стан Archives - Република https://republika.mk/tema/stan/ За подобро да се разбереме Wed, 10 Jul 2024 07:47:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png стан Archives - Република https://republika.mk/tema/stan/ 32 32 Становите во Скопје пак рипнаа https://republika.mk/vesti/skopje/stanovite-vo-skopje-pak-ripnaa/ Wed, 10 Jul 2024 07:47:43 +0000 https://republika.mk/?p=795168

Цените на становите во Скопје во вториот квартал од годинава поскапеле за 11,5 проценти на годишно ниво, а поскапување од 8,2 проценти се бележи и во однос на претходниот квартал, покажува Индексот на цени на станови на Народната банка.

Во првиот квартал од годинава, цените бележеа поскапување од 4,7 проценти на годишно ниво и пад од 0,8 проценти што беше прво минимално квартално намалување по подолг период откако последен пат имаше пад од еден процент во третиот квартал од 2020 година.

Според податоците од Народната банка, во последното тримесечје од 2023 година становите поскапеа за еден процент во однос на третото тримесечје, а на годишно ниво за 6,9 проценти. Во првиот квартал лани цените на становите биле зголемени за 18,9 проценти на годишно ниво, односно за 1,4 проценти на квартално ниво. Во второто тримесечје имало зголемување од 13 проценти на годишно ниво и 1,6 проценти на квартално ниво, а во третото тримесечје за 11 проценти на годишно ниво и за 2,9 проценти на месечно ниво. Во четвртиот квартал зголемувањето било 6,9 проценти на годишно и еден процент на квартално ниво.

Индексот на цените на становите е направен врз основа на податоците што се однесуваат на огласени станови за продажба на територија на град Скопје

The post Становите во Скопје пак рипнаа appeared first on Република.

]]>

Цените на становите во Скопје во вториот квартал од годинава поскапеле за 11,5 проценти на годишно ниво, а поскапување од 8,2 проценти се бележи и во однос на претходниот квартал, покажува Индексот на цени на станови на Народната банка. Во првиот квартал од годинава, цените бележеа поскапување од 4,7 проценти на годишно ниво и пад од 0,8 проценти што беше прво минимално квартално намалување по подолг период откако последен пат имаше пад од еден процент во третиот квартал од 2020 година. Според податоците од Народната банка, во последното тримесечје од 2023 година становите поскапеа за еден процент во однос на третото тримесечје, а на годишно ниво за 6,9 проценти. Во првиот квартал лани цените на становите биле зголемени за 18,9 проценти на годишно ниво, односно за 1,4 проценти на квартално ниво. Во второто тримесечје имало зголемување од 13 проценти на годишно ниво и 1,6 проценти на квартално ниво, а во третото тримесечје за 11 проценти на годишно ниво и за 2,9 проценти на месечно ниво. Во четвртиот квартал зголемувањето било 6,9 проценти на годишно и еден процент на квартално ниво. Индексот на цените на становите е направен врз основа на податоците што се однесуваат на огласени станови за продажба на територија на град Скопје

The post Становите во Скопје пак рипнаа appeared first on Република.

]]>
Ова е најскапиот стан во Белград https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/ova-e-najskapiot-stan-vo-belgrad/ Thu, 09 May 2024 06:16:59 +0000 https://republika.mk/?p=775842

Најскапиот  стан во Белград  се наоѓа во Нов Белград во кулата West 65. Ѕидовите се обложени со крокодилска кожа, со рачно изработени мозаици. Секој стол чини колку добар автомобил, а кујнските елементи како стан во центарот на Белград.

Има 125 квадратни метри, сопствен базен, спа центар, трговски центар и многу повеќе. Прозорците може да се изимијат само  со песок.

The post Ова е најскапиот стан во Белград appeared first on Република.

]]>

Најскапиот  стан во Белград  се наоѓа во Нов Белград во кулата West 65. Ѕидовите се обложени со крокодилска кожа, со рачно изработени мозаици. Секој стол чини колку добар автомобил, а кујнските елементи како стан во центарот на Белград. Има 125 квадратни метри, сопствен базен, спа центар, трговски центар и многу повеќе. Прозорците може да се изимијат само  со песок.

The post Ова е најскапиот стан во Белград appeared first on Република.

]]>
Приведен маж кој се обидел да го запали станот на сопругата со која се разведува https://republika.mk/vesti/crna-hronika/priveden-mazh-koj-se-obidel-da-go-zapali-stanot-na-soprugata-so-koja-se-razveduva/ Sun, 10 Mar 2024 15:21:49 +0000 https://republika.mk/?p=753362

Денеска (10.03.2024) во 02:20 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода Б.Т.(41) од Неготино.

Приведен е поради постоење основи на сомнение дека околу 01:45 часот опожарил врата од стан каде престојувала неговата 35-годишна сопруга со која биле во бракоразводна постапка.

Претходно му упатувал закани на нејзиниот партнер.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

The post Приведен маж кој се обидел да го запали станот на сопругата со која се разведува appeared first on Република.

]]>

Денеска (10.03.2024) во 02:20 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода Б.Т.(41) од Неготино. Приведен е поради постоење основи на сомнение дека околу 01:45 часот опожарил врата од стан каде престојувала неговата 35-годишна сопруга со која биле во бракоразводна постапка. Претходно му упатувал закани на нејзиниот партнер. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

The post Приведен маж кој се обидел да го запали станот на сопругата со која се разведува appeared first on Република.

]]>
Пожар во стан во Скопје, оштетени неколку станови https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pozhar-vo-stan-vo-skopje-oshteteni-nekolku-stanovi/ Wed, 06 Mar 2024 17:20:58 +0000 https://republika.mk/?p=752010

На 05.03.2024 во 19.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Тале Христов“ во Скопје настанал пожар во стан сопственост на С.М.(35),

Пожарот, информираат од полицијата, се проширил и во станот на К.З.(49), а биле направени оштетувања и на неколку други станови.

Екипа на Бригадата за противпожарна Скопје го изгаснала пожарот, а повредени лица нема.

Увид на местото бил извршен од екипа од СВР Скопје.

 

The post Пожар во стан во Скопје, оштетени неколку станови appeared first on Република.

]]>

На 05.03.2024 во 19.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Тале Христов“ во Скопје настанал пожар во стан сопственост на С.М.(35), Пожарот, информираат од полицијата, се проширил и во станот на К.З.(49), а биле направени оштетувања и на неколку други станови. Екипа на Бригадата за противпожарна Скопје го изгаснала пожарот, а повредени лица нема. Увид на местото бил извршен од екипа од СВР Скопје.  

The post Пожар во стан во Скопје, оштетени неколку станови appeared first on Република.

]]>
Пронајден костур во стан во Белград, станарот никој не го видел три години https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/pronajden-kostur-vo-stan-vo-belgrad-stanarot-nikoj-ne-go-videl-tri-godini/ Tue, 23 Jan 2024 08:50:13 +0000 https://republika.mk/?p=735760

Човечки скелет бил пронајден завчера во стан во Белград. Според српските медиуми, скелетот бил пронајден во населбата Врачар, во станот во кој живеел 90-годишен старец.

Соседите, наводно, не го виделе човекот од 2020 година.

Соседите не пријавиле ширење на непријатна миризба, а не е јасно зошто телото не е пронајдено порано.

Наредена е обдукција која ќе покаже дали навистина се работи за 90-годишниот станар на зградата, пишува Н1.

 

The post Пронајден костур во стан во Белград, станарот никој не го видел три години appeared first on Република.

]]>

Човечки скелет бил пронајден завчера во стан во Белград. Според српските медиуми, скелетот бил пронајден во населбата Врачар, во станот во кој живеел 90-годишен старец. Соседите, наводно, не го виделе човекот од 2020 година. Соседите не пријавиле ширење на непријатна миризба, а не е јасно зошто телото не е пронајдено порано. Наредена е обдукција која ќе покаже дали навистина се работи за 90-годишниот станар на зградата, пишува Н1.  

The post Пронајден костур во стан во Белград, станарот никој не го видел три години appeared first on Република.

]]>
Пожар во стан во Ново Лисиче https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pozhar-vo-stan-vo-novo-lisiche/ Sun, 14 Jan 2024 15:01:56 +0000 https://republika.mk/?p=732959

Пожар избувнал денеска во стан во скопската населба Ново Лисиче, на чие гаснење интервенирале три противпожарни возила.

Опожарен е стан на првиот кат на бул. АСНОМ број 68. Интервенирано е со три Противпожарни возила со 12 пожарникари. Не е дозволено проширување на пожарот на соседните станови. Навреме е направена евакуација. Нема повредени лица. Причинета е само материјална штета, изјави за МИА командирот на ППБ на Град Скопје Звонко Томески.

Тој додаде дека е повикана екипа на полицијата за да ги утврди причините за пожарот.

 

The post Пожар во стан во Ново Лисиче appeared first on Република.

]]>

Пожар избувнал денеска во стан во скопската населба Ново Лисиче, на чие гаснење интервенирале три противпожарни возила.
Опожарен е стан на првиот кат на бул. АСНОМ број 68. Интервенирано е со три Противпожарни возила со 12 пожарникари. Не е дозволено проширување на пожарот на соседните станови. Навреме е направена евакуација. Нема повредени лица. Причинета е само материјална штета, изјави за МИА командирот на ППБ на Град Скопје Звонко Томески.
Тој додаде дека е повикана екипа на полицијата за да ги утврди причините за пожарот.  

The post Пожар во стан во Ново Лисиче appeared first on Република.

]]>
Државјанин на Турција бил измамен при изнајмување на стан https://republika.mk/vesti/drzhavjanin-na-turtsija-bil-izmamen-pri-iznajmuvane-na-stan/ Sun, 03 Dec 2023 16:47:55 +0000 https://republika.mk/?p=718999

Државјанин на Турција, вчера во Полициската станица Центар пријавил дека бил измамен од женско лице од Скопје, откако на социјалната мрежа Фејсбук видел дека се изнајмува стан, стапил во контакт и договорил средба.

Како што е наведено во соопштението на МВР; на средбата тие се договориле да го изнајми станот, по што и дал 200 евра и земал клуч од станот, но не отишле да го видат затоа што наводно имало станари.

Во текот на вчерашниот ден тој отишол до станот, но не можел да го отвори со клучот, по што ја телефонски ја побарал, но не добил одговор.

Во Полициската станица Центар, вчера во 19:20 часот 21-годишник од Република Турција пријавил дека бил измамен од женско лице од Скопје. Според пријавеното, откако на 29.11.2023 на социјалната мрежа Фејсбук видел дека лицето изнајмува стан, стапил во контакт со неа и договориле средба. Како што е пријавено, на средбата тие се договориле да го изнајми станот, по што и дал 200 евра и земал клуч од станот, но не отишле да го видат затоа што наводно имало станари. Според пријавеното, на 02.12.2023 тој отишол до станот, но не можел го отвори со клучот, по што ја побарал телефонски, но не му одговорила и сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во соопштението на МВР.

The post Државјанин на Турција бил измамен при изнајмување на стан appeared first on Република.

]]>

Државјанин на Турција, вчера во Полициската станица Центар пријавил дека бил измамен од женско лице од Скопје, откако на социјалната мрежа Фејсбук видел дека се изнајмува стан, стапил во контакт и договорил средба. Како што е наведено во соопштението на МВР; на средбата тие се договориле да го изнајми станот, по што и дал 200 евра и земал клуч од станот, но не отишле да го видат затоа што наводно имало станари. Во текот на вчерашниот ден тој отишол до станот, но не можел да го отвори со клучот, по што ја телефонски ја побарал, но не добил одговор.
Во Полициската станица Центар, вчера во 19:20 часот 21-годишник од Република Турција пријавил дека бил измамен од женско лице од Скопје. Според пријавеното, откако на 29.11.2023 на социјалната мрежа Фејсбук видел дека лицето изнајмува стан, стапил во контакт со неа и договориле средба. Како што е пријавено, на средбата тие се договориле да го изнајми станот, по што и дал 200 евра и земал клуч од станот, но не отишле да го видат затоа што наводно имало станари. Според пријавеното, на 02.12.2023 тој отишол до станот, но не можел го отвори со клучот, по што ја побарал телефонски, но не му одговорила и сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во соопштението на МВР.

The post Државјанин на Турција бил измамен при изнајмување на стан appeared first on Република.

]]>
Неверојатно! Полицијата пронашла 40 овци во стан во Ница https://republika.mk/vesti/svet/neverojatno-politsijata-pronashla-40-ovtsi-vo-stan-vo-nitsa/ Wed, 28 Jun 2023 11:47:23 +0000 https://republika.mk/?p=656033

Во градот Ница на југот на Франција, откриени се 40 овци во социјален стан кој требало да биде празен. Животните биле набиени во стан од 50 квадратни метри обложен со слама, објави во вторникот телевизијата Франс 3. Уапсени се двајца мажи кои носеле маици обоени со крв.

Властите се сомневаат дека овците требало незаконски да бидат заклани пред Курбан Бајрам, муслиманскиот празник на жртвувањето. Полицијата пронашла веќе заклана овца во станот, изјави општинскиот функционер Ентони Боре. Останатите овци беа предадени на одгледувач.

Со цел да се спречи незаконско користење на празен стан, здружението за домување постави специјално обезбедена врата. Службениците на крим-одредот наишле на овците во неделата за време на операција во станбена зграда.

The post Неверојатно! Полицијата пронашла 40 овци во стан во Ница appeared first on Република.

]]>

Во градот Ница на југот на Франција, откриени се 40 овци во социјален стан кој требало да биде празен. Животните биле набиени во стан од 50 квадратни метри обложен со слама, објави во вторникот телевизијата Франс 3. Уапсени се двајца мажи кои носеле маици обоени со крв. Властите се сомневаат дека овците требало незаконски да бидат заклани пред Курбан Бајрам, муслиманскиот празник на жртвувањето. Полицијата пронашла веќе заклана овца во станот, изјави општинскиот функционер Ентони Боре. Останатите овци беа предадени на одгледувач. Со цел да се спречи незаконско користење на празен стан, здружението за домување постави специјално обезбедена врата. Службениците на крим-одредот наишле на овците во неделата за време на операција во станбена зграда.

The post Неверојатно! Полицијата пронашла 40 овци во стан во Ница appeared first on Република.

]]>
И тоа е можно: Стан од 15 квадрати и во него има сѐ https://republika.mk/zivot/semejstvo/i-toa-e-mozhno-stan-od-15-kvadrati-i-vo-nego-ima-s/ Wed, 17 May 2023 17:54:20 +0000 https://republika.mk/?p=641781

Aрхитектката Ивана е доказ дека стан може да се  „спакува“ во 15  квадрати.Пред неа не беше лесна задача - како да се опреми цел стан  во микро-простор за издавање на кратко или долго. време.

Погледнете како тоа изгледа.

https://www.youtube.com/watch?v=pV9ZoSpZbyI&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

 

The post И тоа е можно: Стан од 15 квадрати и во него има сѐ appeared first on Република.

]]>

Aрхитектката Ивана е доказ дека стан може да се  „спакува“ во 15  квадрати.Пред неа не беше лесна задача - како да се опреми цел стан  во микро-простор за издавање на кратко или долго. време. Погледнете како тоа изгледа. https://www.youtube.com/watch?v=pV9ZoSpZbyI&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title  

The post И тоа е можно: Стан од 15 квадрати и во него има сѐ appeared first on Република.

]]>
Македонците повеќе сакаат да живеат во сопствен дом, Германците и Швајцарците живеат под кирија https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/makedontsite-poveke-sakaat-da-zhiveat-vo-sopstven-dom-germantsite-i-shvajtsartsite-zhiveat-pod-kirija/ Sun, 23 Apr 2023 07:36:59 +0000 https://republika.mk/?p=633136

Луѓето на Балканот и во Источна Европа преферираат да имаат и да живеат во сопствени домови за ралика од населението во Западна Европа кое почесто се решава за изнајмени живелишта.

Според податоците на „Евростат“ што ги анализира порталот „Лангеист“, 85,9 отсто од жителите на Македонија живеат во сопствени домови. Рекордери се Косово и Албанија каде што околу 97 проценти од луѓето имаат свои, а не изнајмени живеалишта. Во Романија тој процент е 95,7, во Србија, Црна Гора и Хрватска околу 90, во Бугарија 85 и во Грција 73,3 отсто.

Германија (49,1%) и Швајцарија (42,2%) имаат далеку најниска стапка на сопственост на домови во Европа. Тие се единствените земји каде што сопствениците на куќи се помалубројни од оние кои живеат во изнајмени домови.

Стапките на сопственост на домови во Европа значително се разликуваат помеѓу земјите и се под влијание на различни фактори, вклучувајќи ја достапноста на станови со пристапни цени, распространетоста на социјалните станови и демографската структура на населението.

Еден од можните фактори кои влијаат на стапките на сопственост на домови во Европа, е достапноста на прифатливи станови. Во некои земји, како што се Германија и Швајцарија, трошоците за сместување се релативно високи, што им отежнува на многу луѓе да купат дом. Спротивно на тоа, во други земји, како што се Бугарија и Романија, домувањето е многу поевтино, па затоа поседувањето дом е подостапно за поголем број луѓе.

Друг фактор што може да влијае на стапките на сопственост на домови е распространетоста на социјалните станови. Во земјите каде што социјалното домување е вообичаено, како што се Холандија и Австрија, закупувачите се со поголема веројатност да бидат сместени во имоти во јавна сопственост, и затоа стапките на сопственост на домови се пониски.

И покрај овие варијации, поседувањето дом останува важна аспирација за многу Европејци, обезбедувајќи чувство на припадност, стабилност и безбедност што потешко може да се добие преку изнајмување, заклучува „Лангеист“.

The post Македонците повеќе сакаат да живеат во сопствен дом, Германците и Швајцарците живеат под кирија appeared first on Република.

]]>

Луѓето на Балканот и во Источна Европа преферираат да имаат и да живеат во сопствени домови за ралика од населението во Западна Европа кое почесто се решава за изнајмени живелишта. Според податоците на „Евростат“ што ги анализира порталот „Лангеист“, 85,9 отсто од жителите на Македонија живеат во сопствени домови. Рекордери се Косово и Албанија каде што околу 97 проценти од луѓето имаат свои, а не изнајмени живеалишта. Во Романија тој процент е 95,7, во Србија, Црна Гора и Хрватска околу 90, во Бугарија 85 и во Грција 73,3 отсто. Германија (49,1%) и Швајцарија (42,2%) имаат далеку најниска стапка на сопственост на домови во Европа. Тие се единствените земји каде што сопствениците на куќи се помалубројни од оние кои живеат во изнајмени домови. Стапките на сопственост на домови во Европа значително се разликуваат помеѓу земјите и се под влијание на различни фактори, вклучувајќи ја достапноста на станови со пристапни цени, распространетоста на социјалните станови и демографската структура на населението. Еден од можните фактори кои влијаат на стапките на сопственост на домови во Европа, е достапноста на прифатливи станови. Во некои земји, како што се Германија и Швајцарија, трошоците за сместување се релативно високи, што им отежнува на многу луѓе да купат дом. Спротивно на тоа, во други земји, како што се Бугарија и Романија, домувањето е многу поевтино, па затоа поседувањето дом е подостапно за поголем број луѓе. Друг фактор што може да влијае на стапките на сопственост на домови е распространетоста на социјалните станови. Во земјите каде што социјалното домување е вообичаено, како што се Холандија и Австрија, закупувачите се со поголема веројатност да бидат сместени во имоти во јавна сопственост, и затоа стапките на сопственост на домови се пониски. И покрај овие варијации, поседувањето дом останува важна аспирација за многу Европејци, обезбедувајќи чувство на припадност, стабилност и безбедност што потешко може да се добие преку изнајмување, заклучува „Лангеист“.

The post Македонците повеќе сакаат да живеат во сопствен дом, Германците и Швајцарците живеат под кирија appeared first on Република.

]]>
Драма во Кочани: Четворица го нападнале пред зграда, а потоа влегле во станот и ги претепале него и невенчаната сопруга https://republika.mk/vesti/crna-hronika/drama-vo-kochani-chetvorica-go-napadnale-pred-zgrada-a-potoa-vlegle-vo-stanot-i-gi-pretepale-nego-i-nevenchanata-sopruga/ Sat, 08 Oct 2022 16:01:31 +0000 https://republika.mk/?p=558839

На 07.10.2022 во 23.45 часот во ОВР Кочани е пријавено дека пред зграда на ул.„Ѓорче Петров“ во Кочани бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од Д.Д., Д.Д., Д.Д. и А.Д. врз Б.Ѓ., со кого се познавале од претходно, информира Министерството за внатрешни работи.

Според пријавеното, малку подоцна напаѓачите со дрвени предмети влегле во стан во зградата, сопственост на Г.Т., каде во моментот биле Б.Ѓ. и неговата невенчана сопруга К.А., ги нападнале и оштетиле дел од мебелот. Во координација со Јавен обвинител извршен е увид од екипа на ОВР Кочани. По расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

 

The post Драма во Кочани: Четворица го нападнале пред зграда, а потоа влегле во станот и ги претепале него и невенчаната сопруга appeared first on Република.

]]>

На 07.10.2022 во 23.45 часот во ОВР Кочани е пријавено дека пред зграда на ул.„Ѓорче Петров“ во Кочани бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од Д.Д., Д.Д., Д.Д. и А.Д. врз Б.Ѓ., со кого се познавале од претходно, информира Министерството за внатрешни работи. Според пријавеното, малку подоцна напаѓачите со дрвени предмети влегле во стан во зградата, сопственост на Г.Т., каде во моментот биле Б.Ѓ. и неговата невенчана сопруга К.А., ги нападнале и оштетиле дел од мебелот. Во координација со Јавен обвинител извршен е увид од екипа на ОВР Кочани. По расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.  

The post Драма во Кочани: Четворица го нападнале пред зграда, а потоа влегле во станот и ги претепале него и невенчаната сопруга appeared first on Република.

]]>
За да се купи стан во Скопје потребни се од 117 до 211 просечни плати https://republika.mk/vesti/ekonomija/za-da-se-kupi-stan-vo-skopje-potrebni-se-od-117-do-211-prosechni-plati/ Sun, 28 Aug 2022 08:08:29 +0000 https://republika.mk/?p=544856

Само еден метар квадратен станбена површина на периферијата на главниот град чини две просечни плати, а над три плати треба да се одвојат за еден квадрат на најатрактивните локации. Во градовите од внатрешноста, пак, квадратот е со цена малку над износот на една просечна плата.

За да се купи стан во Скопје потребни се од 117 до 211 просечни плати, или вкупната заработувачка на едно лице од приближно 10 до 17,5 години. Податоците се врз основа на движењето на цена на квадрат од 1.000 до 1.800 евра зависно од локацијата и општината во Скопје и просечната исплатена нето плата во државава во јуни годинава во износ од 31.869 денари (518 евра). Во градовите од внатрешноста македонските граѓани може да дојдат до ново живеалиште и со вкупната заработувачка од седум години.

Анализата што ја направи МИА, според податоците од тековните огласени цени за становите на продажба преку агенциите за недвижности по случаен избор, покажува дека стан од 60 квадрати на најатрактивните локации во Скопје кој се продава по цена од 1.800 евра чини 108.000 или 208 просечни плати, што е над 17 години работа, доколку се плати во готово.

За стан во Центар од 60 квадрати, со цена од 1.600 евра по метар квадратен, се потребни 96.000 евра, односно 185,3 просечни плати или примања во рок од 15 години. За стан со истата квадратура во населбата Капиштец по цена од 1.200 евра, треба да се одвојат 72.000 евра, односно приближно 140 просечни плати или да се работи над 11 години. За стан од 60 квадрати во градба во Општина Кисела Вода, огласен со цена од 1.400 евра за метар квадратен треба да се платат 84.000 евра, односно 162 плати или 13,5 години работа. Доколку некој се одлучи за стан со таа површина, но по цена од околу 1.000 евра по квадрат што во огласите може да се најде во само во периферните населби, ќе треба да одвои 117 плати, односно да ги штеди сите примања речиси 10 години.

За да се купи луксузен стан во Охрид од 63 квадрати, за кој цената е 1.450 евра, се потребни 91.350 евра, што се 179 просечни плати или речиси 15 години. Во Охрид, меѓу огласените станови за продажба има и по цена од 1.080 евра, па за стан од 56 квадрати се потребни 60.480 евра или 118 просечни нето плати, или приближно десет години.

Во Штип за огласен стан од 52 квадрати за вкупно 52.000 евра се потребни 100 просечни плати, односно 8,3 години.

За да се купи стан во Дојран, пак, каде дел од огласените се по цени и од 900 евра за метар квадратен, за 60 квадрати се потребни 54.000 евра односно 104 просечни плати или 8,6 години работа.

За во Кочани, пак, за стан во градба од 60 метри квадратни, по цена од 730 евра, или вкупно 43.800 евра, треба да се работи седум години, односно да се одвојат 84 плати. Една година помалку, односно вкупно шест години треба да се работи за стан со таа квадратура во Крива Паланка, каде има огласени станови по цена и од 625 евра за метар квадратен.

Чесите до нова недвижност за 13,3 години, Белгијците за 4,5 години

Последното истражување на Deloitte Property Index 2022 година, во кое се опфатени 23 држави, според пресметките од односот на бруто годишната заработувачка и цената, покажуваат дека за да купат недвижности најдолго треба да работат Чесите, 13,3 години. Тоа е речиси четири пати повеќе во однос на Ирците на кои им се доволни малку повеќе од три години. На жителите на Словачка им се потребни 12,76 годишни плати, на тие во Србија 11,5 години. Во Норвешка може да се купи нова недвижност со просечната заработувачка во тек на 4,4 години, а во Белгија 4,5 години.

Истражувањето покажува дека најевтини се новоградбите во Босна и Херцеговина со просечна цена од 974 евра за метар квадратен, во Романија квадратот во просек чини 1.266 евра, во Хрватска 1.823, а во Словенија 3.356 евра. Најскапиот квадрат станбена површина од земјите вклучени во истражувањето е во Велика Британија, каде цената изнесува 4.905 евра, пред Австрија со 4.782 евра и Франција со 4.639 евра. Германија и Холандија се приклучија на листата на најскапи земји во 2021 година, со цени од 4.600 и 3.949 евра за метар квадратен.

Раст на цените на недвижностите и во вториот квартал

Цената на недвижностите во државава продолжи да се зголемува и во вториот квартал годинава кога забележа раст од 16,5 отсто на годишно и од 6,8 отсто на квартално ниво. Во првиот квартал годинава, растот на цените на недвижностите изнесуваше 12,4 проценти на годишно ниво, а квартално 2,9 проценти.

Пресметките на консултантската компанија за недвижности Фортон МКА, објавени на крајот на јуни годинава, покажуваат дека просечната цена на метар квадратен станбен простор во Скопје во изминатите три години се зголемила за 20 отсто.

The post За да се купи стан во Скопје потребни се од 117 до 211 просечни плати appeared first on Република.

]]>

Само еден метар квадратен станбена површина на периферијата на главниот град чини две просечни плати, а над три плати треба да се одвојат за еден квадрат на најатрактивните локации. Во градовите од внатрешноста, пак, квадратот е со цена малку над износот на една просечна плата. За да се купи стан во Скопје потребни се од 117 до 211 просечни плати, или вкупната заработувачка на едно лице од приближно 10 до 17,5 години. Податоците се врз основа на движењето на цена на квадрат од 1.000 до 1.800 евра зависно од локацијата и општината во Скопје и просечната исплатена нето плата во државава во јуни годинава во износ од 31.869 денари (518 евра). Во градовите од внатрешноста македонските граѓани може да дојдат до ново живеалиште и со вкупната заработувачка од седум години. Анализата што ја направи МИА, според податоците од тековните огласени цени за становите на продажба преку агенциите за недвижности по случаен избор, покажува дека стан од 60 квадрати на најатрактивните локации во Скопје кој се продава по цена од 1.800 евра чини 108.000 или 208 просечни плати, што е над 17 години работа, доколку се плати во готово. За стан во Центар од 60 квадрати, со цена од 1.600 евра по метар квадратен, се потребни 96.000 евра, односно 185,3 просечни плати или примања во рок од 15 години. За стан со истата квадратура во населбата Капиштец по цена од 1.200 евра, треба да се одвојат 72.000 евра, односно приближно 140 просечни плати или да се работи над 11 години. За стан од 60 квадрати во градба во Општина Кисела Вода, огласен со цена од 1.400 евра за метар квадратен треба да се платат 84.000 евра, односно 162 плати или 13,5 години работа. Доколку некој се одлучи за стан со таа површина, но по цена од околу 1.000 евра по квадрат што во огласите може да се најде во само во периферните населби, ќе треба да одвои 117 плати, односно да ги штеди сите примања речиси 10 години. За да се купи луксузен стан во Охрид од 63 квадрати, за кој цената е 1.450 евра, се потребни 91.350 евра, што се 179 просечни плати или речиси 15 години. Во Охрид, меѓу огласените станови за продажба има и по цена од 1.080 евра, па за стан од 56 квадрати се потребни 60.480 евра или 118 просечни нето плати, или приближно десет години. Во Штип за огласен стан од 52 квадрати за вкупно 52.000 евра се потребни 100 просечни плати, односно 8,3 години. За да се купи стан во Дојран, пак, каде дел од огласените се по цени и од 900 евра за метар квадратен, за 60 квадрати се потребни 54.000 евра односно 104 просечни плати или 8,6 години работа. За во Кочани, пак, за стан во градба од 60 метри квадратни, по цена од 730 евра, или вкупно 43.800 евра, треба да се работи седум години, односно да се одвојат 84 плати. Една година помалку, односно вкупно шест години треба да се работи за стан со таа квадратура во Крива Паланка, каде има огласени станови по цена и од 625 евра за метар квадратен. Чесите до нова недвижност за 13,3 години, Белгијците за 4,5 години Последното истражување на Deloitte Property Index 2022 година, во кое се опфатени 23 држави, според пресметките од односот на бруто годишната заработувачка и цената, покажуваат дека за да купат недвижности најдолго треба да работат Чесите, 13,3 години. Тоа е речиси четири пати повеќе во однос на Ирците на кои им се доволни малку повеќе од три години. На жителите на Словачка им се потребни 12,76 годишни плати, на тие во Србија 11,5 години. Во Норвешка може да се купи нова недвижност со просечната заработувачка во тек на 4,4 години, а во Белгија 4,5 години. Истражувањето покажува дека најевтини се новоградбите во Босна и Херцеговина со просечна цена од 974 евра за метар квадратен, во Романија квадратот во просек чини 1.266 евра, во Хрватска 1.823, а во Словенија 3.356 евра. Најскапиот квадрат станбена површина од земјите вклучени во истражувањето е во Велика Британија, каде цената изнесува 4.905 евра, пред Австрија со 4.782 евра и Франција со 4.639 евра. Германија и Холандија се приклучија на листата на најскапи земји во 2021 година, со цени од 4.600 и 3.949 евра за метар квадратен. Раст на цените на недвижностите и во вториот квартал Цената на недвижностите во државава продолжи да се зголемува и во вториот квартал годинава кога забележа раст од 16,5 отсто на годишно и од 6,8 отсто на квартално ниво. Во првиот квартал годинава, растот на цените на недвижностите изнесуваше 12,4 проценти на годишно ниво, а квартално 2,9 проценти. Пресметките на консултантската компанија за недвижности Фортон МКА, објавени на крајот на јуни годинава, покажуваат дека просечната цена на метар квадратен станбен простор во Скопје во изминатите три години се зголемила за 20 отсто.

The post За да се купи стан во Скопје потребни се од 117 до 211 просечни плати appeared first on Република.

]]>
Пожар во стан во Дебар маало https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pozar-vo-stan-vo-debar-maalo/ Sun, 16 Jan 2022 15:21:20 +0000 https://republika.mk/?p=445333

На 16.01.2022 во 20.30 часот било пријавено дека на подрачјето на Центар настанал пожар пред влезна врата од стан сопственост на Т.К.(52). Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита, а повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Пожар во стан во Дебар маало appeared first on Република.

]]>

На 16.01.2022 во 20.30 часот било пријавено дека на подрачјето на Центар настанал пожар пред влезна врата од стан сопственост на Т.К.(52). Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита, а повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Пожар во стан во Дебар маало appeared first on Република.

]]>