Стрип велес Archives - Република https://republika.mk/tema/strip-veles/ За подобро да се разбереме Wed, 07 Aug 2024 18:42:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Стрип велес Archives - Република https://republika.mk/tema/strip-veles/ 32 32 351 пријавен на стрип конкурсот „Велес 2024“ https://republika.mk/vesti/kultura/351-prijaven-na-strip-konkursot-veles-2024/ Wed, 07 Aug 2024 16:14:39 +0000 https://republika.mk/?p=804295

Рекордни 351 автори од сите континенти се пријавени  на 21-от Меѓународен салон за стрип „Велес 2024“. Сите пристигнати дела ќе бидат прегледани од жири-комисија,  а дел од нив ќе бидат изложени на свеченото отварање на Меѓународниот стрип салон во Велес, најзначајна стрип манифестација во земјава која ќе се одржи кон крајот на месецов, а кога ќе бидат врачени и наградите на најдобрите по категории, информира Томе Трајков, програм координатор на СЦМ-Велес, организатор на конкурсот и салонот.

Како што појасни Трајков,  големата бројка на спријавени стрип автори  се должи пред се на засилената  работа и контакти со млади таленти од земјава, како и меѓународната соработка што ја има СЦМ-Велес.

-Многу радува податокот за откривање на нови стрип имиња од македонската стрип сцена коишто заслужуваат поголема афирмација и внимание.Тоа е секако одраз и на реализацијата на соработка со училиштата ширум државата, како и со ликовните педагози. Исто така и   медиумската промоција на стрип настани во странство на коишто учествува македонската стрип сцена   секако дека има позитивно влијание, потенцира Трајков.

Додава дека за меѓународните стрип контакти останува постојаната соработка со стрип сцената од поранешните југословенски републики, а застапени се и автори од сите континенти, има од Тајван и Америка.

-За зголемување на нивниот број придонес дава и  зголемена поддршка од страна на донаторите како на пример: зголемен фонд на награди, работа на меѓународни жири и други активности, потенцира Трајков.

Меѓународниот стрип салон во Велес, како и другите придружни активности е финансиран од Министерството за култура и Општина Велес.

The post 351 пријавен на стрип конкурсот „Велес 2024“ appeared first on Република.

]]>

Рекордни 351 автори од сите континенти се пријавени  на 21-от Меѓународен салон за стрип „Велес 2024“. Сите пристигнати дела ќе бидат прегледани од жири-комисија,  а дел од нив ќе бидат изложени на свеченото отварање на Меѓународниот стрип салон во Велес, најзначајна стрип манифестација во земјава која ќе се одржи кон крајот на месецов, а кога ќе бидат врачени и наградите на најдобрите по категории, информира Томе Трајков, програм координатор на СЦМ-Велес, организатор на конкурсот и салонот. Како што појасни Трајков,  големата бројка на спријавени стрип автори  се должи пред се на засилената  работа и контакти со млади таленти од земјава, како и меѓународната соработка што ја има СЦМ-Велес. -Многу радува податокот за откривање на нови стрип имиња од македонската стрип сцена коишто заслужуваат поголема афирмација и внимание.Тоа е секако одраз и на реализацијата на соработка со училиштата ширум државата, како и со ликовните педагози. Исто така и   медиумската промоција на стрип настани во странство на коишто учествува македонската стрип сцена   секако дека има позитивно влијание, потенцира Трајков. Додава дека за меѓународните стрип контакти останува постојаната соработка со стрип сцената од поранешните југословенски републики, а застапени се и автори од сите континенти, има од Тајван и Америка. -За зголемување на нивниот број придонес дава и  зголемена поддршка од страна на донаторите како на пример: зголемен фонд на награди, работа на меѓународни жири и други активности, потенцира Трајков. Меѓународниот стрип салон во Велес, како и другите придружни активности е финансиран од Министерството за култура и Општина Велес.

The post 351 пријавен на стрип конкурсот „Велес 2024“ appeared first on Република.

]]>
Потпишан меморандум за соработка меѓу земјите учеснички на Стрип колонијата „Велес 2023“ https://republika.mk/vesti/kultura/potpishan-memorandum-za-sorabotka-megu-zemjite-uchesnichki-na-strip-kolonijata-veles-2023/ Mon, 28 Aug 2023 20:09:04 +0000 https://republika.mk/?p=676707

Како завршна активност од 20. Меѓународна стрип колонија „Велес 2023 “ потпишан е меморандум за стрип соработка меѓу организациите коишто биле вклучени на стрип колонијата оваа година.

Томе Трајков од „Стрип Центар на Македонија“ информираше дека потписници на меморандумот се организации од земјава, Унгарија, Словачка, Полска, Чешка, Косово, Црна Гора и Србија.

Tрајков, кој е координатор на овие проекти, појасни дека соработката ќе се состои од меѓусебно информирање за активности на органанизациите-потписници, меѓусебно информирање за стрип настани коишто се случуваат во земјите од каде што се организациите-потписници, како и подготовка и имплементација на заеднички проекти со коишто ќе се настапува пред различни донатори и фондови.

-Како и досега, така и сега, „Стрип центарот на Македонија“ cо седиште во Велес континуирано создава стрип мостови помеѓу повеќе  земји. Со ова воспоставена е соработка меѓу земјите од Вишеградската група: Полска, Чешка, Словачка и Унгарија, така и земјите од Западен Балкан, со можност за вклучување и на други земји и организации, изјави Трајков.

Петтата меѓународна стрип колонија „Велес 2023” се одржа од 23 до 27 овој месец во Куќата на Касапови, попозната како Куќа на уметноста во стариот дел на Велес.

The post Потпишан меморандум за соработка меѓу земјите учеснички на Стрип колонијата „Велес 2023“ appeared first on Република.

]]>

Како завршна активност од 20. Меѓународна стрип колонија „Велес 2023 “ потпишан е меморандум за стрип соработка меѓу организациите коишто биле вклучени на стрип колонијата оваа година. Томе Трајков од „Стрип Центар на Македонија“ информираше дека потписници на меморандумот се организации од земјава, Унгарија, Словачка, Полска, Чешка, Косово, Црна Гора и Србија. Tрајков, кој е координатор на овие проекти, појасни дека соработката ќе се состои од меѓусебно информирање за активности на органанизациите-потписници, меѓусебно информирање за стрип настани коишто се случуваат во земјите од каде што се организациите-потписници, како и подготовка и имплементација на заеднички проекти со коишто ќе се настапува пред различни донатори и фондови. -Како и досега, така и сега, „Стрип центарот на Македонија“ cо седиште во Велес континуирано создава стрип мостови помеѓу повеќе  земји. Со ова воспоставена е соработка меѓу земјите од Вишеградската група: Полска, Чешка, Словачка и Унгарија, така и земјите од Западен Балкан, со можност за вклучување и на други земји и организации, изјави Трајков. Петтата меѓународна стрип колонија „Велес 2023” се одржа од 23 до 27 овој месец во Куќата на Касапови, попозната како Куќа на уметноста во стариот дел на Велес.

The post Потпишан меморандум за соработка меѓу земјите учеснички на Стрип колонијата „Велес 2023“ appeared first on Република.

]]>