субвенционирана струја Archives - Република https://republika.mk/tema/subvencionirana-struja/ За подобро да се разбереме Wed, 22 Feb 2023 21:13:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png субвенционирана струја Archives - Република https://republika.mk/tema/subvencionirana-struja/ 32 32 Најголем дел од компаниите за храна кои цела зима плаќаат поевтина струја, воопшто не ги намалиле цените https://republika.mk/vesti/ekonomija/najgolem-del-od-kompaniite-za-hrana-koi-tsela-zima-plakaat-poevtina-struja-voopshto-ne-gi-namalile-tsenite/ Wed, 22 Feb 2023 21:35:12 +0000 https://republika.mk/?p=612119

Министерот за економија Крешник Бектеши во гостување на телевизија „Алсат“ открива дека дури 70 отсто од компаниите кои користеле субвенционирана струја од државата, како мерка за намалување на цените и запирање на инфлацијата, не ги поевтиниле цените на своите прехранбени производи.

Бектеши во гостувањето во емисијата „Економски магазин“, вели дека во најава се парични казни, но и затворање на некои од овие фирми.

Преку 250 компании користеа поевтина струја која ја субвенционираше државата, како мерка со која требаше да престане растот на цените на храната.

Бектеши сега вели дека значителен дел од овие компании, односно над 60 или 70 отсто, не ја почитувале одлуката и ги држат истите цени од ноември, пред да почне субвенционирањето на струјата. Затоа, Бектеши најавува дека на крајот на месецов ќе предложи до Владата да донесе одлука за укинување на оваа мерка.

Поради несовесните газди, сега и оние кои ги почитувале правилата ќе плаќаат поскапа струја затоа што Владата им ја укинува помошта“, вели Бектеши.

The post Најголем дел од компаниите за храна кои цела зима плаќаат поевтина струја, воопшто не ги намалиле цените appeared first on Република.

]]>

Министерот за економија Крешник Бектеши во гостување на телевизија „Алсат“ открива дека дури 70 отсто од компаниите кои користеле субвенционирана струја од државата, како мерка за намалување на цените и запирање на инфлацијата, не ги поевтиниле цените на своите прехранбени производи. Бектеши во гостувањето во емисијата „Економски магазин“, вели дека во најава се парични казни, но и затворање на некои од овие фирми. Преку 250 компании користеа поевтина струја која ја субвенционираше државата, како мерка со која требаше да престане растот на цените на храната. Бектеши сега вели дека значителен дел од овие компании, односно над 60 или 70 отсто, не ја почитувале одлуката и ги држат истите цени од ноември, пред да почне субвенционирањето на струјата. Затоа, Бектеши најавува дека на крајот на месецов ќе предложи до Владата да донесе одлука за укинување на оваа мерка.
Поради несовесните газди, сега и оние кои ги почитувале правилата ќе плаќаат поскапа струја затоа што Владата им ја укинува помошта“, вели Бектеши.

The post Најголем дел од компаниите за храна кои цела зима плаќаат поевтина струја, воопшто не ги намалиле цените appeared first on Република.

]]>
Шамбевски: Непрокопсани едни, овие пари со кои се фалите се наши! https://republika.mk/vesti/ekonomija/shambevski-neprokopsani-edni-ovie-pari-so-koi-se-falite-se-nashi/ Wed, 11 Jan 2023 13:29:17 +0000 https://republika.mk/?p=595808

Поранешниот амбасадор Оливер Шамбевски остро го критикува додатокот на сметките за електрична енергија, на кои стои „субвенција од Владата на Република Cеверна Македонија“.

Вака сега… ова го добив со последната сметка за ел. енергија.
Сериозно очекувам во следната да нема вакво нешто бидејќи…
1. Неспособноста на владата да обезбеди соодветно производство на електрична енергија го покрива со мои (наши) пари од буџетот.
2. наместо ова во сметките за електрична енергија сакам да напишат колку пожарникарни, возила за брза помош, субвенции за земјоделието, проекти во културата и инвестиции во инфраструктурата се оневозможени зошто владата заради својата неспособност парите ги дава на есм.
3. Исто така наместо ова сакам во наредната сметка да добијам извештај колку заработиле фирмите на Заев, Ковачевски, Ахмети и останати од дубиозните трговии со ел. Енергија.
4. бидејќи овие пари со кои се фали владата се мои (наши) ДКСК и ДИК сериозно да го разгледаат ова со сметкиве и да се произнесат оти ова сериозно наликува на предизборна корупција, и злоупотреба на државни средства за политичка примоција.
5. ако тие не го направат ова, ги замолувам пратениците на опозицијата да го постават ова прашање до оној Бислимовски или како се викаше и до ЕВН и да бараат детално извештај како ова не е злоупотреба на системот за директен маркетинг.
6. за брзо ќе дојде време кога секој еден денар што го злоупотребивте во енергетскава криза ќе треба да го образложите така што… полека не трчајте пред време!!!
И за крај… знаете ли колку фирми затворија и колку луѓе останаа на улица заради вашата неспособност да обезбедите енергетска сигурност и стабилност во државава и вие уште се фалите злоупотребувајќи ја добрината на овој народ! Море мрш непрокопсани едни!, пишува тој.

The post Шамбевски: Непрокопсани едни, овие пари со кои се фалите се наши! appeared first on Република.

]]>

Поранешниот амбасадор Оливер Шамбевски остро го критикува додатокот на сметките за електрична енергија, на кои стои „субвенција од Владата на Република Cеверна Македонија“.
Вака сега… ова го добив со последната сметка за ел. енергија. Сериозно очекувам во следната да нема вакво нешто бидејќи… 1. Неспособноста на владата да обезбеди соодветно производство на електрична енергија го покрива со мои (наши) пари од буџетот. 2. наместо ова во сметките за електрична енергија сакам да напишат колку пожарникарни, возила за брза помош, субвенции за земјоделието, проекти во културата и инвестиции во инфраструктурата се оневозможени зошто владата заради својата неспособност парите ги дава на есм. 3. Исто така наместо ова сакам во наредната сметка да добијам извештај колку заработиле фирмите на Заев, Ковачевски, Ахмети и останати од дубиозните трговии со ел. Енергија. 4. бидејќи овие пари со кои се фали владата се мои (наши) ДКСК и ДИК сериозно да го разгледаат ова со сметкиве и да се произнесат оти ова сериозно наликува на предизборна корупција, и злоупотреба на државни средства за политичка примоција. 5. ако тие не го направат ова, ги замолувам пратениците на опозицијата да го постават ова прашање до оној Бислимовски или како се викаше и до ЕВН и да бараат детално извештај како ова не е злоупотреба на системот за директен маркетинг. 6. за брзо ќе дојде време кога секој еден денар што го злоупотребивте во енергетскава криза ќе треба да го образложите така што… полека не трчајте пред време!!! И за крај… знаете ли колку фирми затворија и колку луѓе останаа на улица заради вашата неспособност да обезбедите енергетска сигурност и стабилност во државава и вие уште се фалите злоупотребувајќи ја добрината на овој народ! Море мрш непрокопсани едни!, пишува тој.

The post Шамбевски: Непрокопсани едни, овие пари со кои се фалите се наши! appeared first on Република.

]]>
Пекарите не ветуваат поевтин леб – цената не е условена само од сметката за струја https://republika.mk/vesti/ekonomija/pekarite-ne-vetuvaat-poevtin-leb-cenata-ne-e-uslovena-samo-od-smetkata-za-struja/ Sat, 03 Dec 2022 08:39:14 +0000 https://republika.mk/?p=581234

Мали се надежите дека овозможената субвенционирана, фиксна цена од 80 евра за мегават час ќе ги намали цените на голем дел од прехрамбените производи. Стопанствениците од пекарската индустрија не го споделуваат оптимизмот на владата за снижување од барем 10%, посочувајќи дека формирањето на цената на лебот е комплексно прашање кое не е условено само од износот на сметката за електрична енергија. Во оваа насока е и нивниот аргумент според кој сите производители на леб и пецива не печат на струја.

„Нашиот најголем производител на леб- Жито Лукс користи печки на гас, а ова е случај и со останатите големи производители. Дел од пекарите имаат поставено фотоволтаици, а некои имаат печки на дрва“, вели за Локално, Марјан Митревски- сопственик на пекара и член на Занаетчиската комора Скопје.

Како услов за стабилна цена на пекарските производи, Митревски ја посочува потребата од интервенција и помош на државата во делот на домашното производство на жито. Сегашната ситуација во која Македонија е во голем процент зависна од увоз, е проблематична со многу негативни последици. Оттука, според него, првиот фактор кој влијае врз тоа колку ќе чини векна леб е цената на лебното брашно кое нашата држава го увезува.

„Работите би биле многу поинакви доколку имаме наше брашно и државни резерви на жито кои по поволна цена би можеле да се измелат во домашните мелници. За жал, ситуацијата е сосема различна бидејќи немаме доволно посеано жито на нашите ниви“, вели Митревски.

Целиот текст на Локално.мк

The post Пекарите не ветуваат поевтин леб – цената не е условена само од сметката за струја appeared first on Република.