„Смешен и жален си господине, гледај си политика и пушти ги хероите да уживаат. За нив треба споменици, а не пасоши“, објави Горан Пандев, доскорешниот капитен на македонската фудбалска репрезентација.

Ова се однесува на Бујар Османи, министерот за надворешни работи кој вети дека ако Македонија се пласира на Светско првенство, сите фудбалери ќе добијат дипломатски пасоши.

Ветувањето на Османи дојде откако двајца фудбалери, херојот од Палермо, Александар Трајковски и фудбалерот за врска Енис Барди добија дипломатски пасоши, заедно со селекторот Благоја Милевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.