Сојуз на спортови на Скопје Archives - Република https://republika.mk/tema/sojuz-na-sportovi-na-skopje/ За подобро да се разбереме Fri, 11 Nov 2022 13:28:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Сојуз на спортови на Скопје Archives - Република https://republika.mk/tema/sojuz-na-sportovi-na-skopje/ 32 32 Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“ https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/sojuzot-na-sportovi-na-skopje-gi-dodeli-nagradite-13-noemvri/ Fri, 11 Nov 2022 13:28:48 +0000 https://republika.mk/?p=572780

Сојузот на спортови на Скопје по повод денот на ослободување на Скопје, „13 Ноември“, ги додели наградите за најуспешните спортисти за оваа година. Наградите „13 Ноември“ се врачија во следните категории: спортист, спортски работник, спортски работник за животно дело, спортски клуб, спортски подвиг, општественик со посебни заслуги за развој на спортот, спортски новинар, спортски педагог и спортски лекар.

За Спортист од светска категорија беше избран членот на Карате клубот Металург од Скопје, Петар Спасеновски, кој го освои третото место на Европското првенство во Газијантеп, Турција во категорија до 84 килограми.

Наградата за најдобар Спортски работник му беше доделена на Александар Милојевиќ, меѓународен кошаркарски судија со одсудени над 500 меѓународни натпревари, 4 Европски првенства, полуфинале на женската Евролига и 3 пати полуфинале на Балканската лига. 15 пати прогласен за најдобар судија на Македонија, моментално е комесар и контролор на натпреварите на КФСМ и член е на судиската комисија на АБА лига.

Димче Јанковски, активен карате тренер во Карате клубот Аеродром Скопје, ја доби наградата за Спортски работник за животно дело. Јанковски е активен каратист и тренер над 55 години, член и еден од основачите на Карате федерацијата со бројни функции 50 години и издадени 4 книги за карате.

Наградата за Општественик со посебни заслуги за развој на спортот му беше доделена на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, за личен придонес, поддршка и помош на организацијата на Виз Ер Скопски маратон.

За Спортски новинар беше избран Милорад Стојмановски, кој во новинарството е 3 децении, главно во печатените медиуми. Својата кариера ја започнал во весникот „Вечер“, потоа бил уредник во магазинот „Скок“ како и дел од основачката група на весникот „Дневник“. Моментално работи во дневниот весник „Слободен Печат“. Известувач од Олимписките игри во Атина, како и поголем број на Светски и Европски првенства во фудбал и кошарка.

Катерина Шиповиќ, ултра маратонка, првата македонска атлетичарка која на Спартатлон во Грција истрча 256 километри од Атина до Спарта ја доби наградата за Спортски подвиг. Од 360 натпреварувачи на стратот, трката ја завршија 182 учесника, каде во женска кункуренција од 40 натпреварувачки, Катерина го освојува 19то место. Воедно Катерина е и државен првак со истрчани 180 километри за 24 часа.

Наградата за Спортски лекар му беше доделена на Др. Небојша Настов, хирург трауматолог во ЈЗУ Универзитетска клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ Скопје. Од 2009 година станува лекар на машката ракометна репрезентација и продолжува како тимски доктор и консултант во спортските клубови. Последните 2 години е дел од медицинскиот тим на машката сениорска репрезентација и ракометниот клуб Вардар 1961. Претседател е на здравствената комисија на Македонскиот Олимписки Комитет, а воедно е и член на здравствената и антидопинг комисија на Европскиот Олимписки Комитет.

За најдобар Спортски клуб во 2022 година беше избран Карате клубот Металург Скопје, кој освои 2 златни и еден бронзен медал на Европската Универзијада, 2 среберени и 1 бронзен медал на Светската Универзијада, бронзен медал на Европското првенство за сениори, 2 сребра на Светското првенство за помлади сениори, 12 медали на Балканското првенство и над 50 медали на меѓународните турнири.

Наградите за Спортски педагог им беа доделени на професорите по физичко образование, спорт и здравје Вјенцеслав Рангелов и Зоран Наков. Рангелов кој е професор во СУГС „Никола Карев“ учествуваше со машките и женските кошаркарски екипи на општински, градски и државни натпревари, како и настапи на атлетичари на ваквиот ранг на натпреварувања. Наков професор во ООУ „Димитар Поп Георгиев- Беровски“ од Скопје подготовка и учество на женски и машки ракометен тим, женски футсал тим, гимнастичари и атлетичари во машка и женска конкуренција на градски и државни натпревари.

„Сакам да им честитам на сите кои ја добија оваа награда која е од големо значење за нашиот град и им посакувам повисоки резултати понатаму ви нивните кариери. Се надевам дека наредната година ќе имаме многу повеќе и поголеми достигнувања на спортско поле. Ние ќе продолжиме во уште поголемо темпо да се залагаме за спортот во Скопје и Македонија“, изјави Тања Панделеска потпретседателката на Сојузот на Спортови на Скопје.

Сојузот на Спортови на Скопје ги доделува наградите за „13 Ноември“, денот на ослободување на Скопје, повеќе од 50 години.

The post Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“ appeared first on Република.

]]>

Сојузот на спортови на Скопје по повод денот на ослободување на Скопје, „13 Ноември“, ги додели наградите за најуспешните спортисти за оваа година. Наградите „13 Ноември“ се врачија во следните категории: спортист, спортски работник, спортски работник за животно дело, спортски клуб, спортски подвиг, општественик со посебни заслуги за развој на спортот, спортски новинар, спортски педагог и спортски лекар. За Спортист од светска категорија беше избран членот на Карате клубот Металург од Скопје, Петар Спасеновски, кој го освои третото место на Европското првенство во Газијантеп, Турција во категорија до 84 килограми. Наградата за најдобар Спортски работник му беше доделена на Александар Милојевиќ, меѓународен кошаркарски судија со одсудени над 500 меѓународни натпревари, 4 Европски првенства, полуфинале на женската Евролига и 3 пати полуфинале на Балканската лига. 15 пати прогласен за најдобар судија на Македонија, моментално е комесар и контролор на натпреварите на КФСМ и член е на судиската комисија на АБА лига. Димче Јанковски, активен карате тренер во Карате клубот Аеродром Скопје, ја доби наградата за Спортски работник за животно дело. Јанковски е активен каратист и тренер над 55 години, член и еден од основачите на Карате федерацијата со бројни функции 50 години и издадени 4 книги за карате. Наградата за Општественик со посебни заслуги за развој на спортот му беше доделена на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, за личен придонес, поддршка и помош на организацијата на Виз Ер Скопски маратон. За Спортски новинар беше избран Милорад Стојмановски, кој во новинарството е 3 децении, главно во печатените медиуми. Својата кариера ја започнал во весникот „Вечер“, потоа бил уредник во магазинот „Скок“ како и дел од основачката група на весникот „Дневник“. Моментално работи во дневниот весник „Слободен Печат“. Известувач од Олимписките игри во Атина, како и поголем број на Светски и Европски првенства во фудбал и кошарка. Катерина Шиповиќ, ултра маратонка, првата македонска атлетичарка која на Спартатлон во Грција истрча 256 километри од Атина до Спарта ја доби наградата за Спортски подвиг. Од 360 натпреварувачи на стратот, трката ја завршија 182 учесника, каде во женска кункуренција од 40 натпреварувачки, Катерина го освојува 19то место. Воедно Катерина е и државен првак со истрчани 180 километри за 24 часа. Наградата за Спортски лекар му беше доделена на Др. Небојша Настов, хирург трауматолог во ЈЗУ Универзитетска клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ Скопје. Од 2009 година станува лекар на машката ракометна репрезентација и продолжува како тимски доктор и консултант во спортските клубови. Последните 2 години е дел од медицинскиот тим на машката сениорска репрезентација и ракометниот клуб Вардар 1961. Претседател е на здравствената комисија на Македонскиот Олимписки Комитет, а воедно е и член на здравствената и антидопинг комисија на Европскиот Олимписки Комитет. За најдобар Спортски клуб во 2022 година беше избран Карате клубот Металург Скопје, кој освои 2 златни и еден бронзен медал на Европската Универзијада, 2 среберени и 1 бронзен медал на Светската Универзијада, бронзен медал на Европското првенство за сениори, 2 сребра на Светското првенство за помлади сениори, 12 медали на Балканското првенство и над 50 медали на меѓународните турнири. Наградите за Спортски педагог им беа доделени на професорите по физичко образование, спорт и здравје Вјенцеслав Рангелов и Зоран Наков. Рангелов кој е професор во СУГС „Никола Карев“ учествуваше со машките и женските кошаркарски екипи на општински, градски и државни натпревари, како и настапи на атлетичари на ваквиот ранг на натпреварувања. Наков професор во ООУ „Димитар Поп Георгиев- Беровски“ од Скопје подготовка и учество на женски и машки ракометен тим, женски футсал тим, гимнастичари и атлетичари во машка и женска конкуренција на градски и државни натпревари. „Сакам да им честитам на сите кои ја добија оваа награда која е од големо значење за нашиот град и им посакувам повисоки резултати понатаму ви нивните кариери. Се надевам дека наредната година ќе имаме многу повеќе и поголеми достигнувања на спортско поле. Ние ќе продолжиме во уште поголемо темпо да се залагаме за спортот во Скопје и Македонија“, изјави Тања Панделеска потпретседателката на Сојузот на Спортови на Скопје. Сојузот на Спортови на Скопје ги доделува наградите за „13 Ноември“, денот на ослободување на Скопје, повеќе од 50 години.

The post Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“ appeared first on Република.

]]>
Почина претседателот на Сојузот на спортови на Скопје Ѓорѓи Кузмановски https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/pochina-pretsedatelot-na-sojuzot-na-sportovi-na-skopje-gjorgji-kuzmanovski/ Mon, 26 Sep 2022 11:26:51 +0000 https://republika.mk/?p=554306

Ѓорѓи Кузмановски, претседателот на Сојузот на спортови на Скопје и основачот на триатлонот во Македонија почина утринава на 80-годишна возраст.

Кузмановски беше роден на 15 јануари 1942 година. Уште од најмала возраст тој се вљубува во спортот, прво започнал со тренирање на ракомет во Пелистер Битола, паралелно тренира и фудбал, сè додека не го отрие велосипедизмот и тоа да стане примарна цел во неговиот живот.

Неговата љубов кон велосипедизмот и мотоциклизмот ја негува низ целиот живот и желбата да го пренесе неговото знаење за овие спортови во Македонија е од големо значење. Како страствен велосипедист напишал и публикувал три книги посветени на велосипедизмот кои станале драгоцен прирачник за сите кои се занимаваат со овој спорт. Од Велосипедскиот сојуз на Македонија го доби признанието за најдобар спортски работник на 20 век. Како дел од репрезентацијата на мотоциклисти настапувал на девет Европски Мото Рели натпреварувања. Секоја година беше препознатлив симбол за 8-ми Септември, кога со велосипед поминуваше над 100 километри на различни делници низ Македонија.

Тој низ неговата богата кариера беше дел од повеќе институции во Македонија и поранешната Југославија, како стручен секретар на сојузот за физичка култура на Македонија и раководител на стручната служба, претседател на Велосипедскиот сојуз на Југославија, тренер на југословенската А репрезентација во велосипедизам, основач на триатлонот во Македонија, иницијатор за обнова на Скопскиот маратон, претседател и основач на триатлон клубот „Софка“, прво генерален секретар, а потоа и претседател на Сојузот на спортови на Скопје, која ја извршуваше сè до неговата смрт. Беше активен член во боксерскиот и велосипедскиот сојуз на Македонија.

Зад себе остави семејство кое чекори по неговите стапки, а тоа е љубовта кон спортот и зачувување на неговото дело во светот на спортот во Македонија. Во негова чест Македонскиот Олимписки Комитет ќе оддржи комеморација утре во конференциската сала на СЦ „Јане Сандански“ во 13 часот.

Погребот ќе биде во среда на градските гробиштата Бутел, во капела од 12 часот.

The post Почина претседателот на Сојузот на спортови на Скопје Ѓорѓи Кузмановски appeared first on Република.

]]>

Ѓорѓи Кузмановски, претседателот на Сојузот на спортови на Скопје и основачот на триатлонот во Македонија почина утринава на 80-годишна возраст. Кузмановски беше роден на 15 јануари 1942 година. Уште од најмала возраст тој се вљубува во спортот, прво започнал со тренирање на ракомет во Пелистер Битола, паралелно тренира и фудбал, сè додека не го отрие велосипедизмот и тоа да стане примарна цел во неговиот живот. Неговата љубов кон велосипедизмот и мотоциклизмот ја негува низ целиот живот и желбата да го пренесе неговото знаење за овие спортови во Македонија е од големо значење. Како страствен велосипедист напишал и публикувал три книги посветени на велосипедизмот кои станале драгоцен прирачник за сите кои се занимаваат со овој спорт. Од Велосипедскиот сојуз на Македонија го доби признанието за најдобар спортски работник на 20 век. Како дел од репрезентацијата на мотоциклисти настапувал на девет Европски Мото Рели натпреварувања. Секоја година беше препознатлив симбол за 8-ми Септември, кога со велосипед поминуваше над 100 километри на различни делници низ Македонија. Тој низ неговата богата кариера беше дел од повеќе институции во Македонија и поранешната Југославија, како стручен секретар на сојузот за физичка култура на Македонија и раководител на стручната служба, претседател на Велосипедскиот сојуз на Југославија, тренер на југословенската А репрезентација во велосипедизам, основач на триатлонот во Македонија, иницијатор за обнова на Скопскиот маратон, претседател и основач на триатлон клубот „Софка“, прво генерален секретар, а потоа и претседател на Сојузот на спортови на Скопје, која ја извршуваше сè до неговата смрт. Беше активен член во боксерскиот и велосипедскиот сојуз на Македонија. Зад себе остави семејство кое чекори по неговите стапки, а тоа е љубовта кон спортот и зачувување на неговото дело во светот на спортот во Македонија. Во негова чест Македонскиот Олимписки Комитет ќе оддржи комеморација утре во конференциската сала на СЦ „Јане Сандански“ во 13 часот. Погребот ќе биде во среда на градските гробиштата Бутел, во капела од 12 часот.

The post Почина претседателот на Сојузот на спортови на Скопје Ѓорѓи Кузмановски appeared first on Република.

]]>