стихозбирка Archives - Република https://republika.mk/tema/stihozbirka/ За подобро да се разбереме Fri, 04 Aug 2023 08:02:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png стихозбирка Archives - Република https://republika.mk/tema/stihozbirka/ 32 32 Промоцијата на стихозбирката „Сега ти стануваш јас“ од Долорес Атанасова – Лори во дворот на „Куќата на Уранија“ во Охрид https://republika.mk/vesti/kultura/promotsijata-na-stihozbirkata-sega-ti-stanuvash-jas-od-dolores-atanasova-lori-vo-dvorot-na-kukata-na-uranija-vo-ohrid/ Fri, 04 Aug 2023 08:02:48 +0000 https://republika.mk/?p=668552

Промоцијата на стихозбирката „Сега ти стануваш јас“ од поетесата Долорес Атанасова – Лори ќе се одржи на 4 август 2023 година, 20 часот, во дворот на „Куќата на Уранија“ во Охрид. Промоторка на книгата ќе биде Ана Голејшка – Џикова, модераторка на настанот е Билјана Црвенковска, а издавач на книгата е „Чудна шума“.

Рецензентката на книгата, Снежана Стојчевска, посочува дека најновиот поетски ракопис „Сега ти стануваш јас“ на поетесата Д. А. Лори, кој доаѓа по успешните поетски книги „Будење во трето лице еднина“, „Со ветрот под рака“, „Небо во кафез“ и „Ќе фатит бран“, ги интригираше читателите кои имаа можност да го посведочат создавањето на книгата преку песните кои авторката ги објавуваше на Инстаграм-сториња.

– Песните се создадени за кус временски период, под голем креативен набој. Стерната беше отворена и песните надоаѓаа како што надоаѓа вода и допираат длабоко до свеста на читателот кој гледа како песната се создава и исчезнува пред неговите очи, поради краткотрајноста на објавата, како што минува и животот: денес си, утре не си. При тоа читање, привлечена како од магнетска сила влегов во тој вртлог, чувствувајќи ги песните како свои или како свое огледало, што потоа со насловот на книгата се потврди, како поетско-филозофското гледиште дека „Секој секому огледало“, дека секој се гледа себеси во другиот или, пак, дека сите потекнуваме од ист извор и сите во тој извор ќе се вратиме – истакнува Снежана Стојчевска.

Долорес Атанасова – Лори (Д.А. Лори) е родена на 26.10.1974 година во Германија. Раното детство го поминува во Германија, а потоа се сели со семејството во Охрид, каде што ги поминува остатокот од детството и средношколските денови, сè до заминувањето во Скопје на студии по англиски јазик и книжевност во 1993 година.

Д.А. Лори денес работи како професор по англиски јазик во Скопје. Дел од нејзината поезија е објавена во „Букбокс“, во поетската збирка „100 000 поети за промена“ и во е-книгата „Поетискон“. Нејзината прва книга, „Будење во трето лице еднина“, беше издадена од „Блесок“ во 2014 година. Поезијата на Д.А.Лори е, исто така, објавена во монографијата на „Астални проекции“, како и во најстарото македонско списание за литература, култура и уметност „Современост“.

The post Промоцијата на стихозбирката „Сега ти стануваш јас“ од Долорес Атанасова – Лори во дворот на „Куќата на Уранија“ во Охрид appeared first on Република.

]]>

Промоцијата на стихозбирката „Сега ти стануваш јас“ од поетесата Долорес Атанасова – Лори ќе се одржи на 4 август 2023 година, 20 часот, во дворот на „Куќата на Уранија“ во Охрид. Промоторка на книгата ќе биде Ана Голејшка – Џикова, модераторка на настанот е Билјана Црвенковска, а издавач на книгата е „Чудна шума“. Рецензентката на книгата, Снежана Стојчевска, посочува дека најновиот поетски ракопис „Сега ти стануваш јас“ на поетесата Д. А. Лори, кој доаѓа по успешните поетски книги „Будење во трето лице еднина“, „Со ветрот под рака“, „Небо во кафез“ и „Ќе фатит бран“, ги интригираше читателите кои имаа можност да го посведочат создавањето на книгата преку песните кои авторката ги објавуваше на Инстаграм-сториња.
– Песните се создадени за кус временски период, под голем креативен набој. Стерната беше отворена и песните надоаѓаа како што надоаѓа вода и допираат длабоко до свеста на читателот кој гледа како песната се создава и исчезнува пред неговите очи, поради краткотрајноста на објавата, како што минува и животот: денес си, утре не си. При тоа читање, привлечена како од магнетска сила влегов во тој вртлог, чувствувајќи ги песните како свои или како свое огледало, што потоа со насловот на книгата се потврди, како поетско-филозофското гледиште дека „Секој секому огледало“, дека секој се гледа себеси во другиот или, пак, дека сите потекнуваме од ист извор и сите во тој извор ќе се вратиме – истакнува Снежана Стојчевска. Долорес Атанасова – Лори (Д.А. Лори) е родена на 26.10.1974 година во Германија. Раното детство го поминува во Германија, а потоа се сели со семејството во Охрид, каде што ги поминува остатокот од детството и средношколските денови, сè до заминувањето во Скопје на студии по англиски јазик и книжевност во 1993 година. Д.А. Лори денес работи како професор по англиски јазик во Скопје. Дел од нејзината поезија е објавена во „Букбокс“, во поетската збирка „100 000 поети за промена“ и во е-книгата „Поетискон“. Нејзината прва книга, „Будење во трето лице еднина“, беше издадена од „Блесок“ во 2014 година. Поезијата на Д.А.Лори е, исто така, објавена во монографијата на „Астални проекции“, како и во најстарото македонско списание за литература, култура и уметност „Современост“.

The post Промоцијата на стихозбирката „Сега ти стануваш јас“ од Долорес Атанасова – Лори во дворот на „Куќата на Уранија“ во Охрид appeared first on Република.

]]>
Музичка промоција на стихозбирката „До сто и една и назад“ од Марко Виденовиќ https://republika.mk/vesti/kultura/muzichka-promocija-na-stihozbirkata-do-sto-i-edna-i-nazad-od-marko-videnovikj/ Tue, 10 May 2022 08:20:17 +0000 https://republika.mk/?p=500261

На 12 мај (четврток), со почеток во 19 часот, во „Литература.мк суперстор“ во „Ист гејт мол“ ќе се одржи музички настап и промоција на книгата „До сто и една и назад“ од Марко Виденовиќ.

Стиховите во збирката поезија „До сто и една и назад“, која е во издание на „Попули“, пулсираат од љубов. Тој ги слави женската убавина и страстите со искрена и доживеана вдахновеност, копнежливост и восхит, онака без воздржување или навестување. Повремено, радоста ја поматуваат трепетот и стравот поради минливоста на животот, краткоста на времето, но секогаш како контрапункт тука е вечната љубов, онаа што трае до „сто и една и назад“.

Промоцијата ќе биде збогатена со музички настап и рецитал на познати уметници од нашата сцена: Анна Кондратенко (виолина), Владимир Костов (виолина), Паскал Краповски (виолончело) и Ива Виденовиќ (пијано). Стихови од книгата ќе читаат: Драгана Левенска, Игор Дурловски и Часлав Митрички.

The post Музичка промоција на стихозбирката „До сто и една и назад“ од Марко Виденовиќ appeared first on Република.

]]>

На 12 мај (четврток), со почеток во 19 часот, во „Литература.мк суперстор“ во „Ист гејт мол“ ќе се одржи музички настап и промоција на книгата „До сто и една и назад“ од Марко Виденовиќ. Стиховите во збирката поезија „До сто и една и назад“, која е во издание на „Попули“, пулсираат од љубов. Тој ги слави женската убавина и страстите со искрена и доживеана вдахновеност, копнежливост и восхит, онака без воздржување или навестување. Повремено, радоста ја поматуваат трепетот и стравот поради минливоста на животот, краткоста на времето, но секогаш како контрапункт тука е вечната љубов, онаа што трае до „сто и една и назад“. Промоцијата ќе биде збогатена со музички настап и рецитал на познати уметници од нашата сцена: Анна Кондратенко (виолина), Владимир Костов (виолина), Паскал Краповски (виолончело) и Ива Виденовиќ (пијано). Стихови од книгата ќе читаат: Драгана Левенска, Игор Дурловски и Часлав Митрички.

The post Музичка промоција на стихозбирката „До сто и една и назад“ од Марко Виденовиќ appeared first on Република.

]]>
„ПНВ Публикации“ ја објави најновата стихозбирка на Зоран Пејковски- „Убавите жени“ https://republika.mk/vesti/kultura/pnv-publikacii-ja-objavi-najnovata-stihozbirka-na-zoran-pejkovski-ubavite-zeni/ Fri, 11 Mar 2022 08:11:18 +0000 https://republika.mk/?p=471097

Во издание на една издавачката куќа „ПНВ Публикации“ од Скопје, од печат излезе најновата збирка песни „Убавите жени“ на авторот Зоран Пејковски, инаку негова 24-та по ред збирка песни, од вкупно 55 -книжевни дела.

 Рецензентки на книгата се големи имиња во македонската книжевна и научна мисла, д-р Лилјана Пандева и проф. д-р Соња Стојменска-Елзесер, кои од свој женски агол пишуваат за „Убавите жени“ .

Стихозбирката „Убавите жени“ се базира врз традиционално уиверзални проблемски јадра и комбинира архаична наративност, препознатлива како библиска поетичка линија, со богати поетски слики метафори и со ретки но особено ефектни звуковно значенски комбинирања на јазичниот материјал. Неговите поетски изблициво прв ред се доживуваат како сензуални и еротизирани, но во заднина избива продлабочена рефлексивност, која го поставува читателот пред низа прашалници и го повикува во мисловни авантури,пишува проф.д-р.Соња Стојменска Елсезер, претседателката на друштвото на писатели на Македонија и воедно есеист, критичар и теоретичар од областа на книжевноста.

Македонската писателка, раскажувач и романсиер д-р. Лилјана Пандева пишува:

Иако по вокација драматург, се чини дека во „Убавите жени“, Пејковски успеал комплетно да се нурне во поезијата. И тоа во чиста. Не дека во некои од овие песни го нема драмскиот елемент, но во „Убавите жени“ станува збор за чиста поезија.Како што всушност тој ја опишува жената. Можеби насловот на збирката можел да оди во еднина. Затоа што сите песни се за жената. За една жена, уште од нејзината прамајка Ева, тука наречена икона на универзумот“.

Претходно Пејковски ја објави збирката песни „Здивот на смртта“ односно преведена на хрватски „Dah smrtti“.

Зоран Пејковски е македонски драмски писател, драматург, сценарист, поет, прозаист, публицист, театролог и единствен натуралист во македонската литература. Тој е и редовен академик на Руската Федерација, а од институцијата Светски амбасадори на мирот (Universelle des Ambassadeurs de la Paix, France & Switzerland) е назначен за почесен амбасадор на мирот. Во 2018 година се стекнува со титулата Европски писател на поезијата и уметноста, која ја доделува Номинациската комора за награди од Брисел при Европска Унија. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1995 година, член е на Друштвото на светските поети (Poetas delmundo) со седиште во Чиле од 2017., а тој е и почесен член на Сојузот на Украинските писатели од 2018 година. Член е и во друи писателски асоцијации и друштва.

Меѓу другото работи и како академски соработник и доцент по предметите „Театар и „театрологија“ на Интернационалниот универзитет „Европа Прима“ од Скопје, а еден период тој беше и асистен на ректорот Јордан Плевнеш. Автор е на над 20 драмски дела, потоа над 20 збирки песни, еден роман, четири научно-истражувачки книги од театрологијата и над 50 дела од областа на научната мисла, на литературната критика и на рецензии за книжевни дела и театарски изведби. Добитник е на повеќе домашни и странски награди и признанија.

The post „ПНВ Публикации“ ја објави најновата стихозбирка на Зоран Пејковски- „Убавите жени“ appeared first on Република.

]]>

Во издание на една издавачката куќа „ПНВ Публикации“ од Скопје, од печат излезе најновата збирка песни „Убавите жени“ на авторот Зоран Пејковски, инаку негова 24-та по ред збирка песни, од вкупно 55 -книжевни дела.

 Рецензентки на книгата се големи имиња во македонската книжевна и научна мисла, д-р Лилјана Пандева и проф. д-р Соња Стојменска-Елзесер, кои од свој женски агол пишуваат за „Убавите жени“ .

Стихозбирката „Убавите жени“ се базира врз традиционално уиверзални проблемски јадра и комбинира архаична наративност, препознатлива како библиска поетичка линија, со богати поетски слики метафори и со ретки но особено ефектни звуковно значенски комбинирања на јазичниот материјал. Неговите поетски изблициво прв ред се доживуваат како сензуални и еротизирани, но во заднина избива продлабочена рефлексивност, која го поставува читателот пред низа прашалници и го повикува во мисловни авантури,пишува проф.д-р.Соња Стојменска Елсезер, претседателката на друштвото на писатели на Македонија и воедно есеист, критичар и теоретичар од областа на книжевноста.

Македонската писателка, раскажувач и романсиер д-р. Лилјана Пандева пишува:

Иако по вокација драматург, се чини дека во „Убавите жени“, Пејковски успеал комплетно да се нурне во поезијата. И тоа во чиста. Не дека во некои од овие песни го нема драмскиот елемент, но во „Убавите жени“ станува збор за чиста поезија.Како што всушност тој ја опишува жената. Можеби насловот на збирката можел да оди во еднина. Затоа што сите песни се за жената. За една жена, уште од нејзината прамајка Ева, тука наречена икона на универзумот“.

Претходно Пејковски ја објави збирката песни „Здивот на смртта“ односно преведена на хрватски „Dah smrtti“.

Зоран Пејковски е македонски драмски писател, драматург, сценарист, поет, прозаист, публицист, театролог и единствен натуралист во македонската литература. Тој е и редовен академик на Руската Федерација, а од институцијата Светски амбасадори на мирот (Universelle des Ambassadeurs de la Paix, France & Switzerland) е назначен за почесен амбасадор на мирот. Во 2018 година се стекнува со титулата Европски писател на поезијата и уметноста, која ја доделува Номинациската комора за награди од Брисел при Европска Унија. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1995 година, член е на Друштвото на светските поети (Poetas delmundo) со седиште во Чиле од 2017., а тој е и почесен член на Сојузот на Украинските писатели од 2018 година. Член е и во друи писателски асоцијации и друштва.

Меѓу другото работи и како академски соработник и доцент по предметите „Театар и „театрологија“ на Интернационалниот универзитет „Европа Прима“ од Скопје, а еден период тој беше и асистен на ректорот Јордан Плевнеш. Автор е на над 20 драмски дела, потоа над 20 збирки песни, еден роман, четири научно-истражувачки книги од театрологијата и над 50 дела од областа на научната мисла, на литературната критика и на рецензии за книжевни дела и театарски изведби. Добитник е на повеќе домашни и странски награди и признанија.

The post „ПНВ Публикации“ ја објави најновата стихозбирка на Зоран Пејковски- „Убавите жени“ appeared first on Република.

]]>
„Ми-Ан“ ја објави стихозбирката „Пеш по воздушна линија“ од Даниела Андоновска-Трајковска https://republika.mk/vesti/kultura/mi-an-ja-objavi-stihozbirkata-pesh-po-vozdushna-linija-od-daniela-andonovska-trajkovska/ Mon, 21 Feb 2022 08:11:19 +0000 https://republika.mk/?p=461267

Деновиве, во издание на Книгоиздателството „Ми-Ан“ се појави новата стихозбирка на Даниела Андоновска-Трајковска со наслов „Пеш по воздушна линија“. Изданието доаѓа по успехот на нејзината претходна книга „Математичка поезија“ која побуди голем интерес кај љубителите на поезијата и ја доби наградата „Ацо Шопов“ на ДПМ за најдобра книга поезија. Она што го прави новото дело на Андоновска-Трајковска посебно е нејзината суптилна игра како со зборовите, така и со нивното значење, давањето личен печат и толкување на поимите што нè опкружуваат, а со тоа и еден нов пристап и ново читање на темите што неа ја окупираат.

Книгата „Пеш по воздушна линија“ од Даниела Андоновска-Трајковска е компилација од седум циклуси кои секој за себе се истакнуваат со својата посебност, а сите заедно – со својата компактност. Шеесетина поетски творби блескаат како вгравирани уметнички дела изложени во рамките на циклусите „Чекори во стакло“, „Дезинфицирани далечини“, „Прекасан јазик“, „Опстанок“, „Црвена вода“, „Хаику“ и „Минијатури“.

Стихозбирката „Пеш по воздушна линија“ на лирски начин ја прикажува индивидуата во условите што ни ги донесе новата реалност, пандемијата со КОВИД-19, каде секој од над се соочи со нови предизвици, со таканареченото „ново нормално“, при што спознавањето на своето Јас е ставено во прв план.

Во својата рецензија за стихозбирката, професорката Весна Мундишевска-Велјановска ќе каже: Истакнувајќи ги одличјата на изразената спротивност на невидливото и впечатливото, се потенцираат условите во кои тие кохезираат и се преклопуваат во артикулацијата на сонуваното време кое живее „среде стожерот околу кој се вртиме деноноќно/ за да има крв во годовите и леб во годините/ кога надвор од кругот излегуваме“ („Прекасан јазик“). Разновидноста на начинот на гравирање на овие илустрации на модерното (со)бидување кога „сѐ потешко станува патувањето во сопственото тело“, тектонски ги поместуваат брановите возбуда од вообличувањето на естетската рецепција на Андоновска-Трајковска во разноврсни репродукции на едно време кое го одвртува својот молк „за да ја разбуди вечноста што спие во нас“ („Време“).

Андоновска-Трајковска со својот препознатлив стил ја следи нашата реалност и со помош на за неа задолжителните симболи и метафори од стих во стих нè води низ нејзината приказна, но водено и ни дава можност самите да бидеме дел од нејзината креација, нудејќи ни можност тоа лично преиспитување да го осознаеме и како наше, да ја почувствуваме нејзината приказна преку нашата кожа и да станеме нејзин соговорник, нејзин сочувствувач, да ги откриваме нејзините кодови и преку нејзините зборови да создаваме сопствени значења и смисли.

 

Даниела Андоновска-Трајковска е поет, прозаист, книжевен критичар, доктор на науки по педагогија во областа на методиките и редовен професор по методика на Педагошкиот факултет – Битола, Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола. Член е на Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ), на Славјанската литературна и уметничка академија со седиште во Варна и на Друштвото на писатели „Битолски книжевен круг“ (БКК). Член е и на Македонското научно друштво (МНД) – Битола, каде во два мандати била претседател на Уредувачкиот совет. Сега е дел од управниот одбор на Друштвото како претставник од одделението за лингвистика и литература. Главен уредник е на списанијата „Раст“ (Битолски книжевен круг) и „Современи дијалози“ (Македонско научно друштво-Битола, на циклусот поетски збирки со наслов „Збор во зборот“ и на неколку монографии. Поезијата ѝ е преведена на повеќе светски јазици и е објавена во реномирани книжевни списанија во земјата и странство.

Добитник е на меѓународната награда Носиде, Италија за поезија (2011), наградата од Друштвото на писатели на Македонија за најдобра необјавена песна на Празник на липите (2018), наградата „Крсте Чачански“ за проза, националната награда Караманов 2019 за поезија (за „Електронска крв“), на наградата Македонска книжевна авангарда што ја доделува Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација Македонија презент од Скопје (2020) за книгата „Куќа на контрасти“, Abduvali Qutbiddin што ја доделува книжевното списание „Book World“ од Узбекистан во 2020 година, како и на „Ацо Шопов“ за најдобра поетска книга објавена во 2020 што го доделува Друштвото на писатели на Македонија за поетската книга „Математичка поезија“.

Авторка е на стихозбирките „Збор за зборот“ (со Златко Жоглев и Гордана Стојаноска, Скопје: Матица, 2014); „Поема за маргините“ (со Гордана Стојаноска, Битола: Македонско научно друштво, 2015), „Црна точка“ (Битола: Друштво на писатели Битолски книжевен круг, 2017), „Стапалки“ (Битола: Македонско научно друштво, 2017), „Три“ (Скопје: Современост, 2019), „Куќа на контрасти“ (Скопје: Матица, 2019), „Електронска крв“ (Радовиш: Центар за култура „Ацо Караманов“, 2019), „Математичка поезија“ (Скопје: Центар за култура и културолошки студии, 2020), како и на збирката раскази „ Кафе, чај и црвено небо“.

The post „Ми-Ан“ ја објави стихозбирката „Пеш по воздушна линија“ од Даниела Андоновска-Трајковска appeared first on Република.

]]>

Деновиве, во издание на Книгоиздателството „Ми-Ан“ се појави новата стихозбирка на Даниела Андоновска-Трајковска со наслов „Пеш по воздушна линија“. Изданието доаѓа по успехот на нејзината претходна книга „Математичка поезија“ која побуди голем интерес кај љубителите на поезијата и ја доби наградата „Ацо Шопов“ на ДПМ за најдобра книга поезија. Она што го прави новото дело на Андоновска-Трајковска посебно е нејзината суптилна игра како со зборовите, така и со нивното значење, давањето личен печат и толкување на поимите што нè опкружуваат, а со тоа и еден нов пристап и ново читање на темите што неа ја окупираат. Книгата „Пеш по воздушна линија“ од Даниела Андоновска-Трајковска е компилација од седум циклуси кои секој за себе се истакнуваат со својата посебност, а сите заедно – со својата компактност. Шеесетина поетски творби блескаат како вгравирани уметнички дела изложени во рамките на циклусите „Чекори во стакло“, „Дезинфицирани далечини“, „Прекасан јазик“, „Опстанок“, „Црвена вода“, „Хаику“ и „Минијатури“. Стихозбирката „Пеш по воздушна линија“ на лирски начин ја прикажува индивидуата во условите што ни ги донесе новата реалност, пандемијата со КОВИД-19, каде секој од над се соочи со нови предизвици, со таканареченото „ново нормално“, при што спознавањето на своето Јас е ставено во прв план.
Во својата рецензија за стихозбирката, професорката Весна Мундишевска-Велјановска ќе каже: Истакнувајќи ги одличјата на изразената спротивност на невидливото и впечатливото, се потенцираат условите во кои тие кохезираат и се преклопуваат во артикулацијата на сонуваното време кое живее „среде стожерот околу кој се вртиме деноноќно/ за да има крв во годовите и леб во годините/ кога надвор од кругот излегуваме“ („Прекасан јазик“). Разновидноста на начинот на гравирање на овие илустрации на модерното (со)бидување кога „сѐ потешко станува патувањето во сопственото тело“, тектонски ги поместуваат брановите возбуда од вообличувањето на естетската рецепција на Андоновска-Трајковска во разноврсни репродукции на едно време кое го одвртува својот молк „за да ја разбуди вечноста што спие во нас“ („Време“). Андоновска-Трајковска со својот препознатлив стил ја следи нашата реалност и со помош на за неа задолжителните симболи и метафори од стих во стих нè води низ нејзината приказна, но водено и ни дава можност самите да бидеме дел од нејзината креација, нудејќи ни можност тоа лично преиспитување да го осознаеме и како наше, да ја почувствуваме нејзината приказна преку нашата кожа и да станеме нејзин соговорник, нејзин сочувствувач, да ги откриваме нејзините кодови и преку нејзините зборови да создаваме сопствени значења и смисли.
  Даниела Андоновска-Трајковска е поет, прозаист, книжевен критичар, доктор на науки по педагогија во областа на методиките и редовен професор по методика на Педагошкиот факултет – Битола, Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола. Член е на Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ), на Славјанската литературна и уметничка академија со седиште во Варна и на Друштвото на писатели „Битолски книжевен круг“ (БКК). Член е и на Македонското научно друштво (МНД) – Битола, каде во два мандати била претседател на Уредувачкиот совет. Сега е дел од управниот одбор на Друштвото како претставник од одделението за лингвистика и литература. Главен уредник е на списанијата „Раст“ (Битолски книжевен круг) и „Современи дијалози“ (Македонско научно друштво-Битола, на циклусот поетски збирки со наслов „Збор во зборот“ и на неколку монографии. Поезијата ѝ е преведена на повеќе светски јазици и е објавена во реномирани книжевни списанија во земјата и странство. Добитник е на меѓународната награда Носиде, Италија за поезија (2011), наградата од Друштвото на писатели на Македонија за најдобра необјавена песна на Празник на липите (2018), наградата „Крсте Чачански“ за проза, националната награда Караманов 2019 за поезија (за „Електронска крв“), на наградата Македонска книжевна авангарда што ја доделува Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација Македонија презент од Скопје (2020) за книгата „Куќа на контрасти“, Abduvali Qutbiddin што ја доделува книжевното списание „Book World“ од Узбекистан во 2020 година, како и на „Ацо Шопов“ за најдобра поетска книга објавена во 2020 што го доделува Друштвото на писатели на Македонија за поетската книга „Математичка поезија“. Авторка е на стихозбирките „Збор за зборот“ (со Златко Жоглев и Гордана Стојаноска, Скопје: Матица, 2014); „Поема за маргините“ (со Гордана Стојаноска, Битола: Македонско научно друштво, 2015), „Црна точка“ (Битола: Друштво на писатели Битолски книжевен круг, 2017), „Стапалки“ (Битола: Македонско научно друштво, 2017), „Три“ (Скопје: Современост, 2019), „Куќа на контрасти“ (Скопје: Матица, 2019), „Електронска крв“ (Радовиш: Центар за култура „Ацо Караманов“, 2019), „Математичка поезија“ (Скопје: Центар за култура и културолошки студии, 2020), како и на збирката раскази „ Кафе, чај и црвено небо“.

The post „Ми-Ан“ ја објави стихозбирката „Пеш по воздушна линија“ од Даниела Андоновска-Трајковска appeared first on Република.

]]>