стабилност Archives - Република https://republika.mk/tema/stabilnost/ За подобро да се разбереме Thu, 26 Jan 2023 13:28:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png стабилност Archives - Република https://republika.mk/tema/stabilnost/ 32 32 Ангеловска-Бежоска ‒ Филипиду: Преку соодветни политики, Народната банка ја задржа финансиската стабилност https://republika.mk/vesti/ekonomija/angelovska-bezhoska-filipidu-preku-soodvetni-politiki-narodnata-banka-ja-zadrzha-finansiskata-stabilnost/ Thu, 26 Jan 2023 13:28:08 +0000 https://republika.mk/?p=601299

Преку водење соодветни политики, Народна банка ја задржа финансиската стабилност, односно стабилноста на банкарскиот сектор, што е важен предуслов за постигнување здрав и одржлив економски раст. При присуство на ризици, важно е да се продолжи со претпазливи политики и натамошно зајакнување на отпорноста, оценија на заедничката средба гувернерката на НБ Анита Ангеловска-Бежоска и новоименуваната грчка амбасадорка во земјава, Софија Филипиду.

На средбата е истакнато дека Народната банка постојано и системски ја зајакнува регулаторната и супервизорската рамка, што придонело за стабилен и здрав банкарски сектор во услови на криза.

И Европската комисија донесе одлука со која оцени дека банкарската регулатива и супервизијата којашто ја спроведува Народната банка е во согласност со стандардите на Европската Унија, по примерот на земји како САД, Канада, Јапонија и Нов Зеланд, коишто ги исполнуваат овие стандарди. За време на последната криза беа преземени и дополнителни макропрудентни мерки, како воведување противцикличен заштитен слој на капиталот, заради дополнително зајакнување на отпорноста на банкарскиот сектор, се наведува во соопштението од Народна банка.

Банкарскиот сектор, како што се посочува, во текот на целата криза, ѝ дава значителна поддршка на економијата. Минатата година, вкупната кредитна поддршка е искачена на 9,4 проценти, особено кај корпоративниот сектор каде што достигна 11,5 проценти.

Притоа, особено е важно дека кредитната поддршка е обезбедена при задржана стабилност на банкарскиот систем. Според последните податоци, стапката на адекватност на капиталот се зголеми достигнувајќи 17,7 проценти, а нефункционалните кредити се задржуваат на ниски нивоа (3,3 проценти). Сепак, ризиците постојат и неопходно е натамошно јакнење на отпорноста на банкарскиот систем, се вели во соопштението.

Соговорниците разговарале и за тековната економска состојба и за глобалните и домашните макроекономски предизвици. Гувернерката ја истакнала заложбата на Народната банка за обезбедување среднорочна ценовна стабилност, за да се осигури попредвидлив и стабилен амбиент, поволен за среднорочен раст на економијата.

The post Ангеловска-Бежоска ‒ Филипиду: Преку соодветни политики, Народната банка ја задржа финансиската стабилност appeared first on Република.

]]>

Преку водење соодветни политики, Народна банка ја задржа финансиската стабилност, односно стабилноста на банкарскиот сектор, што е важен предуслов за постигнување здрав и одржлив економски раст. При присуство на ризици, важно е да се продолжи со претпазливи политики и натамошно зајакнување на отпорноста, оценија на заедничката средба гувернерката на НБ Анита Ангеловска-Бежоска и новоименуваната грчка амбасадорка во земјава, Софија Филипиду. На средбата е истакнато дека Народната банка постојано и системски ја зајакнува регулаторната и супервизорската рамка, што придонело за стабилен и здрав банкарски сектор во услови на криза. И Европската комисија донесе одлука со која оцени дека банкарската регулатива и супервизијата којашто ја спроведува Народната банка е во согласност со стандардите на Европската Унија, по примерот на земји како САД, Канада, Јапонија и Нов Зеланд, коишто ги исполнуваат овие стандарди. За време на последната криза беа преземени и дополнителни макропрудентни мерки, како воведување противцикличен заштитен слој на капиталот, заради дополнително зајакнување на отпорноста на банкарскиот сектор, се наведува во соопштението од Народна банка. Банкарскиот сектор, како што се посочува, во текот на целата криза, ѝ дава значителна поддршка на економијата. Минатата година, вкупната кредитна поддршка е искачена на 9,4 проценти, особено кај корпоративниот сектор каде што достигна 11,5 проценти. Притоа, особено е важно дека кредитната поддршка е обезбедена при задржана стабилност на банкарскиот систем. Според последните податоци, стапката на адекватност на капиталот се зголеми достигнувајќи 17,7 проценти, а нефункционалните кредити се задржуваат на ниски нивоа (3,3 проценти). Сепак, ризиците постојат и неопходно е натамошно јакнење на отпорноста на банкарскиот систем, се вели во соопштението. Соговорниците разговарале и за тековната економска состојба и за глобалните и домашните макроекономски предизвици. Гувернерката ја истакнала заложбата на Народната банка за обезбедување среднорочна ценовна стабилност, за да се осигури попредвидлив и стабилен амбиент, поволен за среднорочен раст на економијата.

The post Ангеловска-Бежоска ‒ Филипиду: Преку соодветни политики, Народната банка ја задржа финансиската стабилност appeared first on Република.

]]>
Комитет за финансиска стабилност: Финансиската и стабилноста на курсот на денарот успешно се одржуваат https://republika.mk/vesti/ekonomija/komitet-za-finansiska-stabilnost-finansiskata-i-stabilnosta-na-kursot-na-denarot-uspeshno-se-odrzuvaat/ Wed, 09 Mar 2022 11:28:15 +0000 https://republika.mk/?p=470038

Денарот е стабилен, а финансискиот систем исто така е стабилен и подготвен да одговори на предизвиците што би произлегле од руско-украинскиот конфликт, порачува Комитетот за финансиска стабилност при Народната банка.

Оттаму велат дека сите финансиски услуги непречено се вршат и ќе продолжат да се вршат и понатаму во согласност со потребите на граѓаните и на корпоративниот сектор.

Надлежните регулатори координирано ги следат состојбите и се подготвени брзо да делуваат, да ги прилагодуваат политиките во согласност со случувањата и да ја одржат финансиската стабилност која е приоритет, се наведува во соопштението испратено по денешниот состанок на Комитетот за финансиска стабилност на кој биле разгледани најновите движења во финансискиот сектор.

Досега, поизразени директни влијанија врз домашниот финансиски сектор нема и не се очекува да има поради слабите финансиски врски со Русија и Украина и отсуството на капитал од овие две држави во банкарскиот сектор.

Бидејќи се работи за неекономски шок, чијшто иден развој е тешко да се предвиди, прерано е да се извлечат заклучоци за долгорочните влијанија врз домашната економија. Сепак, она што е извесно е дека досега поизразени директни влијанија врз домашниот финансиски сектор нема и не се очекува да има, што се должи на многу слабите финансиски врски со Русија и Украина. Дополнителен фактор е отсуството на капитал од овие две земји во домашниот банкарски сектор. Ова е важна предност во овие околности, особено ако се земат предвид предизвиците со кои се соочија некои од соседните земји во кои беа присутни руски банки, се вели во соопштението.

Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска посочила дека девизните резерви се на високо ниво, што ја гарантира стабилноста на денарот и дека домашниот банкарски сектор е сигурен, ликвиден и соодветно капитализиран, подготвен за справување со евентуалните шокови.

За време на корона-кризата, банкарскиот сектор покажа дека умее да амортизира ризици, и кога тие се нови и дотогаш невидени, и по размер и по карактеристики. Банкарскиот сектор покажа дека е способен да ја поддржи економијата и во сложени услови и да одговори на барањата на граѓаните и корпоративниот сектор. Според сите показатели, ваквите капацитети се задржани и дополнително зајакнати во овој период - истакнала Ангеловска-Бежоска.

Министерот за финансии Фатмир Бесими порачал дека фискалната политика ќе биде поставена така за преку соодветни мерки и политики се амортизираат ударите што ќе доаѓаат однадвор за домашната економија и за стандардот на граѓаните.

Тие ќе дојдат преку европската економија и главно ќе се одразат врз потрошувачката, преку ценовните притисоци од увезените примарни производи. Преку фискалната политика ќе се заложиме за граѓаните и стопанството да ги амортизираме тие притисоци. Веќе е изготвен сет на антикризни мерки, кој Владата набрзо ќе го презентира - рекол Бесими.

Претседателката на Комисијата за хартии од вредност Нора Алити посочила дека ескалацијата на руско-украинскиот конфликт довела до првични негативни рефлексии врз тргувањето на берзата, пропратено со еднократен пад од 8.39 проценти на МБИ 10 на берзанскиот ден, кога започнаа воените дејствија, се до нормализирано и вообичаено тргување, без драматичен предзнак.

Кај нето-вредноста на отворените инвестициски фондови, заклучно со февруари, се забележува намалување од 2,4 проценти во однос на јануари. Приливите се стабилни, додека одливите се благо зголемени (7,34 проценти). Ваквите показатели за фондовите влегуваат во стандардните динамики и нема позначителни отстапувања од нивната кондиција. Имајќи предвид дека вредноста на вложувањата во хартии од вредност од руски компании изнесуваат околу 1,5 милиони евра или 0,76 проценти во вкупната нето вредност на сите отворени инвестициски фондови, очекувана е и таква пропорција на неповолен импакт - посочила Алити.

Внимателно се следат и состојбите кај пензиските друштва. Претседателот на Советот на експерти на МАПАС, Максуд Али информирал дека капитално финансираното пензиско осигурување делува стабилно и транспарентно со идентификувани ризици коишто се анализираат и се контролираат на редовна основа, со посебно внимание на инвестирањето на средствата на пензиските фондови.

Во делот на осигурителниот пазар било посочено дека развојот на настаните во Украина не се рефлектираат неповолно врз осигурителниот пазар. Претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО), Крсте Шајноски информирал дека во 2021 година е регистриран пад од 15 проценти на осигурителниот пазар.

На седницата е констатирано дека сите регулатори на финансискиот систем имаат доволен опсег на инструменти што може да ги користат доколку е потребно.

The post Комитет за финансиска стабилност: Финансиската и стабилноста на курсот на денарот успешно се одржуваат appeared first on Република.

]]>

Денарот е стабилен, а финансискиот систем исто така е стабилен и подготвен да одговори на предизвиците што би произлегле од руско-украинскиот конфликт, порачува Комитетот за финансиска стабилност при Народната банка. Оттаму велат дека сите финансиски услуги непречено се вршат и ќе продолжат да се вршат и понатаму во согласност со потребите на граѓаните и на корпоративниот сектор. Надлежните регулатори координирано ги следат состојбите и се подготвени брзо да делуваат, да ги прилагодуваат политиките во согласност со случувањата и да ја одржат финансиската стабилност која е приоритет, се наведува во соопштението испратено по денешниот состанок на Комитетот за финансиска стабилност на кој биле разгледани најновите движења во финансискиот сектор. Досега, поизразени директни влијанија врз домашниот финансиски сектор нема и не се очекува да има поради слабите финансиски врски со Русија и Украина и отсуството на капитал од овие две држави во банкарскиот сектор. Бидејќи се работи за неекономски шок, чијшто иден развој е тешко да се предвиди, прерано е да се извлечат заклучоци за долгорочните влијанија врз домашната економија. Сепак, она што е извесно е дека досега поизразени директни влијанија врз домашниот финансиски сектор нема и не се очекува да има, што се должи на многу слабите финансиски врски со Русија и Украина. Дополнителен фактор е отсуството на капитал од овие две земји во домашниот банкарски сектор. Ова е важна предност во овие околности, особено ако се земат предвид предизвиците со кои се соочија некои од соседните земји во кои беа присутни руски банки, се вели во соопштението. Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска посочила дека девизните резерви се на високо ниво, што ја гарантира стабилноста на денарот и дека домашниот банкарски сектор е сигурен, ликвиден и соодветно капитализиран, подготвен за справување со евентуалните шокови.
За време на корона-кризата, банкарскиот сектор покажа дека умее да амортизира ризици, и кога тие се нови и дотогаш невидени, и по размер и по карактеристики. Банкарскиот сектор покажа дека е способен да ја поддржи економијата и во сложени услови и да одговори на барањата на граѓаните и корпоративниот сектор. Според сите показатели, ваквите капацитети се задржани и дополнително зајакнати во овој период - истакнала Ангеловска-Бежоска.
Министерот за финансии Фатмир Бесими порачал дека фискалната политика ќе биде поставена така за преку соодветни мерки и политики се амортизираат ударите што ќе доаѓаат однадвор за домашната економија и за стандардот на граѓаните.
Тие ќе дојдат преку европската економија и главно ќе се одразат врз потрошувачката, преку ценовните притисоци од увезените примарни производи. Преку фискалната политика ќе се заложиме за граѓаните и стопанството да ги амортизираме тие притисоци. Веќе е изготвен сет на антикризни мерки, кој Владата набрзо ќе го презентира - рекол Бесими.
Претседателката на Комисијата за хартии од вредност Нора Алити посочила дека ескалацијата на руско-украинскиот конфликт довела до првични негативни рефлексии врз тргувањето на берзата, пропратено со еднократен пад од 8.39 проценти на МБИ 10 на берзанскиот ден, кога започнаа воените дејствија, се до нормализирано и вообичаено тргување, без драматичен предзнак.
Кај нето-вредноста на отворените инвестициски фондови, заклучно со февруари, се забележува намалување од 2,4 проценти во однос на јануари. Приливите се стабилни, додека одливите се благо зголемени (7,34 проценти). Ваквите показатели за фондовите влегуваат во стандардните динамики и нема позначителни отстапувања од нивната кондиција. Имајќи предвид дека вредноста на вложувањата во хартии од вредност од руски компании изнесуваат околу 1,5 милиони евра или 0,76 проценти во вкупната нето вредност на сите отворени инвестициски фондови, очекувана е и таква пропорција на неповолен импакт - посочила Алити.
Внимателно се следат и состојбите кај пензиските друштва. Претседателот на Советот на експерти на МАПАС, Максуд Али информирал дека капитално финансираното пензиско осигурување делува стабилно и транспарентно со идентификувани ризици коишто се анализираат и се контролираат на редовна основа, со посебно внимание на инвестирањето на средствата на пензиските фондови. Во делот на осигурителниот пазар било посочено дека развојот на настаните во Украина не се рефлектираат неповолно врз осигурителниот пазар. Претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО), Крсте Шајноски информирал дека во 2021 година е регистриран пад од 15 проценти на осигурителниот пазар. На седницата е констатирано дека сите регулатори на финансискиот систем имаат доволен опсег на инструменти што може да ги користат доколку е потребно.

The post Комитет за финансиска стабилност: Финансиската и стабилноста на курсот на денарот успешно се одржуваат appeared first on Република.

]]>