станови Archives - Република https://republika.mk/tema/stanovi/ За подобро да се разбереме Mon, 14 Oct 2024 13:17:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png станови Archives - Република https://republika.mk/tema/stanovi/ 32 32 Им давала лажни клучеви од становите кои ги „издавала“: 22-годишна жена обвинета за измама https://republika.mk/vesti/crna-hronika/im-davala-lazhni-kluchevi-od-stanovite-koi-gi-izdavala-22-godishna-zhena-obvineta-za-izmama/ Mon, 14 Oct 2024 14:05:43 +0000 https://republika.mk/?p=826672

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 22-годишна жителка на Богданци која во периодот од 15 јули до 29 септември годинава измамила седум лица во Скопје, со намера за себе да прибави противправна имотна корист.

Кривичното дело – Измама согласно член 247 од Кривичниот законик обвинетата го сторила со лажно прикажување на факти дека ќе им изнајми сопствен стан во Скопје на оштетените и со тоа ги навела однапред да и исплатат во готово одреден паричен износ.

По претходно објавени огласи за изнајмување станови преку социјалната мрежа Фејсбук, секој од оштетените телефонски ja контактирал обвинетата и таа лажно им прикажала дека ќе им изнајми стан, барајќи да и исплатат пари како аванс пред да се вселат. По уплатата, на секој од оштетените им давала на рака клучеви како да се од изнајмените станови на различни локации во Скопје. Меѓутоа, клучевите не одговарале на становите што наводно им ги изнајмувала и во нив живееле други луѓе. На овој начин обвинетата од оштетените прибавила пари во вкупен износ од 74.200 денари, објаснува ОЈО.

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетата, која и беше определена поради опасност од бегство.

The post Им давала лажни клучеви од становите кои ги „издавала“: 22-годишна жена обвинета за измама appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 22-годишна жителка на Богданци која во периодот од 15 јули до 29 септември годинава измамила седум лица во Скопје, со намера за себе да прибави противправна имотна корист. Кривичното дело – Измама согласно член 247 од Кривичниот законик обвинетата го сторила со лажно прикажување на факти дека ќе им изнајми сопствен стан во Скопје на оштетените и со тоа ги навела однапред да и исплатат во готово одреден паричен износ.
По претходно објавени огласи за изнајмување станови преку социјалната мрежа Фејсбук, секој од оштетените телефонски ja контактирал обвинетата и таа лажно им прикажала дека ќе им изнајми стан, барајќи да и исплатат пари како аванс пред да се вселат. По уплатата, на секој од оштетените им давала на рака клучеви како да се од изнајмените станови на различни локации во Скопје. Меѓутоа, клучевите не одговарале на становите што наводно им ги изнајмувала и во нив живееле други луѓе. На овој начин обвинетата од оштетените прибавила пари во вкупен износ од 74.200 денари, објаснува ОЈО.
Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетата, која и беше определена поради опасност од бегство.

The post Им давала лажни клучеви од становите кои ги „издавала“: 22-годишна жена обвинета за измама appeared first on Република.

]]>
Најскапиот квадрат во Србија се продава во комплексот „Белград на вода“- 9.125 евра, најскапиот стан продаден за 955.000 евра https://republika.mk/vesti/balkan/najskapiot-kvadrat-vo-srbija-se-prodava-vo-kompleksot-belgrad-na-voda-9-125-evra-najskapiot-stan-prodaden-za-955-000-evra/ Fri, 04 Oct 2024 12:52:23 +0000 https://republika.mk/?p=822716

Во Србија според Републичкиот геодетски завод во вториот квартал годинава највисоки цени за станови се постигнати во Белград, каде што најскапиот квадрат е продаден по цена од 9.125 евра во комплексот „Белград на вода“, додека на истата локација најголема сума од 955.000 евра, издвоена е за стан со вкупна површина од 145 квадратни метри. Најскапата куќа е продадена во општина Савски Венац во Белград за 1,5 милиона евра, додека најскапото паркинг место е платено за 60.000 евра, јави дописникот на МИА од Белград.

Вредноста на прометот со недвижности во Србија во вториот квартал годинава изнесува 1,8 милијарди евра и е за 8,2 отсто поголем во однос на вториот квартал од 2023 година, соопшти Републичкиот геодетски завод и констатира дека бројот на продажби на недвижности е зголемен за 0,6 отсто и изнесува 30.837.

Од 1,8 милијарди евра, 446,4 милиони евра доаѓаат од делумно регулираниот пазар.

Најголемо учество во вкупниот промет на недвижен имот зазема продажбата на станови, 979,5 милиони евра, со учество од 56 отсто од вкупната вредност во тргувањето.

За куќи се издвоени 150,2 милиони евра, што е девет отсто од вкупната вредност, за градежно земјиште 147,2 милиони евра, осум отсто од вкупната вредност, за деловен простор 77 милиони евра, четири отсто и за земјоделско земјиште 52,5 милиони евра или три отсто од вкупната вредност.

Што се однесува до начинот на плаќање, 10 отсто од сите истргувани недвижности се финансирани преку кредити, што претставува зголемување за три процентни поени во однос на претходната година.

Кредитните средства најмногу се искористени за купување станови, при што 23 отсто од сите купувања се остварени на овој начин, што е забележително зголемување во однос на истиот период лани кога тој процент изнесуваше 16,5.

Бројот на купопродажни договори во вториот квартал е значително зголемен во однос на истиот период лани во Нови Сад за 22,5 отсто, во Крагуевац за 22,9 отсто и во Ниш за 15,6 отсто, додека благо намалување од 1,1 отсто е забележано во Белград.

Во овој период за станови во Белград се издвоени 555,6 милиони евра.

The post Најскапиот квадрат во Србија се продава во комплексот „Белград на вода“- 9.125 евра, најскапиот стан продаден за 955.000 евра appeared first on Република.

]]>

Во Србија според Републичкиот геодетски завод во вториот квартал годинава највисоки цени за станови се постигнати во Белград, каде што најскапиот квадрат е продаден по цена од 9.125 евра во комплексот „Белград на вода“, додека на истата локација најголема сума од 955.000 евра, издвоена е за стан со вкупна површина од 145 квадратни метри. Најскапата куќа е продадена во општина Савски Венац во Белград за 1,5 милиона евра, додека најскапото паркинг место е платено за 60.000 евра, јави дописникот на МИА од Белград. Вредноста на прометот со недвижности во Србија во вториот квартал годинава изнесува 1,8 милијарди евра и е за 8,2 отсто поголем во однос на вториот квартал од 2023 година, соопшти Републичкиот геодетски завод и констатира дека бројот на продажби на недвижности е зголемен за 0,6 отсто и изнесува 30.837. Од 1,8 милијарди евра, 446,4 милиони евра доаѓаат од делумно регулираниот пазар. Најголемо учество во вкупниот промет на недвижен имот зазема продажбата на станови, 979,5 милиони евра, со учество од 56 отсто од вкупната вредност во тргувањето. За куќи се издвоени 150,2 милиони евра, што е девет отсто од вкупната вредност, за градежно земјиште 147,2 милиони евра, осум отсто од вкупната вредност, за деловен простор 77 милиони евра, четири отсто и за земјоделско земјиште 52,5 милиони евра или три отсто од вкупната вредност. Што се однесува до начинот на плаќање, 10 отсто од сите истргувани недвижности се финансирани преку кредити, што претставува зголемување за три процентни поени во однос на претходната година. Кредитните средства најмногу се искористени за купување станови, при што 23 отсто од сите купувања се остварени на овој начин, што е забележително зголемување во однос на истиот период лани кога тој процент изнесуваше 16,5. Бројот на купопродажни договори во вториот квартал е значително зголемен во однос на истиот период лани во Нови Сад за 22,5 отсто, во Крагуевац за 22,9 отсто и во Ниш за 15,6 отсто, додека благо намалување од 1,1 отсто е забележано во Белград. Во овој период за станови во Белград се издвоени 555,6 милиони евра.

The post Најскапиот квадрат во Србија се продава во комплексот „Белград на вода“- 9.125 евра, најскапиот стан продаден за 955.000 евра appeared first on Република.

]]>
Хрватска со закон ќе забрани издавање станови на еден ден https://republika.mk/vesti/balkan/hrvatska-so-zakon-ke-zabrani-izdavane-stanovi-na-eden-den/ Mon, 23 Sep 2024 09:24:45 +0000 https://republika.mk/?p=818924

Хрватскиот Сабор в четврток ќе расправа за предлог-законот за управување и одржување на згради, кој предизвика голем интерес во јавноста, а со кој има намера да се ограничи пренамена на станови во туристички апартмани и други форми на краткорочно изнајмување.

На сопствениците кои сакаат да ги пренаменат становите во иднина ќе им треба согласност од 80 отсто од косопствениците на зградата.

Според податоците од надлежните институции, 40 отсто од вкупниот станбен фонд во Хрватска не се користи за домување. Целта е тие околу 908.000 станови да се вратат во првобитната намена, нагласи ресорниот министер Бранко Бачиќ.

Казни се пропишани за сопствениците на станови кои самоволно затвораат балкони, градат настрешници или поставуваат клима уреди на фасадата.

The post Хрватска со закон ќе забрани издавање станови на еден ден appeared first on Република.

]]>

Хрватскиот Сабор в четврток ќе расправа за предлог-законот за управување и одржување на згради, кој предизвика голем интерес во јавноста, а со кој има намера да се ограничи пренамена на станови во туристички апартмани и други форми на краткорочно изнајмување. На сопствениците кои сакаат да ги пренаменат становите во иднина ќе им треба согласност од 80 отсто од косопствениците на зградата. Според податоците од надлежните институции, 40 отсто од вкупниот станбен фонд во Хрватска не се користи за домување. Целта е тие околу 908.000 станови да се вратат во првобитната намена, нагласи ресорниот министер Бранко Бачиќ. Казни се пропишани за сопствениците на станови кои самоволно затвораат балкони, градат настрешници или поставуваат клима уреди на фасадата.  

The post Хрватска со закон ќе забрани издавање станови на еден ден appeared first on Република.

]]>
Грција ќе забрани нови дозволи за изнајмувања на станови во центарот на Атина https://republika.mk/vesti/balkan/grtsija-ke-zabrani-novi-dozvoli-za-iznajmuvana-na-stanovi-vo-tsentarot-na-atina/ Mon, 16 Sep 2024 21:05:51 +0000 https://republika.mk/?p=816925

Забраната за издавање нови дозволи за краткорочно изнајмување во три квартови во строгиот центар на Атина ќе остане на сила најмалку една година, објави денеска грчката влада, истовремено зголемувајќи го данокот за изнајмување на такво сместување за одмор.

Како и многу други европски туристички дестинации, Грција се бори да ја балансира профитабилната индустрија управувана од онлајн платформите како што е Airbnb со потребите на локалните жители кои се соочуваат со недостиг на станови.

Недостигот на станови и зголемените трошоци за живот ги натераа властите да објават одлука овој месец за зголемување на даноците за краткорочни изнајмувања, забрана на нови дозволи во центарот на Атина и охрабрување на сопствениците на имот да се префрлат на долгорочни изнајмувања.

Грчката министерка за туризам Олга Кефалојани денеска најави дека забраната за ново краткорочно изнајмување во Атина ќе стапи на сила од 1 јануари 2025 година.

Дневниот данок на краткорочни изнајмувања и помага на земјата да се справи со влијанието на природните катастрофи поврзани со климатските промени. Во периодот од април до октомври ќе се зголеми од 1,5 на 8 евра, изјави министерот за финансии. Во зимските месеци данокот ќе се зголеми од 0,5 на 2 евра.

Министерот Кефалојани рече дека Грција годинава од туризмот очекува приход од 22 милијарди евра, што е уште еден рекорд. Таа во борбата против масовниот туризам најави уште една мерка – такса во висина од 20 евра за посетителите од бродовите за крстарење кои во екот на летната сезона ги посетуваат островите Санторини и Миконос, а ќе стапи на сила следната година.

The post Грција ќе забрани нови дозволи за изнајмувања на станови во центарот на Атина appeared first on Република.

]]>

Забраната за издавање нови дозволи за краткорочно изнајмување во три квартови во строгиот центар на Атина ќе остане на сила најмалку една година, објави денеска грчката влада, истовремено зголемувајќи го данокот за изнајмување на такво сместување за одмор. Како и многу други европски туристички дестинации, Грција се бори да ја балансира профитабилната индустрија управувана од онлајн платформите како што е Airbnb со потребите на локалните жители кои се соочуваат со недостиг на станови. Недостигот на станови и зголемените трошоци за живот ги натераа властите да објават одлука овој месец за зголемување на даноците за краткорочни изнајмувања, забрана на нови дозволи во центарот на Атина и охрабрување на сопствениците на имот да се префрлат на долгорочни изнајмувања. Грчката министерка за туризам Олга Кефалојани денеска најави дека забраната за ново краткорочно изнајмување во Атина ќе стапи на сила од 1 јануари 2025 година. Дневниот данок на краткорочни изнајмувања и помага на земјата да се справи со влијанието на природните катастрофи поврзани со климатските промени. Во периодот од април до октомври ќе се зголеми од 1,5 на 8 евра, изјави министерот за финансии. Во зимските месеци данокот ќе се зголеми од 0,5 на 2 евра. Министерот Кефалојани рече дека Грција годинава од туризмот очекува приход од 22 милијарди евра, што е уште еден рекорд. Таа во борбата против масовниот туризам најави уште една мерка – такса во висина од 20 евра за посетителите од бродовите за крстарење кои во екот на летната сезона ги посетуваат островите Санторини и Миконос, а ќе стапи на сила следната година.  

The post Грција ќе забрани нови дозволи за изнајмувања на станови во центарот на Атина appeared first on Република.

]]>
Граѓаните најмногу се задолжуваат за купување автомобили и станови https://republika.mk/vesti/ekonomija/graganite-najmnogu-se-zadolzhuvaat-za-kupuvane-avtomobili-i-stanovi/ Fri, 19 Jul 2024 10:46:22 +0000 https://republika.mk/?p=798418

Во јуни е забележен е годишен раст од 7,2% на вкупните депозити и раст  од 6,4% на вкупната кредитна поддршка, покажуваат податоците на Народна банка.

Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити се зголемени за 7,2%, како резултат на зголемените депозити на двата сектора, со значително поголем придонес на секторот домаќинства.

– Во јуни, вкупните депозити забележаа месечно зголемување од 0,4%, што во целост се должи на повисоките депозити на корпоративниот сектор – велат од НБ.

На годишна основа, вкупните кредити бележат раст од 6,4%, што произлегува од растот на кредитите на двата сектора, со поизразен придонес на кредитите на секторот домаќинства.

Кај кредитите на домаќинствата, во јуни e забележано месечно и годишно зголемување од 1,0% и 7,1%, коешто во поголем дел се должи на зголеменото кредитирање во денари, при раст и на кредитите во странска валута.

Од податоците се гледа дека граѓаните најмногу се задолжуваат за купување автомобили и станови. Во јуни автомобилските кредити се зголемија за 7,5% на месечно ниво, додека годишниот раст изнесува 25,3%, додека потрошувачките и станбените кредити бележат месечен раст од 0,8% и 0,9%, при годишен раст од 5,8% и 10,2%.

Кредитите одобрени на кредитни картички се пониски на месечна и на годишна основа за 0,3% и 8,0%,

Овој месец, негативните салда на тековните сметки бележат месечен и годишен раст од 5,7% и 7,9%, соодветно, додека кредитите одобрени по други основи, во јуни, се пониски за 2,0% на месечно ниво и 18,8%, на годишно ниво.

The post Граѓаните најмногу се задолжуваат за купување автомобили и станови appeared first on Република.

]]>

Во јуни е забележен е годишен раст од 7,2% на вкупните депозити и раст  од 6,4% на вкупната кредитна поддршка, покажуваат податоците на Народна банка. Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити се зголемени за 7,2%, како резултат на зголемените депозити на двата сектора, со значително поголем придонес на секторот домаќинства. – Во јуни, вкупните депозити забележаа месечно зголемување од 0,4%, што во целост се должи на повисоките депозити на корпоративниот сектор – велат од НБ. На годишна основа, вкупните кредити бележат раст од 6,4%, што произлегува од растот на кредитите на двата сектора, со поизразен придонес на кредитите на секторот домаќинства. Кај кредитите на домаќинствата, во јуни e забележано месечно и годишно зголемување од 1,0% и 7,1%, коешто во поголем дел се должи на зголеменото кредитирање во денари, при раст и на кредитите во странска валута. Од податоците се гледа дека граѓаните најмногу се задолжуваат за купување автомобили и станови. Во јуни автомобилските кредити се зголемија за 7,5% на месечно ниво, додека годишниот раст изнесува 25,3%, додека потрошувачките и станбените кредити бележат месечен раст од 0,8% и 0,9%, при годишен раст од 5,8% и 10,2%. Кредитите одобрени на кредитни картички се пониски на месечна и на годишна основа за 0,3% и 8,0%, Овој месец, негативните салда на тековните сметки бележат месечен и годишен раст од 5,7% и 7,9%, соодветно, додека кредитите одобрени по други основи, во јуни, се пониски за 2,0% на месечно ниво и 18,8%, на годишно ниво.

The post Граѓаните најмногу се задолжуваат за купување автомобили и станови appeared first on Република.

]]>
Зголемени цените на становите во вториот квартал од годинава https://republika.mk/vesti/ekonomija/zgolemeni-tsenite-na-stanovite-vo-vtoriot-kvartal-od-godinava/ Wed, 10 Jul 2024 08:21:51 +0000 https://republika.mk/?p=795197

Цените на становите во Скопје во вториот квартал од годинава поскапеле за 11,5 проценти на годишно ниво, а поскапување од 8,2 проценти се бележи и во однос на претходниот квартал, покажува Индексот на цени на станови на Народната банка.

Во првиот квартал од годинава, цените бележеа поскапување од 4,7 проценти на годишно ниво и пад од 0,8 проценти што беше прво минимално квартално намалување по подолг период откако последен пат имаше пад од еден процент во третиот квартал од 2020 година.

Според податоците од Народната банка, во последното тримесечје од 2023 година становите поскапеа за еден процент во однос на третото тримесечје, а на годишно ниво за 6,9 проценти. Во првиот квартал лани цените на становите биле зголемени за 18,9 проценти на годишно ниво, односно за 1,4 проценти на квартално ниво. Во второто тримесечје имало зголемување од 13 проценти на годишно ниво и 1,6 проценти на квартално ниво, а во третото тримесечје за 11 проценти на годишно ниво и за 2,9 проценти на месечно ниво. Во четвртиот квартал зголемувањето било 6,9 проценти на годишно и еден процент на квартално ниво.

Индексот на цените на становите е направен врз основа на податоците што се однесуваат на огласени станови за продажба на територија на град Скопје.

The post Зголемени цените на становите во вториот квартал од годинава appeared first on Република.

]]>

Цените на становите во Скопје во вториот квартал од годинава поскапеле за 11,5 проценти на годишно ниво, а поскапување од 8,2 проценти се бележи и во однос на претходниот квартал, покажува Индексот на цени на станови на Народната банка. Во првиот квартал од годинава, цените бележеа поскапување од 4,7 проценти на годишно ниво и пад од 0,8 проценти што беше прво минимално квартално намалување по подолг период откако последен пат имаше пад од еден процент во третиот квартал од 2020 година. Според податоците од Народната банка, во последното тримесечје од 2023 година становите поскапеа за еден процент во однос на третото тримесечје, а на годишно ниво за 6,9 проценти. Во првиот квартал лани цените на становите биле зголемени за 18,9 проценти на годишно ниво, односно за 1,4 проценти на квартално ниво. Во второто тримесечје имало зголемување од 13 проценти на годишно ниво и 1,6 проценти на квартално ниво, а во третото тримесечје за 11 проценти на годишно ниво и за 2,9 проценти на месечно ниво. Во четвртиот квартал зголемувањето било 6,9 проценти на годишно и еден процент на квартално ниво. Индексот на цените на становите е направен врз основа на податоците што се однесуваат на огласени станови за продажба на територија на град Скопје.

The post Зголемени цените на становите во вториот квартал од годинава appeared first on Република.

]]>
Становите во Скопје поскапеле за 4,7 отсто, сега градители се практично трговци поединци кои еднократно инвестираат во недвижности https://republika.mk/vesti/ekonomija/stanovite-vo-skopje-poskapele-za-4-7-otsto-sega-graditeli-se-praktichno-trgovtsi-poedintsi-koi-ednokratno-investiraat-vo-nedvizhnosti/ Sat, 06 Apr 2024 18:28:23 +0000 https://republika.mk/?p=763174

Цените на становите во Скопје во првиот квартал годинава поскапеле за 4,7 отсто на годишнo ниво, а бележат пад од 0,8 проценти  во однос на претходниот квартал, покажува Индексот на цените на станови на Народната банка. Ова е прво минимално квартално намалување на цените на становите по долг период, откако последен пат имаше пад од еден процент во третиот квартал од 2020 година.

Според податоците на Народната банка, во последното тримесечје од 2023 година становите поскапеа за еден процент во однос на третото тримесечје, а на годишно ниво за седум проценти. Во првиот квартал лани цените на становите  се зголемија за 18,8 проценти на годишно ниво, односно од 1,3 отсто на квартално ниво, во второто тримесечие од 1,6 отсто, односно од 12,9 отсто, а во третиот квартал од 2,9 проценти, односно од 11 проценти.

Никола Велковски од Здружението за градежништво при Стопанската комора, смета дека цените на становите кои подолг период бележaт постојан раст не се реални, но се очекувани.

Велковски во изјава за МИА, укажува дека е намален бројот на  интересни профитабилни градежни парцели во поинтересниот дел од градската средина и оти нивната цена расте. Според него, добрата работа е што добар дел од инвеститорите почнаа да градат на периферијата на градот, што е за поздравување, но како што укажува тоа треба да го следи соодветна инфраструктура.

Велковски појаснува дека сега најмалку има градежни фирми екипирани со инеженерски и работнички кадар што тоа им е основна дејност на работење. Сега градители се практично трговци поединци кои еднократно инвестираат, имаат свои пари и ги инвестираат во недвижности и градежништво затоа што тука сега е конјуктурно и профитабилно. Тие единствено го гледаат профитот, па може да биде еднократно да градат една, две, пет згради, но водилка е исклучиво профитот.

Мене не ме лути толку тоа, туку тоа што ние како инженерска фела, како урбанисти им влегуваме во нивната шема на креирање и планирање на просторот. Треба практично да го релаксираме посторот, не мора да се гради секаде затоа што сега најмногу каде се гради по порачка за измена и дополна на урбанистичките планови со самофинансирање. Врз основа на тие инцијативи што ги покренуваат баш овие градители што им се интересни урбанистичките и градежните парцели, потоа се прилагодува кон нивните барања – да стават повеќе објекти во еден блок, повисоко, пониско, па нема ниту осончување, ниту проветрување, а ним им е важно да има кандидатура и износот на профитот на продажбата, вели Велковски за МИА.

Велковски дополнува дека поголемиот проблем е што сега трговците инвеститори со станови немаат свои локации и се обраќаат кај сопствениците на земјиште на кое е предвидено да се гради, кои пак, ги покачија условите и цената.

Порано имаше два модела за договор со инвеститорот, да го откупат земјиштето или да се договорат за заедничка градба со соинвеститороство. Кога сопствениците видоа дека градителите ги покачија цените на становите сега и тие ги зголемија нивните  услови Ако порано за заедничка градба се бараше 20, 25, 27, максимум 30 проценти од земјиштето, сега отиде и до 40 проценти од земјиштето, што  не е ниту легитимно, легално и логично. Но, затоа што овие сакаат да градат сега овие другите ги  зголемуваат условите и потоа се зголемува цената. На крај мене ме чуди која е уште таа категорија која може да поднесе таква цена на станови, а во Скопје сега веќе има 70.000 до 80.000 празни станови, вели Велковски.

Тој појаснува дека ако се оди со моделот со откуп на катастарска парцела во склоп на градежната парцела, тогаш се наоѓаат пари во готовина, имаат веројатно некоја „слободна пара“ која тука се легализира преку откуп на земјиште.

Замката во целата работа е што сега е намален бројот на интересни профитабилни градежни парцели во поинтересниот дел од градската средина и нивната цена сега скока. Добрата  работа што ми се допаѓа е што добар дел од инвеститорите почнаа да бегаат по периферијата на градот,  во Ѓорче Петров, Волково, Идризово, Петровец,.. што е добро за градот кој треба да се шири, вели Велковски.

Но, како што потенцира Велковски, тој дел треба да го следи соодветна инфраструктура, покрај патишта и училишта, градинки, места за рекреација и спорт.

Сега се гради на многу места, но нема ниту градинки, ниту училишта, зеленило, места за спорт и рекреација…  Станот не е само место за спиење, треба да се обезбедат сите услови, посочува Велковски.

Тој укажува дека во формирањето на цената на становите прва е цената на чинење на градежната парцела. Ако порано беше 250 до 300 евра по метар квадратен, Велковски вели дека сега по метар квадратен цената за откуп на земјиштето достигнува и по 1000 евра.

Согласно квадратурата на градбата, односно колку квадрати се градат се формира цената на градежната парцела. Потоа доаѓаат комуналиите кои не се многу зголемени, изнесуваат од 80 до 120, 130 евра по метар квадратен, па учеството на градежните материјали и работната рака.  Зголемената цена воопшто не е одраз на цената на градежните материјали кои се поскапени 20 до 30 проценти. Има учество и  недостатокот на работна рака, не е толку работата  во платата на луѓето, туку во квалитетот на тие кои сега градат бидејќи нема веќе стручни мајстори и тоа е голем проблем. Државата мора да се сврти кон продукција на таков профил на кадар  – занаетчии во сите професии. Треба да се стимулираат децата  да се запишуваат на такво школовување. Иако се работи повеќе, повеќе и се заработува, вели Велковски.

The post Становите во Скопје поскапеле за 4,7 отсто, сега градители се практично трговци поединци кои еднократно инвестираат во недвижности appeared first on Република.

]]>

Цените на становите во Скопје во првиот квартал годинава поскапеле за 4,7 отсто на годишнo ниво, а бележат пад од 0,8 проценти  во однос на претходниот квартал, покажува Индексот на цените на станови на Народната банка. Ова е прво минимално квартално намалување на цените на становите по долг период, откако последен пат имаше пад од еден процент во третиот квартал од 2020 година. Според податоците на Народната банка, во последното тримесечје од 2023 година становите поскапеа за еден процент во однос на третото тримесечје, а на годишно ниво за седум проценти. Во првиот квартал лани цените на становите  се зголемија за 18,8 проценти на годишно ниво, односно од 1,3 отсто на квартално ниво, во второто тримесечие од 1,6 отсто, односно од 12,9 отсто, а во третиот квартал од 2,9 проценти, односно од 11 проценти. Никола Велковски од Здружението за градежништво при Стопанската комора, смета дека цените на становите кои подолг период бележaт постојан раст не се реални, но се очекувани. Велковски во изјава за МИА, укажува дека е намален бројот на  интересни профитабилни градежни парцели во поинтересниот дел од градската средина и оти нивната цена расте. Според него, добрата работа е што добар дел од инвеститорите почнаа да градат на периферијата на градот, што е за поздравување, но како што укажува тоа треба да го следи соодветна инфраструктура. Велковски појаснува дека сега најмалку има градежни фирми екипирани со инеженерски и работнички кадар што тоа им е основна дејност на работење. Сега градители се практично трговци поединци кои еднократно инвестираат, имаат свои пари и ги инвестираат во недвижности и градежништво затоа што тука сега е конјуктурно и профитабилно. Тие единствено го гледаат профитот, па може да биде еднократно да градат една, две, пет згради, но водилка е исклучиво профитот.
Мене не ме лути толку тоа, туку тоа што ние како инженерска фела, како урбанисти им влегуваме во нивната шема на креирање и планирање на просторот. Треба практично да го релаксираме посторот, не мора да се гради секаде затоа што сега најмногу каде се гради по порачка за измена и дополна на урбанистичките планови со самофинансирање. Врз основа на тие инцијативи што ги покренуваат баш овие градители што им се интересни урбанистичките и градежните парцели, потоа се прилагодува кон нивните барања – да стават повеќе објекти во еден блок, повисоко, пониско, па нема ниту осончување, ниту проветрување, а ним им е важно да има кандидатура и износот на профитот на продажбата, вели Велковски за МИА.
Велковски дополнува дека поголемиот проблем е што сега трговците инвеститори со станови немаат свои локации и се обраќаат кај сопствениците на земјиште на кое е предвидено да се гради, кои пак, ги покачија условите и цената.
Порано имаше два модела за договор со инвеститорот, да го откупат земјиштето или да се договорат за заедничка градба со соинвеститороство. Кога сопствениците видоа дека градителите ги покачија цените на становите сега и тие ги зголемија нивните  услови Ако порано за заедничка градба се бараше 20, 25, 27, максимум 30 проценти од земјиштето, сега отиде и до 40 проценти од земјиштето, што  не е ниту легитимно, легално и логично. Но, затоа што овие сакаат да градат сега овие другите ги  зголемуваат условите и потоа се зголемува цената. На крај мене ме чуди која е уште таа категорија која може да поднесе таква цена на станови, а во Скопје сега веќе има 70.000 до 80.000 празни станови, вели Велковски.
Тој појаснува дека ако се оди со моделот со откуп на катастарска парцела во склоп на градежната парцела, тогаш се наоѓаат пари во готовина, имаат веројатно некоја „слободна пара“ која тука се легализира преку откуп на земјиште.
Замката во целата работа е што сега е намален бројот на интересни профитабилни градежни парцели во поинтересниот дел од градската средина и нивната цена сега скока. Добрата  работа што ми се допаѓа е што добар дел од инвеститорите почнаа да бегаат по периферијата на градот,  во Ѓорче Петров, Волково, Идризово, Петровец,.. што е добро за градот кој треба да се шири, вели Велковски.
Но, како што потенцира Велковски, тој дел треба да го следи соодветна инфраструктура, покрај патишта и училишта, градинки, места за рекреација и спорт.
Сега се гради на многу места, но нема ниту градинки, ниту училишта, зеленило, места за спорт и рекреација…  Станот не е само место за спиење, треба да се обезбедат сите услови, посочува Велковски.
Тој укажува дека во формирањето на цената на становите прва е цената на чинење на градежната парцела. Ако порано беше 250 до 300 евра по метар квадратен, Велковски вели дека сега по метар квадратен цената за откуп на земјиштето достигнува и по 1000 евра.
Согласно квадратурата на градбата, односно колку квадрати се градат се формира цената на градежната парцела. Потоа доаѓаат комуналиите кои не се многу зголемени, изнесуваат од 80 до 120, 130 евра по метар квадратен, па учеството на градежните материјали и работната рака.  Зголемената цена воопшто не е одраз на цената на градежните материјали кои се поскапени 20 до 30 проценти. Има учество и  недостатокот на работна рака, не е толку работата  во платата на луѓето, туку во квалитетот на тие кои сега градат бидејќи нема веќе стручни мајстори и тоа е голем проблем. Државата мора да се сврти кон продукција на таков профил на кадар  – занаетчии во сите професии. Треба да се стимулираат децата  да се запишуваат на такво школовување. Иако се работи повеќе, повеќе и се заработува, вели Велковски.

The post Становите во Скопје поскапеле за 4,7 отсто, сега градители се практично трговци поединци кои еднократно инвестираат во недвижности appeared first on Република.

]]>
Квадратот во Скопје надмина 2.000 евра https://republika.mk/vesti/skopje/kvadratot-vo-skopje-nadmina-2-000-evra/ Mon, 19 Feb 2024 09:33:09 +0000 https://republika.mk/?p=745604

Становите во Скопје никогаш не биле поскапи.Стан од педесетина  квадрати се продава и за 115 илјади евра.Оние од над осумдесет квадрати одат и до  160.000 евра. Новите згради во центарот имаат цена и до 2.700 евра за квадрат.

Oд Агенциите за недвижности велат дека високите цени во населбите како Карпош, Центар, Аеродром и Кисела Вода ги покачија цените и во т.н поевтини населби како Ѓорче Петров и Автокоманда, но и таму не може да се најде недвижнина под 1000 евра.

The post Квадратот во Скопје надмина 2.000 евра appeared first on Република.

]]>

Становите во Скопје никогаш не биле поскапи.Стан од педесетина  квадрати се продава и за 115 илјади евра.Оние од над осумдесет квадрати одат и до  160.000 евра. Новите згради во центарот имаат цена и до 2.700 евра за квадрат. Oд Агенциите за недвижности велат дека високите цени во населбите како Карпош, Центар, Аеродром и Кисела Вода ги покачија цените и во т.н поевтини населби како Ѓорче Петров и Автокоманда, но и таму не може да се најде недвижнина под 1000 евра.

The post Квадратот во Скопје надмина 2.000 евра appeared first on Република.

]]>
Новите станови во Германија ем помалку се градат ем се изгор скапи https://republika.mk/vesti/svet/novite-stanovi-vo-germanija-em-pomalku-se-gradat-em-se-izgor-skapi/ Mon, 16 Oct 2023 10:24:41 +0000 https://republika.mk/?p=691655

Во написот под наслов „За актуелната состојба во изградбата на станови“ се наведува дека една од главните причини за кризата е зголемувањето на каматните стапки од страна на Европската централна банка (ЕЦБ), што ги зголемило трошоците за изградба.

Поскапувањето на енергенсите и недостигот на материјали дополнително ги зголемиле вкупните цени на градежните работи, а се повеќе се зборува за недостиг на нарачки. Германската станбена индустрија цветаше пред почетокот на пандемијата поради ниските каматни стапки и акутната потреба за домување во големите германски метрополи.

Неколку години подоцна, бројот на дозволи за изградба на нови станбени единици во првата половина на 2023 година падна за 27,2 отсто во однос на истиот период лани, а индексот на деловното расположение во оваа гранка од индустријата падна на -54,8 поени. во септември.што е најниско од почетокот на мерењето.

„Многу проекти веќе не се економски исплатливи поради високите каматни стапки и зголемените трошоци за изградба. Доколку сега не се започне со изградба на станови, тие ќе исчезнат од пазарот за две години“, коментира шефот на истражувањето на IFO, Клаус Волрабе.

Проектите за домување се одложуваат, откажуваат или дури пропаѓаат во фазата на планирање. На краток рок нема подобрување, а на среден рок особено е важно како ќе се развиваат референтните каматни стапки, се заклучува во анализата.

The post Новите станови во Германија ем помалку се градат ем се изгор скапи appeared first on Република.

]]>

Во написот под наслов „За актуелната состојба во изградбата на станови“ се наведува дека една од главните причини за кризата е зголемувањето на каматните стапки од страна на Европската централна банка (ЕЦБ), што ги зголемило трошоците за изградба. Поскапувањето на енергенсите и недостигот на материјали дополнително ги зголемиле вкупните цени на градежните работи, а се повеќе се зборува за недостиг на нарачки. Германската станбена индустрија цветаше пред почетокот на пандемијата поради ниските каматни стапки и акутната потреба за домување во големите германски метрополи. Неколку години подоцна, бројот на дозволи за изградба на нови станбени единици во првата половина на 2023 година падна за 27,2 отсто во однос на истиот период лани, а индексот на деловното расположение во оваа гранка од индустријата падна на -54,8 поени. во септември.што е најниско од почетокот на мерењето.
„Многу проекти веќе не се економски исплатливи поради високите каматни стапки и зголемените трошоци за изградба. Доколку сега не се започне со изградба на станови, тие ќе исчезнат од пазарот за две години“, коментира шефот на истражувањето на IFO, Клаус Волрабе.
Проектите за домување се одложуваат, откажуваат или дури пропаѓаат во фазата на планирање. На краток рок нема подобрување, а на среден рок особено е важно како ќе се развиваат референтните каматни стапки, се заклучува во анализата.

The post Новите станови во Германија ем помалку се градат ем се изгор скапи appeared first on Република.

]]>
Цените на становите во Скопје со раст од 11 проценти во третиот квартал https://republika.mk/vesti/ekonomija/tsenite-na-stanovite-vo-skopje-so-rast-od-11-protsenti-vo-tretiot-kvartal/ Thu, 05 Oct 2023 13:40:09 +0000 https://republika.mk/?p=688243

Цените на становите во Скопје во третиот квартал годинава бележат раст од 2,9 проценти во однос на претходниот квартал, а на годишно ниво од 11 проценти, објави денеска Народната банка.

Во првиот квартал годинава цените на становите забалежаа раст од 18,8 проценти на годишно ниво, односно од 1,3 отсто на квартално ниво, а во второто тримесечие од 1,6 отсто, односно од 12,9 отсто.

Во првиот квартал лани недвижностите поскапеа за 12,4 отсто на годишно ниво, по што следеше раст, од 16,6 отсто во вториот квартал, од 21,2 отсто во третиот и од 20,6 проценти во четвртиот квартал.

Претседателката на Групацијата за недвижности при Стопанската комора на Македонија Лилјана Ковачева, преходно во изјава за МИА оцени дека кај цените на недвижностите во последните месеци се бележи стабилизација и ќе нема промени подолг период.

На крајот на минатата година по завршувањето на Ковид кризата на пазарот на недвижности значително се зголеми побарувањето. Истовремено, како резултат на воениот судир во Украина и енергетската криза значително се зголемија цените на градежите материјали, што доведе до зголемување на цените на новите градби, а зголемената побарувачка на пазарот доведе до тоа зголемените цени пазарно да се прифатат. Сепак, според мое мислење, продавачите ги зголемија цените повеќе од што пазарот може да прифати и поради тоа, по првото тримесечје настана извесен застој со мала корекција на цените во правец на нивно намалување. Според мене, она што се случува во последните неколку месеци е всушност стабилизација на цените на одредено ниво и престанок на растот што беше забележлив пред тоа и моето мислење е дака подолг период во иднина нема да има промени во цените - изјави Ковачева.

Народната банка го подготвува индексот на цените на становите за територијата на Скопје, врз основа на податоци кои се однесуваат на огласите за продажба објавени од агенциите коишто се занимаваат со промет со недвижности.

The post Цените на становите во Скопје со раст од 11 проценти во третиот квартал appeared first on Република.

]]>

Цените на становите во Скопје во третиот квартал годинава бележат раст од 2,9 проценти во однос на претходниот квартал, а на годишно ниво од 11 проценти, објави денеска Народната банка. Во првиот квартал годинава цените на становите забалежаа раст од 18,8 проценти на годишно ниво, односно од 1,3 отсто на квартално ниво, а во второто тримесечие од 1,6 отсто, односно од 12,9 отсто. Во првиот квартал лани недвижностите поскапеа за 12,4 отсто на годишно ниво, по што следеше раст, од 16,6 отсто во вториот квартал, од 21,2 отсто во третиот и од 20,6 проценти во четвртиот квартал. Претседателката на Групацијата за недвижности при Стопанската комора на Македонија Лилјана Ковачева, преходно во изјава за МИА оцени дека кај цените на недвижностите во последните месеци се бележи стабилизација и ќе нема промени подолг период.
На крајот на минатата година по завршувањето на Ковид кризата на пазарот на недвижности значително се зголеми побарувањето. Истовремено, како резултат на воениот судир во Украина и енергетската криза значително се зголемија цените на градежите материјали, што доведе до зголемување на цените на новите градби, а зголемената побарувачка на пазарот доведе до тоа зголемените цени пазарно да се прифатат. Сепак, според мое мислење, продавачите ги зголемија цените повеќе од што пазарот може да прифати и поради тоа, по првото тримесечје настана извесен застој со мала корекција на цените во правец на нивно намалување. Според мене, она што се случува во последните неколку месеци е всушност стабилизација на цените на одредено ниво и престанок на растот што беше забележлив пред тоа и моето мислење е дака подолг период во иднина нема да има промени во цените - изјави Ковачева.
Народната банка го подготвува индексот на цените на становите за територијата на Скопје, врз основа на податоци кои се однесуваат на огласите за продажба објавени од агенциите коишто се занимаваат со промет со недвижности.

The post Цените на становите во Скопје со раст од 11 проценти во третиот квартал appeared first on Република.

]]>
Кириите растат: Голема понуда и солидна побарувачка на пазарот на недвижности https://republika.mk/vesti/ekonomija/kiriite-rastat-golema-ponuda-i-solidna-pobaruvachka-na-pazarot-na-nedvizhnosti/ Sun, 24 Sep 2023 07:37:05 +0000 https://republika.mk/?p=684580

Солидна побарувачка, голема понуда и добар промет, регистрира пазарот на недвижности во државава. Кај закупите има мал раст на побарувачката, со делумно поскапување како резултат на зголемените трошоци на живот. Кај цените на недвижностите, пак, не се очекуваат поголеми промени во наредниот период.

Состојбата на пазарот на недвижности во државава е променлива, но сепак добра. Има солидно побарување и голема понуда и добар промет. Побарувачката на станови под закуп е добра и особено активна во овие месеци кои се традицинално месеци во кои станови под закуп бараат студентите. Во однос на минатата година има мал пораст на побарувачката, но не преголем, оценува за МИА претседателката на Групацијата за недвижности при Стопанската комора на Македонија Лилјана Ковачева.

Таа вели дека цените на закупите во Скопје делумно пораснале, како резултат, пред се, на инфлацијата.

Делумниот пораст на цените на закупите во главниот град  се однесува на сите типови на недвижности. Тоа е резултат, пред се, на инфлацијата и се повисоките трошоци за живот и очекувањата на закуподавачите. Но, и побарувањето е делумно зголемено и закупците ги прифатија зголемените цени на закупнините, вели Ковачева.

Таа дополнува дека е многу тешко да се извадат просечни цени бидејќи кај становите има голем распон на закупнини во зависност од опременоста, локацијата, квалитетот на станот, зградата во која се наоѓа станот како и повеќе други фактори.

Според Ковачева, и закупите на деловните простори имаат одреден пораст.

Како што вели, побарувувачката е добра особено за висококвалитетните административни деловни простори. Во однос на изложбено-продажните простори и индустриските капацитети не се чувствува зголемување на побарувачката, па за овој тип на деловни простори нема големи промени во закупнините.

Во Регистарот на цени и закупнини на Агенцијата за катастар на недвижности во првите два квартала од годинава евидентирани се 4.695 закупнини.

Најбројни се закупите на деловни простории (1705), по што следуваат 1.389 закупи на станови, 688 на куќи, 629 на земјоделско земјиште, 110 на градежно земјиште, 106 закупи во индустријата, 29 на гаражи..., покажуваат податоците што за МИА ги споделија од Катастарот.

Денеска, на 24.2.2020 година, во Скопје, Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија пред стручната и професионалната јавност, пред дваесетината институции кои ја со

Вкупната вредност на закупнините во првата половина од годинава изнесува 2.409.772 евра. Закупите на деловните простории се со вкупна вредност од 1.599.983 евра, на становите 298.304 евра, на индустрија 238.624, од куќи 148.358 евра, градежно земјипте 71.244 евра и од земјоделско земјиште 28.221 евро.

Во најатрактивните општини, закупнините во вториот квартал годинава се движат во просек од 260 до 303 денари за метар квадратен. Во Општина Центар по метар квадратен во второто тримесечие од годинава се плаќале 303 денари, во Карпош 267 денари, во Аеродром 257 денари, во Кисела Вода 261 денар.... Малку пониска е цената во Охрид, каде по метар квадратен закупнинатата изнесува 234 денари, додека во Штип се плаќа по 200 денари.

Споредено со просечните цени во вториот квартал лани, годинава има зголемување на износот на закупнините на становите во општина Кисела Вода, од 202 на 260 денари по метар квадратен, во Аеродром од 241 на 257 денари, додека во Карпош и во Центар износите се на речиси исто ниво.

Според претседателката на Групацијата за недвижности при Стопанската комора на Македонија, кај цените на недвижностите, пак, во последните месеци се бележи стабилизација и ќе нема промени подолг период.

Ковачева укажува дека цените на недвижностите се пазарна категорија која зависи од понудата и побарувачката. На крајот на минатата година по завршувањето на Ковид кризата на пазарот на недвижности значително се зголемило побарувањето. Истовремено, како резултат на воениот судир во Украина и енергетската криза значително се зголемија цените на градежите материјали, што доведе до зголемување на цените на новите градби, а зголемената побарувачка на пазарот доведе до тоа зголемените цени пазарно да се прифатат.

Сепак, според мое мислење, продавачите ги зголемија цените повеќе од што пазарот може да прифати и поради тоа, по првото тримесечје настана извесен застој со мала корекција на цените во правец на нивно намалување. Според мене, она што се случува во последните неколку месеци е всушност стабилизација на цените на одредено ниво и престанок на растот што беше забележлив пред тоа и моето мислење е дака подолг период во иднина нема да има промени во цените, вели Ковачева.

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во јули годинава се издадени 280 одобренија за градење, што е за 33,6 проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година.Од вкупно издадените одобренија, 134  или 47,8  проценти биле наменети за објекти од високоградба. Предвидена е изградба на 218 станови, со вкупна корисна површина од 25 615 метри квадратни.

The post Кириите растат: Голема понуда и солидна побарувачка на пазарот на недвижности appeared first on Република.

]]>

Солидна побарувачка, голема понуда и добар промет, регистрира пазарот на недвижности во државава. Кај закупите има мал раст на побарувачката, со делумно поскапување како резултат на зголемените трошоци на живот. Кај цените на недвижностите, пак, не се очекуваат поголеми промени во наредниот период.
Состојбата на пазарот на недвижности во државава е променлива, но сепак добра. Има солидно побарување и голема понуда и добар промет. Побарувачката на станови под закуп е добра и особено активна во овие месеци кои се традицинално месеци во кои станови под закуп бараат студентите. Во однос на минатата година има мал пораст на побарувачката, но не преголем, оценува за МИА претседателката на Групацијата за недвижности при Стопанската комора на Македонија Лилјана Ковачева.
Таа вели дека цените на закупите во Скопје делумно пораснале, како резултат, пред се, на инфлацијата.
Делумниот пораст на цените на закупите во главниот град  се однесува на сите типови на недвижности. Тоа е резултат, пред се, на инфлацијата и се повисоките трошоци за живот и очекувањата на закуподавачите. Но, и побарувањето е делумно зголемено и закупците ги прифатија зголемените цени на закупнините, вели Ковачева.
Таа дополнува дека е многу тешко да се извадат просечни цени бидејќи кај становите има голем распон на закупнини во зависност од опременоста, локацијата, квалитетот на станот, зградата во која се наоѓа станот како и повеќе други фактори. Според Ковачева, и закупите на деловните простори имаат одреден пораст. Како што вели, побарувувачката е добра особено за висококвалитетните административни деловни простори. Во однос на изложбено-продажните простори и индустриските капацитети не се чувствува зголемување на побарувачката, па за овој тип на деловни простори нема големи промени во закупнините. Во Регистарот на цени и закупнини на Агенцијата за катастар на недвижности во првите два квартала од годинава евидентирани се 4.695 закупнини.
Најбројни се закупите на деловни простории (1705), по што следуваат 1.389 закупи на станови, 688 на куќи, 629 на земјоделско земјиште, 110 на градежно земјиште, 106 закупи во индустријата, 29 на гаражи..., покажуваат податоците што за МИА ги споделија од Катастарот.
Денеска, на 24.2.2020 година, во Скопје, Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија пред стручната и професионалната јавност, пред дваесетината институции кои ја со Вкупната вредност на закупнините во првата половина од годинава изнесува 2.409.772 евра. Закупите на деловните простории се со вкупна вредност од 1.599.983 евра, на становите 298.304 евра, на индустрија 238.624, од куќи 148.358 евра, градежно земјипте 71.244 евра и од земјоделско земјиште 28.221 евро. Во најатрактивните општини, закупнините во вториот квартал годинава се движат во просек од 260 до 303 денари за метар квадратен. Во Општина Центар по метар квадратен во второто тримесечие од годинава се плаќале 303 денари, во Карпош 267 денари, во Аеродром 257 денари, во Кисела Вода 261 денар.... Малку пониска е цената во Охрид, каде по метар квадратен закупнинатата изнесува 234 денари, додека во Штип се плаќа по 200 денари. Споредено со просечните цени во вториот квартал лани, годинава има зголемување на износот на закупнините на становите во општина Кисела Вода, од 202 на 260 денари по метар квадратен, во Аеродром од 241 на 257 денари, додека во Карпош и во Центар износите се на речиси исто ниво. Според претседателката на Групацијата за недвижности при Стопанската комора на Македонија, кај цените на недвижностите, пак, во последните месеци се бележи стабилизација и ќе нема промени подолг период. Ковачева укажува дека цените на недвижностите се пазарна категорија која зависи од понудата и побарувачката. На крајот на минатата година по завршувањето на Ковид кризата на пазарот на недвижности значително се зголемило побарувањето. Истовремено, како резултат на воениот судир во Украина и енергетската криза значително се зголемија цените на градежите материјали, што доведе до зголемување на цените на новите градби, а зголемената побарувачка на пазарот доведе до тоа зголемените цени пазарно да се прифатат.
Сепак, според мое мислење, продавачите ги зголемија цените повеќе од што пазарот може да прифати и поради тоа, по првото тримесечје настана извесен застој со мала корекција на цените во правец на нивно намалување. Според мене, она што се случува во последните неколку месеци е всушност стабилизација на цените на одредено ниво и престанок на растот што беше забележлив пред тоа и моето мислење е дака подолг период во иднина нема да има промени во цените, вели Ковачева.
Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во јули годинава се издадени 280 одобренија за градење, што е за 33,6 проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година.Од вкупно издадените одобренија, 134  или 47,8  проценти биле наменети за објекти од високоградба. Предвидена е изградба на 218 станови, со вкупна корисна површина од 25 615 метри квадратни.

The post Кириите растат: Голема понуда и солидна побарувачка на пазарот на недвижности appeared first on Република.

]]>
Се бара стан повеќе на албанското крајбрежје, купци и од Македонија https://republika.mk/vesti/balkan/se-bara-stan-poveke-na-albanskoto-krajbrezhje-kuptsi-i-od-makedonija/ Wed, 30 Aug 2023 17:20:26 +0000 https://republika.mk/?p=677365

Покрај македонските и косовските граѓани кои последните години купуваат станови на албанското крајбрежје, како и во Тирана, годинава зголемен е интересот од страна на граѓани од други земји при што најбројни се Чесите и Полјаците.

Според Ѓин Ѓока, сопственик на агенција за недвижности „од Велипоје, Драч, Валона па сè до Саранда, туристите кои годинава доаѓаат во посета, купуваат станови како никогаш досега".

Во однос на 2021 година, побарувачката за станови на крајбрежјето е зголемена до 42 отсто. Барањата на странците не се само за станови, туку и за неизградено земјиште или стари куќи. Најбројни се Полјаците и Чесите, но ги има и од други држави па и од Србија, вели Ѓока.

Според него, зголемениот интерес има силно влијае и на зголемувањето на цената по метар квадратен.

Во Драч, Голем и околните места цена на квадратен метар се движи од илјада до 1.200 евра, во Каваје до 1.500 евра, додека во Саранда, Лунгомаре, во Валона и новото пристаниште Драч цените се движат од 1.650 до 2.800 евра, посочува тој.

Странците од Полска сакаат станови на јадранското песочно крајбрежје, додека Германците, Канаѓаните, Австралијците и Американците претпочитаат куќи на јонското крајбрежје.

Македонските граѓани најчесто купуваат станови во Драч и околината, а оние од Косово во Шенѓин, каде климата е идентична со онаа во Улцињ.

The post Се бара стан повеќе на албанското крајбрежје, купци и од Македонија appeared first on Република.

]]>

Покрај македонските и косовските граѓани кои последните години купуваат станови на албанското крајбрежје, како и во Тирана, годинава зголемен е интересот од страна на граѓани од други земји при што најбројни се Чесите и Полјаците. Според Ѓин Ѓока, сопственик на агенција за недвижности „од Велипоје, Драч, Валона па сè до Саранда, туристите кои годинава доаѓаат во посета, купуваат станови како никогаш досега".
Во однос на 2021 година, побарувачката за станови на крајбрежјето е зголемена до 42 отсто. Барањата на странците не се само за станови, туку и за неизградено земјиште или стари куќи. Најбројни се Полјаците и Чесите, но ги има и од други држави па и од Србија, вели Ѓока.
Според него, зголемениот интерес има силно влијае и на зголемувањето на цената по метар квадратен.
Во Драч, Голем и околните места цена на квадратен метар се движи од илјада до 1.200 евра, во Каваје до 1.500 евра, додека во Саранда, Лунгомаре, во Валона и новото пристаниште Драч цените се движат од 1.650 до 2.800 евра, посочува тој.
Странците од Полска сакаат станови на јадранското песочно крајбрежје, додека Германците, Канаѓаните, Австралијците и Американците претпочитаат куќи на јонското крајбрежје. Македонските граѓани најчесто купуваат станови во Драч и околината, а оние од Косово во Шенѓин, каде климата е идентична со онаа во Улцињ.

The post Се бара стан повеќе на албанското крајбрежје, купци и од Македонија appeared first on Република.

]]>
Во Германија се градат сè помалку станови https://republika.mk/vesti/svet/vo-germanija-se-gradat-se-pomalku-stanovi/ Mon, 21 Aug 2023 11:40:26 +0000 https://republika.mk/?p=674199

Продолжува падот на изградбата на станови во Германија, е заклучокот од истражувањето што денеска го објави Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен.

Во јули, 40,3 отсто од градежните компании во Германија се пожалија на недостиг на нарачки за изградба на станови, што претставува зголемување во споредба со јуни, кога 34,5 отсто од фирмите пријавиле исти проблеми. Пред една година, во јули 2022 година, само 10,8 отсто од компаниите објавија дека немаат доволно нарачки.

„Се подготвува бура. По многу години проширување, повисоките каматни стапки и драстичниот раст на трошоците ја задушуваат изградбата на станови“, рече шефот на истражувањето на IFO, Клаус Волрејбе.

Од пролетта 2022 година забележани се огромен број откажувања на нарачки во станбена изградба. Во јули 18,9 отсто од компаниите во Германија се пожалиле на откажани проекти, а во јуни 19,2 отсто, додека долгорочниот просек е само 3,1 отсто.

The post Во Германија се градат сè помалку станови appeared first on Република.

]]>

Продолжува падот на изградбата на станови во Германија, е заклучокот од истражувањето што денеска го објави Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен. Во јули, 40,3 отсто од градежните компании во Германија се пожалија на недостиг на нарачки за изградба на станови, што претставува зголемување во споредба со јуни, кога 34,5 отсто од фирмите пријавиле исти проблеми. Пред една година, во јули 2022 година, само 10,8 отсто од компаниите објавија дека немаат доволно нарачки. „Се подготвува бура. По многу години проширување, повисоките каматни стапки и драстичниот раст на трошоците ја задушуваат изградбата на станови“, рече шефот на истражувањето на IFO, Клаус Волрејбе. Од пролетта 2022 година забележани се огромен број откажувања на нарачки во станбена изградба. Во јули 18,9 отсто од компаниите во Германија се пожалиле на откажани проекти, а во јуни 19,2 отсто, додека долгорочниот просек е само 3,1 отсто.

The post Во Германија се градат сè помалку станови appeared first on Република.

]]>
Во Шведска се градат сè помалку станови: За Министерката за финансии тоа е голем проблем https://republika.mk/vesti/svet/vo-shvedska-se-gradat-se-pomalku-stanovi-za-ministerkata-za-finansii-toa-e-golem-problem/ Thu, 15 Jun 2023 12:55:04 +0000 https://republika.mk/?p=651753

Шведската влада работи на реформи кои треба да ја оживеат изградбата на станови во застој поради повисоките трошоци и послабата побарувачка, изјави министерката за финансии Елизабет Свантесон. Во Шведска во првиот квартал се изградени половина помалку станови отколку во истиот период минатата година поради повисоките камати и трошоци и послабата побарувачка, покажаа податоците од мај.

Забавеното темпо на градежниот сектор се очекува да го забави економскиот раст во текот на целата година. Што се однесува до пазарот на недвижности, го делам мислењето дека имаме проблеми“, рече министерот за финансии на денешната прес-конференција.

„Затоа владата сега подготвува реформи со поголеми стимулации за домување. Целта на владините реформи е да се зголеми површината за изградба на станови и да се поедностави процедурата за добивање градежни дозволи.

Според шведскиот национален одбор за домување, градежништво и планирање, изградбата на околу 27.000 нови станови треба да започне оваа година и 24.000 во 2024 година. Проценките покажуваат дека се потребни 63.000. Владата на тој начин одговори на повиците на јавноста, вклучително и на здруженијата на градежните компании, да се спречи штетен недостиг од станбен простор, што, велат, ќе има последици за целото општество.

„Последиците од колапсот на становите, слични на оние во 90-тите, ќе се видат само за неколку години“, рече градоначалничката на округот Стокхолм, Ана Кинберг Батра во неодамна објавениот извештај. Нејзините автори предвидуваат дека оваа година во Стокхолм ќе започне изградбата на само околу 4.000 станови, 70 отсто помалку отколку во 2022 година.

„Ретко сме биле сведоци на вакви лоши услови за изградба на станови“, додаде Кинберг Батра.

The post Во Шведска се градат сè помалку станови: За Министерката за финансии тоа е голем проблем appeared first on Република.

]]>

Шведската влада работи на реформи кои треба да ја оживеат изградбата на станови во застој поради повисоките трошоци и послабата побарувачка, изјави министерката за финансии Елизабет Свантесон. Во Шведска во првиот квартал се изградени половина помалку станови отколку во истиот период минатата година поради повисоките камати и трошоци и послабата побарувачка, покажаа податоците од мај. Забавеното темпо на градежниот сектор се очекува да го забави економскиот раст во текот на целата година. Што се однесува до пазарот на недвижности, го делам мислењето дека имаме проблеми“, рече министерот за финансии на денешната прес-конференција.
„Затоа владата сега подготвува реформи со поголеми стимулации за домување. Целта на владините реформи е да се зголеми површината за изградба на станови и да се поедностави процедурата за добивање градежни дозволи.
Според шведскиот национален одбор за домување, градежништво и планирање, изградбата на околу 27.000 нови станови треба да започне оваа година и 24.000 во 2024 година. Проценките покажуваат дека се потребни 63.000. Владата на тој начин одговори на повиците на јавноста, вклучително и на здруженијата на градежните компании, да се спречи штетен недостиг од станбен простор, што, велат, ќе има последици за целото општество.
„Последиците од колапсот на становите, слични на оние во 90-тите, ќе се видат само за неколку години“, рече градоначалничката на округот Стокхолм, Ана Кинберг Батра во неодамна објавениот извештај. Нејзините автори предвидуваат дека оваа година во Стокхолм ќе започне изградбата на само околу 4.000 станови, 70 отсто помалку отколку во 2022 година. „Ретко сме биле сведоци на вакви лоши услови за изградба на станови“, додаде Кинберг Батра.

The post Во Шведска се градат сè помалку станови: За Министерката за финансии тоа е голем проблем appeared first on Република.

]]>
Градежните фирми лани изградиле 3.844 станови, индивидуалците уште 2.457 https://republika.mk/vesti/ekonomija/gradezhnite-firmi-lani-izgradile-3-844-stanovi-individualtsite-ushte-2-457/ Wed, 14 Jun 2023 09:01:28 +0000 https://republika.mk/?p=651170

Деловните субјекти кои се занимаваат со градежна дејност минатата година извршиле градежни работи во вредност од 30,76 милијарди денари, од кои 14,66 милијарди денари се за објекти во индивидуална сопственост, објави Државниот завод за статистика.

Во текот на 2022 година се градени вкупно 2.519 објекти, а завршени се 3.844 станови со вкупна површина од 257.085 метри квадратни, од кои 3.714 се во индивидуална сопственост.

По региони, најмногу се градело во Скопскиот Регион, потоа во Пелагонискиот, Југозападниот…

Во Скопскиот регион се завршени 2.107 станови, од кои 1.120 се во општина Аеродром, 336 во Гази Баба, 218 во Центар, 175 во Ѓорче Петров, 131 во Бутел, …

Просечната корисна површина на завршените станови е 66,9 метри квадратни.

Според податоците на ДЗС, во 2022 година, индивидуални сопственици извршиле градежни работи во вредност од 16,89 милијарди денари.

Податоците за извршени градежни работи и завршени станови во објекти за домување градени во индивидуална режија покажуваат дека во текот на минатата година се градени вкупно 2.145 објекти и завршени се вкупно 2.457 станови со вкупна површина од 304.916 метри квадратни од кои 102 се станови во викенд-куќи со вкупна површина од 7.981 метри квадратни.

Просечната корисна површина на завршените станови е 124.1 метри квадратни.

Најмногу се градело во Вардарскиот регион, потоа во Полошкиот, Скопскиот итн.

The post Градежните фирми лани изградиле 3.844 станови, индивидуалците уште 2.457 appeared first on Република.

]]>

Деловните субјекти кои се занимаваат со градежна дејност минатата година извршиле градежни работи во вредност од 30,76 милијарди денари, од кои 14,66 милијарди денари се за објекти во индивидуална сопственост, објави Државниот завод за статистика. Во текот на 2022 година се градени вкупно 2.519 објекти, а завршени се 3.844 станови со вкупна површина од 257.085 метри квадратни, од кои 3.714 се во индивидуална сопственост. По региони, најмногу се градело во Скопскиот Регион, потоа во Пелагонискиот, Југозападниот… Во Скопскиот регион се завршени 2.107 станови, од кои 1.120 се во општина Аеродром, 336 во Гази Баба, 218 во Центар, 175 во Ѓорче Петров, 131 во Бутел, … Просечната корисна површина на завршените станови е 66,9 метри квадратни. Според податоците на ДЗС, во 2022 година, индивидуални сопственици извршиле градежни работи во вредност од 16,89 милијарди денари. Податоците за извршени градежни работи и завршени станови во објекти за домување градени во индивидуална режија покажуваат дека во текот на минатата година се градени вкупно 2.145 објекти и завршени се вкупно 2.457 станови со вкупна површина од 304.916 метри квадратни од кои 102 се станови во викенд-куќи со вкупна површина од 7.981 метри квадратни. Просечната корисна површина на завршените станови е 124.1 метри квадратни. Најмногу се градело во Вардарскиот регион, потоа во Полошкиот, Скопскиот итн.

The post Градежните фирми лани изградиле 3.844 станови, индивидуалците уште 2.457 appeared first on Република.

]]>
Ѓоргијев: Цените на становите ќе имаат благ пад https://republika.mk/vesti/ekonomija/gorgijev-tsenite-na-stanovite-ke-imaat-blag-pad/ Wed, 19 Apr 2023 12:14:36 +0000 https://republika.mk/?p=632090

Директорот на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката, Зоран Ѓоргијев денеска информира дека цените на становите во наредниот период ќе имаат благ пад.

Според она како што се движи сега, има некое намалување на градежните материјали и во секој случај цените ќе одат надолу. Ние сме државна фирма кои сме и регулатор на цената и затоа за брзо време ќе почне градба во старата воена пекара. Мислам дека цените ќе одат во некој благ пад, рече Ѓоргијев, кој заедно со премиерот Димитар Ковачевски, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и со заменик-министерот за транспорт и врски, Беким Реџепи денеска извршија увид во градежните работи за изградба на социјална зграда во Општина Бутел.

Ѓоргијев рече дека во моментот нема информации колку ќе изнесува цената на становите за квадратен метар, објаснувајќи ја процедурата за утврдување на цената.

Во овој момент немаме информации колку ќе изнесува цената на становите за квадратен метар. Знаете дека кај нас се утврдуваат од Бирото за судски вештачења, па одат во Влада, па потоа одат на јавен оглас каде што можат да се наддаваат за цената - рече Ѓоргијев.

Одговарајќи на новинарско прашање министерот за транспорт и врски Благој Бочварски информира дека во тек е постапката за распишување тендер за избор на изведувач кој ќе ја гради социјалната зграда во Општина Сарај.

Во постапка е распишување тендер за избор на изведувач, кој што ќе ја работи изградбата на социјалната станбена зграда во Сарај. Една од општините во која што во наредниот период ќе се реализира ваков објект е Општина Сарај - рече Бочварски.

The post Ѓоргијев: Цените на становите ќе имаат благ пад appeared first on Република.

]]>

Директорот на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката, Зоран Ѓоргијев денеска информира дека цените на становите во наредниот период ќе имаат благ пад. Според она како што се движи сега, има некое намалување на градежните материјали и во секој случај цените ќе одат надолу. Ние сме државна фирма кои сме и регулатор на цената и затоа за брзо време ќе почне градба во старата воена пекара. Мислам дека цените ќе одат во некој благ пад, рече Ѓоргијев, кој заедно со премиерот Димитар Ковачевски, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и со заменик-министерот за транспорт и врски, Беким Реџепи денеска извршија увид во градежните работи за изградба на социјална зграда во Општина Бутел. Ѓоргијев рече дека во моментот нема информации колку ќе изнесува цената на становите за квадратен метар, објаснувајќи ја процедурата за утврдување на цената.
Во овој момент немаме информации колку ќе изнесува цената на становите за квадратен метар. Знаете дека кај нас се утврдуваат од Бирото за судски вештачења, па одат во Влада, па потоа одат на јавен оглас каде што можат да се наддаваат за цената - рече Ѓоргијев.
Одговарајќи на новинарско прашање министерот за транспорт и врски Благој Бочварски информира дека во тек е постапката за распишување тендер за избор на изведувач кој ќе ја гради социјалната зграда во Општина Сарај.
Во постапка е распишување тендер за избор на изведувач, кој што ќе ја работи изградбата на социјалната станбена зграда во Сарај. Една од општините во која што во наредниот период ќе се реализира ваков објект е Општина Сарај - рече Бочварски.

The post Ѓоргијев: Цените на становите ќе имаат благ пад appeared first on Република.

]]>
Недвижностите поскапеле за 21,2 отсто во третиот квартал годинава https://republika.mk/vesti/ekonomija/nedviznostite-poskapele-za-21-2-otsto-vo-tretiot-kvartal-godinava/ Thu, 06 Oct 2022 08:17:42 +0000 https://republika.mk/?p=557868

Цените на недвижностите во третиот квартал годинава во државава се зголемиле за 21,2 отсто, во однос на истиот квартал од минатата година. Во периодот јули-септември годинава, споредено со претходните три месеци, растот на цените на недвижностите е за 4,7 отсто, покажуваат податоците на Народната банка.

Во вториот квартал годинава цените на становите забележаа зголемување од 16,5 отсто на годишно, односно од 6,8 проценти на квартално ниво, додека во првиот квартал исто така имаше раст на годишно ниво од 12,4 отсто , односно од 2,9 на квартално ниво.

Државниот завод за статистика претходно објави дека во септември годинава се издадени 318 одобренија за градење, за 28,2 проценти повеќе во однос на септември лани. Од издадените одобренија за градење, 184 (57,9 проценти) се за објекти од високоградба, 35 (11 проценти) од нискоградба, а 99 (31.1 процент) се објекти за реконструкција. Во извештајниот период е предвидена изградба на 618 станови, со вкупна корисна површина од 56 849 метри квадратни. Најмногу станови ќе се градат во Скопскиот регион, 216, од кои 196 се во Општина Гази Баба. Меѓу општините со пoголем број планирани нови станови се и Струмица, 87, Гевгелија, 86, Гостивар, 76, Дебар, 40,.

The post Недвижностите поскапеле за 21,2 отсто во третиот квартал годинава appeared first on Република.

]]>

Цените на недвижностите во третиот квартал годинава во државава се зголемиле за 21,2 отсто, во однос на истиот квартал од минатата година. Во периодот јули-септември годинава, споредено со претходните три месеци, растот на цените на недвижностите е за 4,7 отсто, покажуваат податоците на Народната банка. Во вториот квартал годинава цените на становите забележаа зголемување од 16,5 отсто на годишно, односно од 6,8 проценти на квартално ниво, додека во првиот квартал исто така имаше раст на годишно ниво од 12,4 отсто , односно од 2,9 на квартално ниво. Државниот завод за статистика претходно објави дека во септември годинава се издадени 318 одобренија за градење, за 28,2 проценти повеќе во однос на септември лани. Од издадените одобренија за градење, 184 (57,9 проценти) се за објекти од високоградба, 35 (11 проценти) од нискоградба, а 99 (31.1 процент) се објекти за реконструкција. Во извештајниот период е предвидена изградба на 618 станови, со вкупна корисна површина од 56 849 метри квадратни. Најмногу станови ќе се градат во Скопскиот регион, 216, од кои 196 се во Општина Гази Баба. Меѓу општините со пoголем број планирани нови станови се и Струмица, 87, Гевгелија, 86, Гостивар, 76, Дебар, 40,.

The post Недвижностите поскапеле за 21,2 отсто во третиот квартал годинава appeared first on Република.

]]>
Цените на становите во Охрид рушат рекорди: Метар квадратен во центарот од 1800 до 3000 евра https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/cenite-na-stanovite-vo-ohrid-rushat-rekordi-metar-kvadraten-vo-centarot-od-1800-do-3000-evra/ Mon, 03 Oct 2022 06:54:25 +0000 https://republika.mk/?p=556661

Цените на становите во Охрид рушат рекорди.Зголемената побарувачка на пазарот на недвижности ги крена цените иако понудата е намалена па така за метар квадратен во центарот на градот достигнува до 1800 евра додека на самиот брег покрај охридското езеро и до 3 илјади евра ,а растат цените и на деловните простории во чаршијата.

Добрите познавачи посочуваат дека огромни цени се вртат на пазарот ,наместо парите  да се чуваат во банки се инвестира во недвижнини.

Наспроти огромната заинтересираност за станови во Охрид  нема интерeс за купување куќи ниту плацеви за изградби за кои цената достигнува висина од 700 до 1000 евра за метар квадратен, годишно едвај се продавале по  пет- шест куќи.

The post Цените на становите во Охрид рушат рекорди: Метар квадратен во центарот од 1800 до 3000 евра appeared first on Република.

]]>

Цените на становите во Охрид рушат рекорди.Зголемената побарувачка на пазарот на недвижности ги крена цените иако понудата е намалена па така за метар квадратен во центарот на градот достигнува до 1800 евра додека на самиот брег покрај охридското езеро и до 3 илјади евра ,а растат цените и на деловните простории во чаршијата. Добрите познавачи посочуваат дека огромни цени се вртат на пазарот ,наместо парите  да се чуваат во банки се инвестира во недвижнини. Наспроти огромната заинтересираност за станови во Охрид  нема интерeс за купување куќи ниту плацеви за изградби за кои цената достигнува висина од 700 до 1000 евра за метар квадратен, годишно едвај се продавале по  пет- шест куќи.

The post Цените на становите во Охрид рушат рекорди: Метар квадратен во центарот од 1800 до 3000 евра appeared first on Република.

]]>
Ако купите стан во Карпош, ќе морате и гаража, без тоа нема упис во Катастар https://republika.mk/vesti/skopje/ako-kupite-stan-vo-karposh-kje-morate-i-garaza-bez-toa-nema-upis-vo-katastar/ Tue, 06 Sep 2022 13:11:55 +0000 https://republika.mk/?p=548001

Во Карпош ќе се бара секој жител кој купува стан, да си купи и гаражно место. Без тоа, нема да има упис во Катастар. Стевчо Јакимовски, градоначалник на Карпош најави дека ќе има кривични пријави за надзорите кои дозволуваат да се изведуваат проекти надвор од проектите кои се одобрени.

Секој што купува стан, мора да купи и гаражно место. Одобренијата ќе се даваат ако има квалитетно гаражирање, квалитенто спуштање на рампите. Ако вие не можете да се спуштите во гаражата, што ќе ви е таа. Нема веќе да се упишуваат становите во Катастар, ако немате гаража заедно со него. Во исто време, нашите службеници започнаа активност да одиме и да проверуваме сите одобренија кои се издадени, дали на лице место објектот е според проектот и дали гаражните места е според проектите, кажа Јакимовски.

The post Ако купите стан во Карпош, ќе морате и гаража, без тоа нема упис во Катастар appeared first on Република.

Припадници на МО и Армијата и нивни семејства добија сопственост на станови од фондот на поранешната ЈНА https://republika.mk/vesti/makedonija/pripadnici-na-mo-i-armijata-i-nivni-semejstva-dobija-sopstvenost-na-stanovi-od-fondot-na-poraneshnata-jna/ Tue, 26 Jul 2022 09:52:05 +0000 https://republika.mk/?p=533310

Четириесетина семејства на припадници на Армијата и Министерството за одбрана (МО) кои се корисници на станови што потекнуваат од станбениот фонд на поранешната ЈНА или се добиени по пат на замена на недвижен имот што потекнува од ЈНА денеска се стекнаа со сопственост на нивниот имот. Договорите за откуп и сопственост на станови од поранешниот фонд на ЈНА им ги врачија министрите за одбрана и за транспорт и врски, Славјанка Петровска и Благој Бочварски.

Само пред една година беа соопштени постапките и условите за поднесување на потребните документи согласно законското решение предложено и изработено од министерствата за одбрана и за транспорт и врски и усвоено од Собранието, а денеска е решено дводецениското прашање и повеќегодишната неизвесност на четириесетина семејства. Во тек е решавање на станбеното прашање за уште 14-тина семејства од истиот фонд кои заради подолгите административни процедури и обезбедување на соодветна документација се уште не се решени. Министерката за одбрана Петровска даде уверување дека многу набрзо и тие ќе бидат решени позитивно.

Сега сте свои на своето. Така се создава силна Армија. Така се мотивираат припадниците да бидат уште подобри и уште попосветени во своите задачи. За празни зборови и неиздржани ветувања во Армијата едноставно место нема - порача Петровска по врачувањето на договорите.

Нагласи дека на оние припадници на Армијата кои немале можност да добијат стан од овој Фонд, Министерството за одбрана им исплаќа месечен станбен надоместок од 9.000 денари затоа што, како што рече, секој припадник на Армијата е подеднакво важен.

Со ваквите мерки кои се предвидени овозможуваме да не постои дискриминација помеѓу нашите војници. На припадниците на Армијата и на Министерството кои денес ги добија овие договори сакам да ви се заблагодарам за истрајноста и трпеливоста сите овие години и вам и на вашите колеги да ви порачам Министерството секогаш ќе биде ваша поддршка - порача Петровска.

Министерот Бочварски посочи дека Владата е подеднакво фокусирана на решавање на статусот на сите граѓани кои од какви било причини досега немале можност да го решат станбеното прашање.

Денеска за сите овие лица неизвесноста што траеше со децении и децении наназад станува вистинска можност да си ги откупат становите и конечно да го решат станбеното прашање. Се работи за Закон којшто е донесен во Собранието во 2021 година, а се однесува на лица вработени во Министерството за одбрана и Армијата или поранешни вработени да може да ги откупат становите доделени од поранешната ЈНА, станови кои им биле доделени на користење на овие лица без претходно да може да се стекнат со право на сопственост - рече Бочварски.

Имавме многу отворени прашања како да го решиме ова, додаде Бочварски и напомена дека секогаш доаѓале на крајот до ист заклучок, дека овие лица заслужуваат статус на сопственици на становите кои живеат и по 30-ина и повеќе години во нив, а заради поделбата на тогашните републики им се скратило правото и можноста да остварат право на сопственост.

Како што истакна согласно Законот право на откуп имаа лица кои имаат решение за доделување на користење на станови, а кои се наши државјани или се вработени во Министерството за одбрана или Армијата и лица кои по пат на спогодба помеѓу Министерството за одбрана и друго правно лице засновале работен однос кај друг работодавач, а во Министерството, односно Армијата работеле најмалку 10 години или стекнале право на пензија, лица од семејство домаќинство на корисникот на станот доколку корисникот е починат, а поседуваат соодветен документ за поседувања.

Продажната цена на станот е утврдена врз основа на градежната вредност, трошоците за утврдување на градежното земјиште, местоположба, амортизација на станот, цената ја утврдува АД за стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката - рече Бочварски.

The post Припадници на МО и Армијата и нивни семејства добија сопственост на станови од фондот на поранешната ЈНА appeared first on Република.

]]>

Четириесетина семејства на припадници на Армијата и Министерството за одбрана (МО) кои се корисници на станови што потекнуваат од станбениот фонд на поранешната ЈНА или се добиени по пат на замена на недвижен имот што потекнува од ЈНА денеска се стекнаа со сопственост на нивниот имот. Договорите за откуп и сопственост на станови од поранешниот фонд на ЈНА им ги врачија министрите за одбрана и за транспорт и врски, Славјанка Петровска и Благој Бочварски. Само пред една година беа соопштени постапките и условите за поднесување на потребните документи согласно законското решение предложено и изработено од министерствата за одбрана и за транспорт и врски и усвоено од Собранието, а денеска е решено дводецениското прашање и повеќегодишната неизвесност на четириесетина семејства. Во тек е решавање на станбеното прашање за уште 14-тина семејства од истиот фонд кои заради подолгите административни процедури и обезбедување на соодветна документација се уште не се решени. Министерката за одбрана Петровска даде уверување дека многу набрзо и тие ќе бидат решени позитивно.
Сега сте свои на своето. Така се создава силна Армија. Така се мотивираат припадниците да бидат уште подобри и уште попосветени во своите задачи. За празни зборови и неиздржани ветувања во Армијата едноставно место нема - порача Петровска по врачувањето на договорите.
Нагласи дека на оние припадници на Армијата кои немале можност да добијат стан од овој Фонд, Министерството за одбрана им исплаќа месечен станбен надоместок од 9.000 денари затоа што, како што рече, секој припадник на Армијата е подеднакво важен.
Со ваквите мерки кои се предвидени овозможуваме да не постои дискриминација помеѓу нашите војници. На припадниците на Армијата и на Министерството кои денес ги добија овие договори сакам да ви се заблагодарам за истрајноста и трпеливоста сите овие години и вам и на вашите колеги да ви порачам Министерството секогаш ќе биде ваша поддршка - порача Петровска.
Министерот Бочварски посочи дека Владата е подеднакво фокусирана на решавање на статусот на сите граѓани кои од какви било причини досега немале можност да го решат станбеното прашање.
Денеска за сите овие лица неизвесноста што траеше со децении и децении наназад станува вистинска можност да си ги откупат становите и конечно да го решат станбеното прашање. Се работи за Закон којшто е донесен во Собранието во 2021 година, а се однесува на лица вработени во Министерството за одбрана и Армијата или поранешни вработени да може да ги откупат становите доделени од поранешната ЈНА, станови кои им биле доделени на користење на овие лица без претходно да може да се стекнат со право на сопственост - рече Бочварски.
Имавме многу отворени прашања како да го решиме ова, додаде Бочварски и напомена дека секогаш доаѓале на крајот до ист заклучок, дека овие лица заслужуваат статус на сопственици на становите кои живеат и по 30-ина и повеќе години во нив, а заради поделбата на тогашните републики им се скратило правото и можноста да остварат право на сопственост. Како што истакна согласно Законот право на откуп имаа лица кои имаат решение за доделување на користење на станови, а кои се наши државјани или се вработени во Министерството за одбрана или Армијата и лица кои по пат на спогодба помеѓу Министерството за одбрана и друго правно лице засновале работен однос кај друг работодавач, а во Министерството, односно Армијата работеле најмалку 10 години или стекнале право на пензија, лица од семејство домаќинство на корисникот на станот доколку корисникот е починат, а поседуваат соодветен документ за поседувања.