споменик Archives - Република https://republika.mk/tema/spomenik/ За подобро да се разбереме Tue, 27 Feb 2024 13:03:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png споменик Archives - Република https://republika.mk/tema/spomenik/ 32 32 Македонското друштво „Илинден“-Тирана достави барање за поставување спомен плоча во село Ербеле зa Горан Стефановски https://republika.mk/vesti/kultura/makedonskoto-drushtvo-ilinden-tirana-dostavi-barane-za-postavuvane-spomen-plocha-vo-selo-erbele-za-goran-stefanovski/ Tue, 27 Feb 2024 13:03:11 +0000 https://republika.mk/?p=748918

Македонското друштво “Илинден“-Тирана бара од општина Дебар и Советот на град Дебар во село Ербеле, Административна единица Маќеларе, општина Дебар, да биде поставена спомен плоча за истакнатиот македонски драмски автор Горан Стефановски, по потекло од цело Ербеле, во чест на Македонско националното малцинство кои живеат во селото, во Административна единица Маќеларе.

Стефановски потекнува од селото Ербеле - неговиот дедо Стрезо и неговара баба Алтана живееле во ова село до преселбара во Скопје кофа имаат изградено една од првите куќи во Дебар Маало. Големо влијание врз творештвото на Стефановски имаше тикму потеклото од овој крај и семејната историја. Тој постојано се интересирал и барал историјата на корените на своето семејство и со семејството го посетувал селото Ербеле. Минатата година, за ова беше посветен и фељтон.

Комеморативната плоча за Стефановски во селото Ербеле, на три јазици, ќе биде контакт точка за мултикултурните врски меѓу Албанија и Македонија и поттикнување на понатамошни проекти за соработка во културната сфера и ќе помогне да се афирмира село Ербеле како пример за соживот и мултикултурализам.

Содржината на плочата ќе биде на албански, македонски и англиски јазик ќе биде следнава:

„Сите живи суштества се раѓаат со инстинкт за преживување. Пајаците, за да преживеат, ткаат мрежи. Луѓето, за да преживеат, ткаат приказни. За нас нема ништо поважно од овие приказни. Тие се сржта на нашиот живот, ’рбетот на нашиот идентитет.“

Горан Стефановски

Од селото Ербеле се семејните корени на истакнатиот македонски драмски автор, академик Горан Стефановски (1952-2018).

The post Македонското друштво „Илинден“-Тирана достави барање за поставување спомен плоча во село Ербеле зa Горан Стефановски appeared first on Република.

]]>

Пријателот на СДСМ Курти сам на себе си подигна споменик https://republika.mk/vesti/balkan/prijatelot-na-sdsm-kurti-sam-na-sebe-si-podigna-spomenik/ Wed, 14 Feb 2024 07:34:46 +0000 https://republika.mk/?p=743841

Премиерот на Косово Албин Курти сака да остави траен белег на неговото владеење. Тој денеска во Подуево ќе ја открие својата статуа.Да, Курти ќе добие споменик што било негова голема желба.

За да не биде дека тоа е платено со државни пари, официјално споеменикот го финансирал припадник на албанската дијаспора.

Курти е многу активен во Македонија како неофицијален партнер на СДСМ во обид да ги убеди Албанците да го поддржат кандидатот за претседател на т.н Европски фронт.

https://republika.mk/vesti/balkan/albin-kurti-bara-da-se-oddalechime-od-srbija-a-negovata-sopruga-pravi-pari-so-srpskoto-elektro-stopanstvo/

The post Пријателот на СДСМ Курти сам на себе си подигна споменик appeared first on Република.

]]>

Премиерот на Косово Албин Курти сака да остави траен белег на неговото владеење. Тој денеска во Подуево ќе ја открие својата статуа.Да, Курти ќе добие споменик што било негова голема желба. За да не биде дека тоа е платено со државни пари, официјално споеменикот го финансирал припадник на албанската дијаспора. Курти е многу активен во Македонија како неофицијален партнер на СДСМ во обид да ги убеди Албанците да го поддржат кандидатот за претседател на т.н Европски фронт. https://republika.mk/vesti/balkan/albin-kurti-bara-da-se-oddalechime-od-srbija-a-negovata-sopruga-pravi-pari-so-srpskoto-elektro-stopanstvo/  

The post Пријателот на СДСМ Курти сам на себе си подигна споменик appeared first on Република.

]]>
Вандализиран споменикот на Гоце Делчев во Струмица https://republika.mk/vesti/makedonija/vandaliziran-spomenikot-na-gotse-delchev-vo-strumitsa/ Fri, 02 Feb 2024 18:35:20 +0000 https://republika.mk/?p=739864

Споменикот на Гоце Делчев, поставен на истоимениот плоштад во Струмица, е вандализиран од засега непознати лица и со авто лак врз него се испишани пораки.

Фотографијата од осквернатиот споменик се шири по социјалните мрежи, а се случува на два дена пред одбележувањето на 152 години од раѓање на Гоце Делчев, 4 февруари.

Од Општина Струмица го осудуваат овој вандалски и дрзок чин и бараат од надлежните да ги откријат сторителите. Додаваат дека споменикот ќе биде исчистен и апелираат до граѓаните да не го уништуваат заедничкото добро.

Споменикот на Гоце Делчев во Струмица е најголем во државата и е дело на скулпторот Бранко Конески. Висок е 5,20 метри и е подигнат е во 1976 година, а одлуката за неговото подигнување е донесена во 1972 година, по повод 100 години од раѓањето.

The post Вандализиран споменикот на Гоце Делчев во Струмица appeared first on Република.

]]>

Споменикот на Гоце Делчев, поставен на истоимениот плоштад во Струмица, е вандализиран од засега непознати лица и со авто лак врз него се испишани пораки. Фотографијата од осквернатиот споменик се шири по социјалните мрежи, а се случува на два дена пред одбележувањето на 152 години од раѓање на Гоце Делчев, 4 февруари. Од Општина Струмица го осудуваат овој вандалски и дрзок чин и бараат од надлежните да ги откријат сторителите. Додаваат дека споменикот ќе биде исчистен и апелираат до граѓаните да не го уништуваат заедничкото добро. Споменикот на Гоце Делчев во Струмица е најголем во државата и е дело на скулпторот Бранко Конески. Висок е 5,20 метри и е подигнат е во 1976 година, а одлуката за неговото подигнување е донесена во 1972 година, по повод 100 години од раѓањето.

The post Вандализиран споменикот на Гоце Делчев во Струмица appeared first on Република.

]]>
Бугарите не го даваат споменикот на советската армија https://republika.mk/vesti/balkan/bugarite-ne-go-davaat-spomenikot-na-sovetskata-armija/ Wed, 13 Dec 2023 08:22:15 +0000 https://republika.mk/?p=722420

Софиската полиција ноќеска постави уште една блокада околу споменикот на советската армија со што сега таму има три во обид да се спречи и денеска да има немири поради неговото демонтирање.

Во реонот околу споменикот што се демонтира има засилено полициско присуство и тој се обезбедува 24 часа, јавија софиските медиуми.

Тензиите почнаа вчера при обидот за демонтирање на споменикот на советската армија во Софија откако во раните утрински часови стапи во акција намерата на подрачната управа искажана пред месеци, а пред споменикот се појави кран.

Се собраа бранителите на споменикот, меѓу нив и пратеници од БСП и „Преродба“ кои се противат на тој потег. Кога заменик-претседателот на БСП, Георги Свиленски се обидел да ги пробие оградите, му била повредена раката.

Споменикот стар 70 години најверојатно ќе биде отстранет на делови од центарот на Софија. Се уште не е јасно каде точно ќе биде преместен

The post Бугарите не го даваат споменикот на советската армија appeared first on Република.

]]>

Софиската полиција ноќеска постави уште една блокада околу споменикот на советската армија со што сега таму има три во обид да се спречи и денеска да има немири поради неговото демонтирање. Во реонот околу споменикот што се демонтира има засилено полициско присуство и тој се обезбедува 24 часа, јавија софиските медиуми. Тензиите почнаа вчера при обидот за демонтирање на споменикот на советската армија во Софија откако во раните утрински часови стапи во акција намерата на подрачната управа искажана пред месеци, а пред споменикот се појави кран. Се собраа бранителите на споменикот, меѓу нив и пратеници од БСП и „Преродба“ кои се противат на тој потег. Кога заменик-претседателот на БСП, Георги Свиленски се обидел да ги пробие оградите, му била повредена раката. Споменикот стар 70 години најверојатно ќе биде отстранет на делови од центарот на Софија. Се уште не е јасно каде точно ќе биде преместен

The post Бугарите не го даваат споменикот на советската армија appeared first on Република.

]]>
СДСМ порачува дека нејзините советници ќе се спротивстават на враќање на споменикот на Ќосето https://republika.mk/vesti/skopje/sdsm-porachuva-deka-nejzinite-sovetnitsi-ke-se-sprotivstavat-na-vrakane-na-spomenikot-na-koseto/ Mon, 21 Aug 2023 14:48:53 +0000 https://republika.mk/?p=674255

Од СДСМ велат дека секогаш кога ВМРО ДПМНЕ и нивни градоначалници го водат Скопје, на градот му се случувакатастрофа.

Скопје две години е град без перспективи, со нефункционални институции, преплавен со ѓубре, без достоен јавен превоз, без ниту еден реализиран нов капитален проект.
И наместо да понуди решенија антиевропската партија ДПМНЕ, предводена од Христијан Мицкоски на скопјани им нуди споменици од режимот, како оној на Андон Јанев – Ќосето, историска контроверзна личност – еден од најголемите крвници на македонскиот народ.

Споменикот на Андон Јанев беше бесправно поставен од страна на режимот и затоа беше отстранет. Неговата локација пред зградата на судот беше сфатено како порака за партиска послушност на судиите на тогашната власт.

Најавата за повторно поставување на споменикот на Ќосето е продолжување на матрицата на Никола Груевски и режимската антиевропска ДПМНЕ и ништо друго.

СДСМ преку својата советничка група на СДСМ ќе се спротивстави на предлогот за враќање на споменикот, тој не треба да биде никогаш повеќе поставен каде било, неговото место е во негативните поглавја од македонската историја, се вели во партиското соопштение.

The post СДСМ порачува дека нејзините советници ќе се спротивстават на враќање на споменикот на Ќосето appeared first on Република.

]]>

Од СДСМ велат дека секогаш кога ВМРО ДПМНЕ и нивни градоначалници го водат Скопје, на градот му се случувакатастрофа.
Скопје две години е град без перспективи, со нефункционални институции, преплавен со ѓубре, без достоен јавен превоз, без ниту еден реализиран нов капитален проект. И наместо да понуди решенија антиевропската партија ДПМНЕ, предводена од Христијан Мицкоски на скопјани им нуди споменици од режимот, како оној на Андон Јанев – Ќосето, историска контроверзна личност – еден од најголемите крвници на македонскиот народ. Споменикот на Андон Јанев беше бесправно поставен од страна на режимот и затоа беше отстранет. Неговата локација пред зградата на судот беше сфатено како порака за партиска послушност на судиите на тогашната власт. Најавата за повторно поставување на споменикот на Ќосето е продолжување на матрицата на Никола Груевски и режимската антиевропска ДПМНЕ и ништо друго. СДСМ преку својата советничка група на СДСМ ќе се спротивстави на предлогот за враќање на споменикот, тој не треба да биде никогаш повеќе поставен каде било, неговото место е во негативните поглавја од македонската историја, се вели во партиското соопштение.

The post СДСМ порачува дека нејзините советници ќе се спротивстават на враќање на споменикот на Ќосето appeared first on Република.

]]>
Костовски: Општина Бутел е подготвена да изгради споменик за осумте бранители https://republika.mk/vesti/makedonija/kostovski-opshtina-butel-e-podgotvena-da-izgradi-spomenik-za-osumte-braniteli/ Thu, 10 Aug 2023 14:55:20 +0000 https://republika.mk/?p=670850

Денес одбележуваме 22 години од еден немил би рекол крвав настан кој на кукавички начин загинаа во заседа 8 припадници на резервниот состав на Армијата на Република Македонија во 2001 година кај месноста Љуботенски бачила.

И традиционално во Општина Бутел пред овој скромен споменик оддаваме почит на овие херои кои што го дадоа животот за нашата држава. Во оваа прилика би сакал да упатам еден апел до министерката за одбрана Славјанка Петровска, бидејќи слушнав дека пред некој ден таа даде изјава дека чека веќе подолго време од општина Желино дозвола за изградба на достојно спомен обелјежие за загинатите од Карпалак. Јас сакам во оваа ситуација да и упатам директен апел дека општина Бутел и јас како градоначалник сме спремни веднаш да изнајдеме локација и простор секако согласно закон и целосна документација за спомен обележја за овие 8 загинати бранители кои што на денешен ден го загубија својот живот да имаат конечно едно достојно спомен облежје изградено од државата, за која што тие се бореа и го дадоа животот.

Се надевам дека одговорот ќе биде позитивен и за многу кусо време општина Бутел во сорабтка со државата, поточно со Министерството за одбрана ќе изнајде конечно едно решение за достојно да го чествуваме овој ден кој што не потсеќа за жртвата која што е дадена за нашата држава Република Македонија.

The post Костовски: Општина Бутел е подготвена да изгради споменик за осумте бранители appeared first on Република.

Костовски со повик до Петровска: Бидејќи Желино тактизира за споменик за бранителите, изградете споменик во Бутел, веднаш ќе обезбедиме локација https://republika.mk/vesti/makedonija/kostovski-so-povik-do-petrovska-bidejki-zhelino-taktizira-za-spomenik-za-branitelite-izgradete-spomenik-vo-butel-vednash-ke-obezbedime-lokatsija/ Thu, 10 Aug 2023 08:48:04 +0000 https://republika.mk/?p=670638

Денес се навршуваат 22 години од крвавиот 10 Август 2001 година кога кај месноста Љуботенски бачила осум припадници на македонските безбедносни сили ги даваат своите животи за Македонија. Нема да оставиме нивната жртва да биде залудна, а нивното дело заборавено. Да ја цениме нашата слобода, нашата земја и заветот за Македонија. Да се одолжуваме кон хероите на тој начин што нема да ја заборавиме нивната жртва, порача градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски.

И бидејќи министерката за одбрана Славјанка Петровска јавно посочи дека се уште чека одобрение од Општина Желино за изградба на споменик за хероите од Карпалак, Општина Бутел и јас како нејзин градоначалник сме подготвени да одстапиме веднаш простор и локација, а министерството и владата да инвестираат во градба на достојно спомен обележје на видно место во општината за паднатите херои од Љуботенски бачила.

Очекуваме одговор. Државата мора да се грижи за своите херои.
Слава им, порача Костовски.

The post Костовски со повик до Петровска: Бидејќи Желино тактизира за споменик за бранителите, изградете споменик во Бутел, веднаш ќе обезбедиме локација appeared first on Република.

]]>

Денес се навршуваат 22 години од крвавиот 10 Август 2001 година кога кај месноста Љуботенски бачила осум припадници на македонските безбедносни сили ги даваат своите животи за Македонија. Нема да оставиме нивната жртва да биде залудна, а нивното дело заборавено. Да ја цениме нашата слобода, нашата земја и заветот за Македонија. Да се одолжуваме кон хероите на тој начин што нема да ја заборавиме нивната жртва, порача градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски. И бидејќи министерката за одбрана Славјанка Петровска јавно посочи дека се уште чека одобрение од Општина Желино за изградба на споменик за хероите од Карпалак, Општина Бутел и јас како нејзин градоначалник сме подготвени да одстапиме веднаш простор и локација, а министерството и владата да инвестираат во градба на достојно спомен обележје на видно место во општината за паднатите херои од Љуботенски бачила. Очекуваме одговор. Државата мора да се грижи за своите херои. Слава им, порача Костовски.

The post Костовски со повик до Петровска: Бидејќи Желино тактизира за споменик за бранителите, изградете споменик во Бутел, веднаш ќе обезбедиме локација appeared first on Република.

]]>
Каде бе македонски споменик на територија која е плен од војната во 2001, што би рекол Груби https://republika.mk/vesti/makedonija/kade-be-makedonski-soomenik-na-teritorija-koja-e-plen-od-vojnata-vo-2001-shto-bi-rekol-grubi/ Wed, 09 Aug 2023 09:06:26 +0000 https://republika.mk/?p=670259

Тоа е таа успешна децентрализација по која селата се помоќни од државата. Добро, некои села, не сите, коментира актерот Сашо Тасевски на изјавата на министерката за одбрана Славјанка Петровска дека владата ќе испрати молба до Желино таму да се постави споменик на загинатите бранители од заседата во 2001 година.

https://republika.mk/vesti/makedonija/mozhe-slupchane-imashe-za-uchk-drzhavata-ke-bara-dozvola-od-selo-za-spomenik-na-branitelite-kaj-karpalak/

Добро е само, додава Тасевски, што Славјанка нема ни намера да ги замоли од петни жили, туку она, молбата беше само за вчера, колку полесно да помине јубилејот од нивната смрт и да се одглуми патриотизам на мускули.

Село Слупчене го молеа да плати сметки за струја.
Сега Славјанка железната леди на НАТО го моли село Желино да дозволи да се направи споменик на загинатите македонски војници кај Карпалак, оти глупо е без дозвола од село Желино да поставиш споменик на Македонци кои загинале за Македонија.
Тоа е таа успешна децентрализација по која селата се помоќни од државата.
Добро, некои села, не сите.
Без молба со печат, заверена кај нотар, ништо не правиш као држава.
Добро е само што Славјанка нема ни намера да ги замоли од петни жили, туку она, молбата беше само за вчера, колку полесно да помине јубилејот од нивната смрт и да се одглуми патриотизам на мускули.
Споменик никогаш и нема да се изгради.
Каде бе македонски сооменик на територија која е плен од војната во 2001, што би рекол Груби.
Не оди тоа така. Молбата се одбива, вели тој.

The post Каде бе македонски споменик на територија која е плен од војната во 2001, што би рекол Груби appeared first on Република.

]]>

Тоа е таа успешна децентрализација по која селата се помоќни од државата. Добро, некои села, не сите, коментира актерот Сашо Тасевски на изјавата на министерката за одбрана Славјанка Петровска дека владата ќе испрати молба до Желино таму да се постави споменик на загинатите бранители од заседата во 2001 година. https://republika.mk/vesti/makedonija/mozhe-slupchane-imashe-za-uchk-drzhavata-ke-bara-dozvola-od-selo-za-spomenik-na-branitelite-kaj-karpalak/ Добро е само, додава Тасевски, што Славјанка нема ни намера да ги замоли од петни жили, туку она, молбата беше само за вчера, колку полесно да помине јубилејот од нивната смрт и да се одглуми патриотизам на мускули.
Село Слупчене го молеа да плати сметки за струја. Сега Славјанка железната леди на НАТО го моли село Желино да дозволи да се направи споменик на загинатите македонски војници кај Карпалак, оти глупо е без дозвола од село Желино да поставиш споменик на Македонци кои загинале за Македонија. Тоа е таа успешна децентрализација по која селата се помоќни од државата. Добро, некои села, не сите. Без молба со печат, заверена кај нотар, ништо не правиш као држава. Добро е само што Славјанка нема ни намера да ги замоли од петни жили, туку она, молбата беше само за вчера, колку полесно да помине јубилејот од нивната смрт и да се одглуми патриотизам на мускули. Споменик никогаш и нема да се изгради. Каде бе македонски сооменик на територија која е плен од војната во 2001, што би рекол Груби. Не оди тоа така. Молбата се одбива, вели тој.

The post Каде бе македонски споменик на територија која е плен од војната во 2001, што би рекол Груби appeared first on Република.

]]>
Вандализиран споменикот на загинатиот бранител Горан Стојменовиќ кој загина во акцијата во Диво насеље https://republika.mk/vesti/skopje/vandaliziran-spomenikot-na-zaginatiot-branitel-goran-stojmenovik-koj-zagina-vo-aktsijata-vo-divo-nasele/ Thu, 03 Aug 2023 07:14:35 +0000 https://republika.mk/?p=668120

На празникот Илинден во скопско Инџиково со сина боја е вандализиран споменикот на убиениот бранител Горан Стојменовиќ во полициската акција против териристичка група стационирана во Диво Насеље во 2015 година. Со спреј е прекриена неговата биста, но и иконите од осветениот крст во селото.

Изразувам најостра осуда за вечерашното сквернавење на споменикот на загинатиот бранител во борбите во Диво Насеље, Горан Стојменовиќ како и на иконите кои се дел од осветениот крст поставен во истиот парк во Инџиково. Ваквиот сторен чин на денешниот голем македонски празник Илинден и христијански празник Св. Илија преставува срамен и кукавички чин кој е за најостра осуда, објави на Фејсбук градоначалник на општина Гази Баба Бобан Стефковски.

Тој побара итно и неодложно превземање на сите законски дејствија од страна на Министерството за внатрешни работи и откривање на сторителите на овој чин.

На граѓаните сакам да им порачам да бидат спокојни. И споменикот и иконите ќе ги обновиме, а традицијата на оддавање почит на херојот Горан Стојменовиќ, како и чествувањето на Соборот на 12те Апостоли во Инџиково ќе продолжи!, порача Стефковски.

The post Вандализиран споменикот на загинатиот бранител Горан Стојменовиќ кој загина во акцијата во Диво насеље appeared first on Република.

Мерко бесправно и надвор од секоја законска процедура на кејот на Дрим заедно со Косовскиот конзулат во Струга свечено откри 3,5 метри висок споменик https://republika.mk/vesti/makedonija/merko-bespravno-i-nadvor-od-sekoja-zakonska-protsedura-na-kejot-na-drim-zaedno-so-kosovskiot-konzulat-vo-struga-svecheno-otkri-3-5-metri-visok-spomenik/ Tue, 01 Aug 2023 13:18:07 +0000 https://republika.mk/?p=667665

Бесправно и надвор од секоја законска процедура на самиот кеј на реката Дрим, Косовскиот конзулат во Струга, кој се јавува како инвеститор, свечено го откри поставеното 3,5 метри високо спомен обележје, за кое никој не знае колку пари чини.

Градоначалникот Рамиз Мерко, кој од неодамна е на црната листа на САД, не одговара на повиците, а од општината не откриваат како е поставено ова спомен обележје кога во важечките урбанистички планови на конкретната локација воопшто не е предвидена изградба на било какво спомен обележје. Спорната одлука е донесена со амин од советниците на СДСМ, преку кои ДУИ успеа да обезбеди мнозинство и за гласањето по Бадентер.

И покрај тоа што Инспекцискиот совет утврди незаконитости поради кои предметот го достави на понатамошно постапување до Министерството за култура и Управата за заштита на културното наследство, споменикот финансиран од конзулатот на Косово  беше свечено откриен.

Советниците на СДСМ во Сoветот на општина Струга гласале. Замислете ги бојадисуваа како шарена револуција спомениците за македонските дејци, но затоа во Советот на општина Струга гласаат. Сакаме да сме еднакви, ако сакаме да сме еднакви, тогаш овој споменикот, што е во Струга ќе треба утре заедно со Бујар Османи да појдеме и да го демонтираме, бидејќи тој споменик во Струга не го исполнува законот,  вели лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Со нелегално поставување на спомен обележја од други држави во срцето на Струга се подрива уставниот поредок на Република Македонија -предупредуваат од советничката група на ВМРО ДПМНЕ, која пред Уставниот суд ја обжали одлуката за подигање на ова највисоко спомен обележје во Струга, наводно во знак на благодарност затоа што во 1999 година за време на воениот кофликт граѓаните на Косово нашле прибежиште во нашата земја.

The post Мерко бесправно и надвор од секоја законска процедура на кејот на Дрим заедно со Косовскиот конзулат во Струга свечено откри 3,5 метри висок споменик appeared first on Република.

]]>

Бесправно и надвор од секоја законска процедура на самиот кеј на реката Дрим, Косовскиот конзулат во Струга, кој се јавува како инвеститор, свечено го откри поставеното 3,5 метри високо спомен обележје, за кое никој не знае колку пари чини. Градоначалникот Рамиз Мерко, кој од неодамна е на црната листа на САД, не одговара на повиците, а од општината не откриваат како е поставено ова спомен обележје кога во важечките урбанистички планови на конкретната локација воопшто не е предвидена изградба на било какво спомен обележје. Спорната одлука е донесена со амин од советниците на СДСМ, преку кои ДУИ успеа да обезбеди мнозинство и за гласањето по Бадентер. И покрај тоа што Инспекцискиот совет утврди незаконитости поради кои предметот го достави на понатамошно постапување до Министерството за култура и Управата за заштита на културното наследство, споменикот финансиран од конзулатот на Косово  беше свечено откриен.
Советниците на СДСМ во Сoветот на општина Струга гласале. Замислете ги бојадисуваа како шарена револуција спомениците за македонските дејци, но затоа во Советот на општина Струга гласаат. Сакаме да сме еднакви, ако сакаме да сме еднакви, тогаш овој споменикот, што е во Струга ќе треба утре заедно со Бујар Османи да појдеме и да го демонтираме, бидејќи тој споменик во Струга не го исполнува законот,  вели лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Со нелегално поставување на спомен обележја од други држави во срцето на Струга се подрива уставниот поредок на Република Македонија -предупредуваат од советничката група на ВМРО ДПМНЕ, која пред Уставниот суд ја обжали одлуката за подигање на ова највисоко спомен обележје во Струга, наводно во знак на благодарност затоа што во 1999 година за време на воениот кофликт граѓаните на Косово нашле прибежиште во нашата земја.  

The post Мерко бесправно и надвор од секоја законска процедура на кејот на Дрим заедно со Косовскиот конзулат во Струга свечено откри 3,5 метри висок споменик appeared first on Република.

]]>
Цвеќе на Споменикот на жртвите од земјотресот: Скопје стана град на солидарноста, препознатлив по тоа што ги обедини светските пораки на сочувство и споделување со болката и загубата на нашите сограѓани https://republika.mk/vesti/makedonija/tsveke-na-spomenikot-na-zhrtvite-od-zemjotresot-skopje-stana-grad-na-solidarnosta-prepoznatliv-po-toa-shto-gi-obedini-svetskite-poraki-na-sochuvstvo-i-spodeluvane-so-bolkata-i-zagubata-na-nashite-sogr/ Wed, 26 Jul 2023 10:31:03 +0000 https://republika.mk/?p=665477

Делегација на Владата на Република Македонија, предводена од заменик-претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ,  во придружба на министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и заменик-министерот за образование Агим Нухиу, денеска, по повод шеесетгодишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963 година, положи свежо цвеќе на Споменикот на жртвите од земјотресот на гробиштата Бутел, соопшти владината прес слжба.

Годинава се одбележуваат 60 години од катастрофалниот земјотрес што се случи во Скопје на 26 јули, 1963 година. Во земјотресот градот загуби многу сограѓани, претрпе ненадоместлива штета, но ја извојува битката со најголемата природна катастрофа.

На денешен ден оддаваме должна почит кон жртвите во земјотресот и изразуваме огромна благодарност на сите од целиот свет кои помогнаа градот повторно да биде обновен и да заживее со нов лик.

Скопје стана град на солидарноста, препознатлив по тоа што ги обедини светските пораки на сочувство и споделување со болката и загубата на нашите сограѓани.

Почит кон загинатите лица во земјотресот оддадоа и Претседателот на Република Македонија,  делегации од Собранието на Република Македонија и од Градот Скопје, како и амбасадори и делегации од дипломатско-конзуларните претставништва во Северна Македонија.

По повод 26 јули, денот на сеќавањето на катастрофалниот земјотрес, Министерството за култура и Владата на Република Македонија денеска организираат мултимедијална програма симболично насловена „Скопје во пет и седумнаесет“, со која преку низа културни настани ќе се одбележат спомените на последиците од катастрофалниот земјотрес.

The post Цвеќе на Споменикот на жртвите од земјотресот: Скопје стана град на солидарноста, препознатлив по тоа што ги обедини светските пораки на сочувство и споделување со болката и загубата на нашите сограѓани appeared first on Република.

]]>

Делегација на Владата на Република Македонија, предводена од заменик-претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ,  во придружба на министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и заменик-министерот за образование Агим Нухиу, денеска, по повод шеесетгодишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963 година, положи свежо цвеќе на Споменикот на жртвите од земјотресот на гробиштата Бутел, соопшти владината прес слжба.  
Годинава се одбележуваат 60 години од катастрофалниот земјотрес што се случи во Скопје на 26 јули, 1963 година. Во земјотресот градот загуби многу сограѓани, претрпе ненадоместлива штета, но ја извојува битката со најголемата природна катастрофа. На денешен ден оддаваме должна почит кон жртвите во земјотресот и изразуваме огромна благодарност на сите од целиот свет кои помогнаа градот повторно да биде обновен и да заживее со нов лик. Скопје стана град на солидарноста, препознатлив по тоа што ги обедини светските пораки на сочувство и споделување со болката и загубата на нашите сограѓани.
Почит кон загинатите лица во земјотресот оддадоа и Претседателот на Република Македонија,  делегации од Собранието на Република Македонија и од Градот Скопје, како и амбасадори и делегации од дипломатско-конзуларните претставништва во Северна Македонија. По повод 26 јули, денот на сеќавањето на катастрофалниот земјотрес, Министерството за култура и Владата на Република Македонија денеска организираат мултимедијална програма симболично насловена „Скопје во пет и седумнаесет“, со која преку низа културни настани ќе се одбележат спомените на последиците од катастрофалниот земјотрес.

The post Цвеќе на Споменикот на жртвите од земјотресот: Скопје стана град на солидарноста, препознатлив по тоа што ги обедини светските пораки на сочувство и споделување со болката и загубата на нашите сограѓани appeared first on Република.

]]>
Во Кисела Вода поставен споменик на загинатиот бранител во Диво насеље, Љубиша Аранѓеловиќ https://republika.mk/vesti/skopje/vo-kisela-voda-postaven-spomenik-na-zaginatiot-branitel-vo-divo-nasele-lubisha-arangelovik/ Sun, 14 May 2023 14:21:03 +0000 https://republika.mk/?p=640695

Со свечена церемонија, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски заедно со семејството на загинатиот бранител во битката против тероризмот во Куманово, Љубиша Аранѓеловиќ, денеска ја открија неговата спомен-плоча.

Чест на загинатиот припадник на ЕБР му оддадоа и колегите од Синдикатот на полициските службеници, кои положија свежо цвеќе и се поклонија пред спомен плочата. На настанот присуствуваа и повеќе граѓани, пријатели на загинатиот Аранѓеловиќ, како и градоначалникот на Општина Бутел Дарко Костовски.

Со неизмерна почит кон Љубиша Аранѓеловиќ, големиот херој кој загина бранејќи ја својата земја од терористите кои извршија напад во Диво Насеље, денес го откриваме неговиот споменик. Жртвата која тој ја даде бранејќи ја нашата безбедност, храброста која ја покажа бранејќи својата татковина се нешто што засекогаш ќе го паметиме. Оваа биста е симбол на нашата благодарност и почит кон неговото дело, но и историски потсетник за премрежијата низ кои минува Република Македонија. Да го споменуваме секогаш, да го продолжиме неговиот дух и да продолжиме да ги негуваме вредностите во кои тој веруваше и за кои ја плати највисоката цена. Слава му!, истакна градоначалникот Ѓорѓиевски кој потоа, заедно со делегација од Општина Кисела Вода се поклони пред споменикот и постави свежо цвеќе.

The post Во Кисела Вода поставен споменик на загинатиот бранител во Диво насеље, Љубиша Аранѓеловиќ appeared first on Република.

]]>

Со свечена церемонија, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски заедно со семејството на загинатиот бранител во битката против тероризмот во Куманово, Љубиша Аранѓеловиќ, денеска ја открија неговата спомен-плоча. Чест на загинатиот припадник на ЕБР му оддадоа и колегите од Синдикатот на полициските службеници, кои положија свежо цвеќе и се поклонија пред спомен плочата. На настанот присуствуваа и повеќе граѓани, пријатели на загинатиот Аранѓеловиќ, како и градоначалникот на Општина Бутел Дарко Костовски.
Со неизмерна почит кон Љубиша Аранѓеловиќ, големиот херој кој загина бранејќи ја својата земја од терористите кои извршија напад во Диво Насеље, денес го откриваме неговиот споменик. Жртвата која тој ја даде бранејќи ја нашата безбедност, храброста која ја покажа бранејќи својата татковина се нешто што засекогаш ќе го паметиме. Оваа биста е симбол на нашата благодарност и почит кон неговото дело, но и историски потсетник за премрежијата низ кои минува Република Македонија. Да го споменуваме секогаш, да го продолжиме неговиот дух и да продолжиме да ги негуваме вредностите во кои тој веруваше и за кои ја плати највисоката цена. Слава му!, истакна градоначалникот Ѓорѓиевски кој потоа, заедно со делегација од Општина Кисела Вода се поклони пред споменикот и постави свежо цвеќе.

The post Во Кисела Вода поставен споменик на загинатиот бранител во Диво насеље, Љубиша Аранѓеловиќ appeared first on Република.

]]>
Инает, незаинтересираност, незнаење или сè наведено: Кабли струја и ѓубре во пропаднатото здание во Жена парк https://republika.mk/vesti/skopje/inaet-nezainteresiranost-neznaene-ili-se-navedeno-kabli-struja-i-gubre-vo-propadnatoto-zdanie-vo-zhena-park/ Sun, 14 May 2023 13:45:54 +0000 https://republika.mk/?p=640675

Се оставаат ли намерно да пропаѓаат спомениците низ Скопје или целосната негрижа околу нив може да се препише на незаинтересираноста или незнаењето на „менаџерката“ на Градот?

Десет години по откривањето на споменикот на Паднатите херои за Македонија кој завршува со статуата на Прометеј во Жена парк, баш спроти зградата на Парламентот, денес ретко кој ноќе би се осудил да помине покрај него. Фонтаната едвај работи, светлата се откорнати, метла одамна не заиграла.

На местото каде дење деца си играат додека нивните баби и дедовци одмараат на клупите, сега е полно со ѓубре, а кабли со струја висат како украси.

Граѓаните го платија овој споменик како дел од проектот Скопје 2014. Без разлика дали некому во Градот му се допаѓа или не е по негов вкус, должност им е да го одржуваат, но најверојатно го чека истата судбина како подната фонтана на Плоштад.

The post Инает, незаинтересираност, незнаење или сè наведено: Кабли струја и ѓубре во пропаднатото здание во Жена парк appeared first on Република.

]]>

Се оставаат ли намерно да пропаѓаат спомениците низ Скопје или целосната негрижа околу нив може да се препише на незаинтересираноста или незнаењето на „менаџерката“ на Градот? Десет години по откривањето на споменикот на Паднатите херои за Македонија кој завршува со статуата на Прометеј во Жена парк, баш спроти зградата на Парламентот, денес ретко кој ноќе би се осудил да помине покрај него. Фонтаната едвај работи, светлата се откорнати, метла одамна не заиграла. На местото каде дење деца си играат додека нивните баби и дедовци одмараат на клупите, сега е полно со ѓубре, а кабли со струја висат како украси. Граѓаните го платија овој споменик како дел од проектот Скопје 2014. Без разлика дали некому во Градот му се допаѓа или не е по негов вкус, должност им е да го одржуваат, но најверојатно го чека истата судбина како подната фонтана на Плоштад.

The post Инает, незаинтересираност, незнаење или сè наведено: Кабли струја и ѓубре во пропаднатото здание во Жена парк appeared first on Република.

]]>
Украдена бистата на Цветан Димов од Градски парк https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ukradena-bistata-na-tsvetan-dimov-od-gradski-park/ Fri, 28 Apr 2023 15:16:12 +0000 https://republika.mk/?p=635072

Утрово 07.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градскиот парк во Скопје била одземена бистата на народниот херој Цветан Димов.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Украдена бистата на Цветан Димов од Градски парк appeared first on Република.

]]>

Утрово 07.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градскиот парк во Скопје била одземена бистата на народниот херој Цветан Димов. Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Украдена бистата на Цветан Димов од Градски парк appeared first on Република.

]]>
Украден дел од споменикот на Орце Николов во Градскиот парк https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ukraden-del-od-spomenikot-na-ortse-nikolov-vo-gradskiot-park/ Thu, 16 Mar 2023 08:26:33 +0000 https://republika.mk/?p=620144

Непознати вандали во вторникот вечер однеле дел од споменикот на народниот херој Орце Николов во Градскиот парк во Скопје, информира МВР.

На 14.03.2023 во 09.26 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градскиот парк во Скопје, бил одземен дел од споменикот на Орце Николов, кусо соопштија од полицијата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Украден дел од споменикот на Орце Николов во Градскиот парк appeared first on Република.

Пијана група го обезглави Никола Вапцаров во Делчево https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pijana-grupa-go-obezglavi-nikola-vaptsarov-vo-delchevo/ Mon, 06 Mar 2023 09:31:26 +0000 https://republika.mk/?p=616317

Како резултат на вандалски чин настрада споменикот на големиот поет Никола Јонков Вапцаров кој е патрон на Центарот за култура во Делчево. Од Општината го одудија вандалскиот чин, велејки дека ова е резултат на несовесно однесување на пијана група на млади во Делчево, чии испади резултираат со вандализам и уништување на опрема.

Упатуваме осудува за овој чин на вандализам кој ги преминува сите граници на несовесно однесување, истакнаа од Општина Делчево, додавајки дека споменикот на културниот деец веднаш е вратен во првобитната состојба.

[caption id="attachment_616319" align="aligncenter" width="1080"] (Фото: МИА)[/caption]

Реакцијата доаѓа откако претходно беше украден дел од оградата на новиот пешчаки мост „Гоце Делчев" во центарот на градот.

Апелираме уште еднаш до граѓаните да се грижат за општинскиот имот и потсетуваме дека согласно со актуелните законски одредби, забрането е уништување на урбана и друга опрема за што е предвидена мандатна казна за сторителите, додадоа од Општината.

Во насока на спречување на вандалството во Делчево, претходно Општина Делчево на неколку локации постави надзорни камери, со цел поефикасно откривање на сторителите.

The post Пијана група го обезглави Никола Вапцаров во Делчево appeared first on Република.

]]>

Како резултат на вандалски чин настрада споменикот на големиот поет Никола Јонков Вапцаров кој е патрон на Центарот за култура во Делчево. Од Општината го одудија вандалскиот чин, велејки дека ова е резултат на несовесно однесување на пијана група на млади во Делчево, чии испади резултираат со вандализам и уништување на опрема.
Упатуваме осудува за овој чин на вандализам кој ги преминува сите граници на несовесно однесување, истакнаа од Општина Делчево, додавајки дека споменикот на културниот деец веднаш е вратен во првобитната состојба.
[caption id="attachment_616319" align="aligncenter" width="1080"] (Фото: МИА)[/caption]
Реакцијата доаѓа откако претходно беше украден дел од оградата на новиот пешчаки мост „Гоце Делчев" во центарот на градот. Апелираме уште еднаш до граѓаните да се грижат за општинскиот имот и потсетуваме дека согласно со актуелните законски одредби, забрането е уништување на урбана и друга опрема за што е предвидена мандатна казна за сторителите, додадоа од Општината. Во насока на спречување на вандалството во Делчево, претходно Општина Делчево на неколку локации постави надзорни камери, со цел поефикасно откривање на сторителите.

The post Пијана група го обезглави Никола Вапцаров во Делчево appeared first on Република.

]]>
Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ од Струга против Одлуката за поставување на спомен обележје – плоча од Косово https://republika.mk/vesti/makedonija/sovetnichkata-grupa-na-vmro-dpmne-od-struga-protiv-odlukata-za-postavuvane-na-spomen-obelezhje-plocha-od-kosovo/ Mon, 13 Feb 2023 12:13:00 +0000 https://republika.mk/?p=608403

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Струга против Одлуката за поставување на спомен обележје - плоча од Косово на Советот на Општина Струга Бр.08-4322 од 27.10.2022 година, објавена во „Службен гласник на Општина Струга” бр.11 од 02.11.2022 година, поднесе:

Предлог за оценување на уставноста и законитоста до Уставниот Суд на Република Македонија со посебно барање за донесување на решение за времена мерка за запирање на извршување на побиваната одлука;

Барање за вршење вонреден инспекциски надзор до Државниот инспекторат за локална самоуправа;

Барање за вршење вонреден инспекциски надзор до Министерството за култура; и

Барање за вршење вонреден инспекциски надзор до Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам.

Донесената одлука е спротивна на важечките урбанистички планови во општина Струга, спротивна на член 17 став 1 и 2, на член 18 в. в. член 10, 11, 12, 13, 14, 15 и 16 и на член 25 сите од Законот за меморијалните споменици и спомен обележја, објавен во „Службен весник на Република Македонија” бр. 66/04, 89/08 и 152/15 и „Службен весник на Република Македонија“ бр. 103/21, поради следните причини:

Одлуката е донесена без ревидиран основен проект и без никаква техничка документација, само врз основа на приложена скица и рендерирана фотографија;

Во важечкиот ГУП и ДУП донесени од Советот на Општина Струга на конкретната локација воопшто не е предвидена изградба на спомен обележје;

Советот на Општина Струга нема донесено програма за одбележување на значајни настани и истакнати личности со спомен-обележја која се донесува за период од пет години;

Советот на Општина Струга нема именувано Одбор за подигнување на спомен-обележје.

Без кумулативно исполнување на сите горенаведени услови неможе и несмее да се издаде одобрение за градење на спомен обележје - плоча, a споменикот кој бесправно се гради на лице место е класична дивоградба.

The post Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ од Струга против Одлуката за поставување на спомен обележје – плоча од Косово appeared first on Република.

]]>

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Струга против Одлуката за поставување на спомен обележје - плоча од Косово на Советот на Општина Струга Бр.08-4322 од 27.10.2022 година, објавена во „Службен гласник на Општина Струга” бр.11 од 02.11.2022 година, поднесе:

Предлог за оценување на уставноста и законитоста до Уставниот Суд на Република Македонија со посебно барање за донесување на решение за времена мерка за запирање на извршување на побиваната одлука; Барање за вршење вонреден инспекциски надзор до Државниот инспекторат за локална самоуправа; Барање за вршење вонреден инспекциски надзор до Министерството за култура; и Барање за вршење вонреден инспекциски надзор до Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам. Донесената одлука е спротивна на важечките урбанистички планови во општина Струга, спротивна на член 17 став 1 и 2, на член 18 в. в. член 10, 11, 12, 13, 14, 15 и 16 и на член 25 сите од Законот за меморијалните споменици и спомен обележја, објавен во „Службен весник на Република Македонија” бр. 66/04, 89/08 и 152/15 и „Службен весник на Република Македонија“ бр. 103/21, поради следните причини: Одлуката е донесена без ревидиран основен проект и без никаква техничка документација, само врз основа на приложена скица и рендерирана фотографија; Во важечкиот ГУП и ДУП донесени од Советот на Општина Струга на конкретната локација воопшто не е предвидена изградба на спомен обележје; Советот на Општина Струга нема донесено програма за одбележување на значајни настани и истакнати личности со спомен-обележја која се донесува за период од пет години; Советот на Општина Струга нема именувано Одбор за подигнување на спомен-обележје.

Без кумулативно исполнување на сите горенаведени услови неможе и несмее да се издаде одобрение за градење на спомен обележје - плоча, a споменикот кој бесправно се гради на лице место е класична дивоградба.

The post Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ од Струга против Одлуката за поставување на спомен обележје – плоча од Косово appeared first on Република.

]]>
Исчистен запуштениот и заборавен споменик од НОБ во Општина Липково https://republika.mk/vesti/makedonija/ischisten-zapushteniot-i-zaboraven-spomenik-od-nob-vo-opshtina-lipkovo/ Mon, 17 Oct 2022 08:10:42 +0000 https://republika.mk/?p=561933

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, упатува голема благодарност до членовите на Здружението на армиски и полициски ветерани од активен и резервен состав - ЗАПВАРС Куманово кои на сопствена иницијатива и со помош на месното население го посетија и исчистија локалитетот „Воденица“ во село Белановце во Општина Липково на планината Карадак кадешто се наоѓа споменикот подигнат во чест на борците од НОБ кои на 14 oктомври 1941 година во борба со бугарскиот фашистички окупатор ги положија своите животи.

„Упатувам благодарност до членовите на здружението ЗАПВАРС Куманово за посетата на овој локалитет заборавен со децении од сите, локалитет кој се наоѓа на многу непристапен терен. Армиските и полициски ветерани од активен и резервен состав го исчистија локалитетот и положија свежо цвеќе во чест на паднатите херои. Боро Менков - Командант на одредот, Перо Георгиевски Чичо, Бајрам Шабани, Магдалена Антова, Киро Бурназовски Мумурузница, Аритон Димковски Тонко и Наце Ивановски Буѓони, Вечна им слава на паднатите борци!“, потенцира Димитриевски.

The post Исчистен запуштениот и заборавен споменик од НОБ во Општина Липково appeared first on Република.

Вандализиран споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк https://republika.mk/vesti/skopje/vandaliziran-spomenikot-na-goce-delchev-vo-gradskiot-park/ Tue, 04 Oct 2022 18:13:12 +0000 https://republika.mk/?p=557388

Непознати сторители денеска го вандализирале споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје.

Со спреј во неколку бои исчкртан е постаментот на споменикот и плочникот пред него.

Од МВР за МИА велат дека се преземаат мерки за откривање на сторителите./

Фото: МИА

The post Вандализиран споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк appeared first on Република.

]]>

Непознати сторители денеска го вандализирале споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје. Со спреј во неколку бои исчкртан е постаментот на споменикот и плочникот пред него. Од МВР за МИА велат дека се преземаат мерки за откривање на сторителите./ Фото: МИА

The post Вандализиран споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк appeared first on Република.

]]>
Летонија урна советски споменик за победата против нацизмот https://republika.mk/vesti/svet/letonija-urna-sovetski-spomenik-za-pobedata-protiv-nacizmot/ Fri, 26 Aug 2022 13:19:40 +0000 https://republika.mk/?p=544387

Властите во Летонија, во Рига урнаа споменик од советската ера со кој се слави победата над нацизмот, во согласност со законот донесен по руската воена операција во Украина и покрај протестите на руското малцинство во оваа балтичка држава.

https://twitter.com/SkyNews/status/1563042305497387008?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1563042305497387008%7Ctwgr%5E1537696d8bcadb9b5380105fd3061207c5c9c276%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fmakfax.com.mk%2Fsvet%2Fd0b2d0b8d0b4d0b5d0be-d0b2d0be-d0bbd0b0d182d0b2d0b8d198d0b0-d183d180d0bdd0b0d182-d181d0bfd0bed0bcd0b5d0bdd0b8d0ba-d0bed0b4-d181d0bed0b2%2F

Споменикот висок 79 метри, поставен помеѓу 1979 и 1985 година во знак на сеќавање на победата на советската армија над нацистичка Германија, беше уништен со помош на градежна механизација.

Секоја година, илјадници Руси, кои сочинуваат околу 30 отсто од населението на Летонија, се собираат на 9 мај за да го одбележат Денот на победата во 1945 година.

Сепак, повеќето Летонци го доживуваат тој датум како почеток на речиси 50-годишната советска окупација која заврши во 1991 година.

Речиси сите споменици и спомен-плочи од советската ера, освен оние на воените гробишта, беа отстранети во 1991 година, а споменикот во Рига беше заштитен со договор од 1994 година меѓу Република Летонија и Руската Федерација.

The post Летонија урна советски споменик за победата против нацизмот appeared first on Република.

]]>

Властите во Летонија, во Рига урнаа споменик од советската ера со кој се слави победата над нацизмот, во согласност со законот донесен по руската воена операција во Украина и покрај протестите на руското малцинство во оваа балтичка држава. https://twitter.com/SkyNews/status/1563042305497387008?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1563042305497387008%7Ctwgr%5E1537696d8bcadb9b5380105fd3061207c5c9c276%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fmakfax.com.mk%2Fsvet%2Fd0b2d0b8d0b4d0b5d0be-d0b2d0be-d0bbd0b0d182d0b2d0b8d198d0b0-d183d180d0bdd0b0d182-d181d0bfd0bed0bcd0b5d0bdd0b8d0ba-d0bed0b4-d181d0bed0b2%2F Споменикот висок 79 метри, поставен помеѓу 1979 и 1985 година во знак на сеќавање на победата на советската армија над нацистичка Германија, беше уништен со помош на градежна механизација. Секоја година, илјадници Руси, кои сочинуваат околу 30 отсто од населението на Летонија, се собираат на 9 мај за да го одбележат Денот на победата во 1945 година. Сепак, повеќето Летонци го доживуваат тој датум како почеток на речиси 50-годишната советска окупација која заврши во 1991 година. Речиси сите споменици и спомен-плочи од советската ера, освен оние на воените гробишта, беа отстранети во 1991 година, а споменикот во Рига беше заштитен со договор од 1994 година меѓу Република Летонија и Руската Федерација.

The post Летонија урна советски споменик за победата против нацизмот appeared first on Република.

]]>