стоматолози Archives - Република https://republika.mk/tema/stomatolozi/ За подобро да се разбереме Mon, 15 May 2023 19:15:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png стоматолози Archives - Република https://republika.mk/tema/stomatolozi/ 32 32 Стоматолозите бираат претседател: Ќе биде ли изборот демократски или нелегитимен!? https://republika.mk/zivot/zdravje/stomatolozite-biraat-pretsedatel-ke-bide-li-izborot-demokratski-ili-nelegitimen/ Mon, 15 May 2023 19:15:12 +0000 https://republika.mk/?p=641160

Од 05  април 2023,започна изборен процес за  избор  делегати, претседател и работни тела на Стоматолошка комора на Македонија. Од самиот почеток стоматолозите се пожалија на нетранспарентност, самоволие, низа неправилности и прекршување на повеќе процедури кој ќе го направат изборот нелегитимен и оспорлив. Актуелниот претседател на комората Маријан Денкоски, кој повеќе години во континуитет е дел од комората и кандидат за повторен избор, во март месец си донел нов Статут на комората, по негов терк кој е дискриминирачки по повеќе основи за многу стоматолози. Исклучени од комората се сите кои сакаат искрено да работат и придонесуваат за фелата, од причина што се неистомисленици на актуелниот претседател на комората,а избирачките списоци се преполовени со што им е одземено правото на глас на  многу членови. Централната изборна комисија на Стоматолошката комора која го спроведува изборниот процес во моментов носи решенија кои се спротивни на актите на комората, на штета на демократски изразената воља на гласачите. Таков е примерот во Тетово, каде се бираат 5 делегати од тој регион. Последното петто место го делат два делегати со ист број на гласови 35. По правило влегува оној кој од двајцата има подолг стаж. Истиот тој поднесува оставка и наместо да влезе вториот кој има ист број гласови 35, ЦИК на СКМ од само за нив познати причини  носи одлука да влезе следниот делегат со само 21 глас. Вакви слични ситуации има и во други региони. Воедно на web страната на комората се објавени официјални резултати од изборите, каде во регионот Куманово на избори излегле 48 гласачи, а за  Денковски кој воедно е и актуелен претседател гласале 55!? За сите овие нерегуларности во текот на целиот изборен процес поднесени се преставки  од страна на стоматолози до Управниот суд. Од друга страна, изминативе години , во повеќе наврати, дел од здруженијата на приватни стоматолози, ја запознаа јавноста, за злоупотреби од страна на актуелното раководство и претседателот на комората, во делот на јавните овластувања и злоупотреба на службена положба, во делот на континуирана едукација во стоматологијата и организирање на настани од неакредитирани здруженија, ред други малверзации во работењето, како и судир на интереси на актуелниот претседател на комората, за што ДКСК има два предмети и на својата 82 седница одржана  на 14.02.2023 го повикува Министерството за здравство и ДСЗИ, да реагира и да даде одговор за претставката поднесена до нив. Актуелен претседател на комората и кандидат за следен мандат, заедно со централната изборна комисија продолжуваат и во следните фази на изборниот процес да спроведуваат нетранспарентни избори спротивни на демократските  принципи.

Стоматолозите и дел од стоматолошките здруженија бараат активно вклучување на медиумите, како и надлежните институции, за да се стави крај на злоупотребите и нерегуларностите, како и да се спречи изборен фалсификат од кој ќе произлезе нелигитимен претседател и раководство на Стоматолошката комора.

The post Стоматолозите бираат претседател: Ќе биде ли изборот демократски или нелегитимен!? appeared first on Република.

]]>

Од 05  април 2023,започна изборен процес за  избор  делегати, претседател и работни тела на Стоматолошка комора на Македонија. Од самиот почеток стоматолозите се пожалија на нетранспарентност, самоволие, низа неправилности и прекршување на повеќе процедури кој ќе го направат изборот нелегитимен и оспорлив. Актуелниот претседател на комората Маријан Денкоски, кој повеќе години во континуитет е дел од комората и кандидат за повторен избор, во март месец си донел нов Статут на комората, по негов терк кој е дискриминирачки по повеќе основи за многу стоматолози. Исклучени од комората се сите кои сакаат искрено да работат и придонесуваат за фелата, од причина што се неистомисленици на актуелниот претседател на комората,а избирачките списоци се преполовени со што им е одземено правото на глас на  многу членови. Централната изборна комисија на Стоматолошката комора која го спроведува изборниот процес во моментов носи решенија кои се спротивни на актите на комората, на штета на демократски изразената воља на гласачите. Таков е примерот во Тетово, каде се бираат 5 делегати од тој регион. Последното петто место го делат два делегати со ист број на гласови 35. По правило влегува оној кој од двајцата има подолг стаж. Истиот тој поднесува оставка и наместо да влезе вториот кој има ист број гласови 35, ЦИК на СКМ од само за нив познати причини  носи одлука да влезе следниот делегат со само 21 глас. Вакви слични ситуации има и во други региони. Воедно на web страната на комората се објавени официјални резултати од изборите, каде во регионот Куманово на избори излегле 48 гласачи, а за  Денковски кој воедно е и актуелен претседател гласале 55!? За сите овие нерегуларности во текот на целиот изборен процес поднесени се преставки  од страна на стоматолози до Управниот суд. Од друга страна, изминативе години , во повеќе наврати, дел од здруженијата на приватни стоматолози, ја запознаа јавноста, за злоупотреби од страна на актуелното раководство и претседателот на комората, во делот на јавните овластувања и злоупотреба на службена положба, во делот на континуирана едукација во стоматологијата и организирање на настани од неакредитирани здруженија, ред други малверзации во работењето, како и судир на интереси на актуелниот претседател на комората, за што ДКСК има два предмети и на својата 82 седница одржана  на 14.02.2023 го повикува Министерството за здравство и ДСЗИ, да реагира и да даде одговор за претставката поднесена до нив. Актуелен претседател на комората и кандидат за следен мандат, заедно со централната изборна комисија продолжуваат и во следните фази на изборниот процес да спроведуваат нетранспарентни избори спротивни на демократските  принципи. Стоматолозите и дел од стоматолошките здруженија бараат активно вклучување на медиумите, како и надлежните институции, за да се стави крај на злоупотребите и нерегуларностите, како и да се спречи изборен фалсификат од кој ќе произлезе нелигитимен претседател и раководство на Стоматолошката комора.

The post Стоматолозите бираат претседател: Ќе биде ли изборот демократски или нелегитимен!? appeared first on Република.

]]>
Од први јануари се зголемува вредноста на капитациониот бод за матичните лекари, гинеколози и стоматолози https://republika.mk/vesti/makedonija/od-prvi-januari-se-zgolemuva-vrednosta-na-kapitatsioniot-bod-za-matichnite-lekari-ginekolozi-i-stomatolozi/ Tue, 27 Dec 2022 15:14:32 +0000 https://republika.mk/?p=590636

Oд први јануари 2023 година се зголемува вредноста на капитациониот бод за избраните лекари по општа медицина и гинекологија од 63,00 на 75,00 денари. За избраните лекари стоматолози капитациониот бод се зголемува од 48,00 на 61 денари, по прикрепено осигурено лице, соопшти Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ).

Ова зголемување, како што велат од ФЗОМ е резултат од разговорите и преговорите со Лекарската и Стоматолошката комора, а во насока на повисоко вреднување на трудот на избраните лекари и зголемување на квалитетот на пружените здравствени услуги на осигурените лица.

Одлуката за зголемување на капитациониот бод била донесена на последната седница на Управниот одбор, одржана на 26 декември 2022 година.

Заложбите на Фондот се во насока на унапредување на статусот на избраните лекари во примарната здравствена заштита и потребата од нивно поголемо ангажирање во спроведувањето на претстојните реформи во ПЗЗ.

Поради тоа, зголемувањето на капитациониот бод има за цел да поттикне пружање повеќе здравствени услуги на примарно ниво, а со тоа намалување на бројот на упатувања на повисоко ниво на здравствена заштита, како и да поттикне и обезбеди подобрување на превенцијата со навремено откривање, спречување и сузбивање на незаразни заболувања кај населението во нашата држава, велат од ФЗОМ.

 

The post Од први јануари се зголемува вредноста на капитациониот бод за матичните лекари, гинеколози и стоматолози appeared first on Република.

]]>

Oд први јануари 2023 година се зголемува вредноста на капитациониот бод за избраните лекари по општа медицина и гинекологија од 63,00 на 75,00 денари. За избраните лекари стоматолози капитациониот бод се зголемува од 48,00 на 61 денари, по прикрепено осигурено лице, соопшти Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ). Ова зголемување, како што велат од ФЗОМ е резултат од разговорите и преговорите со Лекарската и Стоматолошката комора, а во насока на повисоко вреднување на трудот на избраните лекари и зголемување на квалитетот на пружените здравствени услуги на осигурените лица. Одлуката за зголемување на капитациониот бод била донесена на последната седница на Управниот одбор, одржана на 26 декември 2022 година. Заложбите на Фондот се во насока на унапредување на статусот на избраните лекари во примарната здравствена заштита и потребата од нивно поголемо ангажирање во спроведувањето на претстојните реформи во ПЗЗ.
Поради тоа, зголемувањето на капитациониот бод има за цел да поттикне пружање повеќе здравствени услуги на примарно ниво, а со тоа намалување на бројот на упатувања на повисоко ниво на здравствена заштита, како и да поттикне и обезбеди подобрување на превенцијата со навремено откривање, спречување и сузбивање на незаразни заболувања кај населението во нашата држава, велат од ФЗОМ.
 

The post Од први јануари се зголемува вредноста на капитациониот бод за матичните лекари, гинеколози и стоматолози appeared first on Република.

]]>
Стоматолозите во среда излегуваат на протест пред министерството за здравство https://republika.mk/vesti/makedonija/stomatolozite-vo-sreda-izleguvaat-na-protest-pred-ministerstvoto-za-zdravstvo/ Mon, 13 Jun 2022 21:21:39 +0000 https://republika.mk/?p=514748

Здружението на приватни здравствени стоматолошки установи и приватни доктори по дентална медицина во среда ќе одржат протест пред Министерството за здравство.

Тие бараат промена на начинот на исплата во стоматологијата преку фиксен загарантиран дел и променлив дел преку партиципација на пациентите како и укинување на функцијата матичен стоматолог. Стоматолозите бараат фиксниот стоматолошки надоместок да биде по стоматолошки тим, а не по број на пациенти.

Исто така приватните здравствени установи кои обавуваат примарна и стоматолошка дејност надвор од мрежата, посебно од секундарната стоматолошка дејност да имаат право за издавање на упати, боледување и рецепти. Да не им се бара банкарска гаранција при формирање на тимови надвор од мрежата од специјалистичка секундарна стоматолошка дејност. Како и нов ценовник на стоматолошки услуги - истакна Жарко Ѓорѓиев, претседател на ЗПЗСУ-ПДДМ.

Стоматолозите велат дека била потребна и оптимализација на бројот на стоматолошки тимови согласно потребата на осигурениците, односно ако сега се издавала лиценца за работа на 1.000 пациенти, тоа во иднина да било за 2.000 осигуреници по стоматолошки тим.

The post Стоматолозите во среда излегуваат на протест пред министерството за здравство appeared first on Република.

]]>

Здружението на приватни здравствени стоматолошки установи и приватни доктори по дентална медицина во среда ќе одржат протест пред Министерството за здравство. Тие бараат промена на начинот на исплата во стоматологијата преку фиксен загарантиран дел и променлив дел преку партиципација на пациентите како и укинување на функцијата матичен стоматолог. Стоматолозите бараат фиксниот стоматолошки надоместок да биде по стоматолошки тим, а не по број на пациенти.
Исто така приватните здравствени установи кои обавуваат примарна и стоматолошка дејност надвор од мрежата, посебно од секундарната стоматолошка дејност да имаат право за издавање на упати, боледување и рецепти. Да не им се бара банкарска гаранција при формирање на тимови надвор од мрежата од специјалистичка секундарна стоматолошка дејност. Како и нов ценовник на стоматолошки услуги - истакна Жарко Ѓорѓиев, претседател на ЗПЗСУ-ПДДМ.
Стоматолозите велат дека била потребна и оптимализација на бројот на стоматолошки тимови согласно потребата на осигурениците, односно ако сега се издавала лиценца за работа на 1.000 пациенти, тоа во иднина да било за 2.000 осигуреници по стоматолошки тим.

The post Стоматолозите во среда излегуваат на протест пред министерството за здравство appeared first on Република.

]]>