предлог до обвинителството за исклучување на јавноста од целата расправа, заради интензивното известување на медиумите за настанот кое медиумско известување придонесло за продлабочување на болката, тешко сериозно пост-трауматско растројство, за кое во прилог доставувам извештај од специјалист психијатари препорака на психотерапевт, рече Крстевска.

Првообвинетиот Палевски пред Судот истакна дека ЈО извршува политичка наредба и дека во постапката како докази се ставени повеќе од 100 ДНК траги, а дури деведесет проценти од неговите приложени докази се користат против него, посочувајќи дека тоа се докази кои МВР Форензика ги има изготвено по наредба на Обвинителството.

На 1 декември имам јавна објава на мојот Фејсбук профил, каде сум што правам и така натаму. Во хотелот се пријавив и одјавив регуларно со моја патна исправа и тргнав на пат за да направам магнетна резонанца на мојата кичма, бидејќи 70 проценти од мојата кичма не е во функција. После 10 месеци, од моите приложени докази, Обвинителството ги злоупотребува и МВР Форензика по наредба на Обвинителството изготвува материјални докази. Не може да ме убеди Обвинителството дека нема наредба за политичко монтирано судење, затоа што многу добро знае Обвинителството. Како тоа не можеле да ја видат целосната слика за овој кривичен настан, па дури на 20 мај мојата ДНК е ставена во систем, рече Палевски.

Тој изјави дека содржината на обвинението е заснована на лажен исказ на еден од обвинетите кој сака да избегне доживотен затвор за злосторството кое е направено.

Целата оваа содржина на обвинение е заснована на лажен исказ на еден од обвинетите, кој сака да избегне доживотен затвор за вакво злосторство кое е направено. Сите материјални докази ги побиваат овие приказни кои се содржина на ова обвинение. Одбраната не барала вештачење на биолошки траги. Ова е лицемерие. По се што објавија, нечувствувајќи ништо за мајката на Вања, сите видеа и слики што беа објавени по порталите беа во просториите на Обвинителството и од таму излегоа сите слики од „Смарт сити“, и токму Обвинителството погрешно ги брифираше медиумите. Тогаш Обвинителството не се секираше за душевната состојба на мајката на Вања, па после 10 месеци кога треба да ги соочиме сите докази тогаш сака да биде исклучена јавноста, рече Палевски.

Според Палевски, таткото на малолетното девојче, Александар Ѓорчевски е наместен од полицијата за да се изготви некаков лажен мотив и врска помеѓу нив двајца. Палевски пред Судот рече дека не го познава Александар, а ниту пак, Обвинителството докажало некаква врска помеѓу нив двајца.

Овој родител, наместо да плаче по своето дете, од полицијата е наместен за да се изготви лажен мотив и врска меѓу мене и него. Јас не го познавам Александар. Јас бев киднапиран првите 7 дена. Ме донесоа на 15 мај во затворот во Скопје, но 7 дена не добив никаков акт. После ме донесоа со медиуми, со „калашникови“, 6 дена ме држеа, судијата на претходна постапка Душан Јосифов изврши кривично дело. Ова е политичко монтирано судење, рече Палевски.

Бранителот на Александар Ѓорчевски вели Обвинителството нема докази, ниту поткрепа на обвинението против таткото на Вања, туку како што рече, само паушално наведува дека помагал.

Во воведното обраќање на Обвинителството ние не слушнавме која е поткрепата на обвинението против Александар и врз основа на кои докази го темели обвинението за стореното кривично дело, само паушално наведува дека помагал. Немаме дејствија на извршување, ниту доказ во таа смисла, рече адвокатот Владимир Туфекџиќ.

Според него, таткото на Вања е жртва во целата судска постапка и вели „секој родител на кој би му се случило ваква работа би го преземал истото што го преземал тој, односно би одел во насока да води и своја самостојна истрага“.

Туфекџиќ нагласи дека обвинението се темели токму на доказите прибавени од страна на Ѓорчевски со согласност на полициските службеници, за кои побара да бидат испитани.

Александар е жртва и е оштетен во оваа постапка и тврдам дека секој родител кој би му се случило ваква работа би го преземал истото што го преземал тој, односно би одел во насока да води и своја самостојна истрага и на крајот на краиштата сведоци сте дека обвинението се темели токму на доказите кои ги прибавил Александар и тоа со знаење и со согласност на полициските службеници за кои и јас како бранител барам да бидат испитани и да видиме како и на кој начин ја воделе постапката и тврдам дека ова не е водено онака како што треба и затоа го имаме денеска тој резултат кој го имаме во однос на Александар, рече Туфекџиќ.

Според адвокатот Туфекџиќ, Ѓорчевски е класично зоупотребен и неговите дејствија кои ги презел во насока на самостојна истрага се злоупотребени и погрешно протолкувани.

Тој е класично зоупотребен и неговите дејствија кои ги презел во насока на самостојна истрага се злоупотребени и погрешно протолкувани. Не е никаква тајна дека Александар бил на дневна основа во постојана комуникација со децата и не е никаква тајна дека бил во неверојатна близина со своите деца, рече Туфекџиќ.

Тј додаде дека неколку месеци пред овој настан, таткото на малолетната Вања им подарил две станбени единици на двете малолетни деца.

Својот дел со договор за дар, како што говорат и доказите, неколку месеци пред овој настан е подарен и тоа две станбени единици се препишани на двете малолетни деца и доставивме доказ до Судот дека двете малолетни деца се даночни обврзници согласно евиденцијата во даночната управа, посочи бранителот на Ѓорчевски.

The post Според Палевски обвинителството извршува политичка наредба, според ЈО мотивот е изнудување пари appeared first on Република.

]]>

Обвинетите за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, денеска, во Основниот кривичен суд седнаа на обвинителна клупа, каде пред Судот рекоа дека не чувствуваат вина за двата кривични настани. Ова беше прво рочиште по одлуката на Судечкиот совет за спојување на постапките на обвинетите, откако Основното јавно обвинителство најпрво поднесе обвинение против Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски, а потоа и за првоосомничениот Љупчо Палевски за кого се чекаше екстрадиција од Турција. Според обвинителката Жаклина Крстевска, грабнувањето на Вања било извршено со намера да присилат некој член на нејзиното потесно семејство даде пари на обвинетите за нејзин откуп, посочувајќи дека обвинетите добро се познавале меѓу себе и затоа се договориле да сковаат и реализираат детален и разработен план. Крстевска истакна дека обвинетите биле известени дека Вања секој петок оди сама на училиште и затоа во петокот планирале да го реализираат грабнувањето, но како што рече, тие тргнале на локацијата, но не успеале да стигнат навреме поради метежот во сообраќајот. Според Крстевска, обвинетите знаеле дека во понеделник на 27 ноември 2023 година, Вања нема да оди на училиште заедно со својата сестра Миња, која во неделата навечер добила порака дека утредента треба да оди од вториот час на училиште, а за тоа бил известен само обвинетиот Александар Ѓорчевски.
Насилно ја отвориле влезната врата од зградата за да ја грабнат Вања. Откако претходно го обезбедиле „Цитроенот“ обвинетите по дадените инструкции од Љупчо Палевски, дошле пред влезот на зградата, каде живее Вања. Влатко Кешишев чекал во возилото и внимавал да не наиде некој. Велибор Манев со шрафцигер ја отворил влезната врата од зградата, па заедно со Боре Видевски кој носел вреќа за спиење, влегле во зградата и ја чекале Вања.    Кога Вања излегла од лифтот, појасни обвинителката, била ставена во вреќа за спиење со подотворен патент и ѝ биле ставени пластични стеги на рацете и нозете, по што била изнесена надвор од зградата, каде Кешишов ги чекал со „Цитроенот“, по што била ставена во гепекот.    На „Партизански одреди“ Боре го скршил мобилниот телефон „Ајфон 8“ на Вања за да нема сигнал. По претходно дадените инструкции од Љупчо Палевски, продолжиле да се движат по Качанички пат и кај надвозникот кај село Визбегово, се сретнале со Палевски, кој ги чекал со возило Рено Кангу, во близина на местото викано „дупки“ во атарот на село Бразда, рече Крстевска.
Обвинителката додаде дека обвинетите на свиреп начин и со умисла, околу 9 часот и 30 минути, Љупчо, Велибор, Боре и Влатко ја лишиле од живот малолетната Вања, изложувајќи ја на тешко психичко страдање со силен интензитет. Обвинителката Крстевска, во своето воведно обраќање претходно, по барање на оштетените Жаклина Ѓорчевска и нејзината ќерка, побара од Судот да биде исклучена јавноста од целата расправа, поради како што рече, интензивното известување на медиумите за настанот кое придонесло за продлабочување на болката, по што Судот не го прифати ваквиот предлог на Обвинителството.
Од страна на полномошникот и оштетената Зорица Мирчевска и од сестрата на Вања Ѓорчевска поднесен е предлог до обвинителството за исклучување на јавноста од целата расправа, заради интензивното известување на медиумите за настанот кое медиумско известување придонесло за продлабочување на болката, тешко сериозно пост-трауматско растројство, за кое во прилог доставувам извештај од специјалист психијатари препорака на психотерапевт, рече Крстевска.
Првообвинетиот Палевски пред Судот истакна дека ЈО извршува политичка наредба и дека во постапката како докази се ставени повеќе од 100 ДНК траги, а дури деведесет проценти од неговите приложени докази се користат против него, посочувајќи дека тоа се докази кои МВР Форензика ги има изготвено по наредба на Обвинителството.
На 1 декември имам јавна објава на мојот Фејсбук профил, каде сум што правам и така натаму. Во хотелот се пријавив и одјавив регуларно со моја патна исправа и тргнав на пат за да направам магнетна резонанца на мојата кичма, бидејќи 70 проценти од мојата кичма не е во функција. После 10 месеци, од моите приложени докази, Обвинителството ги злоупотребува и МВР Форензика по наредба на Обвинителството изготвува материјални докази. Не може да ме убеди Обвинителството дека нема наредба за политичко монтирано судење, затоа што многу добро знае Обвинителството. Како тоа не можеле да ја видат целосната слика за овој кривичен настан, па дури на 20 мај мојата ДНК е ставена во систем, рече Палевски.
Тој изјави дека содржината на обвинението е заснована на лажен исказ на еден од обвинетите кој сака да избегне доживотен затвор за злосторството кое е направено.
Целата оваа содржина на обвинение е заснована на лажен исказ на еден од обвинетите, кој сака да избегне доживотен затвор за вакво злосторство кое е направено. Сите материјални докази ги побиваат овие приказни кои се содржина на ова обвинение. Одбраната не барала вештачење на биолошки траги. Ова е лицемерие. По се што објавија, нечувствувајќи ништо за мајката на Вања, сите видеа и слики што беа објавени по порталите беа во просториите на Обвинителството и од таму излегоа сите слики од „Смарт сити“, и токму Обвинителството погрешно ги брифираше медиумите. Тогаш Обвинителството не се секираше за душевната состојба на мајката на Вања, па после 10 месеци кога треба да ги соочиме сите докази тогаш сака да биде исклучена јавноста, рече Палевски.
Според Палевски, таткото на малолетното девојче, Александар Ѓорчевски е наместен од полицијата за да се изготви некаков лажен мотив и врска помеѓу нив двајца. Палевски пред Судот рече дека не го познава Александар, а ниту пак, Обвинителството докажало некаква врска помеѓу нив двајца.
Овој родител, наместо да плаче по своето дете, од полицијата е наместен за да се изготви лажен мотив и врска меѓу мене и него. Јас не го познавам Александар. Јас бев киднапиран првите 7 дена. Ме донесоа на 15 мај во затворот во Скопје, но 7 дена не добив никаков акт. После ме донесоа со медиуми, со „калашникови“, 6 дена ме држеа, судијата на претходна постапка Душан Јосифов изврши кривично дело. Ова е политичко монтирано судење, рече Палевски.
Бранителот на Александар Ѓорчевски вели Обвинителството нема докази, ниту поткрепа на обвинението против таткото на Вања, туку како што рече, само паушално наведува дека помагал.
Во воведното обраќање на Обвинителството ние не слушнавме која е поткрепата на обвинението против Александар и врз основа на кои докази го темели обвинението за стореното кривично дело, само паушално наведува дека помагал. Немаме дејствија на извршување, ниту доказ во таа смисла, рече адвокатот Владимир Туфекџиќ.
Според него, таткото на Вања е жртва во целата судска постапка и вели „секој родител на кој би му се случило ваква работа би го преземал истото што го преземал тој, односно би одел во насока да води и своја самостојна истрага“. Туфекџиќ нагласи дека обвинението се темели токму на доказите прибавени од страна на Ѓорчевски со согласност на полициските службеници, за кои побара да бидат испитани.
Александар е жртва и е оштетен во оваа постапка и тврдам дека секој родител кој би му се случило ваква работа би го преземал истото што го преземал тој, односно би одел во насока да води и своја самостојна истрага и на крајот на краиштата сведоци сте дека обвинението се темели токму на доказите кои ги прибавил Александар и тоа со знаење и со согласност на полициските службеници за кои и јас како бранител барам да бидат испитани и да видиме како и на кој начин ја воделе постапката и тврдам дека ова не е водено онака како што треба и затоа го имаме денеска тој резултат кој го имаме во однос на Александар, рече Туфекџиќ.
Според адвокатот Туфекџиќ, Ѓорчевски е класично зоупотребен и неговите дејствија кои ги презел во насока на самостојна истрага се злоупотребени и погрешно протолкувани.
Тој е класично зоупотребен и неговите дејствија кои ги презел во насока на самостојна истрага се злоупотребени и погрешно протолкувани. Не е никаква тајна дека Александар бил на дневна основа во постојана комуникација со децата и не е никаква тајна дека бил во неверојатна близина со своите деца, рече Туфекџиќ.
Тј додаде дека неколку месеци пред овој настан, таткото на малолетната Вања им подарил две станбени единици на двете малолетни деца.
Својот дел со договор за дар, како што говорат и доказите, неколку месеци пред овој настан е подарен и тоа две станбени единици се препишани на двете малолетни деца и доставивме доказ до Судот дека двете малолетни деца се даночни обврзници согласно евиденцијата во даночната управа, посочи бранителот на Ѓорчевски.

The post Според Палевски обвинителството извршува политичка наредба, според ЈО мотивот е изнудување пари appeared first on Република.

]]>
Урош Блажиќ призна вина за масакрот, но моли да не го обвинуваат татко му https://republika.mk/vesti/balkan/urosh-blazhik-prizna-vina-za-masakrot-no-moli-da-ne-go-obvinuvaat-tatko-mu/ Wed, 21 Aug 2024 10:22:37 +0000 https://republika.mk/?p=808599

Обвинетиот Урош Блажиќ денеска на почетокот на судењето во Белград призна дека на 4 мај минатата година уби девет и рани 12 лица во селата Мало Орашје и Дубона.

Повтори дека е виновен, како што изјави и на прелиминарното рочиште. Тој им изрази и сочувство на семејствата, велејќи дека не може да го врати времето и дека ќе одговара за своите дела. Но, замоли да не му се суди на татко му, кој според него е невин, односно не е виновен за она што го направил Урош.

Неговиот татко Радиша Блажиќ најпрвин им изрази сочувство на семејствата на жртвите и изјави дека не е виновен за кривичното дело за кое се товари и дека не знае од каде го набавил оружјето неговиот син.

Судењето наместо во Смедерево, од безбедносни причини се одржува во зградата на Специјалниот суд во Белград.

The post Урош Блажиќ призна вина за масакрот, но моли да не го обвинуваат татко му appeared first on Република.

]]>

Обвинетиот Урош Блажиќ денеска на почетокот на судењето во Белград призна дека на 4 мај минатата година уби девет и рани 12 лица во селата Мало Орашје и Дубона. Повтори дека е виновен, како што изјави и на прелиминарното рочиште. Тој им изрази и сочувство на семејствата, велејќи дека не може да го врати времето и дека ќе одговара за своите дела. Но, замоли да не му се суди на татко му, кој според него е невин, односно не е виновен за она што го направил Урош. Неговиот татко Радиша Блажиќ најпрвин им изрази сочувство на семејствата на жртвите и изјави дека не е виновен за кривичното дело за кое се товари и дека не знае од каде го набавил оружјето неговиот син. Судењето наместо во Смедерево, од безбедносни причини се одржува во зградата на Специјалниот суд во Белград.

The post Урош Блажиќ призна вина за масакрот, но моли да не го обвинуваат татко му appeared first on Република.

]]>
Почнува судењето за масакрот кај Младеновац https://republika.mk/vesti/balkan/pochnuva-sudeneto-za-masakrot-kaj-mladenovats/ Wed, 21 Aug 2024 06:45:52 +0000 https://republika.mk/?p=808481

Во Специјалниот суд во Белград денеска започнува судскиот процес против Урош Блажиќ, обвинет дека на 4 мај минатата година во селата Мало Орашје и Дубона убил девет и ранил 12 лица.

Урош Блажиќ и неговиот татко Радиша Блажиќ, кој исто така е обвинет, денеска по првпат ќе ја изнесат својата одбрана. За утре и задутре е планирано сослушување на оштетените, јавуваат српските медиуми. На подготвителното рочиште, кое беше затворено за јавноста, првообвинетиот делумно призна дека го извршил масакрот, додека неговиот татко негираше вина за оружјето кое беше пронајдено во неговиот дом.

Претседателката на Врховниот суд во август донесе одлука судењето да се одржи во најголемата судница во Специјалниот суд во Белград. Судницата е поделена на три дела со решетки и дебело стакло. Новинарите ќе можат да го следат судењето од медиа-центарот преку видео пренос, целосно одвоени од судницата.

The post Почнува судењето за масакрот кај Младеновац appeared first on Република.

]]>

Во Специјалниот суд во Белград денеска започнува судскиот процес против Урош Блажиќ, обвинет дека на 4 мај минатата година во селата Мало Орашје и Дубона убил девет и ранил 12 лица. Урош Блажиќ и неговиот татко Радиша Блажиќ, кој исто така е обвинет, денеска по првпат ќе ја изнесат својата одбрана. За утре и задутре е планирано сослушување на оштетените, јавуваат српските медиуми. На подготвителното рочиште, кое беше затворено за јавноста, првообвинетиот делумно призна дека го извршил масакрот, додека неговиот татко негираше вина за оружјето кое беше пронајдено во неговиот дом. Претседателката на Врховниот суд во август донесе одлука судењето да се одржи во најголемата судница во Специјалниот суд во Белград. Судницата е поделена на три дела со решетки и дебело стакло. Новинарите ќе можат да го следат судењето од медиа-центарот преку видео пренос, целосно одвоени од судницата.

The post Почнува судењето за масакрот кај Младеновац appeared first on Република.

]]>
Обвинителката сака да има контрола и на тоа кој го следи судењето против Жан Митрев https://republika.mk/vesti/crna-hronika/obvinitelkata-saka-da-ima-kontrola-i-na-toa-koj-go-sledi-sudeneto-protiv-zhan-mitrev/ Wed, 03 Jul 2024 10:53:43 +0000 https://republika.mk/?p=793051

На вчерашното рочиште од судењето против Жан Митрев и неговата клиника за кривично дело измама, застапникот на обвинението Искра Хаџи Василева побара информација за тоа во кое својство едно од присутните лица е присутно на судењето. Таа проверила, гуглала, па дознала од која професија доаѓа. На ова нејзино барање судијката Лидија Петровска одговорила дека нема законска основа да се бара причината за нечие присуство кога судењето е јавно.

Зарем е забрането присуство на лица од одредена професија кога во судница може да присуствува секој полнолетен граѓанин. Јас не гледам причина да се утврдува зошто лицето е присутно”, се обрати судијката кон обвинителката.

На ова следеше и остра реакција од одбраната дека целта на ваквиот настап на обвинителката е заплашување на дел од јавноста и притисок за да се елиминира дел од јавноста.

И вчерашното рочиште помина во знакот на целосна конфузија на застапникот на обвинението. Судијката повеќе пати бараше од обвинителката прецизно да каже што точно предлага за натамошниот тек на постапката, а таа одговори дека судот треба да каже што е целисходно.

Судијката побара конкретен предлог, но на ова барање немаше одговор.

Според одбраната, ова е најдобар знак дека постапката во случајов е веќе пропадната, затоа што обвинителството е странка која треба да докажува основаност на обвинението. Но, во случајов со Жан Митрев токму од доказите на обвинението е очигледно дека случајот се води без основа и обвинението одамна требаше да биде повлечено, смета одбраната.

Интересно е и тоа што обвинителката упорно не ги повлекува, ниту пак ги презентира доказите од листата под точка 13, а бараше и повлекување на тројца од своите сведоци.

Можеби барањето на обвинителот да биде исклучен дел од јавноста е заради одбегнување пред јавноста да се открие пропаднатото обвинение и упорното неосновано водење на постапката против Жан Митрев и неговата клиника, коментираат од одбраната.

Наредното рочиште е закажано за 4 септември.

The post Обвинителката сака да има контрола и на тоа кој го следи судењето против Жан Митрев appeared first on Република.

]]>

На вчерашното рочиште од судењето против Жан Митрев и неговата клиника за кривично дело измама, застапникот на обвинението Искра Хаџи Василева побара информација за тоа во кое својство едно од присутните лица е присутно на судењето. Таа проверила, гуглала, па дознала од која професија доаѓа. На ова нејзино барање судијката Лидија Петровска одговорила дека нема законска основа да се бара причината за нечие присуство кога судењето е јавно.
Зарем е забрането присуство на лица од одредена професија кога во судница може да присуствува секој полнолетен граѓанин. Јас не гледам причина да се утврдува зошто лицето е присутно”, се обрати судијката кон обвинителката.
На ова следеше и остра реакција од одбраната дека целта на ваквиот настап на обвинителката е заплашување на дел од јавноста и притисок за да се елиминира дел од јавноста. И вчерашното рочиште помина во знакот на целосна конфузија на застапникот на обвинението. Судијката повеќе пати бараше од обвинителката прецизно да каже што точно предлага за натамошниот тек на постапката, а таа одговори дека судот треба да каже што е целисходно. Судијката побара конкретен предлог, но на ова барање немаше одговор. Според одбраната, ова е најдобар знак дека постапката во случајов е веќе пропадната, затоа што обвинителството е странка која треба да докажува основаност на обвинението. Но, во случајов со Жан Митрев токму од доказите на обвинението е очигледно дека случајот се води без основа и обвинението одамна требаше да биде повлечено, смета одбраната. Интересно е и тоа што обвинителката упорно не ги повлекува, ниту пак ги презентира доказите од листата под точка 13, а бараше и повлекување на тројца од своите сведоци.
Можеби барањето на обвинителот да биде исклучен дел од јавноста е заради одбегнување пред јавноста да се открие пропаднатото обвинение и упорното неосновано водење на постапката против Жан Митрев и неговата клиника, коментираат од одбраната.
Наредното рочиште е закажано за 4 септември.

The post Обвинителката сака да има контрола и на тоа кој го следи судењето против Жан Митрев appeared first on Република.

]]>
Судењето за Жан Митрев одложено за 4 септември поради отсуство на сведоци https://republika.mk/vesti/crna-hronika/sudeneto-za-zhan-mitrev-odlozheno-za-4-septemvri-poradi-otsustvo-na-svedotsi/ Mon, 01 Jul 2024 10:38:52 +0000 https://republika.mk/?p=792359

Поради отсуство на сведоци, денешното рочиште за случајот против доктор Жан Митрев во Основниот кривичен суд во Скопје е одложено за 4 септември годинава.

Полицијата на двајца сведоци предложени од Обвинителството не можела да им достави покана на адресата на која живеат во Тетово и Гостивар, додека третиот сведок со поднесок до Судот побарал да се ослободи од сослушување од здравствени причини.

Јавниот обвинител, за економичност на постапката, даде предлог овие сведоци да бидат повлечени, но таквиот предлог не беше прифатен од одбраната, според која не биле исцрпени сите законски можности за нивно обезбедување и дека доколку не може да се обезбеди нивно присуство во судницата поради заминување во странство, дека тие може да бидат сослушани преку видео врска.

Во однос на барањето на третиот сведок за негово ослободување од сослушување, Судот посочи дека во доставеното известување биле содржани копии од здравствени белешки и побара тие да бидат доставени во оригинал.

Предметот се однесува на измама, односно, како што соопшти своевремено ЈО, прикривање на клучни факти во однос на хемофилтрацијата, метод за кој пациентите не биле јасно информирани за сите позитивни и негативни ефекти, со што тие биле доведени во заблуда, со цел противправно прибавување на имотна корист.

Предметот е оформен по допрен глас, откако се објави документарец во кој се тврди дека приватната болница „Жан Митрев“ им наплаќала на пациенти високи суми пари за хемофилитрација при лекување од Ковид-19, по што беше отворен и предметот во ОЈО Скопје.

Процесот го води судијката Лидија Петровска, а застапник на обвинението е обвинителката Искра Хаџи Василева.

Судскиот процес пред Основниот кривичен суд во Скопје започна во февруари лани, но поради истекот од 90 дена од последното одржано рочиште тој лани во ноември беше вратен од почеток. Процесот се наоѓа во фаза на доказна постапка, каде се изведуваат докази и се сослушуваат сведоци предложени од Јавното обвинителство.

The post Судењето за Жан Митрев одложено за 4 септември поради отсуство на сведоци appeared first on Република.

]]>

Поради отсуство на сведоци, денешното рочиште за случајот против доктор Жан Митрев во Основниот кривичен суд во Скопје е одложено за 4 септември годинава. Полицијата на двајца сведоци предложени од Обвинителството не можела да им достави покана на адресата на која живеат во Тетово и Гостивар, додека третиот сведок со поднесок до Судот побарал да се ослободи од сослушување од здравствени причини. Јавниот обвинител, за економичност на постапката, даде предлог овие сведоци да бидат повлечени, но таквиот предлог не беше прифатен од одбраната, според која не биле исцрпени сите законски можности за нивно обезбедување и дека доколку не може да се обезбеди нивно присуство во судницата поради заминување во странство, дека тие може да бидат сослушани преку видео врска. Во однос на барањето на третиот сведок за негово ослободување од сослушување, Судот посочи дека во доставеното известување биле содржани копии од здравствени белешки и побара тие да бидат доставени во оригинал. Предметот се однесува на измама, односно, како што соопшти своевремено ЈО, прикривање на клучни факти во однос на хемофилтрацијата, метод за кој пациентите не биле јасно информирани за сите позитивни и негативни ефекти, со што тие биле доведени во заблуда, со цел противправно прибавување на имотна корист. Предметот е оформен по допрен глас, откако се објави документарец во кој се тврди дека приватната болница „Жан Митрев“ им наплаќала на пациенти високи суми пари за хемофилитрација при лекување од Ковид-19, по што беше отворен и предметот во ОЈО Скопје. Процесот го води судијката Лидија Петровска, а застапник на обвинението е обвинителката Искра Хаџи Василева. Судскиот процес пред Основниот кривичен суд во Скопје започна во февруари лани, но поради истекот од 90 дена од последното одржано рочиште тој лани во ноември беше вратен од почеток. Процесот се наоѓа во фаза на доказна постапка, каде се изведуваат докази и се сослушуваат сведоци предложени од Јавното обвинителство.

The post Судењето за Жан Митрев одложено за 4 септември поради отсуство на сведоци appeared first on Република.

]]>
За 9 јули е одложено судењето за спортските ваучери на Агенцијата за млади и спорт https://republika.mk/vesti/crna-hronika/za-9-juli-e-odlozheno-sudeneto-za-sportskite-vaucheri-na-agentsijata-za-mladi-i-sport/ Thu, 27 Jun 2024 09:45:19 +0000 https://republika.mk/?p=791225

Судењето за случајот со спортските ваучери на Агенцијата за млади и спорт е одложено за 9 јули, откако на првото рочиште денеска не се појави првообвинетиот Дарко Каевски.

Како што информираше неговиот адвокат, Петре Шилегов, Каевски е на домашно лекување по оперативен зафат на тетивата.

Во случајот, освен Каевски, обвинети се и директорот на АМС, Наумче Мојсовски и претседателот на Македонски олимписки комитет, Даниел Димевски, потоа Огнен Стојановски, Ѓорѓи Тасев, Наташа Смилевска, Бејтула Емини, Дриљон Леши, Мијази Елмазов, Иван Миновски, Даниел Каров и Сашо Поповски.

Според информациите од Јавното обвинителство, постапувајќи по поднесената иницијатива од Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), надлежниот јавен обвинител поднел обвинителен предлог против 12 луѓе за кривични дела „злоупотреба на службена положба“ и за „несовесно работење“.

Судењето го води судијката Џенета Бегтовиќ, а застапник на обвинението е обвинителката Лидија Раичевиќ.

The post За 9 јули е одложено судењето за спортските ваучери на Агенцијата за млади и спорт appeared first on Република.

]]>

Судењето за случајот со спортските ваучери на Агенцијата за млади и спорт е одложено за 9 јули, откако на првото рочиште денеска не се појави првообвинетиот Дарко Каевски. Како што информираше неговиот адвокат, Петре Шилегов, Каевски е на домашно лекување по оперативен зафат на тетивата. Во случајот, освен Каевски, обвинети се и директорот на АМС, Наумче Мојсовски и претседателот на Македонски олимписки комитет, Даниел Димевски, потоа Огнен Стојановски, Ѓорѓи Тасев, Наташа Смилевска, Бејтула Емини, Дриљон Леши, Мијази Елмазов, Иван Миновски, Даниел Каров и Сашо Поповски. Според информациите од Јавното обвинителство, постапувајќи по поднесената иницијатива од Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), надлежниот јавен обвинител поднел обвинителен предлог против 12 луѓе за кривични дела „злоупотреба на службена положба“ и за „несовесно работење“. Судењето го води судијката Џенета Бегтовиќ, а застапник на обвинението е обвинителката Лидија Раичевиќ.  

The post За 9 јули е одложено судењето за спортските ваучери на Агенцијата за млади и спорт appeared first on Република.

]]>
Почна судењето против Мерко за незаконско назначување директори во училиштата, тој не се чувствува виновен https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pochna-sudeneto-protiv-merko-za-nezakonsko-naznachuvane-direktori-vo-uchilishtata-toj-ne-se-chuvstvuva-vinoven/ Thu, 20 Jun 2024 11:28:00 +0000 https://republika.mk/?p=789321

Во Основниот суд во Струга денеска почна главната расправа против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко за незаконско назначување директори во основните училишта, во селата Подгорци, Лабуништа, Велешта и „Браќа Миладиновци“ во Струга.

Трите предмети за незаконско поставување директори, каде е инволвиран само Мерко, судијата Јордан Јованов ги спои во еден, додека за училиштето во Велешта ќе се води одвоен предмет, каде покрај злоупотреба на службена должност направено е и кривично дело фалсификување, и обвинети се четири лица. Рочиштето за предметот во Велешта беше одложено.

Моментално за училиштето во Велешта се води одвоен предмет затоа што таму се четворица обвинети, а за другите три училишта се води споен предмет. Три постапки во еден предмет. Покрај кривично дело несовесно работење во службата во Велешта, дел од обвинетите се гонат и за кривично дело фалсификување исправа. Значи во тој предмет се две кривични дела, изјави Јованов.

Мерко пак, рече дека не чуствува вина за делата, кои го товари Јавното обвинителство. За незаконското поставување директори, тој истакна дека разбира за што е обвинет, но не се чуствувал виновен за кривичните дела, бидејќи, како што рече, направил континуитет во работата на основните училишта.

Ние имаме докази и ќе докажеме дека тој сторил кривични дела за кои се терети. Судот ќе одлучи колку ќе го осуди, ќе видиме во текот на постапката. Ако не се согласиме со пресудата што ќе ја донесе судот ќе поднесеме жалба до Апелациониот суд во Битола, рече јавниот обвинител Џемал Лога.

Адем Ајдароски, кој три мандати како в.д. директор раководел со основното училиште „Гоце Делчев“ во селото Подгорци даде исказ во својство на сведок. Тој кажа дека си поднел оставка поради лични причини, но и на барање на Антикорупциска комисија. Ајдароски не исполнувал услови за директор во училиштето, бидејќи немал пет годишно работно искуство и како дипломиран економист не бил од редот на вработените.

Државниот просветен инспекторат извршил надзор во училиштето во Подгорци и му кажал на директорот дека незаконски е именуван, но не повел постапка.

Судскиот процес против Мерко за четирите предмети ќе продолжи на 5 јули.

The post Почна судењето против Мерко за незаконско назначување директори во училиштата, тој не се чувствува виновен appeared first on Република.

]]>

Во Основниот суд во Струга денеска почна главната расправа против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко за незаконско назначување директори во основните училишта, во селата Подгорци, Лабуништа, Велешта и „Браќа Миладиновци“ во Струга. Трите предмети за незаконско поставување директори, каде е инволвиран само Мерко, судијата Јордан Јованов ги спои во еден, додека за училиштето во Велешта ќе се води одвоен предмет, каде покрај злоупотреба на службена должност направено е и кривично дело фалсификување, и обвинети се четири лица. Рочиштето за предметот во Велешта беше одложено.
Моментално за училиштето во Велешта се води одвоен предмет затоа што таму се четворица обвинети, а за другите три училишта се води споен предмет. Три постапки во еден предмет. Покрај кривично дело несовесно работење во службата во Велешта, дел од обвинетите се гонат и за кривично дело фалсификување исправа. Значи во тој предмет се две кривични дела, изјави Јованов.
Мерко пак, рече дека не чуствува вина за делата, кои го товари Јавното обвинителство. За незаконското поставување директори, тој истакна дека разбира за што е обвинет, но не се чуствувал виновен за кривичните дела, бидејќи, како што рече, направил континуитет во работата на основните училишта.
Ние имаме докази и ќе докажеме дека тој сторил кривични дела за кои се терети. Судот ќе одлучи колку ќе го осуди, ќе видиме во текот на постапката. Ако не се согласиме со пресудата што ќе ја донесе судот ќе поднесеме жалба до Апелациониот суд во Битола, рече јавниот обвинител Џемал Лога.
Адем Ајдароски, кој три мандати како в.д. директор раководел со основното училиште „Гоце Делчев“ во селото Подгорци даде исказ во својство на сведок. Тој кажа дека си поднел оставка поради лични причини, но и на барање на Антикорупциска комисија. Ајдароски не исполнувал услови за директор во училиштето, бидејќи немал пет годишно работно искуство и како дипломиран економист не бил од редот на вработените. Државниот просветен инспекторат извршил надзор во училиштето во Подгорци и му кажал на директорот дека незаконски е именуван, но не повел постапка. Судскиот процес против Мерко за четирите предмети ќе продолжи на 5 јули.  

The post Почна судењето против Мерко за незаконско назначување директори во училиштата, тој не се чувствува виновен appeared first on Република.

]]>
Одложено судењето против Мерко за набавката на луксузен автомобил https://republika.mk/vesti/crna-hronika/odlozheno-sudeneto-protiv-merko-za-nabavkata-na-luksuzen-avtomobil/ Fri, 26 Apr 2024 10:47:59 +0000 https://republika.mk/?p=771359

Во Основниот суд во Струга денеска почна судскиот процес против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко за набавката на луксузниот автомобил „ауди А6“, вреден 67 илјади евра. По барање на одбраната за целосен увид во списите, судијката Надица Митреска ја одложи главната расправа за 3 јуни годинава.

На денешното рочиште не присуствуваше ниту обвинетиот, ниту неговиот полномошник, адвокатот Игор Петкоски.

Списите со предметот, како што појасни судијката во дигитален препис ќе му бидат предадени на адвокатот на обвинетиот на усб стик, на кој има 27 фалјови во ПДФ формат.

Адвокатот на Мерко, Игор Петкоски, во телефонски разговор за медиумите посочи дека со обвинителниот предлог до неговиот клиент не биле доставени доказите наведени во листата на докази од Обвинителството, што е законска и уставна обврска кога некој се гони. Тој појасни дека поради обемноста, материјалот требало да му биде предаден на усб стик, но поради технички причини, Судот не можел да им ги пренесе материјалите пред терминот за судење, за да ги разгледаат доказите и да состават листа на докази на одбраната.

Од тие причини побаравме одлагање, бидјеќи немавме докази, а воедно судијата уште на 18 април беше известен дека јас од претходно сум поканет во судница во Битола како бранител на друг клиент за постар предмет од овој. Целта не ни е да го одлагаме процесот, туку целта ни е кога ќе ги погледнеме доказите во обвинението да спротивставиме докази на одбраната со кој ќе ги оспориме тие докази и ќе ја докажеме тезата дека никаква одговорност не постои кај градоначалникот по оваа работа, рече тој.

Јавниот обвинител во Основно јавно обвинителство Струга Никола Јолески појасни дека се работи за обвинителен предлог поднесен од Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција до Основниот суд во Скопје. Поради процесни причини, појасни, обвинението е отстапено во надлежност пред Основниот суд во Струга.

Обвинителниот акт е злоупотреба на службена положба по член 353 став 4 во врска со став 1. Ние ќе ја докажуваме нашата теорија на случај, одбраната нивната, така што на крај Судот е тој којшто ќе одлучи што навистина се случило. Ние сметаме дека има дело, ќе го поддржиме обвинителниот предлог поднесен од ОЈО ГОКК Скопје, изјави Јолески.

Со последните измени на Кривичниот законик за злоупотребата на службената положба и овластувања – членот 353, се предвидува казна затвор од една до четири години.

The post Одложено судењето против Мерко за набавката на луксузен автомобил appeared first on Република.

]]>

Во Основниот суд во Струга денеска почна судскиот процес против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко за набавката на луксузниот автомобил „ауди А6“, вреден 67 илјади евра. По барање на одбраната за целосен увид во списите, судијката Надица Митреска ја одложи главната расправа за 3 јуни годинава. На денешното рочиште не присуствуваше ниту обвинетиот, ниту неговиот полномошник, адвокатот Игор Петкоски. Списите со предметот, како што појасни судијката во дигитален препис ќе му бидат предадени на адвокатот на обвинетиот на усб стик, на кој има 27 фалјови во ПДФ формат. Адвокатот на Мерко, Игор Петкоски, во телефонски разговор за медиумите посочи дека со обвинителниот предлог до неговиот клиент не биле доставени доказите наведени во листата на докази од Обвинителството, што е законска и уставна обврска кога некој се гони. Тој појасни дека поради обемноста, материјалот требало да му биде предаден на усб стик, но поради технички причини, Судот не можел да им ги пренесе материјалите пред терминот за судење, за да ги разгледаат доказите и да состават листа на докази на одбраната. Од тие причини побаравме одлагање, бидјеќи немавме докази, а воедно судијата уште на 18 април беше известен дека јас од претходно сум поканет во судница во Битола како бранител на друг клиент за постар предмет од овој. Целта не ни е да го одлагаме процесот, туку целта ни е кога ќе ги погледнеме доказите во обвинението да спротивставиме докази на одбраната со кој ќе ги оспориме тие докази и ќе ја докажеме тезата дека никаква одговорност не постои кај градоначалникот по оваа работа, рече тој. Јавниот обвинител во Основно јавно обвинителство Струга Никола Јолески појасни дека се работи за обвинителен предлог поднесен од Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција до Основниот суд во Скопје. Поради процесни причини, појасни, обвинението е отстапено во надлежност пред Основниот суд во Струга. Обвинителниот акт е злоупотреба на службена положба по член 353 став 4 во врска со став 1. Ние ќе ја докажуваме нашата теорија на случај, одбраната нивната, така што на крај Судот е тој којшто ќе одлучи што навистина се случило. Ние сметаме дека има дело, ќе го поддржиме обвинителниот предлог поднесен од ОЈО ГОКК Скопје, изјави Јолески. Со последните измени на Кривичниот законик за злоупотребата на службената положба и овластувања – членот 353, се предвидува казна затвор од една до четири години.

The post Одложено судењето против Мерко за набавката на луксузен автомобил appeared first on Република.

]]>
Почина човекот кој се самозапали пред судницата каде се одвива судскиот процес против Трамп https://republika.mk/vesti/svet/pochina-chovekot-koj-se-samozapali-pred-sudnitsata-kade-se-odviva-sudskiot-protses-protiv-tramp/ Sat, 20 Apr 2024 07:26:29 +0000 https://republika.mk/?p=768310

Почина човекот кој се самозапали пред судницата во Њујорк каде што се одржува судењето на Доналд Трамп во петок на 19 април, соопшти полицијата, пренесува NBC News. Мажот, идентификуван од полицијата како Максвел Азарело од Св. Аугустин, Флорида, почина во болница.

Шефот на NYPD, Џефри Б. Мадри рече дека маж околу 13 часот и 30 минути влегол во паркот Колект Понд, спроти судницата, прво извадил летоци од ранецот и ги фрлил на подот, а потоа се полил со некаква течност и се запалил.

Случајни минувачи, судски службеници и полиција се обиделе да го изгаснат пожарот со палта и противпожарни апарати. Во тоа време, целосната порота беше собрана за судењето на Трамп – 12 поротници и шест заменици избрани за судењето, кое се очекува да трае околу шест недели.

Пожарникарите рекоа дека Азарело бил пренесен во одделението за изгореници во медицинскиот центар Веил Корнел, каде што бил пренесен жив, но во критична состојба. Четворица полицајци и еден судски службеник се здобиле со полесни повреди по гаснењето на пожарот.

Шефот на детективите, Џозеф Кени рече дека Азарело е роден во 1987 година и пристигнал во Њујорк претходно во текот на неделата. Тој рече дека членовите на семејството кои биле контактирани од полицијата по инцидентот не знаеле дека Азарело бил во Њујорк.

Кени исто така додаде дека флаерите на Азарело содржеле текст поврзан со некои теории на заговор.

Азарело објавува теории на заговор за естаблишментот на Интернет, вклучително и долга статија на социјалната мрежа Substack во која се критикуваат корумпирани политичари, милијардери, па дури и се повикува на анимираната серија Симпсонови.

Документот во стилот на манифестот предупредува на претстојниот „апокалиптичен фашистички напад врз светот“.

https://twitter.com/betzigsandm/status/1781507987758039421?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1781507987758039421%7Ctwgr%5E736d8b403ab58442401d3a6afc140bfc14d7f7c7%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Flokalno.mk%2FF09F8EA5pochina-chovekot-koj-se-samozapali-pred-sudnicata-kade-se-odviva-sudskiot-proces-protiv-tramp%2F

The post Почина човекот кој се самозапали пред судницата каде се одвива судскиот процес против Трамп appeared first on Република.

]]>

Почина човекот кој се самозапали пред судницата во Њујорк каде што се одржува судењето на Доналд Трамп во петок на 19 април, соопшти полицијата, пренесува NBC News. Мажот, идентификуван од полицијата како Максвел Азарело од Св. Аугустин, Флорида, почина во болница. Шефот на NYPD, Џефри Б. Мадри рече дека маж околу 13 часот и 30 минути влегол во паркот Колект Понд, спроти судницата, прво извадил летоци од ранецот и ги фрлил на подот, а потоа се полил со некаква течност и се запалил. Случајни минувачи, судски службеници и полиција се обиделе да го изгаснат пожарот со палта и противпожарни апарати. Во тоа време, целосната порота беше собрана за судењето на Трамп – 12 поротници и шест заменици избрани за судењето, кое се очекува да трае околу шест недели. Пожарникарите рекоа дека Азарело бил пренесен во одделението за изгореници во медицинскиот центар Веил Корнел, каде што бил пренесен жив, но во критична состојба. Четворица полицајци и еден судски службеник се здобиле со полесни повреди по гаснењето на пожарот. Шефот на детективите, Џозеф Кени рече дека Азарело е роден во 1987 година и пристигнал во Њујорк претходно во текот на неделата. Тој рече дека членовите на семејството кои биле контактирани од полицијата по инцидентот не знаеле дека Азарело бил во Њујорк. Кени исто така додаде дека флаерите на Азарело содржеле текст поврзан со некои теории на заговор. Азарело објавува теории на заговор за естаблишментот на Интернет, вклучително и долга статија на социјалната мрежа Substack во која се критикуваат корумпирани политичари, милијардери, па дури и се повикува на анимираната серија Симпсонови. Документот во стилот на манифестот предупредува на претстојниот „апокалиптичен фашистички напад врз светот“. https://twitter.com/betzigsandm/status/1781507987758039421?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1781507987758039421%7Ctwgr%5E736d8b403ab58442401d3a6afc140bfc14d7f7c7%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Flokalno.mk%2FF09F8EA5pochina-chovekot-koj-se-samozapali-pred-sudnicata-kade-se-odviva-sudskiot-proces-protiv-tramp%2F

The post Почина човекот кој се самозапали пред судницата каде се одвива судскиот процес против Трамп appeared first on Република.

]]>
Маж се самозапали пред судот во Менхетен, каде е во тек судењето на Трамп https://republika.mk/vesti/svet/mazh-se-samozapali-pred-sudot-vo-menheten-kade-e-vo-tek-sudeneto-na-tramp/ Fri, 19 Apr 2024 18:47:39 +0000 https://republika.mk/?p=768195

Маж се самозапали пред кривичниот суд на Менхетен, каде што е во тек судењето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, пишуваат американските медиуми.

Според Њујорк пост, се работи за помлад човек кој се полил со запалива течност во паркот Колект Понд, спроти судницата.

Весникот наведува дека околу 20 луѓе, врескајќи, побегнале од паркот.

На Трамп му се суди за наводно фалсификување деловни документи во случај на тајни плаќања во готовина на порно актерката Сторми Даниелс и се соочува со затворска казна до 10 години.

Поранешниот американски претседател се изјасни за невин по 34 точки од обвинението.

The post Маж се самозапали пред судот во Менхетен, каде е во тек судењето на Трамп appeared first on Република.

]]>

Маж се самозапали пред кривичниот суд на Менхетен, каде што е во тек судењето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, пишуваат американските медиуми. Според Њујорк пост, се работи за помлад човек кој се полил со запалива течност во паркот Колект Понд, спроти судницата. Весникот наведува дека околу 20 луѓе, врескајќи, побегнале од паркот. На Трамп му се суди за наводно фалсификување деловни документи во случај на тајни плаќања во готовина на порно актерката Сторми Даниелс и се соочува со затворска казна до 10 години. Поранешниот американски претседател се изјасни за невин по 34 точки од обвинението.  

The post Маж се самозапали пред судот во Менхетен, каде е во тек судењето на Трамп appeared first on Република.

]]>
Почнува судењето на Трамп, првото судење на американски претседател во историјата https://republika.mk/vesti/svet/pochnuva-sudeneto-na-tramp-prvoto-sudene-na-amerikanski-pretsedatel-vo-istorijata/ Mon, 15 Apr 2024 07:30:07 +0000 https://republika.mk/?p=766119

Во Окружниот суд на Менхетен во Њујорк денеска почнува судењето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп и тоа ќе биде прво судење на американски претседател во историјата.

Доналд Трамп е обвинет за фалсификување деловни документи кога и платил на порно актерката Сторми Даниелс, преку својата адвокатка, 130.000 долари за таа да не зборува јавно за нивната наводна афера.

Трамп ги отфрли сите обвинувања и ги оцени како политички мотивирани.

The post Почнува судењето на Трамп, првото судење на американски претседател во историјата appeared first on Република.

]]>

Во Окружниот суд на Менхетен во Њујорк денеска почнува судењето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп и тоа ќе биде прво судење на американски претседател во историјата. Доналд Трамп е обвинет за фалсификување деловни документи кога и платил на порно актерката Сторми Даниелс, преку својата адвокатка, 130.000 долари за таа да не зборува јавно за нивната наводна афера. Трамп ги отфрли сите обвинувања и ги оцени како политички мотивирани.

The post Почнува судењето на Трамп, првото судење на американски претседател во историјата appeared first on Република.

]]>
На Максим Димитриевски ќе му се суди две дена пред стартот на изборната кампања https://republika.mk/vesti/makedonija/na-maksim-dimitrievski-ke-mu-se-sudi-dve-dena-pred-startot-na-izbornata-kampana/ Wed, 20 Mar 2024 07:36:09 +0000 https://republika.mk/?p=756516

Судот во Куманово за 2 април го закажа судењето на претседателскиот кандидат и актуелен градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски по обвинителен предлог за злоупотреба на службената положба.

Првото рочиште е закажано на два дена пред почетокот на изборната кампања.

Димитриевски, кој е лидер и на ЗНАМ, е обвинет по кривична пријава поднесена од двајца кумановски бизнисмени, бидејќи во законскиот рок не го потпишал барањето за комуналии за изградба на згради во центарот на Куманово.

Двете фирми пријавиле дека на тој начин градоначалникот на Куманово им предизвикал штета од околу 55.000 евра.

Димитриевски, по поднесување на обвинението против него, ги обвини двете фирми за блиски врски со СДСМ, а прогонот го протолкува како политички реваншизам од страна на неговите поранешни сопартијци од СДСМ.

The post На Максим Димитриевски ќе му се суди две дена пред стартот на изборната кампања appeared first on Република.

]]>

Судот во Куманово за 2 април го закажа судењето на претседателскиот кандидат и актуелен градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски по обвинителен предлог за злоупотреба на службената положба. Првото рочиште е закажано на два дена пред почетокот на изборната кампања. Димитриевски, кој е лидер и на ЗНАМ, е обвинет по кривична пријава поднесена од двајца кумановски бизнисмени, бидејќи во законскиот рок не го потпишал барањето за комуналии за изградба на згради во центарот на Куманово. Двете фирми пријавиле дека на тој начин градоначалникот на Куманово им предизвикал штета од околу 55.000 евра. Димитриевски, по поднесување на обвинението против него, ги обвини двете фирми за блиски врски со СДСМ, а прогонот го протолкува како политички реваншизам од страна на неговите поранешни сопартијци од СДСМ.

The post На Максим Димитриевски ќе му се суди две дена пред стартот на изборната кампања appeared first on Република.

]]>