Стоби Archives - Република https://republika.mk/tema/stobi/ За подобро да се разбереме Mon, 30 Sep 2024 07:30:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Стоби Archives - Република https://republika.mk/tema/stobi/ 32 32 Во Велес денеска почнува Фестивалот на античка драма „Стоби“ https://republika.mk/vesti/kultura/vo-veles-deneska-pochnuva-festivalot-na-antichka-drama-stobi/ Mon, 30 Sep 2024 07:30:05 +0000 https://republika.mk/?p=820861

Од 30-ти септември до 5-ти октомври во Велес ќе се одржи 21-то издание на Фестивалот на античка драма Стоби.

Претставите годинава ќе се изведат на сцените на театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“, поради реконструкцијата на Античкиот театар во Стоби.

Оваа година во официјална конкуренција за наградите се пет претстави од БиХ, Јужна Кореја, Бугарија, Унгарија и Македонија, а Универзитетот Прима Европа е во придружната програма.

Доделувањето на наградите ќе се одржи 5 дена подоцна на на 10 октомври кога ќе настапи Националниот ансамбал „Танец“.

Фестивалот го отвора претставата „Цар Едип“ на Народен театар од Сараево, во режија на Диего Де Бреа на 30-ти септември. На 1-ви октомври гостува театарот „Маладип“ од Будимпешта со претставата „Пенелопијада“, во режија на Жолтан Балаз.

На 2 октомври на програмата е претставата „Мир“ на театарот „Идиоти“ од Пјонгјанг, Јужна Кореја, во режија на Ли Сангмунг. На 3-ти октомври е македонската дуодрама „Нерон“ во режија на Ѓорѓи Ризевски во копродукција со МКЦ а на 5 октомври е „Едип и пророците“ на Драмскиот театар од Пловдив, во режија на Дијана Добрева.

4-ти октомври е наменет за придружната програма односно претставата „Античка драма, монолози и сцени“ на Универзитетот Прима Европа од Скопје.

Фестивалот се потврдува како еден од најважните естетички полигони, на кој своите поетики ги презентираат исклучителни автори и претстави, што го прави фестивалот мост за меѓународна комуникација, преку кој патуваме сите. Фестивалот станува одлична платформа за културолошка размена“, изјави Сашо Димоски, селектор на годинашната програма.

Жирито што ќе ги додели наградите е во состав: Владимир Милчин (претседател), Маја Љутков и Ненад Витанов.

The post Во Велес денеска почнува Фестивалот на античка драма „Стоби“ appeared first on Република.

]]>

Од 30-ти септември до 5-ти октомври во Велес ќе се одржи 21-то издание на Фестивалот на античка драма Стоби. Претставите годинава ќе се изведат на сцените на театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“, поради реконструкцијата на Античкиот театар во Стоби. Оваа година во официјална конкуренција за наградите се пет претстави од БиХ, Јужна Кореја, Бугарија, Унгарија и Македонија, а Универзитетот Прима Европа е во придружната програма. Доделувањето на наградите ќе се одржи 5 дена подоцна на на 10 октомври кога ќе настапи Националниот ансамбал „Танец“. Фестивалот го отвора претставата „Цар Едип“ на Народен театар од Сараево, во режија на Диего Де Бреа на 30-ти септември. На 1-ви октомври гостува театарот „Маладип“ од Будимпешта со претставата „Пенелопијада“, во режија на Жолтан Балаз. На 2 октомври на програмата е претставата „Мир“ на театарот „Идиоти“ од Пјонгјанг, Јужна Кореја, во режија на Ли Сангмунг. На 3-ти октомври е македонската дуодрама „Нерон“ во режија на Ѓорѓи Ризевски во копродукција со МКЦ а на 5 октомври е „Едип и пророците“ на Драмскиот театар од Пловдив, во режија на Дијана Добрева. 4-ти октомври е наменет за придружната програма односно претставата „Античка драма, монолози и сцени“ на Универзитетот Прима Европа од Скопје.
Фестивалот се потврдува како еден од најважните естетички полигони, на кој своите поетики ги презентираат исклучителни автори и претстави, што го прави фестивалот мост за меѓународна комуникација, преку кој патуваме сите. Фестивалот станува одлична платформа за културолошка размена“, изјави Сашо Димоски, селектор на годинашната програма.
Жирито што ќе ги додели наградите е во состав: Владимир Милчин (претседател), Маја Љутков и Ненад Витанов.

The post Во Велес денеска почнува Фестивалот на античка драма „Стоби“ appeared first on Република.

]]>
Маричиќ: Продолжувањето на преговорите со ЕУ значи и отворање на повеќе ЕУ фондови за зачувување и афирмација на македонското богато културно наследство https://republika.mk/zivot/marichik-prodolzhuvaneto-na-pregovorite-so-eu-znachi-i-otvorane-na-poveke-eu-fondovi-za-zachuvuvane-i-afirmatsija-na-makedonskoto-bogato-kulturno-nasledstvo/ Wed, 20 Mar 2024 13:06:09 +0000 https://republika.mk/?p=756741

Првиот заменик на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, и министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, како и дополнителната заменичка-министерка за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, денес го посетија локалитет „Стоби“ (НУ за управување со Археолошкиот локалитет Стоби-Градско) каде што се во тек активности за реализација на проектот „Конзерваторско-реставраторски работи и конструктивно зајакнување на објектот Стара железничка станица и нејзина адаптација во центар за посетители“.

Со поддршка на нашите европски пријатели и партнерите во овој проект, Стоби и околните инфраструктурни објекти, стануваат атрактивно место за туристичка посета, особено во делот на културниот туризам. Како значаен локалитет на историското и археолошкото наследство, на нашата земја и на Европа, во комбинација со природната средина, Стоби се стекнува со потенцијал за зајакнување на економскиот и културниот развој на целиот регион, истакна вицепремиерот Маричиќ.

Вицепремиерот Маричиќ потенцираше дека вредноста на локалитетот беше препознаена и од Соединетите Американски држави кои преку Амбасадорскиот фонд три пати обезбедија директна финансиска поддршка за: конзервација и реставрација на крстилницата во Стоби, конзервација и реставрација во епископската базилика и градба со арки- Римски Форум.

Овој проект помеѓу партнерите од Грција и Република Македонија само го потврдува значењето на еворинтеграцијата на нашата земја. Продолжувањето на преговорите со ЕУ значи и отворање на повеќе ЕУ фондови за зачувување и афирмација на македонското богато културно наследство и трајните вредности на европската култура – рече Маричиќ.

На крај на своето обраќање Маричиќ посочи дека како овој и многу слични проекти, се јасен показател дека ЕУ ја препознава автентичноста на македонската култура, посебност и идентитет, а нашето членство во ЕУ од кое нема да се откажеме, уште повеќе ќе го зајакне и промовира нашето богато културно-историско наследство.

The post Маричиќ: Продолжувањето на преговорите со ЕУ значи и отворање на повеќе ЕУ фондови за зачувување и афирмација на македонското богато културно наследство appeared first on Република.

Во Старата железничка станица во Стоби се подготвува Центар за посетители https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/vo-starata-zheleznichka-stanitsa-vo-stobi-se-podgotvuva-tsentar-za-posetiteli/ Sat, 21 Oct 2023 08:08:15 +0000 https://republika.mk/?p=693511

Националната установа за управување со Археолошкиот локалитет Стоби - Градско, интензивно работи на реализација на проектот за Конзерваторско – реставраторски работи и конструктивно зајакнување на објект Стара железничка станица и нејзина адаптација во центар за посетители, информира за МИА директорот Спасе Перовски.

Тој појаснува дека деновиве кустосите интензивно работат на креирање на поставка во Центарот за посетители.

Проектот се реализира со донација од Европската Комисија преку телото за управување и развој на ИПА прекуграничната програма со Република Грција.

Целосниот назив на овој проект е „Еуропос Платино Стоби Европското минато иднина и културни вредности“.

Воедно во тек е проектот за „Реализација на Основниот проект за конзервација на архитектонските остатоци од Резиденцијален и комерцијален кварт од рановизантиско Стоби“, финансиран од Министерството за култура.

Перовски информира и дека тимот на НУ Стоби ја потврдил идната соработка со Фондацијата Балканско наследство од Стара Загора од Бугарија.

Таа соработка ќе биде во рамките на проектот за конзервација на Теодосијанска палата во Стоби, а рамки на кој ќе се случува обука за конзерватори за архитектонско наследство и ќе подготвува двојазична публикација.

Перовски инфорира дека грантот го доделува Џ.М. Каплан фонд, а целиот проект се реализира со Фондација Балканско наследство од Стара Загора. Отпочнат е во 2022 година, а е предвидено да се резлизира предвидена заклучно со 2025 година.

The post Во Старата железничка станица во Стоби се подготвува Центар за посетители appeared first on Република.

]]>

Националната установа за управување со Археолошкиот локалитет Стоби - Градско, интензивно работи на реализација на проектот за Конзерваторско – реставраторски работи и конструктивно зајакнување на објект Стара железничка станица и нејзина адаптација во центар за посетители, информира за МИА директорот Спасе Перовски. Тој појаснува дека деновиве кустосите интензивно работат на креирање на поставка во Центарот за посетители. Проектот се реализира со донација од Европската Комисија преку телото за управување и развој на ИПА прекуграничната програма со Република Грција. Целосниот назив на овој проект е „Еуропос Платино Стоби Европското минато иднина и културни вредности“. Воедно во тек е проектот за „Реализација на Основниот проект за конзервација на архитектонските остатоци од Резиденцијален и комерцијален кварт од рановизантиско Стоби“, финансиран од Министерството за култура. Перовски информира и дека тимот на НУ Стоби ја потврдил идната соработка со Фондацијата Балканско наследство од Стара Загора од Бугарија. Таа соработка ќе биде во рамките на проектот за конзервација на Теодосијанска палата во Стоби, а рамки на кој ќе се случува обука за конзерватори за архитектонско наследство и ќе подготвува двојазична публикација. Перовски инфорира дека грантот го доделува Џ.М. Каплан фонд, а целиот проект се реализира со Фондација Балканско наследство од Стара Загора. Отпочнат е во 2022 година, а е предвидено да се резлизира предвидена заклучно со 2025 година.

The post Во Старата железничка станица во Стоби се подготвува Центар за посетители appeared first on Република.

]]>
Силно невреме во Градско и Стоби, дрво паднало на стариот пат https://republika.mk/vesti/makedonija/silno-nevreme-vo-gradsko-i-stobi-drvo-padnalo-na-stariot-pat/ Thu, 24 Aug 2023 16:52:13 +0000 https://republika.mk/?p=675491

Краткотрајно невреме од дожд  попладнево го зафати реонот на Градско и околните населени места како и реонот на локалитетот Стоби.

Како што информираат од Центарот за управување со кризи -Велес, во невремето е паднато едно дрво  на регионалниот пат Велес-Градско кај село Виничани.

Патот е во реконструкција поради што немало попречување на сообраќајот,но сепак  екипи на Македонија пат   брзо реагирале и за кратко време го отстраниле паднатото дрво од патот, појаснуваат од ЦУК Велес.

The post Силно невреме во Градско и Стоби, дрво паднало на стариот пат appeared first on Република.

]]>

Краткотрајно невреме од дожд  попладнево го зафати реонот на Градско и околните населени места како и реонот на локалитетот Стоби. Како што информираат од Центарот за управување со кризи -Велес, во невремето е паднато едно дрво  на регионалниот пат Велес-Градско кај село Виничани.
Патот е во реконструкција поради што немало попречување на сообраќајот,но сепак  екипи на Македонија пат   брзо реагирале и за кратко време го отстраниле паднатото дрво од патот, појаснуваат од ЦУК Велес.

The post Силно невреме во Градско и Стоби, дрво паднало на стариот пат appeared first on Република.

]]>
Костадиновска-Стојчевска во посета на Стоби: Археолозите откриваат нов мозаик во најрепрезентативниот објект, Теодосијанската палата https://republika.mk/vesti/kultura/kostadinovska-stojchevska-vo-poseta-na-stobi-arheolozite-otkrivaat-nov-mozaik-vo-najreprezentativniot-objekt-teodosijanskata-palata/ Fri, 21 Jul 2023 08:40:42 +0000 https://republika.mk/?p=663804

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска беше во посета на археолошкиот локалитет „Стоби“ каде што се запозна со најновите археолошки истражувања на Теодосијанската палата, која е една од најголемите и најлуксузно декорирани градби што се откриени во овој антички град.

Од Националната установа Стоби ја информираа министерката за најновото археолошко откритие – нов мозаик – а, како што најавија археолозите, деталите за мозаикот, кој се наѕира во една од просториите и е поставен како централно правоаголно поле, ќе ги откријат деновиве.  

Археолозите информираат дека со сигурност се знае дека имаме ново откритие во репрезентативниот објект, кое, според првичните наоди, претставува нов, неоткриен бисер на античкиот град кој е културно наследство и локалитет од особено национално значење.

Ова откритие е резултат на заштитно-археолошките истражувања кои се во функција на конзервација на Теодосијанската палата, за чија конзервација Стоби, во соработка со Фондацијата „Балканско наследство“ од Бугарија, доби грант од прочуената американска филантропска организација „Каплан фонд“. Ова се резултати на еднодецениска соработка на Стоби со овие фондации – истакна Костадиновска-Стојчевска.  

Од НУ Стоби информираа дека во рамките на грантот од „Каплан фонд“ во вредност од 300 000 долари за конзервација на Теодосијанската палата во Стоби, годинава се изработуваше основен конзерваторски проект за архитектурата, како и основен конзерваторски проект за мозаичните подови на овој луксузно декориран резиденцијален објект.  

Проектот претставува еден од првите чекори на имплементација на Мастер-планот за конзервација на Стоби, изработен во периодот меѓу 2019 и 2021, исто така, во соработка со „Балканско наследство“, поддржан од „Ј. М. Каплан фонд“ од САД. Проектот за Теодосијанската палата ќе ги следи насоките од Мастер-планот за конзервација на Стоби. Во него ќе бидат вклучени конзервација и реконзервација на архитектонските остатоци, во соработка со меѓународен тим од експерти предводени од Џон Стјуарт и Греам Абри од Велика Британија“ – рече Спасе Перовски, директор на НУ Стоби.

Тој додаде дека меѓународните експерти, исто така, ќе бидат задолжени за едукација на експерти (конзерватори, археолози и менаџери на културно наследство) од Македонија и од регионот, а ќе биде издаден и прирачник којшто ќе вклучува препораки и насоки за понатамошно одржување на археолошкиот локалитет „Стоби“.  

Министерката за култура, заедно со директорот Перовски, на археолошкиот локалитет „Стоби“ се сретна и со студентите археолози, учесници на Меѓународната школа за археологија, кои годинава ни доаѓаат од Америка, Канада и од НР Кина.

Драгоцено е искуството што го развива Стоби во својата едукативна и теоретска меѓународна соработка преку оваа Школа, преку соработката со Фондацијата „Балканско наследство“. Стоби ја продолжува својата успешна приказна за пример кон современо менаџирање и управување со културното наследство, давајќи му живот на древниот град и во времето во кое живееме − рече Костадиновска-Стојчевска.

Таа додаде дека на овој начин се заштитува богатото универзално културно наследство, се афирмираат историјата и културата на нашата земја, се продолжуваат приказните од римскиот и од доцноантичкиот период, но се започнуваат и нови приказни, кои зборуваат за нас, сега и овде.

Преку овие пријателски фондации, експерти со светско реноме се вклучени во проучувањето и во натамошниот развој и афирмација на „Стоби“, а тоа го става овој локалитет на врвот на светски познатите археолошки мапи. Во „Стоби“ е живо и возбудливо како што е во лето на сите локалитети. Им честитам на нашите археолози за новото открие и им пожелувам успешна работа, размена на искуства и трајни пријателства на младите археолози кои ни доаѓаат од светот – рече Костадиновска-Стојчевска.

The post Костадиновска-Стојчевска во посета на Стоби: Археолозите откриваат нов мозаик во најрепрезентативниот објект, Теодосијанската палата appeared first on Република.

Мобилната апликација Immersium достапна во археолошкиот локалитет Стоби https://republika.mk/vesti/kultura/mobilnata-aplikacija-immersium-dostapna-vo-arheoloshkiot-lokalitet-stobi/ Thu, 24 Nov 2022 08:27:49 +0000 https://republika.mk/?p=577608

Голем број посетители имаа можност да почуствуваат како е да чекориш по стапките на римскиот император Теодосиј за време на неговата прва посета на археолошкиот локалитет Стоби за која има записи дека се случила кон крајот на 4 век од н.е. Впечатливото искуство е благодарение на мобилната апликација Immersium која до 25 ноември ќе биде промовирана во Стоби и овозможува уникатно културолошкo искуство низ истражување, едукација и забава. Влезот е бесплатен и активностите се одвиваат од 8 до 15 часот.
На вчерашната презентација на апликацијата се обратија Спасе Перовски, директор на Стоби; Димитар Николовски, археолог во Стоби; Александар Меламед, претставник на делегацијата на ЕУ и Милан Танчески од Центарот социјални иновации „Блинк 42-21“.
Дигиталната апликација Immersium овозможува нов начин на истражување на богатото културно наследство преку користење на современи технологии кои го ставаат посетителот во центарот на едно ново културолошко искуство. Преку апликацијата, посетителот добива улога во самата приказна и можност за виртуелна интеракција со историските објекти и ликови додека го истражува локалитетот.
Ваквиот начин на пренесување на културното наследство има за цел да привлечe една нова генерација на посетители на археолошките локалитети кои бараат нови интерактивни доживувања преку користење на современи технологии.
- Новото време бара постојана адаптација, креативност и иновативни начини за да се приближат вистинските вредности особено до новите генерации. Апликацијата Immersium која e во функција во Словенија, Србија и Македонија ја работевме со огромен ентузијазам и искрено се надеваме дека и други институции од земјава и од странство ќе се вклучат во овој бран. Центарот за социјални медиуми „Блинк 42-21“ во континуитет работи на развој на дигитални апликации кои имаат моќ да го редефинираат начинот на кој им пристапуваме на културните вредности и нудат нов начин на доживувања на самите културни добра – вели Милан Танчески од Центарот за социјални медиуми „Блинк 42-21“.
Дигиталната апликација Immersium е продукт на двогодишен проект (Immersive Storytelling Driven Cooperation for Cultural Heritage Dissemination in the Western Balkans), плод на соработка помеѓу седум институции од пет балкански земји. Национална установа за управување со археолошкиот локалитет Стоби - Градско (Македонија), Центар за социјални иновации Блинк 42-21 (Скопје, Македонија), Универзитет Аристотел (Солун, Грција), фондацијата Балканско Наследство (Софија, Бугарија), Археолошки институт за археологија (Белград, Србија), Градски музеј Љубљана (Љубљана, Словенија) и Nexto (Словенија).
Со Immersium, посетителите имаа можност преку интерактивен водич (кратки игри, аугментирана реалност, квизови, реконструкции и др.) на мобилниот телефон да искусат дел од секојдневието на стобјани од крајот на 4 век од н.е. (поточно во 388 година од н.е.), што претставува и единствена досега потврдена посета на римски император во Стоби – на императорот Теодосиј.

The post Мобилната апликација Immersium достапна во археолошкиот локалитет Стоби appeared first on Република.

]]>

Голем број посетители имаа можност да почуствуваат како е да чекориш по стапките на римскиот император Теодосиј за време на неговата прва посета на археолошкиот локалитет Стоби за која има записи дека се случила кон крајот на 4 век од н.е. Впечатливото искуство е благодарение на мобилната апликација Immersium која до 25 ноември ќе биде промовирана во Стоби и овозможува уникатно културолошкo искуство низ истражување, едукација и забава. Влезот е бесплатен и активностите се одвиваат од 8 до 15 часот. На вчерашната презентација на апликацијата се обратија Спасе Перовски, директор на Стоби; Димитар Николовски, археолог во Стоби; Александар Меламед, претставник на делегацијата на ЕУ и Милан Танчески од Центарот социјални иновации „Блинк 42-21“. Дигиталната апликација Immersium овозможува нов начин на истражување на богатото културно наследство преку користење на современи технологии кои го ставаат посетителот во центарот на едно ново културолошко искуство. Преку апликацијата, посетителот добива улога во самата приказна и можност за виртуелна интеракција со историските објекти и ликови додека го истражува локалитетот. Ваквиот начин на пренесување на културното наследство има за цел да привлечe една нова генерација на посетители на археолошките локалитети кои бараат нови интерактивни доживувања преку користење на современи технологии. - Новото време бара постојана адаптација, креативност и иновативни начини за да се приближат вистинските вредности особено до новите генерации. Апликацијата Immersium која e во функција во Словенија, Србија и Македонија ја работевме со огромен ентузијазам и искрено се надеваме дека и други институции од земјава и од странство ќе се вклучат во овој бран. Центарот за социјални медиуми „Блинк 42-21“ во континуитет работи на развој на дигитални апликации кои имаат моќ да го редефинираат начинот на кој им пристапуваме на културните вредности и нудат нов начин на доживувања на самите културни добра – вели Милан Танчески од Центарот за социјални медиуми „Блинк 42-21“. Дигиталната апликација Immersium е продукт на двогодишен проект (Immersive Storytelling Driven Cooperation for Cultural Heritage Dissemination in the Western Balkans), плод на соработка помеѓу седум институции од пет балкански земји. Национална установа за управување со археолошкиот локалитет Стоби - Градско (Македонија), Центар за социјални иновации Блинк 42-21 (Скопје, Македонија), Универзитет Аристотел (Солун, Грција), фондацијата Балканско Наследство (Софија, Бугарија), Археолошки институт за археологија (Белград, Србија), Градски музеј Љубљана (Љубљана, Словенија) и Nexto (Словенија). Со Immersium, посетителите имаа можност преку интерактивен водич (кратки игри, аугментирана реалност, квизови, реконструкции и др.) на мобилниот телефон да искусат дел од секојдневието на стобјани од крајот на 4 век од н.е. (поточно во 388 година од н.е.), што претставува и единствена досега потврдена посета на римски император во Стоби – на императорот Теодосиј.

The post Мобилната апликација Immersium достапна во археолошкиот локалитет Стоби appeared first on Република.

]]>
Во Театарот на археолошкиот локалитет Стоби ќе биде промовирана новата мобилна апликација Immersium https://republika.mk/vesti/kultura/vo-teatarot-na-arheoloshkiot-lokalitet-stobi-kje-bide-promovirana-novata-mobilna-aplikacija-immersium/ Mon, 21 Nov 2022 09:31:45 +0000 https://republika.mk/?p=576391

Од 22 до 25 ноември во Театарот на археолошкиот локалитет Стоби, ќе биде промовирана новата мобилна апликација Immersium - интерактивна дигитална алатка која овозможува уникатно културолошкo искуство низ истражување, едукација и забава на археолошкиот локалитет. Влезот е слободен за сите заинтересирани и активностите ќе се одвиваат од 8 до 15 часот.

Спасувајќи го императорот Теодосиј (Saving Emperor Theodosius) е приказна преку која ќе се обидеме да го приближиме римскиот град Стоби до неговите посетители. Во улога на посетител на градот, ќе имате можност преку интерактивен водич (кратки игри, квизови, реконструкции) на вашиот мобилен телефон да искусите дел од секојдневието на стобјани од крајот на 4 век од н.е. (поточно во 388 година од н.е.), што претставува и единствена досега потврдена посета на римски император во Стоби. Апликацијата е бесплатна и ќе може да ја користи секој посетител на локалитетот.

Искуствата создадени преку Immersium водат до откривање нераскажани историски и културни приказни со интерактивна содржина, VR и AR, поддржани со аудио визуелни елементи, гејмификацијa, аватарски карактери итн.

Апликацијата е продукт на двогодишен проект (Immersive Storytelling Driven Cooperation for Cultural Heritage Dissemination in the Western Balkans), плод на соработка помеѓу седум институции од пет балкански земји: Национална установа за управување со археолошкиот локалитет Стоби - Градско (Македонија), Центар за социјални иновации Блинк 42-21 (Скопје, Македонија), Универзитет Аристотел (Солун, Грција), фондацијата Балканско Наследство (Софија, Бугарија), Археолошки институт за археологија (Белград, Србија), Градски музеј Љубљана (Љубљана, Словенија) и Nexto (Словенија). Проектот е финансиран од Европската комисија.

The post Во Театарот на археолошкиот локалитет Стоби ќе биде промовирана новата мобилна апликација Immersium appeared first on Република.

]]>

Од 22 до 25 ноември во Театарот на археолошкиот локалитет Стоби, ќе биде промовирана новата мобилна апликација Immersium - интерактивна дигитална алатка која овозможува уникатно културолошкo искуство низ истражување, едукација и забава на археолошкиот локалитет. Влезот е слободен за сите заинтересирани и активностите ќе се одвиваат од 8 до 15 часот. Спасувајќи го императорот Теодосиј (Saving Emperor Theodosius) е приказна преку која ќе се обидеме да го приближиме римскиот град Стоби до неговите посетители. Во улога на посетител на градот, ќе имате можност преку интерактивен водич (кратки игри, квизови, реконструкции) на вашиот мобилен телефон да искусите дел од секојдневието на стобјани од крајот на 4 век од н.е. (поточно во 388 година од н.е.), што претставува и единствена досега потврдена посета на римски император во Стоби. Апликацијата е бесплатна и ќе може да ја користи секој посетител на локалитетот. Искуствата создадени преку Immersium водат до откривање нераскажани историски и културни приказни со интерактивна содржина, VR и AR, поддржани со аудио визуелни елементи, гејмификацијa, аватарски карактери итн. Апликацијата е продукт на двогодишен проект (Immersive Storytelling Driven Cooperation for Cultural Heritage Dissemination in the Western Balkans), плод на соработка помеѓу седум институции од пет балкански земји: Национална установа за управување со археолошкиот локалитет Стоби - Градско (Македонија), Центар за социјални иновации Блинк 42-21 (Скопје, Македонија), Универзитет Аристотел (Солун, Грција), фондацијата Балканско Наследство (Софија, Бугарија), Археолошки институт за археологија (Белград, Србија), Градски музеј Љубљана (Љубљана, Словенија) и Nexto (Словенија). Проектот е финансиран од Европската комисија.  

The post Во Театарот на археолошкиот локалитет Стоби ќе биде промовирана новата мобилна апликација Immersium appeared first on Република.

]]>
Драмски театар со монодрамата „Кармен“ гостува во Велес https://republika.mk/vesti/kultura/dramski-teatar-so-monodramata-karmen-gostuva-vo-veles/ Mon, 19 Sep 2022 12:27:44 +0000 https://republika.mk/?p=552246

Драмски театар Скопје со монодрамата „Кармен“ ќе учествува на 19. издание на Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби“. Претставата ќе биде изведена во рамките на оф-програмата на фестивалот на 20ти октомври во 22 часот на сцената на НТ „Ј.Х.К. Џинот“, Велес.

Монодрамата „Кармен“ на Биљана Драгиќевиќ Пројковска, создадена по мотив од романот „Пет часа со Марио“ од Мигел Делибес, својата премиера ја имаше во мај 2021 година.

Режијата и драматизацијата се на Дејан Пројковски, сценографијата на Валентин Светозарев, сценските движења на Олга Панго, костимографијата на Раде Василев, а музиката на Горан Трајковски.

Актерката Биљана Драгиќевиќ Пројковска е член на жири-комисијата на 19то издание на Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби“. Останатите членови на жирито се
актерот Ѓорѓи Јолевски и театарскиот режисер Деан Дамјановски.

Фестивалот на античка драма „Стоби“, се одржува од 17 септември до 1 октомври во НТ „Ј.Х.К. Џинот“ во Велес со богата официјална селекција, придружна програма и оф – програма на фестивалот.

The post Драмски театар со монодрамата „Кармен“ гостува во Велес appeared first on Република.

]]>

Драмски театар Скопје со монодрамата „Кармен“ ќе учествува на 19. издание на Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби“. Претставата ќе биде изведена во рамките на оф-програмата на фестивалот на 20ти октомври во 22 часот на сцената на НТ „Ј.Х.К. Џинот“, Велес. Монодрамата „Кармен“ на Биљана Драгиќевиќ Пројковска, создадена по мотив од романот „Пет часа со Марио“ од Мигел Делибес, својата премиера ја имаше во мај 2021 година. Режијата и драматизацијата се на Дејан Пројковски, сценографијата на Валентин Светозарев, сценските движења на Олга Панго, костимографијата на Раде Василев, а музиката на Горан Трајковски. Актерката Биљана Драгиќевиќ Пројковска е член на жири-комисијата на 19то издание на Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби“. Останатите членови на жирито се актерот Ѓорѓи Јолевски и театарскиот режисер Деан Дамјановски. Фестивалот на античка драма „Стоби“, се одржува од 17 септември до 1 октомври во НТ „Ј.Х.К. Џинот“ во Велес со богата официјална селекција, придружна програма и оф – програма на фестивалот.  

The post Драмски театар со монодрамата „Кармен“ гостува во Велес appeared first on Република.

]]>
Двајца тешко повредени во сообраќајка кај Стоби рано утрово https://republika.mk/vesti/crna-hronika/dvajca-teshko-povredeni-vo-soobrakjajka-kaj-stobi-rano-utrovo/ Fri, 15 Jul 2022 11:01:08 +0000 https://republika.mk/?p=529273

Две лица се повредени во сообраќајната незгода што рано утринава се случи на патниот правец Градско – Велес.

Во СВР Велес било пријавено дека на автопатот А-1 на делницата Стоби – Неготино се случила сообраќајна незгода меѓу товарно возило „МАН“ со приклучно возило – цистерна со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Р.(28) од Богданци и товарно возило „МАН“ со приклучно возило – цистерна со неготински регистарски ознаки, управувано од А.Т. (51) од Кавадарци.

Во незгодата, информираа од МВР, со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и биле пренесени во Општата болница во Велес за укажување лекарска помош.

Поради сообраќајната незгода, патниот правец беше во прекин од 04:40 до 06:45 часот.

The post Двајца тешко повредени во сообраќајка кај Стоби рано утрово appeared first on Република.

]]>

Две лица се повредени во сообраќајната незгода што рано утринава се случи на патниот правец Градско – Велес. Во СВР Велес било пријавено дека на автопатот А-1 на делницата Стоби – Неготино се случила сообраќајна незгода меѓу товарно возило „МАН“ со приклучно возило – цистерна со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Р.(28) од Богданци и товарно возило „МАН“ со приклучно возило – цистерна со неготински регистарски ознаки, управувано од А.Т. (51) од Кавадарци. Во незгодата, информираа од МВР, со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и биле пренесени во Општата болница во Велес за укажување лекарска помош. Поради сообраќајната незгода, патниот правец беше во прекин од 04:40 до 06:45 часот.

The post Двајца тешко повредени во сообраќајка кај Стоби рано утрово appeared first on Република.

]]>
Со грант од филантропска организација од САД ќе се конзервира Теодосијанската палата во Стоби https://republika.mk/vesti/kultura/so-grant-od-filantropska-organizacija-od-sad-kje-se-konzervira-teodosijanskata-palata-vo-stobi/ Fri, 18 Mar 2022 14:52:30 +0000 https://republika.mk/?p=475071

Со грант од филантропска организација од САД „Џ. М. Каплан Фонд“ од 300.000 американски долари ќе се конзервира Теодосијанската палата во археолошкиот локалитет Стоби.

Со директорот Спасе Перовски разговаравме и за реализација на проектите во Годишната програма за кои годинава Стоби е поддржан со 9.4 милиони денари.

Покрај тоа, на локалитетот продолжуваат и другите меѓународни проекти меѓу кои е и грантот во рамки на ИПА-програмата за меѓугранична соработка со Килкис од Република Грција, и проектот за унапредување на туристичкото искуство, преку грант на Европската Комисија, со шест други институции од регионот.

„Стоби“ е установа која е насочена кон модерните технологии во презентација на културното наследство за што сведочи атрактивноста на првата виртуелна апликација на Blink 42-21 / Блинк 42-21 , која овозможува виртуелно доживување на гладијаторските перформанси кои се одвивале на овој локалитет.

The post Со грант од филантропска организација од САД ќе се конзервира Теодосијанската палата во Стоби appeared first on Република.

9. 394. 500 денари доби НУ Стоби преку годинашната програма од областа на културата https://republika.mk/vesti/kultura/9-394-500-denari-dobi-nu-stobi-preku-godinashnata-programa-od-oblasta-na-kulturata/ Mon, 21 Feb 2022 14:40:15 +0000 https://republika.mk/?p=461556

Националната Установа Стоби преку годинашната програма од областа на културата, од Министерството за култура за 2022 година доби 9 394 500 денари.

Од нив од областа на заштита на недвижно културно наследство за конзервација и реставрација на сегмент од јужниот гратски бедем и јужната порта во Стоби (етапа1 и етапа2) – 1,5 милиони денари, за реализација на Основен проект за конзервација на архитектонските остатоци од Резиденцијален и комерцијален кварт од рановизантиско Стоби износ на средства 1,2 милиони денари. Конзервација, реставрација и реконструкција и археолошки доистражувања на објект Римски театар во Стоби износ на средства 1,6 милиони денари. Археолошки доистражувања и конзервација на фрескоживопис и архитектонски делови на Старата епископска базилика во Стоби износ на средства 600 илјади денари. Тековно одржување и партерно уредување на археолошкиот локалитет Стоби износ на средства 1,2 милиони денари. Изработка на Основен проект за конзервација и реставрација на архитектонската декорација од Градбата со арки во Стоби износ на средства 30 илјади денари. Изработка на основен проект за конзервација и реставрација на сочуваните мермерни елементи од гледалиштето на театарот во Стоби износ на средства 30 илјади денари.

Од областа на музејската дејност и заштита на нематријално културно наследство за реализација на основен проект за конзервација и реставрација на керамички и стаклени садови од збирката на НУ Стоби износ на средства 200 илјади денари. Основен проект за конзервација на метални предмети од збирката на НУ Стоби износ на средства 200 илјади денари. Набавка на опрема (индустриски парочистач) за потребите на конзерваторска лабараторија износ на средства 150 илјади денари. Реализација на основен проект за конзервација на метален археолошки материјал од археолочките ископувања во Стоби во периодот од 2013 до 2018 година износ на средства 100 илјади денари.

Од областа на инвестициско одржување, осигурување, адаптација и набавка на опрема – набавка и монтажа на прозорци и врати во работните простории на НУ Стоби износ на средства 84.501 денари, систем за електронска сигурносна и опрема за видео надзор износ на средства 500 илјади денари, снација на ноќна илуминација на археолошкиот локалитет Стоби износ на средства 2 милиони денари.

Директорот Спасе Перовски за МИА изјави дека е задоволен од добиените средства од Министерството за култура. Средствата се во висина од 9 394 500 денари, што е повеќе споредено со ланските 9 043 000 денари.

Петровски најави дека реализацијата на проектите од археолошко истражувачката дејност на терен ќе започне во април годинава

The post 9. 394. 500 денари доби НУ Стоби преку годинашната програма од областа на културата appeared first on Република.

]]>

Националната Установа Стоби преку годинашната програма од областа на културата, од Министерството за култура за 2022 година доби 9 394 500 денари. Од нив од областа на заштита на недвижно културно наследство за конзервација и реставрација на сегмент од јужниот гратски бедем и јужната порта во Стоби (етапа1 и етапа2) – 1,5 милиони денари, за реализација на Основен проект за конзервација на архитектонските остатоци од Резиденцијален и комерцијален кварт од рановизантиско Стоби износ на средства 1,2 милиони денари. Конзервација, реставрација и реконструкција и археолошки доистражувања на објект Римски театар во Стоби износ на средства 1,6 милиони денари. Археолошки доистражувања и конзервација на фрескоживопис и архитектонски делови на Старата епископска базилика во Стоби износ на средства 600 илјади денари. Тековно одржување и партерно уредување на археолошкиот локалитет Стоби износ на средства 1,2 милиони денари. Изработка на Основен проект за конзервација и реставрација на архитектонската декорација од Градбата со арки во Стоби износ на средства 30 илјади денари. Изработка на основен проект за конзервација и реставрација на сочуваните мермерни елементи од гледалиштето на театарот во Стоби износ на средства 30 илјади денари. Од областа на музејската дејност и заштита на нематријално културно наследство за реализација на основен проект за конзервација и реставрација на керамички и стаклени садови од збирката на НУ Стоби износ на средства 200 илјади денари. Основен проект за конзервација на метални предмети од збирката на НУ Стоби износ на средства 200 илјади денари. Набавка на опрема (индустриски парочистач) за потребите на конзерваторска лабараторија износ на средства 150 илјади денари. Реализација на основен проект за конзервација на метален археолошки материјал од археолочките ископувања во Стоби во периодот од 2013 до 2018 година износ на средства 100 илјади денари. Од областа на инвестициско одржување, осигурување, адаптација и набавка на опрема – набавка и монтажа на прозорци и врати во работните простории на НУ Стоби износ на средства 84.501 денари, систем за електронска сигурносна и опрема за видео надзор износ на средства 500 илјади денари, снација на ноќна илуминација на археолошкиот локалитет Стоби износ на средства 2 милиони денари. Директорот Спасе Перовски за МИА изјави дека е задоволен од добиените средства од Министерството за култура. Средствата се во висина од 9 394 500 денари, што е повеќе споредено со ланските 9 043 000 денари. Петровски најави дека реализацијата на проектите од археолошко истражувачката дејност на терен ќе започне во април годинава

The post 9. 394. 500 денари доби НУ Стоби преку годинашната програма од областа на културата appeared first on Република.

]]>