списание Archives - Република https://republika.mk/tema/spisanie/ За подобро да се разбереме Tue, 09 Jan 2024 13:30:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png списание Archives - Република https://republika.mk/tema/spisanie/ 32 32 Млади од повеќе земји со години создаваат меѓународно списание од Скопје https://republika.mk/zivot/kariera/mladi-od-poveke-zemji-so-godini-sozdavaat-megunarodno-spisanie-od-skopje/ Tue, 09 Jan 2024 13:30:52 +0000 https://republika.mk/?p=731167

Со години млади луѓе од повеќе земји подготвуваат меѓународно списание од Скопје, пишува Skopje.IN. Пред 17 години од центарот на градот излезе првиот број на списанието „Воисес“. Идејата се родила во средното медицинско училиште „Д-р Панче Караѓозов“ по воениот конфликт во 2001 година.

Во тоа време, тензиите помеѓу културите сè уште беа на високо ниво и од училиштето беа загрижено дека децата ќе растат одвоени. Потребна беше конекција, вели Јохана Крауткрамер од „Воисес“.

Поради оваа причина, „Воисес“ кој го носи мотото „Списание за сите млади луѓе ширум светот“, е тријазичен - на македонски, албански и англиски јазик.

Денеска на него (списанието) работиме од канцеларијата на Волонтерскиот Центар Скопје (ВЦС). 'Воисес' го објавуваме онлајн и печатиме неколку изданија годишно. Освен тоа, ги проширивме нашите активности и на подкаст - 'VOICES to Hear', објаснува Крауткрамер.

Списанието главно го подготвуваат меѓународни волонтери кои доаѓаат од Германија, Полска, Финска, Франција, Турција и други земји кои работат во ВЦС.

Пишуваме статии, ги дизајнираме и објавуваме сè на социјалните мрежи. Покрај тоа, има и надворешни пишувачи кои придонесуваат со статии, вели Крауткрамер.

Целата сторија на „Скопје.ИН

The post Млади од повеќе земји со години создаваат меѓународно списание од Скопје appeared first on Република.

]]>

Со години млади луѓе од повеќе земји подготвуваат меѓународно списание од Скопје, пишува Skopje.IN. Пред 17 години од центарот на градот излезе првиот број на списанието „Воисес“. Идејата се родила во средното медицинско училиште „Д-р Панче Караѓозов“ по воениот конфликт во 2001 година.
Во тоа време, тензиите помеѓу културите сè уште беа на високо ниво и од училиштето беа загрижено дека децата ќе растат одвоени. Потребна беше конекција, вели Јохана Крауткрамер од „Воисес“.
Поради оваа причина, „Воисес“ кој го носи мотото „Списание за сите млади луѓе ширум светот“, е тријазичен - на македонски, албански и англиски јазик.
Денеска на него (списанието) работиме од канцеларијата на Волонтерскиот Центар Скопје (ВЦС). 'Воисес' го објавуваме онлајн и печатиме неколку изданија годишно. Освен тоа, ги проширивме нашите активности и на подкаст - 'VOICES to Hear', објаснува Крауткрамер.
Списанието главно го подготвуваат меѓународни волонтери кои доаѓаат од Германија, Полска, Финска, Франција, Турција и други земји кои работат во ВЦС.
Пишуваме статии, ги дизајнираме и објавуваме сè на социјалните мрежи. Покрај тоа, има и надворешни пишувачи кои придонесуваат со статии, вели Крауткрамер.
Целата сторија на „Скопје.ИН

The post Млади од повеќе земји со години создаваат меѓународно списание од Скопје appeared first on Република.

]]>
Излезе 150-от број на ревијата „Стожер“ на ДПМ https://republika.mk/vesti/kultura/izleze-150-ot-broj-na-revijata-stozher-na-dpm/ Sat, 04 Nov 2023 11:32:59 +0000 https://republika.mk/?p=698101

Излезе последниот број на ревијата „Стожер“ на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) за оваа година. Во бројот фокусот е даден на одбележувањето на јубилејот 100 години од раѓањето на Ацо Шопов, на Струшките вечери на поезијата 2023 и на чествувањето на 150-от број на ревијата со пригоден текст од главниот уредник Славчо Ковилоски.

Посебен акцент е ставен и врз информацијата за зачленувањето на ДПМ во Европскиот писателски совет на Генералното Собрание во Берлин на 4 јуни годинава, најголемата федерација на писателски асоцијации. Иницијатор за зачленувањето на Друштвото во Европскиот писателски совет е писателот Стефан Марковски.

Со книжевно-историски студии се застапени Илија Велев и Милутин Китаноски, конечно е објавен неиздадениот разговор на Томислав Тодоровски со Гане Тодоровски направен во Охрид, 1987 година, а со свои прилози се застапени повеќе автори: Горан Тренчовски, Елена Пренџова, Ахмет Селмани, Билјана Рајчинова-Николова и други.

-Бидејќи бројот е работен и подготвуван во периодот август-септември, во него не се сместени настаните и полемиките коишто произлегоа од настаните по оставките во ДПМ од октомври, велат од редакцијата на „Стожер“.

The post Излезе 150-от број на ревијата „Стожер“ на ДПМ appeared first on Република.

]]>

Излезе последниот број на ревијата „Стожер“ на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) за оваа година. Во бројот фокусот е даден на одбележувањето на јубилејот 100 години од раѓањето на Ацо Шопов, на Струшките вечери на поезијата 2023 и на чествувањето на 150-от број на ревијата со пригоден текст од главниот уредник Славчо Ковилоски. Посебен акцент е ставен и врз информацијата за зачленувањето на ДПМ во Европскиот писателски совет на Генералното Собрание во Берлин на 4 јуни годинава, најголемата федерација на писателски асоцијации. Иницијатор за зачленувањето на Друштвото во Европскиот писателски совет е писателот Стефан Марковски. Со книжевно-историски студии се застапени Илија Велев и Милутин Китаноски, конечно е објавен неиздадениот разговор на Томислав Тодоровски со Гане Тодоровски направен во Охрид, 1987 година, а со свои прилози се застапени повеќе автори: Горан Тренчовски, Елена Пренџова, Ахмет Селмани, Билјана Рајчинова-Николова и други. -Бидејќи бројот е работен и подготвуван во периодот август-септември, во него не се сместени настаните и полемиките коишто произлегоа од настаните по оставките во ДПМ од октомври, велат од редакцијата на „Стожер“.

The post Излезе 150-от број на ревијата „Стожер“ на ДПМ appeared first on Република.

]]>
Студентите од ФЛУ го претставија списанието „Умник“-прво од ваков вид во последниве години https://republika.mk/vesti/kultura/studentite-od-flu-go-pretstavija-spisanieto-umnik-prvo-od-vakov-vid-vo-poslednive-godini/ Mon, 07 Nov 2022 08:42:18 +0000 https://republika.mk/?p=570695

Студентите од Факултетот за ликовни уметности (ФЛФ) го претставија своето книжевно првенче, „Умник“ – студентско културно списание. Списанието, прво од ваков тип во последните неколку години, има за цел да ја промовира културата во земјава вклучувајќи настани, рецензии за уметнички дела од разни области, како и конкретни дела од студентите и интервјуа со уметници.

Бевме инспирирани од уметничкото списание од 90-тите, ‘Промо арт’ каде по тоа што го видовме се забележува дека е многу слободно, токму така како што уметноста треба да се манифестира без премногу ограничувања и правила, вели Марија Јаќовска, апсоловент на Факултетот за ликовни уметности и една од уредниците на првиот број.

Замислата е „Умник“ да излегува еднаш месечно, а потребата за тоа потекнува од, како што вели Јаќовска, долгите години колективна неактивност на студентите на ФЛФ.

извор: Радио МОФ.мк

The post Студентите од ФЛУ го претставија списанието „Умник“-прво од ваков вид во последниве години appeared first on Република.

]]>

Студентите од Факултетот за ликовни уметности (ФЛФ) го претставија своето книжевно првенче, „Умник“ – студентско културно списание. Списанието, прво од ваков тип во последните неколку години, има за цел да ја промовира културата во земјава вклучувајќи настани, рецензии за уметнички дела од разни области, како и конкретни дела од студентите и интервјуа со уметници.
Бевме инспирирани од уметничкото списание од 90-тите, ‘Промо арт’ каде по тоа што го видовме се забележува дека е многу слободно, токму така како што уметноста треба да се манифестира без премногу ограничувања и правила, вели Марија Јаќовска, апсоловент на Факултетот за ликовни уметности и една од уредниците на првиот број.
Замислата е „Умник“ да излегува еднаш месечно, а потребата за тоа потекнува од, како што вели Јаќовска, долгите години колективна неактивност на студентите на ФЛФ. извор: Радио МОФ.мк

The post Студентите од ФЛУ го претставија списанието „Умник“-прво од ваков вид во последниве години appeared first on Република.

]]>
Ново списание и прирачници за предучилишна возраст во издание на „Арс Ламина“ https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/novo-spisanie-i-prirachnici-za-preduchilishna-vozrast-vo-izdanie-na-ars-lamina/ Thu, 01 Sep 2022 08:56:43 +0000 https://republika.mk/?p=546329

Издавачката куќа „Арс Ламина“ ја почнува оваа воспитно-образовна година со ново списание и нови прирачници по математика и графомоторика, наменети за предучилишна возраст. Станува збор за интерактивното и модерно дизајнирано списание „Ѕвезди“, два нови прирачници по математика за 4-5 години, односно 5-6 години, како и Прирачник за предучилишна возраст со графомоторички вежби (5-6 години). Новите изданија се со одобрение за употреба од Министерство за труд и социјална политика (МТСП).

Новото литературно и едукативно списание „Ѕвезди“ е вистинско освежување во понудата на списанија за предучилишна возраст. Предвидено е да излегува еднаш месечно за времетраење на воспитно-образовната година (септември-јуни). Наменето е за деца од четири до шест години. Содржините концепциски се усогласени со воспитните цели и содржини предвидени според програмата за ран детски развој.

Списанието „Ѕвезди“ е извор на знаења за децата, но и корисно дополнително средство за воспитувачите при реализирање на програмата за ран детски развој во воспитните групи. На децата им се овозможува интеракција низ цртање, доцртување, боење, поврзување, раскажување и логичко подредување на даденото дејство. Посебен фокус е ставен на содржините од областа на македонскиот јазик како препознавање на буквите и поимите, совладувањето и користењето на лесни математички операции, како и пристапот во обичното секојдневие, запознавање и разбирање на околината.

Составен дел од списанието „Ѕвезди“ е и подлистокот „Ѕвездички“, преку кој децата имаат можност низ игра да се стекнат со нови знаења и вештини, да бојат, да пополнуваат, да дополнуваат и да изработуваат. Во секој број вметнат е и дополнителен додаток за креативни изработки, со кој преку боење, сечење и лепење кај децата се развиваат моторичките вештини. „Ѕвезди“ има и свој додаток и на интернет – специјално конципирана интернет-страница Zvezdi.mk, каде што ќе се објавуваат материјали за аудио и визуелно дополнување на содржините од списанието.

Новите прирачници: Математика – прирачник за предучилишна возраст (4-5 години), Математика – прирачник за предучилишна возраст (5-6 години) и Прирачник за предучилишна возраст со графомоторички вежби (5-6 години) се со содржини подредени според Програмата за рано учење и развој и се приспособени на возраста на децата.

Со помош на овие прирачници децата ќе се оспособат за просторно ориентирање и вербално искажување на односите меѓу предметите; да ги препознаваат цифрите од 1 до 5 и од 5 до 10, исто така и да бројат до 10 и да поврзуваат количество со број. Ќе научат за класификација, компарација и серијација според боја, форма, големина, вид и род; за одредување и препознавање на временските релации; за воочување, препознавање и именување круг, квадрат, триаголник, топка и коцка; за процена на количество и должина и проверка со мерење и со броење. Содржините ќе им помогнат да ги развијат фините моторни вештини на мускулите на рацете и прстите; преку систем од графички вежби постепено да изведуваат координирани движења и да ракуваат со приборот за пишување; да почнат активности како чкртање, цртање и боење, кои понатаму се развиваат во вештини за пишување.

При изборот на задачите и вежбите и другите содржини секогаш се зема предвид возраста на децата и нивните психофизички способности. Преку активностите се поттикнува формирање особини на личноста кај детето: иницијативност, трпеливост, истрајност, љубопитност, прецизност, како и задоволство од успешно решена задача.

Прирачниците по математика ги рецензираше стручен тим во состав: д-р Слаѓана Јакимовиќ (професор по математика на Педагошки факултет, УКИМ), д-р Методи Главче (професор по методика на математика, Педагошки факултет, УКИМ), д-р Кирил Барбареев (професор на Факултетот за образовни науки, УГД, Штип), Иванка Петров (воспитувачка во ЈДГ „Весели цветови“, Скопје). Барбареев и Петров се јавуваат како рецензенти и на Прирачникот по графомоторика.

Содржините на списанието и на прирачниците ги подготви високоспецијализираниот и искусен кадар на „Арс Ламина – публикации“ со помош на широк стручен консултантски тим од воспитно-образовниот процес.

Списанието „Ѕвезди“ и прирачниците се модерно дизајнирани и веќе на прв поглед се издвојуваат од постојните прирачници на пазарот и истовремено одговара на потребите на денешните деца. Во нивното ликовно-графичко обликување се следат најновите концепти при обликување на изданијата за деца, следејќи го принципот на испраќање воспитно-образовна порака преку илустрациите што се создаваат и се одбираат соодветно за возраста на децата.

Во овие изданија се користени внимателно избрани фонтови што се приспособени за фазата на описменување на децата, вклучително и децата со дислексија. Кирилскиот фонт DyslexicFZF е специјално развиен од Филозофскиот факултет при УКИМ и Здружението за дислексија „Ајнштајн“.

The post Ново списание и прирачници за предучилишна возраст во издание на „Арс Ламина“ appeared first on Република.

]]>

Издавачката куќа „Арс Ламина“ ја почнува оваа воспитно-образовна година со ново списание и нови прирачници по математика и графомоторика, наменети за предучилишна возраст. Станува збор за интерактивното и модерно дизајнирано списание „Ѕвезди“, два нови прирачници по математика за 4-5 години, односно 5-6 години, како и Прирачник за предучилишна возраст со графомоторички вежби (5-6 години). Новите изданија се со одобрение за употреба од Министерство за труд и социјална политика (МТСП). Новото литературно и едукативно списание „Ѕвезди“ е вистинско освежување во понудата на списанија за предучилишна возраст. Предвидено е да излегува еднаш месечно за времетраење на воспитно-образовната година (септември-јуни). Наменето е за деца од четири до шест години. Содржините концепциски се усогласени со воспитните цели и содржини предвидени според програмата за ран детски развој. Списанието „Ѕвезди“ е извор на знаења за децата, но и корисно дополнително средство за воспитувачите при реализирање на програмата за ран детски развој во воспитните групи. На децата им се овозможува интеракција низ цртање, доцртување, боење, поврзување, раскажување и логичко подредување на даденото дејство. Посебен фокус е ставен на содржините од областа на македонскиот јазик како препознавање на буквите и поимите, совладувањето и користењето на лесни математички операции, како и пристапот во обичното секојдневие, запознавање и разбирање на околината. Составен дел од списанието „Ѕвезди“ е и подлистокот „Ѕвездички“, преку кој децата имаат можност низ игра да се стекнат со нови знаења и вештини, да бојат, да пополнуваат, да дополнуваат и да изработуваат. Во секој број вметнат е и дополнителен додаток за креативни изработки, со кој преку боење, сечење и лепење кај децата се развиваат моторичките вештини. „Ѕвезди“ има и свој додаток и на интернет – специјално конципирана интернет-страница Zvezdi.mk, каде што ќе се објавуваат материјали за аудио и визуелно дополнување на содржините од списанието. Новите прирачници: Математика – прирачник за предучилишна возраст (4-5 години), Математика – прирачник за предучилишна возраст (5-6 години) и Прирачник за предучилишна возраст со графомоторички вежби (5-6 години) се со содржини подредени според Програмата за рано учење и развој и се приспособени на возраста на децата. Со помош на овие прирачници децата ќе се оспособат за просторно ориентирање и вербално искажување на односите меѓу предметите; да ги препознаваат цифрите од 1 до 5 и од 5 до 10, исто така и да бројат до 10 и да поврзуваат количество со број. Ќе научат за класификација, компарација и серијација според боја, форма, големина, вид и род; за одредување и препознавање на временските релации; за воочување, препознавање и именување круг, квадрат, триаголник, топка и коцка; за процена на количество и должина и проверка со мерење и со броење. Содржините ќе им помогнат да ги развијат фините моторни вештини на мускулите на рацете и прстите; преку систем од графички вежби постепено да изведуваат координирани движења и да ракуваат со приборот за пишување; да почнат активности како чкртање, цртање и боење, кои понатаму се развиваат во вештини за пишување. При изборот на задачите и вежбите и другите содржини секогаш се зема предвид возраста на децата и нивните психофизички способности. Преку активностите се поттикнува формирање особини на личноста кај детето: иницијативност, трпеливост, истрајност, љубопитност, прецизност, како и задоволство од успешно решена задача. Прирачниците по математика ги рецензираше стручен тим во состав: д-р Слаѓана Јакимовиќ (професор по математика на Педагошки факултет, УКИМ), д-р Методи Главче (професор по методика на математика, Педагошки факултет, УКИМ), д-р Кирил Барбареев (професор на Факултетот за образовни науки, УГД, Штип), Иванка Петров (воспитувачка во ЈДГ „Весели цветови“, Скопје). Барбареев и Петров се јавуваат како рецензенти и на Прирачникот по графомоторика. Содржините на списанието и на прирачниците ги подготви високоспецијализираниот и искусен кадар на „Арс Ламина – публикации“ со помош на широк стручен консултантски тим од воспитно-образовниот процес. Списанието „Ѕвезди“ и прирачниците се модерно дизајнирани и веќе на прв поглед се издвојуваат од постојните прирачници на пазарот и истовремено одговара на потребите на денешните деца. Во нивното ликовно-графичко обликување се следат најновите концепти при обликување на изданијата за деца, следејќи го принципот на испраќање воспитно-образовна порака преку илустрациите што се создаваат и се одбираат соодветно за возраста на децата. Во овие изданија се користени внимателно избрани фонтови што се приспособени за фазата на описменување на децата, вклучително и децата со дислексија. Кирилскиот фонт DyslexicFZF е специјално развиен од Филозофскиот факултет при УКИМ и Здружението за дислексија „Ајнштајн“.

The post Ново списание и прирачници за предучилишна возраст во издание на „Арс Ламина“ appeared first on Република.

]]>