социјални мрежи Archives - Република https://republika.mk/tema/socijalni-mrezi/ За подобро да се разбереме Thu, 21 Nov 2024 08:27:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png социјални мрежи Archives - Република https://republika.mk/tema/socijalni-mrezi/ 32 32 Скопјани на социјалните мрежи се организираат за превоз до работа поради колапсот на ЈСП https://republika.mk/vesti/skopje/skopjani-na-sotsijalnite-mrezhi-se-organiziraat-za-prevoz-do-rabota-poradi-kolapsot-na-jsp/ Thu, 21 Nov 2024 08:27:15 +0000 https://republika.mk/?p=840168

Скопјани од утрово сами се организираат за да стигнат на работа поради вчерашните најави на синдикатите при ЈСП „Скопје“ дека јавниот градски превоз во главниот град ќе се одвива со драстично редуциран број на автобуси, поради недостиг на гориво.

https://republika.mk/vesti/skopje/za-tselo-skopje-samo-25-avtobusi-drugite-stojat-parkirani/

Во многу групи на социјалните мрежи се нудат слободни места во автомобилите и се посочува релацијата на која ќе се движат.

Утре тргнувам на работа во 6.25 од Марино кај Злате, возам по автопат, автобуска Коце и продолжувам по мост „Автокоманда“ „Бриколаж“ хотел „Русија“ и поминувам кај Мајчин Дом. Ако некоја има потреба, можам најмногу три жени да земам, затоа што позади имам бебе, ама ќе се стуткаме, напиша една жена на социјалните медиуми.

Друга граѓанка напиша:

Ако на некоја од вас и е потребен превоз на релација од Ново Лисиче до Центар, кај Олимпискии базен меѓу 7,30 и 7,45 контактирајте ме.

На Фејсбук кружат и објави со апел до граѓаните да се солидаризираат со патниците на кои им е потребен превоз.

Утрово и во текот на денот ако проаѓате со кола покрај автобуска станица и забележите гужвa, застанете качете некое дете или пензионер префрлете ги до школо или болница. Да бидеме луѓе, да се чуваме“, се вели во објавата што се споделува.

https://republika.mk/vesti/skopje/slaveski-svika-itna-vonredna-sednitsa-na-sovetot-na-skopje-poradi-kolapsot-na-javniot-prevoz/

The post Скопјани на социјалните мрежи се организираат за превоз до работа поради колапсот на ЈСП appeared first on Република.

]]>

Скопјани од утрово сами се организираат за да стигнат на работа поради вчерашните најави на синдикатите при ЈСП „Скопје“ дека јавниот градски превоз во главниот град ќе се одвива со драстично редуциран број на автобуси, поради недостиг на гориво. https://republika.mk/vesti/skopje/za-tselo-skopje-samo-25-avtobusi-drugite-stojat-parkirani/ Во многу групи на социјалните мрежи се нудат слободни места во автомобилите и се посочува релацијата на која ќе се движат.
Утре тргнувам на работа во 6.25 од Марино кај Злате, возам по автопат, автобуска Коце и продолжувам по мост „Автокоманда“ „Бриколаж“ хотел „Русија“ и поминувам кај Мајчин Дом. Ако некоја има потреба, можам најмногу три жени да земам, затоа што позади имам бебе, ама ќе се стуткаме, напиша една жена на социјалните медиуми.
Друга граѓанка напиша:
Ако на некоја од вас и е потребен превоз на релација од Ново Лисиче до Центар, кај Олимпискии базен меѓу 7,30 и 7,45 контактирајте ме.
На Фејсбук кружат и објави со апел до граѓаните да се солидаризираат со патниците на кои им е потребен превоз.
Утрово и во текот на денот ако проаѓате со кола покрај автобуска станица и забележите гужвa, застанете качете некое дете или пензионер префрлете ги до школо или болница. Да бидеме луѓе, да се чуваме“, се вели во објавата што се споделува.
https://republika.mk/vesti/skopje/slaveski-svika-itna-vonredna-sednitsa-na-sovetot-na-skopje-poradi-kolapsot-na-javniot-prevoz/

The post Скопјани на социјалните мрежи се организираат за превоз до работа поради колапсот на ЈСП appeared first on Република.

]]>
Австралија на чекор од забрана на социјални мрежи за деца помали од 16 години https://republika.mk/zivot/semejstvo/avstralija-na-chekor-od-zabrana-na-sotsijalni-mrezhi-za-detsa-pomali-od-16-godini/ Fri, 08 Nov 2024 10:48:27 +0000 https://republika.mk/?p=835479

Австралија влезе во директен судир со антисоцијалните „придобивки“ на социјалните мрежи, кои најмногу влијаат на децата и младите. Ќе забрани, со закон, употреба на овие мрежи за деца под 16 години. За сега не е познато како владата планира и очекува од социјалните мрежи да го спроведат овој лимит, но е познато дека има намера законот да го протурка низ парламентот во следните три недели.

Една од главните дилеми на австралиската влада до сега беше дали границата да се стави на 14 или на 16 години.

Целата работа е така поставена што децата кои ќе пристапат до социјалните мрежи нема да бидат казнети за тоа, ниту нивните родители, меѓутоа ќе има казна за компанијата што управува со платформата.

Забелешката е дека до сега ниту една држава не успеала да имплементира систем за потврдување на возраста без дополнителни проблеми.

The post Австралија на чекор од забрана на социјални мрежи за деца помали од 16 години appeared first on Република.

Изгубен е четиригодишниот Хадис, родителите бараат помош https://republika.mk/zivot/izguben-e-chetirigodishniot-hadis-roditelite-baraat-pomosh/ Tue, 29 Oct 2024 18:03:30 +0000 https://republika.mk/?p=832209

Четиригодишниот Хадис е изгубен во скопската населба Ченто, а родителите на социјалните мрежи бараат помош од граѓаните момчето да биде пронајдено.

Според објавите на мрежите, детето е последен пат видено во близина на слаткарницата „Делиција“ во населбата Ченто.

Родителите ги повикуваат сите кои го виделе Хадис или имаат каква било информација, да се јават на телефонскиот број 078 912 545.

The post Изгубен е четиригодишниот Хадис, родителите бараат помош appeared first on Република.

]]>

Четиригодишниот Хадис е изгубен во скопската населба Ченто, а родителите на социјалните мрежи бараат помош од граѓаните момчето да биде пронајдено.
Според објавите на мрежите, детето е последен пат видено во близина на слаткарницата „Делиција“ во населбата Ченто. Родителите ги повикуваат сите кои го виделе Хадис или имаат каква било информација, да се јават на телефонскиот број 078 912 545.

The post Изгубен е четиригодишниот Хадис, родителите бараат помош appeared first on Република.

]]>
Норвешка не сака помлади од 15 години да користат социјални мрежи https://republika.mk/vesti/svet/norveshka-ne-saka-pomladi-od-15-godini-da-koristat-sotsijalni-mrezhi/ Thu, 24 Oct 2024 08:39:39 +0000 https://republika.mk/?p=830428

Норвешка ќе воведе минимална возраст од 15 години за користење на социјалните мрежи.

Норвешкиот премиер Јонас Гар Шторе рече дека тоа ќе биде тешка битка и додаде дека политичарите мора да интервенираат за да ги заштитат децата од „моќта на алгоритмите“, пишува Гардијан.

Додека тој рече дека разбира дека социјалните медиуми можат да им понудат заедница на осамените деца, Шторе рече дека самоизразувањето не треба да биде во моќта на алгоритмите.

Напротив, тоа може да доведе до тоа да станете самци и смирени, бидејќи сè се случува толку брзо на овој екран, додаде тој.

Владата вети дека ќе воведе повеќе заштитни мерки за да ги спречи децата да ги заобиколат ограничувањата за возраста, вклучително и промени во Законот за лични податоци, така што корисниците на социјалните медиуми мора да имаат 15 години за да се согласат платформата да ги обработува нивните лични податоци и да развие возрасна бариера за користење на социјалните мрежи.

Норвешка веќе има минимална возраст од 13 години, но и покрај тоа, повеќе од половина од деветгодишните, 58 отсто од десетгодишните и 72 отсто од единаесетгодишните се на социјалните мрежи, според истражувањето на Норвешка агенција за мониторинг на медиуми.

The post Норвешка не сака помлади од 15 години да користат социјални мрежи appeared first on Република.

]]>

Норвешка ќе воведе минимална возраст од 15 години за користење на социјалните мрежи. Норвешкиот премиер Јонас Гар Шторе рече дека тоа ќе биде тешка битка и додаде дека политичарите мора да интервенираат за да ги заштитат децата од „моќта на алгоритмите“, пишува Гардијан. Додека тој рече дека разбира дека социјалните медиуми можат да им понудат заедница на осамените деца, Шторе рече дека самоизразувањето не треба да биде во моќта на алгоритмите. Напротив, тоа може да доведе до тоа да станете самци и смирени, бидејќи сè се случува толку брзо на овој екран, додаде тој. Владата вети дека ќе воведе повеќе заштитни мерки за да ги спречи децата да ги заобиколат ограничувањата за возраста, вклучително и промени во Законот за лични податоци, така што корисниците на социјалните медиуми мора да имаат 15 години за да се согласат платформата да ги обработува нивните лични податоци и да развие возрасна бариера за користење на социјалните мрежи. Норвешка веќе има минимална возраст од 13 години, но и покрај тоа, повеќе од половина од деветгодишните, 58 отсто од десетгодишните и 72 отсто од единаесетгодишните се на социјалните мрежи, според истражувањето на Норвешка агенција за мониторинг на медиуми.  

The post Норвешка не сака помлади од 15 години да користат социјални мрежи appeared first on Република.

]]>
Социјалните мрежи собираат лични податоци за корисниците и ги споделуваат со трети лица https://republika.mk/vesti/svet/sotsijalnite-mrezhi-sobiraat-lichni-podatotsi-za-korisnitsite-i-gi-spodeluvaat-so-treti-litsa/ Fri, 20 Sep 2024 08:43:10 +0000 https://republika.mk/?p=818076

Социјалните мрежи и видеоплатформите собираат огромни количини лични податоци на корисниците и ги споделуваат со широк опсег на трети лица, потврдува нов извештај на американската Федерална комисија за трговија (ФТЦ).

Извештајот, објавен вчера, ги разгледува практиките за собирање податоци на девет компании: „Фејсбук“, „Ватсап“, „Јутјуб“, „Дискорд“, „Редит“, „Х / Твитер“, „Амазон“, „Снеп“ и „Тикток“, меѓу јануари 2019 и 31 декември 2020 година. Наодите на ФТЦ ги потврдуваат долгогодишните сомнежи и наводи за „длабочината и широчината“ на практиките на „надзор на корисниците од голем обем“, пишува „Гардијан“.

ФТЦ му препорачува на Конгресот на САД да усвои федерални прописи за приватност врз основа на она што е документирано. Конкретно, агенцијата ги повикува законодавците да признаат дека деловните модели на многу од овие компании не прават доволно за да поттикнат делотворна саморегулација или да ги заштитат податоците на корисниците.

- Препознавањето на овој основен факт е важно и за спроведувачите и за креаторите на политиките, бидејќи секој напор да се ограничи или регулира тоа како овие компании собираат големи количини лични информации за луѓето ќе се коси со нивните деловни стимулации. Со цел да се создадат ефективни правила или решенија коишто го ограничуваат собирањето податоци, креаторите на политики ќе треба да се погрижат кршењето на законот да не е попрофитабилно од неговото почитување, рече претседателката на ФТЦ, Лина Кан.

Се препорачува, исто така, компаниите спомнати во извештајот да инвестираат во „ограничување на задржувањето и споделувањето податоци, ограничување на насоченото рекламирање и зајакнување на заштитата за тинејџерите“.

Овие компании собираат и демографски информации за корисниците: возраст, пол, јазик, но и податоци за приходите на домаќинствата, образованието, родителскиот и брачниот статус итн.

Во некои случаи, овие податоци се споделени со трети лица за што попрецизно насочени реклами и огласи.

Според ФТЦ, речиси сите компании соопштиле дека испраќаат лични податоци до автоматизирани системи, најчесто за опслужување на содржини и реклами. Од друга страна, скоро ниту една од нив „не понудила сеопфатно директно контролирање или откажување од користењето на податоците на корисниците со какви било алгоритми, аналитика на податоци или вештачка интелигенција“, се вели во извештајот.

Од компаниите велат дека е дури и невозможно да се состави комплетна листа со кого сѐ тие ги споделуваат туѓите лични податоци.

Сѐ на сѐ, ФТЦ ги нарекува овие практики - „ужасно несоодветни“, откривајќи дека некои компании не успеале да ги избришат информациите кога корисниците тоа го побарале. Дури и оние компании коишто навистина бришеле податоци - избришале само некои податоци, но не сите, се вели во извештајот.

- Тоа е најосновниот услов, рече Марио Трухиљо, адвокат. - Фактот што некои не го сториле тоа, дури и во услови на државни закони за приватност што го налагаат тоа, докажува дека е потребно посилна свест, особено кај самите потрошувачи.

Натаму, според наводите, ниту една компанија не пријавила практики за споделување податоци собрани за и од лица на 13 до 17 години, преку нејзините страници и апликации, поинаку од собирањето податоци за возрасните, иако податоците за малолетниците се почувствителни. Тоа секако значи уште помала заштитеност на малолетните корисници.

The post Социјалните мрежи собираат лични податоци за корисниците и ги споделуваат со трети лица appeared first on Република.

]]>

Социјалните мрежи и видеоплатформите собираат огромни количини лични податоци на корисниците и ги споделуваат со широк опсег на трети лица, потврдува нов извештај на американската Федерална комисија за трговија (ФТЦ). Извештајот, објавен вчера, ги разгледува практиките за собирање податоци на девет компании: „Фејсбук“, „Ватсап“, „Јутјуб“, „Дискорд“, „Редит“, „Х / Твитер“, „Амазон“, „Снеп“ и „Тикток“, меѓу јануари 2019 и 31 декември 2020 година. Наодите на ФТЦ ги потврдуваат долгогодишните сомнежи и наводи за „длабочината и широчината“ на практиките на „надзор на корисниците од голем обем“, пишува „Гардијан“. ФТЦ му препорачува на Конгресот на САД да усвои федерални прописи за приватност врз основа на она што е документирано. Конкретно, агенцијата ги повикува законодавците да признаат дека деловните модели на многу од овие компании не прават доволно за да поттикнат делотворна саморегулација или да ги заштитат податоците на корисниците. - Препознавањето на овој основен факт е важно и за спроведувачите и за креаторите на политиките, бидејќи секој напор да се ограничи или регулира тоа како овие компании собираат големи количини лични информации за луѓето ќе се коси со нивните деловни стимулации. Со цел да се создадат ефективни правила или решенија коишто го ограничуваат собирањето податоци, креаторите на политики ќе треба да се погрижат кршењето на законот да не е попрофитабилно од неговото почитување, рече претседателката на ФТЦ, Лина Кан. Се препорачува, исто така, компаниите спомнати во извештајот да инвестираат во „ограничување на задржувањето и споделувањето податоци, ограничување на насоченото рекламирање и зајакнување на заштитата за тинејџерите“. Овие компании собираат и демографски информации за корисниците: возраст, пол, јазик, но и податоци за приходите на домаќинствата, образованието, родителскиот и брачниот статус итн. Во некои случаи, овие податоци се споделени со трети лица за што попрецизно насочени реклами и огласи. Според ФТЦ, речиси сите компании соопштиле дека испраќаат лични податоци до автоматизирани системи, најчесто за опслужување на содржини и реклами. Од друга страна, скоро ниту една од нив „не понудила сеопфатно директно контролирање или откажување од користењето на податоците на корисниците со какви било алгоритми, аналитика на податоци или вештачка интелигенција“, се вели во извештајот. Од компаниите велат дека е дури и невозможно да се состави комплетна листа со кого сѐ тие ги споделуваат туѓите лични податоци. Сѐ на сѐ, ФТЦ ги нарекува овие практики - „ужасно несоодветни“, откривајќи дека некои компании не успеале да ги избришат информациите кога корисниците тоа го побарале. Дури и оние компании коишто навистина бришеле податоци - избришале само некои податоци, но не сите, се вели во извештајот. - Тоа е најосновниот услов, рече Марио Трухиљо, адвокат. - Фактот што некои не го сториле тоа, дури и во услови на државни закони за приватност што го налагаат тоа, докажува дека е потребно посилна свест, особено кај самите потрошувачи. Натаму, според наводите, ниту една компанија не пријавила практики за споделување податоци собрани за и од лица на 13 до 17 години, преку нејзините страници и апликации, поинаку од собирањето податоци за возрасните, иако податоците за малолетниците се почувствителни. Тоа секако значи уште помала заштитеност на малолетните корисници.

The post Социјалните мрежи собираат лични податоци за корисниците и ги споделуваат со трети лица appeared first on Република.

]]>
Користат социјални мрежи: Mинистрите го фаќаат трендот https://republika.mk/vesti/makedonija/koristat-sotsijalni-mrezhi-ministrite-go-fakaat-trendot/ Wed, 24 Jul 2024 12:26:28 +0000 https://republika.mk/?p=799859

Новиот државен врв е присутен на Фејсбук, Инстаграм и на Твитер. Дополнително, и претседателката на државата, претседателот на Собранието, како и претседателот на Владата имаат и свои Тик Ток кориснички сметки, додека, пак, премиерот и претседателот на Собранието имаат и свои профили на мрежата за професионална комуникација и поврзување, Линкедин. Понатаму, 21 од вкупно 24 членови на новиот владин кабинет се активни на најмалку еден социјален медиум, додека истовремено активни на трите канали - Фејсбук, Твитер и Инстаграм, се премиерот и уште десет министри во Владата, покажа анализата на Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП) направена по повод почетокот со работа на новоизбраните носители на извршната власт во земјава.

Во истражувањето стои дека тројца од министрите немаат присуство на ниту една од мрежите, а се забележуваат и кориснички сметки на социјалните мрежи кои се уште не се отворени за целата јавност.

-Во однос на официјалното дигитално присуство на јавните институции, досега во континуитет се бележеше значително поголемо присуство и посветување на корисничките сметки на јавните функционери споредено со оние на јавните институции. Исклучок од ова се веб страните, како и официјалните кориснички сметки на Собранието и Владата, како и веб страната на претседателот на државата. Ваквата состојба е неопходно да се промени, односно да се стави фокус на избор на професионални тимови за дигитални медиуми во институциите кои ќе креираат дигитален идентитет на секоја јавна институција со предимство на услугите и можностите за граѓаните, компаниите и организациите, а не првичен промотивен ПР за моменталниот јавен функционер/ка, стои во истражувањето.

Оттаму додаваат дека еден месец по изборот на новиот владин состав, речиси сите министерства имаат своја посебна веб страна, со исклучок на новоформираните кои или немаат сеуште креирано или користат некоја од постоечките веб страни. Во бројки во делот на социјалните мрежи, 18 од вкупно 20 министерства имаат свое дигитално присуство барем на еден социјален медиум, додека официјално Владата е активна со свое веб, како и присуство на сите анализирани социјални медиуми.

-Има многу простор за подобрување и унапредување на начинот на кој институциите и првите луѓе ги користат социјалните медиуми. Сведочиме и на нередовна активност, а некои и воопшто ги нема на овие канали за комуникација. Исто така, кога зборуваме за содржините кои треба да ги објавуваат, важно е да се фокусираат на спецификите на самите социјални мрежи. Потребни се повеќе кратки видеа, содржини кои ги интересираат граѓаните како корисници на услуги, младите... Исто така, кај дел од услугите кои се промовирани дека се достапни онлајн се забележува нецелосна таква можност за граѓаните. Тука, како позитивен пример кој би можел да се мултиплицира може да послужи Министерството за образование кое има посебен софтвер за е-услуга, вели Стефан Атанасовски Трајковиќ, младински активист во ИДУЕП, кој за потребите на Институтот ја подготви оваа анализа.

Бојан Кордалов, комуниколог и претседател на ИДУЕП Институтот, пак, наведува дека после повеќе од 15 години од активното користење, важно е политичарите да сфатат дека социјалните медиуми не постојат и не се користат само за забава и себепромоција, туку тие се важен сегмент во општествено политичката двонасочна комуникација.

-Надминуваме над 90 проценти од нашите граѓани кои се секојдневно активни на интернет и над две третини кои се активни на социјалните мрежи, а бројот на јавни услуги кои можат да се направат онлајн или од мобилен телефон сеуште се бројат речиси на прсти. И ова пропуштено време е неопходно брзо и квалитетно да се надомести, истакна Кордалов.

Дел од нивните препораки за подобрување во делот на употребата на дигиталните алатки и социјалните медиуми од страна на јавните институции и функционери се - преглед и објава на сите услуги што ги даваат јавните институции и креирање јавен план и динамика во кои рамки истите, покрај на хартија и шалтер, ќе бидат достапни онлајн за брз и квалитетен пристап и користење од страна на сите граѓани, компании и организации.

-Во овој дел е важно да се води грижа за сите возрасни, како и ранливи групи кои имаат или може да имаат потешкотии со пристап до дигитални содржини или, пак, со дигиталната писменост за што е потребно да се предвиди дополнителна поддршка од страна на институциите. Исто така, ова подразбира висок степен на сајбер безбедност и систем за целосна заштита на личните податоци на секоја индивидуа и правен субјект, наведуваат оттаму.

Дополнително, додаваат од Институтот, изработка на мобилна апликација или мобилни апликации за услуги од јавните институции со цел секоја заинтересирана личност да може на уште поедноставен начин да дојде до посакуваната јавна услуга, како и да се зголеми дигиталната писменост имајќи ја во предвид масовноста на користење на интернетот и т.н. паметни телефони.

-Евидентна е послабата присутност на институциите, па и на јавните функционери на Инстаграм, а особено на Твитер. Потсетуваме дека институциите платени од страна на граѓаните немаат избор дали и каде ќе бидат присутни, туку е неопходно да изградат применлива стратегија за професионална присутност на социјалните мрежи и другите актуелни дигитални платформи, заклучуваат ИДУЕП во своето истражување

The post Користат социјални мрежи: Mинистрите го фаќаат трендот appeared first on Република.

]]>

Новиот државен врв е присутен на Фејсбук, Инстаграм и на Твитер. Дополнително, и претседателката на државата, претседателот на Собранието, како и претседателот на Владата имаат и свои Тик Ток кориснички сметки, додека, пак, премиерот и претседателот на Собранието имаат и свои профили на мрежата за професионална комуникација и поврзување, Линкедин. Понатаму, 21 од вкупно 24 членови на новиот владин кабинет се активни на најмалку еден социјален медиум, додека истовремено активни на трите канали - Фејсбук, Твитер и Инстаграм, се премиерот и уште десет министри во Владата, покажа анализата на Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП) направена по повод почетокот со работа на новоизбраните носители на извршната власт во земјава. Во истражувањето стои дека тројца од министрите немаат присуство на ниту една од мрежите, а се забележуваат и кориснички сметки на социјалните мрежи кои се уште не се отворени за целата јавност.
-Во однос на официјалното дигитално присуство на јавните институции, досега во континуитет се бележеше значително поголемо присуство и посветување на корисничките сметки на јавните функционери споредено со оние на јавните институции. Исклучок од ова се веб страните, како и официјалните кориснички сметки на Собранието и Владата, како и веб страната на претседателот на државата. Ваквата состојба е неопходно да се промени, односно да се стави фокус на избор на професионални тимови за дигитални медиуми во институциите кои ќе креираат дигитален идентитет на секоја јавна институција со предимство на услугите и можностите за граѓаните, компаниите и организациите, а не првичен промотивен ПР за моменталниот јавен функционер/ка, стои во истражувањето.
Оттаму додаваат дека еден месец по изборот на новиот владин состав, речиси сите министерства имаат своја посебна веб страна, со исклучок на новоформираните кои или немаат сеуште креирано или користат некоја од постоечките веб страни. Во бројки во делот на социјалните мрежи, 18 од вкупно 20 министерства имаат свое дигитално присуство барем на еден социјален медиум, додека официјално Владата е активна со свое веб, како и присуство на сите анализирани социјални медиуми.
-Има многу простор за подобрување и унапредување на начинот на кој институциите и првите луѓе ги користат социјалните медиуми. Сведочиме и на нередовна активност, а некои и воопшто ги нема на овие канали за комуникација. Исто така, кога зборуваме за содржините кои треба да ги објавуваат, важно е да се фокусираат на спецификите на самите социјални мрежи. Потребни се повеќе кратки видеа, содржини кои ги интересираат граѓаните како корисници на услуги, младите... Исто така, кај дел од услугите кои се промовирани дека се достапни онлајн се забележува нецелосна таква можност за граѓаните. Тука, како позитивен пример кој би можел да се мултиплицира може да послужи Министерството за образование кое има посебен софтвер за е-услуга, вели Стефан Атанасовски Трајковиќ, младински активист во ИДУЕП, кој за потребите на Институтот ја подготви оваа анализа.
Бојан Кордалов, комуниколог и претседател на ИДУЕП Институтот, пак, наведува дека после повеќе од 15 години од активното користење, важно е политичарите да сфатат дека социјалните медиуми не постојат и не се користат само за забава и себепромоција, туку тие се важен сегмент во општествено политичката двонасочна комуникација.
-Надминуваме над 90 проценти од нашите граѓани кои се секојдневно активни на интернет и над две третини кои се активни на социјалните мрежи, а бројот на јавни услуги кои можат да се направат онлајн или од мобилен телефон сеуште се бројат речиси на прсти. И ова пропуштено време е неопходно брзо и квалитетно да се надомести, истакна Кордалов.
Дел од нивните препораки за подобрување во делот на употребата на дигиталните алатки и социјалните медиуми од страна на јавните институции и функционери се - преглед и објава на сите услуги што ги даваат јавните институции и креирање јавен план и динамика во кои рамки истите, покрај на хартија и шалтер, ќе бидат достапни онлајн за брз и квалитетен пристап и користење од страна на сите граѓани, компании и организации. -Во овој дел е важно да се води грижа за сите возрасни, како и ранливи групи кои имаат или може да имаат потешкотии со пристап до дигитални содржини или, пак, со дигиталната писменост за што е потребно да се предвиди дополнителна поддршка од страна на институциите. Исто така, ова подразбира висок степен на сајбер безбедност и систем за целосна заштита на личните податоци на секоја индивидуа и правен субјект, наведуваат оттаму. Дополнително, додаваат од Институтот, изработка на мобилна апликација или мобилни апликации за услуги од јавните институции со цел секоја заинтересирана личност да може на уште поедноставен начин да дојде до посакуваната јавна услуга, како и да се зголеми дигиталната писменост имајќи ја во предвид масовноста на користење на интернетот и т.н. паметни телефони.
-Евидентна е послабата присутност на институциите, па и на јавните функционери на Инстаграм, а особено на Твитер. Потсетуваме дека институциите платени од страна на граѓаните немаат избор дали и каде ќе бидат присутни, туку е неопходно да изградат применлива стратегија за професионална присутност на социјалните мрежи и другите актуелни дигитални платформи, заклучуваат ИДУЕП во своето истражување

The post Користат социјални мрежи: Mинистрите го фаќаат трендот appeared first on Република.

]]>
На социјална мрежа му се заканувал на полицаец, кривична пријава за маж од Тетово https://republika.mk/vesti/crna-hronika/na-sotsijalna-mrezha-mu-se-zakanuval-na-politsaets-krivichna-prijava-za-mazh-od-tetovo/ Mon, 22 Apr 2024 20:58:57 +0000 https://republika.mk/?p=769486

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.Ј.(51) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.

На 09.02.2024 пријавениот на социјална мрежа му упатувал пораки со заканувачка содржина на полициски службеник.

The post На социјална мрежа му се заканувал на полицаец, кривична пријава за маж од Тетово appeared first on Република.

]]>

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.Ј.(51) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 09.02.2024 пријавениот на социјална мрежа му упатувал пораки со заканувачка содржина на полициски службеник.

The post На социјална мрежа му се заканувал на полицаец, кривична пријава за маж од Тетово appeared first on Република.

]]>
Анкета: Една четвртина од младите се „загрижувачки пречесто“ на социјалните медиуми https://republika.mk/vesti/makedonija/anketa-edna-chetvrtina-od-mladite-se-zagrizhuvachki-prechesto-na-sotsijalnite-mediumi/ Thu, 18 Apr 2024 08:12:20 +0000 https://republika.mk/?p=767401

Мнозинството млади луѓе ги одбираат Инстаграм, Фејсбук и Јутуб како најинтересни за следење вести, а вестите за образование, наука и технологија им се најпривлечни. Иако веруваат дека само некои од информациите на социјалните медиуми се вистинити, а речиси една четвртина се загрижувачки пречесто на социјалните мрежи, за младите активното пребарување и реагирање на информациите не е вообичаено. Се сметаат за способни да препознаат дезинформации во медиумите, но повеќе од половината можеби споделиле дезинформации без да знаат. Според младите, политиката и политичките партии се извор на најмногу неточни или погрешни информации. Додека нивните политичките ставови за општествените случувања во државата се нечујни.

Ова го покажува анкетата на Институтот за комуникациски студии (ИКС) во пресрет на претседателските и парламентарните избори, чија цел е да се утврдат навиките за користење на медиумите и вестите кај младите луѓе, нивната способност да ги препознаваат дезинформациите во медиумите и како се граѓански и политички ангажирани.

Младите почесто пасивно ги консумираат вестите, односно почесто наидуваат на вести додека прават други работи отколку што активно ги бараат и ги проверуваат информациите. Читањето вести често ги предизвикува да ги споделуваат усно или онлајн со пријатели и колеги и да ги читаат коментарите од други луѓе на вестите на социјалните медиуми, а поретко практикуваат директно и јавно да реагираат со свое пишано мислење за одредена вест. Во однос на темите, кај младите постои помал интерес за политичките случувања во државата, економијата и социјалната правда, а забележале неточни или погрешни информации за политика, познати личности и за криминал и корупција.

Кај младите луѓе се забележува критичен однос кон вистинитоста на споделените информации, но и мала насоченост кон идентификување на емоционалниот тон на веста, на што треба да се посвети повеќе внимание при едукациите за медиумска писменост. Тие за себе мислат дека се успешни во препознавањето на дезинформациите, иако над половина (51 %) одговориле дека можеби споделиле без да знаат дека е дезинформација. Само 13,4 % сметаат дека поголем дел од информациите на социјалните медиуми се вистинити, а 34,3 % пријавиле присуство на дезинформации во медиумите. Речиси 2/3 од младите испитаници сметаат дека главни креатори на дезинформациите се политичките партии.

Кај испитаните млади луѓе се забележува изразена заинтересираност за јавните работи. Во однос на нивниот граѓански ангажман, над половина (53 %) од испитаниците биле вклучени во некаков вид волонтерска активност за решавање на локалните проблеми. Во поглед на изборниот ангажман, 39,8 % испитаници се изјаснија дека редовно гласаат, а понекогаш гласаат 16,7 %. Но, кога беа прашани за нивниот „политички глас“, најчест одговор на младите испитаници е „Не сум го направил/а тоа“ за серија понудени активности што претставуваат манифестација на политички ставови во однос на определени општествени случувања, како што се: акции за собирање средства во добротворни цели, учество во протест, средба со некој политичар функционер, потпишување писмена петиција, бојкотирање компанија поради нејзините општествени вредности и сл.

Во однос на употребата на социјалните медиуми, 5 % од испитаниците спаѓаат во критичната група на висока зависност од социјални медиуми, но забележителен е и процентот на испитаниците (19 %) што се блиску до критичниот резултат за дијагностицирање на ваквата зависност. Кај луѓето што се зависни од социјалните медиуми може да се забележи појава на вознемиреност, особено кога нема достапност до социјалните мрежи, постојано се проверува телефонот кога ќе се слушне звукот за известување, при поставување слика на профилите постојано се проверуваат коментарите и лајковите, користењето на социјалните медиуми е првото и последното нешто во денот, односно вообичаена рутина, а настаните се проценуваат според тоа колку се вредни за „прикачување“.

Анкетниот прашалник е спроведен во периодот од декември 2023 до март 2024 година на примерок од 345 испитаници на возраст од 18 до 29 години со различни демографски и социоекономски карактеристики (средношколци, студенти, невработени и вработени). Истражувањето е дел од проектот „Користи факти“, кој е поддржан од Британската амбасада во Скопје.

The post Анкета: Една четвртина од младите се „загрижувачки пречесто“ на социјалните медиуми appeared first on Република.

]]>

Мнозинството млади луѓе ги одбираат Инстаграм, Фејсбук и Јутуб како најинтересни за следење вести, а вестите за образование, наука и технологија им се најпривлечни. Иако веруваат дека само некои од информациите на социјалните медиуми се вистинити, а речиси една четвртина се загрижувачки пречесто на социјалните мрежи, за младите активното пребарување и реагирање на информациите не е вообичаено. Се сметаат за способни да препознаат дезинформации во медиумите, но повеќе од половината можеби споделиле дезинформации без да знаат. Според младите, политиката и политичките партии се извор на најмногу неточни или погрешни информации. Додека нивните политичките ставови за општествените случувања во државата се нечујни. Ова го покажува анкетата на Институтот за комуникациски студии (ИКС) во пресрет на претседателските и парламентарните избори, чија цел е да се утврдат навиките за користење на медиумите и вестите кај младите луѓе, нивната способност да ги препознаваат дезинформациите во медиумите и како се граѓански и политички ангажирани. Младите почесто пасивно ги консумираат вестите, односно почесто наидуваат на вести додека прават други работи отколку што активно ги бараат и ги проверуваат информациите. Читањето вести често ги предизвикува да ги споделуваат усно или онлајн со пријатели и колеги и да ги читаат коментарите од други луѓе на вестите на социјалните медиуми, а поретко практикуваат директно и јавно да реагираат со свое пишано мислење за одредена вест. Во однос на темите, кај младите постои помал интерес за политичките случувања во државата, економијата и социјалната правда, а забележале неточни или погрешни информации за политика, познати личности и за криминал и корупција. Кај младите луѓе се забележува критичен однос кон вистинитоста на споделените информации, но и мала насоченост кон идентификување на емоционалниот тон на веста, на што треба да се посвети повеќе внимание при едукациите за медиумска писменост. Тие за себе мислат дека се успешни во препознавањето на дезинформациите, иако над половина (51 %) одговориле дека можеби споделиле без да знаат дека е дезинформација. Само 13,4 % сметаат дека поголем дел од информациите на социјалните медиуми се вистинити, а 34,3 % пријавиле присуство на дезинформации во медиумите. Речиси 2/3 од младите испитаници сметаат дека главни креатори на дезинформациите се политичките партии. Кај испитаните млади луѓе се забележува изразена заинтересираност за јавните работи. Во однос на нивниот граѓански ангажман, над половина (53 %) од испитаниците биле вклучени во некаков вид волонтерска активност за решавање на локалните проблеми. Во поглед на изборниот ангажман, 39,8 % испитаници се изјаснија дека редовно гласаат, а понекогаш гласаат 16,7 %. Но, кога беа прашани за нивниот „политички глас“, најчест одговор на младите испитаници е „Не сум го направил/а тоа“ за серија понудени активности што претставуваат манифестација на политички ставови во однос на определени општествени случувања, како што се: акции за собирање средства во добротворни цели, учество во протест, средба со некој политичар функционер, потпишување писмена петиција, бојкотирање компанија поради нејзините општествени вредности и сл. Во однос на употребата на социјалните медиуми, 5 % од испитаниците спаѓаат во критичната група на висока зависност од социјални медиуми, но забележителен е и процентот на испитаниците (19 %) што се блиску до критичниот резултат за дијагностицирање на ваквата зависност. Кај луѓето што се зависни од социјалните медиуми може да се забележи појава на вознемиреност, особено кога нема достапност до социјалните мрежи, постојано се проверува телефонот кога ќе се слушне звукот за известување, при поставување слика на профилите постојано се проверуваат коментарите и лајковите, користењето на социјалните медиуми е првото и последното нешто во денот, односно вообичаена рутина, а настаните се проценуваат според тоа колку се вредни за „прикачување“. Анкетниот прашалник е спроведен во периодот од декември 2023 до март 2024 година на примерок од 345 испитаници на возраст од 18 до 29 години со различни демографски и социоекономски карактеристики (средношколци, студенти, невработени и вработени). Истражувањето е дел од проектот „Користи факти“, кој е поддржан од Британската амбасада во Скопје.

The post Анкета: Една четвртина од младите се „загрижувачки пречесто“ на социјалните медиуми appeared first on Република.

]]>
Забрана за користење на социјални мрежи за деца под 14 години: Флорида воведува казни до 50.000 долари https://republika.mk/vesti/svet/zabrana-za-koristene-na-sotsijalni-mrezhi-za-detsa-pod-14-godini-florida-voveduva-kazni-do-50-000-dolari/ Tue, 26 Mar 2024 19:15:24 +0000 https://republika.mk/?p=759071

Во Флорида, почнувајќи од 2025 година, ќе се воведе закон со кој на децата помлади од 14 години им се забранува користење на социјалните мрежи.

Почнувајќи од следната година, американската сојузна држава Флорида им забранува на децата помлади од 14 години да користат социјални мрежи. Дополнително, децата на возраст од 14 и 15 години ќе мора да добијат родителска согласност пред да се логираат на платформи како Инстаграм и Снепчет.

Законот беше потпишан од гувернерот Рон Де Сантис и бара од компаниите кои поседуваат социјални медиуми да ги избришат сметките на лица помлади од 14 години. На компаниите кои нема да го направат тоа им се закануваат тужби во име на децата, а потоа може да бидат казнети и до 50.000 долари, за секое прекршување на законот.

Како што објави „Скај њуз“, Законот треба да стапи на сила во јануари 2025 година, но се очекуваат бројни предизвици бидејќи постои можност бројни компании да тврдат дека на тој начин се прекршува американскиот Устав.

Републиканецот Пол Ренер го нарече овој предлог-закон свој главен приоритет и рече дека „дете чиј мозок сè уште се развива нема способност да разбере дека е вовлечен во технологии кои предизвикуваат зависност“.

Компаниите ќе поднесат тужби веднаш штом ќе се потпише ова, но ние ќе ги победиме. Ќе ги победиме и никогаш, но никогаш нема да престанеме“, рече Ренер.

Предлог-законот го дефинира и материјалот што е штетен за децата. Една од штетните содржини според овој закон е онаа што „нема сериозна книжевна, уметничка, политичка или научна вредност за малолетниците“, заедно со „очигледно навредливи“ прикази на сексуално однесување и непристојност.

Компаниите кои нема да го оневозможат пристапот до таков материјал или нема да одбијат помал пристап до сметката по регистрацијата, ќе мора да платат судски и адвокатски такси.

The post Забрана за користење на социјални мрежи за деца под 14 години: Флорида воведува казни до 50.000 долари appeared first on Република.

]]>

Во Флорида, почнувајќи од 2025 година, ќе се воведе закон со кој на децата помлади од 14 години им се забранува користење на социјалните мрежи. Почнувајќи од следната година, американската сојузна држава Флорида им забранува на децата помлади од 14 години да користат социјални мрежи. Дополнително, децата на возраст од 14 и 15 години ќе мора да добијат родителска согласност пред да се логираат на платформи како Инстаграм и Снепчет. Законот беше потпишан од гувернерот Рон Де Сантис и бара од компаниите кои поседуваат социјални медиуми да ги избришат сметките на лица помлади од 14 години. На компаниите кои нема да го направат тоа им се закануваат тужби во име на децата, а потоа може да бидат казнети и до 50.000 долари, за секое прекршување на законот. Како што објави „Скај њуз“, Законот треба да стапи на сила во јануари 2025 година, но се очекуваат бројни предизвици бидејќи постои можност бројни компании да тврдат дека на тој начин се прекршува американскиот Устав. Републиканецот Пол Ренер го нарече овој предлог-закон свој главен приоритет и рече дека „дете чиј мозок сè уште се развива нема способност да разбере дека е вовлечен во технологии кои предизвикуваат зависност“. Компаниите ќе поднесат тужби веднаш штом ќе се потпише ова, но ние ќе ги победиме. Ќе ги победиме и никогаш, но никогаш нема да престанеме“, рече Ренер. Предлог-законот го дефинира и материјалот што е штетен за децата. Една од штетните содржини според овој закон е онаа што „нема сериозна книжевна, уметничка, политичка или научна вредност за малолетниците“, заедно со „очигледно навредливи“ прикази на сексуално однесување и непристојност. Компаниите кои нема да го оневозможат пристапот до таков материјал или нема да одбијат помал пристап до сметката по регистрацијата, ќе мора да платат судски и адвокатски такси.

The post Забрана за користење на социјални мрежи за деца под 14 години: Флорида воведува казни до 50.000 долари appeared first on Република.

]]>
Флорида со закон ги забрани социјалните мрежи за лица под 16 години https://republika.mk/vesti/svet/florida-so-zakon-gi-zabrani-sotsijalnite-mrezhi-za-litsa-pod-16-godini/ Sat, 24 Feb 2024 16:22:34 +0000 https://republika.mk/?p=747892

Парламентот на Флорида, под контрола на републиканците, усвои нацрт- закон со кој се забрануваат социјалните мрежи за деца под 16 години, потег што поддржувачите велат дека ќе ги заштити малолетниците од онлајн ризиците за нивното ментално здравје.

Мерката, која сега треба да ја потпише републиканскиот гувернер Рон ДеСантис, бара од социјалните мрежи да ги укинат сметките на сите помлади од 17 години.

Претставничкиот дом го усвои законот со 108 гласа „за“ и седум „против“, неколку часа откако Сенатот го даде конечното одобрување.

ДеСантис, кој не кажа дали ќе ја потпише мерката, минатиот месец изрази загриженост за потенцијалното прекршување на правата на приватност.

Поддржувачите сметаат дека законот ќе ги заштити децата од штетните ефекти на социјалните мрежи, како што се анксиозноста, депресијата и другите ментални болести, и ќе биде од корист за оние кои прекумерно користат такви платформи.

Критичарите велат дека законот го прекршува Првиот амандман на Уставот на САД, кој гарантира слобода на говорот и дека родителите, а не Владата треба да носат такви одлуки.

Во март 2023 година, Јута стана првата американска држава која донесе закони за регулирање на пристапот на децата до социјалните мрежи, а наскоро ќе им се придружат и Арканзас, Луизијана, Охајо и Тексас, според анализата подготвена пред носењето на законот на Флорида.

Според анализата, голем број други држави размислуваат за слични регулативи.

The post Флорида со закон ги забрани социјалните мрежи за лица под 16 години appeared first on Република.

]]>

Парламентот на Флорида, под контрола на републиканците, усвои нацрт- закон со кој се забрануваат социјалните мрежи за деца под 16 години, потег што поддржувачите велат дека ќе ги заштити малолетниците од онлајн ризиците за нивното ментално здравје. Мерката, која сега треба да ја потпише републиканскиот гувернер Рон ДеСантис, бара од социјалните мрежи да ги укинат сметките на сите помлади од 17 години. Претставничкиот дом го усвои законот со 108 гласа „за“ и седум „против“, неколку часа откако Сенатот го даде конечното одобрување. ДеСантис, кој не кажа дали ќе ја потпише мерката, минатиот месец изрази загриженост за потенцијалното прекршување на правата на приватност. Поддржувачите сметаат дека законот ќе ги заштити децата од штетните ефекти на социјалните мрежи, како што се анксиозноста, депресијата и другите ментални болести, и ќе биде од корист за оние кои прекумерно користат такви платформи. Критичарите велат дека законот го прекршува Првиот амандман на Уставот на САД, кој гарантира слобода на говорот и дека родителите, а не Владата треба да носат такви одлуки. Во март 2023 година, Јута стана првата американска држава која донесе закони за регулирање на пристапот на децата до социјалните мрежи, а наскоро ќе им се придружат и Арканзас, Луизијана, Охајо и Тексас, според анализата подготвена пред носењето на законот на Флорида. Според анализата, голем број други држави размислуваат за слични регулативи.  

The post Флорида со закон ги забрани социјалните мрежи за лица под 16 години appeared first on Република.

]]>
Градоначалникот на Њујорк ги прогласи социјалните мрежи за опасност по јавното здравје https://republika.mk/vesti/svet/gradonachalnikot-na-nujork-gi-proglasi-sotsijalnite-mrezhi-za-opasnost-po-javnoto-zdravje/ Thu, 25 Jan 2024 18:52:37 +0000 https://republika.mk/?p=736902

Њујорк стана првиот поголем град во Америка кој ги прогласи социјалните мрежи за „опасност за јавното здравје“, соопшти градоначалникот Ерик Адамс.

- Препознавајќи ги опасностите што социјалните медиуми ги претставуваат за младите луѓе и нивното ментално здравје, комесарот за здравство и ментална хигиена на градот Њујорк, д-р Ашвин Васан издаде совет од здравствениот комесар во кој го идентификува неограничениот пристап до социјалните мрежи и нивното користење како опасност по јавното здравје, исто како што претходно беше направено со тутунот и огненото оружје, рече Адамс во своето годишно обраќање.

Тој ги повика компаниите кои се сопственици на социјални мрежи „да не поттикнуваат криза на менталното здравје“, особено кај младите.

- Социјалните мрежи како ТикТок, ЈуТјуб и Фејсбук ја поттикнуваат кризата со менталното здравје со дизајнирање на нивните платформи со заразни и опасни карактеристики, рече Адамс. Тој нагласи дека не може да дозволи „да стои на страна и да дозволи големите технолошки компании да заработуваат од приватноста на децата и да го загрозат нивното ментално здравје.

The post Градоначалникот на Њујорк ги прогласи социјалните мрежи за опасност по јавното здравје appeared first on Република.

Украинците го нападнаа Зеленски на социјалните мрежи поради изјавата за мобилизација https://republika.mk/vesti/svet/ukraintsite-go-napadnaa-zelenski-na-sotsijalnite-mrezhi-poradi-izjavata-za-mobilizatsija/ Tue, 26 Dec 2023 16:40:51 +0000 https://republika.mk/?p=726891

Една година старо видео од Самитот на Европската унија во Брисел на кое украинскиот претседател Володимир Зеленски говори дека за разлика од Русија, во Украина никој не ги тера луѓето да војуваат со сила повторно стана вирално на „Тик-Ток“.

Не можеме да се однесуваме како Русија - да ги принудуваме луѓето во војна со стапови. Ние не сме таква земја. Ова е парадокс. Ние се бориме за европските вредности, сакаме да бидеме членка на Европската унија, па мораме и да се бориме земајќи ги предвид таквите вредности“, рече тогаш Зеленски на самитот во Брисел.

Но, во контекст на најавениот предлог-закон за заострување на мобилизацијата, со кој е предвидена мобилизација на половина милион Украинци, ова видео предизвика жестоки дискусии на социјалните мрежи. Во коментарите под видеото, корисниците ги критикуваа украинските власти.

Значи, ние сме уште полоши. Русија не ги затвори границите, туку имаме ропство и не тераат во војна со стапови“, се вели во еден од коментарите. Друг корисник напиша: „Не ставате во затвор. Или јавете се и војна, или ќе одите во затвор“. По вакви закони навистина се чини дека треба да се спасиме“. „Не сме подобри од Русија“ се наведува во некои објави, пренесува украинскиот портал.

The post Украинците го нападнаа Зеленски на социјалните мрежи поради изјавата за мобилизација appeared first on Република.

Американски политиколог: САД го финансираат развојот на алатки за цензура и дезинформации https://republika.mk/vesti/svet/amerikanski-politikolog-sad-go-finansiraat-razvojot-na-alatki-za-tsenzura-i-dezinformatsii/ Fri, 01 Dec 2023 17:22:01 +0000 https://republika.mk/?p=718454

Американскиот политоколог и колумнист, Мајкл Шеленбергер, на сослушувања во Конгресот презентираше докази за вмешаноста на американски и британски воени изведувачи во цензурата на социјалните мрежи и ја критикуваше американската влада за повикување на „софистицирани психолошки операции“.

Воени изведувачи на САД и Велика Британија, во периодот 2019-2020 година користеле софистицирани психолошки операции и тактики за дезинформација... против американскиот народ“, истакна политикологот.

Според Шеленбергер, Агенцијата за сајбер безбедност и инфраструктура на американскиот Стејт департмент е таканаречениот центар на гравитација во повеќето активности за цензура, а Националната научна фондација на САД го финансира развојот на алатки за цензура и дезинформации. Шеленбергер додаде дека други федерални владини агенции играат помошна улога.

The post Американски политиколог: САД го финансираат развојот на алатки за цензура и дезинформации appeared first on Република.

Најмладата политичарка во Хрватска се појави на порнографска страница: Без таа да знае, некој и креирал профил https://republika.mk/vesti/balkan/najmladata-politicharka-vo-hrvatska-se-pojavi-na-pornografska-stranitsa-bez-taa-da-znae-nekoj-i-kreiral-profil/ Sat, 04 Nov 2023 07:04:46 +0000 https://republika.mk/?p=696495

Згрозена сум со што се занимаваат некои луѓе. Не знам како сериозни мрежи како Инстаграм може тоа да го дозволат, некој да направи профил на твое име, изјавила најмладата парламентарна пратеничка во Хрватска, Марина Опачак-Билиќ, која дознала дека некој и направил профили на Инстаграм и на порнографска страница.

Најмладата парламентарка доаѓа од Славонски Брод, а случајот допонително ја вознемирил затоа што таа е мајка на три малолетни деца.

„Одам во полиција да пријавам“, изјавила таа за „24Сата.хр“.

Како што вели, потребна е поголема контрола на профилите на социјалните мрежи.

Како толку моќни социјални мрежи кои имаат милиони и милијарди не вложиле во тоа да се прегледаат профилите кои се отвораат“, револтирано прашува Опачак-Билиќ.

Таа нагласила дека треба во посилна мера да се застане на крај со измамите на интернет. Тука, како што објаснува, станува збор за злоупотреба на фотографии и имиња, но станува збор и за измама на корисниците на социјалните мрежи.

Повикувам да бидеме внимателни при користењето на истите и родителите посебно да внимаваат на содржините кои децата ги прегледуваат. Децата не се свесни колку опасности има и дека може некој лажно да им се претставува. Мораме да ги предупредуваме да не комуницираат со лица кои не ги познаваат“, апелира Опачак-Билиќ.

Таа додава дека на децата треба да им се нагласи дека корисниците на социјалните мрежи може да бидат лица кои имаат лоши намери и да не објавува лични податоци кои лесно може да се злоупотребат.

The post Најмладата политичарка во Хрватска се појави на порнографска страница: Без таа да знае, некој и креирал профил appeared first on Република.

Ќе контролира кој и што објавува на интернет: ЕУ ги засилува мерките против ширењето илегални содржини и говор на омраза https://republika.mk/vesti/svet/ke-kontrolira-koj-i-shto-objavuva-na-internet-eu-gi-zasiluva-merkite-protiv-shireneto-ilegalni-sodrzhini-i-govor-na-omraza/ Sat, 21 Oct 2023 08:01:42 +0000 https://republika.mk/?p=693508

Европската комисија подготви пакет препораки за земјите членки на ЕУ за да им помогне во координирање на нивниот одговор на ширењето на незаконски и терористички содржини или говор на омраза во дигиталниот простор, пред оваа појава да прерасне во сериозна закана за јавната безбедност.

Целта на препораките е земјите членки да дадат свој придонес во напорите на Еврокомисијата за целосно усогласување на „многу големите онлајн платформи“ со нивните нови обврски од Законот за дигитални услуги (ДСА).

Комисијата смета дека во контекст на „невидениот период на конфликт и нестабилност што влијаат врз Европската Унија, прво со војната во Украина, а сега и со војната меѓу Хамас и Израел“, земјите членки мора да ги здружат силите за да се овозможи брзо спроведување на Законот за дигитални услуги.

Овој Закон воспоставува збир на правила чија цел е да овозможи безбедно, предвидливо и доверливо онлајн опкружување во ЕУ, базирано на почитување на основните права, особено на слободата на изразување и информирање.

Од вкупно 120 пратеници, 119 биле присутни на најмалку еден социјален медиум во 2020 година. Носителите на извршната власт, претседателот и Владата биле во целост онлајн, додека бројот на акт

Со ДСА, што стапи во сила во август годинава, социјални мрежи Фејсбук, Инстаграм, ТикТок, Икс (поранешен Твитер), Јутјуб, Снепчет, Линкедин и Пинтерест, потоа Амазон, Букинг, АлиЕкспрес, Заландо, Гугл Шопинг, Гугл Срч, Гугл Мапс, Бинг, Википедија, како и на онлајн продавниците за апликации на Гугл и Епл, кои добија ознаки на „многу големи онлајн платформи“, мораат да воведат мерки за ублажување на специфичните системски ризици што ги носат нивните системи, вклучувајќи ги ризиците што произлегуваат од ширење на илегални содржини.

Во контекст на подготвените препораки, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен оцени дека тие ќе помогнат за координирање одговорите на ЕУ и земјите членки на илегалните содржини и дезинформациите и за заштита европското општество.

Терористичкиот напад на Хамас, резултираше со онлајн напади со грозоморни и илегални содржини што промовираат омраза и терор, посочи Фон дер Лајен.

Сепак, според неа, со Закон за дигитални услуги, ЕУ има силни правила за заштита на корисниците, вклучително и ранливите групи на населението, од заплашување, како и за обезбедување на основни слободи на интернет.

Големите платформи подлежат на нови обврски за ублажување на таквите ризици од нивните услуги, додаде Фон дер Лајен.

Членките на ЕУ имаа период за приспособување на своите законодавства со одредбите од ДСА, меѓу кои едно од барањата е и да формираат независен орган за следење на интернет содржините. Со препораките, ЕК им сугерира на членките да го формираат тој независен орган уште сега, како дел од мрежата на потенцијални координатори на дигиталните услуги.

Комисијата предлага и воспоставување механизам за одговор на инциденти предизвикани од ширењето на илегални онлајн содржини, особено кога тие претставуваат јасен ризик од заплашување на групи на население или дестабилизирање на политичките и општествените структури во Унијата.

Механизмот би вклучувал редовни состаноци за одговор на инциденти за да се разговара за воспоставување на добри практики и методологии и за редовно известување и размена на информации собрани на национално ниво. Ваквите информациите може да и обезбедат докази на Комисијата при вршењето на нејзините надзорни и истражни овластувања во согласност со ДСА.

Онаму каде што вонредните околности, како меѓународен вооружен конфликт или терористички напади, го оправдуваат тоа, Комисијата ги охрабрува многу големите онлајн платформи и многу големите онлајн пребарувачи да изготват протоколи за инциденти, релевантни за конкретниот инцидент, се наведува во препораките.

ЕК потсетува и на можностите за користење на овластувањата што произлегуваат од останатите инструменти од законодавството на Европската Унија за справување со илегалните содржини, меѓу кои е и Регулативата за справување со ширењето на терористичка содржина на интернет, која е во сила од јуни 2022 година.

Комисијата, посочува дека ќе продолжи да се потпира на постоечките структури, како што се Кризниот протокол на ЕУ кој ги координира одговорите на онлајн случувањата кои произлегуваат од терористички или насилен екстремистички чин, како и на одлуките на Самитот за повик на акција од Крајстчерч и на Глобалниот интернет форум за борба против тероризмот.

Препораките ќе важат до 17 февруари 2024 година, кога треба да почне целосно спроведување на одредбите утврдени во ДСА.

Минатата недела во рамки на Групата на високо ниво за борба против говорот на омраза и кривичните дела мотивирани од омраза, заврши дискусијата иницирана од Европската комисија за потребите од надградба и усогласување на Кодексот на однесување за справување со омразата и нетолеранција со одредбите од Законот за дигитални услуги на ЕУ.

Целта на иницијативата е изработка на нов Кодекс на однесување+, со кој би се зајакнала борбата против говорот на омраза на интернет и кој би претставувал алатка која не само што ќе биде реактивна и фокусирана на отстранување на содржините со говор на омраза, туку и ќе ги поттикнува онлајн платформите да ја подобрат превенцијата и да ги предвидат евентуални закани.

Согласно одредбите од ДСА, Европската комисија неделава испрати формални барања до Мета и ТикТок да достават информации за мерките што ги презеле за нивно усогласување со обврските што ги имаат согласно Законот.

Од Мета, ЕК побара информации за обврските поврзани со проценката на ризикот и мерките за заштита на интегритетот на изборните процеси, како и по однос на ублажување на ширењето незаконски содржини и дезинформации по терористичките напади на Хамас врз Израел.

Од ТикТок, пак, се побарани информации за обврските поврзани со проценката на ризикот и мерките за ублажување на ширењето на илегални, терористички и насилни содржини, говор на омраза и дезинформации, како и за одредбите што се однесуваат на онлајн заштита на малолетници.

Двете компании мора да ги достават бараните информации поврзани со ширењето илегални содржини и дезинформации до Еврокомисијата до 25 октомври. Дополнително, до 8 ноември, Мета треба да ги достави бараните информации за заштита на интегритетот на изборите, а ТикТок за заштита на малолетниците.

Врз основа на добиените одговори на бараните информации, Еврокомисијата може да покрене формални истраги против компаниите за непочитување на одредбите од ДСА. ЕК, исто така, има право да им изрече казни на компаниите за неточни, нецелосни или погрешни информации доставени како одговор на барањата за информации. Во случај да не добие одговор на барањата до крајниот рок, Комисијата може им одреди парични казни.

Откако го добија статусот на „многу големи онлајн платформи“, социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм на Мета и ТикТок мораа целосно да се усогласат со одредбите ДСА, вклучително и со оние поврзани со проценка и ублажување на ризиците поврзани со ширење на илегални содржина и дезинформации и со какви било негативни ефекти врз основните права.

Претходно, слично известување беше доставено и до Икс (поранешен Твитер) со барање компанијата да ја информира ЕК со мерките што ги презела против ширењето илегални содржини и дезинформации.

Европскиот комесар за внатрешен пазар, Тиери Бретон дури и го предупреди сопственикот на Икс, Илон Маск дека платформата е преплавена со дезинформации за војната во Израел. - По терористичките напади на Хамас врз Израел, имаме индикации дека вашата платформа се користи за ширење нелегални содржини и дезинформации во ЕУ. Дозволете ми да ве потсетам дека постојат многу прецизни обврски за уредување содржина според Законот за дигитални услуги, наведе Бретон во писмо до Маск.

The post Ќе контролира кој и што објавува на интернет: ЕУ ги засилува мерките против ширењето илегални содржини и говор на омраза appeared first on Република.

]]>

Европската комисија подготви пакет препораки за земјите членки на ЕУ за да им помогне во координирање на нивниот одговор на ширењето на незаконски и терористички содржини или говор на омраза во дигиталниот простор, пред оваа појава да прерасне во сериозна закана за јавната безбедност. Целта на препораките е земјите членки да дадат свој придонес во напорите на Еврокомисијата за целосно усогласување на „многу големите онлајн платформи“ со нивните нови обврски од Законот за дигитални услуги (ДСА). Комисијата смета дека во контекст на „невидениот период на конфликт и нестабилност што влијаат врз Европската Унија, прво со војната во Украина, а сега и со војната меѓу Хамас и Израел“, земјите членки мора да ги здружат силите за да се овозможи брзо спроведување на Законот за дигитални услуги. Овој Закон воспоставува збир на правила чија цел е да овозможи безбедно, предвидливо и доверливо онлајн опкружување во ЕУ, базирано на почитување на основните права, особено на слободата на изразување и информирање. Од вкупно 120 пратеници, 119 биле присутни на најмалку еден социјален медиум во 2020 година. Носителите на извршната власт, претседателот и Владата биле во целост онлајн, додека бројот на акт Со ДСА, што стапи во сила во август годинава, социјални мрежи Фејсбук, Инстаграм, ТикТок, Икс (поранешен Твитер), Јутјуб, Снепчет, Линкедин и Пинтерест, потоа Амазон, Букинг, АлиЕкспрес, Заландо, Гугл Шопинг, Гугл Срч, Гугл Мапс, Бинг, Википедија, како и на онлајн продавниците за апликации на Гугл и Епл, кои добија ознаки на „многу големи онлајн платформи“, мораат да воведат мерки за ублажување на специфичните системски ризици што ги носат нивните системи, вклучувајќи ги ризиците што произлегуваат од ширење на илегални содржини. Во контекст на подготвените препораки, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен оцени дека тие ќе помогнат за координирање одговорите на ЕУ и земјите членки на илегалните содржини и дезинформациите и за заштита европското општество.
Терористичкиот напад на Хамас, резултираше со онлајн напади со грозоморни и илегални содржини што промовираат омраза и терор, посочи Фон дер Лајен.
Сепак, според неа, со Закон за дигитални услуги, ЕУ има силни правила за заштита на корисниците, вклучително и ранливите групи на населението, од заплашување, како и за обезбедување на основни слободи на интернет.
Големите платформи подлежат на нови обврски за ублажување на таквите ризици од нивните услуги, додаде Фон дер Лајен.
Членките на ЕУ имаа период за приспособување на своите законодавства со одредбите од ДСА, меѓу кои едно од барањата е и да формираат независен орган за следење на интернет содржините. Со препораките, ЕК им сугерира на членките да го формираат тој независен орган уште сега, како дел од мрежата на потенцијални координатори на дигиталните услуги. Комисијата предлага и воспоставување механизам за одговор на инциденти предизвикани од ширењето на илегални онлајн содржини, особено кога тие претставуваат јасен ризик од заплашување на групи на население или дестабилизирање на политичките и општествените структури во Унијата. Механизмот би вклучувал редовни состаноци за одговор на инциденти за да се разговара за воспоставување на добри практики и методологии и за редовно известување и размена на информации собрани на национално ниво. Ваквите информациите може да и обезбедат докази на Комисијата при вршењето на нејзините надзорни и истражни овластувања во согласност со ДСА.
Онаму каде што вонредните околности, како меѓународен вооружен конфликт или терористички напади, го оправдуваат тоа, Комисијата ги охрабрува многу големите онлајн платформи и многу големите онлајн пребарувачи да изготват протоколи за инциденти, релевантни за конкретниот инцидент, се наведува во препораките.
ЕК потсетува и на можностите за користење на овластувањата што произлегуваат од останатите инструменти од законодавството на Европската Унија за справување со илегалните содржини, меѓу кои е и Регулативата за справување со ширењето на терористичка содржина на интернет, која е во сила од јуни 2022 година. Комисијата, посочува дека ќе продолжи да се потпира на постоечките структури, како што се Кризниот протокол на ЕУ кој ги координира одговорите на онлајн случувањата кои произлегуваат од терористички или насилен екстремистички чин, како и на одлуките на Самитот за повик на акција од Крајстчерч и на Глобалниот интернет форум за борба против тероризмот. Препораките ќе важат до 17 февруари 2024 година, кога треба да почне целосно спроведување на одредбите утврдени во ДСА. Минатата недела во рамки на Групата на високо ниво за борба против говорот на омраза и кривичните дела мотивирани од омраза, заврши дискусијата иницирана од Европската комисија за потребите од надградба и усогласување на Кодексот на однесување за справување со омразата и нетолеранција со одредбите од Законот за дигитални услуги на ЕУ. Целта на иницијативата е изработка на нов Кодекс на однесување+, со кој би се зајакнала борбата против говорот на омраза на интернет и кој би претставувал алатка која не само што ќе биде реактивна и фокусирана на отстранување на содржините со говор на омраза, туку и ќе ги поттикнува онлајн платформите да ја подобрат превенцијата и да ги предвидат евентуални закани. Согласно одредбите од ДСА, Европската комисија неделава испрати формални барања до Мета и ТикТок да достават информации за мерките што ги презеле за нивно усогласување со обврските што ги имаат согласно Законот. Од Мета, ЕК побара информации за обврските поврзани со проценката на ризикот и мерките за заштита на интегритетот на изборните процеси, како и по однос на ублажување на ширењето незаконски содржини и дезинформации по терористичките напади на Хамас врз Израел. Од ТикТок, пак, се побарани информации за обврските поврзани со проценката на ризикот и мерките за ублажување на ширењето на илегални, терористички и насилни содржини, говор на омраза и дезинформации, како и за одредбите што се однесуваат на онлајн заштита на малолетници. Двете компании мора да ги достават бараните информации поврзани со ширењето илегални содржини и дезинформации до Еврокомисијата до 25 октомври. Дополнително, до 8 ноември, Мета треба да ги достави бараните информации за заштита на интегритетот на изборите, а ТикТок за заштита на малолетниците. Врз основа на добиените одговори на бараните информации, Еврокомисијата може да покрене формални истраги против компаниите за непочитување на одредбите од ДСА. ЕК, исто така, има право да им изрече казни на компаниите за неточни, нецелосни или погрешни информации доставени како одговор на барањата за информации. Во случај да не добие одговор на барањата до крајниот рок, Комисијата може им одреди парични казни. Откако го добија статусот на „многу големи онлајн платформи“, социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм на Мета и ТикТок мораа целосно да се усогласат со одредбите ДСА, вклучително и со оние поврзани со проценка и ублажување на ризиците поврзани со ширење на илегални содржина и дезинформации и со какви било негативни ефекти врз основните права. Претходно, слично известување беше доставено и до Икс (поранешен Твитер) со барање компанијата да ја информира ЕК со мерките што ги презела против ширењето илегални содржини и дезинформации. Европскиот комесар за внатрешен пазар, Тиери Бретон дури и го предупреди сопственикот на Икс, Илон Маск дека платформата е преплавена со дезинформации за војната во Израел. - По терористичките напади на Хамас врз Израел, имаме индикации дека вашата платформа се користи за ширење нелегални содржини и дезинформации во ЕУ. Дозволете ми да ве потсетам дека постојат многу прецизни обврски за уредување содржина според Законот за дигитални услуги, наведе Бретон во писмо до Маск.

The post Ќе контролира кој и што објавува на интернет: ЕУ ги засилува мерките против ширењето илегални содржини и говор на омраза appeared first on Република.

]]>
Опасен тренд се шири на социјалните мрежи: Лекарите предупредуваат дека може да биде смртоносен https://republika.mk/zivot/zdravje/opasen-trend-se-shiri-na-sotsijalnite-mrezhi-lekarite-predupreduvaat-deka-mozhe-da-bide-smrtonosen/ Sun, 06 Aug 2023 19:36:12 +0000 https://republika.mk/?p=669325

На социјалната платформа ТикТок, поединци споделуваат контроверзни совети за нега на кожата и здравје.

Поточно, снимени се видеа во кои се тврди дека семките од кајсија се неверојатно ефикасен лек за акни.

Но, уште поекстремно видео оди чекор подалеку, тврдејќи дека семките обложени со токсична хемикалија се тајното решение за беспрекорна кожа. Тоа е нов тренд.

И покрај привлечноста на овие тврдења, експертите предупредуваат на сериозни ризици од таквите пристапи. Семките од кајсија, како и некои други јаткасти плодови, содржат амигдалин, кој во телото се претвора во цијанид - исклучително опасна супстанција.

Прекумерен внес на цијанид може да доведе до сериозно труење, па дури и смрт. Д-р Нил Пател истакнува дека храната со мали дози на цијанид, како што се ситно сечканите семки од јаболка, обично не претставуваат голем проблем. Сепак, конзумирањето на голем број мешунки од кајсија може значително да ги надмине безбедните граници, што станува сериозна закана за здравјето.

Европската агенција за безбедност на храна ја нагласува и опасноста од труење со цијанид преку мешунките од кајсии и препорачува да се внимава при нивното консумирање. Експертите предупредуваат дека овие трендови не само што се штетни, туку можат да доведат и до сериозни здравствени проблеми. Важно е да се разбере дека семките од кајсија не се магичен лек за акни, како што тврдат некои видеа на ТикТок.

Дерматолозите препорачуваат користење докажани производи со активни состојки како што се бензоил пероксид и салицилна киселина за ефикасна нега на кожата склона кон акни. Негата на кожата треба да се заснова на стручни совети со цел да се избегнат ризиците и да се обезбеди оптимално здравје на кожата.

The post Опасен тренд се шири на социјалните мрежи: Лекарите предупредуваат дека може да биде смртоносен appeared first on Република.

]]>

На социјалната платформа ТикТок, поединци споделуваат контроверзни совети за нега на кожата и здравје. Поточно, снимени се видеа во кои се тврди дека семките од кајсија се неверојатно ефикасен лек за акни. Но, уште поекстремно видео оди чекор подалеку, тврдејќи дека семките обложени со токсична хемикалија се тајното решение за беспрекорна кожа. Тоа е нов тренд. И покрај привлечноста на овие тврдења, експертите предупредуваат на сериозни ризици од таквите пристапи. Семките од кајсија, како и некои други јаткасти плодови, содржат амигдалин, кој во телото се претвора во цијанид - исклучително опасна супстанција. Прекумерен внес на цијанид може да доведе до сериозно труење, па дури и смрт. Д-р Нил Пател истакнува дека храната со мали дози на цијанид, како што се ситно сечканите семки од јаболка, обично не претставуваат голем проблем. Сепак, конзумирањето на голем број мешунки од кајсија може значително да ги надмине безбедните граници, што станува сериозна закана за здравјето. Европската агенција за безбедност на храна ја нагласува и опасноста од труење со цијанид преку мешунките од кајсии и препорачува да се внимава при нивното консумирање. Експертите предупредуваат дека овие трендови не само што се штетни, туку можат да доведат и до сериозни здравствени проблеми. Важно е да се разбере дека семките од кајсија не се магичен лек за акни, како што тврдат некои видеа на ТикТок. Дерматолозите препорачуваат користење докажани производи со активни состојки како што се бензоил пероксид и салицилна киселина за ефикасна нега на кожата склона кон акни. Негата на кожата треба да се заснова на стручни совети со цел да се избегнат ризиците и да се обезбеди оптимално здравје на кожата.

The post Опасен тренд се шири на социјалните мрежи: Лекарите предупредуваат дека може да биде смртоносен appeared first on Република.

]]>
Кичевчанец ширел ксенофобија и расизам на интернет https://republika.mk/vesti/crna-hronika/kichevchanets-shirel-ksenofobija-i-rasizam-na-internet/ Tue, 06 Jun 2023 20:53:58 +0000 https://republika.mk/?p=648632

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против В.Р.(43) од Кичево поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.

Тој, во текот на мај 2023 година, на социјална мрежа постирал содржини со кои промовирал и поттикнувал говор на омраза.

The post Кичевчанец ширел ксенофобија и расизам на интернет appeared first on Република.

]]>

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против В.Р.(43) од Кичево поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. Тој, во текот на мај 2023 година, на социјална мрежа постирал содржини со кои промовирал и поттикнувал говор на омраза.

The post Кичевчанец ширел ксенофобија и расизам на интернет appeared first on Република.

]]>
МАСИТ: Социјалните мрежи да се насочат во едукативни цели, а не да се укинуваат https://republika.mk/vesti/makedonija/masit-sotsijalnite-mrezhi-da-se-nasochat-vo-edukativni-tseli-a-ne-da-se-ukinuvaat/ Fri, 12 May 2023 13:20:46 +0000 https://republika.mk/?p=640193

Средствата и каналите за комуникација како социјални мрежи и останати форми треба да се насочат во едукативни цели, а не да се укинуваат. За тоа е потребен интегриран концепт и стратегија со вклучување на сите инволвирани страни, започнувајќи од родителите, училиштата, стручните служби, институциите и целокупното општество, велат од Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ во врска со иницијативите за забрана за користење на РикТок и други социјални мрежи во земјава, по масовните убиствата во Србија, за што изразуваат жалење и сочувство до семејствата и блиските на жртвите.

Проблемот е повеќеслоен, и затоа и пристапот за решавање треба да вклучи соодветна регулација на содржините кои се пласираат на социјалните мрежи, како и едукација на родителите и децата за користење на социјални мрежи со кампањи за користење на истите со цел истакнување на добрите, но и на лошите страни односно ризиците од прекумерно користење на социјалните мрежи.

Сметаме дека децата најнапред, треба да имаат изграден систем на вредности, за тоа што е добро, а што лошо.

Овие вредности примарно доаѓаат од родителите и домашното воспитување со постојана присустност и одговорност, а потоа и од наставниците, професорите и сите останати инстанци во непосредна околина на децата.

Со евентуална забрана на социјални медиуми нема да се реши проблемот, напротив, еден забранет медиум брзо и лесно ќе се замени со друг, се наведува во соопштението од МАСИТ.

Оттаму посчуваат дека од друга страна, пристапот до технологија е круцијален во процесот на дигитализација, процес кој дава огромни придобивки за целото општество и кој се наметнува како потреба на модерното живеење а со тоа и на самите млади луѓе.

Треба да се фокусираме на вистинската причина за да може да започнеме со решавање на проблемот. Вистинскиот фокус треба да биде кон поголема семејна и институционална грижа за правилниот развој на децата.

Потребна е зголемена будност, реакција и одговорност за спречување на било какво насилство, агресија, или инциденти со или без човечки жртви. Првите чекори за ова се веќе направени со воспоставување на канали за пријава на меѓуврсничко насилство, велат од МАСИТ.

Од Комората упатуваат апел и до медиумите за нивната одговорност при известување на сензитивни теми и нивна професионалност за анализи и обработка на теми од област на социјалните медиуми, за што, како што нагласуваат, МАСИТ секогаш им стои на располагање доколку е потребно дополнително мислење, анализа и слично.

The post МАСИТ: Социјалните мрежи да се насочат во едукативни цели, а не да се укинуваат appeared first on Република.

]]>

Средствата и каналите за комуникација како социјални мрежи и останати форми треба да се насочат во едукативни цели, а не да се укинуваат. За тоа е потребен интегриран концепт и стратегија со вклучување на сите инволвирани страни, започнувајќи од родителите, училиштата, стручните служби, институциите и целокупното општество, велат од Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ во врска со иницијативите за забрана за користење на РикТок и други социјални мрежи во земјава, по масовните убиствата во Србија, за што изразуваат жалење и сочувство до семејствата и блиските на жртвите.
Проблемот е повеќеслоен, и затоа и пристапот за решавање треба да вклучи соодветна регулација на содржините кои се пласираат на социјалните мрежи, како и едукација на родителите и децата за користење на социјални мрежи со кампањи за користење на истите со цел истакнување на добрите, но и на лошите страни односно ризиците од прекумерно користење на социјалните мрежи.   Сметаме дека децата најнапред, треба да имаат изграден систем на вредности, за тоа што е добро, а што лошо.   Овие вредности примарно доаѓаат од родителите и домашното воспитување со постојана присустност и одговорност, а потоа и од наставниците, професорите и сите останати инстанци во непосредна околина на децата.   Со евентуална забрана на социјални медиуми нема да се реши проблемот, напротив, еден забранет медиум брзо и лесно ќе се замени со друг, се наведува во соопштението од МАСИТ.
Оттаму посчуваат дека од друга страна, пристапот до технологија е круцијален во процесот на дигитализација, процес кој дава огромни придобивки за целото општество и кој се наметнува како потреба на модерното живеење а со тоа и на самите млади луѓе.
Треба да се фокусираме на вистинската причина за да може да започнеме со решавање на проблемот. Вистинскиот фокус треба да биде кон поголема семејна и институционална грижа за правилниот развој на децата.   Потребна е зголемена будност, реакција и одговорност за спречување на било какво насилство, агресија, или инциденти со или без човечки жртви. Првите чекори за ова се веќе направени со воспоставување на канали за пријава на меѓуврсничко насилство, велат од МАСИТ.
Од Комората упатуваат апел и до медиумите за нивната одговорност при известување на сензитивни теми и нивна професионалност за анализи и обработка на теми од област на социјалните медиуми, за што, како што нагласуваат, МАСИТ секогаш им стои на располагање доколку е потребно дополнително мислење, анализа и слично.

The post МАСИТ: Социјалните мрежи да се насочат во едукативни цели, а не да се укинуваат appeared first on Република.

]]>
Средношколец од „Лазар Танев“ доби кривична пријава – на Фејсбук упатил закани кон професори https://republika.mk/vesti/crna-hronika/srednoshkolets-od-lazar-tanev-dobi-krivichna-prijava-na-fejsbuk-upatil-zakani-kon-profesori/ Wed, 10 May 2023 19:09:17 +0000 https://republika.mk/?p=639453

16 годишен средношколец бил приведен во полиција по пријава на директорот на угостителското училиште „Лазар Танев“ откако преку социјалните мрежи се заканувал по животот на професори.

Ова за Канал 5 го откриле од Министерството за внатрешни работи.

Од обвинителството кое се уште ја нема добиено кривичната пријава велат дека се известени и дека постапуваат координирано со надлежните институции со цел реакција и превенција од вакви настани.

„Известен е јавен обвинител и против лицето ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО за сторено кривично дело загрозување на сигурноста… –велат од МВР за Канал 5.

The post Средношколец од „Лазар Танев“ доби кривична пријава – на Фејсбук упатил закани кон професори appeared first on Република.

]]>

16 годишен средношколец бил приведен во полиција по пријава на директорот на угостителското училиште „Лазар Танев“ откако преку социјалните мрежи се заканувал по животот на професори. Ова за Канал 5 го откриле од Министерството за внатрешни работи. Од обвинителството кое се уште ја нема добиено кривичната пријава велат дека се известени и дека постапуваат координирано со надлежните институции со цел реакција и превенција од вакви настани.
„Известен е јавен обвинител и против лицето ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО за сторено кривично дело загрозување на сигурноста… –велат од МВР за Канал 5.

The post Средношколец од „Лазар Танев“ доби кривична пријава – на Фејсбук упатил закани кон професори appeared first on Република.

]]>
Франција забранува Инстаграм, ТикТок и Снепчет за деца под 15 година https://republika.mk/vesti/svet/frantsija-zabranuva-instagram-tiktok-i-snepchet-za-detsa-pod-15-godina/ Sat, 18 Feb 2023 14:47:46 +0000 https://republika.mk/?p=610511

Влезот на социјалните платформи, како што се Инстаграм, ТикТок или Снепчет ќе биде блокиран за деца под 15 години, освен ако тоа не им го дозволат нивните родители. Казната со која ќе се соочат социјалните мрежи кои нема да вградат такво техничко решение ќе изнесува 1 процент од нивниот годишен приход. Според проценките, Инстаграм во 2022 година генерирал приход во висина од 51,4 милијарди долари.

Ова се елементите од новата француска легислатива со која првичната идеја за задолжителна верификација на возраста за влез на порносајтови ќе биде проширена и врз главните социјални мрежи.

Заштитата на децата во онлајн просторот е еден од политичките приоритети на официјален Париз.

Минатата година, Франција беше првата земја која побара од производителите на паметни телефони и таблети да им овозможат на родителите да го контролираат интернет-пристапот на своите деца. Во тек е и дебата за донесување законски решенија со кои ќе се зголеми заштитата на детските слики на интернет и ќе се ограничи времето поминато пред мониторите или екраните.

The post Франција забранува Инстаграм, ТикТок и Снепчет за деца под 15 година appeared first on Република.

]]>

Влезот на социјалните платформи, како што се Инстаграм, ТикТок или Снепчет ќе биде блокиран за деца под 15 години, освен ако тоа не им го дозволат нивните родители. Казната со која ќе се соочат социјалните мрежи кои нема да вградат такво техничко решение ќе изнесува 1 процент од нивниот годишен приход. Според проценките, Инстаграм во 2022 година генерирал приход во висина од 51,4 милијарди долари. Ова се елементите од новата француска легислатива со која првичната идеја за задолжителна верификација на возраста за влез на порносајтови ќе биде проширена и врз главните социјални мрежи. Заштитата на децата во онлајн просторот е еден од политичките приоритети на официјален Париз. Минатата година, Франција беше првата земја која побара од производителите на паметни телефони и таблети да им овозможат на родителите да го контролираат интернет-пристапот на своите деца. Во тек е и дебата за донесување законски решенија со кои ќе се зголеми заштитата на детските слики на интернет и ќе се ограничи времето поминато пред мониторите или екраните.

The post Франција забранува Инстаграм, ТикТок и Снепчет за деца под 15 година appeared first on Република.

]]>