Статуа фест Archives - Република https://republika.mk/tema/statua-fest/ За подобро да се разбереме Thu, 16 May 2024 08:30:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Статуа фест Archives - Република https://republika.mk/tema/statua-fest/ 32 32 Денеска почнува „Статуафест – Прекинати врски/Broken relationship” https://republika.mk/vesti/kultura/deneska-pochnuva-statuafest-prekinati-vrski-broken-relationship/ Thu, 16 May 2024 08:30:31 +0000 https://republika.mk/?p=778676

“Статуафест – Прекинати врски/Broken relationship” оваа година ќе се случи на 16, 17 и 18 мај на улица Македонија со почеток од 18:30 часот. Долж улица Македонија ќе се постават десет различни приказни во кои улични живи статуи ќе одиграат актови кои симболизираат прекинати врски.

Убавината е толку силна што не можеш да ја искажеш со зборови. И токму заради тоа срцето те боли.

 

Некои врски прекинуваат, ете така, сами од себе, молчешкум. Едноставно и просто – заминуваат. Всушност ние, луѓето ги прекинуваме, верувајќи во подобро за нас, кое, потоа и го бараме. И го наоѓаме. И тоа, подоброто го прекинуваме – за уште подобро од него. За најдоборото. И најдоброто го наоѓаме.

По време минато крај најдоброто и во него се сомневаме, верувајќи дека и од него постои нешто уште подобро, нешто совршено. И тоа совршеното го наоѓаме. И него го прекинуваме. И така, низ животот ги прекинуваме врските и постојано се впуштаме во потрага по нови, подобри и од самото совршенство, а всушност се’ во што посотојано се наоѓаме е прекин кој има за цел, потрага.

 

Еден ден со сигурност ќе ја најдеме нашата совршена чистина, мир и спокој, кој знае каде и кој знае кога, а дотогаш ќе останеме во врска со себе, тагувајќи, радувајќи се, сожалувајќи се…

The post Денеска почнува „Статуафест – Прекинати врски/Broken relationship” appeared first on Република.

]]>

“Статуафест – Прекинати врски/Broken relationship” оваа година ќе се случи на 16, 17 и 18 мај на улица Македонија со почеток од 18:30 часот. Долж улица Македонија ќе се постават десет различни приказни во кои улични живи статуи ќе одиграат актови кои симболизираат прекинати врски. Убавината е толку силна што не можеш да ја искажеш со зборови. И токму заради тоа срцето те боли.   Некои врски прекинуваат, ете така, сами од себе, молчешкум. Едноставно и просто – заминуваат. Всушност ние, луѓето ги прекинуваме, верувајќи во подобро за нас, кое, потоа и го бараме. И го наоѓаме. И тоа, подоброто го прекинуваме – за уште подобро од него. За најдоборото. И најдоброто го наоѓаме. По време минато крај најдоброто и во него се сомневаме, верувајќи дека и од него постои нешто уште подобро, нешто совршено. И тоа совршеното го наоѓаме. И него го прекинуваме. И така, низ животот ги прекинуваме врските и постојано се впуштаме во потрага по нови, подобри и од самото совршенство, а всушност се’ во што посотојано се наоѓаме е прекин кој има за цел, потрага.   Еден ден со сигурност ќе ја најдеме нашата совршена чистина, мир и спокој, кој знае каде и кој знае кога, а дотогаш ќе останеме во врска со себе, тагувајќи, радувајќи се, сожалувајќи се…

The post Денеска почнува „Статуафест – Прекинати врски/Broken relationship” appeared first on Република.

]]>
„Статуафест” под мотото „Голема брзина на стоењето” на 19 и 20 мај на улица Македонија https://republika.mk/vesti/skopje/statuafest-pod-mototo-golema-brzina-na-stoeneto-na-19-i-20-maj-na-ulitsa-makedonija/ Wed, 17 May 2023 08:21:09 +0000 https://republika.mk/?p=641625

На 19 и 20 мај со почеток во 18.30 часот, на ул. Македонија, во Скопје ќе се одржи седмото издание на уличниот уметнички фестивал за живи статуи „Статуафест”, под мотото „Голема брзина на стоењето”.

Секоја година, па така и оваа се водиме и инспирираме од најразлични настани од секојдневието и ја избираме темата на фестивалот. Го избравме токму брзањето затоа што живееме во време во кое безглавото брзање кон некаде/никаде стана рутина, односно стана наше секојдневие. Сосем непотребно чувство за сите нас.

Од тие причини и целта на овогодинешниот фестивал за улични живи статуи „Статуафест” е да му каже СТОП на овој непотребен синдром на живеење кој, непокането се всели во нашите животи и стана „Добро утро / Добар ден / Добровечер” за речиси секој еден од нас. Сакаме суштински да ги замислиме нашите сограѓни, а и сите останати кои одблизу ќе го погледнат овогодинешниот „Статуафест” и да си постават прашање: колку навистина многу кон некаде брзаме?

Преку улични живи статуи поставени во најразлилни актови, долж улица Македонија во центарот на Скопје, ќе ги замрзнеме во едно место речиси сите карактери на едно обично секојдневие за истите да можат одблизу да се видат себеси како во огледало и да се прашаат, дали навистина толку многу важно е да брзаме, и, како безглавото брзање навистина влијае на нашиот живот и на нашето здравје?

Артистите кои ќе настапуваат на овогодинешниот фестивал се од нашата продукција Театроск, која всушност и го организира фестивалот.

The post „Статуафест” под мотото „Голема брзина на стоењето” на 19 и 20 мај на улица Македонија appeared first on Република.

]]>

На 19 и 20 мај со почеток во 18.30 часот, на ул. Македонија, во Скопје ќе се одржи седмото издание на уличниот уметнички фестивал за живи статуи „Статуафест”, под мотото „Голема брзина на стоењето”.
Секоја година, па така и оваа се водиме и инспирираме од најразлични настани од секојдневието и ја избираме темата на фестивалот. Го избравме токму брзањето затоа што живееме во време во кое безглавото брзање кон некаде/никаде стана рутина, односно стана наше секојдневие. Сосем непотребно чувство за сите нас. Од тие причини и целта на овогодинешниот фестивал за улични живи статуи „Статуафест” е да му каже СТОП на овој непотребен синдром на живеење кој, непокането се всели во нашите животи и стана „Добро утро / Добар ден / Добровечер” за речиси секој еден од нас. Сакаме суштински да ги замислиме нашите сограѓни, а и сите останати кои одблизу ќе го погледнат овогодинешниот „Статуафест” и да си постават прашање: колку навистина многу кон некаде брзаме? Преку улични живи статуи поставени во најразлилни актови, долж улица Македонија во центарот на Скопје, ќе ги замрзнеме во едно место речиси сите карактери на едно обично секојдневие за истите да можат одблизу да се видат себеси како во огледало и да се прашаат, дали навистина толку многу важно е да брзаме, и, како безглавото брзање навистина влијае на нашиот живот и на нашето здравје? Артистите кои ќе настапуваат на овогодинешниот фестивал се од нашата продукција Театроск, која всушност и го организира фестивалот.

The post „Статуафест” под мотото „Голема брзина на стоењето” на 19 и 20 мај на улица Македонија appeared first on Република.

]]>
„Танго на улица“ на годинашниот „Статуа фест“ https://republika.mk/vesti/kultura/tango-na-ulica-na-godinashniot-statua-fest/ Thu, 23 Jun 2022 06:58:56 +0000 https://republika.mk/?p=518696

Од 23 до 25 јуни, на скверот „Јадран“ ќе се одржи „Статуа фест“, во организација на „Театроск”, со поддршка од Град Скопје. Годинава тема на фестивалот е „Танго на улица“.

Оваа година ќе раскажува за тангото, дури и му дадовме име на фестивалот „Танго на улица“, со тенденција да го претвори Скопје во една мала, но, сепак, голема уличка, сместена некаде во некој раздвижен простор во длабочините на духот на аргентинското танго, тежнеејќи да ги види и запознае оние страсни скопјани кои со сиот свој дух лудуваат по тангото, при тоа „премачкани“ во и со тој разигран уличен миг на евергрин. „Танго на улица“ ќе го расцупка асфалтот во ритамот на бандеонот, кој создавајќи ја музиката за танго, ја возвишува до небеса сета енергија која како морница лази по телото, велат организаторите.

Инаку, ова ќе биде шесто издание на „Статуа фест“, а за потсетување, лани фестивалот раскажуваше улични приказни за скопјани од секојдневието.

Програма за уличниот уметнички фестивал за живи статуи:

18:30 – 19:00 – настап на улични живи статуи (7 актови / 11 учесници)

Пауза на живи статуи за време на претстава

19.10 – 19.50 – улична пантомимска театарска претстава ПРОКЛЕТСТВОТО НА ВИКТОР И ВИКТОРИЈА – (2 изведувачи)

20:00 – 23:00 – настап на улични живи статуи

 

The post „Танго на улица“ на годинашниот „Статуа фест“ appeared first on Република.

]]>

Од 23 до 25 јуни, на скверот „Јадран“ ќе се одржи „Статуа фест“, во организација на „Театроск”, со поддршка од Град Скопје. Годинава тема на фестивалот е „Танго на улица“.
Оваа година ќе раскажува за тангото, дури и му дадовме име на фестивалот „Танго на улица“, со тенденција да го претвори Скопје во една мала, но, сепак, голема уличка, сместена некаде во некој раздвижен простор во длабочините на духот на аргентинското танго, тежнеејќи да ги види и запознае оние страсни скопјани кои со сиот свој дух лудуваат по тангото, при тоа „премачкани“ во и со тој разигран уличен миг на евергрин. „Танго на улица“ ќе го расцупка асфалтот во ритамот на бандеонот, кој создавајќи ја музиката за танго, ја возвишува до небеса сета енергија која како морница лази по телото, велат организаторите.
Инаку, ова ќе биде шесто издание на „Статуа фест“, а за потсетување, лани фестивалот раскажуваше улични приказни за скопјани од секојдневието. Програма за уличниот уметнички фестивал за живи статуи: 18:30 – 19:00 – настап на улични живи статуи (7 актови / 11 учесници) Пауза на живи статуи за време на претстава 19.10 – 19.50 – улична пантомимска театарска претстава ПРОКЛЕТСТВОТО НА ВИКТОР И ВИКТОРИЈА – (2 изведувачи) 20:00 – 23:00 – настап на улични живи статуи  

The post „Танго на улица“ на годинашниот „Статуа фест“ appeared first on Република.

]]>
Пантомимичари од „Статуа фест“ на Широк сокак: Монодрамата опфаќа еден човек на сцена, а сцената може секаде да се случи https://republika.mk/vesti/kultura/pantomimichari-od-statua-fest-na-shirok-sokak-monodramata-opfakja-eden-chovek-na-scena-a-scenata-moze-sekade-da-se-sluchi/ Sat, 14 May 2022 15:52:49 +0000 https://republika.mk/?p=502347

Вечерва започнува фестивалот на монодрамата во Битола. Годинава новина е дневната офф-програма која од 12:00 до 15:00 часот ќе се случува на делови и од Широк Сокак со учество на актери од Статуа Фест.

Монодрамата е широк поим, кој што опфаќа еден човек на сцена, а сцената секаде може да се случи. Оваа година имаме гости, колеги, актери, пантомимичари од „Статуа фест“. Мојата идеја како директорка на фестивалот е да ја фузираме и да ја привлечеме битолската публика, бидејќи имавме две тешки пандемиски години, каде што публиката во салите беше во намален број и ова е една идеја, за оние кои што точно не знаат што е фестивалот на монодрамата, преку нашите колеги-статуи, да разберат дека станува збор за еден човек на сцена, а од другата страна, самите статуи се многу атрактивни, има вакви примери низ сите поголеми градови низ Европа, така што му дава едно освежување, еден нов ветер на фестивалот и јас се надевам дека почетокот на оваа соработка е оваа година, а дека ќе ги има се почесто во Битола, како атракција, бидејќи веќе гледаме дека битолчани застануваат, се сликаат и се инспирирани од она што го гледаат, а тоа се нашите колеги, ние ги делиме нашите флаери со програмата од фестивалот и тоа е и покана за битолската публика да го проследат во наредните седум дена 23 издание на Интернационалниот фестивал на монодрама, кој се случува во организација на Центарот за култура вели директорката Маја Андоновска-Илијевски за Тера телевизија.

Вечерва од 20 часот е свеченото отворање на фестивалот со МНТ-Скопје, Македонија, „ САМО ГЛАС“ , автор Нина Плавањац, режисер Марјан Неќак, актер Звездана Ангеловска.

Фото: Диоген Хаџи Коста Милевски

 

 

The post Пантомимичари од „Статуа фест“ на Широк сокак: Монодрамата опфаќа еден човек на сцена, а сцената може секаде да се случи appeared first on Република.

]]>

Вечерва започнува фестивалот на монодрамата во Битола. Годинава новина е дневната офф-програма која од 12:00 до 15:00 часот ќе се случува на делови и од Широк Сокак со учество на актери од Статуа Фест.
Монодрамата е широк поим, кој што опфаќа еден човек на сцена, а сцената секаде може да се случи. Оваа година имаме гости, колеги, актери, пантомимичари од „Статуа фест“. Мојата идеја како директорка на фестивалот е да ја фузираме и да ја привлечеме битолската публика, бидејќи имавме две тешки пандемиски години, каде што публиката во салите беше во намален број и ова е една идеја, за оние кои што точно не знаат што е фестивалот на монодрамата, преку нашите колеги-статуи, да разберат дека станува збор за еден човек на сцена, а од другата страна, самите статуи се многу атрактивни, има вакви примери низ сите поголеми градови низ Европа, така што му дава едно освежување, еден нов ветер на фестивалот и јас се надевам дека почетокот на оваа соработка е оваа година, а дека ќе ги има се почесто во Битола, како атракција, бидејќи веќе гледаме дека битолчани застануваат, се сликаат и се инспирирани од она што го гледаат, а тоа се нашите колеги, ние ги делиме нашите флаери со програмата од фестивалот и тоа е и покана за битолската публика да го проследат во наредните седум дена 23 издание на Интернационалниот фестивал на монодрама, кој се случува во организација на Центарот за култура вели директорката Маја Андоновска-Илијевски за Тера телевизија.
Вечерва од 20 часот е свеченото отворање на фестивалот со МНТ-Скопје, Македонија, „ САМО ГЛАС“ , автор Нина Плавањац, режисер Марјан Неќак, актер Звездана Ангеловска. Фото: Диоген Хаџи Коста Милевски    

The post Пантомимичари од „Статуа фест“ на Широк сокак: Монодрамата опфаќа еден човек на сцена, а сцената може секаде да се случи appeared first on Република.

]]>