славистички научен собир Archives - Република https://republika.mk/tema/slavistichki-nauchen-sobir/ За подобро да се разбереме Thu, 29 Sep 2022 07:35:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png славистички научен собир Archives - Република https://republika.mk/tema/slavistichki-nauchen-sobir/ 32 32 Меѓународен славистички научен собир „Славистиката во синхронија и дијахронија“ https://republika.mk/vesti/kultura/megjunaroden-slavistichki-nauchen-sobir-slavistikata-vo-sinhronija-i-dijahronija/ Thu, 29 Sep 2022 07:35:01 +0000 https://republika.mk/?p=555407

По повод 75 години од основањето, Катедрата за славистика организира Меѓународен славистички научен собир „Славистиката во синхронија и дијахронија“. Собирот ќе се одржува денеска и утре на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје и на платформата Зум.

Овој значаен настан претставува континуитет на досегашната традиција на одржување меѓууниверзитетски научни врски во три полиња: македонско-руски, македонско-полски и македонско-чешки научни истражувања од областа на јазикот, книжевноста и културата која произлегува и од договорите за соработка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ со универзитетите од Русија, Полска, Чешка, Словенија, Србија, Хрватска и др. Тематската определба на Собирот е да се стави акцент на бохемистиката, полонистиката и русистиката како основни дисиплини во наставата и истражувачката дејност на нашата Катедра, соопшти Организацискиот одбор од Катедрата за славистика.

Главната цел на собирот е размена на искуства и идеи од доменот на славистиката низ призмата на современите научни истражувања со: контрастивни теми поврзани со овие три јазика и сите словенски и несловенски јазици; теми поврзани со проучувањето на словенските јазици, книжевности и култури; прилози поврзани со меѓукултурниот дијалог во словенските јазици и книжевности; традуктолошки и културолошки теми, како и со теми поврзани со иновативните дидактички методи и техники инспирирани од актуелните состојби во наставата во услови на пандемија.

The post Меѓународен славистички научен собир „Славистиката во синхронија и дијахронија“ appeared first on Република.

]]>