смртен случај Archives - Република https://republika.mk/tema/smrten-sluchaj/ За подобро да се разбереме Thu, 15 Feb 2024 10:28:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png смртен случај Archives - Република https://republika.mk/tema/smrten-sluchaj/ 32 32 Регистриран уште еден смртен случај од грип https://republika.mk/vesti/makedonija/registriran-ushte-eden-smrten-sluchaj-od-grip/ Thu, 15 Feb 2024 10:28:42 +0000 https://republika.mk/?p=744329

Во текот на шеста недела од 2024 година, од 05 до 11 февруари), во Македонија се пријавени 1.875 случаи на групни пријави за заболени од грип-заболувања слични на грип. Тоа претставува 13,4 отсто повеќе во споредба со претходната недела. Бројот на пријавени лица оваа недела, споредено со шеста недела од минатата сезона, е зголемен за 2,7 пати, покажуваат податоците од најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Во текот на шеста извештајна недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ - РСМ, пристигнаа 56 материјали од рутинскиот надзор за лабораториско тестирање, паралелно тестирани за грип и КОВИД-19 (SARS-CoV-2). Притоа, детектирани се 12 позитивни случаи на Influenza: 11 Influenza А(H1)pdm09 и 1 Influenza А – несубтипизиран. Регистриран е еден пациент со SARS-CoV-2, пишува во извештајот.

Во однос на возрасната дистрибуција, 1.139 лица се на возраст од 15-64 години, 424 се деца на возраст од 5-14 години, 147 - деца на возраст до четири години и 165 лица на возраст над 65 години. Највисока инциденца се регистрира кај децата на возраст од 5-14 години. Заболените се пријавени од 29 ЦЈЗ/ПЕ, во Кавадарци – 332, Скопје – 209, Битола - 180, Струмица – 179, а во останатите, бројот на пријавени е помал или еднаков на 150, покажуваат податоците на ИЈЗ.

Во пет извештајни единици кои пријавиле случаи во текот на оваа недела, се регистрира многу ниска, во 11 сезонска, во 10 средна, во Ресен – висока и во две - Кавадарци и Кратово – многу висока активност на вирусот на грип.

- Во текот на оваа недела, регистриран е еден смртен случај асоциран со грип. Се работи за лице на возраст од 65 години од Скопје кое било хоспитализирано во УК за пулмологија и алергологија и КИБФС. Кај починатото лице е утврдено присуство на коморбидитети -кардиоваскуларни, белодробни и не било вакцинирано со вакцина против сезонски грип. Кај починатото лице, лабораториски е потврдена Influenza А – несубтипизиран, се појаснува во извештајот.

Во сезоната 2023/2024 вкупниот број на случаи на грип/заболувања слични на грип изнесува 10.537 , во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 61,7 отсто, а во однос на моделот од последните 13 сезони, има зголемување од 0,4 проценти.

Во досегашниот тек на сезоната на грип, регистрирани се девет починати лица асоцирани со грип, четири од Скопје и по едно лице од Куманово, Неготино, Гостивар, Демир Хисар и Штип, пет од возрасната група на лица 15-64 години и четири од возрасната група на лица над 65 години, сите хоспитализирани, со коморбидитети и невакцинирани против сезонски грип. Кај осум лица е докажан Influenza А(H1)pdm09, а кај едно - Influenza А - несубтипизиран.

Од сентинел местата кои учествуваат, во шеста недела пријавени се вкупно 55 САРИ (сериозни акутни респираторни инфекции) случаи. Најголем број на САРИ случаи се пријавени од УК за детски болести.

Во однос на возрасната дистрибуција, најголем број на САРИ случаи (n=18; 43,6%) се пријавени од возрасната група до четири години. Во оваа недела, вкупен број на приеми во сентинел местата е 214, од кои едно лице е на интензивна нега. Од сите приеми, 25,7 отсто се должат на САРИ. Најголемо оптоварување од 60,0 проценти се бележи кај лицата постари од 65 години. Во оваа недела, регистриран е еден смртен случај со коморбидитети од САРИ местото ГОБ „8 Септември“. Починатото лице е на возраст над 65 години, од Скопје. Во шеста недела, за лабораториско тестирање се доставени 35 материјали од пријавените САРИ случаи, паралелно тестирани за грип, КОВИД-19. Од вкупно тестираните материјали, во пет примероци докажано e присуство на Influenza A(H1)pdm09, и во еден Influenza несубтипизиран. Во еден примерок докажан е SARS-CoV-2. Од доставените материјали, тестирани се 28 на респираторен синцицијален вирус, а во четири од нив е потврден (RSV), се наведува во извештајот.

Се забележува раст на бројот на заболувања слични на грип, се истакнува во извештајот, кој е во рамките на ниска активност.

Резултатите добиени од вирусолошкиот надзор над инфлуенца покажуваат дека има регионална распространетост на вирусот на грип, а процентот на позитивност е над границата од 10 проценти. Според податоците од САРИ надзорот, бројот на хоспитализации е на повисоко ниво споредено со претходниот период. Согласно податоците од рутинскиот и САРИ надзорот, Република Македонија има регионална географска распространетост и висок интензитет на активноста на вирусот на грип, нагласуваат од ИЈЗ.

Заклучно со шеста недела, во земјава вакцинирани се вкупно 61.694 лица со бесплатна или комерцијална вакцина против грип.

The post Регистриран уште еден смртен случај од грип appeared first on Република.

]]>

Во текот на шеста недела од 2024 година, од 05 до 11 февруари), во Македонија се пријавени 1.875 случаи на групни пријави за заболени од грип-заболувања слични на грип. Тоа претставува 13,4 отсто повеќе во споредба со претходната недела. Бројот на пријавени лица оваа недела, споредено со шеста недела од минатата сезона, е зголемен за 2,7 пати, покажуваат податоците од најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).
Во текот на шеста извештајна недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ - РСМ, пристигнаа 56 материјали од рутинскиот надзор за лабораториско тестирање, паралелно тестирани за грип и КОВИД-19 (SARS-CoV-2). Притоа, детектирани се 12 позитивни случаи на Influenza: 11 Influenza А(H1)pdm09 и 1 Influenza А – несубтипизиран. Регистриран е еден пациент со SARS-CoV-2, пишува во извештајот.
Во однос на возрасната дистрибуција, 1.139 лица се на возраст од 15-64 години, 424 се деца на возраст од 5-14 години, 147 - деца на возраст до четири години и 165 лица на возраст над 65 години. Највисока инциденца се регистрира кај децата на возраст од 5-14 години. Заболените се пријавени од 29 ЦЈЗ/ПЕ, во Кавадарци – 332, Скопје – 209, Битола - 180, Струмица – 179, а во останатите, бројот на пријавени е помал или еднаков на 150, покажуваат податоците на ИЈЗ. Во пет извештајни единици кои пријавиле случаи во текот на оваа недела, се регистрира многу ниска, во 11 сезонска, во 10 средна, во Ресен – висока и во две - Кавадарци и Кратово – многу висока активност на вирусот на грип.
- Во текот на оваа недела, регистриран е еден смртен случај асоциран со грип. Се работи за лице на возраст од 65 години од Скопје кое било хоспитализирано во УК за пулмологија и алергологија и КИБФС. Кај починатото лице е утврдено присуство на коморбидитети -кардиоваскуларни, белодробни и не било вакцинирано со вакцина против сезонски грип. Кај починатото лице, лабораториски е потврдена Influenza А – несубтипизиран, се појаснува во извештајот.
Во сезоната 2023/2024 вкупниот број на случаи на грип/заболувања слични на грип изнесува 10.537 , во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 61,7 отсто, а во однос на моделот од последните 13 сезони, има зголемување од 0,4 проценти. Во досегашниот тек на сезоната на грип, регистрирани се девет починати лица асоцирани со грип, четири од Скопје и по едно лице од Куманово, Неготино, Гостивар, Демир Хисар и Штип, пет од возрасната група на лица 15-64 години и четири од возрасната група на лица над 65 години, сите хоспитализирани, со коморбидитети и невакцинирани против сезонски грип. Кај осум лица е докажан Influenza А(H1)pdm09, а кај едно - Influenza А - несубтипизиран. Од сентинел местата кои учествуваат, во шеста недела пријавени се вкупно 55 САРИ (сериозни акутни респираторни инфекции) случаи. Најголем број на САРИ случаи се пријавени од УК за детски болести.
Во однос на возрасната дистрибуција, најголем број на САРИ случаи (n=18; 43,6%) се пријавени од возрасната група до четири години. Во оваа недела, вкупен број на приеми во сентинел местата е 214, од кои едно лице е на интензивна нега. Од сите приеми, 25,7 отсто се должат на САРИ. Најголемо оптоварување од 60,0 проценти се бележи кај лицата постари од 65 години. Во оваа недела, регистриран е еден смртен случај со коморбидитети од САРИ местото ГОБ „8 Септември“. Починатото лице е на возраст над 65 години, од Скопје. Во шеста недела, за лабораториско тестирање се доставени 35 материјали од пријавените САРИ случаи, паралелно тестирани за грип, КОВИД-19. Од вкупно тестираните материјали, во пет примероци докажано e присуство на Influenza A(H1)pdm09, и во еден Influenza несубтипизиран. Во еден примерок докажан е SARS-CoV-2. Од доставените материјали, тестирани се 28 на респираторен синцицијален вирус, а во четири од нив е потврден (RSV), се наведува во извештајот.
Се забележува раст на бројот на заболувања слични на грип, се истакнува во извештајот, кој е во рамките на ниска активност.
Резултатите добиени од вирусолошкиот надзор над инфлуенца покажуваат дека има регионална распространетост на вирусот на грип, а процентот на позитивност е над границата од 10 проценти. Според податоците од САРИ надзорот, бројот на хоспитализации е на повисоко ниво споредено со претходниот период. Согласно податоците од рутинскиот и САРИ надзорот, Република Македонија има регионална географска распространетост и висок интензитет на активноста на вирусот на грип, нагласуваат од ИЈЗ.
Заклучно со шеста недела, во земјава вакцинирани се вкупно 61.694 лица со бесплатна или комерцијална вакцина против грип.

The post Регистриран уште еден смртен случај од грип appeared first on Република.

]]>
Кина го објави првиот смртен случај од ковид-19 по речиси половина година https://republika.mk/zivot/zdravje/kina-go-objavi-prviot-smrten-sluchaj-od-kovid-19-po-rechisi-polovina-godina/ Sun, 20 Nov 2022 17:03:32 +0000 https://republika.mk/?p=576205

Кина објави дека ја забележала првата смрт од коронавирус по речиси половина година, пренесува Еј-Би-Си Њуз.

Смртта на 87-годишен старец од Пекинг е прва пријавена од 26 мај, со што вкупниот број на починати во Кина се искачи на 5.227.

Претходната смрт беше пријавена во Шангај, кој забележа голем пораст на случаите во текот на летото.

Додека Кина има вкупна стапка на вакцинација од повеќе од 92% кои примиле барем една доза, тој број е значително помал кај постарите лица, особено кај оние над 80 години.
Комисијата не соопштува детали за статусот на вакцинација на починатиот. Таа ранливост се смета за една од причините зошто Кина во голема мера ги држеше своите граници затворени и се држи до својата тешка политика за коронавирус.
Во главниот град Пекинг, на жителите им беше кажано да не патуваат меѓу градските области, а многу ресторани, продавници, трговски центри, деловни згради и станбени блокови беа затворени или изолирани.

Кина денеска пријави 24.215 нови случаи, од кои огромното мнозинство се асимптоматски, пренесе Индекс.хр.

The post Кина го објави првиот смртен случај од ковид-19 по речиси половина година appeared first on Република.

]]>

Кина објави дека ја забележала првата смрт од коронавирус по речиси половина година, пренесува Еј-Би-Си Њуз. Смртта на 87-годишен старец од Пекинг е прва пријавена од 26 мај, со што вкупниот број на починати во Кина се искачи на 5.227. Претходната смрт беше пријавена во Шангај, кој забележа голем пораст на случаите во текот на летото. Додека Кина има вкупна стапка на вакцинација од повеќе од 92% кои примиле барем една доза, тој број е значително помал кај постарите лица, особено кај оние над 80 години. Комисијата не соопштува детали за статусот на вакцинација на починатиот. Таа ранливост се смета за една од причините зошто Кина во голема мера ги држеше своите граници затворени и се држи до својата тешка политика за коронавирус. Во главниот град Пекинг, на жителите им беше кажано да не патуваат меѓу градските области, а многу ресторани, продавници, трговски центри, деловни згради и станбени блокови беа затворени или изолирани. Кина денеска пријави 24.215 нови случаи, од кои огромното мнозинство се асимптоматски, пренесе Индекс.хр.

The post Кина го објави првиот смртен случај од ковид-19 по речиси половина година appeared first on Република.

]]>
Во Кина регистриран прв смртен случај од Ковид-19 по шест месеци https://republika.mk/vesti/svet/vo-kina-registriran-prv-smrten-sluchaj-od-kovid-19-po-shest-meseci/ Sun, 20 Nov 2022 13:03:46 +0000 https://republika.mk/?p=576075

Кина денеска соопшти дека е регистриран нов смртен случај од коронавирусот, прв во последните шест месеци.

Маж од Пекинг (87) починал од Ковид-19, покажуваат податоците на Државната здравствена комисија.

Претходниот смртен случај од оваа болест беше регистриран на 26 мај, така што бројот на починати од коронавирусот во Кина сега е 5.227 од почетокот на пандемијата во ноември 2019 година.

Кина денеска соопшти дека во претходните 24 часа се регистрирани 24.215 нови случаи на Ковид-19, од кои повеќето се асимптоматски.

Кина има висока стапка на вакцинација, и повеќе од 92 отсто од населението примиле најмалку една доза, но таа бројка е помала кај постарите лица, особено кај луѓето над 80 години, каде што процентот изнесува 65 отсто.

Здравствената комисија во Пекинг не даде информација за статусот на вакцинација на последниот починат.

The post Во Кина регистриран прв смртен случај од Ковид-19 по шест месеци appeared first on Република.

]]>

Кина денеска соопшти дека е регистриран нов смртен случај од коронавирусот, прв во последните шест месеци. Маж од Пекинг (87) починал од Ковид-19, покажуваат податоците на Државната здравствена комисија. Претходниот смртен случај од оваа болест беше регистриран на 26 мај, така што бројот на починати од коронавирусот во Кина сега е 5.227 од почетокот на пандемијата во ноември 2019 година. Кина денеска соопшти дека во претходните 24 часа се регистрирани 24.215 нови случаи на Ковид-19, од кои повеќето се асимптоматски. Кина има висока стапка на вакцинација, и повеќе од 92 отсто од населението примиле најмалку една доза, но таа бројка е помала кај постарите лица, особено кај луѓето над 80 години, каде што процентот изнесува 65 отсто. Здравствената комисија во Пекинг не даде информација за статусот на вакцинација на последниот починат.

The post Во Кина регистриран прв смртен случај од Ковид-19 по шест месеци appeared first on Република.

]]>
Северна Кореја го потврди првиот смртен случај од ковид-19 https://republika.mk/vesti/svet/severna-koreja-go-potvrdi-prviot-smrten-sluchaj-od-kovid-19/ Fri, 13 May 2022 07:18:08 +0000 https://republika.mk/?p=501711

Шест лица починаа, а околу 350.000 се лекуваат од висока температура и болест, „брза експлозија“ ширум Северна Кореја, објавија денеска државните медиуми, еден ден откако потврдија дека за прв пат избувна епидемија на коронавирус во земјата од пандемијата.

Северна Кореја најверојатно нема доволно тестови за ковид и друга медицинска опрема, а Пјонгјанг изјави дека не ја знае причината за бројните случаи.

Сепак, фокусот на коронавирусот може да биде катастрофален за земја со слаб здравствен систем, невакцинирана и неухранета популација.

Новинската агенција КЦНА објави дека околу 350.000 луѓе биле болни од крајот на април, а 162.200 се опоравиле.

Се додава дека само во четвртокот кај 18.000 лица биле откриени симптоми на болеста, а 187.800 лица биле изолирани на лекување.

Потврдено е дека еден од шестмината починати е заразен со сојот омикрон, според КЦНА, но засега нема конкретни податоци за тоа колку болести се директно поврзани со Ковид.

Северна Кореја воведе карантин во четвртокот, откако беа потврдени првите случаи на корона, пренесуваат светските агенции.

The post Северна Кореја го потврди првиот смртен случај од ковид-19 appeared first on Република.

]]>

Шест лица починаа, а околу 350.000 се лекуваат од висока температура и болест, „брза експлозија“ ширум Северна Кореја, објавија денеска државните медиуми, еден ден откако потврдија дека за прв пат избувна епидемија на коронавирус во земјата од пандемијата. Северна Кореја најверојатно нема доволно тестови за ковид и друга медицинска опрема, а Пјонгјанг изјави дека не ја знае причината за бројните случаи. Сепак, фокусот на коронавирусот може да биде катастрофален за земја со слаб здравствен систем, невакцинирана и неухранета популација. Новинската агенција КЦНА објави дека околу 350.000 луѓе биле болни од крајот на април, а 162.200 се опоравиле. Се додава дека само во четвртокот кај 18.000 лица биле откриени симптоми на болеста, а 187.800 лица биле изолирани на лекување. Потврдено е дека еден од шестмината починати е заразен со сојот омикрон, според КЦНА, но засега нема конкретни податоци за тоа колку болести се директно поврзани со Ковид. Северна Кореја воведе карантин во четвртокот, откако беа потврдени првите случаи на корона, пренесуваат светските агенции.

The post Северна Кореја го потврди првиот смртен случај од ковид-19 appeared first on Република.

]]>