Столевски Archives - Република https://republika.mk/tema/stolevski/ За подобро да се разбереме Fri, 08 Sep 2023 18:38:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Столевски Archives - Република https://republika.mk/tema/stolevski/ 32 32 Одлични критики и стоечки овации за „Домаќинство за почетници“ на Горан Столевски во Венеција https://republika.mk/scena/film/odlichni-kritiki-i-stoechki-ovatsii-za-domakinstvo-za-pochetnitsi-na-goran-stolevski-vo-venetsija/ Fri, 08 Sep 2023 19:44:31 +0000 https://republika.mk/?p=680077

„Нов триумф на Горан Столевски со приказната за маргинализирани луѓе” - вака реномираното британско филмско списание Screen Daily ја започнува својата критика за најновото остварување на режисерот Столевски, а додека Deadline вели дека е режисер со впечатлива оригиналност, вештина и стил и е име коа треба да се запомни.

Македонскиот филм „Домаќинство за почетници“ во режија и по сценарио на Горан Столевски, а во продукција на Лист Продукција - Скопје вчера ја имаше светската премиера на филмскиот фестивал во Венеција, во рамките на натпреварувачката програма „Orizzonti“. Публиката на популарната „Мостра“ во Венеција уште еднаш ќе може да го погледне филмот денеска со почеток во 15.30 часот.

Во преполната сала „Дарсена“ во Венеција, „Домаќинство за почетници“ ја воодушеви публиката, која со голем аплауз и долги стоечки овации ги награди режисерот Горан Столевски и актерската екипа во филмот.

Уште една потврда за квалитетот на филмот и неговиот одличен прием во Венеција се бројните критики објавени веднаш по вчерашната светска премиера.

Screen Daily во својата рецензија наведува дека: „Најновото дело на Горан Столевски е извонредно филмско остварување - нескротлива, дива детална драма која е набиена со таква енергија, што практично добивате статичен шок на екранот. Карактеристичниот глас на режисерот Столевски полн со самодоверба е препознатлив уште од самиот почеток. Тој исклучително самоуверено ја држи атмосферата помеѓу напнато расположение и страв од загубата и неговата нарација е свежа, автентична и навистина возбудлива“, се дел од пофалбите во критиката на Screen Daily.

Deadline, кој го карактеризира Горан Столевски како режисер со впечатлива оригиналност, вештина и стил истакнува дека се работи за име кое треба да се запомни:

„Сè што прави Столевски е насочено кон тоа да пренесе какво е секојдневието на луѓето заглавени во сопствените конфликти, во простор кој секогаш изгледа премал. Тој намерно ги притиска страните на секој кадар и делува како да нема доволно простор за протагонистите на снимката. Внатрешните простори никогаш не се дефинирани - камерата речиси секогаш се префрла меѓу лицата на луѓето, доловувајќи ги нивните изрази додека се надвикуваат еден со друг. Се работи за анасмбл од луѓе кој е толку природен во своето заедништо, што се чини дека ја живеат вистинската приказна“, нагласува Deadline во својата рецензија.

Cineuropa во својата критика наведува дека Столевски го испорачува еден од најдобрите филмови во Венеција оваа година. „Столевски во филмот се занимава со многу мали и големи трагедии и вистинско чудо е како успева сето тоа да изгледа дури и смешно. Режисерот има смисол за хумор, но е нежен, емпатичен и искрен и многу добрo ги кореографира неуредните групни сцени, правејќи ги лесни за следење. Сите ликови се грижат еден за друг, и бидејќи не се работи за американски филм – не мораат да кажат ‘те сакам’, секогаш кога ќе ја напуштат просторијата“, стои во рецензијата на Cineuropa.

„Домаќинство за почетници“ e во продукција на Лист Продукција – Скопје, и е поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија, а ќе биде дистрибуриран на територијата на САД, преку компанијата Focus Features. Universal Pictures ќе биде интернационален дистрибутер на филмот за останатите територии, додека продажните агенти на филмот New Europe Film Sales од Полска ќе го застапуваат филмот на територија на југоисточна Европа.

Филмот на Горан Столевски оваа година ќе го отвори 44. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера (ИФФК) „Браќа Манаки“ во Битола, кое се одржува од 23 до 29 септември.

The post Одлични критики и стоечки овации за „Домаќинство за почетници“ на Горан Столевски во Венеција appeared first on Република.

]]>

„Нов триумф на Горан Столевски со приказната за маргинализирани луѓе” - вака реномираното британско филмско списание Screen Daily ја започнува својата критика за најновото остварување на режисерот Столевски, а додека Deadline вели дека е режисер со впечатлива оригиналност, вештина и стил и е име коа треба да се запомни. Македонскиот филм „Домаќинство за почетници“ во режија и по сценарио на Горан Столевски, а во продукција на Лист Продукција - Скопје вчера ја имаше светската премиера на филмскиот фестивал во Венеција, во рамките на натпреварувачката програма „Orizzonti“. Публиката на популарната „Мостра“ во Венеција уште еднаш ќе може да го погледне филмот денеска со почеток во 15.30 часот. Во преполната сала „Дарсена“ во Венеција, „Домаќинство за почетници“ ја воодушеви публиката, која со голем аплауз и долги стоечки овации ги награди режисерот Горан Столевски и актерската екипа во филмот. Уште една потврда за квалитетот на филмот и неговиот одличен прием во Венеција се бројните критики објавени веднаш по вчерашната светска премиера. Screen Daily во својата рецензија наведува дека: „Најновото дело на Горан Столевски е извонредно филмско остварување - нескротлива, дива детална драма која е набиена со таква енергија, што практично добивате статичен шок на екранот. Карактеристичниот глас на режисерот Столевски полн со самодоверба е препознатлив уште од самиот почеток. Тој исклучително самоуверено ја држи атмосферата помеѓу напнато расположение и страв од загубата и неговата нарација е свежа, автентична и навистина возбудлива“, се дел од пофалбите во критиката на Screen Daily. Deadline, кој го карактеризира Горан Столевски како режисер со впечатлива оригиналност, вештина и стил истакнува дека се работи за име кое треба да се запомни: „Сè што прави Столевски е насочено кон тоа да пренесе какво е секојдневието на луѓето заглавени во сопствените конфликти, во простор кој секогаш изгледа премал. Тој намерно ги притиска страните на секој кадар и делува како да нема доволно простор за протагонистите на снимката. Внатрешните простори никогаш не се дефинирани - камерата речиси секогаш се префрла меѓу лицата на луѓето, доловувајќи ги нивните изрази додека се надвикуваат еден со друг. Се работи за анасмбл од луѓе кој е толку природен во своето заедништо, што се чини дека ја живеат вистинската приказна“, нагласува Deadline во својата рецензија. Cineuropa во својата критика наведува дека Столевски го испорачува еден од најдобрите филмови во Венеција оваа година. „Столевски во филмот се занимава со многу мали и големи трагедии и вистинско чудо е како успева сето тоа да изгледа дури и смешно. Режисерот има смисол за хумор, но е нежен, емпатичен и искрен и многу добрo ги кореографира неуредните групни сцени, правејќи ги лесни за следење. Сите ликови се грижат еден за друг, и бидејќи не се работи за американски филм – не мораат да кажат ‘те сакам’, секогаш кога ќе ја напуштат просторијата“, стои во рецензијата на Cineuropa. „Домаќинство за почетници“ e во продукција на Лист Продукција – Скопје, и е поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија, а ќе биде дистрибуриран на територијата на САД, преку компанијата Focus Features. Universal Pictures ќе биде интернационален дистрибутер на филмот за останатите територии, додека продажните агенти на филмот New Europe Film Sales од Полска ќе го застапуваат филмот на територија на југоисточна Европа. Филмот на Горан Столевски оваа година ќе го отвори 44. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера (ИФФК) „Браќа Манаки“ во Битола, кое се одржува од 23 до 29 септември.

The post Одлични критики и стоечки овации за „Домаќинство за почетници“ на Горан Столевски во Венеција appeared first on Република.

]]>
Премиера на „Домаќинство за почетници“ на Горан Столевски на филмскиот фестивал во Венеција https://republika.mk/vesti/kultura/premiera-na-domakinstvo-za-pochetnitsi-na-goran-stolevski-na-filmskiot-festival-vo-venetsija/ Wed, 30 Aug 2023 09:41:35 +0000 https://republika.mk/?p=677233

80-тиот меѓународен филмски фестивал во Венеција, организиран од Ла Биенале ди Венеција, ќе се одржи во Венеција Лидо од денеска до 9 септември.

Одбележувајќи ја својата 80 годишнина, фестивалот го потврдува своето влијание во филмскиот свет како најава за извонредни остварување и потенцијални номинации за Оскар пред сезоната на награди. На фестивалот ќе бидат прикажани филмски наслови како „Ферари“ на Мајкл Ман, „Маестро“ на Бредли Купер, „Догмен“ на Лук Бесон „Убиецот“ на Дејвид Финчер, „Присила“ на Софија Копола, а тука е и македонскиот филм „Домаќинство за почетници“ на Горан Столевски.

И покрај сегашните штрајкови во Холивуд, на црвениот килим ќе зачекорат ѕвезди како Адам Драјвер, Кејлеб Лендри Џонс, Мадс Микелсен и Џесика Честејн кои се меѓу познатите лица кои ќе присуствуваат на претстојниот филмски фестивал во Венеција.

Своја премиера ќе има и македонскиот филм „Домаќинство за почетници“ во режија и по сценарио на Горан Столевски, а во продукција на Лист Продукција - Скопје што има обезбедено дистрибуција на територија на САД, преку компанијата Focus Features (Universal Pictures).

Ова е третиот долгометражен филм на режисерот Столевски и прво негово македонско мнозинско остварување. Неговиот дебитантски филм „Нема да си сама“ (You won’t be alone) беше премиерно прикажан на Sundance Film Festival во 2022 година, а истата година, неговиот втор филм „Доволно возрасни” (Of an Age) го отвори Melbourne International Film Festival. И двата филма беа интернационално дистрибуирани од страна на Focus Features и Universal Pictures.

The post Премиера на „Домаќинство за почетници“ на Горан Столевски на филмскиот фестивал во Венеција appeared first on Република.

]]>

80-тиот меѓународен филмски фестивал во Венеција, организиран од Ла Биенале ди Венеција, ќе се одржи во Венеција Лидо од денеска до 9 септември. Одбележувајќи ја својата 80 годишнина, фестивалот го потврдува своето влијание во филмскиот свет како најава за извонредни остварување и потенцијални номинации за Оскар пред сезоната на награди. На фестивалот ќе бидат прикажани филмски наслови како „Ферари“ на Мајкл Ман, „Маестро“ на Бредли Купер, „Догмен“ на Лук Бесон „Убиецот“ на Дејвид Финчер, „Присила“ на Софија Копола, а тука е и македонскиот филм „Домаќинство за почетници“ на Горан Столевски. И покрај сегашните штрајкови во Холивуд, на црвениот килим ќе зачекорат ѕвезди како Адам Драјвер, Кејлеб Лендри Џонс, Мадс Микелсен и Џесика Честејн кои се меѓу познатите лица кои ќе присуствуваат на претстојниот филмски фестивал во Венеција. Своја премиера ќе има и македонскиот филм „Домаќинство за почетници“ во режија и по сценарио на Горан Столевски, а во продукција на Лист Продукција - Скопје што има обезбедено дистрибуција на територија на САД, преку компанијата Focus Features (Universal Pictures). Ова е третиот долгометражен филм на режисерот Столевски и прво негово македонско мнозинско остварување. Неговиот дебитантски филм „Нема да си сама“ (You won’t be alone) беше премиерно прикажан на Sundance Film Festival во 2022 година, а истата година, неговиот втор филм „Доволно возрасни” (Of an Age) го отвори Melbourne International Film Festival. И двата филма беа интернационално дистрибуирани од страна на Focus Features и Universal Pictures.

The post Премиера на „Домаќинство за почетници“ на Горан Столевски на филмскиот фестивал во Венеција appeared first on Република.

]]>
„Нема да си сама“ во режија на Горан Столевски од вечерва во Кинотека https://republika.mk/vesti/kultura/nema-da-si-sama-vo-rezija-na-goran-stolevski-od-vecherva-vo-kinoteka/ Mon, 19 Sep 2022 16:32:52 +0000 https://republika.mk/?p=552327

НЕМА ДА СИ САМА (You won’t be alone) од вечерва е на програмата на Кинотека на Македонија.

Сите термини:

19 СЕПТЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК), 20:00 ч.

20 СЕПТЕМВРИ (ВТОРНИК), 20:00 Ч.

26 СЕПТЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК), 20:00 ч.

27 СЕПТЕМВРИ (ВТОРНИК), 20:00 ч.

Игран филм, Австралија / В. Британија / Србија
2022, 108 мин., колор, ДЦП
Режија: Горан Столевски (Goran Stolevski)
Сценарио: Горан Столевски (Goran Stolevski)
Улоги: Нооми Рапас, Анамарија Маринка, Елис Енглерт, Карлото Кота, Феликс Марито, Сара Климоска, Арта Доброши, Верица Недеска, Камка Тоциновски (Noomi Rapace, Anamaria Marinca, Alice Englert, Carloto Cotta, Félix Maritaud, Sara Klimoska, Arta Dobroshi, Verica Nedeska, Kamka Tocinovski)
Дејствието на овој хорор-трилер филм се случува во изолирано планинско село во 19-ти век во Македонија. Младата девојка Невена е киднапирана и преобразена во вештерка од страна на прастар дух. Таа случајно убива една селанка и го зема нејзиниот лик за да види како се живее во туѓа кожа. Љубопитноста ѝ се разгорува и продолжува да ја користи оваа ужасна моќ за да разбере што значи да се биде човек. Приказната делумно била инспирирана од старата идеја дека вештерките може лесно да се претвораат во други луѓе или животни.
НЕМА ДА СИ САМА досега победи на фестивалот во Палм Спрингс (САД), а беше во конкуренција за награди на фестивалите „Санденс“ (САД) и Сиднеј (Австралија). Влијателниот филмски магазин „Варајети“ („Variety“) го смести филмот на Столевски меѓу десетте наслови што не треба да се пропуштат во 2022 година.
Краткиот филм на Столевски  „Види ја ти неа“, во кој главната улога ја толкуваше Сара Климоска, имаше голем успех на светските филмски фестивали и ја освои наградата за најдобар интернационален краток филм на „Санденс“ во 2018 година.

The post „Нема да си сама“ во режија на Горан Столевски од вечерва во Кинотека appeared first on Република.

]]>

НЕМА ДА СИ САМА (You won’t be alone) од вечерва е на програмата на Кинотека на Македонија.

Сите термини:

19 СЕПТЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК), 20:00 ч.

20 СЕПТЕМВРИ (ВТОРНИК), 20:00 Ч.

26 СЕПТЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК), 20:00 ч.

27 СЕПТЕМВРИ (ВТОРНИК), 20:00 ч.

Игран филм, Австралија / В. Британија / Србија
2022, 108 мин., колор, ДЦП
Режија: Горан Столевски (Goran Stolevski)
Сценарио: Горан Столевски (Goran Stolevski)
Улоги: Нооми Рапас, Анамарија Маринка, Елис Енглерт, Карлото Кота, Феликс Марито, Сара Климоска, Арта Доброши, Верица Недеска, Камка Тоциновски (Noomi Rapace, Anamaria Marinca, Alice Englert, Carloto Cotta, Félix Maritaud, Sara Klimoska, Arta Dobroshi, Verica Nedeska, Kamka Tocinovski)
Дејствието на овој хорор-трилер филм се случува во изолирано планинско село во 19-ти век во Македонија. Младата девојка Невена е киднапирана и преобразена во вештерка од страна на прастар дух. Таа случајно убива една селанка и го зема нејзиниот лик за да види како се живее во туѓа кожа. Љубопитноста ѝ се разгорува и продолжува да ја користи оваа ужасна моќ за да разбере што значи да се биде човек. Приказната делумно била инспирирана од старата идеја дека вештерките може лесно да се претвораат во други луѓе или животни.
НЕМА ДА СИ САМА досега победи на фестивалот во Палм Спрингс (САД), а беше во конкуренција за награди на фестивалите „Санденс“ (САД) и Сиднеј (Австралија). Влијателниот филмски магазин „Варајети“ („Variety“) го смести филмот на Столевски меѓу десетте наслови што не треба да се пропуштат во 2022 година.
Краткиот филм на Столевски  „Види ја ти неа“, во кој главната улога ја толкуваше Сара Климоска, имаше голем успех на светските филмски фестивали и ја освои наградата за најдобар интернационален краток филм на „Санденс“ во 2018 година.

The post „Нема да си сама“ во режија на Горан Столевски од вечерва во Кинотека appeared first on Република.

]]>