старлинк Archives - Република https://republika.mk/tema/starlink/ За подобро да се разбереме Fri, 23 Aug 2024 15:29:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png старлинк Archives - Република https://republika.mk/tema/starlink/ 32 32 Украинските војници во Курск масовно користат сателитски системи Старлинк за да играат онлајн казино https://republika.mk/vesti/svet/ukrainskite-vojnitsi-vo-kursk-masovno-koristat-satelitski-sistemi-starlink-za-da-igraat-onlajn-kazino/ Sat, 24 Aug 2024 17:03:55 +0000 https://republika.mk/?p=809514

Украинските војници коишто учествуваат во инвазијата на рускиот регион Курск масовно играат во онлајн казина користејќи мобилен интернет од сателитските Старлинк.

Американскиот институт за проучување на војната (ISV) известува дека по инвазијата на регионот Курск од страна на украинските вооружени сили, има големо зголемување на активноста на корисници на онлајн казината од руска територија, кое достигнува и до 200%.

Во Украина, онлајн казината се забранети како закана за борбената ефикасност на војската,
и поради тоа на украинските војници им е оневозможено да играат преку услугата за сателитски податоци Старлинк. Сепак, таквите ограничувања не важат на руска територија.

The post Украинските војници во Курск масовно користат сателитски системи Старлинк за да играат онлајн казино appeared first on Република.

]]>

Украинските војници коишто учествуваат во инвазијата на рускиот регион Курск масовно играат во онлајн казина користејќи мобилен интернет од сателитските Старлинк. Американскиот институт за проучување на војната (ISV) известува дека по инвазијата на регионот Курск од страна на украинските вооружени сили, има големо зголемување на активноста на корисници на онлајн казината од руска територија, кое достигнува и до 200%. Во Украина, онлајн казината се забранети како закана за борбената ефикасност на војската, и поради тоа на украинските војници им е оневозможено да играат преку услугата за сателитски податоци Старлинк. Сепак, таквите ограничувања не важат на руска територија.

The post Украинските војници во Курск масовно користат сателитски системи Старлинк за да играат онлајн казино appeared first on Република.

]]>
Израел не дозволува сателитскиот систем „Старлинк“ на Илон Маск да се користи во Газа https://republika.mk/vesti/svet/izrael-ne-dozvoluva-satelitskiot-sistem-starlink-na-ilon-mask-da-se-koristi-vo-gaza/ Fri, 03 Nov 2023 18:48:12 +0000 https://republika.mk/?p=697917

Официјален Тел Авив соопшти дека нема да дозволи користење на сателитскиот комуникациски систем „Старлинк“ во Газа, откако милијардерот Илон Маск даде таков предлог, јави ДПА.

Маск порача дека сателитскиот комуникациски систем на неговата компанија „Спејс Икс“ може да помогне во обновувањето на комуникациската мрежа на Газа, која е целосно нарушена од израелските бомбардирања.

Хамас ќе го користи за терористички активности. Можеби Маск би сакал да го поврзе со ослободување на нашите киднапирани бебиња, синови, ќерки, постари лица, изјави израелскиот министер за комуникации Шломо Кархи во објава на платформата „X“.

Маск нагласи дека системот за сателитски комуникации ќе помогне да се обноват нарушените комуникации за меѓународно признатите хуманитарни организации кои работат во Газа, каде што комуникациите беа прекинати откако Израел ја прошири својата копнена офанзива.

The post Израел не дозволува сателитскиот систем „Старлинк“ на Илон Маск да се користи во Газа appeared first on Република.

]]>

Официјален Тел Авив соопшти дека нема да дозволи користење на сателитскиот комуникациски систем „Старлинк“ во Газа, откако милијардерот Илон Маск даде таков предлог, јави ДПА. Маск порача дека сателитскиот комуникациски систем на неговата компанија „Спејс Икс“ може да помогне во обновувањето на комуникациската мрежа на Газа, која е целосно нарушена од израелските бомбардирања.
Хамас ќе го користи за терористички активности. Можеби Маск би сакал да го поврзе со ослободување на нашите киднапирани бебиња, синови, ќерки, постари лица, изјави израелскиот министер за комуникации Шломо Кархи во објава на платформата „X“.
Маск нагласи дека системот за сателитски комуникации ќе помогне да се обноват нарушените комуникации за меѓународно признатите хуманитарни организации кои работат во Газа, каде што комуникациите беа прекинати откако Израел ја прошири својата копнена офанзива.

The post Израел не дозволува сателитскиот систем „Старлинк“ на Илон Маск да се користи во Газа appeared first on Република.

]]>
Маск тврди дека Старлинк може да ја врати комуникацијата со хуманитарните групи во Газа https://republika.mk/vesti/svet/mask-tvrdi-deka-starlink-mozhe-da-ja-vrati-komunikatsijata-so-humanitarnite-grupi-vo-gaza/ Sat, 28 Oct 2023 14:40:18 +0000 https://republika.mk/?p=695827

Технолошкиот милијардер Илон Маск вели дека сателитскиот комуникациски систем Старлинк на Спејс Икс може да помогне во обновувањето на комуникациите во Газа кои беа прекинати поради израелското бомбардирање.

Старлинк ќе го поддржи поврзувањето со меѓународно признаените хуманитарни организации во Газа, напиша Маск на неговата платформа X. Тој не откри други детали.

Маск ова го напиша како одговор на објавата на левичарската американска политичарка Александрија Окасио-Кортез, која рече дека прекинот на комуникацијата со луѓето во Газа е неприфатливо и ги става на ризик новинарите, медицинските работници, хуманитарните напори и цивилите.

Бројни меѓународни организации изгубија контакт со нивниот персонал и партнери во Газа, вклучувајќи ги Светската здравствена организација (СЗО), Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ), Програмата за развој на ОН (УНДП), Светската програма за храна на ОН (WFP), Спасете ги децата и Норвешкиот совет за бегалци (НРЦ).

Палестинската телекомуникациска компанија претходно соопшти дека сите комуникациски и интернет услуги се во прекин поради бомбардирањето на израелската војска.

Израелската војска вчера соопшти дека ги проширува своите копнени операции во Појасот Газа против исламистичката милитантна група Хамас.

Старлинк обезбедува брз сателитски интернет во оддалечените области.

Маск тврди дека Старлинк може да ја врати комуникацијата со хуманитарните групи во Газа

The post Маск тврди дека Старлинк може да ја врати комуникацијата со хуманитарните групи во Газа appeared first on Република.

]]>

Технолошкиот милијардер Илон Маск вели дека сателитскиот комуникациски систем Старлинк на Спејс Икс може да помогне во обновувањето на комуникациите во Газа кои беа прекинати поради израелското бомбардирање.
Старлинк ќе го поддржи поврзувањето со меѓународно признаените хуманитарни организации во Газа, напиша Маск на неговата платформа X. Тој не откри други детали.
Маск ова го напиша како одговор на објавата на левичарската американска политичарка Александрија Окасио-Кортез, која рече дека прекинот на комуникацијата со луѓето во Газа е неприфатливо и ги става на ризик новинарите, медицинските работници, хуманитарните напори и цивилите. Бројни меѓународни организации изгубија контакт со нивниот персонал и партнери во Газа, вклучувајќи ги Светската здравствена организација (СЗО), Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ), Програмата за развој на ОН (УНДП), Светската програма за храна на ОН (WFP), Спасете ги децата и Норвешкиот совет за бегалци (НРЦ). Палестинската телекомуникациска компанија претходно соопшти дека сите комуникациски и интернет услуги се во прекин поради бомбардирањето на израелската војска. Израелската војска вчера соопшти дека ги проширува своите копнени операции во Појасот Газа против исламистичката милитантна група Хамас. Старлинк обезбедува брз сателитски интернет во оддалечените области. Маск тврди дека Старлинк може да ја врати комуникацијата со хуманитарните групи во Газа

The post Маск тврди дека Старлинк може да ја врати комуникацијата со хуманитарните групи во Газа appeared first on Република.

]]>
Њујорк Тајмс: Маск не и дозволил на Украина пристап до „Старлинк“ во близина на Крим https://republika.mk/vesti/svet/nujork-tajms-mask-ne-i-dozvolil-na-ukraina-pristap-do-starlink-vo-blizina-na-krim/ Sun, 30 Jul 2023 11:22:05 +0000 https://republika.mk/?p=666893

Американскиот милијардер, Илон Маск, одбил да и даде на Украина пристап до мрежата „Старлинк“ во близина на Крим, пишува „Њујорк Тајмс“.

Според извори запознаени со ситуацијата, Маск неколку пати го ограничуваше пристапот до „Старлинк“ за време на конфликтот. Во еден момент, тој го одби барањето на украинската војска да го вклучи терминалот во близина на Крим, пишува њујоршкиот дневен весник.

Според „Њујорк Тајмс“, тоа влијаело на стратегијата на бојното поле.

Како што се наведува во весникот, Маск има „црвени линии“ кои не ги поминува, а меѓу нив е и потенцијален напад на Вооружените сили на Украина на Крим со помош на неговите технологии. Маск, исто така, го прекинал пристапот на украинската војска до некои од терминалите на „Старлинк“ поради неплаќање закуп од 2.500 долари месечно за секоја инсталација.

„Старлинк“ е сателитска мрежа дизајнирана да обезбеди широкопојасен интернет пристап насекаде во светот. Од 2018 година проектот го спроведува „Спејс екс“ во сопственост на Илон Маск.

The post Њујорк Тајмс: Маск не и дозволил на Украина пристап до „Старлинк“ во близина на Крим appeared first on Република.

]]>

Американскиот милијардер, Илон Маск, одбил да и даде на Украина пристап до мрежата „Старлинк“ во близина на Крим, пишува „Њујорк Тајмс“.
Според извори запознаени со ситуацијата, Маск неколку пати го ограничуваше пристапот до „Старлинк“ за време на конфликтот. Во еден момент, тој го одби барањето на украинската војска да го вклучи терминалот во близина на Крим, пишува њујоршкиот дневен весник.
Според „Њујорк Тајмс“, тоа влијаело на стратегијата на бојното поле. Како што се наведува во весникот, Маск има „црвени линии“ кои не ги поминува, а меѓу нив е и потенцијален напад на Вооружените сили на Украина на Крим со помош на неговите технологии. Маск, исто така, го прекинал пристапот на украинската војска до некои од терминалите на „Старлинк“ поради неплаќање закуп од 2.500 долари месечно за секоја инсталација. „Старлинк“ е сателитска мрежа дизајнирана да обезбеди широкопојасен интернет пристап насекаде во светот. Од 2018 година проектот го спроведува „Спејс екс“ во сопственост на Илон Маск.

The post Њујорк Тајмс: Маск не и дозволил на Украина пристап до „Старлинк“ во близина на Крим appeared first on Република.

]]>
Maск го активира сателитскиот интернет „Старлинк“ над Украина https://republika.mk/vesti/svet/mask-go-aktivira-satelitskiot-internet-starlink-nad-ukraina/ Sun, 27 Feb 2022 11:40:00 +0000 https://republika.mk/?p=464663

Милијардерот Илон Маск во саботата во објава на Твитер, одговори на повикот на украински функционер и напиша дека неговата групација „Спејс Икс“ ја активирала Интернет услугата на „Старлинк“ во Украина и дека неговата компанија испраќа опрема во земјата.

„Услугата „Старлинк“ сега е во функција. На пат се и други терминали“, објави на Твитер сопственикот на „Тесла“ и вселенската агенција „Спејс Икс“.

Десет часа претходно, украинскиот вицепремиер Михаил Федоров го повика милијардерот на социјалните мрежи да испрати станици на „Старлинк“ во Украина.

„Додека вие се обидувате да го колонизирате Марс, Русија се обидува да ја окупира Украина! Додека вашите ракети успешно слетуваат од вселената, руски ракети напаѓаат украински цивили! Ве повикуваме да испратите во Украина станици на „Старлинк“, напиша во саботата наутро украинскиот функционер задолжен за дигиталниот сектор.

Тој, исто така, го повика Илон Маск да го поттикне „здравиот дух на Русите“ за да се спротивстават на владата на Путин.

„Спејс Икс“ во петокот лансираше втора пратка од околу педесет сателити „Старлинк“ за да обезбеди интернет конекција за клиентите во светот.

The post Maск го активира сателитскиот интернет „Старлинк“ над Украина appeared first on Република.

]]>

Милијардерот Илон Маск во саботата во објава на Твитер, одговори на повикот на украински функционер и напиша дека неговата групација „Спејс Икс“ ја активирала Интернет услугата на „Старлинк“ во Украина и дека неговата компанија испраќа опрема во земјата. „Услугата „Старлинк“ сега е во функција. На пат се и други терминали“, објави на Твитер сопственикот на „Тесла“ и вселенската агенција „Спејс Икс“. Десет часа претходно, украинскиот вицепремиер Михаил Федоров го повика милијардерот на социјалните мрежи да испрати станици на „Старлинк“ во Украина.
„Додека вие се обидувате да го колонизирате Марс, Русија се обидува да ја окупира Украина! Додека вашите ракети успешно слетуваат од вселената, руски ракети напаѓаат украински цивили! Ве повикуваме да испратите во Украина станици на „Старлинк“, напиша во саботата наутро украинскиот функционер задолжен за дигиталниот сектор.
Тој, исто така, го повика Илон Маск да го поттикне „здравиот дух на Русите“ за да се спротивстават на владата на Путин. „Спејс Икс“ во петокот лансираше втора пратка од околу педесет сателити „Старлинк“ за да обезбеди интернет конекција за клиентите во светот.

The post Maск го активира сателитскиот интернет „Старлинк“ над Украина appeared first on Република.

]]>