спасен Archives - Република https://republika.mk/tema/spasen/ За подобро да се разбереме Thu, 07 Nov 2024 11:22:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png спасен Archives - Република https://republika.mk/tema/spasen/ 32 32 Паднал од чамец во Дојранско Езеро, го спасила полицијата https://republika.mk/vesti/crna-hronika/padnal-od-chamets-vo-dojransko-ezero-go-spasila-politsijata/ Thu, 07 Nov 2024 11:22:16 +0000 https://republika.mk/?p=835118

Гранична полиција во Дојран вчера спасила лице кое паднато од чамец во Дојранско Езеро, соопшти утрово Центарот за управување со кризи.

Според информациите од Регионалниот ЦУК Струмица на Едиствениот повикувачки број за итни повици 112 во 11:08 часот, е добиена пријава за лице кое е паднато од чамец и се дави некаде на средина од Дојранското Езеро.

Веднаш по известувањето на Полициската станица Гевгелија, Гранична полиција која била на терен итно интервенирала спасувајќи го лицето и извлекувајќи го неговиот чамец.

The post Паднал од чамец во Дојранско Езеро, го спасила полицијата appeared first on Република.

]]>

Гранична полиција во Дојран вчера спасила лице кое паднато од чамец во Дојранско Езеро, соопшти утрово Центарот за управување со кризи. Според информациите од Регионалниот ЦУК Струмица на Едиствениот повикувачки број за итни повици 112 во 11:08 часот, е добиена пријава за лице кое е паднато од чамец и се дави некаде на средина од Дојранското Езеро. Веднаш по известувањето на Полициската станица Гевгелија, Гранична полиција која била на терен итно интервенирала спасувајќи го лицето и извлекувајќи го неговиот чамец.

The post Паднал од чамец во Дојранско Езеро, го спасила полицијата appeared first on Република.

]]>
Го качиле повредениот велосипедист на носилка и со помош на неколку случајни минувачи го однеле до возилото на брзата помош https://republika.mk/vesti/crna-hronika/go-kachile-povredeniot-velosipedist-na-nosilka-i-so-pomosh-na-nekolku-sluchajni-minuvachi-go-odnele-do-voziloto-na-brzata-pomosh/ Sat, 02 Dec 2023 16:17:33 +0000 https://republika.mk/?p=718735

Денес околу 15:00 часот велосипедист скршил колк при пад на тешко пристапна пашачка патека под Средно Водно.

По добиената пријава на 112 екипа на Итната медицинска помош пристигнала во близина на местото на несреќата, а до повреденото лице стигнале движејќи се по тешката пешачка патека.

Го качиле повреденото лице на носилка, му ја имобилизирале повредената страна и со помош на неколку случајни минувачи успеале да го однесат до возилото на брзата помош.

Голема благодарност од ЦУК до докторката и медицинската сестра од екипата на Итната медицинска помош кои пожртвувано се движеле по тешко проодната патека за да му помогнат на повреденото лице кои имало силни болки, посочуваат од ЦУК.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/velosipedist-skrshil-kolk-na-teshko-pristapna-pateka-na-vodno/

The post Го качиле повредениот велосипедист на носилка и со помош на неколку случајни минувачи го однеле до возилото на брзата помош appeared first on Република.

]]>

Денес околу 15:00 часот велосипедист скршил колк при пад на тешко пристапна пашачка патека под Средно Водно. По добиената пријава на 112 екипа на Итната медицинска помош пристигнала во близина на местото на несреќата, а до повреденото лице стигнале движејќи се по тешката пешачка патека. Го качиле повреденото лице на носилка, му ја имобилизирале повредената страна и со помош на неколку случајни минувачи успеале да го однесат до возилото на брзата помош.
Голема благодарност од ЦУК до докторката и медицинската сестра од екипата на Итната медицинска помош кои пожртвувано се движеле по тешко проодната патека за да му помогнат на повреденото лице кои имало силни болки, посочуваат од ЦУК.
https://republika.mk/vesti/crna-hronika/velosipedist-skrshil-kolk-na-teshko-pristapna-pateka-na-vodno/

The post Го качиле повредениот велосипедист на носилка и со помош на неколку случајни минувачи го однеле до возилото на брзата помош appeared first on Република.

]]>
„Се завиткав во тепих да не ми студи, си ја пиев урината“: Како Хусеин преживеа 8 дена под урнатините https://republika.mk/vesti/svet/se-zavitkav-vo-tepih-da-ne-mi-studi-si-ja-piev-urinata-kako-husein-prezhivea-8-dena-pod-urnatinite/ Sat, 18 Feb 2023 10:50:18 +0000 https://republika.mk/?p=610456

Шеесет и двегодишниот Хусеин Бербер поминал речиси осум дена под урнатините на неговата семејна куќа во Антакија по разорните земјотреси што на почетокот на февруари ги погодија Турција и Сирија. За турските медиуми од болница тој детално ги опишува сите ужасни моменти што ги доживеал во деновите под урнатините, откривајќи дека морал да ја пие сопствената урина за да преживее.

Во земјотресот се урнал таванот на 15-катницата во која тој живеел на приземје. Единствено што го спасиле биле плакарот и фрижидерот, додека останал заробен во фотелја. Тој раскажал како ползел по станот и нашол шише со вода, но тоа не му било доволно за да преживее, па почнал да вика за да го слушнат спасувачите и да го извлечат. Кога помошта не стигнала со часови, Хусеин решил да уринира во празно шише со вода за да пие подоцна за да преживее, пишува „Дејли Мејл“.

За да не замрзне решил да се завитка во тепих.

Кога се случи земјотресот, веднаш станав. Внукот спиеше до мене. Погледнав наоколу, син ми го запали светлото, зеде батериска ламба и рече: Тато, има земјотрес! Во вториот земјотрес се сруши таванот, но не ме погоди. Веднаш се склопив и седнав. Ѕидот падна врз фрижидерот и плакарот. Јас останав заглавен меѓу нив. Еден час подоцна зедов шише вода и го испив. После тоа уринирав во шишето и го оставив да се излади. Ја пиев само кога ќе се олади. Така се спасив, раскажува Хусеин.

Пет члена од неговото семејство успеале да побегнат кога земјотресот ја погодил областа околу 4 часот наутро. Хусеин конечно беше спасен овој вторник, точно 187 часа по земјотресот, а моментално е во болница. Докторите му рекле дека е чудо што успеал да преживее сето тоа време.

Потсетувајќи се на моментот на спасувањето, тој рече дека слушнал звук на спасувачки екипи кои се упатиле кон местото каде што бил заробен.

Не се сеќавам на ништо откако ме извлекоа. Се спасив, излегов и сакав само вода и храна, особено вода. Ништо не јадев. Направив добри дела пред Алах за сите, не само за моето семејство. Мислам дека затоа Бог ме спаси, вели Хусеин.

The post „Се завиткав во тепих да не ми студи, си ја пиев урината“: Како Хусеин преживеа 8 дена под урнатините appeared first on Република.

]]>

Шеесет и двегодишниот Хусеин Бербер поминал речиси осум дена под урнатините на неговата семејна куќа во Антакија по разорните земјотреси што на почетокот на февруари ги погодија Турција и Сирија. За турските медиуми од болница тој детално ги опишува сите ужасни моменти што ги доживеал во деновите под урнатините, откривајќи дека морал да ја пие сопствената урина за да преживее. Во земјотресот се урнал таванот на 15-катницата во која тој живеел на приземје. Единствено што го спасиле биле плакарот и фрижидерот, додека останал заробен во фотелја. Тој раскажал како ползел по станот и нашол шише со вода, но тоа не му било доволно за да преживее, па почнал да вика за да го слушнат спасувачите и да го извлечат. Кога помошта не стигнала со часови, Хусеин решил да уринира во празно шише со вода за да пие подоцна за да преживее, пишува „Дејли Мејл“. За да не замрзне решил да се завитка во тепих.
Кога се случи земјотресот, веднаш станав. Внукот спиеше до мене. Погледнав наоколу, син ми го запали светлото, зеде батериска ламба и рече: Тато, има земјотрес! Во вториот земјотрес се сруши таванот, но не ме погоди. Веднаш се склопив и седнав. Ѕидот падна врз фрижидерот и плакарот. Јас останав заглавен меѓу нив. Еден час подоцна зедов шише вода и го испив. После тоа уринирав во шишето и го оставив да се излади. Ја пиев само кога ќе се олади. Така се спасив, раскажува Хусеин.
Пет члена од неговото семејство успеале да побегнат кога земјотресот ја погодил областа околу 4 часот наутро. Хусеин конечно беше спасен овој вторник, точно 187 часа по земјотресот, а моментално е во болница. Докторите му рекле дека е чудо што успеал да преживее сето тоа време. Потсетувајќи се на моментот на спасувањето, тој рече дека слушнал звук на спасувачки екипи кои се упатиле кон местото каде што бил заробен.
Не се сеќавам на ништо откако ме извлекоа. Се спасив, излегов и сакав само вода и храна, особено вода. Ништо не јадев. Направив добри дела пред Алах за сите, не само за моето семејство. Мислам дека затоа Бог ме спаси, вели Хусеин.

The post „Се завиткав во тепих да не ми студи, си ја пиев урината“: Како Хусеин преживеа 8 дена под урнатините appeared first on Република.

]]>
Видео од чудото во Хатај и извлекувањето на Хакан, во Антакија по 12 дена спасено дете https://republika.mk/vesti/svet/video-od-chudoto-vo-hataj-i-izvlekuvaneto-na-hakan-vo-antakija-po-12-dena-spaseno-dete/ Sat, 18 Feb 2023 10:07:48 +0000 https://republika.mk/?p=610444

По 278 часа поминати под урнатините од земјотресот во Турција, во Хатан бил спасен 45-годишниот Хакан Јасиноглу, јави новинаската агенција Анадолија. Спасувачите го предале Јашиноглу на медицинските екипи, кои му укажале прва помош и го пренеле во болница.

Во Антакија, пак, три лица се спасени откако поминале 296 часа под урнатините, јави турската новинска агенција Анадолија, додавајќи дека меѓу спасените има и дете.

По спасувањето, спасувачките екипи ги предале повредените на медицинските служби, по што биле пренесени во болница.

Според последните податоци, повеќе од 45.000 луѓе загинаа во земјотресите што ги погодија Турција и Сирија на 6 февруари, а бројот на жртвите се очекува да се зголеми бидејќи многумина сè уште се водат за исчезнати.

 

The post Видео од чудото во Хатај и извлекувањето на Хакан, во Антакија по 12 дена спасено дете appeared first on Република.

]]>

По 278 часа поминати под урнатините од земјотресот во Турција, во Хатан бил спасен 45-годишниот Хакан Јасиноглу, јави новинаската агенција Анадолија. Спасувачите го предале Јашиноглу на медицинските екипи, кои му укажале прва помош и го пренеле во болница. Во Антакија, пак, три лица се спасени откако поминале 296 часа под урнатините, јави турската новинска агенција Анадолија, додавајќи дека меѓу спасените има и дете. По спасувањето, спасувачките екипи ги предале повредените на медицинските служби, по што биле пренесени во болница. Според последните податоци, повеќе од 45.000 луѓе загинаа во земјотресите што ги погодија Турција и Сирија на 6 февруари, а бројот на жртвите се очекува да се зголеми бидејќи многумина сè уште се водат за исчезнати.  

The post Видео од чудото во Хатај и извлекувањето на Хакан, во Антакија по 12 дена спасено дете appeared first on Република.

]]>
Солзи радосници меѓу спасувачите откако по скоро 10 дена под урнатините, жив и здрав извлечен е дедо https://republika.mk/vesti/svet/solzi-radosnitsi-megu-spasuvachite-otkako-po-skoro-10-dena-pod-urnatinite-zhiv-i-zdrav-izvlechen-e-dedo/ Wed, 15 Feb 2023 19:28:41 +0000 https://republika.mk/?p=609463

По 227 часа под урнатините, или скоро 10 дена, спасувачките екипи во Труција успеаја да извлечат жив 74 годишен маж, објави турската државна телевизија.

https://youtube.com/watch?v=yfZ-TgDJ_ek&feature=shares

Ќе продолжиме да работиме додека не го најдеме последниот граѓанин што остана под урнатините изјави претседателот Ердоган, кој притоа вети брза реконструкцијата на уништените објекти. Земјотресот ги погоди Труција и Сирија на 6 февраури.

Бројот на загинати во двете земји надмина 41.000 а над 100.000 луѓе се повредени. Природната катастрофа погоди 13 милиони луѓе вклучувајќи околу седум милиони деца.

The post Солзи радосници меѓу спасувачите откако по скоро 10 дена под урнатините, жив и здрав извлечен е дедо appeared first on Република.

]]>

По 227 часа под урнатините, или скоро 10 дена, спасувачките екипи во Труција успеаја да извлечат жив 74 годишен маж, објави турската државна телевизија. https://youtube.com/watch?v=yfZ-TgDJ_ek&feature=shares Ќе продолжиме да работиме додека не го најдеме последниот граѓанин што остана под урнатините изјави претседателот Ердоган, кој притоа вети брза реконструкцијата на уништените објекти. Земјотресот ги погоди Труција и Сирија на 6 февраури. Бројот на загинати во двете земји надмина 41.000 а над 100.000 луѓе се повредени. Природната катастрофа погоди 13 милиони луѓе вклучувајќи околу седум милиони деца.

The post Солзи радосници меѓу спасувачите откако по скоро 10 дена под урнатините, жив и здрав извлечен е дедо appeared first on Република.

]]>
По 149 часа под урнатините е извлечен жив 35-годишен маж https://republika.mk/vesti/balkan/po-149-chasa-pod-urnatinite-e-izvlechen-zhiv-35-godishen-mazh/ Sun, 12 Feb 2023 11:32:46 +0000 https://republika.mk/?p=607984

Триесет и пет годишен маж е спасен од урнатините на урната зграда во јужната турска провинција Хатај 149 часа по силниот земјотрес што го погоди регионот, јави турската државна новинска агенција Анадолија.

Мажот, идентификуван како Мустафа Саригул, бил пронајден меѓу урнатините на шесткатната зграда при скенирање.

Екипите за пребарување и спасување, како и воен персонал и членови на романскиот тим за пребарување и спасување, работеле пет часа за да го спасат човекот.

Бројот на загинати во Турција и Сирија по земјотресот од понеделникот наутро достигна 28.192.

 

The post По 149 часа под урнатините е извлечен жив 35-годишен маж appeared first on Република.

]]>

Триесет и пет годишен маж е спасен од урнатините на урната зграда во јужната турска провинција Хатај 149 часа по силниот земјотрес што го погоди регионот, јави турската државна новинска агенција Анадолија. Мажот, идентификуван како Мустафа Саригул, бил пронајден меѓу урнатините на шесткатната зграда при скенирање. Екипите за пребарување и спасување, како и воен персонал и членови на романскиот тим за пребарување и спасување, работеле пет часа за да го спасат човекот. Бројот на загинати во Турција и Сирија по земјотресот од понеделникот наутро достигна 28.192.  

The post По 149 часа под урнатините е извлечен жив 35-годишен маж appeared first on Република.

]]>
Тинејџер извлечен од урнатините во Газијантеп: Ја пиев сопствената урина, тоа ме спаси https://republika.mk/vesti/balkan/tinejdher-izvlechen-od-urnatinite-vo-gazijantep-ja-piev-sopstvenata-urina-toa-me-spasi/ Fri, 10 Feb 2023 08:27:19 +0000 https://republika.mk/?p=607218

Тинејџер рано изутринава неповреден е извлечен од урнатините на зграда во турскиот град Газијантеп, четири дена по катастрофалниот земјотрес.

Пред зори во Газијантеп, во близина на епицентарот на земјотресот, спасувачите го извлекоа Аднан Мухамед Коркут од подрумот каде што беше заробен од понеделникот.

17-годишникот се насмевна на толпата пријатели и роднини кои го скандираа неговото име, ракоплескаа и плачеа додека го носеа и го ставаа на носилки.

Фала му на Бога што ме спасија, рече тој, гушкајќи ја мајка си и другите кои се наведнаа да го бакнат и прегрнат.

„Ви благодарам на сите“, рече тој.

Тинејџерот рекол дека бил принуден да ја пие сопствената урина за да ја задоволи жедта.

„Така успеав да преживеам“, рече тој.

Имам син како тебе, му рекол спасувачот, идентификуван само како Јасемин, откако го прегрнал.

„Ви се колнам, не спиев четири дена. Се колнам дека не спиев, се обидував да те извлечам“, додал спасувачот, пренесе Индекс.хр.

 

The post Тинејџер извлечен од урнатините во Газијантеп: Ја пиев сопствената урина, тоа ме спаси appeared first on Република.

]]>

Тинејџер рано изутринава неповреден е извлечен од урнатините на зграда во турскиот град Газијантеп, четири дена по катастрофалниот земјотрес. Пред зори во Газијантеп, во близина на епицентарот на земјотресот, спасувачите го извлекоа Аднан Мухамед Коркут од подрумот каде што беше заробен од понеделникот. 17-годишникот се насмевна на толпата пријатели и роднини кои го скандираа неговото име, ракоплескаа и плачеа додека го носеа и го ставаа на носилки.
Фала му на Бога што ме спасија, рече тој, гушкајќи ја мајка си и другите кои се наведнаа да го бакнат и прегрнат.
„Ви благодарам на сите“, рече тој. Тинејџерот рекол дека бил принуден да ја пие сопствената урина за да ја задоволи жедта. „Така успеав да преживеам“, рече тој.
Имам син како тебе, му рекол спасувачот, идентификуван само како Јасемин, откако го прегрнал.
„Ви се колнам, не спиев четири дена. Се колнам дека не спиев, се обидував да те извлечам“, додал спасувачот, пренесе Индекс.хр.  

The post Тинејџер извлечен од урнатините во Газијантеп: Ја пиев сопствената урина, тоа ме спаси appeared first on Република.

]]>
Маж спасен по 24 дена на отворено море кај Карибите https://republika.mk/vesti/svet/mazh-spasen-po-24-dena-na-otvoreno-more-kaj-karibite/ Fri, 20 Jan 2023 08:07:04 +0000 https://republika.mk/?p=598909

Колумбиската флота спаси маж од Доминика, кој преживеал 24 дена на едрилица во Карипското Море, хранејќи се само со кечап, лук во прав и коцки зачини.

Елвис Франсоа (47) напишал „помош“ на англиски јазик на платформата. Пловилото било забележано од воздух на 120 наутички милји северозападно од полуостровот Гвахира, па Франсоа бил спасен и однесен во пристанишниот град Картагена. Франсоа им рекол на колумбиските власти дека неговото патешествие почнало во декември, кога струите ја однеле неговата едрилица во морето додека ја поправал на островот Сент Мартин на Холандските Антили, каде што тој живее, се вели во соопштението на колумбиската морнарица.

Ги повикав пријателите и тие се обидоа да контактираат со мене, но го изгубив сигналот. Немаше што друго да правам освен да седам и да чекам, рече Франсоа во видеото потоа.

Според надлежните, иако бил изнемоштен, тој бил во добра здравствена состојба кога го пронашле.

Во видеото Франсоа зборува и за тоа како морал постојано да ја отстранува водата од чамецот за тој да не потоне. Се обидел да запали и оган за да испрати сигнал за помош, но не успеал. Бил забележанн од авион.

Во еден миг изгубив надеж и размислував за моето семејство, вели Франсоа.

Франсоа веќе ги мина медицинските прегледи и е на пат до Доминика.

The post Маж спасен по 24 дена на отворено море кај Карибите appeared first on Република.

]]>

Колумбиската флота спаси маж од Доминика, кој преживеал 24 дена на едрилица во Карипското Море, хранејќи се само со кечап, лук во прав и коцки зачини. Елвис Франсоа (47) напишал „помош“ на англиски јазик на платформата. Пловилото било забележано од воздух на 120 наутички милји северозападно од полуостровот Гвахира, па Франсоа бил спасен и однесен во пристанишниот град Картагена. Франсоа им рекол на колумбиските власти дека неговото патешествие почнало во декември, кога струите ја однеле неговата едрилица во морето додека ја поправал на островот Сент Мартин на Холандските Антили, каде што тој живее, се вели во соопштението на колумбиската морнарица. Ги повикав пријателите и тие се обидоа да контактираат со мене, но го изгубив сигналот. Немаше што друго да правам освен да седам и да чекам, рече Франсоа во видеото потоа. Според надлежните, иако бил изнемоштен, тој бил во добра здравствена состојба кога го пронашле. Во видеото Франсоа зборува и за тоа како морал постојано да ја отстранува водата од чамецот за тој да не потоне. Се обидел да запали и оган за да испрати сигнал за помош, но не успеал. Бил забележанн од авион. Во еден миг изгубив надеж и размислував за моето семејство, вели Франсоа. Франсоа веќе ги мина медицинските прегледи и е на пат до Доминика.

The post Маж спасен по 24 дена на отворено море кај Карибите appeared first on Република.

]]>