споменици Archives - Република https://republika.mk/tema/spomenici/ За подобро да се разбереме Sun, 14 Apr 2024 18:00:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png споменици Archives - Република https://republika.mk/tema/spomenici/ 32 32 Искршени Урните во Могилата на непобедените во Прилеп https://republika.mk/vesti/crna-hronika/iskrsheni-urnite-vo-mogilata-na-nepobedenite-vo-prilep/ Sun, 14 Apr 2024 14:25:17 +0000 https://republika.mk/?p=765952

Непознати сторители ги откорнале и дел ги искршиле мермерните плочки околу постаментите на спомениците „Урни“ на Могилата на непобедените во Прилеп. Мермерните плочки се откорнати, дел искршени околу три Урни.

Никој не знае кога тоа се случило, се претпоставува последните три-четири дена. Од прилепскиот Завод и музеј веднаш го осудија овој вандалски чин.

Ова, по се изгледа е намерен вандалски чин и најостро го осудуваме. Очигледно била потребна сила да се откорнат и да се уништат. Апелираме чуварската служба во Паркот на револуцијата да води повеќе сметка за состојбата на споменичните обележја на ова свето место. Како Музеј ќе ги преземеме сите мерки, но мора прво да се детектира состојбата, вели директорот на музејот Горан Цветкоски.

Обновата со мермерни плочки околу постаментите на спомениците – Урни на Могилата на непобедените и уредувањето на патеките и обновувањето на одредени оштетувања околу бистите на народните херои во Алејата на народните херои, што е дел од комплексот Парк на револуцијата, беше проект на Заводот и музеј од Прилеп кој заврши лани, во пресрет на националниот празник, „11 Октомври“.

The post Искршени Урните во Могилата на непобедените во Прилеп appeared first on Република.

]]>

Непознати сторители ги откорнале и дел ги искршиле мермерните плочки околу постаментите на спомениците „Урни“ на Могилата на непобедените во Прилеп. Мермерните плочки се откорнати, дел искршени околу три Урни. Никој не знае кога тоа се случило, се претпоставува последните три-четири дена. Од прилепскиот Завод и музеј веднаш го осудија овој вандалски чин.
Ова, по се изгледа е намерен вандалски чин и најостро го осудуваме. Очигледно била потребна сила да се откорнат и да се уништат. Апелираме чуварската служба во Паркот на револуцијата да води повеќе сметка за состојбата на споменичните обележја на ова свето место. Како Музеј ќе ги преземеме сите мерки, но мора прво да се детектира состојбата, вели директорот на музејот Горан Цветкоски.
Обновата со мермерни плочки околу постаментите на спомениците – Урни на Могилата на непобедените и уредувањето на патеките и обновувањето на одредени оштетувања околу бистите на народните херои во Алејата на народните херои, што е дел од комплексот Парк на револуцијата, беше проект на Заводот и музеј од Прилеп кој заврши лани, во пресрет на националниот празник, „11 Октомври“.

The post Искршени Урните во Могилата на непобедените во Прилеп appeared first on Република.

]]>
Оштетени споменици на жртвите од Аушвиц во Рим https://republika.mk/vesti/svet/oshteteni-spomenitsi-na-zhrtvite-od-aushvits-vo-rim/ Wed, 01 Nov 2023 12:12:02 +0000 https://republika.mk/?p=697060

Во римската област Трастевере, утрово се оштетени два споменици т.н „Камења на сопнување“ кои потсетуваат на двајцата Евреи кои беа однесени од Рим во Аушвиц, објави денеска на Икс градоначалникот на Рим Роберто Гуалтиери.

„Рим силно го осудува овој неприфатлив и жален чин. Ја изразуваме нашата солидарност со целата еврејска заедница во Рим“, напиша Гуалтиери на Икс.

The post Оштетени споменици на жртвите од Аушвиц во Рим appeared first on Република.

]]>

Во римската област Трастевере, утрово се оштетени два споменици т.н „Камења на сопнување“ кои потсетуваат на двајцата Евреи кои беа однесени од Рим во Аушвиц, објави денеска на Икс градоначалникот на Рим Роберто Гуалтиери. „Рим силно го осудува овој неприфатлив и жален чин. Ја изразуваме нашата солидарност со целата еврејска заедница во Рим“, напиша Гуалтиери на Икс.

The post Оштетени споменици на жртвите од Аушвиц во Рим appeared first on Република.

]]>
Петровска: Чекам одговори од општините за подигање споменици на загинатите бранители кај Вејце, Карпалак и Љуботенски бачила https://republika.mk/vesti/makedonija/petrovska-chekam-odgovori-od-opshtinite-za-podigane-spomenitsi-na-zaginatite-braniteli-kaj-vejtse-karpalak-i-lubotenski-bachila/ Wed, 16 Aug 2023 11:46:56 +0000 https://republika.mk/?p=672688

Министерката за одбрана Славјанка Петровска, во изјава за „Канал 5“ телевизија, рече дека очекува одговори од општините во врска со иницијативата за поставување споменици на загинатите бранители кај Вејце, Карпалак и Љуботенски бачила, и порача дека од овој настан не сака да прави медиумска атракција ниту да го користи за популистички цели.

– Ако кој било од градоначалниците сметаат дека иницијативата е неправилно поднесена, се разбира може во писмена форма да одговорат, а јас како министерка добро знам која ќе биде следната фаза за реализацијата на оваа идеја, истакна министерката.

Таа дополни дека ги чека одговорите од надлежните општини, согласно Законот за меморијалните споменици и спомен обележја.

– Не е идејата ниту да се надмудруваме, ниту да создаваме дополнителни конфликти, затоа што, во државата и на централно и на локално ниво граѓаните очекуваат од нас да ги решаваме проблемите за кои сме поставени, а не да креираме нови проблеми, нагласи Петровска.

The post Петровска: Чекам одговори од општините за подигање споменици на загинатите бранители кај Вејце, Карпалак и Љуботенски бачила appeared first on Република.

]]>

Министерката за одбрана Славјанка Петровска, во изјава за „Канал 5“ телевизија, рече дека очекува одговори од општините во врска со иницијативата за поставување споменици на загинатите бранители кај Вејце, Карпалак и Љуботенски бачила, и порача дека од овој настан не сака да прави медиумска атракција ниту да го користи за популистички цели.
– Ако кој било од градоначалниците сметаат дека иницијативата е неправилно поднесена, се разбира може во писмена форма да одговорат, а јас како министерка добро знам која ќе биде следната фаза за реализацијата на оваа идеја, истакна министерката.
Таа дополни дека ги чека одговорите од надлежните општини, согласно Законот за меморијалните споменици и спомен обележја.
– Не е идејата ниту да се надмудруваме, ниту да создаваме дополнителни конфликти, затоа што, во државата и на централно и на локално ниво граѓаните очекуваат од нас да ги решаваме проблемите за кои сме поставени, а не да креираме нови проблеми, нагласи Петровска.

The post Петровска: Чекам одговори од општините за подигање споменици на загинатите бранители кај Вејце, Карпалак и Љуботенски бачила appeared first on Република.

]]>
Саниран е Меморијалниот комплекс на паднатите борци на револуцијата во Штип, дело на архитектот Богдан Богдановски https://republika.mk/vesti/kultura/saniran-e-memorijalniot-kompleks-na-padnatite-bortsi-na-revolutsijata-vo-shtip-delo-na-arhitektot-bogdan-bogdanovski/ Wed, 31 May 2023 12:53:10 +0000 https://republika.mk/?p=646487

Министерството за култура, преку надлежните заводи и музеи, започна со реконструкција и санација на сите споменици и спомен-обележја од Народно-ослободителната борба, на личности кои дале придонес во борбата против фашизмот и ослободувањето на нашата држава и на настани коишто се случиле во НОБ и се сведоштво за непокорот и борбата за слобода. Како проект на Владата, предвиден со Буџетот за оваа година, иако согласно Законот за меморијални споменици и спомен-обележја се надлежни општините, односно Градот Скопје, Владата го задолжи Министерството за култура во соработка со надлежните да се реконструираат сите овие споменици и спомен-обележја кои се силен белег на македонската државност и историја.

Во моментов, Завод и музеј-Штип, со средства од Министерството за култура, го санираше искучително значајното дело Меморијален комплекс на паднатите борци на револуцијата, кој е поставен на источната страна на археолошкиот локалитет „Исар“.

Станува збор за архитектонско-скулптурално дело од архитектот Богдан Богдановски, еден од најпознатите архитекти на дваесеттиот век, кој оставил силен печат на уметничкото и архитектонското наследство на некогашна Југославија.

Делото на Богдановиќ (роден 20 август 1922 година во Белград, починал 18 јуни 2010 во Виена) било избрано на конкурс со цел да се одбележи сеќавањето на загинатите партизански војници и цивили во Штип и Штипско за време на Втората светска војна, како чин на комеморација.

За завршувањето на споменичкиот комплекс во Штип на авторот му биле потребни пет години, а неговата свечена инагурација се извршила на денот на ослободувањето на Штип, 8 ноември 1974 година.

Екипите од штипскиот музеј во изминатиот период ги отстранија нечистотиите, вегетацијата, бројните графити на сите делови од комплексот со што се сочуваа изворните, историските, урбанистичко-архитектонските и естетските вредности на делото и се овозможи негово користење за туристички, културни и други активности.

Во овој меморијален комплекс подигнат во чест на паднатите борци во Народно-ослободителната војна, се одбележуваат неколку датуми со учество на делегации, учесници во војната и граѓани, со положување на свежо цвеќе и комеморација. На комплексот се одбележуваат: 11 Октомври, денот на почетокот на народното востание во Македонија, 8 Ноември, денот на ослободувањето на градот Штип и 23 Октомври, денот на македонската револуционерна борба.

 

The post Саниран е Меморијалниот комплекс на паднатите борци на револуцијата во Штип, дело на архитектот Богдан Богдановски appeared first on Република.

]]>

Министерството за култура, преку надлежните заводи и музеи, започна со реконструкција и санација на сите споменици и спомен-обележја од Народно-ослободителната борба, на личности кои дале придонес во борбата против фашизмот и ослободувањето на нашата држава и на настани коишто се случиле во НОБ и се сведоштво за непокорот и борбата за слобода. Како проект на Владата, предвиден со Буџетот за оваа година, иако согласно Законот за меморијални споменици и спомен-обележја се надлежни општините, односно Градот Скопје, Владата го задолжи Министерството за култура во соработка со надлежните да се реконструираат сите овие споменици и спомен-обележја кои се силен белег на македонската државност и историја. Во моментов, Завод и музеј-Штип, со средства од Министерството за култура, го санираше искучително значајното дело Меморијален комплекс на паднатите борци на револуцијата, кој е поставен на источната страна на археолошкиот локалитет „Исар“. Станува збор за архитектонско-скулптурално дело од архитектот Богдан Богдановски, еден од најпознатите архитекти на дваесеттиот век, кој оставил силен печат на уметничкото и архитектонското наследство на некогашна Југославија. Делото на Богдановиќ (роден 20 август 1922 година во Белград, починал 18 јуни 2010 во Виена) било избрано на конкурс со цел да се одбележи сеќавањето на загинатите партизански војници и цивили во Штип и Штипско за време на Втората светска војна, како чин на комеморација. За завршувањето на споменичкиот комплекс во Штип на авторот му биле потребни пет години, а неговата свечена инагурација се извршила на денот на ослободувањето на Штип, 8 ноември 1974 година. Екипите од штипскиот музеј во изминатиот период ги отстранија нечистотиите, вегетацијата, бројните графити на сите делови од комплексот со што се сочуваа изворните, историските, урбанистичко-архитектонските и естетските вредности на делото и се овозможи негово користење за туристички, културни и други активности. Во овој меморијален комплекс подигнат во чест на паднатите борци во Народно-ослободителната војна, се одбележуваат неколку датуми со учество на делегации, учесници во војната и граѓани, со положување на свежо цвеќе и комеморација. На комплексот се одбележуваат: 11 Октомври, денот на почетокот на народното востание во Македонија, 8 Ноември, денот на ослободувањето на градот Штип и 23 Октомври, денот на македонската револуционерна борба.  

The post Саниран е Меморијалниот комплекс на паднатите борци на револуцијата во Штип, дело на архитектот Богдан Богдановски appeared first on Република.

]]>
Ретуширање на сопствената историја: Стани Благој да го видиш (нео)врховистичкиот резил! https://republika.mk/vesti/makedonija/retushirane-na-sopstvenata-istorija-stani-blagoj-da-go-vidish-neo-vrhovistichkiot-rezil/ Sun, 26 Mar 2023 09:34:21 +0000 https://republika.mk/?p=623748

Премиерот Димитар Ковачевски неодмна најави дека годинава, преку Министерството за култура, ќе бидат обновени сите споменици посветени на времето од Втората светска војна. Но, ако денот се познава според утрото, тогаш ќе биде подобро воопшто да не почнуваат со процесот. Се разбира, доколку зад тоа не стојат скриени намери за ретуширање на сопствената историја, пишува ПресингТВ.

Зашто, еклатантен пример за тоа претствува споменикот на народниот херој Благој Јанков Мучето од Струмица, со кој, всушност, започна (нео)врховистичкиот пир на власта предводена од СДСМ, прво на локално, а потоа и на државно ниво.

За потсетување, спомникот на Благој Мучето, лоциран во струмичкиот градски парк, беше првиот на кој заигра „брусилка историјата“. Од текстот на споменикот со брусилка прво беше отстранет зборот „бугарски“, а потоа и „фашистички окупторски“, па остана само куршум.

И сега, за да не се познаваат трагите на брусилката, локалните власт или потрошиле повеќе црна боја на буквите или, пак, ставиле сосема нова плоча на која не постои ни „бугарски“, ни „фашистички“, туку само зборот куршум!

Така, народниот херој за време на Втората светска војна се знае дека загинал од куршум, ама не се знае чиј бил тој, од кого бил истрелан!? Дали од „бугарските администратори“, дали од „бугарските наци-фашисти“, дали од германските нацисти, дали од италијанските фашисти, дали бил жртва во крвавата Втора светска војна или, пак, во некоја имагинарна меѓумакедонска, идеолошки предизвикана, граѓанска војна!?

Стани Благој да го видиш (нео)врховистичкиот резил!!! Во твојата Струмица! Предизвикан од наследниците на партијата на која си и припаѓал, кои сега се претставуваат како (квази)социјалдемократи! За кого и за што си го положил својот млад живот!?

Ќе речеш сигурно за слобода, за формирање на прва македонска држава. Ти тоа сигурно си го знаел. Но, твоите идеолошки наследници сега тргуваат со тебе, со твоето име, со твојата борба, со твојата херојска смрт! Безумени некадарници да го одбранат и сочуваат тоа за што ти си го дал својот живот!

Што прават пустиот страв и чистото полтронство! Твоите идеолошки наследници, сега преоблечени во (нео)врховистичко руво се плашат да споменат „м“ од македонски, „б“ од бугарски, „г“ од германски, „и“ од италијански, „ф“ од фашистички, „н“ од нацистички, „о“ од окупатор, па и „а“ од администратор!?

Брука! И за нив, и за новите поколенија на кои им го ускратуваат правото на вистината дека нивните претци за време на Втората светска војна биле на вистинската страна на историјата.

Преземено од ПресингТВ.

The post Ретуширање на сопствената историја: Стани Благој да го видиш (нео)врховистичкиот резил! appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски неодмна најави дека годинава, преку Министерството за култура, ќе бидат обновени сите споменици посветени на времето од Втората светска војна. Но, ако денот се познава според утрото, тогаш ќе биде подобро воопшто да не почнуваат со процесот. Се разбира, доколку зад тоа не стојат скриени намери за ретуширање на сопствената историја, пишува ПресингТВ. Зашто, еклатантен пример за тоа претствува споменикот на народниот херој Благој Јанков Мучето од Струмица, со кој, всушност, започна (нео)врховистичкиот пир на власта предводена од СДСМ, прво на локално, а потоа и на државно ниво. За потсетување, спомникот на Благој Мучето, лоциран во струмичкиот градски парк, беше првиот на кој заигра „брусилка историјата“. Од текстот на споменикот со брусилка прво беше отстранет зборот „бугарски“, а потоа и „фашистички окупторски“, па остана само куршум. И сега, за да не се познаваат трагите на брусилката, локалните власт или потрошиле повеќе црна боја на буквите или, пак, ставиле сосема нова плоча на која не постои ни „бугарски“, ни „фашистички“, туку само зборот куршум! Така, народниот херој за време на Втората светска војна се знае дека загинал од куршум, ама не се знае чиј бил тој, од кого бил истрелан!? Дали од „бугарските администратори“, дали од „бугарските наци-фашисти“, дали од германските нацисти, дали од италијанските фашисти, дали бил жртва во крвавата Втора светска војна или, пак, во некоја имагинарна меѓумакедонска, идеолошки предизвикана, граѓанска војна!? Стани Благој да го видиш (нео)врховистичкиот резил!!! Во твојата Струмица! Предизвикан од наследниците на партијата на која си и припаѓал, кои сега се претставуваат како (квази)социјалдемократи! За кого и за што си го положил својот млад живот!? Ќе речеш сигурно за слобода, за формирање на прва македонска држава. Ти тоа сигурно си го знаел. Но, твоите идеолошки наследници сега тргуваат со тебе, со твоето име, со твојата борба, со твојата херојска смрт! Безумени некадарници да го одбранат и сочуваат тоа за што ти си го дал својот живот! Што прават пустиот страв и чистото полтронство! Твоите идеолошки наследници, сега преоблечени во (нео)врховистичко руво се плашат да споменат „м“ од македонски, „б“ од бугарски, „г“ од германски, „и“ од италијански, „ф“ од фашистички, „н“ од нацистички, „о“ од окупатор, па и „а“ од администратор!? Брука! И за нив, и за новите поколенија на кои им го ускратуваат правото на вистината дека нивните претци за време на Втората светска војна биле на вистинската страна на историјата. Преземено од ПресингТВ.

The post Ретуширање на сопствената историја: Стани Благој да го видиш (нео)врховистичкиот резил! appeared first on Република.

]]>
Оштетени спомениците на Коле Неделковски и Никола Вапцаров во Градски парк Скопје, одземени и бистите https://republika.mk/vesti/crna-hronika/oshteteni-spomenicite-na-kole-nedelkovski-i-nikola-vapcarov-vo-gradski-park-skopje-odzemeni-i-bistite/ Mon, 03 Oct 2022 15:12:47 +0000 https://republika.mk/?p=556921

На 02.10.2022 во 09:52 часот во СВР Скопје било пријавено во Градски парк во Скопје биле оштетени спомениците на Коле Неделковски и Никола Вапцаров, а биле одземени и бистите од спомениците.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

The post Оштетени спомениците на Коле Неделковски и Никола Вапцаров во Градски парк Скопје, одземени и бистите appeared first on Република.

]]>

На 02.10.2022 во 09:52 часот во СВР Скопје било пријавено во Градски парк во Скопје биле оштетени спомениците на Коле Неделковски и Никола Вапцаров, а биле одземени и бистите од спомениците. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

The post Оштетени спомениците на Коле Неделковски и Никола Вапцаров во Градски парк Скопје, одземени и бистите appeared first on Република.

]]>
Естонија отстранува советски споменици од Втората светска војна https://republika.mk/vesti/svet/estonija-otstranuva-sovetski-spomenici-od-vtorata-svetska-vojna/ Tue, 16 Aug 2022 12:47:12 +0000 https://republika.mk/?p=540979

Естонските власти почнаа да ги преместуваат спомениците од Втората светска војна од советската ера во пограничниот град Нарва, одлука што претходно предизвика предупредувања и протести од Москва.

Советскиот тенк ќе биде преместен во воен музеј северно од главниот град Талин. Нарва е град во кој населението главно зборува на руски јазик.

Денешната одлука ни помага да го задржиме фокусот на нашите најважни задачи: обезбедување на безбедноста на Естонија и помагање на сите жители на Естонија да ги пребродат кризите предизвикани од војната во Украина, рече премиерот Каја Калас.

 

The post Естонија отстранува советски споменици од Втората светска војна appeared first on Република.

]]>

Естонските власти почнаа да ги преместуваат спомениците од Втората светска војна од советската ера во пограничниот град Нарва, одлука што претходно предизвика предупредувања и протести од Москва. Советскиот тенк ќе биде преместен во воен музеј северно од главниот град Талин. Нарва е град во кој населението главно зборува на руски јазик.
Денешната одлука ни помага да го задржиме фокусот на нашите најважни задачи: обезбедување на безбедноста на Естонија и помагање на сите жители на Естонија да ги пребродат кризите предизвикани од војната во Украина, рече премиерот Каја Калас.
 

The post Естонија отстранува советски споменици од Втората светска војна appeared first on Република.

]]>
Македонскиот тим во историската комисија: Не сме разговарале за натписи на споменици https://republika.mk/vesti/makedonija/makedonskiot-tim-vo-istoriskata-komisija-ne-sme-razgovarale-za-natpisi-na-spomenici/ Thu, 23 Jun 2022 11:07:55 +0000 https://republika.mk/?p=518869

Македонскиот тим во мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, денеска преку соопштение до медиумите тврди дека Комисијата никогаш не разговарала и не усогласувала предлог текстови доставени до владите со цел тие да бидат испишани на споменици, споменични обележја или тврдини.

Во продолжение го пренесуваме во целост текстот на македонскиот тим во мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања:

„Повторно, како и секогаш кога политичките односи меѓу Cеверна Македонија и Бугарија се влошуваат или се наоѓаат пред голем предизвик да се надминат анахроните и апсурдни барања на официјална Софија, работата на Комисијата и членовите од македонска страна е предмет на злоупотреба од страна на најодговорните чинители во двете држави, политичарите (како од власта, така и од опозицијата), стручната јавност, како и од страна на голем дел од медиумите со нивното непрофесионално известување.

Поради големиот број дезинформации и лаги пласирани во јавноста изминативе денови, би сакале да информираме дека:

1. Комисијата никогаш не разговарала и не усогласувала предлог текстови доставени до владите со цел тие да бидат испишани на споменици, споменични обележја или тврдини, како што е тоа наведено во манипулативниот текст на порталот БГНЕС кој речиси сите медиуми во С Македонија го пренесоа без притоа да побараат информации од членовите во Комисијата за да се провери точноста на информацијата и да се консултира нивното мислење во однос на ова прашање. Таквиот начин на информирање нема за цел јавноста да дознае што се случува со работата на Комисијата и да се пренесат погледите на сите страни вклучени во процесот, туку да се злоупотреби нејзината работа за политички цели. Текстовите кои досега се усвоени од страна на Комисијата се предлози до двете влади за заедничко чествување на одредени личности, а не објаснувачки текстови за споменични обележја, споменици и тврдини и тие не смеат да бидат искористени за таа цел. Исто така, крајно неодговорно е овие непроверени и неточни информации во поглед на намената и содржината на усвоените текстови за заедничко чествување од страна на Комисијата, да бидат користени од претставници на политички партии и носители на функции за да собираат политички поени и да создаваат слика за себе како за бранители на националните интереси на сметка на Комисијата која наводно работела во тајност без нивно знаење. Особено кога за нашата работа редовно е информирана јавноста и истите тие политичари се дел од власта и можат или можеле да ги имаат на увид сите усвоени препораки на Комисијата во однос на заедничките чествувања и учебниците по историја. Исто така, уверени сме дека и опозицијата е запозната со сите досегашни решенија на Комисијата и како и власта знае дека во нив нема ништо спорно и ништо со што би се загрозил историскиот идентитет на македонскиот народ и дигнитетот на сите граѓани на С Македонија.

2. Комисијата од македонска страна никогаш не прифатила, ниту пак ќе прифати да биде алатка на политиката или, пак, да работи според политички инструкции со што таа би прераснала во политичко тело за цензура, а не експертско тело кое има за цел да помогне да се надминат споровите за минатото кои се злоупотребуваат за политички цели. Комисијата е формирана врз основа на Договорот за добрососедство и пријателство, но нејзината работа се води според Правилникот кој двете страни заеднички го усвоија на Првата средба на Комисијата во 2018 година и во кој нема ниту еден елемент, ниту една точка, која Комисијата би ја претворила во тело кое ја одредува „историската вистина“. Поради тоа, сакаме да укажеме дека секое нејзино подредување и потчинување на политички потреби на една или друга влада или политичка партија ќе значи и крај на постоењето на Комисијата.

3. Неопходно е професионално и одговорно однесување на сите чинители во општествениот и политички живот со цел да не се манипулира со чувствата на граѓаните, да не се поттикнува несигурност, и уште поважно да не се поттикнуваат поделби внатре во општеството, како и меѓу самиот македонски народ,. Патриотизмот не е и не смее да биде алатка за постигнување лични цели и градење на лични политички кариери кои во нашата кратка историја на независноста не служеле како ништо друго освен како средство за стекнување лична материјална корист.

На крајот, апелираме прашањата кои се однесуваат на работата на комисијата од македонска страна да бидат проверувани со нас, а за прашањата во однос на тоа каква ќе биде улогата на Комисијата во евентуални нови протоколи меѓу двете земји ќе се изјасниме доколку тие бидат официјално усвоени од Владите на С Македонија и Бугарија.

Акад. Драги Ѓоргиев,

Проф. д-р Љупчо Ристески,

Проф. д-р Петар Тодоров,

Проф. д-р Исамедин Азизи,

Доц. д-р Љубица Спасковска,

Доц. д-р Огнен Вангелов.“

The post Македонскиот тим во историската комисија: Не сме разговарале за натписи на споменици appeared first on Република.

]]>

Македонскиот тим во мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, денеска преку соопштение до медиумите тврди дека Комисијата никогаш не разговарала и не усогласувала предлог текстови доставени до владите со цел тие да бидат испишани на споменици, споменични обележја или тврдини. Во продолжение го пренесуваме во целост текстот на македонскиот тим во мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања: „Повторно, како и секогаш кога политичките односи меѓу Cеверна Македонија и Бугарија се влошуваат или се наоѓаат пред голем предизвик да се надминат анахроните и апсурдни барања на официјална Софија, работата на Комисијата и членовите од македонска страна е предмет на злоупотреба од страна на најодговорните чинители во двете држави, политичарите (како од власта, така и од опозицијата), стручната јавност, како и од страна на голем дел од медиумите со нивното непрофесионално известување. Поради големиот број дезинформации и лаги пласирани во јавноста изминативе денови, би сакале да информираме дека: 1. Комисијата никогаш не разговарала и не усогласувала предлог текстови доставени до владите со цел тие да бидат испишани на споменици, споменични обележја или тврдини, како што е тоа наведено во манипулативниот текст на порталот БГНЕС кој речиси сите медиуми во С Македонија го пренесоа без притоа да побараат информации од членовите во Комисијата за да се провери точноста на информацијата и да се консултира нивното мислење во однос на ова прашање. Таквиот начин на информирање нема за цел јавноста да дознае што се случува со работата на Комисијата и да се пренесат погледите на сите страни вклучени во процесот, туку да се злоупотреби нејзината работа за политички цели. Текстовите кои досега се усвоени од страна на Комисијата се предлози до двете влади за заедничко чествување на одредени личности, а не објаснувачки текстови за споменични обележја, споменици и тврдини и тие не смеат да бидат искористени за таа цел. Исто така, крајно неодговорно е овие непроверени и неточни информации во поглед на намената и содржината на усвоените текстови за заедничко чествување од страна на Комисијата, да бидат користени од претставници на политички партии и носители на функции за да собираат политички поени и да создаваат слика за себе како за бранители на националните интереси на сметка на Комисијата која наводно работела во тајност без нивно знаење. Особено кога за нашата работа редовно е информирана јавноста и истите тие политичари се дел од власта и можат или можеле да ги имаат на увид сите усвоени препораки на Комисијата во однос на заедничките чествувања и учебниците по историја. Исто така, уверени сме дека и опозицијата е запозната со сите досегашни решенија на Комисијата и како и власта знае дека во нив нема ништо спорно и ништо со што би се загрозил историскиот идентитет на македонскиот народ и дигнитетот на сите граѓани на С Македонија. 2. Комисијата од македонска страна никогаш не прифатила, ниту пак ќе прифати да биде алатка на политиката или, пак, да работи според политички инструкции со што таа би прераснала во политичко тело за цензура, а не експертско тело кое има за цел да помогне да се надминат споровите за минатото кои се злоупотребуваат за политички цели. Комисијата е формирана врз основа на Договорот за добрососедство и пријателство, но нејзината работа се води според Правилникот кој двете страни заеднички го усвоија на Првата средба на Комисијата во 2018 година и во кој нема ниту еден елемент, ниту една точка, која Комисијата би ја претворила во тело кое ја одредува „историската вистина“. Поради тоа, сакаме да укажеме дека секое нејзино подредување и потчинување на политички потреби на една или друга влада или политичка партија ќе значи и крај на постоењето на Комисијата. 3. Неопходно е професионално и одговорно однесување на сите чинители во општествениот и политички живот со цел да не се манипулира со чувствата на граѓаните, да не се поттикнува несигурност, и уште поважно да не се поттикнуваат поделби внатре во општеството, како и меѓу самиот македонски народ,. Патриотизмот не е и не смее да биде алатка за постигнување лични цели и градење на лични политички кариери кои во нашата кратка историја на независноста не служеле како ништо друго освен како средство за стекнување лична материјална корист. На крајот, апелираме прашањата кои се однесуваат на работата на комисијата од македонска страна да бидат проверувани со нас, а за прашањата во однос на тоа каква ќе биде улогата на Комисијата во евентуални нови протоколи меѓу двете земји ќе се изјасниме доколку тие бидат официјално усвоени од Владите на С Македонија и Бугарија. Акад. Драги Ѓоргиев, Проф. д-р Љупчо Ристески, Проф. д-р Петар Тодоров, Проф. д-р Исамедин Азизи, Доц. д-р Љубица Спасковска, Доц. д-р Огнен Вангелов.“

The post Македонскиот тим во историската комисија: Не сме разговарале за натписи на споменици appeared first on Република.

]]>
Летонците почнуваат да ги отстрануваат спомениците на советските војници https://republika.mk/vesti/svet/letoncite-pochnuvaat-da-gi-otstranuvaat-spomenicite-na-sovetskite-vojnici/ Fri, 13 May 2022 18:05:37 +0000 https://republika.mk/?p=502047

Градскиот совет на Рига гласаше за започнување на подготовките потребни за отстранување на споменикот на советските војници во Паркот на победата во градот, објави летонската радио и телевизија, повикувајќи се на градоначалникот на Рига, Мартинс Стакис.

Тој рече дека одлуката е донесена на денешната специјална седница. Подготовките се доверени на Агенцијата за споменици и на некои други комисии, пренесува ТАСС.

Претседателот на градскиот совет, Стакис, претходно изјави дека летонскиот парламент мора да усвои закон кој ќе овозможи демонтирање на споменикот. На Министерството за правда му беше наложено да обезбеди правна оправданост за отстранување на споменикот на советските војници.

Летонскиот парламент на 12 мај ја усвои конечната верзија на законот за суспендирање на договорот со Русија за споменици, кој дозволува уривање на спомениците на советските војници во Рига.

The post Летонците почнуваат да ги отстрануваат спомениците на советските војници appeared first on Република.

]]>

Градскиот совет на Рига гласаше за започнување на подготовките потребни за отстранување на споменикот на советските војници во Паркот на победата во градот, објави летонската радио и телевизија, повикувајќи се на градоначалникот на Рига, Мартинс Стакис. Тој рече дека одлуката е донесена на денешната специјална седница. Подготовките се доверени на Агенцијата за споменици и на некои други комисии, пренесува ТАСС. Претседателот на градскиот совет, Стакис, претходно изјави дека летонскиот парламент мора да усвои закон кој ќе овозможи демонтирање на споменикот. На Министерството за правда му беше наложено да обезбеди правна оправданост за отстранување на споменикот на советските војници. Летонскиот парламент на 12 мај ја усвои конечната верзија на законот за суспендирање на договорот со Русија за споменици, кој дозволува уривање на спомениците на советските војници во Рига.

The post Летонците почнуваат да ги отстрануваат спомениците на советските војници appeared first on Република.

]]>
Владата на ДУИ и СДСМ ќе ги намалува казните за уништување на споменици и државно знаме https://republika.mk/vesti/makedonija/vladata-na-dui-i-sdsm-kje-gi-namaluva-kaznite-za-unishtuvanje-na-spomenici-i-drzavno-zname/ Mon, 09 May 2022 20:20:20 +0000 https://republika.mk/?p=500124

На денешната седница на Комисија за одбрана и безбедност власта на ДУИ и СДСМ помина закон кој што ќе ги зголеми девијантните појави во општеството и државата, реагира Драган Ковачки.

Неговиот Фејсук статус го пренесуваме во продолжение:

-Со Предлогот на закон за изменување и дополнување на законот за прекршоците против јавниот ред и мир со енормното намалување на глобите, дава голема флексибилност кај физичките лица и наместо да влијае превентивно, ги стимулира прекршоците, односно со овие измени ќе се зголеми девијантното однесување посебно кај младите лица.Имено, со намалување на глобите, посебно во член 17 од постоечкиот закон се вели: Кој оштетува, уништува или осквернува споменик ќе му се изрече глоба во висина во висина од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност. Со новите измени оваа глоба ќе се намали на „100 до 150 евра“.

Во членот 18 од постојниот закон стои: Кој неовластено отстрани, искине, замачка, оштети или на било кој начин ги изложи на подбив државите симболи на Република Македонија, симболите на припадниците на заедницитe или истакне знаме или грб кој не ги содржи обележјата пропишани со закон ќе му се изрече глоба во висина од 1.000 до 1.500 евра во денарска противвредност.

Со новите измени оваа глоба ќе се намали на „100 до 250 евра“!!!

Ова е доказ дека на власта националните симболи не е и’ се важни.

Во услови кога македонските симболи се оспорувани од соседите, СДСМ и ДУИ носат измени на закон со кој не само што нема да се намали, туку напротив ќе се зголеми и стимулира неодговорното однесување, а со тоа и нарушувањето на поредокот и јавниот ред и мир.

И покрај согласноста од страна на сите политички субјекти дека глобите се енормно намалени и дека треба да се формира работна група за усогласување на глобите, СДСМ и коалицијата не го испочитуваа договорот и го поминаа законот.

Ова е уште еден доказ дека оваа власт треба што побрзо да замине.

The post Владата на ДУИ и СДСМ ќе ги намалува казните за уништување на споменици и државно знаме appeared first on Република.

]]>

На денешната седница на Комисија за одбрана и безбедност власта на ДУИ и СДСМ помина закон кој што ќе ги зголеми девијантните појави во општеството и државата, реагира Драган Ковачки. Неговиот Фејсук статус го пренесуваме во продолжение:
-Со Предлогот на закон за изменување и дополнување на законот за прекршоците против јавниот ред и мир со енормното намалување на глобите, дава голема флексибилност кај физичките лица и наместо да влијае превентивно, ги стимулира прекршоците, односно со овие измени ќе се зголеми девијантното однесување посебно кај младите лица.Имено, со намалување на глобите, посебно во член 17 од постоечкиот закон се вели: Кој оштетува, уништува или осквернува споменик ќе му се изрече глоба во висина во висина од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност. Со новите измени оваа глоба ќе се намали на „100 до 150 евра“.
Во членот 18 од постојниот закон стои: Кој неовластено отстрани, искине, замачка, оштети или на било кој начин ги изложи на подбив државите симболи на Република Македонија, симболите на припадниците на заедницитe или истакне знаме или грб кој не ги содржи обележјата пропишани со закон ќе му се изрече глоба во висина од 1.000 до 1.500 евра во денарска противвредност. Со новите измени оваа глоба ќе се намали на „100 до 250 евра“!!! Ова е доказ дека на власта националните симболи не е и’ се важни. Во услови кога македонските симболи се оспорувани од соседите, СДСМ и ДУИ носат измени на закон со кој не само што нема да се намали, туку напротив ќе се зголеми и стимулира неодговорното однесување, а со тоа и нарушувањето на поредокот и јавниот ред и мир. И покрај согласноста од страна на сите политички субјекти дека глобите се енормно намалени и дека треба да се формира работна група за усогласување на глобите, СДСМ и коалицијата не го испочитуваа договорот и го поминаа законот. Ова е уште еден доказ дека оваа власт треба што побрзо да замине.

The post Владата на ДУИ и СДСМ ќе ги намалува казните за уништување на споменици и државно знаме appeared first on Република.

]]>
Пандев: Не пасоши, споменици да им изградите на фудбалерите https://republika.mk/sport/fudbal/pandev-ne-pasoshi-spomenici-da-im-izgradite-na-fudbalerite/ Sun, 27 Mar 2022 14:38:50 +0000 https://republika.mk/?p=479328

„Смешен и жален си господине, гледај си политика и пушти ги хероите да уживаат. За нив треба споменици, а не пасоши“, објави Горан Пандев, доскорешниот капитен на македонската фудбалска репрезентација.

Ова се однесува на Бујар Османи, министерот за надворешни работи кој вети дека ако Македонија се пласира на Светско првенство, сите фудбалери ќе добијат дипломатски пасоши.

Ветувањето на Османи дојде откако двајца фудбалери, херојот од Палермо, Александар Трајковски и фудбалерот за врска Енис Барди добија дипломатски пасоши, заедно со селекторот Благоја Милевски.

The post Пандев: Не пасоши, споменици да им изградите на фудбалерите appeared first on Република.

]]>

„Смешен и жален си господине, гледај си политика и пушти ги хероите да уживаат. За нив треба споменици, а не пасоши“, објави Горан Пандев, доскорешниот капитен на македонската фудбалска репрезентација. Ова се однесува на Бујар Османи, министерот за надворешни работи кој вети дека ако Македонија се пласира на Светско првенство, сите фудбалери ќе добијат дипломатски пасоши. Ветувањето на Османи дојде откако двајца фудбалери, херојот од Палермо, Александар Трајковски и фудбалерот за врска Енис Барди добија дипломатски пасоши, заедно со селекторот Благоја Милевски.

The post Пандев: Не пасоши, споменици да им изградите на фудбалерите appeared first on Република.

]]>