сметки за вода Archives - Република https://republika.mk/tema/smetki-za-voda/ За подобро да се разбереме Wed, 15 Feb 2023 08:50:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png сметки за вода Archives - Република https://republika.mk/tema/smetki-za-voda/ 32 32 Од денеска до крајот на март долгот за вода може да се отплати на рати без камата https://republika.mk/vesti/skopje/od-deneska-do-krajot-na-mart-dolgot-za-voda-mozhe-da-se-otplati-na-rati-bez-kamata/ Wed, 15 Feb 2023 08:02:42 +0000 https://republika.mk/?p=609137

Oд 15 февруари до крајот на март граѓаните кои имаат долговите за задоцнето плаќање на сметките за вода и смет ќе можат да ги платат без пресметана камата, соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Во овој период граѓаните ќе можат да поднесат барање за договор за отплата најмногу до 48 рати, а правните лица најмногу до 24 рати, во зависност од висината на долгот, без пресметка на камата за задоцнето плаќање.

Одлуката за спроведување на акцијата за отплата на заостанатите долгови без пресметка на камата не важи за органите на државната и локалната власт и другите државни органи основани согласно Уставот и со закон и институциите кои вршат дејности од јавен интерес, информираат од Водовод и канализација.

The post Од денеска до крајот на март долгот за вода може да се отплати на рати без камата appeared first on Република.

]]>

Oд 15 февруари до крајот на март граѓаните кои имаат долговите за задоцнето плаќање на сметките за вода и смет ќе можат да ги платат без пресметана камата, соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје. Во овој период граѓаните ќе можат да поднесат барање за договор за отплата најмногу до 48 рати, а правните лица најмногу до 24 рати, во зависност од висината на долгот, без пресметка на камата за задоцнето плаќање. Одлуката за спроведување на акцијата за отплата на заостанатите долгови без пресметка на камата не важи за органите на државната и локалната власт и другите државни органи основани согласно Уставот и со закон и институциите кои вршат дејности од јавен интерес, информираат од Водовод и канализација.

The post Од денеска до крајот на март долгот за вода може да се отплати на рати без камата appeared first on Република.

]]>
Брзо и едноставно онлајн плаќање на сметките за вода во 4 чекори https://republika.mk/vesti/skopje/brzo-i-ednostavno-onlajn-plakjanje-na-smetkite-za-voda-vo-4-chekori/ Wed, 18 May 2022 07:56:33 +0000 https://republika.mk/?p=503664

Јавното претпријатие Водовод и канализација-Скопје, за граѓаните воведе брзо, лесно и едноставно онлајн плаќање на сметките за вода, во 4 чекори, соопштуваат оттаму.

Плаќањето може да го извршувате преку нивната веб страна.

The post Брзо и едноставно онлајн плаќање на сметките за вода во 4 чекори appeared first on Република.

]]>

Јавното претпријатие Водовод и канализација-Скопје, за граѓаните воведе брзо, лесно и едноставно онлајн плаќање на сметките за вода, во 4 чекори, соопштуваат оттаму. Плаќањето може да го извршувате преку нивната веб страна.

The post Брзо и едноставно онлајн плаќање на сметките за вода во 4 чекори appeared first on Република.

]]>
Перински: Граѓаните да ја искористат можноста за плаќање на сметките за вода, без камата https://republika.mk/vesti/perinski-gragjanite-da-ja-iskoristat-moznosta-za-plakjanje-na-smetkite-za-voda-bez-kamata-2/ Wed, 02 Feb 2022 12:04:08 +0000 https://republika.mk/?p=452960

Директорот на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Златко Перински, во текот на денешниот ден во изјава за утринската емисија на Сител ТВ, Ја сакам Македонија посочи дека ЈП Водовод и канализација – Скопје, воспостави пракса за воведување на акции за наплата на заостанатите долгови без пресметка на камата за задоцнето плаќање, кои се спроведуваат неколку пати во годината во определен временски интервал.

Новата акција започна денес, 01.02.2022 и е со определен временски период, односно до 15.03.2022. Имајќи ги предвид социјалниот и економскиот статус на граѓаните, како и здравствената криза, а во последниот период и економската и енергетската криза, ЈП Водовод и канализација – Скопје, повторно ја активираше оваа мерка, со цел олеснување на условите за наплата за време на ценовните шокови.

Перински истакна дека оваа мерка е ефикасно решение со кое на должниците им се олеснуваат условите за отплата на заостанатите долгови, но и решение за зголемување на наплатата во претпријатието, со што се зголемува и ликвидноста и одржливоста.

Освен можноста за отплата на долговите без пресметка на камата, корисниците на услугите на ЈП Водовод и канализација – Скопје имаат можност и да склучат договори за плаќање на рати, најмногу до 24 рати, во зависност од големината на самиот долг.

Перински ги повика сите корисници, физички и правни лица, да ја искористат оваа можност за сервисирање на своите долгови, и апелираше за почитување на мерките и протоколите при посетите на претпријатието, додавајќи дека мерката и одлуката за исплата на долговите без камата не важи за институциите од јавниот сектор.

The post Перински: Граѓаните да ја искористат можноста за плаќање на сметките за вода, без камата appeared first on Република.

]]>

Директорот на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Златко Перински, во текот на денешниот ден во изјава за утринската емисија на Сител ТВ, Ја сакам Македонија посочи дека ЈП Водовод и канализација – Скопје, воспостави пракса за воведување на акции за наплата на заостанатите долгови без пресметка на камата за задоцнето плаќање, кои се спроведуваат неколку пати во годината во определен временски интервал. Новата акција започна денес, 01.02.2022 и е со определен временски период, односно до 15.03.2022. Имајќи ги предвид социјалниот и економскиот статус на граѓаните, како и здравствената криза, а во последниот период и економската и енергетската криза, ЈП Водовод и канализација – Скопје, повторно ја активираше оваа мерка, со цел олеснување на условите за наплата за време на ценовните шокови. Перински истакна дека оваа мерка е ефикасно решение со кое на должниците им се олеснуваат условите за отплата на заостанатите долгови, но и решение за зголемување на наплатата во претпријатието, со што се зголемува и ликвидноста и одржливоста. Освен можноста за отплата на долговите без пресметка на камата, корисниците на услугите на ЈП Водовод и канализација – Скопје имаат можност и да склучат договори за плаќање на рати, најмногу до 24 рати, во зависност од големината на самиот долг. Перински ги повика сите корисници, физички и правни лица, да ја искористат оваа можност за сервисирање на своите долгови, и апелираше за почитување на мерките и протоколите при посетите на претпријатието, додавајќи дека мерката и одлуката за исплата на долговите без камата не важи за институциите од јавниот сектор.

The post Перински: Граѓаните да ја искористат можноста за плаќање на сметките за вода, без камата appeared first on Република.

]]>