стрес Archives - Република https://republika.mk/tema/stres/ За подобро да се разбереме Sun, 05 Nov 2023 09:09:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png стрес Archives - Република https://republika.mk/tema/stres/ 32 32 Лесни совети за помалку стрес и понизок крвен притисок https://republika.mk/zivot/zdravje/lesni-soveti-za-pomalku-stres-i-ponizok-krven-pritisok/ Sun, 05 Nov 2023 09:09:56 +0000 https://republika.mk/?p=698332

При висок крвен притисок, неминовно следи грижата за здрав животен стил, пред сѐ - со помалку извори на стрес и поволна исхрана. Има повеќе начини за едноставно и брзо намалување на притисокот.

Основниот совет, сепак, гласи - никогаш да не се крие притисокот од лекарите бидејќи тоа може да го попречи и / или одложи потребниот третман и да доведе до посериозни здравствени проблеми.

Натаму, според „Харвард хелт паблишинг“ (Harvard Health Publishing), една од најпознатите методи за намалување на стресот е длабокото дишење. Рамномерното бавно длабоко вдишување и издишување во траење околу 15 минути на ден е доволно за намалување на крвниот притисок.

Сокот од цвекло, исто така, е полезен. Тоа содржи нитрат којшто ги шири крвните садови и го подобрува протокот на крв во човековото тело. Дневниот внос во исхраната би требало да е 250 милилитри сок од цвекло, според стручњаците.

Бананите, пак, се богати со калиум, а тоа е електролит и има важна улога кога станува збор за крвотокот и отчукувањата на срцето.

При чувство на висок крвен притисок, следниот совет гласи - испијте чаша вода. Според лекарите, општо, се препорачуваат барем 10 чаши вода дневно.

И брзото пешачење може да помогне во намалувањето на крвниот притисок, но за да се постигне тоа, треба да се пешачи најмалку 15 минути. Инаку, најмалку 30 минути физичка активност, пет дена во неделата, може да го намали севкупниот крвен притисок. Сѐ тоа го надополнуваат одморот и попладневната дремка, коишто го забавуваат срцевиот ритам, што може да биде особено корисно, на пр., пред лекарска проверка на крвниот притисок.

The post Лесни совети за помалку стрес и понизок крвен притисок appeared first on Република.

]]>

При висок крвен притисок, неминовно следи грижата за здрав животен стил, пред сѐ - со помалку извори на стрес и поволна исхрана. Има повеќе начини за едноставно и брзо намалување на притисокот. Основниот совет, сепак, гласи - никогаш да не се крие притисокот од лекарите бидејќи тоа може да го попречи и / или одложи потребниот третман и да доведе до посериозни здравствени проблеми. Натаму, според „Харвард хелт паблишинг“ (Harvard Health Publishing), една од најпознатите методи за намалување на стресот е длабокото дишење. Рамномерното бавно длабоко вдишување и издишување во траење околу 15 минути на ден е доволно за намалување на крвниот притисок. Сокот од цвекло, исто така, е полезен. Тоа содржи нитрат којшто ги шири крвните садови и го подобрува протокот на крв во човековото тело. Дневниот внос во исхраната би требало да е 250 милилитри сок од цвекло, според стручњаците. Бананите, пак, се богати со калиум, а тоа е електролит и има важна улога кога станува збор за крвотокот и отчукувањата на срцето. При чувство на висок крвен притисок, следниот совет гласи - испијте чаша вода. Според лекарите, општо, се препорачуваат барем 10 чаши вода дневно. И брзото пешачење може да помогне во намалувањето на крвниот притисок, но за да се постигне тоа, треба да се пешачи најмалку 15 минути. Инаку, најмалку 30 минути физичка активност, пет дена во неделата, може да го намали севкупниот крвен притисок. Сѐ тоа го надополнуваат одморот и попладневната дремка, коишто го забавуваат срцевиот ритам, што може да биде особено корисно, на пр., пред лекарска проверка на крвниот притисок.

The post Лесни совети за помалку стрес и понизок крвен притисок appeared first on Република.

]]>
Оваа песна го намалува стресот како ниту една друга https://republika.mk/zivot/psihologija/ovaa-pesna-go-namaluva-stresot-kako-nitu-edna-druga/ Sun, 24 Sep 2023 09:00:36 +0000 https://republika.mk/?p=682212

Ако барате начин да се ослободите од стресот и анксиозноста, слушањето музика може да ви помогне.

Сепак, тоа не е било која музика. Имено, невромаркетинг компанијата „Мајнлаб интернешнл“ (Mindlab International“ направила студија во која учесниците во истражувањето решавале предизвикувачки загатки додека слушале музика. На списокот имало 10 песни, а научниците ги користеле податоците снимени во сензорот за да ги измерат промените во отчукувањата на срцето, крвниот притисок и дишењето на испитаниците.

Истражувањата покажале дека песната „Weightless“ на Маркони Јунион ја намалува анксиозноста за дури 65 проценти, а песната го држеше првото место со години.

Сепак, во моментов, таа песна е надмината од „Strawberry Swing“ од Колдплеј, која до неодамна го држеше петтото место на листата на песни кои го намалуваат стресот, пренесува „Индекс“.

https://www.youtube.com/watch?v=h3pJZSTQqIg

Ова е целосната листа на песни кои помагаат за намалување на стресот:

10. „We Can Fly“ - Rue du Soleil (Café Del Mar)

9. „Canzonetta Sull’aria“ - Mozart

8. „Someone Like You“ - Adele

7. „Pure Shores“ - All Saints

6. „Please Don’t Go“ - Barcelona

5. „Watermark“ - Enya

4. „Mellomaniac (Chill Out Mix)“ - DJ Shah

3. „Electra“ - Airstream

2. „Weightless“ - Marconi Union

1. „Strawberry Swing“ - Coldplay

The post Оваа песна го намалува стресот како ниту една друга appeared first on Република.

]]>

Ако барате начин да се ослободите од стресот и анксиозноста, слушањето музика може да ви помогне. Сепак, тоа не е било која музика. Имено, невромаркетинг компанијата „Мајнлаб интернешнл“ (Mindlab International“ направила студија во која учесниците во истражувањето решавале предизвикувачки загатки додека слушале музика. На списокот имало 10 песни, а научниците ги користеле податоците снимени во сензорот за да ги измерат промените во отчукувањата на срцето, крвниот притисок и дишењето на испитаниците. Истражувањата покажале дека песната „Weightless“ на Маркони Јунион ја намалува анксиозноста за дури 65 проценти, а песната го држеше првото место со години. Сепак, во моментов, таа песна е надмината од „Strawberry Swing“ од Колдплеј, која до неодамна го држеше петтото место на листата на песни кои го намалуваат стресот, пренесува „Индекс“. https://www.youtube.com/watch?v=h3pJZSTQqIg Ова е целосната листа на песни кои помагаат за намалување на стресот: 10. „We Can Fly“ - Rue du Soleil (Café Del Mar) 9. „Canzonetta Sull’aria“ - Mozart 8. „Someone Like You“ - Adele 7. „Pure Shores“ - All Saints 6. „Please Don’t Go“ - Barcelona 5. „Watermark“ - Enya 4. „Mellomaniac (Chill Out Mix)“ - DJ Shah 3. „Electra“ - Airstream 2. „Weightless“ - Marconi Union 1. „Strawberry Swing“ - Coldplay

The post Оваа песна го намалува стресот како ниту една друга appeared first on Република.

]]>
Хансен е под стрес, ја прекинува ракометната кариера https://republika.mk/sport/rakomet/hansen-e-pod-stres-ja-prekinuva-rakometnata-kariera/ Wed, 08 Feb 2023 20:25:29 +0000 https://republika.mk/?p=606682

Еден од најдобрите светски ракометари, Микел Хансен ја шокираше ракометната јавност со веста дека ја прекинува кариерата на неодредено време.

Новиот клуб се огласи со соопштение во кое информираше дека Хансен оди на „пауза“, а причината за тоа е стресот.

Ова беше тешка година за Хансен, прво со згрутчување на крвта во пролетта 2022 година, враќањето во Данска со семејството по десет успешни години во странство како и огромниот напор и фокус на преминот во Алборг и на крајот Светското првенство во јануари 2023 година. По неговото враќање дома од финалето на СП, чашата беше полна, а заедно го направивме единствениот вистински избор каде единствениот фокус е Микел е да го добие потребното време и професионална поддршка за закрепнување.

Со нетрпение го очекуваме враќањето на Микел, но во моментов е најважното нешто е грижата за себе и за негово семејство, порача директот на Алборг, Јан Ларсен.

Воедно од Алборг порачаа да не го вознемируваат Хансен и неговото семејство затоа што им е потребен мир.

Микел има 35 години и останува да се види кога и дали ќе му се врати на ракометот, спорт во кој има освоено се со националниот тим, додека на клупско ниво му фали трофејот од ЛШ.

The post Хансен е под стрес, ја прекинува ракометната кариера appeared first on Република.

]]>

Еден од најдобрите светски ракометари, Микел Хансен ја шокираше ракометната јавност со веста дека ја прекинува кариерата на неодредено време. Новиот клуб се огласи со соопштение во кое информираше дека Хансен оди на „пауза“, а причината за тоа е стресот.
Ова беше тешка година за Хансен, прво со згрутчување на крвта во пролетта 2022 година, враќањето во Данска со семејството по десет успешни години во странство како и огромниот напор и фокус на преминот во Алборг и на крајот Светското првенство во јануари 2023 година. По неговото враќање дома од финалето на СП, чашата беше полна, а заедно го направивме единствениот вистински избор каде единствениот фокус е Микел е да го добие потребното време и професионална поддршка за закрепнување. Со нетрпение го очекуваме враќањето на Микел, но во моментов е најважното нешто е грижата за себе и за негово семејство, порача директот на Алборг, Јан Ларсен.
Воедно од Алборг порачаа да не го вознемируваат Хансен и неговото семејство затоа што им е потребен мир. Микел има 35 години и останува да се види кога и дали ќе му се врати на ракометот, спорт во кој има освоено се со националниот тим, додека на клупско ниво му фали трофејот од ЛШ.

The post Хансен е под стрес, ја прекинува ракометната кариера appeared first on Република.

]]>
Нервозни и под стрес? Овој чај ја враќа позитивната енергија! https://republika.mk/zivot/zdravje/nervozni-i-pod-stres-ovoj-chaj-ja-vrakja-pozitivnata-energija/ Sat, 06 Aug 2022 20:27:10 +0000 https://republika.mk/?p=537541

Ако сте напнати или имате лош ден, смирете го организмот на природен начин. Чајот од маточина помага да го намалиме стресот – оваа напивка е природен еликсир против нервоза.

Кога сте напанти, под стрес или нервозни, пробајте после напорниот ден да се опуштите со шолја здрав и природен напиток. Станува збор за чај од маточина.

Истражувањата покажуваат дека маточината може да го намали стресот и аксиозноста. Билката содржи аминобутерна киселина (ГАБА) која влијае на мозокот и поттикнува намалување на стресот. Чајот од маточина може да помогне во намалувањето на неповолното расположение, да ја подобри енергијата, а дури и позитивно да влијае на сексуалната желба.

Освен тоа што брзо помага со нервозата, маточината има и антимикробни својства и го намалува ризикот од инфекции.

Преполн е со антиоксиданси кои се неопходни за детоксикација и заштита на телото од штета која може да предизвика слободни радикали.

Меѓутоа, за целите на детоксикацијата се препорачува употреба на свежи листови на маточина затоа што со готвењето се намалува нивото на антиоксиданси.

Важно е да се напомене дека со маточината не треба да се претерува, бидејќи може да предизвика контраефект и да ја зајакне аксиозноста кога се зема во големи количини.

Како да се направи чај од маточина:

Една лажица маточина прелијте со 200мл зовриена вода и оставете да отстои 10 минути. Процедете го чајот и уживајте во напитокот.

Маточината има благ и пријатен вкус, а за дополнително задоволство можете да го засладите со малку органски мед. За здравје, маточината се користи и во форма на ароматерапија, а како додаток во исхраната се консумира и тинктура од ова растение.

The post Нервозни и под стрес? Овој чај ја враќа позитивната енергија! appeared first on Република.

]]>

Ако сте напнати или имате лош ден, смирете го организмот на природен начин. Чајот од маточина помага да го намалиме стресот – оваа напивка е природен еликсир против нервоза. Кога сте напанти, под стрес или нервозни, пробајте после напорниот ден да се опуштите со шолја здрав и природен напиток. Станува збор за чај од маточина. Истражувањата покажуваат дека маточината може да го намали стресот и аксиозноста. Билката содржи аминобутерна киселина (ГАБА) која влијае на мозокот и поттикнува намалување на стресот. Чајот од маточина може да помогне во намалувањето на неповолното расположение, да ја подобри енергијата, а дури и позитивно да влијае на сексуалната желба. Освен тоа што брзо помага со нервозата, маточината има и антимикробни својства и го намалува ризикот од инфекции. Преполн е со антиоксиданси кои се неопходни за детоксикација и заштита на телото од штета која може да предизвика слободни радикали. Меѓутоа, за целите на детоксикацијата се препорачува употреба на свежи листови на маточина затоа што со готвењето се намалува нивото на антиоксиданси. Важно е да се напомене дека со маточината не треба да се претерува, бидејќи може да предизвика контраефект и да ја зајакне аксиозноста кога се зема во големи количини. Како да се направи чај од маточина: Една лажица маточина прелијте со 200мл зовриена вода и оставете да отстои 10 минути. Процедете го чајот и уживајте во напитокот. Маточината има благ и пријатен вкус, а за дополнително задоволство можете да го засладите со малку органски мед. За здравје, маточината се користи и во форма на ароматерапија, а како додаток во исхраната се консумира и тинктура од ова растение.

The post Нервозни и под стрес? Овој чај ја враќа позитивната енергија! appeared first on Република.

]]>