Министерството за образование и наука денеска објави Повик за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2024/2025 година и ги повика студентите што ги исполнуваат условите да се пријават.
Студентите што ќе аплицираат треба да се државјани на Република Македонија, редовни студенти на додипломски студии на државните и приватните универзитети, да не се во редовен работен однос, да не се регистрирани како индивидуални земјоделци и да немаат месечен приход по кој било основ поголем од минималната нето-плата во Републиката за тековната година.
Пријавувањето е електронски на https://e-uslugi.mon.gov.mk/ каде што кандидатите треба да ги прикачат пополнети и потпишани обрасците Пријава за стекнување со право на субвенциониран студентски оброк и Изјава за точност на внесените податоци во пријавата за стекнување со право на субвенциониран студентски оброк (достапни за преземање во објавениот повик). Секој кандидат може да ја провери поднесената пријава, во електронската апликација во менито „Мои апликации“.
Рокот за пријавување е од 15 август до 5 септември и важи за тековните студенти и за студентите кои ќе се стекнат со статус на студенти во академската 2024/2025 година.
-Исто така, од 1 до 5-ти во месецот за секој месец од академската 2024/2025 година ќе тече рокот за пријавување на студентите кои не го оствариле правото на субвенциониран студентски оброк по Јавниот повик за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк или чие право престанало поради неисполнување на некој од критериумите, тогаш кога повторно ќе ги исполнуваат критериумите наведени во овој повик, наведува Министерството за образование и наука во објавата на својата веб-страница.
Субвенциониран студентски оброк е финансиска поддршка во дневен износ од 140 денари што студентот ја добива од МОН за купување храна. Корисниците имаат право услугата да ја користат од понеделник до сабота. Доколку во тие денови не го искористат, износот од субвенционираниот студентски оброк им е достапен на користење на сметката до крајот на тековната седмица, заклучно со сабота.
Правото за субвенциониран студентски оброк корисникот не може да го остварува од 1 јули до 1 октомври, како и за време на државни празници и во неработни денови.
Исплатите за субвенциониран студентски оброк се реализираат преку наменски картички на Шпаркасе банка АД Скопје со која МОН минатата година склучи договор. Студентите кои ќе се стекнат со правото на субвенциониран студентски оброк, ќе треба да потпишат договор со оваа банка за отворање посебна сметка поврзана со наменска платежна картичка за субвенциониран студентски оброк, независно од тоа дали претходно биле клиенти на Шпаркасе банка. За отворањето на сметката и издавањето на платежната картичка студентот нема да има трошоци.
Студентот ќе може да ги троши средствата наменети за субвенциониран студентски оброк кај даватели на субвенциониран студентски оброк, кои се правни лица кои произведуваат, подготвуваат или продаваат храна единствено преку картичката на Шпаркасе банка АД Скопје. Доколку студентот не ја подигне навремено картичката или воопшто не ја подигне картичката нема да може да ги искористи средствата на ниту еден друг начин. Рокот и начинот на подигање на картичките ќе биде дополнително објавен од Министерството и Шпаркасе банка.
Министерството го испишува лицето од евиденцијата на корисници на субвенциониран студентски оброк кога ќе утврди дека повеќе не ги исполнува условите за користење на ова право. Посочува и дека по службена должност ги обезбедува доказите од надлежните институции (МВР, АВРМ, УЈП и студентските служби на факултетите) кои се однесуваат на условите за пријавување за остварување на правото на субвенциониран оброк за секој кандидат поединечно.
За сите прашања поврзани со пријавувањето на корисниците за субвенциониран студентски оброк, Министерството за образование и наука обезбеди поддршка преку Секторот за ученички и студентски стандард, на контактот: [email protected] или во наменската канцеларија на приземјето во зградата на Министерството.
Исто така, за да им помогне на студентите, МОН во објавениот повик постави и видео за начинот на аплицирање.
The post Повик за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2024/2025 appeared first on Република.
]]>The post Повик за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2024/2025 appeared first on Република.
]]>Без подигнување наменска студентска „Виза“ картичка, студентите нема да можат да ги користат средствата по основ на субвенциониран студентски оброк. Затоа, сите апликанти кои го оствариле ова право и за тоа добиле потврда од Министерството за образование и наука, треба електронски да ги ажурираат своите податоци на платформата на Шпаркасе банка и потоа да појдат во филијалата која ќе им биде посочена, да потпишат договор и да си ја подигнат картичката. Процесот е едноставен, апелира министерот за образование и наука Јетон Шаќири, кој заедно со раководството на „Шпаркасе“ банка посетил една од филијалите на банката.
Целта на посетата била да видат како се одвива потпишувањето договори и подигнувањето на наменските картички за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк и да ги повикаат оние кои сè уште не ја завршиле оваа обврска, да го сторат тоа поскоро.
Задоволен сум од текот на активностите и гледам дека целиот процес се одвива едноставно, но според информациите со кои располагаме и натаму одреден број студенти сè уште не ги подигнале своите наменски картички. Затоа во оваа прилика уште еднаш ги повикувам да го сторат тоа за да можат да ги користат средствата кои за нив по овој основ ги обезбедува државата, а од оваа академска година се зголемени и изнесуваат 140 денари дневно, вели Шаќири.
Како што информира МОН, од банката потсетиле дека ажурирањето на податоците, студентите го прават на нивната онлајн-платформа https://netbanking.mk/studentPortal . Потоа добиваат информација преку СМС за точното време и место за потпишување на договорот за отворање посебна сметка и за подигнување на наменскa студентскa „Виза“ картичкa за субвенциониран оброк.
Аплицирањето за субвенциониран студентски оброк за кандидатите кои ќе се стекнат со статус на студенти во академската 2023/2024 година и кои не го запишале летниот семестар, ќе трае од 27 септември до 2 октомври 2023 година. Секој апликант кој има потреба од непосредна поддршка при аплицирањето може да се обрати на контактот: [email protected] или во наменската канцеларија на приземјето во зградата на Министерството.
The post Шаќири порача студентите да си ги подигнат картичките за користење субвенциониран студентски оброк appeared first on Република.
]]>Без подигнување наменска студентска „Виза“ картичка, студентите нема да можат да ги користат средствата по основ на субвенциониран студентски оброк. Затоа, сите апликанти кои го оствариле ова право и за тоа добиле потврда од Министерството за образование и наука, треба електронски да ги ажурираат своите податоци на платформата на Шпаркасе банка и потоа да појдат во филијалата која ќе им биде посочена, да потпишат договор и да си ја подигнат картичката. Процесот е едноставен, апелира министерот за образование и наука Јетон Шаќири, кој заедно со раководството на „Шпаркасе“ банка посетил една од филијалите на банката.Целта на посетата била да видат како се одвива потпишувањето договори и подигнувањето на наменските картички за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк и да ги повикаат оние кои сè уште не ја завршиле оваа обврска, да го сторат тоа поскоро.
Задоволен сум од текот на активностите и гледам дека целиот процес се одвива едноставно, но според информациите со кои располагаме и натаму одреден број студенти сè уште не ги подигнале своите наменски картички. Затоа во оваа прилика уште еднаш ги повикувам да го сторат тоа за да можат да ги користат средствата кои за нив по овој основ ги обезбедува државата, а од оваа академска година се зголемени и изнесуваат 140 денари дневно, вели Шаќири.Како што информира МОН, од банката потсетиле дека ажурирањето на податоците, студентите го прават на нивната онлајн-платформа https://netbanking.mk/studentPortal . Потоа добиваат информација преку СМС за точното време и место за потпишување на договорот за отворање посебна сметка и за подигнување на наменскa студентскa „Виза“ картичкa за субвенциониран оброк. Аплицирањето за субвенциониран студентски оброк за кандидатите кои ќе се стекнат со статус на студенти во академската 2023/2024 година и кои не го запишале летниот семестар, ќе трае од 27 септември до 2 октомври 2023 година. Секој апликант кој има потреба од непосредна поддршка при аплицирањето може да се обрати на контактот: [email protected] или во наменската канцеларија на приземјето во зградата на Министерството.
The post Шаќири порача студентите да си ги подигнат картичките за користење субвенциониран студентски оброк appeared first on Република.
]]>Средствата по основ на ученички и студентски стипендии на новите и постојните корисници се исплатени. Учениците кои го оствариле ова право во учебната 2022-2023 година, на своите сметки добија 7 месечни стипендии, додека на студентите им се префрлени 6 месечни стипендии. На постојните корисници исплатени им се средствата за февруари и март.
Исто така извршена е и тековната исплата по основ на субвенциониран студентски оброк на над 29 илјади студенти кои го имаат остварено правото во некој од изминатите месеци. Со ова, МОН ги надомести сите финансиски обврски кон учениците и студентите предвидени заклучно со тековниот месец.
Потсетуваме дека на иницијатива на министерството, корисниците на ученички и студентски стипендии кои се стекнале со ова право во некоја од изминатите учебни, односно академски години и имаат активни договори за користење на стипендијата, од оваа година ќе добиваат зголемен месечен износ, идентичен на износот кој го добиваат новите стипендисти. За да го остварат правото на зголемен месечен износ на стипендија, треба да достават пополнет и потпишан анекс на договорот (во три примероци) за соодветната стипендија, кој можат да го симнат од следниот линк.
Грижата кон учениците и студентите се зголемува. МОН и Владата воведуваат нови финансиски права, стимулации и образовни можности кои во минатото не биле достапни. Ученичкиот и студентскиот стандард постојано растат, а младите се активни учесници во креирањето на политиките кои ги засегаат. Иницијативи за протести и отсуства од настава не се потребни, бидејќи тоа е сосема спротивно од заложбите за задоволување на најдобрите интереси на младите.
The post Исплатени се средствата за ученички и студентски стипендии и за субвенциониран студентски оброк appeared first on Република.
]]>The post Исплатени се средствата за ученички и студентски стипендии и за субвенциониран студентски оброк appeared first on Република.
]]>Министерството за образование и наука информира дека на www.mon.gov.mk е објавен јавен повик за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк, што подразбира добивање на месечен паричен надоместок од околу 2400 денари за 9 месеци во годината.
Рокот за пријавување за тековните студенти е од 25 ноември до 3 декември 2022 година.
Аплицирањето се спроведува електронски преку порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk/, а на повикот можат да се пријават сите редовни студенти на додипломски студии на државни и приватни високообразовни установи, кои се државјани на Македонија. Притоа, апликантите треба да ги исполнуваат и следните услови:
-да не се во редовен работен однос;
-да не се регистрирани како индивидуални земјоделци и
-да немаат месечен приход по кој било основ поголем од минималната нето-плата во тековната година.
При поднесувањето на апликацијата, студентите задолжително пополнети и потпишани ги прикачуваат и обрасците Пријава за стекнување со право на субвенциониран студентски оброк и Изјава за точност на внесените податоци во пријавата за стекнување со право на субвенциониран студентски оброк, а воедно упатуваме апел да го погледнат и документот - Насоки за внесување на трансакциска сметка при пријавување за субвенциониран студентски оброк.
МОН по службена должност ги обезбедува сите останати докази за исполнетост на условите, а кои ги поседуваат МВР, АВРМ, УЈП и студентските служби на факултетите.
По завршување на рокот за пријавување, секој апликант од страна на МОН ќе биде известен за статусот на пријавата по електронски пат. Годинава, исплатата ќе се реализира ретроактивно за периодот од 15 септември.
МОН обезбедува и непосредна поддршка за аплицирање за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк преку Секторот за ученички и студентски стандард преку следниот контакт: [email protected] или во наменската канцеларија на приземјето во зградата на Министерството.
Финансиската поддршка во износ од 120 денари за секој работен ден во месецот, освен за државни, верски празници и неработни денови, не е предвидено да се исплаќа во периодот на летниот распуст од 1 јули до 14 септември.
The post МОН објави повик за субвенциониран студентски оброк за академската 2022-2023 година appeared first on Република.
]]>The post МОН објави повик за субвенциониран студентски оброк за академската 2022-2023 година appeared first on Република.
]]>Собранието, во рамки на продолжението на 91. седница со 58 гласа „за“ и со 21 „воздржан“, го донесе Законот за изменување на Законот за субвенциониран студентски оброк, што се носеше по скратена постапка. Со измените на Законот за субвенциониран студентски оброк се предвидува до 15 март идната година на секој студент во државата да му се исплаќаат по 120 денари за оброк или 2.400 денари месечно. За измените пратениците од опозицијата гласаа воздржано и бараа на студентите да им се исплаќаат по 160 денари.
Предлагачи на Законот се пратениците Даниела Колева, Даниела Николова, Драгица Ѓавочанова, Емилија Рамбабова, Жаклина Лазаревска, Зекир Рамчиловиќ, Лидија Тасевска, Љатифе Шиковска, Марија Костадинова, Марија Кочовска, Моника Зајкова, Мухамет Кадриов и Санела Шкријељ.
Бојан Стојановски од опозициската ВМРО-ДПМНЕ рече дека со овој закон студентите ќе земат 120 денари до март 2023, оценувајќи дека со разговорите на владините претставници и студентите што ги претставуваа своите колеги, е постигнат договор „да се купат пет или шест месеци“. Стојановски истакна дека меѓу студентите што преговарале биле студенти „што не излегле од штабовите на СДСМ и на ДУИ“.
Според него, Владата требала да одвои 200.000 евра годишно повеќе за тие околу 40.000 студенти да земаат уште 40 денари повеќе. Стојановски најави дека ќе поднесат амандмани на Буџетот за 2023 година за висината на оброкот, како и за реновирање на студентските домови. Пратениците од опозицијата го бараа и договорот што е постигнат со студентите.
The post Собранието ги усвои законските измени, студентите до 15 март ќе добиваат по 120 денари за оброк appeared first on Република.
]]>The post Собранието ги усвои законските измени, студентите до 15 март ќе добиваат по 120 денари за оброк appeared first on Република.
]]>Предлог на закон за изменување на Законот за субвенциониран студентски оброк, по скратена постапка, е на дневен ред на продолжението на 91. седница на Собранието на Македонија.
Со Предлог-законот за изменување на Законот за субвенциониран студентски оброк се предвидува до 15 март идната година на секој студент во државата да му се исплаќаат по 120 денари за оброк или 2.400 денари месечно.
Предлагачи на Законот се пратениците Даниела Колева, Даниела Николова, Драгица Ѓавочанова, Емилија Рамбабова, Жаклина Лазаревска, Зекир Рамчиловиќ, Лидија Тасевска, Љатифе Шиковска, Марија Костадинова, Марија Кочовска, Моника Зајкова, Мухамет Кадриов и Санела Шкријељ.
Жаклина Лазаревска од СДСМ во образложението на предложеното законско решение, вчера на собраниската комисија за финансирање и буџет рече дека станува збор за преодно решение за продолжување на исплатата на субвенционираниот студентски оброк со истите услови како и досега со траење до март 2023 година. Предвидува сите студенти кои и досега земале и ги исполнуваат условите со сегашното решение да продолжат да земаат 120 денари за студентски оброк до 15 март 2023 година, а потоа да се изгласа ново решение во договор на работната група, рече и додаде дека тоа произлезе од средбата со претставниците на студентските сојузи во Собранието.
Студентите, како што беше посочено, треба да добијат посебни платежни картички кои ќе можат да ги користат само за студентски оброк во одредени локали. Ќе има ретроактивна исплата на субвенција за студентски оброк од 15 септември до сега, а ќе бидат вклучени и новозапишаните студенти.
https://republika.mk/vesti/makedonija/studentski-marsh-vladata-da-kreira-sistemski-reshenija-za-podobruvanje-na-studentskiot-standard/
Во текот на расправата не беа прифатени два амандмани – првиот поднесен од опозицијата, а вториот од пратеникот Павле Трајанов од ДС, со кои се предлагаше износот за субвенционираниот студентски оброк да се зголеми од 120 на 160 денари и да се исплаќа до крајот на учебната 2022/23 година.
Од опозицијата обвинија дека со новото законско решение се изигруваат студентите со кои на средбите во Собранието било договорено, како што кажаа, субвенционираниот студентски оброк да биде 140 денари. Порачаа дека нивното амандманско решение претставува барање на студентите и оти тоа претставува само вклучување на инфлацијата од 30 отсто која ја има во прехранбениот сектор во сумата која и досега се исплаќаше.
Собранието на Македонија денеска ќе го одржи и продолжението на седниците 73 и 79.
На продолжението на 73-та седница на дневен ред меѓудругото се Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, Предлог на закон за ратификација на Конвенцијата за договорите за избор на надлежен суд, Предлог на закон за изменување на Законот за платите на судиите, по скратена постапка, Предлог на закон за изменување на Законот за платите на членовите на Судскиот совет на Република Македонија, по скратена постапка.
На истата седница се очекува да бидат разгледани Предлог на закон за изменување на Законот за сигурност во железничкиот систем, по скратена постапка, како и Предлог на закон за задолжување на Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем за финансирање на Регионалниот проект за цврст отпад, по скратена постапка.
На продолжението на 79. седница се Предлог на закон за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Србија за основање Културно -информативни центри во Белград и во Скопје.
На седницата ќе бидат разгледан и Предлог на закон за ратификација на Договорот за партнерство помеѓу Македонија, претставена од Министерството за локална самоуправа како партнер и Косово, претставена од Министерството за администрација на локална самоуправа како партнер–лидер за управување со грант Договорот за техничка помош 2019/410-322, под програмата ИПА Македонија–Косово 2014/2020. н
The post Студентскиот оброк денес пред пратениците appeared first on Република.
]]>The post Студентскиот оброк денес пред пратениците appeared first on Република.
]]>Со транспаренти со пораки и примероци од храна оставени пред влезот на Министерството за образование и наука (МОН), студентите вечерва изразија незадоволство од студентскиот стандард и владините антикризни мерки.
„Дали е ова 1939?. Без образование нема држава!“, „Тука сме за домот навистина да ти биде како дома“, „Тука сме за да не ти биде џабе учењето“, „Ајде да ги земениме нашите оброци со вашите“, беа само дел од пораките кои ги упатија на студентскиот марш што започна пред Владата, а заврши пред МОН.
Маршот се одржа по повод Меѓународниот ден на студентите, во организација на универзитетските студентски собранија при УКИМ, Штуловиот универзитет, ФОН, Американ колеџ, ФОП, универзитетите од Битола и Штип и движењето „Студентски отпор“.
Студентите побараа подобри услови во студентските домови, изземање на студентите од антикризните мерки, целосно спроведување на Законот за студентски оброк, изедначување на стипендиите, дигитализација и подигнување на квалитетот на образование.
Учесниците на маршот ги потсетија надлежните на дадените ветувања, потенцирајќи дека се потребни конкретни мерки за нивните барања.
-Да испратиме силна порака до надлежите дека е доста од поигрување со студентите и нивните права, пред мене гледам многу мои другари и пријатели со кои во текот на нашето студирање се соочивме со студот, со гладот, со катастрофалните услови во студентските домови кои се под секое човечко достоинство. Сакам да ги потсетам надлежните институции додека кажуваат бајки за европската иднина ние во студентските домови водиме своја војна, таму во 2022 година се уште се водат тешки преговори за обезбедување на подобри услови. Сите нас не обединува само една работа, а тоа е заштита на нашите права, сите нас не обеднуваат неисполнетите ветувањата, ни ветуваа „брда и долини“, а не добивме ништо. Напротив живееме се полошо од претходно, потребни се конкретни мерки кои ќе ги задоволат нашите барања, порача студентот Илија Ристески.
Претседателот на Универзитетското студентско собрание на американскиот универзитет на Америка ФОН Мила Петрушевска рече дека приватните факултети се подеднакво засегнати од проблемите со студентскиот стандард.
-Ние сме подеднакво засегнати затоа сме тука и не само денеска туку и изминатите средби и допрва ќе продолжиме да се бориме, барањата се подеднакво исти и од наша страна, само што ние како приватен универзитет имаме дополнително барање што немаме опција за бесплатен јавен превоз за студенти на приватните факултети, бидејќи сите знаеме дека на државните факултети студентите не плаќаат додека ние плаќаме, изјави Петрушевска.
Во насока на одржаните средби во изминатите денови помеѓу студентските претставници и претставници од институциите претседателот на УСС при УКИМ Славчо Темелковски, изрази надеж дека ќе дадат резултат и оти нивната вклученост во креирањето на политиките ќе биде пракса во иднина.
-Во понеделникот имавме прва работна група каде се сретнавме со банкарскиот сектор поминавме добро на таа средба, и како што кажав многу пати досега доколку ние учествуваме во процесот верувам дека ќе се донесат квалитетни законски решенија и младински политики. Исто така, денеска на иницијатива на Универзитетското студентско собрание при УКИМ уште пред две недели, беше одржана средба во просториите на Клубот на пратеници каде констатиравме дека до среда МОН ќе излезе со конкретен акциски план за решавање на најкруцијалните прашања поврзани со домовите. Има квалитетни млади и покажавме многу поголема созреаност и зрелост во однос на оние кои моментално ги носат младинските политики, па поради тоа еден од условите што го поставивме беше Универзитетските студентски собранија активно да учествуваат во носењето на политиките и верувам од сега па натаму активно ќе не вклучат во сите процеси и на тој начин заедно ќе креирам подобри решенија, порача Темелковски.
Во организација на младинското движење „Студентски отпор“ пред три дена се одржа протест, а по кој беше постигнат договор да остане постојното решение за субвенциониран студентски оброк до наоѓање системско решение.
Собраниската Комисија за финансирање и буџет вечерва го разгледа Предлог-законот за изменување на Законот за субвенциониран студентски оброк, по скратена постапка, со кој се предвидува до 15 март идната година на секој студент во државата да му се исплаќаат по 120 денари за оброк или 2.400 денари месечно, и предложи да се проследи на натамошна постапка во Собранието.
The post Студентски марш: Владата да креира системски решенија за подобрување на студентскиот стандард appeared first on Република.
]]>The post Студентски марш: Владата да креира системски решенија за подобрување на студентскиот стандард appeared first on Република.
]]>Оброк за студенти ќе има, порача пратеничката Моника Зајкова во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21.
Таа вели дека на нејзина лична иницијатива, во соработка со министерот остварила неформална средба и дискутирале за ова прашање.
„Точно е дека се создава вакуум период затоа што преодната одредба истекува а системската се уште не е имплементирана. Овие денови треба да имаме промена на Законот каде што ќе го вратиме системското решение и студентите ќе можат да го користат студентскиот оброк“, вели Зајкова.
The post Оброк за студенти ќе има, уверува Зајкова appeared first on Република.
]]>The post Оброк за студенти ќе има, уверува Зајкова appeared first on Република.
]]>Министерството за образование и наука информира дека од денеска до 31 јануари повторно е достапна можноста за аплицирање за субвенциониран студентски оброк, за студенти кои ги исполнуваат законските услови, но кои досега не успеале да се пријават и / или да го остварат ова право. Оваа можност е достапна од 20-ти до 30-ти, односно до 31-ви во месецот.
Пријавувањето за субвенциониран студентски оброк е дигитализирано, односно се спроведува исклучиво електронски преку порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk/, со прикачување на два документа – пријава и изјава за точност на податоци и наведување податоци за лична трансакциска сметка.
Субвенционираниот студентски оброк е системско решение уредено со закон, со кое на младите значително им се олеснува животот за време на студирањето односно добиваат по 2.400 денари девет месеци во годината, средства наменети за купување здрави оброци. Право на оваа финансиска поддршка имаат сите редовни студенти запишани на додипломски студии на државни и приватни високообразовни установи кои се државјани на РСМ и кои не се во редовен работен однос, не се регистрирани како индивидуални земјоделци и немаат месечен приход по кој било основ поголем од минималната плата - соопштија од МОН.
Правото на субвенциониран студентски оброк досега го оствариле над 27 илјади студенти на кои редовно им се префрлаат средства на личните трансакциски сметки.
The post Почна аплицирањето за субвенциониран студентски оброк appeared first on Република.
]]>Субвенционираниот студентски оброк е системско решение уредено со закон, со кое на младите значително им се олеснува животот за време на студирањето односно добиваат по 2.400 денари девет месеци во годината, средства наменети за купување здрави оброци. Право на оваа финансиска поддршка имаат сите редовни студенти запишани на додипломски студии на државни и приватни високообразовни установи кои се државјани на РСМ и кои не се во редовен работен однос, не се регистрирани како индивидуални земјоделци и немаат месечен приход по кој било основ поголем од минималната плата - соопштија од МОН.Правото на субвенциониран студентски оброк досега го оствариле над 27 илјади студенти на кои редовно им се префрлаат средства на личните трансакциски сметки.
The post Почна аплицирањето за субвенциониран студентски оброк appeared first on Република.
]]>