српски автобус Archives - Република https://republika.mk/tema/srpski-avtobus/ За подобро да се разбереме Thu, 18 Aug 2022 12:53:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png српски автобус Archives - Република https://republika.mk/tema/srpski-avtobus/ 32 32 Бугарското обвинителство бара траен притвор за српскиот возач https://republika.mk/vesti/balkan/bugarskoto-obvinitelstvo-bara-traen-pritvor-za-srpskiot-vozach/ Thu, 18 Aug 2022 12:53:19 +0000 https://republika.mk/?p=541713

Окружното обвинителство во Стара Загора побара од судот Дарко Карасичевиќ да остане трајно во притвор. 40-годишниот Србин е возачот на автобусот кој се преврте на 14 август на автопатот Тракија во Бугарија.

Карашичевиќ е обвинет за кршење на сообраќајните правила и од небрежност нанесување умерена телесна повреда на 12 деца и двајца возрасни.

Делото е оквалификувано по член 343 став 3 б „а“ во врска со член 342 став 1 од Кривичниот законик.

На обвинетиот возач веднаш по сообраќајната незгода му е одредена мерка притвор до 72 часа со наредба на надзорниот обвинител. Окружниот суд во Стара Загора денеска треба да закаже судска седница за разгледување на случајот.

За 28 дена ќе заборавите на болки во зглобовите или ‘рбетот:гарантирани успеси со сигурни медицински тестови.

Акциите за увидот се во тек.

The post Бугарското обвинителство бара траен притвор за српскиот возач appeared first on Република.

]]>

Окружното обвинителство во Стара Загора побара од судот Дарко Карасичевиќ да остане трајно во притвор. 40-годишниот Србин е возачот на автобусот кој се преврте на 14 август на автопатот Тракија во Бугарија. Карашичевиќ е обвинет за кршење на сообраќајните правила и од небрежност нанесување умерена телесна повреда на 12 деца и двајца возрасни. Делото е оквалификувано по член 343 став 3 б „а“ во врска со член 342 став 1 од Кривичниот законик. На обвинетиот возач веднаш по сообраќајната незгода му е одредена мерка притвор до 72 часа со наредба на надзорниот обвинител. Окружниот суд во Стара Загора денеска треба да закаже судска седница за разгледување на случајот. За 28 дена ќе заборавите на болки во зглобовите или ‘рбетот:гарантирани успеси со сигурни медицински тестови. Акциите за увидот се во тек.

The post Бугарското обвинителство бара траен притвор за српскиот возач appeared first on Република.

]]>
Две од српските деца повредени во несреќата на автопат во Бугарија утре со хеликоптери ќе бидат пренесени во Србија https://republika.mk/vesti/balkan/dve-od-srpskite-deca-povredeni-vo-nesrekjata-na-avtopat-vo-bugarija-utre-so-helikopteri-kje-bidat-preneseni-vo-srbija/ Wed, 17 Aug 2022 17:23:41 +0000 https://republika.mk/?p=541484

Двете српски деца кои се на лекување во софиската болница „Пирогов“ повредени во сообраќајката на автопатот „Тракија“ на 14 август, утре ќе бидат пренесени во Србија. Тоа денеска го соопшти Министерството за здравство на Бугарија.

Децата ќе бидат превезени со два хеликоптера на Србија со два тима за реанимација. Хеликоптерите ќе пристигнат од Србија на аеродромот во Софија утре изутрина и ќе слетаат на специјално определен простор.

Децата од болницата Пирогов до аеродромот ќе бидат транспортирани со амбулантни возила, придружувани од специјализирани екипи на МВР.

Децата беа повредени на 14 август откако автобус со српски регистарски табли излета од автопатот Тракија.

The post Две од српските деца повредени во несреќата на автопат во Бугарија утре со хеликоптери ќе бидат пренесени во Србија appeared first on Република.

]]>

Двете српски деца кои се на лекување во софиската болница „Пирогов“ повредени во сообраќајката на автопатот „Тракија“ на 14 август, утре ќе бидат пренесени во Србија. Тоа денеска го соопшти Министерството за здравство на Бугарија. Децата ќе бидат превезени со два хеликоптера на Србија со два тима за реанимација. Хеликоптерите ќе пристигнат од Србија на аеродромот во Софија утре изутрина и ќе слетаат на специјално определен простор. Децата од болницата Пирогов до аеродромот ќе бидат транспортирани со амбулантни возила, придружувани од специјализирани екипи на МВР. Децата беа повредени на 14 август откако автобус со српски регистарски табли излета од автопатот Тракија.

The post Две од српските деца повредени во несреќата на автопат во Бугарија утре со хеликоптери ќе бидат пренесени во Србија appeared first on Република.

]]>
Лекарот што им помогнал на децата случајно поминувал по тој пат https://republika.mk/vesti/balkan/lekarot-shto-im-pomognal-na-decata-sluchajno-pominuval-po-toj-pat/ Tue, 16 Aug 2022 14:26:34 +0000 https://republika.mk/?p=540990

Лекарот д-р Антон Елкин, васкуларен хирург, кој случајно се нашол на местото на несреќата кога српски автобус се преврте на автопатот Тракија во Бугарија за „Здраво Бугарија“ вели дека била непријатна глетката на крв од повредените деца, кои инаку биле играорци од фолклорниот ансамбл Ју-Лира од Батајница, пренесува српска „Нова“.

Потресна е глетката на деца облеани во крв од глава до пети. Некои од нив имаа само рани на главата, па пак имаше многу крв. Апсолутно случајно се најдов таму. Веднаш застанав и се приклучив да помогнам. Додека се движевме по автопатот, два конвои одеднаш забавија. Потоа видовме превртен автобус. Прво требаше да процениме кој од повредените беше релативно стабилен, кому му беше потребна помош, раскажува тој.

Од повредените десет деца, две уште се во тешка состојба. Главниот лекар од болницата „Пирогов“, Валети Дмитров не сакаше да открие детално какви операции и колку имале децата.

Децата кои беа повредени во сообраќајна несреќа во Бугарија, при превртување на автобусот, вчера пристигнаа на Универзитетската детска клиника во Тиршов каде ќе продолжи нивното лекување.

На Детската клиника вчера околу 19:45 часот пристигнале шест амбулантни возила и едно возило на Брза помош, придружувани од четири полициски возила на ротација.

The post Лекарот што им помогнал на децата случајно поминувал по тој пат appeared first on Република.

]]>

Лекарот д-р Антон Елкин, васкуларен хирург, кој случајно се нашол на местото на несреќата кога српски автобус се преврте на автопатот Тракија во Бугарија за „Здраво Бугарија“ вели дека била непријатна глетката на крв од повредените деца, кои инаку биле играорци од фолклорниот ансамбл Ју-Лира од Батајница, пренесува српска „Нова“.
Потресна е глетката на деца облеани во крв од глава до пети. Некои од нив имаа само рани на главата, па пак имаше многу крв. Апсолутно случајно се најдов таму. Веднаш застанав и се приклучив да помогнам. Додека се движевме по автопатот, два конвои одеднаш забавија. Потоа видовме превртен автобус. Прво требаше да процениме кој од повредените беше релативно стабилен, кому му беше потребна помош, раскажува тој.
Од повредените десет деца, две уште се во тешка состојба. Главниот лекар од болницата „Пирогов“, Валети Дмитров не сакаше да открие детално какви операции и колку имале децата. Децата кои беа повредени во сообраќајна несреќа во Бугарија, при превртување на автобусот, вчера пристигнаа на Универзитетската детска клиника во Тиршов каде ќе продолжи нивното лекување. На Детската клиника вчера околу 19:45 часот пристигнале шест амбулантни возила и едно возило на Брза помош, придружувани од четири полициски возила на ротација.

The post Лекарот што им помогнал на децата случајно поминувал по тој пат appeared first on Република.

]]>
Нови две операции го чекаат едно од тешко повредените деца кај Стара Загора https://republika.mk/vesti/balkan/novi-dve-operacii-go-chekaat-edno-od-teshko-povredenite-deca-kaj-stara-zagora/ Tue, 16 Aug 2022 09:26:25 +0000 https://republika.mk/?p=540830

Децата примени во бугарската болница „Пирогов” по несреќата со српскиот автобус се уште се во тешка состојба, соопшти денеска на брифинг со новинарите директорот Валентин Димитров.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, повредените се сместени на интензивна нега, но нема директна опасност по нивните животи.

Едно дете по долга операција вчера ноќта ја помина релативно мирно. Утрово екипите се собираат и има уште две операции кои се потребни за подобрување на неговата состојба. Сите медицински и хируршки екипи на „Пирогов” се во готовност, додаде д-р Димитров.

Тој додаде дека неговите колеги имаат целосна поддршка од Министерството за здравство на Бугарија.

Амбасадорот на Србија во Бугарија, Жељко Јовиќ, им се заблагодарува на бугарските власти за помошта во спасувањето на децата по несреќата со неговите сонародници на автопатот Тракија во неделата вечерта.

Тој објави дека речиси сите српски деца се веќе во Србија.

Двете деца кои се оперирани останаа во Софија, а во Стара Загора има семејство од мајка и татко со нивните три ќерки.

The post Нови две операции го чекаат едно од тешко повредените деца кај Стара Загора appeared first on Република.

]]>

Децата примени во бугарската болница „Пирогов” по несреќата со српскиот автобус се уште се во тешка состојба, соопшти денеска на брифинг со новинарите директорот Валентин Димитров. Како што јави дописникот на МИА од Софија, повредените се сместени на интензивна нега, но нема директна опасност по нивните животи.
Едно дете по долга операција вчера ноќта ја помина релативно мирно. Утрово екипите се собираат и има уште две операции кои се потребни за подобрување на неговата состојба. Сите медицински и хируршки екипи на „Пирогов” се во готовност, додаде д-р Димитров.
Тој додаде дека неговите колеги имаат целосна поддршка од Министерството за здравство на Бугарија. Амбасадорот на Србија во Бугарија, Жељко Јовиќ, им се заблагодарува на бугарските власти за помошта во спасувањето на децата по несреќата со неговите сонародници на автопатот Тракија во неделата вечерта. Тој објави дека речиси сите српски деца се веќе во Србија. Двете деца кои се оперирани останаа во Софија, а во Стара Загора има семејство од мајка и татко со нивните три ќерки.

The post Нови две операции го чекаат едно од тешко повредените деца кај Стара Загора appeared first on Република.

]]>
Сарафов: Човечка грешка е водечка верзија за несреќата со српскиот автобус на автопатот Тракија https://republika.mk/vesti/balkan/sarafov-chovechka-greshka-e-vodechka-verzija-za-nesrekjata-so-srpskiot-avtobus-na-avtopatot-trakija/ Mon, 15 Aug 2022 08:10:54 +0000 https://republika.mk/?p=540424

Водечката верзија за несреќата со српскиот автобус синоќа на автопатот Тракија е човечка грешка, во која српски автобус излета од патот на делот меѓу Нова Загора и Стара Загора, соопшти заменик-јавниот обвинител и директор на Националната истражна служба на Бугарија Борислав Сарафов.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Сарафов, ова е водечката верзија – за човечка грешка.

Нема нерамнини на патот ниту на автопатот Тракија во Бугарија, немаше други пречки поради кои автобусот скршнал.

Нема техничка неисправност што се случила ненадејно при движењето, рече и Сарафов.

Според него, водечката верзија останува само човечка грешка, за која се собрани директни сведоштва од оние кои се возеле во автобусот.

Возачот го сврти вниманието обидувајќи се да му помогне на еден од патниците да крене седиште, истакна и Борислав Сарафов.

The post Сарафов: Човечка грешка е водечка верзија за несреќата со српскиот автобус на автопатот Тракија appeared first on Република.

]]>

Водечката верзија за несреќата со српскиот автобус синоќа на автопатот Тракија е човечка грешка, во која српски автобус излета од патот на делот меѓу Нова Загора и Стара Загора, соопшти заменик-јавниот обвинител и директор на Националната истражна служба на Бугарија Борислав Сарафов. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Сарафов, ова е водечката верзија – за човечка грешка. Нема нерамнини на патот ниту на автопатот Тракија во Бугарија, немаше други пречки поради кои автобусот скршнал.
Нема техничка неисправност што се случила ненадејно при движењето, рече и Сарафов.
Според него, водечката верзија останува само човечка грешка, за која се собрани директни сведоштва од оние кои се возеле во автобусот.
Возачот го сврти вниманието обидувајќи се да му помогне на еден од патниците да крене седиште, истакна и Борислав Сарафов.

The post Сарафов: Човечка грешка е водечка верзија за несреќата со српскиот автобус на автопатот Тракија appeared first on Република.

]]>
Приведен возачот на српскиот автобус, прекршил барем еден бугарски закон https://republika.mk/vesti/balkan/priveden-vozachot-na-srpskiot-avtobus-prekrshil-barem-eden-bugarski-zakon/ Mon, 15 Aug 2022 07:45:38 +0000 https://republika.mk/?p=540400

Портпаролот на главниот обвинител на Бугарија, Шиика Милева, за МИА во Софија изјави дека возачот на српскиот автобус кој се преврте кај Стара Загора на автопатот Тракија е задржан 24 часа според законот на Министерството за внатрешни работи на земјата.

Ќе му биде наредено да не ја напушта Бугарија додека трае истрагата за причините за несреќата. Таа додала и дека во Стара Загора работи тимот на бугарски истражители и дека допрва следуваат распитите на очигледните учесници во несреќата. Милева не можеше да коментира кога децата од Србија ќе можат да ја напуштат Бугарија, бидејќи со закон распитот на малолетните деца се врши по одредена процедура и во присуство на нивните роднини или родители.

Инаку, од синоќа во Стара Загора е главниот обвинител Иван Гешев, заедно со тим истражители. Во исто време, експертите за безбедност на патиштата коментираат дека, покрај тоа што српскиот возач изгубил контрола над автобусот, го прекршил бугарскиот закон затоа што од фестивалот во Сончев Брег во Србија отпатувал за да земе деца навечер и ноќе, што не е дозволено. Министерот за здравство на Србија, Златибор Лончар, кој е во Стара Загора, ќе ги посети децата кои престојуваат во еден од хотелите во градот за да разговара со нив и да види каква е нивната општа состојба.

The post Приведен возачот на српскиот автобус, прекршил барем еден бугарски закон appeared first on Република.

]]>

Портпаролот на главниот обвинител на Бугарија, Шиика Милева, за МИА во Софија изјави дека возачот на српскиот автобус кој се преврте кај Стара Загора на автопатот Тракија е задржан 24 часа според законот на Министерството за внатрешни работи на земјата. Ќе му биде наредено да не ја напушта Бугарија додека трае истрагата за причините за несреќата. Таа додала и дека во Стара Загора работи тимот на бугарски истражители и дека допрва следуваат распитите на очигледните учесници во несреќата. Милева не можеше да коментира кога децата од Србија ќе можат да ја напуштат Бугарија, бидејќи со закон распитот на малолетните деца се врши по одредена процедура и во присуство на нивните роднини или родители. Инаку, од синоќа во Стара Загора е главниот обвинител Иван Гешев, заедно со тим истражители. Во исто време, експертите за безбедност на патиштата коментираат дека, покрај тоа што српскиот возач изгубил контрола над автобусот, го прекршил бугарскиот закон затоа што од фестивалот во Сончев Брег во Србија отпатувал за да земе деца навечер и ноќе, што не е дозволено. Министерот за здравство на Србија, Златибор Лончар, кој е во Стара Загора, ќе ги посети децата кои престојуваат во еден од хотелите во градот за да разговара со нив и да види каква е нивната општа состојба.

The post Приведен возачот на српскиот автобус, прекршил барем еден бугарски закон appeared first on Република.

]]>
Две деца се во тешка состојба по вчерашната автобуска несреќа во Бугарија https://republika.mk/vesti/balkan/dve-deca-se-vo-teshka-sostojba-po-vcherashnata-avtobuska-nesrekja-vo-bugarija/ Mon, 15 Aug 2022 07:27:00 +0000 https://republika.mk/?p=540381

Две деца повредени во вчерашната несреќата на автопатот Тракија во Бугарија ќе бидат пренесени во болницата Пирогов во Софија, изјави службениот министер за здравство на таа држава, Асен Меџидиев.

Во болницата во Стара Загора има 14 лица – двајца возрасни и 12 деца.

Две од децата се во тешка состојба. Едното сега е стабилизирано и е контактибилно, но ќе биде потребна операција. Во 9:00 часот детето ќе биде пренесено во Софија на детска хирургија, додека другото дете има трауматски шок и траума на горен екстремитет. Неговата состојба е малку влошена. Ќе се транспортира до „Пирогов“, рече Меџидиев.

Оние кои се во добра состојба со амбулантно возило ќе бидат пренесени на граница каде ќе бидат преземени од српска страна.

Автобус со регистерски таблички од Шабац, Србија излета вчера од автопатот Тракија во Бугарија и се преврте во ендек. Несреќата се случи вчера околу 20 часот по локално време на 216 километри во правец на Софија, кај Стара Загора. Децата биле учесници на фестивал во Несебар. Патувале од Несебар и се членови на фолклорниот ансамбл ЈУ-ЛИРА од Србија.

Повеќето се од Батајница. Во автобусот имало 38 деца и 11 возрасни.

Министерот за здравство на Србија, Златибор Лончар во текот на ноќта замина во Бугарија за да ги посети повредените и со бугарските колеги да разговара за понатамошните чекори во нивното лекување и дали е потребна дополнителна помош за повредените.

Во текот на ноќта на местото на несреќата пристигнаа главниот обвинител на Бугарија, Иван Гешев и неговиот заменик Борислав Сарафов, кој е и директор на Националната истражна служба, за да се запознаат со текот на истрагата.

За жал, имаме хронични проблеми и со патиштата и со ознаките на патиштата. Од обвинителството повеќепати ни е кажано дека имаме проблеми со возачите кои управуваат со моторни возила откако конзумирале алкохол и дрога, рече тој.

На таа магистрала пред два дена загинаа бремена жена и дете откако автомобил со турски регистерски талбички со кој се превезувале излетал од патот.

The post Две деца се во тешка состојба по вчерашната автобуска несреќа во Бугарија appeared first on Република.

]]>

Две деца повредени во вчерашната несреќата на автопатот Тракија во Бугарија ќе бидат пренесени во болницата Пирогов во Софија, изјави службениот министер за здравство на таа држава, Асен Меџидиев. Во болницата во Стара Загора има 14 лица – двајца возрасни и 12 деца. Две од децата се во тешка состојба. Едното сега е стабилизирано и е контактибилно, но ќе биде потребна операција. Во 9:00 часот детето ќе биде пренесено во Софија на детска хирургија, додека другото дете има трауматски шок и траума на горен екстремитет. Неговата состојба е малку влошена. Ќе се транспортира до „Пирогов“, рече Меџидиев. Оние кои се во добра состојба со амбулантно возило ќе бидат пренесени на граница каде ќе бидат преземени од српска страна. Автобус со регистерски таблички од Шабац, Србија излета вчера од автопатот Тракија во Бугарија и се преврте во ендек. Несреќата се случи вчера околу 20 часот по локално време на 216 километри во правец на Софија, кај Стара Загора. Децата биле учесници на фестивал во Несебар. Патувале од Несебар и се членови на фолклорниот ансамбл ЈУ-ЛИРА од Србија. Повеќето се од Батајница. Во автобусот имало 38 деца и 11 возрасни. Министерот за здравство на Србија, Златибор Лончар во текот на ноќта замина во Бугарија за да ги посети повредените и со бугарските колеги да разговара за понатамошните чекори во нивното лекување и дали е потребна дополнителна помош за повредените. Во текот на ноќта на местото на несреќата пристигнаа главниот обвинител на Бугарија, Иван Гешев и неговиот заменик Борислав Сарафов, кој е и директор на Националната истражна служба, за да се запознаат со текот на истрагата.
За жал, имаме хронични проблеми и со патиштата и со ознаките на патиштата. Од обвинителството повеќепати ни е кажано дека имаме проблеми со возачите кои управуваат со моторни возила откако конзумирале алкохол и дрога, рече тој.
На таа магистрала пред два дена загинаа бремена жена и дете откако автомобил со турски регистерски талбички со кој се превезувале излетал од патот.

The post Две деца се во тешка состојба по вчерашната автобуска несреќа во Бугарија appeared first on Република.

]]>